M
MAKEDONSKO SONCE
меа инервју д-р НИКОС ЧАУСИДИС, универзитетски про
ВТОПЕН ВО 8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
фесор
Д-р Никос Чаусидис е професор на Институтот за историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". На радост на студентите предава три предмети: Музеологија и конзервација, Археологија и Историја на културата на Македонија. И покрај тоа што й е познат на научната и пошироката македонска јавност, преку книгите: "Митските слики на јужните Словени" (1994); "Македонија – културно наследство" (1995); мултимедијалниот компакт диск "Македонски древности" (1999); книгата "Дуалистички слики – богомилството во медиумот на сликата" (2003), неговото име и презиме и натаму привлекува особен интерес од друга природа. Проф. д-р Никос Чаусидис е роден на 17 јули 1959 година во Ташкент, поранешен Советски Сојуз. Еве како ја доживува Македонија на млади (детски) години, пред неговите, протерани родители по Граѓанската војна во Грција, да се вратат во Македонија: "Во мојата потсвест е длабоко всадено чувството за Македонија како за далечна – митска и света земја; земја која што ја немаш и која што треба да ја достигнеш. Тоа се должи на фактот што не сум роден во неа, туку далеку на Исток, во Централна Азија – на работ на пустините Кара-Кум и Кизил-Кум, на местото каде што започнува Памир – едниот од најгромадните планински масиви во светот. Тука, меѓу недогледните пустини и секогаш снежните врвови ги слушав приказните за мајка Македонија – идеална земја која се наоѓа некаде далеку на Запад. Таму се родени моите родители и предци: дедо ми Анастас Масларов и неговата ќерка – мојата мајка Евгенија (Гена); Татко ми Филип и неговите браќа.
МИТОТ
Може ли археологот да говори за прашања од сферата на етничкото т.е. националното? Дали археологијата како научна дисциплина поседува методи преку кои во својата област може јасно и децидно да ги детектира фактите кои се однесуваат на категоријата 'етничко' т.е. 'национално'"? Силната желба да се врзе за почвата македонска, ќе го натера да учи за својата татковина, учејќи за археологијата. Тивок, но енергичен, научникот со мила уста, како што многумина го нарекуваат, секогаш е творечки расположен. Кога еднаш го запрашав зошто и како му успева секогаш да биде мотивиран во оваа наша немотивирачка атмосфера, ми одговори: "Нешто ме тера да се докажувам. Можеби затоа што напати Македонија ја чувствувам како маќеа. Сметам дека мојата љубов кон неа е најдобро да ја искажам вака, со дела, а не со чукање в гради". Ќе ја истражува, ќе ја запознава и ќе ја сака сè повеќе и повеќе. Ќе го насочи својот научен ангажман во сложената интердисциплинарна тема што може да се определи како: Митот и религијата на древните и архаичните заедници и нивната транспозиција во материјалната култура: притоа, секогаш во центарот на неговото внимание е земјата македонска. - "Таа - вели д-р Никос Чаусидис - не го сака самобендисаниот човек кој се восхитува на она што како поединец или род го создал – на велелепни палати, на моќни бедеми и кули или пак трезори полни со злато". Затоа, циклично, од век во век таа урива сè, терајќи ги секогаш кон нов почеток низ кој ќе станат вистински луѓе, нејзини деца, какви што заслужувала и заслужува Македонија. Каков што впрочем е тој, проф.д-р Никос Чаусидис.
Разговорот го водеше: Снежана КЛИНЧАРОВА Професоре Чаусидис, непосреден повод за нашево интервју е Вашата најнова книга "Дуалистички слики". Но, како што знаат нашите читатели, неа подетално веќе ја претставивме во едниот од нашите претходни броеви, а таа беше мошне застапена и во другите медиуми. Со оглед на тоа, во ова интервју сепак повеќе би сакала да проговориме за некои поопшти теми. За Македонија, за тоа како нејзината историја се прелева и ја условува нашава
9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
M
MAKEDONSKO SONCE
меа инервју д-р НИКОС ЧАУСИДИС
сегашност. Да проговориме и за денешниот Македонец - неговите доблести, премрежја и мани. Убедена сум оти овие прашања повторно ќе нè вратат кон оваа Ваша книга, а и некои други дела кои порано сте ги напишале. Да почнеме од една Ваша порано изнесена теза за табиетот на земјата, табиетот на Македонија. Имено, според Вас, секоја земја, секој предел си има свој внатрешен профил - свој табиет. ЧАУСИДИС: Јас го застапувам ставот дека еден човек или поточно една култура и цивилизација и нејзините основни обележја, не настануваат случајно, туку се резултат на неколку сосема видливи и мерливи компоненти. Едната од нив е секако генетскиот материјал кој секоја индивидуа го носи во своите клетки и ги предава на своите потомци. Мислам дека сегашната наука сè уште нема доволно докази дека елементи на културата се пренесуваат по генетски пат. Но, по генетски пат се пренесуваат човековите биолошки константи и афинитети, односно апаратот кој создава култура и кој консумира, односно користи култура. И втората компонента не пренесува култура, но, и тоа како, ја условува. Тоа е земјата во која живее една група луѓе. Тука мислам на нејзината геоморфологија, клима, геостратешка локација, еколошкиот амбиент т.е. флора, фауна итн. Човекот, фрлен во една ваква дефинирана средина, стапува во дијалог со неа и врз база на тој однос го формира својот начин на егзистенција - стопанската база врз основа на која егзистира (макар колку и да сакате, вие не можете да бидете рибар во Сахара или овчар на отворено море!). Ова е основниот биолошко-стопански склоп врз кој се гради културата: религијата, митот, уметноста, социолошкиот систем, па и етно-психолошките обележја на еден народ или ако сакате - неговиот колективен дух. Овие "карактеристики на земјата" се толку силни што знаат од корен да ги променат обележјата на некој народ кој ќе се досели во одредена земја, а при тоа веќе носи во себе заокружена култура, оформена пред тоа, на некое друго место. Во една пригода Вие ова го претставивте преку една метафора со нането чии лековити својства не зависат само од генетскиот код вграден во неговите клетки, туку и од местото на кое расте. Нането од лута карпа е многу полековито од она што е одгледувано во бавча. Оваа метафора ја употребивте за да покажете дека, без разлика што во Македонија низ изминативе милениуми се населувале бројни етноси од разни делови на светот, оваа земја успевала на сите нив да им го наметне својот идентитет - своите обележја. Што е тоа што земјата Македонија го вградува во сиве овие чеда, вкоренети во нејзиното тело. По што е специфичен македонскиот табиет? ЧАУСИДИС: За да станеш Македонец (во пошироката или најшироката смисла на зборот), не е доволно да ја пропатуваш, да поминеш низ неа во пљачкашки поход, да ја поседуваш или да ја молзеш, седејќи на трон или фотелја. Главен услов за тоа е да и` се препуштиш. Да ги наслушнеш нејзините вибрации и според таа фреквенција да ја наштимаш својата. Во спротивно нема да ти биде убаво. Или ќе ти биде премногу ризично, или премногу скудно, несигурно и летаргично. Распонот на овие фрекфенции е доста тесен, па оттука не се ни особено бројни оние кои во неа остануваат исполнети со среќа. Оној што ќе остане (било да е индивидуа или народ), со текот на го10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
дините или вековите ги инкорпорира во својот дух сите суштествени обележја на оваа земја. Како и релјефот на Македонија, тој станува умерен, комуникативен и гостољубив. Но, во рамките на некои глобални обележја, во секој дел од Македонија (пред сè нејзините мали засебни котлини и микроеколошки целини), тој секогаш се труди да ги истакне и своите специфики во однос на своите земјаци - соседи. Оттука доаѓа и толку типичната натпреварувачка нетрпеливост меѓу македонските "племиња" како на пример прилепчаните и битолчаните, "егејците" и "вардарците". Наоѓајќи се на крстосницата на светот, поради честите популациски бранови и воени наезди, Македонецот станал толерантен и флексибилен во однос на дојденците. Вековните искуства покажале дека во оваа земја не вредело премногу да се инвестира во материјалното и во глобалните општествени формации. Веројатно оттука, креативните аспекти на својот дух, тој ги насочил во малите форми на организирање (семејството, родот, племето), малите форми на творештво (облека, накит, куќа, покуќнина) и особено оние, изразени во нематеријални медиуми (музика, танц). Од една страна, древните духовни традиции на оваа земја, пренесувани во континуитет низ милениуми, и од друга страна - постојаните нови идеи кои струеле по светските патишта на кои лежи Македонија, предизвикале еден динамичен однос кон религијата. Однос кој не може да се определи како предавање и потчинување во однос на божественото, туку како дијалог, честопати и негирање на апсолутот и акцентирање на личниот став. Оттука, во Македонија речиси постојано се следат исклучително високи форми на религијата кои вообичаено на оваа почва го достигнуваат и своето крајно - езотерично ниво. Живеејќи во една земја постојано изложена на окупации, својата материјална заробеност, Македонецот ја компензира со духовна слобода. Едно од нив е и богомилството за кое говорам во мојата книга. Ми се чини дека денес, во време на криза или отсуство на вистински форми на религиското или на духовното, овие концепти се пројавуваат во својата негативна - первертирана димензија - како скептицизам и непочитување на апсолутните вредности, пред сè оние од општествената сфера, но со нив заедно и оние од религиската. Дали ова значи дека Македонија, поради моќта на идентитетот кој извира од самата неа од една страна и нејзината местоположба (Katena mundi / Копча на светот) од друга, станала на одреден начин и проколната земја во која секоја генерација треба сите работи да ги започнува од почеток? Вие во една прилика ќе ја споредите не со соба за живеење, туку со ходник. ЧАУСИДИС: Всушност, на прв поглед работите се противречни. Од една страна тоа е земја којашто има силен сопствен идентитет, а од друга - простор кој е толку проточен што во него не можело да се создаде нешто поцврсто и потрајно. Мислам дека во оваа опозиција можеме да ја најдеме суштината. Можеби токму затоа Македонија низ вековите се покажала како простор во кој, пред сè, се создавале потенцијали кои обично се реализирале некаде на друго место. Се разбира, во Македонија има древни
