795

Page 1

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XIX, Број 795, Декември 2014

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

Macedonian Sun


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

Со оптимизам, верба и надеж, за подобро утре, полека зачекоруваме во новото лето Господово 2015-то. Пред нас се многу предизвици и искушенија, но со верба во Бога со почитување на исконските вредности и традиции ќе истраеме во битката за опстојување на нашата вера и на нашиот идентитет. Очекувам да бидеме посреќни и порешителни во превземањето на македонската судбина во раце затоа што само така можеме да бидеме слободни и просперитетни. На тој пат никој не може да ни ја украде надежта, а уште повеќе да ја пренасочи среќата која честопати ни дала духовна и културна сила да повлечеме вистински потези кои ќе не вознесат до успехот и радоста. Затоа да бидеме подготвени да се справиме со сите предизвици кои можат да ни го поматат умот, но нема никогаш да не оделат од пријателите, од блиските и од Република Македонија. Да во 2014 година имаше и големи и мали и добри и лоши нешта, но во овие празнични мигови да заборавиме на минатото и гордо да кренеме глава и смело да зачекориме во новата 2015 година. МАКЕДОНЦИ, многу повеќе верувајте во себе и уживајте во секој момент од вашиот живот. Само така можеме да мислиме заеднички и да ја надградуваме нашата куќа-Република Македонија. Нека наредната година ни биде подобра од претходната. Во неа да влеземе можеби со истите желби, но затоа со поголеми надежи. Нека ни се честити и вековити не само новогодишните туку и верските празници и празниците кои следат, со еден збор сите оние кои духовно не обединуваат и ја симболизираат верата и традицијата на еден народ кој на планетета земја опстојува со милениуми.

Makedonija СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА 2015 ГОДИНА!

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


ВА ЈГЛ: „Првата порака што веќе ја испратив минатата седница на конференцијата на шесте министри од западен Балкан во ЕП е дека не сметам дека има причина да не се започне со преговорите со Македонија. Неприфатливо е тоа што ЕК препорача шест последователни пати да започнат преговорите и ништо не се случи "

МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ДОБИЕ НОВА ДИНАМИКА ВО СВОИТЕ ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

М

акедонија мора да добие нова динамика во своите евроинтеграции, а ова може да биде постигнато само преку започнување на пристапните преговори со Европската унија, порача денеска во Скопје новиот известувач за Македонија при Европскиот парламент, словенечки европратеник, Иво Вајгл. „Првата порака што веќе ја испратив минатата седница на конференцијата на шесте министри од западен Балкан во ЕП е дека не сметам дека има причина да не се започне со преговорите со Македонија. Неприфатливо е тоа што ЕК препорача шест последователни пати да започнат преговорите и ништо не се случи. Мислам дека Македонија треба да започне со преговори и да види како да се разреши таканареченото прашање за името, во духот на тоа Македонија да биде во подобра позиција отколку што е сега. Секогаш кога еден е во привилигирана позиција а другиот е потчинет, е лошо, бидејќи првиот ги диктира правилата на играта. Апсолутно е неопходно да се засили Македонија во својот пат кон ЕУ, на граѓаните да им се даде причина да ве-

руваат дека ова е вистинска перспектива, како и да се даде пораката до другата страна дека другите држави што се вклучени во различни спорови да бидат толерантни и да дозволат чекор напред“, додаде Вајгл кој оваа улога ја презема од досегашниот известувач, Британецот Ричард Ховит, кој во претстојниот период ќе ја има улогата на известувач „во сенка“ за земјата. Според Ховит патот за Македонија до ЕУ лежи во решавањето на проблемот на името и дека мора да се направи се што е неопходно за да се изнајде решение кое ќе ја придвижи Македонија во евроинте03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

грациите. „Ја изразувам мојата надеж дека земјата и граѓаните ќе останат посветени на иднина во Европската унија. Да се има верба дека сето тоа може да се случи и дека ќе се случи. Определбата и посветеноста е клучна за сето тоа да се проведе. Имаме верба во европската иднина на земјава. Морам да кажам дека не гледам некоја друга остварлива алтернатива за вашата земја, има доволно замрзнати конфликти во регионот и не сакам земјата да стане нов замрзнат конфликт, туку да стане дел од внатрешните географски граници на ЕУ“, порача британскиот европратеник.


ИВАНОВ: Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов испрати писмо до ново избраниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, каде бара тој како претседател на Советот да го праша грчкиот премиер Андонис Самарас што ќе изгуби Грција доколку Република Македонија добие датум за почеток на преговорите?

ШТО ЌЕ ИЗГУБИ

ГРЦИЈА АКО МАКЕДОНИЈА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ?

