M
меа инервју СИМОН ТРПЧЕСКИ, врвен македонски пијa
КОГА ГОСТУВАМ ВО СВЕТОТ ЗАД МЕНЕ СТОИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА Светскиот успех на младиот пијанист, 24-годишниот Симон Трпчески, започна уште во далечните 1994/1995 година со наградите во Чешка и Италија, така што следната победа во 1998 година на "Јамаха мјузик фондација" под директно раководство на Европа воопшто не ја зачуди македонската јавност. Следуваа негови настапи во голем број светски познати сали кои му донесоа многу први и втори престижни награди и признанија кои само го потврдуваат Симон како маестро во класичниот музички свет. Тој ги отвори "Портланд пијано рецитал серис" каде настапиле и пијанисти од врвен калибар, а светската публика имаше можност да го види и да се восхитува на неговата виртуозна изведба и тоа во далечната Австралија, во Велика Британија, Франција, Италија, Португалија, Кореја, Малезија, Швајцарија... Неговиот талент го открија брачниот пар, професорите Борис и Људмила Романови, кои многу му помогнаа тој да се покаже и докаже како врвен пијанист во светот.
Разговорот го водеше: Милева ЛАЗОВА
Господине Трпчески, минатата година како и години наназад ги полните големите светски сали. Во кои градови и држави љубителите на класичната музика имаа можност да Ве видат и да Ве слушнат? ТРПЧЕСКИ: Не би можел да ги набројам сите градови каде што сум настапувал во 2003 година, меѓутоа можам да кажам дека одржав многу концерти во повеќе држави. Во музичкиот свет концертната сезона практично почнува од есен па некаде до летото во зависност кој каков распоред има. Така оваа концертна сезона мене ми започна некаде во октомври минатата година, а продолжува и оваа 2004. Значи, не се гледа календарски од јануари до декември. Имав концерти во Велика Британија, понатаму следеше настап во Белград на семинарот на професорот Борис Романов кој повторно ќе се одржи во Белград затоа што постои голем интерес за него. Потоа настапив во Норвешка, во Шкотска, САД, Северна Ирска, а прва турнеја имав и во Австралија. Повторно настапив во Соединетите Американски Држави, па настапот со Кралската филхармонија од Стокхолм, Шведска, потоа следеше рециталот во една од најпрестижните сали во светот, Концертгебау, во Амстердам, Холандија. Во декември настапив повторно во Лондон, а последните два концерта се одржаа во Лил, Франција. Градот Лил е прогласен за европски културен центар за 2004 година, и навистина беше голема чест да се биде дел од тој Фестивал на пијанисти. Бевме вкупно 35 кои во текот на три дена одржавме 70тина концерти. Настапив со рецитал, а и со Концертот бр. 3 на Сергеј Рахмањинов во придружба на Националниот оркестар на Лил под диригентство на Џејмс Џад. Како впечаток од тој концерт можам да
M
меа инервју СИМОН ТРПЧЕСКИ
кажам дека навистина бев изненаден од реакцијата на публиката. Секаде каде што одам во западноевропските земји, но и во Америка и во Австралија, публиката е компетентна и ја познава и ја сака музиката. Таков беше случајот и овде во Лил, меѓутоа понекогаш знаат да бидат и пристрасни за своите сонародници Французите, а тоа е донекаде и нормално, но јас сум навистина среќен што буквално станаа на нозе штом завршив со послединиот тон од концертот кој беше проследен со огромни овации. Концертот беше сниман и од Третата програма на француската телевизија. За Вас наградите и признанијата не се нешто непознато, па така и во 2003 година се закитивте со наградата на "Грамофон авордс 2003". За каква награда станува збор и кој ја доделува? ТРПЧЕСКИ: Прво, би сакал да напоменам дека во мај минатата година го освоив признанието за најдобар млад артист на Велика Британија за 2002 година што ја додели престижното Кралско филхармониско здружение кое е формирано уште во далечната 1813 година. Наградата се доделува за 15-тина категории - најдобар инструменталист, најдобар соло пејач и ред други категории. Добитници на оваа награда по разни категории се врвни имиња било од репродуктивната уметност, било од композиторска страна, оние луѓе коишто ја пишувале историјата на музиката и навистина беше чест да се добие такво признание и да се присуствува на таа вечер во Лондон. Тоа беше на некој начин доделување на мини Оскар, се разбира во музиката. Во текот на минатата година добив и уште едно признание на "Грамофон авордс 2003" најпрестижниот магазин за класична музика во светот. Доделувањето беше во октомври месец на кое, за жал, не можев да бидам присутен затоа што во тоа време настапував во Индијанаполис во САД. Ова е престижно признание дотолку повеќе што јас победив во две категории и тоа во категоријата за најдобро деби ЦД што го снимив за ЕМИ класикс и во категоријата на "Едитор чојс", односно избор на моето ЦД како едно од десетте од нивната листа "Топ 10" во 2002 година за месец август што исто така беше престиж. Огромна е индустријата на дискови од полето на класичната музика и сепак да бидеш избран во десетте, а не па да победиш во една категорија, навистина е огромен успех, голема чест и задоволство. Многу ми беше драго затоа што тоа е една потврда од луѓе кои ја знаат музиката и го ценат она што јас го работам. Би кажал дека сето тоа е една огромна мотивација за мојата работа во иднина. Би сакал да додадам дека минатата година ми се случија уште две убави нешта. Првото е дека се напиша првото музичко дело "Прелудиум и пајдушко" што ми беше посветено мене од проф. Живоин Глишиќ кое премиерно е изведено во Универзалната сала и на три континенти - Европа,
Америка и Австралија. Делото наиде на апсолутно одличен одзив. А второто убаво нешто е новиот роман насловен како "Сама", кој авторот Горјан Петревски ми го посвети лично мене. Тоа се двете работи кои покрај другите ми ја разубавија минатата година. Минатата година во Универзалната сала конечно и македонската јавност ја имаше таа чест да присуствува на еден Ваш концерт. Зошто толку време се чекаше за овој концерт (дали беше причината фамозниот клавир?!) и што значеше за Вас настапот дома? ТРПЧЕСКИ: Јас не би кажал дека нешто многу се чекаше на мојот настап во Македонија. Сепак, Македонија е мала земја и нема толку простор за настапи, а не гледам ни голема потреба од тоа. Да не бидам погрешно сфатен, зборувам за мои настапи. Во 2002 година македонската публика имаше можност да ме слушне, а ете излезе и концертот во Скопје кој многу набрзина се организира. Но, тоа беше моја желба, да и` подарам нешто убаво на публиката којашто навистина покажа, а покажала и порано дека заслужила да и` подарам такво нешто. Благодарејќи на големото разбирање и ентузијазам Музичката младина на Македонија, мои стари пријатели, и Универзалната сала за многу кусо време го организираа концертот. Многу ми е мило што ете Универзалната сала се наполни, имаше околу 1.800 луѓе и се создаде една прекрасна атмосфера. Публиката покажа дека е на едно апсолутно професионално ниво барем во поглед на слушањето и концентрацијата. Имаше еден убав коментар од еден човек којшто пред да влезе во салата рекол "како ќе издржам јас", а кога завршил концертот не му се излегувало од салата. Навистина беше еден
10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
некои медиуми објавија, да настапам со оркестар и тоа токму со Рахмањинов бр.3, дело кое е едно од најтешките во пијанистичката литература и коишто по својот карактер содејствуваше со целата година што помина во знакот на "Илинден". Меѓутоа, ми беше одговорено дека за тоа нема можност, на што одговорив - добро немам можност да свирам во Охрид, имам можност да свирам во "Опера хаус". Но, оваа година ќе се потрудам во секој случај да организираме нешто за оние луѓе коишто навистина со огромна љубов дојдоа на концерт повторно да дојдат. Дали секогаш настапувате со истиот репертоар, кои дела и композитори се застапени и кои од нив најчесто сакате да ги отсвирите? ТРПЧЕСКИ: Нормално, репертоарот на секој вистински уметник треба да биде најразновиден, широк и јас во тој правец бев учен од професорите Романови. Во текот на мојот развој освоив навистина голем репертоар којшто опфаќа дела од барок, па сè до современата музика, па дури сега веќе и од 21 век. Честопати ми го поставуваат и прашањето, но не можам да кажам дали имам конкретно некој омилен композитор или омилена епоха затоа што сепак се обидувам да покажам повеќе мои страни во поглед на моите квалитети или неквалитети зависи кој како ќе ги оцени. Секогаш се обидувам да ја прикажам вистината од секоја епоха.
прекрасен настан. За жал, одржав само еден концерт. Инаку, само што се вратив од Ирска и Англија почнаа тие негативни коментари и полемики околу клавирот. Јас воопшто не го спомнав клавирот како проблем, иако по прес конференцијата ми се ставија лоши зборови во уста од "Сител" и од "Дневник" коишто воопшто не беа вистина. Тоа јас го нарекувам некултура и непочитување. Како и да е, тоа си беше работа на организаторите. Требаше да се позајми клавирот од Македонската филхармонија за кое позајмување ќе се платеше. Но, добро, тие решија да не го даваат клавирот и во ред. Затоа се клацкаше клавирот од "Охридско лето" и ништо не му стана. Меѓутоа, ете и да не излезеше во пресрет "Охридско лето" на кое му благодарам, клавир секако ќе се најдеше. Многу сум задоволен што сè убаво испадна, а лошите работи нека останат за оние коишто ги направија. Во тој период се разговараше да одржам концерт на манифестацијата "Охридско лето", меѓутоа тие подоцна ме поканија, зборувам подоцна затоа што мене плановите малку на поинаков начин ми се прават, односно се прават на начин на којшто работи светот. Кај нас малку работите се решаваат во последен момент. Мене ми се понуди да свирам солистички концерт, но јас во тој период се подготвував за турнеја во Австралија, така што не можев да го реализирам. Но, сепак понудив, не одбив како што
За Вас велат дека имате најсовршена техника при изведувањето на музичките дела. Што значи тоа? ТРПЧЕСКИ: Покрај тие зборови дека имам совршена техника не мислам дека постои некое совршенство, сè е релативно, меѓутоа во секој случај убава критика. Покрај таа критика имаше и други во поглед на мојата музикалност што за мене е многу поважно
11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
M
меа инервју СИМОН ТРПЧЕСКИ од техниката, иако таа е составен дел од една интерпретација. И таа покажува одредени квалитети, одредена подготвеност на уметникот, но емоцијата од друга страна за мене е поважна. Значи, правењето на една приказна или слика од музичко дело е многу поважно за мене. Мило ми е што критичарите забележуваат некоја индивидуалност во моето свирење што сепак кореспондира со вистината, природноста и логиката во музиката. Тоа е доказ дека има некој критериум во светот. Сепак, техниката е само еден базичен дел од една интерпретација. Мора прво да го совладаш технички делото, а потоа емоциите и интерпретацијата треба да претстават една целосна слика. Колку е значајна концентрацијата пред и во текот на секој Ваш настап и дали постојат некои Ваши или пак општи правила кои треба да се испочитуваат пред секој концерт? ТРПЧЕСКИ: Концентрацијата секогаш е индивидуална. Таа е дел од начинот, режимот на живот. Не дека важат некои општи правила, но ако говориме за некое општо правило, човек треба да биде навистина добро расвирен пред концертот, барем во поглед на раздвиженост на прстите. Јас лично не правам некои посебни подготовки. Единствено пред концертот имам генерална проба. Многу не вежбам, попладнето одморам затоа што релаксацијата
12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
на организмот е многу важен елемент во целосната мобилизација во текот на концертот што апсолутно е неопходно. Нормално, влегувам во еден друг филм, еден друг свет, светот на музиката и одам на настап. Дали внесувате или пак покажувате емоции пред одреден настап, и дали воопшто чувствувате трема, затоа што сепак Вие сте млад човек, а настапувате пред публика која го следи секој Ваш потег? ТРПЧЕСКИ: Кога ќе излезам на сцена не размислувам кој седи во публиката. Сепак, тие луѓе се дојдени да уживаат во концертот којшто е практично една интима. Не размислувам, едноставно излегувам и сум дел од музиката. А нормално емоцијата ја покажувам преку музиката, но не користам вонуметнички елементи во поглед на специјални движења на телото. Тоа се чувствува во изведбата, публиката тоа може да го почувствува. Но, јас сум секогаш многу природен. Знае ли публиката дека сте Македонец и дека доаѓате од Македонија? Колку имате можност по настапот да се сретнете со некои личности и да поразговарате за земјата од која потекнувате?
