Macedonian Sun
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
Година XIX, Број 791, Август 2014
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
МАКЕДОНИЈА ЧЕСТВУВА ДВА ИСТОРИСКИ ИЛИНДЕНА
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
ТРИНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА КАЈ КАРПАЛАК
ПОСТАВЕНА БИСТА НА СТЕРЈО СПАСЕ
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
На 24-тото по ред генерално собрание на Светскиот македонски конгрес, претседателот на СМК ја повика власта итно да ги прекине преговорите за промена на уставното име. Вели „Тоа ќе придонесе за меѓусебно помирување на Македонците од целиот свет. Лудилото околу промената на името на државата и идентитетот на нацијата ќе заврши кога Владата на Република Македонија ќе достави писмена нота до генералниот секретар на Обединетите нации дека разговорите за разликите околу името се исцрпени, да се заблагодари на медијаторот и да побара крај на неговиот мандат“. Според него ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. На собранието неизбежно беше да се говори и за Македонците кои живеат кај западниот сосед кои се жалат дека нивниот статус наместо да се подобрува, дополнитено се влошува, пред се заради новата територијална поделба на државата, со која се укинуваат пет општини, населени претежно со етнички Македонци. И СМК упатува голема поддршка на Македонците во Голо Брдо и во Гора, кои незадоволни од новиот закон за административно-територијалната поделба најавуваат спроведување референдум, по што ќе се знаат и натамошните чекори што ќе ги преземе населението чии општини се укинуваат. А дотогаш, не само во Голо Брдо, Гора, Пустец...Македонците и во Корча и во Тирана да си бараат ако сакаат на кирилично писмо лични карти со назнака дека се Македонци, да си бараат натписни табли на македонски јазик, да си бараат државни документи и тоа на македонски, да бараат преведувач И на македонски во судовите, да бараат барем основни училишта на македонски, да си бараат театар во главниот град на македонски јазик, а во другите градови културни центри, на националниот тв-радио сервис да биде одвоен соодветен термин...да бараат засилена и неодложна изградба на патишта во реоните кај што живеат и поврзување и со Македонија и со другите градови на пример Костур, Воден..., да бараат децентрализација и во економскиот дел итн итн...Едноставно да бараат и уживаат буквално исти права (не рамковни)за сите малцинства на балканот... Го имаат тоа право барем да кажат, зарем не?!
e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski
ОД СОН ДО СОНЦЕ Двата историски Илиндена – 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ денеска беа одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево, во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце како и пред споменикот на АСНОМ во Жена Парк во Скопје
МАКЕДОНИЈА ЧЕСТВУВА ДВА ИСТОРИСКИ ИЛИНДЕНА
О
д сон до сонце – Македонија чествува два историски Илиндена. Двата историски Илиндена – 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ денеска беа одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево, во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце како и пред споменикот на АСНОМ во Жена Парк во Скопје. Голем народен собир се оддржа во Мечкин Камен во Крушево. Во Крушево за Илинден традиционално стигнаа коњаниците од Илинденски марш, а градот во наредните денови ќе биде домаќин на научно-културната средба “Десет дена Крушевска Република“. На централната свеченост се обрати претседателот на Собранието Трајко. Беше положено цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен. “Од ова место, тука, од Мечкин Камен гласно порачувам дека Македонија била е и ќе биде Македонија, македонскиот народ бил, е и ќе биде македонски народ. Остануваме цврсти во нашите намери да ја афирмираме вистината за Македонија! Илинден е другото име за Македонија. Сите жртви на македонските херои низ вековите до денес ја добиваат својата смисла единствено и само
заради Илинден“, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во својот говор на Мечкин Камен. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, се обрати на прослава пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Скопје, и положи цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев. Според претседателот Иванов Сите кои изгинаа, борејќи се за сонот, во наследство ни оставија два завета. Првиот завет е да ја чуваме Македонија. Вториот завет е да ја направиме Македонија просперитетна и побогата. Премиерот Никола Груевски на прославата на 70 години од Првото заседание на АСНОМ и 111 години од Илинденското востание од Пелинце, порача дека денес 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
слободно можеме да кажеме дека она што го изградиле нашите предци во минатото е нашиот најцврст темел врз кој што ја градиме нашата иднина. Груевски во говорот од Пелинце исто така упати порака до европските лидери поради нивното непочитување на принципите на Унија во однос на спорот за името. Премиерот Груевски и со повик до опозицијата да седнат на маса и да разговараат, но само за разумни барања. “Немојте да им давате аргументи на сите оние кои ги бараат да ни направат штета, ајде да седнеме и да разговараме слободно и директно. Сакате одредени барања-но барајте разумни барања. Нив може да ги прифатиме“, додаде Груевски.
