S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ЗАЈАКНЕ НАТО
ВЕЌЕ ИМА МНОГУ ЗЕМЈИ КОИ ЈА ПРИЗНАА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
Година XIX, Број 793, Октомври 2014
ИСЕЛЕНИЦИТЕ БАРААТ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНСТВА
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
ВЕНИЗЕЛОС ГО ПРИЗНА СКОПЈЕ КАКО МАКЕДОНИЈА ВО ОН
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
Декларацијата за стратешко партнерство потпишана со САД во мај 2008 година, збогатената билатерална соработка меѓу македонскиот Парламент и американскиот Конгрес и залагањето и конкретните странски инвестициии како резултат на соработката меѓу двете држави, имаат голема политичка тежина од 2007 до 2014 година, период кога должноста амбасадор на Република Македонија во САД ја вршеше Зоран Јолевски, оцени потпретседателот на Собранието и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски. - Република Македонија цврсто опстојува на својата определба со САД да гради најблиско можно сојузништво базирано на Декларацијата за стратешко парнерство со цел таа богата билатерална соработка да биде дополнително унапредена и да резултира со очекуван заслужен исход, а тоа е полноправно членство во НАТО. Тоа беа фалбите упатени од Милошоски за Јолевски. Но дојде редот за отчет и на Зоран Јолевски кој на прашањата на пратениците членови на Комисијата за тоа дали САД прават доволно или може да се направи повеќе за решавање на наметнатиот спор за името од страна на јужниот сосед, има ли можност поинтензивно да бидат вклучени и да се направи поизбалансиран притисок кон двете страни, тој меѓу другото потенцирал дека во поглед на Македонија и на регионот ставот е оти Европа нема да биде целосно обединета се додека Западен Балкан не биде дел од ЕУ и од НАТО. Велидосега САД искажувале јавно дека го поддржвуаат процесот под покровителство на ОН и се залагаат за што побрзо да се најде заемно прифатливо решение. Во овој момент не гледам дека тие се подготвени да влезат во овој процес и со некои нивни ставови или барања да наметнат вакво или онаква решение. Моето чувство е дека засега таква позиција не постои, меѓутоа се разбира притисокот, според мене, се врши подеднакво и на Македонија и на јужниот сосед. Да, драги наши политичари, министри, дипломати, верувам дека вие давате се од себе, но некако целата работа ми е јалова што се однесува за наметнатиот спор за името и нашиот влез во европското семејство и НАТО. Приказната веќе како што велат илјадапати сме ја чуле, сме ја чуле и толку. По мене мислам дека нема потреба да анализираме кој не поддржува, кој не, кој си стои настрана. Треба да си стоиме цврсто на ставот и постојано да ја повторуваме само вистината, а таа е- ние сме Македонци кои имаат само една наша држава со единствено име Македонија.
e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski
НИКОПУЛОС Во Грција и понатаму не стивнуваат реакциите за говорот на министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос на Генералното собрание на ОН, во врска со грчкиот став за името на Македонија. Лидерот на Христијанско демократската партија Никос Николопулос излезе во јавноста со заклучок дека „Венизелос го призна Скопје под името Македонија“
ВЕНИЗЕЛОС ГО ПРИЗНА СКОПЈЕ КАКО МАКЕДОНИЈА ВО ОН
В
о Грција и понатаму не стивнуваат реакциите за говорот на министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос на Генералното собрание на ОН, во врска со грчкиот став за името на Македонија. Лидерот на Христијанско демократската партија Никос Николопулос излезе во јавноста со заклучок дека „Венизелос го призна Скопје под името Македонија“. Со тоа што Венизелос рекол дека ставот на „Грција е сложено име со географска одредница пред зборот Македонија, за сите намени“, според Николопулос, тој „фрлил бомба, создал опасен преседан, и ги превртува постоечките позиции дека Грција нема да признае име кое го вклучува терминот Македонија“. - Венизелос јасно ја следи линијата на Меркел, која се ангажира за пристапување на Скопје во Европската унија и во НАТО, нагласи Николопулос додавајќи дека и премиерот Самарас сега се занимава со
националното прашање за Македонија за да ги замаскира преговорите кои ги води за планот за штедење. - Сето ова се случуваше неколку дена по посетата на премиерот Андонис Самарас на Берлин и неговата средба со германската канцеларка Ангела Меркел, која се ангажира за пристапувањето на Скопје во НАТО и ЕУ, како и спроведувањето на барањата на Аме03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
риканците, кои Костас Караманлис скапо ги плати кога на Самитот на НАТО во Букурешт рече „не“. Овие барања сега изгледа ги прифати и коалицијата и Самарас – Венизелос, изјави Николопулос. Според него, владината коалиција не и наштетува на Грција само внатре, туку исто така, „создава сериозни падови во грчката надворешна политика."
- Во еден небезбеден свет, во кој што живееме денес, НАТО треба уште повеќе да се зајакне и сметам дека тоа ќе се случи доколку Македонија стане полноправен член на Алијсаната. Се надевам дека ќе дојде до промена на размислувањето и на однесувањето на одредени земји, бидејќи во денешните услови во кои што живееме треба заеднички да се спротивставиме на заедничкиот непријател, а не меѓусебно да се бориме со цел да се добие една голема и целосна Европа
Б Р И ТА Н С К И О Т П А Р Л А М Е Н ТА Р Е Ц П Р И Ч А РД
ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ЗАЈАКНЕ НАТО
Ч
ленството на Македонија во НАТО ќе ја зајакне Алијансата, а тоа е во интерес и на ЕУ, оцени британскиот парламентарец Марк Причард на денешната заедничка прес-конференција во Скопје во министерот за одбрана Зоран Јолевски. - Во еден небезбеден свет, во кој што живееме денес, НАТО треба уште повеќе да се зајакне и сметам дека тоа ќе се случи доколку Македонија стане полноправен член на Алијсаната. Се надевам дека ќе дојде до промена на размислувањето и на однесувањето на одредени земји, бидејќи во денешните услови во кои што живееме треба заеднички да се спротивставиме на заедничкиот непријател, а не меѓусебно да се бориме со цел да се добие една голема и целосна Европа. Ќе биде во колективен национален интерес и на ЕУ доколку Македонија стане членка на НАТО, истакна Причард, кој кој заедно со неговиот колега Брајан Бинли денеска ја заврши посетата на Македонија.
