Информатор на Општина Карпош, март 2010 - јули 2010 година / број 4 / година 2
Завршена е реконструкцијата на фасадата на кула 10 на Бул.„8-ми Септември“ Лето исполнето со темелни реконсктрукции во Општина Карпош Карпошовецот Игор Димовски го преплива Ла Манш
Содржина
ИЗДАВА ОПШТИНА КАРПОШ Бул. „Партизански Одреди“ бр.68 1000 Скопје, Република Македонија тел. 02/ 3061-353 факс 02/ 3071-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ УРЕДНИК: СОЊА КРАМАРСКА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И ФОТОГРАФИЈА: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ УРЕДНИК НА КУЛТУРА: ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ РЕДАКЦИЈА: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА И СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА
РЕКОНСТРУКЦИИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
4
ИНФОРМАЦИИ ОД ОПШТИНАТА
8
ОД РАБОТАТА НА СОВЕТОТ
10
КОНКУРС ЗА ФОТОГРАФИЈА
12
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
14
СКОПЈЕ КАКО ТОКИО?
16
ДЕЦА СЛИКАРИ ОД КАРПОШ НА НАТПРЕВАР ВО ИТАЛИЈА
17
КУЛТУРНО КАТЧЕ
18
СПОРТСКО КАТЧЕ
20
ИСПРАВИ СЕ ИГОРЕ!
22
ОД МИНАТОТО НА ОПШТИНА КАРПОШ
24
КОЛКУ Е САМОСТОЈНА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
25
СПОРТ, РОДИТЕЛ И ДЕТЕ
26
КАКО ДА СЕ ПРЕСРЕТНЕ ДИЈАБЕТОТ?
27
ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
28
УСПЕХ НА ОПШТИНА КАРПОШ!!!
32
ПЕНЗИОНЕРСКО КАТЧЕ
33
ОГЛАСИ
34
ЗАНИМЛИВОСТИ
35
ПРОГРАМА ЗА КУЛТУРНО ЛЕТО КАРПОШ 36
Почитувани сограѓани, Co секој нов ден Карпош станува се поубава и поурбана Општина, на очиглед на сите нас. Тоа ни е мисијата и неа ја остваруваме. Во Карпош интензивно се гради. Само во моментов на територијата на цела Општина се работи на над 50 инфраструктурни и комунални објекти. Една по една, поставените задачи ги „симнуваме” од дневен ред. Сината кула, т.н. „љупенка” веќе не е тоа. Ceгa е видливо најновата фасада во Карпош. Покриен е и каналот во Нерези, му недостасува само завршниот лик. Но, ниту „Букурешка“, ниту „Дрезденска“, ниту „Варшавска“ улица, нема да бидат веќе исти. Како што „Есперанто”, „Волгоградска”, „Сливовска”, „Иван Цанкар” добија нов лик, така и овие улици ќе осамнат со нов асфалт. Жителите на „Драгиша Мишовиќ”, „Роберт Кох” „Трифун Пановски”, и оние на „Демир Трајко” нема веќе да газат по децениските дупки и прашини, мака да мачат со затнати одводи и канализации, со преплавени улици. Сето тоа од корен ќе се реконструира, така што, како што ветив, по мојот мандат во Карпош ќе нема веќе комунален проблем и неасфалтирана улица. Но, ако инфраструктурата и градбите се ликот на Карпош, душата е културата, спортот, образованието. И на тој план работиме многу, а за возврат добиваме сатисфакција од постигнатите резултати. Ние сме најспортската општина во градот и масовно го поддржуваме спортот. Освен училишниот спорт,односно Училишната лига, која ја крунисавме со All Star натпреварите во кошарка и победа на белградска „Црвена ѕвезда”, на сред Калемегдан, како трофеен натпревар на нашите млади кошаркарски надежи. Освоивме и второ и трето место на државниот натпревар за девојки во Пробиштип, со одбојкарките од ОУ „Петар Поп Арсов” и ОУ „Владо Тасевски”. Карпош веќе се препознава и по „крикетот“ на кој и годинава бевме активни поддржувачи, но и по „Сокол” и „Open fun” турнирот за најмлади фудбалери. Годинешната ловорика на спортот секако ќе ја понесе Игор Димовски, маратонскиот пливач кој во „животна битка” го „освои” Ла Манш, и стана четвртиот македонски пливач кој успеал да го преплива овој канал. Школите кои за прв пат ги отвори Општина Карпош, за актерска игра, за фолклор и за цртан и анимиран филм, ја изнедрија својата прва генерација и новите таленти. Со претставата „Како се станува цар” младите артисти од школата на доајенот Димче Мешковски, згазнаа на штиците што живот значат. Младите ликовни таленти, пак, од класата на професорот Илчо Симовски, успеаја во Италија, на меѓународен натпревар, своите цртежи да ги преточат во анимиран филм во продукција на реномираната куна „Групо Калчуни”. Успеси редеа и фолклористите, кои од најрана училишна возраст веќе од пониските класови почнаа да ги учат македонските ора и да ја негуваат фолклорната традиција на нашата земја. Избравме и најдобра фотографија на тема „Урбан пејзаж”, на која конкурираа уметнички фотографи од целата држава, но победата ја понесе „Парадокс”, Организиравме и поддржавме неколку сликарски колонии и хепенинзи од хуманитарен аспект, а и годинава на карпошовци ќе им понудиме едно богато „Културно лето”. Но, Карпош станува и атрактивна инвестициска дестинација. Донесени се повеќе детални урбанистички планови, од значење како за Општината, така и за државата воопшто, како касарната „Илинден” но и други. Големата најавена инвестиција на „Мен фешн”, почна да се реализира. Тие, од неодамна добија одобрение за градба и моментално, во очекување на другите посериозни инвестициски најави, се најкрупниот инвеститор во Карпош. Наскоро не почнеме и со нашата голема инвестиција, изградба на Општинската зграда, за која е нарачан главниот проект,а во меѓувреме општинската администрација ќе биде сместена времено, во реновираната зграда на старото училиште „Братство”. Но, сега сме некаде на средината од мандатот добиен од граѓаните на Карпош. Имаме уште многу работа и нови и нови битки и победи со секојдневните проблеми. Дел од нив ќе ги видите во овој број на „Карпош Урбан”, се со цел, да сте во тек со се што е сработено со Вашите пари и со Вашата поддршка. Вашиот градоначалник, Стевчо Јакимовски
Реконструкции во Општина Карпош Општина Карпош почна со реконструкција и асфалтирање на улиците и водоводната и канализационата мрежа во Општината. Станува збор за дел од 100 нови проекти кои беа најавени во почетокот на годината, од кои, дел веќе се во фаза на реализација, некои се почнуваат деновиве или дополнително ќе почнат да се работат. Во еден таков бран на реконструкции се седум поголеми проекти вo населбите, Карпош1, Карпош 2 и Карпош 4, а тоа се: Поплочување на површина пред станбена зграда на ул. „Веселин Маслеша“ 9 Изведувач: ЧИНГАР ИНЖЕНЕРИНГ Сума на Договор: 319.568,00 денари
Реконструкција – тротоари Жданец дел А - ул. „Жданец“ и краци од ул. „Просек“ Изведувач: ДПТУ Анизор Сума на Договор: 2.755.489,00 денари
Ентериерно уредување и електрика на УЗ Владо Тасевски – Дипломатски клуб Изведувач: Југотехника Стојан ДООЕЛ Сума на Договор: 824.491,00 денари
ул. „Волгоградска“ - кула 3 - реконструкција на тротоари Изведувач: Анизор Сума на Договор: 283.395,00 денари
4
Изведба на паркинг простор на ул.„Иван Аговски“ бр. 11 и бр. 13 во населба Карпош 1 Изведувач: Транс Мет ДОО Скопје Сума на Договор: 609.429,00 денари
Асфалтирање на ул.„Ловќенска“ – 9 населба Козле Изведувач: Транс Мет ДОО Скопје Сума на Договор: 975.713,00 денари
Поставување на водоводни приклучоци на ул. „Титовоужичка“ и ул. „Крагуевачка“ во населба Карпош 1 Изведувач: ЕНЕРГОМОНТ АД СКОПЈЕ Сума на Договор: 344.613,00 денари
Реконструкција – асфалтирање на улиците на територија на УЗ Карпош 1: „Миладин Поповиќ“, „Титовоужичка“, „Крагуевачка“, „Андон Дуков“, „505“ и „507“ Изведувач: Маврово ИНЖЕНЕРИНГ Сума на Договор: 2.424.131,00 денари
5
Реконструкции ПАРКИНГ ПРЕД КУЛА 10
РЕКОНСТРУКЦИИ И ИЗГРАДБА НА НОВИ ТРОТОАРИ И ПАРКИНЗИ ВО КАРПОШ 3
6
Почна со петиот по ред инфраструктурен турнус на изградба и реконструкции на нови тротоари, паркиралишта и улици на територијата на целата општина, ќе се врши реконструкција на тротоарите на улиците: „Гиго Михајловски“, „Руѓер Бошковиќ“, „Карпошево Востание“, „Соле Стојчев“, „Трифун Бузев“, пред ОУ „Петар Поп Арсов“, „Варшавска“, „Фјодор Достоевски“, „Демир Трајко“. Ќе се изгради и прошири паркинг просторот пред кула 10 на бул. „8-ми Септември“, а ќе се поплочува просторот и пред гаражите и ќе се изгради заштитен тротоар од предната страна на станбена зграда на ул. „Бранислав Нушиќ“ 17. Паркинг простор ќе се прави и кај поранешната гимназија „Зеф Љуш Марку“. На дел од улицата „Букурешка“ УЗ Тафталиџе 1, се гради атмосферска канализација, како и на ул.„Дамаска“. При крај е реконструкција на дворна ограда во ОУ „Јан Амос Коменски“, а ќе се реконструира и пристапната патека на ул. „Ацо Шопов“ населба Влае 1. Овие проекти ќе ја чинат Општината вкупно 17,384,766.41 денари. Градоначалникот Јакимовски информираше и дека странската компанија „Фешн Груп“ веќе ги уплатила комуналиите за градба на просторот меѓу улиците „Манапо“ и „Љубљанска“. Платени се комуналии во износ од 149,5 милиони денари или околу 2,5 милиони евра, од кои, 45 милиони денари или 750 илјади евра во готово, а остатокот од износот, на 11 месечни рати. По уплатата „Фешн Груп“ треба до дабие дозвола за градба и да почне да гради.
