787

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XIX, Број 787, Април 2014

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

"ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ОД МРТВИТЕ, СО СМРТТА СМРТТА ЈА ПОБЕДИ, И НА ОНИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРУВА!"

MONTHLY EDITION

GOLGOTATA NE GO UNI[TI BO@JOTO SLOVO

ВМРО-ДПМНЕ 61, СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 И НДП 1


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

Изборното цунами заврши. Помеѓу првиот и вториот изборен круг на претседателските избори 2014 и пред единствениот изборен круг на парламентарните избори 2014 година изборната вртоглавица ја достигна својата кулминација. Вчера Македонија гласаше и избра, а денес веќе се шират најразлични гласини. Некои велат имаше успешни, фер, демократски и слободни избори, изборите биле ефективни, без какви било инциденти. А пак здружената опозиција не го признава изборниот процес ниту за парламентарните избори, ниту за избор на претседател на државата. Факт е дека гласањето, барем за македонскиот политички блок, донесе две вистини. Едната дека Македонија на фер и демократски начин го избра петтиот претседател и осмиот парламентарен состав. Другата, дека на изборите власта спровела изборен грабеж и дека нема член ниту од Изборниот, ниту од Кривичниот законик во делот на изборни процеси, што не е прекршен, поради што целиот процес е нелегитимен, нема да се признае и ќе се бара да се формира техничка влада која ќе спроведе регуларни избори. Зарем не се свесни самите дека не се баш никаква сила и фактор да го бараат токму тоа. Нели знаат дека со тоа ја оспоруваат волјата на народот искажана на повекето избори во последнава деценија. Но нејсе, ова не се први избори во независна Македонија кои опозицијата не ги признава за легитимни. Неможноста да се проголта она за кое скоро сите знаевме дека ќе се случи, како и секогаш го исфрли ,,познатиот џокер скриен во ракав,, викан ,,ние ова не го признаваме,, со цел да ја прикрие својата партиска неспособност, кризата во своите редови. Сакаат да ги прелеат на државата и народот. Меѓутоа не сакам повеќе да навлегувам во ставовите и потезите на опозицијата. Едноставно ке го повторам она што многу одамна се вели-кој губи има право да се лути. Претходно бевме сведоци на агресивна кампања, но гласачите секогаш имаат свои причини за тоа дали да гласаат и доколку гласаат за кого да го дадат својот глас. Па така и овој пат македонските граѓани гласаа и го избраа старо новиот македонски претседател и партијата која стои зад него. Сега единствено ми останува да му ја честитам победата на старо-новиот претседателот со надеж дека и понатаму успешно и достоинствено ќе ја води напред нашата Македонија.

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


ДИК: За ВМРО-ДПМНЕ гласале 481.615 избирачи или 42,98 отсто, за СДСМ 283.955 или 25,34 процент, за ДУИ 153.646, за ДПА 66.393, за ГРОМ 31.610 гласачи, додека за НДП 17.783 гласачи. Излезеноста на предвремените парламентарни избори е 62,95 %

ВМРО-ДПМНЕ 61, СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 И НДП 1 В

МРО-ДПМНЕ во новиот собраниски состав ќе има 61 пратеник, СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1, покажува симулацијата на Државната изборна комисија според обработени 100 отсто или 3514 избирачки места. За ВМРО-ДПМНЕ гласале 481.615 избирачи или 42,98 отсто, за СДСМ 283.955 или 25,34 процент, за ДУИ 153.646, за ДПА 66.393, за ГРОМ 31.610 гласачи, додека за НДП 17.783 гласачи. Излезеноста на предвремените парламентарни избори е 62,95 %. Кандидатот за претседател на

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов на претседателските избори освои 534.910 гласови или 55,28 отсто, додека кандидатот 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

за претседател од СДСМ Стево Пендаровски 398.077 или 41,14 проценти. Излезеноста за претседателските избори е 54,38 проценти.


ХАНС КУШЛЕР: Ова го изјави Ханс Кушлер професор на Универзитетот во Инсбрук, Австрија и претседател на Меѓународната организација за напредок. Кушлер во интервју за Програмата “Гласот на народот“, на Тв Сонце, истакна дека името Македонија е право на земјата оти и Грција и Македонија имаат античка историја

М

акедонија има право да се именува како сака. Ова го изјави Ханс Кушлер професор на Универзитетот во Инсбрук, Австрија и претседател на Меѓународната организација за напредок. Кушлер во интервју за Програмата “Гласот на народот“, на Тв Сонце, истакна дека името Македонија е право на земјата оти и Грција и Македонија имаат античка историја. “Како суверена држава Македонија, секако, има право да си де-

МАКЕДОНИЈА ИМА ПРАВО ДА СЕ ИМЕНУВА КАКО САКА

финира име со кое земјата ќе биде именувана. Мора да се потсети дека голем дел од земјите членки на Обединетите нации ја признаа земјата со уставното име "Република Македонија" во спроведувањето на билатералните односи. Би било логично да се прифати оваа реалност и на меѓународно ниво, односно кога станува збор за мултилатерални прашања. Мора уште да се забележи дека Македонија веќе покажа флексибилност во спорот со 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

Република Грција, кога се согласи да го смени државното знаме во 1995 година, вели австрискиот професор“, рече Кушлер. Што се однесува до прашањето за официјалното име во односите на Македонија со НАТО и со Европската Унија и апликацијата на Македонија за членство во овие организации, вели, загрижен е и жали што овие ентитети не ја спроведуваат пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.


