801

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 801, Јуни 2016

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ТРИБИНА НА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ЗА ПАТРИОТИЗМОТ И ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО

ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО - РЕШЕНИЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА

КУРТ ВОКЕР

ИЗЛЕЗОТ ОД КРИЗАТА Е ПРЕКУ ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ЈА ПОЗДРАВУВА ОДЛУКАТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Јавен повик за конечна разрешница на политичката криза Во врска со дополнителната неизвесност за можноста преку вистински политички дијалог да се изнајде конечно решение на долготрајната политичка криза во Татковината, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, упатува уште еден јавен повик: Нашата Татковина е соочена со предизвик да се справи со можеби најдлабоката политичка криза во својата понова историја. Македонското национално ткиво се дели во зависност од своето идеолошко убедување, политичкиот раздор е се подлабок, економската неизвесност создава немир и паника кај Македонските граѓани. Политичката агонија предолго трае, а најодговорните политички лидери како да не се свесни за можните негативни последици за иднината на Татковината. Инволвираните политички страни, чии лидери се потписници на договорот од Пржино, не покажуваат добра волја за прифаќање на препораките и апелите на нашите меѓународни сојузници. Однадвор се добива чувство дека најодговорните политичари, наместо да водат грижа за иднината на Татковината, се занимаваат исклучиво со своите лични и тесно партиски интереси. Земајќи предвид дека политичката криза внесе зла крв меѓу народот, се се организираат улични протести, вандализам, агонијата континуирано го нагризува кредибилитетот на Државните институции, дијалогот меѓу партиите нема забележителен напредок што дополнително ја влошува состојбата, потребни се конкретни и вистински чекори. Прво, најодговорните политички партии треба веднаш и неодложно да ги поздрават, признаат и уважат напорите на нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ за враќање на Македонија на вистинскиот колосек. Погубно е за иднината на Татковината е да се инвестира во создавање перцепција дека нивниот интерес за состојбите во Македонија може да биде некаков меѓународен заговор. Второ, сите потписници на договорот од Пржино, не декларативно, туку со конкретни чекори да се усогласат за целосно спроведување на обврските кои сами ги прифатија во преговорите за конечна разрешница на политичката криза. Ако навистина се посветени на иднината на Татковината брзо ќе креираат соодветни механизми за враќање на довербата во Избирачкиот список и обезбедување на медиумска платформа која ќе овозможи сигурност за фер кампања. Неспорно е дека крајниот излез за кризата се парламентарните избори, но тие мора да бидат организирани на начин со кој ќе се расчистат сите евентуални дилеми и обвинувања за наводни нерегуларности и чиј резултат ќе биде верификуван од нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ. Трето, сите општествено – политички чинители во Татковината треба веднаш да престанат со јавни прозивки, притисоци и меѓусебни закани, инволвирајќи ги Уставниот Суд, Специјалното Обвинителство, Основните, Апелационите, Врховниот Суд, Јавното Обвинителство и останатите Државни институции. Партиите мора да разберат дека правната сигурност, владеењето на правото, заедно со враќање на довербата во институциите е заедничка обврска. Впрочем, сите треба да бидеме свесни дека на испит се ставени нашата државотворност, сувереност и сопствен општествено - политички капацитет да се справуваме со кризи како самостојна и демократска земја. Доста е од префрлање на топката во туѓиот двор. Наместо закани за повторна радикализација, треба да се стои на зборот, да се преземе одговорност и да се демонстрира волја за конечна разрешница на политичката криза. Додека ние внатре си ги вадиме очите, некој од надвор ја чека својата шанса, како народ да не уценува да се откажеме од најсветото, името и идентитетот. Тоа не смееме да го дозволиме! Македонија мора да победи! Македонија ќе продолжи да чекори по патот на економски прогрес, инвестиции и просперитетна иднина! Бог да ја чува нашата Татковина!

