Macedonian Sun
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
S NCE
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
Година XIX, Број 785, Февруари 2014
WEB ИЗДАНИЕ
MONTHLY EDITION
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
С ТАТ У С О Т ФУ Н К Ц И О Н А Л Н А П А З А Р Н А Е К О Н О М И Ј А К А К О Н А Г РА Д А
MONTHLY EDITION
ДЕБЛОКАДА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА СО СЛОВЕНЕЧКО -ХРВАТСКИОТ МОДЕЛ
МАКЕДОНИЈА ДА ПОБАРА ПРИЕМ ВО ОН ПОД УСТАВНО ИМЕ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА 142 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ ПЕРЕ ТОШЕВ И АПОСТОЛ ПЕТКОВ
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
e edna!!!
И тоа бидна. Надмено, арогантно, ни дојде на гости јужнососедскиот дипломат и ...ништо ново освен што се крена голем прав. Ништо ново не се кажа, ништо не се реши, ништо не се измени. Како и досега илјада пати кажаното од страна на тие таму доле јужно се повтори - Владата, политичката власт и граѓанското општество се подготвени да учествуваат во дијалогот не само за прашањето за името, туку и за унапредување на билатералната соработка, бидејќи на сите овде им е јасно дека неговата земја е излезот кон ЕУ-интеграциите за оваа земја. Ги повтори и ставовите кои Атина ги турка во врска со Македонија - дека не е проблем само фамозниот спор за името, туку, воопшто, исполнувањето на Копенхашките критериуми, особено во делот на добрососедските односи. Тој вети дека ќе го покани неговиот македонски колега, во Солун на министерскиот состанок за одбележување на Солунската агенда како одлична можност за нов поттик на евроинтеграција на регионот, а најави и нови билатерални средби во Скопје или во Атина кои досега вешто ги избегнуваа. Па ајде да видиме колку ќе си стои на зборот. И нормално на почетокот се обраќаше со оваа земја", но откако слушна Република Македонија во новинарско прашање, во своето понатамошно излагање постојано потенцираше Поранешна Југословенска Република Македонија". Единствено во Скопје од целата турнеја, гостинот од Атина се обрати од ЕУ инфо-центарот, а не според практиката, во Министерството за надворешни работи. Според македонскиот министер, неговиот јужнососедски колега не сакал да одржат заедничка прес-конференција можеби затоа што не му се допаѓа позадината", алудирајќи на паното во македонското МНР на кое е испишано уставното име на Република Македонија и ги има македонското и европското знаме. Па и нека е така, ама тој со свои очи не само што го виде името Република Македонија, туку не можеше да замижи и пред спомениците на Александар Македонски и Филип втори кои му бодеа очи. Колку ми се наполни душичкава!!! Но нејсе. Без разлика на најразличните полемики, ставови, размислувања, разговори меѓу македонскиот шеф на државата, министерот за надворешни работи и останатите од политичкиот свет во Македонија и гостинот оттаму јужно, сепак вистината е една - Дури и ако Македонија и јужниот сосед се согласат на „заеднички прифатливо“ име, тие таму доле јужно нема да и дозволи на Македонија да влез во ЕУ или во НАТО. Тие таму доле јужно секогаш ке најдат некоја причина да ја блокираат Македонија на секој можен начин. Но колку сакаат нека ни прават сопки, од вистината не можат да побегнат или да ја избришат-ние сме библиско име, со своја милениумска традиција, култура, јазик, цивилизација. Знаете ли – Македонија е вечна!!!
\or|ija - Xorx Atanasoski
Македонија од ЕУ да добие „статус на функционална пазарна економија“ бидејќи ужива економска слобода каква што немаат половина од актуелните членки на унијата, побара известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Ричард Ховит
ХО В И Т Б А РА Е У Д А Ј А Н А Г РА Д И М А К Е Д О Н И Ј А
СТАТУСОТ ФУНКЦИОНАЛНА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА КАКО НАГРАДА М
акедонија од ЕУ да добие „статус на функционална пазарна економија“ бидејќи ужива економска слобода каква што немаат половина од актуелните членки на унијата, побара известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Ричард Ховит. "Ова ќе ја направи земјата прва во регионот со ваков статус. Индексот на економска
слобода , објавен во The Wall Street Journal минатиот месец, ја става земјата пред 13 земји кои се веќе членки на ЕУ. Доделувањето на овој статус може да помогне да се обезбедат повеќе странски инвестиции и претставува можност да се направи конкретен чекор напред во интерес на идното членство на оваа земја во ЕУ“ , изјави Ховит. Тој , исто така, упати повик до 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
грчкото претседателство со ЕУ да стави крај на ќор-сокакот со земјата. Според него, напорите за решавање на името кои траат веќе дваесет година фрлаат сомнеж на кредибилитетот на ОН да го реши прашањето за името. Ховит следниот четврток ќе дојде во Македонија, да ги пренесе ставовите од дискусијата во Парламентот по Извештајот за Македонија.