Тој изрази почитување за придонесот на РМ во рамки на мисиите во Авганистан и претходно во Ирак, истакнувајќи ја одличната репутацијата на македонските војници за нивната посветеност и професионализам. - Сакам да ја изразам мојата лична критика до одредени постоечки членки на НАТО кои не се подготвени да учествуваат во борбени мисии на НАТО, иако се членки. Од друга страна Македонија иако не е членка на НАТО учествува во борбените мисии и би сакал уште еднаш да го изразам моето почитување за ангажманот на вашите војници во овие мисии, рече британскиот пратеник. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
Тема на разговорите рече министерот за одбрана Јолевски биле аспирациите на Македонија за членство во НАТО, а тој ги презентирал и постигнувањата на земјата и на АРМ како и аргументите зошто го заслужуваме членството. - Високо ја цениме соработката и пријателството помеѓу Република Македонија и Велика Британија. Изразивме подготвеност оваа соработка и понатамну да се развива, особено во одбраната, каде имаме голем број наши офицери на обука во Британија, меѓутоа и поддршката што ја добиваме од Лондон во нашата мисија во ИСАФ, во Авганистан, рече Јолевски.
„ К АТ И М Е Р И Н И “ Генералниот секретар Бан Ки-мун во септември, во Њујорк, ја информирал грчката делегација дека ќе има нов предлог од Нимиц, за време на Генералното собрание на ОН. Дипломатски извори го посочија крајот на октомври како краен рок кога Нимиц ќе ги повика преговарачите на Атина и Скопје во Њујорк, за да дискутираат“, пишува провладиниот грчки весник и додава дека и Венизелос во Њујорк ја потврдил информацијата за октомври
АТИНА И СКОПЈЕ НЕ ДОБИЛЕ НОВ ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕТО
А
тина и Скопје официјално не добиле нов предлог за името од медијаторот Метју Нимиц, како што беше најавено, ниту пак грчкиот преговарач Василакис е информиран за нова рунда разговори, пишува „Катимерини“. Генералниот секретар Бан Ки-мун во септември, во Њујорк, ја информирал грчката делегација дека ќе има нов предлог од Нимиц, за време на Генералното собрание на ОН. Дипломатски извори го посочија крајот на октомври како краен рок кога Нимиц ќе ги повика преговарачите на Атина и Скопје во Њујорк, за да дискутираат“, пишува провладиниот грчки весник и додава дека и Венизелос во Њујорк ја потврдил информацијата за октомври. Грчките медиуми ја пренесуваат информацијата на „Слободен печат“ дека Нимиц има нов предлог според кој името на нашата земја би било „Република Горна Македонија“, јазикот македонски, а народот „граѓани на Горна Македонија“. Последниот официјален став
на Атина е за сложено име со географска одредница пред зборот „Македонија“, за секаква употреба, за сите намени, домашни и меѓународни. Официјална Атина не отстапува од тврдењата дека веќе направила 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
важни чекори кон заемно прифатливо сложено име. Позицијата на Атина е дека направила се што е во нејзина моќ и оти сега се очекува „одговорен однос, но и одговор од другата страна“.
Грција пропушти огромна можност за да издејствува решение во спорот за името, бидејќи веќе има голем број земји кои ја признаваат Македонија под уставното име, изјави лидерот на грчката партија Потами, Ставрос Теодоракис. Има земји членки на ОЕЦД кои ја признаваат земјата како Македонија. Тоа е голем проблем и ние пропуштивме огромна можност, изјави лидерот на партијата која е трета политичка сила во Грција
Л И Д Е Р О Т Н А Г Р Ч К АТА П А Р Т И Ј А „ П О ТА М И “ Т Е О Д О РА К И С
ВЕЌЕ ИМА МНОГУ ЗЕМЈИ КОИ ЈА ПРИЗНАА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ
Г
рција пропушти огромна можност за да издејствува решение во спорот за името, бидејќи веќе има голем број земји кои ја признаваат Македонија под уставното име, изјави лидерот на грчката партија Потами, Ставрос Теодоракис. Има земји членки на ОЕЦД кои ја признаваат земјата како Македонија. Тоа е голем проблем и ние пропуштивме огромна можност, изјави лидерот на партијата која е трета политичка сила во Грција. Теодоракис учествуваше на настан во Серес, на кој од него беше побарано да го коментира тоа што „Скопје го употребува името Македонија“. Потсетувајќи дека многу земји од светот Македонија ја признаваат под уставното име, Теодоракис додаде дека географска одредница, а не друга, е храбар политички потег и оти треба да се изврши притисок Скопје да
го прифати името „Северна Македонија“. - Истиот проблем утре може да го имаме со други области, решението не е да ги затвориме очите. Грција е во центарот на Балканот, Македонија е тука, и тука постојат и археолошки наоѓалишта, и има некои области кои се во други држави. Немаме никаква грижа на совест бидејќи ние сме силни, додаде лидерот на Потами, ис06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
такнувајќи дека „од друга страна однесувањето на официјална Атина ја доведе земјата во овој ќор-сокак“. - Вооружени со Европската унија, вооружени со нашето членство во НАТО, би требало да ги притиснеме малите земји да прифатат постоење на една држава без која нема да направат никаков чекор кон Европската унија и кон НАТО, додаде Теодоракис.
Македонските иселеници во Турција, во соработка со Светскиот македонски конгрес и Сојузот на Македонците со исламска религија, започнаа потпишување на петиција за добивање македонски државјанства. Интересот за македонски државјанства кај иселениците е голем, велат претставниците на здруженијата во повеќе градови на Турција. Петицијата се потпишува со нагласен интензитет, истакна претседателот на СМИР Исмаил Бојда
МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО ТУРЦИЈА
ИСЕЛЕНИЦИТЕ БАРААТ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНСТВА
М
акедонските иселеници во Турција, во соработка со Светскиот македонски конгрес и Сојузот на Македонците со исламска религија, започнаа потпишување на петиција за добивање македонски државјанства. Интересот за македонски државјанства кај иселениците е голем, велат претставниците на здруженијата во повеќе градови на Турција. Петицијата се потпишува со нагласен интензитет, истакна претседателот на СМИР Исмаил Бојда. „Тие отидоа во Турција во 50– тите години. Имаа билети во еден правец и таму Турците сè уште ги третираат како дојденци, односно по нивно ’ѓочмени македониас‘. За време на неодамнешната посета на тие здруженија, ние однесовме и една петиција со која ќе се бара од Македонија да им даде македонски државјанства, со ставање вон употреба на уредбата донесена во 2003 година на 15 март за давање на државјанства по членот 11 да ги третираат нашиве како странци, а дотогаш беше по потекло Македонци“, вели Бојда. Со цел да се координираат подобро активностите на здруженијата на иселениците од Македонија во Турција, веќе се започнати и разговори за формирање
на еден Сојуз, односно Заедница, во која, според организаторите, полесно ќе се координираат активностите за да се реши проблемот со добивање на држав-
07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
јанства на Република Македонија. Во Република Турција има над 100 здруженија, односно невладини организации на иселениците од Македонија.
