Партнер на Вашето здравје бр. 10

Page 1

ПАРТНЕР

НА

ВАШЕТО

бр.10 • Јуни 2022 Бесплатен примерок

СЛАВИМЕ ЈУБИЛЕЈ

30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА магазин на:


Ɉ Ɉ ɈВила Свети Ѓорѓи ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ɩɝ ɬɩɝɫɠɧɠɨ Направете го најдобриот избор за Вашиот ɩɝ ɬɩɝɫɠɧɠɨ заслужен одмор во ексклузивно – луксузните ɣ ɛɭɫɛɥɭɣɝɠɨ ɣ ɛɭɫɛɥɭɣɝɠɨ апартмани во центарот на старата чаршија на ɩɜʂɠɥɭ ɥɛɭɠɞɩɫɣɢɣɫɛɨ ɩɜʂɠɥɭ ɥɛɭɠɞɩɫɣɢɣɫɛɨ охридската ривиера во

2

ɬɩ ɭɫɣ Vɝɠɢɟɣ Направете го најдобриот избор за Вашиот ɩɝ ɬɩɝɫɠɧɠɨ ɬɩ ɭɫɣ Vɝɠɢɟɣ заслужен одмор во ексклузивно – луксузните Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ ɣ ɛɭɫɛɥɭɣɝɠɨ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ апартмани во центарот на старата чаршија на ɩɜʂɠɥɭ ɥɛɭɠɞɩɫɣɢɣɫɛɨ ɞɣ ɢɛɟɩɝɩɦɮɝɛ охридската ривиера во ɞɣ ɢɛɟɩɝɩɦɮɝɛ ɬɩ ɭɫɣ Vɝɠɢɟɣ ɪɫɠɯɣɨɠɭɣɭɠ ɝɥɮɬɩɝɣ ɪɫɠɯɣɨɠɭɣɭɠ ɝɥɮɬɩɝɣ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ ɨɛ ɬɣɭɠ ɭɮɫɣɬɭɣ ɨɛ ɬɣɭɠ ɭɮɫɣɬɭɣ ɞɣ ɢɛɟɩɝɩɦɮɝɛ ɣɟɠɛɦɠɨ ɣɢɜɩɫ ɢɛ ɣɟɠɛɦɠɨ ɣɢɜɩɫ ɢɛ ɪɫɠɯɣɨɠɭɣɭɠ ɝɥɮɬɩɝɣ ɪɫɠɬɭɩʂ ɝɩ ɉɰɫɣɟ ɝɩ ɪɫɠɬɭɩʂ ɝɩ ɉɰɫɣɟ ɝɩ ɨɛ ɬɣɭɠ ɭɮɫɣɬɭɣ ɜɣɦɩ ɥɩɠ ɞɩɟɣɳɨɩ ɜɣɦɩ ɥɩɠ ɞɩɟɣɳɨɩ ɣɟɠɛɦɠɨ ɣɢɜɩɫ ɢɛ ɝɫɠɧɠ ɝɫɠɧɠ ɪɫɠɬɭɩʂ ɝɩ ɉɰɫɣɟ ɝɩ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ ɜɣɦɩ ɥɩɠ ɞɩɟɣɳɨɩ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ ɣɧɛ ɲɠɭɣɫɣ ɭɣɪɛ ɨɛ ɝɫɠɧɠ ɣɧɛ ɲɠɭɣɫɣ ɭɣɪɛ ɨɛ ɦɮɥɬɮɢɨɩ ɩɪɫɠɧɠɨɣ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ ɛɪɛɫɭɧɛɨɣ ɬɩ ɦɮɥɬɮɢɨɩ ɩɪɫɠɧɠɨɣ ɣɧɛ ɲɠɭɣɫɣ ɭɣɪɛ ɨɛ ɭɠɫɛɬɣ ɬɩ ɪɩɞɦɠɟ ɨɛ ɛɪɛɫɭɧɛɨɣ ɬɩ ɦɮɥɬɮɢɨɩ ɩɪɫɠɧɠɨɣ ɲɛɫɳɣʂɛɭɛ ɥɮʂɨɛ ɭɠɫɛɬɣ ɬɩ ɪɩɞɦɠɟ ɨɛ ɛɪɛɫɭɧɛɨɣ ɬɩ ɥɮɪɛɭɣɦɩ ʈɛɥɮɢɣ ɲɛɫɳɣʂɛɭɛ ɥɮʂɨɛ ɭɠɫɛɬɣ ɬɩ ɪɩɞɦɠɟ ɨɛ ɭɠɦɠɝɣɢɩɫ ɥɛɜɦɩɝɬɥɛ ɥɮɪɛɭɣɦɩ ʈɛɥɮɢɣ ɲɛɫɳɣʂɛɭɛ ɥɮʂɨɛ ɭɠɦɠɝɣɢɣʂɛ ɣɨɭɠɫɨɠɭ ɥɮɪɛɭɣɦɩ ʈɛɥɮɢɣ ɭɠɦɠɝɣɢɩɫ ɥɛɜɦɩɝɬɥɛ ɥɦɣɧɛɭɣɢɠɫ ɣ ɧɣɨɣ ɭɠɦɠɝɣɢɩɫ ɥɛɜɦɩɝɬɥɛ ɭɠɦɠɝɣɢɣʂɛ ɣɨɭɠɫɨɠɭ ɜɛɫ Ɉɛɳɛɭɛ ɱɠɦ ɠ ɭɠɦɠɝɣɢɣʂɛ ɣɨɭɠɫɨɠɭ ɥɦɣɧɛɭɣɢɠɫ ɣ ɧɣɨɣ Ƚɛɳɣɩɭ ɥɩɧɯɩɫ ɣ ɥɦɣɧɛɭɣɢɠɫ ɣ ɧɣɨɣ ɜɛɫ Ɉɛɳɛɭɛ ɱɠɦ ɠ ɮɡɣɝɛʄɠ ɢɛ ɝɫɠɧɠ ɜɛɫ Ɉɛɳɛɭɛ ɱɠɦ ɠ Ƚɛɳɣɩɭ ɥɩɧɯɩɫ ɣ ɨɛ ɪɫɠɬɭɩʂɩɭ ɬɩ Ƚɛɳɣɩɭ ɥɩɧɯɩɫ ɣ ɮɡɣɝɛʄɠ ɢɛ ɝɫɠɧɠ ɢɛɟɩɝɩɦɬɭɝɩ ɟɛ ɞɣ Нов, современ и атрактивен ɮɡɣɝɛʄɠ ɢɛ ɝɫɠɧɠ ɨɛ ɪɫɠɬɭɩʂɩɭ ɬɩ ɩɬɭɝɛɫɣɧɠ ɨɛ ɪɫɠɬɭɩʂɩɭ ɬɩ објект категоризиран со ɢɛɟɩɝɩɦɬɭɝɩ ɟɛ ɞɣ ɢɛɟɩɝɩɦɬɭɝɩ ɟɛ ɞɣ Нов,ѕвезди. современ и атрактивен три Вила Свети Ѓорѓи ɩɬɭɝɛɫɣɧɠ ɩɬɭɝɛɫɣɧɠ категоризиран со гиобјект задоволува префинетите ɣɟ три ѕвезди. Вилатуристи, Свети Ѓорѓи ɉɰɫ ɫ вкусови на сите идеален ɜ ɝ ɣɨɲɠ ги задоволува префинетите ɫ ɛ ɟ ɇ избор за престој во Охрид, во било кое годишно ɫ ɉɰɫɣ ɰɫɣɟ ɞɣɫвреме. ɫ Ȼ вкусови на сите туристи, идеален ɉ Ɉɛɪɫɛɝɠɭɠ ɞɩ Ƚɛɳɣɩɭ ɜ ɝ ɜNɫ ɮɦ ɛɫ ɣɨɲɠ ɲUJɠLɝ P ɇ ɨ R ɦ избор за престој во Охрид, во било кое годишно време. ɣ J Ул.Аргир Маринчев бр.2, 6000 Охрид ɠ ɫ L ɫ W ɍ ɣ ɨɛʂɟɩɜɛɫ ɣɢɜɩɫ ɢɛ ɝɛɳɣɩɭ ɫɞ ɫLO Dɇ V Yɛ H JR U J L PN Ɉɛɪɫɛɝɠɭɠ ɞɩ Ƚɛɳɣɩɭ Y ɮɦ Ȼ ɫZ ɣ ɞ W L Z Резервации и информации на 070 336 161 ɢɛɬɦɮɡɠɨ ɩɟɧɩɫ ɝɩ ɠɥɬɥɦɮɢɣɝɨɩ ɦɮɥɬɮɢɨɣɭɠ Ȼ ɦɦZ DR V UYJ HL PN O ɮ L Y J Ул.Аргир Маринчев бр.2, 6000 Охрид WV# ɍɠ ɢɛ ɝɛɳɣɩɭ ɨɛʂɟɩɜɛɫ ɣɢɜɩɫ PNN Y HWL L LP ɛɪɛɫɭɧɛɨɣ ɝɩ ɱɠɨɭɛɫɩɭ ɨɛ ɬɭɛɫɛɭɛ ɲɛɫɳɣʂɛ ɨɛ WDLO DF J J Q www.vilasvetigorgi.mk U U R R R F Y ɦ J N WHLJWL ɍɠZZ ɢɛ ɝɛɳɣɩɭ Резервации и информации на 070 336 161 ɢɛɬɦɮɡɠɨ ɩɟɧɩɫ ɝɩ ɠɥɬɥɦɮɢɣɝɨɩ ɦɮɥɬɮɢɨɣɭɠ Z ɉɰɫɣɟɬɥɛɭɛ ɫɣɝɣɠɫɛ ɝɩ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ UJL P ODYLVODYVHY L R Y Vilasvetigjorgi Vilasvetigjorgji J # L W W Z F ɛɪɛɫɭɧɛɨɣ ɝɩ ɱɠɨɭɛɫɩɭ ɨɛ ɬɭɛɫɛɭɛ ɲɛɫɳɣʂɛ ɨɛ YH ɢɛɬɦɮɡɠɨ ɩɟɧɩɫ ɝɩ ɠɥɬɥɦɮɢɣɝɨɩ ɦɮɥɬɮɢɨɣɭɠ www.vilasvetigorgi.mk RQZWD FZ YLODV # W ɉɰɫɣɟɬɥɛɭɛ ɫɣɝɣɠɫɛ ɝɩ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ F ɛɪɛɫɭɧɛɨɣ ɝɩ ɱɠɨɭɛɫɩɭ ɨɛ ɬɭɛɫɛɭɛ ɲɛɫɳɣʂɛ ɨɛ QWD Vilasvetigjorgi Vilasvetigjorgji

