Macedonian Sun
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
S NCE
WEB EDITION
Година XX, Број 806, Ноември 2016
WEB ИЗДАНИЕ
MONTHLY EDITION
ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО
MONTHLY EDITION
НА 03.11.2016 НАЈЗНАЧАЈНАТА, НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО, ОПШТИНАТА МУ ЈА ДОДЕЛИ НА ГИНОТ
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
WEB ИЗДАНИЕ
WEB EDITION
ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ТРАМП НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ФОНДАЦИЈАТА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ, ДОНИРАШЕ АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО ВО СОС ДЕТСКОТО СЕЛО
www.makedonskosonce.com
Macedonische Sonne Soleil Macedоnien
ЧЕСТИТКА ЗА ИЗБОРОТ НА ДОНАЛД ТРАМП ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД
Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"
Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija
e edna!!!
Реакција за актуелизирањето на можноста за редефинирање на Охридскиот Рамковен Договор Почитувани, Во врска со неодговорното предизборно актуелизирање на наводната потреба за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија и можноста за редефинирање на Охридскиот Рамковен Договор од страна на СДСМ, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Во името на Македонската Дијаспора остро се спротиставуваме на било какви идеи, разговори и преговори за надминување на рамките дефинирани во Уставот на Татковината како последица на Охридскиот Рамковен Договор. Македонската Алијанса изразува длабоко разочарување што СДСМ во предизборни цели и додворувајќи се на Албанските гласачи крајно неодговорно отвора многу чувствителни меѓуетнички теми, како воведување на двојазичност на целата територија на Македонија преку отворање на Уставот. Ако до пред два месеци опозициското раководство не уверуваше дека ставот на нивните првенци за воведување на двојазичноста наводно било негативна пропаганда кон нив, и немало никаква врска со реалноста, сега, од настапот на лидерот на СДСМ пред Албанската Дијаспора повеќе од јасно дека се работи за нивна свесно смислена кампања. Пред официјалниот старт на кампањата чувствуваме за потребно да го повикаме СДСМ да ги преиспита овие свои ставови. Македонските национални интереси не смее да се ставаат на коцка. Изборите ќе поминат, но штетата која на долг рок може да се одрази врз иднината на Татковината и врз нашите граѓани сега не може точно да се процени. Македонската Алијанса нема ништо против нашите сограѓани Албанци, но сметаме дека е огромна штета за националните интереси да се тврди дека не е ништо спорно, на пример, за Македонците во Прилеп да се официјализира Албанскиот јазик. Соживотот и меѓуетничката толеранција не може да се сведува на безгранично попуштање на Македонскиот народ. Македонија е пример во регионални и светски рамки за начинот на кој ги има уредено правата на помалите етнички заедници и секој кој го тврди обратното свесно и со умисла работи на директна штета на Македонските национални интереси. Треба да се земе предвид дека нашите браќа и сестри Македонци во Албанија, во 21 век, се уште водат демократска битка за основните човекови права и слободи, за основање на Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на Државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик. Ние не смееме да забораваме дека Македонците во Албанија се маргинализирани, нивните права активно да учествуваат во општествено - политичкиот живот се ограничени и постои тенденција за нивно дополнително ограничување. Доказ за тоа е новата територијална организација и уредување на Општините во Албанија, заради која Македонците останаа со само со Општината Пустец, во која живее доминантно Македонско население, бидејќи не беше прифатено нашето барање трите Општини од подрачјето на Голо Брдо и трите од регионот на Гора да не се припојуваат кон доминантно Албански Општини, туку да се формираат самостојни Општини Голо Брдо и Гора. Ние сме сигурни дека на 11 декември ќе победи разумот и Македонскиот народ сплотено ќе застане во одбрана на сигурната иднина на нашата заедничка Татковина за која генерации наши предци ги давале своите животи. Уверени сме дека Македонија ќе продолжи да чекори по стратешкиот колосек и кон економскиот просперитет. Бог да ја чува нашата Татковина!
