СОДРЖИНА Оската Атина - Париз во антимакедонска офанзива
Гоце Делчев: "Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец".
8
Македонија е една, ама не грчка, туку само македонска!
12
Од век во век влегуваме сè поосакатени оти непријателот ни создава историја на фрагментирана земја и децимален народ
16
Црквата во целост ја негува верската 34 традиција
ДУИ граби, ДПА се мисли!
20
Милошевиќ и Ѓинѓиќ се превртуваат 38 в гроб
Откако Петковски и другите се "омрсија" лесно е да се фаќа магла
22
Помпеја како извор на вечна инспирација 46 Федерализација на Македонија?!?
26
Парчето леб е најгорко во родниот крај
28
Издавач: ДНИД "Македонско
сонце" ДООЕЛ - Скоје
Oсновач: Ѓорѓија - Џорџ Аанасоски Директор: Елизабеа Хаџи-Сојанова Косурска Главен и одговорен уредник, jазична редакција и лектура:
Силвана Блажева
Заменик главен и одговорен уредник:
Александар Келаноски
Редакциски колегиум:
Македонија е ретко место на Земјината топка што поседува идентитет сама по себе. Таа му припаѓа на оној народ што го има положено своето, пред портите на нејзиното Големо и гордо име. Како што тоа го сторивме ние, денешните Македонци, продолжувачи на континуитетот и идентитетот втемелен од античките Македонци. Цивилизациска придобивка вградена во светската културноисториска ризница која нас Македонците најмногу нè задолжува и обврзува.
Кокан Сојчев Жаклина Миевска Милева Лазова Арсен Колевски Мишко Талески Магдалена Андоновска Мирослав Георгиевски
Соработници:
Фросина Ташевска-Ременски Љубомир Цуцуловски Димиар Мирчев Пеар Шкрбина Димирие Маневски Дејан Савовски Александар Вучевски Живанка Филиовска
Технички уредник:
Синиша Кариќ
Помошник на техничкиот уредник:
Владимир Сојковски
Дактилограф:
Зорица Кмеовска
Секретар на Редакцијата:
Сузана Јосифовска
Дистрибуција: МЕДИА ПРИНТ МАКЕДОНИЈА, AXEL SPRINGER VERLAG
Адреса: Редакција "Македонско сонце" ул. "Ленинова" бр. 87, 1000 Скопје, Р Македонија. Тел: ++389 2 3130-137; Факс: ++389 2 3130-377; е-пошта: redakcija@makedonskosonce.com; Жиро-сметка 200001070137263 - ДНИД "Македонско сонце" ДООЕЛ - Скопје; Единствен даночен број: 4030995235235 - Стопанска банка; Девизна жиро-сметка: Za "Makedonsko sonce" MACEDONIA; Bank name: Stopanska Banka A.D. - Skopje; Bank number: STOBMK2X, ID number: 1574718. IBAN: MK 07200001082723110 Претплата за Македонија: годишна 2.300 ден, полугодишна 1.100 ден, тримесечна 600 ден; Претплата за Европа: - годишна 120 ЕУР, полугодишна 70 ЕУР; Претплата за САД, Канада : - годишна 150 USD, полугодишна 80 USD, Австралија и Нов Зеланд : - годишна 150 АUD, полугодишна 80 АUD. Во претплатата се вклучени ПТТ трошоците. Печати: "ЕВРОПА 92"Кочани РАКОПИСИТЕ И ФОТОГРАФИИТЕ НЕ СЕ ВРАЌААТ Според мислењето на Министерството за култура број 08-3773/2 од 24 мај 1995 година и согласно чл. 30 став 8 од Законот за додадена вредност, македонскиот светски неделник "Македонско сонце" е производ, за којшто се плаќа посебна повластена даночна стапка од 5 отсто.
МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКИТЕ Заврши словенечкото претседавање со Европската унија. Изминативе шест месеци официјална Љубљана се обиде да го стави Западен Балкан во фокусот на вниманието на европските дипломати. Колку успеала во тоа времето ќе покаже. Меѓутоа, останува впечатокот дека освен публицитетот и афирмацијата на нашиот регион, Словенија ништо друго конкретно и практично не успеа да извлече од сè поконзервативната Европа. Младата членка на европското семејство не беше докрај целосно сфатена од Брисел за потребите кои ги имаат поранешните југословенски републики. Неспорно е дека Јанша и Рупел креираа офанзивна стратегија, со која им ја објаснија на клучните европски сили улогата, важноста и значењето на еден европски Балкан. Словенија се докажа како неприкосновен пријател на Македонија и на Македонците, пријател кој ги разбира чувствата на доскорешните собраќа.
Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ
Д
околку, освен иницијативата за наше скорешно приклучување кон ЕУ, Словенија не успеа да направи друг подвиг, бидејќи отворено беше спречена и надгласана од страна на Грција и нејзините сојузници, кои негуваат антимакедонски чувства, тогаш ниту Франција не ќе може со посилно темпо да наметне некој нов курс на односи на релација Брисел - Скопје. Имено, сè ќе остане исто како и досега. Она на што Македонија треба да работи во натамошниот период е да спречи ширење на фронтот на земји кои би ги контролирала Грција во поглед на македонското прашање. Доколку успееме во тоа ќе санираме барем малку од проблемите кои ни стојат на вратот. Реално е да се очекува нова кампања од страна на Атина, понесена од фактот дека земјата која ја предводи најголемиот европски сојузник и ја поддржува во спорот со Македонија, сега е на кормилото во Брисел. Грција ќе се обиде максимално да ги искористи Франција и Саркози кога е во прашање името, па и идентитетот на нејзиниот северен сосед.
Едноставно, словенечката дипломатија внесуваше европеизам во самата Европа, го создаваше процесот кој одамна требаше да биде завршен. Словенија се обиде да ги врати демократските придобивки врз чии основи треба да почива старата дама. Дека поголемите од неа тоа не го разбраа и сè уште не сакаат да го разберат не се виновни нашите словенечки пријатели. Тие многу нешта за нас и заради нас ставија на коцка, ризикуваа европски пријателства со многу поразвиени и побогати земји од нашата. Македонија има докажан стратешки партнер за во иднина. Тоа треба да го цениме, да го почитуваме и да го уважуваме. Сега ќе следуваат шест месеци нова неизвесност, нови тензии и притисоци врз македонството. Од 1 јули Франција претседава со ЕУ. Нејзиното партнерство со Грција, засновано врз индивидуални интереси на водачот на нацијата, за нас ќе биде голем насип, кој ќе мора што побезболно да го премостиме. Дали сме подготвени за одбрана од оваа група земји, кои отворено застануваат зад хегемонистичката политика на грчката држава? Дали премногу се фокусираме на внатрешните непотребни проблеми, а ги запоставуваме надворешните, кои се поопасни и поголеми од домашните? Премногу јасни ни се овие работи. Не треба многу да се анализира и да се откриваат непознати нешта кога сè ни е познато. Времето кое се потроши на некои споредни процеси тешко се дополнува, но веќе нема бегање. Сега сме во аголот и понатаму нема. Треба да се соочиме со реалноста. Ќе се храниме и натаму со патриотизам, ќе се колнеме и натаму во нашата историска вистина, ќе им докажуваме на белосветските патници дека ние сме во право, но очигледно тоа е недоволно за да ги задоволиме нивните суетни ликови. Која е стратегијата која треба да ја преземе македонската држава за да излеземе од хроничното лудило на модерните неонацисти? Неодложно е по ова прашање да се почне со јавни дебати на интелектуалните слоеви. Не смее да се дозволи тоа да им се остави само на потесни групи луѓе, кои не само што ја немаат позицијата и овластувањето 8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
ОСКАТА АНТИМА тоа да го сторат, туку ризикуваат еден ден да бидат осудени за чекорите кои ги донеле без согласност на пошироките народни маси. Нашето тактизирање со Грција не вроди многу со плод. Нашето пријателство со Словенија остана изолирано, бидејќи поддршката од нејзина страна придонесе само за зајакнување и за продлабочување на билатералните контакти, но немаше некои поголеми резултати на меѓународен план. Нам ни недостасува дрскоста која ја има Грција. Нам ни недостасува блага доза на безобразлук при користењето на историските материјални докази пред светот. Имаме бројни адути во своите раце, но многу е битно како тие ќе се искористат, не е сеедно како ќе му се претстават на светот.
ЕВРОПА МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ КАКО ОБИЧНА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА Додека грчката дипломатско-пропагандна машинерија продолжува со својот фашистички пристап во односите кон Македонија, поголем дел од европските земји се солидаризираат со нејзината надворешна политика. Повторно Македонија е таа која треба да отстапи, повторно Македонија "спроведува политика на иредентизам и сонува за големодржавни творби". Со колкава доза на перверзност настапи Дора Бакојани пред Кондолиза Рајс за време на нивната последна средба во Берлин. По којзнае кој пат го повика Вашингтон да изврши притисок врз Скопје да се откаже од тврдоглавоста и инаетот, бидејќи тоа не бил начинот за да се дојде до решение за спорот. Ние сме биле тие кои форсираат националистичка идеологија и иредентизам, а тие (Грците) биле основачи на демократијата и втемелувачи на европските вредности. Ваков невиден апсурд и пласирање на лаги нема од времето на Гебелс. Од друга страна, пак, истата таа Бакојани вешто ја крие позадината на заканувачката воена пропаганда на Грчката армија во северниот дел од земјата. Не сака да зборува за тоа, небаре е дел од некоја редовна воена вежба.
Д И П Л О М АТ И И
АТИНА - ПАРИЗ ВО КЕДОНСКА ОФАНЗИВА
СЛОВЕНИЈА ОСТАНА ДОКАЖАН ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
МИСТЕР БИН ОД ЕЛИСЕЈСКАТА ПАЛАТА Во наредните шест месеци Франција ќе раководи со телата на ЕУ. Таа не ги криеше своите амбициозни планови, кои планира да ги реализира за време на претседавањето. Но, самите Французи се скептици дека нивната земја и нивните лидери се способни да ја водат Унијата во вистински правец, особено по ирското спротивставување на Лисабонскиот договор. Огромно мнозинство од граѓаните воопшто не му веруваат на претседателот Саркози и се покајале што воопшто гласале за него и го избрале за шеф на државата. Тоа и ние Македонците добро го знаеме. Едноставно, тој е најпромашената политичка инвестиција на европската сцена. Типот не знае што да прави сам со себе, а не, пак, да води сметка за државата, нацијата и уште повеќе за континенталните проблеми. Саркози ја уништи француската надворешна политика. Неговата будалеста дипломатија создава аверзија кај другите држави и нации кон Франција. Уште поголем проблем претставува наивното и полтронско застанување на француските дипломати ширум светот во одбрана на неговите лични тези и лични погледи, кои се косат со константната дипломатска идеологија на француската држава. Сите знаат дека фраерот е блесав, но премолчуваат и играат по неговата хазардна музика. Ним им пречеа две мапи на етничка Македонија во Воениот музеј во Скопје, не како актуелна политика на државата, туку како дел од историското минато на Македонија и на Балканот, па го анимираа цел свет дека сакаме да им ја земеме половина Грција. Што значи сега паролата "Македонија е една и грчка", како мото на вежбата на Грчката армија? Не е ли тоа иредентизам, не е ли тоа закана со воена агресија врз Репуб-
лика Македонија, не е ли тоа навреда за националните чувства на македонскиот народ? Доста со приказните дека Грците биле чувствителни на својата историја и култура, која ние наводно им ја крадеме. Доколку тие навистина си ја сакаат својата историја и своите корени, тогаш треба да ја побараат далеку на југот од каде навистина потекнуваат. Во никој случај не треба автентичните грчки ко9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
рени да ги бараат на ниту еден сантиметар од етничките македонски простори, туку во Етиопија и во Буркина Фасо, од каде веројатно го наследиле и црниот тен кој денес го имаат. Не треба да се срамат од тоа. Експанзионистичката политика на Грција, карактеристична за XIX или за ХХ век неспорно не замрела. Таа продолжува со цел да освојува нови територии, иако живееме во векот на прогресот и разумот. Сè тоа Европа не
само што го толерира, туку и го поддржува. Со тоа нам ни дава до знаење дека Европската унија претставува само збир на земји, кои меѓу себе се поддржуваат и им наметнуваат критериуми, услови и задачи на другите. За нив не важи ниту меѓународното право, ниту почитувањето на човековите права и слободи, ниту правилата кои им се даваат на другите, иако устите постојано им се полни со тие зборови. Тие се привилегирани и сè можат да прават само затоа што се земји-членки на Унијата. Е, на таков начин нема никогаш да се постигне европското единство. На таква Европа не й предвидувам долго-
ЕВРОПА МОЛЧИ ЗА ГРЧКИТЕ ВОЕНИ ЗАКАНИ ДО МАКЕДОНИЈА
БАКОЈАНИ ГО ПОТПЛАТИЛА АХМЕТИ!? Потплатување на политичка партија за предизвикување инциденти и нерегуларности на вонредните парламентарни избори, со цел дестабилизација на државата и нејзино оддалечување од евроинтеграционите процеси, како алиби за обвинувањата на Атина дека Македонија не може да добие покана за НАТО и датум за преговори со Европската унија, бидејќи таа држава нема капацитет да организира фер избори, а во отсуство на аргументи по барањето за промена на државното име Македонија, е класично мешање во нашите внатрешни работи... Треба да се има предвид средбата на Али Ахмети со Дора Бакојани пред шест месеци во Атина, со индиции на договор за изборното сценарио и сервилноста на ДУИ за компромис за државното име. Прашањето за името на Македонија всушност е внатрешен проблем на Европската унија и на НАТО и тие сами треба тоа да го решат во односите со Атина. Македонците не се откажуваат од ЕУ и од НАТО и ќе продолжат со реформите заради себе, но во нив ќе пристапат тогаш кога Брисел и Стразбур сами ќе се справат со грчкиот геноцид и антимакедонизмот. Тодор Петров, Светски македонски конгрес
рочно опстојување. Со таква политика, за определен период, Унијата би можела да ја доживее судбината на Варшавскиот пакт и на слични сојузи, кои заради вештачките односи креирани врз основа на некој договор или спогодба, ја доживеаја судбината на пропаста. Денес Европа оди по таков пат. Таа претставува политички циркус, кој само пере пари и спроведува политика на софистицирана тортура врз помалите. Нејзиното видоизменување е повеќе од неопходно. Во спротивно ќе се распадне како обична невладина организација.
КОЕ Е ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ФРАНЦИЈА? Француско-грчката политичко-дипломатска врска во контекст на Македонија и на македонското прашање добива на интензитет. Релациите меѓу Караманлис и Саркози ќе бидат многу интересни во наредниот период. Ос-
ката Париз-Атина, и по евентуалното решавање на проблемот со името на нашата земја, нема да застане тука. Ќе продолжат да атакуваат врз многу други работи кои го тангираат идентитетот, културата и вредностите на македонскиот народ. Прерано е да се даде дури и хипотетичка проценка на можниот развој на настаните во тие рамки, но тие не треба да се маргинализираат и да се запостават. Улогата на грчката дипломатска мрежа ни е многу јасна веќе подолго време и до детали ја знаеме нејзината тактика. Но, претстои период кога неизбежно ќе мора да се разоткрие и да се разобличи стратегијата и политиката на Франција кон Македонија. Во моментов таа е по малку завиена, недефинирана до крај, со голема доза на лицемерство. Но, од друга страна, пак, ако се направи малку посеопфатен пресек на настаните можат да се откријат многу, навидум ситни моменти, кои на крај ќе изродат крупни сегменти во односот на Париз кон Скопје. 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
Да се навратиме во блиското минато, само четири години наназад, кога во близина на Мостар во Босна се урна авионот на претседателот Борис Трајковски. Загинаа сите патници во државното летало. Сомневањата за настанот останаа до денес. Да се потсетиме кои беа лицата одговорни за насочување на летот во контролната кула во Мостар. Тоа беа мировниците на СФОР од францускиот контингент. Случајот се забошоти. Францускиот војник кој управуваше со летот на авионот на Трајковски експресно беше вратен дома. СФОР 24 часа не им дозволуваше на босанските власти да излезат на теренот и да го најдат авионот. Од друга страна, пак, локалните жители даваа изјави дека со свои очи виделе живи луѓе како излегуваат од претседателскиот авион по неговото паѓање. Заклучок улогата на француската мисија во Босна беше многу сомнителна. И денес улогата на Франција, која патем й стана ортак на Грција во антимакедонската пропаганда, е уште по-
СÈ УШТЕ НЕРАСВЕТЛЕНА УЛОГАТА НА ФРАНЦУЗИТЕ ВО СФОР
сомнителна. Нашите дипломати треба да ги откријат вистинските намери на Париз кон македонската држава. Колку се тие случајни, а колку се намерни? Колку тие се дел од еден поширок план, а колку продолжение на континуираната политика на добри односи? Глигоров негуваше пријателски врски со Жак Ширак. Своевремено Франција беше еден од клучните сојузници на нашата земја во сите аспекти од меѓународен план. Очигледно денес многу работи се променети во билатералните односи меѓу двете земји. Нивниот негативен призвук не може а да не остане забележан како товар во релациите на
"Врз основа на донесените резолуции во ООН, секогаш сум сметал дека со Грција се водат разговори, а не преговори. Така стои во спомнатите резолуции. За прашањето за името на нашата земја не е можен никаков компромис, освен она што ние своевремено го предложивме и во најшироката јавност е познато како двојна формула. Не можеме да ја присилиме Грција да нè именува како што сакаме ние. Затоа се водат разговори за изнаоѓање заеднички прифатливо решение. Инаку, крајно понижувачко би било и тоа под најниските граници за самопочит и човеково достоинство, ако се прифати друга држава да ни наметнува име или да се прифати таа иста друга држава да им наметнува на трети земји како тие ќе нè именуваат. Прифаќање на грчките позиции околу ова прашање од трети земји е понижувачко и за самите нив. Ниту јас ниту било кој друг од македонското раководство не го сменил името на нашата земја. Тоа е и останува Република Македонија. За тоа име се изјасни и огромното мнозинство македонски граѓани на распишаниот референдум за независност. Никогаш не сум потпишал, ниту прифатил акт во кој не стои уставното име на нашата земја. Не само што барањето за прием во ООН е поднесено под уставното, историско и единствено име, туку и со мое писмо до генералниот секретар на ОН по приемот на земјава јасно е ставено до знаење дека за Република Македонија не е прифатливо привременото обраќање кон нашата земја во системот на ООН". Киро Глигоров "Следејќи ја состојбата на негација и на омаловажување на македонскиот народ, култура и држава од страна на нашиот јужен сосед, одлучивме да ги интензивираме своите активности со цел зачувување на македонскиот идентитет и култура. Соочени сме со изјави од страна на Грција, кои ни од далеку не се изјави за добрососедство, соработка, помош, туку се откривање на вистинското лице на земјата и нивните намери со кои сакаат да уништат сè што е македонско и трајно да го дестабилизираат Балканот. Јасно е дека Грција никогаш нема да го прифати постоењето на македонскиот народ и држава. Таа продолжува со поттикнувањето на провокативни активности. Затоа, чувствувајќи го пулсот на граѓаните, преку нашата иницијатива сакаме да ги повикаме сите граѓани на Македонија кои го носат истото чувство и револт, да ни се приклучат и да нè поддржат во засилувањето на граѓанскиот отпор кон притисоците и провокациите на Грција и да почнеме со нескриен бојкот на сè што е дело на нашиот јужен сосед". граѓанска иницијатива "Граѓански мир" 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
двете држави. Сомневањата за уривањето на авионот на Трајковски, кои водат кон францускиот контингент на СФОР во Босна и отвореното застанување на официјален Париз на страната на Атина во спорот со името, многу јасно покажува дека Македонија мора да направи суштинска анализа во односите со Франција. Доколку се потврдат тезите за неискрениот и хегемонистички однос на Париз кон нас, недозволиво е да не се направи ревизија и редукција на нивото на соработка. Без оглед што Франција е една од најмоќните европски земји, сепак нејзиното деструктивно влијание врз нас не смее да биде ниту дозволено, ниту премолчено. Македонија не смее да се плаши, не смее да попушти, па нека се и големите. Се борела и ќе се бори против големите со силата на аргументите, доказите, вистината и правдата.
