Macedonian Sun
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
S NCE
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
Година XVIII, Број 771, Декември 2012
WEB ИЗДАНИЕ
MONTHLY EDITION
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
С Р Е Ќ Н И Н О В О ГО Д И Ш Н И И Б О Ж И К Н И П РА З Н И Ц И
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
Деновиве многу се чудам и си мислам зарем е можно ова да се случува во мојата земја Македонија – закрвени браќа Македонци на чии лица се забележува непријателство, омраза, желба за освета. Да, сум гледал на светските медиуми како се тепаат, како се бунтуваат таму некаде на земјината топка, но не верував дека во мојата и вашата Македонија ќе дојде до ова кога денес најмногу од се и е потребно сплотување на македонскиот народ. А нас што ни се случува, сосем спротивното-една голема поделба меѓу Македонец и Македонец. Жално, многу жално. Меѓутоа тука сакам да ве потсетам и освестам мои Македонци на добро познатата поговорка – кога двајца се караат и тепаат, третиот користи!!! Колку има вистина во ова, нели? Знаете дека лошата вест од Македонија за момент го заобиколи светот, го разбуди стариот скептицизам дека земјава колку и да прави прогрес, потоа се враќа назад. Дури дочекавме и нашиот јужен сосед да гледа сеир и в лице да ни се смее. Јужнососедките медиуми пренесуваат во шок и изненадување од судирите на граѓаните од двете групи протестанти и инцидентите меѓу пратениците внатре во Собранието, со коментар дека ова е првпат да се случат вакви сцени во Македонија. И токму овој хаос кој владее кај нас можат многу лесно да го злоупотребат, па пред ЕУ и НАТО да докажуваат каква земја е како што милуваат тие да ни ја ословат нашата земја. Ајде да помислиме дека од Европската Унија не се очекува да ни ја тргне препораката за преговори или да ги измени заклучоците од последниот самит, но оние што работат против нас на меѓународната сцена потпомогнати од меѓународните надворешни сили помогнати од некои луѓе што работат одвнатре, веќе коваат планови како да ја искористат состојбата. И како врв на сето ова може да се надоврзе и неодамнешната најава во врска со јануарска посета на Македонија од медијаторот на генералниот секретар на Обединетите Нации, со предлог за промена на државното име!!! Ова ќе значи дека ЕУ не условува да го смениме името на државата и автоматски да се откажеме од нашиот македонски идентитет за да ги почнеме преговорите. Од нас Македонците се бара да го исполниме условот на самоуништување и самонегирање што ниедна држава и ниту еден друг народ на светот не е подготвен да го исполни. Вака заслепени од политичкото беснило што владее деновиве постои опасност да ни се протне и такво нешто па да си ја изгубиме Македонија. Потенцирам македонскиот народ да не потклекне на сите тие валкани игри. Затоа Македонци, и едните и другите, дајте да ги закопаме секирите и да се обидеме да си ја сочуваме нашата Македонија. Немојте целта да ви е борба за власт и личниот интерес. Ајде со трезвени глави да ја смириме тензијата и да бидеме на една страна кога се работи за Македонија. Да, ние сме за ЕУ и НАТО, но единствено како Македонија и како Македонци (без разлика од која политичка партија се на власт, а кој во опозиција) за кои до неодамна се велеше дека сме мирољубив народ кој постојано говори дека никој, ама токму никој не смее да го чепне вековното име на народот македонски. Така нека биде и понатаму... дајте да ја сочуваме вековна Македонија.
e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski
- Како и секогаш, имав многу отворени и срдечни средби за повеќе прашања кои се поврзани со регионалната стабилност, и за тоа што е особено важно, за поддршката која ја бараме редовно, вклучувајќи и од Соединетите Американски Држави, во процесот на приближување кон Европската Унија. Бев информирана дека американската администрација не поддржува и ќе продолжи да не поддржува во однос на нашето членство во Европската Унија
П О Т П Р Е Т С Е Д А Т Е Л О Т Н А В Л А Д А ТА Н А Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А Т Е У ТА А Р И Ф И , П О В Ч Е РА Ш Н И Т Е С Р Е Д Б И С О П Р Е Т С ТА В Н И Ц И Н А А М Е Р И К А Н С К И О Т С Т Е Ј Т Д Е П А Р Т М Е Н Т, И З Ј А В И :
САД ГО ПОДДРЖУВААТ МАКЕДОНСКОТО ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА
П
отпретседателот на Владата на Република Македонија Теута Арифи, по вчерашните средби со претставници на американскиот Стејт департмент, изјави дека САД го поддржуваат македонското членство во Европската Унија и ќе работат на тоа да имаме позитивни заклучоци на Европскиот Совет следната недела. - Како и секогаш, имав многу отворени и срдечни средби за повеќе прашања кои се поврзани со регионалната стабилност, и за тоа што е особено важно, за поддршката која ја бараме редовно, вклучувајќи и од Соединетите Американски
Држави, во процесот на приближување кон Европската Унија. Бев информирана дека американската администрација не поддржува и ќе продолжи да не поддржува во однос на нашето членство во Европската Унија. Исто така се надеваат, и работат да имаме што подобри заклучоци следната недела во Брисел. Уште еднаш беше подвлечен фактот дека САД остануваат заинтересирани за стабилноста на Балканот и за напредокот на Република Македонија изјавила Арифи. На средбата станало збор и за повикот на претседателот на Владата Никола Груевски и претседателот на Демократ03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
ската унија за интеграција Али Ахмети да се работи на релаксирање на меѓуетничките и меѓурелигиските односи и на реафирмирање на потребата од евро-атланските интеграции. Теута Арифи е во посета на Вашингтон, во пресрет на Европскиот Совет, на кој се очекува одлука за препораката на Европската Комисија Македонија да ги почне долго очекуваните преговори за членство со ЕУ и без решавање на спорот за името. Арифи ова барање го повтори и на вчерашната дискусија за транс-атланските односи меѓу САД и Европската Унија, во универзитетот Џонс Хопкинс.
