Macedonian Sun
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
Година XX, Број 797, Февруари 2016
ПРЕ ДВРЕМЕНИ ДВРЕ МЕ НИ ПАРЛ АМЕ НТАРНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА 5 ЈУН ЈУ НИ И
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
ФОНДАЦИЈАТА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ СВЕЧЕНО ГИ НАГРАДИ НАЈАМБИЦИОЗНИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИ МЛАДИ КОИ СЕ НАТПРЕВАРУВАА СО СВОИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА TOEFL ИСПИТОТ ЗА 2015 ГОДИНА
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
e edna!!!
ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ: ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ДОСЛЕДНО ДА ГO ПОЧИТУВААТ ДОГОВОРOT ОД „ПРЖИНО“ Во врска со вчерашното одложување на предвремените парламентарни избори за 5 јуни, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ги повикува сите политички партии инволвирани во политичкиот договор од „Пржино“, доследно да ги почитуваат сите јавно превземени обврски, чие исполнување е дефинирано како решение за политичката криза. Според Македонската алијанса политичката криза предолго трае и истата мора да се реши со избори кои ќе бидат организирани на начин кој ќе се расчистат сите евентуални дилеми и обвинувања за наводни нерегуларности и чиј резултат ќе биде верификуван од меѓународни сојузници САД и ЕУ. „Изборите не може и не смее повеќе да се одлагаат, бидејќи тоа е погубно и за економијата и меѓународниот рејтинг на Татковината. Немаме време за губење бидејќи на нашите граници веќе тропа ризикот од растечкиот бран на мигранти. Наместо меѓусебно да се препукуваат на дневна основа и закануваат со бојкот, Македонската Алијанса ги повикува сите политички чинители вистински да се посветат на создавањето на сите неопходни предуслови за исполнување на договорот од „Пржино“. Избирачкиот список и медиуми кои од мнозинството граѓани нема да бидат оспорувани, не се важни само за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, туку се неопходни за да конечно Татковината се врати на вистинскиот и стратешки колосек“, наведува во писмената реакција Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Сите надлежни институции, Техничкиот Премиер, членовите на ДИК, Министерот за внатрешни работи, Министерот за правда, според Македонската алијанса имаат обврска да бидат ефикасни во остварувањето на целта – да ги исполнат своите обврски во интерес на Татковината и својот народ, а не водејќи се од дневно политичките интереси на партиите на кои им се блиски или припаѓаат. Изборите на 5 јуни мора да значат и конечен крај на досегашната лоша пракса да се оспоруваат и да се внесува сомнеж и недоверба во Државните институции заради нечија лична агенда. Македонската Алијанса апелира веднаш да престанат сите обиди за злоупотреба на напорите на нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ да и помагаат на Македонија да се врати на вистинскиот колосек. „Ние не сакаме да веруваме дека нивниот интерес за состојбите во Македонија може да биде заземање страна во функција на некоја политичка опција. Напротив, ние сметаме дека нашите меѓународни сојузници се повеќе загрижени за иднината на нашата Татковина од нас самите. Татковината треба час поскоро да излезе од агонијата во која се наоѓа и која го разјадува кредибилитетот на Државните институции. Сите треба да бидеме свесни дека на испит се ставени нашиот државотворен капацитет, сувереност и сопствен општествено - политички капацитет да се справуваме со кризи како самостојна и демократска земја“, додава претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасовски. Македонската Алијанса силно верува дека на 5 јуни ќе победи Македонија! „Нашата Татковина ќе продолжи да чекори по патот на економски прогрес, инвестиции и просперитетна иднина“, заклучува во писмото
\or|ija - Xorx Atanasoski
Фондација „Владеењето на повеќе јазици покрај мајчиниот е предност која ветува големи успеси, од базичната секојдневна социјализација до високо професионалните односи. Од оваа причина и со надеж за мотивација на младите да ги усовршуваат странските јазици, а особено англискиот како “светски” јазик, Фондацијата одлучи да го награди најдобриот резултат на TOEFL испитот за 2015 година
И
сполнувајќи ја својата програма за 2016 година, Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, денес во клубот Матца Екслузив свечено ги награди најамбициозните и талентирани млади кои се натпреварувале со своите резултати на TOEFL испитот за 2015 година. „Владеењето на повеќе јазици покрај мајчиниот е предност која ветува големи успеси, од базичната секојдневна социјализација до високо - професионалните односи. Од оваа причина и со надеж за мотивација на младите да ги усовршуваат странските јазици, а особено англискиот
како “светски” јазик, Фондацијата одлучи да го награди најдобриот резултат на TOEFL испитот за 2015 година. Добивме 20 апликации со исклучително добри резултати, од кои најдобриот беше со освоени неверојатни 119 од 120 можни поени на Сара Андреевска“ - најави Јана Бурчевска претставник на фондацијата. Потврда за правичниот избор за доделување на наградата дополнително го потвр-
И С П О Л Н У В А Ј Ќ И Ј А С В О Ј АТА П Р О Г РА М А З А 2016 ГОД И Н А
ФОНДАЦИЈАТА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОВСКИ СВЕЧЕНО ГИ НАГРАДИ НАЈАМБИЦИОЗНИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИ МЛАДИ КОИ СЕ НАТПРЕВАРУВАА СО СВОИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА TOEFL ИСПИТОТ ЗА 2015 ГОДИНА
ди фактот дека Сара моментално е на студии во Милано што е уште една потврда за нејзината упорност, посветеност и амбиција. Не беа заборавени ни останатите учесници, присутни на доделувањето, кои добија благодарници за учеството и постигнатиот успех, со порака да продолжат со исто темпо да се надградуваат себеси. Претставниците на фондацијата ја најавија и следната активност, и воедно по03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
викаа на учесво на конкурс за најдобар есеј на англиски јазик на тема Ask not what your country can do for you, but ask what you can do for your country. За крај на кратко се обрати и основачот на Фондацијата, Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, кој истакна дека посебно му е драго што има можност да помага на млади и амбициозни луѓе од Македонија, бидејќи смета дека тие се иднината за просперитет на татковината.
