803

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION

MONTHLY EDITION

ГО Л Е М И Н А И ХУМАНОСТ НА ДЕЛО

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 803, Август 2016

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

П О Д Д Р Ш К АТА О Д САД ЗА ВЛЕЗ ВО Н АТО П О Т Р Е Б Н А ПОВЕЌЕ ОД К О ГА Б И Л О

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: П О С Е ТАТА Н А Ч А РЛ С К У П Ч А Н  С А Д О С ТА Н У В А П О С В Е Т Е Н А Н А Б А Л К А Н О Т


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: ПОСЕТАТА НА ЧАРЛС КУПЧАН - САД ОСТАНУВА ПОСВЕТЕНА НА БАЛКАНОТ Македонската Алијанса ги поздравува засилените активности на Американската администрација во регионот. Според претседателот на Македонската алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, посетата на Македонија од страна на Вишиот Директор за Европски прашања при Националниот Совет за безбедност на САД, Чарлс Купчан, е недвосмислена порака дека нашиот стратешки сојузник САД останува посветена на Балканот. „Чарлс Купчан е високо рангиран и особено влијателен функционер во администрацијата на Претседателот на САД, и со самото тоа неговата посета има исклучително значење за нашата Татковина. Земајќи предвид дека во јули во Македонија беше и Викторија Нуланд јасно е дека обезбедувањето на долгорочна стабилност, демократска зрелост и владеење на правото во Татковината се приоритет за зацврстување на историски важните билатерални односи помеѓу Македонија и САД“, соопштија од Македонската алијанса. Според Атанасоски брзата разрешница на политичката криза е приоритет на кој најодговорните политички лидери имаат превземено обврска безусловно да се посветат. „Ние како самостојна, суверена и демократска држава мора да покажеме сопствен капацитет и политичка зрелост сами да се справуваме со сопствените предизвици и на таков начин да ја оправдаме подршката која ја добиваме од САД. Особено што за нас е најважно да не дозволиме нашата внатрешна слабост некој да се обиде да ја злоупотреби за да прави дополнителен притисок за да се откажеме од најсветото - Македонскиот национален идентитет и Македонско име“, вели Атанасоски. Македонската Алијанса ги повикува лидерите на четирите најодговорни политички партии да ги заокружат активностите за реализација на последното поглавје од политичкиот договор од Пржино. “Со тоа ќе се создадат сите предуслови за брзи предвремени парламентарни избори на кои ќе се отстранат сите сомнежи за наводни изборни нерегуларности и чиј резултат ќе мора да биде прифатен од сите клучни домашни и меѓународни фактори“, додава Претседателот на Македонската Алијанса,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ДОНАЦИЈА Овој голем предизвик со кој Македонскиот народ се соочува периодов, докажа дека граѓаните знаат за единство и хуманост. Уште еднаш ги повикувам сите Македонци, во и надвор од татковината, како и компаниите, да не дозволат своите браќа и сестри кои ги изгубија домовите во елементарната непогода, да се почувствуваат запоставени и сами, да сторат се во рамките на своите можности и заедно да го забрзаме процесот на бришење на трагите од овој немил настан. За своите сограѓани!

Фондација “Ѓорѓија Џорџ Атанасоски”

ГОСПОДИНОТ ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТА Н А С О С К И П Р Е К У Ф О Н Д А Ц И Ј АТА , НЕСЕБИЧНО ИМ ПОМОГНА НА Д О М А Ќ И Н С Т В АТА В О Р Е Г И О Н И Т Е ПОГОДЕНИ ОД ПОПЛАВИТЕ КОИ Г О З АТ Е К Н А А С К О П Ј Е М И Н АТАТА Н Е Д Е Л А , Д О Н И РА Ј Ќ И П А К Е Т И Л Е Б И Б Е Л И П Е Ц И В А , П Р Е Х РА Н Б Е Н И ПРОИЗВОДИ КОИ ИМ СЕ НЕОПХОДНИ НА ОШТЕТЕНИТЕ

