Macedonian Sun
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
WEB EDITION
Година XVIII, Број 789, Јуни 2014
ГРЦИЈА НЕ Е П О Д ГО Т В Е Н А Д А П РА В И КОМПРОМИСИ
WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION
MONTHLY EDITION
В И Н ОЖ И ТО В Ч Е РА О С ТА Н А БЕЗ САЛА ЗА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
MONTHLY EDITION
ГЕРМАНИЈА САКА ДА СОРАБОТУВА СО МАКЕДОНИЈА
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
ПАСКА ЛИ: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГО НАЈДЕ СВОЕТО МЕС ТО ВО ЕВРОПА
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
e edna!!!
Во Мелбурн, Австралија каде живеат бројни Македонци, се одржа отворено собрание со претставници на македонските организации против најавата на повеќе македонски институции, академици, научници, историчари и новинари за заедничка прослава со нашиот источен сосед на македонскиот национален и државотворен празник на Република Македонија - Илинден. Тие испратија резолуција до сите засегнати македонски институции во која се вели - Ние, Македонците, претставници на македонските организации во Викторија и Австралија огорчени во душите, се собравме да ги разгледаме последните најави, предлози и активности на македонските политичари, академици, големоцрковни достојници, историчари, научници, експерти и новинари за заедничка прослава со Бугарија на македонскиот државотворен празник - Илинден. Инаку да се потсетиме - во втората половина на мај имаше заедничка прослава кај начиот источен сосед на светите македонски просветители Кирил и Методи каде што беа прославени како Словенски просветители, а притоа поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан не сослужуваше со поглаварот на источнососедската православна црква. И повторно да потсетиме, ако некои веќе изумиле-Браќата Кирил и Методи прво се ,,Македонски просветители,, а потоа се Словенски или Сесловенски. Потоа следеше размената на писма на претседателите на Македонија и на источниот сосед за заедничка прослава и на Илинденското востание. Тоа како да беше малку во јавноста па се јави и првиот човек на МАНУ, со поткрепа за заедничка прослава на Илинденското востание со тие таму на исток од нас. После нив се јавија историчари, научници, експерти и новинари и политичари. Заради горе наведените активности ние, Македонците, од Австралија, а на оваа изјава и јас се приклучувам, сме огорчени, понижени, деградирани и национално обезличени затоа што со овие иницијативи бескруполозно и темелно се разниша историјата на Македонскиот народ со изјавите за заедничка прослава на Илинденското востание со источниот сосед. Илинденското востание не смее да биде предмет за пазарење затоа што во душата на секој Македонец гори Илинденскиот оган кој ја зафати целокупна етничка Македонија од Сандански, Петрич, Гоце Делчев, Драма, Кавала, Воден, Костур, Лерин, Битола, Крушево, и други места на етничка Македонија. Тогаш, во 1903 година, се потврди уште еднаш националната и етничка посебност на Македонскиот народ и се потврди државотворноста со создавањето на Македонската Република (Крушевска Република). Овој подвиг, ова дело се потврди и на 2 Август 1944 во Прохор Пчињски кога се ослободи Република Македонија од окупацијата на фашистичкиот источен сосед. Потоа следеа неколку барања до македонските врхушки, барања за кои и од мене имаат голема поддршка, за на крајот да им се приклучам и кон последната изјава на моите Македонци од Австралија која вели вака - безусловно ги отфрламе сите опции и видови на заедничка прослава со источниот македонски сосед на македонскиот национален и државотворен празник - Илинден затоа што заедничката прослава ќе ги урне темелите на историјата на македонскиот народ и државотворноста на Македонија. Да се надеваме дека овде во Македонија, оние кои размислуваат поинаку ќе ја прифатат оваа резолуција за доброто на Македонија и македонскиот народ.