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ НА УЛ „ВАРШАВСКА“
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ НА УЛ „ТРИФУН БУЗЕВ“
ЗАВРШЕНА Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ФАСАДАТА НА КУЛА 10 НА БУЛ.„8-МИ СЕПТЕМВРИ“
ОГРАДА НА ОУ „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“
АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА КРАК ОД УЛИЦАТА „БУКУРЕШКА“ 7
ВАНДАЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ СО ИМОТОТ НА КАРПОШ
Игротеката „Хани“ која е сместена во објект на Општината Карпош беше предмет на вандалското однесување, целосно руинирање и негрижа на поранешниот в.д. градоначалник на Општина Карпош Сашо Димиќ, иако истата му е дадена на користење од страна на Општината. Деловниот простор уште кон
крајот на 2007 година му е доделен на, тогашниот советник во Општина Карпош, Саша Димиќ на користење, без надоместок за закупнина. Тој за возврат на тоа, требало да го опреми просторот за користење и да го адаптира. Тоа и било сторено, од страна на некоја фирма, но откако неодамна му бил раскинат договорот на Димиќ, деловниот објект е видно руиниран и речиси уништен. Од него е изваден цел ламинат, севкупната санитарна галантерија, лавабо, вц-школка, бојлерче, фрижидер и кафемат, како и сите детски реквизити, внатре и во дворот. За тој простор, според договорот, требало да се грижи Димиќ, согласно со преземените обврски, но
локалите власти се сомневаат, дека просторот е испразнет откако е врачено известувањето за раскинување на договорот. За ваквото однесување, известена е и Комисијата за спречување корупција, бидејќи има сомневање за конфликт на интереси кога објектот бил земен на користење, а од полицијата побарано е за руинирањето да се состави записник за сторената штета.
ЖИЧАРНИЦАТА НА ШТЕТА НА БОЛНИТЕ ДЕЦА Владата и натаму продолжува со недомислени проекти и покажа дека и е поважно фалбаџиството и уметничкиот впечаток отколку децата и нивното здравје. Така, таа промовира стратегија и изградба на жичарница без да води сметка за тоа дека трасата на жичарницата оди по самата градежна линија на Болницата за белодробни заболувања „Козле“. Ова предизвика реакција од локалните власти во Карпош, по повод намерата на Владата да се гради жичарница на само неколку метри до детската болница која се наоѓа на територија на Општината. Но, она што посебно ја иритира локалната самоуправа е фактот што 8
Министерството за транспорт и врски оди и чекор понатаму. И покрај тоа што Болницата „Козле“ уште во февруари 2009 година има добиено локациски услови за изградба на нов објект за болницата за белодробни заболувања кај децата, споменатото министерство и забранува на болницата да се проширува и да гради затоа што тоа било заштитен појас на жичарницата. Детската болница не е ниту хотел ниту рекреативен центар, беше ставот на првиот човек на Општината, Градоначалникот Јакимовски, туку објект кој треба да ги инкорпорира сите стандарди за ваква здравствена установа според Светската
здравствена организација и УНИЦЕФ, а не над главите на болните деца да им висат кошници од жичарница, да има постојана бука и да им се пореметува мирот на тешко болните. Освен тоа, спорен е и паркингот кој треба да се користи за жичарницата, бидејќи кај Митрополијата нема услови за паркирање и се стравува од можноста да биде зафатен паркингот на Болницата,што е недозволиво порача по тој повод Јакимовски.
ОПШТИНА КАРПОШ ДОБИ НОВО ТОВАРНО ВОЗИЛО „ИВЕКО“ Кон крајот на април, Општина Карпош, доби ново товарно возило од марката „ИВЕКО“. Возилото е наменето за потребите на Општината, за поголема оперативност и ефикасност во одржување на хигиената и другите комунално - градежни активности. Товарното возило „Ивеко“, кое е купено со сопствени средства на Општината чини 2,5 милиони денари има двојна кабина и може да обезбеди превоз на шест работници и алат, а има и
дел за транспортирање на смет. Возилото е набавено
преку фирмата „Каргомакс“ од Скопје.
НЕМА ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ ЗА НЕСОВЕСНИ ИНВЕСТИТОРИ „Одделни инвеститори на територијата на Општина Карпош, меѓу кои предничи ЕВН, се однесуваат кон инфраструктурата на Општината која е градена со средства на граѓаните на крајно вандалски начин. За нивни потреби вршат прекупавање на улиците и премините, а потоа, без никаква одговорност местата ги остават во руинирана состојба провизорно прикрпени. За таа цел им понудивме да потпишат договор и да депонираат банкарска гаранција со која ќе гарантираат дека направените инфраструктурни оштетувања ќе ги вратат во првобитна состојба. Таквиот договор го потпиша единствено „Телеком“, а очекуваме тоа да го сторат и кабловските оператори, јавните претпријатија и другите инвеститори кои работат на градежни објекти во Општина Карпош.
Во спротивно тие, ќе се соочат со неможност да извадат локациски услови и градежни дозволи (ЕВН бара над 40 одобренија) од Општината.“ Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во неколку наврати, „по серијата испади“ од страна на јавните претпријатија врз обновената инфраструктура во Општина Карпош. Притоа, тој точно ги посочи и ги илустрираше инфраструктурните оштетувања кои се направени од ангажираните изведувачи на ЕВН на улиците, „Илинденска“, „Владимир Каваев“, „Демир Трајко“, „Поп Богомил“ во Трнодол, „Милан Марковиќ“, „Јуриј Гагарин“ и други. Тие со месеци стојат несанирани и згора на тоа ја оштетуваат и останатата инфраструктура, хортикултурата, дури ги ископале и корените на дрвјата. 9
ШТО СРАБОТИ СОВЕТОТ ИЗМИНАТИТЕ МЕСЕЦИ
„Виза“ за Касарна „Илинден“ СОВЕТОТ УСВОИ ДВА НАЦТА И ТРИ ПРЕДЛОЗИ НА ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, ВОВЕДЕ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА БАРДОВЦИ, ПЛАН ЗА ЗАШТИТА ВО ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ДУЗИНА ДРУГИ ОДЛУКУ ОД ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ Во изминатите месеци, Советот на Општина Карпош, работеше под „полна пареа“. Советниците, како „најистурени“ претставници на граѓаните на Карпош, во секој момент ги артикулираа потребите и проблемите на граѓаните и заеднички со градоначалникот и општинската администрација се обидуваа максимално брзо да ги решат. А проблеми и барања имаше и ќе има: Во сферата на урбанизамот, најчесто поставувани беа комуналните барања, но и разни барања за поддршшка во сферата на културата, музиката, сликарството, поддршка на талентирани спортисти и сл. Советниците пред-
лагаа, Советот ги разгледуваше и усвојуваше барањата на граѓаните. Во овој меѓупериод беа усвоени два Нацрта на детални урбанистички планови, а усвоиени се и три предлози односно донесени три нови детални урбанистички планови. Тоа, во пракса значи нов инвестициски импулс во Општината, можност за пожива инвестициска активност, како во сферата на индивидуалната градба, така и во колективната градба, инвестиции во деловни, здравствени, сервисни или други комплекси. Еден од поголемите инвеститори кој во овој период стартуваше со градба на територија на нашата
општина е Трговско друштво за производство, трговија и услуги „МЕН ФЕШН“ ДОО увоз –извоз Скопје, инвеститор кој ќе инкасира вкупно 2,5 милиони евра за комуналии во општинската каса. Меѓу позначајните планови кои беа донесени од страна на Советот беше Нацрт планот за Северниот дел од локалитетот на касарната „Илинден“ меѓу општините Карпош и Бутел, и Нацрт планот за дел од локалитетот „Козле“, месна заедница „Кузман Јосифовски Питу“ (блок 11, 31,33, и дел од блок 34 и 35). Своја дефинитивна верзија добија урбанистичките планови за дел од Влае 2 како и Предлог - Одлуката за донесување Детален урбанистички план за станбени единици „Карпош 1 и 2“, дел од Урбаната Заедница „Карпош 1“ дел север и југ и ДУП за Тафталиџе, „Владо Тасевски“ 26, дел Д. И не одеше се така праволиниски и едноставно. Имаше
ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД НАСЕЛБА ВЛАЕ 2 10
ДУП ЗА СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ „КАРПОШ 1 И 2“ жешки дебати, убедувања, надмудрувања меѓу советниците од различните советнички групи, но конечно проблемите се рашаваа. Еден од пожешките проблеми со кои со соочија советниците и Општината беше состојбите во јавните установиопштински детски градинки на подрачјето на Карпош, немањето доволно персонал, работата на 40-тина негувателки без регулиран работен статус и со екстремно ниски надоместоци за трудот. По мачна преписка и комуникација со надлежните министерства, тој проблем се уште не е решен. Во таа низа проблеми беше и тешката финансиска состојба во училиштата кои се соочуваа со немање средства за да ги платат основните комунални давачки за струја, парно, вода, сето како резултат на ниските и недоволни дотации од државата. Негувателките со нерешен статус, на предлог на градоначалникот Јакимовски, од Советот на општината добија еднократна парична помош, а граѓаните добија свој Совет за заштита на потрошувачите.
Советниците дадоа „виза“ и за изградба на новата општинска зграда, но и го поддржаа нашиот претставник на „Евросонгот“ со 150.000 денари. Во овој изминат период Бардовци „доби“ и надоместок за уредување на градежно неизградежно земјиште и тоа 2.500 денари за изградба на стопански објекти, 1.800 денари за стенбени, 1.500 за јавни и по 300 денари за ква-
ДУП ЗА ДЕЛ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ „КОЗЛЕ“, МЕСНА ЗАЕДНИЦА „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ“ дратен метар за изграба на помошни објекти, со важност од 1 август 2010 година. Донесен е и пакет мерки и акти, т.н. План за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, како и Правилата за избор на совети во месните заедници.
