Вистина - бр. 89

Page 1

ГЛАСНИК НА ПРЕСПАНСКО–ПЕЛАГОНИСКАТА ЕПАРХИЈА Година XXIII

број 89

–ВЕЛИГДЕН– Христово Вскресение 1–ви мај 2016


Гласник на Преспанско–пелагониска епархија Излегува со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско–пелагониски и администратор Австралиско–Новозеландски г. Петар

Содржина Велигденска беседа. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3 Тајната на страдањата на Спасителот, смртта на Крст и тајната на Спасението . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6

Дејноста на митрополитот Теодосиј Гологанов (1846 – 1926) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21 Како црковните луѓе стануваат лажни? . . . . . . . . . . . . 23

Христос говори за својата смрт . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8

Православието во Ерменија . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 26

Современо догматско богословие . . . . . . . . . . . . . . . . . 10

Исповед на еден осуденик на смрт . . . . . . . . . . . . . . . . 30

Христос е блиску! . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12

Плетварско–беловодичка парохија1 (Трет дел) . . . . . 35

„Секој има свој пат – но патеката е една“ . . . . . . . . . . . 14

Благовештение во Прилеп. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 39

Баба Мита од Миџовци – Дарителката на имотот за градба на црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 17

Од децата, за децата . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 40 Службен дел на Преспанско – пелагониската Епархија . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 41

Детската соба – бојно поле . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19

Издавач Митрополиска библиотека: „Св. Јован Богослов“ Битола Главен и одговорен уредник Митрополит Преспанско–пелагониски и администратор Австралиско–Новозеландски г. Петар Уредник и технички уредник Весна Апостоловски Адреса на уредништвото ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 55, 7000 Битола; тел.: 047 236 967; факс: 047 221 721 Жиро сметка ЕУО – фондови – 500–0000003968–54 Депонент на „Стопанска банка“ АД Битола, со назнака за „Вистина“

2

Обработка, обработка на корица и печат Графо Пром ул. „Димитар Влахов“ бр. 3, Битола тел.: 047 220 802 Според мислењето на Министерството за култура на Р. Македонија бр. 07–2073/2 од 19.03.98 година, за „Вистина“ се плаќа повластена даночна стапка. Првиот број на гласникот „Вистина“ излезе на 5 април 1991 година, како прилог на списанието „Народен глас“. Како самостојно гласило „Вистина“ започна да излегува од 1992 година.

ISSN 1409–6838

Преспанско–пелагониска епархија


Велигденска беседа

† ПЕТАР ПО МИЛОСТА БОЖЈА, МИТРОПОЛИТ ПРЕСПАНСКО–ПЕЛАГОНИСКИ И АДМИНИСТРАТОР АВСТРАЛИСКИ И НОВОЗЕЛАНДСКИ, НА СЕТО СВЕШТЕНСТВО, ПРЕПОДОБНО МОНАШТВО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА ВО ПРЕСПАНСКО–ПЕЛАГОНИСКАТА И АВСТРАЛИСКО–НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА, ИМ ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО НАЈТОРЖЕСТВЕНИОТ ПОЗДРАВ ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! „Целата историја на христијанството не е нешто друго, освен историја на едно и единствено чудо – чудото на Воскресението Христово, кое непрекинато се продолжува... векови и векови, до Второто Воскресение“ (отец Јустин)

Мир вам! Христос Воскресе! „Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам“. „Примете Дух Свет! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат“ (Јн. 20, 19-23). О, божествени и преслатки зборови на Господа Воскреснатиот! Полни со дар – проштевање на гревовите, проштевање – плод на смртта и на Воскресението. Силна поткрепа на Своите ученици и апостоли по Воскресението. Наше утврдување, прибежиште и спасение.

Денес славиме голема победа: Победа полна со дарови! Победа полна со исцеленија! Победа полна со слава! Победа на животот! Победа над смртта! Победа полна со Тајни – но истовремено објавени на целото човештво, и на живи и на покојни. Се радуваме на Христовата победа. Но, Христос не е Победник за Себе, туку е за нас. Победени се денес најлутите непријатели на човекот: смртта, гревот и сатаната. Возљубени празникољупци, радувајте се!

Радувајте се: Христос Воскресе! Возљубени чеда во Христа Воскреснатиот! Денес живееме една благодат и светлина, кои не се од овој свет. Живееме почеток на еден нов и вечен живот, но истовремено и почеток на едно ново назначување на човека: станавме синови Божји и синови на Воскресението.

Денес, знаеме само за радост! И Адам во Рајот знаеше само за радост. Тој не знаеше што е тоа срам и страв. Затоа што не знаеше што е тоа грев и смрт. Кога се засрами Адам пред Бога, почна да се крие. А се срамеше, затоа што веќе беше свесен дека згрешил. И се плашеше, затоа што знаеше дека следи смрт. Интересна неразделеност на нештата, причина со последица – тие секогаш одат

Преспанско–пелагониска епархија

заедно: гревот со смртта; но и реакцијата и чувствата: гревот со срамот; смртта со стравот. „Адаме, каде си? – го праша Господ. А тој одговори: „Го чув одењето Твое низ рајот (Господи), па се уплашив, бидејќи сум гол, и се сокрив“. (1 Мојс. 3, 9-10). Адам почна да бара заштита пред Својот Заштитник. Од кого? Всушност, од Оној, Кој што го создаде и Кој што дотогаш го заштитуваше. Кога се исполни времето, Христос – Новиот Адам воплотувајќи се, стана тело и го победи гревот. Го победи гревот со Своето безгрешно зачнување и раѓање; потоа, преку Својот чист и безгрешен живот на земјата; како и преку страдањето на Крстот, бидејќи беше неправедно распнат; и на крајот, таа победа ја овенча преку Своето славно Воскресение. Христос ја победи смртта уште за време на животот; но, со Својата смрт, конечно ја уништи. Ја победи и за сите луѓе, од почетокот, па до крајот на векот. (Свети Арсениј Б.). Господ Воскреснатиот е Чудо над чудата, но истовремено Он е и со ис-

3


та природа како нас – во с` ист, освен во гревот. Он ја има вистинската природа, која, сите сме должни да си ја вратиме. А вистинската природа на човекот, не се состои во недостоинство, ни во болест, ниту во смрт или во гревовност, туку се состои во светост, во слава и во здравје, во негревовност и во живот вечен. Мили наши духовни чеда! Верата во Воскресението Христово, значи вера во вечен живот, т.е. заедница со Бога. Воскресението Христово е најголемото сведоштво за нашиот повик на живот вечен; поголемо сведоштво од ова, никој не ни дал. И бидејќи никој не ни дал вакво сведоштво, тоа го надминува нашиот вообичаен начин на размислување, и можеби, токму затоа, не се осмелуваме да веруваме во наше воскресение. Свети апостол Павле вели: „Ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера“

4

(1 Кор. 15, 14). „Без оваа вера, нашиот живот како да нема смисла, и ниту цел во себе, како да е лишен од секоја боја и немирен е“ (Свети Арсениј Б. ). А Христос Воскреснатиот, постојано н` утврдува во оваа вера, на многу начини, според Неговата промисла, полна со човекољубие: и со видување, и со слушање, и со допир. Исто како што го стекнаа и апостолите уверувањето во Воскресението: „Она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме, и што рацете наши го опипаа за Словото на животот – и Животот се јави, и видовме, и сведочиме и ве известуваме за вечниот живот, Кој беше во Отецот и нам ни се јави“(1 Јн. 1, 1-2). Но, Христос никого не присилува да ја прифати Неговата победа, и покрај тоа што победата Негова има прескапа цена – цена без цена („Скапо сте платени“, вели Свети апостол Павле – 1 Кор. 6, 20), а им остава на луѓето простор и слободна волја, да ја прифатат или да ја одбијат. Исто ка-

ко што човекот во Рајот на слободен начин го одбра своето гревопаѓање и смрт, наместо богопознание и живот вечен. Возљубени чеда, радувајте се! Радувајте се, зашто така ~ благовестеше Архангелот на Света Дева Марија, во моментот кога се воплотуваше Владиката на сите. Радувајте се, зашто така ~ благовестеше на Пресветата Мајка, дека Нејзиниот Син Воскресна тридневно од гроба. Радувајте се, зашто така им се обрати Христос Воскреснатиот на жените Мироносици. „Радувајте се... не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои“ (Мт. 28, 9-10). „Не плашете се“, - овие зборови им ги велеше Христос и на Своите ученици повеќе пати, односно секогаш кога ќе се појавеше неочекувано пред нив. А и овојпат, по Воскресението, се појави неочекувано, и покрај тоа што Неговото појавување беше посакувано. „Затоа што, не може поинаку, освен со тешкотија да се поверува во неш-

Преспанско–пелагониска епархија


та, кои се исполнуваат на исклучителен начин, и коишто ги посакуваш од целата внатрешност на своето битие“ (crestinortodox 2016). Радувајте се, дека Христос Воскресна! Преку молитва и послушание, ве поттикнуваме да се радувате на животот. Бог, (животот), во дар ни го даде кога н` створи, во дар ни го даде и кога воскресна за нас. Преку верата во Воскресението, ве охрабруваме да не се плашите од смртта; туку да ја гледате како воскресение, а не како пропаст. Смртта за верникот е последно крштевање – последно очистување во животот. Нашето крштение се усовршува со крштението со кое се крсти Христос, а тоа е – Распетието, како што сведочи Свети апостол Павле. Разликата меѓу смртта, каква што беше пред Христа, и онаква каква што е сега, по Воскресението на Христа, е како разлика меѓу огнот на голем пожар и меѓу пламенот на една свеќа. По Воскресението на Христа, смртта не е повеќе мрачна бездна. Таа е раѓање за нов живот и враќање во нашата татковина. „Значи, гробот не е повеќе вечен мрак, туку е врата на која н` пречекуваат чудесните ангели Божји“ (Свети Николај В. ). Сега, гробот претставува само последна препрека, т.е. сопка, пред да стигнеме пред Лицето Божјо; гробот е јама, која Христос ја исполни со Себеси; и не е повеќе ниту мрачен, затоа што Христос го осветли; гробот повеќе не го покажува крајот, туку го покажува почетокот; и не е наша татковина, туку е врата кон татковината. „Човекот вистински се раѓа, не тогаш кога го раѓа неговата мајка, туку тогаш, кога се раѓа во Христа Исуса, за бесмртен живот. Воскресението Христово е наша мајка“ (Свети Јустин П. ). Возљубени чеда, синови на Воскресението! Не би можел да кажам, кога повеќе се смири Бог пред човека: кога слезе од прегратките на Отецот, од славата Своја, воплотувајќи се, или кога се распна на Крстот, смирувајќи се и понижувајќи се до смрт и тоа смрт на Крст.

Затоа, да се смириме и ние, распнувајќи го телото со страстите и похотите наши. Он ни дава по едно распетие секој ден и по една страсна седмица на секого, односно по еден распнат живот; а ние пак, поради нашата негрижа, непознавајќи ги патиштата Господови, многу често се молиме на Бога, да н` поштеди од Крст. Но, Христос не направи така со Себеси; па според тоа, и ние не треба да правиме така со себеси. Постојано треба да бидеме водени од мислата, дека од најтешкиот крст – смртта, никна најголемата победа: Воскресението, односно убивањето на смртта. Да бараме од Бога, да го очисти нашиот живот. И секој удар, секое искушение и секоја неволја, да ги примаме како очистување. „Преку Светиот Крст – преку страдањето – распетие во животот, се влегува во Царството Божјо. И дотолку посигурно се влегува, доколку трпиме неправедно распетие“ (Свети Арсениј Б.).

веди: „Не убивај“, а ние масовно ги убиваме и сеуште неродените, т.е. ги абортираме; „Не пожелувај ништо што е туѓо“, а ние ја пожелуваме не само куќата, туку и парчето леб од трпезата на ближниот, и уште многу, многу други заповеди, над кои е заповедта за љубовта кон Бога и кон ближниот. И не е проблемот само во тоа, што станавме пат или беспаќе на бегалци, туку што стануваме луѓе со празни души и покрај удобниот живот, и тука и надвор од татковината. Затоа, апелираме до сите наши духовни чеда, како во татковината, така и во дијаспората, да не ја заборават верата на нашите татковци, Православието, кое н` одржало и само тоа може да н` одржи како народ Божји и нашата татковина, која како света земја е напоена со крвта на страдалниците и мачениците.

Наши најмили!

Радувајте се, затоа што денес изобилно се излеа врз нас љубовта на Светата Троица! Иако луѓето Го осудија Бога на смрт, Бог преку Своето Воскресение ги „осуди“ луѓето на бесмртност... И покрај тоа што луѓето не покажале никогаш поголема омраза кон Бога, како тогаш кога Го распнаа, Бог никогаш не покажал поголема љубов кон луѓето, како тогаш кога Воскресна. (Свети Јустин). Нема за човечкиот род, друг вистински пат и живот од Христовиот. Во тоа, Воскреснатиот Христос, н` уверува велејќи: „Јас сум Воскресението и Животот. Кој верува во Мене, и да умре ќе живее. И секој што живее и верува во Мене, нема да умре довека“ (Јн. 11, 25-26).

Во последниве времиња, во нашата татковина, ни се случува сличен егзодус, како на Еврејскиот народ, во Стариот па и во Новиот Завет. Невиден егзодус, ништо помал од оној во 1947 г., кога имаше масовно напуштање на родните огништа и заминување преку граници. Прво опустеа селата, а сега се преполовија и градовите, во вистинска смисла на зборот. Но, ако егзодусите за избраниот народ значеа покајание и повторно враќање на родните огништа, во Ветената Земја, денес, нашиот егзодус за нас, библискиот народ – Македонците, најчесто и скоро без исклучок, значи скоро неповрат. Причините за ова се многу, но сите водат кон една: удобно живеење, наместо основни услови за живот. Но, исто така, и немање доволно чувство за татковината во која сме се родиле, а богоизбраниот народ рекол: „Ако те заборавам тебе Ерусалиме, да ме заборави мојата десница (Боже)“. Една Божја заповед вели: „Немој да имаш други богови освен Мене“, а нам ни станаа Бог парите, властољубието и личните суети. Но, без оглед дали сме во татковината Македонија или надвор од неа, треба да ги исполнуваме Божјите запо-

Преспанско–пелагониска епархија

Возљубени браќа и сестри во Господа!

Христос Воскресе! Навистина Воскресе! На Велигден, 2016 г., Битола Ваш постојанен молитвеник пред Христа Богомладенецот Митрополит Преспанскопелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски

† Петар

5


Тајната на страдањата на Спасителот, смртта на Крст и тајната на Спасението

О

д Евангелието е очигледно дека страдањето на Богочовекот е неопходно за спасението на човековиот род. Зашто, Богочовекот изјавува дека целта на Неговото страдање е – спасението на светот: „За тоа дојдов во овој час„. Целиот живот на Спасителот на земјата, претставува едeн постојан подвиг на страдање за спасението на светот. Не можел да не страда постојано Богочовекот, Kој секој миг пред своите севидни очи ги имал сите гревови, пороци и злосторства на сите свои современици, како и на сите луѓе од сите времиња. „Често се случувало – вели Св. Јован Златоуст за Спасителот – да Го видат како плаче, но никој никогаш не Го видел да се смее или барем насмевнува. Затоа никој од евангелистите тоа и не го спомeнува.“ Сите страдања на Господ Исус Христос, го достигнуваат својот страшен, но и спасоносен врв во Неговата смрт на Крстот. Toа е причината што Он ита кон смртта како кон извршување на спасението на светот, говорејќи: „Јас дојдов во овој час, да примам смрт за сите“. Во крстната смрт на Спасителот, доаѓа до својот врв Неговата неизмерна лубов кон човекот. Затоа и Крстот се издвојува како врв на Богочовековото спасување на светот. Крстот е синтеза на сето тоа. Низ сите свои страдања, Господ Исус Христос ја води човековата природа кон спасението. Како претставник на целото човештво, бидејќи беше вистински Бог и вистински човек,

6

Откупувањето од Богочовекот

Он во сите свои борби и маки се бореше и се мачеше за спасението на целиот човечки род. Всушност, Он ги отстрада сите човекови страдања и маки. Затоа велеше и тагуваше: „Нажалена е мојата душа до смрт“. Преживувајќи го тоа за сите луѓе и наместо сите луѓе, Он плачеше и тагуваше над гревовите на целиот свет и се молеше до крвава пот. Сето тоа Он не го правеше заради Себе, туку заради човековиот род, чиj што гревови, страдања и смрт ги зеде врз Себе. Со своето Богочовечко страдање, Господ ги освети и осмисли човековите страдања. Неговото страдање има спасоносна и животворна сила и значење за целото човештво, бидејќи е Богочовечко. Он низ него ја преведува човековата природа од ропство во слобода, од смрт во живот.

Бидејќи во с` безгрешен, Господ Исус Христос не можеше да умре, зашто смртта е последица на гревот, плата е за гревот. Но, иако заради својата Божествена безгрешност е бесмртен, Господ доброволно ја прими смртта за луѓето, кои таа заради нивниот грев ги пустошеше и со својата откупителна жртва стана Откуп и Спасител на човековиот род од гревот и смртта. Доброволно пролеана за луѓето – Христовата крв има бескрајна вредност пред Бога, затоа што тоа е крвта на Богочовекот. И само како таква, таа го откупува човековиот род од гревот и смртта и го преведува во бесмртноста и вечниот живот. Преку гревот, човекот многу ја оштетил својата боголика душа, ја расипал, ја помрачил и делумно ја изгубил. Ниту едно од створените битија не можело да ја откупи и спаси. Единствената сила, а со тоа и единствената вредност, со која може да се откупи огревовената, изгубената човекова душа е – безгрешната душа на Богочовекот Христос. Нејзината семоќна откупителна и спасителсна сила, лежи во нејзината безгрешна сечистота и божествена севредност од една страна, и во нејзината природна сродност со човековата душа, од друга страна. Затоа Спасителот и објавил дека дошол – да ја даде својата душа како откуп за многумина. Спасителот тоа го направил со својот живот, а особено со својата Крстна смрт и со Воскресението. Положувајќи ја доброволно својата душа за спасение на луѓето, Спасителот со сепобедната сила на нејзината

Преспанско–пелагониска епархија


безгрешност и севредност, ја откупи човековата душа, продадена на гревот и смртта. Победата на Богочовекот над гревот, cмpтта и ѓаволот. Гревовите се производ на ѓаволот. Безгрешниот Богочовек го победи не само гревот, туку и самиот творец на гревовите – ѓаволот. Целиот Богочовечки домострој на спасението, ја има за цел: победата над ѓаволот како над врвен творец и самобитен татко на гревот и злото. Затоа, апостолот Павле вели: „Бидејќи луѓето имаат тело и крв, така и Бог Логосот зеде учество во тоа – со смртта го сотре оној што ја има смртната сила, односно ѓаволот“. Бог Логосот и се јави во овој свет како човек, за да го сотре ѓаволот, неговата сила – гревот, а преку него и самата смрт (Ев. 2,14–15). Со својата Крстна жртва, Господ на човековата природа и даде богочовечка сила, со која луѓето се избавуваат од секое зло и беззаконие. Бидејќи Спасителот сета Своја спасоносна и животворна сила, ја сосредоточил во Крстот, Крстот стана Негов знак и на земјата и на небото, знак по кој Го познаваат и распознаваат сите земни и небесни битија. Тајната на слегувањето на Спасителот во адот и Тајната на спасението. Господ Исус Христос, со својот Богочовечки домострој на спасението ги опфати сите човечки битија – не

само во сегашноста, туку и во минатотото и иднината. Он, стана Спасител на целиот човеков род. Вистинити се зборовите на Св. Иринеј: „Христос дојде не само заради оние што во времето на императорот Тибериј поверувале во Него, и Отецот промислувал не само заради оние што сега живеат, туку за сите луѓе воопшто, кои од почетокот биле богобојазни и Го сакале Бога, и праведно и побожно се однесувале кон ближните и сакале да Го видат Христа и да Го слушнат Неговиот глас.“ Слегувањето на Спасителот во адот – местото во кое престојувале душите на сите луѓе кои живееле и умреле пред Неговото доаѓање во овој свет – било природно, неопходно и логично. Спасителот слегол во адот со својата човечка душа и тоа, слегол додека Неговото тело лежело мртво во гробот. Своето слегување во адот, Спасителот го проследил со својата проповед на она исто Евангелие што го проповедаше на земјата. Зашто, истото Евангелие важи за сите луѓе и во овој свет на земниот живот и во светот на смртта – во адот; истото Евангелие

Преспанско–пелагониска епархија

и истото спасение. Апостолот Петар јасно кажува дека, Спасителот им Го проповедал на душите во адот, Своето Евангелие за спасението. Слегувањето на Богочовекот Христос во адот, го означува уништувањето на смртта, победата над адот и ѓаволот, и власта над нив. Toа го покажуваат зборовите од апостолот Јован, дека Господ Исус Христос ги има клучевите од адот и смртта. Адот во кој Господ слегол, во кој престојувале и праведните души, е царството на смртта, живеалиштето во кое се чувствувала онаа тага, немоќ, болка и жал, кои завладеале со човековата природа заради гревот. За спасоносната сила на Господ Исус Христос, Црквата пее: „Кога Господ Христос беше распнат, ѓаволот беше врзан, и смртта беше умртвена, а душите што беа во адот држани, се ослободија од оковите.“