\or|ija - Xorx Atanasoski
МИЛОШОСКИ Грција не го гледа решението за спорот како главна цел во однос на Македонија, туку со неговото одолговлекување има цел Македонија што подоцна да се приклучи во меѓународните организации, изјави поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа
ГРЦИЈА НАМЕРНО ОДОЛГОВЛЕКУВА ВО СПОРОТ СО МАКЕДОНИЈА Г
рција не го гледа решението за спорот како главна цел во однос на Македонија, туку со неговото одолговлекување има цел Македонија што подоцна да се приклучи во меѓународните организации, изјави поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа. Милошоски наведе дека оваа информација ја добил од својата колешка Дора Бакојани на средба во Мадрид, кога Шпанија претседаваше со ОБСЕ. Таа кажа дека позицијата на официјална Атина е таква што тие ќе ги направат сите можни чекори и ќе ги преземат сите можни дејствија Македонија да не стане член-
ка на ЕУ, пред тоа да стане Србија. Тоа ни дава до знаење дека Грција игра на тактиката на одолговлекување на решението и на спорот, истакна тој. Според него ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во однос на прашањето за решавање на спорот за разликите за името се разликуваат главно по две работи. Првата работа е тоа што ние гледаме да не избрзуваме со изложување на нашите ставови во јавноста, затоа што изложување на секој став не му прави добра услуга на кој било предлог. Втората работа по која сме имале разлики со коалициониот партнер по ова прашање е начинот на од03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
лучување и стигнување до конечно решение. Ние сметаме дека конечното решение и одговор треба да биде резултат на изјаснување на граѓаните на референдум, подвлече Милошоски. Стратегијата на Македонија во однос на евроатланските интеграции, според него, е да се продолжи со реформите и да се остане на ниво на капацитетот и на потребните услови за членство во НАТО и во ЕУ. Истовремено треба да се одржуваат пријателствата и сојузништвата кои ги имаме со многу земји, како и добрата регионална соработка со сите други соседи, за да се покаже дека Грција е таа што создава вештачки бариери и пречки.
ФЛОРИЈАН БИБЕР Натамошното проширување на Европската Унија е блокирано од опаднатото расположение за тој процес во Унијата и од неможноста за решавање на билатерланите спорови, истакна Флоријан Бибер, директор на Центарот за европски студии на Универзитетот во Грац за Радио Слободна Европа
ГРЦИЈА НЕ Е ПОДГОТВЕНА ДА ПРАВИ КОМПРОМИСИ
Н
атамошното проширување на Европската Унија е блокирано од опаднатото расположение за тој процес во Унијата и од неможноста за решавање на билатерланите спорови, истакна Флоријан Бибер, директор на Центарот за европски студии на Универзитетот во Грац за Радио Слободна Европа. Според Бибер, еден ден кога економската криза ќе мине ќе се промени и расположението на земјите членки на ЕУ, кои сега не се расположени за проширување. Но, во однос на билатералните спорови тој прецизира дека Европската Унија се уште не најде начин како да го реши проблемот меѓу Србија и Косово, како и проблемот со Македонија и Грција. Кога станува збор за Македонија, за да се дојде до преговори е потребен компромис, но не гледам дека Грција сега е во состојба да направи таков исчекор, особено не со премиер кој во голема мера е одговорен за спорот пред дваесет години. Во економска криза националистите ги добиваат изборите, така што Грција не е
подготвена да прави компромиси, истакнува Бибер. Тој додава за време на економската криза во ЕУ е евидентна тенденцијата за опаѓање на солидарноста внатре во Унијата, а тоа се изразува така што многу земји, особено соседи на Западен Балкан, го користат тој процес за да инсистираат на своите инетереси. Гледаме како Грција ја заба04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
вува Македонија, а имавме конфликт и меѓу Словенија и Хрватска, па дури и Романија и Србија. Гледаме процес на злоупотреба на моќта на една членка на Унијата спрема земја која тоа не е, при што нема рамнотежа. Тоа, како што наведува тој, не е легитимно водење политика и оди на штета на земјата која ја злоупотребува својата позиција.