Ф О Р У М К РА Н М О Н ТА Н А Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е добитник на наградата за општествената одговорност и за придонес во глобалниот раст и развој за 2014 година, што се доделува во рамки на Форумот Кран Монтана. Наградата на Фондацијата му се доделува на претседателот Иванов поради личен придонес за активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбрана на фундаменталните слободи
НАГРАДА НА ФОНДАЦИЈАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ
П
ретседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е добитник на наградата за општествената одговорност и за придонес во глобалниот раст и развој за 2014 година, што се доделува во рамки на Форумот Кран Монтана. Наградата на Фондацијата му се доделува на претседателот Иванов поради личен придонес за активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбрана на фундаменталните слободи. - Јас сум горд што тоа што го прави Македонија е се повеќе она со кое ќе се соочува светот во иднина, оти сите општества во иднина ќе бидат мултиетнички, мултирелигиозни и мултијазични. Нас ни требаат лидери кои ќе знаат да се справуваат со различноста, не да ја уништуваат различноста. Тоа што го гледаме на Блискиот Исток е резултат на затворен ум, на луѓе кои не можат да го отворат умот и да ја препознаат различноста и да живеат со
неа. Живееме во свет во кој многу брзо се случуваат промени. Глобалните медиуми, интернетот, носи процес на глобална етничка преродба, религиозна преродба, јазична преродба. Секој ден се создаваат нови заедници на интернет, на Фејсбук, на Твитер. Територијата го губи значењето. Тие нови заедници живеат во свои светови. Така што, на младите луѓе треба да им оставиме свет во кој ќе се почитуваат, ќе ја почитуваат различноста и ќе жи08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
веат со неа, рече претседателот Иванов, истакнувајќи дека престижната наградата е признание за Република Македонија и за македонските граѓани. Годинава, покрај претседателот Иванов, добитници на наградата на Фондацијата се Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, поранешниот премиер на Сенегал Амината Туре, а постухмно и Ерве Хурдел.
МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ВО АЛБАНИЈА Претставниците на здруженијата на македонското малцинство во Албанија, заедно со претставници на здруженијата на останатите малцинства, се сретнаа со Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати и Државниот комитет за малцинства. Целта на средбата беше зајакнување на дијалогот со здруженијата на малцинствата, како и нивно запознавање со препораките на Советот на Европа за ситуацијата на малцинствата во Албанија
ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРЕПОРАКИТЕ ОД СЕ НА СРЕДБАТА СО МИНИСТЕРОТ БУШАТИ
П
ретставниците на здруженијата на македонското малцинство во Албанија, заедно со претставници на здруженијата на останатите малцинства, се сретнаа со Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати и Државниот комитет за малцинства. Целта на средбата беше зајакнување на дијалогот со здруженијата на малцинствата, како и нивно запознавање со препораките на Советот на Европа за ситуацијата на малцинствата во Албанија. Министерот Бушати ја истакна волјата на албанската Влада за зголемување на соработката со претставниците на малцинствата, нивната вклученост во процесот на консултации за решавање на нивните проблеми, како и за поттикнување и поддршка на нивните активности за натамошна
заштита и развој на културниот и јазичниот идентитет. - На средбата беше искажан заеднички став од потребата Рамковната конвенција за заштита на малцинствата и резолуцијата на Советот на Европа, да бидат преведени на јазиците на малцинствата, што 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
подразбира и на македонски јазик, изјави Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата на Македонците, МАЕИ. Тој истакна дека Албанија во согласност со меѓународните обврски треба да преземе конкретни мерки за заштита на правата на малцинствата.
ИВАНОВ: Настаните кои што се во прилог на регионот, подвлече македонскиот претседател, е потребно да се користат за ширење на довербата и поголема соработка меѓу народите што живеат на Балканот, затоа што сите ги очекува заедничка иднина. “Сите очекуваме еден ден да бидеме во Европската унија и во НАТО, почитувајќи ги сите стандарди кои што важат таму. Тоа не обединува бидејќи со почитувањето на тие принципи и вредности, во нашиот регион ќе владеат мирот и соработката, и пред се посветеноста на економијата, со цел отворање нови работни места и овозможувајќи им на младите луѓе поизвесна иднина“, изјави Иванов по средбата со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на маргините на Форумот Кран Монтана во Женева
ОДРЕДЕНИ НАСТАНИ ЗАГРИЖУВААТ ЗАТОА ШТО СОЗДАВААТ ГОЛЕМА НЕСИГУРНОСТ КАЈ ЛУЃЕТО
О
дредени настани загрижуваат затоа што создаваат голема несигурност кај луѓето. Нашиот регион се уште има потреба од поголема доверба, комуникација и позитивни примери. Ова го изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, коментирајќи го настанот во Белград што се случи за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија, како и за последиците што произлегоа од него. Настаните кои што се во прилог на регионот, подвлече македонскиот претседател, е потребно да се користат за ширење на довербата и поголема соработка меѓу народите што живеат на Балканот, затоа што сите ги очекува заедничка иднина. “Сите очекуваме еден ден да бидеме во Европската унија и во НАТО, почитувајќи ги сите стандарди кои што важат таму. Тоа не обединува бидејќи со почитувањето на тие принципи и вред-
ности, во нашиот регион ќе владеат мирот и соработката, и пред се посветеноста на економијата, со цел отворање нови работни места и овозможувајќи им на младите луѓе поизвесна иднина“, изјави Иванов по средбата со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на маргините на Форумот Кран Монтана во Женева. “Заедничка констатација со претседателот Иванов е дека нашите односи се пријателски и традиционално добри и дека во 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
сите сфери можат да бидат добар пример во регионот. Ова беше можност воедно да реафирмираме бројни меѓудржавни договори, одличната комуникација на нашите две влади, и да ја констатираме потребата заедно да дејствуваме во економијата, во функција и во интерес на двете држави, пред се во сообраќајното поврзување и обостраната афирмација на туристичките вредности и на Црна Гора и на Македонија“, изјави претседателот Вујановиќ.