ОД АПЕЛ ЗА ВОЕНА ВЕЖБА ВО
МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА, САМО МАКЕДОНСКА!
"АКО КАРТИТЕ НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА, КОИ БЕА ПОСТАВЕНИ ВО ВОЕНИОТ МУЗЕЈ ВО СКОПЈЕ, ГРЦИТЕ ГИ ОКВАЛИФИКУВАА КАКО ЗАКАНА ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ, ТОГАШ МОЖЕМЕ ДА ПРЕТПОСТАВИМЕ ШТО ПРЕТСТАВУВА ВОЕНАТА ВЕЖБА ВО ПОГРАНИЧНИОТ ПОЈАС"?! Повикот на грчката национална гарда за вежба во пограничниот појас, без претходна согласност од Република Македонија, претставува закана за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. "Од таа вежба можело да произлезе и времен пограничен судир, но и одредена агресија доколку меѓународните фактори не би се вклучиле во решавањето на тој проблем. Надлежните институции во Република Македонија не смеат да си ја префрлат одговорноста за неинформираноста, па топката за тоа кој треба да реагира да ја пренесуваат од една на друга страна, зашто, како што рече и проф. д-р Ванче Стојчев, одбраната, суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ е прашање на севкупните институции, вклучувајќи го и народот како институција". Пишува: Жаклина МИТЕВСКА
Н
ајновата грчка провокација преточена во повикот за воена вежба, насловена како "Македонија е една и грчка", во пограничниот појас со Република Македонија, е уште еден доказ до каде може да оди нашиот ју-
жен сосед со своите закани и иредентистички однос. Ваквиот повик на Грција, без при тоа да ја информира Македонија, претставува флагрантно кршење на меѓународните стандарди и е директна опасност за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. За жал, од македонските надлежни институции не пристигна ни12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
каков демарш кон грчкиот сосед. Од Министерството за одбрана ни изјавија дека за овој случај требало да реагира Министерството за надворешни работи, од каде, пак, ни потенцираа дека веста ја дознале од медиумите, односно ги собираат фактите, и доколку се потврди информацијата, ќе следува соодветна реакција. И од Генералштабот велат дека веста ја дознале од медиумите, но и дека се изненадени, бидејќи на 20 километри од границата нема гарнизон на Грчката армија. "Во нашата работа не мешаме политика. Од друга страна, пак, ние како армија никогаш не сме предизвикале провокација на меѓуармиски план", изјави портпаролот на Генералштабот, Мирче Ѓорѓоски. Но, надлежните не смеат да си ја префрлат одговорноста или, пак, како што посочува и проф. д-р Ванче Стојчев одбраната, суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ е прашање на севкупните институции, вклучувајќи го и народот како институција. Според тоа, префрлањето на топката од една на друга страна всушност е избегнување на одговорноста за тоа што не го направиле, а според Уставот морале да го направат.
П О Г РА Н И Ч Е Н П О Ј А С Д О О Б И Д З А А Г Р Е С И Ј А
АМА НЕ ГРЧКА, ТУКУ
"СЛЕДЕЈЌИ ЈА ТРАДИЦИЈАТА ОД 1830 ГОДИНА ЗАПАДНАТА ПОЛИТИКА СÈ УШТЕ ЈА СМЕТА ГРЦИЈА ЗА СВОЕ МИЛЕНИЧЕ, А ТОА ГРЦИЈА, КАКО ШТО ГЛЕДАМЕ, НА СЕКОЈ НАЧИН И ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ ГО ЗЛОУПОТРЕБУВА", ПРОФ. Д- Р ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ Грчкото лоби отиде и до таму да биде доведено под знак прашање назначувањето на новиот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер. Неколкумина американски сенатори искажале забелешки поради неговото "проскопско однесување", пишува грчкиот весник "Елефтерос типос". На сослушување пред сенаторите Рикер за своите активности како иден амбасадор во Македонија рекол дека не треба само Скопје да се обвинува за провокативни активности кон Атина, бидејќи таквото однесување е обострано и аналогно. Според него, името не теба да биде пречка за зачленувањето на Македонија во НАТО.
ГРЧКО МИЛЕНИЧЕ Обидот со вежбата во пограничниот појас кој го направи Националната гарда на Грчката армија не може да се разгледува изолирано и надвор од останатата политика, која Грција ја води кон државава. Македонија е жртва на грчкиот геноцид врз македонскиот народ, кој како злосторство против човештвото Атина континуирано и систематски го врши од поделбата и окупацијата на Македонија во Балканските војни од 1912 година па до денес, со намера да ги сотре Македонците од Земјината топка, до кулминација во барањето за промена и на државното име Македонија. Македонците не го забораваат осумнаесетмесечното ембарго на Атина на границата со Македонија во 1994 и 1995 година. Грчките
притисоци од ден на ден се сè позасилени. "Почнаа - вели проф. д-р Ванче Стојчев - со блокирање на границите, со малтретирање на возачите, но и на војниците во другите касарни каде има македонска војска како мисија од НАТО силите. Продолжија со понижувања, обезвредувања и отстранување на ознаките, кои докажуваат дека тоа е македонска војска, за сè тоа да финализира со враќање на авионот со кој претседателот Црвенковски требаше да присуствува на Самитот во Солун. А како финале на сè она што тие го правеа, а не даде резултат, во насока на тоа дека Македонија ќе потклекне, ќе се потчини на нереалните барања на Грција, тие упатија повик за изведување вежба во пограничниот појас, што според меѓународните права не е дозволено, доколку претходно двете соседни држави 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
на тој пограничен појас не се договорат. Од таа вежба можело да произлезе и времен пограничен судир, но и одредена агресија, доколку меѓународните фактори не би се вклучиле во решавање на тој проблем. Со оглед на тоа што грчкиот Генералштаб и грчкото Министерство за одбрана не й дадоа никаква информација ниту, пак, упатија барање до Македонија да се согласи со изведување на таква вежба, таквиот потег претставува закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Но, од друга страна, тое е и опомена за Македонија дека Грција е подготвена за секаков вид притисок и пресија врз Македонија само за да се прифатат нејзините услови во однос на името". "Меѓутоа - дополнува Стојчев - името не е никаков проблем кај Република Грција ниту, пак, тоа може да претставува некаков проблем, бидејќи тоа е историско име, како што е историски фактот за постоењето на македонскиот народ, нација, како што е историски и фактот за разликите меѓу грчкиот и македонскиот етнички народ и како што е историски фактот дека на Грција отсекогаш й пречело постоењето на Македонците како посебен народ, од причина што тие секогаш биле инфериорни во однос на неговото постоење. Токму таа инфериорност, а сегашна политичка супериорност, ги притиска Грците да ја остварат својата цел реализирање на големата грчка идеја, со која тие сметаат дека Шар Планина е северна граница и дека Истанбул, или Цариград, односно Византија е Грција. Тоа историите во цел свет, особено западните истории, веќе го имаат разоткриено. Но, политиката, особено западната, следејќи ја традицијата од 1830 година сè уште ја смета Грција за свое милениче, а тоа Грција, како што гледаме, на секој начин и во секое време го злоупотребува. Ако картите на античка Македонија, кои беа поставени во Воениот музеј во Скопје, тие ги оквалификуваа како закана за територијални претензии, тогаш можеме да претпоставиме што претставува воената вежба во пограничниот појас".
ДЕМАРШ Секоја држава-членка на НАТО може и има право на својата територија да изведува одредени вежби, со цел обука за своите вооружени сили, меѓутоа секоја вежба која ја поминува границата а е во пограничниот појас мора да биде одобрена и од НАТО силите и за тоа мора да биде информирана државата кон чија граница се изведува таа вежба. "Во случајов - вели Стојчев - верувам
дека Командата на НАТО за Европа знаела или барем таа требало да ја информира Македонија, ако веќе Грција не го направила тоа, бидејќи и ние, како што коментираат сите, сме ги исполниле условите за НАТО, или барем условите ги исполнила Армијата на РМ. Од друга страна, пак, и македонските разузнавачки служби или погранични единици би морале барем неколку дена пред почетокот на вежбата да знаат што се подготвува на нашата граница. Со оглед на континуитетот на грчките притисоци кон Македонија, за што ги знаеме причините, а имаме и претпоставки за последиците, за да не дојде до некакви посериозни последици соодветните органи во Република Македонија, што значи Министерството за надворешни работи, па и Владата, би требало да интервенираат во меѓународните фактори, во Командата на НАТО и ООН за таков вид притисок кон Република Македонија и тоа секако да се поврзе со претходните притисоци". Стојчев потенцира дека лично очекувал такви видови притисоци, бидејќи тие во историјата на односите меѓу Македонија и Грција веќе се познати. "Значи, сите видови притисоци ќе ги применуваат сè до дефинитивното остварување на нивните цели. Се надевам дека до агресија нема да дојде. Ќе се свести грчкиот народ, а и Република Македонија сè повеќе добива симпатии, па верувам дека и меѓународните институции ќе ги согледаат грчката намера и цели, како и нивните форми и методи за нивно остварување. Верувам дека и самата грчка Влада ќе сфати дека предалеку отишла со овие притисоци", посочува Стојчев. Во однос на поставеноста на одбранбениот систем на Грција, овој воен историчар објаснува дека секоја армија има одреден број гарнизони, а секој гарнизон има зона на одбрана. Всушност, секој гарнизон е дел од одбранбениот систем на таа држава. Доколку се работи за помали погранични судири гарнизонот го брани тој простор, а доколку, пак, станува збор за поголеми судири тогаш се вклучува армијата во целина. Грција сака да создаде тензична атмосфера, иако ги познава сите наши реформистички успеси со Армијата и знае дека нашата Армија ниту се подготвува, ниту има намера за било каква агресија врз некоја од соседните држави. Затоа имаме мала, подготвена,
"ГРЦИЈА МОРА ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ДА ПОЧНЕ ДА СЕ ОДНЕСУВА КАКО ВИСТИНСКА ЧЛЕНКА НА ЕУ, А НЕ КАКО ЕКСПАНЗИОНИСТИЧКИ ТОТАЛИТАРЕН ДИКТАТОРСКИ РЕЖИМ ОД МИНАТОТО", ВЕЛАТ ОД "ВИНОЖИТО" елитна армија, која ќе биде во функција на одбраната на суверенитетот и во функција на барањето на потребите на НАТО системот, односно на тој колективен систем на одбрана. На 20 километри од границата Грција нема гарнизон, но доколку се обиде да формира нов гарнизон од поголема јачина, тогаш нашето Министерство за одбрана, кое според Уставот е задолжено да ја организира територијата за одбрана, ако ништо повеќе барем, како што истакна Стојчев, ќе треба да го обнови гарнизонот во Струмица, Битола или, пак, да има одредени гранични засилувања, да се види дека на нивна закана ќе одговориме со иста сила и средства. За повикот за вежба во пограничниот појас, односно во Лерин, македонската, па и пошироката јавност, дозна од соопштението на партијата на Македонците во Грција "Виножито". Оттаму велат дека вежбата е уште еден доказ за лицемерството на Грција, која од една страна ја обвинува Македонија за иредентизам, а од друга страна постојано спроведува иредентистички политики и поттикнува провокативни активности против својот северен сосед. "Се прашуваме дали слоганот 'Македонија е една и грчка', промовиран од Владата и од Армијата на Грција, ќе биде користен за напад на Република Македонија во случај на нестабилност на Балканот. Го откривме вистинското лице на грчката демократска држава и од институциите на ЕУ бараме да извршат притисок врз неа. Грција мора еднаш засекогаш да почне да се однесува како вистинска членка на ЕУ, а не како експанзионистички тоталитарен диктаторски режим од минатото", велат од "Виножито". За овие Македонци Стојчев коментира дека, за жал, тие се најголемите страдалници кога е во прашање Ма-
14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
кедонија и македонското прашање. Но, за уште поголема жал е тоа што нашата држава не направи ништо за да им го олесни животот и да ја поддржи нивната борба за човекови права. Дури сега со поставувањето на прашањето за положбата на националните малцинства, за статусот на бегалците, за можноста за враќање на имотите, за злосторствата од Балканските војни, па сè до Граѓанската војна, веќе се поставува не офанзивна, туку реална политика, која ги изнесува фактите кои одамна ги користат сите држави во светот, односно ги имаат поставено таквите цели. На пример, Евреите одамна во ООН го имаат поставено прашањето за нивниот геноцид, ист е случајот и со геноцидот врз Ерменците, кој се случувал пред грчкиот геноцид врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Што значи дека дефинитивно стануваме сериозна држава, која сериозно го поставува прашањето за своето национално малцинство во соседните држави. И Светскиот македонски конгрес оваа вежба ја оцени како грубо кршење на стандардите на ОБСЕ и на Конепхашките критериуми, но и непријателски акт на земја-членка на ЕУ и на НАТО против една суверена држава во асоцијација со ЕУ и во Партнерство за мир со НАТО. Бараат остар демарш на македонската Влада до Владата во Атина, Европската унија и НАТО. "Од македонската Влада бараме да побара одговор од ЕУ и од НАТО, против кого во последно време се вооружува Атина со огромно количество оружје, воздухоплови и воени возила, купени од Франција и од Русија и дали тоа е во рамките на регионалниот баланс на вооружувањето, со кое може да располага една земја-членка на НАТО, имајќи ги предвид рестрикциите кон Македонија?!", велат во СМК.
НА ШТО НÈ НАУЧИ НАШИОТ И "Природно, само од себе произлегува прашањето каков грев направи тоа поколение, тие дечиња од две до четиринаесет години, да биде проколнато и казнето да талка од немило до недраго со знакот на Каин на челото? Која беше таа тешка вина поради која децата беа дрпнати од пазувите на нивните мајки за потоа да бидат прогонети отаде морињата и отаде степите?", вели во едно свое писание поетот Анте Поповски, кој пред 10 години ја разбра маката на Македонците од Егејска Македонија. Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ
ЗОШТО НЕ ГИ ЗАДРЖАВМЕ ДОМА ЗАЕДНИЧКИ ДА ЈА ИСПЛАЧЕМЕ ЕМОЦИОНАЛНАТА БОЛКА?
ОД ВЕК ВО ВЕК ВЛЕГУВ ОТИ НЕПРИЈАТЕЛОТ НИ ФРАГМЕНТИРАНА ЗЕМЈА П
окренувањето на прашањето за правата на македонското малцинство во Грција и особено правата на Македонците протерани од оваа земја за време на Граѓанската војна во 1948/1949 година не само што ја разбранува грчката политичка сцена, туку уште повеќе ја вжештува црвената линија меѓу Атина и Скопје. Со ова прашањето околу спорот со името на Република Македонија добива нова димензија, која ги раздвижи сите страсти, вклучувајќи ги и вечните оптимисти, кои барем досега само бегло фрлаа "око" на жешките политички теми, како што е оваа која секогаш се разгледувала низ ракавици. Дали тоа значи дека конечно Македонците се освестија и им фрлија ракавица на Грците за да ги замолчат или да ги "убијат во поим"? Не! Меѓутоа, не може само Македонците да се чувствуваат "виновни или изгубени во преводот", а притоа историјата да се чита така како што ја пишуваат победниците, кои преку моќта и силата ги цртаат границите или организираат збегови. Досега Нимиц вешто ги одбегнуваше политичките стапици, бидејќи не смееше да се препознае неговата при-
страсност, која тој ја криеше под дипломатската маска, а ја негуваше кон грчката богиња - Дора Бакојани. Всушност, тој не смее да се доведе во позиција да биде поразен, затоа што не само што нема да му го простат "атињаните", туку напротив - ќе се урнат интересите на меѓународната заедница, која прифати да биде ѓавол во волчја кожа. За прв пат македонскиот државeн врв кажа "но пасаран". Шпанското не им ја врати довербата на Македонците, односно рамнотежата во односот на силите во политичкиот процес, кој одамна ги надмина границите на разумот, така што од губитник Македонија се претвори во морален победник, кој по букурешкиот НАТО Самит се враќа на голема врата. Овој реален и, пред сè, храбар политички потег претставува неминовна алка за завршување на процесот, односно да се затворат сите македонски национални прашања, вклучувајќи ги и човечките и духовните рани на Македонците, кои всушност во далечната 1948 година Грците ги присилија да ги напуштат родните огништа и да се упатат кон географските "беспаќа". 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
ИЗНЕМОШТЕНИ И ПОЛУГОЛИ Во своите истражувања историчарот д-р Владо Ивановски забележал дека меѓу поголемиот број новооткриени документи во Историско-документарниот оддел на Министерството за надворешни работи, поточно во Архивот за надворешна политика на Руската федерација, бил регистриран Извештајот на В.П. Григорев и на И.Н. Агеев (кој не смеел да биде објавен), а кои од 13 до 23 јули 1945 година ја посетиле Македонија и притоа посебно се задржале на состојбата на границата со Грција, во тоа време тешка точка во тогашните југословенско-грчки односи. "Заради невидениот терор на грчките воени и полициски власти над населението од Егејска Македонија, Македонци - стари и млади, мажи и жени, ги оставаат своите родни огништа и масовно ја минуваат границата и се префрлаат на македонска територија", се наведува во забранетиот Извештај. Според податоците на тогашниот претседател на АСНОМ и голем македонски деец и револуционер, Методи Андонов-
С ТО Р И С К И М А К Е Д О Н С К И П А РА Д О К С ? Ченто, кој ги информирал руските дипломати за ова, се истакнува: "До овој момент од Егејска Македонија пребегале повеќе од 20.000 бегалци - Македонци. Бегалци секојдневно пристигнуваат. Интересно е дека заедно со Македонците, од теророт во НРМ пребегнуваат и многу Грци. Според податоците на претседателот на Народниот комитет на Битолскиот округ, Крсто Симовски, само на територијата на оваа околија до 17 јули пребегале околу 3.000 луѓе. Како по правило, сите бегалци кои ја минуваат границата пристигнуваат полуголи, полубоси и изнемоштени од тешкиот пат. Народот и органите на народната власт им укажуваат добар прием на бегалците. На пример, за нив во градот Битола е отворена менза и опремени се специјални простори. Работоспособните бегалци се распределуваат на работа по селата и по градовите. Неработоспособните, главно, старци, се сместени во специјални приемни домови, каде им се обез-
Раби (составено од 120 македонски и 40 грчки куќи), само во селото Дупени пребегале 20 мажи. Селанец - Македонец, 80-годишниот Никола СтефановКазаковски, од село Раби (Леринска околија), пребегнал во мај заедно со 35годишниот син. Другите членови од нивното семејство останале во Грција. Причини за нивното пребегување: ги помагале партизаните, ги криеле и ги лекувале ранетите, за што сега грчките власти ги гонат. Тој ни кажува дека од неговото село се уапсени 13 мажи и тие се однесени во Лерин", се наведува во рускиот Извештај кој го открива историчарот Ивановски.
