788

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MAKEDONSKO

S NCE Година XIX, Број 788, Мај 2014

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

WEB EDITION

ДВЕТЕ ЗЕМЈИ Д А Н А Ј Д АТ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ЗА ПРОШИРУВАЊЕ Н А Н АТО

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

КОНС ТИТ У ТИВНА СЕДНИЦА НА ОСМИОТ ПРАТЕНИЧКИ СОС ТАВ

ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ И ИМЕТО НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ НА ПРЕГОВОРИ

УКИНУВАЊЕТО НА ГОЛО БРДО И ГОРА УНАЗАДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Јужнососедските црвени линии околу спорот за името не се очекува да станат уште поригорозни по исходот од евроизборите кај јужниот сосед. Мнозинството од јужнососедските партии кои влегоа во Европскиот парламент, иако се судираат меѓусебно по речиси секое друго прашање, сепка единствените очекувања кај нашиот јужен сосед за спорот за името по евроизборите се дека овој проблем ќе продолжи да тапка во место. Менувањето на политичкиот баланс во оваа јужна земја на европските избори се очекува само уште повеќе да го намали интересот и можностите на јужнососедската страна за ангажирање во преговорите за побрзо решавање на името. И нека е така. Дури би им предложил да не размислуваат за преговори затоа што воопшто не треба да ги има. Што се однесува до Македонија, малку може да и ги помати водите и околу решавањето на проблемот, но и околу ставовите во ЕУ за нашата интеграција, е влезот на четворица радикални десничари во Европарламентот. Јужниот сосед испраќа тројца европратеници од неонацистичката Златна зора и еден европратеник на ултра-десничарите, единствените две партии во јужнососедскиот парламент кои бараат името Македонија да не биде дозволено за употреба и кои и предизборно отворено порачаа да заборавиме на терминот Македонија ако некогаш сакаме да станеме дел од европското семејство. Но ќе видиме што ќе биде понатаму. Веќе се навикнавме на сите тие уцени, напади, омаловажувања... Сега она што ме израдува многу е што партијата на Македонците кај јужниот сосед, Виножито, на неделните избори за европратеници освои над 1.000 гласа повеќе од последните избори во 2009 година, иако од Виножито велат дека на неделните избори забележале повеќе нерегуларности. Освен нефер третманот по јужнососедските медиуми, на најмалку 150 избирачки места од Тракија до Kрит едноставно ги немало нашите гласачки материјали, а тоа значи дека граѓаните воопшто и не можеле да гласаат за партијата. Но сепак според податоците, за оваа партија сега гласале 5.671 граѓанин за разлика од пред пет години кога бројот на освоените гласови изнесуваше 4.512. Солун, Kукуш, Негуш, Сер, Kожани, Воден и Kостур се само дел од градовите во кои е забележан пораст на рејтингот на партијата. Затоа се приклучувам кон честитката од раководството на оваа партија која им ја упатило на своите гласачи. Во неа стои- Честитка до сите Македонци што ја кренаа главата и покажаа дека постојат. Честитки на ти малкумина што успеаја толку многу. Честито, Македонци! Јоргос Пападакис, член на претседателството на Виножито, оцени дека зголемувањето на бројот на гласовите на Виножито се должи, пред се, на новите членови и на младите луѓе. Таа и турската партија во кај јужниот сосед заедно освоиле повеќе од 50.000 гласа, што е силна порака за држава таму доле јужно и за самите малцинства.

\or|ija - Xorx Atanasoski


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл, говорејќи во центарот Вудро Вилсон во Вашингтон, ги повика Македонија и Грција да работат на изнаоѓање заеднички интерес со цел да се овозможи проширувањето на НАТО

Х Е Ј ГЛ У П АТ И П О В И К Д О МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА

ДВЕТЕ ЗЕМЈИ ДА НАЈДАТ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА НАТО

А

мериканскиот секретар за одбрана Чак Хејгл, говорејќи во центарот Вудро Вилсон во Вашингтон, ги повика Македонија и Грција да работат на изнаоѓање заеднички интерес со цел да се овозможи проширувањето на НАТО. Хејгл во своето обраќање се осврна на прашањето дали САД, по кризата во Украина, ќе поддржат проширување на НАТО кон Балканот и ќе помогнат за надминување на прашањата кои стојат на патот.

- Мислам дека е постигнат напредок во тие земји додека на мирен начин ги надминуваат разликите. Не е се совршено, се уште има предизвици, во натамошниот напредок во градењето на функционални, слободни институции, почитување на сите луѓе, без разлика на нивната религија или етничка припадност. Мислам дека многу напредок е постигнат. Имаме разлики, но никогаш нема да можеме мирно да ги надминеме разликите без да изградиме институции и плат03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

форми на взаемен интерес, изјави Хејгл одговарајќи на прашање на Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора, за спорот меѓу Македонија и Грција како пречка на проширувањето на НАТО. Во своето обраќање, секретарот Хејгл рече дека вратата на НАТО останува отворена за прием на нови членки, додавајќи дека без проширувањето на НАТО кон Исток денешната криза во Украина ќе била далеку поопасна за Европа.