\or|ija - Xorx Atanasoski
Н А Г РА Д А З А ЖИВОТНО ДЕЛО Наградата ја прими неговиот син Николас Атанасоски. Тој го изјави следново: “Со 20 долари во џебот татко ми пристигнал во Америка. Тој имал само 17 години, но вредно работел за да стане тоа што е сега
НА 03.11.2016
НАЈЗНАЧАЈНАТА, НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО, ОПШТИНАТА МУ ЈА ДОДЕЛИ НА ГИНОТ ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ
Н
а 03.11.2016, денот на ослободувањето на градот Прилеп, во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп, се одржа свечена церемонија по повод доделување на 3то ноемвриските награди, најпрестижното општинско признание. Најзначајната, наградата за животно дело, Општината му ја додели на г-инот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Г-ин Атанасоски поради професионални обврски во САД не беше во можност лично да ја прими наградата, меѓутоа во негово име, со емотивен говор, наградата ја прими неговиот син Николас Атанасоски. Тој го изјави следново: “Со 20 долари во џебот татко ми пристигнал во Америка. Тој имал само 17 години, но вредно работел за да стане тоа што е сега. Тој е еден од ретките кои се збогатиле во странство, а вложиле толку многу во Македонија. Тој се извинува што заради неодложни политички и бизник ангажмани во Америка не може да биде овде вечерва со нас, сепак, му беше голема чест кога слушна дека ја доби оваа значајна награда за животно дело. Знам колку вредно работи во неговата фабрика Мајкрофлекс, нема ниедна компанија во светот што може да го произведе тоа што тој со своите вработени го произведува таму, што е исто така огормен успех. Но, со неговата несебичност и вложувајќи ги тие тешко заработени пари во Македонија придонесува со отворање нови работни места и помага во опш-
теството, тоа е она што најмногу ме прави горд на мојот татко. Докажа дека е вистински патриот кој има уникатна љубов за својата држава. Никогаш нема да заборавам, кога бев уште помлад, можевме со часови да зборуваме за историјата на оваа држава. Тој дури има купишта книги во својата канцеларија на најразлични теми за Македонија и македонската историја. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
Голема благодарност до Градоначалникот Марјан Ристески и Советот на Општина Прилеп за иницијативата и одлуката за доделување на оваа награда. Ви го честитаме 3ти ноември Денот на ослободувањето на Прилеп. Без оглед на неизмерните постигнувања на мојот татко, сигурен сум дека ова е само почетокот!”
МАРК БАРНС: „Околу прашањето коешто се однесува за името на вашата земја, коешто сакаат да ви го сменат и да престанете да се викате и именувате како Македонци, што пак е нечуено во светската историја, никој не смее да ви го смени името и идентитетот затоа што вие сте родени како Македонци и ќе продолжете да живеете и да се именувате така“, вели Барнс. Според енго, нечесно е што Грците во САД даваат милиони долари за Демократската партија само за да и се додворуваат и да ве натераат да го смените името
ТРАМП НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
САД по изборот на новиот претседател Доналд Трамп ќе продолжат да го градат патот на добрата соработка со Македонија, вели Марк Барнс, советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Во интервју за ТВ Сонце, Барнс, истакнува дека никој не смее да го смени уставното име и идентитетот на Република Македонија. „Околу прашањето коешто се однесува за името на вашата земја, коешто сакаат да ви го сменат и да престанете да се викате и именувате како Македонци, што пак е нечуено во светската историја, никој не смее да ви го смени името и идентитетот затоа што вие сте родени како Македонци и ќе продолжете да живеете и да се именувате така“, вели Барнс.
Според него, нечесно е што Грците во САД даваат милиони долари за Демократската партија само за да и се додворуваат и да ве натераат да го смените името. „Бидете сигурни дека сега со именувањето на Трамп за претседател на САД, нема тоа да се случи, односно нема да се смени името на 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
вашата земја Македонија. Гарантирам дека со изборот на Трамп за претседател на САД, секоја иницијатива предводена од Демократската партија на САД и демократското владеење веднаш ќе биде запрено. Тоа се однесува и за промената на името на државата Република Македонија“, додаде Барнс.
