S NCE
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
Година XIX, Број 782, Ноември 2013
ОМД: МОЖНОСТ ДА СЕ РАБОТИ НА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
ПОВИК ЗА ПРИЕМ НА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА ВО НАТО
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
Обединетата македонска дијаспора бара од германската канцеларка признавање на уставното име на Република Македонија, а посакува и средби со германската Влада. Писмото што дијаспората го испрати до канцеларката следуваше по неодамнешната средба на германската канцеларка со медијаторот во спорот за името. Времето за бесцелни преговори е поминато и се бара од германската Влада да ја признае Република Македонија под уставното име", пишува во писмото на Обединетататa македонска дијаспора испратено до неа, зборови со кој лично и јас би се сложил. Македонската дијаспора бара германската Влада да застане на страната на македонскиот народ, кој веќе доволно е неправедно третиран со наметнатиот спор за името. Според ОМД, а и во ова сме истомисленици, спорот за името има задача да маскира поважни прашања како што се човековите права на Македонците кај јужниот сосед, на што би го додал и обесправувањето на Македонците кои се затекнале и живеат и кај источниот и кај западниот сосед. И покрај постигнувањето на Привремената спогодба, промената на државното знаме и на Уставот на Република Македонија, јужниот сосед продолжува да ја прекршува таа спогодба и ја игнорира пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Преку овие неиспочитувани договори се покажува дека тие таму доле јужно имаат за цел да ја уценуваат Република Македонија да го промени своето уставно име и идентитет", пишува ОМД до Меркел при што и се заблагодари за нејзината ангажираност за Македонија да ги започне преговорите за членство во Европската унија и за принципиелноста на Германија кон Македонија. Но тука и ним и на останатите Македонци без разлика каде и да се наоѓаат и на која опција и припаѓаат, да бидеме истрајни во барањето да се признае Македонија под уставното име, а преговорите да ги заборавиме. Едноставно да ги игнорираме.
e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski
С Е Н АТ Н А С А Д САД да обезбедат прием на Македонија и на Црна Гора во НАТО, како дел од пошироката агенда за интеграции во источна Европа, побара извршниот потпретседател на Атланскиот Совет на САД, Дејмон Вилсон, на сведочењето пред Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат
ПОВИК ЗА ПРИЕМ НА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА ВО НАТО С
АД да обезбедат прием на Македонија и на Црна Гора во НАТО, како дел од пошироката агенда за интеграции во источна Европа, побара извршниот потпретседател на Атланскиот Совет на САД, Дејмон Вилсон, на сведочењето пред Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат. - САД мора да им дадат нов поттик на интеграциските процеси, со тоа што ќе го предводат процесот за прием на Македонија и Црна Гора во НАТО и за отворање на НАТО МАП процесите за Босна и Грузија, изјави Вилсон, кој беше висок функционер во Советот за национална безбедност на САД и во кабинетот на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон. Тој зборуваше на панелот од
тројца експерти поканети да сведочат пред Комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД, на седница со која претседаваа сенаторите Кристофер Марфи и Рон Џонсон. НАТО догодина одржува самит во британскиот град Њупорт, и во рамките на подготовките кои се во тек, се разгледува и прашањето дали самитот може да биде самит на 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноемви 2013
проширување, со Македонија и Црна Гора како кандидати кои се сметаат за подготвени за членство, а Босна и Грузија како земји аспиранти. Главна тема на дискусијата во Сенатот беше организирањето на самитот во Вилниус на кој се очекува отворање на европската перспектива за држави како Украина, Грузија, Молдавија, Азербејџан, Ерменија и Белорусија.
ИВАНОВ: “Наместо европеизација на Балканот, имаме балканизација на Европската унија“, рече претседателот Ѓорге Иванов на приемот (01.11.2013) за учесниците на меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија. Според Иванов се почесто се користи ветото како средство за блокирање на европската иднина на два милиони Европејци – македонски граѓани
СО ДИНАМИКА НА РЕФОРМИТЕ ДО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ "
Н
аместо европеизација на Балканот, имаме балканизација на Европската унија", рече претседателот Ѓорге Иванов на приемот (01.11.2013) за учесниците на меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија. Според Иванов се почесто се користи ветото како средство за блокирање на европската иднина на два милиони Европејци – македонски граѓани. Тоа се одразува на добрососедството и европската иднина на Република Македонија, но и на целиот регион. “Единствен начин да се надминат современите европ-
ски предизвици е доследно почитување на темелните европски вредности. Вредности на слободата, демократијата, владеењето на правото, почитување на основните човекови права, правото на самоидентификација и правото на човеково достоинство. Единствено придржувањето до овие паневропски вредности и принципи можат да му помогнат на европското лидерство да ја врати Европа на правиот пат“, изјави македонскиот претседател. Петтата препорака за отворање на преговори за членство на Република Македонија во Унијата е можност европ04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
ското лидерство да ги надмине европските предизвици доколку се придржува до паневропските вредности. “Препораката за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија е порака до Унијата да остане доследна на своите ПанЕвропски корени. Од стеблото и гранките се бара да не се возгордеат пред коренот и изворот што го напојува. Коренот го држи стеблото, кое без коренот пресушува и не дава плод. Доследноста на Унијата е неопходна за одржување на нејзиниот интегритет и кредибилитет“, додаде претседателот Иванов.
