Macedonian Sun
WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION
MONTHLY EDITION
S NCE
Година XX, Број 802, Јули 2016
WEB ИЗДАНИЕ
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ 323 - 356 г. пред Христа
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ГО поздравува новиот ПОЛИТИЧКИ договор
По повод новиот договор кој претставниците на четирите политички партии го постигнаа вчера, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го изјавува следното: Македонската Алијанса го поздравува новиот договор кој го постигнаа четирите најодговорни политички партии. Добро е што основа и рамка на ова ново усогласување е претходно постигнатиот политички договор од „Пржино“, чиј потписници сами ги прифатија обврските кои што произлегуваат од него. Искрено се надеваме дека ова е вовед во конечна разрешница на долготрајната политичка криза, која мора да заврши на слободни, фер и демократски избори, чиј резултат ќе биде прифатен од сите и ќе добие верификација од меѓународниот фактор. Затоа, сметаме дека е добар пристапот прво да се исполнат условите, па потоа да се дефинира датумот, што е елементарна претпоставка дека сите политички партии ќе учествуваат на претстојните избори, кога и да се одржат. Земајќи предвид дека до 31 август, има само 42 дена, апелираме до четирите политички партии ова лето целосно да се посветат на исполнување на вчера договорените обврски и со тоа да го отворат патот за утврдување на датумот за предвремени парламентарни избори. Исполнувањето на обврските без калкулации е неопходност, бидејќи политичка криза ќе биде разрешена единствено со избори кои ќе бидат организирани на начин со кој конечно ќе се расчистат сите претходни дилеми и обвинувања за наводни нерегуларности. Татковината е предолго во агонија, секојдневно слабеејќи ја отпорноста од заканите и ризиците за нечија злоупотреба на нашата внатрешна слабост за засилување на уцените и притисоците да се откажеме од Македонското име и национален идентитет. Македонската Алијанса изразува благодарност до нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ кои вложуваат многу напор и енергија за да обезбедат компромис меѓу најодговорните политички партии и со тоа да ја задржат Татковината на стратешкиот колосек кој треба да ја обезбеди сигурна иднина за сегашните, но и за генерациите Македонци кои доаѓаат. Ние силно веруваме дека Македонија ќе победи и ќе продолжи да чекори по патот на економски прогрес, инвестиции и просперитетна иднина! Бог да ја чува нашата Татковина!
e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski
Со договорот што вчера го постигнаа преговарачите на четирите партии по повеќедневните преговори се предвидува лидерите на четирите партии на средбата на 31 август да го одредат датумот за парламентарните избори. Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли нагласи дека е постигната согласност за натамошната имплементација на пржинскиот договор што претставува вистински пат за кредибилни избори
Н А 2 0 . 0 7 К О Н Е Ч Н О П О С Т И Г Н АТ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР
НА 31 АВГУСТ ЌЕ СЕ ДОГОВАРА ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИ
Н
а 20 јули конечно беше затворено и последното спорно прашање во политичките преговори околу надлежностите на Министерот за внатрешни работи определен од опозицијата, кој ќе ја преземе функцијата 100 дена пред изборите, при што е договорено тој да може да именува 15 раководители во МВР. Со договорот што вчера го постигнаа преговарачите на четирите партии по повеќедневните преговори се предвидува лидерите на четирите партии на средбата на 31 август да го одредат датумот за парламентарните избори. Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли нагласи дека е постигната согласност за натамошната имплементација на пржинскиот договор што претставува вистински пат за кредибилни избори. Во однос на најспорното прашање за ингеренциите на министерот за внатрешни работи во преодната влада амбасадорот Бејли рече дека измените на Законот за внатрешните работи и за полицијата донесени од Владата се суспендирани до 1.1 2017 година. За другите точки од договорот Бејли истакна дека е договорено да се прочисти Избирачкиот список, да има балансирано извес-
тување на медиумите за време на изборите, а 100 дена пред изборите да биде формирана преодна влада. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
Договорот предвидува опозициските министри од пржинската влада да излезат, кога ДИK ќе ги соопшти резултатите од изборите.
