Батерија&Светилка

Page 1

Техничко образование-6то одд.

Едукативен корисен линк:

http://www.howstuffworks.com/

Батеријата e електрохемиски уред во кој има складирана хемиска енергија (во форма на потенцијална енергија ᄃ), која може да се конвертира во електрична енергија ᄃ, кога на краевите на батериите, ќе се спојат со проводници. Батерии спаѓаат во таканаречените основни извори на електрична енергија затоа што ја претвараат хемиската енергија ᄃ во електрична и можат да се полнат (процесот не е реверзибилен). Модерните батерии работат на принципот кој бил измислен од страна на италијанскиот физичар Алесандро Волта ᄃ (1745-1827) во 1799. **првата батерија од дели плочи од сребро и цинк со добра хартија, кои биле натопени во солена вода. За разлика од батеријата акумулаторот ᄃ спаѓа во електро-хемиски секундари (реверзибилни) извори на електрична енергија и можат постојано да ја конвертираат хемиската енергија во електрична и Error: Reference source not foundобратно (може да се полни и празни).

Пронаоѓање на светилката Пронаоѓањето на електричната светилка паралелно се врзува со имињата на двајца научници: американецот Томас Алва Едисон ᄃ и британецот Џозеф Вилсон Свон ᄃ. Во февруари 1879 година првата светилка што имала жичка од чист јаглерод, затворена во стаклена топка во вакуум ја


пронашол Џозеф Свон ᄃ. Се верува дека Хајнрих Гобел направил функционална светилка три децении претходно, а Александар Николаевич Лодигин развивал електрична светилка речиси во исто време. Иако Едисон ᄃ не бил првиот што ја направил светилката, неговиот модел бил пораспространет бидејќи траел подолго и претставувал дел од цел систем за осветление. Едисон ᄃ се концентрирал на комерцијална употреба и успеал да го рашири новиот концепт по домовите и индустријата со производство на долготрајни светилки. Светилката на Едисон ᄃ барала многубројни тестирања со невообичаено голем број обиди, гешки и употреба на 6000 супстанци, додека упорниот истражувач не го открил карбонизираното бамбусово влакно, кое во вакуумот ᄃ светело преку 1000 часови. Тоа, од своја страна, водело кон унапредување на генераторите на електрична струја ᄃ и го револуционизирало осветлувањето во домаќинствата и јавното снабдување со електрична енергија. Светилката Едисон ᄃ официјално ја патентирал во 1880г Флуоресцентните светилки првпат се појавиле во 19 век. Работат на принцип на ослободување на електрицитетот низ гас под низок притисок. Направени се од стаклена цевка исполнета со инертен гас (пример аргон) под низик притисок. Струјата што тече низ гасот ја испарува живата. Атомите на живата што се судираат со електроните се забрзуваат и потоа испуштаат фотони на ултравиолетова светлина кога паѓаат во првобитната положба.Фосфорниот слој на внатрешноста од цевката ја претвора оваа ултравиолетова светлина во бела, видлива светлина. Флуоресцентните светилки се шестпати поефикасни од обичните светилки. Обичните светилки трошат 90 проценти од својата енергија во топлина, па притисокот за штедење енергија со користење на ЛЕД-светилки, наместо обични светилки се повеќе се зголемува.

Светлечка диода, односно ЛЕД (од анг. Light-emitting Diode, LED) е електронски полупроводнички елемент кој зрачи светло. ЛЕД се користат како индикатори во технички апликации, но се повеќе и како извор на светло. Кога светлечката диода е вклучена , електроните се комбинираат на дупките каде нема електрони во елементот, и испуштаат енергија во вид на фотони. Повеќето диоди емитираат зрачење, но тоа не го напушта полупроводникот и се наоѓа во фреквентен опсег на инфрацрвеното зрачење. Изборот на полупроводничкиот материјалот ја одредува бојата на светлината. Црвената боја одговара на напон од 1.2 V, а напонот од 2.4 V одговарана биолетовата боја. Денес постојат диоди и за ултравиолетова светлина. Првите светлински диоди биле жолти и црвени, а останатите настанале подоцна. Важно е дека сите светлински диоди се еднобојни.Светлечките диоди имаат голема предност пред другите светилки како помала потрошувачка , поголем работен век , помала големина , побрзо вклучување и потешко кршење. Ваквите диоди што можат да осветлат соба се често скапи и бараат прецизна струја и систем за спречување на прегревање. LED се користат за сигнализирање кај возилата , билборди , семафори и екрани. Светлечките диоди овозможија видео дисплеи , сензори како и брза комуникација особено кај инфрацрвените LED кои се користат во многу далечински уреди за контролирање на телевизори , ДВД-изведувачи и детски играчки.


Наставник: Пепи Ставревски


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.