ДАНИЕЛ СЕРВЕР: “Грчкиот премиер Андонис Самарас води политика чија цел е колапс на Македонија“, оценува американскиот аналитичар и поранешен пратеник на Балканот Даниел Сервер. Сервер исто така и во 2009 година отворено кажа дека целта на Самарас е иста, а тоа е непостоење на Република Македонија
САМАРАС ПОСАКУВА КОЛАПС НА МАКЕДОНИЈА
Г
рчкиот премиер Андонис Самарас води политика чија цел е колапс на Македонија“, оценува американскиот аналитичар и поранешен пратеник на Балканот Даниел Сервер. Сервер исто така и во 2009 година отворено кажа дека целта на Самарас е иста, а тоа е непостоење на Република Македонија. “Грчкиот премиер го посакува колапсот на својот северен сосед. Тој попрво ќе ги зголемува шансите тоа да се случи отколку да го решава проблемот. Обидите на Самарас да го дестабилизира Балканот веројатно нема да успеат, но можат да предизвикаат непотребни проблеми и трошоци. Најбрзиот пат за Балканот е ако Вашингтон ги покани сите поранешни југослвоенски републики во НАТО, каде Словенија, Хрватска и Албанија веќе го даваат својот придонес“, оценува Сервер. Според американскиот професор, и македонскиот премиер Никола Груевски има направено проценка дека било каков договор меѓу Македонија и Грција ќе биде полош од актуелната ситуација, во која целиот свет Ма-
кедонија ја нарекува Македонија, со исклучок на Грција. “Атина можеби игра тврдо против Скопје, но нема да може да се спротистави на јасна одлука, донесена на високо ниво во Вашингтон или во Берлин, која би била во согланост со Времената спогодба, како што беше решено и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата“, пишува професорот. Сервер оценува дека предлогот на Грција, Македонија да биде преименувана во “славјанско-албанска Македонија“ сигурно е најнавредливиот маневар во скорешната 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Октомври 2013
балканска историја. “Грците знаат дека Македонците не сакаат да бидат опишувани како Словени, иако зборуваат словенски јазик. Тоа е слично како употребата на терминот црвенокожци – навредливо и покрај тоа што има некоја описна улога. Овој предлог е пресметан со цел да предизвика проблеми меѓу Македонците и Албанците, двете најмногубројни етнички заедници во земјата, а да не зборуваме за другите заедници како што се Турците, Ромите, Србите и Властите“, додава професорот Сервер.
ЏЕЈСОН МИКО: За американскиот аналитичар Џејсон Мико грчкиот предлог Македонија да се преименува во Албанско Славјанска Македонија е директна провокација од страна на Грција и показател дека таа не е заинтересирана да се реши спорот. Мико во интервју за Тв Сонце рече дека грчкиот премиер Андонис Самарас, со тоа што одбива да преговара и со предлагање апсурдни имиња прави сè што може да нема решение на наметнатото прашање.
ПОСЛЕДНИОТ ГРЧКИ ПРЕДЛОГ Е ДИРЕКТНА ПРОВОКАЦИЈА
З
а американскиот аналитичар Џејсон Мико грчкиот предлог Македонија да се преименува во Албанско Славјанска Македонија е директна провокација од страна на Грција и показател дека таа не е заинтересирана да се реши спорот. Мико во интервју за Тв Сонце рече дека грчкиот премиер Андонис Самарас, со тоа што одбива да преговара и со предлагање апсурдни имиња прави сè што може да нема решение на наметнатото прашање. “Тој не е во право, тој знае дека не е во право, меѓународната заедница знае дека Самарас е не е во право, но не се врши притисок врз Грција поради
нивната финансиска состојба и како таа може да влијае на евро зоната. Животот не е фер и ова е совршен пример на таа неправедност“, рече Мико. Сето ова, вели Мико, укажува на гласини од ми06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
натото дека Али Ахмети сè има ангажирано во сопствена слободна дипломатија сретнувајќи се со грчкото лидерство и, можеби, дури и сугерирајќи дека тоа име би било прифатливо за Албанците во Македонија.
Премиерот Никола Груевски посочи дека Македонија ја поддржува Албанија во процесот на евроинтеграциите, а добрите односи кои постојат меѓу двете држави, треба да се интензивираат и развиваат на секое ниво. Според премиерот Рама добрите меѓуетнички односи се темел на заедничката иднина, која двете земји ја градат во регионот
И Н Т Е Н З И В И РА Њ Е И УНАПРЕДУВАЊЕ НА Е К О Н О М С К АТА С О РА Б О Т К А В О П АТ Н АТА И Ж Е Л Е З Н И Ч К АТА И Н Ф РАС Т Р У К Т У РА , К А КО И П Р О Е К Т И О Д О Б Л А С ТА Н А ЕНЕРГЕТСКОТО ПОВРЗУВАЊЕ, ГЛ А В Н И Т Е М И Н А Д Е Н Е Ш Н АТА СРЕДБА
И
нтензивирање и унапредување на економската соработка во патната и железничката инфраструктура, како и проекти од областа на енергетското поврзување, главни теми на денешната средба во Скопје на премиерите на Република Македонија и Албанија,Никола Груевски и Еди Рама. Македонија и Албанија имаат добри билатерални односи и обострана желба тие да се унапредуваат особено во делот на економската сфера, оценија Груевски и Рама. Премиерот Никола Груевски посочи дека Македонија ја поддржува Албанија во процесот на евроинтеграциите, а добрите односи кои постојат меѓу двете држави, треба да се интензивираат и развиваат на секое ниво. Според премиерот Рама добрите меѓуетнички односи се темел на заедничката иднина, која двете земји ја градат во регионот.
СРЕДБA НА ПРЕМИЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА, ГРУЕВСКИ И РАМА Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска исто така оствари средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов. На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, при што заедничка констатација е дека поли07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
тичките односи бележат позитивен тренд на развој, со континуиран и плоден политички дијалог и дека во иднина двете земји треба да се фокусираат на можностите за унапредување и продлабочување на економската соработка.