П

ретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов испрати писмо до ново избраниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, каде бара тој како претседател на Советот да го праша грчкиот премиер Андонис Самарас што ќе изгуби Грција доколку Република Македонија добие датум за почеток на преговорите? “Сакам да побарам од Вас, како пријател на двете држави, прашањето за деблокада на статус кво состојбата во која се наоѓа Република Македонија да го отворите пред Европскиот совет. Клучно прашање што верувам дека треба да се постави до Премиерот Самарас е: што ќе изгуби Грција доколку Република Македонија добие датум за почеток на преговорите? Зарем не е во интерес на Грција на својата северна граница да има европски сосед со повисоки европски стандарди, критериуми и вредности, кои би важеле не само за македонските граѓани, туку и за грчките туристи и стопанственици кои доаѓаат во Република Македонија? Ве уверувам дека Репуб-

лика Македонија сака најдобри можни односи со нашиот јужен сосед. Нашите две општества немаат никакви проблеми. Република Македонија и Република Грција се политички и стратегиски поврзани“, е наведено во во писмото на Иванов. Со деблокадата на Република Македонија според Иванов би се создала поголема доверба и атмосфера во која билатералната разлика ќе биде надмината. Тоа недвосмислено ќе придо04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

несе кон стабилноста, просперитетот и благосостојбата на целиот регион на Југоисточна Европа. “Ве охрабрувам Вие лично или Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Могерини, повеќе да бидете ангажирани за деблокирањето на Република Македонија и да ги мотивирате двата премиери да се сретнат за да се надмине билатералната разлика“, додава Иванов.


КУКАН: Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Едвард Кукан, смета дека довербата во проширувањето на Европската унија ќе се засили кога конечно ќе се најде решение на прашањата како она за името со Република Македонија

ЈА РАЗБИРА ПОЛИТИЧКАТА ФРУСТРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ БЛОКАДИТЕ ЗА ЕУ

П

оранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Едвард Кукан, смета дека довербата во проширувањето на Европската унија ќе се засили кога конечно ќе се најде решение на прашањата како она за името со Република Македонија На денешната конференција: “Заживување на Балканот: Нов почеток на закочените политики” во организација на невладината организација “Пријатели на Европа”, словачкиот европратеник додаде и дека ја разбира политичката фрустрација во Македонија поради блокадите за влез во Унијата. „Што е постигнато на Балканот претходните години? Има некои позитивни резултати, но и враќање назад. Хрватска е дел од семејството, Црна Гора и Србија преговараат и Албанија е кандидатска земја, што е прогрес. Но, од друга страна, во Македонија има разбирлива политичка фрустрација поради блокадите со кои долго време се соочува земјата во евроинтеграциите. Има и

стагнација на Босна и Херцеговина поради дисфункционалната внатрешна политика на земјата, а слабости се покажуваат и на Косово, во однос на градењето на државата“, порача Кукан. Според него, ЕУ не може да се повлече од посветеноста и треба да е сериозна, а на Балканот мора да има владеење на правото, силно правосудство и економија и ако испорачуваат на ова поле, земјите ќе покажат релевантност. “Мора да се врати политичкиот моментум во однос на 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

проширувањето во ЕУ, па и за време на економската криза. Јас, како претседател на Европските социјалисти и демократи, велам дека ние имаме разбирање во социјал-демократското семејство во Европа и додека сите земји од Западен Балкан не влезат во ЕУ, процесот на проширување нема да биде цлеосен. Сите политички и институционални актери на Балканот мора да се посветат на ова прашање и така сите ќе бидеме поуспешни“, додаде ппоранешниот премиер на Бугарија, Сергеј Станишев.


С Т УД Е Н ТС К И П Л Е Н У М : „Реформата на Владата за воведување државен испит е противуставна, исто така ја крши автономијата на Универзитетот и е спротивна на Болоњскиот систем на формирање на оценката“, изјави Христијан Давидовиќ. Студентите се револтирани од игнорантскиот однос на Владата и тврдат дека ќе побараат од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да ги поддржи како професор и да придонесе за успешно реформирање на образованието

НОВ ПРОТЕСТ И БОЈКОТ НА НАСТАВАТА

С

тудентскиот пленум не ја исклучува можноста од нов протест, но и бојкот на наставата, како реакција на предлог законот за дежавен испит кој што помина на владина седница. Претставници на студенскиот плениум, уште дискутираат интерно како ќе постапува во иднина, но движењето е децидно дека ниту една мерка не е исклучена за да се примора Владата да се повлече од Државниот испит. „Реформата на Владата за воведување државен испит е противуставна, исто така ја крши автономијата на Универзитетот и е спротивна на Болоњскиот систем на формирање на оценката“, изјави Христијан Давидовиќ. Студентите се револтирани од игнорантскиот однос на Владата и тврдат дека ќе побараат од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да ги поддржи како професор

и да придонесе за успешно реформирање на образованието „Власта не сака да си ја слушне сопствената младина, едноставно треба да биде горда на сеопфатната аргументација која ја предадовме во шест страни, во која укажуваме како власта на мала врата извршата власт вршиупад во автоно06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

мијата на универзитетите. Не знаеме како поинаку да допреме до свеста на власта да ги слушне нашите барања и да не седне на маса заедно да придонесеме за една успешна реформа во високото образование“, изјави Стефан Дојчиновски, претставник на Пленумот. Досега студентите одржаа два протести во Скопје


Русија најави дека се откажува од проектот Јужен тек, наведувајќи ги како причини; падот на цените на енергенсите, намалената побарувачка во Европа и на политичкиот судир меѓу ЕУ и Москва околу украинската криза. „Тоа е тоа. Проектот е затворен“, изјави вчера шефот на Газпром Алексеј Милер

РУСИЈА ГО ОТКАЖ УВА ЈУЖЕН ТЕК:

МАКЕДОНИЈА БАРА АЛТЕРНАТИВА

Р

усија најави дека се откажува од проектот Јужен тек, наведувајќи ги како причини; падот на цените на енергенсите, намалената побарувачка во Европа и на политичкиот судир меѓу ЕУ и Москва околу украинската криза. „Тоа е тоа. Проектот е затворен“, изјави вчера шефот на Газпром Алексеј Милер. Исто така и рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Турција соопшти дека натамошната изградба на проектот нема логика поради противењето на Бугарија да започне со градежните работи на морскиот брег. По средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, Путин најави дека гасоводот сепак ќе се гради, но сега ќе биде насочен исклучиво кон Турција. Јужниот тек требаше да оди под Црното Море до Бугарија, па потоа преку Грција до Италија и преку Србија, до Унгарија и до Австрија. Република Македонија требаше да биде поврзана со крак од Јужен поток од Србија или Бугарија.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека Владата разгледува алтернативни решенија. Сепак, и покрај тоа што се оддолжува реализацијата на овој проект, во Македонија 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

тече гасификацијата. Со планираната дистрибутивна мрежа за природен гас ќе бидат опфатени 37 општини од источна Македонија и 26 од западниот дел на земјава. Инаку, веќе се спроведува и проект за гасификација на Скопје.


ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ ОД ЕБОР Европската банка за обнова и развој и македонската влада денеска потпишаа договори за два кредита во вкупен износ од 305 милиони. Со задолжување од 145 милиони евра треба да се овозможи изградба на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри, втор дел од пругата за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8

ДОГОВОР СО ЕБОР ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 305 МИЛИОНИ ЕВРА

Е

вропската банка за обнова и развој и македонската влада денеска потпишаа договори за два кредита во вкупен износ од 305 милиони. Со задолжување од 145 милиони евра треба да се овозможи изградба на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри, втор дел од пругата за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8. Со Договорот за заем од ЕБОР за финансирање на Програмата за национални патишта се обезбедуваат 160 милиони евра. Реализацијата на Програмата ќе се одвива преку две транши, во износ од 74 милиони евра и од 86 милиони евра. Првата транша треба да овозможи изградба на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, реконструкција на патниот правец Штип-Кочани на ниво на експресен пат, а втората транша за изградба

на експресен пат ОхридПештани и автопат Струга – Требеништа. „Очекуваме врз основа на потпишувањето на договорот и направените подготвителни работи некаде после летото 2015 година, значи за осум до девет месеци да почне изградбата на втората фаза. Првата фаза е во тек и треба да заврши до септември 2016 година, што значи дека во еден дел паралелно ќе се градат првата и втората фаза. Значајно е 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

дека се обезбедени средства, имаме добар партнер – ЕБОР, како гаранција за квалитетот на реализација на проектот и дека за третата фаза имаме извесност за обезбедување средства. Пругата кон Бугарија станува реалност, 20 до 30 години се зборуваше за тој проект, но еве дојде време да се обезбеди целосно финансиската конструкција“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето на Договорот.


ЈАНАКИЕСКИ: „Ги повикувам сите држави чии претставници се денес овде, особено оние во регионот на југоисточна Европа да соработуваат на сите нивоа, имплементирајќи проекти кои се од корист за нашите граѓани и кои ќе овозможат подобар економски развој и подобра поврзаност“, истакна Јанакиевски во обраќањето на меѓународната конференција Патишта на свилата: инспирации и можности

ЕДЕН КРАК ОД "ПАТОТ НА СВИЛАТА" ДА МИНУВА НИЗ МАКЕДОНИЈА

М

инистерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски од Инстанбул, Турција, побара еден крак од новиот „Пат на свилата“ да поминува низ Македонија. „Ги повикувам сите држави чии претставници се денес овде, особено оние во регионот на југоисточна Европа да соработуваат на сите нивоа, имплементирајќи проекти кои се од корист за нашите граѓани и кои ќе овозможат подобар економски развој и подобра поврзаност“, истакна Јанакиевски во обраќањето на меѓународната конференција Патишта на свилата: инспирации и можности. Министерот Јанакиевски исто така ги претставуви актуелните инфраструктурни и транспортни проекти кои се реализираат во Република Македонија во патниот сообраќај и железницата. „Македонија, со својата географска позиција отсекогаш била стратешка точка за транспорт на Балканот, од причина што се наоѓа на крстопатот на многу рути кои водат од Европа до Азија и Блискиот Исток. Во моментот ние сме посветени и фокусирани на изградбата на нови автопати, нови

железнички пруги и модернизација на старите, долж паневропските коридори кои поминуваат низ нашата земја“, додаде Јанакиески. На меѓународната конференција Патишта на свилата: инспирации и можности“ се предвидени обраќања и на претставници од повеќе држави, меѓу кои Турција, Србија, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Азербејџан, Кина, Шпанија и Пакистан, како и претставници на различни меѓу09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

народни научни, политички и економски институции, меѓу кои и Советот за развој и истражувања на Кина, Центарот за стратешки студии, Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања и Универзитетот Кембриџ. „Патот на свилата“ е историска мрежа на меѓусебно поврзани рути во Евроазаија, преку кои се одвивал транспортот на стока од работ на Азија до центарот на Европа во период од речиси 3.000 години.