архимандрит Јустин Поповић, – „Тајне вере и живота“ Подготви: ѓакон Златко Крстевски

7


Христос говори за својата смрт „Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и мојот слуга. И кој Ми служи Мене, него ќе го уважува и Мојот Отец. Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но, заради тоа и дојдов на овој час. Оче, прослави го името Свое!“ Тогаш дојде глас од небото: „И Го прославив, и пак ќе Го прославам“ А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми“, други, пак, рекоа: „Ангел Му прозбори.“ Исус одговори и рече: „Не заради Мене беше овој глас, но заради вас. Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде истеран надвор. И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе. „А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре.“ (Јн.12,26–31)

О

д свеченото влегување во Ерусалим, па до својата Крсна смрт, Христос нашиот Спасител не прекинал со својата месијанска дејност, за кои што настани најмногу ни зборуваат синоптичарите. Светиот Јован, најмногу ставил акцент на Беседите Господови. Овој стих е дел од разговорот што Христос го водел со некои Елини, ден или два по свеченото влегување во Ерусалим. Во времето на Христа, имало многу многубожци, кои исто како и Евреите оделе во Ерусалим на големите празници, зашто многубожечките култови не ги задоволувале нивните религиозни потреби. Тоа свечено влегување на Христа во Ерусалим, на многубожците од грчко потекло му оставило силен впечаток, како и Неговата чудотворна моќ, па затоа побарале да разговараат со Него. Сакале да бидат претставени, па затоа од предходните стихови гледаме дека му се обраќаат на апостолот Филип, а овој пак се советува со Андреја и двајцата заедно Му кажуваат на Господа за нив. Од ова гледаме една интересна, временска дискрепанца во животот на Христа, кога се роди, многубожци дојдоа да Му се поклонат (мудреците од исток – Мт.2,1) и сега кога е пред крајот на својот земен живот, многубожци повторно со посебен пиетет Го бараат. „Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга.“ Читајќи ги зборовите Христови, си го поставуваме прашањето, а каде е Господ и каде да одиме по Него? Па Он е во с` што е божествено, вечно и бесмртно, во Божјата Вистина, Правда, Љубов, Милост, Мудрост во секое божествено совршенство во Бесмртноста, во Вечноста во Царството Небесно, во

8

с` ова, треба да биде секој слуга Христов. Следбеникот Христов го породолжува Христовиот живот на земјата, и тоа заедно со Него. И тој пат или тој живот заедно со Христа, не случајно се нарекува богочовечки живот, кој што пак почнува, трае и завршува во богочовечкиот организам, а тоа е Црквата, а Црквата е Господ и целата негова творба на чело со човекот. И секој што го следи овој пат и е слуга Христов – него ќе го уважува ќе го почитува Бог Отецот. Каква необична и неизмерна чест е тоа. Човекот да биде почитуван и уважуван од Бога. Пристапувањето на многубожните Елини кон Христа, Му дале повод да почне да зборува за својата предстоечка смрт и нејзиното значење. Он зборува за својата смрт, како неопходен пат кон спасението. Он мора да умре и да жртвува с` што крие во Себе, за да преку Него настане нов живот. „Душата сега Ми се нажали,

и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час!“ Овие Христови зборови се израз на човечката природа на Богочовекот и Неговата Божја природа, тоа го прифаќала поинаку. Настанот со ап. Петар кога Го моли да се поштеди од страдањата, е одличен пример. Но Он се заврте и му рече на Петра: „Бегај од Мене, сатано! Ти си ми соблазна, оти мислиш не за она, што е Божјо, а за она, што е човечко!“ Ете јасно кажано „човечко“ – произлегува од човечката природа. Само сатаната бил против Христовите страдања, зашто тоа сето значи распнување на гревот и после тоа, разурнување на адот и отворање на дверите во вечниот живот. „Душата сега Ми се нажали“ со овие зборови Господ Исус Христос парафразира библиски текст од псалмите, во кои се изразува копнеж на човековата душа за Бога и ветување, дека ќе добие од Бога измирување.

Преспанско–пелагониска епархија


(Пс.41,5 и 11). Нажалувањето на Неговата душа е, како што спомнавме, израз на човечката природа, Неговата душа „се нажали“ како на секој човек пред смртта, според нашата телесна природа бегаме од смртта и се плашиме од неа, искажувајќи нажаленост и тага во претсмртниот час. „Но, заради тоа и дојдов за овој час.“ Тој час е искупителното дело на Христа нашиот Спасител. Зашто Христос знаеше дека, ако не пострада, ние луѓето немаше да се спасиме, Христос дојде и го вкуси страдањето и болките со човечката природа, за да може потоа со Божјата, да не воздигне и спаси и преку Воскресението да ни дарува бесмртност и вечен живот, со смртта, смртта да ја победи, за нас Живот да ни подари. И навистина ниту ни го даде, ниту ни го дарува, туку ни го подари, а ни го подари зашто ние не го заслужуваме. Христа Спасителот и Животодавецот наш, повторно говори за Својата славна и спасоносна смрт. Он ќе биде издигнат на Крст и распнат пред очите на целиот свет, како Спасител и Избавител на светот. Он говори и мисли на искушенијата кои Му предходат на Неговото прославување и избавување на светот од гревот. А „гласот од небото“ го потврдува истото и укажува на нешто што е веќе тука и е многу блиску, а истовремено покажува дека Неговото страдање е и прославување на Бога. Бог веќе бил подготвен да го осуди светот и неговиот властодржец односно сатаната, а „гласот од небото“ покажува дека тој суд веќе почнува. Гласот потсеќал на оној Глас од планината Синај, кој му говорел на Мојсеја. Спасителот објаснува дека овој глас не е заради Него, туку заради народот и сигурно заради Грците, за да им покаже дека патот е исправен од земјата кон небото, дека Бог не е некоја делечна надматеријална идеја, туку тивок и благ Промислител на светот,

дека небото ги отвори своите врати за земните. Исто како што пееме во катавасијата на Рождество Христово: Христос се раѓа славете Го, Христос од Небесата пречекајте Го, Христос е на земјата – вознесете се..... Грешниот свет, Христос ќе Го осуди со својата смрт, зашто со неа ќе го победи гревот и властодржецот на таквиот огревовен свет. Бог отсекогаш бил владетел на овој свет, с` додека луѓето не биле паднати во гревови, кога паднале и се изгубиле во своите гревови, тие всушност прифатиле нивен владетел да биде смртта, односно ѓаволот. Хистос се воплоти на земјата, стана еден од нас, ја прими нашата природа, за повторно преку Евангелието, преку Крсната Жртва и преку Воскресението, да ја преземе власта врз овој свет. Затоа Христос по Воскресението вели: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата“ (Мт.28,18), значи Му се дала власт да го отвори адот и да ги изведе оттаму праведниците, да го отвори небото и да ги воведе во рајот оние кои ги помилувал. И какви с` други видови на власт Му се дале, ние не можеме да сознаеме. Значи,

Преспанско–пелагониска епархија

Нему Му е потчинета секоја власт и сила. „Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор“ Кажавме предходно, кој е овој свет и тој свет ќе го осуди Христа нашиот, Безгрешен Животодавец. Сега е тој суд, зашто овие се последните дни на овој огревовен свет и последните дни на неговиот властодржец – сотоната. Тој суд се луѓето, кои преку гревољубието и страстољубието, го отфрлиле својот божествен владетел, а го прифатиле стотоната „И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе.“ И навистина, Христос ќе биде подигнат на Крстот и распнат, но уште повисоко ќе се издигне со Воскресението, а на човекот ќе му подари вечен живот и бесмртна слава во Бога и „сите ќе ги привлечам кон Себе“. „А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре.“ Светиот Јован Богослов ова го благовести, зашто Христос постојано потсетуваше на Својата мисија и Своето Свето искупително свештенодејствие преку Евангелието. Христос со своето Воскресение и Вознесение, ќе покаже дека е вистинскиот Кнез, Владетел на овој свет, а владее со него преку Евангелието во својата Црква. Користена литература: 1. Грозданоски Ратомир, протоѓакон, Евангелие според Матеј, проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје, 2011; 2. Грозданоски Ратомир, протоѓакон, Евангелие според Марко, проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје, 2004; 3. Поповић Јустин, отац, Тумачење Светог Еванђеља по Јовану, Београд, 1989; 4. Чарнић М. Емилијан, Еванђеље по Јовану, Крагујевац 1986. Подготвил: Емилијан Зелнички

9


Современо догматско богословие Беседа за последното, с`општо и заедничко воскресение на мртвите

В

истината за општото воскресение на мртвите јасно и дефинитивно е откриена во Светото Писмо. Исто така, таа произлегува од главните сили на нашиот бесмртен дух и од поимот на Вечниот, Семоќен и Всеправеден Бог. Уште во Стариот Завет, врз основа на Божественото откровение, праведниците ја поседувале верата во општото воскресение на мртвите (Јов 19, 25 – 26; Исаија 11, 13 – 16; Езекил 37; Даниил 12, 2; Макав. 7, 9; и др.). Воопшто, сите старозаветни праведници се сметале себеси за странци на земјата и ја барале Небесната Татковина (Евр. 11, 13–16). Преку пророкот Осија, Господ вели: Од власта не пеколот, ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам. Смрт – каде ти е силата? Каде ти е тебе, пеколу, победата ? Сочуството е скриено од Моите очи (Осија 13, 14). Во Новиот Завет, Господ Исус Христос проповеда за воскресението од мртвите и тоа, многу јасно и дефинитивно: Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и веќе е дојден, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и тие штом го чујат, ќе оживеат ... и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување (Јн. 5, 25 – 29). Спасителот ја потврдува Својата проповед за воскресението и во Светата тајна Причест (Евхаристија): Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден (Јн. 6, 54). Кога Спасителот говори за целта на Своето доаѓање на земјата, го посочува токму вечниот, иден живот: Зашто Бог толку го возљуби Светот, што Го даде и Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен (Јн. 3, 16).

10

Апостолите ја поставуваат вистината за воскресението на мртвите, над секое сомневање и ја докажуваат преку Христовото Воскресение и преку целата евангелска проповед: И ако се проповеда дека Христос Воскреснал од мртвите, како тогаш некои помеѓу вас велат дека немало

воскресение над мртвите? А штом нема воскресение на мртвите, тогаш и Христос не Воскреснал; ако, пак, Христос не Воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, празна е и нашата вера; ... И, ако само во овој живот се надеваме на Христос, тогаш ние сме најбедни од сите

Преспанско–пелагониска епархија


луѓе. Но, ете, Христос Воскресна од мртвите, и со тоа стана првина за упокоените (1 Кор. 15, 12 – 20). Покрај тоа, Св.ап. Павле вели и покрај појавите во видливата природа, некои се обидоа да н` разубедат во вистинитоста на Воскресението,... но сепак некој ќе рече : Како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? Бесрамнику, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре. А кога сееш, не го сееш ли телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго; но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе – неговото сопствено тело; ... Така е и со воскресението на мртвите: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање; се сее во бесчестие, воскреснува – во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила; се сее тело душевно – воскреснува тело духовно ... (1 Кор. 15, 35 – 37 ; 42 – 44). Самиот Господ вели: ... ако зрното пченично, што паднало на земјата, не умре, останува само, а ако умре – ќе донесе голем плод (Јн. 12, 24). Да, навистина чудна појава ни претставува и самата видлива природа. Жито, фрлено во земјата, гние, се уништува и се распаѓа и што? – Со тоа ли завршува? – Не тоа не е ништо! Оттука почнува да изникнува и израснува во клас со нови зрна, во с` слични на распаднатите. Тоа ли не е чудо, достојно за неше внимание? Не е ли очигледно тоа сведоштво, дека Премудриот Творец преку самата смрт го положува почетокот на животот и преку уништувањето – гради ново постоење? – Така тајната за воскресението на мртвите е секогаш пред нашите очи. Таа видливо ни се открива во природата, утврдувајќи ја нашата вера и разобличувајќи го нашето суеверие. Сепак, се случува во нашиот ум да се појави прашањето: Како можат да воскреснат мртвите, кога телата на умрените се разложуваат во прав и се уништуваат? Како ќе воскреснат мртвите? Точно така, како што почнаа да живееат во поче-

токот. С`моќниот Бог, еднаш веќе ни дал живот, земајќи прав од земјата и Он како С`моќен може по втор пат да земе и да ни даде живот. Откако Бог го востановил целиот свет од неорганизираната материја, создадена од

ред праведното Божјо определение, промисла и волја и нашето трулежно тело, како и за семето е пресудено, прво да умре и да се распадне, а потоа повторно да воскресне. Местата, каде што се погребуваат почина-

Него од ништо, зар не може повторно да ги подготви нашите тела од земен прав и да ги престави со истите овие тела и во истиот, само обновен вид? – Господ веќе го покажал спротивното на пророкот – тајната на нашето воскресение од мртвите. Во видение му било претставено едно поле исполнето со суви човечки коски ... На тие коски според Божјото слово, кажано од Синот Човечки се формирани човечки состојки (жили, тело и кожа) можеби по истиот начин како што било и почетното создавање на човекот, а потоа, телата ги оживотворил Духот. Според пророштвото Господово, се соединуваат коска со коска, секоја на своето место, потоа се поврзале со жили, се обликувале во тело и се покриле со кожа, конечно, според второто Божјо пророштво, изречено од Синот Човечки, влегол во нив Духот на животот – и тие елементи, кои станале на нозе, составиле големо множество народ (Езекил 37, 1 – 10).

тите се ниви, во кои преку раката на смртта се сеат нашите тела – како семе. Нашата мајка – земјата е храм, во кој меѓу распаѓањето се задржува нашето нераспадливо: ... се сее тело душевно – воскреснува тело духовно (1 Кор. 15, 44). Бог не не осудил на смрт, за да не уништи нас, кои сме Неговото создание, а за да не оспособи и направи способни за живот во идниот нераспадлив живот. На нас, луѓето ни останува побожно да се покоруваме на премудрата Божја промисла, со вера да го прифаќаме Божественото откровение за нашиот следен живот и со христијанска надеж, да го очекуваме воскресението на мртвите и животот во идниот век!

Зар на тој начин ќе стане и идното воскресение на мртвите? Навистина, чудни се Божјите дела! Чудна, но божествена е од нас исповеданата Света вера! Така, спо-

Преспанско–пелагониска епархија

АМИН !

Превел: Петар M.Петковски, апсолвент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Наслов на изворникот : http://www.plovdivskamitropolia.bg/ nedelna–propoved.html

11


Христос е блиску!

С

екојдневно слушам, како христијаните зборуваат „Ако и ние би сме живееле во апостолско време, и ако сме Го виделе Господ Исус Христос, и ние би сме биле светители како и тие„. Така замислуваат во своето незнаење. Зашто Оној Кој говорел во времето на апостолите, и сега му говори на светот. Не само со зборови, но и со Своите дела Он е ист како и во апостолско време, зашто не уверува со зборовите: Отецот е секогаш во Синот, и Синот е секогаш во Отецот, и како што Отецот секогаш делува, така и Синот секогаш делува. Можеби некој ќе рече деке е голема разлика, да се гледа Господ телесно и да се слушаат Неговите зборови – од она што ние го слушаме од другите и читаме од Евангелието. И јас велам дека има разлика и додавам дека денешниот начин на познавање на Христа е неспоредливо поприкладен од првобитниот. Зашто тогаш, Господ им се покажал на луѓето во облик на човек прост, смирен и понижен – што и самите Евреи мно-

12

гу ги збунувало – додека денес, Он нам ни се проповеда како вистински Бог. Тогаш, им приоѓал на луѓето како човек, седел на трпеза со грешници и цариници, додека денес Он седи од десната страна на Бог Отецот и го храни целиот свет и без Него, ништо не бидува. Во апостолско време, дури и просјаците Го понижувале и говореле: „Не е ли Он дрводелецот, Синот на Марија?“ (Мк. 6, 3), додека сега пак, Му се поклонуваат кнезови и цареви како Син на Бога и како Бог. А Он ги прославува оние кои му се поклонуваат, со дух и вистина. Во апостолско време, Го почитувале како еден од луѓето, како смртен и било големо чудо, кога некој можел во тој облик да Го признае како Творец на небото и на земјата и на с` што постои. Заради тоа, кога Светиот апостол Петар исповедал: „Ти си Христос, Син на живиот Бог“ Христос го пофалил, велејќи му: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, оти тело и крв не ти го открија тоа, а Мојот Отец Кој е на небесата“ (Мт. 16, 16). Денес, тука

нема ништо особено, зашто Христос денес се проповеда со сета слава. Зашто, кога денес нам би ни било оневозможно да внимаваме и исполнуваме, што говори Бог и сите Светители – кои најнапред исполниле а потоа напишале и нам ни ги оставиле своите поуки – тогаш, заради што тие се труделе и пишувале?! Заради што, денес тоа се чита по храмовите?! Кој тоа го порекнува, го заклучува небото, кое Христос нам ни го отвори со Своето слегување на земјата, и го спречува воздигнувањето кон небото, кое исто така ни го покажа Христос. Бог стои кај вратата небесна и гледа на земјата, и Него Го гледаат верните души и слушаат како ги повикува преку Евангелието: „Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Мт. 11,28). А богоборците и нововерците извикуваат: невозможно, невозможно во овој век! Таквите, Самиот Господ решително ги изобличил говорејќи: „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затво-

Преспанско–пелагониска епархија


рате царството небесно пред луѓето; оти, нити вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат“ (Мт. 23, 13). Со што се отвара вратата на Царството небесно? – Со плач и покајание. Тогаш не може во светлина да опстанат, зашто особина на светлината е да ја избрка темнината. А кој од нас е без грев! „Ако пак речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажец, и словото Негово не е во нас“ (1Јов. 1, 10). И зошто би му било на човека, невозможно да се покае? Па со што друго Светителите би блескале во светот, ако не со своето внатрешно покајание?! А ако тоа не е така – тогаш тие не би ја присилувале својата душа на признавање на гревовите и оплакување на навредите, кои смртниот човек му ги нанесува на вечниот Бог. Кој вели дека е невозможно покајанието, очистувањето? Не сме чуле дека некој може да се очисти без солзи, за направените гревови по крштението. Светите Отци, залудно не ни зборуваат, дека виделе мноштво примери, како незнабожци плачат за време на примањето на Светата Тајна Крштение. Благодатта, небесната сила на Светиот Дух, слегува на нивните души и ја изгонува гревовната темнина, како што ветерот го очистува небото од облаци.

Кој тврди дека не е грешен, дека не направил кривични дела, тој истиот тврди дека не може да се покајува и дека Христос е далеку. Во апостолско време, на Христа Му приоѓале два типа на луѓе: питом народ, кој Го слушал и Му верувал, и тешко болни и големи грешници, кои Му приоѓале со солзи во очите, како кон Чудотворец и Бог. И едните и другите, Христос ги примал, а последните ги ставал за пример на целиот род човечки, како се приоѓа кон Синот Божји. Па така и Светителите кон Не-

го пришле. И Он ги поставил и посветил за учители на Црквата и пример за народот. Солзите и покајанието биле мост, преку кој се доаѓало до Христа во времето кога Он лично проповедал и лично исцелувал. Солзите и покајанието се мост кон Него и сега, кога Он седи во слава на Бога Отецот. Он, Господ Христос, на Светителите им разделил животни крстови – да се уморат, носејќи ги, па од умор во Царството небесно да се одморат. Зашто кој не ги гледа маките на Синот Божји, и не ги гледа своите гревови, како може да влезе во Царството Божјо?! Синот влегол после страдањата, зарем смртниот човек да влезе без страдања, без плач, без покајание, без познание на самиот себеси! Не е Христос далеку. Христос е сосема блиску. Поближен е од родителите и пријателите, поблизок од дишењето и од секоја помисла. Родителите можат да умрат, дишењето може да отежне, мислите можат да залутаат и да не донесат никаква утеха. Христос се спуштил до секој човек – до просјакот, до разбојникот. Христос се спуштил до смртта, до Адот и сите ги повикал во Своето Царство. И еднакво повикува: „Дојдете кај Мене!“ Зарем е далеку Оној Кој така говори? Свети Симеон Нов Богослов превод Весна Апостоловски

Преспанско–пелагониска епархија

13


„Секој има свој пат – но патеката е една“ Петар Мамонов, рок–музичар, актер и поет. (познат е по филмовите „Остров“ – отец Анатолиј; „Цар“ – Иван Грозни; „Јереј–сан“ – Шатун).

Какви ќе умреме – со тоа и ќе се соединиме. Маслото никогаш нема да се соедини со вода, а подобното со подобно – секогаш. Ако си добар, им простуваш на сите, не се навредуваш – со тоа и ќе се соединиш на тој свет. Ако пак умреш, озлобен на оние кои те опкружуваат, со лутина на твоите деца–внуци, кога ќе дојдеш пред Бога, ќе ти рече: извини, не те познавам, ти никогаш не се обраќаше кон Мене во животот...