Вила Свети Ѓорѓи

Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ

Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ

Охрид Охрид Охрид

Ɉɛɪɫɛɝɠɭɠ ɞɩ Ƚɛɳɣɩɭ ɨɛʂɟɩɜɛɫ ɣɢɜɩɫ

ɉɰɫɣɟɬɥɛɭɛ ɫɣɝɣɠɫɛ ɝɩ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ

www.neuromedica.com.mk

38

FR

www.exclusive.mk Neuromedica

PZUNeuromedica


СОДРЖИНА 4 | ОБРАЌАЊЕ НА Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ 30 ГОДИНИ 5 | ОБРАЌАЊЕ НА ПРОФ. Д-Р ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

6 | ИЗЈАВИ ОД НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА 9 | НЕУРОМЕДИКА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА КОВИД-19 10 | СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ПРИВАТНАТА БОЛНИЦА НЕУРОМЕДИКА И ДСМУ Д-Р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ

11 | БОЛНИЦАТА НЕУРОМЕДИКА ВЛЕЗЕ ВО "ЦРВЕНО-ЦРНОТО" СЕМЕЈСТВО 12 | МОЗОЧНО ХЕРНИРАЊЕ ВО ТРАНСВЕРЗАЛЕН ВЕНСКИ СИНУС

(ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ) Пишува: ПРОФ. Д-Р МИОДРАГ ВРЧАКОВСКИ - Спец. неврорадиолог

14 | СМИСЛАТА НА НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ

Пишува: ПРОФ. Д-Р МЕТОДИ ЧЕПРЕГАНОВ - Спец. по невропсихијатар и епилептолог

16 | ГАСТРОЕЗОФАГЕАЛНА РЕФЛУКСНА БОЛЕСТ (ГЕРБ)

Пишува: Прим. Д-р Лилјана Даниловска Милошевска Спец. по интерна медицина и супспецијалист по гастроентерохепатологија

18 | БЕНИГНИ КОСКЕНИ ТУМОРИ И СЛИЧНИ СОСТОJБИ НА ТУМОРИТЕ КАЈ ДЕЦА И МЛАДИНЦИ Пишува: ПРОФ. Д-Р ЃОРЃИ ЗАФИРОСКИ Спец. по ортопедска хирургија и трауматологија

22 | ЛАРВА МИГРАНС

Пишува: Д-Р ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - Спец. дерматовенеролог

24 | ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕГЛЕДИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

Пишува: M-Р Д-Р ЕЛИЗАБЕТА МИЛАНОВА - Спец. по гинекологија и акушерство

26 | АЛЕРГИЈА И АНЕСТЕЗИЈА

Пишува: Д-Р ЈОВАН МЕЛОСКИ - Анестезиолог

28 | БОЛЕСТИ НА ПЕРИФЕРНИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ - КОГА ДА СЕ ПОСЕТИ НЕВРОЛОГ?

Издава: ПЗУ НЕУРОМЕДИКА Уредник: М-р Аритон Кандикјан Oрганизација: Маркетинг сектор НЕУРОМЕДИКА Стручни соработници: Спец. Д-р Емил УгриновскиДиректор на Неуромедика Проф. Д-р Миодраг Врчаковски Проф. Д-р Методи Чепреганов Проф. Д-р Ѓорѓи Зафироски Проф. Д-р Љупчо Лековски Прим. Д-р Лилјана Даниловска Милошевска Прим. Д-р Лидија ДубровскаМилетиќ Спец. Д-р Елизабета Миланова Спец. Д-р Зоран Јовановски Спец. Д-р Јован Мелоски Спец. Д-р Марија Милановска Спец. Д-р Кирил Петковски Спец. Д-р Фиданчо Трајановски Фотографија: Приватна архива на Неуромедика/Интернет Дизајн: Европа92 - Кочани Печат: Европа92 - Кочани

Пишува: Д-Р МАРИЈА МИЛАНОВСКА - Спец. по Неврологија

ПАРТНЕР

30 | ИНТРАНАЗАЛНИ СТЕРОИДИ ВО ТРЕТМАН НА АЛЕРГИСКИ РИНИТИС

НА

ВАШЕТО

Пишува: ПРИМ. Д-Р ЛИДИЈА ДУБРОВСКА – МИЛЕТИЌ - Спец. по ОРЛ

бр.10 • Јуни 2022

THREAPY (ШОКВЕЈВ ТЕРАПИЈА) 34 | SHOCKWAVE Пишува: Д-Р ФИДАНЧО ТРАЈАНОВСКИ - Спец. по физикална медицина и рехабилитација

Бесплатен примерок

КРИВ ВРАТ 32 | ВРОДЕН Пишува: Д-Р КИРИЛ ПЕТКОВСКИ - Спец. по ортопедија

36 | РАК НА ПРОСТАТА

Пишува: ПРОФ. Д-Р ЉУПЧО ЛЕКОВСКИ - Спец. по урологија СЛАВИМЕ ЈУБИЛЕЈ

30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА магазин на: на:

НЕУРОМЕДИКА Неуромедика Болница - Since 1992 Јордан Мијалков бр. 62,1000 Скопје neuromedica@neuromedica.com.mk

Дирекција: 02/3 114-023 | Центар: 02/3 133-313, 13 301 Куманово: 031/414-033 | Кукуш, Грција: + 302 341 022-060

www.neuromedica.com.mk


4

ОБРАЌАЊЕ НА Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА Во времето кога еден стар систем полека, но сигурно го губеше тлото, а новиот капиталистички срамно почнуваше да се наметнува на територијата на Македонија, да се мисли за поинакво здравство од стариот систем речиси да беше невозможно да се замисли. Но, имаше луѓе кои мислеа поинаку... Во далечната 1992 година со многу желба, со огромна визија и пред сè водени од идејата за модерно и современо здравство, семејството Угриновски ја основа Неуромедика. Со малку средства и во скромни услови, почетоците беа тешки и макотрпни, но Неуромедика чекореше смело, чекор по чекор, од ден во ден вербата од пациентите во неа растеше, се ѕидаше тула по тула, се водеше грижа за секој пациент, нешто што не беше замисливо во тогашното здравство. Успесите и насмевките на задоволните пациенти беа мотив да се продолжи понатаму... Неуромедика растеше, се развиваше... Современите мои визии како млад менаџер беа насочени надвор од нашите граници. Кога моите соработници и пријатели ја слушаа мојата желба да се отворат дијагностички центри во Кукуш, Р. Грција, сите сметаа дека не ја зборувам вистината или дека сум луд. Но, успешноста и знаењето го покажаа спротивното. Се отворија и центри во Куманово, Кочани, Битола, Штип, Тетово. Полека, но сигурно Неуромедика растешe и се развиваше, за да во 2017 година го достигнеме врвот со изградба на болницата Неуромедика. Модерна и современа болница изградена по сите најнови светски и архитектонски стандарди за вакви градби. Болница како бисер на нашиот бренд, изградена со чисто македонски капитал давајќи му акцент и правејќи нè горди што Неуромедика е чисто македонски бренд по светски критериуми и стандарди. Но, не беше овие 30 години сè така лесно и глатко, требаше да се опстои на сите промени, транзиции, реформи, за жал имаше и ниски удари. Секоја препрека ја минувавме успешно и ни даваше нова сила, повеќе мотивација и повеќе цврстина да се чекори напред. И на крај, сакам да изразам едно ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ кон сите поранешни вработени и соработници кои ѕидаа тула по тула во куќата наречена НЕУРОМЕДИКА, едно ГОЛЕМО, ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ кон сите сегашни вработени кои успешно допринесуваат да се услужат над 130.000 пациенти годишно и едно ГОЛЕМО, ГОЛЕМО, ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ кон моето семејство Угриновски кое веруваше во мене и ми ја доверија задачата да ја водам оваа навистина успешна фирма.

Нека ни е честит јубилејот 30 години Неуромедика! Д-р Емил Угриновски Генерален менаџер www.neuromedica.com.mk


5

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ОБРАЌАЊЕ НА ПРОФ. Д-Р ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА „Ако тоа профункционира, јас ќе си ја изедам дипломата!“. Во далечната 1992 година, тоа беа зборовите на мој пријател, реномиран и познат правник, на кого прв му ја соопштив идејата за отварање на приватна здравствена установа. Аргументите му беа навистина издржани и силни: „зошто некој би плаќал здравствена услуга во приватна амбуланта кога тоа може да го добие бесплатно во јавна установа?“ Тоа прашање, секако, и јас си го поставив. Мојот одговор беше: „затоа што ние ќе нудиме ред, почитување на термините, пријатен амбиент, професионалност, љубезен персонал и современа медицинска апаратура…“ И покрај првичните сомнежи на сите мои пријатели и колеги, јас пристапив кон реализација на мојата „луда“ идеја. Тука почнува вториот дел од приказната – борба со бирократијата и администрацијата што по многу поминати препреки и процедури, сè заврши во најдобар ред. Следниот потфат беше да се најде персонал. Први вработени беа медицинската сестра Катерина Серафимовска, Д-р Маја Мрмова и Д-р Јасна Јермилова кои буквално беа дојдени од школските клупи без никакво искуство, но многу бргу се вклопија во работата и ги прифатија сите правила и постулати кои важат и се почитуваат до денес. Следуваше вработување на искусни и реномирани доктори: Д-р Александар Андоновиќ спец. по општа медицина, Д-р Павле Павлов спец. невропсихијатар и Д-р Миодраг Тодоровиќ спец. хирург. Секој од нив остави свој печат и голем придонес во понатамошната работа и придонес за реномето на Неуромедика. За кратко време Неуромедика постана најголема приватна здравствена организација во Р. Македонија и за мене, зафатен со редовните работни и други обврски, раководењето со овој „гигант“ веќе беше невозможно. За среќа, мојот син Д-р Емил Угриновски многу рано ги покажа своите менаџерски способности и успешно го презеде понатамошното раководење што резултираше со голема експанзија на брендот на цела територија на Р. Македонија, раст на бројот на пациенти и клиенти, зголемување и проширување на дејноста и специјалностите. Организацијата беше во постојан подем и раст, се отворија повеќе поликлиники на повеќе локации во Скопје, во Битола, Тетово, Кочани, Штип, Куманово, па дури и дијагностички центар во Кукуш, Р. Грција. Она што е круна на целиот развој е секако изградбата и отворањето на најсовремена болница во центарот на Скопје. Сето тоа беше проследено со многу нови вработувања, воведување на напредна и современа дијагностичка и медицинска опрема, набавка на санитетски возила и други логистички капацитети. Сакам да упатам голема благодарност и признание до сите вработени во Неуромедика кои со својот труд, знаење и искуство направија Неуромедика да постане реномиран и препознатлив бренд во македонскиот здравствен систем. На нашите пациенти и клиенти би сакал да им дадам особена благодарност што ни го доверуваат нивното највредно, нивното здравје, и нè препознаваат како партнер на нивното здравје. Neuromedica