ФЛОРИДА, 09 НОЕМВРИ 2016 По повод изборот на Доналд Трамп за нов, 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната честитка:
В
о името на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат и работат во САД, членовите на Македонската Алијанса, на Г-динот Трамп му го честитам изборот и му посакувам успех во претседателствувањето со најмоќната Држава во светот. На Американскиот народ му ја честитам победата која во овие историски моменти станува симбол на нова надеж за подобра и сигурна иднина. Ни беше чест што се вградивме и дадовме скромен придонес во победата на Републиканецот Доналд Трамп, кој несомнено ќе остане запаметен како кандидат на обичните Американци кој работат напорно и секојдневно придонесуваат во економскиот развој на САД. На граѓаните на Република Македонија им порачувам да бидат спокојни и среќни. Соединетите Американски Држави остануваат најсилниот стратешки сојузник на Татковината и целиот Македонски народ. Силно веруваме дека сега се отвораат нови перспективи за остварување на нашите стратешки цели. Со очекување за намалено влијание на исклучително моќната Грчка Дијаспора која традиционално е блиска со Демократската
ЧЕСТИТКА ЗА ИЗБОРОТ НА ДОНАЛД ТРАМП ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД
партија, може да се надеваме уште еден доказ дека народот на поголем но принципиелен секогаш победува! притисок на идната администрација на САД за почитување МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА на меѓународното право што ќе обезбеди напредок во ЕвПретседател, роатланските интеграции на Татковината. Битката за одбраЃорѓија Џорџ Атанасоски на на најсветото, Македонското име и идентитет, продолжува! Победата на идниот Претседател Доналд Трамп е 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
Џон Подеста, кој ги советуваше претседателите Бил Клинтон и Барак Обама, а кој сега е шеф на изборната кампања на Хилари Клинтон, во порака објавена од Викиликс вели дека тој лично се уште го користи изразот ПЈРМ за нашата земја. Изминативе недели Викиликс објави илјадници пораки на Подеста, кој инаку по неговата мајка има грчко потекло. Пос тоењето и содржината на овие пораки го поттикна ФБИ да ја поведе кривичната истрага која се води против Хилари Клинтон
ПОРТПАРОЛОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ
КИРБИ ОДБЕГНА ДИРЕКТЕН ОДГОВОР ЗА ПОРАКАТА ВО КОЈА СОВЕТНИК НА КЛИНТОН МАКЕДОНИЈА ЈА НАРЕКУВА ПЈРМ
П
ортпаролот на американскиот Стејт Департмент Џон Кирби изјави дека САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да го решат спорот за името во рамките на Обединетите Нации, и одбегна директно да одговори на можното влијание на интернет пораката во која висок советник на Хилари Клинтон го употреби изразот ПЈРМ. Џон Подеста, кој ги советуваше претседателите Бил Клинтон и Барак Обама, а кој сега е шеф на изборната кампања на Хилари Клинтон, во порака објавена од Викиликс вели дека тој лично се уште го користи изразот ПЈРМ за нашата земја. Изминативе недели Викиликс објави илјадници пораки на Подеста, кој инаку по неговата мајка има грчко потекло. Постоењето и содржината на овие пораки го поттикна ФБИ да ја поведе кривичната истрага која се води против Хилари Клинтон. "Соединетите Американски Држави продолжувааат да ги поддржуваат разговорите кои се водат во Обединетите Нации за прашањето со името на Македонија и поддржуваме разрешување на ова долгорочно несогласување што е можно поскоро. Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе најдат заемно прифатливо
решение на спорот што е можно поскоро, во интерес на евроатланската интеграција, економскиот просперитет, мирот и безбедноста. Ова е нашиот став сега и сакаме лидерите на двете земји да го разрешат ова прашање. А што се однесува на тоа што идниот претседател, независно кој е, ќе реши во врска со ова прашање, тоа зависи од него или неа. Јас 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
можам да ви одговорам која е нашата политика, и како оваа администрација гледа на прашањето", изјави портпаролот Кирби, прашан од Македонската Телевизија за тоа дали ставот на САД кон македонското име може да се смени со евентуалниот избор на Хилари Клинтон за претседател и нејзиниот ангажман на Џон Подеста.
БЕЈЛИ: “Кампањите се период за нагласување на разликите, додека постизборниот период во САД е време на соединување. И сега кога кампањата е завршена, ние од Амбасадата и администрацијата ќе се вратиме на својата работа на градење добри врски помеѓу Македонија и САД“, рече Бејли. Според него луѓето од Македонија и САД сакаат просперитет и добро образование за своите деца, како и мир и напредок во светот
ПОДДРШКАТА НА САД КОН МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ИСТА
П
оддршката на САД кон Македонија останува иста и нема да се промени“, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли во прес центарот каде што се следеа резултатите од претседателските избори во САД. “Кампањите се период за нагласување на разликите, додека постизборниот период во САД е време на соединување. И сега кога кампањата е завршена, ние од Амбасадата и администрацијата ќе се вратиме на својата работа на градење добри врски помеѓу Македонија и САД“, рече Бејли. Според него луѓето од Македонија и САД сакаат просперитет и добро образование за своите деца, како и мир и напредок во светот. „Ве уверувам дека предизвикот е прифатен. Ние немаме афинитет кон некоја
партија. Предизвиците нема да се сменат од 8-ми до 9-ти ноември, ниту пак нашите долготрајни парнерства и интереси. САД и се партнери на Република Македонија веќе 25 години во кои имаше четири различни американски администрации. Ние сме посветени за успехот на 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
Република Македонија“, додаде Бејли. Републиканскиот кандидат Доналд Трамп е новиот американски претседател. Во говорот по победата изјави дека неговата Влада ќе му служи на народот. Кандидатот на демократите Хилари Клинтон го призна поразот.
