Macedonian Sun
WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION
MONTHLY EDITION
S NCE
Година XX, Број 800, Мај 2016
WEB ИЗДАНИЕ
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
"СВЕДОШТВО ЗА ЕДЕН ГОЛЕМ МАКЕДОНЕЦ"
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
e edna!!!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА СО ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА НИКОС КОSИАС ЗА ГРЧКИ „КАТИМЕРИНИ“ Македонска Алијанса му порачува на Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коsиас, конечно да престане да се однесува како да е паднат од Марс. „Јавно го прашуваме, дали Тој ќе прифати да се прекрсти и наместо Никос Коsиас да се вика Никола Коцевски? Ако е подготвен, тогаш веднаш нека го понуди тоа како една мерка од таканаречениот пакет мерки за градење доверба меѓу Македонија и Грција. Во спротивно и тој, Павлопулос и Каменос нека замолчат!“, изјави претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски реагирајќи на изјавата дадена на Грчкиот шеф на дипломатијата, Коsиас, за весникот „Катимерини“, во кое тој коментирал дека според него требало да созреат условите во Македонија за да се прифати суштински компромис. Според Атанасоски, Македонија и Македонскиот народ веќе 25 години се соочува со неодговорните, неразумни и иредентистички постапки на Грчките политички елити кои за дневно политички потреби го злоупотребуваат од нивна страна наметнатиот и ирационален спор за нашето Уставно име, што јасно и недвосмислено е потврдено и во пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. „И покрај тоа што заради Грчките блокади, Македонија не е полноправен член на НАТО Алијансата и веќе со години не ги започнуваме преговорите со Европската Унија, како народ во ниту еден момент не помисливме да подлегнеме на притисоците, да попуштиме пред тешкотиите и да се откажеме од најсветото, Македонското име и идентитет“, наведува Атанасоски во писмената реакција, додавајќи дека во Македонија никогаш нема да созреат условите за да ги исполниме барањата на Грчките политички елити. „За промена на Македонското име и откажување од Македонскиот идентитет – преговори нема и нема ни да има! Оваа хистерија кај највисоките Грчки политичари, кои се повеќе јавно не провоцираат, од најодговорните политички лидери во Татковината треба да биде сфатена како опомена. Во неколку наврати предупредивме дека постои сериозна опасност долготрајната политичка криза да биде злоупотребена за дополнителни притисоци за некакви отстапки од Македонска страна. Личните и тесно партиските интереси треба да се стават на страна и сите заедно веднаш и без калкулации да се ставиме исклучиво во функција на иднината на Татковината и нашиот народ“, истакнува Атанасоски. Македонската Алијанса искрено верува дека САД и ЕУ конечно ќе разберат дека е недозволиво и понатаму да се толерира однесувањето на Грчките политички елити по прашањето на Македонските Евроатлански интеграции. „Не може некој да ги ужива само привилегиите од членството во НАТО и ЕУ, а да нема никаква одговорност. Очекуваме дека конечно ќе се стави крај на Грчкиот иредентизам, политиките на уцени и блокади кон Македонија, кои не се во согласност со Евроатланските демократски вредности и принципи“, додава Претседателот на Македонската Алијанса,
\or|ija - Xorx Atanasoski
О РА В : „Вашата земја е специјален случај. Европската унија веќе препорача шест и пол пати да ги почнете преговорите за членство, но за жал не сме во можност да го сториме тоа. Сега треба многу сериозно да размислуваме што да направиме со оваа половинка од препораката и како да и пристапиме. За жал, останува премногу работа да се заврши“, рече Орав. Тој оцени дека Пржинскиот договор лани беше надеж за граѓаните на оваа земја и за меѓународната заедница
КРИЗАТА ПРЕДОЛГО ТРАЕ ПРЕГОВОРИТЕ ВЕДНАШ ДА ПРОДОЛЖАТ
П