Според Иванов, значајно е тоа што во овој период Швајцарија претседава со ОБСЕ и претседателот Буркхалтер е претседавач со оваа организација. Во контекст на случувањата во повеќе кризни жаришта и импликациите кои се предизвик и закана за целиот регион, Иванов ја истакна потребата од зајакнување на соработката на земјите од регионот
МАКЕДОНИЈА И ШВАЈЦАРИЈА И М А АТ Д О Б Р И Б И Л АТ Е РА Л Н И ОД Н О С И И СО РА Б О Т К А
СРЕДБА ИВАНОВ БУРКХАЛТЕР
М
акедонија и Швајцарија имаат добри билатерални односи и соработка. Двете земји ги поврзува нивната посветеност кон афирмација на човековите права и моделите на соживот кои се негуваат во нив, оцениле претседателите на Македонија и на Швајцарија, Ѓорге Иванов и Дидије Буркхалтер на средбата во Берн. Според Иванов Македонија и Швајцарија ги поврзува нивната посветеност кон афирмацијата на човековите права, моделите на соживот кои се негуваат во двете земји, а се темелат на принципот на почитување на различностите, ангажманот на двете земји во рамките на меѓународните организации. Според Иванов, значајно е тоа што во овој период Швајцарија претседава со ОБСЕ и претседателот Буркхалтер е претседавач со оваа организација. Во контекст на случувањата во повеќе кризни жаришта и импликациите кои се предизвик и закана за целиот регион, Иванов ја истакна потребата од зајакнување на соработката на
земјите од регионот. Швајцарскиот претседател Буркхалтер изразил уверување дека соработката и поддршката за Република Македонија ќе 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
продолжи и во иднина. За време на посетата на Швајцарија, Иванов учествуваше на 25. годишна сесија на Форумот Кран Монтана.
МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.
Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.
БАРАМЕ ВЛАДИКА КОЈ ЌЕ НИ БОГОСЛУЖИ НА МАЈЧИН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
За овој фељтон се користени материјали од истражувањата на проф. д-р Јован Белчовски, објавени во книгата "Охридска архиепископија од основањето до забраната на нејзината дејност - 1767 г." Исто така, користени се и истражувањата на проф. д-р Александар Трајановски, објавени во книгата "Црковната организација во Македонија и движењето за возобновување на Охридската архиепископија од крајот на XVIII век до основањето на ВМРО".
ЈУГОЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД КАТЕДРАЛНАТА ЦРКВА "РОЖДЕСТВО НА СВ. БОГОРОДИЦА БОГОРОДИЦА", ", ОСВЕТЕНА НА 1 МАЈ 1835 ГОДИНА. ФОТОГРАФИЈАТА ДАТИРА ОД ПРЕД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ. ЦРКВАТА ВО СКОПЈЕ Е БОМБАРДИРАНА И ЗАПАЛЕНА ВО АПРИЛ 1944 ГОДИНА
В
о првата половина на XIX век, со миграцијата од село во град, во Солун се доселиле повеќе македонски семејства од Дебарско, Кичевско, Крушевско, Охридско и од други места. Занимавајќи се со занаетчиство и со трговија, тие во Солун формирале занаетчиско-еснафски и трговски организации, кои воспоставиле контакти со повеќе македонски градови. Економскиот подем на Солун особено дошол до израз околу 60-тите години на XIX век. Во 1868 година во Солун веќе дејствувала Македонската црковно-училишна општина и тука живееле околу 8.000 Македонци во 1.767 куќи. Во тој период економски зајакнатата македонска граѓанска класа и интелигенција од Солун почнале да се интересираат за основање на македонски црковно-просветни институции (училишта, цркви, параклиси, општини и сл.) и воопшто за еманципација од елинизацијата и од Цариградската патријаршија, преку создавање македонска самостојна ерархија. На тој начин, во 60тите години на XIX век и подоцна, Солун станал средиште на црковно-просветната народноослободителна борба на Македонците, за остварување на нивните црковно-просветни и општествени права. Своите први црковно-просветни права Македонците од Солун ги оствариле
кон почетокот на XIX век. Во 1805 година дебрани успеале да основаат параклис каде што тајно ги задоволувале своите духовни потреби и тоа на македонски народен говорен јазик, односно на староцрковен јазик. Во 1817 година шивачките еснафи на дебрани, крушевчани и охриѓани составиле дарителен поминок на народен говорен македонски јазик. Во 1832 година во Солун оваа еснафска организација отворила ќелијно училиште, во кое учителствувал монахот Исаија од Ресен. Во 1831 година архимандритот Теодосиј Синаитски престојувал во Солун, каде што во црквата "Света Мина" богослужел на староцрковен македонски јазик. Откако им пропаднал обидот да основаат народно училиште во градот, Македонците постигнале голем успех отворајќи ја македонската печатница (18381841) на спомнатиот архимандрит Теодосиј Синаитски, во која се печателе прирачници и книги на народен јазик.
НАРОДНООПШТИНСКИ ДЕЕЦ Како резултат на енергичното спротивставување на скопското граѓанство на непожелните грчки митрополити,
Скопјани успеале за период од неколку години да сменат, односно од Скопје истерале неколку фанариотски владици и тоа: Ананиј (18231828), Неофит (18281830) и Генадиј (18301832). Веројатно слична судбина ќе имал и следниот грчки митрополит Гаврил (1832-1843), доколку тој не постапувал поинаку и не дејствувал пофлексибилно. Имено, тој околу себе собрал мештани скопјани, и во црквата, покрај грчкиот, дозволил употреба и на староцрковниот, а во училиштата дури и на македонскиот народен говорен јазик. поддржано од влијателниот и познатиот скопски чорбаџија Хаџи Трајко Дојчинович (1780-1847), скопјани успеале за период од неколку години да сменат, односно од Скопје истерале неколку фанариотски владици и тоа: Ананиј (18231828), Неофит (1828-1830) и Генадиј (1830-1832). Веројатно слична судбина ќе имал и следниот грчки митрополит Гаврил (1832-1843), доколку тој не постапувал поинаку и не дејствувал пофлексибилно. Имено, тој околу себе собрал мештани скопјани, и во црквата, покрај грчкиот, дозволил употреба и на старо-
црковниот, а во училиштата дури и на македонскиот народен говорен јазик. Исто така, владиката ја благословил и иницијативата за изградба на месната катедрална црква "Света Богородица", која со негова помош била осветена на 1 мај 1835 година. Покрај тоа, митрополитот Гаврил го помогнал основањето на народноопштинското училиште "Свети Кирил и Методиј" (1835-1836), а со своите верници дури и комуницирал на македонски јазик, кој добро го знаел, декларирајќи се при тоа дека и тој е од македонско потекло. Црковните борби за еманципација од Патријаршијата, а за возобновување на Охридската архиепископија интензивно продолжиле и во 50-тите и во 60-тите години на XIX век. Тие биле непосредно поврзани со личноста и со дејноста на велешанецот Јордан Хаџи КонстантиновЏинот, кој како народноопштински деец
ќе созреала и идејата за еманципација од Патријаршијата и за целосно исклучување на грчкиот јазик од богослужбата. За таа цел од катедралната црква "Св. Богородица" биле отстранети грчките книги и запалени во црковниот двор. Откако Скопската црковно-училишна општина побарала на местото на грчкиот владика да биде поставен домашен архијереј, при крајот на борбата, се актуелизирало и прашањето за возобновување на Охридската архиепископија. Скопјани се заканиле дека доколку не се исполнат нивните барања, тие ќе склучат унија со Римокатоличката црква. На 15 март 1861 година на еден масовен протест на скопјани, највидните граѓани и жителите од околните села, побарале "владика кој ќе им служи на мајчиниот јазик". Истовремено, специјално избраната делегација од протестантите го посетила скопскиот каjмакам, искажувајќи го револтот про-
СНИМКА ОД СКОПСКАТА КАТЕДРАЛНА ЦРКВА ""РОЖДЕСТВО РОЖДЕСТВО НА СВ. БОГОРОДИЦА", БОГОРОДИЦА", ПОДИГНАТА 1835 ГОДИНА И ОД ЦРКВАТА "СВЕТА МИНА" ИЗГРАДЕНА ВО 1902 ГОДИНА учителствувал подолго време во Скопје (1848-1857), каде што направил богата културно-просветна, општествена и народно-будителска дејност. Неговото антипатријаршиско однесување и судирите со грчко-патријаршискиот митрополит Јоаким биле забележани во јавноста: "Тој човек, достоен за љубовта на својот народ, предаваше на народен јазик и знаеше како грчкото свештенство се труди да го уништи тој јазик и да го наметне својот (грчкиот) јазик... Господин Јордан понекогаш практикуваше да зборува за злоупотребите на Господин Јоаким". По краткото затишје по неговото протерување од Скопје, се појавиле нови позасилени антипатријаршиски движења и борби во Скопската епархија. За време на отсуството на владиката Јоаким од Скопје, биле направени обиди за намалување на црковните давачки, а ве-
тив патријаршискиот владика. Меѓу другото, овие делегати пред месните османлиски власти изјавиле: "Ние патрикот не го признаваме, туку само султанот Абдул Меџит".