\or|ija - Xorx Atanasoski


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во неколку наврати оценивме дека, без да навлегуваме во неговите мотиви, непромислениот потег на Претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, наместо да го олесни решавањето, уште повеќе ја продлабочи политичката криза. Сепак создавањето на правна можност за повлекувањето на аболицијата, влева надеж дека политичкиот дијалог може да стане продуктивен

ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА

П

о повод годишнината од политичкиот договор од Пржино, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го изјавува следното: Македонската Алијанса останува на јавно прокламираните заложби дека политичкиот договор од Пржино претставува решение за излез од долготрајната политичка криза, затоа што е создаден со учеството на четирите најголеми политички партии и верификуван со потписите на нивните лидери. Една година од неговото потпишување и имплементација е доволен период за да се увидат ефектите, да се детектираат и отстранат сите евентуални слабости. Без разлика што последната фаза од договорот од Пржино – предвремените избори се одложија, нема сомнение дека општиот впечаток на внатрешната и меѓународната јавност дека овој политички договор е жив и останува добра основа на нормализирање на состојбите во Татковината. Во неколку наврати оценивме дека, без да навлегуваме во неговите мотиви, непромислениот потег на Претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, наместо да го олесни решавањето, уште повеќе ја продлабочи политичката криза. Сепак создавањето на правна можност за повлекувањето на аболицијата, влева надеж дека политичкиот дијалог може да стане продуктивен. Актуелната

Влада покажува подготвеност да влезе во процес на сериозни реформи во сите чувствителни области, притоа, опозицијата и граѓанскиот сектор целосно да се вклучат во создавањето на нови демократски механизми за општествено - политичка инклузивност на повеќе нивоа. Тоа треба да се земе предвид чекор напред во имлементацијата на договорот од Пржино. Ги поздравуваме напорите на нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ да и помогнат на Татковината да се врати на вистинскиот колосек. Наша заедничка обврска е да ги создадеме сите неопходни предуслови за конечно да излеземе од агонијата во која се наоѓаме и која го разјадува кредибилитетот на Државните институции. На испит се ставени нашиот државотворен капацитет, сувереност и сопствен општествено - политички капацитет да се справуваме со кризи 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

како самостојна и демократска земја. Сите одговорни политички партии и лидери треба да станат свесни дека секогаш постои закана нашата внатрешна слабост да биде искористена како оружје со кое ќе се засилат уцените, заканите и непристојните предлози да се откажеме од најсветото – Македонското име и идентитет. Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува сите политички партии инволвирани во политичкиот договор од „Пржино“, доследно да ги почитуваат сите јавно превземени обврски, чие исполнување е дефинирано како решение за состојбите. Политичката криза мора да се реши со избори кои ќе бидат организирани на начин кој ќе се расчистат сите евентуални дилеми и обвинувања за наводни нерегуларности и чиј резултат ќе биде верификуван од нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ.


ТРИБИНА На Академијата свое учество зедоа градоначалникот на општина Прилеп, гдинот Марјан Ристески, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, г-динот Тодор Петров, како и високи претставници од општествено политичкиот живот и бизнис секторот

Ф О Н Д А Ц И Ј АТА „ Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ В О ХО Т Е Л О Т С О Н Ц Е ГА , О Р ГА Н

ТРИБИНА НА ЗА ПАТРИОТИЗ

Ф

ондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“, на 11 јуни во Прилеп, во хотелот Сонце ГА, организираше научна Академија на која се разговараше за патриотизмот и велепредавството во Македонија. На Академијата свое учество зедоа градоначалникот на општина Прилеп, г-динот Марјан Ристески, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, г-динот Тодор Петров, како и високи претставници од општествено политичкиот живот и бизнис секторот. Основачот на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше свое писмено обраќање кое ви го пренесуваме во целост: „ Како Македонец кој долго време живее и работи во дијаспората навистина ми значи кога луѓето во мојата Татковина го препознаваат и вреднуваат мојот труд да вложам и да се посветам во нашата родна грутка. Поради тоа навистина бев почестен кога ја добив поканата да

учествувам на оваа научна академија и сакам да искажам големо жалење бидејќи неможам да присуствувам. Светата земја македонска е вековна, таа живее во секој стих, во секој камен, во секое македонско огниште. Нашата држава е доказ дека кога е нешто свето никој не може да го сотре. Многумина низ историјата пробувале да ја прекројуваат македонската историја и култура, но мудриот македонски народ ја знаел тајната за тоа како да ја заштити и зачува оваа земја исконска. Народот тука е во Татковината вкоренет и како 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

јастреб мудар е свесен дека треба да ја чува од непријателите, затоа што имаме наследено нешто што е од непроценливо значење. Секој од нас, а особено оние кои што успеале надвор од границите на Татковината имаме обврска и патриотска должност да се вложиме и посветиме во борбата за подобра иднина на Македонија и македонскиот народ. Низ вековите како народ многу често била тестирана нашата издржливост, заради што сме минувале низ многу премрежја. Благодарение на нашата мудрост речиси