„Без прочистен избирачки список и без реформи во медиумите не може да има фер и кредибилни избори и тоа го потврдила меѓународната заедница. СДСМ не гласала за едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за распуштање на Собранието на 18 јануари и затоа и нема да гласаат и сега за одложување на изборите“, додаде Сугаревски есет минути пред да се распушти Собранието и предвремените избори да се оддржат на 24 април, пратениците со 83 гласа „за“ и 3 „против“, ја укинаа одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари. Пратениците од коалицијата предводени од СДСМ не гласаа за овој закон. Координаторот на опозициската партија Горан Сугаревски истакна дека тоа е уште еден пораз на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи се покажало дека нема услови за фер и демократски избори. „Без прочистен избирачки список и без реформи во медиумите не може да има фер и кредибилни избори и тоа го потврдила меѓународната заедница. СДСМ не гласала за едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за распуштање на Собранието на 18 јануари и затоа и нема да гласаат и сега за одложување на изборите“, додаде Сугаревски. Координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски истакна дека е срам за една политичка партија да бега од избори и да се радува за тоа. „Ниту еден меѓународен посредник и измислен пријател нема да ги заштити СДСМ од
П А Р Л А М Е Н Т О Т Ј А П Р Е И Н АЧ И О Д Л У К АТА З А Н Е Г О В О РА С П У Ш ТА Њ Е
ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ
Д
волјата на народот. Народот ќе си дојде по своето и ќе го врати суверенитетот на државата“, додаде Димовски. Талат Џафери од ДУИ, истакна дека пратениците од ДУИ, како и на 18 јануари, по договор на лидерите на политичките партии и под надзор на меѓународната заедница го преземаат овој чекор со цел да се излезе од политички 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
хаос во земјата и затоа ќе дадат поддршка и на оваа одлука. После полноќ пратениците со 73 гласа „за“ и 7 „воздржани“ ги усвои измените на Изборниот законик, предвремените парламентарни избори да се одржат на 5 јуни 2016 година. Согласно измените, Собранието ќе се распушти на 7 април, односно 60 дена пред изборим.
ЗАЕВ: Според американскиот амбасадорот Џес Бејли, ако секој работи напорно и игра според правилата изборите на 5 јуни може да бидат кредибилни и да ја придвижат Македонија напред во надминување на политичката криза. Во врска со реформите во медиумите, амбасадарот истакна дека тие не се клучни само за изборите, туку мора да се спроведат во интерес на целото општество
ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ Е УШТЕ ЕДЕН ПОРАЗ НА ГРУЕВСКИ - ГРУЕВСКИ: НА 5 ЈУНИ ЌЕ СЕ ВИДИ КОЈ Е ПОБЕДНИК, А КОЈ ПОРАЗЕН
О
длуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за одложено распуштање на Собранието, е уште еден пораз на Никола Груевски“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев додавајќи дека Груевски ја признал својата лична одговорност дека нема услови за фер и слободни избори на 24 април. Според него потврдата од ЕУ и САД, меѓународните гаранти на Договорот од Пржино, дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за Резолуцијата во Европскиот парламент, покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината на Македонија. “До 5 јуни може да глумите победници, но тогаш ќе видите кој е победник“, му порача на лидерот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција во партиското седиште одржана еден час после полноќ. Според Груевски нема да има ново одложување на изборите, а на 5 јуни ќе има избори со или без СДСМ. Според американскиот амба-
садорот Џес Бејли, ако секој работи напорно и игра според правилата изборите на 5 јуни може да бидат кредибилни и да ја придвижат Македонија напред во надминување на политичката криза. Во врска со реформите во медиумите, амбасадарот истакна дека тие не се клучни само за изборите, туку мора да се спроведат во интерес на целото опш05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
тество. „Како медиумите и медиумската сфера ќе бидат оценети зависи од тоа како ќе ја извршат својата задача, како ќе ги покријат овие многу битни избори. Сите вие потпишавте Етички кодекс и затоа најважно ќе биде како ќе ја завршите вашата работа и да им помогнете на македонските граѓани да бидат информирани“, додаде Бејли.
ИВАНОВ: „Имаме неодговорното однесување на поединци и политички партии, кои само ја усложнуваат состојбата во Република Македонија, како и од нивното отсуство на чувство за државност во моменти кога како држава, регион па и Европа, се соочуваме со бегалска и мигрантска криз“, изјави Иванов додавајќи дека не очекува уше поголем бран на бегалаци и дека е неопходно институциите да се посветат на справување со безбедносните предизвици и да нудат решенија, а не дополнително да ги комплицираат состојбите
T
реба да се стави крај на политичката криза, за да имаме Влада со целосен политички легитимитет и институции кои ќе можат да се справат со безбедносните предизвици кои ја очекуваат Република Македонија, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Според него политиката бара и одговорно однесување на секој поединец и на секој што е вклучен во носењето одлуки од интерес за сите граѓани.