цркви, манастири, тврдини и голем број археолошки наоѓалишта. Но, не заборавајте - археолошките наоѓалишта се уништени градови, храмови и други разурнати објекти. Големиот број археолошки наоѓалишта значи и многу војни, земјотреси, уривања и смрт. Во однос на потенцијалот на културите што егзистирале во Македонија, степенот на нивните материјализации е доста низок. Чедата на Македонија својот цут го имале тука, но плодот го давале во друга земја. Новите сознанија покажуваат дека Троја и моќното Фригијско кралство во Мала Азија го создале Дарданците и Бригите кои (поради недоволно добри услови), некаде пред 4.000 години се иселиле од Македонија. Па и Александар Македонски своите најголеми градови ги изградил далеку од својата татковина. Се смета дека многу обележја на современиот западноевропски дух се зародени во богомилството - религиско учење кое во Европа втасало од Македонија. Конечно, и денес бројни наши научници, бизнисмени или обични домаќини, се реализираат во Америка, Западна Европа или Нов Зеланд. Во последниве 13 години, многу тешко го наоѓаме сопствениот мотив или човечки идеал. Заглавувавме на нивото "да се украде", "да се излаже", "да се злоупотреби власта", "да се сработи најмногу за себе, а најмалку за општеството". Дали тоа се случува оти сме немале доволно традиција на државност, во вистинската смисла на зборот. Многумина велат дека во Македонија, државата најчесто била "некој друг" кој сме го чувствувале како туѓинец, натрапник и узурпатор, па оттука овие постапки имале карактер на нелојалност или пасивен отпор. ЧАУСИДИС: Донекаде е така. Неодамна, сите бевме сведоци на она што се случуваше во врска со смртта на нашиот претседател Борис Трајковски - погребот и сите други активности. Имам чувство дека тие денови се случуваше нешто што за нашево време и простор е посебно и многу ретко. Тие денови едноставно исплива на површина нашиот колективен дух и тоа во неговата најтаинствена - архетипска димензија. Како жител на Радишани т.е. зоните на градот кои гравитираат кон гробиштата Бутел, секој ден гледав како синхронизирано се работи на уредувањето на улиците, семафорите, асфалтирањето, чистењето на градот. Еднаш, околу 24 часот, врнеше снег, а работниците трпеливо ги заменуваа банкините на улиците. Верувајте, тогаш непосредно - искуствено сфатив како се изградија Пирамидите во Египет. Нас најпрво нè учеа дека за таа цел работеле стотици илјади луѓе - народ, робови и уште десетици илјади надзорници, кои со камшици ги мавале за да оди работата. Современата наука (на пример Л. Мамфорд) се сомнева во тој концепт и предлага друг, според кој величината на фараонот и вербата во неговата божествена природа бил најголемиот фактор кој ја мотивирал енергијата на народот и што е уште поважно, ја синхронизирал и насочувал во конкретен правец и цел. Метафизичкиот аспект на владетелот - неговата смрт - бил главниот мотив за создавање енергија и синхронизација на целиот колективитет. Разликата е САМО во тоа што кај древните Египќани, оваа машина проработувала уште додека владетелот бил жив (многу години пред неговата смрт), а кај нас тоа се случуваше пост фестум. Барајќи ја причината на овој синдром, помислив дека за нашиот човек не претставуваат предизвик баналните секојдневни потреби, како што се: уредени улици - за побргу да се стигне на работа, чистота и зеленило - поради лично здравје и секојдневно убаво расположение. Изгледа, тоа не може да биде вистински мотив за мобилизирање на неговата енергија. Нему очевидно, како и на древните Египќани, му треба метафизички мотив. Мотив кој има димензија на апсолут, којшто, пред сè, не се однесува на овој - материјалниов свет. Сметам дека поради еден ваков мотив, минатиот месец во Македонија, за две недели, можеби за прв пат се излачи толку повикуваната позитивна енергија, синхронизација, отстапки и добра волја во име на општото. Едно време мислев дека причината беше банална - да се претставиме пред светот колку сме добри, колку знаеме да сакаме и да почитуваме. Дури и да е така, таквиот концепт не е негативен. Во него само има транспонирање на сопствениот вредносен систем во лицето на другите, т.е. странците. Сакате ли да кажете дека присуството на смртта е она што Македонецот го придвижува од неговата пасивност и го "вади" од светот на неговите лични, кратковиди интереси? 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
ЧАУСИДИС: Смртта не треба да се доживува само како нешто мрачно и морбидно. Таа е најевидентната материјална манифестација на апсолутот. Со присуството на смртта, сите вредности добиваат екстремни димензии. Човекот и неговиот живот стануваат бесценети, секоја добра и лоша постапка добива безгранично позитивно или безгранично негативно значење. Но, крај смртта или зад неа, стои некоја понедофатна матрица, која само ја насетувам. Во моментов пред очи ги имам поимите "тага", "трагичност" како флуид од кој Македонецот знае да произведува енергија. Енергија за творештво, уметност, па и рационалност. Еве на пример - најубавата македонска народна песна - "Со маки сум се родила" - целата е обоена во една сетна, модра (и мудра) македонска тага. Многу наши луѓе интерферираат со оваа песна. Се разбира, сите реагираат на смртта, но на свој начин. Некои наши соседи, на смртта реагираат епски, хероистички, агресивно. Македонецот почесто се решава за лирско - елегична реакција. Смртта на претседателот не го трогна само народот. Некои наши луѓе со познато име и презиме, по тој повод ги создадоа своите најдобри говори и највпечатливи колумни. Често го применувате концептот на споредување на она што сега й се случува на Македонија со нешто што таа го доживувала во минатото. Можете ли да најдете паралела за овие настани во нашата историја. Јас, да речеме запирам на трагичното и подмолно убиство на Гоце Делчев, катастрофата на Самуил т.е. ослепувањето на неговите војници. Дали тагата или тажното самоопевање е најчестата реакција на Македонецот во однос на зулумите што вечно ги трпел од своите соседи? И дали тагата е негова единствена реакција? ЧАУСИДИС: Зошто Александар Македонски тргнал во освојување на Истокот? Мене лично не ме задоволува тоа дека базичниот мотив му било окупирањето на светот, богатството, а најмалку тагата. Тука нешто ми недостасува. Мислам дека клучниот двигател е истото она за кое пред малку говоревме - некој метафизички мотив кој како да влегува повеќе во некоја духовна, етерична сфера, отколку во чистиот прагматичен империјализам. Мотивот на Александар, во основа сосема се разликува од прагматизмот на древните Хелени. Основен двигател на нивната експанзија низ Медитеранот било материјалното производство и трговијата. Многу постапки на Александар не влегуваат во ова клише, ниту во профилот на еден император, типичен за западниот и источниот свет. Некои велат дека суштината на неговиот потфат било мешањето, т.е. сплотувањето на културите на Западот и Истокот, така што јас и овој историски процес сум подготвен да го сфатам како продукт на некакви метафизички мотиви. Можеби станува збор за материјализација на некој концепт, поттикнат од Аристотел - неговиот исто толку славен учител од детството. Едноставно, младиот и понесен ученик, пресериозно ги прифатил теориските концепти на учителот и решил да ги спроведе во практика. Што е со средниот век? Во Вашата нова книга, едно поглавје им посветувате на востанијата во Македонија и богомилското учење како нивен главен двигател. ЧАУСИДИС: За богомилството како идеолошки двигател на средновековните востанија се заинтересирале уште следбениците на социјализмот и комунизмот (еден од првите бил Кочо Рацин). Но тие направија грешка, стеснувајќи го овој однос исклучиво во социо-политичките сфери. Демек, поробениот и обесправен народ, поттикнат од немаштијата и теророт, под водство на богомилите се дигнал на востание за социјално и национално ослободување. Ваквиот тесен аспект ја осакати оваа вистина, ампутирајќи го од неа клучното ниво - духовното. Богомилството било пред сè РЕЛИГИСКО УЧЕЊЕ, во кое клучен елемент е Духот - Божественото. Оваа идеологија се допира со марксистичките идеи само во тоа што богомилите и другите дуалистички еретици ги презирале владетелите, црковните институции и богатењето. Не смеело да се заборави дека тие тоа го правеле поради негирањето на сиот материјален свет - што апсолутно се коси со принципите на материјализмот. Д. Драгојловиќ, едниот од најзаслужните истражувачи на овој проблем, го пронаоѓа главниот митски модел на овие процеси. Тоа е хилијастичкиот мит според кој Бог се пројавува етапно во материјалниот свет, па оттука и во илјадалетните историски епохи, низ своите три аспекти. Притоа секој од овие аспекти интерферира со трите доминантни царства (епохи) во
M
MAKEDONSKO SONCE
меа инервју д-р НИКОС ЧАУСИДИС
Европа. Бог - Отец со Хеленското царство, Бог - Син со Словенското и Бог Дух со Германското царство. Од преминот на првото кон второто илјадалетие, потекнува еден трактат со ваква религиско-политичка содржина за кој се смета дека го создале македонските богомили, поврзувајќи го со владеењето на Самуил. Има факти кои говорат дека тој бил употребен како идеолошка база и во наредните востанија во Македонија, оние на Петар Делјан, Георѓи Војтех, Добромир Хрс и Стрез. Значи ли тоа дека Самуил и другиве спомнати владетели биле богомили? Во Вашава последна книга Вие на неколку места го обработувате овој проблем. ЧАУСИДИС: Постојат сериозни теории според кои Самуил, во најмала рака бил симпатизер и поддржувач на богомилите. Освен наведениот трактат и воопшто - толерантноста на Самуил во однос на еретиците, во прилог на ова одат и други аргументи. Според житието на зетскиот кнез Јован Владимир, во 11 век тој бил убиен од неговата жена Косара и нејзиниот брат Гаврил Радомир, односно ќерката и синот на Самуил. При тоа, како причина за ова убиство се наведува нивната еретичка припадност. Вториот аргумент е Петар Делјан - вистински или самопрогласен внук на Самуил - водач на едно од македонските востанија во 11 век. По задушувањето на ова востание, имало големи прогони и депортации на востаниците и нивните симпатизери. Во тогашните летописи е забележено дека од Балканот во Италија пребегале "Македонци и павликијани". Вториот од наведениве термини е назив на едно еретичко учење, слично (а често и изедначувано) со богомилството. Тука ми се наметнува релацијата на Самуил со Александар Македонски. И тој тежнеел да создаде огромна држава, што всушност се покажало како главна причина за нејзиното скорешно уништување. До скоро мислев дека зад ова тежнеење стоела Самуиловата лакомост за богатства, моќ и власт. Ако се покажат како точни наведените идеолошки мотиви, тогаш и зад оваа краткотрајна империја, би можел да се постави некаков апсолут - можеби желбата да се создаде држава преку која една религиска идеја ќе се стави во основите на светот. Можеби, на прагот од вториот милениум постоело верување дека токму Самуил ќе го поведе светот во втората етапа од историјата - Царството на Богот - Син. Но, нели е познато дека Самуил, во својата престолнина во Преспа изградил катедрала (тоа значи ортодоксен храм) каде пред неколку децении, грчките археолози го пронашле и неговиот гроб? Дали е тоа контрааргумент за наведениве тези? ЧАУСИДИС: И тогаш владетелите ги применувале принципите кои се својствени за денешната политика. За да ги остварат своите цели, тие морале да бидат прифатени од тогашните фактори на моќта, а тоа значи да припаѓаат на единствената во Европа призната религија - ортодоксното христијанство. Знаејќи ги вистинските религиски убедувања на владетелите, овие репрезенти на моќта (особено Цариград и римските папи), очекувале од нив, во најмала рака, јавно изразување лојалност во однос на признатата вера. Ова ги терало владетелите да тактизираат, т.е. да играат дволично. На сличен начин, во 14 и 15 век ќе постапуваат и владетелите во Босна - пред својот народ ќе го покажуваат своето еретичко лице, а пред папите - ортодоксното, па дури и конкретно католичкото. Значи, ако во претходното прашање се обидов да го дофатам идеалистичкото лице на Самуил, ова ваше прашање ме поттикна да го претставам и неговото обично, земско т.е. човечко лице. Сега ќе Ве вратам на Вашата прва книга "Митските слики на Јужните Словени" и воопшто Вашата научна преокупација со Словените. Во рамките на разни науки е потврдено дека сме ние дел во "словенското море на народи". Дали, по 13 години доброволно согласување со привремената референца БЈРМ, ние треба да го прифатиме словенскиот предзнак во нашето име ("Словено-