“Зачленувањето на Македонија во НАТО изминатите две децении е стратешка цел за која постои општествен консензус“, изјави министерот за одбрана Талат Џафери на денешното одбележување на 4. април денот на НАТО во Домот на АРМ, во Скопје

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА НАТО "

З

ачленувањето на Македонија во НАТО изминатите две децении е стратешка цел за која постои општествен консензус“, изјави министерот за одбрана Талат Џафери на денешното одбележување на 4. април денот на НАТО во Домот на АРМ, во Скопје. Министерот Џафери е убеден дека во септември на Самитот на НАТО во Велика Британија земјите членки високо на агендата ќе го стават и прашањето на проширување со Република Македонија. “Република Македонија ги споделува и ги промовираат истите вредности и интереси со земјите членки на Алијансата. На членството во НАТО се гледа како на суштински предуслов за спроведување на безбедноста и стабилноста што позитивно ќе влијае и врз деловната клима, економскиот раст и развој и благосостојбата на нашите граѓани“, рече министерто за одбрана. Шефот на канцеларијата на НАТО во земјава, полковникот Александар Александров вели дека Македонија активно се залага и е посветена за остварување на целта. “Јас на сите претходни настани и на овој гледам ентузијазам и посветеност на идејата на НАТО. Потенцијалот на

земјите членки на НАТО е огромен во однос на воените можности, економските капацитети и во учеството на креирање на политиката. Способноста на 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

Алијансата сама да се развива под денешните околности лежи во принципите на нејзината креација“, додаде Александров.


МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ ВО БРИСЕЛ На состанокот се разгледа актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, соопшти МНР, а воедно се разменија и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година

М

инистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски на 02-04-2014 учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат, во седиштето на НАТО во Брисел. На состанокот се разгледа актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, соопшти МНР, а воедно се разменија и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година. Министерот Попоски, преку своето излагање, ги презентира видувањата на Република Македонија за иднината на надворешното присуство во Авганистан по 2014 година. Министерскиот состанок во НАТО истовремено

МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК НА НАТО ВО ИСАФ - ФОРМАТ

беше и добра рамка неформално да се разменат видувања со колегите од земјите-членки на Алијан06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

сата околу перспективите на следниот Самит во септември, годинава во Кардиф.


Резолуцијата ги повикува Белата куќа и Стејт департментот да работат за да се обезбеди прием на Македонија во НАТО на самитот во Велика Британија во септември. “Високо ги цениме напорите на Македонија и нејзината посветеност заедно со САД и други земји да ги унапредува мирот, демократијата, стабилноста и заемното разбирање. Ги повикуваме администрацијата и Стејт департментот да продолжат да работат заедно со Македонија и да го поддржат проширувањето на НАТО со упатување покана за полноправно членство за Македонија

К

онгресменката Кендис Милер, која е на чело на Конгресната група пријатели на Македонија и на македонско-американска заедница, петокот поднесе резолуција во Претставничкиот дом што ја афирмира поддршката на САД за членството на Македонија во НАТО. Резолуцијата ги повикува Белата куќа и Стејт департментот да работат за да се обезбеди прием на Македонија во НАТО на самитот во Велика Британија во септември. “Високо ги цениме напорите на Македонија и нејзината посветеност заедно со САД и други земји да ги унапредува мирот, демократијата, стабилноста и заемното разбирање. Ги повикуваме администрацијата и Стејт департментот да продолжат да работат заедно со Македонија и да го поддржат

А М Е Р И К А Н С К АТА К О Н Г Р Е С М Е Н К А МИЛЕР НАЈАВУВА

ПОДДРШКА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ПРИЕМ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО проширувањето на НАТО со упатување покана за полноправно членство за Македонија. Ги повикуваме администрацијата и Стејт департментот, во интерес на регионалната соработка и актуелната ситуација во Украина, да работат со Грција и сојузниците од НАТО да се обезбеди дека билатерални спорови нема да го попречат приемот на Македонија 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Aприл 2014

во НАТО. Го повикуваме НАТО формално да упати покана до Македонија за прием на самитот во Британија во септември 2014 година“, пишува во резолуцијата. Како ко-спонзори на резолуцијата на Милер досега се потпишаа конгресмените Кристофер Смит, Кери Бентиволио, Адам Кинѕинџер, Бил Паскрел, Гери Коноли, Мајкл Тарнер и други.