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА
„Имаме неодговорното однесување на поединци и политички партии, кои само ја усложнуваат состојбата во Република Македонија, како и од нивното отсуство на чувство за државност во моменти кога како држава, регион па и Европа, се соочуваме со бегалска и мигрантска криз“, изјави Иванов додавајќи дека не очекува уше поголем бран на бегалаци и дека е неопходно институциите да се посветат на справување со безбедносните 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
предизвици и да нудат решенија, а не дополнително да ги комплицираат состојбите. „Нашите институции наместо да се преокупирани со тие безбедносни ризици и прашања, ние се трошиме во меѓусебни расправии, деструктивно однесување и дури, дозволете ми да кажам, гнасно однесување на поединци кои го злоупотребуваат она што им го дале граѓаните и ги избрале на функции“, изјави претседателот Иванов.
ТИМОТ НА ЈАНЕВА Јанева посочи дека бидејќи судот не им ги доставува доказите, треба да им обезбеди просторија и пет работни дена временски рок, во кој сите обвинители на Специјалното јавно обвинителство ќе можат да дојдат во судот и ќе можат да направат увид
О
бвинителите од специјалното јавно обвинителство од денеска почнаа увид во доказите за судскиот предмет „Пуч“. Специјалната обвинителка Катица Јанева најави дека ќе се евидентираат пишаните докази, аудио-визуелни докази како и сите останати списи од предметот. Рочиште за предметот кое требаше да се одржи на 14. јануари се одложи на барање на Јанева за 2 март. Јанева посочи дека бидејќи судот не им ги доставува доказите, треба да им обезбеди просторија и пет работни дена временски рок, во кој сите обвинители на Специјалното јавно обвинителство ќе можат да дојдат во судот и ќе можат да направат увид. Во предметот „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни органи обвинети се лидерот на опозицијата Зоран Заев, контраразузнавачот Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња Верушевска, порaнешниот вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски – вработен во МВР, како и Бранко Палифров вработен во општина Струмица.
ОД ДЕНЕСКА ВРШИ УВИД ВО ДОКАЗИТЕ ЗА ПРЕДМЕТОТ „ПУЧ“
07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
Ние веруваме во правосудниот систем на Македонија и ги почитуваме сите Уставно гарантирани принципи како владеењето на правото, пресумпцијата на невиност и еднаквоста пред законите. Ова меѓу другото се наведува во писмената реакција на претседателот на Македонска Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски по повод повеќе дневната негативна кампања за Македонците кои живеат во Општината Пустец
М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А С О ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА
НЕГАТИВНАТА КАМПАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ПУСТЕЦ
М
акедонската Алијанса верува во заложбите демонстрирани од сите политички партии за доследна имплементација на највисоките светски и европски демократски придобивки во Татковината. Ние веруваме во правосудниот систем на Македонија и ги почитуваме сите Уставно гарантирани принципи како владеењето на правото, пресумпцијата на невиност и еднаквоста пред законите. Ова меѓу другото се наведува во писмената реакција на претседателот на Македонска Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски по повод повеќе дневната негативна кампања за Македонците кои живеат во Општината Пустец. Според партијата, градоначалникот Едмонд Темелко е невин се додека во фер и транспарентна судска постапка не се докаже спротивното. „Свесното креирање на атмосфера во која, заради нечии дневно политички потреби, Едмонд Темелко ќе биде однапред осуден и притоа постапката против него се става на товар на целата Македонска заедница во Пустец, е крајно разочарувачка порака до целата Македонска Дијаспора. Ние не сакаме да веруваме дека ова е продолжение на нечија стратегија постојано да се потценува, омаловажува или негира патриотизмот на Македонските иселеници. Мо-
жеме да разбереме одредени фрустрации, но оспорувањето на правото на нашите браќа и сестри Македонци, кои живеат и работат надвор од границите на Републиката, да учествуваат во општествено политичкиот живот во Татковината, со постојани иницијативи за ревидирање на правото на глас, е директен атак на Македонското национално ткиво“, наведува прет08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
седателот на Македонската Алијанса. Нашите браќа и сестри од Мала Преспа и другите региони на Албанија, според Атанасоски се вистински херои кои со свој личен пример покажуваат како се чува Македонскиот национален идентитет. „Колку некому му се допаѓало или не, Едмонд Темелко, во трет последователен мандат е на чело на Пустец, и тој заедно со сите останати Македонци од светот е неизоставен дел на Македонска борба за опстанок и зачувување на македонскиот јазик, култура и посебност“, додава Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Македонската Алијанса ги охрабрува правосудните органи во нивните напори за разоткривање на нарачателот, изведувачот, целта, причините и корисникот незаконски прислушуваните материјали, целосно расчистување на сите сомневања, обвинувања, наводи за евентуални изборни нерегуларности, како и судски епилог за сите предмети кои ја втурнаа Татковината во долготрајна политичка криза.