ТРПЧЕСКИ: Да, бидејќи во секоја програма пишува нешто за уметникот, негова биографија, од каде е и што е. Можам да кажам генерално дека во Европа знаат за нас. Во Америка многу луѓе и не знаат, но и знаат, тоа е сепак индивидуално. Но, тие се многу позитивно изненадени, бидејќи за некоја држава за којашто многу не слушнале доаѓа човек којшто е претставник на културата од полето на сериозната музика и настапува. И кога ќе слушнат како свирам остануваат фрапирани. Тоа е добро, затоа што на тој начин јас и` правам најдобра реклама на мојата земја. Во секој случај луѓето се интересираат и кога имам прилика по концертот доаѓаат да поразговараат со мене и за државата. На пример, во Америка бев поканет на вечера и кога влегов кај нив атласот беше отворен кај Македонија. Во Вашата кариера многу Ви помогна маестро Борис Романов. Дали сè уште професорот Романов ја има професионалната обврска кон Вас? Всушност, дали тој се грижи за сите настапи кои ги имате ширум светот? ТРПЧЕСКИ: Во одреден аспект секако дека се грижи за моите настапи, со него работам, целиот репертоар заедно го кроиме и заедно со него го работиме, а јас со тој репертоар се претставувам во светот. За жал, тој не може да доаѓа со мене. Што се однесува до организацискиот аспект имам менаџер во Лондон којшто се
13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
M
меа инервју СИМОН ТРПЧЕСКИ
грижи за мојата кариера во поглед на моите настапи, покани итн. Многу пати сум кажал за професор Романов и неговата сопруга, проф. Романова, дека тие се благодет за оваа држава и дека многу малку луѓе знаат што направија тие луѓе. Не до крај го почитуваат она што тие го прават. Кога гостувам во светот, јас доаѓам од Македонија, и јас сум претставник на мојата држава, зад мене стои името на Македонија, но јас сум тоа затоа што учев кај тие луѓе, сум пресреќен заради тоа и сум им благодарен и не знам дали некогаш ќе можам да им возвратам. За нив најголем подарок е убавиот однос и добриот настап. И тие луѓе покажаа и јас покажав дека со работа одовде може да се успее во светот многу чисто без никакви политики и "кујни" кои, за жал, ги има многу и во оваа професија. Пак ќе кажам дека тоа е една огромна реклама за државата. Јас сум среќен што останав овде што добив врвно образование кое никој не може да ми го земе и околу тој правец ќе продолжам и понатаму во животот затоа што вкусот е еден многу битен елемент во градењето на уметниковата личност кој го гради критериумот понатаму.
балади. Тоа е еден вид релаксација на организмот затоа што сметам дека клавирот не е сè во животот. Треба да се разграничат работите. Професија си е професија, и во тие рамки човек треба апсолутно беспрекорно да дејствува, но треба да ужива и во другите убавини во животот. Многумина можеби и не знаат, но Вие повремено се јавувате и како композитор или автор на песни кои ги исполнуваат пејачи од забавната сфера. Пример: за Маријан Стојановски имате напишано песна, а исто така се обелодени дека една од осумте песни за Евровизија којашто треба да ја исполни Тоше Проески е и Ваша. Од каде Вие во овој тип на музика и како наоѓате време и да компонирате и пишувате? ТРПЧЕСКИ: Добро, јас сум музички образуван човек и ако нешто ми надојде од тој стил на музика седнувам пред клавир и го разработувам ако сметам дека е доволно квалитетно и може да излезе во етер. Не го правам тоа со сила, ниту ми одзема време и концентрација во она што се вика моја прва определба, значи пијанист. Од друга страна ми
Каков е Вашиот ангажман на Факултетот за музичка уметност? ТРПЧЕСКИ: Во годината што помина меѓу другите убави работи ми се случи и уште една, а тоа е што ме избраа за доцент на Факултетот за музичка уметност за што навистина ми е многу драго затоа што јас сум производ на оваа институција. Чест ми е да бидам дел од едукативниот кадар. Мило ми е што она што досега сум го научил можам да го пренесам на моите студенти кои се тричетири години помлади од мене, но како и да е, имаме одлична соработка. Јас сум таков човек, непосреден и контактибилен, и воопшто титулите за мене не значат ништо и го ценам само односот на човекот и во тој поглед не правам никакви бариери. Но, сепак поставувам и одреден критериум во однос со мене затоа што кога барам да се работи, барам да се работи. Сепак се надевам дека имаат можност нешто да научат, а засега одлично си ја извршуваат работата. Покрај класичната музика, дали слушате и друг тип на музика? ТРПЧЕСКИ: Да, слушам стара добра изворна македонска песна која сè помалку и помалку ја има, а на која треба да и` се посвети многу повеќе внимание затоа што таа е богатство на овој народ. Слушам и забавна музика, исто така и латино, џез, рокенрол, 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
претставува еден вид релаксација. Да, напишав една песна за Маријан Стојановски која излезе хит, Андријана Јаневска има отпеано дует со Благој Нацоски, нашиот најдобар тенор кој живее во Италија. И Баже Маротов има мои песни за кои текстот го напиша брат ми Јован. Така пријавив наша песна и за Евровизија наменета за Тоше кој е врвен и му посакувам сè најубаво. Со оглед на тоа дека поголемиот дел од Вашето време го поминувате надвор од Македонија, имате ли простор за приватен живот, за излегување и дружење со пријателите, да појдете на некој концерт или во кино? ТРПЧЕСКИ: Луѓето кај нас, всушност, не се доволно информирани што значи да се биде многу надвор од Македонија и што значи многу концертирање. Јас сум човек којшто не сака да живее во авион и во хотели, а верувајте има многу такви луѓе. Поради нив честопати си размислувам што кога тие ќе се вратат назад по 10 години дали ќе се прашаат што направив јас. Каде им отиде младоста? Затоа што ова е моментот. Времето е една категорија којашто кај нас малку се цени, а тоа е најголемата
вистина. Затоа јас не сакам премногу да концертирам затоа што тоа ќе се одрази на квалитетот на моето свирење, ќе се претвори во една механика и нема природност во музиката. За сè треба време, така што јас не сум којзнае колку надвор од Македонија, а кога сум си дома сакам да сум со своето семејство, со моите пријатели. Сакам седенки, вечеринки, нормално сакам да излегувам со пријателите, одам во кино, понекогаш кога имам време играм и фудбал, сакам да прошетам, а сакам и да прочитам некоја добра книга. Кои се следните дестинации кои ќе ги освојувате? ТРПЧЕСКИ: Повторно свирев во Лондон, а веќе имав настап во Даблин во рамките на нивните "Серија на славните" на кои настапија врвни имиња, настапив и во Билбао, Шпанија, а и во Загреб, а ќе настапам на семинарот на проф. Романов во Белград така што полека ги освојувам и поранешните југословенски простори. Секако, постојат и други планови за мои настапи, но нив ќе ги откривам чекор по чекор, затоа што сум човек кој прво сака да скокне, па да рече оп. Не сакам многу да најавувам, а да не се реализира што многу често е секојдневие кај нас. Затоа она што го ветувам и го исполнувам.
15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ НАЈВИСОКО ПРИЗНАНИЕ ЗА РОБЕРТ БАДЕНТЕР ОД СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
ПРВИОТ СЕНАТОР ВО МАКЕДОНС
c
ветскиот македонски конгрес, единствена светска невладина организација на Македонците од целиот свет, на 28 јануари 2004 година во ексклузивниот "Hotel du Louvre" во градот на светлината и престолнина на француската држава - Париз, со церемонија свечено ја инаугурира почесната титула "Македонски сенатор" и орденот Solem Imperii Macedoniae, највисоко признание на организацијата.
Пишува: Гоце ДУРТАНОСКИ
П
о повод 105 годишнината од основањето на Светскиот македонски конгрес (12 јануари 1899 година во Женева, Швајцарија) почесната титула "Македонски сенатор" во свечена церемонија му беше предадена на господин Роберт Бадентер, една од најзначајните 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
КАТА АСАМБЛЕЈА НА ВЕЧНОСТА ИЗЈАВИ НА РОБЕРТ БАДЕНТЕР ВО МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ
ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА БАДЕНТЕРОВАТА КОМИСИЈА Brisel, 15 januari 1992 godina “Republika Makedonija gi zadovoluva uslovite predvideni so nasokite {to se odnesuvaat na priznavaweto na novi dr`avi vo Isto~na Evropa i vo Sovetskiot sojuz kako i so deklaracijata za Jugoslavija, {to Ministerskiot sovet na Evropskata zaednica ja usvoi na 16 dekemvri 1991 godina”. “Upotrebata na imeto ‘Makedonija’ ne bi trebalo da podrazbira nikakvi teritorijalni pretenzii na smetka na druga dr`ava”.