На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Во рамките на посетата на Ријад, македонската владина делегација оствари средба со повеќе стопанственици, инвеститори и сопственици на компании кои доаѓаат од повеќе различни сектори

П Р Е Т С Е Д АТ Е Л О Т Н А В Л А Д АТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГРУЕВСКИ ВО ПОЛИТИЧКОЕКОНОМСКА ПОСЕТА НА САУДИСКА АРАБИЈА

П

ретседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски од вчера е во посета на Кралството Саудиска Арабија. Груевски како што соопштија од Владата, во Ријад оствари средба со директорот на Саудискиот фонд за развој, Јусуф Бин Ибрахим Ал Басам. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Во рамките на посетата на Ријад, македонската владина делегација оствари средба со повеќе стопанственици, инвеститори и сопственици на компании кои доаѓаат од повеќе различни сектори. Пред стопанствениците владиниот економски тим ги посочи поволностите за рееализациа на странски инвестиции кои ги нуди Република Маке-

донија како што се ниските даноци, квалификуваната работна сила, развојната инфраструктура и олеснетите бирократски процедури. Освојувањето на нови пазари и посетата на земја како Саудиска Арабија, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е значајна од аспект на проширувањето на можностите за да се привлечат нови инвести10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 Декември 2014

тори и да се прошири трговската соработка со други земји кои што се надвор од Европа. “Саудиска Арабија е голем пазар и земја која што има високо ниво на доход и сметавме дека е соодветно да направиме посета и да ги презентираме можностите кои Македонија ги нуди во областа на добрата бизнис клима, ниските даноци, и квалитетната работна сила”, изјави Ставрески.


ЕЛЕМ: Според здруженијата Екосвест и Фронт 21/42, комитетот ќе проверува дали има прекршување на одредбите од оваа конвенција при носење на одлуките за изградба на планираните 18 хидроенергетски проекти и нивното влијание на територијата на паркот, вклучувајќи ги и Бошков Мост и Луково Поле

"БОШКОВ МОСТ" И "ЛУКОВО ПОЛЕ" ГИ ИСПОЛНУВААТ СИТЕ СТАНДАРДИ

П

остојаниот комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа отвори случај за планираните хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“. Според здруженијата Екосвест и Фронт 21/42, комитетот ќе проверува дали има прекршување на одредбите од оваа конвенција при носење на одлуките за изградба на планираните 18 хидроенергетски проекти и нивното влијание на територијата на паркот, вклучувајќи ги и Бошков Мост и Луково Поле. „Постојаниот комитет најде основаност и оправданост на нашите тврдења дека балканскиот рис е ставен на ризик со спроведување на Бошков Мост и други хидро проекти. Комитетот соопшти дека ќе спроведе сопствена анализа во самиот национален парк за да го утврди степенот на закана за биодиверзитетот од страна на овој проект“, изјави Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест. Здруженијата објаснуваат дека откако експерти назначени од страна на Постојаниот комитет ќе извршат проценка на планираните проекти во Националниот парк „Маврово”, ќе се подготват препораки кои ќе би-

дат обврзувачки за Македонија. Од Електрани на Македонија тврдат дека проектите „Бошков Мост“ и „Луково Поле“ се изработени со најпрофесионално, и во согласност со сите постојни меѓународни стандарди и политики на Европската банка за обнова и развој и на Светска банка. „Сите активности се одвиваат со предвидената динамика во согласност со домашната регулатива и правилата на ЕБОР. Во текот на 2012 и 2013 година завршен е едногодишниот еколошки мониторинг на територијата на идната електрана со кој се предвидени и усвоени дополнителни мерки за заштита и минимизирање на несаканите влијанија од проектот. 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

Извештајот од овој мониторинг на биодиверзитетот и на животната средина заедно со други придружни извештаи е доставен до ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање и за него од ниту една заинтересирана страна не стигнаа забелешки во законски предвидениот рок. Во однос на „Луково Поле“ во овој момент, во финална фаза влезе изработката на студијата за оценка на влијанието врз животната средина на која работи реномирана светска компанија од Франција и таа се очекува да биде финализирана до почетокот на 2015 година“, се наведува во соопштението од Електрани на Македонија.


МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.

Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.

"И ПО ЦЕНА НА ШИЗМА ЌЕ СЕ П Р О ГЛ А С И М Е С А М О С ТО Ј Н И ! "


За овој фељтон се користени материјали од истражувањата на проф. д-р Јован Белчовски, објавени во книгата "Охридска архиепископија од основањето до забраната на нејзината дејност - 1767 г." Исто така, користени се и истражувањата на проф. д-р Александар Трајановски, објавени во книгата "Црковната организација во Македонија и движењето за возобновување на Охридската архиепископија од крајот на XVIII век до основањето на ВМРО".