- На средбата членовите на ОМД изразија надеж и ги охрабрија преставниците на двете политички партии во РМ, во име на националниот интерес на државата да изнајдат сили, преку најосновните демократски процеси - дебата и компромис без посреднишство на меѓународен фактор, низ институциите на системот да се залагаат за побрзо разрешување на сите политички прашања во најкраток можен рок
С Р Е Д Б А О М Д - СО Б РА Н И С К А Д Е Л Е ГА Ц И Ј А
ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ДА СЕ РЕШИ ВО НАЈКУС РОК
ОМД
на средбата со македонската собраниска делегација, која е во посета на Вашингтон, изразила загриженост околу застојот во демократскиот развој на Македонија, партиската поделба, како и непочитувањето на институцијата Собрание од страна на двете најголеми политички партии преку, како што посочиле оттаму, нелегитимниот договор од Пржино. - На средбата членовите на ОМД изразија надеж и ги охрабрија преставниците на двете политички партии во РМ, во име на националниот интерес на државата да изнајдат сили, преку најосновните демократски процеси дебата и компромис без посреднишство на меѓународен фактор, низ институциите на системот да се залагаат за побрзо разрешување на сите политички прашања во најкраток можен рок. Само на тој начин Република Македонија ќе може да си го возврати нарушениот
меѓународен углед во светот и да се посвети темелно на Евро-атланските интеграции и членството во НАТО, се вели во денешното соопштение од ОМД. Членови на Обединетата македонска дијаспора вчера се сретнале со Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието Трајко Велјановски, потпретседателот Рената Дескоска и пратеникот Павле Саздов. Тие на средбата размениле мислења и ставови околу актуелната ситуација во Македонија, демократските процеси во државата, мигрантската криза, меѓународниот углед на Маке09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
донија и околу измените во изборниот модул за престојните избори и начинот на гласање на македонскиот граѓанин надвор од матичната држава. На средбата, од страна на ОМД било потенцирано дека таа е непартиска и невладина организација која ги застапува интересите на Македонците надвор од Македонија без разлика на партиската припадност, како и јасната определба ОМД да ги стави на распологање сите свои ресурси за промоција на државата пред НАТО самитот во Варшава, како и за анимирање на македонскиот граѓанин во странство да учествува на престојните избори.
МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.
Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.
ПО 200 ГОДИНИ ЕКНАА КАМБАНИТЕ
ВО ОХРИД
БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. ДОСИТЕЈ
С
удбината на возобновителот на Охридската архиепископија Г.Г. Доситеј почнува на планината Бистра, каде на 7. 12. 1906 г. во село Маврово се ро дил Димитар Стојковски (цивилно име). Тој е четврто дете од осумте деца на Лазар и на Софија, кои изгубиле две деца. Во 1922 година се школувал во Богословијата на СПЦ во Сремски Карловци, но само од нему познати причини (Божји сновиденија), зимата 1924 година тргнал на пат кон манастирот "Св. Богородица Пречиста", Кичевско. Негов духовен татко бил игуменот Григориј, кој го подготвувал својот штитеник за Света Гора. Улогата на игуменот Григориј ја презел игуменот Митрофан од "Хилендар", под чија закрила Доситеј ја насочил својата духовна енергија. Таму Доситеј останал до 1932 година. Неговото заминување било поврзано со потребата за дошколување во Битолската богословија, што всушност не било иницирано од него туку од епископот Николај Велимировиќ и од митрополитот Јосиф, кои мислеле дека ќе го одродат и ќе го преобразат Доситеј, а преку него ќе ја шират големосрпската пропаганда. Но, во тоа не успеале. На 12. 2. 1934 г., од страна на владиката Николај, во црквата "Св. Богородица" во Битола, Доситеј бил произведен на ераѓакон, додека на Цветници го примил еромонашкиот чин. Во 1937 г. Доситеј се обидел да се запише на Теолошкиот факултет, но не успеал, бидејќи СПЦ не му доделила стипендија. Меѓутоа, бил прифатен од епископот нишки Доситеј, кој го примил во служба, а пара-
лелно студирал на Теолошкиот факултет. Неговото Блаженство дипломирал во 1942 г. Како последица на превирањата во СПЦ, Доситеј бил отстранет од црквата и испратен да управува со патријаршискиот двор во Сремски Карловци, каде останал до 1949 г., кога на предлог на патријархот Гаврило добил титула архимандрит. За архимандрит го поставил тогашниот епископ Викентиј. Во 1951 г., без да знае патријархот Викентиј, го назначил за епископ, а хиротонијата во викарен епископ се одржала на 22. 7. 1951 г. По хиротонисувањето Доситеј веднаш сфатил која била поентата на СПЦ. Имено, патријаршискиот двор се обидувал преку него да ја спроведува старата црковна политика, односно настојувала да го врати во Македонија поранешниот омразен митрополит скопски Јосиф. Доситеј отворено се спротивставувал на ваквите намери на СПЦ, бидејќи бил свесен за неговата национална припадност и за значењето на Охридската архиепископија. Во тоа време интензивно комуницирал со Иницијативниот одбор за организирање и за формирање на Македонската православна црква, а повеќето членови во Одборот биле македонски свештеници, кои по војната останале со народот и ја споделувале неговата судбина. На иницијатива на Одборот во декември 1951 г. Доситеј ја посетил родната грутка, но со благослов на српскиот патријарх Викентиј. Тоа бил значаен датум за Македонците, бидејќи по ослободувањето во 1945 година, прв пат земјата ја посетил некој владика, Македонец.
Од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, на Светиклиментовиот престол седеле пет архиепископи, од кои четири се блажено упокоени и се наоѓаат во Небесниот Ерусалим, каде што од десната страна на Господ Бог е Исус Христос. Во оваа приказна секако најзначајно место зазема патеката на првиот Архиепископ Г.Г. Доситеј, возобновител на Охридската архиепископија. Неговото Блаженство Г.Г. Доситеј ги посетил Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и др. На средбите се разговарало за решеноста да се истрае во праведните барања за разрешување на македонското црковно прашање. Набрзо потоа Доситеј во Белград го дочекале на нож, при што најекстремен бил митрополитот скопски Јосиф.
