S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
WEB EDITION
Година XIX, Број 794, Ноември 2014
MONTHLY EDITION
СТАВРЕСКИ: ВО ИДНИНА ТРЕБА ДА
WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
ГРЧКО С ТОП ЗА ВЛЕЗ НА НЕТА ВО УНИЈАТА НА ТЕАТРИ ОД ЕВРОПА
СЕ ФОКУСИРАМЕ НА ПАЗАРОТ ВО САД ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА МАКЕДОНСКИОТ ШТАНД ВО САЛЕРНО СВЕЧЕН СОБИР ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПИСАТЕЛ ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
Јужнососедските власти се исплашија од напредокот во случаите за враќање на имотите на Македонците што им биле одземени по Граѓанската војна во 1949 година. Ним не им се допаѓа сериозниот пристап во работата на адвокатката ангажирана на случаите за имотите на протераните Македонци од тие таму доле јужно и не веруваа дека воопшто ќе стигнат дотука. Таа вели - никогаш не сум била дел од македонските здруженија кај јужниот сосед, ниту сум учествувала на нивните организирани манифестации во Леринско и околината. Но мојот ангажман е многу поопасен за јужнососедските власти, особено откако им стана јасно дека нема да се откажеме од намерата да им се вратат одземените имоти на Македонците. Така кометираше адвокатката која пред неколку недели беше вратена од границата на соседната земја. Образложението пак што го дале тие граничари било исто како и за сите новинари и други Македонци на кои не им беше дозволен влез во нивната земја-дека во националниот регистар на земјата стои оти се „опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и за меѓународните односи,,. Но таа е упорна и јавно потенцира дека последнава година е забележан напредок во процесуирањето на случаите, односно одреден број веќе стигнале во судовите на тие таму доле јужно - факт што не им се допаѓа на тамошните власти. Според адвокатката се уште е рано да се прогнозира колку време ќе трае постапката пред судовите, но таа е сигурна дека е многу веројатно да се стигне до позитивен резултат. Додава дека е недозволиво Македонците да не можат да си ги вратат имотите, и покрај сложеноста на процедурите и политичката заднина зад сето ова, таа е решена да оди до крај. Наспроти оптимизмот што владее кај адвокартката, прогонетите Македонци ја губат вербата дека ќе се вратат во родните огништа. Причината е што уште е во сила расистичкиот закон од 1982 година со кој се дозволува само враќање на „Грците по род“ за граѓаните што ја напуштиле земјата во текот на Граѓанската војна. Неговото укинување ќе значи и слободно враќање во родните куќи. Но сепак како велат надежта последна умира, па вреди да се чека... Е сега да погледнеме и на другата страна. Како и секој крадец кој живее во страв да не му се одземе украденото така е и со јужнососедските крадачи на македонската земја кои се уплашени и преплашени од можното враќање на имотите на прогонетите Македонци. Велат немало Македонци, Македонија била нивна, па ако нема Македонци зошто толку голем страв?! Вие наши мили соседи се раѓате со страв од Македонците, стареете и умирате со тој страв. Зошто е тоа така? Дека не постоиме или дека навистина постоиме!!! Оттука знајте дека и понатаму не ќе имате мир, Македонците постојано ќе ви бидат ноќна мора, ќе ви бидеме коска во грлото, ќе се гушите затоа што ја знаете единствената вистина – а таа е - Македонија постои и таа е на Македонците!!!