PZUNeuromedica


6

ИЗЈАВИ ОД НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА М-р Аритон Кандикјан

Менаџер во Болница Неуромедика Повеќе од 9 години сум дел од семејството наречено Неуромедика. Започнав да работам како млад кадар на одговорна позиција, но со труд и голема посветеност за брзо време успеав да ја добијам довербата од Генералниот менаџер Д-р Емил Угриновски да менаџирам со сите процеси и ресурси на компанијата, воедно и со многу бројни проекти, меѓу кои би го издвоил најголемиот, воедно и најзначаен, a тоа е проектот «БОЛНИЦА НЕУРОМЕДИКА». Посебно ме исполнува и радува динамиката, секој подвиг, секој раст, новитетите што ги имплементираме, воедно и зголемувањето на критериумите за квалтитетно здравство во државата и регионот. Горд сум на успесите и среќен што сум дел од оваа компанија! Среќен 30-ти роденден Неуромедика, да ни се множат успесите заедно!

Проф. Д-р. Миодраг Врчаковски Кога пред 6 години се вработив во Неуромедика пред мене се отвори портата на креативност! Дојдов во работна средина која како да беше создадена за мене. Јас сум ергохолик и работата ми претставува огромно задоволство и извор на непресушна креативна енергија. Во овој период се родија голем број на стручни публикации презентирани пред светот, се роди и мојата најнова книга “Вистината за Дискусхерентните”, која наскоро ќе ја презентирам пред пошироката јавност. Исто така, се родија и многу музички дела кои станаа популарни на YouTube. По поводот јубилејот и 30-ти роденден на Неуромедика искомпонирав и специјална песна која ќе биде промовирана на гала прославата на 8 Јуни 2022г. Среќен ти роденден сакана моја Неуромедика и засекогаш заедно!

www.neuromedica.com.mk


7

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Проф. Д-Р Методи Чепреганов Со голема почит, достоинство и дигнитет сум вработен во Неуромедика повеќе од 20 години. Имам апсолутно голема доверба во менаџментот на клиниката кој ги извршува сите работи на највисоко професионално ниво. Во ист контекст се трудам да ги исполнам сите професионални обврски во врска со дијагнозата и лекување на пациентите. Задоволни и оздравени пациенти се мојата најголема сатисфакција и нешто што ме прави најсреќен! Во иднина посакувам да се одржи нивото на високата професионалност на реномираната установа. Неуромедика, честит 30-ти јубилеен роденден.

Проф. Д-р Ѓорѓе Зафировски Повеќе од 4 години работам во болницата Неуромедика, а соработувам од нејзиниот почеток, а тоа се цели 30 години! Со задоволство можам да кажам дека медицинските услуги од областа на ортопедската хирургија и трауматологија, како и од сите други области се со врвен квалитет. Дијагностиката и оперативните интервенции се максимално квалитетни и брзи. Во нашата болница доаѓаат на лекување пациенти од целиот регион и пошироко. Среќен 30-ти роденден Неуромедика, да бидеш вечна и успешна!

Проф. Д-р Александар Караѓозов Во болницата Неуромедка сум скоро две години. При приемот прво побарав да бидам запознаен со просторните и болничките услови, потоа инструментариумот и операционите сали, како и организацијата на работата. Заклучокот беше дека условите се врвни и се можни мултидисциплинарни приоди кон пациентите со кадровски афирмирани стручни лица. Сето ова дава за право да се вклопам во системот на работа во ова установа. Исто така, можно е да се изведуваат разновидни операции, меѓу кои и абдоминални операции. За мене кој што имам сè уште интелектуален, физички и професионален потенцијал и искуство, претставуваше шанса за продолжеток на мојата хируршка кариера. Како прва приватна здравствена установа во Р. Македонија можам да и посакам и честитам понатамошен успех! Neuromedica

PZUNeuromedica


8

Д-р Марија Милановска Да се биде дел од НЕУРОМЕДИКА е во исто време огромна чест и голема одговорност. Оваа година НЕУРОМЕДИКА слави јубилеј, а јас испишувам 7 години успешна приказна, како дел од најдобриот тим. Во оваа пригода сакам да се заблагодарам на нашиот почитуван Д-р Емил Угриновски, за укажаната доверба и пружената шанса да се биде дел од најдобрата здравствена институција во регионот и пошироко.

Проф. Д-р Александар Пушевски Јас сум вработен во Неуромедика веќе 17 години како ревматолог. Си ја сакам ревматологијата и мојата работа со пациентите. Неуромедика е мојот втор дом каде што се исполнувам од мојата стручност во секој поглед. Неуромедика ми овозможува комплетна дијагностика за секој поединечен случај. Како во дијагностиката така и за следењето на пациентите. Неуромедика нуди комплетни услови за секој поединец кој што сака да работи и да напредува во неговата стручна област. Јас сум сигурен дека Неуромедика ќе напредува многу повеќе во сите домени на медицината и ќе остане најреномираната здравствена установа во државава!

Проф. Д-р Мирче Симеонов Моето искуство како хирург во Неуромедика започна пред 4 години. Претходното мое искуство во однос на квалитетот на услугата и на расположливиот материјал потребен за истиот, од претходното мое искуство од 42 години во најпознатите домашни и странски болници, можам со сигурност да тврдам дека условите за работа во Неуромедикa се на највисоко ниво! Дијагностичката процедура е на врвно ниво со врвни експерти како Проф. Д-р Миодраг Врчаковски. Можноста за третман со максимално опремена операциона сала со РТГ контрола за време на операција овозможува минимум инвазивна хирургија. Автоскопската хирургија е со комплетна опрема која овозможува минимум инвазивна терапија. Честит јубилеј! www.neuromedica.com.mk


9

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Неуромедика против пандемијата Ковид-19

Н

еуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија, кој веќе 30 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита на пациентите. Како и сите здравствени институции во светот што беа засегнати се бореа, и сè уште се борат, повеќе од две години со пандемијата, така и Неуромедика успешно се бореше и бори со предизвиците што ги донесе вирусот Ковид-19. Нашиот придонес во општеството во борбата против пандемијата е огромен. Со нашите медицински услуги помогнавме на огромен број пациенти да се справат полесно со болестите предизвикани од вирусот Ковид-19.

Иако силата на пандемијата е значително опадната поради стекнатиот имунитет кај населението, опасноста од сериозни последици од истата е сè уште присутна. Ние како болница со целиот наш медицински тим сме подготвени да се справуваме со предизвиците кои ги носи оваа подмолна заразна болест. Нашите лекари и нашите болнички и логистички капацитети се ставени на располагање на потребите на нашите граѓани. Повеќе од 27 месеци активно сме на ангажирани со целиот наш тим во борбата против пандемијата. Оптимисти сме дека со тек на време општеството и науката ќе ја победи оваа болест и дека само ќе остане дел од историјата на човештвото.

Neuromedica

PZUNeuromedica


10

СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ПРИВАТНАТА БОЛНИЦА НЕУРОМЕДИКА И ДСМУ Д-Р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ

Изминатата година една наша идеја и желба стана реалност – воспоставување соработка помеѓу приватната болница Неуромедика и ДСМУ Д-р Панче Караѓозов.

www.neuromedica.com.mk

Учениците од ДСМУ Д-р Панче Караѓозов во склоп на образовниот процес, својата практичната настава и феријалната пракса ќе имаат можност да ја извршуваат во приватната болница Неуромедика и да бидат вклучени во работните процеси на болницата, со цел - посовремен и поквалитетен образовен процес за ученици и квалитетно едуциран медицински кадар во иднина. Ни претставува особена чест и задоволство што болницата Неуромедика е првата приватна установа која е дел од овој проект и ќе се залагме да создадеме промени во образовниот систем за да ги направиме нашите идни медицински лица храбри, да се спротивстават на неправдите, а во исто време и доволно вешти и сигурни во своето знаење.

Им посакуваме успех и блескава кариера!


11

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

БОЛНИЦАТА НЕУРОМЕДИКА ВЛЕЗЕ ВО „ЦРВЕНО-ЦРНОТО“ СЕМЕЈСТВО „Од најдобрите за најдобрите” е мотото со кое болницата Неуромедика стана нов спонзор и официјална болница на фудбалскиот клуб Вардар. На наше огромно задоволство во ноември 2021 е потпишан договор за спонзорство помеѓу директорот на болницата Неуромедика, Д-р Емил Угриноновски и сопственикот на ФК Вардар, Слободан Крстевски.

На официјалната прес-конференција при потпишувањето на договорот присуствуваа и дел oд навивачката група Комити кои дадоа целосна поддршка на соработката. Голема чест ни претставува што сме дел од „црвено-црното“ семејство, а за најтрофејниот клуб во државата во престојниот петгодишен период ќе обезбедиме квалитетна и професионална медицинска грижа. Заедно до повеќе победи! Neuromedica

PZUNeuromedica


12

МОЗОЧНО ХЕРНИРАЊЕ ВО ТРАНСВЕРЗАЛЕН ВЕНСКИ СИНУС (ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ) ПИШУВА: ПРОФ. Д-Р МИОДРАГ ВРЧАКОВСКИ СПЕЦ. НЕВРОРАДИОЛОГ Болница Неуромедика - Скопје

М

озочно хернирање во дурален венски синус е ретка состојба. Во најголем број од случаите тоа е асимптоматско. Понекогаш (како во нашиот случај) хернирањето е проследено со главоболки па дури и со епилептични напади. Презентирам случај на 32 годишна пациентка која 2 години добива напади на силни главоболки од левата страна на главата, почесто навечер и во сон. Болките се остри, како убод со шило. Од силината на главоболките кои оделе во серија повеќе пати и се случувало да изгуби свест, но тоа траело десетина секунди. На направената магнетна резонанца на мозокот во друга установа дијагностициран е поголем дефект во луменот на левиот трансверзален синус. Опишан е како коагулум настанат поради тромбоза на синусот.

www.neuromedica.com.mk

Врз основа на овој наод на пациентката ѝ е ординирана антикоагулантна терапија. Со нова МР снимка на мозокот направен во нашата болница Неуромедика утврдивме дека не се работи за тромботични маси туку за мозочно хернирање во левиот трансверзален синус. Хернирањето е резултат на гигантска арахноидална гранулација која проминира во синусот (Сл.1).