ПРАВАТА И ОДНОСИТЕ Во преговорите меѓу Иницијативниот одбор и Српската патријаршија имало отстапки поради централниот проблем изборот на епархиски архијереји за испразнетите македонски епархии. Решително се барало Македонци епископи, а СПЦ инсистирала на враќање на нејзините стари епископи, пред сè, на митрополитот скопски Јосиф, кој инаку на овој простор бил познат како поранешен четнички војвода, кој ја споведувал големосрпската асимилаторска политика. По посетата, Доситеј и Одборот ги интензивирале контактите при што се договарале за секој чекор поврзан со црковното осамостојување и возобновување на Охридската архиепископија. Во 1957 г., во дослух со Доситеј, Одборот и СПЦ се согласиле за Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на патријархот српски Викентиј
да му се признае статус администратор на трите епархии. Наспроти ова, Синодот на СПЦ се обврзал на наредното Собрание на Светиот архијерејски собир (во мај 1958 г.) да се изврши избор на Македонци архијереји за сите три епархии. Одборот сметал дека на ваков начин ќе се оствари идејата на Првиот македонски црковен народен собир од 1945 година и на Свештеничкото собрание на македонските свештеници од 1946 година. По договорот меѓу Одборот и Доситеј во април 1958 година, во посета на Македонија била висока црковна делегација на СПЦ, која ја претставувале патријархот Викентиј, епископот Јован, епископот Хризостон и викарниот епископ Доситеј (Неговото Блаженство). За време на оваа канонска визитација било покренато македонското црковно прашање. Но, во мај 1958 г. Светиот архијерејски синод на СПЦ донел спротивни одлуки, кои не биле во согласност со изјавите на патријархот Викентиј при посетата на Македонија. По ваквиот чин на СПЦ, Одборот одлучил да свика Црковно-народен собир на кој ќе поднесе извештај за својата работа, но и да ја возобнови Охридската архиепископија. За тоа се правеле сериозни подготовки и во јули 1958 година бил свикан Собирот. Тоа било едно од најсложените прашања, кои требало да бидат во согласност со канонските правила, но и водени според желбите на народот, идниот поглавар морал да биде Македонец. Тогаш Доситеј бил најсоодветна личност, совршено минато, монашко искуство и безброј искушенија.
ЗНАЧАЈНИ ОДЛУКИ "Вториот црковно-народен собор почна во хотелот 'Орце Николов' во Охрид на 4. 10. 1958 г.", се истакнува во интервјуто на г. Доне Илиевски, кој пред не-
колку години го даде за "Македонско сонце". Тој бил активен учесник на настаните, а како поранешен потпретседател на Републичката комисија за верски прашања во Македонија дал придонес во завршувањето на црковниот процес. Но, за жал, г. Доневски веќе не е меѓу живите, меѓутоа длабоко се врежани неговите сеќавања. "Учествуваа вкупно 219 делегати свештеници и мирјани. Се поднесе извештај за работата на Иницијативниот одбор за тоа до каде е процесот за решавање на македонското црковно прашање. Одборот ја вршеше својата функција сè до донесувањето на Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и до изборот на првиот поглавар, односно сè до востоличувањето на Доситеј за поглавар на Македонската православна црква. На овој Собор во една убава атмосфера се даде полна поддршка за предлогот на Иницијативниот одбор за возобновување на Охридската архиепископија и за избор на македонски домородни епископи, а беше договорено кога ќе дојде моментот да се донесува Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија, да одиме во црквата 'Света Софија'. И така, Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија се донесе во вечерните часови во 'Света Софија' во Охрид. Во таа Одлука, меѓу другото, се наведува: 'Овој Црковно-народен собор решава да се обнови старата македонска Охридска архиепископија која беше присилно укината, а епархиите припоени кон Цариградската патријаршија во 1767 година и истата да носи назив Македонска православна црква. Според основните канонски прописи, црковните граници да се поклопуваат со државните граници. Овој Собор решава црковните граници на епархиите на Македонската православна црква целосно да се поклопу-
ваат со границите на Народна Република Македонија. Во состав на Македонската православна црква влегуваат Митрополијата скопска, епархиите Охридско-битолска и Злетовско-струмичка, со сите парохии кои се наоѓаат на територијата на Народна Република Македонија. На чело на Македонската православна црква стои митрополит, кој носи титула Архиепископ Охридски и Скопски и Митрополит Македонски. Седиштето на Митрополијата е во Скопје. Митрополитот со епархиските архијереји претставува највисока духовна власт на православната црква во Македонија. Животот и работата на македонската Митрополија, како и целиот црковен живот, ќе се одвива според Уставот и одредбите на Македонската православна црква, што овој Собор ќе ги донесе, како и според каноните на православството. Овој Собор ќе го избере првиот митрополит и епархиските архијереји на Македонската православна црква од средината на своите домашни синови, а според правилникот кој Соборот ќе го донесе'. Во оваа Одлука - се истакнува во интервјуто