КАМБОВСКИ Камбовски, на пристапното предавање на академик Феликс Унгер, во пресрет на денот на Европа - 9 Мај, укажа дека решавањето на спорот со Грција за името со кое Македонија ќе стапи во ЕУ и НАТО, станува очигледно предмет на бескорисни и политички манипулации, спротивно на сите рационални основи и причини и за негово наметнување и решавање. Тој посочи дека вештачки конструираните прашања на македонскиот национален идентитет, јазикот и уставното име Република Македонија не се предмет на преговори, затоа што не ни можат да бидат тоа

ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ И ИМЕТО НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ НА ПРЕГОВОРИ

П

очнувањето преговори за членство на Македонија во ЕУ ќе го олесни надминувањето на проблемот со спорот за името, меѓу другото и со зголемување на заемната доверба и директно инволвирање во него на европските институции, оцени претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски. Камбовски, на пристапното предавање на академик Феликс Унгер, во пресрет на денот на Европа - 9 Мај, укажа дека решавањето на спорот со Грција за името со кое Македонија ќе стапи во ЕУ и НАТО, станува очигледно предмет на бескорисни и политички манипулации, спротивно на сите рационални основи и причини и за негово наметнување и решавање. Тој посочи дека вештачки конструираните прашања на македонскиот национален идентитет, јазикот и уставното име Република Македонија не се предмет на преговори, затоа што

не ни можат да бидат тоа. - Тие не се врзани за државата, туку за поединецот и за неговите природни слободи и права на идентитет, јазик и име што тој ќе и го даде на својата држава. Ниту една влада или друга државна институција и поединец нема леги04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

тимно право да ги проблематизира, преговара или договара нешто за нив. Тие не може да бидат ни предмет на референдум, закон, уставна измена или каков и да е акт на државата затоа што се природни, неотуѓиви и неоктроирани права, недопирливи за државата, рече Камбовски.


ОМД: ОБЕДИНЕТАТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА БАРА АРА ОД МАК МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ДА ОТВОРИ КОНЗУЛАТИ ВО МАЈАМИ, ЛОС АНЏЕЛЕС И ВО ПЕРТ, СИДНЕЈАВСТРАЛИЈА

ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА ГЛАСАЊЕ НА ДИЈАСПОРАТА О бединетата македонска дијаспора бара од македонската Влада да отвори конзулати во Мајами, Лос Анџелес и во Перт, СиднејАвстралија. Како што велат од ОМД, со оглед на големината на македонските заедници во овие градови ќе се подобрат можностите за странски инвестиции, кои можат да бидат привлечени од овие локации во Македонија. Исто така македонската дијаспора, бара Владата да ги преиспита своите стратегии за гласање на дијаспората, политиките и деловните практики со цел да генерира многу поширока поддршка од македонската дијаспора. “Сегашниот модел за гласање на дијаспората привлекува само помалку од 1% од глобалната дијаспора. Тоа не значи и привлекување на најдобрите и најпаметните кандидати за високо чувствителната улога на пратениците од дијаспората чија задача е да се изградат односи со клучните чинители во Австралија и Македонија на парламентарно, на ниво на заед-

ница, истражување и бизнис”, рече директорот на ОМД за Австралија, Ордан Андреевски. Според Андреевски, Македонија и нејзината дијаспора заслужуваат подобро и може 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

да постигне многу подобри резултати преку квалитетен демократски систем, комуникација и соработка врз основа на взаемна почит и стратешки партнерства.


П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А СО Б РА Н И Е ТО “Искрено очекувам и посакувам да се вратат во Собранието и се што е во моја надлежност ќе направам. Не е убаво во Собранието да нема опозиција“, изјави Вељаноски на денешниот брифинг со новинарите. Работата на Собранието, според него не смее да биде закочена, но првин треба да се сочека да се види што ќе се случи и дали опозициските пратеници ќе поднесат оставки или не

П

ретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски ги повика пратениците од опозициската партија СДСМ да се приклучат на работата на Парламентот. “Искрено очекувам и посакувам да се вратат во Собранието и се што е во моја надлежност ќе направам. Не е убаво во Собранието да нема опозиција“, изјави Вељаноски на денешниот брифинг со новинарите. Работата на Собранието, според него не смее да биде закочена, но првин треба да се сочека да се виде што ќе се случи и дали опозициските пратеници ќе поднесат оставки или не. Најдоцна до 26 мај Вељаноски најави дека ќе ја закаже првата пленарна седница на која пратени-

ВЕЉАНОСКИ ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СДСМ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ ците ќе треба да донесат одлука за тоа кои ќе бидат потпретседатели на Собранието, како и одлуки за членови на постојаните работни тела без кои не може да се постапува по законите. Доколку опозицијата не учествува во работата на Собранието, односно нивни пратеници не претседаваат со комисии06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

те и другите собраниски тела, Вељаноски истакна дека има овластување да назначи кој ќе ги води тие тела. Доколку пратениците од СДСМ не поднесат оставки и не доаѓаат на работа шест месеци во Собранието, со двотретинско мнозинство Собранието може да им го одземе мандатот.


ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ Евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата се главни приоритети на идното владино делување, изразени преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции. “Ќе се формира заедничка мешовита работна група од двете партии, за помагање, подршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес“, велат ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

ПОСТИГНАА СОГЛАСНОСТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВА ВЛАДА

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договорија да формираат ново парламентарно мнозинство, соопштуваат двете партии. Евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата се главни приоритети на идното владино делување, изразени преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции. “Ќе се формира заедничка мешовита работна група од двете партии, за помагање, поддршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес“, велат ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Во периодот кој следи, според двете партии, особено до самитот на НАТО и Министерскиот совет на ЕУ, претставниците на оваа работна група ќе ги информираат редовно

партиите за постигнатите резултати и спроведените чекори, мерки и реформи на основа на што тие ќе одлучат за понатамошните чекори и постапки на партиите кои ја сочинуваат владата. “Преговарачките групи на двете партии продолжуваат да работат на усогласување на принципите врз основа на кои ќе функционираат партнерите 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

во владата како и за поделба на ресорите. Партиите при договарањето на оваа коалиција пред се ги имаа интересот на граѓаните за овие прашања, како и контекстот на времето и моментот во кој се наоѓа Република Македонија, регионот но и пошироко“, е додадено во заедничкото партиско соопштение на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.