На денешниот состанок во рамки на редовните мултилатерлани консултации меѓу политичко-партнерскиот комитет на НАТО и Македонија, делегацијата од Македонија ги престави достигнувањата на македонската Армија, усогласеноста со НАТОстандардите, но и очекувањата од Алијансата да го исполни утврденото уште на Самитот во Букурешт во 2008 година, дека нашата земја ги исполнува сите критериуми и треба да стане дел од НАТО

Д Р Ж А В Н И О Т С Е К Р Е ТА Р НА МО ВО БРИСЕЛ

ПОБАРАН ПРИЕМ НА МАКЕДОНИЈА НА САМИТОТ ВО ВЕЛС

П

рием на Македонија во НАТО на Самитот во септември во Велс побара на 07-04, во седиштето на НАТО во Брисел, државниот секретар во Министерството за одбрана на Република Македонија Сашо Стефаноски од преставниците на земјите-членки на Алијансата. На денешниот состанок во рамки на редовните мултилатерлани консултации меѓу политичкопартнерскиот комитет на НАТО и Македонија, делегацијата од Македонија ги престави достигнувањата на македонската Армија, усогласеноста со НАТО-стандардите, но и очекувањата од Алијансата да го исполни утврденото уште на Самитот во Букурешт во 2008 година, дека нашата земја ги исполнува сите критериуми и треба да стане дел од НАТО. Според државниот секретар во МО, без разлика на тоа што пред шест години Република Македонија ги исполни сите критериуми за членство, што беше констатирано од страна на Алијансата, за жал нашиот влез бил блокиран од страна на Грција. - Затоа, покрај достигнувањата,

денеска ги истакнав и нашите очекувања оти Македонија со својата политичка и реформска посветеност во делот на одбраната, има и очекувања дека ќе добиеме позитивно признание и оценка за досега сработеното во одбранбените реформи и имплементацијата на партнерските цели. Очекуваме да биде почитувано меѓународното 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

право и да биде уважена пресудата од Меѓународнио суд на правдата од Хаг, со која е потврдено дека е незаконска блокадата на Грција во Букурешт, па во пресрет на Самитот на НАТО во Велс, очекуваме Македонија да добие покана за полноправно членство и да стане членка на Алијанса, истакна Стефаноски.


ПОЛСКИТЕ АМЕРИКАЦИ ДО ОБАМА “ПАК верува дека НАТОпроширувањето во Централна и Источна Европа ќе ја зајакне безбедноста во регионот, а во однос на моменталната криза во Украина и Крим, чувствуваме дека е потребно НАТО да ги отвори своите врати оваа година на нашите сојузници како што е Македонија,” се вели во изјавата на претседателот на ПАК, Френк Спула

НАТО ДА ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

П

олските Американци испратија писмо до претседателот на САД Барак Обама повикувајќи го на "безусловна поддршка за членство на Македонија во НАТО на Самитот во Велика Британија. Полско-Американскиот Конгрес јасно ја искажува заложбата проширувањето да стане приоритет на годинешниот Самит.

“ПАК верува дека НАТОпроширувањето во Централна и Источна Европа ќе ја зајакне безбедноста во регионот, а во однос на моменталната криза во Украина и Крим, чувствуваме дека е потребно НАТО да ги отвори своите врати оваа година на нашите сојузници како што е Македонија,” се вели во

изјавата на претседателот на ПАК, Френк Спула. Обединетата македонска дијаспора соопштува дека заедниците на Македонските Американци и Полските Амери09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

канци работеа внимателно во зајакнувањето на политиката на САД за Централна, Југоисточна и Источна Европа со цел да се заштити безбедноста и мирот на целиот регион.


АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ XVIII ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО ВА - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална. Фактичка состојба. ВЕ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во идејна замисла во аурите Сончеви, лудски и природни по место и време. ВИ - Богот, Божестевната Светлина Сончева астрална во процес на раѓање и зголемување.

ВО - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на вознесување и на возвишеност. ВУ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на пад од возвишеноста. В - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална како стварност воопшто. С - Светлината Сончева како стварност воопшто.

ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) во своите вечни денски и годишни циклуси се изразува на Земјата во три негови основни природни закони, правила, принципи, завети, а тоа се: СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ и ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ како начин на постоење. Старото, древно, вевто, вехто, античко Македонско и Светско учење и начинот на живеење во тоа време популарно се нарекувало Религијата на Сонцето, или по јазикот на светлината Божествена на аурата Сончева тоа е Светото Писмо, односно, старите два, првиот и вториот Македонски јазици искажувани и пишувани со ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Кои се темелеле и постоеле врз основата на тие три основни вечни природни Сончеви закони на постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ, и ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ. Во продолжение да ги разјасниме накратко, во што се состојат и изразуваат тие три основни, вечни, природни закони, принципи, правила, завети на Небото и на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) кои се постоењето на: 1. СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА; 2. СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ; 3. ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ. 2. Светлата позитивна возвишеност ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) со остварувањето на својот прв природен закон како дејство и состојба на постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, го прави својот втор природен закон на постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ. Со почетокот на секој нов денски и годишен циклус на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) почнува и чинот на илузорното, но видливо транспарентно возвишување и ВОЗВИШЕНОСТ на небескиот свод, купола во своите највисоки и најголеми кулминативни точки на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ. Денската СВЕТЛА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ како највисока кулминациона точка