САМО ВО ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА "Бегалците зборуваат: 'Ние ќе се вратиме дома само во случај ако Егејска Македонија биде присоединета кон
вањето на Егејска Македонија кон НРМ. На неговата глава и на лицето се забележуваат траги од тепање. Оттргнувајќи се од рацете на полицијата тој побегнал во планините, а оттаму, пеш, влегол во Македонија. За неколку дена пропешачил повеќе од 80 километри. Понекогаш во Македонија пристигнуваат Македонци - бегалци од Тракија, со воз, преку Бугарија. Една таква група од околу 200 луѓе сретнавме во селото Градско, 20 километри од Велес. Бегалците ни изјавија дека се од селата Горенце и Просоцен, Драмска околија, од каде што пребегнале на бугарска територија уште кон средината на април годинава. Според нивни зборови, во Бугарија, во градовите Пловдив, Пазарџик и Неврокоп, се наоѓаат до 10.000 бегалци од Егејска Македонија. Сите тие луѓе ќе бидат префрлени во Македонија и во Југославија. По тоа прашање во Бугарија работи комисија. Бегалците раскажуваат дека царистите ги протеруваат од Грција сите Македонци. Грч-
АМЕ СÈ ПООСАКАТЕНИ СОЗДАВА ИСТОРИЈА НА И ДЕЦИМАЛЕН НАРОД Наспроти сите погроми кои нè придружуваат низ историјата, ние сè уште како да немаме одговор на најсуштинското прашање: на што нè научи нашиот историски опит? Ние сме меѓу ретките народи на човечката цивилизација, кои имале своја духовна и библиска и претбиблиска маркација, но какво е нашето историско искуство? Во прашање е некаква претдестинација на македонскиот народ, од век во век да влегува сè поосакатен и пообесправен или, пак, несакајќи да й погледнеме на вистината в очи - сами од себе си создаваме историја на фрагментирана земја и судбина на децимален народ? Како да се одгатне тајната на нашите национални противречности и колебливости? бедени храна и облека. Разговаравме со неколку бегалци. На пример, во село Дупени, Преспанска околија, Битолски округ, на 16 јули 1945 година: Селанец Македонец, 65-годишниот Глигор Богоја Балја, пребегал во мај од селото Раби, Леринска околија и округ (Грција). Во Грција му останало семејството: жената, синот, снаата и нивните две деца. Самиот тој ги помагал партизаните. Причина за пребегувањето: терор, гонење на сите кои ги помагале или ги симпатизирале партизаните. Од селото
Македонија!' Зборувајќи со нас, Казаковски ни рече: 'Нека живее Сталин и нека ни помогне нам, на Македонците од Егејска Македонија, да се ослободиме! Во Битола, на 17 јули 1945 година: 'Селанецот, Македонец, 84-годишниот Анастас Панчев, од село Висени, Костурски округ и околија. Пребегнал во Битола на 17 јули 1945 година. На 11 јули грчката полиција во селото Висени го претепала, божем, дека водел пропаганда. Всушност, селанецот само добронамерно зборувал за присоедину17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
ките власти го ограбуваат македонското население. Од него тие собираат жито, добиток, пари. Бегајќи од Тракија бегалците таму го оставиле целиот свој имот со покуќнината. Меѓу бегалците има стари луѓе, жени и деца, во повеќето случаи цели семејства. На пример, селанецот Крсто Димитров-Бонцев (36 години), од селото Просоцен, Драмска околија, пребегнал со трите деца, кои имаат шест, десет и дванаесет години. Селанецот Иван Ангелов-Паскалев (36 години), од село Горенце, пребегнал со жената и трите деца од шест, тринаесет и седумнаесет години. Селанецот Коцо Рамсулев (46 години), од село Просоцен, пребегнал сам, оставајќи ја дома жената со децата", се потенцира во рускиот таен документ.
ДРПНАТИ ОД ПАЗУВИТЕ НА МАЈКИТЕ Пред десет години големиот македонски поет Анте Поповски, во свој манир, имаше храброст да каже, да пропее, односно револтирано да ја опише
неподносливата состојба на Македонците од Егејска Македонија, кои со децении тропаа на разни врати, барајќи ја својата правдина. "Поводот е повеќе од трогателен: Втората средба на прогонетите деца од Егејска Македонија во 1948 година дојде да го восфали подвигот на она македонско поколение кое, откорнато од татковината и прогонето од неа, цели 50 години фрлано од очај во очај и од неизвесност во неизвесност, ги запиша оние страници на македонската историја, кои жртвата ја возвишија како израз на нашиот национален подвиг. Оние кои и покрај целиот ужас на прогонот останаа живи, сега дојдоа во својата татковина и во име на оние кои веќе ги нема. Тие дојдоа да ја видат, да ја допрат и да ја целуваат својата земја, земјата на нивните татковци и браќа и, дај Боже - земјата и на нивните деца и внуци! Природно, само од себе произлегува прашањето каков грев направи тоа поколение, тие дечиња од две до четиринаесет години, да биде проколнато и казнето да талка, од немило до недраго, со знакот на Каин на челото? Која беше таа тешка вина поради која децата беа дрпнати од пазувите на нивните мајки за потоа да бидат прогонети отаде морињата и отаде степите? Некои меѓу нас сè уште се сеќаваат на тие епски слики од македонската национална библија: голораки дечиња товарени во кошови, со денови и со ноќи се провираа меѓу мртвите стражи на границата, искачувајќи ги планинските скрки и каменари; прогонети од својата родна грутка, разделени од своите татковци и мајки, голи и боси како дечињата над кои демнееше мечот на Ирод, тие лежеа расфрлени по дворовите на македонските цркви и манастири, чекајќи парче леб или веленце за да се подзаштитат во ноќите; босоноги дечиња кои со месеци бдееја по железничките крстопати за потоа да бидат одведени меѓу непознати луѓе и туѓи татковини... Ние кои се сеќаваме на овие слики, можеме ли, барем денес, да дадеме одговор на тоа што се случуваше во тие часови со нашето национално достоинство и со нашиот човечки морал? Зошто тие деца не беа задржани во нашите домови, за сите заедно да го споделуваме ужасот на нашата национална катастрофа? За кој сторен грев и
Нашето опстојување низ историјата, за нас Македонците, никогаш не може да претставува остар, строг, прецизно лимитиран почеток! Ние сме, како и сите околу нас, еден круг во кој секој процес на нашето формирање претставува точка која се надоврзува на претходната. Во таа смисла, и создавањето на нашата самостојна и независна држава не може да се поима како нешто оттргнато, изделено од нашето вчера и од нашиот историски континуитет: нешто што е ослободено од сите влијанија и текови на минатото. Со други зборови, нашето денес не е фантомски скок преку историјата, туку суптилно и макотрпно надградување едно врз друго на потомства и потомства кои се вградиле во конечната цел... Сакал некој или не, тука во Македонија, се прави резиме на балканската историја... самите ние ги казнивме сопствените деца и ги проколнавме со судбината на Каин? Ова прашање чека сестран одговор. Не толкувањата и појаснувањата, туку решителноста и одговорноста на една нација се одговор на националните трагедии. Знакот на Каин со кој е обележано ова наше потомство ја дели телесната смртност од духовната бесмртност. Од тоа наше проколнато и прогонето потомство израснаа големи национални величини: во науката и во музиката и во сликарството и во литературата. И не само во нашата национална средина: насекаде каде што израснаа и се формираа тие деца оставија длабоки траги на возвишеност и ред, како израз на благодарност кон оние кои со голема човечка љубов ја споделија драмата и судбината на невините деца од Македонија. Размислувајќи за митолошкиот контекст на Каиновиот знак, Едмунд Лич рекол дека тој знак, како егзистенцијален парадокс, ја одразува целата противречност меѓу телесната смртност и духовната бесмртност; означениот со
18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
тој знак се изделува од средината и од конвенционалниот морал и како метафора стои меѓу човечкиот подвиг и безбожноста. Таа метафора денес е тоа потомство на децата-бегалци од Егејска Македонија кои, по поразот на ДАГ во 1948 година, беа откорнати од своите родни огништа и прогонети низ светот. Тоа потомство го воисфалуваме. Во ниедна околност, настаните поврзани и со децата-бегалци, не треба да ги гледаме и да ги толкуваме одделно од основната стратегија и од крајната цел на нашите балкански соседи кон Македонија: нејзиното конечно завојување, колонизирање и анексија на македонските територии и присвојување на македонската историја. Само да потсетиме дека едвај десеттина години по Илинденското востание 1903 година, кога почна големиот прогон на Македонците од нивната татковина, дојде и до подмолно подготвените Балкански војни, а потоа и до Првата светска војна. Резултат на сè ова беше големиот пролом над Македонија: стотици илјади Македонци беа прогонети од нивната земја, која во исто време беше и колонизирана со инородно население од малоазискиот и црноморскиот брег, од Кавказ и Ерменија, од Србија и од Албанија. Барем во примерот на Македонија се покажа дека политичката анексија претставува, пред сè, културна анексија, односно - асимилација. Така, целиот ХХ век е век на прогонства на Македонците од нивната родна земја. Конечен резултат на таа ситуација е ако кон крајот на османлиското владеење во Македонија нашата земја од етнографска гледна точка претставуваше една од најмногубројните нации на Балканот и релативно хомогена целина - кон крајот на овој век состојбите драматично се изменети: околу 60 отсто од македонската територија е насилно завојувана и анектирана кон Грција и Бугарија; бројот на македонското население во трите дела - денес е помал од оној на почетокот на нашиот век (се мисли на ХХ): великодржавните аспирации на балканските држави кон Македонија и натаму се активни... Но, ХХ век е и век на непореклива научна потврда на националната самобитност на македонскиот народ. Тоа се тие вистини, неумоливи и соголени до коска", истакнува Анте Поповски.
Дејан САВОВСКИ
О
ОД Е В Р О П Е Ј Ц И Д О СКЕПТИЦИ ИЛИ О Б РАТ Н О . . .
чигледно сè уште е долг патот кој Европската унија треба да го изоди за да го постигне внатрешното единство кое толку й е потребно. Неа й претстојат уште низа предизвици, како од аспект на консолидација на надворешната и внатрешната политика, така и во областа на безбедноста. Од успешноста со која проблемите ќе се совладуваат ќе зависи и брзината на развојот на идната заедничка политика, која треба да доведе до нејзина целосна кохезија. Сепак, доколку се направи макар и еден мал бегол хронолошки и аналитички поглед на Унијата, може да се увиди дека и денешниве состојби не се случајност, туку дека тие се резултат на многугодишните превирања околу воспоставувањето на принципот на доминација и рамнотежа меѓу европските сили и нивните мали но не секогаш верни сојузници. Затоа во овој текст немам претензии за сеопфатност во анализирањето на оваа сложена и специфична тема, туку ќе направам само обид да изнесам едно размислување за овие случувања, секако од мој агол на видување на нештата. Ќе почнам со најдолгиот, но и многу контроверзен Самит на ЕУ, одржан во Ница во декември 2000 година, кој заврши со тешко обезбеден компромис за идното уредување на Унијата, поврзан со приемот на нова група земји-членки. Овој маратонски Самит всушност претставуваше успешна акција на европските велесили за акумулирање на што поголема политичка моќ. Големата четворка, предводена од Франција, Германија, Обединетото Кралство и Италија, тогаш успеа да наметне комплексен систем на гласање, со кој сите одлуки ќе се усвојуваат низ мачни и тешки процедури, во кои главниот збор ќе го имаат најбогатите земји. Тогашните кандидати за членство, денес полноправни членки очекуваа дека на Самитот во Ница ќе добијат гаранции дека се на вистинскиот пат и дека ќе бидат примени. Тие добија потврден одговор, но и јасна дипломатска порака дека кога ќе влезат во Унијата, нивните гласови нема да "вредат", дури и да се здружат. Всушност, Договорот од Ница во сферата на безбедноста содржи концепт за засилена соработка меѓу неколку земји-членки (треба да бидат најмалку осум), кој би бил во функ-
ција доколку останатите членки не би го поддржале. Затоа и има основа на оправдана резервираност кај некои земји, како Ирска, Чешка и други, дека ќе бидат маргинализирани во однос на јакнењето на улогата на големите
Големата четворка, предводена од Франција, Германија, Обединетото Кралство и Италија, успеа да наметне комплексен систем на гласање, со кој сите одлуки ќе се усвојуваат низ мачни и тешки процедури, во кои главниот збор ќе го имаат најбогатите земји.
земји. Страв постои и околу евентуалното прераснување на институциите и органите на ЕУ во моќни политичко бирократски елитни центри. Затоа и ирското "НЕ" на неуспешниот референдум претставува исклучителен удар за ЕУ, која и така тешко заздравува по неуспешниот референдум за Европскиот устав кој, пак, претходно го отфрлија Холандија и Франција. На референдумот ирските избирачи се из19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
јаснија против прифаќањето на Лисабонскиот договор, со што ЕУ падна во нова институционална криза. Содржински, Лисабонскиот договор е проектиран за време на германското претседавање со Унијата и треба да претставува фаза на инкорпорирање на овој Договор во новиот Устав, кој навидум треба да го поедностави функционирањето во ЕУ. Во него се претставени и промени во Советот за начинот на гласање, што предвидува дека повеќето одлуки ќе се донесуваат со квалифицирано мнозинство, промени во Европскиот парламент преку проширени коодлуки, потоа намалување на комесарите од 27 на 18, ќе се почитува и понатаму правото на супсидијарност, но ќе биде зајакната улогата на националните законодавства, претседател на Европскиот совет и сл. Интересно за спомнување е барањето на Холандија, која се залага за зајакнување и проширување на Копенхашките критериуми, но тоа не било целосно земено предвид. Како што кажав, Лисабонскиот договор би требало да претставува процес кој би го поедноставил функционирањето на Европа, но исто така овозможува и нејзино проширување, кое ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван од сите земји-членки. За нас како земја кандидат е битно тоа што доколку има промени во критериумите за влез, тие треба да бидат ставени во нов договор, односно вметнати и опишани, со цел органите на ЕУ да не можат да извршат промени во критериумите. Или едноставно речено оневозможување политички договор за опструкција од одделни земји. Би завршил со една констатација дека обединувањето на Европа во целосна смисла сега засега претставува само мртва буква на хартија. Но, единствена надеж дава фактот дека иако Европа е посебен континент во географска смисла, сепак не претставува една земја, една нација, туку една унија на држави и народи, кои имаат една заедничка судбина и цел, а тоа е подобра и просперитетна иднина.
ПРЕМИЕРОТ ГИ ПОСАКУВА И ДУИ Сепак, она што кај многумина предизвикува сериозен револт е министерот за одбрана во оставка, Лазар Еленовски, кој заедно со својата дружина од т.н. членови, се надева дека и натаму ќе остане на оваа позиција, иако својот политички субјект го формираше по завршувањето на изборниот процес. Неговата нереална желба повторно да се најде во владините структури е повеќе од безобразлук, пред сè, поради фактот што на ниеден начин не придонесе за победата на ВМРОДПМНЕ ниту, пак, за ослабнувањето на неговата матична партија НСДП. Во крајна линија граѓаните на Република Македонија довербата на изборите му ја дадоа на ВМРОДПМНЕ, а не на поранешните комунисти, кои на секој начин се обидуваат да се приклучат кон портокаловиот круг. Станува ли тој претесен!? Деновиве претседателот на ДПА, Мендух Тачи, треба да се соочи со двете струи во сопствената партија. Едната, која е категорично за тоа ДПА во иднина да оди во опозиција, се разбира, доколку ДУИ успее да се договори со Груевски, и другата, која е расположена за тоа да се партиципира во власта, и да се прифати понудата на Груевски, односно да се прифати фактот дека нивната партија ќе биде втор албански партнер во владиниот кабинет. Засега на Тачи тешко му оди убедувањето за повеќе прагма кај своите сопартијци, и покрај огромниот притисок кој го има од страна на меѓународната заедница. Пишува: Магдалена АНДОНОВСКА
Т
ретото и последно прегласување конечно го одлучи победникот во албанскиот политички кампус. Демократската унија за интеграција го заврши изборниот циклус со осумнаесет пратенички мандати, додека нивниот ривал, Демократската партија на Албанците, со големи негодувања, дојде до бројката од единаесет претставници во Собранието. Овој скор од освоени пратенички места за шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, е очекуван, со што, како што потенцираше на денот на гласањето, неговата партија само ја потврдила победата од први јуни. Со овој став не се согласува гене-
ДУИ ГРАБИ, Д
ТАЧ ТА Ч И ТРЕБА ДА ЈА ЗГРАБИ ПОНУДАТА ОД ГРУЕВСКИ ралниот секретар на ДПА, Имер Алиу, кој на прес-конференција јавно потврди дека партијата на Тачи за ова прегласување воопшто не била заинтересирана, бидејќи според нивната перцепција, од страна на ДИК на оваа партија й биле украдени 50.000 гласови. Дефинитивно изборна драмолетка ги одбележа изборите во албанскиот политички блок, поради кој Р Македонија доби многу сериозни забелешки од страна на Европската комисија, која повеќе од сигурно ќе ги нотира во својот извештај на есен. Фактот дека изборните нерегуларности се случија исклучително во регионите каде гласаат Албанците доволно не ја менува сликата за Македонија како земја во која власта се добива или, пак, се губи по пат на насилство!? Европската унија е сосема свесна за тоа кој ги предизвикува изборните инциденти но, за жал, овој податок е одличен изговор за оние земји - членки на Унијата, кои го оспоруваат нашиот влез во друштвото. Очигледно тоа не им значи ништо на албанските политички партии во земјава, и токму затоа веројатно, и на третото прегласување, успеаја да направат инциденти и за неколку часа да го прекинат изборниот процес. Дури и по трет пат тие не се потрудија да го положат тестот на демократијата, на која се повикуваат секојдневно, ставајќи нè сите во ситуација на постојан терор и сомневање во сопствената држава. Неспорно, кој губи има право да се лути. Всушност, таа слика сме навикнати да ја гледаме на секои избори во Македонија. Секогаш постои некој политички субјект кој негодува и кој не е задоволен од изборните резултати. Секогаш има приказна за фалсификат. Помала или поголема. Сеедно. Овој пат оваа приказна речиси до максимум се искористи во албанскиот политички бл20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
ок, и таа остана актуелна до крајот на изборниот процес. ДПА е партијата која се лути. Тачи е претседателот кој вели дека му се украдени гласови со помош на ДИК! Затоа не ги признава изборните резултати. Но, прегласувања веќе нема. Конечниот скор е 18 пратенички мандати за ДУИ и 11 за ДПА. Изборите во Република Македонија конечно завршија.