А Т А Н А С О С К И “, Н А 1 1 Ј У Н И В О П Р И Л Е П , И З И РА Ш Е

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА МОТ И ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО

секогаш сме биле доволно силни да одговориме на искушенијата за оспорување на нашиот идентитет и предизвиците за опстојување како Држава. За жал и денес, некој се обидува да се присили и принуди да се откажеме од најсветото, Македонскиот идентитет и име. Ја користам приликата да упатам една многу јасна

порака. Преговори за името и идентитетот не може да има. Сакаме да станеме дел од Европската Унија и НАТО Алијансата, ама не по секоја цена. Никогаш нема да бидеме подготвени да се жртвуваме и обезличиме како нација. Многу луѓе, херои, го дале својот живот за Македонија. Ние не смееме да ги разочараме генерациите Македонци кои 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

доаѓаат. Затоа браќа и сестри македонци бидете горди и со високо крената глава чувајте го она што е наше. Чувајте ја нашата татковина а единството нека ни биде врзовното ткиво бидејќи резервна татковина немаме. Јас силно верувам дека Македонија ќе победи. “ се вели во обраќањето на г-динот Атанасоски.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во името на Дијаспората и Македонската Алијанса ја поздравувам одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов целосно да ја повлече аболицијата

ЈА ПОЗДРАВУВА ОДЛУКАТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА

П

о повод одлуката на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, целосно да ја повлече аболицијата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го изјавува следното: Во името на Дијаспората и Македонската Алијанса ја поздравувам одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов целосно да ја повлече аболицијата. Со овој чекор се создаваат основните предуслови за нормализирање на политичката состојба, намалување на тензиите преку враќање на кредибилитетот на државните институции во насока на обезбедување на владеење на правото и еднаквост пред законите како темелни вредности на Уставот на Татковината. Дополнително, со чинот на целосно повлекување на аболицијата уште еднаш го потврдуваме нашето стратешко партнерство со нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ кои не подржуваат на нашиот пат кон Евроатланските интеграции. Оттука, недвосмислено јасно е дека политичкиот договор од „Пржино“ претставува платформа за излез од долготрајната политичка криза, затоа што овој договор е постигнат со учеството на четирите најголеми политички партии и верификуван со потписите на нивните лидери.

Подготвеноста на актуелната Влада да влезе во процес на сериозни реформи во сите чувствителни области нотирани во Извештајот на Рајнхард Прибе, треба да се поздрави како чекор напред во имлементацијата на обврските од „Пржино“. Притоа, повикот до опозицијата и граѓанскиот сектор целосно да се вклучат во создавањето на нови или подобрувањето на постоечките општествено – демократски механизми, мора да биде прифатен без предрасуди. Преку искрен и одржлив политички дијалог треба да се создадат сите неопходни предуслови за конечно Татковината да излезе од агонијата во која се наоѓа подолг период. 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

Политичката криза ќе се реши со избори кои ќе бидат организирани на начин кој ќе ги расчисти сите евентуални дилеми и обвинувања за наводни нерегуларности и чиј резултат ќе биде верификуван од нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ. Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува сите политички партии инволвирани во политичкиот договор од „Пржино“, да се однесуваат одговорно и да земат предвид дека секогаш постои реална закана нашата внатрешна слабост да биде злоупотребена како оружје со кое ќе се засилат уцените, заканите и непристојните предлози да се откажеме од најсветото – Македонското име и идентитет.


ЈОХАНЕС ХА ЈНД Л: Специјалниот пратеник на германскиот шеф на дипломатијата Франк Валјтер Штајнмаер, Хајндл истакна дека Договорот од Пржино треба да се реафирмира бидејќи обезбедува рамка за процесот на реформи за излез од кризата, посочувајќи три точки што треба да се спроведат без одложување

И

злезот од политичката криза е содржан во Договорот од Пржино, кој треба да се одблокира и реафирмира, истакна денеска специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл, по средбите со македонските политички лидери. Специјалниот пратеник на германскиот шеф на дипломатијата Франк Валјтер Штајнмаер, Хајндл истакна дека Договорот од Пржино треба да се реафирмира бидејќи обезбедува рамка за процесот на реформи за излез од кризата, посочувајќи три точки што треба да се спроведат без одложување. – Прво - партиите треба да се договорат за датумот за изборите и да го направат тоа што е потребно за спроведување слободни и фер избори. Второ - на Специјалното јавно обвинителство мора да му биде овозможено да работи без пречки и трето партиите мора да се договорат без одложување за спроведување на реформите нотирани во извештајот на Прибе. Потребно е лидерите на

ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО ТРЕБА ДА СЕ РЕАФИРМИРА ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА

партиите да го стават интересот на земјата на прво место и да ги спроведат потребните реформи – подвлече Хајндл. Специјалниот германски пратеник за Македонија уште 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

еднаш ја поздрави одлуката на претседателот Иванов за целосно поништување на аболицијата, што овозможи посветување на клучните прашања за иднината на земјата.


КУРТ ВОКЕР Излезот е преку избори. Важно е да има влада која ќе има обновена доверба од граѓаните. Тоа би бил можен излез од кризата. Но, патот до таму нема да биде лесен, вели Вокер во изјава за Гласот на Америка. Тој истакна дека сега дека откако аболицијата е укината, секој е предмет на истрага, а сега е важно се создаде процес за кредибилни избори, да се прочисти избирачкиот список и да се создадат севкупни услови за избори, кои ќе се одржат на слободен и транспарентен начин

ИЗЛЕЗОТ ОД КРИЗАТА Е ПРЕКУ ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ

Р

ешение на длабоката криза во која се наоѓа Македонија е можно само преку гласачите, кои ќе го имаат последниот збор за иднината, смета Курт Вокер, извршен директор на Институтот Мекејн и поранешен амбасадор на САД во НАТО. Излезот е преку избори. Важно е да има влада која ќе има обновена доверба од граѓаните. Тоа би бил можен излез од кризата. Но, патот до таму нема да биде лесен, вели Вокер во изјава за Гласот на Америка. Тој истакна дека сега дека откако аболицијата е укината, секој е предмет на истрага, а сега е важно се создаде процес за кредибилни избори, да се прочисти избирачкиот список и да се создадат севкупни услови за избори, кои ќе се одржат на слободен и транспарентен начин. Партиите и лидерите кои ќе победат на тие избори ќе бидат оние кои ќе ја извадат земјата од кризата во која е западната, заклучи Вокер. 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016


МИНИСТЕРОТ ЈОЛЕВСКИ ВО САД: Упатувањето покана на Самитот во Варшава за Македонија во НАТО ќе помогне за јакнење на мерките на доверба со нашиот јужен сосед, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски кој во Вашингтон учествуваше на конференцијата „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“ на третиот панел посветен на „Иднината на проширувањето: Дали вратите на НАТО се уште се отворени“

ПОКАНАТА ЗА НАТО ПОТТИК ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ГРЦИЈА

У

патувањето покана на Самитот во Варшава за Македонија во НАТО ќе помогне за јакнење на мерките на доверба со нашиот јужен сосед, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски кој во Вашингтон учествуваше на конференцијата „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“ на третиот панел посветен на „Иднината на проширувањето: Дали вратите на НАТО се уште се отворени“. За нас членството во НАТО е како двонасочна авенија. Од една страна ние даваме поддршка на НАТО и нашите сојузници во напорите за воспоставување мир и стабилност на други места во светот, а од друга страна нашите војници се стекнуваат со многу големо искуство. Тоа се покажа и при справувањето со мигрантската криза, изјави Јолевски. Во своето обраќање на панелот Јолевски истакнал дека изминатите две декади Македонија докажа дека од консумент стана земја која придонесува за светскиот мир и безбедност.

Хаки Абази програмски директор за Западен Балкан при Фондацијата на браќата Рокфелер рече дека ова е историска можност да се заштити тоа во што е вложувано последниве 15 години на Балканот, да се покаже дека демократијата може да се развива во Балканот, но и заради безбедноста на Европа. Тој додаде дека на претстојниот самит во Варшава најнапред треба да се прослави приемот на Црна Гора и да се покани Македонија. Пред почетокот на Конферен09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

цијата Јолевски имал средба со претставници на бордот на Атлантскиот совет, со министрите за одбрана на Црна Гора и на Грузија, со грузискиот министер за надворешни работи и со неколку амбасадори на која се разговараше за потребата процесот на проширување на НАТО да продолжи. Притоа тој ја поздравил иницијативата на Атлантскиот совет да се отвори дискусија за проширувањето на НАТО во Вашингтон, еден месец пред Самитот во Варшава, соопшти Министерството за одбрана.