“Ние никогаш на состаноците на Арбитражната комисија (која беше составена од претседатели на пет европски уставни судови) ниту размислувавме како политичари ниту пак поканувавме да присуствуваат на тие наши состаноци”. Што се однесува до Македонија и до другите земји, ние ја зедовме одговорноста да верифицираме конституираност на Уставот и да се увериме во постоењето на институции со демократски карактер, како и да го потврдиме фактот што Македонија не ревандицираше ниедна територијална промена. Таа едноставно немаше територијални претензии. Тргнувајќи од ова ниво, Македонија ги исполни сите услови и одговори на барањата и критериумите на демократијата. Правната консеквенца се наметна сама по себе. Таа беше и значеше отворен пат на Македонија кон стекнување на независност и суверенитет”. “На проблемот околу името постојано му дававме значење. Но, суверена Македонија не беше територијално цела. Таа, всушност, беше дел од една Македонија која историски гледано беше пак, дел од некогашната голема македонска империја. Употребата на името на една држава според нормите на меѓународното јавно право е слободен избор. Идентитетот во овој случај е јасно дефиниран со оглед на тоа дека вие сте Македонци. Не постои монопол или ексклузивност за името од страна на некој друг”. “Вие не можете да ја поместите Македонија меѓу Франција и Германија. Малку ќе ја разместиме Франција и Германија и таму ќе ја сместиме Македонија. Не, Македонија е таму каде што е. Таа таму е со векови. Значи, таквиот географски факт му наметнува на македонскиот народ и една регионална рамнотежа. Освен примарната - европската јас инсистрам и на таква политика. А Македонија со своето меѓународно однесување, особено на Балканот, тоа и практично го потврди и потврдува. Враќајќи се назад и читајќи го делото ‘За политиката’ од Аристотел во кое се наоѓа одговорот дека демократијата значи респектирање на правото”.
17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ
P
личности за македонската суверена држава по чие име Европската унија во 1991 година ја создаде Арбитражната комисија, подоцна наречена и Бадентерова комисија. Во салата Cezanne во екслузивниот Hotel du Louvre во 21 часот низ звуците на химната на Европа Freude Schöner Götterfunken од Лудвиг ван Бетовен во изведба на Ема Абаџиева (обоа) и Мари Шмит (виолончело) свечената церемонија на предавањето на почесната титула и орденот ја изврши претседателот на Македонскиот Сенат и амбасадор во Париз, Неговата екселенција, господин Јордан Плевнеш, заедно со шефот на мисијата на Светскиот македонски конгрес за Европската унија, господин Џон Тодоровски. На церемонија присутни беа и господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, претседател на Светскиот македонски конгрес за Северна Америка, основач на македонскиот светски неделник "Македонско сонце" и еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот, кој по повод настанот специјално допатува од САД, Лепа и Димитри Дракуловски, бизнис-двојка од Париз, господин Гоце Дуртаноски, координатор на Дирекцијата за надворешни работи на СМК и претседател на Светскиот македонски младински конгрес од Холандија како и група француски гости кои со интерес ја проследија церемонијата. Телеграма со честитки до претседателот на Македонскиот сенат, Неговата Екселенција, Јордан Плевнеш, до сенаторите Роберт Бадентер и Пјер Беарн, упати претседателот на Светскиот македонски конгрес, господинот Тодор Петров. Неговата екселенција Јордан Плевнеш, македонски амбасадор во Париз и претседател на Македонскиот сенат во излагањето за личноста на Роберт Бадентер меѓу другото ја нагласи неговата "исклучително важна улога за независноста и суверенитетот на Македонија од времето кога таа зачекори по патот на заокружувањето на сопствената сувереност и меѓународниот статус. Роберт Бадентер, експерт по уставно право, е референца на голем број светски универзитети по неговите историски есеи и дела со посебна важност во правната проблематика кој се вбројува како еден од најеминентните интелектуалци во светот. Тој е градител на современа Македонија во меѓународни рамки и првиот македонски сенатор во македонската асамблеја на вечноста", подвлече Плевнеш.
оберт БАДЕНТЕР е роден на 30 март 1928 година во Париз во адвокатско семејство. Завршил студии по литература и право во Париз, магистрирал на Колумбија универзитетот во Њујорк, а подоцна докторирал на Парискиот универзитет. Во неговата кариера бил: адвокат во Апелациониот суд во Париз од 1951 до 1981 година, професор по компаративно право на Универзитетот во Дижон и на Сорбона, министер за правда од 1981 до 1986 година, близок соработник и советник на поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, претседател на Уставниот совет на Франција од 1986 до 1995 година, претседател на Уставниот и арбитражен совет на ОБСЕ, француски сенатор и претседател на Француско-македонското друштво на пријателство во Сенатот. Има објавено повеќе книги меѓу кои: "Егзекуција" (1973), "Слобода и еднаквост" (1989), "Републикански затвор" (1992), "Аболиција" (2000).
J'ai été invité dans beaucoup de pays en tant que counseiller de droit constitutionnel en plus pour la Macédoine j'ai toutefois des relations particulièment cordiales, résultant de mon séjour durant mes études. J'ai alors appris beaucoup sur le premier état européen de Philippe (II) et d'Alexandre le Grand. Sum bil pokanet vo mnogu zemji vo svetot kako konsultant po ustavno pravo, no kon Makedonija imam razvieno posebno mesto vo moeto srce blagodarenie na posetite koi gi imav ostvareno u{te mnogu porano vo mojata mladost koga za prvpat dojdov tamu i koga s# u{te u~ev za prvata evropska dr`ava na Filip i Aleksandar Makedonski.
МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕТО "Сè уште ми се свежи сеќавањата на моите средби овде во Париз со господинот Киро Глигоров, поранешен претседател на Република Македонија, актуелниот претседател Борис Трајковски, како и неодамнешните средби со премиерот Бранко Црвенковски и министерката за надворешни работи, Илинка Митрева. Сум бил поканет во многу земји во светот како консултант по Уставно право, но кон Македонија имам развиено посебно место во моето срце благодарение на посетите кои ги имав остварено уште многу порано во мојата младост кога за првпат дојдов таму и кога сè уште учев за првата
L'étude des travaux Aristote et ses visions de la constitution a suscité un grand intérêt au droit constitutionnel en Macédoine pendant l'antiquité à pris une grand partie de l'histoire de l'humanité.
18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
U~ej}i se od delata i ustavnite vizii na Aristotel posebno po~nav da se interesiram za problemot na Ustavnoto pravo vo koe smetam deka anti~ka Makedonija dade golem pridones za svetskata istorija.
J
uriste, écrivain et homme d´Etat français, Robert Badinter est né en 1928 à Paris. Il est devenu célèbre qu'avocat entre 1972 et 1980 tout en défendant les cas criminels dans lesquels la punition capitale a été réclamée par la poursuite. Quand il a été nommé ministre de justice en 1981, il a proposé et a obtenu le dépassement d'une loi finissant la punition capitale en France. Tout en servant de président du Conseil constitutionnel français, il a présidé le comité d'arbitrage établi par la Communauté Economique Européenne pour considérer des demandes d'admission à l'EU des Républiques de l'ancienne Yougoslavie. Son influence sur le Conseil constitutionnel français est le sujet d'un livre, "Sur le Conseil constitutionnel: la doctrine Badinter et la démocratie." Robert Badinter est l'auteur de nombreux essais historiques et politiques, dont l'Exécution (1973), Liberté, libertés (1976), Condorcet, un intellectuel en politique (en collaboration avec son épouse Élisabeth Badinter, 1988), Libres et égaux (1989), la Prison républicaine (1992). Retraçant son combat pour l'abolition de la peine de mort, son ouvrage L'Abolition s'est vu décerner le prix Femina 2000 dans la catégorie Essais. Robert Badinter est actuellement un sénateur dans le sénat français, et sert sur la faculté globale de loi de l'école d'université de New York de la loi. Président de la société francomacédonienne de l'amitié à Paris.
европска држава на Филип и Александар Македонски. Учејќи се од делата и уставните визии на филозофијата на Аристотел посебно почнав да се интересирам за проблемот на Уставното право, во кое сметам дека античка Македонија даде голем придонес за светската историја. Македонија засекогаш остана моја најомилена земја на европскиот континент. Земајќи учество во целиот процес на градење на уставната рамка на Македонија од времето како претседател на Арбитражната комисија и подоцна Македонија за мене претставува земја која воскресна од пепелта на историјата и која ќе трае вечно - рече Бадентер. Можеби е коинциденција или дел од организаторот на оваа церемонија, но морам да го спомнам и тоа дека просторијава во која се наоѓаме сега е оддалечена само педесеттина метри од Уставниот совет каде се наоѓаше мојата канцеларија кога го подготвував извештајот на Арбитражната комисија од 1991 година и каде често свртував поглед кон оваа сала во која ете вечерва ја имам честа да ја примам титулата "Македонски сенатор", всушност станувајќи сенатор на две држави - Франција и Македонија!" - заврши Бадентер.
C'est peut-êre une coïncidence ou une partie de l'organisateur mais je dois me soumettre à une contrainte que cette salle est juste à 50 mètres de distance du Counseil Constitutionelle où en 1991 était mon bureau comme président de la Commission d'Arbitrage et souvent cette salle était devant mes yeux - je ne peux imaginer que plus tard j'allais recevoir l'ordre et le titre d'honneur exactement au même endrois, sachant que je suis maintenant sénateur des deux pays - la France et la Macédoine! Mo`ebi e koincidencija ili del od organizatorot na ovaa ceremonija, no moram da spomnam deka prostorijava kade se nao|ame e oddale~ena samo 50 metri od Ustavniot sovet i mojata kancelarija kade kako pretsedatel na Arbitra`nata komisija vo 1991 godina ~esto go svrtuvav pogledot kon ovaa sala kade ete ve~erva go primam ordenot i po~esnata titula so {to stanuvam senator na dve dr`avi - Francija i Makedonija!
J'ai reçu beaucoup de prix (récompences) de différents pays et d'organisations mais celle-ci elle est un des plus beau et des plus impressionnant. Imam primeno mnogu nagradi od razli~ni dr`avi, no moram da spomenam deka ovaa koja ja primam ve~erva e najubava i mnogu impresivna.
ТИТУЛА И ЗА ПЈЕР БЕАРН Покрај господинот Роберт Бадентер, со сенаторска титула се здоби и доајенот на француската поезија Пјер Беарн кој има 102 години, живее во Париз, и кој во своето творештво й посветил голем број страници на историјата на Македонија. Инаку, во францускиот печат е познат по неговата песна "Метро - превоз, работа, спиење" како синоним за францускиот (парискиот) живот. Француската академија во 1995 година му ја додели Големата награда за поезија.