"ШЕСТМИНА УЧИТЕЛИ НИ ИСПАДИЛ" Струмичката епархија била составена од три архијерејски намесништва: Струмичкото, Тиквешкото (Кавадарци, Неготино) и Малешевското (Пехчево, Берово). Првото антипатријаршиско движење во оваа епархија било забележано во Тиквешкото архијерејско намесништво. Така, во 1832 година, во селото Ваташа, Кавадаречко, се судриле македонските верници и струмичкиот грчко-патријаршиски митрополит Јеротеј. Судирите
Црковните борби за еманципација од Патријаршијата, а за возобновување на Охридската архиепископија интензивно продолжиле и во 50-тите и во 60-тите години на XIX век. Тие биле непосредно поврзани со личноста и со дејноста на велешанецот Јордан Хаџи Константинов - Џинот, кој како народноопштински деец учителствувал подолго време во Скопје (18481857), каде што направил богата културно-просветна, општествена и народнобудителска дејност. Неговото антипатријаршиско однесување и судирите со грчко-патријаршискиот митрополит Јоаким биле забележани во јавноста: "Тој човек, достоен за љубовта на својот народ, предаваше на народен јазик и знаеше како грчкото свештенство се труди да го уништи тој јазик и да го наметне својот (грчкиот) јазик... Господин Јордан понекогаш практикуваше да зборува за злоупотребите на Господин Јоаким". настанале поради отпорот на месните верници богослужбата да ја слушаат на грчки, за нив неразбирлив јазик, која требало да ја одржува спомнатиов грчки владика. Поради тоа, тие не му дозволиле на митрополитот да влезе во месната црква во селото Ваташа и да ја проповеда црковната служба на грчки јазик. Во знак на протест кон елинизацијата месните жители, предводени од општинскиот учител Даскал Камче Наков Поп Ангелов, се ангажирале да изградат месно училиште, одделено од елинското. До нови конфронтации меѓу ваташани и воопшто верниците од Тиквешијата и струмичкиот владика Јеротеј дошло во 1863 година. Во однос на тоа, ваташани реагирале: "Од шест години наваму, од кога сме си направиле училиште, шестмина учители ни испадил, а ние наоѓавме и местевме други. Вие не можете да си ја претставите борбата која ја водат нашите селани со непријателите на нашата народност и јазик". Од тој период ваташани му забраниле
секаков пристап на непожелниот грчки владика во нивното село и одбиле во иднина да му плаќаат владичнина. Нивниот пример го следеле и другите верници од Тиквешијата. Кон крајот на 1869 и на почетокот на 1870 година, тие се откажале од услугите на струмичкиот владика и преку своите црковно-училишни општини, пред сè, Кавадаречката и Неготинската, како најголеми, и со помош на свои свештеници и учители сами ги собирале црковните давачки. Покрај тоа, тие именувале општински учители, кои материјално ги згрижувале и ја контролирале нивната дејност, и воопшто дејствувале како еден вид епархијална власт во областа. Струмичкиот митрополит Јеротеј настојувал во богослужбата и во училиштата да се употребува грчкиот јазик. На тоа реагирал месниот свештеник Ѓорѓи, кој во јануари 1861 година побарал од белградскиот митрополит Михајло помош во книги и во училишни помагала "за да се зачуваат духот на православието и на македонското училиште во Струмица". Антипатријаршиското движење во Струмица секоја година станувало сè поинтензивно и било насочено против неморалноста, пијанењето, злоупотребите при собирањето црковни давачки и други недела, кои ги правел митрополитот. Желбата за староцрковна богослужба и за употреба на мајчиниот јазик во наставата ги натерала струмичани на
Желбата за староцрковна богослужба и за употреба на мајчиниот јазик во наставата, ги натерала струмичани на 31 октомври 1867 година да се пожалат кај османлиските власти во Цариград: "Молиме да нè помилувате со едно народно ираде, за да можеме слободно без мака да воведеме во народното училиште учење на мајчин јазик. Врз основа на тоа, Ве молиме, Вас господа претставници и Ве ополномоштуваме со нашите потписи да подадете во наше име приклучно барање до Високото православно правителство и да му ги кажете и усно нашите жалби и страдања кои доаѓаат поради нашиот владика Јеротеј, кој против царската дозвола ни ги гони народноста и јазикот".
31 октомври 1867 година да се пожалат кај османлиските власти во Цариград: "Молиме да нè помилувате со едно народно ираде, за да можеме слободно без мака да воведеме во народното училиште учење на мајчин јазик. Врз основа на тоа, Ве молиме, Вас господа претставници и Ве ополномоштуваме со нашите потписи да подадете во наше име приклучно барање до Високото православно правителство и да му ги кажете и усно нашите жалби и страдања што доаѓаат поради нашиот владика Јеротеј, кој против царската дозвола ни ги гони народноста и јазикот".