По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски на небескиот свод, купола на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) е во 12 часот на пладне. Годишната СВЕТЛА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ како највисока кулминациона точка на небескиот свод, купола на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) е на 22 Јуни во 12 часот на пладне. Во тие два чина како религиозно дејство и состојба на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на небескиот свод, купола како денска во 12 часот и како годишна на 22 Јуни во 12 часот, е и постоењето на најсилни и најголеми процеси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на светло позитивното астрално Божествено зрачење со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА, на светлина и топлина кон површината на Земјата од географската положба на Македонија. Со постоењето на новите непрекинати процеси и циклуси на религиозната состојба на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небескиот свод, секој ден во 12 часот на пладне и секоја година на 22 Јуни во 12 часот на пладне, како едно ниво или стапало на искачување во позитивна вистинска насока до наредните СВЕТЛО ПОЗИТИВНИ ВОЗВИШЕНОСТИ, денски и годишни, како друго ниво стапало, а од наредните до другите идни, наредни, и така тоа бескрајно и вечно повторување на циклусите прават вечен такт, чекор по чекор од едно на друго СВЕТЛО ПОЗИТИВНО ВОЗВИШУВАЊЕ. ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) во религиозните состојби на ГОСПОДОТ со секој нов циклус денски или годишен на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ, како ОДНОВО го повторува патот на светлината, позитивноста и вистината. Тоа е ГОЛЕМИНАТА Негова според учењето на Религијата на Сонцето. Тие нови но исти циклуси се нарекувале со религиозната состојба и значење на зборот ПАГАНСКАТА религиозна состојба по место и време на постоење на Небото и на Земјата. Зборот ПАГАНСКАТА ја има религиозната состојба на аурите сончеви во денски и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на ПА(ОДНОВО) ГА(ГОЛЕМАТА) Н(НАША) С(СВЕТЛИНА) КА(ВОЗВИШЕНА) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Со секој нов, денски и годишен циклус, со спроведувањето на РИТУАЛОТ на Небескијот свод, ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) го има своето дејство на светлото позитивно возвишување до ВОЗВИШЕНОСТА, денска и годишна, со која ни навестува дека ќе има процеси на светло позитивно астрално Божествено зрачење на Земјата и со тоа дејство ќе создава процеси на борба и творештво и безбројни естетски

вредности на победи над негативноста, на творби, дела, род и благодет, на климатски услови за живот кои се ПРАКТИКАТА и ПРАКСАТА Негова на површината на Земјата. Зборот ПРАКТИКАТА ја има религиозната состојба на аурите сончеви во денски и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на П(ОДНОВО) РА(СОНЦЕТО) К(ВОЗВИШЕНО) над ТИ(ТЕМНИНАТА) КА(ВОЗВИШЕНО) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. ПРАКСАТА - П(ОДНОВО) РА(СОНЧЕВАТА) К(ВОЗВИШЕНА) СА(СВЕТЛИНА) над ТА(ТЕМНИНАТА) Со секој нов денски и годишен циклус со спроведувањето на РИТУАЛОТ, на ПОРАКАТА, на ПРАТКАТА, на ПРАКТИКАТА, на ПРАКСАТА на Небето и на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), го има своето дејство на светло позитивното возвишување до ВОЗВИШЕНОСТА денска и годишна со која ни навестува дека ќе има процеси на светло позитивно зрачење на Земјата, а со што ќе создава процеси на борба и творештво и безбројни естетски вредности на победи над негативноста, на творби, дела, род и благодет, на климатски услови за живот со кои се создава религиозната состојба и значењето на зборот ПОЛИТИКАТА Негова на површината на Земјата по циклуси и на верниците по генерации по место и време на постоење по учењето и начин на живеење по Религијата на Сонцето или ВЕРАТА. ПОЛИТИКАТА ја има религиозната состојба на аурите сончеви во денски и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на ПО(ОДНОВО) ЛИ(ЛЈУДСКАТА) над ТИ(ТЕМНИНАТА) КА(ВОЗВИШЕНОСТ) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. ПРОДОЛЖУВА


222 компании што имаат повеќе од 50мина вработени и вкупен годишен приход поголем од 10 милиони евра, електрична енергија можат да набавуваат на слободниот пазар. Според проценките на снабдувачите, либерализацијата за дел од нив ќе значи и до над 30 насто поевтина струја

ОД ДЕНЕСКА ПОЧНУВА В Т О РАТА Ф А З А О Д

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА

НА ПАЗАРОТ НА СТРУЈА

В

о Македонија од денеска почнува втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. 222 компании што имаат повеќе од 50 мина вработени и вкупен годишен приход поголем од 10 милиони евра, електрична енергија можат да набавуваат на слободниот пазар. Според проценките на снабдувачите, либерализацијата за дел од нив ќе значи и до над 30 насто поевтина струја. Досега Регулаторната комисија за енергетика има издадено 51 лиценца за трговија со електрична енергија и 6 лиценци за снабдување со електрична енергија. Македонските компании од либерализацијата на пазарот очекуваат намалување на трошоците за електрична енергија односно поевтинување, кое би можело да достигне и до 25 проценти. 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Aприл 2014


ОБЈАВЕН ТЕНДЕР ЗА Тендерот опфаќа рекоснтрукција на пругата кон Грција со должина од 17 километри, како дел од Коридорот 10 и изградба на кракот кон индустриската зона Жабени. На тендерот можат да се јават компании кои во последните три години имале добивка од најмалку 26 милиони евра, а мора да имаат успешно завршено барем една реконструкција или изградба на пруга по која возовите се движат со брзина од 100 километри на час

Е

вропската Унија денеска објави тендер за обнова на железничката пруга Битола-Кременица, инвестицијата вредна 20 милиони евра. Тендерот опфаќа рекоснтрукција на пругата кон Грција со должина од 17 километри, како дел од Коридорот 10 и изградба на кракот кон индустриската

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА БИТОЛА КРЕМЕНИЦА

зона Жабени. На тендерот можат да се јават компании кои во последните три години имале добивка од најмалку 26 милиони евра, а мора да имаат успешно завршено барем една реконструкција или изградба на пруга по која возовите се движат со брзина од 100 кило13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

метри на час. Компаниите кои ќе учествуваат мора да имаат гаранција од 300.000 евра, а онаа што ќе го добие тендерот треба да достави и гаранција во висина од 10 проценти од вредноста на инвестицијата. Тендерот ќе биде отворен до 27 мај 2013 година.