ДУП ЗА ТАФТАЛИЏЕ, „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ 26, ДЕЛ Д 11
КОНКУРСОТ ЗА ФОТОГРАФИЈА НА ОПШТИНА КАРПОШ
„ПАРАДОКС“ ГО ОСВОИ „УРБАН ПЕЈСАЖ“
ТРИТЕ ПРВОНАГРАДЕНИ ФОТОГРАФИИ И ИЗБОРОТ НА 27 ДРУГИ ФОТОГРАФИИ ДОСПЕАНИ НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА „УРБАН ПЕЈСАЖ“ БЕА ПРЕТСТАВЕНИ НА ПОСЕБНА ИЗЛОЖБА ВО КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА, КОЈА ТРАЕШЕ ОД 01 ДО 10 ЈУНИ 2010 ГОДИНА. Во голема конкуренција на квалитетни трудови, стручното жири составено од: • Роберт Јанкуловски, фотограф и директор на Македонскиот центар за фотографија, • Жанета Вангели, професор на Факултетото за ликовна уметност - мултимедијален уметник и • Валентино Димитровски, претседател на Македонскиот центар за фотографија - историчар на уметноста и ликовен критичар, раководител на одделението за движно културно наследство при Министерството за култура,
12
ги одбра најдобрите фотографии кои пристигнаа на Конкурсот за фотографија на Општина Карпош, организиран во соработка со Архитект.мк. Од пристигнатите трудови во периодот од 03.04. до 20.05.2010 година на Конкурс за фотографија со тема „Урбан Пејзаж“, жирито, како најквалитетни ги прогласи трудовите со шифра „Парадокс“ на авторот Јане Љоровски од Скопје, кој ја освои Првата награда од 30.000 денари, Втората награда му припадна на „Камелот“ односно авторот Томислав Георгиев од Скопје и парична противвредност од 20.000 денари, а Третата награда од 10.000
денари ја доби трудот со шифра „2010“ на авторот Зоран Андонов од Тетово. Освен тоа беше доделена и специјална награда за трудот со шифра „АБ34В“ на авторот Огнен Бојковски од Скопје, а беа откупени и уште 26 други трудови. Во таа пригода, претседателот на организациониот одбор Игор Василевски, изјави: „Како организатори на конкурсот сме презадоволни од добиените дела, кои достојно ги потврдија нашите уверување дека Македонија поседува автори чиј префинет вкус и креативна уметничка перцепција несомнено парира во презентација на урбаната пејзажна колоритност во визуелизацијата, како и во композицискиот третман на светската фотографија“.
www.karpos.gov.mk www.arhitekt.mk
Откупени се фотографиите од следните автори:
Ерина Богоева (Poison Girl), Маја Даскаловска (Партизанска 007), Дејан Личеноски (Мачки), Билјана Костовска (1005), Емилијан Секуловски (AVORELO 29), Татјана Ранташа (Кокошка), Орце Поповски (235369), Катја Штркова (1707), Љупчо Петровски (190570), Владо Петровски (Пролет), Милан Сланев Стојановиќ (Apple), Филип Трајковски (Бетон), Тони Поповски (Буби 06), Ѕвонко Плавевски (132639), Роберт Смилески (Тинтин), Наќе Батев (Photo), Дарко Котевски (E.M.A.), Ивана Георгивска (ReF), Маријан Марковски (Матрикс), Андреја Бабамов (Comet 1997), Роберт Старделов (888888BCFK), Илина Илкоска (ХЕРМИНА), Даниел Гурчиновски (ГЕТЕЦЕ), Фросина Илиевска (59b7g4100), Лариса Митиќ (ДВОСЕД) и Дејан Бошковски (New Generation).
13
Меѓународна соработка ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КАРПОШ
ПОСЕТА НА НОВ БЕЛГРАД ЗАЕДНИЧКА ИЗРАБОТКА И ПРИЛОЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ СРЕДСТВА ОД ИПА ФОНДОВИТЕ
Четиричлена официјална делегација од Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, беше во официјална посета на Општина Нов Белград, збратимена општина на Карпош. Посета беше по повод јубилејот, 62 години од основањето на Општината. Освен присуството на свечената академија во „Ерпорт3 центарот на Нов Белград, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и тројцата советници Анка Спасовска, давор Грче и душан Велковски , водеа разговори со домаќинот Ненад Миленковиќ (градоначалник на Нов Белград), за проширување на соработката во различни домени. Во таа насока, за јакнење на соработката на спортски план, договорено е првопласираната екипа во годинашната Училишна лига во кошарка од основните училишта во Карпош (ОУ „Војдан Чернодрински“) на 20 мај годинава, да одржат натпревар со победничкиот тим во нивната кошаркарска лига, а де14
сет дена подоцна ќе се одржи реванш натпревар во Скопје. На планот на административната соработка, договорено е тим од четири лица од администрацијата на Општина Нов Белград да престојува во Општина Карпош и тоа во секторите за урбанизам, комунално уредување и финансии. Целта е тие да го согледаат функционирањето на овие сектори во услови на повисок степен на ингеренции и децентрализација што ја има нашата општина, во споредба со Нов Белград. Четвртиот член на овој тим треба да помогне околу размената на искуства во изработка и приложување на проекти за користење средства од ИПА фондовите. Во делот на културната соработка е договорено во Општина Карпош да биде организирана изложба на фотографии од Првата светска војна. Фотографиите ќе ги позајми општината Белфор од Франција, (збратимена општина на Нов Белград). Инаку, фотографиите се автентични и се однесуваат на борбите кои се воделе на Македонскиот фронт во Првата Светска војна, и истите се сопственост на покоен учесник во оваа војна кој се борел на територијата на Македонија во француската војска. Во насока на проширување на соработката, по повод Денот на Општина Карпош, 3 Ноември, Општина Нов Белград ќе има 20 минутна сопствена презентација, како и другите збратимени општини со Карпош.
ПРОЕКТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ПРЕТСТАВЕНИ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА ВИЕНА
Промоција во Виена
Во рамките на посетата на државната делегација од Македонија на Саемот за Обновливи извори на енергија во Австрија и Стопанската комора на Виена, пред повеќе од седумдесетина претставници на стопански субјекти од Австрија од доменот на енергетиката и обновливи извори на енергија, беа презентирани проектите за енергетска ефикасност на Општина Карпош кои се содржани во Програмата 2008-2012 година. Овие наши проекти предизвикаа значителен интерес кај домаќините и во дебатата потоа. Следеше дискусија за можностите за учество на производителите на опрема од оваа сфера во реализацијата на вакви проекти како и за можностите за користење на австриските фондови за енергетска ефикасност намененети за земји вон границите на ЕУ како партнери во реализацијата на проектите. Искуствата во Австрија за реализацијата на проектите на локално ниво, со начинот на кој е уреден финансискиот пристап на државно ниво и пристапот на европските фондови се по-
МАКЕДОНИЈА ЗА ЖАЛ Е СЕУШТЕ ДАЛЕКУ ОД ФИНАНСИСКИТЕ РЕСУРСИ НА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ зитивен пример, кој, и во наши услови, би значел многу поголем степен на реализација на замислените и технички реализираните проекти. Македонија за жал е сеуште далеку од финансиските ресурси кој европските фондови ги имаат за таа намена, и уште помалку од сопствени буџетски средства, со кои би се стимулирала реализацијата на проектите од областа на енергетиката. Во такви услови Општина Карпош со сопствени сили се бори со реализацијата на веќе започнатите проекти согласно планот во Програмата и тоа: • Проектот за целосно издвојување на командите за улично осветлување и систем на регулација и мониторинг кој годинава целосно се реализира со сопствени средства во висина од 7.600.000,00 денари на сите 115 позиции и трафостаница.
• Реконструкција на уличното осветлување со штедливи светилки со која до крајот на годината ќе бидат заменети повеќе од 1200 позиции од 3600 позиции или повеќе од 30%. • Започнува реализацијата и на проектите кои се однесуваат на објектите во надлежност на Општината, училишта и градинки и тоа: Проектот за соларна топла вода во градинките, преку замена на електрични бојлери со соларни колектори за топла вода , како и завршување на изработката на изведбените проекти за ОУ „Петар Поп Арсов“ и ОУ „Лазо
Трповски“. Тоа ќе бидат првите два објекта каде топловодното греење од топлификација ќе се замени со греење и ладење со геотермални пумпи. Општина Карпош и понатаму ќе ги финансира и реализира проектите, со кои ќе штеди енергија и ќе ја чува и штити животната средина. Љупчо Димов 15
СКОПЈЕ ОТВОРЕН ИЛИ ЗАТВОРЕН ГРАД?
СКОПЈЕ КАКО ТОКИО? Дали иднината на Скопје е во неговата отвореност како град, или пак властите треба да размислуваат во насока на негово затворање? Ова беше темата на која дебатираа архитекти, социолози, професори по локална самоуправа, членови на Советот на Град Скопје, на трибината, организирана во јуни годинава од Институтот „Политеа“, со поддршка од Општината Карпош. Неофицијалните бројки кои ги изнесоа претставниците на „Политеа“, беа дека Скопје, после земјотресот, во 1963 година, бил замислен како град за 350.000 жители , а сега во него се населени двојно повеќе. Во различни периоди од годината, имајќи предвид дека во главниот град се концентрирани сите државни, културни, образовни институции, голем дел од бизнис секторот, таа бројка достигнува и до еден милион. Мислењата околу ваквата состојба, беа поделени. Некои од учесниците сметаа дека е добро Скопје да остане отворен град, но притоа да се определи јасна концепција за неговиот развој, додека за други, неминовно е негово затворање, доколку сакаме сегашните и идните жители на Скопје да живеат квалитетен живот. Воедно, беше направен осврт и на потребата од поголеми владини крупни инвестиции за развој на малите средини, се со цел тамошните жители да имаат услови за да останат да работат и да живеат во своите места и со тоа да се спречи иселувањето кон метрополата.