“ОМД е задоволна бидејќи со овој чекор, придонесот на Македонија во полето на заштитата на човековите права беше призната од страна на 177 членки на ООН. Станувајќи една од 47те членки на Советот ќе и отвори одлична можност на Македонија да работи на унапредувањето на основните човекови права на македонците кои живеат во соседните земји
О
бединетата македонска дијаспора смета дека Македонија во иднина има можност да работи на унапредувањето на основните човекови права на Македонците кои живеат во соседните земји Албанија, Бугарија и Грција. Македонија, според ОМД, ги зајакна своите позиции со тоа што од вчера стана една од 47-те членки на Советот за човекови права при Обединетите нации. “ОМД е задоволна бидејќи со овој чекор, придонесот на Македонија во полето на заштитата на човековите права беше призната од страна на 177 членки на ООН. Станувајќи една од 47-те членки на Советот ќе и отвори одлична можност на Македонија да работи на унапредувањето на основните човекови права на македонците кои живеат во соседните земји Албанија, Бугарија и Грција“, рече претседателот на ОМД, Методија А Колоски. Со гласање во Генералното собрание на ОН, синоќа Македонија е примена за членка на Советот за човекови права на
МАКЕДОНИЈА ПРИМЕНА ВО СО В Е ТО Т З А Ч О В Е К О В И П РА В А НА ОН
ОМД: МОЖНОСТ ДА СЕ РАБОТИ НА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ
оваа меѓународна организација. Македонската кандидатура доби поддршка од 177 држави членки на ОН и го пополни 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
едното од двете испразнети места резервирани за државите од Источноевропската група, членки на ОН.
НУЛАНД: “Во врска со Македонија, и јас самата во минатото, особено во 2008 година на Самитот на НАТО во Букурешт, лично ги засукав ракавите. Се сеќавам и како се среќавав со премиерот Груевски и со грчките водачи во мојата дневна соба, кога се обидувавме да го решиме спорот. Верувам дека има две или повеќе формулации кои би требало да можат да бидат прифатливи за двете страни. Се работи за дијалог, лидерство и избор, меѓу двете страни, да одберат
Н
овиот помошник државен секретар за Европа, Викторија Нуланд порачала дека останува на Македонија и Грција да изнајдат соодветно решение за спорот со името, а дотогаш САД ќе продолжи да навива за решение. Нуланд, која беше американски амбасадор во НАТО во 2008 година, изјавила дека за време на самитот во Букурешт и лично се заложила за изнаоѓање на решение на овој спор. “Во врска со Македонија, и јас самата во минатото, особено во 2008 година на Самитот на НАТО во Букурешт, лично ги засукав ракавите. Се сеќавам и како се среќавав со премиерот Груевски и со грчките водачи во мојата дневна соба, кога се обидувавме да го решиме спорот. Верувам дека има две или повеќе формулации кои би требало да можат да бидат прифатливи за двете страни. Се работи за дијалог, лидерство и избор, меѓу двете страни, да одберат. Ги знаете кои се предностите кои се на маса ако Македонија и Грција успеат да дојдат до договор. Секако, ќе продолжиме да го поддржуваме процесот на Нимиц, да навиваме за решение, но само вие можете да донесе соодветна одлука“, изјави Нуланд.
САМО МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА ЗА ИМЕТО
09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
А В ТО П АТ К И Ч Е В О – ОХ Р И Д должина од 47 километри, и Кичево – Охрид во должина од 56 километри ќе значи ангажирање на голем број македонски градежни компании и македонски граѓани. Ова беше заклучено на денешниот форум “Реформи и процеси за подобра Македонија“ организиран од страна на ВМРО ДПМНЕ
АНГАЖИРАЊЕ НА ГОЛЕМ
БРОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ
И
зградбата на новите автопати на делниците Миладиновци – Штип, во должина од 47 километри, и Кичево – Охрид во должина од 56 километри ќе значи ангажирање на голем број македонски градежни компании и македонски граѓани. Ова беше заклучено на денешниот форум “Реформи и процеси за подобра Македонија“ организиран од страна на ВМРО ДПМНЕ. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во договорот стои дека ми-
нимум 49 проценти од извршените работи мора да бидат од страна на домашни компании и минимум 51 процент од лицата кои ќе бидат ангажирани да бидат македонски државјани. “Источна Македонија по 69 години ќе добие нов автопат и дека благодарение на него ќе се подобри безбедноста на патувањето низ овој дел од државата и ќе се скрати времето на патување до главниот град“, рече градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
Претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Сеад Кочан смета дека изградбата на овие делници ќе значи продолжување на експанзијата на градежништвото во Македонија. “Покрај градежниот сектор ќе се активираат и други сектори така што на среден рок ќе се зголеми потрошувачката моќ на граѓаните, а на долг рок ќе имаме поврзување на источниот и западниот дел на државата“, додаде Кочан.
ММФ: Во фокусот на дискусијата како што сопштија од министерство за економија, беше надворешната стабилност на Република Македонија и интересот за странски инвестиции во поедини економски и инфраструктурни области. Министерот Ваљон Сараќини очекува во 2013 година странските инвестиции во Македонија да достигнат 200-250 милиони евра
М
инистерот за економија Ваљон Сараќини оствари средба со шефот на Мисијата на ММФ во Македонија Ивана Владкова Холар и претставници на ММФ. Во фокусот на дискусијата како што сопштија од министерство за економија, беше надворешната стабилност на Република Македонија и интересот за странски инвестиции во поедини економски и инфраструктурни области. Министерот Ваљон Сараќини очекува во 2013 година странските инвестиции во Македонија да достигнат 200-250 милиони евра.
ПОЗИТИВНИ СОГЛЕДУВАЊА ЗА МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Една од темите на разговор била поддршката на Владата на Република Македонија преку МБПР за користење на кредитната транша од 100 милиони евра добиена од ЕИБ, која беше оценета како добра можност за малите и средни компании да се стекнат со поволни кредити наменети за инвестирање и извозот. “Од последната транша веќе се искористени над 80 отсто , а до крај на годината се очекува одобрување на нова кредитна транша од ЕИБ од нови 100 милиони евра. За поцелисходно 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
да се искористат средствата, а на барање на компаниите, Министерството за економија ќе излезе во пресрет на компаниите за подготовка на упатство за начинот на пополнување на апликацијата и која документација е потребна при доствавување на апликацијата во банката, сė со цел да се олесни постапката за аплицирање“, рече министерот Сараќини. Претставниците на ММФ информираа дека странските инвеститори во Македонија се задоволни од можностите за инвестирање што се нудат во државата.