KRAL, VOIN, DIPLOMAT I OSNOVOPOLO@NIK NA SILNA MAKEDONSKA DR@AVA I FALANGA SO KOJA VOJUVAL ZA OBEDINUVAWE NA MAKEDONSKITE PLEMIWA, PRENESUVAJ]I MU GI VOENITE VE[TINI NA SINOT ALEKSANDAR.

FILIP II MAKEDONSKI (TATKO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI) (382-336 G. PRED HRISTA)



PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA

MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME


A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE

ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI


П Р О Г Н О З А Н А С В Е Т С К АТА Б А Н К А Во наредните две години прогнозата за растот на македонската економија е четири отсто, а како ризици во Извештајот се наведени политичката несигурност и мигрантската криза. Во земјите од регионот, СБ годинава предвудва раст на економијата на Албанија од 3,2 проценти, на БиХ 2,6 отсто, Бугарија 2,2 отсто, Хрватска 1,9 отсто, Косово 3,6 и Србија 1,8 отсто

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ ОД 3,7 ОТСТО

С

ветска банка во најновата прогноза за растот на економија предвидува дека Македонија и Црна Гора годинава ќе имаат највисок раст во регионот од 3,7 отсто. Во наредните две години прогнозата за растот на македонската економија е четири отсто, а како ризици во Извештајот се наведени политичката несигурност и мигрантската криза. Во земјите од регионот, СБ годинава предвудва раст на економијата на Албанија од 3,2 проценти, на БиХ 2,6 отсто, Бугарија 2,2 отсто, Хрватска 1,9 отсто, Косово 3,6 и Србија 1,8 отсто. Светската банка во извештајот ја намали прогнозата за растот на светската економија, предвидувајќи раст од 2,4 отсто исто како и минатата година. Во јануари прогнозите беа за 2,9 отсто. 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 Јуни 2016


Sudstvo Одлуката за мерка претпазливост за петте осомничени била донесена по анализа на нивната здравствена состојба и по разгледувањето на нивните семејни и материјални околности, нивниот работен статус, какви планови имале за патување и дали имало можност за бегство или влијание врз сведоци. Од моментот кога обвинителот доби потврда од МВР дека сите докази се обезбедени одлучи да го замени предлогот за обезбедување мерка притвор во мерки за претпазливост. Овие мерки се благи и може делуваат како привилегија кон обвинитетите, но воопшто не значат тоа, рече Раичевиќ, додавајќи дека обвинителската одлука ќе ја објави по давањето на нивните одбрани во законита постапка

Н

а петмина од осумте осомничени за корупција од Економскиот факултет во Скопје Основното јавно обвинителство наместо мерка притвор им одреди мерка претпазливост, информираше јавната обвинителка Лидија Раичевиќ која ја води преткривичната постапка во предметот „Еразмус“. На овие лица, кои беа приведени во полициска станица, одземени им се пасошите и треба да се јавуваат во судот. Во предметот, кој се обработувал во 2015 и 2016 година, се осомничени осум вработени на Економскиот факултет кои биле меѓусебно организирани во коруптивни дела, шест редовни универзитетски професори, еден демонстратор и управител на бифето на факултетот. Одлуката за мерка претпазливост за петте осомничени била донесена по анализа на нивната здравствена состојба и по разгледувањето на нивните семејни и материјални околности, нивниот работен статус, какви планови имале за патување и дали имало можност за бегство или влијание

ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

МЕРКА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ПЕТ ОСОМНИЧЕНИ ВО "ЕРАЗМУС" врз сведоци. Од моментот кога обвинителот доби потврда од МВР дека сите докази се обезбедени одлучи да го замени предлогот за обезбедување мерка притвор во мерки за претпазливост. Овие мерки се благи и може делуваат како привилегија кон обвинитетите, но воопшто не значат тоа, рече Раичевиќ, додавајќи дека обвинителската одлука ќе ја објави по давањето на нивните одбрани во законита постапка. Останатите тројца осомничени за кои постапката не е итна и не се задржани во полициска станица, во наредните денови ќе одат на разговор кај јавниот обвинител. 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

Таа негираше некои тврдења дека со завчерашната акција на универзитетскиот кампус бил извршен упад во автономијата. Посочи на Законот за високо образование и одредбата за неповредливост на просторот што го поседува Универзитетот, но посочи дека таа вклучува и отстапка во случаи кога се прават кривични дела или каде некој се однесува противправно. Во врска со вчерашното соопштение на ОЈО во кое освен за поткуп со пари се наведуваат и сомневања за барање сексуални услуги, таа потврди дека има сомненија за двајца од осомничените.