Како да го видиме Бога? – А како може да не Го видиме? Ти само отвори ги очите! Надвор –40 степени, а птичка застанала на гранката и „црр–црр“ – што, сама таа тоа го прави? И краставиците сами растат од земјата? Или, излези една јасна ноќ на улица и погледни на небото – зарем е можно, тие ѕвезди сами да се појавиле? Ја знаете една од верзиите, зошто Бог го создал човекот? Затоа што создал с`, и сакал некој заедно со Него да се восхитува. Вклучи ја главата, проучи го прашањето, почитај од Евангелието, ка-

ко Бог дошол на Земјата, размисли кои сме и зошто живееме. Јас, мојот пат кон Бога го започнав со книгата „Ризница на духовна мудрост“, издание на Сретенскиот манастир, каде што има евангелски четива за секој ден од годината. Започнав, наутро да читам по еден дел од Евангелијата и поуките од Светителите, а потоа, запишував во книга, тоа што посебно ќе ми се допаднеше. Се радував, како дете. Зашто кога Господ повикува, дава аванс на почетничка благодат, за бесплатно, како дар да Го запознаеш Светиот Дух. А потоа започнува реалната работа, сопнувања и искушенија. Но, треба

да помниме, каде е тешко – таму е и среќата. Како дињата – кога е на стеблото, прима живот, зрачи свежина, убавина. Ако се опушти и падне, ќе скапи, кон што н` повикува Западот. Секој има свој пат – но патеката е една, и тоа е јасно. Стратегијата што да правиме е јасна. Заповеди се само две – љуби Го Бога и ближниот свој – а за тактиката се напишани томови. Еден рецепт за сите, не може да има. Но на крај, прашањето за сите е исто: што ќе правиме во четврток, ако умреме во среда?! Што ни е ветено? Проучувајте го прашањето! За трпението и страдањата – Секако, не треба секогаш да трпиме. Ако во автобус понижуваат некоја жена, или се изживуваат над некое дете – треба да се тепаме. Или ако има војна. Секако, тука е важно за што се војува. Ако е како нашите татковци и дедовци, ја штитиш татковината и семејството – напред! Тука веќе не смее да забавуваме и да мрмориме: домот ни го бомбардирале, жената–децата ги убиле – пушката на рамо и напред! И во страдањата, Бог ни е уште поблизок. Во затвор, во болница – Он сам таму оди. За справедливоста и милосрдноста – Мојот омилен Светител – Исак Сирин (христијански писател – аскет на Црквата на Исток, живеел во Сирија во VII век – заб.ред.) Него го читам, по секој повод. И на сите прашања, наоѓам одговор. Ми се допаѓа неговиот израз: никогаш не го наре-

14

Преспанско–пелагониска епархија


кувај Бога справедлив. Справедливоста и милосрдноста, како сено и оган не можат да постојат во една душа. Ако Бог беше справедлив, илјада пати ќе горевме сите во пеколот, а по милоста Божја ние стоиме тука обуени и згреени, а имаме и палта и кожни чизми по печурки да одиме – и веќе не сме гладни, и нема што да викаме „криза–криза!“ Отвори го фрижидерот – имаш толку продукти... За време на Големата Отечествена вој-

умрел... Каде да одиме? Кај Бога, каде на друго место! Како што пеат, кај нас, во селскиот храм, бабичките: „со тебе спокојно заспивам, со тебе радосно станувам...“ За националното прашање – Си седел мојот омилен старец Исак Сирин во својата сириска пештера во седмиот век, а неговите ученици ги запишувале одговорите на

ме, кутро момче, зашто тој треба да живее со таа омраза. Интересно е тоа, што кога порано доаѓавме во Рига, тие „борци против советските окупатори“ н` пречекуваа како свои. Како ние, неофицијално, да бевме на нивна страна – нешто како разрушители на советскиот поредок. Сето тоа е глупост! Сите ние сме роднини со вас, с` до Адам и Ева, како може да се делиме? Ние сите сме едно, благодарение на живите делчиња кои се во нас, а не по државите или нациите. А понатаму, како кај Висоцки: „Не го чепкај шурата! Каков–таков, роднина ни е“. Дали биле руси, латвијци, католици, православни... Глупост! Два по два – се четири, а не три и пол. Вистината е само една. За напливот на бегалци

на, во блокадата – имало криза. И пак живееле луѓето! Сирин за тоа пишува: секогаш своите маки споредувај ги со поголеми... Животот – не е за да си створиме удобност. Како што е напишано во книгата Јов: „Човекот се раѓа за страдање, за како искра, горејќи, да одлета нагоре“. Во страдањата се скрушува срцето. Значи, во каменот ќе се појави пукнатина, низ која ќе може да влезе благодатта Божја, Духот Свет. Дури кога нешто силно ќе н` потресе, си спомнуваме за Бога. Храмовите, со каков народ се полни? Од љубов дошле кај Бога? Ниту еден таков нема! Сите – од мака: синот– наркоман, кој нога скршил, мажот

моите прашања, кои јас ќе ги поставам во 21–от век. А што се случува сега во Сирија, во неговата татковина? Ѓаволот е силен – и не мирува. Тој има само една идеја – да ги раздели и избие сите насамо. Така и дејствувале искусните владетели: раздели, па владеј. И така – насекаде. Јас имав една конкретна случка, во која с` е очигледно: на крајот на 80–те полетувавме од една од прибалтичките земји. Младиот стујард во авионот на сите им даде чај, а нам не ни даде, затоа што зборувавме на руски. Оди по ходникот, го гледам, дури и вратот му поцрвена од омраза – толку беше горд, што ни чај не ни даде. Таквиот може само да го жали-

Преспанско–пелагониска епархија

– Да се размислува за глобалните проблеми – дали да се примаат бегалци или не, не е твоја грижа. Треба себеси да се оправаме, а не други да ги судиме и осудуваме. Ѓаволот н` одвлекува да гледаме наоколу, а не во себеси. Вие ја имате Европа со бегалците, а ние – Украина. Ден и ноќ си го поставувам прашањето: како можам да помогнам? И мојот одговор е овој: мојата помош – е откажување од гревот. Бог ќе види како се трудам, и ќе помисли: ако Петја се откажа од својата стара гревовна навика, заради тој Петја и јас ќе направам повеќе мир на Земјата. А ако такви Петја–Васја–Колја има многу, совеста на земјата ќе се зголеми. Притоа, тој ја гледа, како целата слика општо, така и тебе–мене посебно. Ако некој арап, во неволја се најде покрај тебе, во секој конкретен случај треба да мислиш со својата глава, но за совет секогаш кон Бога да се обраќаме. Жена ми ми вели: Петар Николаевич, сега по скајп може бесплатно да се разговара со било која земја во светот. Решив да не ја разочарувам младата дама со откритието дека со Творецот на Вселената можеме од секое место бесплатно да разговараме: Господи, помилуј! Гледате колку е јак! Да речеме, стои покрај вас некој арап во шапка, прашајте го Господа, која е Неговата волја за тој Мухамед? Кажи ни Господи! Зашто Бог сака секој од нас да се спаси, сите да дојде-

15


ме кон Него преку околностите, кои ни ги испраќа. Ако ти испратил арап – мисли и моли се. Ако имаш малечки деца, не знаеш како да ги прехраниш и израснеш, а уште и некој арап

Бев во Рим – таму, огромниот храм на Свети апостол Петар е празен. Зошто е изграден толку голем? Порано бил полн со народ! И SaintPaul во Лондон бил полн. А сега,

тропа – што ќе ти е и тој?! А ако си сама и не знаеш што да правиш, веќе го плетеш десеттиот џемпер, тогаш можеби тој арап, како ангел од небото се спуштил кај тебе. И преку него ќе ја спасиш твојата душа.

само туристи одат. Сакате да живеете без Бога? Ќе добиете, како во 17– та година [Револуцијата во Русија, заб.прев.], кога луѓето заборавиле на Бога, и самите сакале да создадат нов свет. И ете го резултатот. Ако во 13– та година – имало економски раст, 14% прираст на продуктите (такво нешто никогаш не се случило!), наталитетот бил толкав, што по пресметките на Димитриј Менделеев, ако и понатаму продолжел, како при Николај II, сега би имало 600 милиони руси... А ние сме само 140 милиони. Зошто? Затоа што живееме без Бога. Затоа што ги убиваме сопствените деца – секоја жена убила по четири– пет, а мажот дозволил. И што сакаме, земја на убијци?! Среќа да се роди од таа крв? Двапати – ништо нема да добиеме, додека не се освестиме. Начинот е еден – откажување од гревот.

За гревопадот на Европа – Јасно е, зошто Европа се здоби со сите тие проблеми. Таму веќе се пројавува целосно откажување од Бога: еднополови бракови, зоофили, педофили. И сето тоа, се крие под сликата на доброто. Насекаде тело, тело, тело... Само размислете, во Франција, 8% од децата се раѓаат во официјален брак, а останатите – блуд. И што сакаш, ако живееш така?! Што им велат арапските дојденци? Мајко, што си се облекла како проститутка?! И иако нивните методи се неправилни, суштината на проблемот постои. Излегуваат на улица жени, и не знаат веќе што да облечат, за да се слечат. Јас не сум некој книжник, разбирам младост, едно, друго, но навистина е непријатно да гледаш голи дами на улица. Облечи нормално здолниште, да има некоја тајна.. И така, Бог гледа–гледа на тие улици – не сакате да разберете, ете ви!

16

За цврстото семејство – Главно – е трпението. Некогаш е многу лошо. Во селата имаме толку раскошни услови – таа има една куќа, јас друга – можеме сосема одделно да живееме. Се случува, ќе избегаш, ќе се скриеш, ~ се лутиш и размислуваш: ваква–таква, ништо не

прави како што треба, парите ги потроши, внуците ги разгали... А знам, дека разделувањето – е бес. Мојот ум – е стражар на срцето – сфаќам, дека треба да одам. Да се направи првиот чекор – е тешко. Затоа што – ти си маж, имаш его, но треба да згазнеш на гордоста – и така ќе прогледаш: како можев да мислам толку лошо за неа, кога таа кутрата, толку работи трпи од мене?! Тоа е бракот. „Носете ги тешкотиите еден на друг“, – како што рекол апостол Павле. Не оди ден, два, три, потоа одиш на изворот, полниш вода, ~ носиш пред врата – и веќе се стабилизирала работата. Светиот Дух ми дојде на помош. Сфаќам, дека без неа нема да бидам среќен, нема да можам, своите омилени албуми, да ги сушам на мир. А штом ќе се смириме, толку е добро, што си мислиш – каков глупак бев, три дена се лутев? На тие кавги, губиме скапоцено време од животот, а животот е толку прекрасен, без взаемното измачување и постојаните барања едни од други: ти мажу – си должен, жено – ти си должна... И во светот е истото, но во поголеми размери – Сирија, евреи, арапи... Нема да бидеш среќен, додека си разделен. За пцовките и другите штетни навики – Порано јас, како и сите нормални советски луѓе пцуев, а сега може и со чекан да се удрам по прст – и ниту еден лош збор да не излета. Ги нема во мене. Така Бог исцелува, ако човек посака. Кај нас, еден маж 10 години не пиеше, стигна до орден на Трудот со црвено знаме, а кога почнаа да го слават тоа дело со коњак, после два месеци, умре од пиење. Значи, сите тие десет години, тој бил пијаница – само трпел. Бог таму не постоел. Бог засекогаш би му помогнал да заврши со желбата, ако му се обрател со таа прозба. Но тој, самиот ја зел иницијативата врз себе. Бог не може некого присилно да штити. Зашто Бог е љубов, а може да се љуби само со слободен избор. Превод од руски: Златко Дивјаковски http://greylib.align.ru/999/petr– mamonov–put–u–kazhdogo–svoj–no–tropa– odna.html

Преспанско–пелагониска епархија


Баба Мита од Миџовци – Дарителката на имотот за градба на црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп

В

о 1831 година, на присадскиот Дервен, големиот везир Рушид Паша, му задал последен и решавачки удар на побунетото албанско население, под водство на скадарскиот Мустафа Паша. По таа победа, а во знак на благодарност кон прилепчани, зашто не им дале помош на бунтовниците, Рушид Паша на христијанската делегација им ветил дека ќе им обезбеди ферман за градба на црква во Прилеп. Но, прилепчани, измачени поради одењето за црковни треби во Варош, веднаш почнале да копаат темели за црква на едно место „од поранешната црква„, како што се говори во еден запис, регистриран од покојниот протоереј– ставрофор Борис Талески. Тоа место денес се наоѓа на улицата „Први Мај“ бр. 32, а куќата е наречена „Попадина куќа„. Тогаш тие улици биле населени само од Турци, кои ~ кажале на турската власт, која веднаш забранила да се гради црквата и ги засипала темелите. Истото место од поранешната црква во 1837 година било продадено на некој поп Цветко. Во 1834 година, аџи Ристе го добил ферманот за градба на црква, со помош на великиот везир и бившиот Пелагониски митрополит Григориј, кој бил пријател на аџи Ристе и кој подоцна бил избран за Цариградски патријарх. Кога аџи Ристе го донесол ферманот во Прилеп, прилепчани не верувале во остварувањето на нивната идеја и како на аџилак оделе во куќата на аџи Ристе за да се уверат. Поради тоа, добивањето на ферманот го нарекле блага вест и ветиле дека црквата ќе ја посветат на празникот „Благовештение Богородично“. Но, требало да се најде соодветно место за градење на црквата. Во тогашната улица „Султанова“ живеело семејството Миџовци, стрината Митана со двајцата внуци Томе и Спиро. Стрината била вдови-

ца и делена од внуците. Во исто време, таа била и аџија, поклоник на Христовиот гроб во Ерусалим. Како мајка имала две деца. Според некои кажувања, тие биле синови, а според надгробната плоча на аџи Мита, тие биле син и ќерка. Кога аџи Ристе, со неколку прилепчани, отишол да го побара влезното место за во бавчата од аџи Мита за градење црква, таа во прво време не се согласувала. Подоцна, кога за истото место се заинтересирале и Турците, за на тоа место да изградат џамија, па дури и да го откупат местото, таа како добра христијанка, одлучила да го подари местото за градба на црквата. Аџи Мита е родена во селото Слатина, во близина на Македонски Брод, од татко Аризанко, кој бил дрворезец, резбар. Професорот Ќорнаков во својата книга „Мијачките резбари“ не го спомнува, најверојатно зашто не бил од мијачките села, а и не бил прочуен како резбар на ико-

Преспанско–пелагониска епархија

ностаси. Подоцна, Аризанко се населил во Прилеп, во градското маало „Пусти сокак“, каде што купил бавча, на чие место подоцна неговите правнуци изградиле три засебни куќи со дворни места. Денес тие дворни места се наоѓаат на улица „Кире Ристески“ од бр. 1 до бр. 5. Мита се омажила во Прилеп, во фамилијата Миџовци, за чичко на Томе и Спиро. Томе го имал синот Андон, а Андон го имал синот Кире, кој работел како службеник. Имотот на фамилијата Миџовци бил поделен дури бил жив мажот на аџи Мита, а подоцна наследниците на Томе и Спиро го поделиле и својот дел. Треба да се одбележи и тоа, дека аџи Мита е и просветен донатор. Според кажувањата на Тодорка Иваноска–Бербероска, пред 1880 година, аџи Мита, бидејќи ~ починале двете деца, останала осамена и изнемоштена. По предлог на црковно–училишната општина, таа одлу-

17


чила да ја подари и куќата на црквата и да живее во манастирот Трескавец, каде живееле и други жени, меѓу кои била и аџи Јонка од Зојчевци. Во куќата на аџи Мита во 1880 година било отворено основно училиште, од кое била пронајдена белата мермерна плоча во темелите од шупата на црквата „Свето Благовештение“ и на која имало натпис: „Црква Свето Благовештение – первоначалное училиште„. За ова училиште, освен мермерната плоча, не се спомнува никаде во други документи. Според кажувањата на Стева Кокондоска, по мајка Миџоска, а кои разговори своевремено ги запишал прота Борис, во ова училиште учела и таа, но и други прилепчани, како Ице Симитчија, Ицко Момир, Јован Бисерко. Ова училиште функционирало до отворањето на машкото училиште на улицата „Султанова“ во 1894 година. Во манастирот Трескавец, во 1891 година аџи Мита се разболела и по нејзино барање ја донеле во Прилеп, каде што истата година починала и била погребана во фамилијарната гробница на Миџовци, покрај својата свекрва Марија. Овие податоци се добиени од надгробната плоча, која била изработена со две камари и била поставена вертикално над нивниот гроб. Текстот на плочата е во седум редови. Благодарение на прота Борис, своевремено плочата била демонтирана и била пренесена во Музејот на град Прилеп, каде што се наоѓаше до скоро време.

18

Откако плочата ја исчистиле стручните екипи од Музејот, може да се прочита само следниов текст: Во третиот ред читливо е името „Марија“, за која веќе спомнавме дека е свекрвата на аџи Мита. Во петтиот ред стои „1891“, годината кога аџи Мита починала; во шестиот ред се читаа имињата „хаджи Мита, Коста“ и во седмиот ред се читаат имињата „Динка, Илија“. Илија е името на нејзиниот син, додека Динка е името на нејзината ќерка – Костадинка. Аџи Мита во двете свои фамилии била наречена „поклонита“, кој збор е изведен или од турскиот збор „аџија“ или „аџика“, кое значи „поклоник“ или „поклоница“. Аџи Мита била на аџилак во Ерусалим заедно со својот сопруг. Заради тоа, аџи Ристе, според историските извори, уште во 1835 година ја нарекува „аџика“. Во XIX век многу ретко се среќаваат жени – аџики. Така, во „Катастихот“ – помен книгата на црквата „Свето Благовештение“, која е почната од месец март 1866 година, запишано е името на аџи Мита. Во 1927 година, од непознати причини, свештеникот Стојан Стеваноски ја избришал нејзината титула „аџи“ и допишал „баба“ Мита. Интересно е да се забележи и тоа, дека, Тодорка Иваноска–Бербероска, во 1989 година му раскажала една верзија на прота Борис за последните дни на аџи Мита. По разболувањето во Трескавец и по нејзиното враќање во Прилеп, аџи Мита смртта ја дочекала во куќата на Берберовци,

а потоа ја погребале во нивната фамилијарна гробница. Според пишаните сведоштва на прота Борис, на гробот на Берберовци имало камена плоча, но од текстот на плочата не можело да се утврди дека аџи Мита била токму тука погребана. Во 1990 година, правнука ~ на аџи Мита, Стева Кокондоска, по мајка Миџоска, му го кажала точниот гроб на прота Борис, па според најдената плоча и текстот на плочата, се утврдил точниот гроб на аџи Мита. Благодарение на успешната соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музејот на град Прилеп, во текот на месец август 2015 година, надгробната плоча на баба Мита е пренесена во црквата „Свето Благовештение“ и поставена е во јужниот трем на црквата, веднаш до надгробниот крст на ктиторот на црквата – големиот аџи Ристе Логотет. Пренесувањето на надгробната плоча и нејзиното поставување во тремот на црквата ќе придонеси споменот за неа никогаш да не згасне во сеќевањата на прилепчани, а секој еден, кога ќе погледни на оваа надгробна плоча, молитвено да се сети на оваа голема дарителка и чесна христијанка. Протоереј Златко Ангелески

Преспанско–пелагониска епархија


Детската соба – бојно поле

В

о детската соба се случува борба за иднината на човештвото. Нека ми прости Фјодор Михајлович, но јас на свој ризик ќе ги парафразирам неговите познати стихови: „Овде, ѓаволот се бори со Бога, а бојно поле е детската соба“. Денес, навистина тоа е така.