“ И З Г РА Д Б АТА Н А И Н Ф РА С Т Р У К Т У РАТА В О Т Е Х Н О Л О Ш К О РА З В О Ј Н АТА “Со изградбата на ЕКОНОМСКА ЗОНА ДАВА МОЖНОСТ ЗА адекватната О Т В О РА Њ Е П О ГО Л Е М Б Р О Ј ФА Б Р И К И , инфраструктура ќе има Ш Т О Ќ Е З Н АЧ И И Н О В И РА Б О Т Н И вистински простор што М Е С ТА З А Ж И Т Е Л И Т Е О Д Т Е Т О В О , ќе привлече странски инвеститори, особено Г О С Т И В А Р И Р Е Г И О Н О Т “, Р Е Ч Е што одговара ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ НА местоположбата бидејќи П О С ТА В У В А Њ Е Т О К А М Е Н Т Е М Е Л Н И К се блиску границите со Косово, Албанија и Србија, постоењето на двата универзитета во Тетово како можност за висококвалитетни и доброобразувани кадри што може да претставува атрактивна зона за многу инвеститори“, рече Груевски
И
зградбата на инфраструктурата во Технолошкоразвојната економска зона дава можност за отворање поголем број фабрики, што ќе
"
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ТЕХНОЛОШКО - ИНДУСТРИСКО РАЗВОЈНА ЗОНА – ТЕТОВО значи и нови работни места за жителите од Тетово, Гостивар и регионот", рече премиерот Никола Груевски на поставувањето камен-темелник. Зоната кај Тетово според Груевски е дел од големиот проект на Владата за отворање вакви економски зони крај сите поголеми градови во државата. “Со изградбата на адекватната инфраструктура ќе има вистински простор што ќе привлече странски инвеститори, особено
што одговара местоположбата бидејќи се блиску границите со Косово, Албанија и Србија, постоењето на двата универзитета во Тетово како можност за висококвалитетни и доброобразувани кадри што може да претставува атрактивна зона за многу инвеститори“, рече Груевски. Претставниците од групацијата Нормак која ќе стопанисува со ТИРЗ - Тетово нагласија дека ова е почеток на инвестиција вредна 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
околу 160 милиони евра. Влезот на свеж капитал во изградба на ТИРЗ - Тетово ќе значи работа за компаниите, но и трансфер на знаења, искуства и вештини. “Со започнувањето на работа на оваа развојна зона се создаваат и дополнителни можности за компаниите кои веќе работат во регионот, а кои се поттикнуваат во нивната конкурентност и иновативност“, истакна министерот министерот за економија Ваљон Сарачини.
Меѓу оние што работат, платите и продуктивноста се ниски. Македонија успеа да создава работни места и додека другите земји во регионот ги губеа, меѓутоа, повеќето од овие нови работни места се или ниско продуктивни или фискално скапи
В
о најновиот извештај на Светска банка, Македонија бележи солиден раст и фискални перформанси што во последната деценија резултирало со намалување на невработеноста. Сепак, според извештајот, во земјава сè уште има голема невработеност и учеството во работната сила е многу пониско од нивото на ЕУ. “Меѓу оние што работат, платите и продуктивноста се ниски. Македонија успеа да создава работни места и до-
СВЕТСКА БАНКА:
МАКЕДОНИЈА БЕЛЕЖИ СОЛИДЕН РАСТ
дека другите земји во регионот ги губеа, меѓутоа, повеќето од овие нови работни места се или ниско продуктивни или фискално скапи. Истовремено, и покрај високата невработеност, на фирмите често им е тешко да вработат работници со вистински вештини“, стои во извештајот на Светска банка. Исто така се посочува дека во земјава има спроведено важни реформи на пазарот на трудот, како што се намалувањето на ограничувањата на договорите на одредено 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
време, намалувањето на персоналниот данок од доход и на социјалните придонеси и одделувањето на здравственото осигурување од пријавувањето на невработените. Светска банка препорачува отворање повеќе и подобри работни места, поставување темели за создавање работни места преку поволно макроекономско и деловно опкружување кое на постојните фирми им овозможува да растат, а на новите да се создаваат и да успеат.
МИЧЕЛИЧ: “Реалниот сектор е клучен за креирање нови работни места во секоја економија, и дека клучните предизвици на Македонија во овој процес се подобрување на пристапот до финансии, особено за малите компании, како и унапредување на тренинг програмите и вештините на работната сила“, додаде Мичелич
М
акедонија до 2020 година треба да отвора по 39.000 нови работни места годишно за да го достигне европскиот просек, а тоа е три пати повеќе од она што се создавало во последните неколку години. Ова го порача Роланд Мичелич, од Меѓународната финансиска корпорација на денешната Тркалезна маса во Скопје за создавање нови работни места и поттикнување развој на автомобилскиот и агро секторот во Македонија. Според него за да се зголеми бројот на работни места во земјава мораме да започне соработката со приватните компани. “Реалниот сектор е клучен за креирање нови работни места во секоја економија, и дека клучните предизвици на Македонија во овој процес се подобрување на пристапот до финансии, особено за малите компании, како и унапредување на тренинг програмите и вештините на работната сила“, додаде Мичелич. Според податоците кои ги објави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во изминативе шест години актуелната влада успеа да отвори 100.000 работни места и да ја намали стапката на невработеност под психолошката граница од 30 проценти. “Инвестиравме доста и направивме многу работи, Македонија од ас-
МАКЕДОНИЈА ДО 2020 ГОДИНА ТРЕБА ДА ОТВОРА ПО 39.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ГОДИШНО
пект на бизнис климата веќе е најдобро рангирана во регионот и е 25. во светот. Тоа покажува дека општиот амбиент за водење бизнис е добар. Направени се и доста напори во сферата на образованието, но сепак има доста простор за подобрување“, рече Ставрески. Министерот за странски инвестиции Веле Самак посочи дека пред шест години имаше само една слободна економска зона во Македонија во близина на Скопје, а сега има повеќе распространети 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
низ целата територија, што како што рече е добро за инвеститорите бидејќи најголемиот број на невработени се надвор од главниот град. Целта на деншната тркалезна маса е да се развие заеднички акциски план за унапредување на неискористениот развоен потенцијал на приватниот сектор во Македонија за создавање на повеќе и подобри работни места со посебен акцент на автомобилскиот и агро секторот.