ПИСМО ОД АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕНИ ДО КЕРИ конгресмените Мајкл Тарнер и Елиот Енгел, со кое се бара прием на Македонија и Црна Гора во НАТО на претстојниот самит во Велика Британија во септември. Со писмото, упатено до американскиот државен секретар Џон Кери, воедно се бара и унапредување односно отворање на МАП процесот за Босна и Херцеговина и Грузија, како и внесување на Косово во програмата Партнерство за мир
ПОБАРАН ПРИЕМ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО НА САМИТОТ ВО В. БРИТАНИЈА
Г
рупа од 40 американски конгресмени се потпишаа на писмото, подготвено од конгресмените Мајкл Тарнер и Елиот Енгел, со кое се бара прием на Македонија и Црна Гора во НАТО на претстојниот самит во Велика Британија во септември. Со писмото, упатено до американскиот државен секретар Џон Кери, воедно се бара и унапредување односно отворање на МАП процесот за Босна и Херцеговина и Грузија, како и внесување на Косово во програмата Партнерство за мир. - Сметаме дека САД треба да продолжи со тесна соработка со аспирантските земји Грузија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и со другите земји од средна и источна Европа, кои бараат поблиски односи со САД и со НАТО. Цврсто веруваме дека искрената перспектива за членство во НАТО за оваа актуелна група земји – аспирантки дополнително ќе ги засили демократските институции и вредности и ќе ја зголеми стабилноста и
безбедноста во регионот, пишува во писмото упатено до секретарот Кери. Конгресмените го предупредуваат секретарот Кери дека искуството со Украина, и нејзиното одбивање да потпише договор за асоцијација со Европската Унија и оддалечување од НАТО интеграциите, се потсетник за опасностите од пре04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
кинувањето на проширувањето на Алијансата. Конгресмените предупредуваат на опасноста од притисоци врз земјите – аспирантки од страна на ‘надворешни сили кои сакаат да го поделат континентот и да ја поткопаат посветеноста на визијата за обединета, слободна и мирољубива Европа’.
Евроскептицизмот, прашањето за емигрантите, како и европската криза не се сојузници на процесот на проширувањето на ЕУ, но Германија ја продолжува поддршката Република Македонија што поскоро да ги почне преговорите за членство со ЕУ, се пораките на Берлин до македонските парламентарци, кои два дена се гости на фондацијата „Конрад Аденауер“, јавува Дојче веле
ГЕРМАНСКА ПОДДРШКА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ
ДЕБЛОКАДА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА СО СЛОВЕНЕЧКО ХРВАТСКИОТ МОДЕЛ еблокирањето на евроинтеграцијата на Македонија со примена на словенечко-хрватскиот модел била тема на разговорите меѓу групата пратеници од македонското Собрание и претставници на германскиот Бундестаг и на владата во Берлин. Евроскептицизмот, прашањето за емигрантите, како и европската криза не се сојузници на процесот на проширувањето на ЕУ, но Германија ја продолжува поддршката Република Македонија што поскоро да ги почне преговорите за членство со ЕУ, се пораките на Берлин до македонските парламентарци, кои два дена се гости на фондацијата „Конрад Аденауер“, јавува Дојче веле. Германскиот пратеник Петер
Д
Вајс оценува дека вреди да се направи обид и на Македонија да и се дозволи поинаков пат на интеграција од досегашниот. Антонио Милошоски, кој ја предводеше македонската делегација во Берлин, изјави дека во Бундестагот постои група на добри познавачи и пријатели на регионот кои се расположени да ја разгледаат иницијативата за примена на словенечко-хрватскиот модел при преговорите за членство во ЕУ и за Македонија. - Тоа значи поведување одредени иницијативи кои ќе создадат околности Македонија и Грција паралелно да разговараат и за членството во ЕУ и за разликите во името. Така тие два процеси наместо да се косат еден со друг, како што е досега, би се стимули05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
рале со заедничка мотивација што поскоро да се стигне до двете цели, појаснува Милошоски. Македонските пратеници биле информирани дека следното проширување на Европската унија со која било земја членка од регионот, би се случило во 2018 или 2019 година. - Она што ни беше посочено е дека Владата на Самарас и грчката дипломатија преземаат разни чекори Република Македонија да не ги отпочне преговорите со ЕУ до 2018. Или, доколку ги отпочне, тие да не завршат во краток рок или да бидат одолговлекувани за да не може Македонија да се приклучи кон земјите кои имаат шанси да бидат дел од наредното проширување на Унијата по 4 или 5 години, коментира Милошоски.
- Го поздравуваме писмото упатено до секретарот Џон Кери со кое членови на Конгресот на САД ја изразија својата поддршка за проширување на НАТО. Натамошното проширување на Алијансата секогаш беше значајна цел, особено за приемот на Македонија и Црна Гора. Ние постојано ја поддржуваме работата на Коалицијата за централна и источна Европа и на Обединетата македонска дијаспора и нивните напори за членство во НАТО
У
нгарската американска коалиција, организација која ги застапува Унгарците што живеат во САД, упати повик со поддршка за приемот на Македонија во НАТО, во пресрет на самитот на НАТО планиран за септември во Британија. - Го поздравуваме писмото упатено до секретарот Џон Кери со кое членови на Конгресот на САД ја изразија својата поддршка за проширување на НАТО. Натамошното проширување на Алијансата секогаш беше значајна цел, особено за приемот на Македонија и Црна Гора. Ние постојано ја поддржуваме работата на Коалицијата за централна и источна Европа и на Обединетата македонска дијас-
ПОДДРШКА ЗА ПРИЕМ НА М А К Е Д О Н И Ј А В О Н АТО
УНГАРСКАТА АМЕРИКАНСКА КОАЛИЦИЈА ДАВА ПОДДРШКА ЗА ПРИЕМОТ пора и нивните напори за членство во НАТО. Сите иницијативи кои ќе го охрабрат спроведувањето на акцискиот план за членство и на Грузија и Босна и Херцеговина исто така треба да бидат поддржани. Во 2014 година одбележуваме 15 години од приемот на Унгарија, Полска и Чешка во НАТО, и важно е да се потсетиме на првичните иницијативи за засилување на Алијансата и за ширење на зоната на безбедност врз целата Ев06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
ропа. Сметаме дека проширувањето на НАТО е критично за идната релевантност и виталност на Алијансата, пишува во реакцијата на Унгарската американска коалиција. Унгарската организација е дел од Коалицијата за Централна и Источна Европа, која се залага за приемот на поголем број држави од овој регион во НАТО, и за таа цел остварува средби со американската администрација и Конгресот.
