Рома Индекс 5 | Roma Index 5

Page 1

број 5 | 2017

ТОП ТЕМА:

Ден за прославување или ден за соочување со проблемите?

АНАЛИЗА:

Да го почитуваме правото на другиот да се оствари себе си!

ИНТЕРВЈУ:

д-р Љатиф Демир „Недостасува гласот на младите Роми“


За издавачот: Здружение на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ - ISSN 2545-4005

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

СОДРЖИНА 2 4 6 9 13 15 17 19 23 25 27

ИНФО Светски ден на здравјето EU Roma Integration Award Стипендии од МОН и РЕФ КОМЕНТИРАМ ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ Ромите по 8ми Април 1971 година (Интернационален Ромски Ден) ТОП ТЕМА 8ми Април - Меѓународен ден на Ромите Ден за прославување или ден за соочување со проблемите? ИНТЕРВЈУ „Недостасува гласот на младите Роми“ РОМА ИНДЕКС СОВЕТУВА Алергија на полен: Како против поленовиот прав? РОМА ИНДЕКС ПРЕПОРАЧУВА Dropbox апликација РОМА ИНДЕКС ЗАСТАПУВА Правни совети при повреда на студентски права АНАЛИЗА Да го почитуваме правото на другиот да се оствари себе си РОМСКИ ИДЕНТИТЕТ Ерделез – симбол на Ромскиот идентитет ПСИХОЛОГИЈА Нарцизмот на студентите РАЗГОВОР СО... Квалитетното образование е битно за индивидуата и e успех за целата заедница

Одговорен Уредник за Рома Индекс бр.5 МУХАМЕД АЈВАЗ, студент на Филозофски факултет, УКИМ

ЕЛСОН ИЉАЗ, студент на Бизнис Администрација, УГД

СЕЛИКА АЛИЛИ, студент на Економски факултет, УКИМ

ОРНЕЛА ГАНИ, студент на Филозофски факултет, УКИМ

АЛЕН УМЕР, студент на Медицински факултет, УКИМ

ЕНЕС БИЛАЉИ, студент на Факултетот за Јазици, Култура и Комуникација, УЈИЕ

ЈОСИФ РАШИДОВСКИ, студент на Правен факултет, УГД

Проектен тим на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“: Силхан Саитов, Проектен менаџер Сеара Сулејман-Османи, Финансиски асистент Шенај Османов, Локален проектен координатор во Штип Денис Исмаили, Локален проектен координатор во Тетово Контакт: Адреса: „11 октомври“ бр.18/7, 1000 Скопје Телефон: 076/22 55 68 e-mail: office@romaversitas.org.mк

1


Автор: Енес Билаљи

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

ИНФО

Светски ден на здравјето Светскиот ден на здравјето, 7-ми Април, се одбележува ширум целиот свет под покровителство на Светската Здравствена Организација (СЗО). Овој ден, прв пат, е одбележан во 1950 година. Целта на Светскиот ден на здравјето е зајакнување на превенцијата, зајакнување на грижата и зголемување на надзорот. Овој ден на здравјето денес го признаваат и одбележуваат многу владини и невладини организации заинтересирани за јавното здравје, а меѓу нив и Република Македонија. Вообичаено, на овој ден се прават медиумски кампањи, се организираат предавања, едукации, бесплатни прегледи, се дистрибуираат промотивни материјали и се даваат совети на населението во здравствените домови и јавни места. Годинава тема на Светскиот ден на здрајвето е Депресијата, најголем предизвик за СЗО.

РРЦ победи на Roma Integration Award Проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во Република Македонија“ на Ромскиот Ресурсен Центар ја доби првата награда за интеграција на Ромите од Европската Комисија. Претставници на РРЦ беа во студиска посета на Брисел, во рамки на второто издание на Roma Integration Award, заедно Регионалната Ромска

Образовна Младинска Асоцијација. Двете организации беа поканети на студиската посета како финалисти од Р.Македонија на церемонијата за свечено доделување на наградите за невладини организации кои работат на ромска проблематика и подобрување и унапредување на статусот на ромската заедница. Според претставници на РРЦ, оваа награда е потврда дека Центарот ги прави вистинските работи за ромската заедница.

„Горди сме на ова признание и успехот го делиме со НВО „Сонце“ од Тетово, како главен партнер на проектот како и со останатите партнери и соработници (основни училишта, општини,факултети, тутори и локални ромски организации). Особена благодарност до Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта кој финансиски и технички го поддржува проектот и Министерство за Образование и Наука/Управата за развој и унапредување на заедниците како клучен партнер во проектот“, истакнуваат од РРЦ. Втора ЕУ награда за Ромската Образовна Младинска Асоцијација Второ место за проектот „Сидата не знае да дискриминира... Заштити се!“ доби регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово на ЕУ наградите за Ромска интеграција. Овие

2


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

награди се организирани од страна на Директоратот за преговори и проширување на Европската комисија. Нејзиониот генерален директор, Кристијан Даниелсон, при доделување на наградите во март годинава, потенцираше дека ЕУ ќе продолжи со поддршка на фондови каде целни групи се младите и децата, нивното образование и поттик за проактивна улога во локалните заедница од што, корист ќе има целокупното општество.

МОН со 105 стипендии за студенти Роми Минатата академска година (2015/16), Министерството за образование и наука, преку Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, за прв пат воспостави посебна програма за стипендирање на студенти Роми и додели вкупно 32 стипендии од сопствен буџет. За оваа академска 2016/17 година, бројот на стипендии за студентите Роми доделени од страна на Министерството за образование и наука преку Управата се зголеми за 41 нова стипендија односно вкупниот број на доделени стипендии за оваа академска година изнесува 73. Тука важно е да се напомене дека предност во процесот на селекција имаат студентите кои студираат на факултети, студиски групи или насоки кои образуваат иден наставен кадар.

Отворен конкурсот на РЕФ за стипендии Сите студенти Роми од Македонија, од овој месец, може да аплицираат на РЕФ / Програмата за стипендирање - високо образование. Главна цел на оваа програма е да придонесе кон развој на критична маса Роми со високо образование, со академски и социјални вештини и стекнати компетенции кои овозможуваат да станат професионалци во својата област. За да се постигне ова, РЕФ/ПС обезбедува поддршка за полесен пристап до високото образование во земјата каде што живеат или во странство, поддршка на академските напори и успешно дипломирање. Се нудат стипендии за додипломски, последипломски и докторски студии кои се државјани или постојани жители на неколку држави, меѓу кои и Македонија.