e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski
На генерално собрание на УТЕ, кое се одржа од 13 до 16 ноември во Тел Авив, според грчките медиуми, кога дискусијата дошла до предлози за нови партнерства и нови членови, „се појавила мрежата НЕТА со седиште во градот Битола, Македонија, со која претседава поранешниот министер за култура Благој Стефановски“
НОВА ГРЧКА БЛОКАДА ЗА МАКЕДОНИЈА
ГРЧКО СТОП ЗА ВЛЕЗ НА НЕТА ВО УНИЈАТА НА ТЕАТРИ ОД ЕВРОПА
Г
рчки театарски претставници го спречиле зачленувањето на Новата Европска Театaрска АсоцијацијаНЕТА во Унијата на театри од Европа (УТЕ), јавуваат денеска грчките медиуми. На генерално собрание на УТЕ, кое се одржа од 13 до 16 ноември во Тел Авив, според грчките медиуми, кога дискусијата дошла до предлози за нови партнерства и нови членови, „се појавила мрежата НЕТА со седиште во градот Битола, Македонија, со која претседава поранешниот министер за култура Благој Стефановски“. Уметничкиот директор на Националниот театар на северна Грција Јанис Вурос веднаш реагираше и по забелешките дека се залага за отвореност и соработка, изјави дека не може да прифати соработка со театар од Скопје кој го краде името на Македонија, кое не го признаваат Обединетите нации, ниту Грција, пишуваат грчките медиуми. По интервенцијата на Вурос, предлогот за соработка со НЕТА бил повлечен. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 794 / Ноември 2014
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, по повод 20 Ноември Меѓународниот ден на детето, упати порака во која истакнува дека правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот
П О РА К А Н А П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т И В А Н О В
ПРАВАТА НА ДЕТЕТО СЕ ОСНОВА НА СЛОБОДАТА, ПРАВДАТА И МИРОТ
П
ретседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, по повод 20 Ноември - Меѓународниот ден на детето, упати порака во која истакнува дека правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот. - Пред 25 години светот ја усвои Конвенцијата за правата на детето. Со оваа Конвенција човештвото првпат во историјата јасно и недвосмислено ги дефинираше неотуѓивите права на најмладите граѓани на државите во светот. Правото на живот и здравје, опстанок и развој, заштита, образование и еднакви можности, независно од полот, јазикот, етничката, верската, социјалната или која било друга припадност. Конвенцијата утврди дека детето, како и возрасните, има неотуѓиво право на човечко достоинство, на слобода на мислење, совест и вероисповед, но и право на зачувување на сопствениот идентитет. Правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот. Од почитувањето на нивните права зависи иднината на секоја
држава. За кого инаку градиме патишта ако не за нашите деца? За кого градиме училишта и спортски сали? Дали можеме да имаме економски раст ако дозволиме да се занемари најважното во нас, а тоа е грижата за нашето потомство? Состојбата со правата на децата е нераскинливо поврзано со условите за живот на нивните семејства, кои се столб на секое општество. Како лулка и светилник на вистинските вредности, во која непрестајно зрачи сигурност, светлина и топлина на животот, семејството мора да се негува, поттикнува и зајакнува. Семејството е 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 794 / Ноември 2014
засолниште од животните бури и заштитник од не ретко присутните девијации. Во добро семејство растат и живеат среќни луѓе. Во семејството родителите им даваат на своите деца безусловна љубов и успеваат да ги подготват за сите предизвици што ќе ги имаат во животот. Децата учат од возрасните. Она што го примаат, тоа и го рефлектираат. Неопходно e децата во Република Македонија да растат во духот на македонскиот модел на соживот и почитување на различноста, се наведува во пораката од претседателот Ѓорѓе Иванов.
В Л А Д И Н А Д Е Л Е ГА Ц И Ј А В О С А Д Американските компании во континуитет имаат интерес за инвестирање во Република Македонија што покажува дека тоа е пазарот на кој во иднина треба да се фокусираме, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Никола Груевски се во посета на САД
СТАВРЕСКИ: ВО ИДНИНА ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ НА ПАЗАРОТ ВО САД
А
мериканските компании во континуитет имаат интерес за инвестирање во Република Македонија што покажува дека тоа е пазарот на кој во иднина треба да се фокусираме, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Никола Груевски се во посета на САД. Според него, тоа го покажува и присуството на неколкуте успешни инвестиции од Америка во Република Македонија, како Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, Амфенол, кои веќе имаат база во Република Македонија и вработија луѓе. Тој откри и дел од плановите на Кемет Електроникс, фирма која веќе инвестираше и добро работи во Македонија и која планира да ја префрли базата за услуги од Европа во Македонија. - Кемет електроникс достигнаа околу 250 вработувања во Република Македонија, а неодамна ни соопштија дека ја префрлаат базата за услуги од Европа во Македонија што се нови 25 вработувања со можност понатаму да стигнат и до повеќе вработувања. Сето тоа покажува дека треба да останеме фокусирани на американскиот пазар, да продолжиме со бизнис форуми тука во САД и да настојуваме да донесеме нови
фирми, истакна Ставревски. Тој посочи дека постојат добри шанси врз основа на позитивните искуства на досегашните инвеститори, како и врз основа на интересот кој се гледа во САД на бизнис форумите да дојде до нови американски инвестиции во државата. Според директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо еден од главните адути за привлекување инвеститори се и поволностите што се нудат во зоните. 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 794 / Ноември 2014
- Најголемиот фокус што се користи при презентирање на можностите за инвестирање во Македонија и истовремено најголем интерес од страна на странските компании побудуваат технолошко индустриско развојните зони, додавајќи дека не се само поволностите што се нудат на овие локации туку и истовремено самиот факт што таму има веќе изградена инфраструктура со што компаниите можат многу лесно и брзо да започнат со изградба на своите капацитети, рече Мизо.