С ТА В Р Е С К И : “Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони...“, рече Ставрески
М
НАГРАДНА ИГРА ЗА ФИСКАЛНА ДИСЦИПЛИНА
инистерството за финансии донесе три сет мерки за фискална дисциплина. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески владата прку наградна игра “Фискална во рака- награда без мака“, ќе се обиде да ја зајакне свест кај граѓаните за да бараат фискална сметка.
“Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони...“, рече Ставрески. Исто така со законските измени, даночните обврзници, при готовинските плаќања немаат обврска да ја платат услугата доколку не добијат фискална 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноенври 2013
сметка. Со измените на Законот за даночна постапка се предвидува објавување листа на должници. Сите должници, според Ставрески кои подолго од 90 дена нема да ги платат јавните давачки ќе бидат објавени јавно на листа на веб страницата на Управата за јавни приходи.
АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ XIII ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО СА - Светлината Сончева како стварност. Фактичка состојба. СЕ - Светлината Сончева во идејна замисла. СИ - Светлината Сончева во процес на раѓане и зголемување. СО - Светлината Сончева во процес на вознесување и возвишеност. СУ - Светлината Сончева во процес на пад од возвишеноста.
С - Светлината Сончева како стварност воопшто. Фактичка состојба.
Според учењето по Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, верниците учат дека со секој нов, денски или годишен циклус на постоењето на аурата Сончева или на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) во небескиот и земен простор, со тоа се остварува висока позитивна доминација со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА над негативноста на површината на Земјата. На овој начин се случуваат циклусни процеси на светло позитивно, астрално Божествено зрачење со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА. Со тоа зрачење се создаваат процеси на борба и творештво по место и време на површината на Земјата. Со процесите на борба по денски и годишни циклуси, ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) ги остварува победите над земната негативност која е темнината ноќна и студот зимски како непотребно зло на процесите на живот на Земјата. Со процесите на борба и творештво, во денските и годишни циклуси се создаваат позитивните полиња на совршенството, убавината, вистината, правдата, љубовта, добрината, совеста, свеста, честа, чесноста, чистотата, достоинството, доблеста, редот, мирот, мудроста, радоста, веселоста, среќата, слободата, богатството, одговорноста, дисциплината и многу други, такви услови за живот. Со процесите на творештво, во денските и годишни циклуси, ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) ги создава своите творби, дела, род и благодет, како естетски вредности на површината на Земјата. Со реализацијата на денските и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на површината на Земјата се создаваат естетски резултати, вредности и услови за живот со кои се продолжуваат процесите на животот со постоењето на религиозните дејства, состојби и значења на зборовите СТОРИ, СТОРИЈАТА, ИСТОРИЈАТА по место и време на создавање на површината на Земјата. Со имањето на религиозната состојба на И(И…,) ни се укажува на поврзувањето, на сврзникот на минатите циклуси со тие кои се реализират по место и време на постоеење на површината на Земјата. Имитирајќи и поддржувајќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), според учењето и начинот на живеење по Религијата на Сонцето, старите Македонци верници во старата Македонија, ги граделе своите генерациски аури Лични, Семејни, Колективни и Народната во висока, позитивна доминација на својата
По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски СВЕТЛИНА БОЖЕСТВЕНА над природната и човечка негативност по место и време на живеење со што станувале борци и творци, имајќи ги своите генерациски процеси на светло позитивно зрачење. Со процесите на борба и творештво, во денските и годишни циклуси, верниците со своите аури Лични, Семејни, Колективни и Народната, ги остварувале победите над земната и човечка негативност и ги создавале позитивните полиња на своите аури на Земјата, а тоа се совршенството, убавината, вистината, правдата, љубовта, добрината, совеста, свеста, честа, чесноста, чистотата, достоинството, доблеста, редот, мирот, мудроста, радоста, веселоста, среќата, слободата, богатството, одговорноста, дисциплината и многу други, такви услови за живот на верниците. Со процесите на творештво, во денските и годишни циклуси, верниците со своите аури: Лични, Семејни, Колективни и Народната ги имале своите творби, дела, род и благодет, како естетски вредности или сите оние резултати кои значат непрекинат процес на животот на Земјата за верниците по место и време на живеење и постоење на површината на Земјата. Со својата генерациска реализација на верниците како борци и творци, се создаваат естетските резултати, вредности и услови за живот кои се нивни генерациски сведоштва за постоење и со кои продолжуваат процесите на живот со постоењето на земните, човечки, генерациски, религиозни дејства, состојби и значења на зборовите СТОРИ, СТОРИЈАТА, ИСТОРИЈАТА по место и време на создавање на површината на Земјата. Со имањето на религиозната состојба на И(И…,) ни се укажува на поврзувањето, на сврзникот на минатите генерации со тие кои се реализират по место и време на постоеење на површината на Земјата. Зборот СТОРИТЕ е од вториот стар Македонски јазик изграден во старата Македонија од старите Македонци верници, и ја има религиозната состојба по првиот стар слогов Македонски јазик со која го искажува постоењето на С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) над ТЕ(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на Земјата. Зборот СТОРИЈАТА е од вториот стар Македонски јазик изграден во старата Македонија од старите Македонци верници, и ја има религиозната состојба по првиот стар слогов Македонски јазик со која го искажува постоењето на С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) ЈА(ВНАТРЕШНА) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на