Во годишниот извештај на Светската книга на фактите што ја објавува ЦИА, Македонија со Бруто Домашен Производ од 10.800 долари е на 113 место во светот. На Балканот и во Европа меѓу најсиромашните земји се Албанија која е на 131 со БДП од 8.200 долари и БиХ на 130 место со 8.300 долари БДП по глава на жител

Р

епублика Македонија е на 113 место од 228 држави во светот според Бруто домашниот производ по глава на жител. Во годишниот извештај на Светската книга на фактите што ја објавува ЦИА, Македонија со Бруто Домашен

В О Г О Д И Ш Н И О Т И З В Е Ш ТА Ј Н А С В Е Т С К АТА К Н И ГА Н А Ф А К Т И Т Е ШТО ЈА ОБЈАВУВА ЦИА

МАКЕДОНИЈА НА 113 МЕСТО ВО СВЕТОТ СПОРЕД БДП

Производ од 10.800 долари е на 113 место во светот. На Балканот и во Европа меѓу најсиромашните земји се Албанија која е на 131 со БДП од 8.200 долари и БиХ на 130 место со 8.300 долари БДП по глава на жител. 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

Хрватска е на 78 место со 17.800 долари , Црна Гора е на 107 место со 11.900 долари, Србија на 111 место со БДП од 11.000 долари. Во извештајот се анализираат економските, социјалните и политичките показатели на државите.


"ЕВРОПА РЕ": Според вицепремиерто и министер за финансии Зоран Ставрески, на годишно ниво од временски непогоди од Буџетот се одвојуваат околу 90 милиони денари. “Поради овие причини Владата е еден од идејните творци на системот за осигурување од природни катастрофи“, рече Ставрески презентирајќи го новиот систем за осигурување од природни катастрофи

ПРЕТСТАВЕН ПРВИОТ ПРОИЗВОД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД КАТАСТРОФИ ВО МАКЕДОНИЈА

В

о Македонија започна да функционира новиот систем за осигурување од природни катастрофи и временски непогоди, поддржан од компанијата “Европа Ре“. Според вицепремиерто и министер за финансии Зоран Ставрески, на годишно ниво од временски непогоди од Буџетот се одвојуваат околу 90 милиони денари. “Поради овие причини Владата е еден од идејните творци на системот за осигурување од природни катастрофи“, рече Ставрески презентирајќи го новиот систем за осигурување од природни катастрофи. Пет милиони американски долари, земени на заем од Светска банка, Владата ги вложила во специјализирана регионална компанија за осигурување и реосигурување на ризиците од катастрофии

“Европа Ре“. Според анализите, земјите од Југоисточна европа се исклучително ранливи на поплави, суши и други појави предизвикани од климатски промени, како и на ризици од змејотреси. 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

Новите иновативни осигурителни производи, први од ваков вид во земјава, ќе се продаваат преку постојните локални осигурителни компании кои ќе земат учество во Европа Ре програмата.


Авторот Зоран Тодоровски пишува за револуционерната дејност на Тодор Александров во неколку поглавја или за неколку фази од неговата дејност. Монографијата е богата и со фотографии, од кои еден дел првпат се публикувани. Користени се и досега необјавени и малку познати архивски документи за Александров

ржавниот архив на Република Македонија и Друштвото за издавачка дејност "Македоника литера" од Скопје објавија три монографски изданија: "Тодор Александров" од Зоран Тодоровски, "Пере Тошев" од Михајло Миноски и "Апостол Петков" од Ванчо Ѓорѓиев. Делата се дел од едицијата со монографии "Македонски дејци". Авторот Зоран Тодоровски пишува за револуционерната дејност на Тодор Александров во неколку поглавја или за неколку фази од неговата дејност. Монографијата е богата и со фотографии, од кои еден дел првпат се публикувани. Користени се и досега необјавени и малку познати архивски документи за Александров. Монографијата за Пере Тошев, со поднаслов

ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И Д Р У Ш Т В О Т О З А И З Д А В АЧ К А ДЕЈНОСТ "МАКЕДОНИКА Л И Т Е РА " ОД С КО П Ј Е О Б Ј А В И Ј А

ТРИ МОНОГРАФСКИ

ИЗДАНИЈА

Д

"Совеста за револуционерна Македонија" е првата монографска публикација за него, а моно16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

графијата за Апостол Петков од авторот Ванчо Ѓорѓиев има поднаслов "Кралот на блатото".