Денешната седницата ја води најстариот пратеник Стојан Миланов од Социјалистичката партија, а на неа, од вкупно 123 избрани претставници присуствув аат 85 пратеници. Како што најавија, на седницата не присуствуваат членовите на опозициските СДСМ и нејзините коалициски партнери, како и пратеникот од НДП кои освоија мандати на предвремените парламентарни избори на 27 април. СДСМ и коалицијата освои 34 мандати, а НДП еден

СО Б РА Н И Е ТО Н А РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА ЈА ОДРЖУВА

КОНСТИТУТИВНАТА

СЕДНИЦА НА ОСМИОТ ПРАТЕНИЧКИ СОСТАВ

С

обранието на Република М а к е д о н и ј а денеска ја одржува конститутивната седница на осмиот пратенички состав. Денешната седницата ја води најстариот пратеник Стојан Миланов од Социјалистичката партија, а на неа, од вкупно 123 избрани претставници присуст вуваат 85 пратеници. Како што најавија, на седницата не присуствуваат членовите на опозициските СДСМ и нејзините коалициски партнери, како и пратеникот од НДП кои освоија мандати на предвремените парламентарни избори на 27 април. СДСМ и коалицијата освои 34 мандати, а НДП еден. Откако ќе бидат избрани претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието на Република Македонија, ќе бидат верификувани мандатите на пратениците. Потоа ќе следува избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и име-

нувањата, која може да предложи претседател на Собранието од редот на пратениците. Претседател на Собранието можат да предложат и најмалку дваесет пратеници. За да биде избран претседател на Собра08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

нието потребни 62 гласа. На седницата присуствуваат новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов и други гости од политичкиот јавниот живот од Македонија, верските лидери во земјата.


“Перспективата за членство во Европската унија е движечка сила за стабилност и просперитет во регионот“, рече првиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски на министерската конференција ЕУЗападен Балкан што се оддржува во Солун

ПОПОСКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СОЛУН:

ЕУ ДА НОСИ ПРИНЦИПИЕЛНИ

ОДЛУКИ

П

"

ерспективата за членство во Европската унија е движечка сила за стабилност и просперитет во регионот“, рече првиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски на министерската конференција ЕУ-Западен Балкан што се оддржува во Солун. Според Попоски, Република Македонија е целосно подготвена да ги започне преговорите за членство, што неколку години наназад тоа го констатира Европската комисија и тоа со голема доза на интегритет и способност за справување со политички притисок. “Тоа треба да се рефлектира и од страна на земјите членки на ЕУ при носењето на одлуки, бидејќи свесни сме дека тоа се прави и со користење на политиката на моќ и со владеењето на правото, како и дека постои политичко наспроти носење на одлуки базирано на учинок“, подвлече Попоски. Ако целта на Европската унија е сите од регионот да бидат внатре, како што е порачано токму од Солун пред 11 години, според министерот

Попоски, тогаш треба да се овозможи за сите кредибилно да напредуваат. За тоа да се случи, смета тој потребно е носење на одлуки врз принципи, без избегнување на отворена дискусија. “Република Македонија нема нити намера нити интерес да 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

наштети нити на својот јужен сосед нити на неговите интереси. Сосем спротивно, наш успех е да бидеме заедно во ЕУ и да градиме долгорочно партнерство во интерес на стабилноста и просперитетот на целиот регион“, додаде министерот Попоски.


И В А Н О В - В А Н Р О М П УЈ : На средбата во Брисел, Иванов од Ван Ромпуј побарал хрватскословечеки модел за Македонија во однос на паралелно решавање на билатералниот спор и напредување во евроинтеграциите, додека Ван Ромпуј пак, побарал да се земе српско-косовскиот договор како репер за надминување на спорот со името

С

ите политички субјекти во земјата мораат да се посветат на европската агенда, согласни македонскиот претседател Ѓорге Иванов и претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј. На средбата во Брисел, Иванов од Ван Ромпуј побарал хрватско-словечеки модел за Македонија во однос на паралелно решавање на билатералниот спор и напредување во евроинтеграциите, додека Ван Ромпуј пак, побарал да се земе српско-косовскиот договор како репер за надминување на спорот со името. “Посетата на Брисел беше во функција да се укаже на јасната определба на ЕУ-иднината на Македонија. Таа јасна порака беше укажана на средбите, а моите соговорници пријавија интерес за актуелните случувања во нашата земја. Тие упатија јасна порака до сите политички чинители во нашата земја сериозно да пријдат на целиот процес на евроинтеграции и да покажат одговорност во овој процес, бидејки евроинтеграциите се одговорност на сите политички чинители во секоја земја“, додаде Иванов.