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со најновата провокација на Грчкиот Претседател, Прокопис Павлопулос, кој од Костур, каде бил прогласен за почесен граѓанин, користејќи ја истата потценувачка и иредентистичка реторика кон Татковината, повторил дека според него Македонија е Грчка, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција
РЕАКЦИЈА ЗА НАЈНОВАТА ПРОВОКАЦИЈА ОД ГРЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРОКОПИС ПАВЛОПУЛОС ОД КОСТУР
Н
ема никакво сомнение дека серијата подмолни провокации на Павлопулос се дел од смислена стратегија на официјална Атина. Јасно е дека Општините во Егејска Македонија се принудени да го прогласуваат Павлопулос за почесен граѓанин за да тој во Македонските градови кои се симбол за историската неправда како Букурешкиот договор, ја користи приликата да фрла отров кон Македонија и Македонскиот народ. Оваа најнова иредентистичка кампања на Грчкиот Претседател почна во јули од Кавала кога се одбележуваше 103 години од присвојувањето на Егејска Македонија, па во Воден, пред десетина дена во Солун, вчера продолжи во Костур каде Павлопулос свесно и со умисла провоцира и си поигрува со чувствата на Македонскиот народ, инвестирајќи во влошување на билатералните односи. Ова е уште една потврда дека ние од Македонската Алијанса сме во право кога во континуитет тврдиме дека таканаречените мерки за градење доверба на Коsиас се лажни и без вистинска волја од официјална Атина. Македонската Алијанса му порачува на Павлопулос, може колку сакате да се занесувате и да користите злобна реторика, но Македонија никогаш ниту била, ниту ќе биде Грчка! Најдобро за Прокопис Павлопулос, Панос Каменос и Никос Коsиас конечно да се отрезнат и да сфатат дека за Македонското име и идентитет преговори нема и нема да има! Вжештените глави кај нашиот јужен сосед избрале тотално погрешна стратегија! Секоја нова закана од Грчка страна
придонесува за зголемување на бројот на наши меѓународни сојузници кои се повеќе стануваат свесни за вистината дека Грчките политички елити веќе со децении неправедно ја блокираат Македонија, што е потврдено и со пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Грчките иредентистички политики се уште повеќе загрозени со историски голема победа на Доналд Трамп на Претседателските избори во САД. Неговиот советник Марк Барнс уште од сега во интервју за ТВ СОНЦЕ јасно става до знаење дека новоизбраниот Претседател на САД, Доналд Трамп, ќе ја заштити Македонија и ќе се спротистави на сите ирационални барања за промена на светото Македонско име и идентитет. Тој порачува, цитирам: „никој не смее да Ви го смени името и идентитетот затоа што Вие сте родени како Македонци и ќе продолжите да живеете и да се именувате така“. Појасно и подиректно од ова здравје! Ја користам приликата, уште еднаш да ги повикам лидерите на сите политички партии во Татковината, веднаш одлучно и един08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
ствено да ја осудат националистичката, иредентистичка и негаторска политика на официјална Атина. Треба сите заедно да соопштиме дека ги замрзнуваме сите разговори за таканаречените мерки за градење доверба се додека Грчката Влада на Алексис Ципрас не се извини за провокациите. Само со ваков високо патриотски чин и потег за одбрана на Македонска чест и достоинство, токму пред почетокот на предизборната кампања, за ова многу чувствително прашање за Татковината ќе покажеме општо национално единство и ќе пратиме јасна порака - ниту една политичка партија нема да дозволи официјална Атина да си поигрува со чувствата на Македонскиот народ и ниту еден лидер или политичар во Татковината нема да преговара за најсветото Македонско име и идентитет! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
На потпишувањето на Кодексот присуствуаа амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, заменик амбасадорот на ЕУ и и шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и сите членови на ДИК и други претставници на партиите. Кампањата за изборите на 11-ти декември започнува на 21 ноември и ќе трае до 9 декември на полноќ. Ќе учествуваат 11 политички субјекти пет коалиции и шест партии
СОГЛАСНО ОДРЕДБИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК
УЧЕСНИЦИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ПОТПИШАА КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ
С
огласно одредбите на Изборниот законик, политичките партии учесници во изборите на 11 декември, денеска во Државната изборна комисија потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Кодексот го потпишаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој ја предводи коалицијата „За подобра Македонија“, лидерот на СДСМ Зоран Заев, од здружената опозициска коалиција, во име на ДУИ Изет Меџити, Мендух Тачи од ДПА, Гзим Острени од коалицијата Алијанса за Албанците, Ивон Величковски од ЛП, Стојанче Ангелов од Достоинство во име на Коалицијата ВМРО за Македонија, Павле Трајанов од Демократски сојуз за Коалицијата за промени и правда – Трет блок, Билал Касами од Беса, Здравко Савески од Левица и Мухамед Халили од ПДП. На потпишувањето на Кодексот присуствуаа амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, заменик амбасадорот на ЕУ и и шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како
и сите членови на ДИК и други претставници на партиите. Кампањата за изборите на 11-ти декември започнува на 21 ноември и ќе трае до 9 декември на полноќ. Ќе учествуваат 11 политички субјекти пет коалиции и шест партии. Под реден број еден на избирачкото ливче ќе биде Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под редниот број два е Демократската партија на Албанците, тројка е Демократската унија за интеграција, a редниот број четири Коалицијата предводена 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
од СДСМ. Под број пет на избирачкото ливче ќе биде Коалицијата „За промени и правда-Трет Блок“, шеста ќе биде Партијата за демократски просперитет, седма Коалицијата „Алијанса за Албанците“, осма Либералната партија, деветта ВМРО-За Македонија, десетта на избирачкото ливче ќе биде Движење БЕСА и 11-та политичката партија Левица. Право на глас имаат вкупно 1.784.524 граѓани. Во дијаспората ќе можат да гласаат 20.591 македонски државјани.
VOJUVAL VO MAKEDONIJA SO PRESTOLNINA VO PRILEP. CELIOT @IVOT GO POSVETIL NA BORBATA PROTIV OSMANLIITE, [TITEJ]I GO MAKEDONSKIOT NAROD, KOJ GO OPEAL VO PESNITE, POEMITE I PRIKAZNITE. IZGRADIL MNOGU CRKVI I MANASTIRI. VO TOA VREME SE KOVALE PARI SO NEGOV LIK.
KRALE MARKO (VLADEEL OD 1371 DO 1396 GODINA)
ANTIGONA
PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA
MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME
A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE
ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI
ЕК: Во извештајот се наведува дека „растот на производството е проектиран да се зголеми врз основа на растот на инвестициите во 2017 година, како и на робустната потрошувачка на домаќинствата, под услов политичката криза да заврши. Ова се предвидува да биде поддржано од страна на продолжениот фискален стимул, па ЕК додава дека „плановите на Владата за фискална консолидација се повеќе и повеќе таинствени, со оглед на недостатокот на утврдени мерки и повторливите фискална излети
ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ И ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА РАСТОТ НА БДП НАМАЛЕН НА 2,1 %
Р
астот на македонскиот Бруто домашниот производ ова година ќе изнесува 2,1 проценти наместо 3,7 проценти. Ова го објави Европската комисија во најновата есенска економска прогноза за земјитечленки и земјите-кандидати за членство во Европската унија. Како причина за новата корекција, Кумисијата ги наведува поплавите во скопско и политичката криза. Комисијата наведува дека следната година БДП ќе изнесува 3,2 проценти. Во извештајот се наведува дека „растот на производството е проектиран да се зголеми врз основа на растот на инвестициите во 2017 го-
дина, како и на робустната потрошувачка на домаќинствата, под услов политичката криза да заврши. Ова се предвидува да биде поддржано од страна на продолжениот фискален стимул, па ЕК додава дека „плановите на Владата за фискална консолидација се повеќе и повеќе таинствени, со оглед на 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 Ноември 2016
недостатокот на утврдени мерки и повторливите фискална излети“. Во извештајот се наведува дека проблематична е најавата за зголемување на јавниот долг, кој годинава изнесувал 40,5 проценти, а во наредните две години, ЕК прогнозира дека ќе биде до 43 отсто.