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Пораките на Викторија Нуланд се многу јасни и прецизни, точно адресирани до најодговорните политички лидери како охрабрување, но во исто време и како предупредување, навистина и искрено да се посветат за конечна разрешница на долготрајната политичка криза. Обезбедување на долгорочна стабилност, демократска зрелост и владеење на правото се приоритет за зацврстување на историски важните билатерални односи помеѓу Македонија и САД
ПОРАКИТЕ НА НУЛАНД СЕ ЈАСНИ И ПРЕЦИЗНИ
П
о повод посетата на Македонија од страна на Американскиот помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања, Викторија Нуланд, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Пораките на Викторија Нуланд се многу јасни и прецизни, точно адресирани до најодговорните политички лидери како охрабрување, но во исто време и како предупредување, навистина и искрено да се посветат за конечна разрешница на долготрајната политичка криза. Обезбедување на долгорочна стабилност, демократска зрелост и владеење на правото се приоритет за зацврстување на историски важните билатерални односи помеѓу Македонија и САД. Едно е јасно, брзата разрешница на политичката криза станува услов кој во голема мера ќе ги дефинира идните односи со нашите меѓународни сојузници на чело со САД, кои со големо трпение очекуваат да покажеме сопствен капацитет и политичка зрелост сами да се справуваме со
сопствените проблеми. Македонската Алијанса во неколку наврати предупреди дека како Држава не смееме самите да си пукаме во нога и да дозволиме нашата внатрешна слабост некој да се обиде да ја злоупотреби за да прави дополнителен притисок за да се откажеме од најсветото – Македонскиот национален идентитет и Македонско име. Крајно време е лидерите на четирите политички партии кои самите ставија потпис на Пржинскиот договор, итно и неодложно да се посветат на спроведување на превземените обврски со овој политичкиот договор. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
Сите понатамошни обиди за печалење на тесно партиски поени на штета на Татковината веќе не смеат да се толерираат, бидејќи ја загрозуваат иднината на Македонскиот народ. Македонската Алијанса ги поздравува заложбите за реализација на политичкиот договор од Пржино, кои сите инволвирани страни го дефинираа како излез од долготрајната политичка криза, која ќе се реши со парламентарни избори, на кои ќе се отстранат сите сомнежи занаводниизборнинерегуларности и чиј резултат ќе мора да биде прифатен од сите клучни домашни и меѓународни фактори.
ЕВРОКОМЕСАРОТ ХАН: - „Добри вести од Македонија: Политичките партии постигнаа договор за отворените прашања во разговорите за договорот од Пржино. Важен чекор кон ставање крај на политичката криза. Сега треба да се зачува моментумот: Целосно спроведување на клучните реформи за одржлив напредок“, порача Хан на твитер По вчерашниот договор се предвидени подготовките за фер и демократски парламентарни избори, а датумот треба да биде одреден на 31 август кога ќе има лидерска средба
ДОГОВОРОТ Е ВАЖЕН ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА
К
омесарот за преговори за проширување на Европската Унија Јоханес Хан го поздрави договорот меѓу четирите главни политички партии во Македонија за ставање крај на политичката криза. -„Добри вести од Македонија: Политичките партии постигнаа договор за отворените прашања во разговорите за договорот од Пржино. Важен чекор кон ставање крај на политичката криза. Сега треба да се зачува моментумот: Целосно спроведување на клучните реформи за одржлив напредок“, порача Хан на твитер. По вчерашниот договор се предвидени подготовките за фер и демократски парламентарни избори, а датумот треба да биде одреден на 31 август кога ќе има лидерска средба. 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
Дејвид Филипс од Колумбија универзитет во Њујорк по денешната презентација на анкета изјави дека проблемите во однос на спорот за името е дел од една широко распространета перцепција во Грција дека Македонија се обидува да ја украде нивната историја и дека овој напор за крадење на историјата е дел од еден поширок план за враќање на територии. „Така што спорот за името е практично манифестација на перцепцијата во јавноста на која и се додава оган од страна националистите кои ја демонизираат Македонија и ја прикажуваат како непријател наместо како партнер“, додаде Филипс
М А К Е Д О Н С К И Т Е Г РА ЃА Н И НАЈПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ И М А АТ З А Д Р Ж А В И Т Е ГЕРМАНИЈА, ТУРЦИЈА И С Р Б И Ј А , А Н А Ј Н Е ГАТ И В Н О З А ГРЦИЈА И ЗА КОСОВО