19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ
Координативното тело на Дирекцијата за надворешни работи на СМК на господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски му ја предаде Одлуката за номинација за почесна титула "Македонски сенатор" која беше срдечно прифатена. Честитајќи му на својот колега Роберт Бадентер, господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски се задржа во краток разговор со него при што, меѓу другото, нагласи: "...само пријателите на Македонија како Бадентер ја понесоа вистинската одговорност обезбедувајќи иднина на Македонија под сонцето на Филип и Александар Македонски кој е патоказ на секој Македонец во одбрана на сопствениот идентитет". Се очекува во текот на 2004 година Светскиот македонски конгрес за сенатори на Македонија да прогласи поголем број истакнати европски и светски познати личности низ повеќе европски и светски метрополи.
ГЕМИЏИИТЕ ВО ПАРИЗ Истата вечер во најстариот и најпознат ресторан Le Procope во латинскиот кварт на Париз на улица "rue de la Ancienne Comédie" бр. 13, Светскиот македонски конгрес откри спомен-обележје за македонските идеалисти, членови на Гемиџискиот кружок кои биле редовни гости во овој ресторан во раниот почеток на 20 век, односно во текот на 1902 година. Во овој ресторан се среќавале Борис Сарафов (1872 - 1907), Јордан Поп-Јорданов - Орцето (1881 1903), Павел Шатев (1882 - 1951) и Константин Кирков (1882 - 1903). За личноста и делото на Гемиџиите беседа одржа Неговата екселенција, амбасадорот Јордан Плевнеш, а Светскиот македонски конгрес приреди свечена вечера. Инаку, ресторанот Le Procope е основан во 1686 година од Франческо Прокопио де Колтели од Палермо (Сицилија). Ресторанот во својата историја претставува собиралиште на најголемите умови на Франција како што се Волтер, Русо, Бомаршез, Балзак, Верлен, Иго, Анатол
Франс, Дидеро, Бенжамин Франклин, Робеспјер, Милиер, Наполеон Бонапарта и други. Во ресторанот поставена е рамка со фотографии на Гемиџиите и следниот текст, покрај на македонски, фигурира и на француски и на англиски јазик.
“На ова место во раниот почеток на XX век престојувале група македонски идеалисти - борци за праведен општествен поредок и демократија на Балканот и остварување на независна македонска држава како цивилизациска потреба за обединета Европа”.
20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
SONCE NA PRAVDATA
“
2004
Rizikot varira vo obraten razmer so znaeweto
1904 1804
”
Irving FI[ER
PRAVDA I SILA Кога зборуваме/пишуваме за реалните состојби кај нас, во исто време мораме да ги земеме предвид како непроменлива варијабила нашиот неферментиран транзиционен менталитет, искривените очекувања, заедно со сите дребни, а дефектни различности од другиот/ нормалниот свет. Така, размислувајќи за конкретни економски случувања, позитивни или негативни, тогаш всушност мислиме повеќе на политика отколку на економија. Поточно, по инерција прво ја бараме политичката позадина на успехот или неуспехот...
...на поединците/фирмите и на нивната поврзаност со актуелните олигарси. Кога треба да предаваме строго економски теми пред нашите студенти, анализирајќи феномени од високоразвиените економии, доследно следејќи ја професионалната обврска да не се инволвираме во тривијални полит-економски превирања, тогаш најточно раскажуваме бајки. Затоа што она за што зборуваме/предаваме, како закони и принципи, никој не може ни да го види, ни да го почувствува овде кај нас. Имено, дури ни теоретски не може да се објасни како е можно една мала национална економија со вака силни политички ограничувања, геополитички и етнички растргната, со сива економија, невработеност и каматни стапки највисоки на стариот континент практично да егзистира. Истата непринципиелна приказна ни се повторува и со актуелниот предлог за нова територијална поделба. Не постои подобар начин да се испровоцираат старите проверени непродуктивни политички расправи од отворањето на
ТЕМАТА ЗА НОВА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА. Ова историски НÈ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА ПРЕДМИНАТИОТ ВЕК, А ПОЛИТИЧКИ НА ПОЧЕТОКОТ НА МИНАТАТА ДЕЦЕНИЈА, кон еден уназадувачки веќе виден циркус во кој на сметка на општата загуба на граѓаните привремено ќе ќарат неколку политички циркузанти. Економски овој вид на расправа нè води директно во феудално освојување на изворните буџетски приходи, на градските имоти, згради, институции, па сè до природните богатства - руди, извори на вода, шуми, пасишта. Еден класичен поствоен исход, со финална егзекуција во нова прераспределба на општественото богатство. Со тоа ЕКОНОМСКАТА СУШТИНА НА ПРОЕКТОТ СЕ СВЕДУВА НА КЛАСИЧНА КОМУНИСТИЧКА ГОЛА РАСПРАВА САМО ЗА РАСПРЕДЕЛБАТА И ЗА МИНАТИОТ ТРУД, а не неопходен судир на концепти за производство и придонес во создавање на нов поголем општествен производ. Обидот со политички трансфер да се префрлат граѓаните од една ка22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
де се мнозинска во друга општина каде се малцинска заедница, во локален економски превод значи страотен пад на вредноста на сè што поседуваат македонските граѓани во тие делови. Тука се допира до најдолната егзистенцијална точка, од каде проговара homo economicus-от на секој поединец, затоа што е директно засегнат во основното право на владеење со сопственоста. Но, подлабоко анализирајќи го феноменот ќе дојдеме до истите заклучоци како и за ТАТ. ПРВИТЕ ШТО ЈА НАПУШТААТ ИГРАТА, а во овој случај ја продаваат земјата/куќата..., ЗЕМААТ НАЈМНОГУ, А СИРОМАШНИТЕ како што и најчесто бидува, ОСТАНУВААТ ПОКЛОПЕНИ ОД УРНАТИНИТЕ на оваа пирамидална штедилница на нашата политичка свест и совест. Овде се отвора повеќе простор за себепреиспитување, отколку за некритичко обвинување на кој било друг. Би било навистина комично да не е трагично одново да слушаме колку всушност сме биле во право и колку правдата била на наша страна. Па ред е веќе да сфатиме дека правдата одамна е на наша страна, уште од Турско, Илинден, Балканските војни, преку Букурешт до последната војна 2001 година, но очигледно силата никогаш не ни била достатна. Затоа, доста со тоа инсистирање дека сме во право, рамнотежа ќе се воспостави кога ќе поработима на нашата културна, економска, образовна до воена сила за конечно нашата правда да добие смисла и верификација. Од магичниот круг на нашиов по-
литички дискурс, освен претходно политички преферираниот концепт, можни се два излеза кои се потпираат на економски принципи. Првиот е во строга диференцијација на руралните и урбаните средини. Тоа бара надвладување на професионалниот, еснафскиот пристап, и строга специјализација на градските и селските занимања. Поточно, да им се остави простор на ГРАДОВИТЕ КОНЕЧНО ДА СТАНАТ ГРАДОВИ СО АДЕКВАТНА СОЦИЈАЛНА СТРУКТУРА, со специјализација во терцијалниот сектор, односно со доминација на банкарството, оси гурувањето, образовните, здравствените услуги и како пазар за производите од селските средини. Во исто
време тоа би отворило комплементарен простор РУРАЛНИОТ ДЕЛ ДА СЕ ФОКУСИРА НА ПРИМАРНАТА И СЕКУНДАРНАТА ОБРАБОТКА НА СУРОВИНИТЕ. За жал, во западниот дел на државата, под налетот на неконтролираниот механички прилив, демографската експлозија и со урбанистичкиот хаос, економскиот простор и разлики меѓу градовите и селата се скоро избришани.Ниту градот останува град, ниту селата се развиваат како села, туку меѓусебно се претопуваат во едно општо
23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
паланечко сивило. Вториот момент поаѓа од претпоставка дека во едно веќе длабоко поделено, етнички и културно, милје како што е нашето, легитимно е да се разгледува прашањето на плурализам во фондовското финансирање. Тоа би водело, наместо кон сегашното политичко надвладување кое се финализира во поделба на територијата, во нова насока кон отворање на можности за одвојување на некои линии на финансиски приходи и расходи на етничките заедници. Така, добиваме од една страна да не се загрозува територијалната целовитост, а од друга страна до поголема одговорност на самите етнички заедници да си го планираат развојот. Би се обезбедил пресврт од актуелната пасивна борба за прераспределба на постојното во премин кон продуктивна борба за освојувања на нови можности за развој. Со тоа доаѓаме, всушност, до економските поставки на империјалниот модел на финансирање кој е територијално неутрален, а финансиски респонзивен, при што со автономијата на приходите и расходите паралелно се зајакнува финансиската дисциплина. Покрај сè, со последните случувања, НАМЕСТО ДОЛГООЧЕКУВАНИОТ ИСЧЕКОР ВО ИДНИНАТА, ПРАВИМЕ ДВА ЧЕКОРА НАЗАД ВО МИНАТОТО, место преовладување на спасителниот рационален економски пристап, во целиот процес доминира погубниот ирационален емоционално-етнички набој. Синхронизирано со предлозите за физичка поделба се одвиваат и подготовките за духовна делба. По назначувањето на српски егзарх, во очекување сме да добиеме уште бугарски и грчки. Така, иако со право во новото столетие аплицираме за членство во обединета Европа, ретроградните сили место во 21, нè подготвуваат за влез во 19 век.
OKO NA SONCETO
ПОЛИТИКА
ИНТЕРВЈУ ЈОВАН ТРПЕНОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА Поради моето членство во Антикорупциската комисија, а особено по изборот за претседател, работата во адвокатската канцеларија е доста намалена само заради тоа да не дојдам во ситуација да имам конфликт на интереси. При изборот на судии има политичко влијание, тоа не можеме да го занемариме.