МАЕИ: Васил Стерјовски во изјава за Телевизија Сонце поврзано со новиот закон за административно-територијална поделба
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА ОД КОМУНИСТИЧКИОТ ПЕРИОД П
олитиката на ова и на претходните влади кон македонското и другите малцинства во Албанија е продолжеток на политиката од комунистичкиот период, а тоа е политика на контиуирано негирање и дискриминација. Ова го изјави генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски во изјава за Телевизија Сонце поврзано со новиот закон за административнотериторијална поделба. Според Стерјовски во комунистичкиот период македонците се признаваат само во општина Пустец, а исто се случи и со последниот закон за административно-територијална поделба со кој се укинаа општините Голо Брдо и Гора каде живее голем број на Македонци. “Македонците во Голо Брдо и Гора немаат никаква разлика ни по говор, фолклор, култура и традиција од Македонците во Преспа. Во Голо Брдо и Гора децата до седум години незнаат да зборуваат албански јазик, исто како во Преспа и почнуваат да го учат на училиште. Исто така и повозрасните жени во Голо Брдо и Гора незнаат албански јазик, исто како повозрасните жени во Преспа и го зборуваат само македонскиот јазик“, рече Стерјовски додавајќи дека и покрај изгласувањето на
Законот, тие нема да се откажат од барањата за почитување на националните права. “Ќе почекаме да се изјасни претседателот на државата, дали ќе го потпише указот за прогласување на овој закон. После тоа, ќе постапиме во рамките на институциите и ќе побараме да се произнесе Уставниот суд. Ова не се само наши барања - на легитимните преставници на македонската заедница во Албанија, тоа се барања и на самите жители на овие општини. Пред некој ден жителите на трите општини во Голо Брдо излегоа на протести со барања да се формира општина Голо Брдо. За овие наши барања има општ консенсус меѓу македонската заедница без разлика на политичка определба. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
Градочалниците на општините во Голо Брдо заедно со Советите на овие општини, без разлика на нивната политичка определба, некои се од Социјалистичка некои од Демократска партија, поднесоа барања до албанските институции за формирање на општина Голо Брдо“, истакна Стерјовски. Албанскиот парламент минатата недела, го изгласа спориниот закон за административно-територијална поделба со кој Албанија е поделена на 61 локлани единици. Со овој закон три општини во Голо Брдо и три во Гора со мнозинство макеоднско население се припоија со општини со албанско население со цел да се симулираат македонците. Единствено општина Пустец беше оставена чиста македонска општина.
ИВАНОВ: “Наградата на слободата за 2014 година од Фондот за американски студии покажува дека Македонија е пример во регионот како треба да се спроведуваат реформи“, изјави претседателот Ѓорге Иванов, откако синоќа на Карловиот универзитет во чешката престолнина Прага му беше врачена престижната награда од Фондот за американски студии со седиште во Вашингтон. „Оваа награда не е само чест, туку и обврзува. Обврзува да се промовираат идеите за слободата, за демократијата и за просперитет
НАГРАДАТА ПОКАЖУВА ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ВО РЕГИОНОТ
Н
аградата на слободата за 2014 година од Фондот за американски студии покажува дека Македонија е пример во регионот како треба да се спроведуваат реформи“, изјави претседателот Ѓорге Иванов, откако синоќа на Карловиот универзитет во чешката престолнина Прага му беше врачена престижната награда од Фондот за американски студии со седиште во Вашингтон. „Оваа награда не е само чест, туку и обврзува. Обврзува да се промовираат идеите за слободата, за демократијата и за просперитет. Оваа награда не е само лично за мене, туку е и награда за Република Македонија, бидејќи се препознаени сите реформи, сите зафати, сето она што го прави Македонија за да има успешна економија. Сите реформи што се преземени даваат резултати, и тоа некој го следи и го на-
"
градува. Така што, Македонија во тој поглед, и преку ова награда, е позитивен пример за регионот како треба да се спроведуваат реформи во сферата на економијата, за да се добие што повеќе благодат и што повеќе работни места да се отвораат за младите луѓе, проблем што не е само наш, туку и на целиот континент“, изјави претседателот Иванов. Во образложението на на05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
градата од Американскиот институт за политички и економски системи на Фондот за американски студии се вели дека претседателот Иванов е избран да ја прими наградата поради неговите постигнувања во промоцијата на економските слободи, намалувањето на данокот и невработеноста, зголемување на транспарентноста и подобрување на јавното образование.
МНР: Министерството за надворешни работи бара од амбасадорот Фуад Хасановиќ да ги врати парите од буџетот на амбасадата во Доха, Катар, кои се ненаменски потрошени, откако констатирало неправилности и отстапување од добрите практики во оваа амбасада. Како што соопшти МНР, во рамките на системот за внатрешна контрола на работењето во дипломатскоконзуларните претставништва на Република Македонија, министерството за надворешни работи констатираше неправилности и отстапување од добрите практики во амбасадата во Доха
РЕВИЗОРИТЕ ОТКРИЛЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АМБАСАДОРОТ ВО ДОХА
М
инистерството за надворешни работи бара од амбасадорот Фуад Хасановиќ да ги врати парите од буџетот на амбасадата во Доха, Катар, кои се ненаменски потрошени, откако констатирало неправилности и отстапување од добрите практики во оваа амбасада. Како што соопшти МНР, во рамките на системот за внатрешна контрола на работењето во дипломатскоконзуларните претставништва на Република Македонија, министерството за надворешни работи констатираше неправилности и отстапување од добрите практики во амбасадата во Доха. Во врска со предметниот случај и во функција на спроведување на внатрешната ревизија, Амбасадорот Хасановиќ беше повикан на консултации и негово произнесување во Од министерството дода- во рамки на која се поднесува земјата, во текот на јуни - јули ваат дека во тек е правна пријава до надлежните 2014 година. постапка за нанесената штета инстанци. 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
ФОНДАЦИЈА ХЕРИТИЏ: Септемврискиот самит на НАТО во Велс треба да биде самит на проширување, а единствената пречка на тој пат е Грција која го блокира приемот на Македонија, пишува во анализата на Лук Кофи и Даниел Кочис од американската фондација Херитиџ. Во анализата се наведуваат зборовите на Хилари Клинтон која како државен секретар на САД на Самитот во Чикаго во 2012 година изјави дека “ова треба да биде последен самит на кој немало проширување”
ГРЦИЈА Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЧКА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА НАТО
С
ептемврискиот самит на НАТО во Велс треба да биде самит на проширување, а единствената пречка на тој пат е Грција која го блокира приемот на Македонија, пишува во анализата на Лук Кофи и Даниел Кочис од американската фондација Херитиџ. Во анализата се наведуваат зборовите на Хилари Клинтон која како државен секретар на САД на Самитот во Чикаго во 2012 година изјави дека “ова треба да биде последен самит на кој немало проширување”. “Претседателот Барак Обама е на пат да стане првиот американски претседател по крајот на Студената војна во чиј мандат не дошло до проширување на НАТО. Самитот во Велс треба да биде самит на проширување, со што ќе се покаже дека по демократските и воените реформи доаѓа
заслужена награда. За жал, единствената земја која го попречува проширувањето во септември е Грција, со нејзиното постојано вето против Македонија, единствената земја која е целосно подготвена за членство“, пишува во анализата на Херитиџ. Експертите исто така порачуваат дека покрај проширувањето, на Самитот кој ќе се одржи следниот месец во Велс, НАТО треба да им стави јасно на сите дека ќе обезбеди територијална заштита на сите
07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
членки и да донесе одлука за постојано распоредување на сериозни сили во источна Европа, како одговор на украинската криза и стравот од руска закана во источните членки на НАТО.
