796

Page 1

Macedonian Sun

S NCE

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XIX, Број 796, Јануари 2015

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

" Х Р И С ТО С С Е Р ОД И! И!""  " Н А В И С Т И Н А С Е Р ОД И! И!""

MONTHLY EDITION

ХРИСТОС СЕ РОДИ ДЕНЕСКА Е БОЖИК

БРУ ТА ЛЕН НАПАД КОН НА ЈВИСОКИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИСКИ С ЛОБОДИ

НОВИНАРОТ КЕЖАРОВСКИ СЛОБОДЕНДОБИ УСЛОВЕН ОТПУСТ

ВЕЧНА МУ СЛАВА НА ОСНОВОПОЛОЖНИКОТ НА СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

Завршија изборите во Грција. Се обвистинија предвидувањата. Златна Зора и Алексис Ципрас ќе формираат Влада. Многумина предвидуваа, Германија негодуваше, но гласачите кај нашиот јужен сосед одлучија, за според нив најдобрата опција.Што може ние да очекуваме од сегашната Влада во Грција. Односно новата Влада кај нашиот јужен сосед? Ништо позначајно влеат некои аналитичари. Други пак предвидуваат раздвижување и затоплување на односите.Сепак, тие таму доле јужно нека си мислат самите како ќе тераат. Европа нека размислува како ќе и биде нејзе со националистите на власт. таа нека му ја мисли што ќе се случува понатамуѕ. Еврото падна, доларот зајакне, Швајцарскиот франк пак води во Европа, а нашиот јужен сосед повторно и прави проблем на Европа. Сега тие нека си ја чукаат главата што му дозволија на разгаленото дете да одбере нешто што е против нивните, таканаречени европски вредности.Сега ние треба да бидеме мудри и да си го гледаме можеби распадот на ЕУ или на она што значеше ЕУ пред само 24 часа.Конечно дојде време, Македонија, Македонците и македонската Влада да одлучат дека доста е со преговори. Доволно беа две децении и повеќе преговоарање за нешто што е наше, вековно Македонско, односно нашето име. Дојде време кога разгаленото дете ќе им го оставиме на оние кои го направија, а ние мора да си продолжиме по патот на економско зајакнување, по патот на отворање нови пријателства. Мислам дека Европа сега е во незгодна позиција. Можеби ќе се обидат да направат некаков притисок кон јужниот сосед, а можеби и кон нас. Но, дојде времето да кажеме Доста е! Нема преговори повеќе. Македонија е вечно име на вековита земја кое вечно ќе остане.

Makedonija БОГ ДА НИ ЈА ЧУВА МАКЕДОНИЈА

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


АТА Н А С О С К И : Загинаа познати новинари, карикатуристи и двајца полицајци. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд во обраќањето кон нацијата експресно го оцени овој масакр како терористички чин поврзувајќи го со честите закани на религиските радикали кон уредништвото на весникот заради објавувањето на одредени карикатури и сатирични коментари кон некои од муслиманските верски лидери

БРУТАЛЕН НАПАД КОН НАЈВИСОКИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИСКИ

СЛОБОДИ

С

ветската јавност е сеуште во шок од вчерашниот терористички напад во Париз во кој загинаа 12 лица, како резултат на нападот извршен за време на колегиумот во редакцијата на сатиричниот весник “Шарли ебдо“. Загинаа познати новинари, карикатуристи и двајца полицајци. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд во обраќањето кон нацијата експресно го оцени овој масакр како терористички чин поврзувајќи го со честите закани на религиските радикали кон уредништвото на весникот заради објавувањето на одредени карикатури и сатирични коментари кон некои од муслиманските верски лидери. Со осуда на масакрот се јавија и претседателот на САД, Обама, претседателот на Русија, Путин, претседателот на Европската Комисија Јункер, генералниот секретар на НАТО, Солтенберг, германската канцеларка Меркел, британскиот премиер Камерон, Арапската лига, Египет, Турција и други земји. Вчера, сочуство до семејствата на загинатите изрази и македонскиот премиер Никола Груевски. Денес, до редакцијата на ТВ СОНЦЕ стигна и писмена изјава од претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кој се наоѓа во САД. „Дозволете во името на Македонската алијанса и како претставник на Македонската дијаспора и јас да се приклучам кон сите оние кои го изразија своето најдлабоко сочуство кон семејствата на

загинатите француски граѓани. Најостро го осудувам вчерашното злосторство кое директно го оценувам како брутален напад кон највисоките цивилизациски слободи, права и демократски вредности. Вчерашниот напад недвосмислено ќе влијае врз дополнително ширење на антимуслиманското расположение во франција и западна европа, што секако не е добро и не е својствено за 21-от век, каде стремежот на сите нации е обединување преку надминувањето на верските разлики во интерес на економскиот светски развој и напредок. Очигледно е дека и најразвие03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

ните држави и безбедносни системи не можат да бидат имуни на тероризмот како растечко глобално зло. Слободата на изразувањето и јавно искажаниот збор е неприкосновено човеково право па дури и тогаш кога некој легален медиум се определил да биде екстремно антирелигиозен и со својата уредувачка политика сака сатирично да ја критикува подеднакво и тврдата католичка заедница и радикалните муслимански верски и политички лидери. Овде во сад и после 13 години, се уште се свежи сеќавањата од нападите на 11. септември 2001 година во кои загинаа над три илјади луѓе. Тогашните настани, вчерашното злосторство во париз, впрочем како и сите останати терористички акти кои непрекинато се случуваат на земјината топка, треба да не држат будни, да влијаат кон зацврстување на глобалната коалиција за спречување на ваквите напади, бидејќи опасноста од тероризмот постојано демне“, стои во писмото на претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Во тек на вчерашниот ден, во различни градови во Франција се собраа над 100 илјади луѓе, да им одадат почит на загинатите во нападот во Париз. Повеќе од 35 илјади луѓе се собраа на плоштадот на Републиката во француската престолнина, недалеку од местото каде беше извршен нападот.


„Отворањето на пристапните преговори со земјата ќе ја засили регионалната стабилност и позитивно ќе влијае на решавање на билатералните спорови, ќе ја засили етничката кохезија оти сите се стремат за постигнување на заедничката цел“, стои во резолуцијата

И З В Е С Т У В АЧ О Т З А РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

ВАЈЛГ ПОБАРА ОТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА

И

звестувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Иво Вајгл, претставувајќија ја денеска предлог-резолуција за нашата земја побара отворање на преговорите за членство во Европската унија, што според него е важно прашање и предуслов кога станува збор за напредок на земјата. „Отворањето на пристапните преговори со земјата ќе ја засили регионалната стабилност и позитивно ќе влијае на решавање на билатералните спорови, ќе ја засили етничката кохезија оти сите се стремат за постигнување на заедничката цел“, стои во резолуцијата. Слвоенечкиот европратеник Вајгл апелираше дека се потребни чекори за да се реши прашањето за името и другите билатерални проблеми, но сега е моментот да се отворат вратите на земјата и таа да влезе во Европската унија. „Отворање на пристапните преговори ќе го придвижи решавањето на отворените прашања. Како ко-претседавач со Мешовитиот парламентарен комитет за односи со Македонија, жалам што македонскиот парламент не работи во својот нормален опсег и во ноемрври минатата година во Страбзур имавме добар работен состанок“, истакна европратеникот Алојз Петерле. Поранешниот известувач за Македонија, Ричард Ховит, посочи дека го поддржува јасно заземениот став во предлог-резолуцијата