Достапни програми за аплицирање се: Ромска Комеморативна Универзитетска Програма за стипендирање (РМУСП), Програма за стипендирање студенти Роми кои студираат медицина (РХСП) и Програма за стипендирање интернационално образование на студенти Роми (РИСП). Рокот за аплицирање за академската 2017/2018 година на програмата РМУСП е 12 мај и повеќе информации може да се најдат на водичот за аплицирање, достапен на овој линк http://www.romaeducationfund.hu/upatstvo -za-pri-avuva-e. За РХСП програмата, краен рок за аплицирање е 11 мај и повеќе информации може да се најдат на водичот за аплицирање, достапен на овој линк http://www.romaeducationfund.hu/rhspadditional-components-1 , додека краен рок за аплицирање за РИСП е до 25 јули 2017 година. Системот за РИСП пријави за 2017/2018 година ќе биде објавен на 1 јуни годинава и ќе биде објавен само на англиски јазик.

3


Автор: Дехран Бислим, новинар и експерт

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

КОМЕНТИРАМ ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ Ромите по 8ми Април 1971 година (Интернационален Ромски Ден)

Навршуваат 46 години од првиот Ромски Интернационален Конгрес одржан на 8-ми април 1971 година во Лондон. Таму група Ромски протагонисти и активисти, на чело со светски познатиот актер Јул Бринер (Ром), го организираат ПРВИОТ РОМСКИ КОНГРЕС, каде што паѓаат прангите на неправдите, стереотипите, дискриминацијата и негативното етикетирање на Ромите како нација.

Групата големи великани ги удираат темелите на поновата Ромска историја носејќи неколку важни одлуки. Ромите да ги препознаваат и нарекуваат РОМИ, химната на ромската нација да биде „ЏЕЛЕМ ЏЕЛЕМ“ и ромското знаме да биде со сино-зелена боја, со што се карактеризира патувачката номадска историја на Ромите. Сината боја го карактеризира небото, додека зелената, земјата или тревата по која газиме. На средината се наоѓа црвената чакра со која патувале нашите предци. Чакрата има шеснаесет краци, бројка која го симболизира бројот на учесниците на Првиот Ромски Конгрес. Важно е да се знае дека меѓу овие великани се наоѓал и претставник од Македонија, веќе покојниот Господин Абди Фаик. Симнати се прангите на неправдите и отворен е патот да се делува

Според релевантни документи на европските инстиуции, на тлото на Европа живеат десет до петнаесет милиони. Општо познато е дека поголемиот дел од нив живеат на работ на сиромаштијата, во субстандардни услови и се најдискриминираниот и најугнетениот

народ во Европа. На почетокот на деведесетите години, Ромите со сите сили работат на брза инклузија во системите на државите. Во меѓувреме, во деведесетите години, се формира втората интернационална организација ЕРТФ (Европски Ромски Травелер-Патувачки Форум) под директно покровителство на Советот на Европа. Оваа втора Ромска интернационална организација со седиште во Стразбург, Франција имаше цел да го обедини Ромскиот народ, поделен по многу основи и да креира критична маса преку директни преставници Роми коишто ќе ги претстават и дебатираат за проблемите на својот народ од државите каде што доаѓаат, барајќи солуции и конкретна помош од Советот на Европа.

Паралелно во Унгарија (Будимпешта) почнува „РОМСКАТА ПРОЛЕТ“ благодарение на големиот хуманист и филантроп, Џорџ Сорос и се отвора првата ромска програма „Ромско учество програма“ (Roma Participation program RPP) во рамките на Фондацијата Отворено Општество-Будимпешта. Програмата имаше цел, директно, да го зајакне невладиниот сектор во европските држави, преку стимулација и финансиска поддршка во вид на проекти, кои ќе придонесат кон поголема инклузија и партиципација во одредени сегменти од животот на Ромите. По големи напори на овие горенаведени организации и многу други Ромски активисти и локални невладини организации, гласот на Ромите допира до институциите на државите од Европската унија.

4


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

Во 2005 година, по иницијатива на дванаесет европски држави кои се обидуваат да го променат социоекономскиот живот и да ги вклучат Ромите во институциите и општеството, се потпишува „Декадата на Ромите Инклузија 2005-2015“. Таа имаше цел да работи на подобрување на ромскиот живот, со силно апострофирање на четири стратешки приоритети: образование, здравство, домување и вработување. Треба да се потенцира дека по иницијатива на Европскиот Парламент се носи, можеби и најважниот документ, Европска Рамка за Национална Ромска Интеграција. Она што треба да се напомене како единствен бенефит од Декадата на Ромите и овој документ се раѓа Фондацијата „РОМСКИ ОБРАЗОВЕН ФОНД“ со седиште во Будимпешта. Меѓу другите организации коишто работат на полето на Ромската интеграција и се наоѓааат во Будимпешта е и „ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ПРАВА НА РОМИТЕ“. Ромите денес

Според многу институции, медиуми и разни извештаи, Ромите денес живеат многу тежок живот ширум Европа. Во Франција се депортираат Ромски емигранти, во Италија ги дислоцираат Ромските кампови, во Словачка се гради голем ѕид како препрека помеѓу Ромското маало и неромите, во Унгарија се убиваат Роми од националистички побуди, во Бугарија ги тепаат Ромите и ги нарекуваат со погрдниот збор „Цигани“, во Македонија ги враќаат од граници. Ромите се изложени на разни опасности во државите каде што

живеаат ширум Европа и светот само поради еден факт и поради една вистина: вистината и фактот е дека СМЕ РОМИ!

Она што нас младите треба да не охрабри во борбата за подобро утре е фактот дека сé повеќе млади Роми сфаќаат дека образованието е важна алатка во борбата за еднаквост. Наша должност е да се бориме да бидеме Еднакви со Еднаквите, да ги подржиме сите млади Роми средношколци, студенти, магистри, доктори на науки и да ги мотивираме да продолжат да се образуваат и да го продолжат сонот на ВЕЛИКАНИТЕ КОИ ВО АМАНЕТ ГИ ОСТАВИЈА ЗНАМЕТО, ХИМНАТА И НАЦИЈАТА РОМ. Почитувани млади Роми мои пријатели интелектуалци, вреднувајте ги вашите стекнати дипломи онака како што ги вреднуваат народите ширум европа, не бидете алатка во рацете на оние коишто образованието им е неважно. Вие сте силата, вие сте моќта, студентите се ЧАКРАТА на Ромското движење. Бидете гласни делувајте етички и професионално, критикувајте аргументирано. Би завршил со една порака до сите неРоми, наши сограѓани, пријатели Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи и други: НИЕ НЕ СМЕ РОМИ САМО ЗА 8-МИ АПРИЛ, НИЕ СМЕ РОМИ 365 ДЕНА ВО ГОДИНАТА. ТУКА СМЕ И ПОСТОИМЕ!!!