олитичка криза трае предолго, нема време за губење. Останува премногу работи да се завршат“, изјави евроамбасадорот Аиро Орав на денешната традиционална средба со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ и актуелниот и поранешните вицепремиери за европски прашања, организирана од Секретаријатот за европски прашања по повод Денот на Европа. Според него потребни се тешки и сериозни одлуки кои треба да бидат донесени во најскоро време од оние што се одговорни за ситуацијата. „Вашата земја е специјален случај. Европската унија веќе препорача шест и пол пати да ги почнете преговорите за членство, но за жал не сме во можност да го сториме тоа. Сега треба многу сериозно да размислуваме што да направиме со оваа половинка од препораката и како да и пристапиме. За жал, останува премногу работа да се заврши“, рече Орав. Тој оцени дека Пржинскиот договор лани беше надеж за граѓаните на оваа земја и за меѓународната заедница. „Минатиот месец го видовме и самиот леден брег кога беше донесена одлуката за аболиција. Нема време за губење. Тешки и сериозни одлуки треба да бидат донесени денес, утре од тие што се одговорни за ситуацијата, така што заедно ќе
"
одиме напред. ЕУ е тука ако ви треба нашата помош. Ние во ЕУ исто така многу се надеваме дека оваа криза ќе биде оставена зад нас и дека ќе ги почнеме преговорите со вас кога тоа ќе биде можно“, додаде Орав. Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми изјави дека Македонија најдолго ја имплементира ЕУ-агендата од сите земји во регионот, а и не може да се сокрие дека земјата е во најкомплексна криза која е неодржлива. „Наша одговорност како политичари е што поскоро да најдеме излез од оваа политичка криза и да се вратиме на патот на ЕУ интеграцијата. Нема друга алтернатива за нашата европската иднина од 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Maj 2016
одржување веродостојни избори и широко прифатени изборни резултати, како и понатамошно агресивно имплементирање на итните реформски приоритети со што ќе го осигураме задржувањето на моментно условената препорака на ЕК“, додаде Адеми. На традиционалниот ЕУ-појадок на кој се разговарало за тоа каде е во земјата во моментов и за најзиниот напредок, присуствуваа и американскиот амбасадор Џес Бејли, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, поранешните вицепремиери за евроинтеграции Фатмир Бесими, Радмила Шекеринска, Теута Арифи, Арбр Адеми, како и претставници на ОН, на НАТО и на ОБСЕ во земјава.
ПРОМОЦИЈА „Остануваме посветени на промовирањето на Македонската култура и традиција. Нашата поддршка ќе продолжиме да ја даваме на проекти кои ќе се грижат за зачувување на македонското наследство. Фондацијата ќе ги продолжи заложбите за еднаков пристап на Македонците кои живеат во Татковината и оние надвор од границите на Македонија, особено за нашите браќа и сестри во регионот, кои секогаш ќе ја имаат нашата поддршка за зачувување на своите Македонски корени и идентитет
Ф
ондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“, денеска во Прилеп, во хотелот Сонце ГА, преку пресконференција го промовираше документарниот филм за животот и делото на основачот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски насловен „Сведоштвa за еден голем Македонец“, во кој на оригинален начин е опишан животниот пат на основачот на Фондацијата, големиот хуманист и активист, г-динот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и на неговото семејство, кое веќе со децении живее и работи во Соединетите Американски Држави. Документарниот филм како нов проект на Фондацијата има за цел на домашната, но и на меѓународната јавност, а особено на поновите генерации Македонци да им ги пренесе заложбите на основачот
П Р О М О В И РА Н
"СВЕДОШТВО ЗА
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој речиси целиот својот живот го посветил на љубовта кон Татковината и Македонскиот народ. Во присуство на своите пријатели, поддржувачи, градоначалникот на Општина Пустец, Албанија, Едмонд Темелко, како и високи претставници од општествено политичкиот живот и бизнис секторот, основачот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше директно обраќање во кое ги најави идните проекти на Фондацијата. Тоа се: зачувување на уставното име, заштита и унапредување на Македонскиот национален идентитет, како и грижа за достоинството на Македонците на сите континенти. „Остануваме посветени на промовирањето на Македонската култура и традиција. Нашата поддршка ќе продол04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Maj 2016