AKO NEKOJ SAKA DA BIDE SUDIJA TREBA DA BIDE ^ESEN Разговорот го водеше: Жаклина МИТЕВСКА
Господине Трпеноски, во својот Годишен извештај за 2003 година Државната комисија за спречување на корупцијата оценува дека соработката со одредени државни институции, како на пример, со Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски била незадоволителна. Според Вас, на што се должи затвореноста на државните институции? Дали причините за недоволната комуникација со институциите треба да се бараат и во самата Комисија и зошто не презедовте соодветни мерки за таа комуникација да се подобри? ТРПЕНОСКИ: Како една од примарните обврски на Државната комисија за спречување на корупцијата, уште при формирањето, беше да воспостави соработка со органите кои практично работат на слична или иста проблематика и коишто едни со други се надополнуваат во надлежностите, како што е Законот за спречување на корупцијата. Остваривме бројни
средби со Јавното обвинителство, со Министерството за внатрешни работи, со Управата за јавни приходи и со други органи. Меѓутоа, оценката на Државната комисија за работата во претходната година е дека не беше воспоставена добра соработка со Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и со Врховниот суд на РМ. Не би можеле да речеме дека отсуството на оваа соработка е резултат на некое наше неангажирање. Ние баравме исти средби како што остваривме и со другите органи. Меѓутоа, за нас од непознати причини се немаше желба за остварување конкретна средба со Министерството за финансии. Дури на крајот дојде до една ад хок средба, меѓутоа разговорите коишто ги водевме не беа за она што би сакале да разговараме. Нашата оценка за отсуство на соработка со Врховниот суд е врз резултат на нивното апстинирање во испраќање на свој претставник, судија за време на изготвувањето на акционата програма, односно Националната стратегија за борба против корупцијата којашто беше организирана од нас и беше изготвувана во Охрид скоро недела дена. Ние се обративме до Врховниот суд, ги поставивме работите такви какви што сè, суштествени. Ние не можеме да се наметнеме како Комисија во конкретното одлучување на 27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
Врховниот суд, ниту смееме тоа да го правиме. Тоа е автономна работа која е исклучиво во надлежност на Врховниот суд. Сметавме дека нивното искуство, нивната професионална определеност, стручноста, едукативноста во областа на гонење на кривичните дела, особено оние коишто во основа имаат корупција и располагање со имот, ќе придонесе нашата програма да биде пореална, објективна, посодржајна. Меѓутоа, таквата соработка и застапеноста на научните работници и на другите државни институции, како и поединци кои во таа интелектуална правна сфера нешто значат, отсуствуваше. Ваквата констатација во текот на оваа година треба да ја поправиме и остваривме една средба со Министерството за финансии. Договорени сме да оствариме и други средби, но со конкретна проблематика. Како пример, ни се јавуваат проблемите со спроведувањето на Законот за денационализација. Прво многу долго трае работата на регионалните комисии, а долго трае и процедурата од Републичката комисија. Слабости има и во утврдувањето на висината на надоместот и она што е најсуштествено во исплата на надомест за наредната буџетска година, за што мислам дека се нарушува принципот на правичноста, како и проблемите на враќање на имотот или давање на на-
OKO NA SONCETO ИНТЕРВЈУ ЈОВАН ТРПЕНОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА домест. Луѓето се упатени на судски спорови, што мислам дека не беше суштината на Законот, исто така и некои проблеми што се врзани со Министерството за финансии. Министерството за транспорт и врски е доста интересно за нас. Јас сум оптимист дека до соработка мора да дојде, бидејќи е од заеднички интерес, затоа што се бројни претставките во Комисијата со укажувања на дадени објекти без соодветна градежна документација, како и реализирање на решенијата донесени од страна на инспекциските органи за рушење или стопирање на градба којашто е спротивна на деталниот урбанистички план. Понатаму, проблеми и во сферата на транспортот, особено, лиценците, одобренија за извршување на дејност итн. Чувствуваме задоволство од соработката со Министерството за внатрешни работи. Средбата со МВР беше протоколарна и се договоривме доколку пројавиме интерес или доколку тој случај се пројавува и во Комисијата и во МВР за конкретна проблематика да се состанеме и да размениме информации за да дојде до утврдување на реалното. Остварени се повеќе такви средби. Имавме средба со јавниот обвинител кој изрази подготвеност за целосна соработка и сега за сега соработката се одвива на задоволително ниво. Во споменатиот извештај се наведува дека генерална оценка е оти оваа Комисија во текот на првата година од своето постоење и работа успеала да се востанови како државен орган кој го нашол своето место во општественото живеење и дејствување во РМ. Зошто граѓаните не го делат истото мислење? ТРПЕНОСКИ: Комисијата е формирана во ноември 2002 година и тоа е првпат во државата да имаме Комисија којашто треба се занимава со превенција на корупцијата и со репресијата. Кога станува збор за репресија говорам за давање иницијативи, а нормално репресијата ја спроведуваат органите, како што е Јавниот обвинител и Судот. Ние во прво време по формирањето имавме и некои организациони проблеми, исто и со сместувачките услови и друго. Секоја државна
служба на својот почеток мора да воспостави и една процедурална работа којашто претставува и суштина во работењето. Моравме да изготвиме деловник за работа, моравме да ги изготвиме општите акти врз кои Комисијата ќе работи и како примарно беше постапувањето по Законот каде постоеше обврска за пријавување на имотите, односно пријавување на анкетните листови. Тоа не беше работа којашто граѓаните ја очекуваа, а и ние самите, туку се сведе повеќе на административна работа, но беше законска обврска. Комисијата беше многу присутна во јавноста со проблемите околу анкетните листови кога треба да се поднесат, дали се однесува на функционерите од претходниот мандант итн. Подоцна кога ги решивме проблемите со сместувањето отпочна една процедурална работа, се зафативме со одлучување за конкретни предмети. Морам да кажам од она што го сработивме ние сме задоволни, меѓутоа очекуваме и самите дека можеме повеќе, тоа мора да го направиме во наредната 2004 година. Многу тешко се доаѓа до докази за одредено корумптивно однесување на одредена личност. Граѓаните од нас очекуваа повеќе и со право, но мислам дека не е само проблемот во неактивноста на Комисијата. Ние живеевме и сè уште живееме во едно време на транзиција, живееме во време на неефикасност на органите на управата. Граѓаните, интимно очекувале дека напластените проблеми кои сакаат да си ги решат преку управните и правосудните ор28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
гани, може да ги реши Комисијата. Мислам дека беа нереални барањата и очекувањето за она што Комисијата може да го направи. Врз основа на претставките за злоупотребите во одредени државни институции што граѓаните ги имаат поднесено до оваа Комисија, како и врз основа на оние претставки на коишто вие како Комисија сте реагирале, колку сте задоволни од постигнатото? ТРПЕНОСКИ: Граѓаните немаа некој селективен приод, сè што ги засега пријавуваат, така што бројни се обраќањата до нас и за работи кои не се во надлежност на Комисијата. Во тој случај ние ги известуваме граѓаните дека Комисијата не може да постапи по нивната претставка, а бројни се и обраќањата за нерешени судски спорови или решени на нивна штета. Ние немаме инструмент со кој можеме да влијаеме на судската одлука. Бројни се укажувањата по нивна оценка за некое нестручно или недолично корумпирано однесување на судијата. Во таквите случаи ние ако имаме и ако ни посочат доказ, поднесуваме барање до Републичкиот судски совет за одредени судии за кои тој е надлежен во одредена процедура да утврди и доколку навистина се утврди дека се основани нашите изнесени барања, тогаш нормално се оди со предлог за разрешување и со предлог за поведување кривична постапка. Сите укажувања кои ни ги
ПОЛИТИКА
даваат граѓаните ги проверуваме. Проверките ги вршиме и сами, со наше барање и обраќање до надлежните институции, до МВР, Управата за јавни приходи итн. По добиените податоци и писмените материјали носиме одлука. По сопствена иницијатива Комисијата формира предмет за она што ние ќе оцениме дека е интересно и е во надлежност на Комисијата. Ние не очекуваме само да ни се обратат граѓаните, туку имаме можност сами да формираме предмети за кои во текот на годината вршиме истражување. Најавите на државниот јавен обвинител, Александар Прчевски, за расчистување со корупцијата во судството, со посочување конкретни примери за злоупотреба на службената должност и опструкции во постапките на актуелни судски предмети, предизвикаа големо интересирање во јавноста, но и различни коментари во правосудните и политичките кругови. Што мислите Вие? ТРПЕНОСКИ: Мислам дека истапувањето на Прчевски, временски ако се лоцира, беше во ред и еднаш засекогаш треба да се проговори за состојбите во судството. Меѓутоа, јавноста е незадоволна затоа што пред одржаниот прес тој најавуваше дека ќе ги каже имињата. Отсуството на имиња мислам дека значи незадоволство од содржината на неговото настапување. Но, морам да кажам дека Прчевски
лоцира одредени проблеми коишто се многу суштествени за давање една оценка за состојбите во судството. Јавниот обвинител по сила на неговата надлежност е тој што треба да оцени и одлучи дали има корупција, кај кого и во која сфера, и да преземе мерки. Многу сложен е проблемот со корупцијата и се бара многу внимателно да се постапува, затоа што ако нешто се кажува, а во суштина не е така, е голема штета. Инаку, ако мене ме прашувате дали сум задоволен од состојбите во судството, ќе кажам дека не сум. Прво, од експедитивноста на решавање на предметите, а и од одредено однесување на одредени судии. Мислам дека треба мошне сериозно да се согледа проблемот со една определба - ако некој сака да биде судија треба да биде чесен, ако не сака така да работи, би било чесно од него да си оди. Ако тоа не го направи, треба да се разреши. Мал е процентот на луѓето коишто влегуваат во оваа категорија. Огромниот процент на судии е чесен и стручен, но се случува да ги поистоветуваат со тие во другата категорија. Судството треба само да се избори за својот дигнитет. Какви се Вашите искуства во поглед на влијанието на извршната власт врз судските инстанци т.е. колку политичката припадност влијае врз решавањето на одредени судски предмети? ТРПЕНОСКИ: Ако генерално кажам дека нема влијание, нема сериозно да ме сфатите. При изборот на судии има политичко влијание, тоа не можеме да го занемариме. Органот на управата мора да се дистанцира. Поголема грешка е ако судијата прифати интервенција. Тогаш тој е загубен во судството. По завршувањето на работата која е попатна интервенција, тој се девалвира еднаш засекогаш. Можам да кажам дека не е исклучено политичкото влијание врз изборот на судиите и при носење на одредени одлуки, но конкретно да кажам би било премногу. Но, во генералните оценки не сме задоволни. Меѓутоа, ако некој категорично се заложи заради политичката припадност конкретно да реши некој проблем, тогаш самиот судија тоа не треба да го прифати или треба да си оди од судството. Позната е и Вашата долгогодишна адвокатска кариера. Сега сте во функција на тоа да се борите против лицата кои ја злоупотребиле служ29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
бената положба. Дали доколку Ве ангажира некој државен функционер кој се огрешил од законите, да го застапувате, би одговориле на задачата? ТРПЕНОСКИ: Не, затоа што и во Законот за борба против корупцијата е предвидено конфликт на интереси, така што јас морам да се дистанцирам. Поради моето членство во Антикорупциската комисија, а особено по изборот за претседател, работата во адвокатската канцеларија е доста намалена само заради тоа да не дојдам во ситуација да имам конфликт на интереси. Сè дури сум член на оваа Комисија мислам дека ќе трпи работата во адвокатската канцеларија, но категорично не би прифатил нешта за кои треба да се произнесам и како член на Антикорупциската комисија. Ако веќе сум се ангажирал пред да дојде предметот во Антикорупциската комисија, ќе размислам дали ќе продолжам или ќе се дистанцирам. Членовите на Комисијата се вклучени и во подготовката на измените на Законот за спречување на корупцијата. Каде се забележани најголемите недостатоци на Законот, односно во која насока ќе се движат промените? ТРПЕНОСКИ: Првото нешто што го согледавме беше обврската за поднесување на анкетните листови. Тоа беше предвидено само за оние додека се носители на функцијата. Ако нема обврска по престанувањето на функцијата, тогаш по принципот на споредување, ние не ќе можеме да видиме со колкав имот влегол функционерот и со колкав имот излегол. Наш предлог е и по престанок на функцијата, функционерот да поднесе анкетен лист. Второ, предлагаме мандатот на членовите на Комисијата да биде пет години за да не биде врзан со мандатот на политичката партија којашто успеала на парламентарните избори, за да не се поистоветува Комисијата како Комисија предложена од една политичка партија, односно партијата која е на власт. Предлагаме да се забрани финансирањето на политичките партии за време на изборната кампања од Буџетот, доколку со закон не е поинаку одредено. Доколку се утврди дека се сомнителни изворите на финансирање на политичката партија, тогаш може да се поведе постапка за утврдување на средствата за финансирање на партијата.