СВЕТСКА БАНКА: Во најновиот Економски извештај за регионот на Европа и Централна Азија се маведива дела по разрешување на политичкат акриза, растот догодина да 3,3 процнети, а 2018 година 3,7 проценти. Во извештајот се наведува дека политичката ситуацијата останува главен ризик фактор на краток рок, додека зголемениот фискален ризик поради брзото темпо на раст на државниот долг може негативно да влијае на растот на среден рок
ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВЛИАЕ НА РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА
Е
кономскиот раст на Македонија годинава ќе биде ограничен на 2 отсто поради продолжувањето на политичката криза, прогнозира Светска банка. Во најновиот Економски извештај за регионот на Европа и Централна Азија се маведива дела по разрешување на политичкат акриза, растот догодина да 3,3 процнети, а 2018 година 3,7 проценти. Во извештајот се наведува дека политичката ситуацијата останува главен ризик фактор на краток рок, додека зголемениот фискален ризик поради брзото темпо на раст на државниот долг може негативно да влијае на растот на среден рок. Според Светска банка, поради продолжената политичка нестабилност во земјава негативно реагираа приватните инвеститори. Како главни двигатели на економскиот раст СБ ги наведува приватната потро-
шувачка и зголемените инвестиции, особено јавните инвестиции поврзани со изградбата на двата нови автопата. Од земјите во регионот се 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
предвидува најголем раст оваа и наредната година да има Косово со 3,6 проценти и 3,9 проценти, а во 2018 година Косово и БиХ со проектиран раст од 3,7 проценти.
ДОНАЦИЈА ”Ми причинува огромно задоволство што повторно стојам овде, во СОС Детското село во Скопје, како дел од една убава и успешна приказна која започна лани, на 25ти декември, кога Фондацијата основана од мојот татко Ѓорѓија Џорџ Атанасоски донираше новогодишна радост со пакетчиња за децата овде,” кажа директорот на Фондацијата, Николас Атанасоски
ФОНДАЦИЈАТА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ, ДОНИРАШЕ АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО ВО СОС ДЕТСКОТО СЕЛО
Ф
ондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски денес, по втор пат донираше во СОС Детското село оваа година. Донацијата беше во форма на апарати за домаќинство според актуелните потреби на селото. Претставници на Фондацијата, меѓу кои и директорот на Фондацијата Николас Атанасоски го посетија СОС Детското село во Скопје и свечено ја предадоа донацијата. ”Ми причинува огромно задоволство што повторно стојам овде, во СОС Детското село во Скопје, како дел од една убава и успешна приказна која започна лани, на 25ти декември, кога Фондацијата основана од мојот татко Ѓорѓија Џорџ Атанасоски донираше новогодишна радост со пакетчиња за децата овде,” кажа директорот на Фондацијата, Николас Атанасоски. Домаќините беа бескрајно благодарни, затоа што оваа донација значително им помага и на родителите, покрај децата. Директорот на Фондацијата Николас Атанасоски посети едно од семејствата во детското село каде што разговараше за општите услови, начинот на функционирање и потребите на куќите.
“Овој пат, Фондацијата подарува апарати за домаќинство, издвоени конкретно од списокот најпотребни работи за СОС Детското село. Оваа донација е посебна и различна од претхнодната затоа што верувам дека покрај децата, ќе ги израдува и родителите во СОС семејствата. Апаратите за домаќинство несомнено ќе овозможат подобри услови за развој на секое дете, а воедно ќе ја олеснат секојдневната работа на родителите,” изјави Николас Атанасоски. “Како што веќе напоменав, ова не е прва донација на Фондацијата Атанасоски во СОС 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
Детското село, но и ќе нагласам дека не е и последна. Пријателството и соработката на овие две организации се надевам дека уште долго ќе траат и ќе бидат уште поуспешни. Концептот и хуманиот карактер на СОС Детските села ширум светот се навистина за поздрав, и Фондацијата Атанасоски тоа континуирано ќе го наградува и поддржува,” додаде тој. Ова не е прва, ниту последна донација на Фондацијата во СОС Детското село. Наскоро овие две организации ќе потпишат и меморандум за соработка со што ќе се продолжи и продлабочи пријателството на долг рок.