Земјата. Зборот ИСТОРИЈАТА е од вториот стар Македонски јазик изграден во старата Македонија од старите Македонци верници, и ја има религиозната состојба по првиот стар слогов Македонски јазик со која го искажува постоењето на И(И...,) С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) ЈА(ВНАТРЕШНА) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на Земјата. СТОРА– С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РА(СОНЧЕВА) СТОРЕ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) СТОРИ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) СТОРО – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РО(СОНЧЕВА) СТОРУ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РУ(СОНЧЕВА) СТОРЕВ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) В(БОЖЕСТВЕНА) СТОРЕЛ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) Л(ЛЈУДСКА) СТОРЕХ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) Х(СЕГАШНА) СТОРИВ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) В(БОЖЕСТВЕНА) СТОРИЈА – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) ЈА(ВНАТРЕШНА) СТОРИЈЕ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) ЈЕ(ВНАТРЕШНА) СТОРИЈИ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) ЈИ(ВНАТРЕШНА) СТОРИЈО – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) ЈО(ВНАТРЕШНА) СТОРИЈУ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РИ(СОНЧЕВА) ЈУ(ВНАТРЕШНА) СТОРЕН – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) Н(НАША) СТОРЕНА – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) НА(НАША) СТОРЕНЕ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) НЕ(НАША) СТОРЕНИ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) НИ(НАША) СТОРЕНО – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) НО(НАША) СТОРЕНУ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) НУ(НАША) СТОРЕНИЈОТ – С(СВЕТЛИНАТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РЕ(СОНЧЕВА) НИ(НАША) ЈО(ВНАТРЕШНА) над Т(ТЕМНИНАТА) ПРОДОЛЖУВА
“ М А К Е Д О Н И Ј А Е П Р В АТА З Е М Ј А ВО РЕГИОНОТ КОЈА ГО ИМА Целта на проектот е В О В Е Д Е Н О Д И Г И ТА Л Н И О Т С И Г Н А Л воведување на ефикасно В О М Е Д И У М С КО ТО РА Б О Т Е Њ Е И С ТО регулирање на новите ТА К А РА С Т Е Б Р О Ј О Т Н А И Н Т Е Р Н Е Т дигитални и К О Р И С Н И Ц И Т Е , А О Д В Т О РАТА интегрирани П О Л О В И Н А Н А И Д Н АТА Г О Д И Н А С Е комуникациски услуги во насока на креирање ОЧЕКУВА ДА СЕ ВОВЕДЕ И 4Г ВО на конкурентна средина М О Б И Л Н А Т А Т Е Л Е Ф О Н И Ј А за развој на дејноста и заштитата на потрошувачите. Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, Македонија има многу сторено во делот на дигитализацијата на медиумите и делот на телекомуникациите
К
анцеларијата на Европската Унија во Скопје во следниве 18 месеци ќе спроведе проект за зајакнување на капацитетите на Агенцијата за електоронски комуникации и Советот за радиодифузија. Целта на проектот е воведување на ефикасно регулирање на новите дигитални и интегрирани комуникациски услуги во насока на креирање на конкурентна средина за развој на дејноста и заштитата на потрошувачите. Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, Македонија има многу сторено во делот на дигитализацијата на медиумите и делот на телекомуникациите. “Македонија е првата земја во регионот која го има воведено дигиталниот сигнал во
СО ПОДДРШКА
ОД ЕУ СЕ ЗАЈАКНУВААТ АЕК И СРД медиумското работење исто така расте бројот на интернет корисниците, а од втората половина на идната година се очекува да се воведе и 4Г во мобилната телефонија“, додаде Ивановски. Проектот се состои од две 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
компоненти, со вредност од 900 илјади евра. Првата компонента опфаќа градење на капацитетите на АЕК и СРД додека во втората ќе бидат опфатени усогласувањата со законската регулатива на Европската Унија.
В О Е Н А С А Ј Б Е Р СО РА Б О Т К А СО С А Д Република Македонија во соработка со САД ќе започне со развој на проекти и платформи кои го третираат полето на сајбер одбраната и сајбер безбедноста. Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев и Итамара Локхард, директор на Иницијативата за сајберодбрана на Институтот за интернационални студии од Монтереј (САД) потпишаа Меморандум за соработка помеѓу оваа институција и Воената академија од Скопје
МАКЕДОНИЈА ЌЕ РАЗВИВА ПЛАТФОРМИ ЗА САЈБЕР ОДБРАНА
Р
епублика Македонија во соработка со САД ќе започне со развој на проекти и платформи кои го третираат полето на сајбер одбраната и сајбер безбедноста. Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев и Итамара Локхард, директор на Иницијативата за сајбер-одбрана на Институтот за интернационални студии од Монтереј (САД) потпишаа Меморандум за соработка помеѓу оваа институција и Воената академија од Скопје. Соработката вклучува размена на професорски кадар, публикации, книги кои се основа за изучување на оваа проблематика, потоа спроведување на курсеви, работилници, како и поставување на база за развој на последипломските студии на Воената академија во областа на сајбер-безбедноста. „За прв пат во Република Македонија една високообразовна институција отвора студии кои што ќе го третираат полето на сајбер одбраната. Ние сме прва земја од регионот која влегува во еден ваков проект за изучување на ова светско зло кое е врвен приоритет и на
НАТО и овој проект посебно се потенцираше со декларацијата на самитот во Чикаго како еден од топ приоритетите на НАТО“, посочи заменик-министерот Димитриев по потпишувањето на Меморандумот. Директорот на Иницијативата 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
за сајбер-одбрана, Локхард, истакна дека овој договор ќе овозможи да бидат креирани платформи за сајбер безбедност како дел од регионалната безбедност, а ќе помогне и во подоброто разбирање на оваа закана.