ИНТЕРВЈУ МАРЈАН РИСТЕСКИ, ИНСПЕКТОР ЗА КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ
Во Македонија првиот случај е забележан во 1997 година и до денеска се откриени 21 дело и 27 сторители. Овој вид на криминал се шири со голема динамика и со богатство од појавни облици, бидејќи станува збор за технологии со големи можности и примени во секојдневниот живот. Пронаоѓањето на докази во вакви случаи се врши преку "електронските траги" кои се обезбедуваат со вештачења на компјутерите.
Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА
Господине Ристески, во последно време многу е актуелно вршењето на кривично дело со помош или посредство на компјутер. Што МВР презема на овој план? РИСТЕСКИ: Компјутерот претставува една од најзначајните и најреволуционерни откритија во развојот на техничко-технолошката цивилизација. Информатиката како млада наука се развива со побрзо темпо од која било друга наука на планетава. За само 50-тина години се откриени и усовршени многу уреди за складирање и обработка на огромни количини на податоци. На други науки им требало цели епохи за да достигнат такво ниво на знаења и искуства. Но, и покрај сите предности и корист кои компјутерот со себе му ги носи на човештвото, компјутерот за жал брзо стана и средство на злоупотреба на несовесни поединци, групи или дури и на организации. Една понова американска студија од оваа област
укажа на фактот дека овој вид на криминалитет се случува дури 40 пати почесто од класичниот криминалитет, а дури 90 отсто од информатичките кривични дела остануваат практично неоткриени, односно во темната бројка на криминалитетот, бидејќи откривањето и докажувањето кај овој вид криминал е исклучително тешко. Овој вид на криминал се шири со голема динамика и со богатство од појавни облици, бидејќи станува збор за технологии со големи можности и примени во секојдневниот живот. Криминалците кои вршат и класични кривични дела ја сфатија моќта и предностите на компјутерите, па така често пати ги употребуваат како помошно средство и при вршење на класични кривични дела. Во овој контекст МВР преку своите експерти кои работат на оваа проблематика ги следи новите светски трендови на откривање и санкционирање на најмодерниот криминал на денешнината и при секое сознание дека е извршено кривично дело од областа на компјутерскиот криминал вршејќи ја својата законска обврска, веднаш презема мерки за откривање на делото-а и сторителот-те. Најчесто пронаоѓањето на докази во вакви слу32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
чаи се врши преку "електронските траги" кои се обезбедуваат со вештачења на компјутерите со кои се вршеле овие кривичните дела и потоа се поднесува кривична пријава по член 251 од Кривичниот законик против сторителите. Може ли накусо да ги запознаеме читателите со историјатот на компјутерскиот криминал во светот и во Република Македонија? РИСТЕСКИ: Компјутерскиот криминал се појавува за прв пат при крајот на 60-те, а се интензивира во почетокот на 80-те години со појавата на PC персоналниот компјутер и со појавата на првите BBS мрежни системи. Првите компјутери биле сместени во огромни простории со специјални климатски услови и само одредени лица имале пристап до нив. Програмерите кои работеле на овие компјутери користеле одредени рутини кои ги викале со заедничко име "hacks" за да си ја олеснат работата, па подоцна од овој термин и настанува зборот хакер. Со појавата на првиот IBM PC персонален компјутер, овие пред тоа стриктно професионални машини почнуваат да се користат насекаде, па подоцна се
појавува и потребата од нивно вмрежување поради полесна размена на податоците и така се појавуваат првите приватни BBS системи на кои хакерите си разменуваат идеи и искуства. Со појавата на Интернет како глобална планетарна мрежа кој од ден на ден се шири сè повеќе, хакерите веќе имаат можност да ги надминат ограничувањата на државните граници и континенти и делуваат на планетарно ниво при вршењето на овие кривични дела. Во Македонија првиот случај е забележан во 1997 година и до денеска
пот VISA, MASTERCARD и други при подигање на готовина од банкомати и на овој начин сторителите имаа противправно стекнато значителна имотна корист. Кои се најпознатите светски хакери кои веќе, така да кажеме, останаа забележани во историјата на хакерството? РИСТЕСКИ: Ќе ги наведам по редослед. На прво место е Кевин Митник, алијас Кондор. Легендата на хакерството во светот е секако Митник и прет-
Кои се појавните облици и начини на извршување на кривични дела од областа на компјутерскиот криминал? РИСТЕСКИ: Облиците и начините се - компјутерска измама, финансиски кражби и злоупотреби, фалсификување на податоци и документи, компјутерски вандализам, изработка и употреба на компјутерски вируси, компјутерска саботажа и шпионажа и хакерство. Кај компјутерска измама се работи за кривично дело кога одредено лице ќе вне-
AJBER-KRIMINALCITE се откриени 21 дело и 27 сторители. Во поглед на начините на извршување на овие дела кај нас во минатото може да се каже дека често одредени сторители со неовластено навлегување во компјутерските системи на интернет провајдерите бесплатно користеле интернет услуги посебно кога овие услуги беа скапи пред неколку години. Исто така, има случаи на неовластено навлегување во компјутерските системи на македонски телекомуникации за бесплатно користење на телефонски услуги од страна на сторителите, преку неоригинални чип картички со импулси посебно приготвени неограничено да траат. МВР има поднесено и неколку пријави против одговорни службени лица во банкарски институции и приватни фирми кои злоупотребувајќи ја својата службена положба имаат избришано податоци или внесено лажни податоци во компјутерите на тие институции поради стекнување на имотна корист за себе или за нивни блиски лица. Покарактеристичен беше најновиот случај од 2003 година кога во Комерцијална и Стопанска банка имаше неовластено навлегување во компјутерските системи преку користење на лажни кредитни картички од ти-
ставува култен херој на сајбер-спејсот и инспирација за новите хакери кои го учат занаетот. Првото обвинение против него е покренато уште во 1995 година поради фалсификување на 20.000 броеви на кредитни картички, неовластено навлегување во системите на компаниите Моторола, Сун Микросистемс, Нокиа Фујитсу и многу други и предизвикување на штета која е проценета на 80 милиони долари. Честопати навлегувал и во системите на државните институции на САД како системот на северноамериканската команда за одбрана НОРАД уште во 1983 година НАСА, па дури и на ФБИ кој и го апси во 1992 година. Последната затворска казна му беше пет години и забрана за пристап на интернет со 21 јануари 2003 година. Долго време беше помеѓу 10 најбарани криминалци на сајтот на ФБИ. Инспирација е за неколку холивудски филма како "Воени игри", "Takedoun" и други. Втор најпознат хакер е Владимир Левин, Русин по потекло од Петроград кој успеал да навлезе во системот на Citybank во САД во 1994 година и да извлече 10 милиони долари. Ова е неговиот најголем потфат, но е откриен и уапсен, а Citybank успева да го поврати најголемиот дел од сумата. 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06 .02 .2004
се одредени неточни податоци или нема да внесе одреден важен податок со цел тоа да влијае на резултат на електронската обработка или преносот на податоците и така за себе или за друг противправно да прибави одредена имотна корист или да нанесе штета на друг. Финансиските кражби и злоупотреби со помош на компјутер се едни од најчестите компјутерски криминални дела и се однесуваат на злоупотреба на кредитни картички кои пак се едни од најмодерните платежни средства, и на разни навлегувања во заштитени системи и правење на недозволени финансиски трансакции. Сегашниот степен на развој на компјутерите дозволува дигитализација и менување на содржината на разни акти и документи кои се користат при правниот сообраќај, како и на фалсификување на податоци кои се во електронска форма. Дури честопати постојат и обиди за фалсификување на банкноти со помош на компјутер и периферни уреди како скенер, печатар чие усовршување денес е на високо ниво дури и кај уредите за широка потрошувачка. Под компјутерски вандализам се подразбира намерно навлегување во туѓи компјутери и заштитени компјутерски системи и
GOLEMOTO ^EKMEXE ИНТЕРВЈУ МАРЈАН РИСТЕСКИ, ИНСПЕКТОР ЗА КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ бришење и уништување на податоци без некоја посебна цел, туку само да се предизвика одредена штета кај системите кои се објект на напад во поглед на нивно правилно функционирање. Софтверот односно про-
пите што тие ги организираат за неовластено навлегување во заштитени системи, на денешно време постојат и специјализирани тајни владини служби кои преку навлегување во компјутерскиот систем на другите држави прибавуваат податоци од разузнавачка природа. Така под поимот компјутерска шпионажа може да се дефинира еден од најмодерните облици на разузнавање, но исто така постои и индустриска шпионажа која е само од комерцијална
грамите се едно од најмоќните оружја на сајбер-криминалците. Под поимот компјутерски вируси се мисли на програми кои несовесни поединци ги пишуваат за да нанесат што поголема штета на многу компјутери врзани во мрежа како на пример на глобалната Интернет-мрежа. Нивни основни одлики се: се копираат самите себеси на секој компјутер со кој ќе дојдат во контакт. Не се забележливи, односно најчесто се невидливи за корисникот на компјутерот, посебно ако на компјутерот не е инсталиран специјализиран софтвер за нивна детекција. Автоматски извршуваат одредени команди како бришење на корисни податоци на компјутерот на жртвата, или пак ги испраќаат податоците на одредена друга локација на мрежата без знаење на сопственикот на компјутерот. Покрај хакерите и гру34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501/ 06.02.2004
природа. Компјутерска саботажа имаме во случај кога некој ќе уништи, избрише, промени, прикрие или на друг начин ќе онеспособи податок, програма или ќе го оштети компјутерот кој е од значење за државен орган, институција, јавна служба. Сајберкриминалците или популарно наречени хакери се по правило лица со посебни стручни и практични знаења и вештини од доменот на високата информатичка технологија кои своите