Македонци"). Всушност, што би кажале по повод последниве случувања со оној интерен документ во Советот на Европа? ЧАУСИДИС: Колку парадоксално. Ми поставувате прашање од сферата на политиката - едната од најпрагматичните области, а јас во него гледам чиста езотерија. За еден типичен припадник на западната цивилизација, името би требало да биде формалност. Јас и вие на пример можеме да се договараме како ќе нарекуваме едно нешто, на пример фабрика за текстил. Во тој случај, можеме да дискутираме дали тоа име треба да го одразува карактерот на фабриката (на пример "Скопски текстил"/"Ско-текс"), да го лоцира и афирмира градот во кој се наоѓа ("Астибо"/старото име на Штип), некој заслужен херој, историска личност или пак презимето на сопоственикот. Но, тоа се прави на Почетокот, бидејќи дури и во денешно време, дури и во ладната и трезвена западна цивилизација, постои и се почитува "магијата на името" (древните Месопотамци, едноставно не прифаќале дека НЕШТО ПОСТОИ доколку нема име, односно во нивниот јазик за тоа нешто нема назив т.е. збор). Зад овој синдром стои "магијата на Почетокот". Кога нешто ќе се создаде (материјално) во моментот на неговото доаѓање на свет, тоа добива име. Оттогаш, тоа име се проткајува со самото тоа нешто и станува негов апсолутен еквивалент, неделиво од именуваното. Оваа појава е толку важна што во некои култури, луѓето цел живот го кријат своето вистинското име во најстрога тајност, како заштита од магиски влијанија. Се случувало, не сакајќи да го изговорат во сон, по што доживувале кризи, па дури и си го одземале животот. Некаде, како на пример во Светото писмо, најпрво се создава името, а потоа именуваното. Како и да е, откако на Почетокот, овој процес на стопување на името и именуваното е завршен, престанува дискусијата околу тоа дали е името добро или лошо, звучно, соодветно или не, и дали доследно ја одразува суштината. Тој процес е завршен, бидејќи веќе одминала магијата на Почетокот. Сега веќе името станува поважно од именуваното - станува носител на идентитетот на именуваното до тој степен што постои наспроти тоа што, на пример, именуваниот весник ја сменил својата првична концепција, именуваната фабрика произведува нешто сосема друго или именуваната рок - група нема ниту еден член од старата постава, а свири сосема друга музика. Значи, името Македонија, Македонец, македонски јазик постои и е наш еквивалент. Ние, а со нас и светот, веќе одамна го користиме. Поминало времето на дискусии дали тоа објективно ја одразува историската и етнографска стварност. Ако го смениме - ќе се смениме и самите, ќе станеме некои други. Конечно, и денес има земји и народи, чиј етноним може да се става под прашање. На пример, Французите носат име на франките - еден древен народ од германскиот круг, на кој денешните Французи не им припаѓаат по својот јазик и етно-културен идентитет. Конечно, кој ни гарантира дека утре Словенците или Словаците нема да речат дека префиксот "словено" во називот "Словено-Македонци" задира во нивниот идентитет и дека поради тоа треба да се коригира. Но, нели нашите северни соседи сепак се решија да го сменат името на својата држава? Зошто предзнакот "словенски" се бара само од нас, а не и од кој било друг словенски народ или држава, на пример од Русите, Полјаците, Чесите, Словенците, Србите? ЧАУСИДИС: Југославија е административно име на државата, кое како што се сеќавате, веќе започнало да се наметнува како име на нацијата, но тој процес не се заокружил, па оттука и ја предизвикал пропаста на СФР Југославија. Народите што ја сочинувале последнава Сојузна Република Југославија имаат свои етнички имиња и затоа не им е особено тешко да го променат називот на државата. Обидете се да ги натерате Србите и Црногорците да ги сменат своите етноними. Речиси сите словенски народи денес носат имиња кои имаат словенско потекло. Колку што сега можам да се сетам, само Бугарите и Македонците, иако говорат јазици од словенската група, носат етнички називи со несловенско потекло. Старите "Болгари" припаѓале на турската група народи, а овој назив се појавил како име на јужнословенските племиња од источниот Балкан поради значителната застапеност на овој етнос во оформувањето на средновековните Бугари и особено поради тоа што на челото на првите државни формации, стоеле владетели по потекло од туркојазичните Бугари. Треба ли поради тоа, денешните Бугари да ги преименуваме како Словено - Бугари, особено што и денес во Источна Европа сè уште живеат старите "Болгари" кои говорат на својот изворен јазик кој припаѓа на турскоалтајската група.
12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
Во Вашата книга "Дуалистички слики", изнесувате факти според кои историски гледано и етнонимите на некои други словенски народи не се баш сосема словенски? ЧАУСИДИС: Денес луѓето (а за жал и некои влијателни личности) мислат дека историјата на сегашните народи се движела низ изминатите епохи качена во некаков воз кој со заклучени врати итал по однапред дефинирана пруга. Воопшто не е така. Формирањето на денешните народи е резултат од најнеочекувани и навидум неверојатни мешања, комбинации од гени, идентитети, јазици и религии кои формираат сложени "коктели" кои само формално можат да се наречат вотка, виски или џин. Последниве години, разни науки (лингвистика, археологија, историја) пласираат аргументи дека етнонимите Руси, Срби, Хрвати, па и стариот словенски етноним Анти, всушност изворно припаѓале на иранојазичните етноси од северното и источното крајбрежје на Црното Море. Овие етноси, во 4 - 5 век од новата ера, на подрачјето на денешна Украина и долниот тек на Дунав, влегле во соживот со Словените, при што го прифатиле нивниот јазик и идентитет, а им го предале своето име и дел од културата. Век - два потоа, дел од овие популации ќе се досели на Балканот, формирајќи ја основата на денешните јужнословенски народи. Што станува со Македонците? Како што знаеме, тоа е древен балкански народ кој нема директна врска со Словените. Дали нашето денешно име е случајност или плод на некои објективни историски и етногенетски процеси? ЧАУСИДИС: Случајноста во рамките на историската наука речиси не постои како категорија. Таму таа е привидна, сè додека не се откријат вистинските причини, па тогаш станува нужност. Мислам дека ова име се наметнало поради неколку причини. Едната е секако силниот идентитет на земјата Македонија и културата на луѓето што во неа живееле во античкиот период. Втората причина е проточноста на Македонија и нејзината исклучително важна стратешка позиција. Овие фактори попречиле тука да зајакне и да се наметне со својот идентитет некое од словенските племиња за кои знаеме дека во неа се населиле (на пример, Берзити, Дрогувити, Сагудати...). Во последно време, истражувањата на Илија Чашуле за врските на бурушаскиот јазик со јазикот на Бригите - балканските староседелци на Македонија и централниот Балкан, покажаа дека во денешниот македонски јазик и неговите дијалекти е зачуван значителен дел од јазикот на Бригите. Ако се докажат врските меѓу јазиците на Бригите и на античките Македонци, тогаш и на формално ниво (на ниво на името) кругот ќе се затвори и ние ќе можеме да кажеме дека не само етнонимот Македонци, туку и современиот македонски јазик одразуваат објективна состојба, односно непосредни проткајувања на културата на новодоселените словенски етноси и на балканските староседелци (меѓу другите и предците и потомците на античките Македонци). Во Вашата книга Вие големо внимание им посветувате на Дрогувитите словенски етнос кој живеел во денешна Егејска Македонија и кој во неколку историски ситуации претендирал да се наметне со своето име и идентитет на просторите на Македонија. Таму спомнувате и верски организации во чии називи биле содржани одредени етнички компоненти. ЧАУСИДИС: Да, сметам дека станува збор за исклучително важни теми со кои, со оглед на нивното, не само научно, туку и општествено значење, ќе мора подетално да се позанимаваат и други наши проучувачи. Во 7 век, во византиските извори се спомнува еретичка организација т.е. општина која го носи епитетот "македонска". Без разлика што некои ја лоцираат во Мала Азија, а други во околината на Костур, овој назив значи дека таа морала да има некаква врска со Македонија, со Македонците или со нивните потомци. Врската со Костур го актуелизира и прашањето со една друга еретичка црква која во тој дел од Македонија се појавува во 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
M
MAKEDONSKO SONCE
меа инервју
средниот век и се поврзува со словенското племе Дрогувити, населено во 6 век, на подрачјето на денешна Егејска Македонија (од Солун до Преспа). Конкретно, во латинските извори од 13 век се спомнува Дрогувитската еретичка црква. Со оглед на територијалното поклопување, има причини оваа институција да се поврзе со спомнатата "македонска", при што вторава - како еретичка црква на староседелците - Македонци би го носела значењето на евентуален претходник на Дрогувитската. Се чини веројатно дека, населувајќи се во Долна Македонија, словенските Дрогувити стапиле во соживот со староседелците, при што поради разни причини, дошло до нивна асимилација и доминација на словенскиот етноним. Но, во оваа симбиоза изгледа Дрогувитите го прифатиле од нив еретичкото учење, при што еретичката организација добила нов етнички епитет и под тоа име ќе се појави во латинските извори од 13 век. Што се случува меѓу 7 и 13 век? Како се објаснува тој празен простор во кој не се спомнуваат овие две организации? ЧАУСИДИС: Точно е дека византиските извори во овие векови ништо не говорат за овие организации. Но, како што не треба до крај да му се верува на "CNN", така не треба да им се верува ни на византиските извори, од едноставна причина што тие штитат една конкретна општествено-политичка и религиско-идеолошка формација. И не е случајно што во 13 век овие информации ги добиваме токму од западните латински извори, при што од нив го дознаваме и извонредно високото значење на Дрогувитската еретичка
д-р НИКОС ЧАУСИДИС
црква. Имено, водачите на оваа установа биле духовни учители на еретиците катари од Италија и Јужна Франција, така што некои од нив дури и патувале во овие земји за да ги ракоположат тамошните катарски епископи. Сепак, во книгата велите дека во истиов век, Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан сепак ја спомнува еретичката црква на Дрогувитите? ЧАУСИДИС: Не може да се рече дека експлицитно ја спомнува еретичката организација, но ги спомнува Дрогувитите и тоа на еден необичен начин. Според мене, тоа се едни од најзагадочните, но и највредни четири збора во нашата средновековна историја. Овој охридски Архиепископ е познат по својата укост, одбраните и толкувањата на основните догми и концепти на христијанството. Тие се запишани во неговото дело. Но, тука се претставени и разни судски спорови што тој ги водел во врска со поседите на Охридската архиепископија. Во рамките на овие судски белешки, на две места се спомнуваат спорови поврзани со имоти, случени во Бер (денешна Верија, близу Солун) и во Полог. При тоа се вели дека овие спорови настанале за време на "власта" и "теророт на Дрогувитите". Цитираните зборови говорат за некаков настан чиј носител бил овој етнос (востание, буна, но и општествена формација со одредени форми на власт). Ако се земе предвид дека територијата на Дрогувитите се простирала во Јужните реони на Македонија, присуството на Бер не е сосема неочекувано. Но, нивното присуство во Полог е нешто
14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
многу чудно. Тоа говори за експанзијата на оваа формација врз поширокиот простор на Македонија. Пред дваесетина години, со овој проблем се зафатија двајца истакнати југословенски историчари. Анализирајќи ја целата историска констелација, тие заклучија дека оваа доминација на Дрогувитите можела да настане во времето на добро познатиот властодржец Стрез кој токму во истово време, во Македонија формирал краткотрајна држава. Набргу, околните големи сили влегле во коалиција и го уништиле овој нивни заеднички непријател. Како Вие ја оправдувате евентуалната врска на Стрез со Дрогувитите? Некои од читателите ќе бидат изненадени ако кажеме дека Стрез бил припадник на бугарската династија. ЧАУСИДИС: Да. Тој бил брат на бугарскиот цар Борил. По една завера во која настрадало ова царско семејство, тој пребегал кај Србите, каде бил прифатен (секако од одредени политички интереси). Потоа од српскиот двор му се дадени војници и коњи и му било препорачано да оди во градот Просек (Демир Капија), како едно извонредно стратешко место и таму да дигне востание и да оформи феудална држава. Сега доаѓаме до главното за кое пишаните извори ништо не говорат, а се наметнува како енигма. Зошто и како Стрез, како потенцијален бугарски престолонаследник, евентуално можел да се поврзе со за него далечните Дрогувити? Тука мораме да се вратиме на веќе спомнатите латински извори од истиов век кои говорат за Дрогувитската еретичка црква, како и на тезата на Драгојловиќ за еретичките учења како генератор на македонските востанија. Поврзувајќи ги овие факти, јас во книгата изнесувам претпоставка според која Дрогувитите, со идеолошка поткрепа на својата еретичка црква, пред тоа, во Долна Македонија веќе беа започнале некакво народно востание за ослободување од власта на Византија, а со оглед на етнонимот и за некакво национално осамостојување. Стрез како