Во секое нормално семејство, за детска соба се одбира просторија која е најсветла, најтивка и најтопла. Во неа, владеат удобноста и спокојот. Многу често, возрасните покрај неа поминуваат одејќи на прсти. Таму, во дрвено креветче, мирно спие тоа, од кого ќе зависи иднината на човештвото. Мнозина од нас и не сфаќаат, колку таа атмосфера, во детската соба, го преобразува светот, го успорува неговото пропаѓање, го прави попријатен. Ете, се возиш со автомобил, наоколу е хаос, „волчји“ закони на руските патишта. Бучава од сирена, испарување на гасови, асфалтот се топи од топлината. Уморни од борбата за секоја педа на патиштата, прилепени за некој автомобил, одеднаш забележувате налепница на задното стакло:„Дете во автомобилот!“. Не знам како ви е вам, драги читатели, но мене, при погледот на таа налепница, веднаш ми станува потопло во душата. Тогаш, себеси не си дозволувам невнимателни маневри, тогаш сум максимално собран и внимателен: таму, на задното седиште, во тоа детско столче, е најголемото богатство во космосот – дете. Интересно е да се запрашаме, колку сообраќајни несреќи спречила оваа едноставна налепница? Атмосферата на детската соба, го прави светот безбеден. На детето му е потребна посебна заштита и грижа. Со осмислување на просторот за деца, возрасните чудесно го преобразуваат космосот и за самите себеси. На пример, ниту еден разумен родител, нема да се помири со фактот, ако на ѕидовите во ходникот на зградата

каде што живее, се испишани пцовки. Во крајна мера, можат да ги исчкртаат или варосаат, ако не постои можност да се натера претпријатието, кое управува со зградата, да направи реновирање.Она што можеби не би го направил за себе, ќе го направиш заради своите деца. Светот се преобразува од детската соба. Знаејќи го овој образец, ѓаволот со сите сили се обидува да ја уништи атмосферата на љубов и комфорност која во неа владее. Ќе ви ја раскажам следнава приказна. Од неодамна, еден парохијанин на Свето–Троицкиот храм во Саратов, по име Александар, отишол во книжара да побара нешто за своите три мали ќерки. Неговото изненадување било големо, кога на полиците меѓу книгите за деца, тој нашол книга за ... хомосексуалци. Бидејќи правник по образование, Александар упатил жалба до нашиот општински тужител и општинскиот началник на Главната управа при Министерството за внатрешни работи, со следнава содржина: „Денес, ја посетив книжарницата „Антиквитетски книги“ која се наоѓа на адреса: Московска улица 45 во градот Саратов. Ме заинтересираа

Преспанско–пелагониска епархија

книгите за деца изложени на посебни штандови, покрај излогот на продавницата. Меѓутоа, на мое изненадување и огорченост, на полиците со детски печатени материјали, пронајдов книга со наслов: „Гееви. Тие го променија светот“ во издание на ЕКСМО–Москва. Кратко запознавајќи се со нејзината содржина, открив дека оваа книга го промовира нетрадиционалниот (хомосексуален) однос, а посебно, во неа се говори за луѓе, кои ги поврзува всушност оваа особина. Оваа книга содржи информации кои се насочени кон формирањето на нетрадиционалните сексуални ориентации кај малолетниците, привлечноста, искривената слика за друштвената еднаквост на традиционалните и нетрадиционалните сексуални односи, дури и наметнување информации за нетрадиционалниот сексуален однос, предизвикувајќи интересирање за таквите односи. Значи, делата кои ги направиле продавачите како и службените лица, содржат обележја на административен прекршок, востановен со параграфот 6,21. „Промоција на нетрадиционалните сексуални односи помеѓу малолетници“, Закон на Руска-

19


та Федерација за административни прекршоци донесен на 2906.2013 Н 135–ФЗ...“ Сопственикот на продавницата, демантирал дека книгата била поставена на таа полица со детска литература, но фотографиите кои ги снимил Александар, говорат сами за себе. Ако вие, драги родители, мислите дека е доволно, да го заштите своето дете од владеачата индустрија на разврат и од детската соба да ги тргнете компјутерот и телевизорот, се лажете. Развратот може да дојде со играчките, преку постелнината, преку стриповите. Дали знаете што е „Винкс„? Тоа е назив на една трговска империја, за производство на цртани филмови, книги, облека, постелнина и.т.н. Главни ликови на овој производител се полуголите малолетни волшебнички со нагласена шминка на лицето. С` почнало 2004 г., со појавата на цртаниот филм „Клубот Винкс: учи-

20

лиште за волшебнички“. Тој му се допаднал на многу малечки – гледачи. Волшебничките се занимаваат со магии и сонуваат за момчиња. Дали ви се допаѓаат такви јунаци, со оглед на тоа дека „Винкс“ ги зема во обзир девојчињата на возраст од 5–12 години? Воопшто не е тешко да се сфати дека „Винкс“ не е нешто друго туку детска еротика исполнета со окултизам. И таквите производи масовно и успешно продреле во собите на нашите деца. Ова е само еден пример, кој ни покажува колку мораме да бидеме внимателни. Кога ги анализираме овие факти, се чини дека силите на злото се обединети и ги насочуваат своите моќи кон тоа, да ги уништат детските соби, да ја скршат таа лулка на светост. Уште потажно е, кога процесот на уништување, ентропијата, почнува – не надвор – туку од внатре, од самото семејство. Колку често, семејните расправии а не малолетното правосудство го пореметува духовниот

развој на детето. „Светот се состои од градови, градовите од куќи, куќите од мажи и жени; значи кога ќе започне кавга помеѓу мажите и жените, тогаш во куќата влегува војна“ – напишал Свети Јован Златоуст. И не само во куќата, туку и во светото место на секоја куќа – детската соба. А кога тие се во неволја, тогаш и градовите стануваат немирни – продолжува големиот Светител – а кога метеж настанува во градовите, тогаш последователно и целата вселена се исполнува со метеж, војна и конфликти...“. До ден денешен, за детската соба, за оваа тврдина на чистота и љубов, се води немилосрдна борба. А ние, не можеме да ги напуштиме нашите позиции, ние немаме право да му го предадеме на непријателот тој центар кој управува со вселената. Повлекување од детската соба, нема! О. ДИОНИСИЈ КАМЕНШЧИКОВ Превод: Весна Апостоловски

Преспанско–пелагониска епархија


По повод 170 годишнината од раѓањето и 90 годишнината од неговото упокојување

Дејноста на митрополитот Теодосиј Гологанов (1846 – 1926)

И

мето на митрополитот Теодосиј (Гологанов) е особено важно за историјата на Охридската архиепископија и секако на Македонската православна црква, бидејќи тој, како македонски национален деец, митрополит, се појавил во својата дејност како особено голем поборник за обновување на Охридската архиепископија и создавање на македонска национална држава. Роден е на 07 јануари, 1846 година во селото Трлис, Неврокопско и тоа како Васил Гологанов. Образованието го стекнал од неговиот татко поп Илија и во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Серско. Во 1864 бил ракоположен за еромонах и бил поставен за игумен во некој помал манастир во Серско, каде го продолжил своето образование, запишувајќи се во Серската класична гимназија. Во 1865 година активно се вклучил во преродбенското и националното движење, борејќи се за отворање на училишта и за воведување на црковнословенскиот јазик во богослужбата. Од 1867 до 1868 ја извршувал функцијата протосингел на Херцеговскиот митрополит Прокопиј, па потоа престојувал во Пловдив, каде бил поставен за ефимериј при црквата „Пресвета Богородица“, а потоа за игумен на Кричимскиот манастир „Свети Врач“ од 1869 до 1873 година. Како игумен го дочекал создавањето на Егзархијата во 1870 година. Во 1873 година бил испратен во Серез. Теодосиј се ставил во служба на Егзархијата и во 1874 година бил удостоен со архимандритски чин од страна на егзархот Антим. Бил поставен за ефимериј при храмот „Свети Стефан“ во Цариград. По низа служби во 1885 година бил востоличен за Скопски митрополит, но бератот за поставување го добил дури во 1890 година. Додека го чекал издавањето на бератот, престојувајќи во Цариград успеал да се поврзи и стави на рас-

полагање на Тајниот македонски комитет од Софија, кој водел политика за протерување на бугарските црковни дејци од Македонија, односно се борел за ослободување од пропагандите. Егзархот Јосиф, во 1890 година, успеал да издејствува берати за егзархиски епископи за градовите Скопје и Охрид. На 15 март, митрополитот Теодосиј го добил везирското тескере со кое можел привремено да престојува во Скопје, каде што пристигнал на 26 март. Самото пристигнување на митрополитот Теодосиј во Скопје предизвикало револт и протести од страна на грчкиот и српскиот конзул, па митрополитот Теодосиј бил избркан од Скопје на 27 април 1890. На 26 јули, пак Високата порта конечно издала владички берати за градовите Скопје и Охрид. На 30 јули 1890, митрополитот Теодосиј пристигнал за втор пат во Скопје. Во тоа време кога пристигнал во Скопје беснееле пропагандите на трите соседни земји, од кои најсил-

Преспанско–пелагониска епархија

на била бугарската пропаганда, односно Егзархијата, која го имала мнозинството од народот. Исто така, тогаш започнала да се засилува и српската пропаганда. Особено е важно да се нагласи, дека митрополиската служба Теодисиј ја започнал при разгорот на борбите помеѓу егзархистите и патријаршистите. Уште пред да пристигне во Скопје, односно во Скопската епархија имал јасно зацртани концепти и методи за уредување на состојбата и тоа преку остранување на туѓите национално – верски пропаганди, преку осамостојување на црквата во Македонија, на што наишол на несебична подршка од страна на младата македонска граѓанска класа. Кога пристигнал, веднаш се зафатил со подготовка на условите за изведување и секако остварување на својот план и тоа, користејќи го својот митрополитски чин и власта, се решил најнапред да расчисти со егзархискиот управен апарат, а потоа да спроведе успешна борба против грчката и српската пропаганда. Со таа намера, најпрвин го остранил директорот на скопското училиште Антон Наследников, а потоа презел акција за остранување на сите проегзархиски чиновници од црковно – училишната општина, преку организирање на нови избори. При изработката на списокот на учители за учебната 1891 – 92 година ги остранил имињата на сите учители кои биле родум од Бугарија и ги заменил со Македонци. Сакал да се отвори словенско одделение при вилаетската печатница во Скопје, каде требало да се печатат книги на македонски јазик. На крај ги изгорел сите документи од Митрополијата и ги заменил со нови, во кои намерно бил изоставен зборот Бугарска Егзархија. Овие документи биле печатени на македонски наречје. Сменувањето на Наследников предизвикало остра реакција од страна на егзархот Јосиф, поради што Те-

21


одосиј, во иднина започнал повнимателно да дејствува, иако во почетокот на октомври 1891 година за прв пат почнал јавно да ја критикува Егзархијата заради посегањето по самостојноста на македонските црковни општини и нејзината великобугарска политика, предлагајќи отфрлање на туѓите цркви – цариградската и егзархиската, со која цел тргнал во канонска визитација во другите градови на Епархијата, каде по пат на избори успеал да постави свои луѓе. Најнапред го довел својот внук Иван Гологанов, кој го поставил за секретар. Потоа го отпуштил од работа и директорот на скопската гимназија Ѓорѓи Кандиларов, а веднаш потоа и целиот епархиски совет. Егзархијата за брзо време била запознаена со дејноста на митрополитот Теодосиј, а со која не можел да се помири егзархот Јосиф, кој успеал да издејствува и да ја запознае не само Егзархијата, туку и бугарската влада, кои решиле да преземат радикални мерки против Теодосиј. На почетокот на јуни, 1891 година егзархот Јосиф му упатил покана да замине во Цариград и да даде објаснување во врска со својата дејност во Скопје, а притоа и сакал да го задржи во Цариград, с` додека не обезбедел берат за избор на нов митрополит. Но, митрополитот Теодосиј не се отповикал на ниту една од поканите и Егзархијата престанала да одвојува финансиски средства за Скопската епархија. Не успеал во измамата, која ја подготвувал околу изградба на печатница и знаејќи дека е откриен во своите намери, решил конечно да ги прекине врските со Егзархијата и започнал со своите обиди за возобновување на Охридската архиепископија. Со таа цел започнал да ги печати новите дукументи и да води преговори со Цариградската патријаршија и со Римокатоличката црква за унија. Митрополитот знаел дека ниту Патријаршијата, ниту Егзархијата нема да се согласат со возобновување на Охрид како архиепископски центар на одделна црква. Затоа, на 3 декември 1891 година, откако предходно ги посетил и другите градови во Македонија, се обидел да се договори со папскиот нунциј во Цариград за покровителствто на Римокатоличката црква над евентуално обновената Охридска архиепископија.

22

При тоа поставил шест услови: 1 – Да се обнови стародревната Охридска архиепископија, која ќе биде во канонско единство со Римокатоличката црква, со непосреден благослов на светиот отец Папата; 2 – На чело на обновената Охридска архиепископија ќе бидам јас како автокефален поглавар на црквата; 3 – Другите луѓе од високиот клер (епископите, свештеномонасите и мирските свештеници) да бидат родум Македонци и назначувани од архиепископот, а епископите можат само да бидат потврдувани од Вашата светост; 4 – Границите на Архиепископијата да се поклопуваат со границите на Македонија, а поделбата на епархиите да се задржи; 5 – Старите унијати од Кукушко–полјанската и Струмичката епархија да се изделат од јуриздикција на унијатскиот архиепископ во Цариград, Н. Б. Нил Изворов и да се приклучат како епархии кон Охридската архиепископија; 6 – Католичките мисионери, со исклучок на затекнатите во просветно добротворните инсти туции во Македонија, да не се доведуваат нови, а затекнатите да не се мешаат во внатрешниот црковнопросветен живот на Архиепископијата; Во овие преговори меѓу папата и митрополитот Теодосиј голема улога играл и австро–унгарскиот конзул Шмукер. Кога се мислело дека с` е успешно завршено и дека Македонија ќе добие самостојна црква, односно обновена Охридска архиепископија и кога во секој момент се очекувал одговорот од Рим, Егзархијата успеала да ја открие намерата на митрополитот. Папскиот нунциј Бонети, да бил малку поекспедитивен и одговорот од папата да пристигнел пред егзархиската интервенција, преговорите за унија, успешно би биле завршени. На упатениот и последен повик, Теодосиј да се јави во Цариград пред егзархот, митрополитот одговорил негативно, продолжувајќи ги преговорите за унија, па потоа дошло и барањето да биде стражарски спроведен од турската власт. Турција и во овој случај застанала од страна на Егзархијата, бидејќи јасно ~ било што би значело мешањето на Австро – ун-

гарија во животот на христијаните на Балканот. Откако митрополитот бил спроведен во Цариград, а неговата епархија била доделена на новиот архиереј Максим (1892 – 1895), во текот на јануари 1892 година егзархот поднел обвинение против Теодосиј во шест точки. На 11 март, 1892 година му била одземена титулата митрополит Скопски. Неговото сменување предизвикало револт кај македонскиот народ и се сметало како напад на националните сремежи. Потоа Гологанов се преселил во Бугарија, кога по отстранувањето од скопската катедра бил испратен во Драгалевскиот манастир во близина на Софија. Истата година црковните власти му простиле на Гологанов и бил назначен за помошник на Пловдивскиот митрополит Натанаил Охридски. Покасно, тој служел во Бачковскиот и Рилскиот манастир. Во периодот од 1901 до 1906 година, Гологанов бил митрополит на Пловдивската епархија. По некој период, Скопската епархија повторно останала без епископ и Теодосиј Гологанов со помош на Петар Поп Арсов се кандидирал за митрополит на оваа епархија. Стариот став на црковните авторитети повторно важел. Гологанов зел учество и во акцијата за покрстување на Помаците. Во Софија, во ноември 1915 година, кога бугарската армија ги разбила српските војски во Македонија, го богослужел свечениот молебен по повод Денот на победата. Од 1915 до 1919, бил митрополит на новосоздадената Марониска епархиjа со центар Ѓумурџина, денес Комотини, Североисточна Грција. Подоцна бил лектор во Духовната академија во Софија каде и починал, на 01 февруари во 1926 година. Митрополитот Теодосиј Гологанов, освен што извршил силно влијание врз младата македонска интелигенција и допринел да се разгори македонското национално чуство кај македонското граѓанство, се занимавал и со научна работа. Тој од 1910 година бил член на Бугарското книжевно друштво. Подготвил: Петар М. Петковски, апсолвент ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Преспанско–пелагониска епархија


Како црковните луѓе стануваат лажни?

М

нозина од нас ~ пријдовме на Црквата, со цел, да Го спознаеме Бога. Сепак, понекогаш, после не многу долго време, ние стануваме некако лажни, буквално почнуваме да наликуваме како некој украс на излог. Изгледаме така, како да можеме да ги решиме сите проблеми. За с` судиме, даваме совети, за с` имаме свое мислење. Заканувајќи се со прстот, правиме забелешки на другиот. Но при тоа, ние воопшто не наликуваме на тие идеали за кои расудуваме. Нас н` мачат сосема други работи. Затоа, ако не сакаш и со тебе да се случи слично, за Бога, говори со својот живот. Говори, за тоа што знаеш и не го сокривај вистинското „јас“. Ти си – обичен човек, со свои страсти, гревови и немоќи. Како и сите луѓе, и ти сакаш љубов, пријателство и други радости.

Многу често, доаѓајќи во Црквата, човекот почнува да мисли дека воцрковувањето, само по себе, ја изменило сета негова природа. Но, ќе ти речам, дека по прашањето на сопственото „јас“, тука никаква промена не се случила. Карактерот не може да се промени, само заради тоа што човекот дошол во конкретно место – дури и ако тоа место е свето. Но, нешто друго може да се случи. Ние, продолжуваме во себе да ги носиме своите страсти, кои почнуваат да се трансформираат. На пример, човекот престанува да се тепа на фудбалските натпревари или престанува да посетува ноќни клубови, престанува да употребува наркотици, но страста која го поттикнувала сето тоа да го прави, никаде не отишла – затоа што, невозможно е да се простиш толку брзо со страстите.

Преспанско–пелагониска епархија

Страст – тоа не е кошула која можеме да ја соблечеме од себе, да ја фрлиме за перење и да заборавиме на нејзе. Ние сме соединети со своите страсти. Затоа, често произлегува следново: „светската“ страст се трансформирала во „хритијанска“. Ете зошто, понекогаш човекот кој бил фанатичен навивач, кој се тепал, кој после утакмицата кршел излози, а сега по воцрковувањето, сеуште останува фанатик – но сега во Црквата. Тоа е тој ист случај, кога луѓето зборуваат за своите ближни, кои станале црковни луѓе: „Тој оди в црква, но воопшто не се менува! И понатаму ни ги кине нервите!“ Што не се променило? Основите, главните црти на карактерот останале исти. Тие не можат да се преобразат самите по себе –

23


само затоа што човекот ~ пришол на Црквата и станал христијанин. Затоа е битно, да се има во предвид, дека гневот и раздразнувањето остануваат со нас. Иако ние сега сеуште се гневиме како од „духовни“ причини, сепак, главната страст е како и порано, е со нас. И ако сакаме да бидеме искрени, ќе се согласиме со зборовите на Пајсиј Светогорец. Еднаш, кога старецот патувал со брод од Дафне во Уранополис, некој го препознал и му рекол: – Старче, дојдете овде, да не седите со мирјаните! А старецот одговорил: – Но, чедо, зарем ние ќе изгубиме нешто, ако седиме со нив? зарем ние не сме такви, како и тие? Тоа што живее во нас, живее и во нив. Само што нашите пороци, страстите, проблемите, се пројавуваат на поинаков начин. Ние почнуваме да се расправаме, на пример, заради црковниот устав, дали правилно сме отслужиле... Еднаш, видов двајца монаси, како се расправаа, каков сад да изберат за миење на овошјето. Да, тие не се тепаа и не пцуеја како на фудбалски натпревар, но нивните поранешни страсти, останале со нив. Ако ние, го сфатиме тоа, тогаш ќе воспоставиме подобар контакт со себеси, а потоа ќе станеме снисходливи и кон другите. Во нас ќе се појави поголемо човекољубие и смирение. И ако ние се признаеме себеси такви какви што сме, ако се измириме со своето „јас“, ако се познаеме себеси и се засакаме себеси, тогаш и своите деца ќе почнеме да ги љубиме уште повеќе, бидејќи во нас ќе се појави многу повеќе снисходливост. Зашто, какво е моето дете, таков сум и јас! На пример, ние се расправаме со своите деца, ако тие скршнуваат од вистинскиот пат, а на дело, и ние самите сме скршнале од тој пат. Сите ние сме бегалци, на сите нас по нешто не ни успева. Ние, просто се обидуваме тоа да го замаскираме, затоа и не се гледа.