знаења ги користат за нанесување на штети на одредени заштитени системи. Хакерството како модерен феномен произлегува од техничкиот предизвик да се пробие заштитата на одреден информатички систем и да се навлезе во него. Колку е заштитата посилна, толку е предизвикот поголем. Овие кривични дела се вршат прикриено без просторна поврзаност помеѓу сторителот и жртвата и по правило тешко се докажуваат и остануваат во темната бројка на криминалитетот. Честопати дури ни администраторите на мрежните системи не можат да забележат неовластено навлегување во системот од страна на хакер сè додека системот не претрпи некоја штета. Постојат ли начини на дознавање, мерки за откривање на сторителите и докажување на компјутерскиот криминал? РИСТЕСКИ: Редоследно постапката е следна: пријава од оштетен, откривање од страна на администраторите на информатичките системи, истрагата и докажувањето мора да го прават стручни лица со посебни, стручни и практични знаења и компјутерска форензика. Еден од најчестите начини за дознавање на кое било кривично дело, па така и на кривични дела од областа на компјутерскиот криминал, е секако пријавата од оштетениот. Во оваа смисла под поимот оштетен можат да бидат физички и правни лица, државни органи и институции. На пример, кога стручните лица кои ги одржуваат и администрираат информатичките системи ќе забележат дека дошло до неовластено навлегување во системот кој тие го одржуваат однадвор и дека настанала одредена штета во смисла на губење на податоци или на целокупното работење на системот, секако дека ова неовластено навлегување треба да го пријават до соодветен државен орган кој е надлежен понатаму да постапи, со цел пронаоѓање и санкционирање на сторителот. Стручните овластени лица на овој орган ќе го проценат видот и обемот на настанатата штета и ќе преземат понатамошни мерки. Истражувачите на овој вид криминал понекогаш користат оригиналнса апликациска програма, а понекогаш специјален софтвер за анализа и алатки за истражување. Истражувачите најдоа начини за собирање траги од оддалечен компјутер до кој тие немаат непосреден физички пристап, спроведувајќи при-
стап преку телефонска линија или мрежна конекција. Дури е можно да се следат активностите на компјутерска мрежа преку интернет. Овие процедури формираат дел од она што е наречено компјутерска форензика, па некои луѓе исто така го користат овој термин при употреба на компјутерот за анализа на комплексни податоци (на пример конекции помеѓу индивидуи со испитување на телефонско логирање или трансакции преку банки). Другата употреба на терминот е кога компјутерите се искористени во судот во форма на компјутерска графика за да илустрираат комплексна ситуација, или како замена на голем волумен на листови - базирани на истражувања и состојби. Што е всушност компјутерска форензика? Компјутерска форензика е доказ од компјутер кој треба да биде издржан, убедлив и доволен за судот да може да го прифати. Во форензичкоинформатички постапки без разлика колку и да се внимателни луѓето кои имаат за цел да крадат електронски информации тие оставаат траги од нивните активности. Исто кога сторителите се обидуваат да го уништат доказот кој е на компјутер тие позади себе оставаат траги. Во двата случаи може да се докаже дека овие траги може да се пронајдат и да се презентираат пред судот. Компјутерските форензички специјалисти прават повеќе од вклучување на компјутерот и листање на фолдери и пребарување на фајлови. Тие треба да бидат способни да извршат комплексни "evidence recovery procedures" со вештина и експертиза која ќе го држи кредибилитетот на електронските докази пред судот. Во основа овие постапки опфаќаат: копирање на податоци, барање на докази од електронска пошта и друга интернет комуникација, враќање на податоци, пребарување на документи и други податоци. Каква е законската регулатива кај нас и во светот за компјутерскиот криминал? РИСТЕСКИ: Кај нас санкционирањето на овие кривични дела е регулирано со член 251 од Кривичниот законик, член 251 од КЗ на (навлегување во компјутерски систем) службен весник бр. 37/1996 година. Кај нас ова кривично дело е внесено во КЗ во 1996 година и од тогаш па наваму се применува овој член во практика. Спаѓа во глава 23, Кри-
35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
GOLEMOTO ^EKMEXE
ба да се внимава на нивното соодветно образование и искуство за тие да бидат чекор понапред со знаењата од компјутерските криминалци и да применат соодветно пропишано ниво на заштита (хардверско и софтверско) на системите кои ги администрираат. При изборот на сигурносни системи треба да се користат современи проверени технологии од оваа област за да се минимизира ризикот од оставање на т.н. сигурносни дупки во системот кои хакерите вешто ги користат за да навлезат во системот. Секако имајќи го предвид нивото на општествената опасност од овој вид на криминал државата треба да пропише соодветни санкции за сторителите на овие кривични дела кои ќе послужат како сериозна закана врз многу поедници кои нема да го прифатат техничкиот предизвик на навлегуваат во заштитени системи и да стекнуваат имотна корист на овој начин. Можеме ли да констатираме дека компјутерскиот криминал е голема општествена опасност и што се треба да направиме за да го спречиме?
вични дела против имотот од КЗ на Р. Македонија. Став 1 од овој член вели: Тој којшто неовластено ќе внесе измени, објави, скрие, избрише или уништи компјутерски податоци или програми, или на друг начин ќе навлезе во компјутерски систем со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист или да оштети друг - ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Во Германија тоа е регулирано со Закон за сузбивање на стопански криминал од 1986, Компјутерска шпионажа член 202 а; компјутерска измама чл. 263 а; Промена на податоци чл. 302 а; компјутерска саботажа чл.303 а. Во Австрија регулирано е во1989, чл. 126 а. оштетување на податоци. Англија во 1990 со Закон за злоупотреба на компјутери кој предвидува повеќе кривични дела ја регулира оваа проблематика. Во Република Словенија - Казнен закон 1999 чл. 225 Противзаконски влез во заштитена база на податоци; чл. 242 - Навлегување во компјутерски систем, додека во Република Хрватска компјутерскиот криминал е регулиран во 1996 година
со член 223 - Оштетување и употреба на туѓи податоци. Постои ли превенција за компјутерскиот криминал? РИСТЕСКИ: Мерки кои треба превентивно да се преземат против компјутерскиот криминал најчесто се: информатичка едукација, администрирање на информатичките системи од стручни лица, користење на заштита од неовластени навлегувања (хардверски и софтверски сигурносни системи) и санкционирање на овие кривични дела. Под информатичка едукација овде се мисли на едукација на секој поединец којшто користи компјутер да му се укаже на опасностите од компјутерскиот криминал, посебно на младата генерација којашто е и најголем корисник на информатичката технологија. Со оваа едукација секој поединец ќе знае како да се заштити од сајбер-натрапниците или од компјутерските вируси пред да настанат штетните последици. При избор на администратори кои се грижат за сигурноста на информатичките системи, тре36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
РИСТЕСКИ: Овој вид криминал лесно ги надминува границите на државите и има интернационален карактер и висината на штетата која настанува со вршењето на овие кривични дела од ден на ден е сè поголема. Дури и меѓународните терористички организации сè повеќе ги користат компјутерите и глобалната мрежа за остварување на своите цели. Секоја современа држава треба да преземе навремени соодветни мерки за превенција и санкционирање на овој вид криминал. Бидејќи овој вид криминал не знае за просторни граници, оформувањето на специјални тимови во рамките на Интерпол кој се занимаваат со истражување на овие кривични дела ќе има голем придонес во успешноста на справувањето со најмодерниот вид на криминал во сегашноста и иднината. Секој поединец кој користи компјутер приватно или професионално треба да биде свесен за опасноста и да користи специјализиран оргинален софтвер за заштита од компјутерски напади и компјутерски вируси со што би ги минимизирале шансите на сајберкриминалците да предизвикаат штета. Исто така, сторителите на овие дела покрај санкционирањето треба да се ресоцијализираат преку нивно вклучување во позитивните страни на информатиката, за да се искористат нивните знаења кои дотогаш ги користеле за деструктивни дејства.
GOLEMOTO ^EKMEXE
МИКРОСАМ
УСПЕШНА ФИРМА, ОСПОРУВАНА ОД ДРЖАВАТА
Пишува: Рената МАТЕСКА
М
“
ашините за обработка на надгробни споменици и машините за дрво ги сметаат за индустриски роботи, а целата стручна јавност знае што значи тоа при извоз. Како што тргнало, Микросам дури и ако извезува пиперки, ќе ги третираат како роботи. Ги поседуваме сите документи за извоз на машини пропишани во Македонија. Ставањето на таа листа е некоја бирократска грешка, комбинирана и конструирана од домашни безбедносни структури и други активисти. Тој чин несомнено има домашна политичка заднина. Поради сите тие притисоци, Микросам е оштетен со околу два милиона евра, плус неколку стотици илјади евра поради опструкциите на македонската царина", револтирано реагираше сопственикот на прилепската фирма Микросам, Благоја Самакоски, кој сè уште не знае каде згрешил при извозот на машина за производство на резервоари во Пакистан, поради што американската Влада ја стави неговата фирма на црна листа. Фирми како Микросам од Прилеп има околу 12 во светот, додека Микросам е меѓу првите три. За успешноста на фирмата говорат и многубројните награди и признанија на светско ниво. Тоа е првата македонска фирма која на Запад извезува современи машини. Сепак, за некого е незамисливо Република Македонија да извезува технологија, така што во последно време се прават големи опструкции на фирмата при што тие не можат да остварат извоз. Самакоски исто така информираше дека фамозната машина за којашто ја оспоруваат Микросам, ја произведуваат уште дваесетина фирми во светот. Во 95 отсто од нив се користат за цивилно производство, а Микросам има продадено слични машини во Норвешка, Кина и во Германија. Прилепски Микросам пред скоро еден месец беше ставен на американската црна листа и доби две години забрана за извоз на американскиот пазар, со образложение дека е вмешан во производство на ракетна технологија.
