45 РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ
45 FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES
ILINDEN DAYS
29.07 - 01.08.2015 2015
45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ
Organizator:
Pokrovitel: Sobranie na Republika Makedonija
BILTEN Број 3/2015 • Битола, 31.07.2015
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015
Прва фестивалска вечер 29 јули 2015
3
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015
Втора фестивалска вечер 30 јули 2015
4
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015
Семинар за традиционална музика и игра Зборник на трудови бр.7 НУ Центар за култура-Битола го претстави најновото седмо издание на Зборникот на стручни трудови од Семинарот за традиционална музика и игра. Годинава се публикувани шест трудови на 50 страници, во тираж од 300 примероци кои се дистрибуирани на учесниците на семинарот за традиционална музика и игра, но и на друга стручна јавност посветена на фолклорот од државата и странство. Во трудот „Народната носија суштинск а одлик а во сценските адаптации“, авторот м-р Владимир Јаневски, професор на Музичка академија, оддел за етнокореолгија при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, пишува за културата на облекување кај македонскиот народ како специфика и богатство во колористични решенија и симболи. Професорот Јаневски нагласува дека – во изведбата на играорните ансамбли таа (носијата) е првиот контакт со публиката и ја отсликува сценската адаптација, давајќи и белег на националната припадност, естетика, национално чувство..., нагласува професорот Јаневски. Во трудот „Специфик а на музичкиот фолклор“ чиј авор е професор д-р Родна Величковска од Институт за фолклор „Марко Цепенков“Скопје, истакнати се тези врзани за спецификата на музичкиот фолклор, како усност, варијантност, колективност, полистадијалност и музичко фолклор-на традиција набљудувана
преку најрепрезентативните примери од македонската обредно-пејачка традиција. Во Зборникот трудови публикуван е и трудот „Развојот и целта на образовниот профил традициски играч-пејач“ на м-р Благица Илиќ од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“Скопје. Со помош на овој образовен профил се едуцираат ученици од средно образование кои во период од четири години ја изучуваат, истражуваат и практикуваат зачувување на традиционалната музика и играорна култура во Македонија и пошироко. Во текот на четиргодишното средно образование учениците се стекнуваат со наставниот профил – традициски играч-пејач во рамките на балетскоуметничк ата струк а, подвлекува професорката Илиќ. На тема „Ороводни песни и инструментална придружба“ пишува м-р Тимко Чичаковски, исто така од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје. Според м-р Чичаковски, ороводните песни придружувани со инструмент се една од најстарите форми на соединување на повеќе елементи заедно – пеење, свирење и игра. Овие песни биле интерпретирани на разните собори, веселби, слави, а кај народот биле омилени и затоа опстанале низ вековите. Ороводните песни најчесто биле придружувани со еден инструмент, но се среќава и појавата каде што се свиреле и повеќе инструменти доколку интонативно се усогласат, предочува м-р Чичаковски. 5
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015 Д-р Даворин Трпески од ПМФ – Институт за етнологија и антропологија при Унивезритетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје оваа година го понуди трудот „Обичаи поврзани со сеидбата на житото во Кривогаштани: верувања и митски претстави“. Во неговото истражување се претставени верувањата при вршењето на аграрните активности и обредите поврзани со сеидбата кај населението во селото Кривогаштани. Во најновиот број на Зборник на трудови од Семинарот за традиционална музика и игра публикуван е и трудот „Сценска адаптација – поим, дефиниција и процес на создавање“ од авторот Валентин Соклевски, вработен во НУ Центар за култураБитола. Тој нагласува дека создавањето на сценската адаптација е процес, составен од основни делови
или сегменти кои меѓусебе се испреплетуваат и надополнуваат. Секој дел од тој процес (структура, содржина и креација) има свое значење, а сите заедно се услов кој треба да биде реализиран за комплетно заокружување на процесот. Релевантноста на трудот на Соклевски е зајакната со високи референци чии извори се од државата и странство, а тоа пак овозможува на секој читател да го зголеми и збогати своето знаење за сценската адаптација и процесот на нејзино создавање. Со печатењето и промоцијата на Зборникот трудови од семинарот за традиционална музика и игра, НУ Центар за култура-Битола продолжува со својата издавачка дејност како важен сегмент од работата и надлежностите на оваа национална установа.