Автор на филмот е Марко Џамбазоски студент на катедрата по филмска и ТВ монтажа, кој и самиот е музичар во скопскиот бенд Визија. Приказната ги обработува почетоците на Мизар

К

раткометражниот документарен филм „Мизар-ѕвезда на надежта“ изработен од студентите на Факултетот за драмски уметности Скопје вечер ќе биде премиерно прикажан во рамки на „Скопскиот филмски фестивал“ во вечерта посветена на студентски филмови. Автор на филмот е Марко Џамбазоски студент на катедрата по филмска и ТВ монтажа, кој и самиот е музичар во скопскиот бенд Визија. Приказната ги обработува почетоците на Мизар и трнливиот пат во кој од обичен гаражен бенд, групата станува една од најзначајните музички состави во историјата на македонската рок-култура. Во филмот се користени, главно, досега необјавени аудио и видео материјали од бендот, од кои еден дел се демо снимки, а други се земени од архивата на МРТВ. Базиран е на сеќавањето на членовите на Мизар од тој период - Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Илија Стојановски, Горан Таневски и Слободан Стојков.

НА „СКОПСКИОТ ФИЛМСКИ Ф Е С Т И В А Л “ В О В Е Ч Е Р ТА П О С В Е Т Е Н А Н А С Т УД Е Н ТС К И ФИЛМОВИ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАН

"МИЗАР - ЅВЕЗДА НА НАДЕЖТА"

17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014


"Пред микрофонот стоеја многу светски луѓе, сите главни актери од Југославија. Ова е круна на сето мое задоволство, труд и среќа", рече Пакоски кој кариерата ја почна во Вардар филм во 1953 година, а ја заврши со "Планетариум" од Киро Урдин. Меѓу богатата продукција на Пакоски се набројуваат и вториот македонски игран филм "Волчја ноќ", 50-ина играни филмови и ТВ-серии, над 300 кратки, документарни и анимирани филмови

ГЛИГОР ПАКОСКИ ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ СНИМИЛ ОКОЛУ 400 ФИЛМОВИ!

"ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ" ЗА ГЛИГОР ПАКОСКИ

Г

лигор Пакоски во неговиот живот снимил околу 400 филмови! По ваквата импресивна биографија, овенчана и со многу награди, Кинотека на Македонија му ја додели и "Златен објектив", награда за исклучителен придонес во македонската кинематографија. "Пред микрофонот стоеја многу светски луѓе, сите главни актери од Југославија. Ова е круна на сето мое задоволство, труд и среќа", рече Пакоски кој кариерата ја почна во Вардар филм во 1953 година, а ја заврши со "Планетариум" од Киро Урдин. Меѓу богатата продукција на Пакоски се набројуваат и вториот македонски игран филм "Волчја ноќ", 50-ина играни филмови и ТВ-серии, над 300 кратки, документарни и анимирани филмови. Соработувал со многу врвни македонски режисери но и со автори од Југославија, како со Ватрослав Мимица, на "Македонски дел од пеколот" и "Селанска буна", со Жика Митровиќ на "Ужичка република" и со Здравко Велимировиќ на игра-

ниот филм "Двобој за јужната пруга". Потврда за неговата квалитетна работа се наградите што ги добил. На филмскиот фестивал во Пула, има добиено две златни арени за тонската обработка на филмовите "Татко (Колнати сме Ирина)", и "Јазол". Глигор Паковски е добитник на републичката награда 11 Ок18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

томври, во 1976 година, за работата во документарниот филм "Австралија, Австралија", како и на наградата 13 Ноември, истата 1976 година. Наградата на Паковски му ја врачи директорката на Кинотеката, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која му се заблагодари за се што направил за македонската кинематографија.


На 16. издание на Интернационалниот фестивал за монодрама Битола 2014", жирито додели и специјална диплома за оригинален пристап кон истражување на нови театарски форми. Оваа награда е доделена на претставата "Лир" во изведба на Нина Салинен, независен проект од САД по текст на Вилијам Шекспир

Н

Н А Ј В И С О К АТА Н А Г РА Д А НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ Ф Е С Т И В А Л З А М О Н ОД РА М А БИТОЛА 2014

ГРАНПРИ ЗА "БОБОЧКА"" "БОБОЧКА

ајвисоката награда на И н те р н а ц и о н а л н и о т фестивал за монодрама Битола 2014" Гран-при, годинава ја доби претставата "Бобочка" во изведба на актерката Еција Ојданиќ од Театар Морузгва, Загреб, Хрватска. Таа имаше брилијантна изведба во оваа претстава од Мирослав Крлежа, режирана од Иван Лео Лемо. На 16. издание на Интернационалниот фестивал за монодрама Битола 2014", жирито додели и специјална диплома за оригинален пристап кон истражување на нови театарски форми. Оваа награда е доделена на претставата "Лир" во изведба на Нина Салинен, независен проект од САД по текст на Вилијам Шекспир. На претставата "Амок" во изведба на Ментор Зумберај од Театарска филмска куќа Акт од Косово по текст на Цвајг, адаптација на Нина Мазур и режија на Елмазе Нура, пак, е доделена и специјална диплома за филозофското осмислување на темата и хармонично сценско отелотворување. Свеченото затворање и доделување на наградите за најдобрите монодрамски остварувања беше закажана за ставата Стјуардеси" на Марк Ефтимов и во изведба на вчеравечер, заедно со прет- Камолети во режија на Синиша Театарот Комедија од Скопје. 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014


Фестивалот ќе почне со настап на големиот унгарски композитор, импровизатор и виртуоз на виолината Феликс Лајко, а во наредните вечери ќе гостуваат легендарниот музичар од Етипоија Мулату Астатке – татко на етио-џезот, македонскиот бенд Фолтин со неколку специјални гостимузичари од странство, харизматичниот Јупитер од Конго и неговиот бенд Okwess International, популарниот словенечки пејач и кант-автор Зоран Предин, придружен од хрватскиот џипси-свинг состав Дамир Кукурузовиќ Џанго груп, јужнокорејските инструменталисти и модерни традиционалисти Geomungo Factory