"Се избакнавме со дедо Доситеј, се расплакавме. Откако се договоривме дека треба да се подготви за утрешното востоличување, јас се вратив да се видам со членовите на Иницијативниот одбор за да ги подготвиме сите работи за востоличувањето. Требаше да се подготви бела панакамилавка, требаше да се изготви панагија со ликот на Свети Климент. Тоа е архијерејска панагија, покрај крстот и панагијата со Света Богородица Марија. Сè тоа требаше ноќта да се направи и да се подготви за востоличувањето на првиот поглавар на Македонската православна црква". на Доневски - внесовме и една клаузула за која не можам да се сетам чија идеја беше. Но, бидејќи можеше да има и политички рефлекси, нормално на мене можеше да падне евентуална политичка одговорност. Заради тоа јас во прв ред требаше да водам сметка. Оттука, вметнувањето на односната клаузула беше моја формулација. Таа клаузула гласи: 'Заради одржување на црковно-канонско единство во православната црква на територијата на ФНРЈ, Македонската црква го признава патријархот на Српската православна црква како врховен поглавар на православната црква. Единството на православната црква го репрезентира патријархот'. Ова го нагласувам затоа што тоа стана основата за крајно позитивна разврска со Српската црква, зашто во 1959 година тоа беше таа клаузула што СПЦ ја прифати и донесе Одлука со која СПЦ ги прифаќа одлуките на Со-
борот во Охрид. Во Одлуката на Саборот на СПЦ, донесена во 1959 година, се вели: 'На Соборот во Охрид македонските епархии се издвоиле во самостојна Македонска православна црква, која ќе се управува по Уставот на таа Црква, а останува во канонско единство со Српската црква преку личноста на патријархот на Српската црква кој се признава за врховен поглавар'. Меѓутоа, тие во таа Одлука одат понатаму и во точка шест се наведува: 'Со оваа Одлука прописите на Уставот на Српската православна црква престануваат да важат за епархиите и архијерејите на територијата на Народна Република Македонија'. Со тој акт практично Македонската црква доби канонски отпуст од Српската црква. Ова го кажувам, зашто подоцна тоа стана камен на сопнување. По таа нивна Одлука - додава господинот Илиевски - во јули 1959 година, на патријархот му се дозволи да дојде во Македонија и да изврши хиротонија. Патријархот српски доаѓа и учествува во хиротонија на новоизбраниот архијереј за Охридско-битолската епархија, Климент. Ова се случува на архијерејска богослужба, а штом сослужуваат заедно на архијерејска богослужба, Архиепископот Македонски и патријархот српски, значи дека се признава Македонската православна црква. За Уставот на МПЦ Српската црква даде околу 50 забелешки и она што можеше канонски да се вообличи го прифативме и се изврши дополнување на Уставот на МПЦ, така што и тоа прашање се реши. Но, за многу кратко време челниците на СПЦ увидоа што значи тоа, зашто дојде патријархот, се хиротонисаа епископите, прво Климент па Наум, и се оформи највисокиот духовен орган на МПЦ - Светиот Синод. Тоа беше во 1959 година".
СОСЛУЖУВАЊЕ НА ПАТРИЈАРХОТ РУСКИ АЛЕКСИЈ И ПАТРИЈАРХОТ СРПСКИ ГЕРМАН СО АРХИЕПИСКОПОТ МАКЕДОНСКИ ДОСИТЕЈ
ИЗБОР НА ПРВИОТ ПОГЛАВАР "Откако се донесе Одлука за возобновување на Охридската архиепископија - се вели во интервјуто на г. Илиевски следна точка беше избор на поглавар на Македонската православна црква и двајца домородни епископи. Претходно се изготви нова листа на кандидати, така што се прошири листата и покрај архиепископот Доситеј, влегоа и Никола Трајковски за епископ (Климент) Охридскобитолски и Тома Димовски, кој беше избран за епископ (Наум) Злетовско-струмички. Доситеј беше предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно беше избран со титула Архиепископ Охридски и прв Митрополит Македонски. Донесувањето на двете одлуки - за возобновување на Охридската архиепископија и за избор на Доситеј за поглавар, предизвика чудесна еуфорија кај присутните. Имаше плачење, ридање, пеење - секој на свој начин го доживуваше тоа во црквата 'Света Софија' во Охрид. Тоа се случуваше по 200 години од укинувањето на Охридската архиепископија. И во една таква еуфорија, јас и прота Нестор Поповски отидовме во вилата да му соопштиме на Доситеј дека тој е избран за поглавар. Кога отидовме таму се прегрнавме, а тој се расплака. Тоа што се случуваше тогаш
во Охрид беше круна на она што толку макотрпно се работеше од 1943 па до 1958 година. И тогаш Доситеј се подготви и некаде по 21 часот отидовме во 'Света Софија'. Кога Доситеј се појави во 'Света Софија' се знаеше дека владиката доаѓа, а кога беше изборот биеја сите камбани во Охрид. Тоа беше една незаборавна атмосфера. Едноставно, сите го имавме тоа чувство дека се случува настан од историско значење. И морам да кажам дека во 'Света Софија' имаше повеќе плачење, но плачење од радост, од среќа. Сите трчаа што побрзо да бакнат нешто од одеждата на Доситеј или да го прегрнат. Таа вечер навистина останува во сеќавање засекогаш. Тука, прота Нестор Поповски на Доситеј официјално му ги соопшти Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и Одлуката за избор на прв поглавар на Македонската православна црква. Тоа беше атмосфера на радост, на извикување, нешто што е несвојствено да се случи во црква, зашто црквата си има друг ред. Но, таа ноќ во 'Света Софија' беше сè нарушено во знак на тоа големо дело што тогаш се направи".