жиме да ја даваме на проекти кои ќе се грижат за зачувување на македонското наследство. Фондацијата ќе ги продолжи заложбите за еднаков пристап на Македонците кои живеат во Татковината и оние надвор од границите на Македонија, особено за нашите браќа и сестри во регионот, кои секогаш ќе ја имаат нашата поддршка за зачувување на своите Македонски корени и идентитет. Се разбира, не отстапуваме од нашите принципи за поддршка на развојот на Македонската демократија, почитување на човековите слободи и права, меѓуетничката толеранција, како и промоција на социјални проекти од значење на заедницата“, истакна Атанасоски. Во октомври 2015 година, свечено беше означен стартот
Д О К У М Е Н ТА Р Н И О Т Ф И Л М
ЕДЕН ГОЛЕМ МАКЕДОНЕЦ"
на Фондацијата, додека во декември 2015 година беше објавен првиот проект. Атанасоски ги најави идните активности на фондацијата каде следениот проект ќе биде насочен кон поддршка на новинарски или продуцентски проекти. „Во таа насока сакам да најавам дека еден од следните проекти на Фондацијата ќе биде насочен кон поддршка на новинарски или продукциски проекти на регионални, локални медиуми кои ќе би-
дат посветени на промоција, унапредување и заштита на македонското историско, културно наследство и идентитет. Македонската ризница на артефакти, сведоштва, судбини и историски значајни периоди е непресушен извор за нови проекти и иницијативи кои се важни за македонскиот народ. во период на сериозни предизвици за татковината, од суштинско значење е да останеме фокусирани на зачувување на македонското 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Maj 2016
уставно име и идентитет. Конечно, сакам на крајот од моето обраќање да потенцирам дека во наредниот период ќе се посветиме на промоција и унапредување и на нашите односи со Соединетите Американски Држави како најголем сојузник на Македонија. Еден од нашите следни проекти ќе биде и отварањето на American Corner тука во Прилеп, што ќе биде одлична можност за продлабочување на нашата соработка“, рече Атанасоски.
НИМИЦ: „Тажен сум поради моменталната политичката ситуација во Македонија, но факт е дека јас не гледам конструктивна улога за медијаторот на ОН околу прашањето за името се’ додека не се постави фер и демократски избрана влада во Скопје“, изјави Метју Нимиц
П
осредникот на Обединетите Нации во наметнатиот спор за името на Македонија, Метју Нимиц за ТВ Сонце изјави дека не се можни разговори за името се додека Македонија не избере стабилна влада. „Тажен сум поради моменталната политичката ситуација во Македонија, но факт е дека јас не гледам конструктивна улога за медијаторот на ОН околу прашањето за името се’ додека не се постави фер и демократски
НЕМА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ ИЗБЕРЕ СТАБИЛНА ВЛАДА
избрана влада во Скопје“, изјави Метју Нимиц. Според него лидери во Македонија треба да го постават националниот интерес на прво место, над традиционалните политики, и да земат предвид што е најдобро за народот. „Лидерите мора да покажат зрелост и мудрост и да се движат во конструктивен правец, што порано толку подобро. Навистина се надевам дека наскоро ќе се разреши моменталната политичка 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Мај 2016
безизлезност и верувам дека тоа ќе може да се стори само преку парламентарни избори кои ги исполнуваат критериумите од Пржинскиот договор. Откако ќе се постави демократски избрана влада, ве уверувам дека највисок приоритет во име на Обединетите Нации ќе ми биде повторно сериозно вклучување на меѓународните страни за да се реши прашањето за името“, истакна медијаторот Нимиц за ТВ Сонце.