ДУИ БАРА СВОИ ЛУЃЕ НА КЛУЧНИ МЕСТА!? Третото прегласување не направи некоја битна промена во изборниот резултат меѓу ДУИ и ДПА. Иако премиерот на Република Македонија, Никола Гру-
ПАНДЕ И ШАТЕВ! ВМРО-ДПМНЕ конечно по неколку години одлучи да ја реализира одамна замислената идеја за формирање институт кој ќе се занимава со истражување на јавното мислење во земјата, изработка на аналитички извештаи, како и промоција на погледите и идеите на конзервативизмот, како основа за креирање на политиките втемелени на традиционалните вредности. Институтот, кој ќе го носи името на Павел Шатев, се очекува да почне соработка со слични институти во Европа. И сè дотука е в ред, освен назначувањето на неговиот претседател д-р Панде Лазаревски, чија политичка профилација воошто не содејствува со десната идеологија!
И ДПА ВО СВОЈОТ КАБИНЕТ
ПА СЕ МИСЛИ! евски, најави дека ќе го чека и ова прегласување, по кое ќе ги интензивира преговорите со двете албански партии за влез во Владата, сепак се чини дека тоа и не беше така неопходно. Победникот во албанскиот политички кампус беше јасен уште на први јуни, или поточно многу пред тоа, се разбира, ако се суди според анкетите за јавно мнение, во кои ДУИ сериозно предничеше пред ДПА. Шансите ДПА да се изедначи со ДУИ беа невозможни и нереални, исто како и дел од нарачаните предизборни анкети, во кои ДПА му се приближуваше, односно во некои дури и беше пред ДУИ. Сепак, и по третото прегласување се покажа кој ја ужива довербата кај албанските гласачи. Али Ахмети може да биде задоволен од изборните резултати и, ако е доволно мудар, да успее да влезе во идниот владин кабинет, додека Мендух Тачи ќе треба да се соочи со реализираната изборна бројка и да ја зграби понудата која му ја дава Груевски. Груевски преговара и со двете партии. Ахмети е во предност, со оглед на освоените мандати, наспроти Тачи, кој нема многу простор за маневар. Засега преговорите успешно се водат тајно, иако на маса се поставува и се тргува со сè што би можело да биде интересно за идните владини партнери. Јавна тајна е дека Груевски би сакал во Владата да ги види и двете албански партии и дека за нив е подготвен да отстапи пет министерства и едно вицепремиерско, односно потпретседателското место задолжено за спроведување на охридскиот Рамковен договор. Од нив три би добиле ДУИ, со оглед на тоа дека имаат повеќе пратенички мандати, заедно со вицепремиерското место, додека за ДПА ќе останат две министерства. Оваа поделба не им се допаѓа ниту на ДУИ, ниту на ДПА, бидејќи тие заедно не би сакале да се најдат во иста Влада, и покрај огромниот притисок кој изминативе денови врз нив го вршат претставниците на меѓународната заедница за да се согласат со овој чекор. ДУИ не се согласува затоа што се смета за победник на изборите, додека ДПА одби-
ва затоа што знае дека во Владата ќе биде втора партија на која ќе й припаднат помалку значајни министерства, наспроти нивниот ривал. Но, што сака ДУИ? ДУИ типува на тоа да има свои луѓе речиси во сите клучни министерства. Ако не министри тогаш
КАМА ЗА ПОЛОВИНА ВМРО-ДПМНЕ!? Популарните тројки од историското ВМРО, кои имале цел да ги елиминираат предавниците и кодошите, повторно ќе бидат актуелни и тоа во ова време. ВМРОДПМНЕ има намера да формира вакви групи, кои во иднина ќе треба да ги контролираат партиските функционери, кои се одлепиле од реалноста, а истовремено, ќе се обидат да ги спречат локалните шерифи да го разнебитат имиџот на партијата. дефинитивно државни секретари, преку кои ќе се обиде да има увид во работата на сите министерства. Ваква комотна позиција нема ниту, пак, има можност да бара ДПА, и токму затоа доколку влезе во Владата ќе мора да се задоволи со директорските места, што ќе ги ослободат кадрите на некогашната ВМРО-Народна партија, и сега веќе опозиционата НСДП.
23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 729 / 20.6.2008
ГРУЕВСКИ ТИПУВА НА ПРОВЕРЕНИТЕ КАДРИ Веројатно во оваа ситуација најтешко му е на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кој мора да се соочи и со двете струи во сопствената партија. Едната, која е категорично за тоа ДПА во иднина да оди во опозиција, се разбира, доколку ДУИ успее да се договори со Груевски, и другата, која е расположена да се партиципира во власта и да се прифати понудата на Груевски, односно да се прифати фактот дека нивната партија ќе биде втор албански партнер во владиниот кабинет. Засега на Тачи тешко му оди убедувањето за повеќе прагма кај своите сопартијци, и покрај огромниот притисок, кој го има од страна на меѓународната заедница. Мандатарот Никола Груевски, пак, е одлучен да истрае во желбата и двете албански партии да ги смести во својот иден кабинет, се разбира, водејќи сметка, на за него клучните министерски позиции и натаму да се наоѓаат негови лица од доверба, односно Зоран Ставревски, Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска. За сите останати е подготвен да преговара, како за ресорите, така и за носителите на истите, иако добар дел од нив и натаму се надеваат дека ќе го најдат своето место под владиното сонце. Сепак, она што кај многумина предизвикува сериозен револт е министерот за одбрана во оставка, Лазар Еленовски, кој заедно со својата дружина од т.н. членови, се надева дека и натаму ќе остане на оваа позиција, иако својот политички субјект го формираше по завршувањето на изборниот процес. Неговата нереална желба повторно да се најде во владините структури е повеќе од безобразлук, пред сè, поради фактот што на ниеден начин не придонесе за победата на ВМРО-ДПМНЕ ниту, пак, за ослабнувањето на неговата матична партија НСДП. Во крајна линија, граѓаните на Република Македонија довербата на изборите му ја дадоа на ВМРОДПМНЕ, а не на поранешните комунисти, кои на секој начин се обидуваат да се приклучат кон портокаловиот круг. Станува ли тој претесен!?
ВО НС ДП СÈ Е "ОКРУГЛО, ПА Оние кои се "омрсија" од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ бараат нов бунар за да пијат вода, додека обичното членство, кое веќе беше разочарано од функционирањето на поранешната матица - СДСМ, се одлучи за нова политичка авантура. Меѓутоа, авантурата премногу брзо се претвори во илузија, во која живееја само цареви и палјачовци. Тие уште на првата наплатна рампа се скараа за пиететот власт или опозиција. Пред одржувањето на предвремените парламентарни избори некрунисаното лидерство се скара, а тоа покажа дека очигледно НСДП е партија за една употреба. Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ
С
е распаѓа ли НСДП или "нивата" се чисти од коровот? Одговорот на ова дволично прашање е близу до реалноста, а таа е црна. Партијата на Тито Петковски сè повеќе тоне во заборав, бидејќи лидерот ги "издрибла" сите кои му веруваа дека сака да биде фиданка меѓу социјалдемократите во Република Македонија. Но, всушност Петковски ги употреби како пелена за една употреба. Поради тоа, во овој момент НСДП ниту е на земја, а веруваме ниту на небото. Таа се подели на неколку крила, првото го водат сè уште актуелните министри во заминување Вера Рафајловска и Лазар Еленовски, потоа и Веле Митаноски, и на крајот на краиштата, Живко Јанкуловски кој, заедно со Благоја Марковски, ќе прави нова партија. Тоа значи дека во НСДП сè е "округло, па на ќоше", односно оние кои се "омрсија" од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ бараат нов бунар за да пијат вода, додека обичното членство, кое веќе беше разочарано од функционирањето на поранешната матица - СДСМ, се одлучи за нова политичка авантура. Меѓутоа, авантурата премногу брзо се претвори во илузија, во која живееја само цареви и палјачовци. Тие уште на првата наплатна рампа се скараа за пиететот власт или опозиција. Пред одржувањето на предвремените парламентарни избори некрунисаното лидерство се скара, а тоа покажа дека очигледно НСДП е партија за една употреба. Но, за чија употреба беше осно-
САМО ГОРАН МИСОВСКИ МУ ОСТАНА ВЕРЕН НА ЛИДЕРОТ вана НСДП? Кој ги жртвуваше сопартијците? По сè изгледа дека идејниот творец на овој политички субјект во Република Македонија бил над Тито Петковски, кој во меѓувреме го врати стариот долг, а бидејќи "бракот" со ВМРОДПМНЕ официјално беше растурен, единствен излез за продолжување на кариерата на лидерот е враќање во старото јато, кое со ширум отворени раце го прифати неговото доаѓање во редовите на опозицијата. Но, дали Тито беше власт или опозиција? Тој цело време го застапуваше политичкиот курс на опозициониот СДСМ, кој го искористи "стариот волк" за да ја симне ВМРО-ДПМНЕ од власта. Меѓутоа, задачата не беше исполнета, така што политичкиот камбек не е изненадување.
ПРИМЕР ОД МИНАТОТО Кокетирањето на Петковски ги налути минорните политички фигури, како што се, Вера Рафајловска, Веле Митановски и други. Бунтот во т.н. дом на ексчленови на СДСМ и ексфинансиери на партијата од "Бихачка" е природна последица на уште понеприродниот "брак" со владејачката партија ВМРОДПМНЕ. Синдромот на некогаш познатата Демократска алтернатива го уништи партиското тело на НСДП. Во овој момент, во услови на тотален партиски хаос, никој не знае колку членство има и кој ги контролира штабовите низ градовите во државава. 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
Распаѓањето на НСДП почна уште на почетокот од функционирањето на коалиционата Влада со ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш партијата сметаше дека е некој значителен и влијателен политички фактор и затоа мислеше да го уценува "џинот", но по првичната еуфорија се стабилизираа односите во поранешната Влада.
Дали Тито Петковски беше власт или опозиција? Тој цело време го застапуваше политичкиот курс на опозициониот СДСМ, кој "стариот волк" го искористи за да ја симне ВМРО - ДПМНЕ од власта. Меѓутоа, задачата не беше исполнета, така што политичкиот камбек не е изненадување. Што всушност направија министрите на НСДП за Република Македонија? Во 18-месечното дружење министрите во оставка Рафајловска и Еленовски и вицепремиерот Јанкуловски беа само бледи фигури-венерис, кои во јавноста создаваа имиџ без покритие. Таквиот впечаток ги следи и денес, кој одвнатре ја уништи партијата. Да се потсетиме на периодот од пред 2000 година, по излегувањето од власта Демократска алтернатива се распадна на неколку групации и крила, Чедо Петров и Наталија Марковиќ-Димова ја формираа Нова Демократија, Љупчо Анушев стана независен пратеник, додека Радомир Карангелески и Саво Кли-
НА ЌОШЕ"
ОТКАКО ПЕТКОВСКИ И ДРУГИТЕ СЕ "ОМРСИЈА" ЛЕСНО Е ДА СЕ ФАЌА МАГЛА мовски го создадоа Демократски центар. Дали некој се сеќава на овие човекпартии? Истата опасност е исправена и пред отпишаните од НСДП - Лазар Еленовски, Вера Рафајловска, Веле Митановски, Благоја Марковски, Живко Јанкуловски и други.
СЛАБОСТИТЕ СЕ КАЈ ДРУГИТЕ Во новата епизода од екранизираната политичка династија на НСДП ќе играат вицепремиерот Живко Јанкуловски, Ванчо Чабуковски и Благоја Марковски, членови на потесното партиско раководствто на НСДП. Тие и официјално го напуштија бродот кој тоне
Што всушност направија министрите на НСДП за Република Македонија? Во 18месечното дружење министрите во оставка Рафајловска и Еленовски, како и вицепремиерот Јанкуловски беа само бледи фигури-венерис, кои во јавноста создаваа имиџ без покритие. Таквиот впечаток ги следи и денес, кој одвнатре ја уништи партијата. повеќе месеци. Според нив, оваа групација оформила нов Иницијативен одбор за создавање нова партија, кој наводно бил поддржан од поголем број општински организации. Новата партија би била со модерна, европска, социјална демократска опција.
НА КОНГРЕСОТ СИТЕ БЕА ЗАЕДНО, А СЕГА... ТИТО ПЕТКОВСКИ, БЛАГОЈ ЗАШОВ, ВЕЛЕ МИТАНОСКИ "Единствен начин за задржување на членството е оставка на претседателот и на раководството на НСДП. Со оглед дека Тито Петковски не прифати и реши за нивната одговорност да решава Централниот одбор, ние решивме да го згрижиме членството и своите политички идеи и да ги спроведеме преку нов политички субјект", изјави Јанкуловски. Пред него, министрите Лазар Еленовски и Вера Рафајловска и поранешниот пратеник Веле Митановски најавија дека ќе формираат партија. Тоа и го сторија, новата Социјалдемократска унија (СДУ) воскресна. Но, со колкав век на траење ќе биде? Нивниот довчерашен сопартиец Благоја Марковски, кој се одлучи да соработува со Живко Јанкуловски, не мо23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
жеше да објасни во што се разликуваат ставовите со групата на Еленовски, но истакна дека нивната ориентација ќе биде враќање на основните вредности и принципите на програмата и платформата на модерниот европски социјалдемократизам. Оттаму се верува дека името, новиот лидер на партијата ќе произлезат од расправата во општинските организации. Според лицата кои последни го напуштија капетанот на НСДП, новиот политички субјект би се лоцирал лево во центарот. Тоа значи во центарот ќе биде густо. "Не смееме да бидеме нечиј сателит и сите активности на актуелната Влада ќе бидат предмет на анализи, по што позитивните ќе наидуваат на поддршка и афирмација, а ќе ги критикуваме работите кои регресивно ќе се одразуваат
врз Република Македонија", изјави Марковски. По најавите на шефот на државата, Бранко Црвенковски, кој директно се заложи за обединување на левицата, односно создавањето на "егоцентризам", Живко Јанкуловски истакна дека токму таквите сознанија, средбата меѓу Црвенковски и Петковски, како и договорот за заеднички настап со СДСМ на локалните избори, биле причините за забрзување на постапката за формирање нова партија. Довчерашниот најблизок соработник на Петковски најави самостоен настап на локалните избори в година, а подоцна ќе се определат за евентуално коалицирање. "Ниту јас ниту членовите на Централниот одбор на НСДП не бегаме од одговорност за лошиот резултат на изборите, и според статутот, за нашата недоверба ќе се гласа на партиската конвенција", оцени претседателот на НСДП, Тито Петковски.
КАДЕ ЌЕ СЕ СЕЛИ ОБИЧНОТО ЧЛЕНСТВО? Кокетирањето на Тито Петковски ги налути минорните политички фигури, како што се, Вера Рафајловска, Веле Митановски и други. Бунтот во т.н. дом на ексчленови на СДСМ и ексфинансиери на партијата од "Бихачка" е природна последица на уште понеприродниот "брак" со владејачката партија ВМРОДПМНЕ. Причините за поразот Петковски ги лоцира во слабата и разединета опозиција, вклучувајќи ја и НСДП, но и во континуираната кампања на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. "По Самитот на НАТО Груевски манипулираше со чувствата на граѓаните. Истото го направи за спорот со името. Создаде слика дека е загрозен македонскиот идентитет. Злоупотребувајќи ја власта вработуваше и се закануваше со откази... Мораме да признаеме дека одлично ја водеа кампањата и на теренот беа како машина", оцени Петковски.
Тој смета дека изборите се загубено драгоцено време, потребно за исполнување на задачите за побрзо зачленување во ЕУ. Според Петковски, потребно е побрзо да се формира влада, премиерот да направи компромис со Грција, бидејќи било јасно оти без тоа не ќе можеме да одиме напред, но и да се исполнат обврските од "Мајскиот" и од "Мартовскиот договор".
ПРЕМАЛ ЗАЛАК Гледано од страна, Петковски рамнодушно го прима распаѓањето на НСДП. Но, споредено со она што бил и што во иднина ќе настојува да биде, тој сè повеќе ризикува да оди во насока на политички заборав, бидејќи се покажа дека многу лошо ги менаџира партиските потреби. Сепак, она што се случува во НСДП е последица на долгот кој тој го имаше кон планерот за симнување на власта. Меѓутоа, старо-новиот премиер ги
24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
амортизираше таквите задачи, бидејќи беше свесен што й носеше Петковски на коалицијата. Тоа значи дека партијата на Петковски е направена само за една употреба. Времето кое го мина во власта предвреме истече, па затоа НСДП не го мина парламентарниот праг. Двајца пратеници во коалицијата "Сонце" се премал залак за натамошно политичко дејствување и опстојување. Единствен политичар кој ги пребродил сите калкулации или пресметки е Стојан Андов, но тој е политичар од посебен ков. За разлика, Тито Петковски ја нема харизмата на еден Андов, затоа судбината на оваа партија е неизвесна. Таа брои ситно, како да е регрут во војска. Колку повеќе истакнати лица си заминуваат, токлу поголем е расколот во партијата. На тој начин НСДП се сведува на еден минорен политички субјект, кој ќе нема никакво влијание во политичкиот живот. Петковски тоа го знае, бидејќи се наоѓа на залезот од кариерата. Во него нема повеќе сила за некој камбек во врвот на македонската политика.
риторијална поделба на единиците на локална самоуправа, односно создавањето нови локални самоуправи, произлегоа од барањата кои беа дефинирани во охридскиот Рамковен договор. Под притисок на меѓународниот фактор пакетот на законите за децентрализација во Македонија битно отстапува од законодавството на Европската унија. Во првиот дел од оваа анализа ќе се осврнам на проблемот на отстапување од европското законодавство, а во вториот дел од оваа тема ќе ги разгледаме директните последици на економски и
Петар ШКРБИНА
“Interesite se posilni od moralot” Политичкото барање за федерализација во првата фаза, односно конфедерација на Македонија, се појави уште во времето на военополитичката криза во 2001 година. Во предизборната кампања за вонредните парламентарни избори водечките албански политички партии во својата изборна програма го поставија барањето за федерализација на Македонија. Индикативно е тоа што ниту една македонска коалиција воопшто не го коментираше поставеното барање на албанската страна. Очигледно е дека ниту една коалиција немаше соодветен одговор на барањето на албанскиот етникум за федерализација.
територијална поделба, меѓутоа самиот факт со воведување на клаузулата во Рамковниот договор за посебните права на националните малцинства на двојазичност (етничките заедници), кои доколку ги има повеќе од 20 отсто во определени локални политички организациски целини, се создава сосема нов услов за ново спроведена локална самоуправа, односно нова територијална поделба. Условот се базира врз функционалниот компромис, меѓусебно поврзаните фактори, како што се, бројноста, групи-
Последните локални избори и сегашните вонредни парламентарни избори, кои се оценети како насилнички и недемократски, ја потврдуваат констатацијата дека локалното освојување на власта врз етничка основа претставува процес, кој во натамошната фаза треба да овозможи нова прерасподелба на политичката моќ во нашата држава, но не врз основа на граѓанска демократија, туку врз основа на етничка и верска моќ.