(продолжува)
ОД ОВОЈ МЕСЕЦ „Го отворивме и рускиот пазар како стратегиски голем за нашите компании кои во текот на февруари треба да ги извезат првите количини млечни и месни производи“, изјави Поповски. Тој тврди дека Македонија е позната по квалитетните производи, но количините кои се бараат особено на големите пазари, се уште се проблем
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИЗВЕЗУВА МЕСНИ И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ВО РУСИЈА
О
д овој месец Македонија ќе почне да извезува млечни и месни производи на рускиот пазар. Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски минатата недела официјално е одобрен пласман на живина во ЕУ, а во ноември минатата година беше потпишан и Договор за извоз на смрзнато јагнешко месо во Кина. „Го отворивме и рускиот пазар како стратегиски голем за нашите компании кои во текот на февруари треба да ги извезат првите количини млечни и месни производи“, изјави Поповски. Тој тврди дека Македонија е позната по квалитетните производи, но количините кои се бараат особено на големите пазари, се уште се проблем. „Нашата цел е да им по-
могнеме на сите земјоделци да го зголемат своето производство. Така ќе можеме со количини да конкурираме, посебно на големите пазари. Максимално работиме на отворање на сите пазари кои досега беа затворени за нас. Веќе докажавме дека сме квалитетни, познати сме по 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 Февруари 2016
квалитетни, безбедни производи согласно ЕУ стандардите“, додаде Поповски. Во врска со здравствениот статус на животните и неговата следливост, Поповски е дециден дека системот на заштита функционира на највисоно ниво, согласно барањата на ЕУ.
С ТА Р Т У В А K A РА В А Н О Т Караванот секоја недела ќе посетува по повеќе општини меѓу кои Велес, Свети Николе, Пробиштип, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар
" КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ" И " КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН"
Г
раѓаните од 30 општини низ Македонија ќе може да се информираат за проектите "Купи куќа за млади" и "Купи куќа, купи стан" во рамки на презентациите што ќе се одржат како дел од караванот "Купи куќа, купи стан". Денес презентации ќе се одржат во театарот во Гевгелија, Домот на културата во Валандово и во општината во Дојран. Караванот секоја недела ќе посетува по повеќе општини меѓу кои Велес, Свети Николе, Пробиштип, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар. Покрај ова, граѓаните за овие два проекта може да се информираат и во подрачните канцеларии „Купи куќа, купи стан“ кои се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи. 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / ФеврSуари 2016
Настанот се реализира во соработка со приватната галерија Висконти од Љубљана. На оваа изложба претставена е збирка од четириесет и шест графички дела на Пабло Пикасо - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година
И
зложба на дела на авангардниот шпански сликар Пабло Пикасо, се изложени во галерискиот простор на Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот се реализира во соработка со приватната галерија Висконти од Љубљана. На оваа изложба претставена е збирка од четириесет и шест графички дела на Пабло Пикасо - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година. Во сржта на збирката се наоѓаат комплети од оригинални графики, сместени во три мапи, кои денес претставуваат ретко видени и ретко достапни дела. Пабло Пикасо создаде еден од најобемните графички опуси, кој можеби нема конкурент меѓу уметниците од 20 век. Во одредени периоди од неговиот живот, графичките записи во плоча или литографски камен се надоврзуваат како во дневник. Познато е дека како незапирлив креатор, Пикасо сакал постојано да менува и да прескокнува од
ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА Н А А В А Н ГА РД Н И О Т ШПАНСКИ СЛИКАР
ПИКАСО ВО СКОПЈЕ
една техника на друга, од цртеж на сликање, од графика на обликување предмети и скулптури. Познато е дека неговите раце никогаш не мирувале, без разлика дали е во друштво на пријателите, на ручек или на вечера, играјќи си, скоро несвесно, од случајно најдени предмети или хартии, создавал изненадувачки уметнички дела. Не е изненадување што целиот негов опус, како и неговиот богат животен пат, 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
сè уште се предмет на проучување на историчарите на уметноста, писателите и психоаналитичарите, а изложбите со неговите дела сè уште привлекуваат исклучително внимание кај публиката. Едноставно, неговите дела сè уште го развеселуваат човечкото око и зрачат со енергија полна со животна радост, која можеби е уште повидлива во неговите мали, на прв поглед помалку значајни дела.
Диригент е маестро Дорон Саломон од Израел, кој од 1994 до 1996 година беше шефдиригент и на оркестарот на Македонската филхармонија, и со кого оствари незаборавни изведби. Концертот „Клецмер фешта“, како што кажува и насловот, претстави дела инспирирани од Еврејската и од т.н. клецмер музика која пак, е фузија од ромската музика, Еврејската литургиска музика и типичните музички форми на Источна Европа
МАКЕДОНСКИОТ И СВЕТСКИ ВИРТ УОЗ НА КЛАРИНЕТ
ИСМАИЛ ЛУМАНОВСКИ И КОНЦЕРТ „КЛЕЦМЕР ФЕШТА“
М
акедонскиот и светски виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски, кој живее и твори во центарот на културата Њујорк, настапи како солист со Македонската филхармонија на концертот насловен „Клецмер фешта“, кој се одржа во Домот на АРМ. Диригент е маестро Дорон Саломон од Израел, кој од 1994 до 1996 година беше шеф-диригент и на оркестарот на Македонската филхармонија, и со кого оствари незаборавни изведби. Концертот „Клецмер фешта“, како што кажува и
насловот, претстави дела инспирирани од Еврејската и од т.н. клецмер музика која пак, е фузија од ромската музика, Еврејската литургиска музика и типичните музички форми на Источна Европа. Македонската музичка публика имаше можност да ги слушне Кончерто гросо 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
бр.1 од Ернест Блох, свитата „Маскарада“ од Арам Хачатуријан, како и македонските премиери на Увертирата на Еврејски теми оп.34 од Сергеј Прокофјев и Клецмер концертот за кларинет од младиот полски композитор со еврејско потекло Влад Мархулец, на кое солист е Исмаил Лумановски.