Н

а 13-от Офф-фест од 30 мај до 5 јуни во пет фестивалски вечери ќе настапат исклучително квалитетни состави од Етиопија, Португалија, Шпанија, Конго, Јужна Кореја, Унгарија, Словенија, Хрватска и од Македонија, а ќе биде прикажан и еден музички документарец. Фестивалот ќе почне со настап на големиот унгарски композитор, импровизатор и виртуоз на виолината Феликс Лајко, а во наредните вечери ќе гостуваат легендарниот му-

ОД 30 МАЈ ДО 5 ЈУНИ ВО ПЕТ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ ЌЕ Н А С ТА П АТ И С К Л У Ч И Т Е Л Н О К В А Л И Т Е Т Н И С О С ТА В И О Д Е Т И О П И Ј А , П О Р Т У ГА Л И Ј А , ШПАНИЈА, КОНГО, ЈУЖНА К О Р Е Ј А , У Н ГА Р И Ј А , С Л О В Е Н И Ј А , Х Р В АТС К А И ОД М А К Е Д О Н И Ј А , А ЌЕ БИДЕ ПРИКАЖАН И ЕДЕН М У З И Ч К И Д О К У М Е Н ТА Р Е Ц

13-ОТ ОФФ-ФЕСТ

зичар од Етипоија Мулату Астатке – татко на етио-џезот, македонскиот бенд Фолтин со неколку специјални гости-музичари од странство, харизматичниот Јупитер од Конго и неговиот бенд Okwess International, популарниот словенечки пејач и кант-автор Зоран Предин, придружен од хрватскиот џипси-свинг состав Дамир Кукурузовиќ Џанго груп, јужнокорејските инструменталисти и модерни традиционалисти Geomungo Factory. - Офф-фест 2014 ќе заврши 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014

на 5 јуни, со настап на најголемата нова ѕвезда на португалското фадо Carminho, како и со концертот на свежата фламенко атракција од Шпанија, инспиративниот женски квартет Las Migas, соопшти организаторот. Во рамките фестивалот ќе биде прикажан и документарниот филм Jupiter’s Dance, фасцинантна приказна за животот на музичарите во Конго, раскажана преку едно неверојатно патување низ гетата на Киншаса.



РАСПНУВАЊЕ И ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО "Христос воскресе од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им дарува!"

На местото Черепница, сатански слуга со огромен чекан удира по големите клинци и ги забива во месото на Христа, го приковува по рацете и нозете на Крстот. Изворот на Животот, Бескрајната Божја љубов - дозволи безбожните луѓе да Го распнат на крст Господа. Богородица стои над Него. Крвави мајчиното срце, чувствувајќи го секој удар на чеканот.

С

амиот Господ рекол: "Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее". (Јован 11, 25) Сите Христови ветувања се потврдени и докажани. Потврдено е и Неговото главно и основно ветување, а тоа е победата над смртта, воскресението и вечниот живот. Христовото воскресение е гаранција и за

нашето воскресение, за општото воскресение. Според тоа, Велигден е Празник над сите празници и Торжество над сите торжества. Се нижат веќе два милениума и еве осмата година од XXI век, и секоја година, пред оживувањето на Велигденската радост, оживува споменот на страшните денови од Големата Недела - деновите на Христовото страдање и смртта. Христос бил издаден од Јуда во Гетсиманската градина. Цела чета војници, откако го вовеле во "Преторијата", го мачеле, се исмевале со Него, го плукале, Му ставале Трнов венец на главата (од нив исплетен), Му давале во десната рака трска, го соблекувале и Му облекувале багреница. Во Судницата, Исус Христос бил осуден на смрт. Пресудата, зададена во седумнаесеттата година од владеењето на Тибериј, на 25 ден од март, кога Ана и Кајафа биле

ХРИСТОВО РАСПЕТИЕ

GOLGOTATA NE GO UNI[TI BO@JOTO SLOVO првосвештеници во Светиот Град Ерусалим, Понтиј Пилат, намесник во Галилеја, судејќи на судскиот престол го осудил Исуса од Назарет со крсна смрт, да се распне меѓу двајца разбојници, бидејќи меѓу народот се нашле отмени и признати луѓе кои изјавиле дека: "Исус е безбожник", "Исус е бунтовник", ,"Исус е непријател на законот",

"O~e, vo Tvoi race go predavam Svojot Duh!" "Исус себеси лажно се нарече дека е Син Божји", "Исус лажно се нарече дека е цар Израилев", "Исус влезе во храмот со народот кој носеше палмови

гранки". Оваа пресуда ја потпишале следниве сведоци: Данило Робани, Јован Зоробатељ, Рафаело Робани и Кипер книжевник. Оваа таблица треба да се огласи насекаде за да запoмнат идните поколенија. Во Понеделник (21.4.2008 г. по новиот календар), почнува Страсната недела, последните денови од големиот пост пред