ФЕДЕРАЛИЗАЦИ на безбедносен план, кој овозможува остварување на процесот на федерализација и промена на уставниот поредок на Македонија. Можеме да констатираме дека Македонија е последната земја во регионот, која го спроведе децентрализациониот процес. Задоцнетото спроведување на процесот за децентрализација во Македонија е последица од цела низа нерешени политички, етнички и верски прашања, каде територијалната поделба или новите граници на локалната самоуправа се од суштинско политичко пра-
раноста на определена територија, кои се дефинирани во документите на ОБСЕ, формулирани во Копенхаген во 1990 година, а кои повторно беа потврдени во наведените документи на ОБСЕ. Тие документи постојат и во документите на Советот на Европа, како што е Европската конвенција за заштита на националните малцинства (1995 година) и Препораката 1201 од 1993 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Препораките експлицитно говорат за колективните права на малцинствата, а имплицитно и за терито-
Во општествата во кои постојат изразени етнички или политички поделби како што е македонското општество, статусот на било кое малцинство во определена организациона политичка структура (локална самоуправа) претставува постојана дискриминација и константна опасност за политичка нестабилност.
(ПРВ ДЕЛ)
П
роблемот се сведуваше на фактот дека со пакетот на Законот за децентрализација од 2004 година се создадоа сите предуслови за остварување на процесот на федерализацијата, што и го покажа изминатиот период. Пакетот на законите за децентрализација, а особено Законот за новата те-
шање. Суштината е во поврзувањето на новите територијални организации на етничка основа и новите ингеренции на локалната самоуправа врз економска и финансиска основа, особено изразена во Западна Македонија. Охридскиот Рамковен договор директно не предвидува барање за децентрализација и за нова 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
ријалната автономија. Со таа препорака е направен обид да се даде дефиниција на "национално малцинство" (етнички заедници), во кои се наведени следниве критериуми: живеење на определена територија и врска со матичната држава, посебни етнички, културни, верски или јазични особености, нивна заста-
Нашата нова територијална поделба покажува дека не се испочитувани основните постојни европски поставени критериуми, туку преку политички договор се создадени нови критериуми, кои само се вклопиле во поставените европски критериуми. Со новата вештачки создадена територијална поделба мнозинскиот народ од Македонци во новосоздадените локални самоуправи во Западна Македонија стана "национално малцинство". Овој факт не претставува коректно спроведување на Европската конвенција за заштита на националните малцинства. пеност во "доволен број" под услов тој број и понатаму да е помал од бројот на останатите жители и посебен идентитет изразен со желбата да биде зачуван како таков идентитет. Меѓутоа, во нашите услови, пакетот на законите за децентрализација, ја ставил територијалната поделба во групата на експлицитни барања, а со тоа ги изедначил со колективните права.
Анализата на горенаведените документи и на дадените критериуми со нашата нова територијална поделба покажува дека не се испочитувани основните постојни европски поставени критериуми, туку преку политички договор се создадени нови критериуми, кои само се вклопиле во поставените европски критериуми. Со новата вештачки создадена територијална поделба мнозински-
от народ од Македонци во новосоздадените локални самоуправи во Западна Македонија стана "национално малцинство". Овој факт не претставува коректно спроведување на Европската конвенција за заштита на националните малцинства. Проблемот се усложнува со фактот што другите законски регулативи кои треба да ја регулираат правичната застапеност на останатите малцинства при раководење со јавниот сектор (во нашиов случај неалбанска националност), ова прашање не го дефинирале туку одлуката за тоа е препуштена на новите органи на локалната самоуправа. На Запад демократијата се развивала во хомогени општества, а локалната организација се создала по принцип на "одоздола", кога биле исполнети во прв ред економските критериуми. Меѓутоа, во нашиот случај, локалната организација е создадена со диктат "одозгора", а истовремено не е создаден заштитен механизам за сите припадници на разните националности. Во општествата во кои постојат изразени етнички или политички поделби како што е македонското општество, статусот на било кое малцинство во определена организациона политичка структура (локална са-
ЈА НА МАКЕДОНИЈА ? ! ? моуправа) претставува постојана дискриминација и константна опасност за политичка нестабилност. Во Рамковниот договор се пристапи по посебни, но многу прецизни формулации, какви што се, правичната застапеност во органите на власта на другите етникуми, но врз основа на пописот на населението, особено во безбедносните структури и употребата на јазикот. Значаен елемент е констатацијата дека во моментот на донесување на Охридскиот договор Македонија веќе беше членка на Советот на Европа, на Партнерството за мир и го имаше потпишано Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Меѓународниот фактор можеше сите натамошни чекори за имплементација на начелните ставови на охридскиот Договор да ги диктира преку потребните реформи и постапки, кои се спроведуваа како услов за евроатлантската интеграција. Последните локални избори и сегашните вонредни парламентарни избори, кои се оценети како насилнички и недемократски, ја потврдуваат констатацијата дека локалното освојување на власта врз етничка основа претставува процес, кој во натамошната фаза треба да овозможи нова прерасподелба на политичката моќ во нашата држава, но не врз основа на граѓанска демократија, туку врз основа на етничка и верска моќ. 27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
Д О М А Ш Н И Т Е РА Б О Т Н И Ц И И Н А Состојбата со синдикалните, но и со човечките права на голем дел од вработените (пријавени) во приватниот сектор, не е ниту малку розова. Но, за ова со години не се зборува, небаре не постои проблем со давањето законски слободни денови, пауза за време на работата или користење годишен одмор. Сè некако се сведува на она - ако ти чини работи, ако не оди си. А во услови кога работа (подобра) речиси и нема, работникот едноставно нема избор и трпи сè, притиснат од немаштијата, кога дома треба да донесе нешто, кога тешко може да најде друга работа и кога нема институција на која може да й се пожали за проблемите на работа. За да биде иронијата пострашна, според податоците на ССМ, најмногу злоупотреби прават странските сопственици, кои често пати не им дозволуваат на работниците да користат одмор во два дела, туку годишно им даваат најмногу една слободна седмица. Некаде се прават фиктивни решенија за одмор. Работникот на хартија се води како да го користи годишниот одмор, но мора да доаѓа на работа. А ние се крстиме токму во странските инвестиции. Пишува: Арсен КОЛЕВСКИ
М
акедонските работници, според степенот на остварување на синдикалните права, се меѓу најзагрозените во Европа. Речиси и нема сфера (освен државните службеници) во која не се повредени некои од правата како, на пример, користењето годишен одмор и сл. Според сознанијата на Сојузот на синдикатите на Македонија, Законот најчесто се прекршува во градежната, текстилната, рударска-
ПАРЧЕТО ЛЕБ Е НАЈГОРКО ВО РОДНИОТ КРАЈ та и во трговската дејност. Во оваа насока, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година во рударството биле вработени 5.093, во градежништвото 38.006, а во текстилната индустрија имало 49.197 вработени. Од ССМ тврдат дека на повеќето од нив им било ускратено правото на годишен одмор. Текстилните работници, градежниците, рударите и вработените во малите продавници најмногу се на удар на работодавачите кога станува збор за правото на користење годишен одмор. Голем дел од нив работат со години без газдите да им дадат барем неколку слободни дена, без разлика што Законот предвидува годишно да користат најмалку 18 (работни) дена.
НЕМА ПОМОШ ОД НИКАДЕ За волја на вистината, пред нешто повеќе од три години работодавачите и Владата, за последен пат, на иста маса разговараа за правата на работниците. Тогаш на средбата беше заклучено дека работниците не смеат да бидат заштитени како мечки во планина. Ваквиот став ја "скрои" судбината на стотици илјади работници во земјава. Божем дотогаш македонската работна сила уживаше екстра привилегии. Оттогаш никој не мрдна со прст, иако условите кои ги имаат дел од работниците се под секое достоинство, па во подруми работат илјадници текстилци, на скапани скелиња висат ѕидарите, сè до руинираните амбуланти во кои докторите работат со пациенти. 28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
На тој начин работниците, обесправени од работодавачите, минимално заштитени од законот и од надлежните инспектори, водат секојдневна битка со потребата да обезбедат корка леб за семејството. Најголемиот дел од вработените во приватниот сектор тешко дека помислуваат да си ги заштитат здравјето и достоинството. Досегашното искуство од изминативе 18 години транзиција тоа го докажа. Едноставно работникот нема избор кога дома треба нешто да донесе, кога тешко може да најде друга работа и кога нема институција на која може да й се пожали за проблемите на работа. Затоа голем дел од нив се помирени со судбината и се решени да трпат сè и сешто отколку да се преместат во масата стечајци, технолошки вишок, невработени, социјалци. Во повеќето случаи трудовите инспектори остануваат слепи и глуви на жалбите и на ретките протести на работниците. При ваква стапка на невработеност никој не е "луд" да штрајкува. И тоа од многу практична причина. Со вакви државни органи тие можат да штрајкуваат колку што сакаат и повторно ништо да не добијат. Затоа ниту и се обидуваат. Па, така, иако работниците се свесни дека законските права им се прекршени, сепак се плашат да ги пријават газдите, бидејќи ќе ја изгубат работата. А дел од нив работат секој ден. Дури и на отворено и кога временските услови се многу лоши, најчесто во зима. Законот за работни односи пропишува дека секој работник има право на годишен одмор од 18 до 26 дена, кој може да го користи во два дела. Колку за илустра-
ТА М У М И Н И М А Л Н О З А Ш Т И Т Е Н И О Д З А К О Н О Т
РАБОТНИТЕ НАВИКИ СЕ СТЕКНУВААТ ОД МЛАДОСТА, НО ВО ВАКВИ УСЛОВИ МЛАДИТЕ СО "УМОТ" СЕ ВО СТРАНСТВО ција, за работодавачите кои не го почитуваат ова се предвидени казни од 100.000 до 200.000 денари.
РАБОТНИЦИТЕ ИСПЛАШЕНИ Во ССМ тврдат дека најмногу злоупотреби прават странските сопственици, кои често пати не им дозволуваат на работниците да користат одмор во два дела и годишно им даваат најмногу една слободна седмица. Некаде се прават фиктивни решенија за одмор. Од ССМ велат дека некој мора тоа да го пријави за да можат да ги заштитат работниците. Тие апелираат работниците да ги пријавуваат злоупотребите во Синдикатот и во трудовата инспекција. Состојбите за кои се свесни работниците, за жал, уште подобро им се познати на работодавачите. Затоа тие уживаат во удобноста која им ја овозможува високата стапка на невработеност, немоќта на синдикатите и слабата примена на законите. Сè тоа е повеќе од доволно за Македонија да се
поведе поголема грижа за работниците, кои всушност се "темелот" на создавањето на бруто домашниот производ. Од тие причини надлежните мора да ги чепнат обврските на работодавачите, бидејќи тие не смеат да прават профити без да ги плаќаат придонесите за вработените, да им исплатуваат плата, да им дозволат да користат годишен одмор. Во спротивно ни се заканува опасност да се доведеме во ситуација да станеме како некои африкански или азиски земји, кои се познати по негрижата за правата на работниците. Ова е само едната страна од приказната. Каква е вистинската состојба внатре, на пример, во текстилниот сектор, најдобро покажува фактот што пред неколку месеци битолските работници од текстилната индустрија отворено побараа казни затвор за работодавачите кои ќе го прекршат Законот за работни односи. Не е случајно тоа што вакво нешто побараа битолчани зашто, според нивни тврдења, кај нив повредата на женскиот труд е најдрастична. "Четиринаесет часа работа, неплатени прекувремени часови, понижување и деградација, е амбиентот во кој минува работниот век на македонските шивачки", беше потенцирано на трибината во Битола, организирана од Министерството за труд и социјална политика, каде што прв пат од транзицијата се проговори за третманот на женскиот труд во текстилната индустрија. Но, има и поинакви искуства. Претставниците од Министерството и од Државниот трудов инспекторат наместо да понудат решение, вината за ваквите состојби ја лоцираа токму во текстилните работници, но и во Синдикатот. "Кога ќе сакаме да ги заштитиме обесправените работнички и да ги испратиме службите да извршат надзор, нашите екипи се соочуваат со она што значи страв, бидејќи работничките стравуваат дека ако проговорат можат да ги изгубат и тие 5.000 денари кои ги добиваат како плата", велат претставниците на државата. И сè така во круг. Кучињата лаат, ама караванот си врви. До каде, е тоа никој не знае.
ШТРАЈКОТ КАКО УТОПИЈА Во македонската историја засега тешко дека е забележан штрајк преку кој работниците со излегувањето на улица успеале да остварат некое свое право. А штрајкови, односно прекини на работниот процес за овие 18 години се изнагледавме, но резултати речиси и немаше. Затоа и не изненадува тоа што состојбата на теренот е таква каква што е. Работниците, знаејќи како изгледа правдата кај нас, веќе и не се обидуваат преку прекин на работата да се изборат за своите права, особено сега кога фирмите се во огромен број приватизирани, па лесно може да се случи утредента по штрајкот работниците да наидат на затворена капија и на работничка книшка на портирница. И затоа сме таму каде што сме. А каде ќе бидеме, веќе никој не се обидува ниту да дознае. На многумина сè им е јасно. најде на опашката на Европа во однос на заштитата на работничките права. Далеку од нас се европските искуства, во кои се дебатира за скратување на работната седмица, за поголем годишен одмор, за ублажување на ударот на цените врз платите. Овие прашања кај нас се многу болни и ретки се моментите кога воопшто некој ги става на маса. Интересно е и тоа што синдикалните претставници стануваат редок вид пред истребување, зашто во најголем дел од фирмите организирањето во синдикати е забивање нож во грб на газдите. Поради тоа, единствено државата е таа која мора да 29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
Трагајќи по легендите, лагите и мотивите, откривме дека сè се знае уште пред Исус, сè е дело на Македонците и дека 20 века се развивале само техниките. Истовремено се вршела смислена девалвација, деградација и геноцид врз Македонците. Македонија како најстара држава на континентов, на светската цивилизација й подарила голем број светски вредности, значајни за светската цивилизација. Македонците како најстар народ на планетава Земја, создале и оставиле големи траги на разработени правила и принципи со својата мудрост, логика, градителство, воинственост и дипломатија. Македонската писменост, култура, уметност, музика, право и просветленост се први кои на светот му биле понудени во целиот свој сјај. Македонецот Александар е еден од многуте македонски цареви кој го задолжил светот, но и Македонците, бидејќи го зачувал нивниот идентитет. Книгата претставува пророштво за иднината и фенер за просветление. Наша цел беше пред македонската и светската јавност да обелодениме нови автентични докази за македонскиот цар кој бил од Бога определен да прави чуда на Земјава и на видлив начин сите народи на светот да ја почувствуваат благоста Божја.
дел 14
А
нализата на записите за чинот на крунисувањето покажува дека Египќаните сè добро знаеле за Македонците и за Македонското царство. Запишано е дека по крунисувањето во храмот, Александар се наведнал и ја бакнал статуата на последниот египетски фараон Нектанебо II, за преку устата да го преземе здивот на својот претходник. Според Калистен, роднината на Аристотел, кој одел заедно со Александар и имал задача да ги запишува подвизите на Александар (осуден на смрт и распнат во Мараканда, Самарканд, за лажно пишување и заговор против него), во тоа време низ Египет кружела легенда дека Александар е навистина син на фараонот Не-
ктанебо II, кој имал тајни односи во македонскиот царски двор со мајката на Александар. Друга легенда била дека во времето пред да остане Марија (Олимпија), во благословена состојба, фараонот Нектанебо бил во Македонија и со помош на магии една ноќ влегол во собата на царицата Марија (Олимпија) за да го зачне својот син Александар. Интересен е церемонијалот на крунисувањето на фараонот, зашто тој речиси во целост е задржан до денес, а извесни ритуални предмети кои се служеле при крунисувањето и денес служат кај нас во разни верски и просветителски обреди. Седиа гестаториа на која го носат Папата при свечените церемонии, има ист облик на седиштето од процесиите на фараоните, кое всушност, и тогаш се наре30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
кувале "сед". Големите лепези од ноеви перја со кои се мафта пред поглаварот на католичката црква и тоа во крајот каде нема големи жештини ниту многу инсекти, слични се со оние со кои се ладеле египетските суверени. И самата понтификална тијара претставува еден од облиците од капите на фараоните при извршувањето на свештените ритуали. Треба да се каже дека папската тијара сè до XIV век била украсена само со две круни. Овој амблем на трето владеење го додал Јован XXII, папата кој бил добро упатен во маѓиите и просветните науки. Исто така, церемонијалот при крунисувањето на македонските и египетските владетели од тоа време го презеле верно многу европски кралеви и масонски ло-
Од книгата на Пандил Костурски и Ристо Поповски "Александар Македонски Македонизам"
жи. Така, француските кралеви сè до последниов век биле крунисувани според овој церемонијал. При крунисувањето на сегашната англиска царица може да се препознаат многу елементи од овие ритуали. Истражувањето на ваквите сличности при крунисувањата открива дека современите т.н. западни царства, како и римокатоличките востоличувања имаат воспоставен континуитет од Египет сè до современиево. Додека, пак, за македонските востоличувања конструирани се тези дека биле со влегување во реките Вардар, Струма и Брегалница, со што е проектирано востоличување, слично на покрстувањето на Исус во реката Јордан. Ако било така, во тој случај западните лингивистички објаснувачи нека се определат или за една или за друга опција. Ваквите фалсификати во науките сигурно бараат нови современи одговори како акт на самоспознавање, а не нови нејаснотии и енигми. Македонците и Александар во Египет останале осум месеци. Пролетта во 331 година тие го напуштиле Египет преку Сириската пустина. По победата кај Гавгамела, чие име значи "племна за камили" на 1 октомври истата година, кога по втор
пат персискиот крал Дарие се спасил бегајќи од битката, Александар дошол во Вавилонија. Во главниот град Вавилон Александар бил дочекан како ослободител. Била организирана процесија од свештеници и чиновници, кои пред излезениот народ на улиците му посакале добредојде во Вавилон. Тие му дале голем број подароци од сјаен метал со скапоцени камења и извезена облека. Главната улица во градот била послана со цвеќиња од кои се ширел опоен мирис. Александар побарал да му се покажат сите чуда кои се наоѓале во овој легендарен град. Така, тој ги посетил познатите висечки градини за кои му раскажувале во царскот дворец во Пела, како и огромните тераси, потпрени на столбови и засадени со многу ретки дрва и цвеќиња, кои некогаш ги засадил кралот на Вавилон од љубов кон една девојка. За Александровите придружници, по шестмесечни тешки искушенија, Вавилон бил вистинско место за одмор. Во него имало безброј меани во кои тие се гостеле и уживале. Инженерите, војсководците, офицерите со високи рангови, научниците и познатите уметници кои го 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
следеле Александар биле, исто така, чести гости. Богатите Вавилонци биле гостопримливи луѓе, тие сами ги канеле гостите дома, каде богато ги гостеле. За градбите во самиот град познатиот скулптор Лисип им објаснил на Македонците дека тие џиновски градби се направени само од глина. Градејќи од земја Вавилонците се обидувале да ја избегнат површината на земјата подигнувајќи ги своите градби во скалести пирамиди на повисоко ниво, каде воздухот е посвеж. Таква една градба била наречена Кула Баб-Ел-Господова врата - наменета за поминување на Македонците, кои според нивните јасновидци морало еднаш да дојдат и да го побараат својот род. Во Вавилон Александар бил крунисан на ист начин како што бил крунисан и во Мемфис, а свештениците веднаш му ја признале светата законитост и неговото право на престолот. Александар го задржал Мазаја како вицекрал и издал наредба за реконструкција на Храмот во кој бил крунисан. Од тоа место тој одлучил да испрати писма во светот за да го запознае со неговиот пат и експедиција. Исто така, одлучил да им даде слобода на сите градови држави и многу градови од Јужна Италија, кои во минатото учествувале во борбите против Персијците. Интересно е тоа што Александар имал време да пишува писма, но од нив денес нема никаква трага. Во едно писмо, според Плутарх, на пример, наредил Селевковиот роб (иден крал на Сирија и основач на династијата Селевковци), кој побегнал во Киликија, да се побара. Во друго писмо му се фалел на Певкест како го фатил Никон, кој бил Кратеров роб. На Мегабик му пишал и му наредил робот кој побегнал во храмот ако може да го намами од храмот и потоа да го фати, а не во храмот да стави рака врз него. Како што ги нема Александровите писма, исто така, ги нема или некој ги скрил доказите за македонската демократија, слобода и човекови права, што ги воспоставувал, практикувал и почитувал Александар. Истото се однесува и за македонското кодифицирано право - многу постаро од римското. Постојат голем број пишани докази за пресудите на Александар. Евидентен доказ е кулата во месноста Селма парк, во близина на Багдад, изградена од него, од која им било пресудувано на казнетите, со фрлање од врвот на истата. Плутарх, исто така, забележал дека кога се разгледувало некое кривично дело Александар својата рака ја држел на едното уво, додека зборувал обвинителот, за да може да го слушне со другото уво другото мислење на обвинетиот, како би бил непристрасен судија, само ја потврдува тезата за традицијата на институтот право кај Македонците.