С О Д Р Ж И Н АТА Н А П О С Л Е Д Н И Т Е П Р Е Д Л О З И Н А М Е Д И Ј АТО Р О Т Ова го соопштил М Е ТЈ У Н И М И Ц З А Р Е Ш А В А Њ Е портпаролот на грчкото НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО НА МНР Григорис М А К Е Д О Н И Ј А , Н Е М А АТ Н И К А К В А Делавекурас кој додаде дека Грција нема добиено В Р С К А С О О Н А Ш Т О Е О Б Ј А В Е Н О такви предлози и она што В О Н Е К О И М А К Е Д О Н С К И М Е Д И У М И е објавено како формула за решавање на името воопшто не е точно. Македонскиот неделник „Граѓански” објави дека Нимиц предложил името на нашата земја да биде „Северна Република Македонија”, додека за придавката „македонски” и идентитетот Македонци, тој предложил да се користи „од Северна Република Македонија”, а јазикот да биде „официјален јазик на Северна Република Македонија”
С
одржината на последните предлози на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името на Македонија, немаат никаква врска со она што е објавено во некои македонски медиуми. Ова го соопштил портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас кој додаде дека Грција нема добиено такви предлози и она што е објавено како формула за решавање на името воопшто не е точно. Македонскиот неделник „Граѓански” објави дека Нимиц предложил името на нашата земја да биде „Северна Република Македонија”, додека за придавката „македонски” и идентитетот Македонци, тој предложил да се користи „од Северна Република Македонија”, а
ДЕЛАВЕКУРАС: НЕМА ПРЕГОВОРИ БЕЗ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО јазикот да биде „официјален јазик на Северна Република Македонија”. „Што се однесува до содржината објавена денеска во некои грчки медиуми, дека Грција има намера да се сложи поранешната југословенска Република Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ без претходно да се реши прашањето за името, треба да биде јасно дека тоа не е точ04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
но. Грчката позиција останува стабилна и конзистентна, дека за почеток на пристапните преговори, предуслов е исполнување на сите услови и критериуми утврдени со одлуките на ЕУ. Најважен од овие услови е почитување на соседите и следствено на тоа изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името”, изјавил Делавекурас.
Ова следувало по вчерашната средба на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ пред состанокот на Советот за општи работи, која траела повеќе од седум часа и повторно заглавила околу точката за Република Македонија. Амбасадорите не можеле да дојдат до консензус и според портпаролот Христодулидис, во вторник ќе се дознае дали Македонија ќе почне да преговара за членство во Униајта
НЕМА ДОГОВОР ВО ВРСКА СО П О РА Н Е Ш Н АТА Ј У Г О С Л О В Е Н С К А РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕЧЛЕНКИ НА ЕУ НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА
"
Н
ема договор во врска со Поранешната Југословенска Република Македонија, изјавил портпаролот на Кипарското претседателство со ЕУ, Никос Христодулидис. Ова следувало по вчерашната средба на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ пред состанокот на Советот за општи работи, која траела повеќе од седум часа и повторно заглавила околу точката за Република Македонија. Амбасадорите не можеле да дојдат до консензус и според портпаролот Христодулидис, во вторник ќе се дознае дали Македонија ќе почне да преговара за членство во Униајта. Инаку, токму пред вечерашниот состанок, била подготвена драфт-верзија која не поминала на Корепер 2, а не се знае и нејзината судбина на Советот за општи работи на ЕУ, во рамки на која се предлага Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори во јуни 2013 година, кој најмногу би зависел од вонредна препорака на Комисијата за нашата земја што би се подготвила дотогаш, а која најмногу би се засновала на добро-
соседските односи. Во врска со односите со соседите, нацрт-верзијата предвидува дека одржувањето добрососедски односи, вклучувајќи ја и потребата за изнаоѓање компромисно и заемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на Обединетите нации, останува од суштинско значење. 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
Постои потреба да се донесат долготрајните разговори за прашањето за името до дефинитивен заклучок без одлагање.Останува да се почека до вторник кога ќе заседава Советот за општи работи на ЕУ кој пак ќе треба да одлучи дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори за членство во ЕУ.