СИТЕ ВО ЗЕМЈАТА ДА СЕ ПОСВЕТАТ НА ЕВРОПСКАТА АГЕНДА

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014


М И Х А Е Л Р О Т: Според Рот проблемот со името се гледа како апсурден, а во периодот на претседателството на Грција со ЕУ немало пробив, зашто Атина имала можност на широко да ја објаснува својата позиција околу името. “Во текот на наредното италијанско претседателство, ни требаат конкретни предлози околу името“, изјави Рот за Дојче Веле. Државниот секретар во германското МНР смета дека Европската унија мора да се придржува на обврските и посветеноста на проширувањето кои им се ветени на земјите

ржавниот секретар во германското МНР, Михаел Рот изјавил дека за време на следното, италијанско претседателство со Европската унија потребни се конкретни предлози за решавањето на наметнатиот спор за името на Република Македонија. Според Рот проблемот со името се гледа како апсурден, а во периодот на претседателството на Грција со ЕУ немало пробив, зашто Атина имала можност на широко да ја објаснува својата позиција околу името. “Во текот на наредното италијанско претседателство, ни требаат конкретни предлози околу името“, изјави Рот за Дојче Веле. Државниот секретар во германското МНР смета дека Европската унија мора да се придржува на обврските и

Д

ПОТРЕБНИ СЕ КОНКРЕТНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО посветеноста на проширувањето кои им се ветени на земјите. Ова се однесува особено за земјите од Западниот Балкан. Исто така Унијата мора да ја следи политиката на проширување со јасни, строги и фер критетриуми за прием. Според него, за идните членства во Европската Унија, не смее како во минатото, да има политички попуст. Строгите критериуми за членство пред се треба да се однесуваат на правната држава, стабилната демократи11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

ја, борбата против корупцијата, прифаќањето на малцинствата - религиозни, сексуални, културни и етничките права. “Европската унија треба и самата да ги исполни домашните задачи - да биде способна за прием и за делување со новите членки. Унијата мора преку зголемената транспарентност и подобрената комуникација да ја добие согласноста на граѓаните за натамошните проширувања“, истакна државниот секретар Михаел Рот.


- Македонско друштво „Илинден“-Тирана им предлага на Владата на Репблика Албанија и министерот за локални работи општините во Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се организира по една општина за секоја област. За македонското национално малциство во Албанија припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора е чекор назад во однос на почитувањето на правата на Mакедонците, велат од „Илинден“ и неговиот огранок во Голо Брдо

П

редлогот на власта во Албанија за укинување на дел од општините во кои мнозинско население се Македонци е чекор назад во однос на почитувањето на нивните права, оценуваат од Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Според „Илинден“, во сите пет варијанти за измени општина Пустец не се укинува и останува посебна општина, додека општините Стеблево, Требиште и Голем Острен во Голо Брдо, како и општините Шиштавец и Запод во Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини. Македонско друштво „Илинден“-Тирана им предлага на Владата на Репблика Албанија и министерот за локални работи општините во Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се организира по една општина за секоја област. За македонското национално малциство во Албанија

М . Д . „ И Л И Н Д Е Н “ - Т И РА Н А З А УКИНУВАЊЕТО НА ОПШТИНИТЕ

УКИНУВАЊЕТО НА ГОЛО БРДО И ГОРА УНАЗАДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора е чекор назад во однос на почитувањето на правата на Mакедонците, велат од „Илинден“ и неговиот огранок во Голо Брдо 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

Во наредните два месеца следува јавна дебата за овие предлози и на крајот од јули Парламентот на Албанија ќе гласа за новата територијална реформа.


„Виножито“ успеа да освои само 6.000 гласа, од 200.000 колку се потребни за еден пратеник во Европскиот парламент. Од раководството на партијата, велат дека тоа е максимумот што можеле да го извлечат во вакви услови и дека со самото учество пред грчката и европската јавност покажале дека постојат и дека Грција едноставно мора да се зафати со решавање на македонското прашање

Р Е З У Л ТАТ И О Д Е В Р О П С К И Т Е И ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ГРЦИЈА

ВИНОЖИТО БЕЗ ПРАТЕНИК, ДВАЈЦА КМЕТОВИ - МАКЕДОНЦИ П

артијата „Виножито“ на Македонците, во Грција, не успеа на вчерашните европски избори да добие пратеничко место, но на локалните избори Македонците добија двајца кметови. „Виножито“ успеа да освои само 6.000 гласа, од 200.000 колку се потребни за еден пратеник во Европскиот парламент. Од раководството на партијата, велат дека тоа е максимумот што можеле да го извлечат во вакви услови и дека со самото учество пред грчката и европската јавност покажале дека постојат и дека Грција едноставно мора да се зафати со решавање на македонското прашање. - Очекувавме да добиеме околу 10.000 гласа, но стравувавме да не паднеме под пет илјади. Мораме

да бидеме задоволни со освоените 6.000 гласа, ако се знаат политичката состојба што владее во Грција и односот кој го има кон малцинствата, а посебно кон Македонците – нагласува Панде Ашлаков од раководството на партијата. Изборниот закон ги фаворизира големите партии и не им остава ни најмал простор на претставниците на малцинствата. Од овие избори за ЕП, цела Грција е една изборна единица на која се кандидираат 21 кандидат, колку што има пратеници од Грција. На европските избори тесна победа извојува опозициската СИРИЗА предводена од Алексис Ципрас, втора е владејачката Нова демократија на премиерот Андонис Самарас, а изненади неона13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Maj 2014

цистичката „Златна зора“, која ќе има тројца пратеници во Европскиот парламент. Присуството на „Златна зора“ во ЕП сигурно лошо ќе влијае врз имиџот на Грција во ЕУ, но ќе има и негативно влијание за Македонија. Покрај европските избори, вчера во Грција се одржаа и локални избори, на кои исто така победи СИРИЗА, пред Нова демократија, Златна зора, ПАСОК и Потами. Македонците во Грција на локалните избори поминаа многу подобро. Покрај Ѓорги Јаврамов, кој уште во првиот круг стана кмет во Овчарани, на добар пат за тоа е и Васил Стојков од селото Нерет. Единствено Никола Чочков не успеа да стане градоначалник во леринската префектура.


АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ XIX ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО ВА - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална. Фактичка состојба. ВЕ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во идејна замисла во аурите Сончеви, лудски и природни по место и време. ВИ - Богот, Божестевната Светлина Сончева астрална во процес на раѓање и зголемување.

ВО - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на вознесување и на возвишеност. ВУ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на пад од возвишеноста. В - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална како стварност воопшто. С - Светлината Сончева како стварност воопшто. ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) во своите вечни денски и годишни циклуси се изразува на Земјата во три негови основни природни закони, правила, принципи, завети, а тоа се: СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ и ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ како начин на постоење. Старото, древно, вевто, вехто, античко Македонско и Светско учење и начинот на живеење во тоа време популарно се нарекувало Религијата на Сонцето, или по јазикот на светлината Божествена на аурата Сончева тоа е Светото Писмо, односно, старите два, првиот и вториот Македонски јазици искажувани и пишувани со ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Кои се темелеле и постоеле врз основата на тие три основни вечни природни Сончеви закони на постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ, и ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ. Во продолжение да ги разјасниме накратко, во што се состојат и изразуваат тие три основни, вечни, природни закони, принципи, правила, завети на Небото и на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) кои се постоењето на: 1. СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА; 2. СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ; 3. ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ.

3. Принципот на центарот Сончевата аура или ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) е ЦЕНТАР на својот Сончев систем од планети, сателити од кои трета по одалеченост е нашата планета Земја, кон која има светло позитивно астрално Божествено зрачење и привлекување, со кое ја држи во вечна позитивна зависност. СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА на Сончевата аура или на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) не е присутна непрекинато и еднакво со постојан неизменичен интензитет на светло позитивно, астрално Божествено зрачење на површината на Земјата, а истото се одвива во временски периоди со различен интензитет на зрачење. Тоа се ЦИКЛУСОТ


По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски дневен и ЦИКЛУСОТ годишен. Планетата Земја вртејќи се околу својата оска го прави ЦИКЛУСОТ дневен или деноноќен, а кружејќи или вртејќи се околу Сонцето го прави ЦИКЛУСОТ годишен. Во своите пак Земни циклуси, денски и годишни на изразување ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) се наоѓа скоро во ЦЕНТАРОТ на небескиот свод, купола, во кој како дневен циклус е во 12 часот, а како годишен на 22 Јуни во 12 часот, кога е во својата највисока точка на кулминација или КА(ВОЗВИШЕНОСТ) на небескиот свод, купола, а наблјудувано од географската положба на старата и современа Македонија. ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) со тие три негови ЦЕНТРИ, прво е како ЦЕНТАР на својот и нашиот Сончев систем, потоа во ЦЕНТАРОТ Небески дневен, па во ЦЕНТАРОТ Небески годишен во кој ги има своте највисоки кулминации со највисока СВЕТЛА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ на Небескиот свод. Во тие свои ЦЕНТРИ, како највисоки точки на Небескиот свод, купола на СВЕТЛА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) има најсилни процеси на позитивно зрачење со својата СВЕТЛИНА БОЖЕСТВЕНА на површината на Земјата. Со постоењето на тие најсилни процеси на позитивно зрачење со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА на површината на Земјата, ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) создава процеси на борба со негативноста Земна и победи над неа против темнината ноќна и студот зимски, како непријатели на животот Земен кои ги деградираат и уништуваат неговите услови и вредности. Со постоењето на тие најсилни процеси на позитивното зрачење со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА на површината на Земјата ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) создава и процеси на творештво и естетски вредности, на климатски услови за живот, за творби, дела, род и благодет во растителниот и животинскиот свет, меѓу кои припаѓа и човекот и безбројни циклуси со процеси на живот на Земјата. Со постоењето на тие најсилни процеси на позитивно зрачење со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА на површината на Земјата ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) од тие позитивни нивоа создава на Земјата и позитивни полиња на убавината, љубовта, вистината, правдата, добрината, редот, мирот, свеста, совеста, честа, чесноста, чистотата, мудроста, среќата, слободата и многу други по место и време на постоење на Земјата. Зборот ЦЕНТАРОТ ја има религиозната состојба на аурите сончеви во денски и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на ЦЕ(ЦЕНТАРОТ) Н(НАШ) над ТА(ТЕМНИНАТА) РО(СОНЧЕВ) над