ти кон владиката Антим се претвориле во отворени незадоволства и движења за еманципација од Патријаршијата. Сепак, во еден момент меѓу верниците настапило затишје, кога владиката бил повлечен во Цариград, како член на Светиот синод на Патријаршијата. За време на неговото отсуство, односно од 1861 година велешани ја презеле Митрополијата и овозможиле со неа да управуваат месните велешки црковно-училишни општини, за да можат соодветно да се задоволуваат црковните и училишните потреби во градот и во околината. Меѓутоа, по две години владиката Антим се
ГОРЕН ЦЕНТРАЛЕН ДЕЛ НА ИКОНОСТАСОТ ОД ЦРКВАТА "РОЖДЕСТВО НА СВ. БОГОРОДИЦА БОГОРОДИЦА"" ВО СКОПЈЕ, ИЗГОРЕНА ОД ФАШИСТИЧКИОТ ОКУПАТОР
САМОВОЛНО СОБИРАЊЕ ВЛАДИЧНИНА На територијата на една од најмалите македонски епархии - Велешката, живеело речиси компактно македонско население. Сепак, во 50-тите години на XIX век тамошните малубројни Власи - еленофили, се обидувале да ја форсираат употребата на грчкиот јазик во училиштата и во богослужбата. Меѓутоа, нивните обиди речиси секогаш биле неуспешни. Кон крајот на 1859 година велешани се побуниле против повеќето неканонски активности, кои ги преземал велешкиот владика Антим, кој настојувал во училиштата и црквите мајчиниот јазик да го замени со грчки, применувал самоволно собирање владичнина и тоа значително зголемена, потоа од епархиотите произволно земал не само пари, туку и жито, маст, волна, пилиња, јајца, мисирки и друго. Спомнативе нетрпеливос-
вратил во Велес и се обидел да ја собере владичнината за изминатите две-три години. Поплаките, молбите и жалбите упатени против злоупотребите на владиката не постигнале никаков позитивен ефект и затоа митрополитот Антим почнал да собира владичнина за неколку изминати години, која достигнала вредност од околу 50.000 гроша. Поради тоа, велешани се заканиле дека ќе склучат унија со Римокатоличката црква, применувајќи едно дотогаш веќе проверено средство за еманципација од Патријаршијaта. Во 1863 година како резултат на општото народно незадоволство, велешани испратиле една жалба (на 20 април 1863 година) до румелискиот валија во Битола, поткрепена со 93 потписи и печати на верниците, во која се жалеле на бројните злоупотреби кои ги правел митрополитот Антим.
(продолжува)
Претсетавници на стотина компании од различни области како што е финансискиот, услужниот, производствениот сектор, информатичката технологија и градежништвото, на бизнис форум во Лондон ги слушнаа поволностите што ги нуди Република Македонија за нивните можни инвестиции. Премиерот Никола Груевски кој ја предводи владината делегација во своето обраќање пред присутните изјави дека македонската Влада е пријателски ориентирана спрема инвеститорите и бизнисот
ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ К О Ј Ј А П Р Е Д В О Д И В Л А Д И Н АТА Д Е Л Е ГА Ц И Ј А В О С В О Е Т О О Б РА Ќ А Њ Е П Р Е Д П Р И С У Т Н И Т Е И З Ј А В И Д Е К А М А К Е Д О Н С К АТА В Л А Д А Е П Р И Ј АТ Е Л С К И О Р И Е Н Т И РА Н А С П Р Е М А ИНВЕСТИТОРИТЕ И БИЗНИСОТ
БИЗНИС ФОРУМ ВО ЛОНДОН
П
ретсетавници на стотина компании од различни области како што е финансискиот, услужниот, производствениот сектор, информатичката технологија и градежништвото, на бизнис форум во Лондон ги слушнаа поволностите што ги нуди Република Македонија за нивните можни инвестиции. Премиерот Никола Груевски кој ја предводи владината делегација во своето обраќање пред присутните изјави дека македонската Влада е пријателски ориентирана спрема инвеститорите и бизнисот. “Работиме со инвеститорите за да ги слушнеме нивните барања, нивните проблеми и прашања кои им се важни и земајќи ги во предвид најдобрите искуства од странство направивме многу промени, не само во легислативата, туку и во нејзината примена, спроведуваме реформи и на тој начин правиме напредок“, изјави премиерот Груевски. Премиерот истакна дека
Владата е посветена и кон инвестиции во инфраструктурата и дека моментално се градат 3 нови автопати, железница кон Бугарија и паралелно се преземаат активности за процесот на гасификација. Во рамките на економската посета на Лондон, претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски синоќа оствари средба со регионалниот директор на Ев16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
ропската банка за обнова и развој, Муант Холгер. Соговорниците на средбата се осврнаа на развојот на односите со ЕБОР, како и соработката која се одвива за реализација на проекти од сферата на енергетиката, инфраструктурата во делот на изградба на патишта и железничкото поврзување, а кои се во функција на напредокот на економијата и економските односи.
“Новата Стратегија се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Групацијата Светска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската унија. Македонија има солидни резултати во прудентно макроекономско управување, го одржа растот и ја зголеми вработеноста за време на глобалната криза“, се наведува во соопштението од Светска банка Зависно од условите на пазарот, овие 400 милиони долари може да бидат дополнети со 80 до 100 милиони долари финансирање за четири години од Меѓународната Финансиска Корпорација и гаранции од Мултилатералната агенција за гаранција на инвестициите
О В А Е П Р Е Д В И Д Е Н О С О Н О В АТА С Т РАТ Е Г И Ј А З А П А Р Т Н Е Р С Т В О СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2015 2018 ГОДИНА, А КО Ј А Б Е Ш Е ВЧ Е РА РА З ГЛ Е Д А Н А ОД Б О РД О Т Д И Р Е К Т О Р И Н А Б А Н К АТА
400 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД СВЕТСКА БАНКА ЌЕ МОЖЕ ДА КОРИСТИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
400
милиони долари од Светска Банка ќе може да користи Република Македонија. Средствата се наменети за период од четири години за постигнувње повисок и поинклузивен раст, кој ќе се претвори во работни места и зголемен приход за сите сегменти во општеството. Ова е предвидено со новата Стратегија за партнерство со Република Македонија за периодот 2015 -2018 година, а која беше вчера разгледана од Бордот директори на Банката. “Новата Стратегија се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Групацијата Свет-
ска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската унија. Македонија има солидни резултати во прудентно макроекономско управување, го одржа растот и ја зголеми вработеноста за време на глобалната криза“, се наведува во соопштението од Светска банка. Зависно од условите на 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
пазарот, овие 400 милиони долари може да бидат дополнети со 80 до 100 милиони долари финансирање за четири години од Меѓународната Финансиска Корпорација и гаранции од Мултилатералната агенција за гаранција на инвестициите. “Новата Стратегија на Групацијата настојува да промовира побрз раст, но со подобра инклузија така што со забрзување на закрепнување сите сегмени на општеството ќе имаат корист од создавањето работни места“, изјави Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка за Македонија.