ПАСКАЛИ вистинско место со взаемна корист, оценува вашингтонскиот аналитичар Умберто Паскали во интервју за Гласот на народот
МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГО НАЈДЕ СВОЕТО МЕСТО ВО НОВАТА ЕВРОПА В
о рамките на новата Европа што се формира Македонија може да го најде своето вистинско место со взаемна корист, оценува вашингтонскиот аналитичар Умберто Паскали во интервју за Гласот на народот. Македонија треба внимателно да ја набљудува новата Европа што се формира со вистински суверени нации посветени на развојот на сопствените држави и благосостојба на својот народ, истакна Паскали. Гласањето на европските избори, порачува тој, не треба да ја плашат Македонија. - Тоа не е фашистичко
гласање. Тоа беше глас на револт против политиката на претерано штедење, економско уништување и војната наметната на европските земји од страна на бирократијата на ЕУ во Брисел. И таа бирократија е целосно контролирана од страна на финансиските ограбувачи, вели Паскали. Според него, „невидениот 30-годишен договор, потпишан на 21 мај во Шангај за 400 милијарди долари, за снабдување на Кина со руски гас, го промени светот. - Овие две земји сега се сијамски близнаци. Големи економски, политички и воени 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
моќи, многу јасно, многу конкретно се појавија во светот. Покрај тоа, овие земји повеќе не го користат доларот, тие ги користат кинеските и руските валути. Поглавјето на старата историја сега е затворено, наведува Паскали, кој ја истакна важноста на организацијата на евроазиските земји, ЦИЦА, како и организацијата БРИКС и Шангајската организација за соработка. - Ова се новите сили на кои, сигурен сум дека раководството на Македонија ќе гледа со големо внимание. Всушност јас верувам дека ова веќе се случило. Еден нов свет сега е возможен...“, дополни Паскали.
„ Н Е Д О РА З Б И РА Њ Е “ В О СО Л У Н „Виножито“ на последните избори во Грција за Европскиот парламент доби 28 отсто повеќе гласови во споредба со освоените гласови за европските избори во 2009 година. Зголемувањето на бројот на гласачи во сите региони каде што живеат етничките Македонци, за оваа партија е многу значаен податок
ВИНОЖИТО ВЧЕРА ОСТАНА БЕЗ САЛА ЗА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
М
акедонската партија „Виножито“ вчера не доби можност да одржи конференција за печатот во Солун, за учеството на евроизборите, поради наводни „недоразбирања" околу резервацијата на салата. „Виножито“ на последните избори во Грција за Европскиот парламент доби 28 отсто повеќе гласови во споредба со освоените гласови за европските избори во 2009 година. Зголемувањето на бројот на гласачи во сите региони каде што живеат етничките Македонци, за оваа партија е многу значаен податок. Зголемување на бројот е регистриран во Солун, Кукуш, Иматиа, Кожани, Костур, Пела и Серез. „Ова јасно покажува дека ставовите на Виножито се веќе прифатени од голем број на Македонци и Грци, демократи кои сакаат нашата земја конечно да стане модерна европска демократија која ги почитува и штити правата на малцинствата. Еднакво важно за нас е и зголемувањето на бројот на млади гласачи кои сè поот-
ворено бараат да учат на македонски јазик, на јазикот на нивните мајки и баби. Ние сме многу задоволни од резултатите и покрај „исчезнувањето“ на нашиот гласачки материјал на бројни избирачки места. Бевме сведоци на бројни докажани измами. Изборниот систем како што е денес поставен едноставно ја загушува слободата на изразување на граѓаните. И покрај се го постигнавме овој резултат. Им благодариме на Македонците и на сите демократски расположени граѓани на оваа земја, кои се охрабрија и ни го доверија 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
нивниот глас. Ние нема да ги разочараме“, пишува во дел од соопштението на прес канцеларијата на Виножито. За претставниците на Виножито ова е само почеток на омасовувањето на македонското движење во земјата. „Ова е мирно движење кое повикува на признавање на македонското национално малцинство, кое повикува на воведување на современ македонски јазик на сите нивоа на образование и на службена употреба на македонскиот јазик во сите области каде што живеат Македонци“, нагласуваат од „Виножито“.
МЕРКЕЛ Германија сака да соработува со Македонија и ќе ја радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името, изјави во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел. - Ние сакаме со Македонија разумно да соработуваме и секако ќе ме радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името. Тоа е нешто во што не успеавме. Тоа не зависи само од Македонија, но зависи и од Македонија, истакна Меркел на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во однос на нејзините очекувања од новата македонска влада
Г
ерманија сака да соработува со Македонија и ќе ја радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името, изјави во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел. - Ние сакаме со Македонија разумно да соработуваме и секако ќе ме радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името. Тоа е нешто во што не успеавме. Тоа не зависи само од Македонија, но зависи и од Македонија, истакна Меркел на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во однос на нејзините очекувања од новата македонска влада. Меркел потврди и дека на 28 август Берлин ќе биде домаќин на конференцијата на земјите од Западен Балкан.