феудалец од царски ранг, веројатно успеал да се инфилтрира во тоа народно движење (изгледа и Дрогувитите имале интерес да го прифатат, со оглед на неговиот царски род и евентуално војничките и владетелски способности и ветувања). Како и да е, како плод на ова здружување, во 13 век, на територијата на Македонија се појавила за нас досега непозната општествено-државна формација која се простирала на север од Полог, по текот на Вардар, па сè до Бер на југ, вклучително со Пелагонија и делови од источна Македонија. Освен верскиот (веројатно богомилски) дух, во нејзините основи се чини, бил инкорпориран и одреден етнички (Дрогувитски) идентитет. Дозволете ми на крајот, во овој наш трансисториски разговор, да Ви предложам уште една споредба. Деновиве Македонија избира нов председател. Додека трае овој процес, сите ние се прашуваме
каков водач ни треба. Кои негови особини и способности нашиот човек ги вреднува како најзначајни? Дали во нашиот избор на вистинскиот, може да ни помогне историјата? ЧАУСИДИС: Морам да кажам дека во оваа смисла, наспроти нашите очекувања и особено очекувањата на Европа, овој процес сè уште се одвива во духот на древното минато. На прагот од 21 век (од новата ера) при изборот на претседател, кај нас и натаму се решавачки ирационалните критериуми. Практичниот дух на западната цивилизација бира водачи според програмите и ветувањата што тие ќе и` ги понудат на нацијата и се разбира - гаранциите за нивно остварување. Нашиве кампањи се, сосем логично, максимално прилагодени на менталитетот на типичниот Македонец (повторно во поширокото значење на зборот) кој, како што рековме, сиот е втопен во ирационалното, митското, примарното, потсвесното. Поради тоа и целта на сиве кампањи е насочена во тој правец - не да се претстави програма, туку да се покаже пред народот дека нашиот кандидат е почесен од другиот, поголем маж од другиот, поубав и посилен од него. Во краен случај и попаметен, поинтелигентен, па дури и поснаодлив и полукав (макар тоа било малку и на штета на самите избирачи и државата). Помина повеќе од деценија, а нашиот човек не сака да прифати дека карактерот и особините и постапките на луѓето во политиката не се "од раѓање па за навек" всадени во нивното тело, туку постојано и мошне лесно се одбираат, аплицираат, отфрлаат и заменуваат - во зависност од конкретните општествени, политички, економски (и други !?) констелации. Наспроти ова, тој и натаму гласа ризично - не со разум и со сметка, туку со душа и емоција. Гласа за личности и карактери, принципи, симболи и митови. А потоа, откако ќе го избере "вистинскиот", се изненадува оти во него и во неговите постапки не препознава ниту трага од она за што гласал. Има ли дуализам во нашава политика? ЧАУСИДИС: И тоа каков! Од најекстремен вид. Не сакам да верувам дека духот на древните верувања сè уште царува во нашиот човек. Не само што го има, туку може да се нарече и основно обележје. Во дуалистичките догми, позитивното начело (Бог/ кај Словените Белобог) можело да биде определено најдобро, токму како негација и опозиција во однос на спротивното начело (Ахриман/ Ѓаволот/ Црнобог). И во нашата политика, вклучително и последниве кампањи, доминантен е истиот концепт "исцрни го образот и делото на соперничкиот кандидат, за да засјае посилно лицето на твојот". Се прашувам како би изгледала една наша политичка кампања, доколку на пример би се забранил овој принцип. Не знам дали таа воопшто би можела да се одржи!? 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
SONCE NA PRAVDATA
“
Ili rabotete kako lu|e ili umrete!
”
FR^KOVCI
[TO PONATAMU? Има неколку одредници низ кои ги дефинираме сегашните претседателски избори, Почитувани читатели: првата е мачното чувство на неправедност и вонредност на истите по смртта на Борис Трајковски; второто е исклучително сиромашниот избор помеѓу главните понуди на двете најголеми партии; и третиот е состојбата на економски колапс, прв пат така воочлив за сета популација во Македонија, атмосфера во која со многу иронија се одвиваат изборите и во која се даваат новите ветувања на кандидатите. Што се случува ако на изборите победи кандидатот на СДСМ, Бранко Црвенковски? Власта конечно целосно се поместува кон СДСМ и ДУИ. Нема да можат да го обвинуваат Претседателот за... ..."кочничар" на реформите!? Целината на претседателовата мала администрација се полни со кадри на СДСМ, една многу здодевна уплашена бирократија и се отвора она што тие го опишуваат како време на "неограничени можности". Прво е очекувањето дека пакетот закони за територијална поделба ќе биде интензивно туркан. Со мало чекање на именување нов Премиер овој комплекс ќе се врати на интензивна собраниска обработка. Тука може да се очекува интензивна поделба и ако ДПА е фрустрирана од поразот, ќе се обиде на прашањето на Скопје и реоните во него да отвори "рана" која ќе ја држи како паралела на случувањата во Косово. Македонците традиционално нема да го блокираат законот за и околу проблемот на Кичево и слично. И тој, за
очекување е да помине. Второ е прашањето на амбасадорскиот ешалон. Таму сега СДСМ нема пречки. Ќе "набута" свои луѓе (има околу десетина непополнети места) и НЕКОИ ОД СЕГАШНИТЕ АМБАСАДОРИ, ВО ВТОРИОТ КРУГ ЌЕ ГИ СМЕНИ. Во дипломатијата и околу прашањето на името и спорот со Грција, Бранко ќе ја користи својата од Киро научена лекција "ништо да не се одлучи", ако може и да се заборави сè. Шарената лажа, лајт мотивот, или силната полициска светилка свртена кон лицето на обвинетитот (јавноста) ќе биде користена темата на т.н. апликација кон ЕУ и задоволување на НАТО-стандардите (посебно самитот во Истанбул). Со такво свртување на вниманието и со методологија на "зини и не викај" ќе се обиде да се протнат 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
сите овие партиски позиционирања долж државната администрација, а вниманието да биде свртено на значајните теми на евро-атлантското интегрирање. Значи, ЌЕ СЕ ЗБОРУВА ЗА ГОЛЕМИ И ЗНАЧАЈНИ ТЕМИ, А ЌЕ СЕ ПРАВАТ СИТНИ ГАДОСТИ. Бранко Црвенковски посебно внимание ќе му посвети на своето третирање во медиумите. Тука позицијата на СДСМ ќе се предаде на Претседателот кој ќе води грижа за сликата во јавноста и ќе се обиде да ја влече Владата со себе во подобрување на нејзиниот имиџ. Ова Претседателот ќе го наплати со продолжување и можеби и засилување на својата контрола на СДСМ и Владата. Сега од поудобна позиција на институција која не е директно виновна за Владиниот колапс и, еве, се грижи да й помогне. ВЛАДАТА, соочена со драматичен пад на рејтингот, ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОПОСЛУШНА И ПОПОНИЗНА КОН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ - БАНЕ. Оваа здодевна и одвратна сторија, која се гледа од километар дека ќе се случува, само ја нотираме, бидејќи мислиме дека актерите сепак нема да имаат време неа да ја изиграат во својот манир на провинциски театар. Нема да имаат време, бидејќи сите ние сме во економски колапс и прво Владата, па сè преостанато може да отиде бестрага. Дел од медиумите директно ќе се врбуваат со разни услуги и концесии, а другиот дел оди кон грчко-српската оска, формира информативна "агенција" и дел од оваа оска ја сервисира опозицијата (јадна и погрешна). Проблемот на ваквата концентрација на власта во еден политички блок,
посебно кога тој нема објективен капацитет да води и нема реформски капацитет, ќе роди ултимативна техника на "додворување" кон јавноста и квазичувствителност кон критиките и дебатите во јавноста. ВЛАСТА ЌЕ ГЛУМИ, поради грижата на совест од преголемата концентрација на власта во свои раце, а и поради објективното отсуство на идеи и знаење, ЧУВСТВИТЕЛНОСТ за дебатите и сугестиите од јавноста за нејзиното владеење. Таа ќе купува идеи, а нема да признава дека ги купила и ќе се обиде некои и да реализира, веројатно? Имено, овој сега засилен блок на СДСМ-ово владеење, колку и да биде временски ограничено, ќе биде исклучително безлично и стагнантно. Ќе се обидат да "цедат" резултати од познатите и консензусно прифатени општи ориентири на Македонија (НАТО - ЕУ), но без свој реформски удел во што било, а соочени со најголемата економска криза на државава од кога било. Колку ќе трае ваквата маскарада, кој знае? Опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, на овие избори, откако го реши на неочекуван начин најтешкото прашање за себе: дали ќе го поддржи Борис на повторните избори, ИЗЛЕЗЕ СО ТОЛКУ БЕЗЛИЧЕН И СЛАБ КАНДИДАТ (КОМУ, ЗА ЖАЛ, НИТУ СОВЕТНИЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА МУ ПОМОГНАТ) што беше јасно од авион дека нема амбиции да победи. Па тогаш кои й се амбициите? Овој кандидат и овие и сите други избори на ова раководство на ВМРОДПМНЕ ќе им служат само за едно - решавање на својот комплекс на НЕДОКАЖАНОСТ! Ова "србијанско" раководство на партијата ќе биде задоволно, како што предвидовме, само со трошки. Со "добар" резултат на поразот или со добар резултат на следниот пораз на локалните избори. Воопшто ова се доживотни опозиционери и се задоволни со пораз, АКО Е ДОБАР МОЖЕ И ШИШЕ ДОБАР ПОРАЗ. Вакво ДПМНЕ е единствената добра инвестиција на СДСМ. Со него катастрофата на стагнацијата на СДСМ може да ја покаже како сепак подобра состојба од власт на вакво ВМРО-ДПМНЕ??? По евентуалниот и очекуван пораз на овие избори, ВМРО-ДПМНЕ сакалонејќело ќе се соочи со лидерска криза. Нападот ќе дојде од две страни: од екслидерот Љубчо Георгиевски, преку Брат Љубе како оператор на нападот, и од крилото на Доста Димовска. Треба да се очекува КОЛАПС НА НОВОТО ПЛАНКТОНСКО РАКОВОД-
СТВО (кое како морски планктон живее само на површината на партијата и само во ретки сезони). Тоа ќе отвори, да се надеваме, корисна и временски ограничена криза и изнедрување на ново и автентично раководство на оваа значајна македонска партија. Кај македонските Албанци, партиите имаат две различни матрици на водењето на кампањата. ДУИ ПОКАЖУВА ЗДРАВИ ЗНАЦИ НА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЗАТВОРЕНИОТ, МАЃЕПСАН ЕТНО-КРУГ, и победата над контратрендот ДПА е значајна не само за ДУИ, туку и за Македонија. ДПА И НЕЈЗИНИОТ ДИНОСАУРУС ЏАФЕРИ ПРЕТААТ ВО КАЛТА НА ЕТНО-ОПЦИИТЕ и тоа на најлошите меѓу нив територија и етно-права. Нешто што се-
17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
когаш сум го тврдел за овој српски ученик Џафери е дека тој не може да излезе од српската опција, само со албански предзнак. Смешно и забавно е како се обидува да ја критикува својата опција на Косово кога ја спроведуваат Србите - кантонизација и етничка поделба, а истата да ја брани како здрава во Македонија. ТАА ДВОЛИЧНОСТ, односно немање став, веќе сите го забележуваат дури и најтврдите обожаватели. Тоа Е ВИСТИНСКИОТ ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ ЗА ОВАА ПОЛИТИЧКА ОПЦИЈА во Македонија, но и во регионот. Ни следи еден политички исклучително непродуктивен и здодевен, стагнантен период, но за жал исклучително напнат и тегобен од аспект на економско страдање и пропаѓање.