Нека ни е честит 8-ми Април Светскиот ден на РОМИТЕ ширум Европа и светот. У/ОПРЕ РОМА

5


Автори: Мухамед Ајваз и Елсон Илјаз

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

ТОП ТЕМА

8-ми Април - Меѓународен ден на Ромите Ден за прославување или ден за соочување со проблемите?

Ромската историја, традиција и патешествие, суштествено, се опишани на ромското знаме. Затоа што, ромскиот пат е долг, исцрпувачки, исполнет со крв, болка и страдања. Дали денес состојбата e изменета и Ромите, конечно, го најдоа своето парче „небо“ на земјата? Одговорот делумно е потврден, делумно е негативен.

Според некои истражувања, Ромската популација брои околу 18 милиони луѓе ширум светот. Од нив, околу 13 милиони живеат во Европа. До точната статистика се доаѓа тешко поради асимилацијата на Ромите, немањето лични документи и ред други причини. Ромите немаат своја матична земја и се распространети, речиси, низ целиот свет. Најмногу се претпознатливи по сопствената култура, традиција, народна носија и особената надареност за музика. Во историјата се среќаваме со различни називи за овој народ, како резултат на историските услови, средината во која се населиле, но има и имиња кои се врзуваат со нивниот начин на живеење. Постои сознание дека името ,,Роми” потекнува од главниот јунак Рама (според епот ,,Рамајана”). Конгреси за дефинирање на ромскиот идентитет

Првиот Светски конгрес на Ромите е одржан во близина на Лондон, од 6-ти до 8ми Април 1971 година. На конгресот присуствувале делегати од 14 различни земји и меѓу останатите донесени одлуки, најважни се следниве: Усвоена Ромската химна (Џелем, Џелем – која што го опишува патувањето на Ромите)

Усвоено Ромското знаме (составено од три елементи: тркало, трева и небо) Усвоен единствен назив Роми наместо погрдниот назив ,,Цигани” Вториот Светски конгрес на Ромите e одржан во Женева, Швајцарија во Април 1978 година. Присуствувале 120 делегати од 26 држави. На овој конгрес се случи промена на името од Интернационален Ромски Комитет во Интернационална Ромска Унија, која подоцна е регистрирана и во Обединетите Нации.

Третиот Светски конгрес e oдржан во Мај 1981 година во Готинген, Германија, на кој присуствувале 600 делегати од 28 држави. Главна тема била геноцидот над Ромите, познат како „Porajmos“. Еден од заклучоците бил дека Ромскиот народ е со Индиско потекло. Четвртиот Светски конгрес е одржан во 1990 година во Серок, Полска. Темите за дискусија биле исплата на штета за Ромите жртви од Втората Светска војна. Останатите теми на кои се дискутирало биле образованието, културата и јазикот.

6


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

Најважна донесена одлука е прогласувањето на 8-ми Април за Интернационален ден на Ромите во чест на Првиот светски конгрес. До денес одржани се десет Светски Ромски Конгреси, од кои, последниот е оддржан во Скопје, Македонија во 2016 година. На овој конгрес е избрана новата структура на Интернационална Ромска Унија (ИРУ).

Најважен датум за нашата заедница ,,За мене 8-ми Април претставува најважен датум за нашата заедница и е од огромно значење за историјата на Ромите. На тој ден се удрени темелите на трите најважни столба на нашата заедница: знамето, химната, официјализирањето на јазикот, како и официјално прифаќање на називот ,,Ром” наместо дотогашниот погрден назив ,,Циган”. Сметам дека ние, Ромите, на овој ден, треба да испратиме сериозна порака до светот дека Ромите се најмаргинализирани и најобесправени луѓе, дека од сиромашните сме најсиромашни и сметам дека интеграцијата и вклученоста во системите не треба да биде декларативна и симболична, туку конкретна, вистинска и реална. Најважно

од сè е самите Роми да се залагаат за решавање на клучните проблеми со кои се соочува Ромската заедница”, вели политичкиот аналитичар Едис Хасан. Борбата за подобро утре на ромската заедница е секој ден ,,Овој ден претставува ден на ромското знаме и химна, а денот на Ромите е секој ден (365 дена во годината). Самиот назив „Ден на Ромите“ лично многу ми пречи, затоа што има „Ден на дрвото“, „Ден на борба против сидата“, „Ден на борба против ракот“... и нелогично е да има и ден на некоја етничка заедница како да се некој ендемски вид - пред исчезнување! За жал, наместо на 8 Април ромската заедница да маршира на улиците и да му сигнализира на светот дека и тие се луѓе и дека не се граѓани од втор ред, кај нас во последните десетина години тоа се претвори во музички карневал. Борбата за рамноправност не е само еден ден, за мене борбата за подобро утре на ромската заедница е секој ден!”, вели новинарот Дехран Муратов. Единство во имплементирање на националната стратегија ,,8-ми Април – е меѓународниот ден на Ромите на кој тие се посебно горди. По патот на единството тие ги поставија темелите на Ромската нација со единствена Ромска химна. Нашиот денешен предизвик е патот кон севишниот Аллах. Единството во имплементирање на националната стратегија е главен фактор за нашето постоење и почитување како нација.” , вели професорот по Исламски науки Али Берат

7


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

Другите етнички заедници за 8 - ми Април? ,,8-mи април e поврзан со Конгресoт на Ромите одржан во 70-тите години. Отсекогаш посебно ми била привлечна ромската култура и традиција. Посебно ромската музика со секогаш различниот и автентичен начин на доживување и интерпретирање на песните, испреплетен со најразлични животни приказни. Тешкиот живот и маргинализираноста се второто нешто што ме асоцира, но мислам дека во последниов период многу Роми, како на пример, мојот колега од факултет, успешно ги побиваат ваквите стереотипни размислувања”, вели Анамарија Блажевска.