во Битолскиот и во Косовскиот (Скопскиот) вилает, воедно согледувајќи дека со настојувањето на Егзархијата и на Патријаршијата да присвојат за себе што повеќе македонски епархии се внесува одреден немир и неспокојство во Империјата, отворено застанал на страната на македонската национална индивидуалност. Во таа смисла, Митхадпаша пропагирал кај македонското граѓанство и интелигенција дека македонскиот народ е посебен етнос и дека

МИТРОПОЛИТОТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ ИНТЕНЗИВНО РАБОТЕЛ НА ИДЕЈАТА ЗА ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

Н

а почетокот на 70-тите години на XIX век во Македонија настанале бројни општествено-политички и црковно-просветни промени, кои во најголем број случаи не биле по желба на македонскиот народ. По основањето на Бугарската егзархија, добивањето 3 султански берати за тројца егзархиски владици во Македонија, референдумот во Скопската и во Охридската епархија и покрај фрлањето шизма на Цариградската вселенска патријаршија над Егзархијата, македонскиот народ сфатил дека на својата територија добил нов, уште поопасен непријател - бугаризмот. Поради тоа, движењето за возобновување на Охридската архиепископија како македонска национална црква, кое се појавило на почетокот на 70-тите години на XIX век претставувало одраз на тогашните реални состојби на теренот. Всушност, станува збор за познатото движење за возобновување на Охридската архиепископија со помош на Римокатоличката црква, односно т.н. Втора унија во Македонија (за разлика

од Првата од 1859 година, позната како Кукушка унија), кое претставува, како што досега констатиравме, најпроверено средство за еманципација од Патријаршијата и од грцизмот. Поволни услови за тоа се создале есента 1873 година, кога за солунски валија (есента 1872 година) бил именуван тогашниот познат турски државник и политичар Митхад-паша. Имајќи предвид дека македонскиот народ ја изгубил довербата кон новооснованата бугарска црква, предизвикано од преговорите меѓу Егзархијата и Патријаршијата за поделба на македонските епархии, на новиот валија не му било тешко да ги придобие симпатиите на македонските верници, особено откако укажал на можноста за возобновување на некогашната Охридска црква и тоа врз македонска национална основа. Познатиот турски политичар и државник, како добар познавач, пред сè, на македонското црковно и политичко прашање и воопшто на состојбите во Македонија и на Балканскиот Полуостров, сакајќи да ја зацврсти турската власт во Солунскиот, како и

Во одговор на писмото на иеромонахот Козма Пречистански од 5 мај 1891 година (ст. стил), митрополитот Теодосиј му напишал: "И порано ти пишував за нашата иднина. Се радувам што и самиот си дошол до извесни заклучоци. Обновувањето на Охридската архиепископија е единствен излез да дојдеме и ние Македонците до збор. Меѓутоа, тоа е тешка работа, особено што во моментов условите не се поволни. Сега би било доволно да поддржуваш врска со родниот крај и да го придобиваш народот за обновување на Архиепископијата. Кога ќе настанат поволни услови да бидеме единствени во тоа барање".

тој има право да создаде одделна македонска национална црква. Тоа, пак, според турското Шеријатско право значело и признавање на посебен македонски народ. Ветувајќи им ја својата поддршка, повеќето македонски првенци од Солун и пошироко со радост го дочекале неговиот предлог за возобновување на Охридската архиепископија како македонска национална црква. Врз основа на оваа идеја и на одредени подготовки, Солунската црковно-училишна општина свикала состанок со општинските претставници од внатрешноста


КОН КРАЈОТ НА XIX ВЕК ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА СÈ ПОВЕЌЕ ГО ГУБИ ВЛИЈАНИЕТО НА БАЛКАНОТ ГРАНИЦИТЕ ОД 1849 ГОДИНА на Македонија. Состанокот се одржал на 28 декември 1873 година во Солун и на него присуствувале делегати само од 6 јужномакедонски црковно-училишни општини (Солунската, Дојранската, Кукушката, Струмичката, Малешевската и Воденската). Всушност, тоа се општините кои требало да останат под јурисдикција на Цариградската патријаршија. Поради тоа, шесте македонски општини побарале одговор од Егзархијата за нејзина евентуална спогодба со Патријаршијата за поделба на македонските епархии. Не добивајќи одговор од неа, тие побарале Англиканската црква да биде покровител за возобновување на нивната црковна автокефалност (Охридската архиепископија).

СКРИЕНА НАДЕЖ Обидите за унија преку покровителство на Римокатоличката црква, а за создавање автокефална црква во Македонија (возобновување на Охридската архиепископија), кои ги пропагирале шесте спомнати македнски црковноучилишни општини, се прошириле и во внатрешноста на земјата. Во тоа време, во повеќе места во Македонија, како што бил случајот во Гуменџе, Неврокопско, Прилеп, Скопје, Крива Паланка, Дебарско и други, биле забележани

значителна огорченост и незадоволство од егзархиското пазарење со македонските епархии. Дури кривопаланци поднеле колективна молба до одринскиот епископ Рафаел Попов, во која барале да бидат примени во унијатската заедница. Во текот на одвивањето на спомнативе антиегзархиски и антипатријаршиски движења, кон средината на јануари 1874 година, уплашената егзархиска власт, пред сè, егзархот Антим и рускиот дипломат Игнатиев, го испратиле во Солун Петко Ражов Славејков, за да ја испита ситуацијата, да ја обезглави унијата и да ги врати Македонците под јурисдикцијата на Бугарската егзархија. Откако Славејков ја испитал ситуацијата во Солун и дошол до повеќе податоци за засиленото антиегзархиско и антипатријаршиско движење општо во Македонија, го информирал егзархот: "Мислата за обнова на Охридската архиепископија во моментов е најраширена овде во Солун. Тука се кројат планови, тука се собираат запалените глави... Но, тоа постепено се шири и во Северна Македонија, само што не е сосема јасна... Постои опасност, доколку не се преземат чекори од авторитативно место, да се добие едно општо мислење. Тогаш последиците ќе бидат многу потешки. Би било најдобро ако неговото Високо превосходителство гроф Игнатиев ја посети Македонија, бидејќи населението чувствува скриена надеж де-