ГРУЕВСКИ: Груевски денеска исто така ги пушти во употреба новите лаборатории за радиофармација, лабораторија за животна средина и лабораторија за микроскопија во Универзитетот “Гоце Делчев“. “За само четири месеци ја реконтруиравме зградата на училиштето “Тошо Арсов“, гледавме да не го нарушиме стариот лик
И
нвестирањето во образованието е темелна определба на Владата и тоа е единствениот пат кој на секој млад човек ќе му ги отвори вратите на животот, а исто така пат кој ќе и обезбеди напредок на државата. Ова го изјави премиерот Никола Груевски кој денеска со министерот за образование
ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Е ТЕМЕЛНА ОПРЕДЕЛБА НА ВЛАДАТА
и наука Спиро Ристовски присуствуваа на отворањето на целосно реконструираното подрачно училиште “Тошо Арсов“ во населбата Македонка во Штип. Груевски денеска исто така ги пушти во употреба новите лаборатории за радиофармација, лабораторија за животна средина и лабораторија за 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
микроскопија во Универзитетот “Гоце Делчев“. “За само четири месеци ја реконтруиравме зградата на училиштето “Тошо Арсов“, гледавме да не го нарушиме стариот лик. Реконструирани се кровната конструкција, а учениците внатре добија современи услови за едукација“, додаде Ристовски.
Тетовската полиција откри работилница за изработување и дистрибуција на фалсификувани дипломи и уверенија од Државниот тетовски унивезитет, наменети за лица од Италија. Од МВР инфоримираа дека вчера е поднесена кривична пријава за “ фалсификување исправа“ за 30годишниот М.О од тетовско Селце
ФАЛСИФИКУВАНИ ДИПЛОМИ И УВЕРЕНИЈА ОД ДРЖАВНИОТ ТЕТОВСКИ УНИВЕЗИТЕТ
ТЕТОВЕЦ ФАЛСИФИКУВАЛ ДИПЛОМИ-СЕ СНАБДУВАЛАЛЕ ИТАЛИЈАНЦИ
Т
етовската полиција откри работилница за изработување и дистрибуција на фалсификувани дипломи и уверенија од Државниот тетовски унивезитет, наменети за лица од Италија. Од МВР инфоримираа дека вчера е поднесена кривична пријава за “ фалсификување исправа“ за 30-годиш-
ниот М.О од тетовско Селце. Пријавениот е осомничен дека фалсификувал повеќе уверенија и дипломи од Факултетот за медицински науки на име на лица-странски државјани и по преведувањето на истите кај овластен преведувач, ги заверувал на нотар и им ги дис21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
трибуирал на лицата од Италија. Осомничениот успеал да завери шест уверенија, додека 16 други не биле заверени, бидејќи нотарот се посомневал во нивната веродостојност, односно оргиналност. Од полицијата додаваат дека за случајот ќе бидат известени и италијанските власти.
Statistika Ова го покажуваат резултати од истражувањето на јавното мислење, на тема "Политичките ставови и размислувања на граѓаните на Македонија", спроведена од Центарот за Истражување и Анализа на репрезентативен примерок од 3,672 испитаници од 20 до 31 Октомври
ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА Г Р У Е В С К И И П А Р Т И Ј АТА КОЈ ТОЈ ЈА ПРЕДВОДИ ВМРО ДПМНЕ СО НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА М Е Ѓ У Г РА ЃА Н И Т Е
П
ремиерот Никола Груевски и партијата кој тој ја предводи ВМРО ДПМНЕ со најголема поддршка меѓу граѓаните. Ова го покажуваат резултати од истражувањето на јавното мислење, на тема "Политичките ставови и размислувања на граѓаните на Македонија", спроведена од Центарот за Истражување и Анализа на репрезентативен примерок од 3,672 испитаници од 20 до 31 Октомври. На прашањето за која политичка партија би го дале својот глас на следните парламентарни избори? За колаицијата предводена од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ се изјасниле 31 отсто, додека за коалицијата предводена од СДСМ 14,7 отсто. Ново создадената партија Граѓанска Алијанса за позитивна Македонија, ГРОМ, предводена од градоначалникот на општина Карпиш Стефче Јакимовски добива поддршка од 5,3 отсто. Кај албанскиот блок, ДУИ има поддршка од 5,8 отсто, додека ДПА е со поддршка од 3,3 отсто. 13 отсто од испитаните граѓани не се одлучени за која партија би го дашле гласот на следните парламентарни избори, додека 24,6 отсто одговориле дека нема да гласаат на избори. Граѓаните и понатаму имаат најголема доверба кај лидерот на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. 34 отсто од испитаните граѓани рекле дека доверба имаат кај Никола Груевски. Лидерот на СДСМ Зоран Заев добива 13,6 отсто, Стевче Јакимовски 6,4 отсто, Али Ахмети 5,8 отсто,
ГРУЕВСКИ И ВМРО ДПМНЕ СО НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА КАЈ ГРАЃАНИТЕ Мендух Тачи 3,3 отсто, Андреј Жерновски 1,3 отсто, Руфи Османи 1,2 отсто, додека останатите политичари добиваат помалку од еден посто поддршка. Над 44 отсто од граѓаните од22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
говориле негативно за предвремени парламентарни избори. Само 29 отсто сакат предвремени парламентарни избори додека 26 отсто од граѓаните не одговориле на ова прашање.
“Наша должност како македонската дијаспора е да помогнеме, на било кој начин, и да придонесеме во подобрувањето на условите на Македонците ширум светот, било да е тоа во однос на надворешната политика или медицината па така што предвидените активности на лекарското друштво се извонредни и ОМД им посакува се најдобро,” истакна претседателот на ОМД, Методија Колоски
О Б Е Д И Н Е ТАТА М А К Е Д О Н С К А Д И Ј АС П О РА ГО П О З Д РА В И СОЗДАВАЊЕТО НА МЕЃ УНАРОДНОТО МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО
ФОРМИРАНО МЕЃУНАРОДНОТО МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО
О
бединетата македонска дијаспора го поздрави создавањето на Меѓународното македонско лекарско друштво. “Наша должност како македонската дијаспора е да помогнеме, на било кој начин, и да придонесеме во подобрувањето на условите на Македонците ширум светот, било да е тоа во однос на надворешната политика или медицината па така што предвидените активности на лекарското друштво се извонредни и ОМД им посакува се најдобро,”истакна претседателот на ОМД, Методија Колоски. Целите на Меѓународното македонско лекарско друштво е промоција на професионалните стандарди на своите членови, обезбе-
дување форум за професионална и социјална размена меѓу члено23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
вите и континуирана медицинска едукација.