“Не ни требаат само луѓе во политиката, туку ни требаат луѓе кои знаат да водат и во бизнисот, образованието, спортот, културата и во секоја свера од секојдневниот живот. Ни требаат млади луѓе кои ќе имаат самодоверба, ќе знаат да носат одлуки. Да знаат кога, каде и со кој се носат одлуки. Малите земји се ограничени територијално, но не се ограничени да се воздигнуваат“, нагласи Иванов
П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т И В А Н О В СО П О РА К А Д О И Д Н И Т Е М Л А Д И ЛИДЕРИ, МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ МЕСТО НА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛУЃЕ К О И РА С ТАТ В О В И С О Ч И Н А С О Н А Ј В И С О К И С ТА Н Д А РД И , КРИТЕРИУМИ И ПРИНЦИПИ
ПЕТТАТА ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ ВО ОХРИД
П
ретседателот на државата Ѓорге Иванов на отворањето на петтата школа за млади лидери во Охрид која се организира по негова иницијатива, истакна дека светот е многу повеќе поврзан и зависен од кога било во историјата на човештвото и чуствува глобални предизвици. Според него, за животот во таков век потребни се и лидери, кои ќе знаат да излезат во пресрет на сите предизвици што ги носи новото време. “Не ни требаат само луѓе во политиката, туку ни требаат луѓе кои знаат да водат и во бизнисот, образованието, спортот, културата и во секоја свера од секојдневниот живот. Ни требаат млади луѓе кои ќе имаат самодоверба, ќе знаат да носат одлуки. Да знаат кога, каде и со кој се носат одлуки. Малите земји се ограничени територијално, но не се ограничени да се воздигнуваат“, нагласи Иванов. Претседателот Иванов со порака до идните млади лидери, Македонија да биде место на успешни луѓе, луѓе кои растат во височина со највисоки стандарди, критериуми и принципи. Поранешниот српски претсе-
дател и предавач на Школата Борис Тадиќ изјави дека ни се потребни лидери, кои ќе преземат одговорност и ќе ги водат своите општества и земји во правата насока. “Имате многу повеќе опции, многу повеќе начини да изнајдете потреби, да ги исполните тие потреби и да придонесете не само за македонското општество и македонскиот успех, туку и за 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
успехот на светот“, исткна Мери Џо Џејкоби, асистент на поранешниот американски претседател Роналд Реган. На годинешната школа гостуваат 20 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции, кои ќе ги пренесат своите искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници од Македонија, Европа, САД, Канада и Кина.
В О Т Е КО Т Н А ВЧ Е РА Ш Н И О Т Д Е Н На граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ пријавени се пет кражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи, соопшти македонската полиција. Според полисискиот записник на патничко моторно возило “Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е. во турустичкото место “Олимпик Бич” украдени и се двете регистарски ознаки, на истиот граничен премин пријавено е дека на патничко моторно возило “опел“ со велешки регистарски ознаки, во туристичкото место “Катерини – Паралија“ украдени му се исто така двете регистарски ознаки
ВО ГРЦИЈА НА ПЕТ МАКЕДОНСКИ ВОЗИЛА УКРАДЕНИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ
В
о текот на вчерашниот ден на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ пријавени се пет кражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи, соопшти македонската полиција. Според полисискиот записник на патничко моторно возило “Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е. во турустичкото место “Олимпик Бич” украдени и се двете регистарски ознаки, на истиот граничен премин пријавено е дека на патничко моторно возило “опел“ со велешки регистарски ознаки, во туристичкото место “Катерини – Паралија“ украдени му се исто така двете регистарски ознаки. На „Меџитлија“, кражба на регистарски ознаки пријавил Битолчанец кој управувал
возило со скопски регистарски ознаки, а летувал во местото “Паралија“. Исто така и лице од Ресен пријавил дека му се украдени регистарските ознаки, во местото „Олимпик Бич“. Сите пет случаи се пријавени во грчката полиција. Според министерството за внатрешни работи претходно во два на09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
врати беа регистирани оштетувања на возила и кражби на регистарски таблици на македонски граѓани, така што досега бројот на оштетни возила и регистарски ознаки достигна до три, а украдени се регистарски таблички вкупно од седум возила на македоски туристи.
МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.
Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.