И досега имаше предупредувања, но притисокот стана јасен кога еврокомесарот за проширување Штефан Филе претстави предлог за „нова преговарачка рамка” која ќе и овозможи на Македонија да ги почне преговорите со Унијата, а прашањето за името да се реши во меѓувреме. Според „Та Неа”, предлогот на грчката страна во конечниот текст на резолуцијата, за која се уште се преговара и се очекува да биде финализирана на вечерата на европските лидери наредната недела, е во формулацијата со која Советот ќе ја повика Комисијата да ја презентира преговарачка рамка за Македонија „временски” и „во поглед на почеток на пристапните преговори на Македонија”
Г
рчкиот весник „Та Неа” објави дека Грција ќе каже „да” за почеток на пристапни преговори на Македонија со Евроската Унија следната недела на самитот во Брисел, но под одредени услови. Овој пресврт е под интензивниот притисок кој во последно време Брисел го прави врз Атина, пишува весникот. И досега имаше предупредувања, но притисокот стана јасен кога еврокомесарот за проширување Штефан Филе претстави предлог за „нова преговарачка рамка” која ќе и овозможи на Македонија да ги почне преговорите со Унијата, а прашањето за името да се реши во меѓувреме. Според „Та Неа”, предлогот на грчка-
Г Р Ч К И О Т В Е С Н И К „ ТА Н Е А” ОБЈАВИ ДЕКА ГРЦИЈА ЌЕ К А Ж Е „ Д А” З А П О Ч Е ТО К Н А П Р И С ТА П Н И П Р Е Г О В О Р И Н А М А К Е Д О Н И Ј А С О Е В Р О С К АТА У Н И Ј А С Л Е Д Н АТА Н Е Д Е Л А Н А САМИТОТ ВО БРИСЕЛ, НО ПОД ОДРЕДЕНИ УСЛОВИ
ГРЦИЈА ЌЕ КАЖЕ "ДА "ДА"", НО ПОД ОДРЕДЕНИ УСЛОВИ та страна во конечниот текст на резолуцијата, за која се уште се преговара и се очекува да биде финализирана на вечерата на европските лидери наредната недела, е во формулацијата со која Советот ќе ја повика Комисијата да ја презентира преговарачка рамка за Македонија „временски” и „во поглед на почеток на пристапните преговори на Македонија”. Тоа во суштина значи дека Атина бара од Европската комисија да ја претстави прво рамката за преговори во која грчката страна бара решавање на прашањето за името и добрососедски односи, за Грција да се согласи да му даде зелено светло на Скопје, се наведува во весникот. Според 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
дипломатски извори, за предлогот и поставените услови интензивно се преговара и ситуацијата е едноставна – „земи или остави”. Ова значи дека ако не се постигне договор, Атина ќе прибегне кон својата вообичаена тактика и ќе ги блокира пристапните преговори. Во секој случај, пишува „Та Неа”, дипломатски извори истакнуваат дека грчкиот предлог е важен чекор напред кој на Брисел му покажува дека грчката страна е подготвена да разговара. Ова е период во кој Атина не може да си дозволи да се судри со европските партнери и прашањето за името е нешто за што Германците, и не само тие, почнуваат да го губат трпението, се потенцира во ,,Та Неа”.
Портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петер Стано, на прашање поставено од страна на дописникот на информативната агенција од Брисел потврдил дека Комисијата ќе оценува според заклучоците, но не кажал како. Стано одговори дека јазикот употребен во заклучокот на Советот е јасен, има јасни процедури и распоред, па нема што ново да кажуваат и додаваат од Комисијата. Ќе постапат како што е наведено во заклучокот
Н
ема јасна рамка по која Европската комисија би го оценувала напредокот на Македонија за прашањето на добрососедските односи, како и за евентуално решение во спорот за името пред следниот, пролетен извештај за земјава. Портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петер Стано, на прашање поставено од страна на дописникот на информативната агенција од Брисел потврдил дека Комисијата ќе оценува според заклучоците, но не кажал како. Стано одговори дека јазикот употребен во заклучокот на Советот е јасен, има јасни процедури и распоред, па нема што ново да кажуваат и додаваат од Комисијата. Ќе постапат како што е наведено во заклучокот. Во клучниот параграф 28 од заклучокот на Европскиот совет за Македонија, се наведува
Н Е М А Ј АС Н А РА М К А П О КО Ј А Е В Р О П С К АТА К О М И С И Ј А Б И Г О ОЦЕНУВАЛА НАПРЕДОКОТ НА М А К Е Д О Н И Ј А З А П РА Ш А Њ Е ТО НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ, К А КО И З А Е В Е Н Т УА Л Н О РЕШЕНИЕ ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА БЕЗ ЈАСНА РАМКА КОЈА БИ ГО ОЦЕНУВАЛА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА дека „евентуалната одлука на Советот за отворање на пристапните преговори со ПЈР Македонија ќе биде испитана врз основа на извештајот што ќе биде презентиран од страна на Комисијата напролет во 2013 година, базирна на спроведувањето на реформите во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво, како и преземените чекори за промовирање на до07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
брососедски односи и постигнување на компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН”. Ако овој извештај биде позитивен, ЕС се обврза дека ќе ја покани Комисијата без одлагање да достави предлог-рамка за преговори со Македонија и скрининг процес на поглавјата 23 и 24.
Грчките медиуми веќе излегуваат и со конкретни педлози кои според нив, Нимиц ќе им ги презентира на грчките и на македонските власти. Според весникот „Етнос”,на тој начин медијаторот ќе ги принуди двете влади да донесат критични одлуки и да се ослободат од одговорноста за нов ќор-сокак кој би можел да доведе до сериозни несакани ефекти во НАТО и ЕУ
АТ И Н А И С К О П Ј Е О Ч Е К У В А АТ ТОЈ ДА ДОНЕСЕ НОВИ ИДЕИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ДОЛГОГОДИШНИОТ СПОР
МЕТЈУ НИМИЦ ПО ПРАЗНИЦИТЕ ВО ПОСЕТА НА ГРЦИЈА И НА МАКЕДОНИЈА
М
едијаторот Метју Нимиц по новогодишните и божикните празници доаѓа во посета на Грција и на Македонија. Иако нема официјална најава, Атина и Скопје очекуваат тој да донесе нови идеи за надминување на долгогодишниот спор. Грчките медиуми веќе излегуваат и со конкретни педлози кои според нив, Нимиц ќе им ги презентира на грчките и на македонските власти. Според весникот „Етнос”,на тој начин медијаторот ќе ги принуди две-
те влади да донесат критични одлуки и да се ослободат од одговорноста за нов ќорсокак кој би можел да доведе до сериозни несакани ефекти во НАТО и ЕУ. Понатаму во весникот се наведува дека предлогот би вклучувал географска одредница, без да се знае дали тоа ќе биде префикс на „Македонија” или на „Република”, а нема воопшто да задира во прашањата за идентитетот и јазикот. Како противтежа на тоа, велат, предлогот ќе го покрие опсегот на употреба. Докол08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
ку медијаторот достави предлог што Атина не може да го прифати, според „Етнос”, би се зголемиле притисоците врз Грција, особено од оние земји кои и во изминатиот период барале Македонија да добие датум за преговори под референцата ФИРОМ. Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, пак, не сака да ги коментира очекувањата од посетата на Нимиц додека медијаторот не ги изнесе своите ставови.