ГОЛЕМИНА И ХУМАНОСТ НА ДЕЛО

03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016


ЈОЛЕВСКИ: На средбата главна тема на разговор беа безбедносните предизвици во регионот и влијанието на истите врз европската и светската стабилност и безбедност. Двајцата соговорници се согласија за тоа дека регионот има клучна улога во европската стабилност, но и дека САД треба да го зголеми фокусот и поддршката за регионот

ПОДДРШКАТА ОД САД ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО ПОТРЕБНА ПОВЕЌЕ ОД КОГА БИЛО

З

а Република Македонија е значајно зачленувањето во НАТО, а поддршката од САД за влез во НАТО е потребна повеќе од било кога, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на средбата во Пентагон со Заменик –помошникот на секретарот за одбрана на САД Мајкл Карпентер. На средбата главна тема на разговор беа безбедносните предизвици во регионот и влијанието на истите врз европската и светската стабилност и безбедност. Двајцата соговорници се согласија за тоа дека регионот има клучна улога во европската стабилност, но и дека САД треба да го зголеми фокусот и поддршката за регионот. Министерот Јолевски исто така побара поголема поддршка од официјалните претставници на САД во поглед на стратешките бизнис инвестиции во доменот на одбраната во Република Македонија. „Карпентер изрази согласност за идејата на министерот Јолевски и воедно ја нагласи подготвеноста да ги разгледа сите

опции за што поголема инволвираност и поддршка на официјалните претставници од Пентагон и САД за поддршка на започнатите 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016

процеси на модернизација на Армијата и одбраната на Република Македонија“, сопшти Министерството за одбрана.


„За разлика од првиот круг на гласање кој резултираше со висок пласман на кандидатите од Источна Европа, имено четири од петте првопласирани беа од овој регион, вториот круг на гласање очигледно има две импликации. Прво, преку тактичко прегрупирање на гласовите обезбеден е порамномерен пласман во горниот дел меѓу кандидатите од Источна Европа и останатите региони

М А К Е Д О Н С К И О Т К А Н Д И Д АТ З А Г Е Н Е РА Л Е Н С Е К Р Е ТА Р Н А ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

КЕРИМ ЗАДОВОЛЕН ОД РЕЗУЛТАТОТ ПО ВТОРИОТ КРУГ ГЛАСАЊЕ ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

М

акедонскиот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации Срѓан Керим е задоволен од резултатот од второто прелиминирано гласање за оваа престижна функција што се одржа во Советот за безбедност на светската организација во Њујорк. „За разлика од првиот круг на гласање кој резултираше со висок пласман на кандидатите од Источна Европа, имено четири од петте првопласирани беа од овој регион, вториот круг на гласање очигледно има две импликации. Прво, преку тактичко прегрупирање на гласовите обезбеден е порамномерен пласман во горниот дел меѓу кандидатите од Источна Европа и останатите региони. Второ, расчистена е состојбата во долниот дел на табелата така што очигледно е дека после овој круг на гласање ќе останат само осум кандидати во трката, и тоа четири од Источна Европа и четири од другите региони. Имајќи го сето тоа во предвид можеме да бидеме задоволни со нашиот резултат кој обезбедува учество, како и добра позиција

во понатамошната изборна трка“, изјави Керим, соопштија од неговиот кабинет по вториот круг гласање во Советот за безбедност. Според дипломатски извори, поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш освоил најмногу гласови во вториот прелиминарен круг на гласање во Советот за безбедност на ОН за избор на нов генерален секретар на Светската организација. Во трката за нов генерален секретар на ОН покрај пора05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016

нешниот шеф на македонската дипломатија се и поранешните министри за надворешни работи на Молдавија, Наталија Герман и на Црна Гора, Игор Лукшиќ, актуелниот шеф на словачката дипломатија Мирослав Лајчак и некогашната извршна директорка на Рамковната конвенција за климатски промени, Костариканката Кристијана Фигерес. Резулатите од прелиминарните гласања за избор на генерален секретар на ОН во Советот за безбедност не се соопштуваат јавно.