Т(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Со секој нов, денски или годишен циклус на постоењето на религозна состојба на вечната, високо позитивна возвишена доминација, со остварувањето на принципот на ЦЕНТАРОТ, денски и годишен на Сончевата аура над негативноста на Земјата, gi ispolnuva mnogu va`nite religiozni sostojbi po koi se izgradeni zborovite CIKLUSOT, PROCESOT, CRKVATA. ЦИКЛУСОТ - ЦИ(ЦЕНТРАЛНАТА) К(ВОЗВИШЕНА) ЛУ(ЛЈУДСКА) СО(СВЕТЛИНА) над Т(ТЕМНИНАТА) ПРОЦЕСОТ - П(ОДНОВО) РО(СОНЧЕВАТА) ЦЕ(ЦЕНТРАЛНА) СО(СВЕТЛИНА) над Т(ТЕМНИНАТА) ЦРКВАТА - Ц(ЦЕНТРАЛНОТО) Р(СОНЦЕ) К(ВОЗВИШЕНО) ВА(БОЖЕСТВЕНО) над ТА(ТЕМНИНАТА) Имитираќи и поддржуваќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), според учењето и начинот на живеење на Религијата на Сонцето, старите Македонци верници во старата Македонија, ги граделе своите генерациски аури Лични, Семејни, Колективни и Народната со вградувањето на принципот на ЦЕНТАРОТ се доаѓа и до постоењето на религиозните состојби и значења на зборовите СОЦИЈАЛОТ, СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА, ЦИВИЛНОСТА, ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА по место и време на постоење na povr{inata na zemjata po u~eweto i na~in na `iveene po VERATA. СОЦИЈАЛОТ - СО(СВЕТЛИНАТА) ЦИ(ЦЕНТРАЛНА) ЈА(ВНАТРЕШНА) ЛО(ЛЈУДСКА) над Т(ТЕМНИНАТА) СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА - СО(СВЕТЛИНАТА) ЦИ(ЦЕНТРАЛНА) ЈА(ВНАТРЕШНА) ЛИ(ЛЈУДСКА) ЗА(ЗАЗОРЕНА) ЦИ(ЦЕНТРАЛНА) ЈА(ВНАТРЕШНА) над ТА(ТЕМНИНАТА), ЦИВИЛНОСТА - ЦИ(ЦЕНТРАЛНАТА) ВИ(БОЖЕСТВЕНА) Л(ЛЈУДСКА) НО(НАША) С(СВЕТЛИНА) над ТА(ТЕМНИНАТА) Зборот ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА е од вториот стар Македонски јазик изграден во старата Македонија од старите Македонци верници, и ја има религиозната состојба по првиот стар слогов Македонски јазик со која го искажува постоењето на ЦИ(ЦЕНТРАЛНАТА) ВИ(БОЖЕСТВЕНА) ЛИ(ЛЈУДСКА) ЗА(ЗОРА) ЦИ(ЦЕНТРАЛНАТА) ЈА(ВНАТРЕШНА) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на Земјата. ПРОДОЛЖУВА


Според законското решение, приватните субјекти ќе треба да се обрзат со потпишување договор дека ќе ги вршат плаќањата во рок од 60 дена, освен доколку двете страни не се договрат поинаку. Максималниот рок за намирување на обврските е до 120 дена

ЗА ПОДОБРУВАЊЕ Н А Л И К В И Д Н О С ТА Н А СТОПАНСКИТЕ СУБЈЕКТИ

ПОЧНА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

П

очна примената на Законот за финансиска дисциплина кој треба да ја подобри ликвидноста на стопанските субјекти. Според законското решение, приватните субјекти ќе треба да се обрзат со потпишување договор дека ќе ги вршат плаќањата во рок од 60 дена, освен доколку двете страни не се договрат поинаку. Максималниот рок за намирување на обврските е до 120 дена. Законот ги опфаќа не само приватните фирми туку и плаќањата меѓу приватните фирми и државните институции. Доколку не се почитуваат одредбите од Законот, предвидени се казни од 5.000 до 10.000 евра за правните лица, за трговците поединци 1500 до 3.000 евра. За одговорните лица е предвидена глоба

од 750 до 1500 евра. Законот ќе се применува од 1 јануари 2016 година за јавните здравствени установи, јавните прет16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

пријатија, трговските друштва формирани од државата, општините како и Фондот за здравствено осигурување.


С ТА В Р Е С К И : Последните владина мерка за намалување на Данокот на додадена вредност од 18% на 5% за сточната храна, адитивите за сточна храна како и за живиот добиток ќе даде поддршка на македонското земјоделство

НАМАЛУВАЊЕТО НА ДДВ ЌЕ ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА СТОЧНАТА ХРАНА

П

оследните владина мерка за намалување на Данокот на додадена вредност од 18% на 5% за сточната храна, адитивите за сточна храна како и за живиот добиток ќе даде поддршка на македонското земјоделство. Ова е заклучокот од деншната средба на претставници на земјоделските здруженија со министрите за финансии и земјоделие, Зоран Ставрески и Љупчо Димовски. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ефектите од намалувањето на ДДВ ќе бидат повеќекратни, пониски трошоци за производството на месо и млечни производи, намалување на сивата економија и зголемување на конкурентноста на фирмите преработувачи. “Со оваа мерка значајно ќе се зголеми конкурентноста на македонското сточарско производство и на тој начин ќе станеме по

конкурентни во европски размери“, изјави ресорниот министер Димовски. Вицепрмеиерто, Ставрески додаде дека владата 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

продолжува со реализирање на предвидените мерки во аграрот и натаму ќе имама слух за барањата на земјоделците.


Годинава, во денешната пролетна економска прогноза на ЕК, се предвидува дека земјава ќе биде четврта според проектираниот раст на целиот европски континент. Македонија имала раст на БДП од 3,1 проценти, што е помалку само од Романија (3,5%) и Литванија (3,3%), додека целата Европска унија имала раст од само 0,1 процент на БДП