ГЕРМАНИЈА САКА ДА СОРАБОТУВА СО МАКЕДОНИЈА - Очекувањата од конференцијата се дека со неа ќе придонесеме прво подобро да се запознаеме, зашто и ние во Германија не знаеме се’ за проблемите на земјите од регионот. Второ - да се засили соработката во регионот, особено кога станува збор за прекугранични 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
проекти. И секако со неа да се придонесе во доближувањето на целиот регион кон Европската унија. Нашата претстава е секоја година друга членка на Унијата да организира ваква конференција. За идната година е договорено тоа да го направи Австрија, изјави Ангела Меркел.
УЈ П : Управата за јавни приходи на својата веб страница ја објави првата листа на компании и граѓани кои на државата и должат парични износи по основ ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини
ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА НА ДОЛЖНИЦИ
У
правата за јавни приходи на својата веб страница ја објави првата листа на компании и граѓани кои на државата и должат парични износи по основ ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата се имињата на физички лица и самостојни вршители на дејност на кои вкупниот износ на долгот им е повисок од 120.000 денари, како и на правни лица со долгови над 300.000 денари. Објавувањето на листата на должници ќе се прави еднаш месечно, најдоцна до 10-ти во месецот. На листата нема да се најдат имињата на оние субјекти, односно на граѓани и компании кои навремено ги намириле своите своите обврски кон државата. 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
ВЛАДА: доколку тие бидат на тој начин реализирани и непроменети, Владата веќе разработува анализи во врска со можностите за реализација на планираните проекти во рамките на сегашните количини и капацитети на природен гас кои може да се обезбедат. Според првичните процени, гасификацијата на Скопје не е доведена во прашање во случај на неможност за реализација на “Јужен поток“, рече Ѓорѓиев.
ГАСИФИКАЦИЈАТА НА СКОПЈЕ И НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА В ладата убедува дека гасификацијата на Скопје и на Македонија ќе се реализира, без разлика каква ќе биде судбината на гасоводот “Јужен поток“. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, внимателно се следи состојбата и се разгледуваат и сите останати можни алтернативи. “По повод најновиот развој на ситуацијата поврзана со одлуките на Бугарија, и доколку тие бидат на тој начин реализирани и непроменети, Владата веќе разработува анализи во врска со можностите за реализација на планираните проекти во рамките на сегашните количини и капацитети на природен гас кои може да се обезбедат. Според првичните процени, гасификацијата на Скопје не е доведена во прашање во случај на неможност за реализација на “Јужен поток“, рече Ѓорѓиев. Според него гасификацијата на Скопје оди според предвиденото и сега се бара приватен партнер за да се доврши со проектот. Со оглед дека покрај скопската гасификација, има уште два лота за реализација на гасификацијата, од кои едниот за источна Македонија, а другиот за западна Македонија, според владиниот портпарол, институциите прават допол-
нителни пресметки. “Прелиминираните нефинални анализи укажуваат дека веројатно и овие два лота би можеле да се вклопат во сегашните количини и капацитети, кои ќе ги задоволат потребите краткорочно или евентуално среднорочно. Инаку, соодветно внимание се посветува и на Јужен тек и на Трансјадранскиот гасовод ТАП, како битни проекти за долгорочната енергетската иднина на земјата. За ТАП подолго време комуницираме со партнерите, сме имале поголем број контакти, 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
квалитетни и по обем и по суштина, последен пат со претставници на ТАП кои беа во земјава неодамна, и на овој план работите се одвиваат во добра насока“, додаде Ѓорѓиев. Реализацијата на проектот “Јужен поток“ стана неизвесна откако Бугарија ги стопираше работите за изведба на проектот на нејзина територија, по барање на Европската унија. Исто така стопирање на проектот најави и Србија. Република Македонија со крај од Бугарија или Србија треба да се приклучи кон ова гасификациона мрежа.
АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ XX ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А
ВО - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на вознесување и на возвишеност. ВУ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на пад од возвишеноста. В - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална како стварност воопшто. С - Светлината Сончева како стварност воопшто. ВРЕМЕТО
СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО ВА - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална. Фактичка состојба. ВЕ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во идејна замисла во аурите Сончеви, лудски и природни по место и време. ВИ - Богот, Божестевната Светлина Сончева астрална во процес на раѓање и зголемување.