ЈУБИЛЕЈ Како стратешки партнер на НАТО Алијансата нашата Армија секојдневно покажува дека е подготвена рамо до рамо со сите останати земји членки, рамноправно да се справува со сите предизвици за обезбедување на траен мир, безбедност и демократија. Армијата била, е, и ќе остане нашата гордост, која во целост го отсликува Македонското општество, солидарноста и лојалноста кон Татковината

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА АРМ

ЧЕСТИТКА ОД ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

П

о повод Денот на Армијата на Република Македонија, до Началникот на Генералштабот, Генералот потполковник Методија Величковски и до сите припадници на армијата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната честитка: „Дозволето во името на Македонската Дијаспора и во мое лично име да го честитам Денот кога пред 24 години беше формирана Армијата која ги штити територијалниот интегритет на нашата Татковина и безбедноста на нашиот народ. Како стратешки партнер на НАТО Алијансата нашата Армија секојдневно покажува дека е подготвена рамо до рамо со сите останати земји членки, рамноправно да се справува со сите предизвици за обезбедување на траен мир, безбедност и демократија. Армијата била, е, и ќе остане

нашата гордост, која во целост го отсликува Македонското општество, солидарноста и лојалноста кон Татковината. Особено благодарност упатувам за сите активности, со кои нашата Армија пожртвувано и посветено се вложи во отстранување на сите последици од страшната поплава во Скопскиот регион уште еднаш покажувајќи дека му служи исклучиво на народот и Татковината. Нека е Вечен Денот на Армијата на Република Македонија“, се наведува во честитката на Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016


ЧЕСТВУВАЊА

СО ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ П Р Е Д С П О М Е Н  П Л О Ч АТА В О На 8 август 2001 година М Е С Н О С Т А К А Р П А Л А К на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски, Сашо Китановски, Горан Миновски, Ердоган Шабановски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Велјановски, Пеце Секуловски, Веби Рушитовски и Мирко Деспотовски сите од Прилеп и Прилепско

ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ КАРПАЛАК

С

о положување цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и во комплексот „Карпалак“ во Прилеп денеска се одбележуваат 15 години од загинувањето на 10–те бранители на Карпалак во 2001 година. Венци со цвеќе положија делегација на Владата предводена од министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски, Сашо Китановски, Горан Миновски,

Ердоган Шабановски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Велјановски, Пеце Секуловски, Веби Рушитовски и Мирко Деспотовски сите од Прилеп и Прилепско. Почит на загинатите со положување цвеќе на загинатите вчера беше оддадена во прилепската касарна. „Токму од ова место на 8 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016

август 2001, дел од нашата единица се упати на задача кон Тетово, но за жал, кај Карпалак беа пресретнати од група терористи и нападнати. Поголемиот дел од колоната се извлече, но десетмина загинаа“, рече мајор Славчо Кузмановски. Во манастирот „Света Петка“ се одржа вечерна литургија.


Според вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, мерките вклучуваат и покривање на партиципацијата на здравствените услуги на сите нивоа во зафатените подрачја, ослободување на домаќинствата од плаќање месечни издатоци за вода и ѓубретарина во период од три месеци, еднократна парична помош за набавка на училишен прибор за сите деца во основно образование од кризните региони

ПРВА ОД ПАКЕТОТ ОД ВКУПНО О С У М М Е Р К И Ш Т О В Л А Д АТА Н А Д Е Н Е Ш Н АТА С Е Д Н И Ц А Г И У С В О И

ВЛАДАТА ЦЕЛОСНО ЌЕ ГИ ОБЕШТЕТИ ГРАЃАНИТЕ ОД ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО СКОПСКО

О

безбедување на сто процентно обесштетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите е прва од пакетот од вкупно осум мерки што Владата на денешната седница ги усвои, а се наменети за настраданите во поплавените подрачја од Скопскиот регион. Според вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, мерките вклучуваат и покривање на партиципацијата на здравствените услуги на сите нивоа во зафатените подрачја, ослободување на домаќинствата од плаќање месечни издатоци за вода и ѓубретарина во период од три месеци, еднократна парична помош за набавка на училишен прибор за сите деца во основно образование од кризните региони. „Со мерките се предвидува и овозможување бесплатна изработка на елаборат за постапката за легализација за семејствата од погодените региони од невремето кои не извршил легализација на своите куќи, зголемување на паричната помош во следните