16
СКОПЈЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ОТВОРЕН ГРАД, НО ТОА ЌЕ СЕ ОВОЗМОЖИ САМО СО ПЛАНИРАН И РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ПРЕКУ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ НА ВЛАСТА, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ Учесниците со своите изнесени ставови, разменуваа мислења и бараа одговори околу повеќедеценискиот проблем на метрополата, пренаселеноста, како и се поголемиот наплив на граѓани од внатрешноста во потрага по подобра работа, живеалиште, стандард. Тоа за градоначалникот Стевчо Јакимовски беше и главниот мотив да се изјасни дека не се залага за затворање на главниот град. Тој смета дека целокупната состојба во земјата, особено на економски план е лоша, што и оваа идеја автоматски не ја прави најдобро решение. Властите, според него, треба да водат планско развивање на главниот град, да се стремат кон негово издигнување во бизнис и административен центар, а притоа и да издвојуваат повеќе пари за решавање на клучните проблеми со цел да се подобри животот на граѓаните. -Во градот треба да се инвестира, како во нови сообраќајници, така и во нова инфраструктурна
мрежа. Бидејќи сегашната е стара, и профилите не одговараат на бројот на жителите - беше ставот на градоначалникот Јакимовски, на трибината „Скопје - отворен или затворен град?“ Тој, исто така истакна, дека доколку се задржи отвореноста, властите во секој случај треба да се грижат да им обезбедат вработување на новите жители. Во тој контекст, членот на Советот на Град Скопје, Марјан Додовски, го даде примерот со Љубљана, главниот град на Словенија, каде секој оној кој претендирал да добие жителство, морал да има работно место. Додовски се изјасни за затворање на метрополата со цел да се спречи уште поголема пренаселеност, имајќи во предвид, како што кажа, дека и сега во него не се живее соодветно. Архитектот Мартин Пановски не се сложи за примена на љубљанскиот модел, бидејќи, тоа не би довело до развој. Тој, центарот на градот го спореди со Токио, кој во светски рамки, го бие глас дека е неподнослив за живеење. Според архитектот Пановски, во централното градско подрачје на Скопје, живеат 5.600 луѓе на метар квадратен, додека во населбата Чаир 18.400 жители на метар квадратен. Исто како Јакимовски и тој се залага за решавање на проблемите на жителите, а не приоритет над сите проблеми, да биде трошење пари, на пример за споменици. Пановски како пример ја нагласи изградбата на Јужниот булевар, важен за растоварување на метежот, а е крупна инвестиција, која би требало да ја финансираат државните власти. Неразвиеноста на малите градови, како проблем кој ја тангира пренаселеноста на Скопје, ја спомена и професорката на Правниот факултет Гордана Силјановска. Проблем кој довел до такво нешто е немањето регионална политика за рамномерен развој на малите средини. А нерамномерната урбанизација на метрополата, за социологот Илија Ацевски е главна причина не само за пренаселеноста, туку и се поделбата на градот на етничка - религиска основа. И неговото мислење беше дека не смее да се дозволи затворање на градот, но во секој случај, во иднина треба да се определат правила за рамномерен развој.
ДЕЦА СЛИКАРИ ОД КАРПОШ НА НАТПРЕВАР ВО ИТАЛИЈА На, 24 мај, четири ученици, млади ликовни таленти од Општина Карпош посетители на училиштето за цртан и анимиран филм „Прва детска ликовна работилница 2009/2010“ под покровителство на Општината и под менторство на професорот Илчо Симовски, отпатуваа на натпревар во Италија.
Младите уметници кои ја претставуваа Република Македонија и Општината Карпош на меѓународниот натпревар за цртан и анимиран филми се: Игор Таневски, Александар Таневски, Екатерина Добривојевска и Христина Симовска. Натпреварот се одржа во градот Тревизо, во периодот од 24 до 30 мај годинава, а темата на која се натпреваруваанашите млади таленти беше „Користењето на водата“. Филмовите кои ги работеа нашите деца потоа беа претворени во цртан филм од страна на италијанското студио „Групо Калчуни“. Инаку, настапот на младите уметници од Првата детска ликовна работилница беше овозоможен со поддршка на Националната агенција на Италија и УНЕСКО.
17
„Како се станува цар“ со младите актери од Општина Карпош
Во аулата на гимназијата „Никола Карев“ актерите од Првата школа за актерска игра која ја организираше Општина Карпош ја дадоа својата завршна претстава „Како се станува цар“. Младите талентирани осмоодделнци од основните училишта во општината, под менторство на актерот Димче Мешковски, прикажаа навистина креативна и успешна претстава
18
што ја подготвија во текот на учебната 2009/10 година додека траеше Школата за актерска игра и глума. „Не е лесно да си цар, тешко е да се ожениш, но уште потешко да се научиш да се смееш и да пееш“. Со прекрасна глума и добро расположение, младите актери од класата на доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски ,покажаа што научиле од актерството во изминатата учебна година, пред полниот хол со публика.
XXXI Меѓународен студентски фолклорен фестивал Tрадиционалниот Меѓународен студентски фолклорен фестивал -Скопје, оваа година го прослави своето триесет и прво издание во организација на Академското културноуметничко друштво ,,Мирче Ацев”, формирано од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје во 1949 година.
Годинешното 31-во Фестивалско издание, АКУД „Мирче Ацев” го одбележa во периодот 25-29 Јуни, 2010 година на Амфитеатарот на кејот на реката Вардар во посебна атмосфера, со изведба на сопствени концерти , како и претставување на гостите од: Швајцарија, Литванија, Хрватска, Северен Кипар и Бугарија со своите ансамбли. Секој од ансамблите на земјите-учесници со својата богата програма ја презентираше карактеристичната фолклорна традиција од сопственото поднебје преку песна, танц, инструменти, оригинални народни носии кои што сами по себе зборуваат за добрата волја и пријателскиот дух кои зрачат во деновите на одржувањето на Фестивалот. АКУД „Мирче Ацев” цели шест децении е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на хорското, драмското и богатото фолклорното творештво на нашата земја ширум светот, преку фестивали, концерти и други приредби од областа на културата. Тоа е причина повеќе жителите на Општина Карпош и сите заинтересирани граѓани од Скопје да го посетуват секоја година овој настан и да уживаат во магијата што ни ја доловуваат уметниците од нашата земја и ширум светот. Покровители на Фестивалот се Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, Министерството за култура на Република Македонија, Советот на Град Скопје и Општина Карпош.
Традиционална, Kарпошова слава На 26 мај годинава, со почеток во 19 часот официјално започна традиоционалната , петта по ред, Карпошова слава, во населбата Карпош 1 (во дворот на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“) чиј покровител е Општина Карпош. Под традиционалното мото „Да се вратат старите игри на децата“, годинава, во текот на славата во соработка со Црвениот крст
на Македонија се организираше донаторска манифестација на облека, обукви и парични средства за децата без родители. Карпошовата слава ја отвори Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. За поуспешна и повесела слава во Карпош 1, овој пат се погрижи елитата на Македонската естрада предводена од Наум Петрески, Зуица Лазова, Атина Апостолова, Круме Спасовски, Андријана Јаневска и други. Покрај музичкиот дел, во долгата ноќ на славење се одржа голем огномет и баклијада, а се гостеше и се чествуваше се до раните утрински часови.
19
спектакл
во салата „Градски парк“ На 6-ти мај 2010 година, се одржа „ALL STAR“ натпревар во салата на КК „Работнички“ - Градски парк. Најдобрите млади кошаркари од деветте основни училишта во Карпош, учесници во лигата во кошарка на Училишните спортски игри 2009/2010 година, поделени во два тима, „Жолти“ против „Сини“, ги одмерија силите на натпреварот, кој иако беше од ревијална природа, протече во неизвесност до самиот крај. Битката за големиот преоден пехар се одвиваше во спектакуларна атмосфера. Паузите во играта беа исполнети со настапите на Александра Пилева, Сара Марковска, танчерското студио „Брејк а лег“ и оригиналниот сплет на ритмови изведени од тапанарите на Бранко Јовевски. Младите играчи го покажаа својот талент пред публиката составена од нивните родители и другарчиња. Големиот пехар, оваа година го освои „Жолтата“ екипа предводена од тренерот Амди Муса.
НАСТАП НА ТАНЧЕРСКОТО СТУДИО „БРЕЈК А ЛЕГ“
20
РАДОСТ НА ПОБЕДНИЧКАТА ЕКИПА
ИНТОНАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНА ТАХИМНА
СПЛЕТ НА РИТМОВИ ИЗВЕДЕНИ ОД ДЕСЕТТЕ ТАПАНИ НА БРАНКО ЈОВЕВСКИ
Победа во Белград!
Најдобрите кошаркари од Општина Карпош, учесници од годинашнава Училишна спортска лига, на 4-ти јуни годинава во 19.30 часот, на Калемегдан, извојуваа, тесна но убедлива победа врз своите врсници од Кошаркарскиот клуб „Црвена звезда“од Белград. На спортските терени на Калемегдан, во крајно драматичен натпревар, младите кошаркари на Општина Карпош ги победија своите врсници од Кошаркарскиот клуб „Црвена звезда“ со резултат 51 спрема 49 кошеви. Тимот составен од најдобрите кошаркари од основните училишта
НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ КОШАРКАРИ ОД КАРПОШ ГИ ПОБЕДИЈА ВРСНИЦИТЕ ОД КК „ЦРВЕНА ЅВЕЗДА“ од Општина Карпош, победници во годинашната Училишна спортска лига, во Белград изиграа прекрасен и возбудлив пријателски натпревар со своите врсници од реномираниот спортски клуб од Република Србија и во спортска и фер атмосфера изборија тесна, но заслужена победа. Инаку кошаркарите се дел од групата најдобри спортисти во фудбал, одбoјка и кошарка кои во дводневната посета на Србија, ги предводеше Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
21
ГРУПА КАПАЧИ САКАА ДА МУ ПОМОГНАТ НА ДИМОВСКИ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ВОДАТА, НО ТОЈ НЕ ИМ ДОЗВОЛИ, БИДЕЈЌИ ЌЕ БЕШЕ ДИСКВАЛИФИКУВАН
Исправи се, Игоре!