за отворање на пристапните преговори со Македонија. Кипарскиот европратеник Деметрис Пападакис од европските социјал-демократи истакна дека прашањето за името треба да биде решено со меѓусебно прифатливо решение и дека не смее да се врши притисок инаку тоа прашање никогаш нема да се реши. „Има проблеми и да се реши прашањето името, Македонија нема да може веднаш да почне да преговара. А за прашањето за името, Јорк не е исто што и Њујорк и работите не се идентични, треба да се проучи историјата, да се читаат Аристотел и Платон и да се види што се случило во Првата и Втората светска војна, како и што се случило во регионот поврзано со Тито. Важно е да бидете информирани и за делувањето на екс-министерот за надворешни рбаоти Антонио Милошоски, кој 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

стави непризнато знаме на земјата на Олимп“, истакна кипарската европратеничка Елени Теохару. На ова реагираше шпанскито европратеник од редовите на европските либерали, Хавиер Нарт, кој посочи дека е навистина патетично што во Европа се соочуваат со вакви прашања „каде се става вето на едно подрачје кое историски е секогаш познато како Макеоднија”. „Имаме смешно име ПЈР Макеоднија, што е неприфалтиво. Се става вето поради име кое историски и припаѓа на оваа земја. Во Шпанија и Франција има подрачја Русион и никој ова прашање за име во Шпанија или во Франција не спори за тоа. Слушаме смешни приказни дали сонцето да биде присутно на знаме или не и тоа се повеќе психилошки, отколку историски прашања. Ако границите се признати и земјата нема територијални претензии, како може девет пати да ја блокираме Макеоднија!? Тоа е преседан кој ситуацијата уште повеќе ќе ја комплицира. Повикувам да бидеме раузмни“, реплицираше Нарт. Со ова заврши дебатата во Европарламентот за Македонија, која во рамки на АФЕТ-групата ќе продолжи на 31-ви овој месец, со поднесените амандмани на европратениците, а идниот месец, на пленарна седница во Стразбур, Европскиот парламент се очекува да ја изгласа Резолуцијата за Македониај со препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите за членство.


„Убеден сум дека се наоѓаме пред еден историски момент каде што се прескокнати многу јазови, кога треба да говориме за заеднички проекти од реципрочен интерес, за енергијата, за индустријата, нашата прекрасна животна средина, агропроизводството, образованието, транспортот, туризмот и здравството“, нагласи претседателот на албанскиот Парламент

„ОДНОСИТЕ МЕЃУ АЛБАНИЈА И МАКЕДОНИЈА СЕ КЛУЧНИ И С Т РАТ Е Ш К И З А Ц Е Л И О Т Р Е Г И О Н

СРЕДБА ВЕЉАНОСКИ - МЕТА

О

дносите меѓу Албанија и Македонија се клучни и стратешки за целиот регион. Сите политички сили, како во Тирана, така и во Скопје имаат одговорност и задача да ги конкретизираат и да ги унапредат, удвојувајќи го нашиот заеднички ангажман“, истакна претседателот на албанскиот Парламент, Илир Мета денеска во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание. Говорејќи за интегрирањето во Европската унија, Мета истакна дека секоја земја во регионот денес ја следи траекторијата на јасниот пат на интегрирање во Унијата. „Убеден сум дека се наоѓаме пред еден историски момент каде што се прескокнати многу јазови, кога треба да говориме за заеднички проекти од реципрочен интерес, за енергијата, за индустријата, нашата прекрасна животна средина, агропроизводството, образованието, транспортот, туризмот и здравството“, нагласи претседателот на албанскиот Парламент. Тој порача дека се грижат и за македонското малцинство во Албанија, како и за останатите и земјата секогаш водела смета за нивните права и чување на нивните традиции

за создавање услови за нивно успешно интегрирање. „Ние силно го почитуваме забрзувањето на целосното спроведување и без доцнење на Охридскиот рамковен договор ги очекуваме резултатите коишто би биле мерливи, опипливи на терен“, рече Мета. Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски по средбата истакна дека Македонија достојно работи на исполнување на рамковниот договор. „Истакнав дека ние сме мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, но дека Охридскиот договор и неговата имплемен05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

тација обезбедуваат доследно почитување и развивање на индивидуалните и на колективните права на етничките заедници, но не задира во унитарниот карактер на државата, истовремено како држава очекуваме и нашите соседи доследно да ги почитуваат колективните и индивидуалните малцински права на своите граѓани вклучувајќи ги и Македонците кои живеат во нив“, додаде Вељановски. Претседателот на албанскиот Парламент, Илир Мета денеска исто така оствари средба со премиерот Никола Груевски и со претседателот на државата Ѓорге Иванов.


„За мене е сосема нејасно зошто во овој долг период нема никакво придвижување на работите во однос на спорот. Двете држави имаат многу поважни работи за решавање, пред се прашања од економската сфера и реформите кои треба да водат до благосостојба

„НЕРЕШАВАЊЕТО НА Н А М Е Т Н АТ И О Т С П О Р З А И М Е ТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИМ ШТЕТИ НА СИТЕ, А АСТРИЈА ЌЕ Н А П РА В И С È Ш ТО Е В О Н Е Ј З И Н А МОЌ ЗА ДА ГО ЗАБРЗА ПРОЦЕСОТ Н А Р Е Ш А В А Њ Е “, И З Ј А В И

АВСТРИСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

Н

ерешавањето на наметнатиот спор за името на Република Македонија им штети на сите, а Астрија ќе направи сè што е во нејзина моќ за да го забрза процесот на решавање“, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, по денешната средба во Скопје со македонскиот колега Никола Попоски. Според Курц, спорот трае предолго и нерешавањето на името им штети на Европа и на двете земји. „За мене е сосема нејасно зошто во овој долг период нема никакво придвижување на работите во однос на спорот. Двете држави имаат многу поважни работи за решавање, пред се прашања од економската сфера и реформите кои треба да водат до благосостојба. Австрија е подготвена да изврши притисок за да се внесе динамика во процесот“, истакна Курц. Тој со порака Македонија да ги продолжи реформите, а опозицијата да се врати во Собранието. „Австрија, до сега, беше еден од силните поддржувачи на овој процес и сигурен сум дека тоа ќе продолжи и понатаму. Ова е значајна порака од оваа средба“, изјави Попоски. Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски истакна дека Австрија и досега го поддржувала процесот

на проширување и македонската евроинтеграција, а по оваа средба е сигурен дека така ќе остане и понатаму. Австрија годинава ќе биде домаќин на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, која се планира да се одржи во август, како продолжение на минатогодишниот состанок во Берлин, а министерот Попоски очекува на оваа конференција да се донесат конкретни мерки за евроинтеграцијата на Западен Балкан. Австрискиот министер Курц денеска исто така се сретна со претседателот на државата Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски. „Двајцата соговорници констатираа одлични билатерални односи меѓу двете земји, со континуиран политички дијалог и динамична соработка во повеќе об06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

ласти од заеднички интерес. Во тој контекст посебно беше потенцирана добрата соработка во сферата на економијата и инвестициите, а претседателот Иванов ја реафирмираше нашата подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во оваа сфера“, информираат од кабинетот на Иванов. Претседателот Иванов нагласи дека отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ како најважна цел за Република Македонија, ќе придонесат за засилување на реформските процеси и за поуспешно соочување со предизвиците. Заемен заклучок беше дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан е клучен предуслов за трајна стабилност и просперитет на регионот.