13

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Во нашиот случај драгоцени МР информации добивме со специјално направените реконструкции, по од неврорадиологот, програмирани криви. Тие ни овозможија одлична визуализација на хернираното мозочно ткиво како и приказ на проширените околни ликворни простори и пратечките васкуларни структури. Хернираниот мозочен паренхим и околните ликворни простори се со нормални сигнални карактеристики во сите пулс секвенци. Во период од само 2 години од дијагностицирањето на првиот случај открив уште 3 вакви случаи (Сл.2). Магнетната резнонанца ни овозможува прецизна дијагностика на овие состојби, но во прегледот неопходно е да бидат вклучени 3Д пулс секвенци со висока резолуција.

Дефинитивен доказ дека состојбата не е ретка, како што се тврди во стручните публикации, туку дека не се дијагностицира!

Neuromedica

PZUNeuromedica


14

СМИСЛАТА НА НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ

ПИШУВА: ПРОФ. Д-Р МЕТОДИ ЧЕПРЕГАНОВ СПЕЦИЈАЛИСТ ПО НЕВРОПСИХИЈАТРИЈА И ЕПИЛЕПТОЛОГИЈА

Л

ичноста како конгломерат од осум психички функции, се развива во текот на целиот живот и таа посветува посебно внимание на процесот на интелектуалниот и духовниот живот, тоа се аквирирани, стекнати сознанија, резервоар на знаења и искуство во текот на животот, а архетиповите се секогаш подлогата и скриеното (криптогено) богатство на таа личност.

ШТО ПРЕТСТАВУВА НАШИОТ ЖИВОТ, НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ И АКТИВНОСТ? Животот е симбиоза на два компартименти: психа и сома, како и потиснатите исконски и вековни записи во нас самите (архетипови, колективно ЈАС), кои се криптогеното богатство и подлога на несвесното во нашиот живот. Тие се длабоко вкоренети во нас и го орнаментираат и збогатуваат нашиот мисловен дуктус. На тој фундамент аквирираме, примаме, осознаваме, орнаментираме, збогатуваме и украсуваме со нови и свежи сознанија кои ги стекнуваме за време на овој живот, со нашето: воспитување, знаење, умеење, вештина, искуство, инкорпорирани морални, етички, социјални и духовни норми, го формираме и збогатуваме нашето сегашно јас, нашата совест, нашите сознанија и духовен капацитет. Тоа би значело дека, во нашето секојдневно постоење, постојано флуктуираат четири столбови и фундаменти, на кои почива и кои го креираат психопрофилот на една личност:

1. Психофизичката обдареност, когнитивно

рационалната интелигенција-инстинктивно нагонски дел, кој е 10%, кој го носиме и добиваме од мајката Природа со нашето раѓање, www.neuromedica.com.mk


15

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

4. Нашиот ЕКС-ПУТ, експресијата и нашата

екстериоризација кон надвор, огледалото на нашата личност, со која се претставуваме во секој миг во нашите интерперсонални односи, а во таа експресија ништо нема случајно, одредени структури во мозокот, кои претходно сме ги “збогатиле“ го креираат нашето ЈАС и нашата екологија и однос кон околината.

2. Нашето, колективно јас и нашите архетипови, како скриено (криптогено) несвесно богатство, исконско и вековно присутно, всадено и вкоренето во нас, непресушен извор кој го орнаментира и збогатува нашиот мисловен опус,

3. Нашиот ИН-ПУТ на свесното и сегашното, законите на мајката природа, се што како знаење, умешност и искуство, морал, етика, социјални и духовни норми, инкорпорираме во нас во текот на животот, и

Токму таа симбиоза, проектирана кон надвор ја чини содржината и богатството на високиот интелектуален квантум на една личност, на еден психопрофил, со богат и златоустен вокабулар и соодветен пристоен и достоен однос во секојдневниот живот и всушност таа ги сочинува нашите професионални интерперсонални односи, на разбирање, почитување, договарање, толеранција, флексибилност и компромис, во нашето секојдневно постоење и екологија на духот.

УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ ул. Георѓи Димитров 28/1-1, Реон 33 1000 Скопје, Македонија тел. +389(0)3112-312 /3176-040 факс +389(0)3176-041 unimedikalpst@yahoo.com www.unimedical.com.mk

Neuromedica

PZUNeuromedica


16

ГАСТРОЕЗОФАГЕАЛНА РЕФЛУКСНА БОЛЕСТ (ГЕРБ) СИМПТОМИ НА ГЕРБ Чести симптоми се: горење во градите, и/или регургитација- враќање на кисела содржина во хранопроводот. ГОРУШИЦА е печење зад градната коска и се јавува кога содржината на желудникот ја иритира слузницата на хранопроводот. Ретки симптоми поврзани со ГЕРБ вклучуваат некардијална болка во градите, отежнато дишење, болки во грлото и кашлица. ПИШУВА: ПРИМ. Д-Р ЛИЛЈАНА ДАНИЛОВСКА МИЛОШЕВСКА СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА И СУПСПЕЦИЈАЛИСТ ПО ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

Г

ЕРБ-се јавува кога содржината од желудникот се враќа во хранопроводот затоа што сфинктерот помеѓу хранопроводот и желудникот, наречен долен езофагеален сфинктер или кардија, не се затвара правилно.

ГЕРБ се јавува кога постои нерамнотежа помеѓу одбрамбените механизми на хранопроводната мукоза и агресивните фактори, како што се гастричната киселина и други ензими и дигестивни сокови во желудникот. Честопати бариерата помеѓу хранопроводот и желудникот се намалува со ослабување на мускулите на долниот езофагеален свинктер или со присуство и на хиатална хернија, која е доста честа појава.

Друга причина за рефлукс е гојазноста, бидејќи зголемениот притисок во стомакот, ја надминува гравитационата сила. Кафето, бременоста, алкохолот, доматни производи, чоколада, масна храна, исто така може да предизвикаат рефлукс. www.neuromedica.com.mk


17

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Прегледот може да се изведе безбедно со локална анестезија и/или со длабока седација. ГДЕ му овозможува на докторот да најде знаци или лезии на ГЕРБ. Притоа може, ако има потреба, да се направи и биопсија која е безболна и не предизвикува непријатност.

КАКО ДА СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА ГЕРБ: Кога пациентот се јавува со класични симптоми првично има потреба од клиничка дијагноза. Се ординира терапија и ако нема одговор се препорачува да се направи ГОРНОДИГЕСТИВНА ЕНДОСКОПИЈА (ГДЕ) која вклучува употреба на тенок апарат, ГАСТРОСКОП кој е доста флексибилен за испитување на хранопроводот, желудникот и дел од дуоденумот.

Радиографиите немаат никаква улога на првичната проценка на лицата со симптоми за ГЕРБ. Тегобите можат да се ублажат и со хигиено диететски режим, избегнување на многу топла или ладна храна, избегнување на зачинета, лута храна, алкохол, кафе, јадење пред спиење. Спиењето треба да е на две перници, Ако и покрај овие корекции, симптомите продолжат, тогаш се препорачуваат лекови, а од ГДЕ наодот на лигавицата на хранопроводот, зависи колку ќе трае лекувањето. Од наодот зависи дали ќе се употребат Х2 блокатори или инхибитори на протонска пумпа и колку истото ќе трае. Во случаи каде оштетувањето е поголемо или дошло до развој на болеста во правец на Баретов езофагит, се препорачува оперативен зафат. Ако се работи само за воспалителен процес се прават контролни гастроскопии до санирање на воспалението. Ако тегобите се присутни и покрај терапијата, постои губиток на телесна тежина, треба што поскоро да се посети доктор гастроентерохепатолог.

Neuromedica

PZUNeuromedica


18

БЕНИГНИ КОСКЕНИ ТУМОРИ И СЛИЧНИ СОСТОJБИ НА ТУМОРИТЕ КАЈ ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

ПИШУВА: ПРОФ. ДР. ЃОРЃИ ЗАФИРОСКИ СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ОРТОПЕДСКА ХИРУРГИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА

Д

ијагнозата на бенигните коскени тумори и сличните состојби на туморите во младоста може да биде извор за голем страв и загриженост кај пациентите, нивните родители и нивните матични лекари. Бенигните коскени тумори се различни по природа и понекогаш со непредвидливо биолошко однесување. Некои од овие тумори на почетокот изгледаат бенигни, но може подоцна да се развијат во малигни. За среќа, многу коскени тумори во детството се доброќудни. Постојат многу бенигни коскени тумори кои го зафаќаат незрелиот детски скелет. Често тие имаат такви клинички и радиографски карактеристики кај кои дијагнозата не може да се постави без биопсија. Некои од бенигните коскени тумори може да симулираат малигни коскени тумори и таквите најдобро е да се испратат кај искусен ортопедски онколог на понатамошна евалуација. Рецидивите кај остеобластоми и аневризмални коскени цисти може да бидат проблематични. Со добро познавање на бенигните коскени тумори кај децата, лекарот www.neuromedica.com.mk

може да го намали стравот при поставување на дијагноза и да препорача најадекватен третман за секој поединичен случај. Во секој случај бенигните коскени тумори и сличните состојби на туморите треба да се лекуваат во центар кој е способен да ја постави дијагнозата и да го доврши лекувањето на најадекватен начин. Цел: Неопходно е со денешните сознанија и медицинските достигнувања да се запознаат тие кои се грижат за здравјето на децата. Матичните лекари, педијатрите, ортопедите, детските хирурзи, физијатрите и родителите на децата се во првата борбена линија. Целта е рано поставување на точна дијагноза и соодветно лекување во установа која е способна да ја постави дијагнозата и да ја лекува соодветната промена. Препорачуваме единствена медицинска доктрина со цел точна дијагностика и адекватно лекување, на основа на современите медицински достигнувања и медицина базирана на докази. Да се намали процентот на погрешни дијагнози и погрешно лекување на децата што може да остави трајни последици. Инциденца: Правата инциденца на бенигните коскени тумори и слични состојби на туморите кај децата е непозната. Повеќето податоци за инциденцата доаѓаат од материјалите од сериите на биопсирани и лекувани бенигни коскени тумори. Многу од бенигните коскени тумори се дијагностицираат радиографски и никогаш не бараат лекување. Се смета дека инциденцата на фиброзен кортикален дефект е помеѓу 30%-40%. Поради радиографските карактеристики и релативно предвидливиот клинички тек, фиброма нон осификанс претставува само 2% од биопсираните бенигни коскени тумори. Бенигните коскени тумори кај децата како група претставуваат хетерогена мешавина од лезии. Многу од бенигните лезии имаат специфични и карактеристични клинички и радиографски презентации.