ПРОЛЕТEН ЕКОНОМСКИ И З В Е Ш ТА Ј Н А Е К

МАКЕДОНИЈА СО ТРЕТ НАЈГОЛЕМ РАСТ НА БДП ВО ЕВРОПА

Р

епублика Македонија минатата година имала трет најголем раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во цела Европа, стои во економскиот извештај на Европската комисија. Годинава, во денешната пролетна економска прогноза на ЕК, се предвидува дека земјава ќе биде четврта според проектираниот раст на целиот европски континент. Македонија имала раст на БДП од 3,1 проценти, што е помалку само од Романија (3,5%) и Литванија (3,3%), додека целата Европска унија имала раст од само 0,1 процент на БДП. За оваа година, Македонија е предвидено да има раст на БДП од 3,0 проценти, во што единствено подобри од неа ќе бидат Летонија (+3,8%), Литванија (+3,3%) и Полска (+3,2%). Во однос на Македонија, позитивни се прогнозите за раст на БДП и за 2015 година, кога ЕК прогнозира дека земјава ќе оствари раст од 3,2 отсто, Европската унија раст од 2,0 проценти, Еврозоната (+1,7%), а се прогнозира дека догодина

ќе започне позитивниот тренд на зголемување на БДП кај сите членки на ЕУ и Еврозоната. Позитивниот тренд во однос на намалување на невработеноста во Македонија, која од 32 проценти во 2010 година, лани достигнала 29 отсто, годинава се очекува да се намали за 0,5 проценти, а догодина да падне на 27,5 проценти. 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

Во однос на јавниот долг, иако е забележана тенденција на зголемување во Македонија, па од ланските 36,0 проценти на БДП, годинава се очекува да се зголеми на 28,7 отсто, а догодина на 40,8 проценти, тоа е сепак далеку од дозволениот минимум на задолженост на Европската унија, кој изнесува 60 проценти од БДП.


“Со ова се заобиколуваат две фази, односно физичкото присуство пред шалтерите и процесот на внесување на податоците од годишната сметка во базата на податоци во регистарот на годишни сметки“, изјави директорот на Централниот регистар Ванчо Костадиновски по денешната средба со претставниците од Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори

НАД 14 ИЛЈАДИ КОМПАНИИ ПОДНЕСОА

ГОДИШНИ СМЕТКИ ПРЕКУ ОН-ЛАЈН СИСТЕМОТ

О

колу 14.300 компании ја искористиле можноста за поднесување годишна сметка во Централниот регистар преку онлајн системот кој беше официјално пуштен во употреба на 31 март годинава. “Со ова се заобиколуваат две фази, односно физичкото присуство пред шалтерите и процесот на внесување на податоците од годишната сметка во базата на податоци во регистарот на годишни сметки“, изјави директорот на Централниот регистар Ванчо Костадиновски по денешната средба со претставниците од Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори. Фирмите кои го искористиле он-лајн системот, се големи и средни кои согласно законот беа обврзани да достават електронски годишна сметка

до Централниот регистар. Според податоците на Централниот регистар, околу 25 илјади компании не ја исполниле законската обврска и не поднеле годишни сметки. Тие, доколку до 31 декември годинава не поднесат годишна сметка за изминатата 2013 година, ќе се премине кон нивно административно бришење. «Додека траеше поднесу19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

вањето на годишните сметки, системот беше стабилeн и многу се олесни поднесувањето на сметките. Интенцијата е во следниот период со презентација да видиме дали може да го зголемиме поднесувањето во електронска форма кое сега е околу 15%», изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители при ССК.


ММДЧП И АМКЧП: Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права го зголемија фондот на средства за училишта на македонски јазик во Албанија, како и за ТВ програмата на македонски јазик во Корча, Албанија. Пред извесно време, албански владини претставници и агенти на тајната служба упатија смртни закани до македонските наставници, физички ги напаѓаа и се обидоа да ги заплашат учениците, но приватните часови на македонски јазик сепак продолжија да се развиваат

СЕ ЗГОЛЕМУВА ФОНДОТ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО АЛБАНИЈА

М

акедонското меѓународно движење за човекови права и АвстралискоМакедонскиот комитет за човекови права го зголемија фондот на средства за училишта на македонски јазик во Албанија, како и за ТВ програмата на македонски јазик во Корча, Албанија. Пред извесно време, албански владини претставници и агенти на тајната служба упатија смртни закани до македонските наставници, физички ги напаѓаа и се обидоа да ги заплашат учениците, но приватните часови на македонски јазик сепак продолжија да се развиваат. Најнов потег на албанската влада во обид да ја потисне употребата на македонскиот јазик е реорганизација на општините со македонско население и нивно присоединување во општини населени со Албанци. На тој начин ќе се намали процентот на Ма-

кедонци во секоја област што на Албанија ќе и’ овозможи да го укине јавното образование на македонски јазик. Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права ја осудуваат Албанија за диригираната конти20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

нуирана дискриминација на македонското малцинство, барајќи истовремено од меѓународната заедница да се побара конечно одговорност. Ова се однесува и на неодамнешната резолуција на Советот на Европа со која што се бара од Албанија да обезбеди образование на сите свои малцински јазици.


Statistika Во најновиот извештај на организацијата „Фридом хаус“, Македонија бележи натамошен пад на ранглистата за слободата на медиумите. Македонија е на 122-ро место од 197 држави и територии, со 57 поени, рангирана во категоријата на земји каде постои “делумна слобода“. Од балканскиот регион со оценка како делумно слободни се и Србија, Грција, Хрватска, БиХ и Бугарија, но пред Македонија рангирани, додека Турција е оценета како неслободна земја

„ФРИДОМ ХАУС“

МАКЕДОНИЈА НА 122 МЕСТО ВО СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ

В

о најновиот извештај на организацијата „Фридом хаус“, Македонија бележи натамошен пад на ранг-листата за слободата на медиумите. Македонија е на 122-ро место од 197 држави и територии, со 57 поени, рангирана во категоријата на земји каде постои “делумна слобода“. Од балканскиот регион со оценка како делумно слободни се и Србија, Грција, Хрватска, БиХ и Бугарија, но пред Македонија рангирани, додека Турција е оценета како неслободна земја. Од организацијата заклучуваат дека слободите, во смисла на основните човекови права и граѓанските слободи, во светски рамки бележат паѓање веќе осма година по ред. На првите три места по Холандија, Норвешка и Туркменистан, Узбекистан и слободата на медиумите се Шведска. На самото дно се Северна Кореја. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014


НА 8 И 9 ЈУНИ Настапите се закажани во новиот Македонски народен театар и се со ограничен број влезници. На нив браќата Тавитјан премиерно, непосредно пред светската турнеја која започнува со нивниот концерт во најпрестижната сала во светот, Карнеги Хол” во Њујорк, на 17 јуни, по што следува и концерт во престижниот Ројал Алберт хол” во Лондон, ќе го отсвират новиот материјал на домашен терен

Н

БРАЌАТА ТАВИТЈАН СО ДВА КОНЦЕРТА

а 8 и 9 јуни браќата Тавитјан ќе одржат два ексклузивни, промотивни концерти на новиот албум со наслов “Tavitijan Brothers play classics”, со врвни изведби на најпознатите дела на великаните на сериозната музика: Бах, Моцарт, Шопен, Чајковски, Лист, Рахманинов... во рафиниран и модерен џез израз. Настапите се закажани во новиот Македонски народен театар и се со ограничен број влезници. На нив браќата Тавитјан премиерно, непосредно пред светската турнеја која започнува со нивниот концерт во најпрестижната сала во светот, Карнеги Хол” во Њујорк, на 17 јуни, отсвират новиот материјал по што следува и концерт на домашен терен. во престижниот Ројал АлПоради настанатата берт хол” во Лондон, ќе го непогода во соседството, 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

дел од приходите од двата концерти ќе биде наменет за настраданите подрачја во Србија и БиХ.


Прилепчани можеа да ја видат “Од кол на кол 1”, а следниот ден беШе продолжението на оваа пиеса, во режија на Коле Ангеловски. Се одигра и “Буре барут” на режисерката Наташа Поплавска, и повторно претстава од Коле Ангеловски и тоа “Три варијации на една тема”, а децата се радуваа на “Мачорот во чизми”.

Н

ародниот театар “Војдан Чернодрински” од Прилеп, на своите сограѓани им нуди недела на бесплатен театар, почнувајќи со претставата “Швејк во Втората светска војна”, режирана од Мартин Кочовски. Прилепчани можеа да ја видат “Од кол на кол 1”, а следниот ден беше продолжението на оваа пиеса, во режија на Коле Ангеловски. Се одигра и “Буре барут” на режисерката Наташа Поплавска, и повторно претстава од Коле Ангеловски и тоа “Три варијации на една тема”, а децата се радуваа на “Мачорот во чизми”.

Н А Р О Д Н И О Т Т Е АТА Р “ В О Ј Д А Н ЧЕРНОДРИНСКИ”

НЕДЕЛА НА БЕСПЛАТЕН ТЕАТАР ВО ПРИЛЕП

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014


ЗА ПЛЕВНЕШ Македонскиот писател Јордан Плевнеш е добитник на највисокото признание на Министерството за култура на Бугарија „Златен век, св. Кирил и Методиј“, кое се доделува на Денот на светите Кирил и Методиј, апостолите на словенската писменост. Ова високо признание досега го добиле само петмина од Европа

М

акедонскиот писател Јордан Плевнеш е добитник на највисокото признание на Министерството за култура на Бугарија - „Златен век, св. Кирил и Методиј“, кое се доделува на Денот на светите Кирил и Методиј, апостолите на словенската писменост. Ова високо признание досега го добиле само петмина од Европа. Наградата на Плевнеш му е доделена за неговото уметничко творештво, за неговата мисија во доближувањето на балканските култури и за градењето на духовните мостови меѓу Бугарија и Македонија. Инаку, Плевнеш гостувал на Интернационалниот театарски фестивал во Враца, каде што претседателот на Фондацијата „Балканика“, Николај Стојанов, го промовирал второто издание на драмата „Р“ од македонскиот писател, која е играна во 30ина земји во светот. Во

"ЗЛАТЕН ВЕК, СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ"

рамките на фестивалот, на интернационалната работилница на агенцијата „Нета“, било промовирано и неговото ново драмско дело „Св. Кирил и Методиј 11 века 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014

подоцна“, кое со актери од 10-ина словенски земји ќе биде изведено во 2015 година на Интернационалниот театарски фестивал во Букурешт.


КОЛЕ МАНЕВ - Душите имаат сенки во кои се отчитува сета трагикомедија на човековите заблуди и илузии што со дебела патина ја прекриваат човечноста. која е едвај видлива

28. С А М О С ТО Ј Н А

И З Л ОЖ Б А

П

ред многу колеги, пријатели, членови на семејството и почитувачи на неговото творештво, академскиот сликар Kоле Манев во Музејот на град Скопје ја отвори својата 28. самостојна изложба. Под наслов „Спокој неспокој“, тој изложи 35 дела работени во последните неколку години. Изложбата ја отвори д-р Срѓан Kерим, кој рече: - Душите имаат сенки во кои се отчитува сета трагикомедија на човековите заблуди и илузии што со дебела патина ја прекриваат човечноста. која е едвај видлива. Што ни порачува со нив сликарот? Добре дојдовте во светот на формите, ритуалите и процесите. Но тој не е таму, туку во својот свет на душите.

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 788 / Мај 2014



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.