АТА Н А С О С К И : “Прво, без никаква намера да се мешам во внатрешните работи на грчкиот сосед, сметам дека од наша гледна точка единствениот позитивен аспект од овие избори во Грција, е историскиот пораз за лидерот на Нова Демократија, Андонис Самарас, кој всушност, уште од 90-тите години е креаторот на ирационалната, иредентистичка политика на официјална Атина, кон Република Македонија и Македонскиот народ

ИЗБОРНАТА ТРЕСКА КАЈ НАШИОТ ЈУЖЕН СОСЕД СЕ ПРЕНЕСЕ И ВО МАКЕДОНИЈА

В

чера, Република Грција и официјално доби нов премиер со нова владина коалиција помеѓу левичарската партија “Сириза“ и партијата на популистичката десница “Независни Грци“. Предвремените парламентарни избори како никогаш претходно, предизвикаа големо внимание во пошироката македонска јавност. Медиумите, претставници на речиси сите релеватни македонски политички партии, како и бројни аналитичари, познавачи на состојбите на политичката сцена во Грција, ги коментираа очекувањата од политиките на 40-годишниот левичар и атеист Алексис Ципрас, кој за разлика од претходниот премиер Самарас, до победата не стигна преку форсирањето на националистичката реторика во одбрана на грчките позиции за Македонија, туку врз крилјата на незадоволството од мерките за штедење, намалување на платите, пензиите, невработеноста и црната статистика од речиси 8 илјади самоубиства заради економската депресија предизвикана од должничката криза. Новиот премиер кој за прв пат влегува во големата грчка политика, која досега беше резервирана за политичките династии на “Нова Демократија“ и “Пасок“, ја доби подршката од мнозинството гласачи, за да преговара и обезбеди подобри услови за враќање на огромниот грчки долг кој изнесува 240 милијарди евра. Токму овие неповолни околности за новата Влада во Атина беа доволни аргументи за претставниците на македонската позиција и опозиција, не само да бидат внимателни во очекувањата, туку и да се согласат дека е прашање на време кога досегашните грчки црвени линии за спорот за името, ќе станат и официјална политика на “Сириза“ и премиерот Ципрас. Денес, редакцијата на ТВ СОНЦЕ, побара од Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, да даде свое видување за очекувањата од новата грчка Влада, како политичар кој добро ги познава состојбите во Република Грција и долги години ги поддржува Македонците кои живеат таму и за

жал и во 21-век се борат за фундаменталните човекови права кои би требало да се реалност за една земја членка на ЕУ. Инаку, во јули 2013 година, иако поседува и американски пасош, г-динот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, беше вратен од грчките гранични служби на македонско-грчкиот премин Меџитлија, со образложение дека претставува опасност за Република Грција, само заради тоа што требаше да присуствува на семакедонскиот собир во Овчарани, и тој самиот на своја кожа ги почуствува погрешните политики на официјална Атина кон Македонија. “Прво, без никаква намера да се мешам во внатрешните работи на грчкиот сосед, сметам дека од наша гледна точка единствениот позитивен аспект од овие избори во Грција, е историскиот пораз за лидерот на Нова Демократија, Андонис Самарас, кој всушност, уште од 90-тите години е креаторот на ирационалната, иредентистичка политика на официјална Атина, кон Република Македонија и Македонскиот народ. Тоа ни дава за право да продолжиме да веруваме дека обичниот грчки народ кој не е оптоварен со националистичката агенда, не ги споделува или подржува политичките ставови на некои грчки елити кон соседската и мирољубива Македонија. Второ, јас не ја одобрувам непо07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

требната еуфорија која заради изборите во Грција се создаде во Македонија. Фактот, што како општество се впуштивме во масовно коментирање на евентуалните можности, очекувања или посредни или непосредни влијанија за пофлексибилни позиции на новиот премиер Ципрас околу спорот за нашето име Македонија, всушност несвесно не втурна во замката да си ја ослабнуваме нашата стратешка позиција. Ние нема зошто да се надеваме на “помеки“ ставови од официјална Атина во било какви целосно неприфатливи преговори за Македонското вековно име, бидејќи за нас како Македонска држава и Македонски народ единствено прифатливо решение кое ќе доведе до целосно нормализирање на односите со нашиот јужен сосед, е само тогаш кога политичките власти, институции и авторитети во Република Грција ќе престанат да го оспоруваат нашето Уставно име и Македонскиот национален идентитет. Само така заеднички ќе ја градиме нашата Европска иднина, взаемниот економски развој и стопанска размена. Трето, имам целосно разбирање дека стратешки приоритет за сите досегашни наши Влади е членството во ЕУ и НАТО, што има масовна подршка од нашите граѓани, но во исто време не сум од оние политичари кои тврдат или пак веруваат дека за Македонија нема алтернатива, надвор од овој пат. Република Македонија и Македонскиот народ не смеат да ја платат највисоката можна цена и со жртвување на Македонското име и идентитет да ги обезбедат Евроатланските интеграции. Наш најголем сојузник и стратешки партнер останува САД. За македонската надворешна политика е најмудро да продолжи да инвестира во постојано и непрекинато зајакнување на политичките, безбедносните и економските врски со САД. Нема да биде воопшто наивно ако нагласам дека сум убеден дека Македонија може да стане 51 sвезда на Американското знаме. Впрочем, тоа е најдобриот одговор за сите ирационални политики на блокади.


МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ За Македонија не е важно кој ќе победи на изборите во Грција, иако СИРИЗА е партија која помалку го злоупотребувала спорот за името во домашно политички цели, истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за МИА. - Во принцип, мислам дека е многу тешко и неблагодарно да се прогнозира за тоа каков би бил ставот на следната грчка влада по однос на овој спор. СИРИЗА во принцип била партија која помалку го злоупотребувала ова прашање во домашно политички цели

ИСХОДОТ ОД ГРЧКИТЕ ИЗБОРИ НЕБИТЕН ЗА МАКЕДОНИЈА

З

а Македонија не е важно кој ќе победи на изборите во Грција, иако СИРИЗА е партија која помалку го злоупотребувала спорот за името во домашно политички цели, истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за МИА. - Во принцип, мислам дека е многу тешко и неблагодарно да се прогнозира за тоа каков би бил ставот на следната грчка влада по однос на овој спор. СИРИЗА во принцип била партија која помалку го злоупотребувала ова прашање во домашно политички цели. Но, во секој случај, мислам дека не можеме да заклучиме што било пред да постои нова Влада во Грција каква и да е таа, од десница или од левица и конечно промена на матрицата од нивна страна дека нерешавањето е најдобро решение за Грција, изјави Попоски. Најдоброто решение во овој случај, додава тој, е почитувањето на меѓународното право и преземените обврски со Времената спогодба за Македонија да може да напредува на европскиот пат. - Дали тоа ќе биде став на

идната грчка влада ќе дознаеме само по изборите. Мислам дека ние не треба да бидеме премногу преокупирани со тоа што ќе се случува во Грција, туку со климата која ќе биде креирана 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

и подготвеноста која ќе ја имаат другите чинители да не дозволат продолжено нерешение и незаинтересираност од страна на Грција, заклучува министерот Попоски.