ГРЧКИТЕ АРХИЈЕРЕЈИ УНИШТИЛЕ 1.500.000
МАКЕДОНСКИ СТАРОЦРКОВНИ РАКОПИСИ
П
о неканонското укинување на Охридската архиепископија настанале повеќе промени во животот на паствата (македонскиот народ, односно верниците), која дотогаш била под јурисдикција на Охридската црква, а имало и одредени промени во административното уредување на нејзините црковно-епархиски и општински институции. Под маската дека сака да воведе реформи во областа на црковно-просветниот живот меѓу верниците од Охридската архиепископија, Цариградската патријаршија почнала систематски да ги менува епархиските архијереји, кои се залагале за зачувување на автокефалниот статус на спомнативе цркви, и тоа особено ако биле од домашно македонско
вила епархиски поглавари - митрополити или епископи Грци. Тие, пак, преку познатите и воспоставените симонии и пешкеши, ги откупувале архијерејските достоинства со големи материјални средства, кои завршувале во касите на Патријаршијата и на Високата порта. Откако доволно ќе се збогателе, обично тие се враќале во некоја епархија на Цариградската вселенска патријаршија, за да си ги вратат вложените пари и за да уживаат. При тоа, не се водело доволно грижа за подобноста, моралот и писменоста на патријаршиските архијереји. Значи, владикувањето во Македонија обично се искористувало за нивно лично богатење. Во историографијата, новопоставени-
За овој фељтон се користени материјали од истражувањата на проф. д-р Јован Белчовски, објавени во книгата "Охридска архиепископија од основањето до забраната на нејзината дејност - 1767 г." Исто така, користени се и истражувањата на проф. д-р Александар Трајановски, објавени во книгата "Црковната организација во Македонија и движењето за возобновување на Охридската архиепископија од крајот на XVIII век до основањето на ВМРО".
правено така само од причина евентуално да не се погреши при собирањето и при исплатувањето на даноците во корист на Високата порта. Така, во Кодексот на патријархот Кирил од април 1855 година, во специјалниот список на епархиите на Цариградската патријаршија, одделно биле наведени епархиите на поранешните автокефални помесни цркви (Охридската архиепископија и Пеќската патријаршија), за да не дојде до нивно мешање со вселенските. Станувало збор за следниве епархии: Костурската, Воденската, Коранската, Фанариоферсалонската (Фанариоферсалон), Струмичката или Тивертиополската, Белградската или Бератската, Гребенската, Мегленската или Могленската, Девронската (Деврон), Велшката (Велиус), Пелагониската или Битолската, Преспанската или Лихнидската, Сисанската или Сјатиспотекло, и на нивно место за владици поставувала Грци, во кои имала целосна доверба. Архијерејите кои й припаѓале на автохтоната или автокефалната партија, кои и натаму упорно настојувале да се зачува автокефалниот статус на Охридската архиепископија, често биле испраќани во заробеништво, обично на Света Гора, или ги протерувале уште подалеку. Таква судбина доживеал и последниот охридски архиепископ, а потоа и пелагонискиот митрополит Арсениј, кој дури и починал во заробеништво во Светогорските манастири. Покрај овој карактеристичен случај, според известувањето на цетинскиот митрополит Сава Петровиќ упатено до московскиот митрополит Платон на 26 јануари 1776 година, во заробеништво на Света Гора или во прогонство на други места биле испратени самоковскиот, штипскиот, ужичкиот, белградскиот и босанскиот митрополит, а потоа и херцеговскиот митрополит Стефан, новопазарскиот митрополит Гаврил и други. На нивно место Цариградската патријаршија поста-
те Грци владици на одделни епархии во диецезата на поранешната Охридска архиепископија, обично се претставени како големи среброљубци. Народот сфатил дека патријаршиските владици се многу алчни за материјални средства, затоа што среброљубието била една од главните особини на патријаршискиот висок и среден клер. Во таа смисла, игуменот на Марковиот манастир "Свети Димитрија", кај селото Сушица - Скопско, во 1789 година укажал дека скопскиот митрополит Антим, заслепен од алчност и ангажиран во собирањето пари, делумно ја запоставил и својата архијерејска должност.
ЕПАРХИСКИ ПРОМЕНИ Долго време по неканонското укинување на Охридската архиепископија, во султановите берати, одделно од патријаршиските, биле регистрирани нејзините катедрални градови. Тоа било на-
Владикувањето на грчките патријаршиски архијереји во Македонија обично се користело за нивно лично богатење. Во историографијата, новопоставените Грци владици на одделни епархии во диецезата на поранешната Охридска архиепископија, обично се претставени како големи среброљубци. Народот сфатил дека патријаршиските владици се многу алчни за материјални средства, затоа што среброљубието било една од главните особини на патријаршискиот висок и среден клер. ката и Драчката или Городирахиуската (Корас-Дирахус, односно Гора и Драч). Според Иван Снегаров, кој ги користел и сознанијата на германскиот научник Гецлер (Der Patriarchat von Axgrida, s. 166), произлегува заедничката констатација дека "со присоединувањето на
македонско чорбаџиство. Забранувајќи ја староцрковната македонска богослужба, тие на местото на дотогашните протопопови поставувале свои заменици или некој вид архијерејски намесници - икономи, настојувајќи при тоа паствата, која порано била под јурисдикција на Охридската архиепископија, да ја оттргнат од негувањето на македонските обичаи, норми, уредби, за воедно да ги внесат грчко-патријаршискиот начин на живеење и комуницирање. Тоа најлесно можеле да го реализираат со помош на делумно елинизираното македонско конзервативно чорбаџиство, кое веќе воспоставило стопански и културни врски со нив, соработувајќи со грчката буржоазија и грчкопатријаршиските архијереји и ереи. Тие ги прифатиле и ги поддржувале грчкото духовно, просветно и културно-етничко влијание, грчките училишта и богослужба, а го презирале својот мајчин јазик како простачки, и иако доволно не го
двете архиепископи (Охридската и Пеќската з.н.) кон Цариградската патријаршија, тие не биле сосема уништени, туку напротив била воспоставена лична унија меѓу нив и Патријаршијата". Тоа значи дека забележителни промени во административниот статус на поранешните епархии, под јурисдикција на укинатата Охридска архиепископија, настанале дури по 1767 година, кога Охридската епископија влегла во составот на Драчката митрополија, за подоцна да биде приклучена кон Преспанската, именувана и како Преспанско-Лихнидска епархија. По 1767 година, откако Гора и Мокра влегле во состав на Драчката митрополија, таа се трансформирала и е позната како Городирахиуска или најчесто како Драчка. Нови промени настанале и во Велешката и Дебарската епархија. Имено, цариградскиот екуменски патријарх, со Томосот од 11 август 1842 година, ја воздигнал Велешката епископија на повисоко ниво - во митрополија, а подоцна кон неа биле приклучена и Дебарската, и во иднина тие биле наречени и познати како Велешко-дебарска епархија.