МНОЗИНСТВОТО МАКЕДОНЦИ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ И НАТО
М
акедонските граѓани најпозитивно мислење имаат за државите Германија, Турција и Србија, а најнегативно за Грција и за Косово, покажуваат резултатите од националната телефонска анкета што ја спровел ИПИС, Институт за политички истражувања – Скопје во првата недела од март годинава на репрезентативен промерок од 1101 граѓанин. Дејвид Филипс од Колумбија универзитет во Њујорк по денешната презентација на анкета изјави дека проблемите во однос на спорот за името е дел од една широко распространета перцепција во Грција дека Македонија се обидува да ја украде нивната историја и дека овој напор за крадење на историјата е дел од еден поширок план за враќање на територии. „Така што спорот за името е
практично манифестација на перцепцијата во јавноста на која и се додава оган од страна националистите кои ја демонизираат Македонија и ја прикажуваат како непријател наместо како партнер“, додаде Филипс. Според Владимир Божиновски од ИПРС, спорот со името во моментов е во пат позиција и за негово надминување неопходно е прво 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
градење мерки на доверба за да се смени перцепцијата на јавноста особено во Грција која, вели, во изминатите 25 години е труена од страна на политичките елити. На прашањето „Дали би прифатиле промена на уставното име за меѓународна употреба со цел Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО?“, дури 64,8% одговориле со не.
В О В И Л АТА „ Б И Л Ј А Н А “ В О ОХ Р И Д Со „Медал за заслуги за Македонија“ одликувани се Иван Трпоски од Австралија, Кирил Христовски од Соединетите Американски Држави, Лилјана Стоилковска – Андоновска од Кралството Шведска и Борче Величковски од Република Србија. Медалите се доделуваат за нивна исклучителна посветеност во делувањето, со што дале значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРГЕ ИВАНОВ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈА ЗА ПРЕТСТАВНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА
П
ретседателот Ѓорге Иванов денеска во Вилата „Билјана“ во Охрид одликува четворица припадници на македонската дијаспора со „Медал за заслуги за Македонија“ и го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на „Македонскиот сојуз во Кралството Шведска“. Со „Медал за заслуги за Македонија“ одликувани се Иван Трпоски од Австралија, Кирил Христовски од Соединетите Американски Држави, Лилјана Стоилковска – Андоновска од Кралството Шведска и Борче Величковски од Република Србија. Медалите се доделуваат за нивна исклучителна посветеност во делувањето, со
што дале значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат. Признанието „Повелба на Република Македонија“ се доделува на „Македонскиот сојуз во Кралството Шведска“ 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
за особени заслуги и достигнувања како асоцијација за зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции, како и за унапредување на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Шведска.
ТИРЗ ПРИЛЕП „Гентерм“ во капацитетот во Прилеп ќе произведува термални системи за автомобили и други уреди, наменети за извоз на европскиот пазар, според најавите, пред се, за големите автомобилски гиганти како „ферари", „порше", „бентли", „рено", „БМВ"
АМЕРИКАНСКИ
" ГЕНТЕРМ ГЕНТЕРМ"" ОТВОРИ ФАБРИКА
Во Технолошко индустриската развојна зона во Прилеп 1 денеска е пуштена во употреба фабриката на американската компанија од автомобилската индустрија „Гентерм“, инвестиција од 20 милиони евра, со планирани 2.000 директни вработувања. „Гентерм“ во капацитетот во Прилеп ќе произведува термални системи за автомобили и други уреди, наменети за извоз на европскиот пазар, според најавите, пред се, за големите автомобилски гиганти како „ферари", „порше", „бентли", „рено", „БМВ". Менаџментот на компанијата најави дека во прилепската фабрика ќе донесе врвна технологија за производство на делови за регулирање на температура во автомобилите. 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 Јули 2016
НБРМ: Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени во април се задржа во негативната зона, при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација и натаму умерено се зголемува. Вкупната инфлација засега се движи во рамки на проекциите, а ризиците околу проекцијата до крајот на годината и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната
К
омитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на вчерашната седница оцени дека затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај, засега, е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер. Според народната банка, податоците за економската активност упатуваат на натамошен раст на активноста во домашната економија, којшто според проценетите податоци за БДП за првиот квартал изнесува 2%. Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени во април се задржа во негативната зона, при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација и натаму умерено се зголемува. Вкупната инфлација засега се движи во рамки на проек-
ЗАТЕГНУВАЊЕТО НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА РЕАКЦИЈА ЗА ПРИТИСОЦИТЕ НА ДЕВИЗНИОТ ПАЗАР циите, а ризиците околу проекцијата до крајот на годината и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната. Последните податоци за девизните резерви, заклучно со средината на јуни, покажуваат квартално намалување. Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарувачка за девизи, во услови на нестабилен политички амбиент. „Неизвесниот домашен амбиент се одрази и врз депозитната база на банките, којашто во април забележа значителен пад од 2,2% на месечна основа, речиси подеднакво распределен помеѓу депозитите на корпоративниот сектор и депозитите на домаќинствата. Првичните податоци за мај покажуваат натамошен тренд на нама09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
лување на депозитите, но многу послабо во однос на април, при што од дневните податоци за втората половина на мај и првата половина од јуни се забележува значително стабилизирање на депозитната база. Ова упатува и на стабилизирање на согледувањата на економските субјекти. Во однос на кредитниот пазар, во текот на април и мај, вкупните кредити на приватниот сектор се задржаа на релативно стабилно ниво, при раст на кредитите кај населението и намалување на кредитите кај корпоративниот сектор. Стагнацијата на кредитите во еден дел веројатно е реакција на неизвесниот амбиент и падот на депозитната база, но во еден дел и одраз на отписот на достасани, ненаплатени побарувања, согласно со одлуката на НБРМ донесена во декември 2015 година“,оцени Комитетот на НБРМ.
ALEKSANDAR III MAKEDONSKI (356-323 G. PRED HRISTA)
KRAL MAKEDONSKI, NENADMINAT PO SVOJATA SLAVA I KOSMOPOLITIZAM. OBEDINUVA^ POD SIMBOLOT NA [ESNAESETKRAKOTO SONCE. JA SOZDADE PRVATA MAKEDONSKA IMPERIJA, SO INSTITUCII KOI I DENES VA@AT KAKO PRIMER ZA ORGANIZIRAWE SOVREMENI DR@AVI. VELI^EN I PO^ITUVAN OD SITE NARODI VO SVETOT.
PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA
MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME
A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE
ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI
ОД 28 ДО 30 ЈУНИ Театарот одигра делови од своите претстави: „Будење на ангелите“, „Некрстени денови“, „Упатства за лудеење„, „Деноносии“ и други. Се славеше Бог, се пееше и се играше, се говореше поезија, сцени од театарот, со надеж да созрее свеста и кај нас и кај нашите соседи, да се дозволи слободна македонска култура на целиот Македонски полуостров
ВО ПИРИНСКО СЕ ОДРЖАА 23-ТИТЕ АРМАКЕДОНСКИ СЛАВИ
О
д 28 до 30 јуни се одржаа 23-тите „Армакедонски слави“, во неколку градови, во пиринско: Гоце Делчев, Ново Лески, Кремен, каде гостуваше театарот „Скрб и утеха“, а настапија и тамошните македонски културни друштва. Ова е трета година како оваа единствена културна манифестација каде се славеше Бог и доаѓаа Македонците и македонската култура од сите четири соседни земји на Р. Македонија останува без поддршка на Министерството за култура. Но, слава му на Исуса Христа, семакедонската средба еве веќе трета година се одржува во пиринско кај Македонците во Р. Бугарија. Театарот одигра делови од своите претстави:
„Будење на ангелите“, „Некрстени денови“, „Упатства за лудеење„, „Деноносии“ и други. Се славеше Бог, се пееше и се играше, се говореше поезија, сцени од театарот, со надеж да созрее свеста и кај нас и кај нашите соседи, да се дозволи слободна македонска култура на целиот Македонски полуостров. Останува прашањето, упатено од македонските заедници од: пиринско, егејско, од Србија, од 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
Косово и од Албанија, зошто нашите надлежни за културата ја сопреа поддршката на оваа семакедонска слава. Тоа не е во духот на Европа без граници....ни велат нашите од принско. Да се надеваме дека ќе созрее свеста и кај Министерството за култура да се премислат, па да ја поддржат оваа богодадена средба „Армакедонски слави“ која ете продолжи, по 23 ти пат, да опстојува и оваа година.