,,8-ми Април е ден на моите сограѓани Роми, мислам дека на тој датум се одбележува признавањето на Ромската нација под официјалното име Роми” – вели Фљамур Муртезани. ,,Не сум сигурна за значењето на датумот, но знам дека е неработен ден за лицата припадници на Ромската националност”, вели Џенана Шкриељ.

,,8-ми Април е ден кога е признаен Ромскиот јазик и сметам дека е многу значаен датум за нив од причина што на тој ден е усвоена ромската химна и ден од кога Ромскиот народ го доби официјалното име „Ром”, а не дотогашниот погрден збор „Циган”. вели Александар Николов.

,,По националност сум Турчинка и знам дека 8-ми Април е ден на Ромите, иако не знам што се слави на тој ден”, вели Елиф Абди.

8


Разговара: Орнела Гани

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

ИНТЕРВЈУ

д-р Љатиф Демир, професор по ромски јазик, книжевност и култура

„Недостасува гласот на младите Роми“

Доктор Љатиф Демир е роден во Скопје. Филолошки факултет завршува во родниот град, а докторски студии од областа на филологијата во Загреб. Автор е на делата: Mahaatma, Ромите во македонската литература, музика и филм, Ромите (нивната историја, обичаи, традиција, јазик и празници, Илустриран речник – Ајде да учиме ромски, македонски и англиски, Кратка историја на Ромите, Стари ромски приказни, Ромскомакедонско-ромски речник, Граматика на ромскиот јазик, Ромскиот јазик и спецификите на ромската култура 1-3, Ромско-црногорско-ромски речник и други дела. Автор е на стручни трудови од областа на јазикот и културата на Ромите. Неговите дела се преведени на повеќе светски јазици. Живее и работи во Загреб. Основач е на Катедрата за Ромистика на Филозофскиот факултет во Загреб, која работи во рамките на Отсекот за Индологија и далекуисточни студии.

ентузијастичка и волонтерска основа. Во ниту еден момент не сакав да се откажам само за да се задржи статусот на ромскиот јазик на Филолошкиот факултет. Сепак, во целост не „заживеа“ реализацијата на предметот бидејќи, иако беше замислен како изборен предмет за сите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, никогаш предметот Ромски јазик не се најде на листата на изборни предмети како универзитетска понуда. Причините за ова се недоволниот интерес и поддршка и упорност од двете страни (институциите и ромската заедница). Поддршка и разбирање имав само од дел од професорите на мојата Катедра по Општа и компаративна книжевност и многу малиот број студенти Роми кои покажаа интерес да го изберат за учење овој предмет. Една од причините беше токму таа што предметот го немаше на универзитетската листа на изборни предмети како што беше замислено.

1.Основач сте на Катедрата за ромски јазик во Македонија. Може ли да Ве навратиме на почетоците и да ни објасните како и зошто ја основавте катедрата? И зошто сега оваа катедра не функционира? Што да се направи за да се врати во функција? Никогаш во Македонија не постоела Катедра за ромски јазик. Во Скопје, во рамките на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (на Катедрата по Општа и компаративна книжевност), по одобрена акредитација и по одлука на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е понуден Ромски јазик како изборен предмет, под „Ц“ кој се изучуваше во 4 семестри, што значи статус на учење на некој странски јазик. Овој предмет го предавав врз основа на одлуката на Ректоратот на Универзитетот. Но, за жал, во текот на петте години не добив статус на вработен во рамките на Филолошкиот факултет и работата ја вршев на

Со моето заминување од Македонија запре и реализацијата и унапредувањето во изучувањето на предметот Ромски јазик. Тоа не значи дека мојот

9


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

ентузијазам запре, туку напротив тој е сега уште поголем, бидејќи наиде на тло кадешто истиот дава можности за целосна реализација и поставување на ромскиот јазик, култура, литература и историја на високо академско ниво. За жал, во Македонија, сé уште, не постојат услови за еднаков третман на ромскиот јазик во рамките на високообразовните институции. За да се случи тоа и да заживее ромскиот јазик на академско ниво, потребно е најпрвин да се подигне свеста кај самите Роми за важноста на ромскиот јазик како основно обележје на идентитетот на Ромите во РМ. Кога ова ќе се постигне, ќе може да се влијае на институциите кои се должни да им го остварат ова основно право на Ромите во Македонија. Тоа право не е само отворање на предмет Ромски јазик, туку отворање на целосни студии кои ќе го опфатат јазичниот, културниот и педагошкиот аспект за да се создадат кадри кои понатаму ќе работат со идните генерации и ќе го истражуваат, негуваат и унапредуваат ова на академско ниво. Во Македонија се наоѓа изворот на ромскиот јазик и култура. Ако нешто посериозно не се превземе, за жал може и да се изгуби тој извор кој опстанал заедно со Ромите повеќе од 10 столетија. Тоа не треба да биде задача само на Ромите, туку и задача на целокупното македонско општество. 2. Како да го зголемиме бројот на професионални кадри во областа на ромскиот јазик ? Претходно посочив дека сериозно не се работи на подготовка на програми кои ќе се грижат за создавање професионални кадри од областа на ромскиот јазик. Таква институција која создава ромски кадри во Македонија не постои. Сé уште не може да говориме за зголемување на професионални кадри доколку нема образовна институција која ќе ги создава. Дури и тие што во земјава работат како

наставници (кадри) во областа на ромскиот јазик се со несоодветно образование. Ниту еден од нив никогаш не полагал Ромски јазик или Методика на настава по ромски јазик. Многумина од нив завршуваат други факултети (или се само студенти на одредени факултети) и тоа говори за несериозниот пристап на одговорните институции. Тие институции никогаш не понудиле семинари или курсеви за овие наставници на кои тие би го унапредиле своето знаење и би стекнале нови сознанија за Ромите и ромскиот јазик. Таа стихијност и таквото однесување на одговорните институции создаваат нови предрасуди и стереотипи кон Ромите.