Бугарија ја поддржува интеграцијата на Македонија во Европската унија и НАТО, но останува на барањето за потпишување договор за добрососедство, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов

Б У ГА Р С К И О Т П Р Е М И Е Р Б О Р И С О В П О РАЧ А

ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА, НО И ДОГОВОР ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО

Б

угарија ја поддржува интеграцијата на Македонија во Европската унија и НАТО, но останува на барањето за потпишување договор за добрососедство, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов. Политиката на Бугарија кон Македонија останува непроменета и константна. Не еднаш сме изјавиле дека ја поддржуваме нејзината интеграција во Европската унија и НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на прашање од пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин. Тој потсети дека неколкупати изјавувале оти Бугарија е подготвена на Македонија да и даде експертска помош за да успее да постигне напредок на патот кон членство во ЕУ и НАТО. - Јасно кажавме и дека

очекуваме Македонија да ги исполни сите критериуми и услови за членство во Унијата, вклучително и принципот на на добрососедство, рече Борисов. Бугарија ќе продолжи да опстојува на неопходноста за потпишување договор за добрососедство, кој, како што посочи, останува основен приоритет. - Нашиот став е дека договорот не значи никакви дополнителни бара09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

ња кон Република Македонија и оти ќе даде дополнителна правно-задолжителна сила на политичките договори постигнати со декларацијата на премиерите од 1999 година, рече Борисов. Тој како позитивен пример ја наведе соработката на двете земји во рамки на програмата за прекугранична соработка, изразувајќи надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.


НБРМ: Според податоците на Народната банка на Република Македонија, домаќинствата односно физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд, во банките и штедилниците до крајот на 2014 година имале депозити во износ од 203.607 милиони денари. Од нив депозити во денари биле 170.521 милион, а во странски валути 115.507 милиони денари

ДЕПОЗИТИТЕ ВО БАНКИТЕ 286.028 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

С

поред податоците на Народната банка на Република Македонија, домаќинствата односно физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд, во банките и штедилниците до крајот на 2014 година имале депозити во износ од 203.607 милиони денари. Од нив депозити во денари биле 170.521 милион, а во странски валути 115.507 милиони денари. На крајот на минатата година вредноста на кредитите изнесува 255.554 милиони денари. Во денари се 199.143 милиони, а во валута 56.412 милиони денари. Задолжувањето на домаќи нствата односно физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд изнесува 107.070 милиони денари, од кои 100.743 милиони се во денари, а 6.327 милиони во странска валута. 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 Јануари 2015


Во неа граѓаните можат да добијат информација како до субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14.000 евра неповратни средства, каде има станови до 900 евра за метар квадратен, каде има плацеви за изградба на куќа. Канцеларијата има за цел максимално да ја поедностави постапката и граѓаните најбрзо да дојдат до сопствен дом

ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

ЗАПОЧНА СО РАБОТА КАНЦЕЛАРИЈАТА „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“

З

апочна со работа канцеларијата „Купи куќа, купи стан“, лоцирана во Министерството за финансии. Во неа граѓаните можат да добијат информација како до субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14.000 евра неповратни средства, каде има станови до 900 евра за метар квадратен, каде има плацеви за изградба на куќа. Канцеларијата има за цел максимално да ја поедностави постапката и граѓаните најбрзо да дојдат до сопствен дом. Канцеларијата, работи секој работен ден од 10 до 15 часот. Проектот „Купи куќа, купи стан“ е наменет за граѓаните кои го немаат решено станбеното прашање. Владата преку исплата на 50 % или 75 % од ратата или учеството на станбениот кредит им помага на граѓаните да го решат ова животно прашање. 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015


МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.

Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.

ДА СЕ ЗАПАЗАТ КАРАКТЕРНИТЕ ОСОБЕНОСТИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД


БЛАЖЕНО УПОКОЕНИОТ АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. МИХАИЛ "Желбите и настојувањата за возобновување на Охридската архиепископија тесно се поврзуваат со борбата за национална афирмација на македонскиот народ", констатирал блажено упокоениот Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Михаил, кој во книгата "Нашето свето православие" се осврнал на неколку клучни прашања од историјата на МПЦ во XX век. По Илинденското востание големите сили настојувале да ги смират страстите на македонскиот народ со ветување на разни реформи, а една од најважните

Македонските студенти собрани околу нивниот весник "Македонски глас" во Петроград - Русија, во 1913 година барале независност за својата татковина Македонија и обновување на Охридската архиепи скопија - како национална црква на слободниот и независниот македонски народ.

требало да биде и обновувањето на Охридската архиепископија - како самостојна, автокефална Македонска православна црква. Всушност, се продолжувал заветот на Крсте Мисирков, на Димитрија Чуповски и на други македонски интелектуалци и борци за национални права на македонскиот народ, кои на возобновувањето на Охридската архиепископија му давале централно место. За таа света цел, македонските студенти собрани околу нивниот весник "Македонски глас" во Петроград, Русија, во 1913 година, барале независност за својата татковина Македонија и обновување на Охридската архиепископија - како национална црква на слободниот и независниот македонски народ. Меѓутоа, неповолните политички услови за Македонија имале негативни последици врз Македонската православна црква. Со поделбата на нашата земја, на етничка Македонија, по Балканската војна, меѓу Бугарија, Грција и Србија, на македонскиот народ му биле наметнати други црковни јурисдикции,

"Прво, да се обнови Охридската архиепископија, како Македонска православна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква. Второ, да има свои народни епископи и народно свештенство за да се запазат карактерните особености на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна Црква. Трето, првиот македонски архијереј да ја носи титулата Охридски архиепископ, а Православната македонска црква да се нарекува Светиклиментова Охридска архиепископија", се потсетувал во својата книга "Нашето свето православие", блажено упокоениот Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Михаил. кои потекнуваат од соседните народи. Ваквата состојба се задржала сè до ослободувањето на Македонија и до формирањето на македонската држава.

РАЗДЕЛЕНИ ОД СТРАНА НА СОСЕДИТЕ По формирањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, на 1 декември 1918 година била создадена единствена православна црква. Освен Српската, Карловачката и Црногорската митрополија, како и православните цркви во Босна и Херцеговина, во состав на


Српската православна црква биле вклучени и епархиите од Вардарскиот дел на Македонија, кои таа й ги платила на Цариградската патријаршија. Според тоа, мнозинското население, македонскиот народ, немало своја црковна власт, туку добило одлука од страна на Патријаршискиот синод, донесена на 19 март 1920 година, која гласи: "Канонскиот ред и обичај и работите на црковната управа да се уредуваат и да се доведуваат во согласност со политичките промени кои се случуваат и според тие промени црковните работи со внимание, како што прилега, да се приспособуваат и да се распоредуваат не само заради нивното уредно и целосно изведување, туку и заради поголемата полза на Црквата и на христијанскиот народ". Другите македонски епархии биле разделени, едни биле под грчка, а други под бугарска црковна власт, при што и националната припадност на владиците била истоветна, само Грци, односно Бугари, а и владиците во македонските епархии во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, биле само Срби. Тие и нивните најблиски соработници заборавале дека треба да бидат вистински духовни пастири на Христовото духовно стадо, односно уште побезмилосно и посрамно ја продолжиле политиката на однародување и асимилација на македонскиот народ. Овие владици станале платени слуги на великогрчката, на великобугарската и на великосрпската мегаломанска политика во македонската земја, која се спроведувало и кон македонскиот народ. "Владејачките режими ги ангажирале православните цркви да им служат во

Освен Српската, Карловачката и Црногорската митрополија, како и православните цркви во Босна и Херцеговина, во состав на Српската православна црква биле вклучени и епархиите од Вардарскиот дел на Македонија, кои таа й ги платила на Цариградската патријаршија. Според тоа, мнозинското население - македонскиот народ немало своја црковна власт, туку добило одлука од страна на Патријаршискиот синод на СПЦ, донесена на 19 март 1920 година, која гласи: "Канонскиот ред и обичај и работите на црковната управа да се уредуваат и да се доведуваат во согласност со политичките промени кои се случуваат и според тие промени црковните работи со внимание, како што прилега, да се приспособуваат и да се распоредуваат не само заради нивното уредно и целосно изведување, туку и заради поголемата полза на Црквата и на христијанскиот народ".