- Не сум сигурен дека господинот Даниелсон се изразил на начинот на кој е протолкуван во неговата изјава. Она што тој го кажа е и она што е генералната позиција на Европската комисија кога станува збор за Македонија. Оваа позиција е многу јасна во однос на прашањето за името и се наоѓа во стратешкиот документ кој е објавен заедно со прогрес-извештајот за Македонија минатиот октомври. Во овој стратешки документ за политиката за проширување ние велиме дека веруваме оти одлуката за отворање на пристапните преговори ќе придонесе за општото подобрување на добрососедските односи, дециден е Стано во изјава за МИА
Е К О С ТА Н У В А Н А С В О Ј О Т ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА
ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ И РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ВО РАНА ФАЗА
П
ортпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петер Стано, истакна дека ЕК останува на својот предлог-барање за отворање на пристапните преговори со Македонија и решавање на спорот со Грција во раната фаза на овој процес. Со ова тој денеска го демантираше директорот на Генералниот директорат за проширување, Кристијан Даниелсон, кој пред две недели во Скопје кажа дека Македонија ќе ги почне преговорите за членство откако ќе го реши наметнатото прашање за името. - Не сум сигурен дека господинот Даниелсон се изразил на начинот на кој е протолкуван во неговата изјава. Она што тој го кажа е и она што е генералната позиција на Европската комисија кога станува збор за
Македонија. Оваа позиција е многу јасна во однос на прашањето за името и се наоѓа во стратешкиот документ кој е објавен заедно со прогрес-извештајот за Македонија минатиот октомври. Во овој стратешки документ за политиката за проширување ние велиме дека веруваме оти одлуката за отворање на пристапните преговори ќе придонесе за општото подобрување на добрососедските односи, дециден е Стано во изјава за МИА. Како што е познато, пет години по ред, Комисијата оценува дека Македонија ги исполнува условите да почне пристапни преговори, но, поради блокадите од страна на Грција 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
на Самитите на Европскиот совет, барањата и оценките на неформаланта Влада на ЕУ не се уважуваат и Македонија не може да почне да преговара за членство во Унијата. - Ние како Европска комисија, неколку пати ја повторивме нашата подготвеност да подготвиме преговарачка рамка за да се справиме со овие прашања и да презентираме предлог за преговарачка рамка кој ќе ја земе предвид потребата за решавање на прашањето за името во раната фаза од пристапниот процес. Земјите-членки не одлучиле за ова се уште, но тие ветија дека годинава ќе се вратат на ова прашање, вели Стано.
РОБИН О'НИЛ Доколку не биде примена во НАТО на следниот Самит, Македонија треба да бара прием во ОН под уставното име, изјави првиот посредник во грчко-македонскиот спор околу името, Робин О'Нил во интервјуто за ТВ Сонце
Д
околку не биде примена во НАТО на следниот Самит, Македонија треба да бара прием во ОН под уставното име, изјави првиот посредник во грчко-македонскиот спор околу името, Робин О'Нил во интервјуто за ТВ Сонце. „Формалната позицијата на НАТО во врска со прием на нови членови и натаму е дека „членството е отворено за која било друга европска држава во позиција да ги унапреди принципите на овој договор и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област“. Сега Македонија сосема јасно ги исполнува и двата овие услови, и навистина веќе придонесува за безбедноста на НАТО преку својата посветеност на теренот во операциите на НАТО. И според мене, политиката на НАТО на постапување преку консензус не мора да биде секогаш како барање за едногласност, и мислам дека НАТО во минатото дејствувал и во случаите каде што постоеше консензус во корист на одредена акција, иако некои земји-членки не беа подготвени да одат заедно со него“, истакнува амбасадорот О'Нил. „Македонија треба да продолжи, да бара, да се направи напредок, да ја покаже својата добра волја и подготвеност да се најде решение, а во исто време да се обидува да ги убеди владите на земјите- членки на НАТО и на ЕУ, да ја примат Македонија во НАТО и да се отворат паралелно преговори за членство во ЕУ. Но, ако во септември Грција се уште продолжува да се противи на приемот на Македонија
МАКЕДОНИЈА ДА ПОБАРА ПРИЕМ ВО ОН ПОД
УСТАВНО ИМЕ во НАТО, мојот многу силен совет е дека Владата на Македонија, тогаш треба да оди во Обединетите нации и да бара резолуција од Генералното собрание за признавањето на Македонија под нејзиното правно име во меѓународното право, како Република Македонија. Аргументите би биле, дека Грција во текот на еден период од повеќе од 20 години одбива да преговара сериозно 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
околу прашањето на името, и дека употребата на Македонија на своето законско име за тоа време не предизвикало, никаква штета ниту за стабилноста во Грција или во Балканскиот регион. Во случај, потоа, обиди да се направат да се вклучи Советот за безбедност, ќе биде важно да се добие поддршка и можеби помош од Русија, а исто така од Кина, посочува во интервјуто Робин О'Нил.