24

Човекот, живеејќи во Црквата и општејќи со други црковни луѓе, многу брзо почнува да сфаќа, дека мнозина од нив останале исти такви какви што биле и до Црквата. Еден млад човек ми раскажуваше дека, кога дошол во Црквата, се надевал дека

таму ќе здогледа потполн идеал. Тој млад човек работел во банка. И се покажало дека, како што и во банката има расправии, спорови, осудувања, интриги, сето тоа го имало и во парохискиот храм. А една жена, која живее во странство и е активен парохијанин во тамошниот храм, честопати ми пишува дека е подготвена да си ја искине косата, зашто не може повеќе да издржи. „Ја изгубив верата!“ – ми напиша еднаш. Зошто е тоа така? Затоа што, сите ние сме луѓе, луѓе со свои проблеми и слабости. И доколку ние тоа го препознаеме, нашиот карактер ќе се подобри. Измирувајќи се со самиот себеси, признавајќи се себеси, ние ќе можеме да му речеме на нашиот ближен: „Каков си ти, таков сум и јас. Јас те љубам. Прости ми и јас тебе ќе ти простам“. Лагата во односот кон самите себе, лицемерието и фарисејството, ни го прават посложен нашиот живот. Признавајќи ја вистината за самиот себе, сакајќи ги другите луѓе, ќе станеме почовечни. А станувајќи по-

човечни, ќе придобиеме и божественост. Измирувајќи се, приземјувајќи се, ќе полетаме, затоа што, за да полетаме, најнапред е потребно цврсто да стоиме на земја. Стани човек, за да се преобразиш во богочовек! Биди прост, смирен и природен. Заради тоа, Господ ги направил своите ученици, апостоли (а потоа и свештеници), свои наследници меѓу луѓето, за да, и ние, наоѓајќи се во нивна близина, не би сме се плашеле, но да видиме дека и тие се исто такви како и ние, дека и тие ги разбираат сите наши тешкотии, бидејќи и тие самите проаѓаат преку тие тешкотии. Што правам јас, правиш и ти. Многу ми се допаднаа зборовите на еден мој познаник, кој повеќе сака да се исповеда кај „женети свештеници“. Рече дека „неженетите свештеници“, како да живеат на друга планета и понекогаш говорат со тебе така, што всушност ништо не разбираш. Нема да сокривам – согласен сум со нив. Многу често, свештеникот со семејство, поседува спокојство, урамнотежен карактер, затоа што имал прилика да ... менува пелени. Кога купуваш пелени и ги користиш според потребата, не можеш при тоа да леташ в облаци. Напротив, човек се приземјува, станува почовечен, поискрен, и не се преправа. Тој, повеќе не се перчи пред излогот на светоста, туку ја носи во себе благодатта, простотата, смирението на православниот дух. И говорејќи за опасноста, црковните луѓе да станат лажни, очигледни кукли во излозите, се присетувам на една кинеска поговорка; „Потребно е да го научиш детето да лови риба, а не да ја јаде“. Кога човек лови риба, тој самоуверено стои на земја. Кај него е јадицата, мамката и сиот прибор. Тој самиот си го одбира местото за ловење, ги развива своите методи и техники, и на таков начин стапува во свој сопствен однос со морето. На каков и да е брег, тој секогаш е во состојба да улови (а потоа и

Преспанско–пелагониска епархија


да изеде) најмалку, една риба, затоа што тој знае како тоа се работи, тоа е негов талент, негова омилена дејност. Но, ако човек се навикне да добива храна само на готово, од страна на други луѓе, тогаш тој не ќе може да јаде риба. Тоа е вообичена замка, во која често паѓаме, тоа н` прави с` повеќе и повеќе зависни од другите. „Дојди ваму, – си велиме еден на друг – јас ќе те нахранам, ќе те почестам со риба“. Понекогаш, истото тоа се случува и во црквата. Но зарем не е потребно сами да пораснеме, и сами да се приближиме до Бога? Зарем не е потребно сами да тежнееме кон тоа, за да би расцветала нашата душа? Цврсто да стоиме на сопствени нозе? Човекот ни помага да се приближиме до Бога, тој е мост. Но, тој не може вечно да стои на мостот, мостот не може да биде животна цел. Ти одиш, а јас те држам за рака, за да не се сопнеш, за да не изгубиш рамнотежа и паднеш. Но, колку може тоа да потрае? Колку долго е потребно јас да те држам за рака, за да би можел ти да одиш? Твојата главна задача е да научиш да одиш сам. Ти можеш. И кога ќе успееш во тоа, ти ќе се израдуваш. И после тоа, јас нема да те заборавам, бидејќи ти посилно ќе ме сакаш. Ти ќе сфатиш дека нашите односи не се взаемна зависност, како кога луѓето едни со други се „дават“ во сопствениот егоизам, врзувајќи ги за себе. Едноставно, ти, со моја помош го пронајде Бога. Но, доколку јас сум ти покажал на Него, а ти исклучиво се концетрираш на мојот прст, тогаш почнуваш и да мислиш: „Колку прекрасен прст има свештеникот! Колку прекрасно ми покажуваше кон Бога!“ Да, но доколку ти не појдеш на таа страна на која прстот ти покажува, на крајот ќе го бакнеш патоказот со натпис „Рај“. Но, ние треба да дојдеме до рајот. Самостојно. Честопати, луѓето од духовникот очекуваат готови решенија и јасни насоки кои треба да ги следат. А таквите односи се незрели. Тоа е детска психологија. Во извесна фаза (од духовниот развој) тоа и може да се разбере, но таа фаза неопходно е да се пројде како еден сегмент од својот духовен пат. Не може вечно да се остане дете. До кога детето може да го прашува учителот: „Вистина ли е

дека два и два се четири?“ Во четврто одделение веќе не поставуваат такви прашања! Размисли и сам одговори (на своето прашање), ти можеш! И тоа е сила, тоа е увереност а не егоизам. Тоа е тоа кое што апостол Павле го имал на ум: „С` можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи“. (Филип. 4, 13). Ако ти не ја чувствуваш таа семоќ која во себе ја носи божествената благодат, која живее во нас, тогаш постојано ќе прашуваме: „Како да постапам? Што сака Бог од мене?“ Така, не е возможно да се чуе Божјиот глас. Господ рекол: „А кој влегува низ вратата, пастир е на овците...и овците го слушаат гласот негов, и тој ги вика своите овци по име...“ (Јн. 10. 2–4). Ако ние знаеме и го слушаме Неговиот глас, тогаш се знаеме и едни со други. Се љубиме едни со други. Во нас се јавува лична врска со Христа и со другите. Ти и Господ. Господ и ти. И во некој момент ти говориш: „Јас и Бог“. Чувствуваш како со Неговиот благослов и благодарејќи му на Неговата љубов, стануваш благодат единствено со Него. Сето ова се чекори, на патот кон духовното растење. И додека сеуште не сме постигнале резултати, ние, цело време сакаме да слушаме упатства, што да работиме. Ние, сеуште не сме научиле сами да тропаме кон Бога и да му говориме: „Господе, кажи ми, јас те слушам!“ Работата е во тоа што, мнозина од нас одраснале зависејќи од родителите. „Јас правам така, бидејќи Црквата така вели!“ Не, ти правиш така, бидејќи родителите те принудиле тоа да го правиш. Значи, твоите успеси, не се твоја заслуга. И на дело, ти ништо не си примил, си го затворил своето срце. С` се случувало по автоматизам. Таквите луѓе, научиле на Бога да Му се обраќаат чисто формално. Тие, сами не разбираат зошто така постапуваат, или пак така велат: „Така ме научија. Така ми зборуваа“. Дали Господ тоа го сака од нас? Просто повторување, имитација, лишување од било каква животна сила и свежина? Дали е тоа љубов? Се сеќавам, како една жена ми раскажуваше дека многу се радувала кога детето ~ било мало. Работела со него с` што сакала: го водела в црква, го праќала на исповед, на духов-

Преспанско–пелагониска епархија

ни разговори, детето било помошник во олтарот...Јас ја запрашав: – А сега? – Сега, веќе нема ништо од тоа, с` отфрли! Јас и реков: –Твоето дете така правело, бидејќи ти така си сакала. Но ти не си всадила во неговото малечко срце љубов спрема Бога. Наместо тоа, ти, цело време на синот си му сервирала готови решенија и не си му давала прилика сам да размисли, да ризикува и да се изгори. Кога човек сам учи да лови риба, му се случува да греши. Тој, ќе го изгуби мамецот, времето, па ќе ја преврти кофата со уловот, но така ќе стекне искуство. А оваа жена сакала нејзиното дете да порасне во стакленик, и мислела дека тоа ќе биде идеално и совршено. Но, секое дете расте и тоа повеќе не е дете, но маж или жена. Тој или таа, сега живее во Лондон и во недела наутро, сака да испие кафе со пријатели, наместо да оди в црква. Затоа што во детството, доаѓајќи в црква, тоа ништо не научило. И ова дете и други како него, оделе в црква, затоа што родителите така ги принудувале. И сега се воспоставува дека сето тоа било залудно. Од ова следи, потребно е да излеземе на сопствен духовен пат, а не да се грижиме за надворешната, видлива набожност. Тоа е исто, кога родителите го подготвуваат своето дете за на излет или го учат на некој занает. Еве ти го ранецот, или алатот, и јас ќе те научам како се ракува со тоа. Моето дете, или мојот пријател, или мојот ближен, можат да пројдат преку мене како преку некој мост на онаа страна. Притоа, мостот може да се сруши, скрши, но ти, спознај се себеси и гледај на крајната цел, на другиот брег – на Бога. Никој не може да ти ја земе Божјата прегратка. Ете зошто, човекот кој што се стреми кон духовно совршенство, а не кон нарачана набожност, никогаш не паѓа и не лелека. Но, ако ти не се научиш да гледаш реално на себе и околу себе, ако си се навикнал некој апсолутно да те води, и најмала мака ќе те скрши и ќе паднеш. Архимандрит Андреј Конанос превод од српски: Весна Апостоловски

25


Православието во Ерменија Местоположба: Ерменија се наоѓа во југозападна Азија. На запад граничи со Турција, на север со Грузија, на исток со Азербејџан, а на југ со Иран. Површина: 29.800 км2. Број на население: 2.976.372 жители (според пописот од јули 2006 година). Официјален јазик: ерменски. Куса историја на државата.

П

ретците на современите Ерменци, како што се претпоставува, пристигнале од запад, околу XII век пред Христовото Раѓање и се населиле во областите кои подоцна се нарекувале „Мала Ерменија“. Во VII век пред Христовото Раѓање на истиот простор изникнала малата ерменска држава, која во Библијата се спомнува како „Домот на Тогарма“ (1. Мој. 10: 3). Оваа држава била освоена од мидискиот цар Увахшатрој, во 580 година пред Христовото Раѓање. Името „Ерменија“, кое Ерменците не го користат, им е дадено од јужните соседи – Арамејците, Персијците и Мидијците, додека самите Ерменци својата земја ја нарекуваат „Хајк“. Првото спомнување на терминот Ерменија се сретнува во клинестите записи на персискиот цар Дариј I (522-486 пред Христа). Од VI па до IV века пред Христа, оваа територија влегувала во состав на државата на Ахеменидите. Персиското владеење престанало кога Александар Македонски ги присоединил овие земји кон својата империја. По смртта на Александар, управникот на Источна Ерменија се прогласил себе си за цар. Ова самостојно Араратско царство било освоено по 100 години од сирискиот цар Антиох Велики, но по неговиот пораз од Римјаните, локалните управници во 189 година пред Христа почнале да се прогласуваат за цареви. Така никнале три ерменски царства: Велика Ерменија, Мала Ерменија и Софена.

26

Во Велика Ерменија речиси 200 години управувала династијата на Арташесидите, која во еден кус период ги имала освоено Сирија и Палестина, но ги загубила по поразот од Римјаните, во I век пред Христа. Во тоа време и Мала Ерменија потпаднала под римска власт, а Велика Ерменија од I па до III век по Христа, повремено потпаѓала под влијание де на Римјаните, де на Партјаните, де на Персијсците. Сепак, таа ја зачувала својата независност до 387 година, кога државата била разделена: помалиот дел потпаднал под Рим, основниот дел под Персија, а некои северни провинции под Кавкаска Албанија.

Династијата на Сасанидите во персискиот дел на Ерменија преземала жестоки гонења против христијанството, а во 636 година таа била симната од арапските освојувачи. Во наредните години, Ерменија делумно била под управа на византиските, а делумно под арапските намесници. Во 885 година кнезот Ашот I се обидел да воспостави независност на државата и се прогласил за цар, основајќи ја династијата на Ба-

гратидите, која управувала до 1046 година, кога Византијците ја освоиле речиси сета Ерменија. Само неколку ерменски кнезови ја сочувале својата независност, која ја загубиле во 1242 година, за време на монголските завојувања. Во 1472 година Велика Ерменија постанала персиска провинција. Западниот дел бил под власт на турскиот султан Селим II, додека источниот дел останал под власт на Персија. Во XI век во Киликија и во делови од Мала Ерменија, од роднините на последниот цар на Багратидите – Рубен, била формирана државата Киликиска Ерменија. Во 1198 година, еден од неговите потомци ја добил од крстоносците титулата цар. Во 1375 година паднала и оваа ерменска држава, преминувајќи под власт на египетскиот султан, а во XVI век – под власт на Турците-османлии. Муслиманското ропство над Ерменците продолжувало с` до XIX век, кога по победите на Русите во Руско-персиските војни во 1813 и 1829 година и Руско-турската војна во 1878 година, источниот дел на Ерменија влегол во состав на Руската Империја. Тогаш Ерменците уживале заштита и поддршка од руските императори. Во Османлиската Империја, Ерменците дури и во крајот на XIX век биле подложени на репресии, кои во 1915-1921 година се претвориле во геноцид. Во тој период од страна на Турците биле истребени околу еден милион Ерменци. По Револуцијата од 1917 година, Ерменија за кус период била независна држава, кога била подложена под агресија од страна на Турција, а во 1921 година влегла во состав на СССР. Во 1988 година започнале воени дејства меѓу Ерменија и Азербејџан за територијата Нагорно Карабах. Во 1991 година Ерменија излегла од составот на СССР. Во 1994 година бил потпишан договор со Азербејџан за прекин на огнот.

Преспанско–пелагониска епархија


Религија: Монофизити – 94,7 %; останати христијани – 4 %; езиди 1,3 %. Православие: Согласно древните преданија, христијанството на територијата на Ерменија својот почеток го има уште во I век по Христовото Раѓање. Според преданието, се претпоставува дека по посетата на Едеса, во Ерменија со христијанска проповед дошол апостолот Тадеј. Тој преобратил во Христовата вера мноштво локални жители, како и царевата ќерка Сандухт, но заради исповедање на христијанството, апостолот заедно со царевата ќерка бил казнет во Шаваршаван. Постојат сведоштва за постоење на ерменска христијанска заедница во II век. При крајот на II и почетокот на III век, христијаните во Ерменија биле гонети од царевите Вагарш II (186-196), Хосров I (196216), како и од нивните наследници. Евсевиј Кесариски пишува за писмото на свети Дионисиј Александриски: „За покајанието до браќата во Ерменија, каде што епископ бил Меружан“ (VI, 46. 2). Писмото е датирано од 251-255 година. На таков начин, во средината на III век во Ерменија постоела организирана христијанска заедница, која била призната и од Вселенската Црква. Во 301 година, свети Григориј Просветител најпрво го исцелил, а потоа и го покрстил ерменскиот цар Трдат. Потоа, свети Григориј во Кесарија Кападокиска бил ракоположен за епископ, па откако се вратил во Ерменија, започнал со масовно покрстување на народот, подигнување на храмови, отворање на училишта. Така, Ерменија по Едеса постанала втора земја каде што христијанството се зацврстило како официјална религија. Во IV век Евсевиј Кесариски пишува за Ерменците како за „ревносни христијани“. Сепак, било потребно уште многу време за да се искоренува зороастризмот, чии членови често се обидувале да ги убиваат пастирите на Христовата Црква. Во 354 година се одржал првиот Собор на Ерменската Црква, на кој било осудено аријанството и била потврдена приврзаноста кон Православието. Од овој историски момент, нејзиниот претстојател ја носи титулата „Католикос на Велика Ерменија“. Во 366 година, Ерменската Црква, која дотогаш била во канон-

ска зависност од Кесариската катедра, постанала автокефална. Во 387 година Велика Ерменија била разделена, па за брзо време нејзиниот западен дел постанал византиска провинција, а источниот дел во 428 година бил присоединет кон Персија, по што Сасанидите неколку пати се обидувале повторно да го наметнат зороастризмот. Во 406 година Месроп Маштоц ја создал ерменската азбука, по што на национален јазик биле преведени богослужбените текстови, Светото Писмо и голем дел од светоотечките дела.

ков начин Ерменската Црква и официјално, иако не крајно, отпаднала од Православието. Поголем број од Ерменците останале во заедничарење со Вселенската Црква и преминале под јурисдикција на Цариградската Патријаршија. Во 591 година повторно се случило разделување на Ерменија, па како резултат на оваа поделба поголем дел од територијата влегол во состав на Византиската Империја, по што бил формиран православниот католикосат во градот Аван, кој бил противтежа на монофизитскиот католикосат, кој имал седиште во градот

Во IV-V век во Ерменија засветлиле големи светила како маченичките Рипсимија, Гајанија и со нив 35 девојки, потоа светиот рамноапостолен Григориј Просветител, светителите Аристакес, Вртанес, Јусик и Нерсес Велики. Ерменски претставници имало на Првиот (325) и Вториот (381) Вселенски Собор, а биле прифатени и одлуките донесени на Третиот (431) Вселенски Собор. Четвртиот Вселенски Собор со одржал во 451 година во Халкидон без учество на ерменските епископи и неговите одлуки ерменските богослови се откажале да ги прифатат. На Вториот Двински Собор одржан во 554 година, одлуките на Халкидонскиот Собор и исповедањето на православната вера од свети Лав Велики биле отфрлени и осудени. На та-

Двин, на персиска територија, каде што, впрочем, и таму имало поголем број на православни Ерменци. Во 602 година Аванскиот католикосат бил упразнет од гонителите од Персија, зашто монофизитскиот католикос Авраам ги иницирал гонењата против православните, уценувајќи ги православните свештеници и епископи или да го предадат на анатема Халкидонскиот Собор или да ја напуштат земјата. Сепак, обидите за репресии не ја искорениле православната вера среде Ерменците, па на Каринскиот Собор од 630 година, Ерменската Црква и официјално се вратила во Православието и тука пребивала речиси цел еден век, с` до арапските освојувања и Маназкертскиот Собор од 726 година, кога повторно

Преспанско–пелагониска епархија

27


отпаднала од Вселенската Црква во монофизитството. Многу православни Ерменци се преселувале на територијата на Византија, под омофорот на Цариградската патријаршија, а оние, кои останувале да живеат во пределите на Ерменија, по границата со Грузија, потпаѓале под јурисдикција на Грузиската црква. Во IX век мноштво православни верници живееле во областа Тарон, а православните биле мнозинство во областите Тао и Кларџети. Благодарение на напорите на свети Фотиј Цариградски, како и на Харанскиот епископ Теодор Абу Кури, за време на кнезот (а подоцна првиот Ерменски цар по востановувањето на независност) Ашот I, во 862 година, на Ширакаванскиот Собор на Ерменската Црква, Ерменија повторно се вратила во Православието. За жал, само по 30 години, според одлуката на новиот католикос Ованес V, повторно паднала во монофизитство. Во XI век Православието повторно постанало доминантна вероисповед среде Ерменците, за што сведочи големиот пораст на епископски катедри, кои се наоѓале во заедничарење со Цариградската Патријаршија. По навлегувањата на Турците-селџуци во втората половина на XI век, византиското присуство во Ерменија прекинало, па православните Ерменци биле принудени постепено да преминуваат под јурисдикција на Грузиската Патријаршија, а веќе во XIII век нивните епископски катедри биле титулирани како „грузиски“. Некои научници претпоставуваат дека во времето на домонголска Русија, во Новгород живеела заедница на православни Ерменци. Во втората половина на XII век, по иницијатива на императорот Маноил I Комнин, се случил последниот и најзначаен обид за враќање на Ерменската Црква во Православието. Во 1178 година, епископите собрани на локалниот Собор, се согласиле да го прифатат православното исповедање испратено од Цариград, но заради смртта на Маноил, овој обид пропаднал. Неговите наследници на тронот не пројавиле интерес за понатамошни преговори со Ерменците. Во 1198 година Киликискиот кнез Левон склучил унија со римокатолиците, но сепак, овој пакт не бил прифатен ни од народот, ни од клирот.