ЕЛИНИЗИРАЊЕ НА ЧОРБАЏИИТЕ Навлегувањето на грчкиот јазик, писменост, култура и воопшто на грчкото влијание во Македонија кон крајот на XVIII и на почетокот на XIX век, кое сè повеќе се засилувало по укинувањето на Охридската архиепископија, главно, се одвивало преку црквата (богослужбата, духовната литература, црковно-училишните општини и институции), и било на-
ВО МАРКОВИОТ МАНАСТИР СЕ ЧУВАЛО ГОЛЕМО КНИЖЕВНО БОГАТСТВО, НО ГРЧКИТЕ ВЛАДИЦИ НАРЕДИЛЕ ДА ГО ИЗГОРАТ сочувано и управувано во компетенција на патријаршиските митрополити и епископи, обично Грци, и нивните помошници, со помош на трговските трансакции, од кои поголемиот дел биле во рацете на грчко-влашката буржоазија и на конзервативното, делумно елинизирано,
познавале грчкиот јазик, сепак во комуникацијата употребувале по некој грчки израз и зборови за да го користат колкутолку. Со тоа спроведувале елинизација во родната земја и во повеќе случаи биле непријателски настроени кон својот народ.
ГОРЕЊЕ КНИГИ Со цел да се уништат културата и воопшто националните вредности на македонскиот народ, фанариотите и патријаршискиот црковен висок клер почнале да ги уништуваат книгите, раритетните документи и папирусните примероци од староцрковната македонска писменост. За тоа ќе наведеме неколку покарактеристични примери. Во 1792 година скопскиот митрополит Захариј издал наредба да се уништат
риградскиот вселенски патријарх, актуелниот велешки митрополит почнал организирано да ги уништува староцрковните македонски ракописи и книги. Исто така, наредил во црквите и во манастирите евангелието и другите црковни служби да се читаат само на грчки јазик. Во манастирот "Света Богородица", Трескавец, кај Прилеп, пелагонискиот митрополит Герасим (1833-1853) уништил голем број книги и пергаменти. Со наредба на дебарскиот владика Мелетиј, во 1848 година биле уништени
Во текот на првата половина од XIX век, грчките монаси и свештеници фрлиле во морето многу староцрковни македонски ракописи, книги и пергаменти од Зографскиот манастир на Света Гора. Исто така, постои податок дека грчкиот игумен на познатиот манастир "Свети Наум" на Охридското Езеро, уништил (изгорел) многу вредни ракописи и книги. Кодексот на црквата "Свети Ѓорѓија", во Струга, потврдува дека месниот елинизиран црковно-општински епитроп Наум Марин, по наредба на грчкиот охридски архереј Дионисиј (1850-1859), на
"ЗА СТАРИТЕ НАШИ МАКЕДОНСКИ РАКОПИСНИ КНИГИ, АКО ГИ БЕВМЕ СОБРАЛЕ ПРЕДИ 35 ГОДИНИ ОД НАШАТА МАКЕДОНИЈА И ГИ ПОСТАВЕВМЕ ВО ЕДНО КНИГОХРАНИЛИШТЕ, ЌЕ ИМАВМЕ ЕДНА БРОЈКА ОД ОКОЛУ 1.500.000 РАКОПИСИ", РЕКОЛ ВО ЕДНА ПРИЛИКА (1854) ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНСКИ ДЕЕЦ И ОПШТИНСКИ УЧИТЕЛ, ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ - ЏИНОТ (1818-1882) ОД ВЕЛЕС.
Во манастирот "Света Богородица", Трескавец, кај Прилеп, пелагонискиот митрополит Герасим (1833-1853) уништил голем број книги и пергаменти. Со наредба на дебарскиот владика Мелетиј во 1848 година биле уништени многу ракописи и книги, кои се наоѓале во кичевскиот манастир "Света Пречиста" до селото Крнино. Други автори, пак, мислат дека акцијата на дебарскиот фанариотски владика Мелетиј, за уништување на културно-историските вредности (книги, ракописи и пергаменти) од кичевскиот манастир "Света Пречиста", била спроведена во 1850 година. сите книги на староцрковниот јазик од Марковиот манастир, во близина на Скопје. Бројните македонски ракописи и воопшто изворите потврдуваат дека сè до 1841 година, во Велес и во Велешко богослужбата во оваа територија се изведувала на староцрковен или на македонски народен говорен јазик. Меѓутоа, по таа година, по наредба од ца-
многу ракописи и книги, кои се наоѓале во кичевскиот манастир "Света Пречиста" до селото Крнино. Други автори, пак, мислат дека акцијата на дебарскиот фанариотски владика Мелетиј, за уништување на културно-историските вредности (книги, ракописи и пергаменти) од кичевскиот манастир "Света Пречиста", била спроведена во 1850 година.