- Нашата земја беше вистинско изненадување за многу од присутните. Интерес предизвикаа античките градови, мегалитската опсерваторија Кокино, како и убавите цркви од визaнтиско време. Речиси немаше посетител кој остана рамнодушен пред ранохристијанските мозаици од Хераклеја, Лихнид и Стоби, а многу од нив беа заинтересирани за туристичките понуди и планираа посета на земјата
З А В Р Ш И Б Е Р З АТА З А АРХЕОЛОШКИ Т УРИЗАМ В О И ТА Л И Ј А
ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА МАКЕДОНСКИОТ ШТАНД ВО САЛЕРНО
С
о голем интерес кај италијанската и светската публика помина претставувањето на културните богатства на Македонија на 17. Берза за археолошки туризам во Италија, соопшти Управата за заштита на културното наследство, која беше организатор на македонскиот настап. Македонија првпат се претстави на овој меѓународен археолошки настан, кој од 30 октомври до 2 ноември се одржа близу градот Салерно, презентирајќи публикации и видеоматеријали за Стоби, Хераклеја, Кокино, Скупи, Билазора и многу други археолошки наоѓалишта, градови и цркви. - Нашата земја беше вистинско изненадување за многу од присутните. Интерес предизвикаа античките градови, мегалитската опсерваторија Кокино, како и убавите цркви од визaнтиско време. Речиси немаше посетител кој остана рамно-
душен пред ранохристијанските мозаици од Хераклеја, Лихнид и Стоби, а многу од нив беа заинтересирани за туристичките понуди и планираа посета на земјата. Во рамки на археолошкиот саем имаше и дегустација на македонски вина и традиционална храна, што дополнително придонесе 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 794 / Ноември 2014
за посетеноста на домашниот штанд. Саемот беше посетен од илијадници луѓе и беше проследен од новинари од цел свет, информира Управата за заштита на културното наследство. Покрај Македонија, оваа година учествуваа повеќе од дваесет земји од цел свет.
Сеќавања Друштвото на писателите на Македонија со свечен собир, ја одбележа 80годишнината од раѓањето на македонскиот писател Петре М. Андреевски
руштвото на писателите на Македонија со свечен собир, ја одбележа 80-годишнината од раѓањето на македонскиот писател Петре М. Андреевски. За творештвото на Петре М. Андреевски зборуваше поетот, литературен критичар и есеист Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ, а стихови од култната стихозбирка „Дениција“ кажуваа артистот Борче Начев и Александра Велинова. „Петре М. Андреевски (1934 – 2006) е претставник на третата генерација современи македонски писатели. Како поет, раскажувач, романсиер и драмски писател создаде значаен опус, бележејќи еден од магистралните текови во
Д
8 0 Г О Д И Н И О Д РА ЃА Њ Е Т О
СВЕЧЕН СОБИР ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПИСАТЕЛ ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ
развојните процеси на македонската литература. Неговите стихозбирки „Дениција“, „Пофалби и поплаки“ и „Вечна куќа“, збирките раскази „Седмиот ден“ и „Неверни години“, и романите „Пиреј“, „Скакулци“ и „Последните селани“ се 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 794 / Ноември 2014
одликуваат со високи естетски стојности“, се наведува во соопштението од ДПМ. Петре М. Андреевски беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, а во еден мандат беше претседател на ДПМ.
МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.
Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.
"ДА НЕ СЛУШНЕМЕ ЗА ГРК ВЛАДИКА!"