Во март, филмот е предвидено да земе учество и на други европски фестивали. На 5 март „До Балчак“ ќе биде прикажан во рамки на 10. Balkan Days („Денови на Балканот“), што се одржува во период од 26 февруари до 12 март во Минхен, Германија
Ф
илмот „До Балчак“ на режисерот Столе Попов, на 13 февруари имаше проекција на годинешното издание на Balkan New Film Festival, фестивал посветен на исклучителните и најнови остварувања од различни автори од Балканот којшто се одржа во период од 12-16
ФИЛМОТ НА РЕЖИСЕРОТ СТОЛЕ ПОПОВ, НА 13 Ф Е В Р УА Р И И М А Ш Е П Р О Е К Ц И ЈА НА ГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ
„ДО БАЛЧАК“ НА BALKAN NEW FILM FESTIVAL
февруари во десет градови ширум Шведска и Норвешка. Во март, филмот е предвидено да земе учество и на други европски фестивали. На 5 март „До Балчак“ ќе биде прикажан во рамки на 10. Balkan Days („Денови на Балканот“), што се одржува во период од 26 февруари до 12 март во Минхен, Германија. Освен богатата филмска програма составена од најус18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
пешните проекти од Балканот, гостите на фестивалот ќе имаат можност да уживат во богат избор на концерти, изложби, музика, театар и сл. Филмот ќе има и своја проекција во рамки на Фокусот на македонски филм, организиран во рамки на престижниот Меѓународен филмски фестивал „Febiofest“, што ќе се одржи од 17 до 25 март, во Прага, Чешка.
ВО КУЛТУРНО И Н Ф О Р М АТ И В Н И О Т Ц Е Н ТА Р ВО СКОПЈЕ ВО ИЗЛОЖБЕНИОТ САЛОН „ИМПЕРИЈАЛ 2“ Изложени се дела на 30 ликовни уметници од Македонија, Хрватска, Косово, Србија, Бугарија, Турција, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина
4. МЕЃУНАРОДНА БАЛКАНСКА ИЗЛОЖБА „МОСТ“
В
о Културно-информативниот центар во Скопје во изложбениот салон „Империјал 2“ беше отворена 4. Меѓународна балканска изложба „Мост“.На изложбата „Мост“ изложени се дела на 30 ликовни уметници од Македонија, Хрватска, Косово, Србија, Бугарија, Турција, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. На истата локација, во КИЦ, но во изложбениот салон „Империјал 1“, на 23 февруари, ќе биде отворена и изложба на слики од Фатон Криезиу од Призрен, Косово. Двете изложби ќе може да се посетат до 7 март 2016 година. 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
В О М А К Е Д О Н С К АТА О П Е РА И БАЛЕТ БЕШЕ ИЗВЕДЕН Р О М А Н Т И Ч Н О Ф А Н ТА С Т И Ч Н И О Т БАЛЕТ ВО ДВА ЧИНА Насловната улога е ја толкува примабалерината Александра Мијалкова. Солисти се Васил Чичијашвили од Грузија, Дојчин Дочев од Бугарија, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Јан Кисилев, а ќе настапи балетскиот ансамбл на МОБ
ПОВТОРНО „ЖИЗЕЛ“
В
о Македонската опера и балет беше изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“. Кореограф е Леонид Лавровски од Русија, а Оркестарот на МОБ ќе го води Бисера Чадловска. Насловната улога е ја толкува примабалерината Александра Мијалкова. Солисти се Васил
Чичијашвили од Грузија, Дојчин Дочев од Бугарија, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Јан Кисилев, а ќе настапи балетскиот ансамбл на МОБ. Балетот „Жизел“ бил праизведен во Париз во 1841 година и е меѓу ретките балети со н е п р е к и н а т а традиција на изведување. 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
Малиот формат како творечки предизвик претставувал честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 претставувала искушение и за најголемите мајстори на четката и бојата
В О ГА Л Е Р И Ј АТА Н А Ц Е Н ТА Р О Т З А К УЛ Т У РА „ М А Р КО Ц Е П Е Н КО В “ В О П Р И Л Е П , Е О Т В О Р Е Н А И З Л О Ж Б АТА
В
о галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, е отворена изложбата „Мал формат“ на која се презентирани дела кои се творечки предизвик на македонските уметници... Изложбата е во соработка со ДЛУМ. Малиот формат или поточно „Македонско ликовно творештво во мал формат“ се ползува веќе од децениски опит, етаблиран во скелетот на културните и особено ликовните случувања, во неговата годишна културна периодика и претставува светол момент во колективната меморија на скопската и пошироко македонската публика. Малиот формат како творечки предизвик претставувал честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 претставувала искушение и за најголемите мајстори на четката и бојата. Пикасо, Дали, Матис, Лотрек, Ван Гог, Гоген, сликари од сите школи и правци го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот
„МАЛ ФОРМАТ“ ВО ПРИЛЕП квадрат, и на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големото платно во помалата мерка. На изложбата, на повик упатен до интегралното членство, се одѕиваат стотина автори ( сликари, скулптори, графичари, автори со алтернативен уметнички дискурс (видео, инсталација, перформанс и сл.) Нивната бројност налага селективен одбир, при што на изложбата 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 797 / Февруари 2016
се допуштаат 50-70 автори односно дела. На изложбата „Македонско ликовно творештво во мал формат“ од самиот почеток на нејзиното етаблирање се доделуваат неколку награди кои ги носат имињата на наши заслужни автори, членови на нашата асоцијација, како што се наградата за сликарство „ Димитар Пандилов“, за графика „Драгутин Аврамовски Гуте“ и за скулптура, т.е. ситна пластика се доделува наградата „Димо Тодоровски“.