15 јули 1850 година, изгорел голем број книги и ракописи од црковно-општинската месна библиотека. Во тоа време само библиотеката на Лесновскиот манастир кај Кратово имала околу 50 товари книги и пергаменти, а Марковиот манастир "Свети Димитрија" кај Скопје околу 20 товара. Во Трескавечкиот манастир "Света Богородица" во близината на Прилеп, исто така, се чувале околу 20 товари ракописни книги итн. Оваа жална состојба, настаната поради систематското уништување на македонското книжевно и ракописно богатство, како резултат на планираната дејност на Цариградската патријаршија, предизвикала болна реакција кај познатиот македонски преродбенски деец и општински учител, Јордан Хаџи Константинов - Џинот (1818-1882) од Велес, кој во една прилика (1854) рекол: "За старите наши македонски ракописни книги, ако ги бевме собрале преди 35 години од нашата Македонија и ги поставевме во едно книгохранилиште, ќе имавме една бројка од околу 1.500.000 ракописи".
(продолжува)
В РА Б О Т У В А Њ Е : Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, веќе се во тек огласите за четирите активни мерки - самовработување со кредитирање, самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години, кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места и кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места за млади до 29 години
ДА СЕ КОРИСТАТ МОЖНОСТИТЕ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ
А
генцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика со апел до сите невработени лица и работодавачите да ги користат можностите за самовработување и отворање нови бизниси што ги нуди Владата. Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, веќе се во тек огласите за четирите активни мерки - самовработување со кредитирање, самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години, кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места и кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места за млади до 29 години. “Активните мерки за вработување се покажаа повеќе од успешни. Кредитирањето п р о д о л ж у в а , имаме доволно средства“, иизјави Поповски. Проектот за самовработување со кредитирање започна
да се реализира од 2008 година. Досега, со негова поддршка, се регистрирани 2.666 фирми од кои денес успешно работат 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Aвгуст 2014
2.096 со вкупно 2.874 вработени. Во рамки на оваа мерка се регистрирале и 1.331 индивидуален земјоделец.
З А В О Д З А С ТАТ И С Т И К А : Од почетокот на годинава извозот на производи од Македонија се зголемил за 18,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу се извезувале катализатори, феросилициум, фероникел, сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, валани производи и облека
ИЗВОЗОТ ЗГОЛЕМЕН ЗА 18,5 ПРОЦЕНТИ
О
д почетокот на годинава извозот на производи од Македонија се зголемил за 18,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу се извезувале катализатори, феросилициум, фероникел, сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, валани производи и облека. Меѓу земјите каде најмногу се извезувало се Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија. Вредноста на вкупниот извоз во првите пет месеци изнесува 1.946.119 илјади американски долари. Раст се бележи во сите пет месеци годинава – во јануари растот е 4 проценти, во февруари 22,3 проценти,
во март 21,4 проценти, април 9,2 проценти и во мај 27,9 проценти. Извозот од технолошкоиндустриските зони во првите шест месеци изнесува над 550 милиони евра и повеќе од двојно е зголемен во однос на првите шест месеци од минатата година. “Македонија се добли15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Aвгуст 2014
жува до бројката од 100.000 легализирани објекти што го потврдува фактот дека сме една од ретките земји кои успешно го спроведуваат процесот. Сепак, активностите ќе бидат заокружени со решавањето на сите 360.000 предмети“, додаде министерот Јанакиески.
ЈАНАКИЕВСКИ: Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски упати апел до граѓаните и фирмите кои саккат да ги легализираат бесправно изградените објекти, што поскоро да достават геодетски елаборати. Според него, токму недоставувањето геодетски елаборати во моментов е клучната причина која го забавува процесот на легализација
ГРАЃАНИТЕ ШТО ПОСКОРО ДА ДОСТАВАТ ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТИ
М
инистерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски упати апел до граѓаните и фирмите кои саккат да ги легализираат бесправно изградените објекти, што поскоро да достават геодетски елаборати. Според него, токму недоставувањето геодетски елаборати во моментов е клучната причина која го забавува процесот на легализација. “Крајниот рок за доставување елаборати еднаш веќе го продолживме, до 31 декември 2015 година. Дотогаш има доволно време, но не треба да се чека последниот ден“, изјави Јанакиески. Со законските измени за бесплатните елаборати за социјалните случаи, од министерството за транспорт и врски очекуваат легализацијата да се спроведе кај дополнителни 40.000 семејства. “Македонија се доближува до бројката од 100.000 легализирани објекти што го потврдува фактот дека сме една од ретките земји кои успешно го спроведуваат процесот.