ХАЈНДЛ: „Ахмети исто така ја посочи потребата за враќање на агендата за решавање на прашањето за името и го покани амбасадорот Хајндл и германската Влада енергијата да се фокусираат во тој правец, бидејќи сите нерешени прашања во земјата произлегуваат од овој проблем“, стои во соопштението од ДУИ
П
артиските лидери да преземат одговорност и да ги стават интересите на државата пред партиските, кратко изјави специјалниот пратеник на Германија Јоханес Хајндл по средбите во Тетово со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. Хајндл по разговорите со Ахмети и Тачи во нивните партиски седишта, за медиумите само рече дека неговите ставови остануваат на линија на претходните соопштенија на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Ахмети како што соопшти ДУИ му се заблагодари на Амбасадорот Хајндл за посетата и го запозна со последните случувања во земјата со што ја поздрави одлуката на Уставниот Суд. „Ахмети исто така ја посочи потребата за враќање на агендата за решавање на прашањето за името и го покани амбасадорот Хајндл и германската Влада енергијата да се фокусираат во тој правец, бидејќи сите нерешени прашања во земјата произ-
ЛИДЕРИТЕ ДА ГИ СТАВАТ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ ПРЕД ПАРТИСКИТЕ
легуваат од овој проблем“, стои во соопштението од ДУИ. За политичката криза во Македонија Хајндл разговараше и со лидерот на ДПА Мандух Тачи. ДПА соопшти дека Тачи на средбата истакнал дека причинителите на кризата ВМРОДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со еднострано и неодговорно однесување за прашања кои беа дел од преговорите и за кој требаше да се постигне консен07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Мај 2016
зус меѓу четирите најголеми политички партии, со посредство на претставници на ЕУ и САД. За политичката криза во Македонија и можностите за нејзино надминување, спрецијалниот германски пратеник вчера во Скопје разговараше и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како и со претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
„Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување“, изјави Иванов
П
ретседателот Ѓорге Иванов донел одлука за поништување на аболицијата од 12-ти Април за 22 политички најекспонирани лица од вкупно 56-мината помилувани. „Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување“, изјави Иванов. Според него ниту еден политичар не е над законот, “ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив, секој ќе одговара за своите постапки“. „Сакам да потенцирам дека искрено верував и сé уште верувам дека одлуката за помилување беше најдобрата можност за излез од политичката криза. Убеден сум дека
П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т ЃО Р Г Е ИВАНОВ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА А Б О Л И Ц И Ј АТА О Д 1 2 Т И А П Р И Л
ЗА 22 ПОЛИТИЧКИ ЕКСПОНИРАНИ ЛИЦА ИВАНОВ ЈА ПОНИШТУВА АБОЛИЦИЈАТА
без враќање на меѓусебната доверба и без помирување во која било форма, оваа криза ќе трае уште долго, што не е од интерес ниту за граѓаните, ниту 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Мај 2016
за државата. Сакам да порачам, дека како и досега, така и во иднина, секогаш сум подготвен да помогнам за надминување на кризата“, додаде Иванов.