ДЕВЕТ ТОТО ИЗДАНИЕ НА М У Л Т И М Е Д И Ј А Л Н И О Т Н А С ТА Н На шоуто настапи оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Емин Џијан во придружба на Женскиот хор при МКЦ. Свое претставување имаа и сликарите Агрон Абдули и Ивана Младеновска

еветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“,се одржa на 23-ти јуни под мотото „Скопје за Боуви“ во чест на починатата британска музичка легенда Дејвид Боуви. На шоуто

Д

"ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА"

настапи оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Емин Џијан во придружба на Женскиот хор при МКЦ. Свое претставување имаа и сликарите Агрон Абдули и Ивана Младеновска. Организаторите подготвија 20 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

000 бесплатни примероци од книгата „Психоделија во предградието“ за најголемите фанови на Дејвид Боуви. Книгата е пишувана од некогашна љубовница Мери Финиган, а во неа се зборува за почетоците на кариерата на британската музичка легенда.


Фестивалот беше отворен со претставата „Автобусот“ од Станислав Стратиев во режија на Здравко Митков во продукција на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ од Софија, Република Бугарија

Н

а отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ започна Меѓународниот фестивал на комедијата насловен како „Гола месечина“. Фестивалот беше отворен со претставата „Автобусот“ од Станислав Стратиев во режија на Здравко Митков во продукција на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ од Софија, Ре-

Н А О Т В О Р Е Н А С Ц Е Н А П О С ТА В Е Н А В О С П О Р ТС К И О Т Ц Е Н ТА Р „ Н О В О ЛИСИЧЕ“ ЗАПОЧНА МЕЃУНАРОДНИОТ Ф Е С Т И В А Л Н А К О М Е Д И Ј АТА НАСЛОВЕН КАКО

"ГОЛА МЕСЕЧИНА"

публика Бугарија, а завршува со претставата на Театар„Комедија“ „Нешто пропуштаме“ од Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски на 29-ти јуни, кога ќе бидат прогласени и победниците на театарот. За време на фестивалот публиката ќе може да ужива во осум претстави од Македонија и странство. Сите претстави почнуваат во 21 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

часот, а влезот за граѓаните е бесплатен. Меѓународниот фестивал „Гола Месечина“ има натпреварувачки карактер, со тричлена жири комисија. Се доделуваат четири парични награди и тоа награда за најдобра режија, за најдобра машка и за најдобра женска улога, како и гран при за најдобра претстава.


Претставата „Кралски игри“ во режија на Љупчо Георгиевски во изведба на Народниот театар - Битола ја доби наградата за уметничко остварување на претстава во целина на 51. Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

В О Р Е Ж И Ј А Н А ЉУ П Ч О ГЕОРГИЕВСКИ ВО ИЗВЕДБА НА Н А Р О Д Н И О Т Т Е АТА Р  Б И Т О Л А

НАГРАДА ЗА "КРАЛСКИ ИГРИ"

П

ретставата „Кралски игри“ во режија на Љупчо Георгиевски во изведба на Народниот театар - Битола ја доби наградата за уметничко остварување на претстава во целина на 51. Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Ѓорѓиевски е добитник и на наградата за режија на истата претстава. Наградите за главна женска и главна машка улога им се доделени на Катерина Аневска за улогата на Ана Бојен во „Кралски игри“ и на Никола Ристановски за улогата на Подсекаљнов во претставата „Животот е прекрасен“ во изведба на Македонскиот народен театар. Добитник на наградата за текст е писателот Венко Андоновски за текстот „Јов“ во истоимената претстава во изведба на Драмски театар од Скопје. Наградата за женска епизодна улога ја доби Билјана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Серафима Илинчина во „Животот е прекрасен“ додека добитник на наградата за машка

епизодна улога „Димче Трајковски" е Кољо Черкезов за улогата на Контролорот во претставата „Ни ќар ни зијан“ на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица. Драмски театар од Скопје е добитник на специјална награда за продукциска и сценска функционалност, додека наградата за современа драмска драматизација му е доделена на Русомир Бог18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

дановски за драматизацијата во „Ајнштајновите соништа“ на Народниот театар „Војдан Чернодрински од Прилеп“.Талија Настова е најдобра млада актерка за улогата во „Старицата од Калкута“, додека наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ му е доделена на Марко Трајковиќ за улогата на Земљаника во претставата „Ревизор“ во изведба на театарот од Куманово.