Сепак, активностите ќе бидат Во Ѓорче Петров денеска заокружени со решавањето на решенија за легализирање на сите 360.000 предмети“, додаде дивоградбите им беа доделени министерот Јанакиески. на 38 граѓани. 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
Станува збор за проектот на владата за еднократно отпишување на долгови чија цел е да им се помогне на најсиромашните граѓани. Барања ќе можат да поднесат корисниците на социјална и постојана парична помош, невработени лица подолго од 12 месеци и лицата изложени на социјален ризик поради смрт на брачниот другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години
Н А Ј РА Н Л И В И Т Е К АТ Е Г О Р И И Г РА ЃА Н И М О Ж АТ Д А Г И Д О С ТА В АТ С В О И Т Е Б А РА Њ А З А
ОТПИС НА ДОЛГОВИТЕ - СТАРТУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО
Н
ајранливите категории граѓани од денеска можат да ги достават своите барања за отпси на долговите до најблискиот центар за социјална работа. Станува збор за проектот на владата за еднократно отпишување на долгови чија цел е да им се помогне на најсиромашните граѓани. Барања ќе можат да поднесат корисниците на социјална и постојана парична помош, невработени лица подолго од 12 месеци и лицата изложени на социјален ризик поради смрт на брачниот другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години. Ќе се отпишуваат долговите настанати до 31 декември 2013 година, за потрошена електрична и топлинска енергија, за кредитни картички, за пре- ти, како и за радио дифузна да се отпишат и каматите, како чекорување на трансакциски такса. Со мерката, заедно со и трошоците за нотари и сметки и потрошувачки креди- главниот долг, предвидено е извршители. 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
О Д Л У К А Н А В Л А Д АТА : “Се работи за детското одморалиште Малешево Берово со вкупна површина од 4001 м2, детско одморалиште Пелистер Битола со вкупна површина од 5229 м2, потоа детско одморалиште Николиќ Дојран со вкупна површина од 6089 м2, детско одморалиште Ѓуриште Свети Николе, со вкупна површина од 1060 м2, детско одморалиште Суви Лаки Берово со вкупна површина од 3446 м2, како и одморалиштето Горно Водно Скопје“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓопрѓиев
СЕ ПРОДАВААТ 6 ДРЖАВНИ ДЕТСКИ ОДМАРАЛИШТА
В
ладата ќе продава шест детски одморалиште што досега беа во државна сопственост. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев овозможувањето на влез на приватен капитал ќе се изврши преку отуѓување, односно продажба на имотот кој се наоѓа во овие детски одморалишта, кои се сега вон употреба. “Се работи за детското одморалиште Малешево Берово со вкупна површина од 4001 м2, детско одморалиште Пелистер Битола со вкупна површина од 5229 м2, потоа детско одморалиште Николиќ Дојран со вкупна површина од 6089 м2, детско одморалиште Ѓуриште Свети Николе, со вкупна површина од 1060 м2, детско одморалиште Суви Лаки Берово со вкупна површина од 3446 м2, како и одморалиштето Горно Водно Скопје“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓопрѓиев.
Сите детали поврзани со одморалиштата ќе бидат објавени во јавниот оглас кој треба да излезе кон средината на месец август. Имотот кој ќе биде продаден ќе стане сопс18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
твеност на купувачот кој ќе понуди највисока цена, и тој на истиот имот ќе може да организира свој автохтон бизнис и истиот самостојно да го води и да обезбедува приходи.
Во Организацијата за заштита на потрошувачи имало 502 јавувања, а најмногу 20 проценти се однесувале на мобилните телефони, седум отсто на телевизори и 4 отсто на таблети лап-топ и десктоп компјутери. “Најчести проблеми се јавуваат при сервисирањето на овие производи, кои се сервисирале повеќекратно, а по враќањето на производот кај потрошувачот, недостатокот не бил воопшто отстранет, па производот повторно бил даден на сервис
В О П Р В АТА П О Л О В И Н А О Д Г О Д И Н А В А П О Т О Ш У В АЧ И Т Е В О МАКЕДОНИЈА НАЈМНОГУ СЕ П ОЖ А Л И Л Е Н А С Е Р В И С И РА Њ Е ТО И П Р О Д А Ж Б АТА Н А Н Е К В А Л И Т Е Т Н И Т Е Х Н И Ч К И А П А РАТ И
ГРАЃАНИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА ТЕХНИЧКИТЕ АПАРАТИ И ТУРИСТИЧКИТЕ УСЛУГИ
В
о првата половина од годинава потошувачите во Македонија најмногу се пожалиле на сервисирањето и продажбата на неквалитетни технички апарати. Во Организацијата за заштита на потрошувачи имало 502 јавувања, а најмногу 20 проценти се однесувале на мобилните телефони, седум отсто на телевизори и 4 отсто на таблети лап-топ и десктоп компјутери. “Најчести проблеми се јавуваат при сервисирањето на овие производи, кои се сервисирале повеќекратно, а по враќањето на производот кај потрошувачот, недостатокот не бил воопшто отстранет, па производот повторно бил даден на сервис. Честа појава е потрошувачите да купат производ кој не функционирал, од што може да се претпостави дека бил продаден со недостаток. Кај ваквите случаи, многу ретко потрошувачот добива нов исправен производ веднаш, туку производот со недостаток се
праќа на сервис“, информираат од Организацијата. Потрошувачите се пожалиле и на други производи – мебел, обувки, возила и резервни делови. Кај мебелот поплаките се однесувале на долгиот период на чекање на испорака или неквалитетна изработка. Во Организацијата се евидентирани и 129 јавувања со поплаки за добиени услуги. Од нив 23 проценти се однесуваат за 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
туристичките агенции, особено во вториот квартал од годината. Од Организацијата посочуваат дека се уште е присутен проблемот со тргувањето на интернет на одредени интернет страници. Потрошувачите константно се жалат на измами и неквалитетни производи за кои најчесто нема овластен сервис за производите што ги купуваат при тргувањето на овие интернет продавници.