OKO NA SONCETO
ПОЛИТИКА
ПРЕКУ ТЕЗГИ И КАФУЛ Сега треба да се подготвуваме за повторното гласање во кое по сила на законот и на математиката, изборот ни е сведен на "државникот" и на "новото лице". Веќе се насетува можноста од "пазарења" на двајцата кандидати за гласовите на албанскиот електорат во државава. ДУИ ќе ги даде гласовите за Бранко Црвенковски доколку вети дека ќе биде признато независно Косово, а ДПА ќе се "пазари" за ветување дека Македонија ќе стане протекторат. Се разбира, изборните штабови на Црвенковски и на Кедев демантираат дека ќе има какви било спогодби со албанските лидери. Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ
И
сходот е реален и очекуван, а тој ги отсликува сите моментални состојби во земјава. Според сите претходни анализи, битката нема
да биде изедначена, бидејќи лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски е во мала, ама значајна предност. Додека пак, за разлика од него Сашко Кедев, кандидатот на ВМРОДПМНЕ ја потврди консолидираната позиција на Партијата и рејтингот што го ужива кај граѓаните. Затоа, дури сега претстои
борбата за избирачите, а придобивањето на албанските гласови ќе биде реална главоболка којашто нема да помине без одредени пазарења, за што се свесни во изборните штабови на Црвенковски и на Кедев. Магичното стапче се наоѓа во рацете на коалиционите партнери - Ахмети или Џафери, чијашто улога кај албанскиот фактор не е минорна, туку ќе биде решавачка при финиширањето на претседателската трка. Оттаму сè е отворено и неизвесно. Дури можеме да очекуваме и пирова победа, ама и пораз ако избирачите не се одѕват на апелите на политичарите. Тоа ќе биде одраз или неизбежен крах од лошото водење на државата во последниве десетина години. Затоа во рацете на гласачите се наоѓа судбината на Бранко Црвенковски и на Сашко Кедев, а не иднината на Република Македонија на која
18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
многупати се повикуваа овие кандидати. Нашата држава и со нив и без нив може да преживее, бидејќи досега успеа да ги залечи сите рани што македонските политичари ги создаваа од лошите и непримерни проценки.
ЛАКРДИЈА Изборната кампања не донесе ништо ново - ниту нови лица, ниту државници, а уште помалку идеи. Сè беше по старо како и пред четири, односно пет, осум и повеќе лета, кога ги "искинавме нервите" очекувајќи свежина и проветрување во земјава. Можеби гротеската што ни ја приредија победниците најавуваше поубави созвучја, но таа повеќе беше смешна отколку уверлива слика. Затоа апсурдно е да лумпуваш и да славиш, ако за тоа немаш аргументи. Но, кај нас на
ИЊА ВО ВТОРИОТ КРУГ домашна политичка сцена сè е можно дури и невозможното, лажно да се претставуваш и да ја празнуваш "викторијата" - победата, иако за за тоа немаш добиено доволно број на гласови. Трезвеноста ја немавме почувствувано ниту во Штабот на Црвенковски, ни-
ту во Штабот на Кедев, а најмалку во Изборниот штаб на кандидатот на ДПА, Зиди Џелили, чиј наводен успех беше рафално славен. Во меѓувреме гледавме циркус и лакрдија. Всушност, бевме сведоци на театрално и мелодраматично извршување
Според Државната изборна комисија во првиот круг гласале 935.372 избирачи, или 55,18 проценти од вкупно запишаните 1.695.103 гласачи во Единствениот избирачки список, а како неважечки се утврдени 27.971 гласачки ливчиња. Конечните резултати го потврдија водството на Бранко Црвенковски пред Сашко Кедев за над 76.000 гласови. Во првиот изборен круг во 16 избирачки места на гласање не излегол ниту еден граѓанин, а до ДИК беа поднесени 27 приговори кои беа одбиени. За кандидатот на СДСМ, Бранко Црвенковски, гласале 385.347 избирачи или 42,47 отсто од гласачите. Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ доби 309.132 гласови или 34,07 проценти. Кандидатот на ДУИ, Г'зим Острени освои 134.208 гласа или 14,79 проценти, а Зиди Џелили доби 78.714 гласови или 8,67 отсто.
на наредбите на партиските лидери, чии членови и симпатизери имаа задача, просто слепо да нè уверат дека со целувките и подарувањето на цвеќиња им го отвораат патот на своите месии. Но, заборавија на електоратот кој апстинираше само затоа што повеќе не може да живее во оваа илузија. Пред одржувањето на вториот круг тоа е најголемиот проблем за двоецот Црвенковски - Кедев. Тоа е стапица за која нема соодветен одговор, освен поука дека за коњ повеќе не се добива држава во владение, туку метла. Оттаму ризикот е преголем за кандидатите и за партиите. Постојат индиции дека тоа може да биде сурова казна за политичката кариера на лидерот на СДСМ, но и за ВМРОДПМНЕ, која мошне тешко се врати на сцената по дебаклот од парламентарните избори во 2002 година. Меѓутоа, во
19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
овој миг најголема опасност лежи во куршум-демократијата, насилството коешто воскресна во Тетово и не може да биде занемарено, или така лесно избришано. Затоа се наметнува прашањето - кој таа ноќ всушност ја покажа моќта? Џафери или Ахмети!? Или кому беше упатена пораката? Двете албански партии, секоја на свој начин се легимитираше кај својата популација, но како што веќе може да се насети од изјавите на лидерите од албанскиот политички блок, пазарот ќе се прави пред вториот круг претседателски избори.
НЕПОСРЕДНОСТ И Бранко Црвенковски и Сашко Кедев својата кампања за вториот изборен круг ја пренасочија во непосредни контакти со луѓето, што до вчера ги заборавија каде жи-
OKO NA SONCETO
веат: во беда, во мизерија и голема сиромаштија. Ги посетуваа дури и пазарите, кафулињата и парковите. Но, тоа е увертира пред финалето во кое избирачите ќе пресудат. Од барабанот ќе биде извлечено само едно име кое ќе биде идниот трет македонски претседател. Затоа слаткоречивите кандидати ги повикуваат бирачите масовно да излезат на 28 април. За таа цел Бранко Црвенковски имаше повеќе средби со граѓани на кои им се заблагодари на поддршката. - "Работата што ја започнавме мора и докрај да ја завршиме успешно. Единствен наш одговор на повиците за апстиненција е да излеземе сите на гласање", рече Црвенковски во Злетово. Оттаму Црвенковски продолжи за Пробиштип, Чешиново, Облешево, Грдовци, Зрновци, Оризари, Виница, додека митинг одржа во Кочани. - "Оние што повикуваат на
ПОЛИТИКА
апстиненција, на пропаѓање на изборите и на бојкот, се губитници кои пропуштија многу шанси и немаат што да понудат пред народот", истакна Бранко Црвенковски. Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на избирачките места во вториот изборен круг и да го дадат својот глас за човекот што ќе обезбеди мирна, стабилна, просперитетна и почитувана европска Македонија. - "Да излеземе масовно и на сите да им докажеме дека сме зрел државотворен народ на кој не му треба никој однадвор да му ја управува државата. Ние ќе си го избереме првиот човек, бидејќи знаеме како се создава, како се чува и како се брани држава", посочи Црвенковски на митингот во Кочани. Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, има слична стратегија како и неговиот противник. Тој ја посети скопската Општина
Гази Баба каде што се сретна со градоначалникот Борче Стефановски. Кедев разговараше и со стечајните и отпуштените работници од ЕСМ, од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и со работници од здравствениот систем. - "Државата минува низ еден значаен период на реформски процеси, но отсуствуваат конструктивноста, принципиелноста, континуитетот и предвидливоста на реформите затоа што не се знае што се сака да се постигне со нив, туку тие се прават механички. Луѓето ги загубија своите работни места,
20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
но тие отпуштања немаат позитивни ефекти", истакна Кедев на средбата. Тој потоа зборуваше за невработените и за младите луѓе што секојдневно ја напуштаат земјата и тоа не на едукација или студиски престој, туку засекогаш. - "Ако младите не видат принципиелност во реформите, тие ќе продолжат да ја напуштаат земјата, посебно што во Република Македонија не важат критериумите на успех. Најдобар пример за изместените критериуми е ЕСМ од каде што беа отпуштени најдобрите млади луѓе со исклу-
чителна компетентност", додаде Кедев. По средбата со стечајните работници претседателскиот кандидат Сашко Кедев имаше средба и со студенти од различни факултети со кои разговараше за воведување на кредит трансфер системот како можност за поквалитетна едукација, а говореше и за своите искуства на едукација во странство.