19

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

КЛАСИФИКАЦИЈА НА БЕНИГНИТЕ КОСКЕНИ ТУМОРИ ВО ДЕТСТВОТО Бенигните коскени тумори се класифицираат спрема клиничкото однесување и радиографските карактеристики. Тие се групирани во три стадиума. Во првиот стадиум се латентни, мирни, статични лезии кои најчесто сами заздравуваат. Во вториот стадиум лезиите се активни, но остануваат во контурите на коската и се карактеризираат со коскено разрушување и ремоделација на коската. Лезиите од трет степен се активни и локално агресивни и имаат тенденција да се прошират и надвор од границите на кортексот во околните ткива. Одредувањето на степенот на туморскиот раст е корисно не само за дијагнозата туку и за планирање во лекувањето. Така туморите со стадиум 1 најчесто не бараат хируршко лекување и треба да се следат периодично за да се заклучи дека лезијата е статична и мирна. Лезиите со стадиум 2 може да барат хируршко лекување доколку тие предизвикуваат структурно ослабување на зафатената коска или даваат сигнификантни симптоми. Каков тип на интервенција ќе се препорача зависи од видот на туморот, локализацијата и возраста на пациентот. Третиот степен на тумори обично бара хируршка интервенција, вадење на туморот, а дефектот се исполнува со спонгиопластика или метил мет-акрилатен цемент, а понекогаш и со остеосинтеза или имплант. Неадекватен третман води до локален рецидив а често и со трајни последици. Слични состојби на туморите се: јувенилната коскена циста, аневризмалната коскена циста, фиброма нон осификанс, фиброзна дисплазија, Хистиоцитозис –Х. Симптоми: Лекарот треба да се посомнева на коскен тумор кога кај детето е присутен оток, болка, пореметена функција или патолошка фрактура како резултат на мала, безначајна повреда. Понекогаш коскен тумор се открива инцидентно на радиографии направени поради некоја друга причина најчесто повреда. Дијагноза на коскен тумор не може да се постави од клиничката слика, меѓутоа, детална историја и внимателно испитување му помагаат на ортопедскиот хирург во локализирање на регијата која треба да се снима. Во медицинската историја возраста на детето е

важна бидејки многу од туморите се појавуваат во одредени возрасни групи. Често клучот на точната дијагноза е вешто земената историја на болеста и испитувања направени со внимателност. Многу грешки во дијагнозата се направени поради некомплетна историја, површност, брзи и неадекватни испитувања. Некои така наречени модерни хирурзи ги третираат радиограмите, компјутерските томографии, магнетните резонанси, скен на скелет, но не и детето како целокупна личност. Се надеваме дека лекарите, хирурзите ќе ги испитаат децата со посветеност, внимателност, симпатии, љубезност и смиреност комбинирајки го своето знаење со разбирањето на желбите и потребите на детето и неговите родители. Најчест симптом е болката, отокот, ограничена функција на соседен зглоб, патолошка фрактура и естетско нарушување.

Слика 1. Мултипли хередитарни остеохондроми кои почнале да се развиваат во детството.

Најчестата скелетна лезија фиброзен кортикален дефект и енхондромите (р’скавични тумори) обично се без симптоми и најчесто се откриваат инцидентно при радиографирање поради друга причина. За разлика од нив остеоид остеомот-бенигни коскен тумор од коскено потекло пратени се со болка и тоа најчесто ноќна болка која ги буди децата од спиење и привремено може да се смири со земање на средства против болка. Ваквата болка ги тера децата и нивните родители да побараат помош. Кога детето се жали на мускулоскелетна болка, лекарот треба да ја бара природата и локализацијата на болката, траењето на симптомите, и било кој отежнувачки или олеснителен фактор. Бенигните коскени тумори може да Neuromedica

PZUNeuromedica


20

предизвикаат болка поради неуроваскуларна компресија, создавање на бурза и појава на патолошка фрактура. Често детските болки во мускулоскелетните регии од страна на родителите, но и од матичните лекари и педијатрите се интерпретираат како растечка болка или болка од некоја незабележана повреда. Ваквите толкувања водат до погрешна дијагноза и голем фонд на изгубено време. Патолошки фрактури: некои од бенигните коскени тумори се развиваат без да бидат откриени се додека тие структурно не ја компромитираат коската до момент кога таа се крши од безначајна повреда. Туморот кој направил патолошка фрактура расте полека. Најчесто се работи за младечки коскени цисти, фиброзна дисплазија и фиброма нон осификанс. Инцидентен наод: многу бенигни коскени тумори кај децата се откриваат како инцидентен наод на радиографии или коскен скен направен поради друга причина. Во такви случаи радиографиите се направени најчесто во ургентен центар, или кај детски лекар, и родителите ќе бидат информирани дека нивното дете има коскен тумор. Но, тука почнуваат проблемите. Лекарот кој не е фамилијарен со клиничката и радиографската слика на коскените тумори не ќе може со сигурност да ги убеди родителите дека лезијата е бенигна и што треба да се прави со неа. Тоа доведува до страв кај родителите, па и лекарите и се бараат непотребни дополнителни испитувања па дури и отворена биопсија. Овие тумори најчесто се студиум 1 или студиум 2. Понекогаш дополнително треба да се направи скен на скелет со Тц 99 м за да се види активноста на туморот. Радиографски наоди: Најкорисна студија за евалуација на коскените тумори се квалитетните радиографски слики. Најчесто се прават радиографии во два правца со центар над лезијата. Кај многу случаи, нативните радиографии, комбинирани со клиничката историја, е се што треба да се направи за да се постави коректна и точна дијагноза. Критички фактори на кои треба да се обрне внимание се во која коска е локализиран туморот, во кој дел од коската епифиза, метафиза, дијафиза, границите на туморот, периосталните реакции, минерализацијата на туморскиот www.neuromedica.com.mk

Матрикс. Сите овие податоци може да се дадат на компјутерски помошен програм кој ќе ја даде дијагнозата и степенот на туморскиот раст.

Слика бр.2. Радиографија на остеохондром во метафизата на лев фемур.

Компјутерска томографија: Мулти слајс компјутерска томографија најдобро се користи како надополнување на нативната радиографија за да се одреди стадиумот и за предоперативно планирање. На компјутерска томографија подобро се прикажува кортикалната деструкција и раширеноста на туморот. Компјутерската томографија особено е корисна за да го прикаже нидусот кај остеоид остеомот.

Магнетна резонанса: Воглавно, магнетната резонанса не е индицирана за дијагноза или евалуација на бенигните коскени тумори. Понекогаш магнетната резонанса може да помогне во одредување на големината на р’скавичната капа кај остеохондромите и нејзина диференцијација од малигна трансформација. Исто така, прикажувањето на нивоата


21

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

на течност може да бидат патогномонични кај анеуризмална коскена циста. Лекување: Кога ќе се постави дијагноза на бенигни коскен тумор кај дете потребно е да се земат во предвид неколку фактори пред да се направи одлука за лекување. Тука се вклучени историјата на болеста, ризикот од патолошка фрактура и ризиците и бенефитите од оперативниот или неоперативниот третман. Првиот студиум на туморски раст обично е само ограничувачки и во многу случаи не бара хируршки третман. Лезиите поставени блиску до епифизата може најдобро да се менаџираат со нехируршко лекување за да се минимизира ризикот од повреда на зоната на раст. Пациентите со остеоид остеом и втор студиум на туморски раст најчесто се третираат со хируршка ексцизија. Остеохондромите кај деца во раст се третираат оперативно ако болат, ако растат брзо и ако се појават неуроваскуларни проблеми или ја пореметуваат функцијата на соседниот зглоб или одредена регија.

Слика бр.3. Остеохондром на горниот дел на тибијата пред и по отстранување.

Остеобластомите, хондробластомите, хондромиксоид фибромите и анеуризмалните коскени цисти обично се втор или трет студиум на туморски раст и постои индикација за оперативно лекување. Заклучок: Неопходно е рано и точно поставување на дијагнозата, а тоа е можно во центри способни да ја постават мултидисциплинарно дијагнозата и да го довршат лекувањето. Најдобро е да се постави точна дијагноза без потреба од биопсија. Во голем број од бенигните коскени тумори не е потребна хируршка терапија. Кај некои случаи хируршкото лекување се одлага до завршување на скелетниот раст. Случаите со активен туморски раст се третираат со големо внимание и создадените дефекти се исполнуваат со коскени графтови или коскен цемент, а во одредени случаи потребно е зајакнување со остеосинтеза или имплант. Грешките во дијагнозата и лекувањето може да остават трајни последици кај децата и младинците. Потребно е добро познавање на коскените тумори и навремена препорака за лекување кое не смее да биде ни повеќе од потребното ни помалку од оптималното. Во болницата Неуромедика постојат оптимални услови за брзо дијагностицирање и ефикасно лекување на бенигните коскени тумори и сличните состојби на туморите кај деца. На овој начин стравот кај децата и младинците како и кај нивните родители ќе се сведе на разумен минимум, а резултатите од лекувањето ќе бидат одлични.

Neuromedica

PZUNeuromedica


22

ЛАРВА МИГРАНС но пропратени со јадеж. Клиничката слика е потполно развиена по неколку дена до неколку месеци после инфестација, кога ларвата почнува да мигрира. Клиничката слика оди со серпингинозен еритем, папули или везикуларни линеарни лезии што кореспондираат со движење на ларвата под кожата. Презентација на наш случај:

ПИШУВА: Д-Р ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ СПЕЦИЈАЛИСТ ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГ

Пациентот е маж на возраст од 38г. по професија е сточар. Првата промена била убодна папула во предел на вратот левострано пропратена со јадеж. (оправдана при екстензивна инфекција).