ЗАВРШНА СЕДНИЦА НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, 3 ОКТОМВРИ 1958 ГОДИНА остварувањето на нивните нехумани и нехристијански цели среде Македонците. Тие организирале разни културнопросветни и национално-патриотски друштва во Македонија, во кои владиците и нивните најблиски свештенослужители се ангажирале во однародувањето и во асимилирањето на македонскиот народ", истакнало Неговото Блаженство Г.Г. Михаил во книгата, со што нè потсетува на денешните непроменети ставови на СПЦ. "И денес, кога овој народ има своја слобода, своја државност и своја народна автокефална Македонска православна црква и сака да ги остварува заедно со нив светите евангелски вистини, со љубов пружајќи им ја својата братска рака за измирување во името на Господа Исуса Христа и Неговата Света Црква, тие, наместо да се засрамат, да се посипат со пепел и да побараат опростување од народот, на кој многу му погрешиле, тие се трудат со сите свои сили и измислуваат безброј причини да не ја признаат автокефалната Македонска православна црква, која е верна наследничка на древната православна самостојна црква Охридската архиепископија, која многу ги задолжила сите цркви. Ваквиот став на соседните православни цркви не само што не е православен и христијански, туку не е воопшто човечен", оценил Г.Г. Михаил.

СВЕШТЕНИЧКИ ГРУПИ Македонија зеде активно учество во народноослободителната војна против окупаторот и неговите слуги, со цел да се ослободи од фашистичкиот окупатор и да се добие национална слобода, државно и црковно осамостојување. Во врска со регулирањето на македонското црковно прашање, првиот официјален акт бил донесен на 15 септември 1943 година, од тогаш формираното Верско поверенство при Главниот штаб на Македонија. Оваа одлука всушност претставува почеток за реализирање на вековната идеја на македонскиот народ за

возобновување на Охридската архиепископија. Веднаш по формирањето на Верското поверенство, на ослободената територија, во селото Издеглавје - Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир, на кој биле донесени решенија од првостепено значење за натамошната иднина на црковното управување во Македонија. Тогаш свештенството одбило да ја признае јурисдикцијата на која и да било туѓинска црква, барајќи во слободна Македонија да се обнови Охридската архиепископија, а со црковно-верскиот живот на слободниот македонски народ да раководи Македонска православна црква. Вакви иницијативи биле покренати од страна на неколку групи свештеници, кои во тогаш сè уште неослободените делови на Македонија, настојувале да бидат зачувани македонските црковни скапоцености и подготвувајќи се за создавање своја слободна татковина да се организира православна црква на македонскиот народ, на чело со владици и свештеници домородци. Една ваква свештеничка група многу активно работела во уште неослободеното Скопје и се подготвувала за големите црковни настани во слободна Македонија. Подоцна, во селото Горно Врановци Велешко, уште за време на народноослободителната борба, бил формиран Иницијативен одбор за организирање на Македонска православна црква. По ослободувањето на земјата, во него биле кооптирани уште неколку свештеници. Тој проширен Иницијативен одбор го презел црковното раководење и правел усилени подготовки за одржување на Првиот македонски црковно-народен собир. Еден од членовите на Иницијативниот одбор ги посетил сите градови во Македонија, и наместо некогашните архијерејски намесништва, во тие црковни центри биле избрани нови духовни одбори, составени од тројца свештеници и тројца мирјани. Ним им биле дадени упатства да се подготвуваат за Првиот македонски црковно-народен собир.


Другите македонски епархии биле разделени, едни биле под грчка, а други под бугарска црковна власт, при што и националната припадност на владиците била истоветна, само Грци, односно Бугари, како и владиците во македонските епархии во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, биле само Срби. Тие и нивните најблиски соработници не само што заборавале дека треба да бидат вистински духовни пастири на Христовото духовно стадо, туку уште побезмилосно и посрамно ја продолжиле политиката на однародување и на асимилација на македонскиот народ.

ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБИР За да ги реализира своите копнежи за обновување на древната Охридска архиепископија и за создавање своја автокефална народна Македонска православна црква, Иницијативниот одбор го

свикал Првиот македонски црковно-народен собир, кој се одржал на 4 и 5 март 1945 година во Скопје. На овој Собир зеле учество повеќе од 300 делегати-свештеници и мирјани. Откако бил прочитан реферат за улогата на Охридската архиепископија во историјата на македонскиот народ и биле ислушани дискусиите на бројни дискутанти, Собирот донел едногласна резолуција за идната црковна положба во слободниот дел на Македонија. "Прво да се обнови Охридската архиепископија, како Македонска православна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква; Второ, да има свои народни епископи и народно свештенство, за да се запазат карактерните особености на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна Црква; Трето, првиот македонски архијереј да ја носи титулата Охридски архиепископ, а Православната македонска црква да се нарекува Светиклиментова Охридска архиепископија", се потсетил во својата книга Г.Г. Михаил. Понатаму, во собирската резолуција се говори за тоа дека охридскиот архиепископ треба да биде хиротонисан во

ФРЕСКИ ВО ОЛТАРНАТА АПСИДА ВО ХРАМОТ "СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТОС-СВЕТИ КЛИМЕНТ" ВО ОХРИД, ЗОГРАФИ МИХАИЛ И ЕВТИХИЈ, 1925 ГОДИНА

Охрид и устоличен на престолот на охридските архиепископи, како и тоа дека за обновувањето на Охридската архиепископија треба да бидат известени сите автокефални православни цркви во светот. Имајќи ги предвид црковните канони, за возобновување на Охридската архиепископија, Црковно-народниот собир избрал нов Иницијативен одбор за организирање на Македонската православна црква, при што нему му биле дадени ингеренциите за привремена управна и законодавна власт. Во септември истата година, Српската православна црква на заседанието на својот Архијерејски синод, се изјаснила дека не може да ја признае самостојноста и независноста на Македонската православна црква, пројавувајаќи и понатаму право на црковна јурисдикција на територијата на Македонија. Таа и натаму од православниот македонски народ барала целосно починување, односно почитување на состојбите меѓу двете светски војни. По добивањето на одлуката на Светиот синод на Српската православна црква, Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква свикал широка свештеничка конференција за да го запознае македонското свештенство со негативниот став на СПЦ, против светата желба на македонскиот народ да има своја автокефална црква, за кое има историско и канонско право. Оваа конференција, на која зеле учество повеќе од двесте свештеници, била одржана во Скопје, на 9 и 10 мај 1946 година. Откако свештенството било запознато со негативниот став на Српската православна црква кон еднодушната одлука на сите православни христијани, донесена преку нивните ополномоштени делегати на Првиот македонски црковно-народен собир, по богата аргументирана и продлабочена дискусија, во атмосфера на остро негодување, македонското свештенство ја донело резолуција во која се истакнува дека Црквата во Македонија мора да има свои народни архијереји, народно свештенство, и самостојност во решавањето на сите внатрешни црковно-народни прашања. Во оваа резолуција македонските православни свештеници не отстапиле од основните барања на верниците - Македонската православна црква да го зачува својот народносен и Светиклиментовски белег. Конечното решавање на ова прашање се провлекувало сè до 1958 година.