Судот нареди на Ел Масри да му биде исплатена отштета од 60 илјади евра. 49годишниот Ел Масри ги тужеше американската и македонската влада уште пред речиси 10 години пред домашните надлежни судови, но неговите тужби беа отфрлени, а ова беше неговата последна шанса да добие отштета за неправедното апсење и малтретирање. Германецот од либанско потекло беше приведен од македонската полиција во 2003 година, а потоа и предаден на агенти на американската тајна служба
Е
вропскиот суд за човекови права пресуди дека со апсењето на Калед Ел Масри и неговото предавање на агенти на ЦИА, Македонија сторила сериозна повреда на неговите човекови права. Судот нареди на Ел Масри да му биде исплатена отштета од 60 илјади евра. 49-годишниот Ел Масри ги тужеше американската и македонската влада уште пред речиси 10 години пред домашните надлежни судови, но неговите тужби беа отфрлени, а ова беше неговата последна шанса да добие отштета за неправедното апсење и малтретирање. Германецот од либанско потекло беше приведен од македонската полиција во 2003 година, а потоа и предаден на агенти на американската
СО АПСЕЊЕТО НА КАЛЕД ЕЛ МАСРИ И НЕГОВОТО ПРЕДАВАЊЕ НА АГЕНТИ НА ЦИА, МАКЕДОНИЈА СТОРИЛА СЕРИОЗНА ПОВРЕДА Н А Н Е ГО В И Т Е Ч О В Е КО В И П РА В А
МАКЕДОНИЈА ВИНОВНА ЗА СЛУЧАЈОТ ЕЛ МАСРИ тајна служба. Сомневајќи се дека е поврзан со терористичка мрежа, ЦИА го префрли Ел Масри во Авганистан, каде бил затворен и малтретиран речиси 4 месеци. Откако се утврдило дека имаат човек со погрешен идентитет, ЦИА го оставила Ел Масри во пуста област во Албанија. Калед ел Масри поднесе тужба против Македонија во Стразбур на 20 јули 2009 година. Ел Масри ја тужеше Македонија бидејќи ја смета за одговорна за неговото затворање меѓу 31 декември 2003 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
и 28 мај 2004 година, по неговото апсење при влезот во Македонија и трансферот во Авганистан.Тој бараше 300.000 евра отштета преку судот во Стразбур, но досудени му се 60.000 евра. Сепак ова е една од највисоките пресуди против нашата држава кои се досега досудени од судот во Стразбур. Според Амнести интернешнл, ова е прва пресуда на еден меѓународен суд против европска држава која учествувала во програмата на ЦИА за тајно апсење и затворање на осомничени терористи.
АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ II ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК Во првиот антички Македонски јазик секоја буква е со еден глас и со свое посебно значење. Р, С, Д, В, К, Ф, З, Б, Л, Г, Ј, М, Н, Х, Ж, Ш, Ц, Ч, П, Т, А, Е, И, О, У, РА – Сонцето СА - Светлината ДА – Денот светлината ВА – Богот, Божественоста КА – Возвишеноста ФА – Зрачењето ЗА - Зазореноста БА - Земјата ЛА – Луѓето, лјудноста ГА - Големината ЈА – Внатрешноста, аурата МА – Мое, мојата НА – Наша, нашето ХА – Сегашноста ЖА - Просторот ША - Соединението ЦА - Центарот ЧА - Челноста ПА - Одново ТА - Темнината А – Врз, Над Е – Е.., Еве, И – И.., О – О.., или Околу У - Во Р, С, Д, В, К, Ф, З, Б, Л, Г, Ј, М, Н, Х, Ж, Ш, Ц, Ч, П, Т, - Букви и гласови кој се согласки А, Е, И, О, У, - Букви и гласови кој се самогласки
Р = Сонцето = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, С = Светлината = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, Д = Денот Светлината = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, В = Богот, Божественоста = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, К = Возвишеноста = КА,К Е, КИ, КО, КУ, К, Ф = Зрачењето = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, З = Зората = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, Б = Земјата = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, Л = Лјудноста = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, Г = Големината = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, Ј = Внатрешноста = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, М = Мој, Моја = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, Н = Наш, Наше = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, Х = Сегашноста = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, Ж = Просторот = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, Ш= Соединението = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, Ц = Центарот = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, Ч = Челноста = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, П = Одново = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, Т = Темнината = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, А = Врз или Над Е = Еве И = И.., О = О.., или Околу У = Во Првиот стар, древен, антички Македонски фонетски, разговорен јазик е јазик говор, кој содржи 25 гласови, звуци со свои значења. Од нив 20 гласови се согласки, ниско звучни и 5 гласа - самогласки, високо звучни. Секоја една буква согласка од првите 20, прави слог со секоја една од 5-те букви самогласки, со тоа се формираат 100 слога. Првиот антички Македонски јазик има 25 букви и 100 слога. Во првиот антички Македонски јазик нема букви со два гласа, туку секоја буква е еден глас со свое посебно значење. Во првиот антички Македонски јазик секоја буква, како звук, е самостојна, потоа од нив се прават слогови комбинирани од една согласна и една самогласна буква и имат свое посебно значење. Најдобрите европски и светски лингвисти знаат да кажат дека најстарите јазици на светот се слогови јазици и писма. За да бидат повеке стари јазици слогови тие треба да имат и нешто заедничко или свој општ извор, а тоа е првиот антички македонски јазик. Треба да се знае и вистината, дека во основата и градбата на сите тие слогови стари светски јазици е