С О И З Л О Ж Б АТА Н А С К У Л П Т У Р И „ОБИЧЕН ЧОВЕК“ НА ЖАРКО БАШЕСКИ В О ГА Л Е Р И Ј АТА Ч И Ф Т Е А М А М И С О ГА Л А О П Е Р С К И К О Н Ц Е Р Т Н А П Л АТ О Т О До крајот на јули во 41 ден П Р Е Д М А К Е Д О Н С К А ТА О П Е Р А И Б А Л Е Т, ќе има повеќе од 50 НА 21 ЈУНИ  ПРВИОТ ДЕН ОД ЛЕТОТО програмски термини. Најмногу застапена ќе биде И С В Е Т С К И О Т Д Е Н Н А М У З И К А Т А музиката со над 20 концерти Ќ Е Б И Д Е О Т В О Р Е Н А 3 7  М А Т А на класична, народна и џезМ А Н И Ф Е С ТА Ц И Ј А музика. Ќе има десетина претстави од кои три премиерни (на Драмски театар, Албански театар и Театарот за деца и младинци), како и десетина атрактивни изложби во ликовната програма, од кои поголем број се организираат во соработка со Друштвото на ликовна уметност на Македонија

С

о изложбата на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески во галеријата Чифте амам и со гала оперски концерт на платото пред Македонската опера и балет, на 21 јуни – првиот ден од летото и Светскиот ден на музиката ќе биде отворена 37-мата манифестација „Скопско лето“.До крајот на јули во 41 ден ќе има повеќе од 50 програмски термини. Најмногу

41 ДЕН – СКОПСКО ЛЕТО

застапена ќе биде музиката со над 20 концерти на класична, народна и џез-музика. Ќе има десетина претстави од кои три премиерни (на Драмски театар, Албански театар и Театарот за деца и младинци), како и десетина атрактивни изложби во ликовната програма, од кои поголем број се организираат во соработка со Друштвото на 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016

ликовна уметност на Македонија (ДЛУМ). Дел од„Скопско лето“ и годинава ќе биде програмата Кафе-кино, која ќе се одржува од 2-ри до 11 јули во Сули ан. Ќе има и ревија на најдобри филмови од фестивалот на анимиран филм „Анимакс“. Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје.


Претставата се базира врз авторскиот поглед на младиот драмски автор Горјан Милошевски , изведен според режисерската визија на Деан Дамјановски и надограден со актерската игра на 12 актери

П

„ П Е П Е Л А Ш К А “ П О А ЃА О Д Б А Ј К АТА Н А Ш А РЛ П Е Р О , Б РА Ќ АТА Г Р И М И К О Р И С Т И М О Т И В И О Д Н Е К О ГА Ш Н АТА А Д А П ТА Ц И Ј А Н А „ Д И З Н И “

ПРЕТСТАВАТА „ПEПЕЛАШКА“ ВО РАМКИТЕ НА СКОПСКО ЛЕТО

ретставата „ Пeпелашка“ од Шарл Перо, во режија на Деан Дамјановски и драматизација на Горјан Милошевски премиерно беше изведена на 22 јуни во Театарот за деца и младинци. Нашата „Пепелашка“ поаѓа од бајката на Шарл Перо, Браќата Грим и користи мотиви од некогашната адаптација на „Дизни“. Тоа е претстава за двајца зрели сонувачи: од една страна, Пепелашка, која не може да се помири со потребата за богатство на Маќеата и полусестрите Анастасија и Дризела. А од друга, Принцот кој сака сам да ја избере својата жена, наспроти традиционалните погледи на својот татко- Кралот. И двајцата силно мечтаат за вистинската љубов која на крајот и ќе ја најдат.Претставата се базира врз авторскиот поглед на младиот драмски автор Горјан Милошевски , изведен според режисерската визија на Деан Дамјановски и надограден со актерската игра на 12 актери. За автентичноста на претставата огромен сценографски асоцијативната на Сашко Костов, како и разиг на придонес имаат и раскошните визија на Кирил раната кореографија костими на Елена Дончева, Василев, авторската музика Кренаре Невзати. 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 801 / Јуни 2016



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.