ФАКТОРИ Во овој круг значајна улога при изборот на идниот македонски претседател ќе ја имаат Албанците во Македонија. Но, нивната лична волја пред сè ќе зависи од партиските лидери кои не ја надминаа старата шема за колективитетот и националната еманципација. Затоа пазарењата со нивните коалициони партнери е редовен декор на парламентарниот плурализам во земјава.
Во интервјуто за најтиражниот албански весник "Газета Шќиптаре", кандидатот на ДУИ, Г'зим Острени, кој отпадна од претседателската трка, потенцира дека во вториот круг ќе го поддржи Бранко Црвенковски. Но, со тоа го најави "дилот" меѓу СДСМ и неговата партија, додавајќи дека партиската програма на СДСМ е многу поблиска до програмата на ДУИ, отколку со другите македонски политички партии. Острени ја потенцира важноста на албанските гласови за вториот гласачки круг, бидејќи како што рече, "разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е некаде во 50-60 илјади". Тој најави дека партискиот врв на ДУИ ќе го даде клучот за тоа дали ќе го поддржи претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковски, во вториот изборен круг. Инаку, на плоштадот во Тетово, вториот албански значаен фактор, ДПА, одр-
жа митинг под мотото "Ви благодариме", на кој присуствуваа членови и симпатизери дојдени од повеќе градови и места во Македонија. - "На сите оние што ги украдоа гласовите, им порачуваме дека повеќе нема да им успее тоа, зашто ДПА ќе ги брани интересите на граѓаните. Да се видиме за идните победи", им порача претседателскиот кандидат Зиди Џелили, кој ја заврши својата претседателска авантура. На собраните им се обратија и претседателот на разг-
21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
ранокот во Тетово, Вулнет Ферати, а во име на Изборниот штаб, Сулејман Рушити. Тие ги осудија малверзациите порачувајќи дека "нема сила што може да нè стави на колена". Зашто ДПА ги доби вистинските и слободни гласови. Рушити пак, покрај на своите гласачи, йзаблагодари и на ДУИ што ги украла гласовите, зашто и овие избори покажале дека ДПА победила во Тетово, Гостивар, Скопје и секаде каде што изборите биле слободни, а ДПА водела кон нови победи.
ДАНИЦА ПУРГ
ИНТЕРВЈУ
ДЕКАН И ДИРЕКТОР НА БЛЕДСКАТА ШКОЛА ЗА МЕНАЏМЕНТ
OKO NA SONCETO
ПОЛИТИКА
Јас лично мислам дека Македонија е на многу позитивен пат. Има многу причини за тоа, и политички и економски. Република Македонија може да го забрза процесот на интеграција со тоа што ќе го хармонизира своето законодавство и својата политика со оние на Европската унија.
Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА
Госпоѓа Пург, што би ни кажале за семинарот одржан во Република Македонија "Искуствата на земјите од Централноисточна Европа во процесот на интегрирање во ЕУ и користење на претпристапни инструменти за поддршка", кој беше организиран како дел од проектот ,"Едукација на владини и бизнис лидери" каде фигуриравте како модератор? ПУРГ: Овој семинар всушност беше втор од серијата на
едукативни настани, организирани од IEDS - Бледската школа за менаџмент, во рамките на проектот за развој на лидерскиот потенцијал на високи бизнис и владини лидери од Југоисточна Европа. Програмата имаше важна поддршка од норвешката Влада оддавајќи признание на фактот дека нашата Школа веќе има слични искуства во минатото со вакви програми. Семинарот беше фокусиран на европските интеграциски процеси, додека минатогодишниот семинар организиран за Владата на Босна и Херцеговина беше фокусиран на лидерството. Програмата беше водена во соработка со Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, бидејќи ние веруваме дека членовите на Пактот за стабилност од Централна Ев22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
ропа подготвувајќи се за членство во Европската унија веќе претрпеа некои важни трансформациски процеси. Тие развија вештина и искуство кои можат да се пренесат на земјите од Југоисточниот европски регион. Во двата дена на програмата, новините и искуствата кои се однесуваа на Европската унија беа презентирани од страна на д-р Ерхард Бусек, специјален координатор на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа и од страна на д-р Цент-Ивануи, претседател на Одборот за европски интеграциони процеси, во унгарскиот Парламент. Др Цент-Ивануи исто така зборуваше за Програмата на Европската унија за поддршка за членство и за функцијата на структурните и кохерентните фондови. Вториот ден беше фокусиран на TAIEX и за двојните стратегии, со придонес на д-р Радо Генерио, заменик-министер за Европските процеси на Словенија и господинот Бошјан Ловка, советник во помошната единица за членство на Словенија. Околу 50 учесници од различни владини тела од Македонија ги посетија семинарите, кои беа мошне практично ориентирани. Какви се искуствата на земјите од Централна и Источна Европа во процесот на интеграција во Европската унија?
ИНТЕГРАЦИИ
СО ХАРМОНИЗИРАНО ЗАКОНОДАВСТВО ДО ЕВРОПА
ПУРГ: Нивното искуство покажува дека процесот на интеграција во Европската унија е комплексен проект. Временската рамка изгледа реална, но предизвикува голем притисок. Потребно е време за развивање на знаење и вештина за да се биде добар пример во процесите на преговори. Есенцијално е да се учи од искуствата на другите земји и нивните знаења во овие процеси. Тоа исто така може да помогне во превенцијата од непотребни ограничувања и фрустрации.
Кажете ни нешто за IEDC - Школата за менаџмент? ПУРГ: IEDC постои 18 години. Ние сакаме да бидеме една од водечките институции за менаџерство и развој во ЕУ и најдобри во регионот. IEDC е интернационално место за средби и центар со одлично школување. Имаме професори од целиот свет. Во овој момент
23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
има околу 100 професори од 37 земји кои се редовно вработени во програмите на IEDC. Околу 60 отсто од нашите студенти (околу 2000 годишно) доаѓаат од различни места во светот. Наши најпознати програми се: една или двегодишна програма за Извршна MVA, Претседателската MVA за сениор менаџери (која учесниците можат да завр-
OKO NA SONCETO
шат скратено за 3 години); петнеделна Генерал Менаџмент програма и нашето летно школо за млади и потенцијални менаџери. Во 1999 година IEDC, беше една од првите бизнис школи во Централна и Источна Европа и беше наградена од IQA- International Quality Accreditation. Европскиот весник "Wall Street Journal Europe" во март оваа година нè нарече школо со "широки водечки перспективи" и весникот "Independent" во 2002 година нè нарече "најдобро мало бизнис школо во Европа". IEDC е исто така седиште на Централно и Источно Европската Асоцијација за развој на менаџментот со 180 членки (бизнис школи и универзитети) од цела Европа и од други земји. Исто така е седиште на Интернационалната Академија за професори по менаџмент, основана за развој на млади факултети посебно од Централно-источна Европа и Југо-источна Европа. Во 2002 година IEDC создаде "Европски водечки центар" за да промовира одговорно водство за влез во Европа. Покрај учесници од целиот свет, ние имаме и неколку одлични Македонци кои доаѓаат од Пивара-Скопје и SEMCORP-Радовиш. Како Република Македонија може да го забрза процесот на интегрирање во ЕУ, кои се мерките кои треба да ги спроведе? ПУРГ: Република Македонија може да го забрза процесот на интеграција со тоа што ќе го хармонизира своето законодавство и својата политика со оние на Европската унија. Исто така,
ИНТЕГРАЦИИ
ДЕКАН И ДИРЕКТОР НА БЛЕДСКАТА ШКОЛА ЗА МЕНАЏМЕНТ
ИНТЕРВЈУ
ДАНИЦА ПУРГ
ПОЛИТИКА
е неопходно да се развие програма за професионално менаџирање (управување), професионално советодавство и советници кои ќе бидат ангажирани да учествуваат во процесот на интеграција. Од словенско искуство со програмата на TAIEX-Канцеларија за техничка помош на информациска размена се покажа како многу важно да се промовираат ЕУ програмите, да се има добро дефинирани стратешки планови, да се развие високо мотивиран персонал и да се гарантира одржливоста. Која е спецификацијата на споменатите програми за ЕУ, каква е нивната улога во имплементацијата? ПУРГ: За споменатите програми е неопходно да се спомене програмата PHARE (полската и унгарската помош за реконструкција на економиите). Тоа е предвлезен фонд кој е основан во 1989 година за поддршка за структурните можности во економијата на Полска и Унгарија. Фондот беше проширен и во другите земји во 1996 година. Фондацијата во периодот 1995 - 1999 година беше 6,7 милијарди евра, покривајќи 15 сектори, од кои најважни пет се: Инфраструктура (енергија, транспорт, телекомуникации); Развивање на приватен сектор и помош во бизниси; едукација, обука и истражување; Еколошка заштита и нуклеарна безбедност; реконструкција во земјоделството. Втората програма е TAIEX. Основана е во јануари 1996 година за да ги обезбеди земјите од Централна и Источна Европа со техничка помош во 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
приближувањето на законодавството. Ги покрива сите аспекти на ЕУ законодавството, т.е. целосна согласност на Заедницата која содржи повеќе од 80.000 страни легален текст поделен во 31 поглавје. ISPA фондот (Инструменти на структурната политика за членство) располага со инфраструктурни проекти во полето на околината и транспортот. SAPARD цели на тоа да им помогне на земјите кандидати да се справат со проблемот на структурното регулирање на овој земјоделски сектор и руралните средини, и да им се помогне во имплементирање на согласноста на заедницата, имајќи ги предвид заедничката агрикултурна политика и сродното законодавство. SAPARD ги финансира главните земјоделски и рурални проекти за развој и има годишен буџет од 520 милиони евра. Низ годиниве, четири типа на Структурни фондови беа претставени: Европски регионален развоен фонд за помош на регионите во кои развојот е заостанат. Европски земјоделски совет и Гарантиран фонд за Советнички сектор кои помагаат во развојот на структурното усогласување на руралните региони чиј развој е заостанат. Финансиско регулирање на риболовен совет за поддршка на реконструкција на риболовниот сектор. Кои се новите предизвици на Европската унија? ПУРГ: Новите предизвици на Европа се да гарантира политичка стабилност, да биде повеќе економски
конкурентна стимулирајќи го претприемништвото и иновацијата, и развивање на одговорно издржано политичко и економско водство. Што можете да ни кажете за словенското искуство имајќи предвид дека во мај Словенија ќе стане полноправна членка во ЕУ? ПУРГ: Вкупната импресија е дека Словенија направи суштински чекор напред во поврзувањето на Словенија со Унијата на модерни и легални држави. Да се биде партнер на пазар со повеќе од 450 милиони луѓе, отвара нови перспективи за словенечките бизниси. Постои грижа за губење на идентитетот, но со истиот проблем се соочуваат и другите земји од регионот. Оптимистички е тоа што само рационалната централизација е позитивен услов за регионализација и децентрализација. Луѓето ќе се пронајдат меѓу себе врз основа на специфичните интереси, а не преку традиционалните граници на државите. Кое е Вашето мислење за нашето аплицирање за интеграција во ЕУ-семејството? ПУРГ: Јас лично мислам дека Македонија е на многу позитивен пат. Има многу причини за тоа, и политички и економски. Најважно нешто, според мое мислење, е тоа што во иднина, интеграцијата во поголема Европа е во исто време и кажување збогум на традиционалните граници и конфликти, правејќи го можно за луѓето и националностите да го одржат и да го развијат нивниот богат културен идентитет и во иднина да се фокусираат на развојот и просперитетот во секој поглед. 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
"ТАНЕЦ", АНСАМБЛ СО ВРВНИ ДОСТИГНУВАЊА МУЗИКА
Во своето 55 годишно постоење, од посебно значење е првото претставување надвор од Македонија, на Меѓународниот фестивал во Ланголен - Англија во 1950 година и добивањето на првата награда што беше историски настан за Ансамблот, но и за македонската култура. Директорот на "Дора Страту", Рафтис, му испрати писмо на Коловски со кое и го потврдува гостувањето на "Танец" во рамките на свеченостите што ќе се одржуваат за време на Олимписките игри во Грција. Пишува: Милева ЛАЗОВА
А
нсамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец" 55 години е симбол на македонската култура и уметност, 55 години е амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво ширум светот. Тој претставува подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливото македонско фолклорно богатство. Формиран е во 1945 година со Указ на Владата на Република Македонија како потреба на македонската култура, со цел да го собира и не-
НЕПРЕСУШЕН ИЗ гува македонскиот фолклор - орото, песната, инструментите, оргиналните носии, и да го презентира во земјава и надвор од неа преку концерти и фестивали. Покрај негувањето на фолклорното творештво, Ансамблот "Танец" веќе 55 години народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографии ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении од рацете на македонските жени. Дека оттогаш до сега "Танец" како вистински професионален Ансамбл достојно го презентира богатиот македонски фолклор потврда е и спектакуларниот концерт во МНТ во Скопје на кој според специјално направената програма се покажа во полн блесок.