За оваа иницијатива да се спроведе во Собранието ќе биде неопходно двотретинско мнозинство 82 гласа од вкупниот број на пратениции. ВМРО ДПМНЕ располага со 59 пратениции што покажува дека ова двотретинско мнозинство нема да биде постигнато, но за ова ќе мора да има расправа
Б А РА Њ Е Т О Н А О П О З И Ц И С К АТА П А Р Т И Ј А С Д С М З А У Т В РД У В А Њ Е Н А О Д Г О В О Р Н О С ТА Н А П Р Е Т С Е Д АТ Е Л О Т Н А Д Р Ж А В АТА Ѓ О Р Г Е И В А Н О В В Л Е З Е В О СО Б РА Н И С К А П Р О Ц Е Д У РА
ИМПИЧМЕНТОТ ЗА ИВАНОВ ВЛЕГУВА ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА
Б
арањето на опозициската партија СДСМ за утврдување на одговорноста на претседателот на државата Ѓорге Иванов влезе во собраниска процедура. По одлуката на претседателот Иванов да аболицира 56 лица, пратениците на СДСМ на 13 април покренаа иницијатива за утврдување на одговорноста на Иванов. На иницијативата се потпишаа и пратениците од ДУИ. За оваа иницијатива да се спроведе во Собранието ќе биде неопходно двотретинско мнозинство 82 гласа од вкупниот број на пратениции. ВМРО ДПМНЕ располага со 59 пратениции што покажува дека ова двотретинско мнозинство нема да биде постигнато, но за ова ќе мора да има расправа. Претседателот на Собранието е должен за оваа иницијатива да формира комисија, која за 7 дена од формирањето мора да даде извештај, а парламентот ќе мора да заседава за седум
ден од поднесувањето на извештајот. Ова значи дека пратениците ќе расправаат за оваа иницијатива, а на 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Maj 2016
седницата претседателот на државата може да одговори и писмено или лично да се обрати пред пратениците.
POZNAT FILOZOF, SOFIST, ORATOR OD MAKEDONSKOTO PLEMSTVO. @IVEEL I RABOTEL VO LEONTINA, LARISA, PELA I DRUGI GRADOVI, PODU^UVAJ]I GI FILOZOFITE VO GOVORNI[TVOTO NA DVOROT NA ARHELAJ. SE DRU@EL SO NAJU^ENITE LU\E OD TOA VREME. NEGOVA MISLA E "JAZIKOT E NAJMAL, A NAJSILEN ORGAN NA ZBOROT".
GEORGIJA - MAKEDONSKI FILOZOF (480-372 G. PRED HRISTA)
PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA
MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME
A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE
ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI
НБРМ: “По преземените мерки од страна на Народната банка, обезбедување на потребна девизна ликвидност преку интервенции на девизниот пазар и зголемување на основната каматна стапка на 3 мај годинава, движењата постепено се нормализираат, што се согледува преку континуирано намалување на побарувачката за девизи од страна на физичките лица“, се наведува во соопштението на НБРМ во информацијата објавена на својата Фејсбук страница
НАМАЛЕНА ПОБАРУВАЧКАТА НА ДЕВИЗИ ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Н
ародната банка информира дека е намалена побарувачката за девизи од физички лица, по евидентираниот висок и невообичен раст во последната недела од минатиот месец. “По преземените мерки од страна на Народната банка, обезбедување на потребна девизна ликвидност преку интервенции на девизниот пазар и зголемување на основната каматна стапка на 3 мај годинава, движењата постепено се нормализираат, што се согледува преку континуирано намалување на побарувачката за девизи од страна на физичките лица“, се наведува во соопштението на НБРМ во информацијата објавена на својата Фејсбук страница. Гувернерот на НБРМ Димитар Богов во интервју за Ројтерс дадено минатата недела рече дека речиси целосно е запрено повлекувањето на депозитите Во текот на април, се по- таков случај по повеќе гоод банките по шпекулациите влечени 1,8 отсто од депо- дини пос тојан раст на дево врска со политичката криза зитите во банките што е прв позитите. во Македонија. 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 Мај 2016
Sudstvo
У С ТА В Н И О Т С УД
Образложението за поништувањето на одлуките донесени од страна на Собранието било исто како и Одлуката за поведување на постапка за оцена на нивната уставност. „Одлуката за поништување на двете одлуки ќе стапи на сила од денот на нејзиното објавување во Службен весник“, наведуваат од Уставен. Минатата среда судиите едногласно донесоа одлука со којашто се стопираа сите изборни дејствија, односно сите акти кои произлегуваат од одлуката за распуштање на Собранието
У
ставниот суд на денешната седница ги поништи одлуките за распуштање на Собранието. Судиите едногласно ја донеле одлуката за поништување на одлуките за распуштање на Собранието на Република Македонија, едната од 18 јануари, а другата од 23 февруари 2016 година. Образложението за поништувањето на одлуките донесени од страна на Собранието било исто како и Одлуката за поведување на постапка за оцена на нивната уставност. „Одлуката за поништување на двете одлуки ќе стапи на сила од денот на нејзиното објавување во Службен весник“, наведуваат од Уставен. Минатата среда судиите едногласно донесоа одлука со којашто се стопираа сите изборни дејствија, односно сите акти кои произлегуваат
ЕДНОГЛАСНО ГИ ПОНИШТИ ОДЛУКИТЕ ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО од одлуката за распуштање на Собранието. Собранието истиот ден одржа седница на која беа направени повеќе измени и 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Мај 2016
дополнувања на закони, меѓу кои и на Изборниот законик, со што беа одложени изборите кои беа закажани за 5-ти јуни.