По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски
првиот светски најстар Македонски јазик и затоа ја имаат таа заедничка особина како слогови јазици. Со тие правила на градбата и искажувањето гласно, фонетски на првиот и вториот антички Македонски јазик, тие треба така и графички со букви да се испишат без да се нарушува нивниот фонетски гласов израз и значењата нивни, на гласовите, слоговите и на зборовите. Согласно тие строги правила треба денес да се искажуваат и пишуваат првиот и вториот антички Македонски јазик. Во продолжение ке укажам на некои правила кои треба да се исполнат во нивното искажување и пишување различно од современиот Македонски јазик. Буквите со два гласа Ќ, Г, Љ, Њ, Џ, Ѕ од современиот македонски јазик треба да се извадат и заменат со самостојни гласови и букви или да се поделат гласовите и секој глас да си има своја буква. Тие треба да се поделат на самостојни гласови и букви како што е укажано подолу. Со акцентот на буквата Ќ,ќ се има разбирање за искажување на акцент но и на измена на гласот на чисто “к” во меко “к” со додаден глас помегу гласовите “ј” и ерот. Кога ќе сакаме да искажеме меко “к” ке го изговориме исто така но нема да го испишеме со акцент како “ќ”, а ке биде “кј”. Кога сакаме да го понтенцираме чистиот глас “к” може да се употреби со акцент “Ќ, ќ”, но да се изговара пак чист глас на “к” само со нагласен повисок тон, звук. Ќ, ќ = КЈА, КЈЕ, КЈИ, КЈО, КЈУ, КЈ Ќоравијот ке биде Кјоравијот Г, г = ГЈА, ГЈЕ, ГЈИ, ГЈО, ГЈУ, ГЈ Ѓоко ке биде Гјоко, Наоѓа ке биде наогја Љ, љ = ЛЈА, ЛЈЕ, ЛЈИ, ЛЈО, ЛЈУ, ЛЈ Љубовта ќе биде Лјубовта Њ, њ = НЈА, НЈЕ, НЈИ, НЈО, НЈУ, НЈ Движење ке биде Движенје Нокња ке биде нокнја, Џ, џ = ДЖ, ДЖЕ, ДЖИ, ДЖО, ДЖУ, ДЖ Џабе ќе биде Джабе Ѕ,ѕ = само З или ЗЈА, ЗЈЕ, ЗЈИ, ЗЈО, ЗЈ или ДЗА, ДЗЕ, ДЗИ, ДЗО, ДЗУ, ДЗ
Ѕвезда ќе биде Звезда Самогласките А, Е, И, О, У – се употребуваат пред и по секоја согласка и самогласка. Самогласките - А, Е, И, О,У – се вразни со согласките како што се покажани во горниот начин и редослед, но се и слободни во употреба напред пред секоја согласка и во надополнување, засилување на тоа нејзино значење, по самата своја двојна употреба или после некоја друга самоглсака. Например: атак, таа, тиа, тие... Во претставувањето на гласовите и нивните значења со слогови ќе се види дека тие се врзани секогаш со согласка напред и самогласка по неа. Не е погрешна употребата на самогласките една до друга или самостојно со свое соодветно значење. Вториот антички Македонски јазик се состои од готови, изградени, формирани зборови и раченици од букви и слогови од првиот Македонски јазик. Тие формирани зборови се граделе по јазикот на Светлината Божествена, на аурата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) во денските и годишни циклуси, по религиозните дејства и состојби што се случуваат на површината на Земјата, во создавање на естетски вредности, услови и резултати како последица на тие дејства и состојби што ги продолжуват процесите на вечниот живот на Земјата. Сите тие зборови изградени по религиозните дејства, состојби и резултати на јазикот на Сончевата аура, старите Македонци верници во старата Македонија, ги користеле симболично и за своите земни генерациски, религиозни дејства, состојби и резултати на својте аури како свој земен човечки јазик на Светлината Божествена, по место и време на постоење. Како такви, зборовите изградени во тие многу стари времиња по форма, звучност и значење, се зачувани до денес во современиот Македонски јазик што е од големо значење и непроценлива вредност. По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО ПРОДОЛЖУВА
Како што потенцираше портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, двете мерки се во насока на привлекување странски капитал и за овозможување и олеснување на реализација на инвестициите од странство. Ѓорѓиев посочи дека целта е реално олеснување на процедурите и стимулација на странските државјани за одлуката за инвестиции на средства во Македонија
В
ладата донесе мерки за измена на Законот за странци во насока на овозможување на странските државјани да добијат поголем временски интервал за престој во Република Македонија и за измена на уредбата за добивање на државјанство. Како што потенцираше портпаролот на Владата, Александар
В Л А Д АТА Д О Н Е С Е М Е Р К И ЗА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ З А С Т РА Н Ц И
ДВЕ МЕРКИ ВО НАСОКА НА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ КАПИТАЛ
Ѓорѓиев, двете мерки се во насока на привлекување странски капитал и за овозможување и олеснување на реализација на инвестициите од странство. Ѓорѓиев посочи дека целта е реално олеснување на процедурите и стимулација на странските државјани за одлуката за инвестиции на средства во Македонија. Досегашните податоци, гово12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
рат дека развојот на оваа дејност односно купување од странци на имот во Република Македонија е извонредно многу мал. Но, додаде портпарол Ѓорѓиев, за точната бројка не би можеле да даваме конкретна проекција, но се очекува дека ќе има сериозен напредок во оваа дејност од што корист ќе имаат граѓаните.