На локалитетот се откриени многубројни наоди на садова и кујнска керамика, накит, алатки, делови од коњска опрема, византиски и венецијански монети. Според одредени наоди вградени во средновековни објекти, постојат индикации за постоење на ранохристијанска базилика во близина
З
авршија археолошките истражувања на локалитетот Китино кале кај Кичево. Во текот на изминатиот месец на локалитетот Китино кале беа извршени сондажни археолошки истражувања со цел одредување на границите, контактните зони, стратиграфијата и карактерот на локалитетот. За време на истражувањата, во кои учествуваа археолози од Археолошкиот музеј на Македонија и од Институтот за старословенска култура – Прилеп, вработени во Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево, како и студенти и постдипломци по археологија, беа откриени културни слоеви кои што датираат од бронзеното време сè до турското средновековие, со посебен акцент на живеењето на овој простор во доцната антика, развиениот и доцниот среден век. На локалитетот се откриени многубројни наоди на садова и кујнска керамика, накит, алатки, делови од коњска опрема, византиски
ЗАВРШИЈА АРХЕОЛОШКИТЕ И С Т РА Ж У В А Њ А Н А
ЛОКАЛИТЕТ КИТИНО КАЛЕ КАЈ КИЧЕВО
и венецијански монети. Според одредени наоди вградени во средновековни објекти, постојат индикации за постоење на ранохристијанска базилика во близина. Според архитектонските остатоци, техниката на градење и наодите, тврдината е подигната во текот на 6 век како кастел каде што се вршела контрола на патните правци што минуваат низ Кичевската Котлина. Обновена е во 11 век како византиски кастрон, време кога градот Кичево за првпат се споменува во 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
пишаните извори. Во 13 и 14 век век градот доживеал подем. По турските освојувања и администрирањето на тврдината, таа имала само улога на касарна, а цивилното население се населило во рамницата, на просторот на денешниот град Кичево. Носител на проектот за археолошки истражувања на локалитетот Китино кале – Кичево, кој за прв пат се спроведе во 2015 година, е НУ Археолошки музеј на Македонија, а е координиран од Управата за заштита на културното наследство.
Се претставија со игри од Скопско, Водарки, Жетварска, Егејски игри... Во Полска, настапиле 30 членови на „Тоска“, а дел од претста вувањето пред полската пуб лика, биле и 10тина членови од фолклорното друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица
Н А И Н Т Е Р К О Н Т И Н Е Н ТА Л Е Н Ф Е С Т И В А Л , Г О П Р Е Т С ТА В И МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР
ШТИПСКИОТ АНСАМБЛ "ТОСКА" ВО ПОЛСКА
П
о трет пат, македонски песни и ора се слушнаа и видоа во Полска. Штипскиот ансамбл „Тоска“, се врати од Лублин, каде на интерконтинентален фестивал, го претстави македонскиот фолклор. Вообичаено, на вакви фестивали за настап се избира најдоброто, па „Тоска“ се одлучи за класичен и проверен репертоар. Се претставија со игри од Скопско, Водарки, Жетварска, Егејски игри... Во Полска, настапиле 30 членови на „Тоска“, а дел од претставувањето пред полската публика, биле и 10-тина членови од фолклорното друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица. Доказ дека настапот на „Тоска“ бил успешен е и поканата, единствено штипскиот ансабл да биде дел од уште еден голем седумдневен фестивал во Полска. Инаку, членовите на „Тоска“ во Полска престојуваа 13 дена, каде освен нив настапиле и фолклорни друштва од Бугарија, Боливија, Индонезија, САД, Чешка и Јапонија. 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
Публиката го избра „Лазар“ за најдобар филм и му ја додели наградата „Златна порта на Пула“, а од меѓународното жири, Ведран Живолиќ кој го толкува насловниот лик од филмот, ја освои наградата „Златна арена“ за актерска интерпретација која дискретно, но силно го искажува внатрешниот немир на ликот
Ф
илмот „Лазар“ на Светозар Ристовски, копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Бугарија и Франција освои две награди на 63. издание на Пулскиот филмски фестивал кој се одржа во периодот од 9-16 јули во Пула, Хрватска. Публиката го избра „Лазар“ за најдобар филм
ФИЛМОТ НА СВЕТОЗАР РИСТОВСКИ, КОПРОДУКЦИЈА М Е Ѓ У М А К Е Д О Н И Ј А , Х Р В АТС К А , Б У ГА Р И Ј А И Ф РА Н Ц И Ј А
НАГРАДА ЗА "ЛАЗАР"
и му ја додели наградата „Златна порта на Пула“, а од меѓународното жири, Ведран Живолиќ кој го толкува насловниот лик од филмот, ја освои наградата „Златна арена“ за актерска интерпретација која дискретно, но силно го искажува внатрешниот немир на ликот. Вo рамките на фестивалот, 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
надвор од официјалната конкуренција, беше прикажан и филмот „Ослободување на Скопје“ на Раде Шербеџија, копрoдукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска. Филмовите се поддржани од Агенцијата за филм на Република Македонија и Еуроимаж.