“Анкетата покажа дека најчесто на шалтер осигурениците завршуваат работа за најмногу 15 минути. За нас најголем предизвик и бенефит ќе биде користењето на системот за електронски услуги“, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева – Змејкова
ФОНДОТ ЗА З Д РА В С Т В Е Н О О С И Г У Р У В А Њ Е НА МАКЕДОНИЈА
ФЗОМ СО НАЈДОБРА ОЦЕНКА ЗА ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ Ф ондот за здравствено осигурување на Македонија е најдобрата институција во однос на искористувањето на едношалтерскиот систем. Фондот има напредок од две позиции во споредба со 2013 година и има најдобри резултати во однос на добро означените шалтери, љубезност од вработените и од телефонските јавувања на “тајните клиенти“. “Анкетата покажа дека најчесто на шалтер осигурениците завршуваат работа за најмногу 15 минути. За нас најголем предизвик и бенефит ќе биде користењето на системот за електронски услуги“, изјави
директорот на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева – Змејкова. “Една од најзначајните услуги кои позитивно ќе влијаат ќе биде промената на матичниот лекар која може да се направи по електронски пат, услуга за која на годишно ниво во Фондот има до 600.000 промени. Тоа значи дека 600.000 граѓани нема да доаѓаат на шалтерите, ниту во подрачните единици и промената може да ја направат преку компјутер или преку својот матичен лекар“, рече Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
М И Н И С Т Е Р С Т В О З А О Б РА З О В А Н И Е : Министерството за образование и наука објави два конкурсa за доделување еднократни финансиски средства за поддршка на научно истражувачката и творечката дејност на научно истражувачкиот и наставен кадар од високообразовните и научните установи во Република Македонија, соопшти денеска министерот за образование Абдилаќим Адеми
30.000 ДЕНАРИ СУБВЕНЦИИ ЗА НАУЧНО - ИСТРАЖУВАЧКА И ТВОРЕЧКА ДЕЈНОСТ
М
инистерството за образование и наука објави два конкурсa за доделување еднократни финансиски средства за поддршка на научно - истражувачката и творечката дејност на научно истражувачкиот и наставен кадар од високообразовните и научните установи во Република Македонија, соопшти денеска министерот за образование Абдилаќим Адеми. Првиот конкурс се однесува на доделување на таканаречени „научни субвенции“, односно еднократни финансиски средства во висина од 30.000 денари за објавени научно-истражувачки трудови на домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијание. “Овој конкурс се објавува веќе четврта година по ред и предвидува доделување еднократни средства за најмногу 300 научно-истражувачки трудови објавени во 2014 година, поделени во 6 области и тоа: природно-математички науки, техничко-технолошки, медицински науки и здравство, биотехнички, општествени и хуманистички науки“ изјави Адеми.
Вториот конкурс се однесува на доделување на таканаречени „творечки субвенции“, односно еднократни финансиски средства во висина од 30.000 денари, за творечки дејности реализирани во 2013 година од наставници и соработници на високообразовни и научни установи од научните области 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
на ликовната уметност и архитектурата, драмската уметност, музичката уметност, филм и книжевност. Крајниот рок за аплицирање за творечките субвенции е 31.10.2014 година, додека за научните субвенции може да се аплицира до 31.07.2015 година.
Пред 13 години во 9.30 часот, десетмина припадници на безбедносните сили на Република Македонија беа убиение кај местото Карпалак на автопатот Скопје – Тетово. Конвојот бил нападнат од заседа за време на конфликтот во 2001 година. Во нападот животот го загубија Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп елегација од Министерството за одбрана и Армијата на Македонија составена од министерот Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, положија цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак. Пред 13 години во 9.30 часот, десетмина припадници на безбедносните сили на Република Македонија беа убиение кај местото Карпалак на автопатот Скопје – Тетово. Конвојот бил нападнат од заседа за време на конфликтот во 2001 година. Во нападот животот го загубија Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп. “Овие десетмина бранители што загинаа овде, заслужуваат да имаат достоинствено споменобележје. Споменици можеме да градиме насекаде, споменик има
Д
“ О В И Е Д Е С Е Т М И Н А Б РА Н И Т Е Л И ШТО ЗАГИНАА ОВДЕ, З АС Л У Ж У В А АТ Д А И М А АТ ДОСТОИНСТВЕНО СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ
ТРИНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА КАЈ КАРПАЛАК и во Прилеп, меѓутоа, вистинскиот споменик на овие десетмина треба да биде овде, на ова место, а не како во изминативе 13 години, цвеќе да положуваме на банкината од патот", изјави Ацо Јованоски-Реган, еден од преживеаните од масакрот на Карпалак. Свежо цвеќе во спомен на загинатите бранители беше положено и во кругот на Касарната Мирче Ацев, како и на спомен обележјето Карпалак, во центарот на Прилеп. 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014
ВО ГЛОБОЧЕНИ, МА ЛА ПРЕСПА Стерјо Спасе е роден во селото Глобочени, Мала Преспа, 1914 годнина, а почина во Тирана 1989 година. Спасе е еден од најпознатите писатели од Албанија со македонско потекло и е еден од најзначајните претставници на современата албанска литература
ПОСТАВЕНА БИСТА НА СТЕРЈО СПАСЕ
В
о Глобочени, Мала Преспа денеска беше поставена бистата на големиот македонски писател Стерјо Спасе. Стерјо Спасе е роден во селото Глобочени, Мала Преспа, 1914 годнина, а почина во Тирана 1989 година. Спасе е еден од најпознатите писатели од Албанија со македонско потекло и е еден од најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски нардони умотворби во Мала Преспа. Тој својата писателска кариера ја започнал кога наставник во селското училиште во Дервичане во близина на Ѓирокастро на 18 годишна возраст. Во 1935 година ја напишал својата најпозната книга „Зошто?“ или позната под целосниот наслов „Од живот за живот - зошто?“. Романот „Зошто?“ е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на еден млад интелектуалец во рурално место. Освен поставувањето на бистата, Општина Пустец во чест на Стерјо Спасе организираше и фолклорен фестивал “Преспа 2014“. На фестивалот настапија повеќе фолклорни групи од Горна Горица, Туминец, Глобочени, Пустец како и од Гора и Голо Брдо. 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 791 / Август 2014