вработување е задоволна од резултатите што ги дава владиниот проект за самовработување
Е В И Д Е Н Т И РА Њ Е ТО Н А Н Е В РА Б О Т Е Н И Т Е Л И Ц А И И З РА Б О Т К А Н А И Н Д И В И Д УА Л Н И П Л А Н О В И З А В РА Б О Т У В А Њ Е ИСКУСТВА, МЕТОДИ И ЕФЕКТИ
ДИРЕКТОРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ НА ЈАВНИ СЛУЖБИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Е
видентирањето на невработените лица и изработка на индивидуални планови за вработување-искуства, методи и ефекти врз подобрувањето на состојбата на пазарот на трудот” беШе темата на десеттата по ред директорска конференција на Центарот на јавни служби за вработување на државите од Југоисточна Европа. Со Центарот годинава претседава Агенцијата за вработување на Република Македонија, а на конференцијата која се оддржува во Скопје свое обраќање имаше и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.Тој посочи дека темата за којашто се расправа на конференцијата е од големо значење за Република Македонија, но и за останатите земји учеснички. Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски потенцира дека воспоставувањето евиденција на невработени е од исклучително значење со оглед на тоа што од досегашните искуства можело
да се заклучи оти многу од невработените лица одбивале работа која им била понудена. Сепак, Агенцијата за вработување е задоволна од резултатите што ги дава владиниот проект за самовработување. Според директорот на оваа институција податоците говорат за тоа дека Република Македонија бележи поголем степен на успешност на овој проект во однос на земјите од Регионот, но и во однос на земјите од Европа. И земјите во регионот се соо13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
чуваат со истите предизвици во справувањето со невработеноста. Драган Ѓукиќ од Националната служба за вработување во Србија истакна дека голем дел од мерките кои се преземаат во земјата се слични како оние кои се преземаат во Македонија. На конференцијата присуствуваат претставници од јавните служби за вработување на Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција, Унгарија, Франција, како и Светската асоцијација на јавни служби за вработување.
По разговорите на штрајкувачкиот одбор од Клинички центар со премиерот Никола Груевски, лекарите и денес излегоа на штрајк за време на паузата кој, рекоа, ќе продолжат да го практикуваат сè додека не се постигне некаков напредок во преговорите и сè додека не се земат предвид нивните предлози за измена на моделот „плаќање по учинок”.
П
о разговорите на штрајкувачкиот одбор од Клинички центар со премиерот Никола Груевски, лекарите и денес излегоа на штрајк за време на паузата кој, рекоа, ќе продолжат да го практикуваат сè додека не се постигне некаков напредок во преговорите и сè додека не се земат предвид нивните предлози за измена на моделот „плаќање по учинок”. Дел од нив, сметаат дека прекинувањето на штрајкот може да ги стави во заден план, да го оспори сé она за што протестираа изминативе 29 дена и да предизвика став дека се откажуваат од своите барања. Од тие барања не отстапуваат, а тоа му го предочиле и на премиерот за време на вчерашната средба во неговиот кабинет на која фокусот паднал на моделот „плаќање по учинок”. Велат дека премиерот покажал отвореност кон нивните предлози за измена и корекции на моделот, а бил изненаден кога му ги соопштиле искуствата што лекарите ги имаат со недоизградениот и нецелосно имплементиран систем кој ги одредува лекарските плати. - Секако е за поздрав што премиерот конечно го легити-
С Е К А КО Е З А П О З Д РА В Ш ТО ПРЕМИЕРОТ КОНЕЧНО ГО Л Е Г И Т И М И РА , ГО В И Д Е И ГО П Р И З Н А Ш Т РА Ј КО Т
ПО СРЕДБАТА СО ПРЕМИЕРОТ, ЛЕКАРИТЕ ГО ПРОДОЛЖУВААТ ШТРАЈКОТ мира, го виде и го призна штрајкот. Не е постигнат договор затоа што ова не беше преговарање, туку повеќе запознавање. Главна тема беше моделот, му ги поставивме нашите забелешки и можам да кажам дека премиерот беше отворен да преговара за одредени делови и да се прифатат измени, објасни претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, Дејан Ставриќ. Лекарите повторија дека ниеден од нив не е против принципот плаќање по успешност, она што тие го бараат е моделот да претрпи извесни промени така што лекарите кои ќе сработат повеќе да бидат наградени, а на оние со помал вложен труд да не им бидат скратени и онака малите 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
плата, туку приходот да остане ист. Она што го побарале е моделот да се темели на квалитетот на сработената работа кај лекарите, а не на квантитетот кој што би ги третирал пациентите како бројка и кој би значел дека најголема плата ќе добие оној лекари кој најмногу пациенти ќе прими без разлика колку квалитетно ќе ги лекува. На средбата, освен министерот Никола Тодоров, присуствувале и претставници од гранковиот Синдикат што беше неочекувано затоа што лекарите индивидуално побараа средба со премиерот. Кога станало, збор за платите, премиерот бил дециден дека на таа тема ќе преговара само со гранковиот Синдикат затоа што само тој е репрезентативен.