(продолжува)


Sudstvo Со решението, осудениот се отпушта на ден 18.02.2015 година, од понатамошно издржување на казна затвор, изречена со пресуда од Основен суд Скопје 1, а времето на условниот отпуст трае до 27.06.2015 година, односно до истекот на издржувањето на казната на осуденото лице

„О В А А ОД Л У К А С УДОТ ЈА ДО Н Е С Е СОГЛАСНО ЧЛЕН 200, 201, 202 И 203 ОД ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕТО НА САНКЦИИ КАКО И ЧЛЕН 36 ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

НОВИНАРОТ КЕЖАРОВСКИ СЛОБОДЕН-ДОБИ УСЛОВЕН ОТПУСТ

К

ривичниот совет на одделението за организиран криминал го уважи предлогот на директорот на затворот „Скопје“ за новинарот Томислав Кежаровски да добие условен отпуст. Со решението, осудениот се отпушта на ден 18.02.2015 година, од понатамошно издржување на казна затвор, изречена со пресуда од Основен суд Скопје 1, а времето на условниот от-

пуст трае до 27.06.2015 година, односно до истекот на издржувањето на казната на осуденото лице. „Оваа одлука Судот ја донесе согласно член 200, 201, 202 и 203 од Законот за извршувањето на санкции како и член 36 од Кривичниот законик, бидејќи осудениот веќе издржал повеќе од половината од казната затвор, а притоа водејќи сметка за неиздржаниот дел од изречената 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

казна, дека за времето на издржувањето на казната, а особено во период додека тој бил во притвор во истата оваа установа, покажал беспрекорно и примерно поведение, како и влошената здравствена состојба на осудениот заради која со решение на Управата за издржување на санкции му е одреден прекин на издржувањето на казната затвор во траење од 30 дена“, велат од судот.


На Македонија и треба нов целосен Закон за високо образование и наука, за да се подигне квалитетот на студиите, но и достоинството на професорите и студентите. Жалиме што ова прашање не се изменаџира соодветно низ дијалог, ами се оттурна надвор на улица, стои во соопштението објавено денеска на интернет страницата на ДОМ

Д О М П Р Е Д Л А ГА П О Д Г О Т О В К А НА НОВ ЗАКОН

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

ДОМ

предлага повлекување на Законот за високо образование и подготовка на нов закон донесен по сериозни анализи и дебати низ екстензивна процедура. На Македонија и треба нов целосен Закон за високо образование и наука, за да се подигне квалитетот на студиите, но и достоинството на професорите и студентите. Жалиме што ова прашање не се изменаџира соодветно низ дијалог, ами се оттурна надвор на улица, стои во соопштението објавено денеска на интернет страницата на ДОМ. Ако на 8 јануари сепак се одржи закажаната амандманска расправа во матичната комисија, информираат од ДОМ, пратеничката Лилјана Поповска ќе образложи 15 амандмани, за да се отстранат најпроблематичните делови, а се однесуваат главно на 4 теми: Првата е ангажирање странски државјани за ректори, декани и членови на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование. Ова би било особено сензитивно, истакнуваат од ДОМ, па дури и недозволиво на хуманистич-

ките и општествените науки, особено со државјани од соседни земји. Втората тема е Државен испит по втора и четврта година студии, што според ДОМ, нема да го подобри квалитетот, а ќе ги оптовари студентите. Затоа ДОМ предлага или целосно бришење на овој испит, или барем отфрлање на полагањето во втора година, среде колоквиуми и вежби. За ДОМ посебно важно е да се избрише ставот 14 од членот 4, каде е предвидено снимање на студентите за време на полагањето државен испит, што завлегува во приватната сфера на студентите. 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

Трета тема е изедначување на условите за објавување научни трудови, бидејќи од ДОМ истакнуваат дека хуманистичките и општествените науки се во понеповолна положба од природните науки поради: помал број списанија со импакт фактор, понизок импакт фактор, помали шанси за објавување на нашите автори поради национални и регионални причини, како и условот за плаќање. Четвртата тема се однесува на номотехнички поправки и пропусти каде во членот 8, покрај „master of science“, ДОМ предлага да стои и „master of arts“.


„Неколкумесечното намалување на цените на нафтата и нафтените деривати поволно се одрази врз нашето секојдневно работење. Трошоците тесно поврзани со цената на овој енергенс значително се намалија, така што резултатот е намалување на цената на интегралниот леб „Интега“ за 3 денари. Жито Прилеп АД е првата компанија во регионот која периодов значително ја намали цената на интегралниот леб, така што сме сигурни дека ова намалување позитивно ќе се одрази и врз буџетот на граѓаните“, велат од Жито Прилеп

ОД НАЈГОЛЕМИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ЛЕБ И БЕЛИ ПЕЦИВА ВО РЕГИОНОВ ЖИТО ПРИЛЕП АД  ПРИЛЕП

ИНТЕГРАЛНИОТ ЛЕБ "ИНТЕГА" ОД ЖИТО ПРИЛЕП ПОЕВТИН ЗА ТРИ ДЕНАРИ

И

нтегралниот леб „Интега“ од најголемиот производител на леб и бели пецива во регионов Жито Прилеп АД - Прилеп, од утре поевтинува за 3 денари и ќе се продава по цена од 15 денари. „Неколкумесечното намалување на цените на нафтата и нафтените деривати поволно се одрази врз нашето секојдневно работење. Трошоците тесно поврзани со цената на овој енергенс значително се намалија, така што резултатот е намалување на цената на интегралниот леб „Интега“ за 3 денари. Жито Прилеп АД е првата компанија во регионот која периодов значително ја намали цената на интегралниот леб, така што сме сигурни дека ова намалување позитивно ќе се одрази и врз буџетот на граѓаните“, велат од Жито Прилеп. Лебот „Интега“ кој во себе содржи 15 % трици е наменет за сите оние кои практикуваат здрава исхрана и континуирано

се обидуваат да одржат витка линија и понатаму ќе тежи половина килограм. „Со задоволство напоменуваме дека при производството на леб и бели пецива применуваме проверени практики и технологии, а го имплементиравме HACCP системот за контрола на безбедност во сите прехранбени производи, што е потврдено со сертификат 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

за Систем за управување според HACCP за производство на леб согласно процедурите на сертификациската куќа TUV AUSTRIA CERT од Австрија за сертификација и проверка“, додааваат од компанијата. Со одлуката за намалување од 3 денари на интегралниот леб „Интега“, од компанијата додаваат дека ќе се помогне во семејниот буџет на граѓаните.