6
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015
На пладне во чаршија Битолските занаетчии здивнаа. Наместо ладна вода од шадрванот в чаршија, овој пат одлучија да се освежат со народни песни и игри кои им ги приредија учесниците на Фестивалот „Илинденски денови“. Кројачи, шапкари, ѕвончари, ракотворци, кујунџии, лимари, еден саатчија и други дуќанџии од чаршијата не можеа да одолеат на прекрасните звуци и тоа точно напладне во чаршија! -Да направиме по едно кадро! – порачуваа занаетчиите овекувајќи го прекрасниот настан во чаршијата.
Се сликаа сите и гледачите и играорците, затоа што сите ќе прераскажуваат во своите домови. Некои тоа го направија веднаш звонејќи кај своите родители испраќајќи слика за старата битолска чаршија, за културно историското наследство во овој дел на градот, за старите занаети и за унифицираните дуќани. Традицијата продолжува...
7
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015
Етнолошки филмови на „Илинденски денови“ Битолчанецот Љупчо Петровски е посветен на изработката на кратки документарни филмови, а со посебно задоволство снима етнолошки филмови. За својот ангажман многу пати е наградуван со највисоки фестивалски признанија, награди „Гран При“, први места и други одличја од стручни комисии во државата и странство. Љупчо Петровски, со одлука на Кино сојуз на Македонија го има звањето кандидат-мајстор на аматерскиот филм, а наскоро се очекува да се стекне и со титулата мајстор. Фестивалот „Илинденски денови“ кој секогаш отворен за креативни новини, и кој од 2012 година ја внесе програмската новост „Вечер за презентација на етнолошки филмови“, годинава оваа содржина му ја довери токму на Љупчо Петровски, автор на
етнолошките филмови „Нашето сегашно минато“ и „Споменици од минатото“. -Тоа се етнолошки филмови од истражувања во мариовските села во кои не анализирав дали се со или без население, бројно или небројно, старо или младо. Мојата намера беше да ги зачувам моментите на селата кои се во изумирање...сакав да го регистрирам природното, реалното во тој момент. Продолжувам со мојата посветеност на етно филмовите. Минатата година снимив краток филм во Маловишта кој трае 4 минути и е црно-бел. Тој филм доби награда за режија на „Камера 300“, прва награда на фестивалот во Србија „Жисел“ , а во текот на оваа година снимав во селото Црвена Вода, краток филм кој е во завршна фаза и кој наскоро ќе биде промовиран, потврди Петровски.
8
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015
Вокално инструментални вечери во битолската Магаза
ЕХО ОД ДАМАРИТЕ М анифестацијата „Ехо од дамарите“ годинава одбележува мал јубилеј односно 5 години од денот на востановувањето. Како што е познато со одлука на организаторот и домаќин на фестивалот, Националната установа Центар за култура-Битола, од 2010 година к ако придружна манифестација се организираат вокално инструментални вечери „Ехо од дамарите“ на кои се презентираат вокално инструментални теми од сите видови жанрови и обичајни циклуси, а кои се изведуваат на традиционалните инструменти, во група или соло. Битолската Магаза, магичниот објект за промоција на културни вредности годинава повторно беше место од каде одекнуваа мајсторствата на фолклорните ансамбли, групи и друштва од државата и странство. Сите користеа стари и или нови музички инструменти, на кои со љубопитност се гледаше, но се чини овој пат во преполнетата Магаза симпатиите ги освоија гостите од Полска чии инструменталисти користеја и несекојдневни музички инструменти како виолина, чело, храмоника, кларинет и труба приближувајќи ја притоа фолклорната до класичната музика. Мозаикот се исполнува... Фестивалот е во тек!
9
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ! ДОАЃА 1-ви АВГУСТ! ВРЕМЕ Е ЗА ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА! Спектакуларниот концерт на Љубојна & Исмаил Лумановски наближува! На 1-ви август сите патишта водат кон Хераклеа! Центарот за култура-Битола и Фестивалот „Илинденски денови“ Ве покануваат на промоција на новиот проект „ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА“. ...во амбиент на кадифено, префинет чалгиски звук, распослан низ копнежот, меѓу меракот и севдата, ќе се чуе средба на виртуозите на сцената...
Љубојна групата која во еден здив ги освои срцата на публиката...
Исмаил Лумановски Тој, што со својот кларинет го тресе Њујорк, а богами и светот попреку и наопаку... ...и тајфата чалгии.. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА ...лирска вечер...со многу музика...
1-ви август, ХЕРАКЛЕА, 21.00 часот
45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ
2015