Инспектори од Државниот здравствен инспекторат од денес вршат засилени контроли на клиниките, и бараат пациенти кои не добиле здравствена услуга поради лекарскиот штрајк. Инспекторите по налог на министерот за здравство Никола Тодоров ги прашуваат лекарите за пациентите кои ги примиле, а ги интервјуираат и пациентите и бараат информација дали и зошто биле вратени.
ОВИЕ КОНТРОЛИ СПОРЕД М И Н И С Т Е Р С В О ТО З А З Д РА В С Т В О С Е В Р Ш АТ З А Д А С Е З А Ш Т И ТАТ П РА В АТА Н А П А Ц И Е Н Т И Т Е
ИНСПЕКТОРИ ОД ДРЖАВНИОТ ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРАТ ГО
ТРЕСАТ КЛИНИЧКИ И
нспектори од Државниот здравствен инспекторат од денес вршат засилени контроли на клиниките, и бараат пациенти кои не добиле здравствена услуга поради лекарскиот штрајк. Инспекторите по налог на министерот за здравство Никола Тодоров ги прашуваат лекарите за пациентите кои ги примиле, а ги интервјуираат и пациентите и бараат информација дали и зошто биле вратени. Овие контроли според министерсвото за здравство се вршат за да се заштитат правата на пациентите. Од другата страна, за Самостојниот синдикат за здравство ова е уште една злоупотреба на системот од страна на министерот Тодоров. Велат дека контролите се само средство за притисок и заплашување на лекарите. Лекарите тврдат дека и покрај презе-
мените мерки на инспекторатот, во клиниките до сега не дошло до никакви инциденти и дека биле 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
згрижени сите пациенти на кои им била потребна итна здравствена услуга.
Во извештаите од руските медиуми се вели дека целосна проекција на машината, изработка на софтверот и обука на кадарот за ракување со машината се дел од обврските на Микросам кон компанијата „Технологија“
МАКЕДОНСКИ МИКРОСАМ Е ВЕСТ ВО РУСКИТЕ МЕДИУМИ ПО ПРОИЗВОДСТВОТО НА МАШИНА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТИ ВО СОЗДАВАЊЕ НА КАРБОНСКИ АВИО ДЕЛОВИ ОПАШЕН ДЕЛ ОД МС21
МАШИНА ОД МИКРОСАМ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА ДЕЛОВИ ЗА МС-21, АВИОНОТ НА 21 ВЕК М
акедонски Микросам е вест во руските медиуми по производството на машина што ќе се користи во создавање на карбонски авио делови опашен дел од МС-21 или авионот на 21 век. Како што пренесуваат руските медиуми, со оваа машина се избегнува рачната работа во производството на опашката на авионот, односно целиот процес е автоматизиран со што се исклучува веројатноста од технички грешки предизвикани од човечка природа. Во извештаите од руските медиуми се вели дека целосна проекција на машината, изработка на софтверот и обука на кадарот за ракување со машината се дел од обврските на Микросам кон компанијата „Технологија“. Овој тип на машина овозможува да се намали
проблематичниот дел во изработка на композитни делови со површина со единечна и двојна закривеност со димензии од неколку квадратни сантиметри до делови со големи димензии, како и производство на делови со променлива дебелина во посебни зони. Веста дека специјалистите на македонската фирма Микросам ја извршија оваа тешка задача ја пренесе и руската телевизија Р24 во ТВ прилогот каде се потенцира дека поради големата 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
специфичност и сложеност на софтверот, машината ја управуваат инжињерите на Микросам. Авионот на 21 век како што го нарекуваат МС - 21 ќе има капацитет од 150 - 212 патници, а првиот авион се очекува на пазарот во 2017 година. МС-21 според проценките ќе биде за 15 отсто поефективен авион од Аирбус и Боинг. Првичната проценка за цената на овој авион е 35 милиони американски долари.
По повод одбележувањето на 3-ти Декември, Ден на луѓето со хендикеп, денеска министерката за култура Елизабета КанческаМилевска и градоначалникот на оштина Кисела вода Марјан Ѓорчев го посетија Училиштето за слепи и слабовидни лица „Димитар Влахов” во Скопје
КАНЧЕСКАМИЛЕВСКА, НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОВА УЧИЛИШТЕ ИМ ПОДАРИ П Р И М Е Р О Ц И О Д К АТА Л О Г О Т З А М У З Е Ј О Т Н А М А К Е Д О Н С К АТА Б О Р Б А О Т П Е Ч АТ Е Н Н А Б РА Ј О В О П И С М О
П
о повод одбележувањето на 3-ти Декември, Ден на луѓето со хендикеп, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на оштина Кисела вода Марјан Ѓорчев го посетија Училиштето за слепи и слабовидни лица „Димитар Влахов” во Скопје. Тие ја проследија и специјалната програма подготвена по повод овој ден, на која децата, преку музички точки, рецитали и свирење, ги презентираа својата умешност, знаење и талент. Канческа-Милевска, на учениците од ова училиште им подари примероци од каталогот за Музејот на македонската борба отпечатен на Брајово
МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ГИ ПОСЕТИ ДЕЦАТА ОД УЧИЛИШТЕТО "ДИМИТАР ВЛАХОВ" писмо, друга печатена литература – сликовници, боенки и книги како и ДВД и ЦД-изданија од Фестивалот на детската песна „Златно славејче”. На крајот заблагодарувајќи им се на сите деца од училиштето „Димитар Влахов” кои учествуваа во изведбата на
програмата за Светскиот ден на лицата со посебни потреби, како и на вработените во институцијата, министерката за култура ја истакна подготвеноста на Министерството за култура за уште поинтензивна соработка на институциите од областа на културата за по17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
требите на лицата со хендикеп. По повод одбележувањето на 3-ти Декември, министерката за култура, заедно со децата од Специјалното училиште„Златан Сремац”, во Театарот за деца и младинци присуствуваше и на изведбата на театарската претстава „Алиса во земјата на чудата”.