„АИДА“ Во Македонската опера и балет традиционално, за затворање на Мајските оперски вечери, ќе биде изведена оперската претстава „Аида“ од Џузепе Верди... Величествена церемонијалност и големо изобилство од мелодии ја возвишуваат трогателната приказна
В
о Македонската опера и балет традиционално, за затворање на Мајските оперски вечери, ќе биде изведена оперската претстава „Аида“ од Џузепе Верди... Величествена церемонијалност и големо изобилство од мелодии ја возвишуваат трогателната приказна. Приказна за забранетата
ЗА КРАЈ НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ
љубов меѓу еден генерал и една робинка во Стариот Египет. Најгранадиозната од сите опери, Аида, воедно е и длабоко лична приказна каде страста во емоциите кулминира со нашите. Настапуваат: Нашата првенка Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Maj 2016
Амнерис: Дина Хамзина (Казахстан), Радамес: Рубенс Пелицари(Италија), Рамфис: Игор Дурловски, Амонасро: Марјан Јовановски, Фараон: Кацухиро Котецу(Јапонија), Голема свештеничка: Надежда Рубен, Гласник: Марјан Николовски. Режисер е: Дејан Прошев, диригент: Иво Липановиќ (Хрватска).
СОБОРСКОТО ОРО - Освен што нашите иселеници и другите љубители на изворниот фолкор, во живо ја доживеаа изведбата на бисерот „Копачка“ и на друг пијанечки фолкор, имаа можност да уживаат во промоцијата на филмот од номинацијата во УНЕСКО, како и со презентацијата на процесот на впишување на „Копачката“ во УНЕСКО“ подготвен од моја страна, рече Стојановска
"КОПАЧКАТА" ВО БЕЛГРАД И ВО КРАЊ
Ф
оклорната група „Копачка“ од Драмче, Делчево, како носител на светското културно добро со соборското оро „Копачката“ - впишано во УНЕСКО, ја претстави Македонија на Деновите на македонска култура во Белград и во Крањ... Како што истакна Перса Стојановска, секретар на ФГ „Копачка“ за турнејата во Србија и Словенија, играорците се подготвувале подолго време со цел да го претстават светското културно наследство и фолклорот од Македонија во најдобро светло. - Освен што нашите иселеници и другите љубители на изворниот фолкор, во живо ја доживеаа изведбата на бисерот „Копачка“ и на друг пијанечки фолкор, имаа
можност да уживаат во промоцијата на филмот од номинацијата во УНЕСКО, како и со презентацијата на процесот на впишување на „Копачката“ во УНЕСКО“ подготвен од моја страна, рече Стојановска. - Во Крањ настапувме на затворањето на Деновите на македонската култура на 28 мај, додека на 30 мај во Народно позориште, сцена Раша Плаовиќ, Белград, учествуваме на „Допир 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Maj 2016
Македонија“ - Денови на македонска култура во Белград, со промоција на „Копачката“. Свои претставувања групата предвидува и во градовите Копер и МКД „Кочо Рацин“ и Јагодина и КУД Јовача Мициќ, со што ќе го разлееме орото, на повеќе места, кое ги мами присутните да допрат до дамарите на неговиот жив опстој низ вековите, истакна Стојановска.