три месеци за 50 проценти за семејствата погодени од поплавите кои се приматели на парични права од социјална и детска заштита, односно социјална парична помош, постојана парична помош, додатоци за мобилност за слепило и за глувост, помош и нега од трето лице и посебен додаток за деца со пречки во развојот“, рече Тодоров. Седмата мерка е обезбедување на 30 тони јачмен од државните резерви кои ќе бидат наменети без надомест, за 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 Август 2016

сточна храна за земјоделците од погодените регионот кои имаат потреба од ваков тип на поддршка. Последната мерка од овој пакет е во насока на излегување во пресрет на барањата на земјоделците кои имаат земјоделски посеви во погодените региони. „Ќе им овозможиме бесплатна анализа и испитување на почвата, процес во кој што ќе биде потребно да се утврдат и можните потреби за нејзино прочистување“, додаде Тодоров.


На сребата беше потенцирано дека лошата инфраструктурна поврзаност претставува единствена пречка за понатамошен развој и продлабочување на соработката. Според косовската министерка, Македонија и Косово не треба да се конкуренти, напротив треба да бидат комплементарни и да имаме слични стратегии за привлекување странски инвестиции

НАДМИНУВАЊЕТО НА СИТЕ П Р Е О С ТА Н АТ И Б А Р И Е Р И ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА Т Р Г О В С К АТА С О РА Б О Т К А

МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ЌЕ ЈА ПОДОБРУВААТ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА

Н

админувањето на сите преостанати бариери за подобрување на трговската соработка, можноста за изградба на царински терминал на граничниот премин Јажинце и подобрувањето на соработката во областа на туризмот, беа главни теми на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Дритон Кучи и косовската министерка за трговија и индустрија Хикмете Бајрами. На сребата беше потенцирано дека лошата инфраструктурна поврзаност претставува единствена пречка за понатамошен развој и продлабочување на соработката. Според косовската министерка, Македонија и Косово не треба да се конкуренти, напротив треба да бидат комплементарни и

да имаме слични стратегии за привлекување странски инвестиции. Кучи нагласи дека соработката се одвива врз основа на 28 потпишани договори меѓу двете земји, а со при09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016

мената на ЦЕФТА договорот од 1 јануари 2008 година вкупната трговска размена се реализира на слободен безцарински систем благодарение на 100 процентната либерализација на трговијата.


U^ITEL I DUHOVEN VODI^ NA ALEKSANDAR MAKEDONSKI. NAJGOLEM UM NA SITE VREMIWA. OSNOVA^ NA LICEUMOT, [KOLO PO ^IJA METODA SE VOSPITUVAAT GENERACII OD III VEK PR. N.E. DO XIX VEK N.E. IZGRADIL MNOGU GRADOVI, A NAJPOZNAT E ALEKSANDRIJA, KAKO SVETSKA KULTURNA PRESTOLNINA NA MAKEDONCITE. ARISTOTEL MAKEDONECOT (383-322 G. PRED HRISTA)



PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA

MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME


A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE

ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI


ЛИКОВНА КОЛОНИЈА Колонијата е во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и Локалната самоуправа на општина Кавадарци. Веќе две децении оваа колонија се вбројува меѓу најуспешните во Македонија и на неа со својата работа се претставија стотици ликовни уметници од целиот свет

"КАВАДАРЦИ – МИХАЈЛОВО 2016"

М

еѓународната ликовна колонија “Кавадарци – Михајлово 2016“ беше отворена со изложба на ликовниот уметник Силвана Силва, македонски уметник, кој живее и работи во Данска... Колонијата е во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и Локалната самоуправа на општина Кавадарци. Веќе две децении оваа колонија се вбројува меѓу најуспешните во Македонија и на неа со својата работа се претставија стотици ликовни уметници од целиот свет. Во рамките на “Кавадарци – Михајлово 2016“се одржа и џез фестивал со познати балкански џез музичари. Она што е интересно што сите дела реализирани годинава на колонијата беа на аукција и средствата собрани од неа беа уплатени на сметка за помош на настраданите семејства во поплавените подрачја во Македонија. 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016