Архимандритот Кудсевич настојувал решавањето на македонското црковно прашање и возобновувањето на Охридската архиепископија да биде на унијатска основа. Единствен излез од ситуацијата тој гледал во тоа да застане на чело на една македонска самостојна црква во унија со Римокатоличката црква. Седиштето на црквата требало да се наоѓа во Охрид. Во таа смисла, Кусевич ја пропагирал идејата: "Траен мир на Балканот ќе има само тогаш кога Македонија ќе стане цела, една, слободна, автономна и неделива... Македонија на Македонците". Во врска со ова, од писмото кое Кузман Шапкарев му го испратил на архимандритот Методиј Кусевич, меѓу другото, дознаваме: "Минувајќи низ Цариград разбрав дека лавот (Бугарија) и лисицата (Грција) прегоКУЗМАН ШАПКАРЕВ вараат да се подели Македонија. Меѓутоа, изгледа од тоа нема ништо да биде. Ние (Македонците) мислиме и Егзархијата да си оди во Бугарија. Нам ни треба наша црква, што ќе ја наречеме Охридска архиепископија, со седиште во Охрид или во Солун. Тоа би било најдобро средство да се зачува нашето право и да зајакне народноста во нашата земја.


ка само од Русија може да му дојде спасот".

ДЕЈНОСТА НА МИТРОПОЛИТОТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ На 21 март 1890 година митрополитот Теодосиј Гологанов добил везирско тескере за да може да ја посети Скопската епархија. Неколку дена по изборот се задржал во Солун и кон крајот на март митрополитот Теодосиј пристигнал во Скопје. Во такво својство, во Скопје митрополитот дејствувал неколку месеци. Откако извршил повеќе црковно-про-

МИТРОПОЛИТОТ ГОЛОГАНОВ КОМУНИЦИРА СО МНОГУ МАКЕДОНСКИ СВЕШТЕНИЦИ светни активности во Скопската епархија, тој морал да се врати во Цариград. Во меѓувреме, бугарската дипломатија успеала да постигне митрополитот Теодосиј да го добие бератот од турските власти. На почетокот на јуни 1890 година митрополитот Теодосиј Гологанов по втор пат дошол во Скопје, но сега со легален турски документ според кој бил назначен за скопски егзархиски митрополит. Тој од порано бил познат како идеален и потврден застапник за самостојна македонска црква. Теодосиј Гологанов, егзархиски митрополит од македонско потекло, уште од почетокот на неговото официјално доаѓање во Македонија, застанал на страна на народот и на македонските црковно-училишни општини, залагајќи

се за реставрација на автокефалната македонска црква - Охридската архиепископија. Дејствувајќи смело и придржувајќи се кон својата зацртана цел, на територијата на Скопската епархија митрополитот ги менувал директорите, учителите и претседателите на црковно-училишните општини, доколку се покажеле како егзархиски послушници, и особено ако по народност биле Бугари. Митрополитот Теодосиј го сменил директорот на Скопското трикласно егзархиско училиште, Антон Налсендиков, Бугарин по народност, подоцна директорот на гимназијата Георги Кандиларов и други егзархиски послушници во Скопје, Штип, Кочани, Свети Николе, Куманово, Тетово и на други места на територијата на Скопската епархија. Во чистењето на егзархискиот чиновнички апарат бил бескомпромисен. На местото на овие службеници тој назначувал наставници, архијерејски намесници и претседатели на црковно-училишните општини, но кои биле од македонско потекло и во кои имал безрезервна доверба. Сакајќи најкомпетентно и најизворно да ја прикажеме идејата и ангажираноста на митрополитот Теодосиј Гологанов за возобновување на Охридската архиепископија како македонска црква, го искористив искажувањето на неговиот најголем противник во таа смисла, бугарскиот егзарх Јосиф, кој во писмото упатено до претседателот на егзархискиот Свет синод, самоковскиот митрополит Доротеј, се жалел дека Теодосиј "не се чувствувал како Бугарин, туку како Македонец, во Скопје не примал директори и учители од Бугарија, се подготвувал да прогласи независност од Егзархијата... во Скопската епархија ги прогласил за неважечки сите училишни и пансионски правилници издадени од Егзархијата, на своја глава, без каква и да е законска основа, отпечатил були, крштелни и училишни сведителства со испуштање на зборовите 'Бугарска егзархија'".