28

За жал, дел од ерменските ерарси во почетокот на XIV век влегле во канонско општење со Рим. Како наследство од овие периоди на единство со Православието, во литургиската традиција на Ерменската Црква до ден-денес сочувани се некои православни песнопеења и текстови, а во чинот на хиротонија на епископите во Ерменската Апостолска Црква влегува дури и признавањето на седумте Вселенски Собори. По освојувањето на Сис од Мамлуците, почнало да се наѕира решение да се пренесе престолот на католикосот во првопрестолниот град Ечмиадзин. Во исто време, крстоносците и латинските мисионери почнале

да спроведуваат редица пропагандни акции, кои предизвикале незадоволство кај Ерменците и кои влијаеле на одлуката да се премести католикосот. Сето ова се случувало во 1441 година, но сепак, Католикосот на Сис Григориј IX, бидејќи бил во поодминати години, не сакал да се преселува. Тогаш, Националното собрание избрало нов католикос во Ечмиадзин. По смртта на Григориј, во Киликија бил избран нов католикос. Така се формирал Католикосатот на Велика Киликија, кој бил втор престол по важност и кој според организацијата во целост бил независен. Под негова јурисдикција останала областа, која политички не била зависна од Ерменија. Во 1461 година, со указ на султанот Мухамед, бил формиран Цариградскиот Патријархат, кој фактич-

ки станал главен престол во Османлиската Империја, зашто султанот го признавал поглаварот за етнарх – духовен и светски поглавар на ерменската заедница. Процесот на влијание на Православието продолжил и по конечното отпаѓање на Ерменската Црква во монофизитство. Така, во XIII век, во синаксарот на вардапетот Тер-Исраел бил вметнат текстот со житијата на руските православни свети кнезови Борис и Глеб, преведен на ерменски јазик. Под 24 јули, споменот на овие свети со нивните житија влегол во Зборникот на ерменските богослужбени книги од XIV-XV век. Од XVI век Ерменија била разделена меѓу Османлиската Империја и Персија. Освен тоа, во Црквата веќе се појавил раскол меѓу разните епископски катедри, кои не се признавале едни со други. Во XVII-XVIII век, некои ерменски општини, како и нивните епископи, преминувале во римокатолицизам, така што во 1740 година од нив била формирана Ерменската Римокатоличка Црква, која била потчинета на Римскиот Папа. При крајот на XVIII век, ерменските општини од северното Прицрноморие се нашле во состав на Русија, благодарение на успешното поместување на нејзините граници, а во 1828 година Источна Ерменија влегла во состав на Руската Империја. Како резултат на руско-персиската војна (1826-1828), Русија завладеала со Ериванските и Нахичеванските ханства и Ордубадскиот округ, по што на оваа територија било организирано преселување на Ерменците во Турција и Персија. Во 1836 година бил издаден Указ на императорот Николај I: „Закон за управување со делата на Ерменско-григоријанската Црква во Русија“, со кој бил регулиран животот на Ерменската Црква во Руската Империја, кој Указ ги разделил парохиите во државата на шест епархии. Ерменската Апостолска Црква ја поддржувала власта на Ерменската Република, а во 1920 година имала доволно лојална позиција во однос на советската власт. Од 1928 година во Ерменија започнала да се спроведува активна антирелигиозна пропаганда, почнале да се затвораат храмовите, а внатре во Ерменската Црква во периодот од 1920-30 година, почнале да се одвиваат сложени

Преспанско–пелагониска епархија


и спротивставени процеси, поврзани со обиди на спроведување на црковни реформи. По масовниот геноцид над Ерменците во Турција при крајот на XIX и почетокот на ХХ век, кога биле убиени околу 2 милиони Ерменци, голем дел од нив бегале, де на Запад, де во горните краишта на Либан и Сирија. Во 1920 година од Сис заминал и Киликискиот католикос, па во наредните девет години тој немал постојан престол, с` додека не се населил во Антилиас, во близината на Бејрут. Со согласност на Антиохискиот патријарх, тој ја зел под своја закрила Ерусалимската црковна општина. Денес под негова јурисдикција влегуваат Ерменците од Либан, Си-

Иран, Венецуела) посакале да преминат под јурисдикција на Киликискиот католикосат. Во независна Ерменија, по падот на советската власт, Ерменската Апостолска Црква почнала со активен црковен живот и доживеала вистински расцут. Исто така, се нормализирале односите меѓу Ечмиандзискиот и Киликискиот католикосат. Денес бројот на верниците на Ерменската Апостолска Црква изнесува околу 6 милиони низ целиот свет. Во втората половина на ХХ век започнале преговорите по прашањето на црковното единство со претставниците на монофизитските цркви, вклучително и Ерменската. И покрај прифатената одлука од 1990 година

рија, Израил, Кипар, дел од црковните заедници во САД, Канада и Грција. Под јурисдикција на Цариградскиот патријарх останале турските Ерменци. Во 1933 година, по убиството на Ерменскиот архиепископ во Њујорк, дел од ерменските општини формирале независна прелатура, која не била призната од ниту еден ерменски престол. Во 1957 година оваа прелатура се присоединила кон Киликискиот католикосат. Во 1956 година советската власт, користејќи го авторитетот на Ечмиадзин, се обидела да ја освои власта во Киликискиот католикосат, но сепак, овој обид не им успеал, а по овој црковно-политички инцидент некои црковни општини од дијаспората (Грција,

во Шамбези од мешаната богословска комисија со наслов „Втора заедничка изјава и предлог до Црквите“, во која е констатирано отсуство на догматски разлики во областа на христологијата, Архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква во 1997 година утврдил дека овој документ „не треба да се сфаќа како конечен документ, кој би бил доволен за целосно заедничарење меѓу Православната Црква и Источните Православни Цркви, зашто во него содржи големи нејаснотии во одделни христолошки формулирања“. Од друга страна, пак, аналогни односи изразила и Ерменската Апостолска црква. Богословскиот дијалог продолжува и денес.

Преспанско–пелагониска епархија

* * * На територијата на Ерменија денес дејствуваат пет парохии на Мајкопската и Армавирската епархија на Руската Православна Црква, во кои богослужат двајца свештеници и еден ѓакон. Во православните парохии, кои бројат околу 15000 верници, членуваат Руси (со исклучок на неколку илјади Руси молоканци), Украинци, Грци и поголем дел на Асиријци. Процесот на востановување на православни храмови во Ерменија започнал уште во 1980 година. Денес, активни се храмовите во градовите Ереван и Ванадзор (поранешен Кировакан), потоа има храмови во селата Приволное, Димитрово, Арзни, Анкаван (во последните три живеат Грци и Асиријци). Сепак, недостатокот на свештенство претставува сериозна пречка за целосен црковен и литургиски живот на овие православни црковни општини. Главниот православен храм е во Ереван и посветен е во чест на Покровот на Пресвета Богородица. Тој е изграден во населбата Канакер, некогашно северно предградие на Ереван. Во периодот од 1913-1916 година, бил посветена во чест на светиот благоверен кнез Александар Невски, а била наменет за казачкиот полк, кој бил стациониран на ова место. Овој храм е изграден во 1828 година, од времето на победоносниот исход на Руско-персиската војна. Во советските години храмот бил затворен и бил користен како магацин, а потоа бил пренаменет во полковнички клуб, за повторно да биде отворен во 1991 година, а девет години подоцна, да биде реновиран во првобитниот лик. Стариот Покровски храм во Ереван, кој бил изграден во XIX век од стара џамија, во советско време во целост бил разурнат. Во 2001 година Ерменија ја посетил Рускиот Патријарх Алексиј II. За време на посетата тој изјавил дека во Ереван ќе биде изграден нов православен храм, за што Владата на Ерменија доделила локација за градба, а финансирањето на градбата било под надлежност на Сојузот на Ерменците во Русија. Протоереј Златко Ангелески

29


Исповед на еден осуденик на смрт Како да се живее, дознавајќи ја, за многумина страшната дијагноза: онкологија?

цата меѓу сон и јаве, секое утро се чуди: „Сон! Тоа беше само еден кошмарен сон!“ Но, остатоците од сонот брзо се разлетуваат, и страшното јаве повторно станува неподносливо. Потоа почнуваат да доаѓаат други мисли: „Зошто токму јас имам рак? Зошто токму јас?“. Лекари ми поткажаа (и тоа е широко распространето мислење), дека тешките болести се последица на лошата екологија: водата од водоводите не е за пиење, повеќето продукти во продавниците не се многу полезни за конзумирање во исхраната, воздухот во крупните градови веќе не може да се диши.

влијае многу негативно на здравјето. Но, на прашањето: „Зошто токму јас?“ – не можев да најдам одговор. Стана очигледно, дека е бесмислено, да барам одговор во материјалната сфера. Се сетив, дека човекот не се состои само од телесна обвивка – освен телото, има и душа. Дури – и повеќе: излегува дека, болестите на телото можат да бидат предизвикувани од повредите на душата. Имено, повредите на душата ме доведоа до смртната болест – тоа беше исцрпниот одговор на прашањата кои ме мачеа. Почна да се појавува свеста за тоа, дека мојата неизлечлива, смртна болест – е Божја казна за извршените гревови. Секако, се појавуваше и другото прашања: „А зарем сите грешници тешко се разболуваат?“ Ми требаше време и духовни сили, да сфатам: секако, дека не. Но, тоа ништо не докажува и ништо не побива: патиштата Господови се неискажливи, и Он му испраќа секому, она што заслужува. Само на некои –

Потоа се сетив, дека многу години поминав по аеродроми – граѓански и воени, каде што работеа сателити со силно високоенергетско излачување, кое, колку што е познато,

уште во овој живот. Впрочем, многумина така и умираат, без да најдат одговор на тоа прашање. По една година, болеста ми се наврати и повторно ме доведе до осоз-

Материјалот објавен подолу – е расказ за живот со смртна болест. За исполнет живот и преобразена вера. Кога ќе го почувствува здивот на смртта, човек многу работи ги преоценува, за многу се замислува. Така и доаѓа кон верата. И живее во вера – долго и среќно, дури со онкологија. Тоа секогаш е сугубо индивидуален опит, многу лични доживувања и откровенија. Но, затоа и се интересни. И имено затоа – колку и да е парадоксално – се пример и поука за нас.

Јас требаше да умрам…

П

ред тринаесет години, јас требаше да умрам. Дијагнозата не оставаше никаква надеж: ангиобласна лимфома, рак на крвта IV степен. Потоа следуваа осум тешки третмани со хемотерапија, четиринаесет терапии со зрачење, три операции и дванаесет години хормонална терапија. Како човек, кој ги поминал речиси сите стадиуми на лечење од рак, можам да посведочам, дека тие кругови – се навистина пеколни. При што, за секој човек почетните стадиуми се подеднакво ужасни. Најпрвин, при појавата на нејасни симптоми (во мојот случај, тоа беа многу отечени лимфни јазли) ретко кој човек ја допушта можноста дека има рак – „надежта последна умира“. Можеби, грешка во анализите? Можеби, анализите ги помешале? Но ете, анализите се предадени, дијагнозата е утврдена и со смрзнато срце човек го прашува докторот: „Докторе, што ми е мене?“ Денеска се сменија времињата, лекарите веќе немаат право да ја кријат дијагнозата од пациентите. И така, се слуша пресудата, страшна во својата неизменливост: „Имате рак“. Слушајќи го тоа, човек паѓа во шок. „Рак? Но, тоа е брза смрт! А што ќе биде со семејството, децата? А фирмата, создадена со неизмерни усилија? Зарем ова е крајот?“ Тие мисли, веќе не те напуштаат ни за миг, и летаат низ мозокот постојано – секоја минута, час. Само ноќниот сон носи заборав, и при будењето, кога човек сеуште се наоѓа на грани-

30

Преспанско–пелагониска епархија


навањето на блискиот крај. Но, се случи речиси потполно помирување со страшната реалност: Господ ми испрати прекрасен духовник – пра-

Да се восхитувам на неизменливата слика, која секоја година се повторува: наесен, растенијата и дрвата умираат – и воскреснуваат, повтор-

ца… а на Адам му рече: … проклета е земјата за тебе; со маки ќе се храниш од неа во сите дни на твојот живот; трња и боцки ќе ти дава…“ (Бит. 3, 16-18). „Трњата и боцките“ – се имено тој плевел, кој, без оглед на сите природни науки – агрохемија, агротехника и останатите – човештвото не успеало целосно да го победи, како, и меѓу другото, сосема да го обезболи раѓањето. За верниот човек, никакви докази за постоењето на Бога не се потребни – Он е секогаш покрај него. Но, до тоа уште требаше да дојдам, а тогаш мојот инжинерски ум бараше научни докази. И за мое зачудување, тие ги имаше предоволно… За веројатноста на невозможното

вославен монах, начитан, образован, со две високи образованија: радио-физички факултет и духовна академија. Имено од тој духовник – вистински старец, настојател на манастир – слушнав зборови, кои поставија с` на свое место: „Болеста не ти е дадена за смрт, туку за зацврстување на твојата вера!“ Види како! Значи, болеста не е само плаќање за гревовите, како што обично сите сметаат. И така, веќе го знаев излезот: најважното за мене – беше зацврстувањето на верата. Почнав да читам светоотечки книги, редовно да одам во црква и да се причестувам. Покрај разбирањето на причините на болеста, открив уште многу други работи. Набљудувајќи го светот што ме опкружуваше, наеднаш сфатив: колкава среќа е – само да се живее и да се цени секој миг од животот. Посебно радосно ми беше, да ја набљудувам природата. Да ја набљудувам и бескрајно да се восхитувам, да се поразувам, на пример, од белината на цветовите – таква белина, која не може да ја создаде ниеден уметник, дури и најгенијалниот.

но се раѓаат во пролетта. И тоа не е возродување, само со појавување на лисја, туку со расцветување и созревање на прекрасни, вкусни плодови на овошните дрвја, кои се појавуваат, навидум, од никаде. Дури и плевелот во полето сведочи за чудото на Божјото присуство на Земјата. Зошто, на пример, културните растенија бараат големи усилија за одгледување, а плевелот расте и неверојатно се размножува, без оглед на постојаната борба со него? Го поставував тоа прашање на професионални биолози. Следуваа долги образложувања: Културните растенија биле подложени на многу долга селекција, пребирање, и наводно, затоа бараат поголемо внимание и грижа. Но, согласете се, тешко дека тоа може да се смета за исцрпувачки одговор: зошто секелкцијата задолжително треба да биде придружувана со слаба издржливост во животот? А вистинскиот одговор е многу прост, и јас го најдов на првите страници на Библијата. Тоа е пораката, со која Господ ги избркал паднатите Адам и Ева од рајот: „На жената и рече: ќе ти ги умножам маките во бременоста твоја; во болки ќе раѓаш де-

Преспанско–пелагониска епархија

Излегува, дека ако се промени растојанието меѓу Сонцето и Земјата само за 2%, топлинската рамнотежа на Земјата ќе се наруши, и с` живо на неа ќе загине. Разликата на температурата е само 100 степени Целзиусови (од -50, до +50), додека пак во Вселената, таа разлика е незамислива – од –273 Целзиусови степени до милиони! Исто така, во ништожно мал диапазон на Земјата се држи и атмосферскиот притисок. Имено на Земјата, атмосферата се состои од таква смеса на азот и кислород, која најмногу одговара за дишењето на луѓето и ѕверовите. А на останатите познати планети, атмосферата (ако воопшто постои) се состои од гасови, погубни за човекот. И зошто само на Земјата, во изобилство постои оксид водород, толку неопходен за животот на човекот – добро познат на сите како вода? Познати се повеќе од 200 параметри, кои се неопходни за одржувањето на животот на нашата планета. И сите тие параметри мора постојано да се присутни. Ако се наруши само еден од нив – с` живо на Земјата ќе загине. На пример, да не беше во близина на Земјата масивната планета Јупитер, која ги привлекува астероидите, повеќето од нив ќе паѓаа на Земјата со сите ужасни последици. На прашањата: „Кој, со толкава точност го изрегулирал диапазонот на температурата и притисокот на Земјата; зошто токму на Земјата постојат благопријатни услови за живо-

31


тот?“ – материјалистот не е во состојба да одговори. До ден-денес, лекарите не знаат зошто бие човечкото срце. Обично, срцето го споредуваат со пумпа, која испумпува крв во организмот. Но, секоја пумпа работи само под влијание на некој вид енергија, па затоа и ги

прават, на пример, електрични, хидраулични, пневматички. Но, срцето работи без добивање на никаква енергија однадвор, само по себе, што апсолутно противречи на сите закони на физиката. А зошто дождовниот облак, кој во себе носи десеттици, па дури и илјади тони вода, се држи во воздухот? И постојат многу такви прашања. Но човекот, како правило, не си ги поставува. А ако си ги постави, неизбежно доаѓа до заклучок: многу е поедноставно да поверуваш во тоа, дека Некој го создал коплексот на тие оптимални услови за постоењето на човекот на Земјата, отколку во тоа, дека се создале сами по себе, како резултат на некој недостижен процес на самоусовршување. Исто така, тешко е да се поверува во озлогласената теорија за еволуцијата на Дарвин, која со восхитување го прими сето „прогресивно човештво“ во втората половина на XIX век. Во 150 години од нејзиното постоење, научниците од цел свет, така и не успеаја да најдат потврда на

32

таа теорија: не успеаја да најдат ниту еден (!) череп или скелет на човекообразни мајмуни, кои се наоѓале на разни етапи од еволуцијата, на таканаречениот „преоден ѕвон“. А такви треба да бидат милиони. Теоријата на Дарвин се побива и од широко познатиот закон на физи-

ката – вториот закон на термодинамиката. Неговата суштина се состои во тоа, дека во секој затворен систем, степенот на ентропија непрестајно расте. Ентропијата – е мерата на разрушување, мерата на хаосот. Со други зборови, ако било кој затворен систем, не се регулира однадвор, тој ќе се стреми само кон разрушување. Така и животот на Земјата: ако немаше создадено идеален систем, неопходен за обезбедување на човековото постоење, самиот не би можел да се појави. Некој од мудрите рекол: веројатноста за самосоздавање на живите организми и нивниот развој од најпрости форми до повисоки – во вид на човекот – е речиси иста, како за самосоставување на авион од железа во отпад, после поминат тајфун над него. Очигледно, дека веројатноста за такво нешто не е само нула, туку – е негативна. За жал, да се замисли над тоа, да го гледа, да се чуди и да се радува дури и на најситните пројави на животот, може, за жал, само човек, кој погледнал во Бездната, кој се нашол на

работ на пропаста. Притоа, не е толку страшна самата таа, колку ефемерноста, прозрачноста на границата, која го одделува овој живот на човекот од Бездната. После болеста: ново искушение Со благоговение и неизмерна благодарност, јас стоев на колена во манастирот, се молев, се исповедав и се причестував речиси секоја недела. Постепено почнав да сфаќам, заради што и како имено треба да живее човекот. Излезе, дека и Бездната – и воопшто не е без дно, страшна пропаст, која н` фрла во неизбежна гибел. Тоа е само премин во друг – вечен живот. А вистинската Бездна – е тој гревовен живот, кој го водев до болеста. Секако, зацврстувањето на верата не ми додаде никаква светост – како што грешев, така и продолжив да грешам, дури не престанав ни да пушам: оној на кого му паднала главата, не плачи по косата. Така и јас одговарав на честите прашања на познатите. Но, се појави нешто друго, кое го немав претходно – стремежот да не правам лоши постапки, а ако ги извршам – да се извинам и да се покајам. Се појави некаква внатрешна потреба да им помагам на луѓето – со тоа што можам. Враќањето на смртната болест отстапи, но после две години дојде ново искушение – ми се појавија силни болки во нозете: излезе, дека хормоните што ми ги имаа препишано „би ја изеле“ сржта на колковите. Дознав: во таквите случаи се прави операција за замена на сржта со вештачка, и пак се појави надеж. Иако, многу брзо исчезна: хирурзите во нашиот град, веднаш се откажаа да прават таква операција и објаснија зошто: можен е повторен рецидив на ракот и „рана нестабилност“ на зглобовите, едноставно речено, пукање на колковата коска во местото на соединувањето со металниот вештачки зглоб, во вид на остеопороза. И тогаш – целосна неподвижност, прикован за постела, брз крај. Хирургот кој ме консултираше се ограничи со тоа, што ми препиша… штаки. Впечатоците и новостите ми останаа достапни само од „кутија“. Мојата околина се стесни до разме-

Преспанско–пелагониска епархија


рот на станот, природата – до размерот на дворот. За мене станаа недостапни незабележливите, но големи радости за битието. Стана невозможно да се радувам на дождот, минувајќи по барите, да го слушам крцкањето на свежо паднатиот снег под нозете, да се насладувам од сончевата топлина. Ниту да се искапам во реката, ни да се исончам, ни да отидам по печурки или на риби. Но, тоа уште не беше с`: болките во колковите се засилија до невозможност. Без болки не можев не само да одам, туку и да седам и лежам. Особено, болките во нозете ме мачеа ноќе – ми доаѓаше да вијам со сиот глас, да се фрлам на ѕидот и да го гребам до откорнување на ноктите, ми доаѓаше со сета сила да ја удирам главата од ѕидот – само да заврши таа страшна, истоштувачка, непрестајна болка, која ги истоштува и телото и душата… Секако, имаше силни инекции за смирување на болкита, истите, од чија слаба ефикасност се застрелувале видни офицери. Секоја вечер – инекција, без тоа не можев да заспијам – и така, речиси цели десет години. Но и анастезиите не помагаа за долго, само за два-три часа. Потоа пак пекол – до утрото, кога измачен од болка, организмот едноставно „се исклучуваше“: сонот повеќе личеше на несвестица, отколку на одмор на организмот. Некогаш, не ми остануваа сили да ја трпам болката – свеста лошо го контролираше тоа што се случува. Имаше моменти, кога бев готов да ја престегнам главата со ременот, прицврстен на креветото за олеснување на превртувањето на страна, само за да исчезне болката. Особено, затоа што на тоа упорно, речиси цела ноќ, ме поттикнуваше некој „црн“ човек, невидлив за окото, но чие присуство го чувствував покрај мене, крај постелата, речиси физички. Одненадеж, сосема неочекувано, како само од себе, се случи чудо: ноќните болки исчезнаа, и веќе можев да поминам без истоштувачките инекции секоја вечер. Но, дали само по себе се случи чудото? Случајност ли беше? Долги бессони ноќи размислував за тоа, до-