В Е Н И З Е Л О С В О П О С Е ТА Н А С К О П Ј Е Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос и актуелен претседавач на Советот на министрите на ЕУ, денеска (20.02.2014) е во Скопје на средби со македонскиот државен врв. Министерот за надворешни работи Никола Попоски прв го пречека Венизелос
МУ СМЕТАЛ НАТПИСОТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Ш
ефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос и актуелен претседавач на Советот на министрите на ЕУ, денеска (20.02.2014) е во Скопје на средби со македонскиот државен врв. Министерот за надворешни работи Никола Попоски прв го пречека Венизелос. По средбата Попоски изјави дека меѓу другото наметнатиот спор од страна на јужниот сосед за името на Република Македонија бил тема на денешната средба. “Од наша страна е прашање за кое мораме отворено да дискутираме бидејќи знаеме дека е тоа клучната пречка која ни е поставена за влез во Европската унија и НАТО“, рече Попсоки. За тоа зошто Венизелос само во Скопје не одржува заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата на земјата во која престојува во рамки на неговата балканска турнеа, Попоски рече дека тоа “е можеби затоа што не му се допаѓа заднината“. Венизелос денеска исто така оствари средба со претседателот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски како и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими. “Овозможувањето на паралелно движење на процесот за решавање на билатералното пра-
шање и процесот на пристапни преговори за членство во ЕУ, доколку се примени во нашиот случај, ќе биде од корист не само за Република Македонија, туку и за Република Грција и за целиот регион“, изјави македонскиот претседател. Иванов исто така истакна дека е потребно да се следи примерот на двете општества, потребно e зголемување на меѓусебната доверба, што ќе се постигне преку почести контакти на сите нивоа. “Не доликува на две европски соседни земји во 21 век да не комуницираат на највисоко политичко ниво. Меѓу нашите земји има огромни можности и потенцијали за соработка во сите сфери од заемен интерес", додаде Иванов повторувајќи ја отворената покана за посета на грчкиот претседател на Република Македонија. “Потребно е забрзување на процесот на европска интегра09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
ција на Република Македонија и на земјите од Западен Балкан, во рамките на позитивниот дух на Солунскиот Самит 2003 и Стратегијата за проширување на ЕУ за Западен Балкан 2013-14“, изјави Бесими по средбата со Венизелос. Исто така премиерот Груевски на средбата со Венизелос изрази убедување дека грчкото Претседателство со ЕУ ќе ги зајакне перспективите на ЕУ за Балканот во согласност со Солунската агенда. “Потребно е да се посвети внимание на продолжувањето на дијалогот за спорот за името под покровителство на ОН, но и разговори на билатерално политичко ниво кои можат да создадат синергија за перспективно намалување на разликите за што е неопходна посветеноста и искрена волја од двете страни“, соопштија од кабинетот на Груевски.
“МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ“: “Престанете да се служите со лаги, притисоци, уцени и закани кон Република Македонија на нејзиниот пат за интегрирање во Еропската унија и НАТО“, се вели во писмото адресирано за Венизелос кој во четворток ќе ја посети Република Македонија како претседавач со Советот на министри на Европската унија
НЕМАТЕ ПРАВО ВИЕ ДА И СУДИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Г
раѓанската организација “Македонски манифест“, упати отворено писмо до заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос во кое се бара, неговата земја да престане да ја држи Европската унија како заложник. “Престанете да се служите со лаги, притисоци, уцени и закани кон Република Македонија на нејзиниот пат за интегрирање во Еропската унија и НАТО“, се вели во писмото адресирано за Венизелос кој во четворток ќе ја посети Република Македонија како претседавач со Советот на министри на Европската унија. Членовите на “Македонски манифест“, со став дека посетата на Венизелос ќе биде тест за македонскиот државен врв, за да се дознае кој е патриот, а кој предавник на Република Македонија. Од “Македонски манифест“ сеуште немаат одлучено како ќе го дочекат Венизелос
во Скопје, но не ја исклучуваат можноста тој да биде дочекан со протести. Иницијативниот одбор побара, кон Европската унија да се гледа критички. “Македонските политичари без ракавици и дипломатски речник да му се обратат на Европската унија и Венизелос и да му ја кажат вистината за тоа како се однесува и како треба да се 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
однесува“, велат од “Македонски манифест“. Во отвореното писмо до Венизелос меѓу другото стои дека Грција е таа која ги присвојува античкото македонско наследство, феникиската, семитската и други источни култури повеќе од 2.000 години за да го изгради митот на Елада како лулка на европската цивилизација, не Македонија.
П О Л О Ж Б АТА И Положбата и правата на Македонците во Албанија, со посебен акцент на образованието и новата територијалната поделба, биле главните теми на средбата остварена синоќа во Корча на генералниот секратар на Mакедонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски со Фејзо Нуманај, преставник при канцеларијата на амбасадорот на ОБСЕ во Албанија
ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА
П
оложбата и правата на Македонците во Албанија, со посебен акцент на образованието и новата територијалната поделба, биле главните теми на средбата остварена синоќа во Корча на генералниот секратар на Mакедонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски со Фејзо Нуманај, преставник при канцеларијата на амбасадорот на ОБСЕ во Албанија. На средбата, како што пренесува весникот Македониум, Нуманај, беше запознат за положбата и правата на Македонците во Албанија, за недостатокот на учебници на македонски јазик во општина Пустец, за затворањето на училиштето на македонски јазик во селото Врбник како и за неможноста за изучување на македонскиот јазик на македонските деца надвор од Мала Преспа. “Од потребните 55 учебници кој што треба да се испечатени на македонски јазик, албанската власт иако е обврзана со закон, досега се испечатени само 14 учебници. Исто така амбасадорот на ОБСЕ беше запознат за неможноста за изучување на македонскиот јазик на македонските деца во областите Гора и Голо Брдо и во
градовите населени со македонци“, изјави Стерјовски. На средбата станало збор и за новата територијална поделба каде се предвидува укинување на македонската општина Пустец. “Евентуалното укинување на македонските општини би било грубо прекршување на малцин11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
ските права, би значело еден процес на асимилација на македонската заедница“, додаде Стерјовски. На средбата беше побарана подршка од ОБСЕ да македонските општини во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора со евентуалната територијална поделба да не се укинуваат.
АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ XVI ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО ВА - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална. Фактичка состојба. ВЕ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во идејна замисла во аурите Сончеви, лудски и природни по место и време. ВИ - Богот, Божестевната Светлина Сончева астрална во процес на раѓање и зголемување.
ВО - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на вознесување и на возвишеност. ВУ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на пад од возвишеноста. В - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална како стварност воопшто. С - Светлината Сончева како стварност воопшто.
ВЕРАТА како учење, и ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) како единствен стар, древен, антички Македонски и Светски Бог. Зборот ВЕРАТА ја има религиозната состојба на аурите сончеви по циклуси денски и годишни на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Со секој нов денски или годишен циклус на Сонцето, со неговата аура на Небото и на Земјата, се потврдуваат вечните религиозни дејства и состојби кои се СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ и ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ над негативноста во природата и меѓу луѓето. Таа негативност е темнината ноќна и студот зимски во природата, како и душевниот мрак во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата. Религиозната состојба која е ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) над ТА(ТЕМНИНАТА) е напишана и искажана од старите, древни, антички Македонци, верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО, или тој стар антички Македонски јазик, тоа е постоењето на зборот ВЕРАТА. Зборот ВЕРАТА од античка Македонија до денес, до современа Македонија има две свои основни важни значења. Како прво е искажувањето и разбирањето на значењето на зборот ВЕРАТА како состојби на убеденост во ВИСТИНАТА во која се верува. Другото значење, е разбирањето и
По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски значењето на исповед на одредена религија на народ по место и време на живеење. Тие две многу важни состојби на изразување и разбирање со зборот ВЕРАТА во денешниот современ Македонски јазик се многу важни и не се случајни, туку се плод на тоа чисто, здраво и илјадолетно паметење на Македонскиот народ. Со значењето и постоењето на зборот ВЕРАТА се толкува убеденоста, верувањето во ВИСТИНАТА. Тоа е СВЕТЛИНАТА позитивна, астрална, Божествена вечна во аурата Сончева и која создава, твори вечно на Земјата, е останата како паметење од времето на Религијата на Сонцето од античка Македонија наречена ВЕРАТА. Со значењето на зборот ВЕРАТА и со искажување на одредена народна религија во денешно време по место и време на живеење на Земјата, е презентиран само еден симболички назив на тоа нивно учење и пракса како ВЕРА, но и не ВЕРАТА вистинска, која има основен, главен и единствен Бог, а тоа е ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ). Значи, по учењето и начинот на живеење според Религијата на Сонцето или ВЕРАТА како збор кој по Светото писмо може да се употреби и изрази како значење само за тоа старо време на ученње и начин на живеење, според Религијата на Сонцето, или ако се денес изворно се возобнови повторно тоа ученње и начин на живеење ќе ги имаме истите имиња како зборови со нивните изворни значења на ВЕРАТА, а со тоа и на РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. ВЕРБА – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) Р(СОНЦЕ) БА(ЗЕМНО) ВЕРБЕ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) Р(СОНЦЕ) БЕ(ЗЕМНО) ВЕРБИ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) Р(СОНЦЕ) БИ(ЗЕМНО) ВЕРБО – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) Р(СОНЦЕ) БО(ЗЕМНО) ВЕРБУ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) Р(СОНЦЕ) БУ(ЗЕМНО) ВЕРБАТА – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) Р(СОНЦЕ) БА(ЗЕМНО) над ТА(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВА – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ (СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) ВЕРУВАД – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ (СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Д(СВЕТЛО ДНЕВНО) ВЕРУВАВ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) В(БОЖЕСТВЕНОТО) ВЕРУВАФ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Ф(ЗРАЧЕЧКО) ВЕРУВАЛ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Л(ЛЈУДСКО) ВЕРУВАЈ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Ј(ВНАТРЕШНО) ВЕРУВАМ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) М(МОЈЕ) ВЕРУВАН – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ)
ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Н(НАШЕ) ВЕРУВАХ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Х(СЕГАШНО) ВЕРУВАЖ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Ж(ПРОСТОРНО) ВЕРУВАШ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Ш(СОЕДИНУВАЧКО) ВЕРУВАЧ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Ч(ЧЕЛНО) ВЕРУВАТ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) над Т(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАА – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) А(НАД) ВЕРУВАЛИТЕ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) ЛИ(ЛЈУДСКО) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАЛИЈОТ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) ЛИ(ЛЈУДСКО) ЈО(ВНАТРЕШНО) над Т(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАЈТЕ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНОТО) Ј(ВНАТРЕШНО) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАЈКИТЕ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) Ј(ВНАТРЕШНО) КИ(ВОЗВИШУВАЧКО) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАМЕТЕ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) МЕ(МОЈЕ) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАНЈЕТО – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ (СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) Н(НАШЕ) ЈЕ(ВНАТРЕШНО) над