Покрај домаќинот, КУД „Дримкол“ на манифестацијата учествуваа и фолклорните ансамбли „Китка“ од Истибања, „Ловеч“ од Ловеч, Бугарија, „Сиух и Виух“ и „Керутајад“ од Паиде, Естонија, и „Пжировские Нутки“ од Пжирув, Полска, како и културноуметничките друштва „Илинден“ од Струга, „Ѓердан“ од Ваљево, Србија, „Весели Пензионери“ од Пробиштип, „Ѓердан“ од Охрид и „Типопластика“ од Горни Милановац, Србија

ФЕСТИВАЛ НА Н А Р ОД Н А К УЛ Т У РА

"ПОБРАЖЕЊЕ" ВО ВЕВЧАНИ

С

о традиционално дефиле на фолклорни друштва низ вевчанските улици, во Вевчани почна шестиот фестивал на народна култура „Пображење“во организација на Култ у р н о - у м етн ич котото друштво „Дримкол“ од Вевчани, а под покровителство на Министерството за култура и општина Вевчани. Покрај домаќинот, КУД „Дримкол“ на манифестацијата учествуваа и фолклорните ансамбли „Китка“ од Истибања, „Ловеч“ од Ловеч, Бугарија, „Сиух и Виух“ и „Керутајад“ од Паиде, Естонија, и „Пжировские Нутки“ од Пжирув, Полска, како и културноуметничките друштва

„Илинден“ од Струга, „Ѓердан“ од Ваљево, Србија, „Весели Пензионери“ од Пробиштип, „Ѓердан“ од Охрид и „Типопластика“ од Горни Милановац, Србија. Фестивалот е уште една потврда за негувањето на културата и односот на Вевчани кон културното наследство. Покрај 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016

с ц е н с к о - у м е т н и ч к а та презентација на хорската, инструменталната и вокалната култура, во рамки на фестивалот се одржа и стручен дискурс на тема: „Обредноста во Вевчани -Пображење“. Фестивалот заврши со настап на познатиот македонски чалгиски бенд „Чалгии“ од Скопје.


ЗАВРШИЈА ГОДИНАШНИТЕ Во текот на истражувањата откриен е досега најголемиот пронајден објект на целата Споменичка целина Црвено Поле вклучително со објектите на Јанина Чешма. Станува збор за солидно граден објект од ѕидани камени блокови доѕидуван со непечена тула, кој е составен од три простории за кои согласно пронајдените остатоци се претпоставува дека функцио нирале како работилница и магацини

АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА СПОМЕНИЧНАТА ЦЕЛИНА ЦРВЕНО ПОЛЕ

З

авршија годинашните археолошки истражувања на споменичната целина Црвено поле на планината Огражден, с. Барбарево, Ново Село. Во текот на истражувањата, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица работеа на две истражувачки единици на населбата и на некрополата Лаките. Во текот на истражувањата откриен е досега најголемиот пронајден објект на целата Споменичка целина Црвено Поле вклучително со објектите на Јанина Чешма. Станува збор за солидно граден објект од ѕидани камени блокови доѕидуван со непечена тула, кој е составен од три простории за кои согласно пронајдените остатоци се претпоставува дека функционирале како работилница и магацини. Во едната просторија е пронајдено големо количество на железни згури, додека во останатите две

пронајдени се два питоси и дваесетина помали керамички садови во кои се зачувани јагленисани житарици. Археолозите за време на истражувањето пронашле и друг движен материјал меѓу кој монета со крилеста молња за која се претпоставува дека е од периодот на царот Трајан или Антонин Пиј и мала бронзена фигурина на Хермес. останатите објекти на споменичната целина, и овој објект во некои од пљачкашките походи што во тој период ја 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016

опустошиле целата Византиска империја кон средината на 6 век бил ограбен, запален и напуштен. После ова уништување објектот и населбата никогаш не биле обновени.Во текот на истражувањата на некрополата на Лаките годинава се откриени и комплетно истражени два гроба во кои е пронајден гробен прилог. Според првичните антрополошки анализи, се претпоставува дека во овие гробови биле погребани високи и робусни покојници.