Првата фестивалска вечер протече во знакот на промоцијата на второто дополнето издание на книгата со анегдоти „Веселото кајче“ од Никола Павлески од Трпејца и неговата изложба на уметнинчки фотографии под наслов „Од моите патувања“
П
од покровителство на Општина Охрид од 20 јули до 28 јули, во Трпејца по петти јубилеен пат се одржа манифестацијата „На зајдисонце“ во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“...„„На зајдисонце“ од година во година ја збогатува програмата и станува препознатлив бренд на Трпејца едно од
ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА ОХРИД ОД 20 ЈУЛИ ДО 28 ЈУЛИ, ВО ТРПЕЈЦА ПО ПЕТТИ Ј У Б И Л Е Е Н П АТ С Е ОД Р Ж А М А Н И Ф Е С ТА Ц И Ј АТА
"НА ЗАЈДИСОНЦЕ"
најубавите туристички места на брегот на Охридското Езеро. Првата фестивалска вечер протече во знакот на промоцијата на второто дополнето издание на книгата со анегдоти „Веселото кајче“ од Никола Павлески од Трпејца и неговата изложба на уметнинчки фотографии под наслов „Од моите патувања“. За уметничкото и прозно 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016
творештво на Павлески говореше Мишо Јузмески од „Култура 365“ од Охрид. Актерката Марија Кондовска читаше извадоци од анегдотите, беше прикажана видео презентација посветена на петте години од постоењето манифестацијата а КУД „Ѓердан“ одржа незаборавен концерт кој измами долги и искрени аплаузи од бројната публика.
Македонските претстав ници освоија златни медали во категориите духовна музика и фолкор, како и златен медал во кате горијата на женски камерни хорови
В О К АТ Е Г О Р И Ј АТА „ Ж Е Н С К И КАМЕРНИ ХОРОВИ“ НА ПРЕСТИЖНИТЕ „СВЕТСКИ ХОРСКИ ИГРИ“ КОИ ОД 6 ДО 16 ЈУЛИ СЕ ОДРЖАА ВО СОЧИ, РУСИЈА
Ж
енскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под раководство на Летка Димовска – Полизова освои три златни медали и стана светски шампион во категоријата „Женски камерни хорови“ на престижните „Светски хорски игри“ кои од 6 до 16 јули се одржаа во Сочи, Русија. Македонските претставници освоија златни медали во категориите духовна музика и фолкор, како и златен медал во категоријата на женски камерни хорови. Хорот „Св. Злата Мегленска“ беше единствен претставник од земјава на деветтите Светски хорски игри. На нив учествуваа над 280 хорови од 36 земји од целиот свет, кои се натпреваруваа во 28 различни категории. Пред две години женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ настапи на светските хорски игри кои се одржаа во Рига каде освоија две златни и еден сребрен медал.
ТРИ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ЗА ЖЕНСКИОТ КАМЕРЕН ХОР "СВ. ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА" 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 802 / Јули 2016