За овој фељтон се користени материјали од истражувањата на проф. д-р Јован Белчовски, објавени во книгата "Охридска архиепископија од основањето до забраната на нејзината дејност - 1767 г." Исто така, користени се и истражувањата на проф. д-р Александар Трајановски, објавени во книгата "Црковната организација во Македонија и движењето за возобновување на Охридската архиепископија од крајот на XVIII век до основањето на ВМРО".
НА 29 ОКТОМВРИ 1859 ГОДИНА ЗА ПОЛЈАНСКИ ЕПИСКОП Е ХИРОТОНИСАН ПАРТЕНИЈ ЗОГРАФСКИ. СО ХИРОТОНИЈАТА НА ПАРТЕНИЈ ЗА ЕПИСКОП НА ПОЛЈАНСКАТА ЕПАРХИЈА, ПРВ ПАТ ПО УКИНУВАЊЕТО НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДОБИЛ СВОЈ ДОМАШЕН АРХИЈЕРЕЈ
Н
ајжестоки и најкарактеристични зборови за еманципација од Патријаршијата, а воедно и за возобновување на Охридската архиепископија во Македонија, се воделе на територијата на Полјанската (Дојранско-Кукушката) епархија. Црковно-просветните и културните борби во Дојран и во Кукуш почнале во 50-тите години на XIX век. Против злоупотребите на полјанскиот епископ Мелетиј (1848-1859), во 1851 година била поднесена добро објаснета жалба, во која се барала негова оставка. Во тоа време во Дојран забележителна била дејноста на народноопштинскиот учител - охриѓанецот Андроник Јосифчев, кој во наставата, покрај грчкиот, го употребувал и македонскиот народен говорен јазик. За културно-просветниот просперитет на Дојран во овој период важна е и дејноста на монахот и народноопштинскиот учител Алексеј Зографски (од дебарското село Ралица) кој, исто така, во наставата го употребувал грчкиот јазик паралелно со македонскиот. Истовремено, во Кукуш учителствувале и го посеале преродбенското семе познатите македонски општественици и учители Димитрија Миладинов, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев и други. Со помош на
Нако Станишев, влијателниот претседател на Кукушката црковно-училишна општина, Миладинов и Жинзифов направиле реорганизација на просветно-културната дејност во Кукуш и во околината.
СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ Овие забележителни националнопреродбенски движења и струења во Епархијата биле непријателски дочекани од патријаршискиот полјански епископ Мелетиј и од малубројните еленофили во Дојран и во Кукуш. За време на неговото 11-годишно владикување со Полјанската епархија, епархиотите неколку пати се жалеле во Патријаршијата за неговите злодејства и недела. Во 1859 година Д. Миладинов и Н. Станишев, во име на Кукушката црковно-училишна општина, со солзи во очите му се обратиле на солунскиот митрополит Неофит, молејќи го да ги спаси од непожелниот епископ и да им испрати владика кој има домашно потекло. Во друго барање до Патријаршијата, поддржано со повеќе потписи и печати, незадоволните епархиоти молеле да бидат ослободени од непожелниот епископ Мелетиј, и на не-
гово место да се испрати архијереј со домашно потекло. Во Кукуш и во Дојран дошла патријаршиска комисија за да утврди колку има вистина во жалбите, при што архијерејската комисија регистрирала повеќе неправилности отколку што навеле епархиотите од Полјанската епархија. Поради тоа, Патријаршијата го сменила епископот Мелетиј и на негово место не испратила владика со домашно потекло, како што барале полјанските верници, туку за нов епископ се подготвувал епископот Јаков Патамонски, повторно Грк. Незадоволни од оваа патријаршиска игра, Кукушката црковно-училишна општина, на чело со нејзиниот претседател Нако Станишев, стапила во преговори со Лазаристите во Солун, за привидно прифаќање и склучување унија со римокатоличката црква, како средство за еманципација од омразената