ГОСТ УВАЊЕ Станува збор за проекти во кои се вклучени уметници од Народниот театар - Битола и од компанијата „Лит Мун“ од Санта Барбара како резултат на долгогодишната соработка помеѓу двете театарски институции. Поради големиот интерес, претставите во периодот од 5 до 8 часот беа одиграни по 3 пати со што многубројната публика можеше да ги проследи редоследно по сопствен избор и да ја комплетира сликата на целокупниот перформанс кој го слави делото на Шекспир
С
о многубројна публика заинтересирана за македонската театарска уметност, се одвива гостувањето на Народниот театар Битола во Санта Барбара, Калифорнија во Соединетите Американски Држави. На четири различни локации во Музејот на Санта Барбара беа одиграни четирите кратки претстави инспирирани од Сонетите на Шекспир, кои својата премиера ја имаа летово на четвртото издание на интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“.Станува збор за проекти во кои се вклучени уметници од Народниот театар - Битола и од компанијата „Лит Мун“ од Санта Барбара како резултат на долгогодишната соработка помеѓу двете театарски институции. Поради големиот интерес, претставите во периодот од 5 до 8 часот беа одиграни
НАРОДНИОТ
ТЕАТАР БИТОЛА ВО САНТА БАРБАРА
по 3 пати со што многубројната публика можеше да ги проследи редоследно по сопствен избор и да ја комплетира сликата на целокупниот перформанс кој го слави делото на Шекспир. Овој проект е дел од петдневниот фестивал што се случува во Санта Барбара, на кој в недела (20 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
ноември) битолскиот Театар ја одигра и претставата „Антоние и Клеопатра“ во режија на Џон Блондел. Уште еднаш македонскиот јазик и култура се претставени во друштво на познавачи на театарот и делото на Шекспир за што пишува и познатиот шекспиролог од Канада, Рандал Мартин.
„Прекината одисеја“ е реализирана преку креативна соработка помеѓу полски и македонски уметници заснована на вистинска, но истовремено и необична приказна. Во 1948 година, од подрачја зафатени со брутална граѓанска војна во Грција, од територијата на Егејска Македонија комунистичките партизани евакуираат македонски деца кои се преплашени, прегладнети и кои страдаат "
К О П Р О Д У К Ц И С К А П Р Е Т С ТА В А МЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ Н А Р О Д Е Н Т Е АТА Р И П О Л С К И О Т Т Е АТА Р „ Х Е Л Е Н А МОДЖЕЈЕВСКА“ ОД ЛЕГНИЦА
"ПРЕКИНАТА ОДИСЕЈА"
П
рекината одисеја“ – копродукциска претстава меѓу Македонскиот народен театар и полскиот театар „Хелена Моджејевска“ од Легница, во режија на Јацек Гломб и со македонски и полски актери во улогите, по премиерата во Скопје на 17 септември, до 27 ноември ќе гостува во Полска. „Прекината одисеја“ е реализирана преку креативна соработка помеѓу полски и македонски уметници заснована на вистинска, но истовремено и необична приказна. Во 1948 година, од подрачја зафатени со брутална граѓанска војна во Грција, од територијата на Егејска Македонија комунистичките партизани евакуираат македонски деца кои се преплашени, прегладнети и кои страдаат. Поминувајќи тежок пат, еден дел од нив пристигнуваат во Полска. Тука наоѓаат вистински дом. Токму Полска им овозможува да ги лекуваат траумите од војната, им обезбедува образование и животна шанса… Потсетувањето на тој факт не претставува само историска занимливост. Современиот живот нè става пред слични предизвици – и денес не е мал бројот жртви од секојднев-
ните војни…, наведуваат од МНТ. Двојазичната претстава се состои од два дела. Во првиот дел зборуваат возрасни Полјаци кои воспоставуваат комуникација со децата-бегалци 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
и стануваат нивни старатели. Вториот дел, во кој учествуваат македонските и полските актери, буди спомени од минатото. Тие се сега возрасни и ги анализираат настаните за кои сведочеле како деца.