„Направивме огромен чекор во зацврстувањето, зачувувањето и афирмацијата на нашиот јазик и писмо што беше голем стремеж и идеал на нашите претци. Успеавме да извојуваме уште една битка, уште еден успех на меѓународен план, но за тоа беа потребни многу напорна работа, трпение и лобирање од сите субјекти вклучени во процесот“, изјави министрите за информатичко општество и администрација Иво Ивановски

М

акедонскиот јазик од денеска може целосно да биде присутен на интернет преку регистрирање кирилични веб страници со националниот домеин „мкд“, вклучувајќи ги и карактеристичните букви од азбуката – љ, њ, ѓ, ж, ч, ш и џ. „Направивме огромен чекор во зацврстувањето, зачувувањето и афирмацијата на нашиот јазик и писмо што беше голем стремеж и идеал на нашите

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД ДЕНЕСКА МОЖЕ ЦЕЛОСНО ДА БИДЕ ПРИСУТЕН НА ИНТЕРНЕТ

ОД ДЕНЕСКА РЕГИСТРИРАЊЕ ДОМЕНИ И НА КИРИЛИЦА

претци. Успеавме да извојуваме уште една битка, уште еден успех на меѓународен план, но за тоа беа потребни многу напорна работа, трпение и лобирање од сите субјекти вклучени во процесот“, изјави министрите за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Македонија стана петта земја во светот која воспоставува национален кириличен домен на кирилица, по Русија, Србија, Казахстан и Монголија. 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

Според министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, регистрацијата на кириличното„мкд“ е особено битно за младата популација која секојдевно масовно се отуѓува од стандардниот македонски јазик и кириличното писмо. „Воведувањето на домеинот „мкд“ спонтано ќе го наметне враќањето на македонскиот збор во секојдневната употреба, но и во севкупното општествено живеење“, додаде министерката.


Сеќавања

СЕДУМ ГОДИНИ ОД

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска се одбележа седумгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на Армијата на Република Македонија кои се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Воздухопловната бригада на АРМ, како и членови на семејствата на загинатите војници, положија венци цвеќе на спомен обележјата во касарната и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце

ХЕЛИКОПТЕРСКАТА

В

о касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска се одбележа седумгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на Армијата на Република Македонија кои се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Воздухопловната бригада на АРМ, како и членови на семејствата на загинатите војници, положија венци цвеќе на спомен обе-

НЕСРЕЌА КАЈ КАТЛАНОВСКО БЛАЦЕ

лежјата во касарната и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце. Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година полетаа со хеликоптерот „МИ 17“ од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула лета20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

лото го направило на шест милји од целта. Во несреќата загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.


Христово рождество е исполнување на сите човечки копнежи, пророштва и очекувања, реализирање на севкупната и неуништлива жед на човекот кон доброто. Ова се денови кога се најпотребни мир и спокојство меѓу луѓето. Главната литургија се одржа утринава во Соборниот храм во Скопје со која чиноначалствува Поглаварот на МПЦ- ОА, Г.Г. Стефан. По бадникарската вечер, славењето на Божиќ продолжува пред се во кругот на семејството, со традиционалните обичаи

„ХРИСТОС СЕ РОДИ!“  „НАВИСТИНА СЕ РОДИ!“

ХРИСТОС СЕ РОДИ -ДЕНЕСКА Е БОЖИК

„ХРИСТОС СЕ РОДИ!“ „Навистина се роди!“ Со овие зборови православните верници денес си го честитаат празникот Божиќ, раѓањето на Спасителот - синот Божји Исус Христос. Христово рождество е исполнување на сите човечки копнежи, пророштва и очекувања, реализирање на севкупната и неуништлива жед на човекот кон доброто. Ова се денови кога се најпотребни мир и спокојство меѓу луѓето. Главната литургија се одржа утринава во Соборниот храм во Скопје со која чиноначалствува Поглаварот на МПЦ- ОА, Г.Г. Стефан. По бадникарската вечер, славењето на Божиќ продолжува пред се во кругот на семејството, со традиционалните обичаи. По повод празникот, поглаварот на МПЦ, Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква Охридска архиепископија, до

свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога. Божиќ или Божик е денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Гре21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

горијанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.


Реконструкцијата на сводовите е изведена со употреба на автентични материјали, како што е локалниот песочник откриен при истражувањата, и нов малтер врз база на вар. Во изминатиот период беа реконструирани вкупно 12 од 18-те оригинални редови на театарот, а целосното завршување на проектот се очекува во текот на 2015 година

З

аврши втората фаза од проектот за конзервација, реставрација и реконструкција на источната половина од гледалиштето на римскиот театар на локалитетот Стоби, кај Градско, соопшти денеска Министерството за култура. Реконструкцијата на сводовите е изведена со употреба на автентични материјали, како што е локалниот песочник откриен при истражувањата, и нов малтер врз база на вар. Во изминатиот период беа реконструирани вкупно 12 од 18те оригинални редови на театарот, а целосното завршување на проектот се очекува во текот на 2015 година. - Паралелно со конзервацијата се одвиваа и археолошки ископувања со што беа добиени значајни податоци за изградбата на објектот, за неговото функционирање во текот на 1 и 3 век, како и за подоцнежното користење на просторот откако театарот не бил во употреба. Театарот престанал да функционира кон крајот на 4 век, по што започнало користењето на неговите ѕидови и коридори во рамките на новите доцноантички градби кои биле подигнати на овој простор, се

З А В Р Ш И В Т О РАТА Ф А З А О Д П Р О Е К Т О Т З А К О Н З Е Р В А Ц И Ј А , Р Е С ТА В РА Ц И Ј А И Р Е К О Н С Т Р У К Ц И Ј А Н А И С Т О Ч Н АТА ПОЛОВИНА ОД ГЛЕДА ЛИШТЕТО НА

РИМСКИОТ ТЕАТАР НА ЛОКАЛИТЕТОТ СТОБИ

вели во соопштението од Министерството за култура. Театарот во Стоби започнал да се гради кон крајот на 1 век од н.е., но бил целосно завршен во првата половина на 2 век од н.е. Поради дијаметарот од близу 90 метри, капацитетот за 7.600 гледачи и високиот степен на зачуваност, објектот се вбројува во редот на 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

најзначајните и секако, најграндиозните споменици на римската архитектура на територијата на некогашната провинција Македонија. Проектот за конзервација на театарот беше финансиран преку Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Министерството за култура.


С О П Р Е ТС ТА В АТА „ Ч У В С Т В О ТО Н А Б РА Д АТА " Претставата „Чувството на брадата" ја имаше својата премиера на 21 септември, а на самата премиера присуствуваше и авторот Ксенија Драгунска која е една од најпоставуваните живи автори на руската драмска сцена

ТЕАТАР КОМЕДИЈА ВО ПОДГОРИЦА

Т

еатар Комедија, замина за Подгорица каде што гостуваШе со претставата „Чувството на брадата" од Ксенија Драгунска во режија на Борис Лијешевиќ во Црногорско народно позориште. Ова гостување претставува почеток на соработката меѓу двата театри. Претставата „Чувството на брадата" ја имаше својата премиера на 21 септември, а на самата премиера присуствуваше и авторот Ксенија Драгунска која е една од најпоставуваните живи автори на руската драмска сцена. Оваа меѓународна соработка е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015


Како што и самиот режисер посочи за него режирањето на оваа претстава била вис тинска провокација и огромна чест на која со за доволство одговорил

ФАСЦИНАНТНО ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ АВСТРИСКИ Д Е В О Ј К И , К О М П О З И Т О Р К АТА И С О П Р У ГА Н А Г О Л Е М И О Т Г У С ТА В М А Л Е Р, А Л М А М А Л Е Р П Р Е Д М А К Е Д О Н С К АТА П У Б Л И К А Ќ Е ГО П Р Е РАС К А Ж АТ Н Е В Е Р О Ј АТ Н О ТА Л Е Н Т И РА Н И Т Е М И Л И Ц А СТОЈАНОВА И ЅВЕЗДА АНГЕЛОВСКА В О И С Т О И М Е Н АТА П Р Е Т С ТА В А В О РЕЖИЈА НА ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ

АЛМА МАЛЕР

Ф

асцинантно тешкиот живот на една од најубавите австриски девојки, композиторката и сопруга на големиот Густав Малер, Алма Малер пред македонската публика ќе го прераскажат неверојатно талентираните Милица Стојанова и Ѕвезда Ангеловска во истоимената претстава во режија на Васил Зафирчев. Како што и самиот режисер посочи за него режирањето на оваа претстава била вистинска провокација и ог-

ромна чест на која со задоволство одговорил. Тој посочи и дека приказната на големата Алма Малер може да биде сечија женска приказна, а токму преку истата клучни животни одговори ќе најдат сите оние кои ќе бидат дел од премиерата на 28 – ми. За сите оние кои сакаат да уживаат во една малку поинаква претстава, во една сосема уникатна интерпретација на една женска судбина со раскошни актерки од две генерации, ис24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

тата ќе можат да ја погледнат на 28 – ми месецов во Македонскиот народен театар. Костимите за претставата ги подготви македонската дизајнерка Тања Кокев, додека честа да се погрижи за авторскиот дел од музиката ја имаше Калиопи Букле. Дел од музичкиот репертоар е дело на Васил Зафирчев и Сашо Димовски, а извршен продуцент е Верче Пецева. За целосната продукција се погрижи Арт – маркетинг, а копродукцијата е на МНТ.


НА 09.01.1951 ВО СОФИЈА ПОЧИНА ВОЈДАН ПОП ГЕОРГИЕВ - ЧЕРНОДРИНСКИ Чернодрински, македонски патриот, револуционер, писател, театарски режисер, артист и основоположник на современиот македонски театар

ВЕЧНА МУ СЛАВА НА ОСНОВОПОЛОЖНИКОТ

НА СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР

Н

а денешен ден во 1951-та година во Софија умре Војдан Поп Георгиев – Чернодрински, македонски патриот, револуционер, писател, театарски режисер, артист и основоположник на современиот македонски театар. Војдан Чернодрински ги напиша првите страници на современата македонска драмска литература и ги удри темелите на македонското театарско дело. Сето тоа го стори во името на слободата на македонскиот народ. Делата на Чернодрински се непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Негово најпознато дело е драмата “Македонска крвава свадба”, што ја напиша во 1900 година, а премиерата е одржана во салонот на „Славјанска беседа“ во Софија, на 20 ноември 1900 година.

Чернодрински потекнува од свештеничко семејство. Учеше во егзархиското училиште “Свети Климент” во Охрид, а потоа образованието го продолжи во Солун. Во 1897 година беше учител во битолското 25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

село Могила, а потоа замина да студира во Грац и во Берн, во Швајцарија. Во 1900 година семејството на Чернодрински се пресели во Софија. Роден е во селото Селци, Дебарско, на 15 јануари 1875 година.


УСПЕХ НА РОМАНОТ НА ТОМИС ЛАВ ОСМАНЛИ Во категоријата „Топ 5 странски книги првпат преведени на српски“ избран е „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли кој годинава на српски го објави белградската издавачка куќа „Дерета“, преведен на српски од Зоран Ж. Пауновиќ

Р

оманот на Томислав Османли „Дваесет и првиот“ е прв меѓу петте најдобри странски книги на српски јазик, според изборот на белградскиот портал БГЕдКултур(BGEdCulture). Порталот БГЕдКултур ги објави своите рејтинзи во сите културни домени за остварувањата кои ја одбележаа 2014-та година, при што во книгоиздателската дејност на Србија направи селекција од вкупно 25 домашни и странски наслови поделени во неколку категории. Во категоријата „Топ 5 странски книги првпат преведени на српски“ избран е „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли кој годинава на српски го објави белградската издавачка куќа „Дерета“, преведен на српски од Зоран Ж. Пауновиќ. Во истата категорија селектирани се и другите новопреведени романи: „Кафка на брегот на морето“ на Харуки Мураками, „Празник во кома“ на Фредерик Бегбеде, „Светот на сцената“ на Чарли Чаплин и Дејвид Робинсон, и „Камерна музика“ на Џејмс Џојс. - Секако се издвојува романот на Томислав Османли кој со омнибус-приказната на мошне комплексен и содржаен начин ја опишал севкупната судбина којашто ја минувале сите народи низ транзицијата по распадот на Југославија, наведува белградскиот портал наменет за афирмација на културата и уменоста.

"ДВАЕСЕТ И ПРВИОТ" - НАЈДОБРА СТРАНСКА КНИГА ПРЕВЕДЕНА ВО СРБИЈА 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015


Ц Е Н ЗУ РА В Р З С К Р Б И У Т Е Х А И МАКЕДОНИЗМОТ Театарот конкурираше со една театарска премиера, со две гостувања кај Македонците во Пиринско и Тирана, како и со македонските средби „Дион-Исусови слави“ на кои со културни творби доаѓаат Македонците од соседните земји, кои оваа година требаше да се одржат по 22-ри пат...

В

о програмата на Министерство за култура на Р. Македонија за 2015, го нема Културниот центар „Скрб и утеха“, од каде реагираат дека при одлуката не биле почитувани цели 27 години исполнети со богата културна дејност. Театарот конкурираше со една театарска премиера, со две гостувања кај Македонците во Пиринско и Тирана, како и со македонските средби „Дион-Исусови слави“ на кои со културни творби доаѓаат Македонците од соседните земји, кои оваа година требаше да се одржат по 22-ри пат... Театарот „Скрб и утеха“ веќе 5 години по ред не добива средства за премиера, 7 години не може да добие средства за гостување кај Македонците во пиринско и 6 години кај Македонците во Тирана. Тихомир Стојановски 7 години по ред не може да добие подршка за авторска книга од страна на издавачката дејност при Министерството за култура, а сега после 22 години се укинува и поддршката за 22-рите „Дион-Исусови слави“...а тоа е крајно лоша порака за Македонците кои живеат вон границиве на нашата република... За жал и денес во Р. Македонија луѓето кои се посветиле на Бога и на македонската култура, се потиснуваат, не се прифаќаат и мачно добиваат средства од страна на надлежните институции...

К.Ц. СКРБ И УТЕХА НЕ ДОБИ НИТУ ЕДЕН ПРОЕКТ ЗА 2015 Театарот „Скрб и утеха“, што потоа прерасна во културен центар, е возобновен во 1988 и има 27 годишно непрекинато дејство...со: преку 30 премиери, гостување во Хрватска, Шведска, Бугарија Турција, Србија; едицијата „Лицеум“, при „Скрб и утеха“, има издадено 30-тина книги, преводи на вредна театарска литература; филмската продукција „Дион“ има скоро 200 документарни приказни, учесници на 1527 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2015

тина меѓународни фестивали... Оваа институција има блиски врски на културна размена со Македонците од егејско, пиринско, Р. Албанија и Р. Србија...а сепак не добива ниту еден проект од културната распредeлба во Р. Македонија. Тоа е чин и обид за бришење од македонската културна мапа, заради нашата македонска опредба..., стои во реакцијата од Културен центар „Скрб и утеха“.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.