Конакот го доби првичниот изглед кој е редок пример за традиционалната македонска архитектура. Уникатноста на објектот ја надополнува и потокот што тече низ приземните одаи на конакот, каде се сместени и старата фурна и огништето. Г.Г Стефан се заблагодари на сите верници кои го создавале и чувале овој божји храм, но и на надлежните институции кои со финансиска поддршка од американскиот амбасадорски фонд успеаја повторно да го вратат во живот стариот конак
Р
еконструиран конакот стар 400 години во манастирот Св. Архангели Михаил и Гаврил во село Кучевиште. Конакот го доби првичниот изглед кој е редок пример за традиционалната македонска архитектура. Уникатноста на објектот ја надополнува и потокот што тече низ приземните одаи на конакот, каде се сместени и старата фурна и огништето. Г.Г Стефан се заблагодари на сите верници кои го создавале и чувале овој божји храм, но и на надлежните институции кои со финансиска поддршка од американскиот амбасадорски фонд успеаја повторно да го вратат во живот стариот конак. Конзервацијата и реставрацијата за ова свето место чинат околу 100 илјади долари, грант кој го додели амбасадорот на САД, Пол Волерс.
Р Е КО Н С Т Р У И РА Н КО Н А КО Т С ТА Р 4 0 0 Г О Д И Н И
ВОЗОБНОВЕН КОНАКОТ НА МАНАСТИРОТ СВ. АРХАНГЕЛИ
МИХАИЛ И ГАВРИЛ ОД 17 ВЕК Манастирот е богат со ретки фрески, невообичаени за Македонија, но и за целиот Балкан.Сцениоод пронаоѓа њето на светиот крст во Ерусалим и воспоставува24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
њето на култот на иконите во Византија. Црквата пак која се наоѓа во комплексот е живописана во 1591 година и изградена по примерот на храмовите во Света Гора.
Оваа книга се смета за првата научна монографија за Македонија и сега првпат е преведена и публикувана на македонски јазик. Германскиот научник Леонард Шулце Јена (18721955) е најтемелниот истражувач на Македонија во првите децении на 20 век, а неговата книга претставува најдеталната книга досега напишана од странец за Македонија. Таа е првата вистинска научна монографија за Македонија, која пак е проучена од повеќе аспекти во својата географска и национална целина
Д Р У Ш Т В О Т О З А И З Д А В АЧ К А ДЕЈНОСТ МАКЕДОНИКА ОД СКОПЈЕ, НЕОДАМНА ЈА О Б Ј А В И К Н И ГАТА
"МАКЕДОНИЈА – ПРЕДЕЛ И КУЛТУРА НА ЖИВЕЕЊЕ"
руштвото за издавачка дејност Македоника од Скопје, неодамна ја објави книгата „Македонија – предел и култура на живеење“ од Леонард Шулце Јена, во превод од германски јазик на Слободанка Поповска. Оваа книга се смета за првата научна монографија за Македонија и сега првпат е преведена и публикувана на македонски јазик. Германскиот научник Леонард Шулце Јена (18721955) е најтемелниот истражувач на Македонија во првите децении на 20 век, а неговата книга претставува најдеталната книга досега напишана од странец за Македонија. Таа е првата вистинска научна монографија за Македонија, која пак е проучена од повеќе аспекти во својата географска и национална целина. Иако ја истражувал по нејзината поделба (во 1917, 1918 и во 1922 година), Шулце Јена ја третира Македонија исклучиво како природна и национална целина. Ја проучува во географска, геолошка, етнографска, етнолошка и стопанска смисла. Настапува и како етнолингвист, истражувајќи ја компаративно македонската лексика, а како картограф изработува географска карта на Македонија, аргументирано утврдувајќи ги нејзините граници.
Д
25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
, , К О Н Ј У Б И Л Е Ј О Т…“, Оркестарот на Филхармонијата во Салонот на МОБ настапи под диригентство на Борјан Цанев, а солист беше еден од најистакнатите македонски кларинетисти Васко Дуковски, кој живее во Њујорк и настапува на сите континенти. На програмата се Македонски танц бр.3 од Александар Лековски и Симфонијата бр.4 од Роберт Шуман, а солистот премиерно во Македонија го исполни Концерт за кларинет и оркестар од шпанскиот композитор Оскар Наваро
69 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА М
акедонската филхармонија со концертот симболично насловен „КОН ЈУБИЛЕЈОТ…“, го прослави 69 години постоење. Оркестарот на Филхармонијата во Салонот на МОБ настапи под диригентство на Борјан Цанев, а солист беше еден од најистакнатите македонски кларинетисти Васко Дуковски, кој живее во Њујорк и наста-
пува на сите континенти. На програмата се Македонски танц бр.3 од Александар Лековски и Симфонијата бр.4 од Роберт Шуман, а солистот премиерно во Македонија го исполни Концерт за кларинет и оркестар од шпанскиот композитор Оскар Наваро. Македонската филхармонија е основана на 24 ноември 1944 година и до денес е еден од 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 782 / Ноември 2013
најзначајните носители на музичката култура во Република Македонија, како и нејзин достоен културен амбасадор. Во изминатите 69 години бројни солисти и диригенти застанаа на концертниот подиум настапувајќи со оркестарот, на тој начин градејќи ја македонската култура и создавајќи трајни уметнички и музички вредности.