дека мислите не се оформија во определени заклучоци… Моето отстрадано убедување Убеден сум, дека тоа се случи благодарение на моето обраќање во верата, но не само затоа. Јас знаев, дека за мене се молат во Нижниј Новгород моите познати свештеници. Знаев, дека за мене се молат во Москва мои познати верници, лекарот кој ме лекуваше. Знаев, дека за мене се молат моите роднини. Знаев и верував. Се молев и јас – секое утро, секоја вечер. Секако, ќе ми се спротивстават: многу од верниците, кои се разболеле од рак или друга тешка болест, наскоро умираат, и покрај молитвите. И тоа навистина се случува, но човекот со вера нема што да се чуди на тоа: „неисповедливи се патиштата Господови“. Верата ми помогна да сфатам и нешто друго: каков имено, треба да биде нашиот однос кон смртта. Одамна ни се пропагира и веќе трајно се вкоренило тоа, што ни се наметнало од Западот: дека, наводно, главна вредност претставува човечкиот живот. Тоа тврдење е поставено во основата на современата медицина, и во руската – меѓу другите. Тоа се базира на материјалистичката идеја: човекот, умирајќи, исчезнува без трага. Често, губењето на блискиот човек, станува вистинска катастрофа за роднините и пријателите. Но, човекот со вера знае: главна вредност не е телото, туку – душата на човекот. Умирајќи, човекот не исчезнува, туку само преминува во друга состојба – живее во друг живот. И смртта на човекот, иако претставува најголема несреќа, веќе не е вселенска катастрофа за верниот човек и неговите блиски. Зашто истата судбина, порано или подоцна, ќе ги стигне и нив, и тоа, што ќе проживеат уште 5, 10 или 20 години, нема некое посебно значење, колку грубо и да звучи. Сметајќи го животот за главна вредност, сакајќи да се излечат по секоја цена, некои прибегнуваат кон страшното: прават инекции од матични клетки, земени од телото на убиените младенци во утробите на мајките, се обраќаат кон разни бајачи и останати екстрасенси, и со са-

Преспанско–пелагониска епархија

мото тоа, уште повеќе ја зголемуваат болеста на душата, и секако, на телото. Прашајте го секој лекар, каква е статистиката на смртност меѓу оние, на пример, болни од рак, кои „се лечеле“ кај надри лекари и „народни исцелители“? Чудесните исцеленија – не се ретки појави. Раскажувајќи за таквите случаи, новинарите често прибегнуваат кон патетични изрази од типот: „Љубовта на блиските (жената, мајката, децата) го спасија тој-и-тој од смртта“. При сета живописност, таквите тврдења не се ништо повеќе од убави фрази, или поточно – празноѕвонство. Може да н` спаси само љубовта кон Бога, и вистинска таа може да биде само преку молитвата – тоа е уште едно мое отстрадано убедување. Не очајувајте!.. На многумина може ќе им изгледа чудно, но вистински верниот човек се радува на својата болест, гледајќи во неа средство за спасение на душата. А на онколошката болест, православниот христијанин ~ се радува уште повеќе. Работата е во тоа, што најстрашно за верниот православен човек, е смртта без покајание и Света Причест. Зашто ракот не е болест, од која се умира за миг: при таа болест не е потребна „Брза помош“ со трепкачи и сирени, за разлика, на пример, од срцевите заболувања. Размислувајќи за својот живот, дојдов до парадоксален заклучок: за време на болеста, јас стекнав повеќе, отколку претходните десет години, кога се занимавав со бизнис – кои во суштина, беа луда трка по материјални добра. Во изминатите во болест, тринаесет години, јас речиси ги обезбедив со живеалиште своите деца, изградив дом со бања, се радувам со две прекрасни внуки. А уште… и напишав неколку книги на историска тема, спомени, генеолошка книга. И ги пишувам тие записи – со надеж, дека ќе му помогнат некому да ги преживее најстрашните моменти, поврзани со тешката болест. И с` почесто ми се чини, дека Господ ми ја испрати болеста и го одложи мојот крај токму за тоа, да го направам точно тоа, што го направив во време на болеста. А можеби,

33


Александар Солнцев со децата. Метеори, 1998 г.

главно во животот беше приоѓањето во верата? Зашто, занимавајќи се со бизнис, деноноќно минувајќи на работа, без да ги видам децата со недели, јас не се замислував за скриената, духовната страна од животот. Цело време, ме проголтуваше трката по материјалните добра: доходот во фирмата, нов стан, нов автомобил, викендица и т.н. – какво душеспасителство може да има во тоа! Сега можам уверено да кажам, дека тешките болести, вклучувајќи ја и онкологијата, и не се толку страшни, но само за човекот, кој цврсто верува во Бога. Како прво, средствата на современата медицина, дозволуваат доста успешно да се бориме со нив, особено на првиот стадиум на болеста, а верата помага да ги најдеме неопходните сили за тешкото лекување. Особено, што повеќето лекари – онколози сега – се луѓе со вера. Како второ, болестите му даваат на верниот човек, ретка можност да

34

ги спознаат вистинските, а не минливите животни вредности, кои ќе станат украс на животот. Како трето, заминувањето од животот на верниот човек, престанува да се гледа како вселенска катастрофа. Роднините со вера и блиските разбираат, дека тоа – е заминување во друг свет, многу посовршен и порадосен од нашиот, и со помош на своите молитви, можат да го направат тој премин побезболен. Не очајувајте мои собраќа по болеста (не сакам да пишувам – „по несреќа“)! Помнете: с` што прави Господ, не е на штета, туку на добро за човекот, и наша задача – е само навреме да го осознаеме тоа! Ви посакувам здравје и среќа! *** А со пушењето, сепак престанав – пред точно две години. Пушев 36 години, и како и сите пушачи, се обидував да престанам – многукратно и неуспешно. И сепак, го направив

тоа! Нема да опишувам колку беше тешко: пушачите и така го знаат тоа, а непушачите – нема да разберат. И престанав да пушам, не затоа што беше штетно за здравјето – него веќе не можам да го поправам. Тоа се случи, откако на сајтот „Православие.ру“ ја прочитав статијата на отец Јов (Гумеров) на таа тема, која ми ја откри сета погубност, сета гревовност на таа грешна навика. Си замислив дека стојам пред Вишиот Суд во страшен вид – целиот пронижан со мирис на цигари, со тоа „сатанинско зелје“. Си замислив, како ќе ме прашаат: „Зошто пушеше, кога знаеше, дека тоа е голем грев?“ И се исплашив… Александар Солнцев, Инвалид од 1 група (Нижниј Новгород) Превел од руски Златко Дивјаковски Извор: pravoslasvie.ru исповед, Онкологија, рак

Преспанско–пелагониска епархија


РЕТРО РЕПОРТАЖА (9)

Плетварско–беловодичка парохија 1 (Трет дел)

НИКОДИН се наоѓа во североисточниот дел на територијата на општина Прилеп, под североисточната падина на планината Бабуна, а во горното сливно подрачје на Раечка Река. Селото се наоѓа на надморска височина од 600 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 37 км. Атарот зазема мошне голема површина од 52,6 км2. Никодин лежи во подножјето на Борила, под длабокиот преслап меѓу Рајкова Глава на север и Козјак на југ, а на повисоката егејска тераса, која ја сечи Глоговичка река. Селото со вода се снабдува од чешми, а во околината на селото има многу извори: Белјак, Мавровец, Пропратница, Лалево кладенче, Извор, Калуѓери, Крилјанец, Бели полјани, Студеница и др. Селото отсекогаш било христијанско, од збиен тип со разредени краеви. Во годините кога било најмногу населено, селаните се занимавале со сточарство, а еден мал дел со земјоделство. Трговски и стопански гледано, селото „отсекогаш било слободно“. Теренот со пасишта и шума го опфаќа венецот од Борина, од Јасенова глава над Попадија, па преку местата Липовец, Свињарник, Долна нива, Попова ливада, Свети Милош, Минова нива, Преслап и Студеница оди кон Козјак, а оттаму слегува преку стрмнините на Ножот во рамната котлина над Ракле. Некогаш овој терен се простирал до над Топлица, но овој дел од теренот го зазеле сточарите од Ракле и Топлица, кога селата „избегале нагоре“. Пасиштата биле особено погодни заради честите извори. Горе, на високите површини биле нивите, а во рамните котлини нивите „не чинат“ заради оголувањата од неоген вар. Исто така, добри биле и лаките кај Глоговичка река. На теренот на денешното село Никодин постојат остатоци од осум

населени места: Глоговица, Кауѓере, Старо Село, Бели Полани, Белјак, Стари Белјак, Утово и Загорани. Глоговица се наоѓа на три километри источно од Никодин. Тука денес постојат само две иселени куќи. Кауѓере се наоѓа на околу три километри јужно од Никодин. Среде многуте извори и кладенци се наоѓал богатиот манастир во чест на Пресвета Богородица. Овој манастир во 1942 година повторно е изграден, врз темелите на старата градба. Старо Село се наоѓа на два километри јужно од Никодин. Бели Полани се наоѓа на околу седум километри северно од Никодин. Тука има остатоци

ни и гробишта. Стари Белјак се наоѓа на околу два километри западно од Белјак. Тука се забележуваат и остатоци од стара црква. Утово е најоддалеченото село, кое се споило со Никодин. Ова село се наоѓа на околу два часа одење западно од Никодин, во реонот на Рамна Бука, западно од ледината Минова Нива. Во летото 1920 година, на Никодинската планина во пет колиби се сместиле „Црнованците“, кои дошле од битолско со 600 овци и 20 коњи. Жителите од Никодин оделе на аргатлак во Тиквешијата, и тоа најмногу на жнеење. Додека таму заврши летината, околу Свети Илија житото

од ѕидини и гробишта. Загорани се наоѓа на околу пет километри северно од Никодин, Во 1942 година тука се ископани обработени камења од акрополска градба. Белјак се наоѓа на седум километри северозападно од Никодин. И тука се сочувани ѕиди-

стасувало и во Никодин, па аргатите се враќале во родното село. За време на турското ропство, никодинци оделе на печалба во Романија и Србија. Во почетокот оделе во групи од по 10-15 луѓе, а во 1895 година почнале да одат дури и по 90 луѓе одед-

1.

Плетварско-беловодичката парохија при Прилепското архиерејско намесништво ја сочинуваат селата: Ореовец, Крстец, Лениште, Беловодица, Плетвар, Тројаци, Дрен, Никодин, Ракле, Топлица, Смолани, Царевиќ, Мал Радобил (Мало Село), Голем Радобил и Мрамор.

Преспанско–пелагониска епархија

35


наш. Најмногу од занаетчиите биле мајстори-ѕидари, а најпознати меѓу нив биле Вртевци, меѓу кои имало и прочуени циглари. Иле Видовски работел во Србија 12 години. Од Никодинската планина се вадел ќумур, а кај Белава се печела вар, па потоа со товарала преку Преслап и се носела за Прилеп. Во XIX век Никодин било село во Велешката каза, нахија Клепа на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Никодин е посочено како село со 80 домаќинства и 343 жители. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Никодин има 900 жители, сите христијани. Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Никодин имало 240 егзархисти. Според таен допис на бугарскиот конзулат во Скопје, 46 од 129 куќи во селото, во 1903 година, под притисок на српската пропаганда во Македонија, ја признале Цариградската патријаршија. Најстарите жители на Никодин „се собрале“ од околните „селца“ кога надошле турските поробувачи. Првите никодински фамилии се: Поповци, Вртевци, Камџиовци, Златаровци, Видовци, Пирковци, Голичовци, Мирчевци (сите овие го слават Свети Никола), Чундевци, Тодевци (Митровден), Миновци, Ордановци, Кишковци, Сурковци, Попристовци и Момировци (Пречиста). Постари доселеници се: Новоселци (чии дедовци избегале „заради зулумите“од селото Желишта „од кај Грбавец“ во средината на XVIII век), Глоговичани (чии дедовци избегале од селото Глоговица во почетокот на XIX век). Новоселци и Глоговичани го слават Арангеловден. Варижановци, кои избегале од имотот на бегот во Фариш во средината на XIX век. За домашна слава ја имаат Пречиста. Понови доселеници се: Бошнаковци (Бошко од Ракле дошол домазет кај Сурковци во 1904 година, слават Пречиста); Бал-

36

чевци (Димко од Крстец дошол домазет кај Миновци во 1912 година, слават Пречиста); Паровци (Јован од Ракле дошол домазет кај Миновци во 1917 година, слават Пречиста). Од селото Никодин во 1878 година се одселил Филип од Најденовци, кој заминал на „гурбетлук“ во Куршумлија. Според пописните листи, бројот на населението низ годините е следниов: 1948 = 550; 1954 = 528; 1961 = 437; 1971 = 212. Според пописот од 1981 година, во Никодин имало 66 жители, во 1991 = 29, во 1994 бројот се намалил на само 10, а според пописот од 2002 година селото има само 7 жители, сите Македонци. Во Никодин има две цркви. Црквата „Свети Атанасиј“ е возобновена и преосветена во 1935 година, а на тоа место се наоѓала црква од XIV век. Оваа црква претставува еднокорабна градба, полукружно засведена, со полукружна апсида на источната страна, која однадвор е оживеана со четири слепи ниши. Црквата е живописна во 1943 година. Црквата „Свети Илија“ се наоѓа во гробиштата. Всушност, тоа е мал параклис, во кој се извршувале опела над покојните. Во Никодин се наоѓа манастир во чест на „Раѓањето на Пресвета Богородица“. Манастирот е подигнат на местото каде што се наоѓала старата црква во чест на „Света Троица“, која постои и денес. Централниот престол на оваа црква е посветен на Света Троица, додека другите два се посветени на Раѓањето на Пресвета Богородица и Свети Теодор Тирон. Панаѓурот во Никодин се одржувал на празникот во чест на Светиот пророк Илија. На овој ден се одржувале и натпревари во фрлање на камен во далечина, скокање и традиционално борење. Селото Глоговица, кое се наоѓало на Глоговичка река, над вливот во Раец, згаснало во исто време, кога згаснало и Фариш-Дервен. Глоговица некогаш имало и 300 куќи и секогаш било „рајатско (од рајата) и во него немало ништо агинско“. За ова село се раскажува дека некогаш во него дошол некој спахија на гости, кој бил стар и слеп. Кога селаните го испраќале, „од ќеф“ го седнале однопаку на магарето, а наместо узди, му

ја дале опашката од магарето в раце. Кога спахијата сфатил што му направиле, го проколнал селото да се растури. Набрзо потоа, Глоговица имало само 5 куќи, а по некоја година и тие за навек се иселиле. Иако иселено, глоговичани долго време таму имале трла. И денес на местото каде што било селото има места наречени „гробиште“ и „црквиште“. Во Никодинската планина има место наречено Свети Милош, најверојатно, според името на некој испосник. За селото Никодин треба да се знае и ова: На 4 април 1907 година, српска чета го нападнала Никодин, кое било штитено од селската милиција. Четите на ВМОРО на Петар Ацев и Георги Попов им притекнале на помош на никодинчани и по петчасовна борба била разбиена српската чета, но војводата Георги Попов загинал. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, двајца никодинци биле доброволци во Македонско-одринската доброволна чета. Освен Георги Попов, во Никодин починале и револуционерите Симеон Денков и Коло Оризарчето, како и народниот херој Блажо Тодоровски. РАКЛЕ се наоѓа на североисточната страна на територијата на општина Прилеп, во горното сливно подрачје на Раечка Река. Селото е планинско, на надморска височина од 700 метри. Атарот зафаќа простор од 13,7 км2. Во годините кога било најмногу населено, селаните се занимавале со сточарство и земјоделство. Трговски и стопански гледано, селото „отсекогаш било слободно“. Нивите се наоѓаат во неогена варовничка површина кај Козјак, меѓу Мала Могила спроти Никодин и Дабичница кон Топлица, с` до кањонот на Раец. Земјиштето е безводно и слабо. Во лаките кај Раец во минатото се одгледувало и ориз. Селаните често оделе на аргатлук во Тиквешијата и низ Полето. Во „турско“, мајсторите оделе на печалба во Србија, Романија и Бугарија, а жетварите во Солунско Поле. Во XIX век Ракле било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена

Преспанско–пелагониска епархија


статистиката на машкото население од 1873 година, Ракле е посочено како село во Велешката каза со 60 домаќинства и 276 жители. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ракле имало 580 жители, сите христијани. Во почетокот на ХХ век, населението на селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa

1906 година); Миновци-Карасановци (Пере од Никодин дошол домазет кај Бојовци во 1911 година); Голевци (Димо од Попадија дошол домазет кај Бојовци во 1911 година); Чеповци (Иге од Тројаци дошол домазет кај Бојовци во 1912 година); Колевци (Милан од Топлица дошол домазет кај Бојовци во 1918 година). Според пописните листи, бројот на населението низ годините е следниов: 1948 = 294; 1954 = 317; 1961 = 269; 1971 = 145. Според пописот

Population Chrétienne“), во 1905 година во Ракле имало 616 егзархисти. Најстарите фамилии од Ракле пребегале низ Премин од Старо Село во Раец во почетокот на XVIII век. Во нив спаѓаат: Бојовци-Велковци (до почетокот на XIX век биле голема фамилија, а пред поделбата старешина бил дедо Стојко, но се разделиле кога „станале многумина“); потоа Мангировци и Пушевци. Тие го слават Свети Георгиј. Други најстари фамилии се: Р’жаровци, Паровци, Курпашовци, Кишковци, Богевци, Царевичковци и Србовци, а нивна слава е Свети Никола. Понови доселеници во Ракле се: Поповци (Јован од Никодин дошол домазет кај Бојовци во 1890 година); Трипуновци (Спасе од Попадија дошол домазет кај Мангировци во 1894 година); Немовци (Никола од Мрамор дошол домазет кај Бојовци во

од 1981 година, во Ракле имало 24 жители, во 1991 = 17, во 1994 бројот се намалил на само 7, а според пописот од 2002 година селото има само 7 жители, сите Македонци. Црквата „Свети Атанасиј“ во село Ракле е трикорабна градба, со полукружна апсида на источната страна. Подигната е во средината на XIX век, а живописана во 1864 година. На западната страна има галерија на кат. Во месноста Старо Село има „гробиште“ и „црквиште“. Таму биле ископани мермерни плочи со релјефи и грчки натписи. Овие плочи се пренесени во селската црква. Селските панаѓури во Ракле се одржувале на летен Свети Атанас и на Петковден. Во близина на месноста Старо Село имало Раклечки ан, веднаш на патот. Во 1900 година него го запалиле комитите.

Преспанско–пелагониска епархија

За селото Ракле треба да се знае и ова: Покрај селото се наоѓа врвот „Ножот“, на кој на 14 јули 1907 година, се случила една од најтешките битки на револуционерното движење на Македонците против османлиските војски, која во историјата е запишана како Битката на Ножот. ТОПЛИЦА е село во јужниот дел на Република Македонија, општина Прилеп. Селото е расположено во долината на Раечка река, источно од Прилеп. Ова село лежи на повисоката егејска тераса во подножјето на Борила. Терасата е слабо дисецирана од долините Ведрица и Баба-Куска. Селото со вода се снабдува од чешми и од бунарот Ведрица, кој во вид на резервоар бил изѕидан над изворот. Топлица е христијанско село од збиен тип и овална форма. Во годините кога било најмногу населено, селаните се занимавале со сточарство, а многу слабо со земјоделство. Трговски и стопански гледано, селото „отсекогаш било слободно“. Нивите се на рамнините над „Ќафето“, а ги има и под селото, низ Баба-Куска, до Раец. Со многукратната поделба, нивите многу се распарчувале, така што еден домаќин имал околу 70 „дунуми“ на 50 разни места. Од тие причини, многу од приносите „оделе“ по меѓите, а посевите се газеле. Стоката преку ден ја паселе под селото, за да ги пазеле оградите, а ноќе оделе во планина. Селаните оделе на аргатлук (копање и жнеење) низ Тиквешијата и по Полето. Во „турско“ оделе на печалба во Србија, Бугарија, Романија, па дури и Америка. Најчесто печалбарите биле циглари. Во XIX век Топлица било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Топлица е посочено како село во Велешката каза со 42 домаќинства и 197 жители. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Топлица имало 420 жители, сите христијани.