(продолжува)
СО ПРЕЧЕС ПР ЕЧЕ СНИОТ НИОТ JOS JOSEPH EPH M M.. SH SHAHEEN AHE EN
ЦРКВАТА ВО ЦЕЛОСТ ЈА НЕГУВА ВЕРСКАТА ТРАДИЦИЈА Од кога датира Вашата црква во Америка, како е организирана и конкретно колку долго опстојува црквата "Св. Павле", Нејплс, Флорида?
веќето од црквите се наоѓале во градовите, каде биле лоцирани главните железнички линии. Во тоа време имало многу проблеми и конфликти во рам-
SHAHEEN: Народите од Среден Исток, Сирија, Либан, Јордан и Египет, кои зборуваат на арапски јазик, во Северна Америка почнале да доаѓаат уште од 1860 година. Првите препознатливи групи пристигнале во 1880 година. Во 1890 година посакувањето да има Црква ги донесе и првите цркви, кои се нарекуваа "Сиријска мисија на Руската православна црква во Америка". Првиот свештеник бил Арап, образован по рускиот систем. Тој основал цркви во Соединетите Американски Држави и во Канада сите под руска јурисдикција. Околу 1920 година, свештениците од Црквата од Антиох, исто така, основале цркви. По-
Разговорот го водеше:
Елизабета ХАЏИ-СТОЈАНОВА КОСТУРСКА 34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
ките на Црквата, што ја прави интересна нејзината историја. Но, времето не дозволува сега да зборуваме за историјата. Конечно, во 1975 година, сите поделби
WIIT W T H V E RY R RE E V. J OSE OS EPH PH M . SH SHAHEEN AHE EN
INTERVIEW
THE CHURCH FULLY KEEPS THE RELIGION How many years Your church exist in USA, how is organized and precisely for how long exist the Church "St.Paul" here in Naples, Florida?
of Americans showed interest in Orthodoxy and the Church doubled in size. It continues to grow with nearly 300 Churches and growing every year. In
SHAHEEN: People from the Middle East, Syria, Lebanon, Jordan, and Egypt – all Arabic speaking began to arrive in North America as early as 1860. The first recognizable groups arrived in 1880. By 1890, the desire for the presence of the Church had brown and the first Churches were called the “Syrian Mission of the Russian Orthodox Church in America. The first Bishop was Arab born, Russian educated and he established Churches across the United States and Canada – all under the Russian jurisdiction. Around 1920, priests and bishops from the Church of Antioch also were establishing Churches. Most of the Churches were in cities of the major railroad lines. There were many problems and conflicts and divisions within the Church which makes for an interesting history. Time does not allow for it to be told now. Finally in 1975, all the divisions were removed and the Church was unified. In 1987, a group 35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
Interviewed by Elizabeta HADZI-STOJANOVA KOSTURSKA
СО ПРЕЧЕС П РЕЧЕ СНИОТ НИОТ JOS JOSEPH EPH M M.. SH SHAHEEN AHE EN беа отстранети и Црквата се обедини во една. Во 1987 година група Американци покажаа интерес за православието и Црквата се дуплираше во големина. Нивниот број продолжуваше да се зголемува речиси до тристотини цркви и секоја година понатаму растеше во континуитет. Во 2004 година Црквата беше модернизирана и на свештениците им се даде да раководат со територии - за да го забрзат размножувањето. Имаме митрополит, кој е главен свештеник епископ и шест локални свештеници епископи, кои имаат територии и се одговорни за нив. Имаат ограничено право и се сретнуваат два пати годишно за да дискутираат за одредени прашања и да ги решаваат проблемите. Митрополитот го има крајниот збор. "Св. Павле" е црква на Дисосис, епархија од Мајами. Свештеникот Антоун Кхоури е нашиот хиреарх. Територијално ги покрива Северна и Јужна Каролина, Џорџија, Флорида, Алабама, Мисисипи, Тенеси и Луизијана. Нашата црква во Нејплс е од 1997 година. Сегашната локација е откупена во 1998 година, темелите се осветени, и во 2005 година почна изградбата на сегашната црква. Првата миса во новата црква ја одржавме во февруари 2006 година.
Неискреност - акт на миропомазание за лекување од физичка болест; Матримонија - Брак - заедница благословена од Бог за да се создаде посовршено човечко суштество и да го рефлектира Неговиот креирачки дух преку создавање на потомство. Совршената заедница е рефлекција на првата креација од Бога, Адам (направен од глина) од кој, пак, е создадена Ева. Бракот ги обединува; Светите заповеди, човекот да биде лидер на почитувањето на Бога, да ја има честа да го повика Бога на цело човештво да му дари лекување, создавање на живот, збогатување и обновување на добрината. Еден од условите за влез на Република Македонија во ЕУ е и таа да го смени календарот на славењето на православните празници. Дали над Вас се чувствува притисокот на екуменството за промена на календарот? SHAHEEN: Податоците за религиозното познавање на настаните за жи-
ности и е во целосно обединение на верата со другите. Во Северна Америка, митрополитот Филип, нашиот водач, отсекогаш е отворен за соработка меѓу православието. Тој верува дека единствен начин Америка да премине во православна е и преку нашето обединување. Во многу градови, православното свештенство има основано братства и организации и редовно се сретнува за да богослужи заедно. Особено во православната недела, која е прва недела од Големиот пост. Моето лично искуство покажа дека јас и моето семејство бевме прифатени со посебна топлина и гостопримство од страна на Вашата црква. Значи ли тоа дека сите верници кои доаѓаат кај Вас и од други јурисдикции наидуваат на Ваше гостопримство? SHAHEEN: Ние во "Св. Павле" напорно се трудиме секој да биде добредојден. Сликата на гостопримството на Абрахам нè учи да ги пречекуваме
Колку Вашата црква ја негува и ја чува традицијата на православието, со оглед на тоа што името на Вашата црква, антиохиска, упатува на изворните преданија, на корењата на православието? SHAHEEN: Црквата во целост ја негува верската традиција. Нашето почитување е идентично со она на претходните цркви. Нашите службени книги се преведени од арапски на англиски јазик и во зачувувањето на традицијата на Антиох; ние сме Црква во која е добредојден секој кој сака да ја прифати и да ја негува верата. Ние сме вклучителна црква, широко пространа црква, не сме ексклузивна и отворени сме за сите. Исто така, имаме цврсти врски со Блискиот, Средниот Исток и со арапската христијанска култура и традиција. Колку исповедувањето и причестувањето, како и другите свети тајни, се задржани во Вашата црква? SHAHEEN: Седумте секраменти (мистерии) се основа на Црквата, тие се чуваат и се одржуваат, и им се нудат само на оние кои й се потчинети на верата. Тоа се: Евхаристија (Eucharist) или Светата Комуна Причестување, вистинското присуство на Христос, Неговото тело и неговата крв; Баптизам Крштевање (влезот во верата); Потврдување, исто така, наречено Хризмација (посебно миропомазание - подарок од Светиот дух; Исповед Признание (акт на каење);
вотот на Христос се фиксирани од традицијата. Календарот е креација на човекот и традициите на црквата се креација на Бога. Никој никогаш не побарал православните да прифатат некој одреден календар. Колку сте отворени за соработка со други православни христијански цркви во светот и дали имате остварено некаква соработка со некоја друга православна црква? SHAHEEN: Црквата од Антиох секогаш учествувала во игуменските актив36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
странците како што правел Абрахам. Тоа е нашата традиција во "Св. Павле". Дали сте слушнале за Македонската православна црква и за Охридската патријаршија во која и денес има 365 цркви и е мека на христијанство? SHAHEEN: За жал, Македонската православна црква не ми е доволно позната, и ме наведува да сфатам колку многу ни е потребно зближување, со цел да ги прошириме нашите сфаќања.
WIIT W T H V E RY R RE E V. J OSE OS EPH PH M . SH SHAHEEN AHE EN 2004, the Church was restructured and Bishops were given territories to administer – accelerating the growth. We have a Metropolitan, who is the chief Bishop and six local bishops who have territories they are responsible for. They have limited authority and meet twice a year to discuss issues and solve problems. The Metropolitan is the final authority. St. Paul – is a Church of the Diocese of Miami. Bishop Antoun Khouri is our hierarch. The territory covers North & South Carolina, Georgia, Florida, Alabama, Mississippi, Tennessee and Louisiana. Our Church in Naples began in 1997; they purchased the current location in 1998, worshipped in a house on the property and in 2005 – began the construction of the current Church. The first service in the new Church was in February of 2006.
worship of God to have the honor to call upon God to send to all mankind his healing, life creating, enriching and renewing grace.
INTERVIEW together. Especially the Sunday of Orthodoxy, which is the first Sunday of Great Lent.
How much Your church cultivate and keep the tradition of orthodoxy, because the name of Your church Antiohian refer to the roots of Orthodoxy? SHAHEEN: The Church has kept the tradition of the faith completely. We worship exactly the same as the early Church. Our service books were translated from Arabic to English and in keeping the tradition of Antioch; we are a Church which welcomes anyone who wants to embrace the faith. We are an inclusive Church not an exclusive one, but open to all. We have strong ties to the Middle East and to the Arabic Christian Culture and Heritage. Are confessions and viaticum, and others holly secrets are still present in Your church? SHAHEEN: The Seven Sacraments (mysteries) are the foundation of the Church, they are guarded and maintained and offered only to those who declare they are bound to the faith. The seven are listed: Eucharist or Holy Communion, the real presence of Christ, His Body and his Blood; Baptism (the entry into the faith); Confirmation – also called Chrismation (A special anointing – the gift of the Holy Spirit; Confession (The act of repentance); Unction – the act of anointing for the healing of physical ailments; Matrimony – Marriage – the union blessed by God to create the more perfect being and reflect His creating spirit through procreation. The perfect union is reflective of God’s first creation, Adam (man is made of clay) out of which he created EVE. Marriage reunites them; Holy Orders the setting aside of man to lead in the
www.antiochian.org/stpaulchurch One of the conditions for entrance of Republic of Macedonia in the European Union is to change the calendar for celebrate of orthodoxy holidays. Is there some pressure against You like a church for changing your calendar?
My experience shows me that, I and my family are accepted with a lot of warm, love and hospitality from your Church. Is that a routine for all other believers which are come in You Church from others jurisdictions?
SHAHEEN: The dates for religious acknowledgment of events in the life of Christ are fixed by tradition. The Calendar is the creation of man and the traditions of the Church are the creation of God. No one ever asked the Orthodox to accept any specific calendar.
SHAHEEN: We at St. Paul try very hard to make everyone welcome. The icon of the hospitality of Abraham teaches us to welcome the stranger as Abraham did. Because we never know when we might be welcoming the angels, the saints, or God himself in the incarnate Lord. This is our tradition at St. Paul.
Are Your Church is open for collaborations with other orthodoxy churches across the world, and did you have realize some collaboration with other Orthodoxy Church? SHAHEEN:The Church of Antioch has always participated in ecumenical activities and is in full union of faith with others. In North America, Metropolitan PHILIP, our leader, has always been an outspoken advocate of collaboration among the Orthodox. He believes the only way to convert America to Orthodoxy is through our own unity. In many cities, the Orthodox Clergy have brotherhoods and organizations and meet regularly to worship 37 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
Did you know something for Macedonian Orthodoxy Church and Ohrid Parish in which there are 365 churches and its Meka for Orthodoxy? SHAHEEN: Unfortunately the Church of Macedonia is not well known to me, and it makes me realize how much we need unity to broaden our understanding. Very Rev. Joseph M. Shaheen
Р Е ГИОН ГИ ОН Последниве десет години соседна Србија не може глава да крене од избори. Парламентарни, претседателски, локални... на секои шест месеци електоратот излегува на избирачките места и повторно истото. Инаетењето меѓу проевропските и националните струи неколку пати ја доведе земјата до раб на изолацијата, заканувајќи им се на интегративните процеси во европските институции. Но, по неколкугодишни натегнувања некои работи почнаа да се менуваат. Кучињата и мачињата можат да спијат заедно. Демократите на Тадиќ ќе го делат брачниот политички кревет со социјалистите на Дачиќ. Или кажано малку во минато време, партијата на експремиерот Зоран Ѓинѓиќ влегува во коалиција со партијата на експретседателот Слободан Милошевиќ. Ретко кој можеше да очекува ваков развој на состојбите, со оглед на крајно спротивставената платформа, идеологија и политичко дејствување на овие две групации. Но, кога се во прашање интересите не постои ниту срам, ниту цврстина на ставот, ниту долгорочна стратегија за избирање на партнерите. Постои само личен и партиски интерес, се користат шансите кои моментот ги дава. Доколку тие се испуштат тешко дека во блиска иднина ќе се пружи таква можност. Колку нивните претходници би се согласиле со една ваква новонастаната ситуација на политичката сцена на Србија тешко може да се претпостави. Како и да е, доколку покојните Милошевиќ и Ѓинѓиќ ја гледаат новата српска драматургија, која ја играат нивните наследници, тогаш досега сигурно неколку пати и двајцата се превртеле во гробот. Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ
С ТА Р И Н Е П Р И Ј АТ Е Л И В О Н О В
ШТО БИ РЕКЛЕ ДЕНЕС ЕКСВОДАЧИТЕ?
МИЛОШЕВИ ПРЕВРТ УВА С
оцијалистите на Дачиќ (Милошевиќ) со убедливо мнозинство гласови одлучија да ја формираат новата власт во Србија со коалицијата предводена од демократите на Борис Тадиќ. Долгите натегнувања и притисоци конечно ги оставија зад нив. Некогашната неприкосновена гарнитура, која пред неколку години се бореше со цензусот за влез во српскиот Парламент, сега доби нови крилја. Ги издржаа притисоците и заканите од радикалите на Шешељ и Николиќ, го раскинаа старото пријателство со Коштуница и сега си избраа нов партнер. Одеднаш крутите социјалисти станаа проевропејци. Ќе се бореле за Србија, која ќе биде дел од Европа, ќе соработувале со Солана против кого водеа хајка дека е воен злосторник, ќе ја продолжуваат соработката со Хашкиот суд, кој им го украде идеолошкиот татко и, како што велеа самите, им го убија во Шевенинген. Зарем е можна таква политичка еволуција? Донекаде држи објаснувањето на Ивица Дачиќ дека секоја партија се реформира и се трансформира, дека почнува да гради нов субјект врз здрави основи, но дека ќе ги погази исто38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
риските проекти на кои сè уште се колне и притоа ќе оди по нов пат со нов курс, навистина е малку чудно и нелогично. Но, можеби денес, за да ги скратиш маките на политичката сцена и за да не бидеш вечен губитник во тие процеси, мора да ја менуваш својата кожа како пустинскиот камелеон. На српските радикали тоа сè уште не им паднало на памет, па ете, иако на сите изборни циклуси победуваа (освен на последниот), повторно остануваа во опозиција, затоа што никој не сакаше да коалицира со нив поради нивната тврдоглавост и непрагматичност. Поучени од нивните грешки социјалистите на Дачиќ решија да фатат друго "џаде". Времето ќе покаже колку тоа ќе биде корисно и исплатливо за нив. Од една страна, можат многу брзо да бидат прифатени од европските дипломати и институции како модерна и проевропска партија, а од друга страна, пак, постои голем ризик да го изгубат своето традиционално членство и гласачко тело, кое очекуваше коалиција со радикалите и со приврзаниците на Коштуница. Потегот на Дачиќ и најмалата коа-
И П Р И Ј АТ Е Л С Т В А лиција околу него претставува меч со две острици, кој или ќе го воздигне како никогаш досега или, пак, на наредните избори ќе го однесе во политички заборав. Социјалистите се свесни за својот непредвидлив и ризичен чекор. Знаат дека нивното избирачко тело нема докрај да ја разбере стратегијата на новиот лидер. Објаснувањето дека ова е голем кам-бек за партијата од деведесеттите години на минатиот век ретко кој од тврдокорните Слобисти сака и може да го прифати.
ПОМИРУВАЊЕ НА ЗАКРВАВЕНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ Од друга страна, пак, победата на демократските сили на Тадиќ, и покрај тоа што им донесе повеќе од 100 пратеници во новиот собраниски состав,
то е неизбежна коалицијата со Дачиќ. Кога ќе го сторат тоа ќе мора да објаснат и зошто тоа партнерство би било корисно. Само за да се остане на кормилото на власта? Тоа би било политички препотентно, но истовремено би претставувало и доказ дека многу побитно е да се задржи фотелјата, отколку ставот. Сега веќе новата опозициона партија на Коштуница предупредува на неприродната соработка и коалицирање. Колку таа соработка ќе биде на долг рок останува да покажат месеците кои се пред нив. Условувања и уцени има и ќе има. Ќе се отвораат старите Пандорини кутии, кој кого апсел, кој кого тепал, кој крадел, кој невин лежел в затвор и слично, ќе има обиди за ревизија на блиската историја од деведесеттите години, па цел свет може да остане и зачуден од потезите кои ќе ги преземаат новите партнери во српската Влада. Едноставно, тоа е Балканот. Непомирлив, нескротлив, непоправлив. Не
на помирување на двете најспротивставени и најзакрвавени политички организации во своето современо постоење. Тој процес на помирување продолжува со отворена соработка за добробит на државата. Европа застана зад таква коалиција, која треба да ги продолжи реформските процеси и, пред сè, да ја спроведе Спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ, спогодба која беше камен на сопнување меѓу Дачиќ, од една страна, и Коштуница и Николиќ, од друга страна. Токму тој европски документ го оневозможи формирањето на националистичката коалиција во Белград.