ЕКИПА ОД НАРОДНИОТ МУЗЕЈ ВО ВЕЛЕС ВЕЌЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА Според Мидоска, на Калето на кој животот се одвивал повеќе векови, годинава се истражува средновековната населба. Истата се состоела од воена тврдина лоцирана на акрополата на која истражуваат и цивилен дел – варош лоциран во подградието на населбата
А
рхеолошка екипа од Народниот музеј во Велес веќе десетина дена работи на археолошкиот локалитет Кале кај Велес, под раковоство на археологот Анита Василкова Мидоска.. Според Мидоска, на Калето на кој животот се одвивал повеќе векови, годинава се истражува средновековната населба. Истата се состоела од воена тврдина лоцирана на акрополата на која истражуваат и цивилен дел – варош лоциран во подградието на населбата. Оваа година се продолжило со истражување на просторот на највисоката точка на насел-
ИСТРЖУВА НА ВЕЛЕШКОТО КАЛЕ
бата таканаречената Акропола или Горен Град кој со своите одбранбени бедеми претставувал последно прибежиште на населението во несигурните времиња. Годинава повторно се работи на јужниот дел од акрополата, односно сега на нејзината источна половина. - Со досегашните истражувања откриени се делови од објекти лоцирани непосредно до источниот одбранбен бедем кои веројатно имале воено-логистичка намена имајќи ја предвид функцијата на акрополата во средновековниот период кога всушност овој дел претставувал воена 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Maj 2016
тврдина. Тоа значи дека во моментов се открива средновековниот слој на градот односно периодот 12-14 век од нашата ера. Со овие истражувања ќе биде откриен поголем дел од јужната половина од акрополата и ќе се овозможи подобар увид во овој дел од локалитетот. Од движен археолошки материјал досега се пронајдени керамички садови за секојдневна употреба. Со понатамошните истражувања планирано е да се направат неколку контролни сонди, а кои ќе дадат податоци за хронологијата на егзистирањето на локалитетот.
В О К У Л Т У Р Н О И Н Ф О Р М АТ И В Н И О Т Ц Е Н ТА Р Н А Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А В О С О Ф И Ј А , Б У ГА Р И Ј А Посетителите имаат можност да погледаат ликовно-иконографски претстави на композиции од Стариот и Новиот завет, литургиски сцени, ликови на христијански великодостојници и просветители, светци и сцени од нивните житија, како и ктиторски композиции
„КОПИИ-ФРЕСКИ ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА“ В
о Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, беше отворена изложбата „Копии-фрески од колекцијата на Музејот на Македонија“ ...Колекцијата, која се состои од 240 копии е формирана во текот на годините како еден вид музејска документација на фрески од македонските цркви и манастири. Копирани се иконографски претстави од големо културно и историско значење, кои придонеле монументалното сликарство на Македонија да најде значајно место во антологијата на византиската уметност. Во рамките на изложбата поставени се 22 копии-фрески датирани од периодот на X до XIV век, како избор од цркви што претставуваат најзначајни остварувања на зрелата византиска архитектура во Република Македонија. Посетителите имаат можност
да погледаат ликовно-иконографски претстави на композиции од Стариот и Новиот завет, литургиски сцени, ликови на христијански великодостојници и просветители, светци и сцени од нивните житија, како и ктиторски композиции. Уметниците кои ги создавале копиите на иконографските претстави во нивните оригинални димензии и колорит, во 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 800 / Мај 2016
техника масло на платно, се Здравко Блажиќ, Љубодраг Маринковиќ – Пенкин, Ганчо Бошковски, Спасе Спировски, Никола Цонев и Владо Деловски. Благодарение на нивниот талент, ентузијазам и нивните вешти раце, сочувани се од заборавот некои неповторливи претстави од византиското фреско-сликарство.