Автор: Миодраг Мицковиќ Преземено од Утрински Весник Колку само напори, колку издржливост му беа потребни на Игор Димовски да го преплива каналот и да стапне на францускиот брег, истоштен, со крајни напори да излезе од студената вода, да се исправи, да ги крене високо рацете и да ја слушне сирената од бродот што го означи крајот на неговиот подвиг, која беше знак дека успеал да го преплива Ла Манш под лоши временски услови и многуте пречки што ги имаше на тој пат од Довер до ’ртот Грин на францускиот брег. -Бев сведок на сите тие настани, на таа тринаесетчасовна борба со брановите, струите, во еден момент и со медузите, на Димовски во препливувањето на Ла Манш, ни раскажуваше во телефонскиот разговор познатиот спортски новинар Зоран Михајлов, кој го придружуваше во малото бротче на тој пат, кој требаше да биде долг 34 километри, но поради силните струи и бранови, беше многу подолг. Кога влезе во водата точно во 5 часот наутро по наше време, беше темно, прст пред око не се гледаше. Уште по доаѓањето со бротчето до местото од каде што требаше да стартува, брановите беа мошне 22
КАКВО Е ЧУВСТВОТО ДА БИДЕШ ПОВЕЌЕ ОД 13 ЧАСА ВО СТУДЕНИТЕ ВОДИ НА ЛА МАНШ, ЧИЈА ТЕМПЕРАТУРА ИЗНЕСУВА МЕЃУ 14 И 16 СТЕПЕНИ, ДА СЕ БОРИШ СО БРАНОВИ, СО СИЛНИТЕ СТРУИ ШТО НЕ ДОЗВОЛУВААТ ДА ПЛИВАШ КОН ЦЕЛТА, КОИ ВО НЕКОИ МОМЕНТИ ДУРИ ТЕ ВРАЌААТ НАЗАД. ТОА МОЖЕ ДА ГО РАСКАЖЕ САМО НОВИОТ СПОРТСКИ ХЕРОЈ НА МАКЕДОНИЈА, МАРАТОНЕЦОТ ИГОР ДИМОВСКИ, КОЈ НА 2 АВГУСТ БЕШЕ ЧЕТВРТИ МАКЕДОНЕЦ ШТО УСПЕА ДА ГО ПРЕПЛИВА КАНАЛОТ ЛА МАНШ, ДОЛГОГОДИШНА ТРАДИЦИЈА НА АНГЛИЈА, СОН НА СЕКОЈ МАРАТОНЕЦ ВО СВЕТОТ. силни, малку требаше да го преврти бродот. На капата Димовски имаше батериска лампа за да можеме да го следиме во ноќта се’ додека да се раздени. Во еден момент, не знаеме што се случува, тој се пожали по стотина метри пливање
дека удрил во нешто тврдо, за среќа, не се повреди. Што беше тоа, не знаеше да го објасни ниту искусниот капетан Ленс Орвел, кој го водеше Димовски до целта. Дали беше некоја карпа, дел од некој потонат плепер, остана тајна. -Се’ до половина патека Димовски пливаше одлично, тие 15 километри ги мина за 3,5 часа. Дури доколку продолжеше со вакво темпо, ќе постигнеше одлично време, околу 9 часа, но потоа се’ тргна на лошо. Времето почна да се влошува, неочекувано се појавија силни струи, кои, спо-
ред зборовите на капетанот, се непредвидливи, никогаш не се знае каде точно се движат. Некаде по 9 часа пливање, Димовски имаше и криза, го фати грч на левата рака, потоа и на нозете, беше малку критично, но, сепак, издржа и продолжи да плива. Најтешко беше при крајот, тие последни четири километри кога веќе се наѕираше францускиот брег, Димовски ги пливаше за 3,5 часа. Струите речиси го носеа час лево час десно. Едно време пливаше речиси в место. За несреќата да биде поголема, налета на едно јато медузи, на само петстотини метри пред целта, една го касна на вратот, имаше болки, но не се откажуваше, продолжи да плива. - Вистинска драма се одвиваше на околу 300 метри до брегот, се чинеше дека е тука на дофат кога во еден момент една силна струја го врати можеби петстотини метри назад. Капетанот со сите сили се обидуваше да изнајде пат, да ги одбегне струите, мораше да го води Димовски, што се вели цик-цак. А, тој со последни сили ги движеше рацете и не помислуваше да се откаже. Како што потоа ми кажа: „Ќе се удавев ако беше потребно, но немаше да се откажам, зарем да ги разочарам сите оние што имаа доверба во мене,
што ми помогнаа да се обидам да го препливам Ла Манш. Кога веќе дојдовме до стотина метри пред целта, капетанот повеќе не го водеше Димовски, тој продолжи сам кон брегот, ние со страв го следевме прашувајќи се дали ќе успее да излезе од водата и да се исправи што го бараат правилата од сите пливачи на Ла Манш. Кога веќе почна да излегува од водата, падна на коленици. Ни се стегна срцето, зарем сега кога веќе го допре францускиот брег ќе нема сили да излезе од водата. Тука, во
непосредна близина имаше десетина капачи, кои дотрчаа за да му помогнат на Игор да излезе од водата, но тој ги бркаше не дозволувајќи им да му пријдат, бидејќи секој нивни допир, пред да се исправи, ќе беше дисквалификација за него. На крајот, сепак, најде сили, се исправи, излезе од водата на песокот, ги крена рацете кога се слушна сирената што ја притисна капетанот Орвел на бротчето што значеше и успех на Димовски и крај на сите негови, па и наши маки, бидејќи беше напорно на сите нас да минеме 13 часа во бротчето доживувајќи ја оваа драма заедно со Игор.
Што јадеше и што пиеше Димовски за тие 13 часа колку што беше во водата? - На секои 15 минути му дававме чај, сокови, сопругата на капетанот му подготвуваше пијалаци со витамини што ги користат сите маратонци при препливувањето на Ла Манш, но поради бранови, половина чаша ќе испиеше, половина ќе се истуреше во морето. Изеде и многу банани, ни рече Зоран Михајлов во нашиот телефонски разговор. 23
Од минатото на Општина Карпош
Co Милан Порјазов се познаваме прилично долго време, но никогаш не станало збор за неговата работна кариера, освен што знаев дека ја започнал во некоја од поранешните скопски општини. Затоа го замолив да се врати во минатото и да ми каже која е таа општина. Кога дознав дека тоа е општината Идадија, од која произлегува денешната општина Карпош, со голема љубопитност го сослушав следново негово кажување: „Припаѓам на генерацијата која прва го започна своето школување на мајчин јазик, веднаш по Втората светска војна и ослободувањето на нашата земја од окупаторите. При крајот на I960 година ги завршив студиите на Правниот факултет во Скопје и само после еден месец се вработив во општината Идадија. Тогаш имавме можност да бираме каде и од кога сакаме да работиме. Денес, тоа претставува сон за многу наши млади сограѓани, кои се стекнале со дипломи на некои од бројните државни и приватни универзитети и долго време го чекаат своето прво вработување. Кога стапив на работа јас бев единствениот дипломиран правник од мојата генерација кој ја започна својата работна кариера во општинските органи на управата. Поголемиот број од моите колеги отидоа да работат во судовите 24
и во органите за внатрешни работи. Затоа со право денес можам да кажам дека сум еден од најстарите живи службеници со висока стручна подготовка на тогашната општина Идадија, денешната Карпош. Во општината Идадија работев до 1970 година, скоро цело време во Отсекот за решавање на имтно-правните односи. Тоа е периодот кога Градот Скопје беше погоден од двете најголеми природни катастрофи во неговата понова историја: поплавата од 1962 година и катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Во отстранувањето на последиците од овие катастрофи Отсекот во кој работев имаше обемни и многу одговорни задачи. После земјотресот мораа итно да се разрешат имотно-правните односи за да може да се пристапи кон изградбата на приградските монтажни населби: Тафталиџе, Козле, Жданец, Трнодол, Куршумица и Нерези. Кога започнавме со работа се уште не беа усвоени деталните урбанистички планови. Располагавме со неколку скици во кои беа исцртани само граничните линии на населбите. Требаше да се експроприра земјиштето што се наоѓаше во тие скици како и да се изврши попис и проценка на насадите што се наоѓаа на него. Тоа беа најубавите зеленчукови градини, овоштарници и ниви, пространи
на целото подрачје на денешната општина Карпош. Сопствениците добиваа минимален надоместок за земјиштето, a висината на надоместокот за насадите ја одредуваше посебна стручна комисија чиј член бев и јас. Кога беше отсутен членот на комисијатапоранешен милиционер, секогаш во записникот внесувавме повеќе насади од тие што вистински ги имаше, ја зголемувавме нивната родност a со тоа и висината на надоместокот што го примаа сопствениците. Ha најголемиот број на сопствениците на бавчите, овоштарниците и нивите, приходите што ги остваруваа од нив им беа единствени извори на приходи за нивната егзистенција. Сепак, немаше ниту еден случај на давање на било каков отпор на комисијата при вршењето на нејзината работа. Напротив, тие ја согледуваа големината на катастрофата и сочувствуваа со семејствата на загинатите во земјотресот. Велеа: „Земја пак ќе купиме ама животите на толку многу загинати наши сограѓани никогаш и со ништо не ќе можат да се надоместат“. Се уште го помнам и со посебно задоволство се присетувам на следниов настан: Од како Комисијата ќе ја завршеше работата беше вообичаено сопствениците да не повикаат да седнеме на некоја полјанка за да не прашаат што ќе се случува понатаму со Градот и со неговите жители, за помошта што доаѓаше од целиот свет и секако за нивната иднина. Имав впечаток дека ни веруваат во тоа што им го кажувавме. Во тоа цврсто се уверив кога една квечерина, поседнати под еден голем костен некаде во Долно Нерези и водејќи многу сериозни
разговори, стариот чичко Суљо, од како долго време го виткаше тутунот во тенка хартија и го оформи во вистинска цигара, се поткрена од местото на кое седеше и ми ја подаде цигарата. Во сините навлажнети очи од кои бликаше некој восхитувачки сјај, ја препознав чесноста и добрината на неговата душа. Ја земав цигарата, ја ставив на моето уво и му се обратив на старецот: „Оваа цигара подготвена со толку голем мерак и примена со огромна почит, не заслужува да гори“. Долги години ја чував цигарата како драг спомен на едно тешко време. При една реконструкција на станот исчезна кутијата во која ја чував цигарата и покрај упорното барање не успеав да ја најдам. Тие денови на пазарот „Тафталиџе“ дознав и дека чичко Суљо исчезнал,односно дека починал во длабока старост. Во годините поминати на работа во органите на управата на општината Идадија, претходничката на денешната општина Карпош, стекнав многу пријатели и тоа не само од редот на вработените туку и од оние граѓани за чии права и обврски јас одлучував. Co голема почит се сеќавам и на тогашните претседатели на Собранието на општина Идадија со кои имав чест и задоволство да соработувам. Тоа беа: Александар Спасовски, Коле Јордановски, Тошо Смилевски, Томислав Папеш и Негре Новаковски. Изминаа моите десет пензионерски години. Во нив успеав настаните што ми се случија, а и оние што ги дознав, спомените на мојот Град и на познатите и непознатите личности, како и тегобите од минатото кои не ме оставаат рамнодушен, да ги забележам и трајно да ги оттргнам од заборавот напишувајќи „Роман за Скопје“, чие појавување пред читателите го очекувам наскоро.“ Димче Мешковски
ПРЕДАВАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАКИМОВСКИ ПРЕД ИДНИТЕ ПРАВНИЦИ
КОЛКУ Е САМОСТОЈНА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
Како беше донесен актуелниот Закон за локална самоуправа, колку локалната власт е самостојна и функционална, до каде е фискалната децентрализација, кои се проблемите со централната власт, но и како тече соработката со градските власти и со другите општини, беа дел од темите на кои градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, одржа едночасовно предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Пред околу 200 студенти од политички студии, но и постдипломци, Јакимовски говореше за локалната самоуправа, децентрализацијата и нејзиното функционирање во практиката и проблемите со кои, притоа, се соочува Општина Карпош. „Локалната власт е онаа која е најблиска до граѓаните и до нивните секојдневни проблеми, и нормално е таа да е тој авторитет кому прво ќе му се обратат и кој треба нив да им ги реши. Меѓутоа, се уште не постои јасна дистинкција и има непознавање кај луѓето што е надлежност на општинската, а што на градската или на централната власт. На локално ниво, централната власт најмногу ингеренции има префрлено во областа на урбанизмот, донесувањето и реализацијата на деталните урбанистички планови. Но затоа, пак, има потреба од поголема фискална децентрализација, односно јакнење на финансиската моќ на општините. Притоа, во тој поглед треба да има поголема „разиграност“ во тоа кои даноци и такси одат кај локалните власти како најголеми алиментатори на општинските буџети, но и слобода во одлучување за стапката на оданочување, кај локалните давачки со што ќе се внесе конкуренција во привлекување на инвестиции и инвеститори во различни општини. Надлежности кои исто така може да се децентрализираат се и комуналната хигиена, средување на зеленилото, вработувањето во предучилишните установи и основните училишта и сл. Градоначалниците на општините, рече на крајот градоначалникот на Карпош, колку и да припаѓаат на различни политички партии и водат меѓусебна остра „политичка битка“, сепак, во рамките на нивната асоцијација ЗЕЛС, постои извонредна соработка и речиси нема никакви разидувања околу решавањето на проблемите.“ Она што најмногу ги интересираше студентите и околу што го прашуваа градоначалникот Јакимовски за искуствата на Општина Карпош, беше историјатот на инвестицијата „Влајко“ и нејзините перспективи, кои се најголемите инвестиции кои ги очекува Општина Карпош на своја територија, како и начинот како Општината го поддржува групниот спорт. 25
Д-р Патрик Поповски, Советник за спорт и култура
СПОРТ, РОДИТЕЛ И ДЕТЕ Кога се работи за децата, влијанието на адекватните физички активности врз нивниот раст и развојот е просто речено еден вид на благодет. Непосредните физиолошки ефекти од физичкото вежбање се подобрување на циркулацијата, побрза размена на материите во организмот (подобрување на метаболизмот), ефикасна елиминација на непотребните супстанци од организмот, што сè заедно доведува до значајно подобрување за функционирање на организмот. Позитивните ефекти од физичката активност се препознаваат и во правилниот раст и развој на коските и мускулите, се јакнат одбранбените способности на организмот, но и во формирањето и созревањето на личноста на детето. Дефинитивно, нема дилема во поглед од значењето на физичката активност за телесниот и духовен развој на детето, но постојат и бројни прашања од страна на родителите за евентуалното занимање на нивните деца со спорт кои, ние, во овој текст ќе се потрудиме делумно да ги одговориме и да ги објасниме.
Кога детето треба да почне со спорт? Во првата година од животот кај детето доаѓа до брзо созревање на нервниот систем и е проследено со зголемена активност која е крунисана со проодување. Првиот и најдобар спорт е детската игра. Во предучилишната возраст голем број на деца покажуваат наклонетост за одреден спорт. Спортот, за разлика од обичната игра, подразбира 26
Кој спорт да се одбере?
ПОСТОЈАТ БРОЈНИ ПРАШАЊА ОД СТРАНА НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА ЕВЕНТУАЛНОТО ЗАНИМАЊЕ НА НИВНИТЕ ДЕЦА СО СПОРТ КОИ НИЕ ВО ОВОЈ ТЕКСТ ЌЕ СЕ ПОТРУДИМЕ ДЕЛУМНО ДА ГИ ОДГОВОРИМЕ И ДА ГИ ОБЈАСНИМЕ. одредени правила и секогаш постои цел која треба да се исполни. Тешко е да се направи процена кога детето е спремно детската игра да ја замени со спорт. Тоа пред сè зависи од заинтересираноста и зрелоста на детето. За секој спорт постои препорака кога е најдобро да се почне со тренинг, но генерално може да се каже дека континуираното активно занимавање со напор е несоодветно за предучилишната возраст.
Чест е случајот кога постои недоразбирање помеѓу децата и (преамбициозните) родителите, што како по непишано правило, не секогаш се завршува на најдобар начин. Затоа треба да се почитува желбата на детето, да се охрабри и да се афирмира во спортот кој што сам ќе го одбере, дури и тогаш кога детето ќе се предомисли и ќе побара нов спорт. И тогаш треба детето да се испочитува. Кога детето ќе посака активно да се занимава со некој од спортовите, потребно е силно да се поддржи во таа негова намера, нека проба дали саканиот спорт што сам ќе го одбере го исполнува и го радува. Не може од детето да се очекува „зрела” процена за одредена физичка активност која што нему најмногу би му одговарала. Идеално е детето да го запознаеме со различни спортови, па неговиот избор ќе биде многу полесен. Улогата на родителот во вакви ситуации е од големо значење, бидејќи најприродниот начин на почетно предупредување кај детето со спорт е негово гледање. Така детето ќе препознае занимливост во активноста и ќе се обиде само да ги повтори основните движења што само ги видело.
Дали е неопходно да го зачлените детето во спортски клуб? За позитивните ефекти од физичката активност доволен е и рекреативниот спорт, но се разбира да има редовност и континуираност како би се развила навика за рекреација или одредена спортска дисциплина. Ако детето изрази желба за спорт и
го надмине рекреативното ниво, тогаш треба да се зачлени во некој спортски клуб. Пред детето да го доведеме во клуб, мораме да му посочиме за различноста на компетитивниот (натпреварувачки) спорт. Активното тренирање подразбира многу одрекнувања, многу работа, дисциплина, а клупската обврска бара поголема организација на слободното време. На детето не треба да му се створи непотребен притисок од евентуален неуспех, туку треба да се охрабри или да го пуштиме да се откаже доколку системот на работа не му одговара.
Може ли активното занимавање со спорт да го загрози успехот на детето во училиштето? Често можеме да чуеме изјави од родителите како на пример: „ако тренира нема да учи“ или „батали топка она ќе го оддалечи од училиштето”. Покрај бројните позитивни страни што спортот ги нуди за развој на детето, значајно влијание има и врз социјалниот и менталниот развој на детето. Поголемиот број од спортовите, а посебно колективните спортови, бараат голема спортска интелегенција која позитивно влијае врз развојот на општата креативност кај детето. Со тренинзите кај детето се развива осет за одговорност и дисциплина кои се од голема помош за учење и совладување на училишната материја. Спортот дава можност детето да се ослободи од вишокот „негативна енергија”. Познато е дека секое дете со себе носи затскриена агресивност која најдобро се ослободува со остварување на спортските цели. И победата и поразот се проследени со силни емоционални изливи, а по тренингот или натпреварот, следи туширање и добро јадење, па децата се чувствуваат фантастично. Долг е списокот на успешни професори, инженери, адвокати, лекари и други занимања кои постигнале значаен професионален успех, а паралелно со тоа активно се занимавале со спорт. За среќа таквото определување се случува во позрелите години, па младите имаат доволно време да созреат и со помош на своите родители да одлучат што ќе бидат кога ќе пораснат.
ЕДУКАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СЕДМО И ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ ОД КАРПОШ
Како да се пресретне дијабетот? ДИЈАБЕТОТ, БОЛЕСТ НА ДЕНЕШНИНАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ САМО ОД ЕСТЕТСКИ ТУКУ, ПРЕД СЕ ОД ЗДРАВСТВЕН АСПЕКТ.
Дијабетот, како болест на совремието, кое зема се поголем замав уривајќи ја удолу и старосната граница, беше предмет на едукација на децата од Карпош, од училишна возраст. Во просториите на основните училишта, кои гравитираат на територијата на Општина Карпош, во неколку наврати беше одржана тематска едукација на учениците во повисоките класови од основното образование. Темата на едукацијата беше запознавање на учениците со дијабетот како болест на денешницата и дебелината, која се повеќе се јавува како проблем кај младата популација, а која е непожелна не само од естетски, туку, ако не и првенствено, и од здравствен аспект. Главната причина за развојот на дијабетот, како што беше есенцијално издвоено на едикацијата, се неправилна исхрана и лоши животни навики. Токму затоа, превенцијата од дијабет и непожелната дебелина систематски беа обработени и анализирани преку поттемите: здрава храна, алтернативи на омилена храна, физичка активност и читање на етикети на производи. Сите овие упоришта, ако доследно се следат и применуваат, може да се клучни во избегнувањето на појавата на дијабет. Предавањето го следеа ученици од шесто и седмо одделение, како група која е подготвена да ја совлада и разбере темата на предавањето, а воедно и да ја применува понатаму во својот живот. Ваквите едукации се првиот, но и клучен чекор, кој треба да се преземе со цел идните поколенија да израснат во здраво население со здрави животни навики. Предавањето беше презентирано на експлицитен и прифатлив начин за школската популација, со Power point презентација, богато со слики за подобра визуелизација, а со тоа и подобар прием за слушателите. Учениците интерактивно учествуваа со свои примери, гледишта и ставови околу обработените теми. На крајот, посетителите на оваа обука, пополнија анонимен тест со цел да се види начинот и степенот на восприемање на едукацијата. На тестот беа поставени прашања од презентираните теми, а истиот учениците го решија позитивно, што кажува дека со големо внимание го следеа предавањето а воедно целата тема ја усвоиле со успех.