РЕВИЗИЈА НА ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ Жолто-црвената влада, како што ја нарекуваат соработката меѓу српските социјалисти и демократи, е најтешкиот тест во историјата на овие две партии.
Ќ И ЃИНЃИЌ СЕ АТ В Г Р О Б ги стави на многу поголеми маки. И тие, исто како и социјалистите, мора да голтнат недоџвакани залаци за да му објаснат на сопствениот електорат зош-
дека вакви и слични нешта нема во другите делови од регионот или пошироко. Србија ја земавме само како конкретен пример, кој сега се соочува со процес
Нивната меѓусебна соработка во наредниот период ќе биде предмет на многу турбуленции, ќе се отвораат нови моменти од блиското минато и меѓусебните релации на новите партнери. Ниту Коштуница, ниту Шешељ нема да му простат на "малиот Слобо", како што го нарекуваат Ивица Дачиќ, за она што тој им го приреди деновиве со Тадиќ. Ќе
ВЛАДАТА ЦВЕТКОВИЌ МАЧЕК Мирко Цветковиќ е новиот мандатар за формирање на српската влада. Противниците на коалиционите партнери во власта дрско излегоа со многубројни критики за потегот на Тадиќ да го именува токму Цветковиќ на оваа голема функција. Тие проценуваат дека со овој чекор српскиот претседател направил да нема конкуренција во партијата и всушност тој да ја извршува и премиерската функција. Нашироко низ политичките кулоари во Белград веќе новата влада го носи името ЦветковиќМачек, алудирајќи на мандатарот и на претседателот на социјалистите Ивица Дачиќ.
39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
Р Е ГИОН ГИ ОН копаат по неговото минато, ќе ги отвораат засушените рани од последната деценија на минатиот век, ќе се обидат на секаков можен начин да ги раскараат, со што би се оневозможило функционирањето на новата гарнитура на подолг рок. Доколку на тоа се додаде и позицијата на Чедо Јовановиќ и неговото либерално гледање на нештата, тогаш ситуацијата ќе биде многу покомплицирана од онаа која на почетокот се мислеше. Неспорно е дека Србија влегува во многу интересна политичка ситуација. Стабилното мнозинство на демократите и на социјалистите во никој случај нема да значи и стабилна политичка атмосфера во државата. Напротив, скандалите, аферите и меѓусебните препукувања ќе бидат суштината на идната политичка клима во оваа земја. Некој свесно и намерно ќе ги повампирува духовите на Милошевиќ и на Ѓинѓиќ, ќе ги испречува нив двајцата во заедничките проекти на жолто-црвената влада и ќе ги стави во судир двете идеологии, кои очигледно дека немаат ништо заедничко. Иако новите гарнитури ќе бидат исправени пред предизвикот да гледаат кон иднината и кон Европа, а не кон минатото, сепак ќе постојат како надворешни струи од опозицијата, така и внатрешни струи од самите тие партии,
ДАЧИЌ И ТАДИЌ - ПОЛИТИЧКИ БРАК ОД ПРИНУДА
"Мене ми изгледа дека Социјалистичката партија на Србија влезе во една неприродна коалиција за која се сомневам дека може успешно да ја води земјата. Очигледно дека имаме различни видувања за Спогодбата за ста били зација и асоцијација со ЕУ, што беше доволна причина да не можеме да изградиме заедничка политика. Времето ќе покаже дали таа спогодба ќе й донесе добро или штета на Србија. Нашата партија ќе го почитува коалициониот договор за формирање на власта
во Белград, кој е потпишан со радикалите и со социјалистите, но доколку истиот тој договор пропадне заради волјата на другите, ние нема да с та п у в а м е во други коалиции. Како опозициона партија ќе се бориме и п р о т и в легализацијата на мисијата ЕУЛЕКС на Косово, бидејќи нејзината цел е дефинирана со планот на Марти Ахтисари и претставува план за спроведување на независноста на Косово". Воислав Коштуница
40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
"Никогаш нема да се согласиме со тоа Ивица Дачиќ да биде министер за внатрешни работи. Тој е срам за полицијата и за Демократската партија. Тој ништо нема да направи во борбата против корупцијата и криминалот. Не само затоа што прво ќе се обиде да го заштити својот куфер, туку нема да ги апси и одговорните за криминал кои доаѓаат од неговата партија. Всушност, својата политика социјалистите ја остваруваа единствено со криминални средства. Можеме да даваме докази и аргументи со километри. Последен пример е пресудата за Раде Марковиќ и неговиот службеник Легија за атентатот на Ибарската магистрала, кој покажува дека СПС својата политика ја спроведуваше со злосторства. Одлуката на демократите да му го доделат на Дачиќ министерското место за полиција покажува дека нив не ги интересира расчистувањето со црното минато". Чедомир Јовановиќ кои ќе го докажуваат изворниот и автентичниот пат по кој оделе Милошевиќ, односно Ѓинѓиќ. Веќе се поделени мислењата и кај демократите и кај социјалистите за тоа дали нивните покојни лидери на ваков начин го гледале развојниот пат на сопствените партии, дали тие доколку денес би биле живи би го направиле истото и сл. Страстите на тој план ќе можат да се смират само со заедничко почитување и заемно прифаќање на позитивните и на негативните страни на нивните поранешни партиско-идеолошки водачи.
Некои веќе го покренаа прашањето за рехабилитација на поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ. Веројатно и еден од условите за влез на социјалистите во владата на демократите е издигнувањето на Милошевиќ на пиедесталот и негово востоличување во српски национален херој. Апсурдот ќе биде уште поголем и доколку тврдите социјалисти опстојат на ставот за преместување на посмртните останки на Милошевиќ од семејната куќа во Пожаревац во Алејата на великаните во Белград. Дури тогаш ќе се отворат
41 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
многу нови епизоди на политичката сцена во Србија. Тогаш веќе никој нема да има потреба цврсто да верува во некаква партиска или државна идеологија. Сè би било минливо и менливо. Друга група критичари и аналитичари, пак, тврдат дека ако пред извесно време српското Собрание можело со закон да ги израмни правата на партизаните и на четниците од Втората светска војна и да ги стават на исто рамниште Тито и Дража Михајловиќ, зошто тогаш Милошевиќ и Ѓинѓиќ да не бидат ставени рамо до рамо во современата српска историја.
СОРАБОТКА НА ЊУЈОРК УНИВЕРЗИТЕТОТ СКОПЈЕ И СТАФОРДШИР УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ СО БРИТАНСКА ДИПЛОМА! Њ
ујорк Универзитетот Скопје и Стафордшир Универзитетот од Велика Британија ја објавија успешната соработка која е почната уште пред една ипол година. Со реализација на оваа соработка за прв пат во Македонија, Њујорк Универзитетот Скопје нуди можност македонските студенти да стекнат диплома од Стафордшир Универзитетот од Велика Британија. Студентите запишани на овие програми на Њујорк Универзитетот Скопје истовремено стануваат студенти и на Стафордшир Универзитетот, при што се стекнуваат со британско образование и британска диплома. Британските студиски програми на Њујорк Универзитетот Скопје целосно го имплементираат системот и стандардите на работа на Стафордшир Универзитетот. На овој настан свое објаснување за
важноста од оваа соработка имаа ректорот на Њујорк Универзитетот Скопје, проф. д-р Јане Миљовски и проф. Peter Reynolds, директор на меѓународната канцеларија на Стафордшир Универзитетот. "Оваа соработка претставува вистинска вредност со која прво ние можеме да се гордееме, а понатаму и Македонија. Реализацијата на соработката, исто така, претставува и потврда за нашите квалитети. Новата франшиза која ја доби Њујорк Универзитетот Скопје ги вклучува додипломските студии од областа на бизнисот и компјутерските науки. Првата генерација студенти ќе се запише во претстојната 2008/2009 академска година. Планирани се 100 нови студенти кои треба да издвојат 2.700 евра за една година. Олеснително за нив е што таа сума може да ја платат на осум рати, а понатаму нема да имаат дополнителни трошоци",
ОБЈАВУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА 43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
Двата универзитета го почнаа своето стратешко партнерство во април 2007 година. Њујорк Универзитетот Скопје во декември 2007 година се стекна со франшиза од Стафордшир Универзитетот која вклучува понуда на нивните постдипломски студии од областа на бизнисот и компјутерските науки. Пишува: Милева ЛАЗОВА истакна ректорот Миљовски. Понатаму, ректорот потенцираше дека студентот кој ќе се запише на Њујорк Универзитетот Скопје може на почетокот да студира на споменатиот универзитет, а доколку сака студиите може да ги продолжи на Стафордшир Универзитетот во Британија и обратно. Истовремено, во рамките на Њујорк Универзитетот Скопје ќе се отвори кан-
ПОТПИШУВАЊЕ НА ВАЛИДНИТЕ ДОКУМЕНТИ целарија на Стафордшир Универзитетот, со што на македонските студенти ќе им се обезбеди постојан и непосреден контакт со британскиот партнер универзитет. Њујорк Универзитетот Скопје е основан во 2005 година, како приватна високообразовна институција, по добивањето на акредитација од Одборот за акредитација на високото образование и дозвола за работа од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Страфордшир Универзитетот од Велика Британија е основан во 1900 година и претставува еден од водечките британски образовни институции. Брои над 20.000 студенти од кои над 90 отсто се вработуваат во првите шест месеци по завршувањето на студиите, а 66 отсто се на врвни менаџерски позиции.
"СКОПСКО ЛЕТО" ВО МАКЕДОНСКАТА МЕТРОПОЛА МАНИФЕСТАЦИЈА Околу 2.000 учесници на "Скопско лето" и годинава во гледалиштата ги привлекуваат скопјани, гостите на Скопје, сите оние кои моментно живеат и работат во главниот град на Македонија или само се на минување. Пишува: Милева ЛАЗОВА
Т
радиционално веќе дваесет и девет лета, почнувајќи од 21 јуни, првиот ден на летото и "Светскиот ден на музиката", се одбележува почетокот на фестивалот "Скопско лето", кој стана белег на културното живеење на македонската метропола. Веќе со полна пареа во ритамот на духовноста пулсираат отворените сцени на скопската тврдина Кале, Старата чаршија, Куршумли-ан, Сули-ан, кејот на Вардар, Град-
ОТВОРЕН ГРАД ЗА ДУХОВНО БОГАТИТЕ сè до современите творци. Годинава музиката ќе биде најзастапена, при што ќе има дваесеттина концерти на домашни и на странски изведувачи. Групата "Синтезис" веќе одржа скиот парк, салоните на скопските театри и ликовните галерии, сè до 31 јули кога завршува манифестацијата. Домашните творци кои ги удрија темелите на "Скопско лето" денес претставуваат основа, која ја овозможува квалитетната надградба на програмата со гостите од странство, чиј број од година во година е сè поголем и последниве неколку години, од просечно шеесеттина програми, кои се реализираат во рамките на манифестацијата најмалку половина се со меѓународна димензија. Во соработка со Националната галерија на Македонија, беа отворени изложби на полски плакати, мозаици од Струмичката колонија, како и дела од Дубравко Наумов и од Ведран Бојановски. Изложбата на дела од Струмичката ликовна академија, која е една од најзначајните кај нас, е одлична можност за да се погледнат делата од основоположниците на нашата ликовна уметност па
концертна промоција на новиот албум "Идентитет", концерт кај кејот на Вардар одржа КУД "Орце Николов", виолинистите Ана и Олег Контраденко и пијанистката Марија Вршкова имаа прв заеднички концерт, а можеше да се види и етно џез концертот на "Васко Атанасов44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
ски квинтет"... Во театарскиот дел од програмата скопскиот Албански театар премиерно ја изведе претставата "Хасанагиница", во режија на Сашо Миленковски, а вечерва премиера ќе има Драмскиот театар на претставата "Коза или која е Силвија", во режија на Дино Мустафиќ. Во Македонската опера и балет премиерно беше изведена и операта "Старата мома и крадецот" од Џан Карло Меноти, во режија на Уши Хорнер. Специјално за "Скопско лето" прв пат беше претставен и балетскиот проект со три едночинки на Маријана Савовска, Ивана Коцевска, Линда Весинг. Традиционално, на 2 и 3 јули, во летниот клуб "Хард рок" се одржа фестивалот "Блуз и соул", на кој настапи Венко Серафимов со својот бенд "Блузфејкес", а светската блуз сцена ја претставија Lance Lopez од САД, "Блуз компани" од Германија и триото на Мет Шофилд од Англија. Неизбежно е и летното кино во Градскиот парк од 10 до 19 јули, кога ќе се прикажат филмови од светската и од домашната продукција. До крајот на манифестацијата следуваат уште интересни концерти, театарски и балетски премиери, оперски изведби, мултимедијални проекти, блуз настапи...
БАН Е ВЛАИС БАНЕ В ЛАИС АВЉЕВИЌ, АВ ЉЕВ ИЌ, МАКЕ ДОН УМЕТНОСТ "Мазев беше авангарден, но кај мене остави една жичка, така што долго време бев под негова импресија од муралите кои ги работеше", истакна Влаисављевиќ. Кога станува збор за инспирацијата, за него отсекогаш и сè уште е Помпеја, нејзината култура, сликарство, живот...
Пишува: Милева ЛАЗОВА
М
ожеби за македонската јавност името Бане Влаисављевиќ не е многу познато, но доколку се фрли поглед на ликовните дела потпишани од него веднаш е јасно дека станува збор за врвен ликовен уметник. Уште во детските денови, кога се здобива со основно образование, неговиот талент го забележува наставничката, која несебично го потенцира и пред колегите кои знаат повеќе за уметноста. Во времето на студентските денови негов репер е познатиот Мазев, од кој многу учи. Денес може да се каже дека тој е квалитетен уметник кој остава свој печат на сликарските платна. "По скопскиот земјотрес во 1963 година - се потсетува Влаисављевиќ - се школував во Нови Сад, а кога се вратив во Скопје, на 10-годишна возраст, ме забележа мојата учителка која ме запозна со наставничката по ликовно, Косара, сè уште ја паметам, трудољубива жена која постојано ме следеше и ги анализираше моите трудови. Подоцна се запишав во средното градежно училиште, каде професорка ми беше Сузана, сестра на Глигор Чемерски, која ме откри многу брзо, така што под нејзина капа работев по предметот уметност. Но, сепак талентот беше неминовен за да го придобијам нивното внимание. Во студентските денови се запознав со Мазев, кај кого многу работи научив затоа што тој сликаше некоја друга бранша во сликарството. Тој беше авангарден, но кај мене остави една жичка, така што долго време бев под негова импресија од муралите кои ги работеше". За тоа колку успешно Влаисављевиќ своите мисли и замисли ги пренесува
ПОМПЕЈА КАКО ИЗ
на платно, вели дека тоа е нешто што се носи во себе. Тоа е едно психоаналитично толкување, односно тоа е сè она што е во главата, оној анаграм, печат коj постои во мозокот, а треба да излезе преку раката. Кога станува збор за инспирацијата, за него отсекогаш и сè уште е Помпеја, нејзината култура, сликарство, живот... 46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
"Работам апстрактни слики, кои со мое толкување и еден конкретен пренос со фигуративна тематика, обработуваат теми од Помпеја. Од тоа време, во 2000 година од нашата ера, ме воодушевуваат уметници кои го отсликувале фрескоживописот од тој град. Мене најмногу ме импресионира напредокот во тоа време, кој се обидувам
СКИ СК И ЛИКОВЕН Л И КОВЕ Н УМЕТНИК УМ ЕТ НИК
Неодамна Влаисављевиќ ја отвори занаетчиската галерија "Банели" во која, покрај постојаната поставка на неговите дела, можат и да се купат уметнички слики и украсни - рачно изработени предмети, да се врамат слики, да се изврши конзервација на платна... "Мотивот да отворам ваква галерија беше да излезам не само со изложби и со галериско претставување, туку самиот лично да можам да бидам поблизу до народот, а тоа е можно само преку галерија. Досега галериите ги држеа луѓе кои имаат некои тангенти со уметноста, меѓутоа тие не се сликари. Кај мене е добро тоа што можам да бидам поинаков, затоа што сликите ги продавам по реална цена, не наддавам како што е случај во други галерии", вели Влаисављевиќ.
ВОР НА ВЕЧНА ИНСПИРАЦИЈА да го пренесам на платно со мој сегашен печат", објаснува Влаисављевиќ. За овој ликовен уметник тежината на самото сликарство не е да исликаш нешто и
има некоја волшебност во сликата, која ќе може да ја разбере секој, независно од неговата наобразба. Е, сега, и покрај тоа што многу сме оптоварени со политичките разврски, дилеми, тековни
понатаму акварелот, пастелот, маслото, акриликот. Единствено со што не се занимава е графичката дејност. Најмногу работи масло на платно и мешана техника - акрилик со масло. Не дека не
тоа да биде примено само од критиката, а не и од публиката. "Се 'борам' - вели тој - не да биде до тој степен фрапантно, туку сепак да
движења, сепак настојувам во уметноста да не ги внесам политиката и денешните случувања, затоа што тоа би ми делувало многу бизарно". Овој ликовен уметник ги работи сите техники, почнувајќи од цртежот што претставува нешто основно, нешто што секој уметник треба да го има,
го почитува претствувањето на сликите преку изложби, туку едноставно тоа не го практикува. Од уметноста егзистира 20 години, но тие не му се целосна егзистенција. Работи и како архитект и на други проекти, како дизајнирање и обликување на простор.
47 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
ГРАФИЧКИ ДЕЛА ОД III ГЕНЕРАЦИЈА СТУДЕНТИ НА КОЛЕЏ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН ПРИ СЕМОС ЕДУКАЦИЈА
ПРОЕКТИ НА ТА Л Е Н Т И РА Н И Т Е КВАЛИФИКУВАНИ ДИЗАЈНЕРИ
Во Културно-информативниот центар - Скопје, од 23 до 27 јуни се одржа завршната изложба на графички дела од третата генерација студенти на Колеџот за графички дизајн при Семос Едукација. Изложбата беше организирана на иницијатива на Колеџот за графички дизајн и под покровителство на Семос Едукација. Цел на настанот беше промоција на млади и талентирани кадри пред фирмите од графичката дејност, кои беа поканети на изложбата, и за нив ова беше одлична можност да најдат квалификувани дизајнери. На изложбата беа претставени голем број дела, кои по
избор и мислење на студентите беа издвоени како најуспешни проекти на кои работеле во текот на изминатата година. Во текот на една учебна година севкупната програма на колеџот за графички дизајн опфати: 15 предмети, 3 официјални светски признати испити на Адобе, материјали за предавањата, консултации и помош за изработка на проектите и полагање на испитите. Програмата на Колеџот ги следи светските образовни трендови на специфично насочено образование. Обуката која студентите ја следеа во текот на изминатата учебна година беше од креативен и технички карактер, проследена со многу практична работа. Во рамките на образовната програма беа организирани и отворени денови на крајот на секој семестар за посета на фирми од соодветната дејност, во кои претставници од истите ги запознаа студентите со процесите на дизајнирање и печатење. Семос Едукација ги промовира младите талентирани кадри.