По учењето и начинот на живеење според Религијата на Сонцето, или на ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, ПРАВАТА СЛАВАТА во старата, древна, античка Македонија старите, древни антички Македонци дошле до потреба од регистрација на денските и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ). Со тие нивни точни мерења и регистрации на денските и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) се создал поимот, значењето на зборот ВРЕМЕТО, и на зборот КАЛЕНДАРОТ за географската положба на старата Македонија. Со текот на дневните циклуси Земни на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) се создава годишниот циклус Земен, а со вечниот тек на тие денски и годишни, Земни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) се создава тој процес во текот на ВРЕМЕТО како величина која античките Македонци верници ја разбирале, мереле и регистрирале под посебна научна природна дисциплина која ја нарекувале КАЛЕНДАРОТ. Во текот на една Календарска година која претставува еден годишен циклус на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Земјата, античките Македонци верници во античка Македонија според Религијата на Сонцето, како и верниците по Светот, како Светска Религија на Сонцето имале посебни датуми на празнување на Сончевите ВОЗВИШЕНОСТИ и естетски вредности по системот на ПРАВАТА, и посебни датуми, како празници на празнување на ВОЗВИШЕНОСТА Лјудска, кои верниците ги славеле со нивните естетски вредности по системот на СЛАВАТА. Од многу големо значење било мерењето на Времето како годишен циклус со броење на деновите и со регистрација на важните датуми, како празници, но и потребата од годишниот сезонски распоред земеделски на времето или со тој чин настанал поимот, значењето и смислата на КАЛЕНДАРОТ, vremeto na ERATA, но и на БРОЈКИТЕ како зборови со нивното графичко изразување во старата Македонија. Зборот ВРЕМЕТО ја има религиозната состојба на аурите сончеви во денски и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар
По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на В(БОЖЕСТВЕНОТО) РЕ(СОНЦЕ) МЕ(МОЈЕ) над ТО(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Со непрекинатиот тек на новите денски и годишни циклуси, кои се реализираат на еден и ист претходен начин и време на траење на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) над негативноста на Земјата ја има и религиозната состојба која за верникот Земен е В(БОЖЕСТВЕНОТО) РЕ(СОНЦЕ) МЕ(МОЕ) над ТО(ТЕМНИНАТА), напишана и искажана од старите Македонци верници, со јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата, тоа е стариот втор Македонски јазик, тоа е постоењето на зборот ВРЕМЕТО по учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА. Со зборот ВРЕМЕТО и неговата религиозна состојба на постоењето на В(БОЖЕСТВЕНОТО) РЕ(СОНЦЕ) МЕ(МОЕ) над ТО(ТЕМНИНАТА) се определуваат две значења и разбирања широко прифатени меѓу античките Македонци верници. Првото значење се однесува, секогаш на аурата Сончева, а второто на аурата лична како МОЕ која има соодветен временски краток период на постоење и живеење спрема аурата Сончева. Тој временски Земен период на живеење на верниците како луѓе се мери со БОЖЕСТВЕНИ СОНЦА како дневен и годишен циклус. Зборот КАЛЕНДАРОТ ја има религиозната состојба на аурите сончеви во денски и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на КА(ВОЗВИШЕНАТА) ЛЕ(ЛЈУДСКА) Н(НАША) ДА(СВЕТЛИНА ДНЕВНА) РО(СОНЧЕВА) над Т(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Зборот БРОЈКАТА ја има религиозната состојба на аурите сончеви во денски и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на Б(ЗЕМНОТО) РО(СОНЦЕ) Ј(ВНАТРЕШНО) КА(ВОЗВИШЕНО) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА
СЛАВАТА. Со постоењето и реализацијата на новите денски и годишни циклуси, графички и технички, се регистрирани со бројки и зборови како непрекинат тек на ВРЕМЕТО на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Земјата и ВОЗВИШЕНИ циклуси, денски и годишни, кои се над негативноста на Земјата, а тоа е темнина ноќна и студот зимски. Тој ја има и религиозната состојба која е за верникот Земен КА(ВОЗВИШЕНАТА) ЛЕ(ЛЈУДСКА) Н(НАША) ДА(СВЕТЛИНА ДНЕВНА) РО(СОНЧЕВА) над Т(ТЕМНИНАТА) што е напишана и искажана од старите Македонци верници, со јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата, тоа е стариот втор Македонски јазик, тоа е постоењето, значењето и формата на зборот КАЛЕНДАРОТ по учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА. Вечниот и непрекинат тек на Сончевите денски и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на површината на Земјата е и познавањето, смислата и свеста за текот на ВРЕМЕТО кое го регистрирале старите Македонци верници во старата Македонија со системот на КАЛЕНДАРОТ, како стари, поминати, денски и годишни циклуси на нови, сегашни, и на предстојни во иднина по учењето и начинот на живеење според Религијата на Сонцето или според ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Зборот ЕРАТА ја има религиозната состојба на аурите сончеви во денски и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на Е(ЕВЕ) Р(СОНЦЕТО) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Со регистрацијата на денските и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на површината на Земјата по системот на Календарот се укажувало на сите нови циклуси на постоењето на религиозните состојби на ПРА или на постоењето на П(ОДНОВО) РА(СОНЦЕТО). Потоа, за време на Религијата на Сонцето сите тие регистрирани денски и годишни циклуси, како поминати, се реализирани, тие веќе одбележни со ПРА добиваат значење на стари, многу стари; или на ПРА, со кое значење веќе слогот станува и претставка на различни зборови со смисла и значење што им го дава на нешто што постоело многу одамна или е ПРАСТАРОТО.
ПРОДОЛЖУВА
Sudstvo
З Н М Ќ Е П ОД Н Е С Е Т У Ж Б А В О С Т РА З БУ Р
„Ние сме убедени дека Европскиот суд ќе утврди повреда на правото на слобода на изразување. Сите новинари што се потпишаа на иницијативата дадоа согласност да го овластат нашиот адвокат за тужбата во Стразбур“, изјави Селмани. Тој се осврна и на коментарот на премиерот Никола Груевски, кој проблемот со слободата на изразување во Македонија го нарече „надуен балон“, препорачувајќи му да ги види последните неколку извештаи на Европската комисија и на релевантни меѓународни организации кои потврдуваат дека Македонија има проблем во оваа област
УСТАВНИОТ СУД ЈА ОТФРЛИ ПРЕТСТАВКАТА ЗА 24-ТИ ДЕКЕМВРИ
З
дружението на новинари на Македонија ќе поднесе тужба во Судот за човекови права во Стразбур за инцидентот на 24 декември, по отфрлање на нивната тужба во Уставен суд. Одлуката на македонскиот Уставен суд да ја отфрли претставката за изнесувањето на новинарите од собраниската галерија, за време на случувањата во Собранието на 24 декември 2012 година, со образложение дека новинарите биле отстранети заради нивна лична безбедност, според претседателот на новинарското здружение Насер Селмани, е „скандалозна, апсурдна и крајно опасна за демократијата“.
„Ние сме убедени дека Европскиот суд ќе утврди повреда на правото на слобода на изразување. Сите новинари што се потпишаа на иницијативата дадоа согласност да го овластат нашиот адвокат за тужбата во Стразбур“, изјави Селмани. Тој се осврна и на коментарот на премиерот Никола Груевски, кој проблемот со слободата на изразување во Македонија го нарече„надуен балон“, препорачувајќи му да ги види последните неколку извештаи на Европската комисија и на релевантни меѓународни организации кои потврдуваат дека Македонија има проблем во оваа област. 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
„Не е надуен балон дека Македонија е единствената земја во југоисточна Европа каде новинар е осуден на четири ипол години затвор за наводно откривање на идентитет на заштитен сведок. Не е надуен балон дека Македонија е единствена земја во Европа каде новинар се гони за наводно шпионирање. Не е надуен балон дека новинарите беа исфрлени со сила од Собранието. Факт е дека продолжува праксата носители на јавни функции да тужат новинари за да ги исплашат и да ги обесхрабрат да истражуваат за евентуални злоупотреби на власта“, дополни Селмани.