3. Вашиот професионален ангажаман Ве носи во Хрватска, каде што живеете. Што, всушност, работите како професор? Во Загреб се воспоставени Дипломски (магистерски) студии по Ромистика во траење од две години. Предуслов за упис на овие студии е студентите да имаат минимум 180 ЕКТС. Тие студии се еднопредметни и двопредметни, што значи еднопредметните образуваат наставен кадар, а двопредметните образуваат професионални кадри од областа на ромскиот јазик, книжевност и култура и имаат право покрај Ромистика да изберат и други општествени студии кои се изучуваат во рамките на

10


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

Универзитетот во Загреб. Тука во 4 семестри се учи ромскиот јазик, ромската книжевност, културата на Ромите, историјата на Ромите, методиката на наставата по ромски јазик и методиката на наставата по книжевност и училишна рецепција. Методиките ги предава Фатиме Демир, која магистрираше на Педагошкиот факултет во Скопје. Студентите се стекнуваат со 120 ЕКТС и со диплома: магистер по Ромистика. Во рамките на Филозофскиот факултет Загреб, постои и Европски центар за ромски студии (чиј водител сум јас) во чии рамки се предвидени истражувања од сите области кои се поврзани со Ромите. 4. Кои работи се двигатели за сплотување и обединување на Ромите од различни земји и на која заедничка платформа треба да се вложат труд за да се слушне нивниот глас? За да се слушне ромскиот глас, тој најпрво треба да биде соодветно артикулиран. Молкот кој сега владее кај Ромите ги затвора во нивните гета. Тешко е да се сплоти нешто што произлегува од гето и сегрегирана, дискриминирана и невидлива заедница. Единствениот двигател и мотив за да се направи сплотување и обединување е нивниот заеднички јазик и култура. Токму тоа ги задржало да опстојат и да се чувствуваат како припадници на еден народ. Тоа се карактеристики кои ги споделуваат повеќе од 15 милиони Роми во Европа. Мора да се работи на надминување на суетите (sade/samo me), индивидуалното делување кое поставува „институција“ во стил “Ромите тоа сум јас“ или делување низ паралелни институции кои ги претставуваат Ромите на меѓународен план. Тоа (како и веќе поставениот патернализам од неРомите кон Ромите) само ги разединува и не оди во насока на сплотување.

5. Што треба да сториме за да го зачуваме ромскиот јазик и идентитет во Македонија и пошироко? Факт е дека повеќе од 90% од Ромите не прочитале ништо за ромскиот јазик и идентитетот на Ромите, а исто толку го знаат само говорниот, но не и пишаниот ромски јазик. Јазикот сé повеќе се осиромашува и во лексичка и морфолошка смисла заменувајќи ги старите ромски зборови со позајмици од другите јазици. Кон ова свој голем придонес даваат и ромските медиуми, а со тоа не ја исполнуваат нивната основна задача која се темели на негување на ромскиот јазик. Ромите треба да сфатат дека јазикот е нивниот идентитет. Во Република Македонија е „светско чудо“ ако се појави книга која го објаснува ромското живеење. Огромни напори (не само авторски, секако) треба да се направат за да се појави таа книга. Македонија малку одделува средства за промовирање, негување и унапредување на ромската култура. Сé што е врзано со Ромите и ромската култура во земјава се засновува на декларативно изјаснување од страна на мнозинското население: ние се грижиме за Ромите и Ромите од РМ најдобро живеат во Европа. Освен тие декларативни реченици, Ромите не добиваат ништо што би значело зачувување на специфичностите на Ромите. Погледајте го само најголемото ромско гето во населба Шуто Оризари. Која институција во тоа гето го чува ромскиот јазик и идентитет? Дали наместо базен за „синхроно пливање!“ требаше да се изгради културен дом? Дали таа населба како многу помали градови во РМ заслужува да има библиотека? Што треба да се направи? Едноставно да се отворат институции (а не алтернативни организации кои ќе покриваат само одреден период некое си зачувување на јазикот и културата или

11


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

културното наследство на Ромите). Институциите и образованието го чинат своето на подолг период и тие се со долгорочно стратешко делување. Македонија не знае што треба да прави за Ромите. Да знаеше што треба да прави, таа ќе заработуваше многу од Ромите во Македонија. Да се надеваме дека нема така и да продолжи, а секако за тоа одговорност имаат и самите Роми. 6. Ваше мислење за моменталната состојба на младите Роми. Што би им препорачале за да го одржуват ромското движење во функција? Во последните 10 години недостасува тој глас на Ромите, особено кај младите Роми кои како да ја „загубија“ визијата за сопствениот развој и за развој на

ромската заедница во нивните земји. Тие сé повеќе постануваат „жртви“ на локалните „шерифи“ од ромските сегрегирани заедници или на ромските политичките лидери. Всушност и општествените околности се рефлектираат на младите кои се обидуваат, на некој начин, да опстанат и да преживеат во новонастанатите околности. Ромите (особено младите) треба многу да вложат во посилната артикулација на ромскиот глас за да си ги видат плодовите после две генерации. Овој процес е навистина тежок и требаат многу заеднички напори. Мислам дека младите Роми ќе смогнат сили тоа да го направат.

12


Автор: Ален Умер

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

СОВЕТУВАМЕ

Алергија на полен: Како против поленовиот прав?

Сите со задоволство го чекаме топлото време и преубавата пролет. Уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со пријатниот мирис на расцутените дрвја. Но, за жал, за некои „пристигна“ и проблемот Алергија на полен. На околу третина од македонските граѓани, пролетта им создава нервоза бидејќи пристигнуваат и сезонските алергии, најчесто предизвикани од поленовиот прав. Поленот од цвеќиња, од дрвја и од трева предизвикува алергиски реакции кај 20-30% од македонското население.

Со секоја измината година, бројот на засегнатите се зголемува. Исто така, на пролет, најчесто алергии предизвикуваат леската, брезата, некои врсти на врба, а во лето е дивиот пелен. Од август до октомври - амброзијата. Значи, додека имаме топло време ќе имаме и полен со алергии. Во ретки случаи, алергијата може да доведе до астматична реакција. Затоа, многу е важно да не се игнорира потребата од консултација со стручни лица, особено кога станува збор за деца со поленска алергија.