ТО(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАНИТЕ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ (СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) НИ(НАШЕ) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАНИЈОТ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) НИ(НАШЕ) ЈО(ВНАТРЕШНО) над Т(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАНОСТА – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) БОЖЕСТВЕНОТО) НО(НАШЕ) С(СВЕТЛО) над ТА(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАХАТЕ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) ХА(СЕГАШНО) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАШЕТЕ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ (СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) ШЕ(СОЕДИНУВАЧКО) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) ВЕРУВАЧКИЈОТ – ВЕ(БОЖЕСТВЕНОТО) РУ(СОНЦЕ) ВА(БОЖЕСТВЕНО-ТО) Ч(ЧЕЛНО) КИ(ВОЗВИШУВАЧКО) ЈО(ВНАТРЕШНО) над Т(ТЕМНИНАТА) ПРОДОЛЖУВА
С ТА В Р Е С К И : “Државниот долг на Република Македонија до крајот на декември изнесувало 34,3 проценти од Бруто домашниот производ, и е четврти најнизок долг во Европа“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ржавниот долг на Република Македонија до крајот на декември изнесувало 34,3 проценти од Бруто домашниот производ, и е четврти најнизок долг во Европа“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според него состојбите со догот без оглед на тоа дали е државен јавен, гарантен или долг на Народната банка на Македонија, се транспарентни и објавувани на страницата на Министерството за финансии. Одговарајќи на вчерашните обвинувања од СДСМ околу јавниот долг, Ставрески појасни дека сите податоци за долгот се објавуваат во претпристапната економска програма и секоја година Министерството доставува до Собранието годишен извештај за долгот. “Мислам дека има голема доза на непотребен сензационализам во настапите на СДСМм околу ова прашање бидејќи нема ништо ново. Се користи податок којшто е објавен во претпристапната економска програма од минатата година. Тоа е податок што од септември 2012 до септември 2013 година беше објавуван на сите веб страници како претпристапна еко-
ДРЖАВНИОТ ДОЛГ 34,3 % ОД БДП
Д
"
номска програма. Значи секој оној што сака да ги добие овие податоци има мноштво извори од каде може да ги црпи овие податоци“, додаде Ставрески. 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
Опозициската СДСМ, вчера, излезе со тврдење дека јавниот долг на државата надминува 44 проценти од Бруто домашниот производ.
ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА Владата го објави шестиот јавен повик за доделување концесија за изградба на 80 мали хидроцентрали во Република Македонија. Вицепремиерот за економски парашања Владимир Пешески и министерот за екологија Абдулаким Адеми денеска соопштија дека Владата направи неколку корекции за да ја подобри атрактивноста на локациите за изградба на мали хидроцентрали
ИЗГРАДБА НА 80 МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ
В
ладата го објави шестиот јавен повик за доделување концесија за изградба на 80 мали хидроцентрали во Република Македонија. Вицепремиерот за економски парашања Владимир Пешески и министерот за екологија Абдулаким Адеми денеска соопштија дека Владата направи неколку корекции за да ја подобри атрактивноста на локациите за изградба на мали хидроцентрали. “Веруваме дека со направените корекции ќе привлечеме поголем број инвеститори за повикот кој е во тек“ изјави Пешески. Право на учество на повикот имаат сите домашни и странски правни лица кои ќе ги исполнат бараните услови, а доколку се изградат сите предвидени 80 мали хидроцентрали вкупната инвестиција се предвидува да изнесува 170 милиони евра, а нивната инсталирана моќ да биде 63 мегавати. “Направени се 16 групи во кои се групирани 48 локации за изградба на мали централи со што на известиторите им се дава можност да конкурираат за концесија за изградба на две терот Адеми. Од досега објавените пет подо три хидроцентрали. Другите 32 локациии ќе бидат поеди- вици за изградба на мали хиднечно понудени“, рече минис- роцентрали, потпишани се 67 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
договори, а целосно се изградени 14 мали хидроелектрани, додека останатите се во фаза на градба.
И НФРАС ТРУК Т УРА
Б У ГА Р И Ј А И М А К Е Д О Н И Ј А
Република Бугарија и Република Македонија ќе ги интензивираат напорите за промовирање на добрососедските односи и соработка , вклучително и преку проекти и иницијативи кои би можеле да имаат практична вредност не само за двете земји, туку и за целиот регион. Ова се наведува во заедничкото писмо на министрите за надворешни работи на Република Бугарија и на Република Македонија - Кристијан Вигенин и Никола Попоски , до еврокомесарот за проширување Штефан Филе и комесарот за регионална политика Јоханес Хан
СО ПИСМО ДО ЕКПОДДРШКА НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ Р епублика Бугарија и Република Македонија ќе ги интензивираат напорите за промовирање на добрососедските односи и соработка , вклучително и преку проекти и иницијативи кои би можеле да имаат практична вредност не само за двете земји, туку и за целиот регион. Ова се наведува во заедничкото писмо на министрите за надворешни работи на Република Бугарија и на Република Македонија
- Кристијан Вигенин и Никола Попоски , до еврокомесарот за проширување Штефан Филе и комесарот за регионална политика Јоханес Хан. Двата министри ја потврдуваат подготвеноста на двете земји да ги прошират контактите меѓу надлежните институции за да обезбедат подобра координација и спроведување на заедничките проекти во области како што се инфраструктурата, економијата и 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
подобрување на севкупното поврзување на регионот. “Сметаме дека треба да биде дадено приоритетно значење на постоечките проекти, кои се насочени кон развој на патната и железничка инфраструктура, со посебно внимание на Коридорот 8“, велат Вигенин и Попоски, додавајќи дека доделувањето на поголема финансиска помош за завршување на овие проекти е од клучно значење.