37


Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во „Тополица“ имало 384 егзархисти. Најстарите фамилии во Топлица се бегалци од Селиште кај Извор на Раец и во ова село дошле при крајот на XVIII век. Тие фамилии се: Стојановци и Волчевци, кои за своја слава го имаат Свети Георгиј. Понови доселеници во Топлица се: Кишковци (Поп Игнатиј дошол на парохија во Топлица од Ракле во 1867 година); Вакановци (Стојко од Кокре дошол како ковач во 1895 година). Од Топлица иселени се овие фамилии: Стојановци и Војчевци (пребегале во Прилеп во периодот од 1900-1912 година). Даниел и Цане од Војчевци биле на печалба и се задржале како кафанџии во Крагуевац околу 1900 година. Една куќа од Стојановци во 1902 година отишле во местото Рушчук. Една куќа од Војчевци во 1905 година заминала за Романија. Јоце од Војчевци во 1910 година заминал за Америка. Според пописните листи, бројот на населението низ годините е следниов: 1948 = 240; 1954 = 221; 1961 = 144; 1971 = 73. Според пописот од 1981 година, во Топлица имало 15

38

жители, во 1991 = 8, во 1994 бројот се намалил на само 6, а според пописот од 2002 година селото има само 5 жители, сите Македонци. Црквата „Свети Никола“ во селото Топлица претставува трикорабна градба, со полукружна апсида на источната страна. Подигната и живописана е во 1860 година. Автори на живописот се Ангелко и Велјан од Папрадиште. Црквата е обновена во 1892 година, кога на западната страна е дограден трем. Селските панаѓури во Топлица се одржувале на Свети Еремиј и на Свети Мина. Во месноста Селиште,

стара Топлица, има „гробиште“ и „црквиште“. Во близина на селото, на самиот пат постоел и Топлички ан, кого во 1900 година го запалиле комитите. Во негова близина се наоѓале и урнатините од Топличката кула. За стрмнините на Козјак и Борила, постои предание дека нив со сабја ги засекол лично Крал Марко. На Козјак постои и Марков пат, од каде што Марко ги прогонувал Турците и ги фрлал низ стрмнините. Под селото, на една варовита рамнина, има место Маркова плоча, на кое „се познава стапалото, на кое што Марко цапнал од Козјак со коњот“. Во Топлица се родени: Илија Јовановски (1921-1944), народен херој на Југославија; Милан Петров Топличанец (?-1903), револуционер, загинат во Битката на Ножот; Панајот Ангелов, свештеник во Велес по 1866 година; Петар Апостолов, македонско-одрински доброволец, 24-годишен, 4 чета на 4 битолска дружина, ранет на 5 јули 1913 година, носител на орден „За храброст“ ІV степен. Во Топлица се починати: Ѓоре Спирков (1870-1907), македонски револуционер; Тодор Цветинов (?-1907), македонски револуционер, родум од Велес, велешки војвода на ВМОРО, загинат заедно со Ѓоре Спирков. (Продолжува) Протоереј Златко Ангелески

Преспанско–пелагониска епархија


Благовештение во Прилеп Зашто Он кога н` виде паднати во многубоштво и робови на разни богови, и не трпејќи да го гледа Своето стадо грабнато од врагот, најнапред испрати пророци навестувајќи го Своето доаѓање и говорејќи преку Исаија: „Ете, девојка ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог“ (Ис. 7,14; Мт.1,23). Свети Климент Охридски

В

о своето дело „Слово за воплотувањето на Логосот“ великиот и Свет отец Атанасиј Александриски, вели дека Тајната на воплотувањето на Синот и Логосот Божји е непоимлива за човековиот разум. Единствено, човекот преку верата, кој со посредство на Светата Тајна Крштение и преку божественото соединување ќе стане член на Црквата и Телото Христово, може да ја вкуси, преку лично искуство, оваа Тајна. Пеејќи го Благовештенскиот тропар, ќе забележиме дека ниту еден друг, туку овој празник е наречен почеток на спасението. Ако Рождеството Христово го носи епитетот Митрополија на празниците, тогаш Благовештението е почеток на домостројот Божји. Зашто, како што Пречистата го слушна архангелскиот поздрав „Радуј се!“ така сета твар се зарадува зашто ете се сместува во утроба на девојка Оној Кој што не може да го смести ни целата вселена, доаѓа Оној кој што ќе го гази Велијара по главата (1 Мој.3,15) и ќе ги раскине уздите на мракот, гревот и смртната сенка, да ги урне делата ѓаволски (1.Јов. 3,8) и да не понесе со Себе во нов и вечен живот. Соборниот храм во Прилеп, е посветен токму на овој благ и радосен празник. Прилепчани посебно го доживуваат овој празник, и секогаш со љубов го празнуваат. Самиот празник беше вистинска торжествена радост, храмот беше премал да ги собере верниците кои беа тука, да ја вкусат благодатта на Светиот Дух и да се соединат со Господа. Звукот на камбаната го најави доаѓањето на Поглаварот на Македонската Право-

славна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, заедно со нашиот духовен епархиски архиереј Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар и Повардарскиот Митрополит г. Агатангел. Со Светата и Божествена литургија, чиноначалствуваше Блаженејшиот Архиепископ Стефан, во сослужение со двајцата митрополити: г. Петар и г. Агатангел, архиерејскиот заменик: протоереј–ставрофор Никола Грам-

бозов, архиерејскиот намесник: протоереј Благоја Станкоски, игуменот Агатон, старешината на храмот: протоереј Златко Ангелески, протоереј Илчо Смилески, протоѓаконите: Горан Кутлешовски и Влатко Стоименов, и ѓаконите: Александар Димитријов и Јове Тренчевски. Целото богослужение беше исполнето со прекрасните звуци на хорот при храмот, кој е под диригентската палка на м–р Гоце Секулоски. Со своето пригодно слово Блаженејшиот прекрасно го исцрта празникот со своите богомудри и топли

Преспанско–пелагониска епархија

архипастирски зборови и меѓу другото нагласи: „ ... Еве, зарем како народ не станавме материјално сиромаси, откако духовно осиромашивме!? Зарем не се поделивме меѓу себе, откако самите си станавме туѓи едни на други, особено откако заборавивме и се оддалечивме од Господа? Затоа, само преку духовно обновување на секого од нас, само преку враќање во верата на нашиот човек, ќе можеме да им се вратиме на вистинските вредности и на постојаните – вечни радости. Знаејќи дека Бог е Господар на с` и Тој управува со секого од нас и со целата вселена, да Го помолиме да не благослови за да го најдеме и да се утврдиме на патот на доброто, за да можеме, секој од нас и сите заедно, да се издигнеме во времево што ни е дарувано од Господа, и на духовно–национален и црковно–државен план, како чеда на Македонската православна црква и Македонската држава. Последниве месеци, а особено со најавените предвремени избори, за жал, многу навреди, многу лоши зборови и пораки се искажуваат и упатуваат од едни кон други. Не треба да заборавиме дека секој човек заслужува почитување и однесување какво што сакаме и ние за нас од другите. И конечно ќе сфатиме ли, кој добива од кавгите меѓу нас Македонците? И од кој договор за Македонија и Македонците сме имале некаква полза? Само не делеле и спротивставувале едни против други па еве и во Пржино и во Охрид, во Букурешт и во Сан Стефано. Господ нека ни е напомош и нека не вразумува за да бидеме од полза на оваа наша измачена земја....“ По Светата Литургија беше прережан славскиот колак, за потоа сите присутни да се соберат на прекрасна трпеза на љубовта која ја благослови Блажењејшиот. Подготвил: Емилијан Зелнички

39


Од децата, за децата Молитва

Свет Духу,

Оче мој

Отец наш,

Влези во душите на сите кои паѓаат во длабочините на изгубеноста. Ти гледаш, кој што чувствува и мисли. Гледаш преку нашите очи. Дај им на сите бескрајна Љубов, Вера и Надеж, за да го живеат мирно својот живот. Да наоѓаат светлост во темен ден...

Оче мој, прости ми ги моите грешки, нека останат само обични смешки. Оче мој, твоето чедо те моли, прости ми, зашто срцето ме боли.

Силата Твоја е голема. Ти си Најголем над Најголемите. Рашири ги границите на нашата вера, заштити ги невините очи. Спаси ги душите на сите кои веруваат во Тебе. Ти го создаваш секој ден за одново да ја видиме Твојата сила и моќ. Ти благодариме за бескрајните бои и чувства кои ни даваат животна сила и не инспирираат во секој миг. Научи н`, како да го прифатиме минатото, да ја живееме сегашноста и да се радуваме на деновите кои доаѓаат...

Спасителу, Сине Божји, Дај ни бесконечна среќа во просторот и времето. Пополни ги празнините животни и дај ни светлина во ноќите. Чувај не од лоши патишта, покажи ни го вистинскиот. Секоја човечка душа просветли ја Ти и верувај во нас. Те има во срцата на сите кои согледуваат дека не се вредни без Тебе. Твојата вечна светлост нека паѓа врз нас. Засекогаш...

40

Михаела Стефановска VI б ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола

Молитва

Ти си мојот Цар, најголем и најмил дар. Оче мој, нека биде царството Твое, Оче мој, нека се свети името Твое. Оче, во Тебе нека биде срцето мое, а во мене нека биде светото име Твое. Исидора Јоновска VI 3 ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Господи Исусе Христе, Ти благодарам што ни дарува радост, љубов, здравје во нашата фамилија. Господи, Ти благодарам што секогаш си со мене и секогаш ми помагаш. –Господе, дарувај им радост, здравје, љубов, на децата без родителска грижа и на сите луѓе. Амин. Василиј Тасевски VI 3 ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Молитва Боже мој, Кој си на небесата, чувај го моето семејство од неволји. Дај им среќа, здравје и радост, како на моето, така и на другите семејства. Нахрани ги сите оние што гладуваат. Усреќи ги тажните, дај им мир на вознемирените. Најди им лек на сите болни луѓе, бидејќи дома некој ги чека и исто како мене се моли кај Тебе. Бидејќи Ти си најмоќниот, севишниот наш Бог. Дамјан Марковски VI б ОУ „Елпида Караманди“ – Битола

Преспанско–пелагониска епархија


Службен дел на Преспанско – пелагониската Епархија Негово Високопреосвештенство Митрополит Преспанско–пелагониски и администратор Австралиско– новозеландски г. Петар благоволи да Богослужи Божествена Литургија и да проповеда: на 01.01.2016 г. Св. мч. Бонифациј; св. Григориј еп. Омиритски; Сеноќно бдение во манастирот „Пресвета Богородица“ – Јанкоец; на 02.01.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 03.01.2016 г. Н. 31 по Педесетница; (на св.Отци); Св. мч–чка Јулијана и 630 мч–ци; Воскресна Божествена литургија во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 04.01.2016 г. Празнична вечерна Богослужба во манастирот „Св. Наум“ – Битола; на 05.01.2016 г. Преподобен Наум Охридски; преп. Нифонт Кипарски; Празнична Божествена литургија во манастирот „Св. Наум“ – Битола; на 07.01.2016 г. Рождество Христово – Божик; Празнична Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 07.01.2016 г. Празнична вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 08.01.2016 г. Собор на Пресвета Богородица; св. Никодим Прилепски; Празнична Божествена литургија во храмот „Св. Благовештение“– Прилеп; на 08.01.2016 г. Празнична вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 09.01.2016 г. Св. архиѓакон и првомаченик Стефан; Празнична Божествена литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“– Прилеп; на 09.01.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 10.01.2016 г. Н. 32 по Педесетница; (на св.Богоотци); Св. 20.000 Никомид. мч–ци; св.цар Давид; св. Јосиф Праведен; Воскресна Божествена литургија во храмот „Св. Константин и Елена“ – Битола;

на 13.01.2016 г. Празнична вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 14.01.2016 г. Обрезание Господово; св. Василиј Велики; Православна Нова Година; Празнична Василиева литургија во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 16.01.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 17.01.2016 г. Н. 33 по Педесетница; (пред Богојавление); Собор на св. 70 ап–ли; преп. Теоктист; преп. Онуфриј; Воскресна Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 19.01.2016 г. Богојавление – Водици; Празнична Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 19.01.2016 г. Празнична вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 20.01.2016 г. Собор на Св. Јован Крстител; Празнична Божествена литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“– Ресен;

на 11.02.2016 г. Празнична вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 12.02.2016 г. Свети Три Ерарси; св. свешт–мч. Иполит Римски; Празнична Божествена литургија во храмот „Св. Благовештение“– Прилеп, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Стефан во сослужение со Митрополитот Петар и Епископот Климент; на 13.02.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 14.02.2016 г. Н. 37 по Педесетница; Претпраз. на Сретение; св. мч. Трифун; св. мч–чка Перпетуа; Воскресна Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 14.02.2016 г. Празнична вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 15.02.2016 г. Сретение на Господ Исус Христос; Празнична Божествена литургија во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола;

На 07.04.2016 г. се отслужи Света Архиерејска Божествена литургија во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп

Преспанско–пелагониска епархија

41


на 20.02.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 21.02.2016 г. Недела на митарот и фарисејот; Св. пророк Захариј; Св.вмч. Теодор Стратилат; Воскресна Божествена литургија во храмот „Св. Георгиј“– Ресен; на 27.02.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 28.02.2016 г. Недела на блудниот син; Св. ап. Онисим; преп. Евсевиј; св. Ефросинија и Пафнутиј; Воскресна Божествена литургија во храмот „Св. Константин и Елена“ – Битола; на 04.03.2016 г. Вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 05.03.2016 г. Преп. Тимотеј; св. Евстатиј Антиохиски; (Задушница); Заупокоена Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 05.03.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 06.03.2016 г. Н. Месопусна; Св. мч–ци во Евгенија; Св. Папиј Ераполски; Воскресна Божествена литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“– Прилеп; на 12.03.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 13.03.2016 г. Н. Сиропусна; Преп. Јован Касијан; преп. Варсануфиј; (Прочка– Вел. Поклади); Воскресна Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 16.03.2016 г. Св. мч–ци Евтропиј, Клеоник и Василиск; Преждеосвештена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 18.03.2016 г. Св. Марко Подвижник; св. мч. Конон; Преждеосвештена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 18.03.2016 г. Мало повечерие со акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 19.03.2016 г. Св. 42 Аморејски мч–ци; преп. Аркадиј; (Тодорова сабота); Празнична Божествена литургија во храмот „Св. Благовештение“– Прилеп; на 19.03.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола;

42

На 14.04 2016 г. во манастирот Св. Николај Чудотворец во Мариово, Митрополитот Г. Петар го облече во монашка облека (расо и камилавка) искушеникот Драган (Мрмачовски)и му го даде монашкото име Јоаким

на 20.03.2016 г. Н. 1 на В.П. на Православието; Св. 7 Херсонски свешт– мч–ци; преп. Павле Препрост; Воскресна Василиева литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 22.03.2016 г. Св. 40 Севастиски мч–ци – Младенци; св. 40 Битолски нмч–ци; Преждеосвештена литургија во манастирот „Св. 40 маченици“ – Битола; на 25.03.2016 г. Мало повечерие со акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 26.03.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 27.03.2016 г. Н. 2 на В.П. на св. Григориј Палама; Преп. Бенедикт; св. Евсхимон; св. Теогност Киевски; Воскресна Василиева литургија во храмот „Св. Георгиј“– Ресен; на 01.04.2016 г. Мало повечерие со акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 02.04.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 03.04.2016 г. Н. 3 на В.П. – Крстопоклона; св. Јаков Исповедник; преп. Серапион; св. Кирил Катански; Воскресна Василиева литургија во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола;

на 07.04.2016 г. Благовештение на Пресвета Богородица; Празнична Златоустова литургија во храмот „Св. Благовештение“ – Прилеп, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан во сослужение со Митрополитот Преспанско–пелагониски Г. Петар и Митрополитот Повардарски Г. Агатангел; на 07.04.2016 г. Мало повечерие во манастирот „Св. Петар“ – Црнеец; на 08.04.2016 г. Мало повечерие со акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 09.04.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 10.04.2016 г. Н. 4 на В.П. на св. Јован Лествичник; Преп.Петар Мегленски; св. Иларион Исповедник; Воскресна Василиева литургија во храмот „Св. Петка“– Прилеп; на 15.04.2016 г. Мало повечерие со акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 16.04.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 17.04.2016 г. Н. 5 на В.П. на св. Марија Египетска; Преп.Јосиф Песнописец; Преп. мч. Никита; Преп. Зосим;

Преспанско–пелагониска епархија


Воскресна Василиева литургија во манастирот „Св. Спас“ – Крушево; на 23.04.2016 г. Празнична вечерна Богослужба во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 24.04.2016 г. Н. 6 на В.П. – Цветна; Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Празнична Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 27.04.2016 г. Велика Среда; Св. Мартин Исповедник Римски; Св. мч. Ардалион Глумец; Преждеосвештена литургија и голем маслосвет во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 28.04.2016 г. Велики Четврток – Света Василиева литургија и голем маслосвет во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 28.04.2016 г. Последование на 12 евангелија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 29.04.2016 г. Велики Петок – Царски часови и изнесување на Светата плаштаница во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 29.04.2016 г. Оплакување Христово во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 30.04.2016 г. Велика Сабота – Света Василиева литургија во храмот „Пресвета Богородица“–Битола; на 01.05.2016 г. ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН – Воскресна Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“–Битола; на 01.05.2016 г. Второ Воскресение – Воскресна вечерна Богослужба во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 02.05.2016 г. Втор ден Велигден – Воскресна Божествена литургија во храмот „Св. Благовештение“– Прилеп; на 02.05.2016 г. Воскресна вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ – Битола; на 03.05.2016 г. Трет ден Велигден – Воскресна Божествена литургија во храмот „Св. Георгиј“ – Ресен; на 05.05.2016 г. Светол четврток – Воскресна вечерна Богослужба во манастирот „Св.Архангел Михаил“ – Варош; на 06.05.2016 г. Св. Вмч Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден; Источен петок – Балаклија; Воскресна Божествена литургија во манастирот „Св. Архангел Михаил“ – Варош; на 08.05.2016 г. Н. 2 по Воскресение – Томина; Св. Евангелист Марко;

Св. Ананиј Александриски; Воскресна Божествена литургија во манастирот „Св. Илија“– Дрен; Негово Високопреосвештенство Митрополит Преспанско–пелагониски и администратор Австралиско– новозеландски г.Петар благоволи: Ракополагања, ракопроизводства и монашења: на 09.01.2016 г. Да го произведе Миле Маџароски во чин чтец во храмот „Св. Кирил и Методиј“– Прилеп; на 28.02.2016 г. Да го произведе Петар Петковски во чин чтец во храмот „Св. Константин и Елена“ – Битола; на 28.02.2016 г. Да го произведе Игор Велјановски во чин чтец во храмот „Св. Константин и Елена“ – Битола; на 20.03.2016 г. Да го произведе чтецот Крсте Тасески во чин ипоѓакон во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 20.03.2016 г. Да го ракоположи ипоѓаконот Крсте Тасески во чин ѓакон во Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола; на 07.04.2016 г. Да изврши чин на облекување расо и камилавка на расофорот Тихик (Јанев) во манастирот „Св. Петар“ – Црнеец; на 24.04.2016 г. Да изврши чин на облекување расо и камилавка на расофорот Јоаким (Мрмачовски) во манастирот „Св. Никола“ – Манастир; на 17.04.2016 г. Да го произведе Благоја Атанасоски во чин чтец во манастирот „Св. Спас“ – Крушево; Осветувања: на 14.01.2016 г. Да освети камен– темелник за градба на фабриката „Акомпласт“ во индустриската зона во Прилеп; на 06.03.2016 г. Да земе учество во осветувањето на возобновените конаци при манастирот „Св. Преображение“ во Зрзе, со кое чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Г. Г. Стефан, а сослужуваше Неговото Преосвештенство Епископот Климент; на 10.04.2016 г. Да освети камен– темелник за изградба на храм посветен на „Св. Николај Мирликијски“ во с. Беровци; Присуства и посети: на 15.01.2016 г. Да ги прими во Светата Митрополија во Битола претстав-

Преспанско–пелагониска епархија

ниците на прилепските бакали кои го поканија да Богослужи на нивниот патрон Св. Три Светители; на 18.01.2016 г. Да одржи предавање на тема „Страстите на човекот“ на вработените во Конфекцијата Комфи–Ангел во Прилеп; на 18.01.2016 г. Да гостува во емисијата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце; на 19.01.2016 г. Да присуствува на донаторската конференција по повод изградбата на храмот „Св. Петка“ во Прилеп; на 20.02.2016 г. Да оствари средба со министерот за култура во Владата на Република Македонија Елизабета Канческа–Милевска, во Министерството за култура; на 20.04.2016 г. Да присуствува на концертот „Оро се вие крај манастирот“ на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во НУ „Центар за култура“ во Битола; Одлуки: Со Одлука ПМ 237 од 30.12. 2015 г. се разрешува ерејот Горан Ивановски од должноста парох на Малокоњарска парохија; Со Одлука ПМ 238 од 30.12. 2015 г. се поставува протоерејот Веско Лапоски времено да ја опслужува Малокоњарската парохија; Со Одлука ПМ 20 од 16.03. 2016 г. се поставува ѓаконот Крсте Тасески на должноста парохиски ѓакон при храмот „Св. Недела“ во Битола; Со Одлука ПМ 21 од 18.03. 2016 г. се поставува ерејот Ецо Велјановски на должноста парох на Беранечка парохија; Пресуди: Со Пресуда ЕЦС бр. 10 од 02.04.2016 г. се разведува црковниот брак помеѓу Вангел Котевски и Марија Поповска; Со Пресуда ЕЦС бр. 11 од 02.04.2016 г. се разведува црковниот брак помеѓу Наташа Петровска и Николче Петровски; Со Пресуда ЕЦС бр. 12 од 02.04.2016 г. се разведува црковниот брак помеѓу Милена Христоска и Мартин Јованоски; Со Пресуда ЕЦС бр. 13 од 02.04.2016 г. се разведува црковниот брак помеѓу Кире Трајковски и Менче Ристевска; Со Пресуда ЕЦС бр. 14 од 02.04.2016 г. се разведува црковниот брак помеѓу Бентино Поповски и Катерина Тодоровска.

43


44

Преспанско–пелагониска епархија


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.