ШТО СМЕ ЗГРЕШИЛЕ ЗА ДА НИ ПРАВАТ ОПСТРУКЦИИ?! За Самакоски, проблемите во најмала рака произлегуваат од некоректниот однос и се производ на поранешниот прв човек на ДБК, Зоран Верушески, кој соработувал со Виктор Маер од американската Амбасада во Скопје. Досега фирмата не добила никаков документ дека нешто згрешила и дека не треба да се занимава со вакво производство, а сепак е на црната листа на САД.
ОДГОВОРНОСТ Самакоски го обвини поранешниот прв човек на ДБК, Зоран Верушевски, за главен виновник на случувањата, кој соработувал со Виктор Маер од американската Амбасада во Скопје.
37 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06 .02.2004
Според директорот на Микросам, вината за состојбите во прилепски Микросам ја сносат и Златко Ветероски и Љубомир Михајловски од Царинската управа. Според Самакоски од Царинската управа неколку месеци одбиваат стручна експертиза на опремата со двојно користење. Микросам произведува
GOLEMOTO ^EKMEXE
МИКРОСАМ УСПЕШНА ФИРМА, ОСПОРУВАНА ОД ДРЖАВАТА
машина со двојна намена која се користи во цивилни цели и само 5 отсто од машината можат да се употребат наменски. - "Ветероски и Михајловски - потенцира Самакоски - се поставуваат над стручните знаења во оваа држава, и за машини за надгробни споменици велат дека се машини кои предизвикуваат опасност за светскиот мир". Според сопственикот на Микросам, Самакоски, странски држави ја користат политичката нестабилност на Македонија и од одредени структури изнудуваат отстапки за конкуренцијата. Според него, станува збор за притисок во кој се вклучени и безбедносни структури од земјава. - "Јас сум разговарал со Батлер и со Верушевски - нагласи Самакоски - и можам да кажам дека само тие можат да направат ваква конструкција".
АКТИВНОСТИ Основната активност на Микросам е проектирање и производство на компјутерски контролирани машини, опрема и софтвер за индустриска примена. Производите се наменети за металопреработувачката индустрија, индустрија за обработка на мермер и гранит, дрвната индустрија - производство на мебел и декоративни елементи, преработка на стакло и стаклени производи, композитни материјали, малото стопанство, фамилијарни домашни дејности и слично. Микросам постои веќе 12 години и е една од првите приватни фирми во Република Македонија. За своите резултати, во технолошките и стопанските достигнувања, фирмата е носител на сите највисоки домашни награди, а наградувана е и во странство. Во согласност со сегашното ниво на
НАГРАДИТЕ ГОВОРАТ ЗА УСПЕХОТ НА МИКРОСАМ ВО СВЕТОТ (ГОРЕ)
"ХАРМОНИЈА" МЕЃУ ПОНОВИТЕ ДОСТИГНУВАЊА НА МИКРОСАМ
38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
МОЖНОСТИТЕ НА МАШИНИТЕ НА МИКРОСАМ СЕ ГОЛЕМИ
ЗА СТРУЧНА ЛИТЕРАТУРА СЕ ОДВОЈУВААТ ИЛЈАДНИЦИ ДОЛАРИ
ЕДНА ОД МАШИНИТЕ
39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
реноме, таа претставува единствено препознатливо име од Македонија во глобални рамки и во секторот каде работи. Скоро сето свое производство го пласира на странски пазари. Во досегашното работење не е вклучена во ниту една незаконска активност. Не постојат какви било пријави за кривични или прекршочни дела било од подрачјето на надворешно трговско работење било од подрачјето на економско финансиско работење. Сите машини од производната програма на Микросам и соодветната опрема се базираат на зрела технологија и сопствено искуство во проектирањето и производството на индустриската опрема. Машините на Микросам се секогаш проектирани и произведени да ги задоволат точните барања на купувачите, без оглед на тоа дали е лабораториска примена, нова технолошки напредна примена, високосериско или континуирано производство. Главната филозофија при проектирањето и произведувањето е постојан контакт со купувачите. Тоа всушност е основната насока: секогаш да се следат реалните и потенцијални потреби на пазарот и купувачите за да се максимизираат нивните бенефиции од примената на машините на Микросам. - "Нè сардисаа од сите страни, иако не нарушивме ниту еден меѓународен пропис - велат од Микросам - а ако продолжат опструкциите, не е исклучено и да ставиме клуч на фирмата. Доколку произведувавме во Германија, сигурно немаше да се соочуваме со вакви проблеми". Микросам е можеби единствениот пример во светот каде неговата матична држава го спречува да се развива. За разлика од Микросам, неговите конкуренти се обилно поддржани и субвенционирани од нивните матични држави. Фирмата ќе опстане и понатаму да биде светло име на технолошкиот развој на Македонија, амбасадор на добрата иднина која можат да ја имаат нашите млади и стручни кадри доколку државата и надлежните субјекти го сменат својот опструктивен однос кон една успешна фирма која служи само за пример.
АРХЕОЛОГИЈА АДАМ ОД МАКЕДОНИЈА
MA[KOTO TORZO NIKULEC N
Создателот на оваа фигурина, покрај прецизното познавање на анатомијата на човекот, истата - вели археологот Билбија - прекрасно ја моделира така што неговите раце, бездруго ја извајале скулптурата, која досега не е забележена во аналите на светската историја на уметност. Со високопрофесионално испитување се отвораат нови патокази за толкување на праисторијата на човекот кои се случувале на овие простори.
Пишува: Милева ЛАЗОВА
В
о организација на Музејот на град Скопје, со археолошката екипа под раководство на археологот Милош Билбија, во времето на преминот кон новиот милениум, истражувајќи ја неолитската населба "Церје" кај село Говрлево - Скопско, во 2000 година, се дојде до епохално откритие. Пронајдената фигурина на керамичкото машко торзо, со својата уметничка изразителност и симболика, го заслужи епитетот "наод на милениумот". Токму ова машко торзо предизвика голем интерес во научните кругови во светот кои проучувајќи го дојдоа до мошне интересни согледувања кои потврдуваат дека фигурината е направена уште пред да биде напишана Библијата.
44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
A BIBLIJATA
МИЛОШ БИЛБИЈА
СОЗНАНИЈА Разгрнувајќи ги шестилјадногодишните напластувања останати од дејанијата на човекот од младо камено време, помеѓу многубројните наоди се појави и необичната керамичка фигурина која претставува маж во седечка положба, со наведнат грб, со исклучително нагласени р'бетни пршлени и ребра, вовлечен сферичен стомак и посебно акцентиран папок. - "Создателот на ова фигурина, покрај прецизното познавање на анатомијата на човекот, истата - вели археологот Билбија - прекрасно ја моделира така што неговите раце, бездруго ја извајале скулптурата која досега не е забележена во аналите на светската историја на уметност. Меѓутоа, убеден сум дека неолитскиот вајар немал за цел реалистчки да ја претстави човечката фигура, туку со нагласување на определени анатомски детали да пренесе одредена симболичка порака. И како е тој - човекот роден од мајка, така се раѓа и сè друго од неа - Големата Мајка, прародителка и серодителка, чие керамичко вобличение, исто та-
ка го откривме во говрлевската неолитска населба. Таа е бездруго божица на сеопштата плодност, на што упатуваат симболите, како што се големите дојки и оплоден стомак. Во таа ненадминлива симболика на обновување и оживување на материјата, сега е вткаена идејата за суштината на човекот како духовно битие". Како што потенцира археологот Билбија, тој момент е искажан симболично преку машкото торзо, кое преку нагласување на рбетот и сверичниот стомак, со потенциран папок, симболички го искажува неговиот дух, неговата божествена природа. Фигурината е создадена од земјен прав - глина, на ист начин како што Господ го создал првиот човек. - "На семантичен глобален план, со библиско определување, именката Адам - додава археологот Билбија - е препознатлива како првиот човек, создаден од Господ. Ако е Книгата за настанокот создадена во вториот милениум, а фигурината пред четвртиот милениум п.н.е, тогаш како никулец и предтекст за искажаното создавање на човекот во Библијата, Адам од Говрлево со право го носи тоа име".
45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004
АРХЕОЛОГИЈА
ТЕОРИИ И ТЕЗИ Неговото именување со Адам ја одразува суштината на овој наод. И не само тоа. Со овој наод и со другите материјални докази кои веќе се на виделина, без сомнение синтагмата "Македонија, земја библиска" не е површна фраза. Не е статистичка приказна во толку бројно повторување на името на Македонија. Напротив, духовната димензија на човекот е втемелено како спознание на суштината токму во Македонија. - "Епохата на младо камено време - објаснува археологот Билбија - всушност е епоха на житото и лебот - насушниците на човековиот опстанок. Како производ на мојата досегашна, повеќегодишна истражувачка работа, сето претходно искажано е содржина на повеќедецениско истражување на неолитот на овие простори, поткрепено не само со значајните наоди, почнувајќи од Големата мајка, портрети, аскоси ... до Адам, туку и со низа други материјални докази како последователни показатели за потврдување на непобитни теории и тези за толкување на животот и човекот". Како што истакна археологот Билбија, верификацијата за тоа се случуваше на меѓународните конгреси и симпозиуми во Љубљана, Словенија во 2001 година и во Пула 2002 година
во Република Хрватска, каде што Адам како наод е прогласен меѓу десетте светски најзначајни археолошки наоди, закитен со епитетот "спомен на човештвото". Со последното егзактно потврдување од страна на Лајбниц лабораторија за радиоизотопно определување на староста на Институтот "Кристијан Алберт" од Универзитетот во Киел, Сојузна Република Германија, со радиоизотопно мерење на Ц14, се покажа дека наодот Адам е направен околу 5478 година пред нашата ера. - "Значи, со тоа се потврдува - вели археологот Билбија - дека размислувањата на неолитскиот човек за неговата суштина и постоење, пренесени преку фигурата на Адам, досегнуваат над седум илјади години од денешнината. Со помош и соработка на Музејот на град Скопје со Универзитетот во Љубљана од Словенија, со чијашто целосна финансиска поддршка е овозможено вакво високопрофесионално испитување, се отвораат нови патокази за толкување на праисторијата на човекот кои се случувале на овие простори. Со тоа се потврдува мојата мисла дека сите отворени прашања за Македонија, ќе добијат одговор во понатамошните истражувања на праисторијата, а веќе се на повидок разрешенија на загатката, вткаена во метафора за сончевина, обзнаена преку името Македонија".
46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 501 / 06.02.2004