К

утана ларва мигранс е лезија предизвикана од перкутана пенетрација и миграција на ларви на различни паразити (нематоди). Епидемиологија: јајца на паразитите се наоѓат во песок, земја, влажна и темна средина. Тие се изведувват во ларви кои пенетрираат во кожата. Ризични групи: - земјоделци - градинари - сточари - риболовци или капачи - деца (игралишта и плажи) Кожните промени започнуваат неколку часа пo пенетрација на ларвата во кожата обич-

www.neuromedica.com.mk

Во нашиот случај, пациентот го третиравме со течен азот еднократно и кортико препарати локално. После четири дена пациентот дојде во нашата амбуланта со потполно развиена клиничка слика. Видливи беа еритематозни, серпингинозни, тунеловидни, линеарни промени со


23

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

различна широчина од 1-3 мм. Локализација: рамен појас и престернална регија лево. Дијагноза: Се базира на клиничката слика (ларвите тешко може да се најдат во кожата, а дијагнозата може да се потврди серолошки). Диференцијална дијагноза: - фитофотодерматитис и др. фотодерматози - еритхема мигранс во склоп на лајм - гранулома ануларе - тинеа

Тек и прогноза: Болеста е самолимитирачка. Ларвите умираат за 4-6 недели. Прогнозата е добра. Можна е појава на бактериска инфекција и целулитис. Терапија - симптоматска - кортико препарати под оклузија (локално) - антихелминтици орално (системска терапија оправдана при екстензивна инфекција) - криотерапија

Neuromedica

PZUNeuromedica


24

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕГЛЕДИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА Придржувањето кон агендата на задолжителни прегледи ја исполнува нашата главна цел, здрава мајка и навремено породување на здрав и жив плод. За жал, некогаш не можеме да се бориме со природата, со генетскиот код на ембрионот и фетусот или со здравствената состојба на мајката во текот на бременоста.

ПИШУВА: М-Р Д-Р ЕЛИЗАБЕТА МИЛАНОВА СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО

Б

ременоста е најубавиот период во животот на жената, му припаѓа на репродуктивниот дел, носи голема одговорност, но и нов живот кој се раѓа и развива во неа. Во денешниот модерен свет на медицината и технологијата постојат мноштво дијагностички методи кои превенираат настанување на несакани промени кои би му наштетиле на плодот или на мајката.

Редовните прегледи и тестови се во склоп на пренаталната грижа, повеќето од нив се повторуваат при секоја посета на вашиот гинеколог. Секој месец е неопходно да се следи телесната тежина, крвна слика и железо, крвен притисок, биохемиска и бактериолошка анализа на урината, како и преглед на растот на плодот. Иследувањата се поделени на тримесечја, гестациски недели, во кои се извршуваат и некои специфични прегледи. Кај прворотките задолжителни се 10 прегледи, а кај повеќеротките 7. Кај ризичните бремености бројот на анализи и посети на гинеколог се повеќебројни во зависност од видот на дополнителните ризици. Задолжителни ултазвучни (UZ) прегледи: до 8-ма гестациска недела од 11-14 гестациска недела од 20-24 гестациска недела од 30-34 гестациска недела Прво тромесечје е до 12 гестациска недела, се проценува местото на вгнездување на ембрионот, постоењето на срцева акција, како и одредување на веројатен термин на породување. Важни податоци за претходни бремености, историја на заболувања на двете се-

www.neuromedica.com.mk


25

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

мејства, крвни групи и Rh фактор за двајцата родители, алергии, историја на заболувања кај идната мајка. Потребен е клинички гинеколошки преглед со ПАП тест и колпоскопија, ако не е направен во предходните 6 месеци, микробиолошки брисеви. Ординираме фолати кои заштитуваат од оштетување на нервниот систем на ембрионот.

RhD кај несовпаѓање на Rh факторот, се дава терапија. Во третиот триместар се започнува со UZ преглед во 30-34 г.н, се проценува симетричниот развој на плодот, се иследува постелката и околуплодовата вода, во случај да востановиме застој во развојот, се подобрува циркулацијата, се зрее плуќата на плодот и се организира предвремено породување, како и постапки за згрижување на плодот. Во 32 г.н. се зема и брис од аногениталната регија за Б стрептокок, неговата позитивност ќе покаже потреба од антибиотска терапија во тек на породувањето.

Советување за исхрана, физичка активност, мултивитамински суплементи, сексуално однесување. Во случаи кога има гадење и повраќање дополнително се применуваат природни додатоци преку уста или при потешки случаи се вклучува инфузиона терапија. Нужна е едукација за употреба на лекови и активности во времето кога се создаваат органите на ембрионот сè до 14 гестациска недела кога завршува дефинитивната изградба на мозокот. Во оваа недела од бременоста се прави скрининг за нухалната бразда (NT) и комбиниран тест (PRISCA) за статистичка проценка на постоење на хромозомски нарушувања. Трисомија 21, 13 и 18. Во вториот триместар најзначаен е UZ, втор скрининг од 18 г.н - 22 г.н, кога подетално се согледува анатомската градба на органите и коскениот систем, како и нивниот симетричен развој со што се воочуваат или исклучуваат видливи малформации.

До датумот на породувањето (до 9 месец) се прават почести испитувања на плодот преку повеќе методи UZ, CTG, лабораторија. Доколку овој термин помине, се прави преглед на битните параметри, се следат и движењата на плодот, количеството на ОПВ и состојбата на постелката, породувањето не може да се пролонгира повеќе од 10 дена од востановениот датум. За прва бременост најдобро време од 20-25 години според медицинските аспекти, а мажите до 28 години ако постои стабилност во врската и психофизичката зрелост. Најдобро е да втората бременост биде најмалку 3 години по првата. Договорот помеѓу партнерите за времето и создавањето на семејството го означува здравиот пат кон станување зрел и посветен родител.

Во случаи кога ќе се покаже потреба од генетско иследување, се препорачува амниоцентеза - испитување на кариотипот преку плодова вода. Од 24 г.н до 28 г.н. се прави тест за откривање на скриен шеќер (OGTT), титар на антитела кај Neuromedica

PZUNeuromedica


26

АЛЕРГИЈА И АНЕСТЕЗИЈА Ако постојат, анестезиологот низ овие прашања ги добива податоците каде и што треба да направи, за да се направи што побезбедна и помалку ризична анестезиолошка процедура- анестезија која е потребна за да се изведе оперативниот зафат.

ПИШУВА: Д-Р ЈОВАН МЕЛОСКИ АНЕСТЕЗИОЛОГ

Х

ирургот ги упатува кај анестезиолог пациентите кај кои е индициран оперативен зафат. Анестезиологот прави интервју и испитувања во правец на неговите активности кои ќе бидат преземени за убедување на пациентот во анестезија. За таа цел, анестезиологот поставува неколку прашања на пациентот и тоа: -дали пациентот имал претходен оперативен зафат - дали бил лекуван во болница и колку време -дали прима лекови за хронични заболувања од типот (дијабет, ревматолошки заболувања, висок притисок итн.) -дали има алергиска реакција на: А) хемиски суспстанци, лекови и др. Б) биолошки сусптанци како што се полен и др. В) фармацевтски супстанци: лекови како пеницилин, аналгетици и др. www.neuromedica.com.mk

Во случај да постои позитивен податок дека пациентот има алергиски реакции од било кое потекло, биолошко, хемиско или фармацевтско, тогаш тој е должен да направи испитувања, односно алерго-тестови на анестетици, лекарства кои се употребуваат во процедура-


27

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

та за водење на анестезија за време на оперативниот зафат. Во случај на позитивност на осетливост на овие лекарства се преземаат одредени постапки за да се надмине таа состојба. Инциденцата на појава на вкрстена алергиска реакција е ниска, но опасноста за загрозувањето на животот на пациентот е огромна. Опасноста е во тоа што е можна појава на анафилактичен шок, поради давање на некој од тие лекарства кое е 95% со смртен исход. Горенаведеното ја оправдува препораката за правење на алерго-тестови на анестетици. Поради спроведување на оваа процедура можно е одложување на оперативниот зафат кој што се прави во договор со хирургот.

Продажба на потрошен медицински материјал medikalprotekt@gmail.com 070 816 764

- игли - шприцеви - алкохол - дезинфициенси

- капи - каљачи - ракави - визири

Ракавици: - латекс - нитрил - винил - хируршки

Заштитни маски: - хируршки - КН95

Заштитна облека: - мантили - скафандери

Neuromedica

PZUNeuromedica


28

БОЛЕСТИ НА ПЕРИФЕРНИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ - КОГА ДА СЕ ПОСЕТИ НЕВРОЛОГ? предизвикана од недостаток на витамини или при хипервитаминоза, автоимуни полиневропатии и хронични полиневропатии.

ПИШУВА: Д-Р МАРИЈА МИЛАНОВСКА СПЕЦИЈАЛИСТ ПО НЕВРОЛОГИЈА

П

олиневропатиите, односно периферните полиневропатии претставуваат заболувања на периферниот нервен систем и се едни од најчестите заболувања од оваа група. Причините за појава на овие заболувања се различни. Може да се јават во склоп на примарно заболување на нервите или како последица на некоја системска болест, во склоп на некое друго заболување, каде што нервниот систем секундарно ќе биде засегнат. Во зависност од тоа колку нерви се оштетени, невропатиите може да бидат мононевропатии (кога е оштетен само еден нерв) или полиневропатии (кога се оштетени два или повеќе нерви). Во клиничката пракса, најчесто се среќаваат следните типови на моно-/ полиневропатии: синдром на карпалниот канал, дијабетична полиневропатија, алкохолна полиневропатија, токсична полинервопатија, полиневропатија во склоп на хемотерапија, полиневропатија www.neuromedica.com.mk

Дисталниот симетричен сензомоторен синдром е клиничка слика која најчесто се гледа кај полиневропатиите, што всушност значи дека со слабост и оштетување на сензибилитетот иницијално се зафатени дисталните делови на горните и долните екстремитети, односно на рацете и нозете. Навременото и точно поставување на дијагноза го детерминира исходот на болеста, посебно кога станува збор за акутните полиневропатии од типот на Guillain Barre синдромот, кои ако навреме не се третираат може да бидат и животозагрозувачки.