Вселенска црква. Не можејќи веќе да ги поднесуваат бројните самоволности и злоупотреби кои ги правеле епископот Мелетиј, митрополитот Неофит, како и самата Цариградска патријаршија, кукушани испратиле писмо до папата Пие IX на 12/23 јули 1859 година, напомнувајќи дека ќе ја прифатат унијата со римокатоличката црква "под услов да се образува единствена архиепископија во Македонија", која ќе му биде потчинета на папата, но само ако се исполнат следниве услови: "1. Да се зачуваат дотогашниот црковен обред и употребата на словенскиот јазик, според традицијата на православните цркви; 2. Архиепископот да се избира според желбата на самиот народ; 3. Архиепископот и свештенството да се избираат од месните луѓе; 4. Сите училишта да бидат под управа и за нив да се грижат архиепископот и епитропите; 5. Главен јазик и основа во учењето на младите секогаш да биде народниот јазик со кирилски букви; и 6. Архиепископот и народот да ги избираат учителите". Оваа поволна состојба успешно ја решиле католичките мисионери (Лазаристи) во Солун. Не чекајќи одговор од папата тие дошле во Кукуш и тука основале
унијатска општина и училиште, што всушност е и првата унијатска црковно-училишна општина во Македонија. Сакајќи да ја избегне опасноста од ширењето на католицизмот во Полјанската епархија и пошироко во Македонија, односно оваа можност да се спречи уште од самиот почеток, Патријаршијата решила да направи значителни отстапки. Во една ваква за неа неповолна ситуација, таа на 29 октомври 1859 година за полјански епископ го хиротонисала Партениј Зографски. Со хиротонијата на Партениј за епископ на Полјанската епархија, прв пат во својата историја, по укинувањето на Охридската архиепископија, македонскиот народ добил свој домашен архијереј. Всушност, тоа била првата победа на македонскиот народ во борбата за еманципација од Цариградската патријаршија и воопшто од елинизацијата, што имало огромно значење во натамошните црковно-будителски борби.
му го испратил на својот пријател Христо Тапчилештов во Цариград, кому неколку пати му се обратил за помош. Од овој изворен материјал од прва рака, може да се забележи дека против полјанскиот епископ Партениј биле исконструирани повеќе обвинувања и клевети, така што тој бил изведен пред Синодалниот суд во Солун, составен од тринаесет митрополити и епископи, кои му биле директно потчинети на солунскиот митрополит Неофит. Меѓу 22 наведени клевети против полјанскиот епископ Партениј, меѓу другото, тој бил обвинет и дека: "1. Насилно го вовел староцрковниот македонски јазик во богослужбата, а воедно забранил да се употребува грчкиот јазик; 2. Го вовел мајчиниот јазик во училиштата, наместо грчкиот јазик, а дури и ги истерал од работа оние учители кои не го употребувале македонскиот јазик; 3. Го поттикнал населението да пот-
ЦРКВАТА "СВЕТА БОГОРОДИЦА", ИЗГРАДЕНА ВО 1871 ГОДИНА, ПОДОЦНА КАТЕДРАЛНА ЦРКВА НА ЕГЗАРХИСКИТЕ МИТРОПОЛИТИ ВО БИТОЛА
КЛЕВЕТИ ПРОТИВ ЕПИСКОП ПАРТЕНИЈ ЗОГРАФСКИ Плодната црковно-просветна, општествено-културна и национално-преродбенска дејност, водена исклучително на македонска основа, на првиот именуван владика од македонско потекло по укинувањето на Охридската архиепископија, била непријателски дочекана од Патријаршијата, особено од солунскиот митрополит Неофит, кој не можел да прежали 300.000 гроша, кои ги понудил Јаков Патамонски за да стане полјански епископ. Поради тоа, Патријаршијата и митрополитот Неофит презеле заеднички активности да го сменат, за нив, непожелниот полјански епископ од македонско потекло. За ова доказ е писмото кое Партениј