степен што може да дојде до гушење. Многу поретко се јавуваат тешки реакции, кои се манифестираат со оштетување на слузокожата во грлото и кое доведува до отежнато дишење. Најтежок облик на поленска алергија е бронхијалната астма. По ова следи оток на слузокожата во бронхиите и грч на органите за дишење, состојба која бара итна лекарска интервенција. Дијагностицирање

За разлика од обичната настинка со покачена температура и секрет од носот (најчесто за неколку дена станува зеленкаст и компактен), кај алергиите немаме покачена температура и секретот е најчесто провиден (прозирен). Наутро се забележуваат зацрвенети очи (алергиски коњуктивит) и напади на кивање. Во тек на врнежливи денови, реакциите се помалку изразени бидејќи водените капки од дождот го чистат воздухот од поленските зрна. Сигурна дијагноза се врши со таканаречени „кожни проби “ (тестови). Тестот со „prick“ е најчесто користен како метод, каде со мала игличка се внесува во мала количина алергенот со ослабена концентрација со убод во површината на кожата. Постојат и тестови со кои алергените се внесуваат со помош на инекција во подлабоките слоеви на кожата. Како резултат на овој тест се појавува оток и црвенило на кожата на место на убодот, а во зависност од јачината и брзината на

Симптоми на алерија од полен

Симптомите кои ги дава ова алергија се зацрвенети очи, темни кругови околу нив и солзење, течна секреција од носот, гребење и голицкање во грлото, кашлање, се појавува кивавица која продолжува до тој

13


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

реакцијата, лекарот може да утврди од која супстанција е предизвикана. Исто така, осетливоста на некои алергени може да се утврди и преку безопасни тестови на крвта, иако постапката на вадење на крв, сама по себе, е стресна. Третман

Не постои конкретен третман за алергијата од полен, но постојат медикаменти за олеснување на симптомите и имунотерапија со инекции, препишани од стручно лице. Треба да се нагласи дека симптомите на оваа алергија кај најмладите не треба да се занемаруваат, за да не доведат до хронична астма. Пред сé, за лекување потребно е да се постави точна дијагноза. Откако ќе се направи тоа и не постои сомнеж дека се работи за алергија на полен, се почнува со: ублажување на симптомите со медикаментозна терапија антихистаминици (таблети, спреј за нос, капки за очи), деконгестанти (капки за нос и очи), кортикостероиди ( таблети, инекции, инхалатори).

- хипосензибилизација - се заснова на постепено вбризгување на алергенот во организмот, со тоа што секое ново внесување оди со малку покачена доза и се постигнува толерантност на организмот од алергенот. Најчесто се врши во зимскиот период кога пациентот нема симптоми - акупунктура - овозможува организмот да се воздржи од непотребна реакција. Ова е метода која нема штетно дејство и треба да се изведе неколку месеци пред воздухот да биде исполнет со поленските честички. Рамка 1: Корисни совети

- Домашни совети за ублажување на алергијата: пролетно чистење со заштита,

редовно перење на прекривките и перниците, чист воздух- чиста клима, внимателно читање на декларацијата на средствата за лична хигиена, т.е. нивните состојки, чиста бања, подалеку од косена трева и консултација со лекар пред земање лекови.

- Прозорците и вратите чувајте ги затворени, особено во утринските часови. Иако проветрувањето изгледа како добра опција, во сезоната на полен може да значи влошување на симптомите на алергија. Користете клима уред и редовно менувајте ги филтрите за прочистување на воздухот. Најдобро време за проветрување се врнежливите денови и деновите со висока влажност во воздухот. Избегнувајте го проветрувањето во ветровити денови. - Забрането пушење во домот. Чадот од цигарите може да ги влоши симптомите на алергија. - Соблекувајте ги и чистете ги обувките пред да го пречекорите прагот. Не влегувајте со обувките дома, бидејќи на нив има полен кој подоцна може да ги дразни носот, очите и грлото. Соблекувајте ги обувките пред вратата.

- Истуширајте се и променете ја облеката веднаш штом ќе влезете дома. Ако не планирате повторно да излегувате, влезете веднаш под тушот. Додека сте надвор, поленот се собира на вашата коса, кожа и на облеката и ако не го отстраните, лесно може да заврши на вашата перница и да го уништи сонот во текот на ноќта. Доколку планирате повторно да излегувате, оставете го туширањето за добра ноќ.

14


Автор: Ален Умер

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

ПРЕПОРАЧУВАМЕ Dropbox апликација

Dropbox претставува сервис за синхронизација на фајлови и фолдери по сите ваши уреди (компјутер, таблет, смартфон) и на повеќе оперативни системи (Windows, Linux, MacOS, Android, Blackberry). Со овој сервер (кој не се наоѓа кај Вас) може да чувате и да споделувате фајлови со други корисници, без оглед дали тие користат или не користат Dropbox. Постои во бесплатна варијанта. Добивате стартни два гигабајти простор за складирање податоци кои може бесплатно да се прошират до 16 гигабајти по некој вид рекламирање на сервисот на вашите познаници. Може да се купи уште простор, на пример доколку платите 100 долари годишно, на располагање ќе имате 100 гигабајти простор.

Сличен интерфејс со Dropbox има Јандекс (Yandex). Диск кој, иницијално, Ви дава 10 гигабајти и други дополнителни можности. Ако инсталирате Dropbox на компјутер, тој служи за лесно синхронизирање и бекап со проста преработка на фајловите/фолдерите во Dropbox фолдерот. Релацијата на коja се прави оваа синхронизација е „Уред - Dropbox сервер Уред“. Dropbox - стандардна намена

Сакате директен пристап кон фајловите и фолдерите на сите компјутери, смартфони, таблети и останати уреди кои ги поседувате? Да кажеме дека сакате слики од море на сите ваши компјутери за да може да ги покажувате на роднините или сакате сите фактури во ПДФ формат секогаш да бидат достапни на сите компјутери. Доколку некој фајл од тој фолдер Ви е непотребен, кога ќе го

избришете, тој ќе биде избришан од сите локации каде што сте го поставиле. Напомена, автоматската синхронизација не се прави на смартфонови. „Бекап“ на важни фајлови

Ако, по некоја случајност, Ви се расипат сите компјутери, фајловите ќе останат недопрени на Dropbox серверот. Доколку Dropbox клиент инсталирате на некој сосема различен компјутер, тогаш сите фајлови ќе се спуштат на тој компјутер. Доколку не сакате да инсталирате Dropbox клиент, тогаш може да ги спуштите сите фајлови преку вашиот веб пребарувач. Или, доколку случајно го избришете фајлот од Dropbox фолдерот, можете да го вратите преку веб пребарувачот. Само внимавајте (исто како кај Windows, таа е ограничена и по некое време се испразнува).

„Аплоуд“ на „фајл“ кој не стасува во електронската пошта што ја праќате

Едноставно, тој фајл ќе го прекопирате во Dropbox фолдерот и така ќе му го испратите линкот на личноста што не може да ја спушти. Сакате сликите кои ги фотографирате со вашиот смартфон автоматски да се зачувуваат за полесно делење или при расипување или кражба на телефон?