49 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
РАЃАЊЕ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ - ИВАНДЕН
"Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. И ќе бидеш радосен и весел, и многумина ќе се израдуваат поради неговото раѓање. Зашто тој ќе биде голем пред Господа и нема да пие вино ниту сикер, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; и многу Израилеви синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; и тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија, за да ги обрати срцата на татковците кон децата, и непокорните - кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господа народ совршен...". Пишува: аџика Живанка ФИЛИПОВСКА
РАЃАЊЕ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ се оддава почит со поклонување, бакнување и допир преку стаклената витрина. Овде се наоѓа и Чудотворната икона на Богородица. Според Преданието, Фрањевскиот манастир и Црквата на Свети Јован Крстител се наоѓаат на местото каде некогаш се наоѓала куќата на неговите родители. Во христијанската историја
исплаши кога го виде, и страв го опфати. Но, ангелот му рекол: "Не плаши се Захарија, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. И ќе бидеш радосен и весел, и многумина ќе се израдуваат поради неговото раѓање. Зашто тој ќе биде голем пред Господа и нема да пие вино ниту сикер, а ќе се ис-
ВО МА ЈЧИНАТА У ТРОБА ИСП В
о Светата Земја се наоѓа малото гратче Ен Карем, родното место на Свети Јован Крстител. Во ова гратче се случила Средбата, кога Дева Марија отишла да ја посети роднината Елисавета, која ја поздравила идната мајка на Исус со зборовите: "Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба!" (Лука 1, 42). Во близина на Ен Карем се наоѓа Изворот на Богородица, кој е наречен Богородична чешма. Овој чудотворен извор е блиску до местото каде што била куќата на родителите на Св. Јован Крстител, Захарие и Елисавета. Дева Ма-
рија, која кај нив престојувала три месеци, доаѓала тука секој ден и полнела вода. На едно благо ритче, по само неколку минути пешачење од Богородичната чешма, се доаѓа до влезот на заградениот руски православен манастир и голема црква, посветени на Св. Јован Пророк Претеча и Крстител. Тука се чува каменот на кој тој ја одржал својата прва проповед на народот за покајание. Во црквата е поставена голема стаклена витрина во која се наоѓа парче дрво од Чесниот и Животворен Господов Крст на кој бил распнат, како и мошти од повеќе светители. Ним им
е познато дека првосвештеникот Захариј и Елисавета биле многу стари и бесчедни. Но, Ангелот го објавил раѓањето на Св. Јован Крстител. Еве како светиот Евангелист Лука напишал за тоа: Во деновите на Ирод, царот Јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета. И двајцата беа праведни пред Бога...Тие немаа деца, оти Елисавета беше неплодна; а двајцата веќе беа стари. Еднаш, кога тој служеше пред Бога... му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник. Захариј се
50 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
полни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; и многу Израилеви синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; и тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија, за да ги обрати срцата на татковците кон децата, и непокорните кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господа народ совршен". Но, Захарија му рекол на ангелот: "По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе многу возрасна". Ангелот му одговорил: "Јас сум Гавриил, кој стои пред Бога; испратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радост; и ете, ти ќе онемиш и не ќе мо-
СВЕТА ЗЕМЈА - ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
СРЕДБАТА НА БОГОРОДИЦА СО СВЕТА ЕЛИСАВЕТА жеш да говориш до оној ден, кога ќе се исполни тоа, бидејќи не поверува во моите зборови, што ќе се исполнат во свое време". (Лука 1, 5-20) За тоа време луѓето го чекале Захарија во храмот. А кога тој излегол, не можел да зборува со нив и разбрале дека имал видение во храмот. Тој им го објаснувал тоа со знаци, но останал нем. А кога изминале
ридскиот крај, во градот Јудин: А на Елисавета й дојде времето да роди и таа роди син. И слушнаа оние кои живееја околу, и роднините нејзини, дека ја увеличил Господ Својата милост над неа, и се радуваа со неа. На осмиот ден дојдоа да го обрежат младенецот, и сакаа да му го дадат името на татка му Захарија. Но, мајка му одговорила: "Не,
знаеме како подостојно да те прославиме. Со твоето славно и чесно раѓање се разреши неплодноста на родилката и безгласноста на татко ти, а на светот му се проповеда овоплотувањето на Синот Божји". (тропар на празникот) Во прекрасниот голем манастирски двор се наоѓа црквата "Средба на Пресвета Дева Марија со Елисавета". Во близина на влезот на црквата е поставена голема икона на која е претставена оваа средба. Црквата претставува исклу чително архитектонско дело. Неа ја реконструирал во 1938-1939 година архитектот Антонио Барлуци. Изградена е на местото каде што Богородица ја изговорила пред Елисавета, мајката на Св. Јован Крстител, Химната кон Бога: "Мојата душа Го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови...". Црквата има низок и висок дел. Ниската, долна црква има свод под земјата. Сводот на црквата е украсен. Силен впечаток оставаат три главни фрески. На една е претставена Средбата на Дева Марија со Елисавета, на втората Захариј во Храмот, а на третата - малиот Свети Јован Претеча, кого во ридот го скрила неговата мајка Елисавета. Високата, горна црква има голем и убав мозаик на кој е претставено доаѓањето на Дева Марија на магаре, кај нејзината роднина Елисавета. При оваа средба Елисаве-
ОЛНЕТ СО ДУ Х СВЕТИ деновите на неговата служба, Захарија се вратил дома. По тие дни навистина зачнала неговата жена Елисавета, која упатувала благодарствени молитви кон Господ и траела пет месеци велејќи: "Така ми направи Господ во деновите во кои ме погледа, за да го отстрани укорот од мене меѓу луѓето". А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гавриил во галилејскиот град, по име Назарет, при девојката Марија за да й јави блага вест дека ќе зачне во утробата и дека ќе роди Син, и ќе Го нарече со името Исус. Набрзо Марија заминала кај својата роднина Елисавета во
туку да се нарече Јован!"...И со знаци го прашаа татко му како би сакал да го наречат. Тој побарал штичка и ги напишал зборовите: "Јован му е името!" И сите се зачудиле. И веднаш му се одврзале устата и јазикот негов, и зборувал, благословувајќи го Бога. И се исплашиле сите кои живееја околу; и прикажувале за сè тоа по целиот крај Јудејски. Сите кои слушнале тоа го зеле при срце и велеле: "Што ли ќе стане од тоа дете?" И раката Господова беше со него. (Лука 1, 57-66) "Пророче и Претечо на Христовото доаѓање, ние кои со љубов те почитуваме, не
та, исполнета со Дух Свети, извикала гласно: "Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба! И од каде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ? Зашто, ете, кога пристигна гласот од твојот поздрав до ушите мои, радосно заигра младенецот во утробата моја. И блажена е таа, која поверува, зашто ќе се исполни она што й рекол Господ". (Лука 1, 39-45) Во близина на црквата "Средбата на Пресвета Дева Марија со Елисавета" се наоѓа мала црква на Свети Јован. Тоа е всушност пештерата во која живеел Свети Јован како
51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 / 4.7.2008
дете и во која мајка му Елисавета го скрила бегајќи од војниците на Ирод, кои трчале по неа за да го убијат детето: Исплашена, возбудена, со солзи в очи, а со силна вера и надеж во Бога, Елисавета пред карпата извикала: "Горо Божја, прими ја мајката со чедото!" По Божја волја карпата се отворила, се создала пештера и во неа се скрила Елисавета со младенецот Јован. По наредба на Ирод џелатите го убиле Захариј меѓу притворот и Храмот. Неговата пролеана света крв се стврднала како камен и "останала така како постојан сведок против Ирод". Четириесет дена по убиството на Захариј Св. Елисавета починала во пештерата. За младенецот Јован во пустината се грижел Сесилниот и Милостивиот Бог и ангел Господов. Оваа пештера е адаптирана во капела. Ја открила царицата Елена и таа тука изградила црква украсена со мозаик. Раѓањето на Свети Јован Крстител се слави на 7 јули. Со благослов на Неговото Високо Преосвештенство Митрополит г. Горазд
АПЕЛ
Манастирот "Си Свети" има огромно културно и историско значење, тоа е свето место на многу чуда. Редакцијата "Македонско сонце" упатува апел до сите Македонци во државава и до оние кои се наоѓаат насекаде во светот да го дадат својот финансиски придонес за негово обновување и одржување, за да го зачуваме од забот на времето. Чудата на манастирот "Си Свети" се бројни за: исцеление, имање пород, одржување во живот, среќа, радост и сл. МАНАСТИР "СИ СВЕТИ" ("СИТЕ СВЕТИИ") Жиро-сметка: 530-0003005453-64 ОХРИДСКА БАНКА А.Д. ОХРИД
GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO
ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA
FILIP II MAKEDONSKI
EPIZODA
HERONEJA UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA
Пишува: Александар КЕЛТАНОСКИ
FORD FIESTA За да го постигнат овој резултат тимот на компанијата користел посебна пневматика, а суспензијата на автомобилот и дополнителниот каросериски кит придонесоа за уште подобра аеродинамика. Засега не се откриваат сите детали на новиот модел на "Ford", но се очекува Fiesta ECOnetic да добие и обновен рачен менувач.
На јулскиот лондонски Саем за автомобили "London Motor Show" компанијата "Ford" ќе го претстави новиот модел на Fiesta ECOnetic. Новата Fiesta е со 1,4-литарски турбодизел мотор, кој троши само 3,7 л/100 км. Суперштедливата Fiesta, освен што троши малку, во животната средина емитува помалку од 100 г/км CO2. За ваквиот резултат експертите од компанијата "Ford" не се потпреа само на добрата машина. 56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 /4.7.2008
ФЛЕШ ВЕСТИ
HONDA FCX CLARITY "Honda" и официјално почна сериско производство на моделот FCX Clarity, возило на погон на водород со нулта емисија на штетни состојки. Моделот FCX Clarity, од кој се испушта исклучително чиста вода, е претставен на прославата по повод излегувањето од производната лента на првиот примерок во центарот на "Honda" за нови модели во Точига. Првите возила од FCX Clarity се очекуваат во јули во САД, а од оваа есен и во Јапонија. Моделот ќе биде изложен на G8 Самитот во Хокаидо, кој треба да почне на 7 јули, како една од неколкуте напредни технологии, посветени на заштитата на животната средина.
"VOLVO" ОТПУШТА 1.200 РАБОТНИЦИ Шведскиот производител на автомобили, кој е во сопственост на американскиот "Ford", соопшти дека 1.200 работници ќе добијат откази поради настојувањата на компанијата да ги намали трошоците за околу 662 милиони евра. "Volvo" планира и да ги раскине дого ворите со околу 500 советници, но и да отпушти околу 300 вработени во филијалите во странство. За лошите резултати во работењето компанијата ги посочува слабиот долар и скокот на цените на суровините, но признава и дека состојбата се влошила по преземањето од страна на "Ford", како и слабите пазарни услови во Европа.
OPEL INSIGNIA ГЛЕДА
MINI TIGUAN - POLO SUV Новото Polo во борба со конкуренцијата ќе влезе наредната година, со модел со три или пет врати. Во 2010 година ќе пристигне и засилување - SUV модел на база на Polo, кој ќе ја пополни гамата на SUV возила на VW. Според најавите, повисоката варијанта на Polo ќе изгледа како Tiguian во помало пакување, но со многу повеќе црна пластика и поголеми калници, за дополнително
да се долови авантуристичкиот дух на возилото. Моторизацијата ќе ја сочинуваат дизелите и бензинците со турбо полначи, кои сега се вградуваат во Golf и во Polo. Погонот ќе биде на сите или само на предните тркала, додека мрзеливите возачи ќе можат да го изберат и новиот DSG автоматски менувач со седум степени на пренос.
57 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 731 /4.7.2008
Новиот модел на Opel од сре дната класа ќе биде опремен со камера, сместена во предниот дел од внатрешниот ретровизор, која ќе ги следи сообраќајните знаци, возилата, пешаците итн. Камерата ќе има висока резолуција, а ќе биде голема колку еден просечен мобилен телефон и воопшто нема да му пречи на возачот. Камерата е развиена со електронскиот добавувач на "Opel", "Helle". Камерата, во соработка со компјутер, ќе го предупредува возачот за тоа што се случува на патот. На пример, доколку има знак кој означува ограничување на брзината од 80 км/ч автомобилот ќе го види тоа и визуелно на инструмент таблата, а и со звук ќе го предупреди возачот да подзапре.
SAMSUNG F480 TOUCHWIZ SONY ERICSSON F305 "Sony Ericsson" претстави модел на мобилен телефон кој првенствено им е наменет на гејмерите. Моделот F305 има тастатура прилагодена за играње, како и сензори чувствителни на движење за управување со игрите. Според нив, оваа компанија и претходно користела технологија за чувствителност на движења, а сега ја имплементирале како начин за управување со игрите. F305 е слајдер телефон со поддршка за 3D графика, кој додека се играат игри се држи хоризонтално. Освен опцијата за гејмери, телефонот има и поддршка за Bluetooth, EDGE и прелистувач на Интернет страници.
"Samsung" официјално објави нов телефон со дисплеј на допир - моделот F480, кој ќе има назив Samsung Touchwiz. Иако овој уред беше најавен пред некое време, сега "Samsung" му додаде некои новитети, па поради тоа е и новата објава. Инаку, за различни пазари овој телефон ќе има и различни називи, па така, на пример, во Велика Британија ќе се продава под името Samsung Tocco. Што се однесува до техничките карактеристики станува збор за три-банд мобилен телефон со поддршка за HSDPA; 2,8-инчен QVGA дисплеј на допир, камера со резолуција од 5 мегапиксели со автоматски фокус и стабилизатор на слика. Samsung F480 има димензии од 98,4 х 55 х 511,6 милиметри и тежи 100,6 грама. Батеријата е со капацитет од 1000 mAh, 3 часа разговор или околу 300 часа во stand-by mode.
58 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 689 / 14.9.2007
Подготвил: Александар КЕЛТАНОСКИ
TOSHIBA G450 Toshiba G450 е ултралесен 3G уред, кај кого работите функционираат малку поинаку. Тежи само 57 грама, односно околу половина од тежината на просечен мобилен телефон. Со димензии од 98 х 36 х 16 мм значително е пократок, а за околу една третина е потесен од конвенционалниот мобилен уред. Наместо тастатура, Toshiba G450 има две кружни мултифункционални копчиња. Најголемиот компромис е направен кај дисплејот - 0,8-инчен, со резолуција од 96 х 36 пиксели, сигурно нема да ви користи многу, но ќе биде сосема доволно за основните операции и мултимедијалниот плеер. Toshiba G450 поддржува HSDPA со брзина до 3,6 Mbps, а поддржува и UMTS, EDGE и GPRS трансфер на податоци. Кога ќе се поврзе со компјутер, G450 се појавува како екстерен мемориски стик, па MP3 песните и останатите податоци лесно можат да се префрлат во уредот.
ONYX LISCIO Onyx Liscio е ултракомпактен и лесен уред, кој е дизајниран специјално со намена како втор телефон. За да се постигнат малите димензии направени се неколку компромиси како за почеток, OLED дисплејот има големина од само 1 инч и резолуција од 96 х 96 пиксели, а на задната страна нема камера. Liscio има MR3 плеер, FM радио, Bluetooth, 128 MB внатрешна меморија и слот за microSD мемориска картичка, USB 2,0 конективност, стерео слушалки и поддршка за стерео Bluetooth. Ова е уред со прекрасен изглед - мазната и светкава надворешност, заедно со големите мултимедиа копчиња, создаваат впечаток повеќе како уредот да е мултимедијален плеер, отколку дека е мобилен телефон.
58 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 689 / 14.9.2007
Подготвила: Милева ЛАЗОВА
ЛАДЕН ОРИЗ СО ТУНА И КРОМИД Подготовка: Потребно: Оризот се вари во солена вода. Свареното јајце се сече на ситни парчиња. Исцедената туна од масло се дроби со вилушка, а ситно исечканиот кромид се пржи. Лимоновата кора се ренда и се цеди сок. Варениот ориз се процедува, се ставаат две лажици масло, се додаваат подготвените состојки и сè се меша.
- 250 гр ориз; - 100 гр туна од конзерва; - 4 главици кромид; - 1 јајце; - 2 домата; - 1 лимон; - 5 лажици масло; - сол; - црн пипер.
ТЕЛЕШКО СО ДОМАТИ Потребно: - телешки бут; - 1 чешне лук; - рузмарин; - 5 лажици масло; - сол; - црн пипер во зрно; - 4 домати; - босилок.
Подготовка: Месото се намастува со масло, се става во тава, се додаваат исечен лук, неколку гранчиња рузмарин и 2-3 зрнца црн пипер. Така се маринира 10 минути. Потоа се пржи 5-8 минути, се вади од тавата, се посолува и се сече на парчиња. Излупените домати се сечат на коцки, се пропржуваат во тавата каде се пржеше месото и се додаваат во месото заедно со листовите босилок.
БИСКВИТИ ОД КОКОС
Потребно:
Подготовка: Се мешаат јајца, брашно, шеќер, малку сол и кокос за да се добие хомогена смеса. Од смесата се прават мали топчиња со големина на орев и се редат во подмачкан плех. Се печат 10 минути во рерна, на 180 степени.
- 150 гр шеќер; - 40 гр брашно; - 2 јајца; - 125 гр кокос; - сол.
S l i k i koi se dvi`at 1. "INDIANA JONES AND THE KINGDOM OF THE CRYSTAL SKULL" "ИНДИЈАНА ЏОНС И КРАЛСТВОТО НА КРИСТАЛНИОТ ЧЕРЕП"
2. "THE HAPPENING" "НАСТАН"
Познатиот археoлог и авантурист д-р Хенри "Индијана" Џонс е повикан повторно во акција. Тој останува заробен на советска територија со цел да ја открие тајната која се крие позади мистериозните артефакти, познати како Кристалните черепи. Жанр: акција, авантура Времетраење: 2ч. 04 мин. Улоги: Харисон Форд, Кејт Бланшет, Керн Ален и др. Продукција: "Paramount Pictures"
Параноиден трилер за една фамилија, која бега од природна катастрофа, која претставува закана од високо ниво за човештвото.
Жанр: СФ, драма Времетраење: 1ч. 31 мин. Улоги: Марк Волберф, Зои Дешанел и др. Продукција: "Barry Mendel Productions"
3. "THE ANDROMEDA STRAIN" - "ВИДОТ АНДРОМЕДА"
4. "WHAT HAPPENS IN VEGAS... " - " ШТО СЕ СЛУЧИ ВО ВЕГАС"
Во филмот "Видот Андромеда" еден воен сателит на САД се урнува во мало гратче, при што се ослободува мистериозен вирус, кој е фатален за човештвото, освен за двајца преживеани...
Во оваа приказна, лоцирана во Вегас, станува збор за две личности, кои откриваат дека штотуку се венчале по бурната ноќ. Џек (Ештон Качер) добива огромна сума на џекпот играјќи со последната монета. Несреќниот пар се обидува да се надмудри меѓу себе, со цел еден од нив да ги добие парите.
Жанр: НФ Времетраење: 3ч. Улоги: Бенџамин Брет, Ерик Меккормак, Кристина Милер и др. Продукција: "Scott Free Productions"
Жанр: комедија, романтика Времетраење: 1ч. 39 мин. Улоги: Ештон Качер, Камерон Диаз и др. Продукција: "21 Laps Entertainment"