пише барање полјанската епископија да прерасне во митрополија; 4. Не го спомнувал името на својот претпоставен митрополит Неофит, како негов началник, изјавувајќи дека и самиот е митрополит; 5. Не дозволувал во неговата епархија да се чита патријаршиското писмо; 6. Цариградската патријаршија ја нарекол 'голем ан'; 7. Наредил да се избрише грчкото писмо од кукушката црква и да се замени со македонски јазик и друго". Овие измислени и вешто исконструирани клевети придонеле во 1861 и во 1862 година Партениј Зографски да биде во домашен притвор во Солунската митрополија. Бидејќи не му било дозволено да ја собира својата владичнина од епархијата, тој западнал во голема финансиска криза, поради што дури и помислувал да даде оставка. Во ваква ситуација, полјанските македонски верници застанале во одбрана
Разлог и Горна Џумаја со нивните околни села биле приклучени кон Самоковската епархија. Во 30-тите години на XIX век, самоковскиот патријаршиски митрополит сакал да ја освети новоизградената месна црква во селото Годлево, Разлошко, со богослужба на грчки јазик. Но, месните жители тоа не го дозволиле, сè додека владиката не ветил дека вероисповедта ќе се изведува на староцрковен македонски јазик. Тоа се случило и во селото Белица, Разлошко и во градот Разлог. Во натамошниот период не настанале поголеми судири или антипатријаршиски движења меѓу месните жители и самоковскиот владика, затоа што на оваа територија грчкото влијание било незначително. Сепак, во 1867 година разловчани одбиле да му ги даваат црковните давачки на самоковскиот владика. Таа година Банската црковноучилишна општина отворила народноопштинско училиште, во кое наставата се изведувала на местен народен говорен јазик. Во 1839 година се конфронтирале грчкопатријаршиските владици и месните жители од територијата на Мелничката епархија интензивно ги засилиле своите антипатријаршиски движења кон 60-тите години на XIX век. Така, на пример, во: Свети Врач, Калиманци, Кресна, Елешница, Рибница, Влахи и во други места биле зачувани повеќе македонски ракописи и се негувала македонската
писменост. Во 1867 година, веднаш по изградбата на месната црква, црковноучилишната општина во Влахи, сакајќи да го избегне патријаршискиот притисок, со помош на рускиот конзул во Солун, побарала материјална помош во вид свештенички алишта, "граматика на чист староцрковен македонцки јазик и други книги на руски јазик". на својот притворен владика. Дознавајќи за намерите на Патријаршијата, која за местото на Партениј подготвувала друг епископ, повторно Грк, полјанските верници му се пожалиле на солунскиот валија Хисни-паша: "Да не слушнеме за Грк владика! Да не слушнеме! Не го сакаме!!! Ние немаме време детаљно да ги опишеме безбројните злоупотреби на претходниците на Партениј ниту, пак, можат да се опишат. Што се однесува до Партениј, како што гледате, можеби за Вас е лош, но за нас, тој ни е добар". Познато е дека Цариградската патријаршија и грчко-патријаршиските црковно-просветни и општествени институции никогаш не успеале да ги уништат македонската писменост и јазик во селата од богатата и пространа Пелагониска котлина, особено во Прилепско. Велешанецот Јордан Хаџи Константинов - Џинот забележал дека "од прилепските сељани человек може да научи најчисти славјански речови". Оваа негова констатација, како и желбата на селаните преселени во Битола и во Прилеп и во новата градска средина да продолжат да ги негуваат своите народни обичаи, својот мајчин јазик и писменост во училиштата и во црквите, придонеле да се основаат црковно-просветни институции, во кои наставата и вероисповедта ќе се изведуваат на македонски, односно на црковно-словенски јазик.