ВЛАДА НА РМ Право на учество имаат сите студенти независно од етничка, верска, полова и социјална припадност, или пак политичка ориентација, и независно од годината на студии, а особено студентите на правни, политички, економски и филолошки науки, и електро-технички науки
РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ВОЛОНЕТЕРИ ВО ВЛАДАТА
С
е со цел приближување на работата на државната администрација кон граѓаните, како и обезбедување на што поголема вклученост на младите луѓе во работата на државните институции, канцеларијата на претседателот на Владата и на генералниот секретаријат на Владата распишаа јавен повик за волонтирање во овие институции. Право на учество имаат сите студенти независно од етничка, верска, полова и социјална припадност, или пак политичка ориентација, и независно од годината на студии, а особено студентите на правни, политички, економски и филолошки науки, и електро-технички науки. “По изборот на кандидатите кои ќе се стекнат со право на волонтирање во институциите, тие ќе ги посетуваат овие институции во периодот од 1 јули до 15 септември 2014 година, ќе вршат делегирани работни задачи согласно програмата и планот за волонтирање, и
ќе придонесуваат во реализацијата на политиките и проектите на Владата. Бројот на лица кои ќе волонтираат не е фиксно определен и ќе зависи од бројот на пријавени кандидати, од нивните референци и интерес, но може да се каже дека во овие две институции ќе бидат ангажирани за волонтери неколку десетици лица“, изјави владиниот портпарол 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
Александар Ѓорѓиев. За време на своето волонтирање лицата ќе добиваат надомест за волонтирање согласно законот, кој изнесува помеѓу 4000 денари и 4500 денари. Јавниот повик ќе трае до 15 јуни 2014 година. На него ќе може да конкурираат и да аплицираат студенти од завршните третта, четворта и петта година.
Свечениот чин започна во чест на тројцата лауреати доајени, добитници на наградата за животно дело: Снежана Стамеска, Салаетин Билал и Мустафа Јашар Карактеристично за овие тројца бардови на нашето глумиште е дека заедно имаат преку 300 ролји на сцената на филмското платно, телевизијата...
Ц
ентарот за култура "Марко Цепенков" од Прилеп, уште еднаш ја крена завесата на својата сцена за 49 – от Македонски театарски фестивал "Војдан Чернодрински", кој во наредниве денови ќе биде во центарот на вниманието во градот под Марковите кули. Свечениот чин започна во чест на тројцата лауреати - доајени, добитници на наградата за животно дело: Снежана Стамеска, Салаетин Билал и Мустафа Јашар. Карактеристично за овие тројца бардови на нашето глумиште е дека заедно имаат преку 300 ролји на сцената на филмското платно, телевизијата... Сите се добитници на релевантните награди што ги носи театарската уметност во нашата држава, па и на ексју просторите. Натпреварувачкиот дел се отвори со "Хеда Габлер" од Ибзен, на Битолскиот народен театар, а во саботата прилепската публика со 12 автобуси отпатува за Скопје да ја види "Вечната куќа" на МНТ. Во рамките на фестивалот во дворот на црквата свети Никола во Варош беше одиграна претставата Завет на Тихомир Стојановски, во придружба на гитара на Давид Нешкоски. Беше промовирана и книгата „Овоплотен збор“ на проф. Тихомир Стојановски од страна на Професорот Петар Башески.
Ц Е Н ТА Р О Т З А К У Л Т У РА "МАРКО ЦЕПЕНКОВ" ОД ПРИЛЕП, УШТЕ ЕДНАШ ЈА К Р Е Н А З А В Е С АТА Н А С В О Ј АТА СЦЕНА ЗА
49. МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ "ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ"
14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
Документарните теми беа поделени во неколку програмски целини: главна програма, нови автори, краткометражни филмови... Фестивалот годинава понуди филмови интересни за млади, филмови кои зборуваат за вљубувањето, за зависноста од интернет, за креативноста и неформалното образование, за една генерација на креативни млади луѓе и бунтовници кои пред 100 години се обиделе преку создавање на алтернативни движења да му пружат отпор на општеството во кое живееле
МОТОТО И НА ГОДИНАШНОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ЗА К Р Е АТ И В Е Н Д О К У М Е Н ТА Р Е Н ФИЛМ „МАКЕДОКС“
"ИНСПИРИРАН ОД ВКУСОТ НА МЛАДИОТ КРОМИД" "
И
нспириран од вкусот на младиот кромид“ е мотото и на годинашното издание на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ што од 14 до 20 јуни по петти пат се одржa во Kуршумли ан и во Младинскиот културен центар. Љубителите на документарниот филм имаа можност да погледнат над 20 долгометражни филма од светската документарна продукци-
ја и голем број кратки документарни филмови. Документарните теми беа поделени во неколку програмски целини: главна програма, нови автори, краткометражни филмови... Фестивалот годинава понуди филмови интересни за млади, филмови кои зборуваат за вљубувањето, за зависноста од интернет, за креативноста и неформалното образование, за една генерација на креативни млади луѓе и бунтовници кои 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
пред 100 години се обиделе преку создавање на алтернативни движења да му пружат отпор на општеството во кое живееле. И годинава беа доделени наградите „Kромид“ за најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма, „Млад кромид“ за најдобар филм на нов автор, „Kокарче“ за најдобар филм за деца и млади и награда за филм со најдобри етички идеи.