Дијабетична полиневропатија Невропатијата почнува да се развива најчесто неколку месеци, односно години од појавата на шеќерната болест. Пациентите најчесто се жалат на појава на спонтани субјективни сензации од типот на парестезии (трнење) на стапалата, а пореко и на дланките, загуба на осетот за допир, болка, температура, што е една од најчестите причини за повреди на стапалата. Ваквите невропатии често знаат да бидат и многу болни, а болките се посебно изразени навечер. Третманот се состои во регулирање на нивоата на шеќерот во крвта, промена на животните навики, движење, физичка активност, третман на невропатската болка.


29

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

АЛКОХОЛНА ПОЛИНЕВРОПАТИЈА Овој тип на полиневропатии се јавува кај хронична, долгогодишна злоупотреба на алкохол. За нејзиното настанување, значајна улога имаат потхранетоста, недостатокот на витамини од групата “Б”, како и директниот токсичен ефект на алкохолот и неговите деградациони продукти, како што е ацеталдехидот. Оксидативниот стрес исто така има улога во настанување на оваа полиневропатија. ПОЛИНЕВРОПАТИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ХЕМОТЕРАПИЈА И ДРУГИ ТОКСИЧНИ АГЕНСИ

тивните рефлекси. Болеста има хроничен прогресивен тек, со постепено, но континуирано влошување. Третманот се состои во примена на имуносупресивна односно кортикостероидна терапија. ДИЈАГНОЗА Дијагнозата се поставува врз основа на добро земена анамнеза, клиничка слика, физикален и невролошки преглед, како и дополнителни параклинички иследувања од типот на електромионеврографија (ЕМГ) а понекогаш и биопсија на нерв.

Еден од најчестите несакани ефекти од примената на хемотерапија е појавата на полиневропатија. Хемотерапевтици кои најчесто предизвикуваат полиневропатија се дериватите на платина, винка- алкалоидите, протеазомните инхибитори. ИМУНО ПОСРЕДУВАНИ ПОЛИНЕВРОПАТИИ GUILLAIN BARRE’ СИНДРОМ Овој синдром претставува акутна полиневропатија која се развива многу брзо, а со пареза се зафатени освен мускулите на рацете и нозете, уште и мускулите за дишење, а се јавува и растројство во работата на срцето. Состојбата бара итна хоспитализација. Во основата на болеста е автоимун процес, а терапијата се состои во примена на плазмафереза и интравенски имуноглобулини, како и потпомагање на работата на срцето и дишењето. ХРОНИЧНА ИНФЛАМАТОРНА ПОЛИРАДИКУЛОНЕВРОПАТИЈА Оваа полиневропатија има поспор тек и се развива во период од осум недели. Клиничката слика се состои од симетрична, претежно дистална моторна невропатија, а со слабост се зафатени мускулите на рацете и нозете, а често се јавуваат и сензорни нарушувања од типот на намален поврешен сензибилитет и парестезии (трнење) во дисталните делови на рацете и нозете. Намалени се и мускулно- те-

ТЕРАПИЈА Третманот на невропатиите е мултидисциплинарен. Доколку се знае етиолошкиот причинител, терапијата е насочена кон ерадицирање на етиолошкиот фактор (алкохолна и дијабетична полиневропатија). Кај имунопосредуваната полиневропатија, се применува имуносупресивна односно имуномодулирачка терапија. Посебен предизвик во третманот на полиневропатијата е справувањето со невропатската болка. Невропатската болка е болка која не реагира на класична аналгетска терапија. Ефикасност во нејзиниот третман покажуваат лековите од типот на антиепилептиците и антидепресивите, а во справување со сензорните симптоми како што се нарушениот површен сензибилитет и парестезиите значајни се антиоксидансите од типот на алфа-липоична киселина и витамините од групата Б. Физикалните мерки се значајни во редуцирање на моторниот дефицит, односно парезите на рацете и нозете кај претежно моторните невропатии. Neuromedica

PZUNeuromedica


30

ИНТРАНАЗАЛНИ СТЕРОИДИ ВО ТРЕТМАН НА АЛЕРГИСКИ РИНИТИС и адолесценцијата алергиите се најчест здравствен проблем. Црвени ѕвезди SAR Жолти ѕвезди PAR Плави квадрати SAR+PAR

ПИШУВА: ПРИМ.Д-Р ЛИДИЈА ДУБРОВСКА МИЛЕТИЌ СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ОРЛ

А

Најголем број од болните се со сезонски алергиски ринитис (SAR), понатаму, се со повеќегодишни алергиски ринитис (PAR), но исто така присутна е комбинацијата со сезонски и повеќегодишен алергиски ринитис SAR + PAR.

Алергиите имаат тренд на рапидно зголемување во целиот свет, а алергискиот ринитис е сè почест. Тој се појавува во текот на целата година, но најчесто симтомите од алергискиот ринитис започнуваат во пролетта (појава на полен) кога алергените се најчести. Како резултат на тоа, алергиските болести доведуваат до значајни био-социјални пореметувања на болните како и зголемување на трошоци за здравствена заштита и на социјалните системи.

Симптомите од алергискиот ринитис се различни, но најчесто се симптоми на горниот респираторен тракт.

лергискиот ринитис клинички се дефинира како симптоматско пореметување на носот индуцирано после алергенска експозиција преку IgE- посредувана инфламација.

Помладите и средно возрасни групи (под 65 год.) имаат многу почесто појава на алергии, односно алергиски ринитис во однос на постарите возрасти. Во детството www.neuromedica.com.mk

Најчестите симптоми кај болните со алергиски ринитис се назална конгестија, ринореа, кивање, воденасти очи, чешање и црвени очи, како и иритација во носот. Тие можат да се појават одеднаш и да траат кратко или моментално, но и да се појавуваат почесто, да се повторуваат во различни комбинации или да се со поединечна симптоматологија. Често се случува историјата на болеста, симптомите и нивната тежина да влијаат на нормалните активности на особата вклучувајќи го работниот процес, школото, спортот, разни видови


31

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

на задоволства, спиење, како и ефектите од третманот. Болните со алергискиот ринитис постојано или наизменично се жалат дека им се менува расположението, најзастапено е чувството на умор, честа е појавата на нервоза и општа слабост, но има и болни каде не им влијание воопшто како се чувствуваат. Класификацијата на алергиски ринитис (AR) и неговото влијание врз астмата (ARIA) ги дели AR во интермитентни AR (IAR) и перзистентни AR (PАR).

- УМЕРЕН или ТЕЖОК: Означува присуство на најмалку од еден од следниве појавувања: нарушување на спиењето, оштетување на секојдневните активности, нарушување на слободното време и спортот, промени на училиште или работа и проблематични симптоми. За умерен и тежок постојан алергиски ринитис и неговото влијание врз астмата се препорачува третман со висока доза на интраназален глукокортикостероид и ако симптомите се тешки, орален H1-антихистамин и или орален глукокортикостероид. Треба да се започне на самиот почетокот на третманот. Самата клиничка слика ја детерминира и ја одредува клиничката терапевтска процедура, а сè за цел да се подобри здравствената состојба на болниот. Различни лекови делуваат специфично на одредени клинички симптоми, па така и се употребуваат.

Според ARIA, алергискиот ринитис може да се класифицира како благ, умерен или тежок во зависност од сериозноста на симптомот и симптомите кои влијаат на социјалниот живот на пациентот, едукацијата и работата. - БЛАГ: означува дека ниту едно од овие појави не се присутни: нарушување на спиењето, промена на секојдневните активности, слободното време и спортот, нарушување на секојдневните активности за време на школувањето или работата, симптомите се присутни, но не се проблематични.

Оваа мултифакторијална болест бара брза и ефикасна медицинска процедура посебно во ова време на еколошки промени кои сериозно го нарушуваат нашето здравје. Ова време носи подинамичен и урбан живот, зголемено загадување на човековата средина и воздухот, забрзана индустријализација и загадување со фосилните горива што екстремно влијаат на зголемување на бројот на алергиите. Потребно е подобро соочување на општеството со овие проблеми, а од медицинскиот персонал подобра преваленца, побрзо откривање на алергените, поефикасна дијагноза и терапија на истите, со што ќе се намалат здравствените истории на заболените и истите побрзо ќе се ресоцијализираат и ќе се вратат во нормалниот живот.

- ИНТЕРМИТЕНТЕН: означува дека болните се со симптоми кои траат помалку од 4 дена неделно или се помалку од 4 последователни недели. - ПЕРЗИСТЕНТЕН: Болни со симптоми повеќе од 4 дена неделно и подолго од 4 последователни недели. Neuromedica

PZUNeuromedica


32

ВРОДЕН КРИВ ВРАТ ме на самиот чин на раѓање или набрзо по раѓањето. Тука доаѓаме до вродената причина за кривиот врат кај новороденчињата, која лежи во лошата позиција на главата на новороденото во утробата на мајката за време на бременоста, каде што ги немаме гореспоменатите промени на мускулот и на вратните прешлени. Тоа го потврдуваме со лесна мануелна корекција дека се работи за лошо позициониран крив врат.

ПИШУВА: Д-Р КИРИЛ ПЕТКОВСКИ СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ОРТОПЕДИЈА

В

родениот крив врат се наоѓа на третото место по честота меѓу вродените аномалии на локомоторниот систем со околу 1% на новородените. Главна карактеристика е кривото држење на главата која е наведната на болната страна и свртена со погледот кон спротивната страна нагоре. Може да се јави придружена од други вродени аномалии како што се недоразвиени и ишчашени колкови кое може да се јави на истата страна или двострано и криво стопало. Вродениот крив врат е предизвикан со патолошки промени на м.стерноклеидомастоидеус кој се карактеризира со скратување на мускулните влакна, намалена еластичност и ожилна дегенерација на самиот мускул.