БЕРАТИ ЗА МАКЕДОНСКИ ВЛАДИЦИ Според замислениот план на митрополитот Гологанов, обновувањето на Охридската архиепископија би се одвивало на следниов начин: 1. Пред сè, Високата порта треба да објави ферман за обновување на Охридската архиепископија, која незаконски беше укината во 1767 година. Обновената Охридска архиепископија во својата диецеа би ги опфатила сите македонски епархии; 2. Високата порта ќе издаде берати за владици, идни митрополити на од-

делни епархии: бератите на егзархиските и на патријаршиските митрополити во македонските епархии ќе бидат повлечени; Ќе се забрани натамошна верска, национална дејност на пропагандите, вклучувајќи ја и српската национална пропаганда; 3. Ќе се побара од Цариградската вселенска патријаршија да ја потврди Охридската архиепископија, која ќе биде во канонско единство со неа; доколку таа откаже, ќе постапиме исто како и Егзархијата своевремено: Ќе се прогласиме за самостојни и по цена на шизмата. 4. Високиот клер на Охридската архиепископија ќе биде составен исклучително од македонски архијереји и тоа: охридски архиепископ до редовен избор - Н.В. митрополитот Теодосиј; Скопска епархија - Н.В. митрополитот Теодосиј; Велешка епархија - архимандритот Дамаскин, во моментов старешина на Вељускиот манастир, Струмичко; Пелагониска епархија - иеромонахот Методиј; Дебарска епархија - иеромонахот Козма Пречистански; Воденска епархија - иеромонахот Иларион, собрат во Зографскиот манастир; Неврокопска епархија - иеромонахот Дионисиј, во моментов во Софија; Серска епархија -архимандритот Харитон Карпузов; Дојранско-кукушка епархија - епископот Нил Изворов; 5.Охридската архиепископија, како самостојна црква ќе ги преземе сите компетенции на во моментов постојните цркви: (Цариградската патријаршија и Бугарската егзархија), особено школството". Откако дознал за спомнатава кореспонденција и за планот за возобновување на Охридската архиепископија, бугарскиот егзарх неколку пати побарал објаснувања од митрополитот Теодосиј, кој на крајот (3 декември 1891 година), откако сфатил дека е целосно демаскиран, отворено му се обратил на егзархот, дека тој од порано добро го знае неговиот став за возобновување на Охридската архиепископија, дека тоа не е само негова идеја, туку желба на целиот македонски народ, и во таа смисла му напишал: "Ако сакате, Ваше Блаженство, да го следите Христовиот пат на љубовта, нема зашто да правите пречки на благородната идеја за обновување на Охридската архиепископија. Македонскиот народ ќе Ви биде вечно благодарен". Подоцна поради ваквите тенденции и македонските национални чувства, митрополитот Теодосиј Гологанов бил сменет од страна на Бугарската егзархија, по што движењето за возобновување на Охридската архиепископија ослабнало.

(продолжува)


СО БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА И С О В РАЧ У В А Њ Е Н А Д Р Ж А В Н АТА Н А Г РА Д А Годинава наградата ја добијат историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата

МАКЕДОНИЈА ГО ПРАЗНУВА "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"

С

о божествена литургија и со врачување на државната награда денеска во Македонија се одбележува празникот Свети Климент. Годинава наградата ја добијат историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата По повод празникот синоќа во МАНУ се одржа свечена академија за делото на првиот словенски писател и просветител и првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. На собирот за значењето на просветителот зборуваа поглаварот на МПЦ господин, господин Стефан и премиерот Никола Груевски. Поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека свети Климент се утврдил преку добриот подвиг на верата и така станал наш Мојсеј и втор Павле, изведувајќи го својот род од ропството на темнината и незнaењето, постојано трудејќи се народот да постане црква, а црквата - народ. Затоа, порача г.г. Стефан, почитувајќи го и славејќи го свети Климент се почитуваме и себеси и искажуваме грижа кон своето потомство. Делото на свети Климент Охридски, рече Груевски, е вонвременско, универзално по својата големина и значење и е приви-

легија тоа што можеме да го следиме неговиот пример и делото што го создал во многу поинакво и потешко време од денес. „Тој бил пример за ширење на единство и меѓусебно почитување. Тоа го правел во неспоредливо поинакво и потешко време, но го правел искрено и со голема љубов и посветност, што нас не задолжува и повеќе и посилно да го следиме неговиот пример и вредностите за кои се залагал. Неговото дело ни покажува дека со единство и меѓусебно почитување и со цврста волја може многу да се постигне и дека не треба да не обесхрабрува ниту 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

една пречка која може да се чини непремостлива. Бидејќи пречки и предизвици секогаш има, но начинот на кој се справувате со нив, непоколебливата волја и вербата темелена на принципи и вредности е тоа што ќе остане и тоа што ќе се вреднува. Неговиот живот е патоказ дека ако се работи со љубов, ако силно се сака и ако се има верба во себе, во своите соработници и во својот народ, може многу да се постигне. Кога можел свети Климент во едно исклучително тешко време да постигне толку многу, зошто да не можеме и ние денес“, додаде претседателот на Владата.


Д Р У Ш Т В О ТО Н А П И С АТ Е Л И Т Е Н А М А К Е Д О Н И Ј А Р Е А Л И З И РА Ш Е Друштвото на писателите на Македонија реа лизираше поетски караван во знак на чес твување на Блаже Конески, големиот македонски поет, есеист, книжевен историчар и лингвист, основоположник и прв претседател на македонската писател ска асоцијација

ПОЕТСКИ КАРАВАН ВО ЗНАК НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ руштвото на писателите на Македонија реализираше поетски караван во знак на чествување на Блаже Конески, големиот македонски поет, есеист, книжевен историчар и лингвист, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација. Поетскиот караван, со учество на 60 поети, членови на ДПМ од различни генерации, траеше три дена, од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на Блаже

Д

Конески пред 93 години. На 17 декември на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, патронатот на факултетот со свои стихови го одбележаа 25 поети. На 18 декември поетскиот караван, посветен на Блаже Конески, се одржа во Домот на македонските писатели со учество на триесетина поети од целата земја, под наслов „Средба на генерации“.На 19 декември во основното училиште „Блаже Конески“ во Скопје неколкумина пи17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

сатели за деца на симболичен начин одржаа час за Блаже Конески. Со тридневната манифестација завршува годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ кој, покрај Скопје, ги посети Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Велес, Радовиш, Кожле и Ѓорче Петров. Караванот на Друштвото на писателите на Македонија се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија.