БИТОЛЧАНИ ПРОТИВ ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА Според зборовите на Григор Прличев, во текот на 1867 година и од Битола било испратено официјално барање до Високата порта за возобновување на Охридската архиепископија: "И в Битолја зготвија арговал и 17 еснафи се потпишаа и сакаат патриканата Архидска, и оваја работа ќе земит конец сега бргу прет да одит Царот во Париж. За тоа ако
НЕ МОЖЕЈЌИ ДА ГИ ПОДНЕСУВААТ БРОЈНИТЕ САМОВОЛНОСТИ И ЗЛОУПОТРЕБИ КОИ ГИ ПРАВЕЛЕ ЕПИСКОПОТ МЕЛЕТИЈ, МИТРОПОЛИТОТ НЕОФИТ, КАКО И САМАТА ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА, КУКУШАНИ ИСПРАТИЛЕ ПИСМО ДО ПАПАТА ПИЕ IX НА 12/23 ЈУЛИ 1859 ГОДИНА, НАПОМНУВАЈЌИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПРИФАТАТ УНИЈАТА СО РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА "ПОД УСЛОВ ДА СЕ ОБРАЗУВА ЕДИНСТВЕНА АРХИЕПИСКОПИЈА ВО МАКЕДОНИЈА" и ние (охриѓаните - з. н.) молчиме ќе останеме бели в очите, ако имаме љубов на оточеството, еден сахат побргху да зготвиме арговал да си ја сакаме патриканата што сме ја имале појќе од хилјада години". На 5 мај 1869 година бројното битолско граѓанство и жителите од околните села (Лопатица, Могила, Долно Оризари, Секирани, Кукуречани и др.), решиле да основаат нова црковно-училишна општина, која ќе ги задоволува потребите на македонскиот народ во градот. Општинскиот акт за создавање карактеристична (нова) македонска црковно-училиш на општина го потпишале голем број граѓани (321), поддржан со печатите (муровите) на 11 еснафски организации и печатите на 15 околни села. На 23 октомври 1869 година битолчани дефинитивно се оттргнале од јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. Барања за возобновување на Светиклиментовата Охридска архиепископија како македонска народна црква, пристигнувале и од Прилеп. За илустрација можат да се искористат два најкарактеристични примера. Во првиот случај, еден од најагилните и најталентираните членови на прилепската младина, одредено време и секретар на Прилепската црковно-училишна општина, Тоде Кусев, идниот митрополит Методиј Кусевич, по
повод излегувањето на весникот "Македонија" во јануари 1867 година во Цариград, се појавил со свој допис во весникот: "Вашиот весник со самото име го зачудува секого во Македонија до таа мера што секој трча да види што весник е тоа што го носи името на нашата земја... Весникот кај Грците и елеофилите е дочекан со тага и бес, зашто тие секогаш воделе борба за елинизација на Македонија, уништувајќи ја и Охридската архиепископија, 'искрата на нашата иднина'. Но, колку и да се мачеа да нè запрат да не одиме напред, не можеа сосема да го искоренат чувството Македонците да не бидат Македонци. Охрид само до пред сто години беше столнина на Патријаршијата основана од Јустинијан, а едно време и светилник на просветувањето на словенскиот век, но, пак, не остана назад, зашто не го загубил семето на своите славни предедовци...". Денес, во цела Македонија, со задоволство гледаме како тие досегашни учители ја согледале вистината и го просветуваат народот со голема усрдност и неуморно на нивниот мајчин јазик. Македонскиот народ денес, од цела Македонија, се буди и си ги бара своите права.
(продолжува)
ОД 9-11 НОЕМВРИ ВО АЗЕРБЕЈЏАН Од 9 до 11 ноември во престолнината на Азербејџан - Баку и во градот Агсу, кој важи за културната ризница, се одржаа Денови на македонското културно наследство. Културноуметничкото друштво ,,Дримкол“ од Вевчани одржа целовечерен концерт и презентира традиционални песни и ора, носии и обичаи од Македонија
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКОТО
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
О
д 9 до 11 ноември во престолнината на Азербејџан - Баку и во градот Агсу, кој важи за културната ризница, се одржаа Денови на македонското културно наследство. Култ урно-уметничкото друштво ,,Дримкол“ од Вевчани одржа целовечерен концерт и презентира традиционални песни и ора, носии и обичаи од Македонија. - КУД Дримкол во преполната сала во Агсу ја одушеви публиката со традиционални игри, изворни песни носии од различни краишта на Македонија. На концертот присуствуваа значајни личности од политичкиот свет, уметници и претставаници на Министерството за култура на Азербејџан. За прекрасниот концерт јавно на сцената се заблагодари и гра-
доначалникот на Агсу, а два часа беа потребни за публиката по концертот да ја напушти салата, во која се сликаше со играорците на „Дримкол“, соопшти КУД од Вевчани. Професорот Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социокултурна антропологија на Македонија, одржа предавање за богатото мултикултурно наследство на Македонија, со прикажување на неколку документарни етнолошки филмови. 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 794 / Ноември 2014
Беше поставена и изложба на современи фотографии од културното наследство на Македонија, подготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје. Организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на македонското културно наследство во Азербеџан“ беше Организацијата за поддршка и истражување на културно наследство „МИРАС“ од Баку, Азербејџан, предводена од проф. д-р Фариз Кхалили.