Ова беше едно фантастично дожувување да се почувствува енергијата од публиката на преполнетиот театар од 250 луѓе каде деведесет минути само се смееше и уживаше она што го гледа на сцена. Еден од гледачите забележа дека Душан како терапевт создаде терапија со смеење, каде целата публика со нетрпение очекуваше да се расветли сонот на баба Јана
В
о просториите на Civic театарот во Хрствил, Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ја изведе премиерата на драмата „Баба се мажи“ од Душан Ристевски во режија на Васко Србиновски. Ова беше едно фантастично дожувување да се почувствува енергијата од публиката на преполнетиот театар од 250 луѓе каде деведесет минути
ВО ПРОСТОРИИТЕ НА CIVIC Т Е АТА Р О Т В О Х Р С Т В И Л , А В С Т РА Л И С КО М А К Е Д О Н С К И О Т Т Е АТА Р О Д С И Д Н Е Ј
"БАБА СЕ МАЖИ"
само се смееше и уживаше она што го гледа на сцена. Еден од гледачите забележа дека Душан како терапевт создаде терапија со смеење, каде целата публика со нетрпение очекуваше да се расветли сонот на баба Јана. Да бидам искрен, досега не сум бил во можност да гледам комедија која од смеење очите постојано ми солзеа – доживување кое долго ќе го паметам. И во саботата 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
кога се даде втората престава, како што бев информиран, театарот бил исполнет до последно место, вели Иван Трпоски. Инаку двете престави биле одиграни како дел од Фестивалот за уметност Discovery на градската општина Georges River. Исто така драмата следната сабота ќе се прикаже во Волонгонг, а во недела гостува во Рогдаел и потоа следи Бенкстеон на 3 декември.
ВО СТРУМИЦА ОДРЖA КОНЦЕРТ СО КОЈ СЕ ОДБЕЛЕЖA Концертот беше последен од циклусот седум концерти. Атанасов неодамна одржа рецитал во Софија во придружба на пијанистот Тодор Светиев, а имаше и концерти во Скопје, Св. Николе и Делчево
40 ГОДИНИ УМЕТНИЧКА ДЕЈНОСТ НА ОБОИСТОТ ВАСИЛ АТАНАСОВ
О
боистот Васил Атанасов во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица одржa концерт со кој одбележa 40 години уметничка дејност... Концертот го организира Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) по повод јубилејот на Атанасов кој годинава ја доби наградата „Златна лира“ за животно дело – највисоко признание кое го доделува СМУМ. Концертот беше последен од циклусот седум концерти. Атанасов неодамна одржа рецитал во Софија во придружба на пијанистот Тодор Светиев, а имаше и концерти во Скопје, Св. Николе и Делчево. 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
Ф И Л АТ Е Л И С ТО Т Б РА Н И С Л А В С В Е ТО З А Р Е В И Ќ Прикажаниот поштенски материјал и кореспондецијата дава приказ и на други историски периоди важни за државата. „Експонатите претставени тука не се само филателистички целини туку тие имаат и една своја мисија да ја запознаваат македонската јавност со трнливиот пат на македонската независност и нејзиното меѓународно признавање“, изјави Зоран Стрезовски
Ф
илателистот Бранислав Светозаревиќ со децении ја создавал збирката од поштенски марки, коверти и разгледници, сега собрана на едно место и отворена за посетителите. Повод, како што вели, е 25-годишнината од Декларацијата за независност на Македонија. „Изложба се состои од една поголема збирка од филателистичко-карте филска збирка која ја собирам веќе 25 години и која се состои од службени коверти потоа коверти испраќани првиот ден на издавањето на поштенската марка, пригодни коверти , покани, разгледници, максимум карти значи една интересна отворена и изложба”, рече авторот Бранислав Светозаревиќ. Прикажаниот поштенски материјал и кореспонденцијата дава приказ и на други историски периоди важни за државата. „Експонатите претставени тука не се само филателистички целини туку тие
ИЗЛОЖБА НА ПОШТЕНСКИ МАРКИ
имаат и една своја мисија да ја запознаваат македонската јавност со трнливиот пат на македонската независност и нејзиното меѓународно признавање“, изјави Зоран Стрезовски. На почетокот од изложените експонати може да се видат писма и разгледници до македонската емиграција во странство, испраќани меѓу двете светски војни, за пропагандни цели во земјите 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 806 / Ноември 2016
во кои делувале, кои покажуваат желба за независна и обединета Македонија. Бранислав Светозаревиќ е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Автор е на повеќе од 22 фотографски, филателистички и картофилски изложби на тема од историјата, културата и спортот.