Колку лица ќе бидат опфатени со проектот, ќе се знае откако надлежната комисија ќе заврши со проверка на податоците. Првите решенија за еднократен отпис на долгови, според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се очекува кон крајот на месецов. “Може да пристигнат во меѓувреме и други барања пратени по пошта, но ова а финалната бројка, потврдена вчера до 18 часот до кога беше последниот рок за поднесувања барања за отпис на долговите“, изјави министерот Диме Спасов
ОТПИС НА ДОЛГОВИТЕ З А С Т Р УЈ А , П А Р Н О , РА Д И О Д И Ф У З Н А ТА К С А , И ОБВРСКИТЕ КОН БАНКИТЕ
41.817 БАРАЊА СЕ ПОДНЕСЕНИ ОД СТРАНА НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ОТПИС НА ДОЛГОВИТЕ
В
купно 41.817 барања се поднесени од страна на граѓаните за отпис на долговите за струја, парно, радиодифузна такса, и обврските кон банките. Колку лица ќе бидат опфатени со проектот, ќе се знае откако надлежната комисија ќе заврши со проверка на податоците. Првите решенија за еднократен отпис на долгови, според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се очекува кон крајот на месецов. “Може да пристигнат во меѓувреме и други барања пратени по пошта, но ова а финалната бројка, потврдена вчера до 18 часот до кога беше последниот рок за поднесувања барања за отпис на долговите“, изјави министерот Диме Спасов. Еднократниот отпис е ди-
мензиониран да им помогне на примателите на социјална и на постојана парична помош, невработените кои активно ба18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
раат работа и луѓето изложени на социјален ризик поради смрт на брачниот другар, инвалидност или потешка болест.
Sudstvo
СЛУЧАЈОТ “ШПИОН“
Прво обвинетиот Марјан Ефремов е осуден на 15 години затвор, а поранешниот генерал Горан Стојков обвинет за четири кривични дела, меѓу кои и злосторничко здружување и изнуда, осуден на казна затвор од девет години. Александар Диневски е осуден на 4 и пол години затвор, а поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, доби тригодишна казна затвор
КРИВИЧНИОТ СУД ГИ ИЗРЕЧЕ ПРЕСУДИТЕ ЗА ШПИОНСКА АФЕРА ВО МАКЕДОНИЈА
П
оранешен вработен во Агенцијата за разузнавање Марјан Ефремов, денеска е осуден на 15 години затворска казна за случајот “Шпион“. Кривичниот суд ги изрече пресудите за шпионска афера во Македонија. Прво обвинетиот Марјан Ефремов е осуден на 15 години затвор, а поранешниот генерал Горан Стојков обвинет за четири
кривични дела, меѓу кои и злосторничко здружување и изнуда, осуден на казна затвор од девет години. Александар Диневски е осуден на 4 и пол години затвор, а поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, доби тригодишна казна затвор. На Pоранешниот шеф на кабинетот на претседате19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
лот на Собранието, Трајко Вељаноски, Марјан Маџовски е осуден на 1,5 година, додека поранешниот разузнавач Александар Диневски е осуден на 4,5 години затвор. 19 лица беа обвинети за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, шпионажа, оддавање државна тајна, уцена, измама и недозволено поседување на оружје.
ОХРИД-ПРЕСПА: Во присуство на високи владини преставници, преставници на Парламентите, преставници на Општините, на УНЕСКО, Европската Унија и дипломатскиот кор, вчера во Корча-Албанија се изврши и официјална инаугурација на Прекуграничниот Биосферен Резерват на УНЕСКО Охрид-Преспа. Главна цел и предизвик на Прекуграничниот резерват ќе биде развојот на одржливо користење на природните ресурси во полза на локалното население, базиран врз напорите на локалните заедници и рационалноста на науката
ИНАУГУРАЦИЈА НА ПРЕКУГРАНИЧНИОТ БИОСФЕРЕН РЕЗЕРВАТ НА УНЕСКО
В
о присуство на високи владини преставници, преставници на Парламентите, преставници на Општините, на УНЕСКО, Европската Унија и дипломатскиот кор, вчера во Корча-Албанија се изврши и официјална инаугурација на Прекуграничниот Биосферен Резерват на УНЕСКО Охрид-Преспа. Главна цел и предизвик на Прекуграничниот резерват ќе биде развојот на одржливо користење на природните ресурси во полза на локалното население, базиран врз напорите на локалните заедници и рационалноста на науката. Биосферниот резерват Охрид-Преспа исто така ќе овозможи подобро да се воспостават врски на соработка и комуницкација помеѓу двете држави и општините во регионот. Охрид – Преспа е 14 прекуграничен биосферен резерват во светски рамки, а прв во реги
онот.Импелементацијата на овој проект започна уште во октомври 2012 година. Потоа беше изработена номинациона форма која беше предадена во УНЕСКО во јуни 2013 година. Паралелно со настанот на главната улица во Корча се 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Ооктомври 2014
одвиваше и презентација на производи од Биосферниот резерват, каде на штандови се претставија Националните Паркови од Македонија, производители на земјоделски производи и производители на вино.
Сеќавања Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред седум години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб
МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ Д Е Н Е С К А С Е С Е Ќ А В А АТ Н А ТОШЕ ПРОЕСКИ
СЕДУМ ГОДИНИ БЕЗ ТОШЕ
М
акедонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред седум години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Тој беше единствениот кој загина во џипот кој го управуваше неговиот другар, а во кој беше и неговата менаџерка Љиља Петровиќ. Фановите на Тоше на 5 октомври го организираа и „Ѕвезденото небо“ со кое одбележаа седум години од неговиот последен концерт, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во образованието. И годинава во чест на Тоше маратонци тргнаа од Нова Градишка, на 13 октомври во 6.05
часот, и трчаат околу 900 километри по рутата која во спротивен правец беше последното патување на Тоше. Тие пристигнаа денеска во Крушево и го посетија неговото вечно почивалиште. Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно сла21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
вејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.
