Пилешко со компири Кромидот ситно исецкајте го и пржете го во тава со загреано масло. Додајте ги печурките. Стекот исецкајте го на коцки и додајте го во тавчето да се пропржи. Кога убаво ќе се испржи додајте ја супата, додајте една чаша вода и добро промешајте, а потоа додајте ја и павлаката. Варените компири исечете ги на половина и наредете ги во тава за печење. Врз нив ставете малку масло, сол, бибер, и додадете ја смесата со пилешкиот стек. Одозгора изредндајте го кашкавалот и ставете го пилешкото со компири да се пече. Со ова јадење ви препорачуваме вино Шардоне од Винаријата Стоби.
800g пилешки стек ПП | 500g печурки Вкусно 300g Спитико | 250g кашкавал Здравје 1крем супа од печурки Маги | 800g варени компири Кромид | Масло Дијамант