27
Локален економски развој
ВО ГОРЕЊСКА УЧЕВМЕ КАКО УСПЕШНО СЕ ТРОШАТ ЕУ ФОНДОВИТЕ
ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАД ВО ЦЕЉЕ Во периодот од 16-19 мај, 2010 година, во организација на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и БСЦ Регионалната развојна агенција – Горењска, беше организирано студиско патување на 31 претставник од скопските општини, меѓу кои имаше три претставници од различни сектори од Општина Карпош. За време на студиското патување, вработените од општинската администрација имаа можност да се здобијат со нови искуства и информации во делот на изработка на проектни апликации за користење на ЕУ фондови, како и согледување на позитивните и на негативните страни за време
на управување со проекти. Исто така за време на четиридневната посета беа посетени и објекти од јавен каратер кои се изградени/рекунструирани со средства од ЕУ фондовите. Во Крањ нашата делегација го посети Центарот за лица со посебни потреби, во Љубљана беше посетен најголемиот Технолошки парк FIDIBE изграден со помош на средства од ЕУ, општината и бизнис секторот, а во Цеље беше посетен Регионалниот центар за собирање и рециклирање на отпад. По враќањето од студиското патување Општина Карпош ќе добие техничка помош од страна на Регионалната развојна агенција – Горењска, за подготовка на четири проекти од областа на туризмот, социјалата, енергетската ефикасност, спортот и образованието, кои следната година ќе бидат поднесени за добивање на европски средства. ПОСЕТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО КРАЊ
28
РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ОПШТИНА КАРПОШ
Анализа на резултатите од анкета Општина Карпош, во соработка со невладината Европска цивилна организација, во текот на месец април и мај 2010 на организираше и спроведе анкета на фирмите кои работаат на територија на Општина Карпош, Оваа активност е една од чекорите кон подлабока соработка помеѓу Општината и приватниот сектор. Целта на анкетата беше да се нотираат фирмите и нивните најголеми проблеми но и потреби, како и тоа како фирмите ја оценуваат соработката со
Општината и како да се подобри комуникацијата со локалната самоуправа. Преку спроведената анкета требаше да се потврди или да се негира потребата за формирање на Бизнис Центар за поддршка и вмрежување на приватниот сектор, но преку реализација и функционирање на истиот да дојде и до зајакнување на капацитетот на локалната самоуправа и нејзино доближување до приватниот сектор.
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО Резултатите несомнено покажуваат дека во Општината има фирми кои се занимаваат со сите дејности, производство, трговија и услуги, но и фирми кои практицираат повеќе од една дејност.
Соработка со општината Во првиот дел на анализата, одговорите се однесуваат на релацијата и односот помеѓу приватниот сектор и Општината Карпош. Во однос на задоволството од остварената соработка со Општината, 42% од испитаниците одговориле позитивно, а мислеле на вниманието кое Општината го посветува на сите субјекти на територијата, проектите и зафатите кои ги презема и тука во најголем дел се мисли на инфрастуктурните и урбаните зафати.
Подобрување на соработката Голем дел од испитаниците бараат поддршка од Општината во решавање на инфраструктурните и други проблеми од областа на дејноста, и се сигурни дека доколку Општината се вклучи во решавање на ваквите проблеми, соработката ќе се подобри. Како трета по големина форма на соработка е заедничката бизнис соработка во смисла на заеднички проекти, вмрежување и слично, концепт на кој треба повнимателно да му се пристапи. Значителетн дел од анкетирините фирми изјавиле дека се заинтересирани за активностите кои ги презема Општината. Ваквата голема заинтересираност треба да се толкува гледана преку две перспективи. Една перспектива се однесува на активностите кои ја засегаат дејноста на фирмите, а се мисли на активностите кои ке се организираат во иднина. Другата перспектива се однесува на тоа што фирмите би биле заинтересирани да остварат
профит од активностие на Општината. Во сличен контекст треба да се сфатат и да се толкуваат одговорите поврзани со настаните кои ги организира општината.
Фирмите и нивното работење Во услужната дејност доминираат микро фирми, односно мали фирми со најмногу 10 вработени. На ова група отпаѓаат околу 76% од фирмите во Општина Карпош. Додека останатите фирми, гру29
пирани како фирми со 10-30 вработени, се околу 7% од анкетираните, а со толкав процент се застапени и фирмите со над 30 вработени.
Фирмите и нивните пазари Фирмите од Општина Карпош во најголема мера своите услуги ги нудат и ги продаваат на домашниот пазар (Македонија), што е и разбирливо имајќи ја предвид големината на фирмите и нивните продажби. Видно е дека фирмите кои се присутни на странските пазари најзастапени се во соседните држави, односно најмногу се продава на пазарите на поранешна Југославија и Албанија.
Планови за развој Поголем дел од фирмите размилсуваат за својот развој и таквиот пристап го имаат интегрирано во своето секојдневно работење, што се гледа од прикажаните резултати. Над 74 % одоговориле дека плановите за развој ги прават врз основа на потребите на фирмата, односно врз основа на повеќе финансиски средства или нова опрема и капацитети, а само мал дел врз основа на потребите на пазарот. Ова зборува дека пристапот на фирмите е многу интровертен и дека можеби вреди да се испробаат можностите, плановите за развој да се прават врз основа на потребите на пазарот. Во секој случај, комбиниран пристап би бил идеален.
ПРОБЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ Постои непишано правило во приватниот сектор дека малите бизниси имаат големи проблеми, додека големите бизниси полесно ги решаваат проблемите. Проблемите на малите фирми се поврзани со опстанокот на пазарот, неповолни услови за развој и недостигот на средства. На ова листа треба да се додадат и слабата куповна моќ на населението, големата конкуренција и негативните ефекти од економската криза која најповеќе ги погоди малите фирми во чија група спаѓаат најголем број од фирмите на територија на Општина Карпош. Од друга страна, пак, треба исто така да се направи паралела и со причините за отворање на сопствен бизнис кои во голема мера ја дефинираат реалноста во која фирмите егзистираат. Така на пример, пристапот на оние кои отпочале сопствен бизнис водени од желбата да направат пари, ќе се разликува од оние кои отпочнале бизнис водени од идејата или производот. Овие причини го дефинираат и ризикот кој фирмите се подготвени да го преземат, а оттаму и предизиците со кои се соочуваат. Поради битноста на ова прашање, наведени се деталните одговори коишто се обработувани за сите групи на фирми поделени според дејноста (7 на број). Со ова се сака да се постигне појасно да се согледа сликата според дејностите и како Општината може поадекватно да одговори и да им помогне на фирмите. 30
УСЛУГИ
ПРОИВОДСТВО И ТРГОВИЈА
ПРОИЗВОДСТВО И УСЛУГИ
ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ
ТРГОВИЈА И УСЛУГИ
Од приложените резултати се гледа дека најголем предизвик кај сите фирми е да обезбедат наплата на своите услуги и производи. Понатаму доаѓаат проблемите со недостигот на финансиски средства, што како проблем е присутен веќе подолго време, и тука со добра организација фирмите на полесен начин би можеле да дојдат до финансиски средства. Гледајќи ја листата на проблеми, неизбежно е да се заклучи, дека добар дел од нив би можеле да се решат преку заедничка соработка со Општината.
НАСОКИ И ПРЕПОРАКИ:
1. Општината да формира тело кое ќе биде задолжено за дијалог и комуникација со приватниот сектор. Преку вакво тело Општината да биде присутна во изнаоѓање на решенија и одговори на предизвиците со кои се соочува приватниот сектор. А преку изнаоѓање решенија ќе се стимулира растот на приватниот сектор. 2. Одржувањето на редовни контакти со приватниот сектор треба да стане редовна практика. 3. Да се доосмисли содржината на весникот „Kaрпош Урбан“ со посебен акцент кон приватниот сектор, или да се издава ново списание наменето исклучиво за приватниот сектор. 4. Да се преиспита начинот на кој се доставува весникот „Kaрпош Урбан“. 5. Содржината на медиумите за рекламирање треба да одговараат на потребите на фирмите пред да им се понуди можност за рекламирање.
6. Воведување на стандарди и сертификати за квалитетот на работа што ќе ги прави фирмите поконкурентни на пазарот. 7. Истражување на пазарот и на клиентите како и анализирање на конкуренцијата во функција на подобрување успехот на фирмите. 8. Да се размисли за основање на фонд со кој ќе се гарантира извозот и кредитната задолженост на фирмите. 9. Преку подобро организирање, приватниот сектор може полесно да дојде до поволни кредити и искористување на фондовите на Европската Унија. 10. Планирањето на развојот и обучувањето на вработените е клучен пристап во обезбедување раст за бизнисот. 11. Потребно е јакнење на капацитетот на вработените и на службите во локалната самоуправа Карпош. 31
РАБОТНИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА УПРАВАТА И ПРАВОСУДСТВОТО
Успех на Општина Карпош!!!
Општина Карпош е севкупен победник на 16-тите работнички спортски игри и средби на Синдикатот на работниците од управата, правосудството и здруженијата на граѓани во Република Македонија. Игрите се одржаа од 3 до 6 јуни во Еуротел, Струга. Со освоени 3
32
златни, 2 сребрени, 2 бронзени медаљи и 3 четврти места, вработените на Општина Карпош според вкупните бодови во сите дисциплини беа апсолутни победници во конкуренција на 16 екипи со вкупно 500 учесници. Карпошовци го освоија првото место во фудбал за мажи,
во стрелаштво за мажи и во пинг-понг за жени. Сребрени медаљи освоија женските екипи во стрелаштво и во кошарка, а бронзени освоија одбојкарите во машка и во женска категорија, додека четврти бевме во кошарка за мажи, во трката крос и во шах.