Велигден. На овој ден Исус ги протерал трговците од храмот. Во Вторник одржал повеќе беседи, важни за спасение на човекот. Во Средата, однапред било извршено помазување на Христа со свето миро (древен обичај кај Евреите). Го помазала Марија (сестра на Св. Лазар од Витанија). Набрзо потоа предавникот Јуда Искариот им го предал својот Учител на прво-

в раце. Напред одел предавникот Јуда, кој Го целивал Исуса. Јудиниот бакнеж е знак на предавство. Јуда со лажен бакнеж го предал Спасителот на светот. "Кого ќе Го целивам, Он е: фатете Го и водете Го претпазливо!" На Велики петок се случува најстрашното: мачење, распнување, умирање на Крст. Некои неблагодарни луѓе како да ги заборавиле Неговите чуда: сле-

ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО свештениците и Синедрионот, за само 30 сребреници. На Велики четврток ги повикал своите ученици на последната Тајна вечера, каде им рекол дека еден од нив ќе го предаде. Тогаш била востановена и Светата Причест. Зел леб, заблагодарил, го прекршил и им дал на учениците велејќи: "Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!" Зел чаша со вино, заблагодарил, и по вечерата им рекол: "Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролива за вас". Испеале благодарствена песна, заминале во Гетсиманската градина, каде Христос со приклонети колена и капки на челото се молел: "Оче, кога би сакал да Ме одмине оваа чаша! Но, нека не биде Мојата волја, туку Твојата!" Одеднаш се појавиле повеќе луѓе со ножеви, со колови

јата (судницата) до Голгота, Христос, раскрвавен и бос го носел страшниот тежок крст. На местото Черепница, сатански слуга со огромен чекан удирал по големите клинци и ги забивал во месото на Христа, го приковувал по рацете и нозете на Крстот. Изворот на Животот, Бескрајната Божја љубов - дозволи безбожните луѓе да Го распнат на крст Господа. Богоро-

БОГОРОДИЧЕН ЖИВОТОНОСЕН ИСТОЧНИК-ИЗВОР

пи прогледувале, глуви прослушувале, хроми проодувале, мртви воскреснувале. Незнајбожните луѓе докажале дека ги сакаат желбите на својата огревовна, расипана волја и гласно викале: "Распни Го, расп-

"Ovaa ~a{a e Noviot zavet so Mojata krv, koja se proliva za vas". "O~e, koga bi sakal da Me odmine ovaa ~a{a! No, neka ne bide Mojata volja, tuku Tvojata!"

ни!" Лажните обвиненија од беззаконите сведоци: "Исус е безбожник" ... донеле неправедна пресуда - Исус да биде распнат на крст. Од Претори-

дица стоела над Него. Крвавело мајчиното срце, чувствувајќи го секој удар на чеканот. Христос бил распнат на Крстот меѓу двајца злосторници. Околу Него стоела стража. Под Крстот плачеле Мајка Му Богородица и верниот Христов ученик Св. Јован Богослов. Оддалеку гледале Марија Магдалена и Марија, мајката на Јаков и Јосиф и мајката на Заведеевите синови и други. Околу шестиот, па сè до деветтиот час, настанала темнина по целата земја. Исус извикал: "Оче, прости им, оти не знаат што прават!" А околу деветтиот час извикал гласно: "Оче, во Твои раце го предавам Својот Дух!" Земјата се затресла, карпи паѓале, упокоени воскреснувале. Набожниот Јосиф од Ариматеја Го обвиткал Христос во Плаштаница и Го положил во нов Гроб, издлабен во карпа, а во

присуство на Марија Магдалена и Марија Јосифова. Но, Крстот не е крај. Голгота не го уништи Божјото Слово. На Велика сабота Христос ги урнал портите на адот, слегол во адот заради избавување на мртвите од родот човечки од Адам и Ева. "Смрт, каде ти е осилото? Аде, каде ти е победата?" "Смртта ја победи Оној Кој има живот во Себе". На Великиот ден - Недела наутро Жените Мироносици дошле на Гробот Христов и Ангелот ги известил дека Христос Воскресна! Господарот на Животот Воскресна од мртвите во третиот ден, а со тоа Го Воскресна и цел свет. Голгота, на која стоиме и по дваесет века, преку распнувањето и издигнувањето на Христа на Крстот, преку Неговата победа над смртта, преку Неговото Воскресение, стана патоказ кон еден нов свет, кон нова земја и кон ново небо. "Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто јас го победив светот", зборувал Исус Христос. "И ете, Јас Сум со вас во сите дни, до крајот на светот". Велигден се слави три дена (годинава на 27, 28 и 29 април). На 2. 5. - по нов календар се слави светлиот и радосен Богородичен празник "Источен Петок - Балаклија". Тогаш го празнуваме обновувањето на храмот на Богородица, наречен Живоносен Источник (Извор) и се сеќаваме на натприродните чуда кои се случуваат низ векови во овој Храм. Во Цариград, во местото Балаклија, по молитвите на Богородица, оваа света изворска вода лекува разни и најтешки болести и се случуваат безброј необични чуда. "Извору Богоблагодатен, подај ми од неистечната твоја вода на благодетта, секогаш што тече, бидејќи си го родила Словото надсмисловно, ти се молам ороси ме со благодетта да Ти повикувам, радувај се Водоспасителке". На денот Источен Петок во сите македонски цркви во државата и во дијаспората се врши Света Богослужба, се одржува голема верска прослава и голем народен радосен црковен собор на местата каде има света изворска вода.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.