15


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

Доколку инсталирате Dropbox на телефонот и изберете „Auto upload photos to my Dropbox account“, сите фотографии автоматски ќе бидат префрлени на интернет кога добивате интернет конекција. Може да го прилагодите ова да се прави само кого имате WiFi конекција за да не Ве заболи глава доколку тоа го правите преку мобилните мрежи и Ви стигне висока сметка. Поради ова, генерално, Dropbox не прави автоматска синхронизација од телефонот. Dropbox

-

напредна

намена

Видео надзор и надзор на компјутерот? Може да го прилагодите компјутерот автоматски да ги „фати” сликите (или видео снимките) од вашата веб камера или десктоп и тие, автоматски, да се распакуваат во вашиот Dropbox фолдер и да бидат достапни над сите уреди над кои имате контрола. Dropbox фолдер поделен како Network Drive со вашите колеги?

Доколку немате подесено File server во вашата фирма, едноставно може да имате фолдер до кој ќе има пристап секој (на кое Вие ќе дозволите) за да може да се поделат фајловите кои се битни за екипата од вашиот тим.

Како да го инсталирате и користете Дропбокс? Ја пребарувате оваа веб адреса https://www.dropbox.com/referrals/NTQyN zI5ODc1Mzk?src=global9 и ги внесувате вашите податоци (Име, презиме, електронска пошта и лозинка која ќе ја користете), „чекирајте“ дека се сложувате со правилата на користење и кликнете на Create Account. Откако ќе кликнете на Create Account, стартува спуштањето на

Dropbox клиентот. Доколку не стартува, пребарувајте на https://www.dropbox.com/downloading и спуштете го. Откако клиентот ќе се „даунлоадира“, направете двоен клик на него. Ќе добиете понуда да се логирате и ќе кликнете на “I Already have Dropbox account” и внесете електронска адреса и лозинка со кои сте се пријавиле во чекор 1. Потоа, го користите Next-Next-Finish методот. Откако ќе завршите со инсталација, во вашиот System Tray поле ќе видите нова икона со син фолдер. Тоа е знак дека успешно сте го инсталирале Dropbox. За да влезете, доволно е двојно да кликнете на таа икона. Dropbox фолдерот, како стандарден, е поставен во вашиот My Documents фолдер. Во тој фолдер ги копирате сите фајлови или фолдери кои сакате да ги синхронизирате, „бекапувате“ или делите. Доколку сакате да споделите одреден фајл со некого (ова е најчестата работа за Dropbox), направете го следново: десен клик, потоа кликнувате на „Share Dropbox link“ (оваа опција е достапна само на компјутери на кои оперативниот систем им е понов од Windows XP). Доколку користите Windows XP, ќе мора преку пребарувачот да се логирате на вашиот налог и со десен клик ќе кликнете на „Share LInk…“ и потоа на тастерот „Get link“. Со тоа линкот за спуштање на фајлот ќе биде на вашиот „клипборд“ (како да сте го селектирале и кликнале на copy). Ако сакате да го видете тој линк, едноставно отворете го Notepad и направете Paste (или CTRL+V). Ви останува само тој линк потоа да го испратите некому кој треба да го спушти фајлот. Интересно е да се напомене како настанал Dropbox. На неговиот креатор му се случувало тоа што го работел, секогаш да заборавал да го префрли на флеш драјв (USB) за дома да продолжи со работа.

16


Автор: Јосиф Рашидовски

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

РОМА ИНДЕКС ЗАСТАПУВА Правни совети при повреда на студентски права

Студентските права претставуваат граѓански права, загарантирани со Уставот на Република Македонија и со законските норми. Но, сепак, во реалноста студентите имаат тешкотии при нивното остварување. Поради се почестите проблеми, студентите постојано бараат помош од институциите, иако дел од овие академски граѓани не знаат каде треба да се обратат. Основната цел на Универзитетите, преку академското образование, е да ги оспособи студентите да постигнат висок квалитет и да ја изградат својата личност. Но, што нуди образовниот систем во нашата земја? Студентите се соочуваат со бројни проблеми, како што се неуредност на студентско досие, бавна процедура за признавање на испити доколку се користи некоја Еразмус програма, изгубени пријави, долго времетраење на постапка за доделување дипломи и уверенија, продолжување на студиите по нови програми. Исто така, чести се и барањата за ослободување или намалување на партиципацијата на посебни категории студенти - студенти без родители, лица растени во напуштени домови и воени инвалиди. Сите овие проблеми претставуваат причина за револт кај студентите. Каде и како да побарате помош?

студент поединец, група и студентски парламент од поодделни единици во состав на Универзитетот. Во рамки на неговата надлежност се обезбедување редовни информации за политиките и работата на Универзитетот и советување на студентите за нивните права, заведување претставки добиени од студентите и постапување, прибавување забелешки и потврдување дали студентот ги презел сите разумни чекори за решавање на проблемот, извршување непосреден увид во работите од надлежност на органите на единиците и од поедини наставно-научни работници, прибавува мислење од стручни институции и се залага за отстранување на недостатоците кои довеле до повреда на студентските права од органите и лицата вклучени во наставнообразовниот процес. Кога студентскиот правобранител ќе ја заврши постапката, за тоа го известува подносителот на претставката. За својата работа, поднесува годишен извештај до студентскиот парламент и го известува Сенатот за работата.

Бранител на студентските права

За да се обезбеди ефективен механизам за заштита на студентските права, Законот за високо образование предвидува формирање Студентски правобранител на секој универзитет. Студентскиот правобранител придонесува за зачувување на највисоките академски стандарди за живот и ефективна поддршка на студентите со независно, непристрасно и доверливо разгледување на студентските жалби кои не биле разгледани од факултетот, а примарна цел е постапување по претставки од

17


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

Васка Бојаџи – студентски правобранител при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“: “Студентскиот правобранител е орган чија основна задача е да обезбеди заштита на правата на студентите при повреда од страна на органите на Универзитетот или други лица вклучени во наставно-образовниот процес. По секое поднесено барање, Студентскиот правобранител остварува средби, врши увид во документите, дава препораки и мислења и доставува извештај. Доколку се појави проблем, студентите може да се обратат до Студентскиот правобранител преку официјалната е-маил адреса st_pravobranitel@ukim.edu.mk, на телефонскиот број 072 30 20 20 или преку остварување на непосредна средба во просториите на Студентскиот правобранител во „Палата Кузман“ во Скопје. Постапката за заштита на правата на студентите се поведува единствено врз основа на писмено барање кое ги содржи личните податоци, околности,

факти, докази и органот до кој треба да се достави, а доколку се работи за прашање од општ интерес, барањето може да биде и анонимно.