Годинава, во организација на Младинскиот културен центар, Македонија на овој врвен светски архитектонски настан на кој учествуваат 66 земји од светот, се претставува со изложбата „Наоди“. Куратор е Јован Ивановски, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје, кој на проектот работеше заедно со Ана ИвановскаДескова, Горан Мицковски, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Владимир Десков и Александар Радевски
ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА К УЛ Т У РА , В О А Р Т И Љ Е Р И И НА АРСЕНАЛЕ БЕШЕ ОТВОРЕН ПАВИЉОНОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА 14. ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ИЗЛОЖБА НА А Р Х И Т Е К Т У РАТА
БИЕНАЛЕ ВО ВЕНЕЦИЈА
П
од покровителство на Министерството за култура, во Артиљерии на Арсенале беше отворен Павиљонот на Република Македонија на 14. Интернационална изложба на архитектурата Биенале во Венеција. Годинава, во организација на Младинскиот културен центар, Македонија на овој врвен светски архитектонски настан на кој учествуваат 66 земји од светот, се претставува со изложбата „Наоди“. Куратор е Јован Ивановски, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје, кој на проектот работеше заедно со Ана ИвановскаДескова, Горан Мицковски, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Владимир Десков и Александар Радевски. Македонскиот павиљон е сместен во престижниот историски комплекс Арсенале, во комплекс од неколку поврзани објекти во старата оружарница која нуди извонредни услови
за изложување, како во локациска, така и во просторна смисла. Претходно, во 2011 година, најголемиот дел од овие објекти биле подложени на обемен реставрациски потфат и денес се во автентична состојба, и технички осовре16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014
менети. Во комплексот на старата оружарница, покрај македонскиот, сместени се и павилјоните на Аргентина, Албанија, Костарика, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Перу, Јужна Африка и Турција.
МАКФЕСТ 2014 Во салата “Ацо Шопов“ во Штип на (07.06.2014) се одржа финалната вечер на фестивалот на забавни мелодии “Макфест 2014“ во кое влегоа по 9 најдобри композиции од претходните две полуфинални вечери. Победникот на овогодинешното издание е Биба Додева со песната “Врати се“ која и донесе парична награда од 20.000 евра
В
БИБА ДОДЕВА СО "ВРАТИ СЕ" ЈА ОСВОИ ПУБЛИКАТА
о салата “Ацо Шопов“ во Штип на (07.06.2014) се одржа финалната вечер на фестивалот на забавни мелодии “Макфест 2014“ во кое влегоа по 9 најдобри композиции од претходните две полуфинални вечери. Победникот на овогодинешното издание е Биба Додева со песната “Врати се“ која и донесе парична награда од 20.000 евра. Taa e и автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Дамјан Лазаров. Наградата од 15.000 евра за освоено второ место ја доби Дарко Илиевски со песната „Кога најмногу ми требаш“. Елвир Меќич ја заокружи првата тројка со песната “Ако времето е најдобар лек“. Признанието за најдобар дебитант на овогодинешниот “Макфест“ го доби Симона Поповска која настапи со песната “Како да заборавам“. Наградата за најдобар сценски настап ја доби Викторија Лоба за песната “Само мој“. Додека траеше гласањето на финалната вечер на “Макфест“, гостите во Домот на култура “Ацо Шопов“ ги забавуваше Калиопи, која отпеа неколку Дарко Мијалковски изјави дека средставата кои беа собрани македонската публика гласала со нив ќе бидат донирани во нејзини големи хитови. Директорот на фестивалот со 13.294 смс-пораки, а хуманитарни цели. 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 789 / Јуни 2014