Б Е З Н Е Г О , Т Е АТА Р О Т Д Е Н Е С Ќ Е Г О ИМАШЕ, АМА ЌЕ БЕШЕ НЕШТО ДРУГО Тој ја воспостави црвената линија меѓу романтичарскиот, да не речам, аматерски театар и професионализмот, рече, меѓу другото, театрологот Јелена Лужина, на промоцијата на монографијата посветена на еден од основачите на Македоснкиот народен театар, а создадена од театрологот Ана Стојаноска имитар Ќостаров ги постави основите на македонската глума, без него, театарот денес ќе го имаше, ама ќе беше нешто друго. Тој ја воспостави црвената линија меѓу романтичарскиот, да не речам, аматерски театар и професионализмот, рече, меѓу другото, театрологот Јелена Лужина, на промоцијата на монографијата посветена на еден од основачите на Македоснкиот народен театар, а создадена од театрологот Ана Стојаноска. Нетипичната промоција по повод големиот настан во салата на Факултетот за драмски уметности собра почитувачи на театарот. Идејата за книгата тргна од една здодевна конференција на која авторката на книгата се конфронтира со еден наш познат режисер (Љубиша Георгиевски, на дебата за Чехов во рамките на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, н.з.). На темата „Реалистичката поетика и естетика на Димитар Ќостаров“ Ана Стојаноска докторира во 2007 година,, рече Никола Ристановски. Тој ги потенцира најважните бројки што го одредија Ќостаров во големата кариера. Остварил 38 улоги, играл во пет филма, режирал вкупно 86 претстави, од кои 61 во МНТ, а остатокот во театри во земјава, но и во Србија.
ЌОСТАРОВ ГИ ПОСТАВИ ОСНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ГЛУМА
Д
22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
Се вбројува меѓу водечките џез фестивали во Европа. Фестивалот започна во 1982 година, а во неговата историја се впишани настапите на најславните имиња на американскиот и европскиот џез, на латиноамериканската и африканската музика, како и најдобрите македонски музичари
ЕДНА ОД ВОДЕЧКИТЕ К У Л Т У Р Н И М А Н И Ф Е С ТА Ц И И ВО МАКЕДОНИЈА
33 ИЗДАНИЕ НА СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ
С
копскиот џез фестивал е една од водечките културни манифестации во Македонија, со традиција од 33 последователни години и со извонредна репутација во Европа и во светот. Се вбројува меѓу водечките џез фестивали во Европа. Фестивалот започна во 1982 година, а во неговата историја се впишани настапите на најславните имиња на американскиот и европскиот џез, на латино-американската и африканската музика, како и најдобрите македонски музичари. Оваа година по 33 пат ќе се одржи од 16 до 19 октоври на повеќе локации-Универзална сала, МОБ, кино Фросина...и ќе понуди богата џез програма. 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
На изложбата ќе се претстават ликовни автори, членови на Друштвото од цела Македонија. Изложбениот концепт на проектот „Експириментален цртеж“ претендира да го разработи процесот на револуционерното отстапување од интстутционалната вредност на цртежот и неговото ограничување на хартијата како фундаментален поддржувачки материјал, со цел да ја предизвика веќе прифатената дефиниција за негова презентација како едноставно дело на хартија
В О О Р ГА Н И З А Ц И Ј А НА ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА, В О ГА Л Е Р И С К И О Т ПРОСТОР ПРИ ДОМОТ Н А А Р М И Ј АТА
"ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЦРТЕЖ 2014"
В
о организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во галерискиот простор при Домот на Армијата, ќе се отвори изложбата „Експериментален Цртеж 2014“. На изложбата ќе се претстават ликовни автори, членови на Друштвото од цела Македонија. Изложбениот концепт на проектот „Експириментален цртеж“ претендира да го разработи
процесот на револуционерното отстапување од интстутционалната вредност на цртежот и неговото ограничување на хартијата како фундаментален поддржувачки материјал, со цел да ја предизвика веќе прифатената дефиниција за негова презентација како едноставно дело на хартија. Селектираните дела ги трасираат основните на современиот цртеж почнувајќи од 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
развој на линијата на пикторијален план, до неговите дигитални модификации. Во оваа селекција ќе бидат прикажани цртежи кои можат да бидат дефинирани и како копродукт на други видови на креативни процеси, ставајќи го акцентот на неговата интердисциплинирана, когнитивна, перформативна или комуникативна функција.
- Со овој документ двете асоциjации се обврзуваат на меѓусебна соработка и помош во рамки на можностите во нивната работа и спроведување активности од заеднички интерес, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на "Илинден"
М
акедонско друштво "Илинден" со седиште во Тирана и здружението на Македонците по потекло од Албанија "Сонцe" со седиште во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. - Со овој документ двете асоциjации се обврзуваат на меѓусебна соработка и помош во рамки на можностите во нивната работа и спроведување активности од заеднички интерес, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на "Илинден". Освен Ѓурѓај, потпис на меморандумот стави и првиот човек на "Сонце" Едмонд Сотир, познат актер во Македонија, кој по потекло е од Мала Преспа. - Соработката главно ќе биде во областа на
МАКЕДОНСКО ДРУШТВО "ИЛИНДЕН" СО СЕДИШТЕ ВО Т И РА Н А И З Д Р У Ж Е Н И Е ТО Н А МАКЕДОНЦИТЕ ПО ПОТЕКЛО ОД АЛБАНИЈА "СОНЦE" СО СЕДИШТЕ ВО СКОПЈЕ
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА
културата а во тие рамки за почеток веќе договоривме наредната година во Голо Брдо да организираме "Културно лето" со многу настани, вели Сотир, кој е главен "виновник" и за одржувањето на традицио25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
нланото "Културно лето Преспа" . Овој настан, дополнува Ѓурѓај, секако ќе биде добредојден за жителите на оваа област кои се желни за културен настан зашто таму нема вакви настани.
втентичниот дизајн на штандот посебно одбраните дела на 18 македонски автори, како и можноста посетителите лично да се запонаат со нив, привлече голема публика. Осумнаесетте автори беа распоредени по шест во три сегменти, секој со различна тема и поврзан со познати мотиви од културното наследство
П
од слоганот “Куќа на зборови – куќа на светови” македонското книжевно творештво од 8-12 октомври беше претставено на најголемиот саем за книгата во Франкфурт, на кој на илјадници квадратни метри се претставуваат издавачи и земји од целиот свет. Автентичниот дизајн на штандот посебно одбраните дела на 18 македонски автори, како и можноста посетителите лично да се запонаат со нив, привлече голема публика. Осумнаесетте автори беа распоредени по шест во три сегменти, секој со различна тема и поврзан со познати мотиви од културното наследство.
МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО ОД 812 ОКТОМВРИ Б Е Ш Е П Р Е Т С ТА В Е Н О Н А НАЈГОЛЕМИОТ САЕМ ЗА К Н И ГАТА В О Ф РА Н К Ф У Р Т
"КУЌА НА ЗБОРОВИ – КУЌА НА СВЕТОВИ"
На штандот беше претставена и современата македонската литература, а беа презентирани и капиталните проекти на Владата и Министерството за култура од областа 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014
на издаваштвото, како и Конкурсот за превод на дела на македонски автори од издавачки куќи од странство кој предизвика голем интерес кај странските издавачи.