34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
УСПЕХ - "Целата година всушност се одвива во знакот на јубилејот - вели директорот Марко Коловски - така што сите настапи кои ќе ги одржуваме ќе бидат под мотото '55 години ансамбл Танец'. Сепак, концертот којшто се случи во рамките на 'Деновите на македонската музика' е веројатно најинтересниот дел од таа програма. Не би рекол најзначајниот затоа што во текот на оваа година ни претстојат уште многу настапи и концерти. Овој концерт беше интересен затоа што беа изведени многу нови, но и обновени кореографии коишто не биле на програмата речиси цели 40 години. 'Танец' на својот свечен концерт првпат ги облече носиите од Делчевско и изведе две сосема нови ора.
ВОР НА АРХАИЧНИОТ ФОЛКЛОР Тоа се ората 'Русалии' - обредна игра од Гевгелиско, 'Женско чамче' - машко оро од Битолско, како и 'Свадба' со обредно - обичална кореографија. Причината зошто обновените кореографии беа изведени дури сега е во тоа што тие се тешки за подготовка. Една од нив е "Женско чамче" која се играла некаде во 50 - 60 години и била оставена. Подоцна пред десетина години имало обид да се постави, меѓутоа не била никогаш изведена. Зошто тогаш не се успеало да се постави ова оро на сцената, не можам да кажам. Но, ние со денешниот состав и оркестар успеавме да направиме една изведба којашто според проценките на сите беше успешна". Дел од настапот беше и целосно нова вокално-инструментална програма. Во вокалниот дел беа изведени целосни премиерни изведби
на македонски изворни песни. Првпат пејачите на "Танец" исполнија осум песни од Пиринска Македонија, од Тетовско, од Источна Македонија и од Скопска Црна Гора. Вокалниот и танцовиот дел, кои беа изведени на концертот, се од македонскиот изворен фолклор, од неговите архаични делови, од она што веќе го нема во живата фолклорна практика. - "Она по што се разликуваше и по што е битен овој концерт – додава директорот Коловски - е тоа што ние се свртивме кон изворниот и архаичниот фолклор. Тоа беше еден тематски концерт којшто ретко го имало во ансамблот 'Танец', но тој е и дел од една стратешка заложба којашто во последно време се воспоставува во овој Ансамбл, а тоа е повеќе навраќање кон изворот, кон подлабоките слоеви на нашиот фолклор".
Програмата којашто беше изведена на концертот во МНТ не е програма која може постојано да се експлоатира на редовните концерти на "Танец". Во принцип Ансамблот се обидува секоја програма за секој настап да биде различна, особено кога се настапува пред иста публика. Секогаш се оди кон тоа ниеден настап да не наликува на претходниот, ниту според содржината, ниту според начинот на кој се изведува и поставува. - "Кога се однесува за концертите во странство - истакна директорот Коловски ситуацијата е малку поинаква затоа што настапуваме пред различна публика којашто нема можност често да го гледа 'Танец' и во такви прилики го одбираме она што е најрепрезентативно и правиме проценки што го очекува од претпоставената публика
35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
во салата. Сигурно ќе бидат застапени антологиските кореографии како 'Тешкото', 'Невестинско', дел од атрактивните кореографии, но сепак сè уште ги немаме точно определено програмите со кои ќе настапиме на нашите гостувања".
ГОСТУВАЊА Ансамблот "Танец" како во изминативе години така и оваа има повеќе покани за гостувања надвор од Македонија. Покрај најавеното гостување во Швајцарија, за првпат во историјата на овој македонски Ансамбл кој го негува изворниот фолклор и пеења од македонската традиција и наследство ќе има концерт во Атина во термин кога се одвиваат Олимписките игри. - "Има неколку маркантни точки во овогодишната про-
"ТАНЕЦ", АНСАМБЛ СО ВРВНИ ДОСТИГНУВАЊА МУЗИКА
грама на 'Танец'. Некои се целосно дефинирани - вели директорот Коловски - а за некои сме во преговори. Би ги спомнал гостувањето во Швајцарија во рамките на еден проект за интеграција којшто го поддржуваше швајцарската Влада во соработка со нашите сонародници кои живеат во таа земја. Концертот е извондредно значаен, а ќе се одржи во една сала која според кажувањата на луѓето кои се задолжени за организација е една од најинтересните во Западна Европа, затоа што е
мултифункционална. Вториот значаен настап вооедно и најинтересен, е нашето учество во културната програма во поширокиот дел на Олимписките игри. Инаку, поканата за наш настап на Олимписките игри дојде на еден по малку необичен начин. Ние цела година се обидувавме да бидеме дел од таа програма, но не само ние, туку се обидуваше и Министерството за култура за македонската култура воопшто. Не можеше да се навлезе во таа програма, па дури ни преку Олимпискиот комитет. Но, ете работите
понекогаш се случуваат неочекувано. Пред извесно време се одржа регионалниот конгрес на Светскиот совет на танци при УНЕСКО. На овој конгрес присуствуваше и претседателот на СИТ УНЕСКО, господинот Алкис Рафтис. 'Танец' настапи со една точка на еден од концертите што се одржаа и веднаш следниот ден имавме разговор со господи-нот Рафтис. Тој беше воодушевен од настапот на 'Танец', меѓутоа тој нашиот Ансамбл го знаеше од порано. Атинскиот Ансамбл е крстен по нивната позната фолклор-
на играорка Дора Страту, која во 1953 година била во Скопје и била на концертот на 'Танец'. Инспирирана и воодушевена од концертот на 'Танец' таа во Атина формирала фолклорен ансамбл што по нејзината смрт го носи нејзиното име. Оттука и господинот Рафтис знае за нашиот Ансамбл". Благодарение на Дора Страту гостувањето на "Танец" во Атина го договорија директорот на "Танец", Марко Коловски, и директорот на грчкиот ансамбл "Дора Страту", Алкис Рафтис. Така, договорено е "Танец" да одр-
жи концерт на почетокот на јули, на сцената во театарот на "Дора Страту" кој се наоѓа во центарот на Атина. Овој настап, како што ни изјави директорот Коловски, е од првостепено значење, бидејќи на тој начин ќе се развие нивната соработка со државните фолклорни ансамбли, најнапред од Балканот, а потоа и од светот. При средбата на директорот Коловски со Алкис Рафтис, претседателот на Светскиот совет за танци при УНЕСКО, од страна на УНЕСКО одлучено е "Танец" го-
динава да биде прогласен за центар преку кој ќе се воспостави мрежа со сите државни фолклорни ансамбли во светот. - "Кога разговаравме со господинот Рафтис - објаснува директорот Коловски, - му ги опишав активностите на 'Танец' и за нашите концерти коишто ги имавме минатата година, за нашата крајна определба за воспоставување на соработка со сите балкански фолклорни ансамбли, па и пошироко. Говоревме и за поволната позиција којашто
ја имаме, дека ние сме сепак средиштето пред коишто можат да комуницираат и ансамблите коишто во овој момент не можат да комуницираат меѓу себе од одредени причини. Јас се надевам дека ќе созреат условите двата ансамбла на Србија и Црна Гора и на Албанија и ќе почнат да комуницираат. Преку 'Танец' можна е таа комуникација. Нашата заложба не само што му се допадна на господинот Рафтис, туку доби уште еден тек. Тоа е одликата на УНЕСКО 'Танец' да биде центар преку
кој ќе се воспостави одредена мрежа на соработка не само балканските фолклорни ансамбли, туку и пошироко". Следните настапи на "Танец" се на "Охридско лето", кога нивни гости ќе бидат играорците од ансамблот "Коло" од Белград. Она што е сигурно за оваа година е дека овој Ансамбл ќе има спектакуларен и интересен концерт пред Нова година. Во план се и следните концерти - настап во источниот дел од Албанија, и еден можен, но сè уште непотврден настап во Виена.
КНИГИ
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГА И ЛИБ
ПРАЗНИК НА лемен, па така вкупниот број на учесници изнесува над 150 претставени издавачи и фирми, од кои повеќе од 60 се директни учесници од Македонија, Србија и Црна Гора, Хрватска, Албанија, Италија, Велика Бри-
танија, Франција, Русија (Руската Академија на науките преку своето претставништво во Бугарија). Како што најавија издавачите од албанската заедница во Македонија преку својата Асоцијација го откажаа учес-
На годинашниот Саем на книгата по вторпат ќе се одржи манифестацијата "И јас подарив книга" под покровителство на Саемот и Агенцијата "АМВОН Комуникации".
Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА
М
еѓународниот саем на книгата претставува најголема концентрација на книжевни и илустрирани дела од домашни и странски автори и е најмасовна културна манифестација во нашата земја. Шестнаесет години континуитет и целосен успех на манифестацијата. Таа учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој ги обединува луѓето и не признава граници. Манифестацијата ја има целосната соработка на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија кои воедно се и организатори на Саемот. Меѓународниот саем на книгата 2004 се одвива во две саемски хали (хала 4 и хала 5) во периодот од 20 до 25 април. Годинава, бројот на учесниците во споредба со лани е зго-
Под капата на издавачката куќа "Феникс" на 20 април во рамките на Саемот на книгата, беше промовирано најновото остварување на д-р Васил Тоциновски, тритомниот избор на литература за деца именуван како "Златна книга на поезијата за деца", "Златна книга на прозата за деца" и "Златна книга на легенди и преданија". - "Прв пат немаме сепаратен избор. Ова е избор на литературата за деца во Република Македонија. Тоа значи дека во овој избор се и македонските писатели, и албанските и турските и влашките. Конечно имаме издание коешто не прави поделби. Д-р Васил Тоциновски собра сили да ги обедини сите
38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
РОГРАФИКА 2004
УБАВИОТ ПИШАН ЗБОР твото на Саемот, исто како и лани. На годинашниот Саем на книгата по вторпат ќе се одржи манифестацијата "И јас подарив книга" под покровителство на Саемот и Агенцијата "АМВОН Комуни-
автори коишто пишуваат за деца. Бројот на авторите е навистина импресивен. Станува збор за повеќе од 100 автори. Овие книги, иако се различни, претставуваат мошне сложена кохерентна целина" - потенцираше господинот Христо Петрески, директор на издавачката куќа "Феникс". Промоторот на делото, Александар Прокопиев, вака го оцени делото на Тоциновски: "Ова дело на д-р Васил Тоциновски е можност да се отвори една златна книга во читањето и препрочитувањето на литературата за деца, на поезијата, прозата за деца, и она што е важно за нас, она што е наша ризница со несомнени, долготрајни и вечни богатства, тоа е народното творештво". 39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
кации". Тие годинава воведоа и награда за дебитантско дело, а истата ја доби Горан Петрески за делото "Порнографија", прирачник за практичен живот. Оваа година, во рамките на бројните промоции, коишто ќе се одвиваат во Промотивниот центар сместен во петтата саемска хала, ќе бидат понудени мно-
гу нови изданија и средби со авторите, но ќе бидат реализирани и многу нови идеи, случувања и активности за време на сите саемски денови. Акцијата "И јас подарив книга" е поддржана од голем број институции и поединци. Од парите собрани од продажбата на книгите што институциите ги
откупуваат, а потоа ги подаруваат, повторно ќе биде објавена дебитантска книга. На штандот "И јас подарив книга" предвидено е да има атрактивни гости: поранешниот претседател Киро Глигоров, потоа оркестарот "Пеце Атанасовски", пејачката Калиопи Буклевска, актерот Васил Зафирчев и други. На штандот на "Таберна-
40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
кул", посетителите ќе имаат можност да бидат упатени во процесот на создавање на книгата. Во одделот "Писател" ќе учествуваат и еминентни писатели, меѓу кои: Ферид Мухиќ, Венко Андоновски, Михаил Ренџов, Александар Прокопиев. Аниматори во одделот "Книжарница" ќе бидат голем број јавни личности.
КНИГИ
C СТАПИЦИТЕ "ЛАМАРИНЕНИОТ БАРАБАН" ОД ГЕРМАНСК
Навистина во некоја замислена историја на светскиот роман недостигаат на македонски јазик и многу други важни дела, но има и повеќе аргументи за приопштување на еден современ автор каков што е Гинтер Грас, аргументи кои неговиот роман го поттурнуваат и пред некои други, исто толку важни за историјата на жанрот роман. Романот по дефиниција е комплексен дискурс. Тој амбициозно голта различни видови текстови, отвора простор за многу композициски досетки, мимикрично преобразува и одложува претходно загатнати јадра на идни приказни кои зачудно ќе се откријат, доразвијат понатаму во текстот, како интелектуален десерт за внимателниот читател, вели во освртот д-р Јадранка Владова.
Пишува: Милева ЛАЗОВА
О
ткако помина половина век од нејзиното појавување на германски јазик, Македонија конечно може на своите граѓани како дел од највисоките културни вредности на втората половина на 20 век да им ја понуди тритомната книга "Ламаринениот барабан" од најголемиот жив литерат - нобеловец Гинтер Грас. Издавањето на капиталното дело на светската литература "Ламаринениот барабан" од ов-
42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
ИОТ ПИСАТЕЛ ГИНТЕР ГРАС НА МАКЕДОНСКИ
НИЗ ИРОНИЧНИОТ КЛУЧ ој германски писател е вистински потфат затоа што без него историјата на светскиот роман не може да биде целосна. Потфатот на издавачката куќа "Лист" треба да се нарече и храбар и ентузијастички, затоа што оваа куќа на сопствен ризик презема нешто за што ќе й бидат благодарни (идните) генерации македонски читатели кои сосема природно ќе бидат информирани за тековите на романот во светската литература. "Ламаринениот барабан" кој е во издание на НИК "Лист" беше промовиран во рамките на Саемот на книгата, содржи 900 страници, издаден е во три тома, а освртот й е доверен на др Јадранка Владова со кој завршува книгата. Во него д-р Владова опфаќа повеќе сегменти. Таа говори за "Историски контекст", "Библиографски реалии", "'Ламаринениот барабан' - општи белешки", "Опис на романот", "Откривање на нараторот во текстот", "Иронија на рамниште на нараторскиот глас", "Иронични алузии на антиката и други метатекстуални алузии", "Христијанско-библиски алузии", "Алузии на 'современата општествена ситуација'" и "Иронија на стереотипи на тривијалните наративни жанрови". АВТОРОТ Потеклото на Грас (Гдањск и кашубијството) е несомнено важно за неговото творештво кое се препознава во многу негови
дела. Всушност, опсесивни мотиви на Грас во севкупното негово творештво се детството, родниот град и војната. - "Гдањск, историски гледано, бил град - крстосница во која крваво се пресекувале различни интереси, пред сè, на Германците и на Полјаците, ама и на истокот и на западот на Европа. Тоа вкрстување во историјата - вели во својот осврт д-р Владова - подразбирало судири на Швеѓаните, Русите и Холанѓаните, на католиците, православните и на протестантите со своите секти... Сè што напишал Грас има врска со времето кое тој лично го доживеал, па со право можеме да сметаме на автобиографските елементи на неговата проза. Во повоените години бил земјоделец, каменоделец, од 1948 до 1951 година студирал вајарство и графика во Дизелдорф. Бил џез-музичар". Потоа неговиот животен тек продолжува во Париз кога настанал најголемиот дел од романот "Ламаринениот барабан" кој е отпечатен во 1959 година. Во истата година го почнал пишувањето на романите "Мачка и глушец" и "Кучешки години". Овие три романи ја сочинуваат т.н "Данциншка трилогија". Грас ги напишал и романите "Средбата во Телгет", "Главечки пород односно Германците изумираат". - "Тој објавува и поезија: 'Јазолот на железничките пруги' и 'Испитан' го содржат хуморот и детската злоба, јазичните игри во кои
- потенцира д-р Владова - се превртуваат детските клишеа, што можеме да го поврземе и со Брехт, но и со неговата сопствена поетика - со божемната наивност на раскажувањето во 'Ламаринениот барабан'. Комплексноста на творечката личност на Грас доаѓа до израз и во неговите драмски текстови: 'На коњ дотаму и назад', 'Уште десет минути до Бафало', 'Поплава', 'Вујко, вујко', 'Зли готвачи', 'Триесет и два заба'. Овие текстови, во манирот на драмата на апсурдот, содржат многу црн хумор". Како што нагласува д-р Владова, критиката како поамбициозен текст го издвојува "Плебејците го увежбуваат востанието" читајќи во него политичка драма во која се обработуваат настаните во Источен Берлин од 1953 година. Овој германски писател бил и политички ангажиран, но се занимавал и со ликовна уметност. Иако не е особено ретка појава писателите да ги илустрираат книгите, сепак тој многу често ги илустрира своите книги и има соодветни компетенции за тоа. ОПИС Во обидот да се дефинира текстот "Ламаринениот барабан", толкувачите на делото на Грас дошле до повеќе определби. Според нив, тој може да се дефинира како антироман, како гротеска во која се споени сказната и реалистичната проза, или како регионален роман за историјата на родниот град
43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
на Грас и на малограѓанските слоеви во него. - "Компетентниот читател на овој роман - објаснува д-р Владова - и самиот доаѓа до белезите кои тој ги содржи и кои ги поттикнале толкувачите за горните определби. Но, во исто време, несомнено е дека комплексноста на овој роман на компетентниот читател ќе му биде и илустрација за тезата дека големите автори со своите дела не можат механички да се вклопат во ниту една шема. Нобеловецот Гинтер Грас со својот роман, како автор во рамките на својата национална литература доаѓа во веќе освоен жанровски контекст. Но, и покрај тоа што критиката во него го препознава креативното наслојување на искуствата со романот на претходниците (Ман, Деблин и други, но не само нивното, и не само од германските автори), Грас е романописец кој има несомнен личен влог во историјата на светскиот роман, воопшто. Теориски овој роман е необичен поради својата специфична градба која ја диктираат атрибутите и статусот на неговиот наратор. Кога го читаме 'Ламаринениот барабан' во него откриваме дека т.н. биографско време отвора благородни можности за вкрстување на неколку поттипови биографија. За нас е особено прифатливо поврзувањето на романот на Грас со дијатрибите, со оглед на тоа што во овој роман нараторот и авторот имаат бројни точки на совпаѓање (кашубијската
национална припадност, занимавањето со ликовната уметност, каменорежачкиот занает, џезот...)". Во "Ламаринениот барабан" на Грас, преку гласот на нараторот најмногу ја користи иронијата изразувајќи го својот однос кон светот. Во текот на целата нарација, раскажувачот опишува, всушност, настани што веќе се случиле.
во светската литература. Гинтер Грас прави такви раскажувачки стапици чие откривање е вистинско задоволство за читателот и кои неопходно треба да се прочитаат низ иронискиот клуч. Всушност, иронијата е генералниот амалгам на текстот, се осмелуваме да
тврдиме, а гротескните споеви се своевидни кулминациски точки кои поентираат делови од текстот. "Ламаринениот барабан", во игрите на нараторот кој категорично вели дека не сака да порасне, со неговата интелектуална супериорност од времето кога
НАРАТОР Особена раскажувачка доблест на романот на Грас е изборот на неговиот наратор. - "Оскар е ликот-наратор кој раскажува од позиција на дете. Физичките атрибути на детето - вели д-р Владова - остануваат исти поради тоа што Оскар за другите е хендикепиран, а според неговиот исказ - тој одбива да порасне. Интелектуално преку раскажувањето на Оскар, Грас симулира детска перспектива, наивна визија на светот која се вкрстува со зрелоста на читателот и го произведува иронискиот и гротескен ефект на текстот. Тоа е најважната особина која овој роман го прави сроден со најрепрезентативните, со парадигматичните примери
44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 512 / 23.04.2004
е навидум дете што ги познава возрасните, па до болната, но не и патетично-сентиментална метаморфоза во суштество што посакува повеќе отколку што може, со оглед на својата физичка хендикепираност, токму со иронискиот став е уметност која е непреводлива. Таквите алузии на текстот можат лесно да бидат препознаени од компетентниот читател, но убавината на романот на Грас можеби најсилно се доживува со читање кое ја следи божемната, навидумна наивност на раскажувањето". Во оваа книга застапени се и христијанско-библиските алузии, но исто така се согледуваат алузии на современата општествена ситуација, а од читателска позиција на поновата историја на Германија, особено на нацизмот кои содржат цела палета ирониски тонови. Грас со својот роман виртуозно ја докажува алузивната моќ на јазикот, моќта во вербалниот медиум за читателот да создаде раскошен албум од фотографии, кои при секое следно читање, фиксирани во книгата, ќе се трансформираат во нови слики на веќе познатите контексти.