Речиси на 300 страници во ова дело се прикажани растежот на институцијата, изведбите на повеќе од 400 дела од домашни и од странски композитори, соработките со најзначајните имиња на денешницата, впечатливите настапи поместени низ голем број музички критики објавени во домашните медиуми, кои го обележија развојот на Македонската филхармонија

ПРЕД ГОЛЕМ БРОЈ МУЗИЧАРИ, ПРОФЕСОРИ, КОМПОЗИТОРИ, М У З И КО Л О З И И ЉУ Б И Т Е Л И Н А К Л А С И Ч Н АТА М У З И К А , В О П О Р Т А Т А „ М А К Е Д О Н И Ј А “, Б Е Ш Е П Р О М О В И РА Н А

МОНОГРАФИЈА ПОСВЕТЕНА НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

П

ред голем број музичари, професори, композитори, музиколози и љубители на класичната музика, во портата „Македонија“, беше промовирано обемно монографско издание посветено на Македонската филхармонија, во авторство на македонските музиколози Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска, а посветено на јубилејот 70 години од постоењето на најстариот национален оркестар. Речиси на 300 страници во ова дело се прикажани растежот на институцијата, изведбите на повеќе од 400 дела од домашни и од странски композитори, соработките те настапи поместени низ ните медиуми, кои го обесо најзначајните имиња на голем број музички кри- лежија развојот на Македенешницата, впечатливи- тики објавени во домаш- донската филхармонија. 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014


Концертот традиционално го огранизира школата “Узун“ во соработка со Црвен крст на град Скопје, а во програмата учествуваат гитаристи и пејачи од оваа школа

В

о свечената сала на хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ во Скопје, ќе се одржи традиционалниот школски новогодишен концерт на естрадната школа “Узун“Скопје. Овој концерт ќе биде посветен на легендарниот македонски музичар Јанко Узунов кој е воедно и основач на школата Узун, креатор на учебниот материјал кој во неа се изучува, главен наставник, организатор и предводник на сите досегашни активности на музичкото студио и естрадна школа Узун. Концертот традиционално го огранизира школата “Узун“ во соработка со Црвен крст на град Скопје, а во програмата учествуваат гитаристи и пејачи од оваа школа. Овој пат во чест и спомен на најсаканиот и незаборавен татко, сопруг и наставник, неговиот син Кирил, сопругата Жаклина и учениците на Узун ќе покажат и докажат дека неговите дела и музика исто како и нивната љубов и почит кон него се безвременски, никогаш не умираат и не се забораваат.

ОВОЈ КОНЦЕРТ ЌЕ БИДЕ ПОСВЕТЕН НА ЛЕГЕНДАРНИОТ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧАР ЈАНКО УЗУНОВ КОЈ Е ВОЕДНО И О С Н О В АЧ Н А Ш К О Л АТА У З У Н

УЗУН ЗА ЈАНКО

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014


Компилацијата, која е составено од аудио и видео издание содржи 25 оригинални аудио снимки на вокално инструментални композиции во изведба на солисти, вокални групи и оркестарот на Танец кои се дигитализирани и прочистени, а се извадени од оригинални ЛП или плочи на Танец издадени во изминативе 65 години и 120 минути видео материјал за 12 кореографии со најубавите мигови на Танец

В О П Р О Д А В Н И Ц АТА „ Ј У Г О Т О Н Р Е К О РД С “ С Е ОД Р Ж А П Р О М О Ц И Ј АТА Н А П Р В О Т О КОМЕРЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА М А К Е Д О Н И Ј А  „ Т А Н Е Ц “.

ЦД И ДВД НА "ТАНЕЦ"

В

о продавницата „Југотон Рекордс“ се одржа промоцијата на првото комерцијално издание на Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија – „Танец“. Компилацијата, која е составено од аудио и видео издание содржи 25 оригинални аудио снимки на вокално инструментални композиции во изведба на солисти, вокални групи и оркестарот на Танец кои се дигитализирани и прочистени, а се извадени од оригинални ЛП или плочи на Танец издадени во изминативе 65 години и 120 минути видео материјал за 12 кореографии со најубавите мигови на

Танец. Како издавач се појавува токму „Југотон Рекордс“, а на промоцијата покрај издавачот се обрати и директорот на Националната установа – Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ маестрото Зоран Џорлев. Тој на големиот број присутни 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 795 / Декември 2014

им ја образложи идејата „Танец“ да добие и комерцијално издание, покрај многуте снимки на Јутјуб и видео материјали кои се пренесуваа по разни канали, за да сите оние кои ќе посакаат имаат дел од репертоарот на ансамблот за себе.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.