ВЛАЕ ГО ДОБИ ТРЕТИОТ ПЕНЗИОНЕРСКИ КЛУБ Во присуство на над стотина граѓани од населбата Влае 1, беше пуштен во употреба третиот по ред клуб на пензионери на територијата на Општина Карпош. Во таа пригода, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, им порача на пензионерите долго здравје, многу заеднички моменти и дружење во мирните пензионерски денови. Новиот клуб содржи просторија и летна тераса со вкупна површина од 100 м2, каде што пензионерите ќе можат да го поминуваат свое-
то слободно време. Црвената лента од свеченото пуштање ја пресекоа градоначалникот Јакимовски и одговорниот работник на Клубот за пензионери, Коце Марковски. - Овој клуб претставува целосно реновирана просторија од некогашниот стар објект на месната заедница Влае 1. Клубот е опремен со музички систем, телевизиски апарат, шах, домино, пикадо, пинг–понг маси. Со еден збор, Општината Карпош преку овој објект обезбеди ме-
сто за рекреација и дружење на сите пензионирани лица од територијата на Општината Карпош – изјави пред присутните градоначалникот Стевчо Јакимовски. Освен тоа целосно се реновирани и просториите во месната заедница Влае 1, на улицата „Ацо Шопов“, кои ќе бидат наменети за собири и меѓусебно дружење на жителите на Влае 1 а целосно е реновиран и Младински клуб наменет за пинг понг и други спортски активности.
Општински спортски пензионерски игри На 8 мај 2010 година, во холот на ОУ „Лазо Трповски“, се одржаа 15-тите по ред, Општински спортски пензионерски игри во организација на Здружението на пензионери Карпош – Скопје. Свеченото отворање на игрите беше одбележано со пригодни говори на претседателот на Извршниот одбор на Здружението на пензионе-
ри Карпош, Трајко Савески и Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски
ОПШТИНА КАРПОШ НА ЧЕСТВУВАЊЕ ВО ЛОКОВ
Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, беше на чествувањето на 66 годишнината од формирањето на Првата македонска пролетерска народноослободителна ударна бригада во селото Локов, Струшка Малесија. На 8 јуни 1944 година, во ова село, што се наоѓа во живоописниот дел на планината
Караорман, беше формирана Првата македонска народноослободителна ударна бригада. На прославата во организација на Сојузот на борците на Македонија, присуствуваа повеќе претставници од државниот и политичкиот врв на државата, претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, министерот за одбрана Зоран Коњановски, како и градона-
кој воедно ги прогласи еднодневните игри за отворени. Свеченоста беше збогатена со изворна музика преточена од инструментите на младиот оркестар при КУД „Цветан Димов“. Во рамките на игрите се реализираа индивидуални натпревари во атлетика, куглање, пикадо, шах, табла и домино, како и традиционалното екипно влечење јаже.
чалниците на Струга, Охрид и Куманово, кои положија букети свежо цвеќе на споменикот на Првата македонска народноослободителна ударна бригада. Секоја година на свеченоста присуствуваат преживеани борци од Бригадата, претставници на боречките организации на Струга, Охрид, Битола и Скопје, на Главниот одбор на СБМ, Армијата на Република Македонија и други гости и граѓани на Струга и околните села. 33
Огласи Врз основа на член 6 од Законот за Градот Скопје („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/04), а во врска со член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), како и согласно член 23 од Статутот на Општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош“ бр. 01/06), Градоначалникот на Општина Карпош, објавува
О Г Л А С
за доделување на стипендии на талентирани ученици од основните училишта на подрачјето на Општина Карпош за учебната 2010/11 година Општина Карпош за учебната 2010/11 година ќе додели стипендии за талентирани ученици од седмо и осмо одделение од основните училишта на подрачјето на Општина Карпош. I. Услови за доделување на стипендија Право на стипендија имаат ученици кои учат во основните училишта во Општина Карпош, а ги исполнуваат следните услови: 1. Да се редовни ученици во основните училишта на Општина Карпош; 2. Да покажале солиден успех во текот на школувањето; 3. Да учествувале и покажале високи резултати во одредени области на општинско, градско, државно и меѓународно ниво, и 4. Да учествувале на разни манифестации. II. Потребни документи 1. Кратка биографија;
2. 3.
Потврда за редовен ученик; Фотокопија од свидетелствата, почнувајќи од V одделение; 4. Дипломи од учество на натпревари; 5. Пофалници, признанија, благодарници и сл.; 6. Препорака од класниот раководител или предметниот наставник, и 7. Потврда за социјалниот статус на семејството. III. Место и рок за поднесување на документите Документите може да се достават до Архивата на Општина Карпош (барака 3) или по пошта на адреса Бул. „Партизански одреди“ бр. 68 – Скопје, со назнака „за Оглас за доделување на стипендии на талентирани ученици“. РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ Е ЗАКЛУЧНО СО 31.08.2010 ГОДИНА.
О Г Л А С
за материјална поддршка на спортските клубови од подрачјето на Општина Карпош за 2010 / 11 година Се повикуваат сите заинтересирани спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош кои во своите програми и активности допринесуваат за развој на масовниот спорт и физичката култура кај децата и младите да се пријават на овој Оглас за аплицирање и добивање материјална поддршка за своето работење. Право на учество имаат сите спортски клубови кои ги исполнуваат следните критериуми: 1. Решение за дејност спорт издадно од Агенцијата за млади и спорт, а седиштето на клубот да е на територијата на Општина Карпош најмалку 2 години; 2. Спортски клуб кој работи со деца и млади исклучиво на подрачјето на Општина Карпош, најмалку 2 години;
3. Програма за работа на спортскиот клуб; 4. Степен на натпреварување на клубот – категории, и 5. Успеси на клубот во последните 5 години. (за точките 4 и 5 да се приложи и доказ од соодветната Федерација). Место и рок за поднесување на документите Документите може да се достават до Архивата на Општина Карпош (барака 3) или по пошта на адреса Бул. „Партизански одреди“ бр. 68 – Скопје, со назнака „за Оглас за доделување на стипендии на спортисти“. РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ Е ЗАКЛУЧНО СО 31.08.2010 ГОДИНА.
О Г Л А С
за доделување стипендии на спортисти од подрачјето на Општина Карпош за 2010/11 година Се известуваат сите заинтересирани спортисти од подрачјето на Општина Карпош кои со своите активности и успеси допринесуваат за развојот на спортот и физичката култура, да аплицираат за добивање стипендија. I. Услови за доделување на стипендија - Спортистот да е жител на подрачјето на Општина Карпош; - Спортистот да е најмалку на возраст од 13 години или да е ученик во седмо одделение, и - Доказ за постигнати успеси во последните три години на сите нивоа според важечките критериуми. II. Критериуми - Успеси и резултати што се постигнати и истите се во рамките на календарот на натпревари на матичните (домашни) и меѓународни федерации (на пр: WKF Светка карате федерација или ITKF Интернационална традиционална карате федерација и сл.); - Успеси и резултати потврдени со валиден документ издаден од матичната федерација;
-
Успеси и резултати постигнати на официјално државно првенство и тоа: од прво до четврто место, и - Успеси и резултати постигнати (екипно или поединечно) на: балканско, европско, светко првенство, универзијада, младински олимписки игри, олимписки игри и училишни спортски игри во организација на Општина Карпош и истите да се прогласени за најдобри поединци. III. Потребни документи - Кратка биографија, - Потврда за социјалниот статус на семејството. IV. Место и рок за поднесување на документите Документите може да се достават до Архивата на Општина Карпош (барака 3) или по пошта на адреса Бул. „Партизански одреди“ бр. 68 – Скопје, со назнака „за Оглас за доделување на стипендии на спортисти“. РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ Е ЗАКЛУЧНО СО 31.08.2010 ГОДИНА.
ОПШТИНА КАРПОШ 34
Занимливости Зборот Палиндром во енигматиката произлегува од грчкиот збор (palin-nanazad+dromos-пат). Тоа е вид на загонетка; збор или фраза која може да се чита подеднакво во двата правци, притоа задржувајќи ја истата смисла. SATOR AREPO TENET OPERA ROTAS - познат палиндром, составен од латински зборови, сместени во квадрат, но на таков начин, што зборовите се читаат подеднакво оддесно налево, од лево надесно, одозгора надолу и оддолу нагоре. Два најрани натписи беа откриени на руините на древноримскиот град Помпеја, кој беше уништен како резултат на активноста на вулканот Везув во 79 г. од н.е. Најчесто палиндромот се преведува од латински јазик на следниот начин: Sator-сејач, земјоделец; arepo-измислено машко име; tenet-држи; opera-работа; rotas-тркала или плуг. Конечно фразата звучи приближно така: „Сејачот Арепо со мака ги задржува тркалата“
Во продолжение можете да проследите неколку палиндроми на македонски јазик: 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Нели не си ти сенилен? Е, не чини, циничен е! Јадење и пиење дај! Му нема рамен ум! Е, неженет е! Ете нежен е! И Мајами има јами! Ама сон! Анита оди и до Атина. Но сама! 8. Е, навечер тоне денот, рече Ване! 9. Попаѓа раѓа поп? 10. Ела рече, веќе вечерале!
ИЗГОТВИЛ: КАРАЏА 2010
Од антички времиња многумина сметале дека квадратот има магични својства. Обидувајќи се да ја разгатнат таинствената смисла на фразата, раните христијани откриле дека фразата е и анаграм т.е. со преместување на буквите со единствена буква „N“ се добива изразот PATER NOSTER што во превод од латински означува „Оче наш“ - назив на една од основните христијански молитви. Останатите букви „А“ и „О“ ги симболизираат „алфа и омега“. Зборовите PATERNOSTER ги прикажуваа во вид на грчки крст, а буквите „А“ и „О“ ги ставаа во меѓупросторот. --------------------------------------------------------Заинтересираните можат да дознаат повеќе информации на: http://en.wikipedia.org/wiki/Sator_Square ---------------------------------------------------------