„Дваесет години независност – биланс и перспективи”. Дводневниот колоквиум има за цел на академски начин да размислува за историјата на Република Македонија од нејзината независност до денес. Организатор на оваа значајна научна средба за македонистиката е Катедрата за изучување на македонскиот јазик при ИНАЛКО, под раководство на професорката Фроса Пејоска-Бушро
В О АУД И ТО Р И УМ ОТ Н А Ф РА Н Ц УС К И О Т Н А Ц И О Н А Л Е Н И Н С Т И Т У Т З А О Р И Е Н ТА Л Н И Ј А З И Ц И И КУЛТУРИ ИНАЛКО ВО ПАРИЗ БЕА ОТВОРЕНИ МАКЕДОНСКИТЕ ДЕНОВИ
МАКЕДОНСКИ ДЕНОВИ ВО ПАРИЗ
В
о аудиториумот на Францускиот национален институт за ориентални јазици и култури (ИНАЛКО) во Париз денеска се отворени Македонските денови, кои годинава се одржуваат на темата „Дваесет години независност – биланс и перспективи”. Дводневниот колоквиум има за цел на академски начин да размислува за историјата на Република Македонија од нејзината независност до денес. Организатор на оваа значајна научна средба за македонистиката е Катедрата за изучување на македонскиот јазик при ИНАЛКО, под раководство на професорката Фроса Пејоска-Бушро. Колоквиумот се одржува непосредно пред декемврискиот самит на ЕУ, на кој треба да се одлучува за евентуален датум за почеток на преговорите за членство на Република Македонија. Првите Македонски денови во ИНАЛКО се одржаа во 1996 година и нивен иницијатор била професорката Фроса Пејоска-Бушро, раководител на Катедрата по македонски јазик во Институтот. Францускиот националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО), попознат и под името „Лангуес О’” е еден од најстарите научни институти во Франција. Создаден е од Колберт во 1669 година, а македонскиот јазик е еден
од 93 јазици колку што се изучуваат на овој институт. Факултативната настава на македонскиот јазик започнала во 1962, а
18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
од пред неколку години студентите можат да се стекнат со диплома за завршени мастер студии од областа на македонистиката.
Градоначалникот Марјан Ристески и домаќинката, Ирена Јакимоска најавија дека на плоштадот „Александрија”, ќе бидат поставени светиниколски маси, а гостите ќе ги забавуваат Блага Петреска, Синтезизис и КУД „Мирче Ацев”. Гостите и добронамерниците ќе можат да вкусат во 65.000 посни сарми, 220 килограми грав, риби и да се напијат 2.000 литри вино, ракија. За овој празник во Прилеп важи поговорката - половина граѓани го слават празникот, а другата половина одат на гости.
П
од мотото „Сите сме еднакви”, градот под марковите кули-Прилеп и годинава се подготвува по седми пат во духот на традицијата да го прослави својот патрон Свети Никола. Градоначалникот Марјан Ристески и домаќинката, Ирена Јакимоска најавија дека на плоштадот „Александрија”, ќе бидат поставени светиниколски маси, а гостите ќе ги забавуваат Блага Петреска, Синтезизис и КУД „Мирче Ацев”. Гостите и добронамер-
П О Д М О Т О Т О „ С И Т Е С М Е Е Д Н А К В И ”, Г РА Д О Т П О Д М А Р К О В И Т Е К У Л И П Р И Л Е П И Г О Д И Н А В А П О С Е Д М И П АТ В О Д У Х О Т Н А Т РА Д И Ц И Ј АТА Ќ Е Г О П Р О С Л А В И С В О Ј О Т П АТ Р О Н С В Е Т И Н И К О Л А
ПРИЛЕП СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРОСЛАВА НА СВЕТИ НИКОЛА
ниците ќе можат да вкусат во 65.000 посни сарми, 220 килограми грав, риби и да се напијат 2.000 литри вино, ракија. За овој празник во Прилеп важи поговорката - половина граѓани го слават празникот, а другата половина одат на гости. По прославата во центарот на градот, чествуваат во домашна атмосфера. Илјадници прилепски семејства ги привршуваат подготовките за денот. Во чест на празникот беше одржан и турнир во мал фудбал, а во 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 771 / Декември 2012
вторник напладне ќе биде отворена изложбата „Уметниците во чест на Св. Никола”. Во 2010 година домаќини на чествувањето беа бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и „ЖитоПрилеп” кои им приредија традиционална и достојна гозба на прилепчани и гостите-добронамерници. Пред две години, пак, вредните домаќинки завиткаа над 80.000 посни сарми со што Прилеп го освои Гинисовиот рекорд.