Поетот и критичар, Душко Крстевски, во својот осврт кон првенчето на Величковска напиша: „Романот ме асоцира на албумот ’Тен‘ од групата ’Прл џем‘ (Pearl Jam). Сличноста не е од некаква тематска поврзаност, туку од самиот факт дека нејзиниот прв роман како и првиот албум на групата е едно одлично склопено и со хируршкописателска прецизност создадено дело
В О ГА Л Е Р И Ј АТА НА МЛАДИНСКИОТ К У Л Т У Р Е Н Ц Е Н ТА Р Ќ Е Б И Д Е П Р О М О В И РА Н РОМАНОТ
„ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“
В
о Галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде промовиран романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска. Промотори ќе бидат Владимир Мартиновски, Славица Гаџова Свидерска и Душко Крстевски. Извадоци од романот ќе чита Арна Шијак. Поетот и критичар, Душко Крстевски, во својот осврт кон првенчето на Величковска напиша: „Романот ме асоцира на албумот ’Тен‘ од групата ’Прл џем‘ (Pearl Jam). Сличноста не е од некаква тематска поврзаност, туку од самиот факт дека нејзиниот прв роман како и првиот албум на групата е едно одлично склопено и со хируршко-писателска прецизност создадено дело. Прво, а совршено зрело. Краток роман за животот, краток роман за едно возење со автобус, кое одмотува слики од друго време“, смета Крстевски. 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 794 / Ноември 2014
3 0 Г О Д И Ш Н И Н АТА ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ Фестивалот е востановен во далечната 1981 година, како „Македонски рок фестивал“, односно „Рок Фест“, за подоцна во 1991 година да го промени името во „Поп Рок Фест“
Р
ок Фест“ е најстарата организирана рок-манифестација во Македонија, низ која продефилирале над 1000 рок-дружини од земјава. Оваа година фестивалот ќе ја одбележи 30-годишнината од своето постоење. Настанот ќе се одржи на 17 и 18 декември 2014 година
"
"РОК ФЕСТ"
во МКЦ. Фестивалот е востановен во далечната 1981 година, како „Македонски рок фестивал“, односно „Рок Фест“, за подоцна во 1991 година да го промени името во „Поп Рок Фест“. Конечно во 1999 година, повторно да се врати на своето изворно име „Рок Фест“. Низ оваа манифестација, 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 794 / Ноември 2014
афирмацијата ја стекнале или барем како отскочна штица ја имале многу групи, што подоцна ќе бидат фактор во македонската музичка продукција. Меѓу нив се и „Автограм“, „Мизар“, „Цилиндер“, „Сарацени“, „Бадмингтонс“, Архангел, „Ласт Експедишн“, „Санаториум“, „Зијан“, „Ареа“ и многу други.
КОНЦЕРТ ВО НАШЕ МААЛО е резултат на долгогодишната заложба на виолинистката Пламенка Трајковска за достапност и приемчивост на класичната музика кај најшироката публика
П Л А М Е Н К А Т РА Ј КО В С К А Г УД АЧ К И С Е К С Т Е Т А П АС И О Н АТО Р Е А Л И З И РА А КОНЦЕРТ СО НАСЛОВ
П
ламенка Трајковска - гудачки секстет Апасионато реализираа концерт со наслов ,,КОНЦЕРТ ВО НАШЕ МААЛО” ...Концертот се оддржа на 25 ноември во О.У. Ацо Шопов во населбата Радишани. КОНЦЕРТ ВО НАШЕ МААЛО е резултат на долгогодишната заложба на виолинистката Пламенка Трајковска за достапност и приемчивост на класичната музика кај најшироката публика. На програмата се дела од најпознатите композитори на класичната музика П.И Чајковски, Е. Григ, Ј.С.Бах, Офенбах, Ј. Брамс и А. Вивалди. Музичката култура кај нас има отворен простор за надоградба.
КО Н Ц Е Р Т В О НАШЕ МААЛО Во средините во кои нема културни установи голем број на ученици немале можност или недоволно посетувале концерти на класична музика. Понекогаш и родителите немаат доволно време да посетат концерт. Оттука произ15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 794 / Ноември 2014
легува идејата дека е потребно класичната музика да биде непосредно претставена во маалото во кое живеат родителите и учениците. Концертот е поддржан од Градот Скопје, од општината Бутел и од О.У. Ацо Шопов.