„После седум години постоење, со задоволство можам да кажам дека ’МакеДокс‘ континуирано расте но не старее, туку напротив, се подмладува во секој аспект од своето битисување, како од содржински така и од организациски аспект, и стана фестивал кој со својата автентичност е познат не само во национални туку и во меѓународни рамки

„СИТЕ СМЕ ПРИКАЗНА“ ОД 20 ДО 26 АВГУСТ ВО КУРШУМЛИАН, ЧИФТЕ АМАМ И ВО МУЗЕЈОТ НА С О В Р Е М Е Н АТА У М Е Т Н О С Т В О С К О П Ј Е

СЕДМО ИЗДАНИЕ "МАКЕДОКС"

С

едмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се одржа под отворено ѕвездено небо со мото „Сите сме приказна“ од 20 до 26 август во Куршумлиан, Чифте амам и во Музејот на современата уметност во Скопје... екипата на „МакеДокс“ ги изложи деталите за петте филмски програми, трите работилници, концертите и наградите, како и за новитетите што оваа година се дел од програмскиот концепт на единствениот македонски фестивал што во целост е посветен на современата и креативна документарна филмска продукција. „После седум години постоење, со задоволство можам да кажам дека ’МакеДокс‘ континуирано расте но не старее, туку напротив, се подмладува во секој аспект од своето битисување, како од содржински така и од организациски аспект, и стана фестивал кој со својата автентичност е познат не само во национални туку и во меѓународни рамки. Потврда за тоа се преку четиристотини апликации со филмови за овогодишното издание, бројот на гости, кој годинава се искачи на значајна бројка од 53 документаристи од целиот свет, поддршката која ’МакеДокс‘ ја доби од

Медија програмата на ’Креативна Европа‘, како и постојаните пофалби кои со суперлативи ги изразуваат сите кои не посетиле или биле дел од ’МакеДокс‘. Фестивалот беше отворен со една топла и тажна приказна базирана на музика со песните на словенечкиот актер, режисер, поет и писател Фране Милчински - Јежек, раскажана со документарниот филм ’Мојот превртен свет‘, како македонско-словенечко- хрватска копродукција. Селекцијата на филмовите во петте фестивалски програми се движеше по линијата на добро раскажана приказна и силни чо17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016

вечки личности, што произлезе од мотото ’Сите сме приказна‘.На фестивалот беа присутни филмски остварувања и автори кои се во врвот на современата документаристика, како Патрицио Гузман со неговото ’Бисерно копче‘, Андреас Џонсен со ’Бубачки‘ како нов начин на исхрана, Клаудија Тоси со ’Совршениот круг‘. На затворањето на фестивалот беше прикажан ’Пожар на море‘ од Џанфранко Роси, добитник на ’Златна мечка“ во Берлин, додека во селекцијата на кратки документарци ќе го прикажеме ’Балада за жабите‘ на Леонор Телес, исто така со ’Златна мечка‘ во Берлин.


СО ДВЕ ИЗЛОЖБИ, БЕШЕ О Т В О Р Е Н А Ч Е Т В Р ТАТА П О Р Е Д Бројните посетители на отворањето на БКР во битолската Магаза, имаа прилика и да ја погледнат и изложбата на Александар Ѓорѓиев, пасиониран вљубеник во македонското античко, ранохристијанско и средновековно наследство, а во фотографиите се одразуваат и импресиите кои во неговиот објектив ги рефлектира современата архитектура

С

о две изложби, беше отворена четвртата по ред Балканска колонија на ракотворци во Битола. Индивидуалната заложба на Симеон Златевски - Моне, сопственик на најмалиот етно музеј на светот, им обезбедува вечност и траење на околу 2000 предмети. Бројните посетители на

БАЛКАНСКА КОЛОНИЈА НА РАКОТВОРЦИ ВО БИТОЛА

отворањето на БКР во битолската Магаза, имаа прилика и да ја погледнат и изложбата на Александар Ѓорѓиев, пасиониран вљубеник во македонското античко, ранохристијанско и средновековно наследство, а во фотографиите се одразуваат и импресиите кои во неговиот објектив ги 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 803 / Август 2016

рефлектира современата архитектура. Учесниците годинава во соработка со НП Пелистер, работа на мотивите петигличест бор Молика и пелистерска односно кафеава мечка. Во соработка пак со НУ Завод и Музеј, инспирација на учесниците е и мотивот од големата Базилика во Хераклеа Линкестис.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.