ИЗБОРИ Конзулатите во САД информираат дека македонските државјани покажуваат добар интерес за гласање, во пресрет на 7. март, крајниот рок до кога граѓаните во дијаспората можат да се пријават за гласање за претседателските избори. За првпат Македонците кои живеат во странство ќе можат да гласаат за претседател, и тоа на 12. април, ден пред гласањето во Република Македонија
САД
МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ СЕ ПРИЈАВУВААТ ЗА ГЛАСАЊЕ
К
онзулатите во САД информираат дека македонските државјани покажуваат добар интерес за гласање, во пресрет на 7. март, крајниот рок до кога граѓаните во дијаспората можат да се пријават за гласање за претседателските избори. За првпат Македонците кои живеат во странство ќе можат да гласаат за претседател, и тоа на 12. април, ден пред гласањето во Република Македонија. Македонските граѓани во странство мора да се пријават во амбасадата или конзулатот каде ќе гласаат, и притоа да донесат копија од македонскиот пасош, копија од визата или од зелената карта со која престојуваат во странство, и да пополнат пријава за гласање. Освен во дипломатските претставништва, граѓаните можат да се пријават и преку интернет страницата на Државната изборна комисија. Пријавувањето трае до 7. март. Гласањето во Северна Америка ќе се врши во амбасадите во Вашингтон и Отава, како и во конзулатите во Њујорк, Детроит, Чикаго и Торонто, каде се очекува и најголем одзив. Од мисиите во САД велат дека поради пријавувањето преку интернет страницата на Државната изборна комисија немаат точна проценка колку граѓани досега се пријавиле за гласање, но додаваат дека интересот е добар. Како главна пречка при пријавувањето за гласање за претсе-
дателските избори се наведува тоа што дел од граѓаните немаат валиден, биометриски пасош. Затоа конзулатите во Детроит и Чикаго, во изминатиот период, со 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
мобилната станица која ја користат, максимално биле ангажирани на пријавување на сите заинтересирани граѓани за издавање на нови патни исправи.
КОТЕСКИ: “Моментално Генералштабот на АРМ изработува динамички план за повлекување на единиците од Авганистан и врши анализа за ангажирањето по 2014 година во Авганистан во смисла на начинот на ангажирање и избор на партнери со кои ќе учествуваат“, рече Котески
Б
орбената готовност на единиците на Армијата на Република Македонија во моментов е задоволителна, оцени началникот на ГШ генерал-потполковник Горанчо Котески пред врховниот командант на воружените сили Ѓорге Иванов. На состанокот на кој учествуваа и министерот за одбрана Талат Џафери, како и воен персонал од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ станало
БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ НА ЕДИНИЦИТЕ НА АРМ Е ЗАДОВОЛИТЕЛНА
збор и за приоритетите на Армијата во 2014 година, а беа доставени и одредени предлози за подобрување на борбената готовост. Котески очекува дополнително позитивно влијание да има и Долгорочниот план за развој на одбраната, што во декември го усвои Владата, а во кој модернизација на Армијата е битен сегмент. “Моментално Генералштабот 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
на АРМ изработува динамички план за повлекување на единиците од Авганистан и врши анализа за ангажирањето по 2014 година во Авганистан во смисла на начинот на ангажирање и избор на партнери со кои ќе учествуваат“, рече Котески. Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на ГШ на АРМ кон претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили.
ПАНАХИДА ПО ПОВОД Свежо цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев положија делегации на државни и локални институции, општини и здруженија на граѓани. Цвеќе беше положено и пред спомениците на плоштадот “Македонија“ и во Градскиот парк. Гоце Делчев е роден на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола Како учител во штипско Ново Село и во Банско значително придонесува во подготовките за вооруженото востание
П
о повод 142 години од раѓањето на Гоце Делчев денеска во црквата “Св. Спас“ во Скопје, во која се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер и идеолог, се одржа панихида. Свежо цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев положија делегации на државни и локални институции, општини и здруженија на граѓани. Цвеќе беше положено и пред спомениците на плоштадот “Македонија“ и во Градскиот парк. Гоце Делчев е роден на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Како учител во штипско Ново Село и во Банско значително придонесува во подготовките за вооруженото востание. На пат за Конгресот во Сер, во 1903 година, Делчев преноќил во селото Баница. Предаден и опколен, бил убиен од турската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница.
142 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
- Изнаоѓањето патишта за канонизација на МПЦ е многу важно во овој момент. Канонскиот статус на вашата црква е од голема важност затоа што ќе го обезбеди македонскиот идентитет, јазик и култура, изјави рускиот патријарх г.г Кирил. Тоа што е МПЦ надвор од семејството на канонските цркви, истакна тој, ја ослабува позицијата на МПЦ. Рускиот патријарх позитивно ги оцени дваесетите години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји
С Р Е Д Б А Г. Г. К И Р И Л - П Р Е ТС Е Д АТ Е Л И В А Н О В В О М О С К В А
Г.Г. КИРИЛ ЌЕ ПОМОГНЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА МПЦ-ОА
П
атријархот на Руската православна црква г.г. Кирил нагласи дека е подготвен да вложи напори за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, на денешната средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во неговата резиденција во Кремљ, Москва. - Изнаоѓањето патишта за канонизација на МПЦ е многу важно во овој момент. Канонскиот статус на вашата црква е од голема важност затоа што ќе го обезбеди македонскиот идентитет, јазик и култура, изјави рускиот патријарх г.г Кирил. Тоа што е МПЦ надвор од семејството на канонските цркви, истакна тој, ја ослабува позицијата на МПЦ. Рускиот патријарх позитивно ги оцени дваесетите години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, потенцирајќи дека главен извор на нашата заедничка историја се браќата просветители Кирил и Методиј.