ДАЛИ ВРОДЕНИОТ КРИВ ВРАТ Е СТРОГО ВРОДЕН

Не. Не се работи за строго вроден деформитет бидејќи најчесто се јавува нарушување на крвоснабдувањето на м.стерноклеидомастоидеус кое е предизвикано од повреда за вреwww.neuromedica.com.mk

КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕМЕ ОВОЈ ДЕФОРМИТЕТ М.Стерноклеидомастоидеус се заменува со фиброзно ткиво каде што скратувањето е забележливо во рано детство како туморовидно задебелување на мускулот што се должи на крварење, хематом или ожилок во него. Деформитетот може да биде забележлив веднаш по раѓањето или пак да се открие во наредните неколку месеци од првата година од животот. На преглед забележуваме наведната глава на едната страна (болната), а брадата, лицето и погледот се свртени кон спротивната страна (здравата). Забележуваме задабелен мускул на страната на вратот кој е уште повидлив кога новороденчето плаче. Многу често се случува почетните и лесните форми на крив врат да се превидат. Со текот на времето се развива несиметричност на двете страни


33

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

на лицето и главата каде што на болната страна се помалку развиени, а на здравата повеќе.

КОЈ ДРУГ МОЖЕ ДА НЕ НАСОЧИ КОН ПОСТАВУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗАТА За жал кај превидените случаи кај деца на училишна возраст многу често ни доаѓаат случаи каде што очниот или ушниот лекар ни праќаат дете каде што е утврдено дека нема намалување во видот и слухот на двете очи и на кои им е обрнато повеќе внимание во однос на тие прегледи поради кривото држење на вратот. Можни се и обратни случаи каде што имаме дете со ,,лошо држење” на вратот поради намален вид на едното око или намален слух на едно уво кое се јавува поради што очите се во различно ниво на хоризонталната оска и едно уво поблиску до изворот на звукот. Секако кривиот врат најчесто ги нарушува овие сетила кај детето.

клеидомастоидеус. Доколку дијагнозата се постави доцна, или пак не се лекува, ваквиот деформитет тогаш се води директно на опе-

ративен третман кој ако е неадекватен може да дојде до рецидиви. Но, благодарение на редовните ортопедски прегледи на новороденчињата ваквиот деформитет се детектира рано и мошне успешно се третира.

КАКО СЕ ЛЕЧИ КРИВИОТ ВРАТ Многу е важно кога ќе се открие болеста, ако се открие што порано во фаза на стерноклеидомастоидниот тумор тогаш во соработка со специјалист физијатар неопходни се репетирачки вежби за истегнување, локални облоги и поставување на корективна вратна ортоза. Ако по неколку месеци нема резултати од ваквиот третман, тогаш се поставува индикација за оперативно лекување односно хируршко сечење на припоите на м.стерноNeuromedica

PZUNeuromedica


34

SHOCKWAVE THERAPY (ШОК ВЕЈВ ТЕРАПИЈА)

ПИШУВА: Д-Р ФИДАНЧО ТРАЈАНОВСКИ СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Ш

ок вејв терапијата е клинички докажана дека ги стимулира метаболичките реакции. Го активира процесот на лекување со предизвикување на акутна фаза на заздравување и со стимулирање на ензимите вклучени во намалувањето на болката, што резултира со висока стапка на успех во лекувањето на овие тешки за лекување, често хронични и болни поромени.

www.neuromedica.com.mk

КАДЕ СЕ ПРИМЕНУВА ШОК ВЕЈВ ТЕРАПИЈАТА? Терапијата со ударни бранови е ефикасен, неинвазивен третман најчесто применуван на калцификати на зглобови и тетиви, повреди на меките ткива, особено тетиви кога повредата ќе достигне хронична, незаздравувачка состојба, болки во вратот, болки во крстот, болки во колкот. Оваа терапија претставува безбедна алтернатива за операција, без долг период на опоравување, така што можете да продолжите со вообичаените секојдневни активности по процедурата.


35

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

КАКО СЕ ПРИМЕНУВА ШОК ВЕЈВ ТЕРАПИЈАТА? Се препорачува серија од 3-5 третмани на растојание од 3-10 дена за најдобри резултати, по третманот, телото создава нови ткивни клетки во близина на местото на повредата. Ќе забележите моментални, значителни подобрувања во хроничната болка по сесијата. Сепак, може да се почувствува и болка во близина на третираната област. Затоа се препорачува избегнување физичка активност најмалку 48 часа по терапијата со ударни бранови.

Во нашата ординација за физикална медицина и рехабилитација можете да се уверите за ефектите на шок вејв терапијата каде ги третираме овие состојби кои дадоа исклучителни резултати во третманите на нашите пациенти.

“ЈЕНК-РИ” Производи со кои работиме:

Средства за хигиена материјали за комунален и инфективен отпад хартиени производи (тоалетна хартија, брисачи за раце, лежечки ролни за кревет Помошни средства (метли, четки, канти, сунгери) МЕДИЦИНСКИ ЕФЕКТИ НА ШОК ВЕЈВ ТЕРАПИЈА - Ги намалува хроничните воспалувања - Стимулира поголемо производство на колаген кој е неопходен за регенерација на оштетените миоскелетни и лигаментарни структури - Разложување на калцификати - Намалување на болка - Реваскуларизација Neuromedica

PZUNeuromedica


36

РАК НА ПРОСТАТА КОЛКУ Е ЧЕСТ РАКОТ НА ПРОСТАТА? Околу еден од девет мажи ќе добие дијагноза за рак на простата во текот на неговиот живот. Ракот на простата е втор најчест карцином што ги погодува мажите. КОЈ МОЖЕ ДА ИМА РАК НА ПРОСТАТА?

ПИШУВА: ПРОФ. Д-Р ЉУПЧО ЛЕКОВСКИ СПЕЦИЈАЛИСТ ПО УРОЛОГИЈА ШТО Е РАК НА ПРОСТАТА? Ракот на простата се развива во простатата, мала жлезда во форма на орев која е дел од репродуктивниот систем на мажот. Простатата е дел од машкиот репродуктивен систем. Жлездата создава течност која се меша со спермата за време на ејакулацијата. Оваа течност помага во заштитата на спермата и ја одржува здрава за зачнување и бременост.

Мажите постари од 55 години се повеќе склони кон оваа болест. Шансите за развој на рак на простата се зголемуваат со староста. Всушност, 60% од ракот на простата се јавува кај мажи постари од 65 години. КОИ СЕ ВИДОВИТЕ НА РАК НА ПРОСТАТА? Речиси сите видови на рак на простата се аденокарциноми (малигни тумори). Овој тип на рак започнува во клетките на жлездите кои создаваат секрет. Ретко, други видови на рак се развиваат во простатата. Тие вклучуваат: КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА РАК НА ПРОСТАТА? Раниот стадиум на рак на простата ретко предизвикува симптоми. Овие проблеми може да се појават додека болеста напредува: » Честа, понекогаш итна потреба за мокрење, особено ноќе » Слаб проток на урина или проток што започнува и престанува » Болно мокрење (дизурија) » Фекална (цревна) инконтиненција » Болна ејакулација и еректилна дисфункција (ЕД) » Крв во спермата (хематоспермија) или урина » Болка во долниот дел на грбот, болка во колкот и болка во градите » Вкочанетост на нозете или стапалата.

www.neuromedica.com.mk


37

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ДИЈАГНОЗА И ТЕСТОВИ КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА РАКОТ НА ПРОСТАТА? Скрининзите се најефективниот начин за рано дијагностицирање со рак на простата. Ако имате просечен ризик од рак, веројатно ќе го направите вашиот прв скрининг на простата на 45-годишна возраст. Вашиот уролог може да започне со тестирање порано ако имате семејна историја на болеста.

како што стареат без позната причина. Превенцијата не е можна. Но, ако имате одредени фактори на ризик за рак на простата, преземањето на овие чекори може да помогне да се минимизира ризикот и рано да се фати болеста:

МЕНАЏМЕНТ И ТРЕТМАН

» Редовни прегледи на простата

КОИ СЕ КОМПЛИКАЦИИТЕ НА РАКОТ НА ПРОСТАТА?

» Вежбајте редовно

Некои агресивни видови на рак брзо се шират (метастазираат) надвор од простатата. Ракот на простата најчесто се шири на коските и лимфните јазли. Може да се развие и во црниот дроб, мозокот, белите дробови и другите органи. На некои луѓе никогаш не им е потребен третман бидејќи ракот расте бавно и не се шири. Со третман, повеќето карциноми на простата се многу излечиви. Опциите за третман вклучуваат:

» Престанете да пушите.

Треба да се јавите кај вашиот уролог ако искусите:

КОИ СЕ НЕСАКАНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ТРЕТМАНОТ НА РАК НА ПРОСТАТА?

» Крв во урина или сперма.

» Одржувајте здрава тежина » Јадете хранлива исхрана

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЈАВАМ НА МОЈОТ УРОЛОГ?

» Тешкотии со мокрење. » Често мокрење (инконтиненција). » Болка за време на мокрење или сексуален однос.

Некои третмани за рак на простата можат да влијаат на мочниот меур, еректилните нерви и мускулот на сфинктерот, кој го контролира мокрењето.

ПРЕВЕНЦИЈА Како можам да спречам рак на простата? Повеќето мажи развиваат рак на простата Neuromedica

PZUNeuromedica



39

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Web: www.kromberg-schubert.com Phone: +389 47 210 101 email: ksmk-bt@kroschu.com Neuromedica

PZUNeuromedica


ЕДИНСТВЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА АВИОНСКИ, МЕДИЦИНСКИ ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ. ПАРТНЕРСТВО СО СТРАНСКА АВИОНСКА КОМПАНИЈА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН УШТЕ ЕДЕН ПРОЕКТ НА БОЛНИЦАТА НЕУРОМЕДИКА СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА ОНИЕ НА КОИ ИМ Е НАЈПОТРЕБНО. ВО ПАРТНЕРСТВО СО СТРАНСКА АВИОНСКА КОМПАНИЈА, ПРЕКУ СПЕЦИЈАЛЕН ЛЕТ НЕУРОМЕДИКА Е ПРВА И ЕДИНСТВЕНА БОЛНИЦА КОЈА ОВОЗМОЖУВА АВИОНСКИ, МЕДИЦИНСКИ ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ. БОЛНИЦА НЕУРОМЕДИКА НУДИ МЕДИЦИНСКИ САНИТЕТСКИ ПРЕВОЗ СО НАЈСОВРЕМЕНИ МЕДИЦИНСКИ ВОЗИЛА КОИ СЕ ОПРЕМЕНИ СО НАЈМОДЕРНА АПАРАТУРА ПОТРЕБНА ЗА ДОЛГ МЕДИЦИНСКИ ТРАНСПОРТ, ПРОСЛЕДЕН СО МЕДИЦИНСКИ ТИМ ОД ПРОФЕСИОНАЛЦИ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ СООЧАТ СО СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ!

02/313-33-13


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.