Претседателот Иванов упатувајќи му поздрав од архиепископот и свештенството на МПЦОА нагласи дека нашата црква е жива црква. - Она што е христијанска доблест трпението треба да го имаат предвид и нашите верници дека секој пат црковните пра20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
шања постепено преку дијалог и создавање доверба да наоѓаат решение, рече Иванов, изразувајќи надеж дека средбата со рускиот патријарх ќе биде во корист токму на тој воспоставен дијалог меѓу црквите за да се нудат решенија во корист на верниците.
П Р В АТА П Е В И Ц А О Д МАКЕДОНИЈА На сцената на која пеат славните Рене Флеминг, Ана Нетребко, Пласидо Доминго, Сузана Филипс, Дмитри Хворостовски и уште многу други врвни оперски гласови, на сцената на најголемата оперска куќа во светот „Метрополитен“ во Њујорк, во октомври годинава ќе настапи и нашата Ана Дурловски
АНА ДУРЛОВСКИ ВО "МЕТРОПОЛИТЕН"" "МЕТРОПОЛИТЕН
Н
а сцената на која пеат славните Рене Флеминг, Ана Нетребко, Пласидо Доминго, Сузана Филипс, Дмитри Хворостовски и уште многу други врвни оперски гласови, на сцената на најголемата оперска куќа во светот „Метрополитен“ во Њујорк, во октомври годинава ќе настапи и нашата Ана Дурловски. „Македонскиот славеј“, сопранот Дурловски, ќе биде првата певица од Македонија која ќе стапне на оперските штици што значат живот. На сцената која е потврда дека еден уметник е на вистинскиот пат, како што и самата изјави, во амбиент кој е сон за сите оперски солисти, диригенти, инструменталисти. Ана Дурловски ќе настапи во улогата на Кралицата на ноќта во операта „Волшебната флејта“ од Моцарт, улога која веќе ја претстави на други културни, оперски сцени, а со која дебатираше во Државната опера во Виена. По многубројните ангажмани во европските оперски куќи, оценети од критиката и пуб- ја добила поканата да гостува и по две аудиции, од кои едната ликата како врвни, Дурловски во најголемата оперска куќа, се одржала во Виена. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
Цедето содржи песни извадени од лонг плеј плочи во оригинална изведба на ансамблот 'Танец'. Ние во моментов имаме седум плочи и тие имаат раритетна вредност. Од предминатата година со помош на Министерството за култура ја дигитализираме архивата
НОВИ 19 НУМЕРИ ОД Б О ГАТ О Т О 6 5 Г О Д И Ш Н О ТВОРЕШТВО НА НАЦИОНАЛНИОТ АНСАМБЛ Н А И Г Р И И П Е С Н И ТА Н Е Ц " СЕ НАЈДОА НА ЦЕДЕТО " Н Е З А Б О РА В 2"
"НЕЗАБОРАВ 2" НА " ТАНЕЦ ТАНЕЦ"" Н
тото 65-годишно творештво на Националниот ансамбл на игри и песни Танец" се најдоа на цедето "Незаборав 2". Ова е вториот по ред носач на звук по "Незаборав 1", кој излезе во јавноста точно пред три години. Цедето содржи песни извадени од лонг плеј плочи во оригинална изведба на ансамблот 'Танец'. Ние во моментов имаме седум плочи и тие имаат раритетна вредност. Од предминатата година со помош на Министерството за култура ја дигитализираме архивата. Имаме и сопствена дигитална камера и фотоапарати за да ги забележиме сите наши настапи во странство. Сепак, постарите записи тешко се наоѓаат и затоа го направивме 'Незаборав 2'", истакна на вчерашната промоција во Музејот на македонската борба Зоран Џорлев, директор на ансамблот Танец'. Тој истакна дека годинава се очекуваат и нови цедеа со песни и ора на "Танец". наоѓаат и ора, но и групни пејачка група и солистички На цедето Незаборав 2" се песни од машка и женска настапи. 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
М О Н О Г РАФ И И З А Во порта „Македонија“ беа промовирани монографиите за македонските револуционери Пере Тошев и Апостол Петков од едицијата „Македонски дејци“. Монографијата за Пере Тошев е од авторот Михајло Миновски, а Апостол Петков е на Ванчо Ѓорѓиев
МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ ПЕРЕ ТОШЕВ И АПОСТОЛ ПЕТКОВ
В
о порта „Македонија“ беа п р о м о в и р а н и монографиите за македонските револуционери Пере Тошев и Апостол Петков од едицијата „Македонски дејци“. Монографијата за Пере Тошев е од авторот Михајло Миновски, а Апостол Петков е на Ванчо Ѓорѓиев. На промоцијата присуствуваа министрите за образование и наука и за култура Спиро Ристовски и Елизабета Канческа - Милевска. Целта на едицијата, според Ристовски, е одблизу да ги претстави делата на триесеттина македонски револуциоери, кои ги положиле своите животи за слободна и независна Македонија, а досега беа непознати. Издавањето на монографиите, додаде тој, фрлаат ново светло на овие значајни ликови од нашата историја, прикажувајќи многубројни досега необјавени факти и вистини за нивните животни приказни и идеолошко делување.
Директорот на Државниот архив Зоран Тодоровски изрази надеж дека со објавувањето и обработката на овие монографии македонската исторографија ќе се збогати со богата продукција на историското минато на Македонскиот народ. Историчарот Михајло Миновски, револуционерот Пере Тошев го смести во 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014
групата на четворицата великани на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, Ѓорче Петров и Даме Груев. Ѓорѓиев за Апостол Петков рече е човек за кој многу малку се знаело во сопствената држава, но оти за него се пишувало во Америка, Велика Британија.