Проблемите за кои најчесто се обраќаат студентите се од разновидна природа. Најбројни се оние од административен карактер кои вклучуваат несредени досиеја, несоодветно евидентирани оценки, проблеми во постапките за издавање дипломи и уверенија и слично. Мошне често се обраќаат и за потешкотии во положување на поединечен испит и покрај тоа што сметаат дека се стекнале со соодветниот квантум на знаење, како и студенти кои се жалат на неетичко и несоодветно однесување на определени професори и други лица од наставно-образовниот процес. Ова се само дел од ситуациите во кои студентите може да побараат помош од Студентскиот правобранител, тие можат да се обратат секогаш кога мислат дека некое нивно право е повредено”.

18


Автор: Сабина Реџепова

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

АНАЛИЗА

Да го почитуваме правото на другиот да се оствари себе си

Меѓународните документи и механизми за заштита на човековите права се инструментите со кои светот се стреми да ја гарантира благосостојбата на секој поединец. Конвенциите на Организацијата Обединети нации предвидуваат заштита на основните права и слободи на човекот, а системот на заштита на тие права се фокусира на најзначајните како основните човекови права (правото на живот на другите луѓе, понатаму правото на слобода и безбедност, правото на почитување на приватниот и семејниот живот, правото на слобода на мислење, совест и вера, правото на слобода на изразување, право на реална желба), правата на детето, елиминација на расна дискриминација, елиминација на сите форми на дискриминација на жените, заштита на економските социјалните и културните права. Во Република Македонија за заштита на правата на Ромите, освен институциите на системот кои според важечките законски прописи го гарантираат остварувањето на правата и правдата, какo земја која се приклучи на Декадата за вклучување на Ромите, Република Македонија усвои Националната стратегија за вклучување на Ромите, Стратегијата за социјално вклучување на Ромите 2012-2014 и Акционите планови изготвени од Министерството за труд и социјална политика со цел поефикасно остварување на основните човекови права со акцент на потребите на ромската заедница во Република Македонија.

Правна рамка и Ромско прашање Заштитата на основните човекови права во Република Македонија генерално гледано до крајот на 2016 година бележат прекршувања во областа на правото на социјално осигурување и заштита, слобода на говор, слобода на фер судење, право на здравствена заштита, право на приватност на комуникацијата итн.

Исклучоци нема ни кога се работи за повредата на правата на Ромите во Република Македонија. На презентацијата на Годишниот извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права во Република Македонија за 2016 година, која се одржа на 28 март 2017 година во х. Холидеј Инн, Гоце Коцевски, ко – уредник на Извештајот на Македонското здружение на млади правници изјави: ...″Мораме да истакнеме дека продолжи дискриминацијата на Ромите и во 2016 година, тие непропорционално се третираат и им се спречува излезот од земјата″ ...

Меѓу примерите за повреда на правото поврзани со животот, слободата на говор и вероисповед, правото на здравствена заштита итн. на презентацијата на овој извештај ко – уредникот Коцевски го презентираше случајот на деветгодишно девојче од ромска етничка заедница кое настрадало во сообраќајна несреќа Девојчето било упатено на специјалист каде била констатирана дијагноза

19


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

фрактура на карлица и било задржано на болничко лекување. За да се утврди кривична одговорност на возачот и да се оствари право на надомест на штета, девојчето било упатено да извади лекарско уверение. Во уверението при давање на квалификација на повредата било наведено дека се работи за ″телесна повреда″, а не за тешка телесна повреда. ...″Ваквата квалификација во наодот суштински ја менува одговорноста на возачот и го загрозува правото да се бара надомест на штета, и е пример за нееднаков третман при обезбедување на здравствени услуги кон ромската заедница″..., изјави Гоце Коцевски во своето излагање.

Нееднаквиот третман се состои во тоа што иста повреда во другите лекарски уверенија секогаш е квалификувана како ″тешка телесна повреда″, се вели во извештајот за кој г-динот Коцевски истакна дека и други ортопеди специјалисти кои тие ги консултирале го потврдуваат истото.

Уште еден пример на прекршување на правата на човекот е случајот од август 2016 година, кога по повеќе од десетгодишно живеење во бараки направени од хартија, картон дрво и пластични кеси во ромската населба под Кале на 29 ромски семејства им се урнати домовите по наредба на инспекторот на Град Скопје, со цел да се исчисти земјиштето врз основа на Законот за јавна чистота. За рушењето не биле известени, ниту пак биле предупредени

да ги отстранат работите кои ги поседуваат во импровизираните живеалишта. За овој случај поднесена е тужба до Европскиот суд за човекови права во која лицата ги застапува Европскиот центар за права на Ромите. Како алтернативно решение за овие луѓе било понудено сместување во прифатилиште во Чичино село каде имало слободни само три соби. Проблемот со домување на овие семејства се уште не е решен, и не остваруваат никакво право на социјална и здравствена заштита бидејќи поголем број од нив немаат документи за лична идентификација. Неможноста да се користат парични средства од социјална заштита заради немање на документи е исто така честа појава. Најчесто лицата без лична документација немаат постојано место на живеење што значи немаат адреса, а законот за социјална заштита користењето на оваа помош ја условува со постоење на адреса за живеење и увид на условите во домот на лицето кое бара социјална заштита врз основа на кои услови понатаму се цени дали истото ќе добие социјална заштита. Пристапот до оваа помош од државата за ромската заедница е од самиот почеток исклучена за оние без адреса и документи за лична идентификација со што по автоматизам се скратени социјалните права на овие луѓе без да се цени реалната состојба со која се соочува оваа заедница. И извештаите на Европската Комисија за образованието на ромските деца велат:

20


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

„Бројот на ромските деца што посетуваат редовна настава е сé уште мал, а, пак, нивото на осипување високо. Сегрегирањето на ромските деца сé уште се практикува. Доколку систематски се

разгледува правото на образование на децата Роми проблемот треба да се лоцира во почетокот на социјализацијата на децата Роми, а тоа е предучилишниот опфат на деца во јавните детски установи. Стапката на опфат на деца Роми во предучилишно образование и остварување на правата на детето уште на самиот почеток се попречени од материјалната неможност тие права да се остварат.

Освен материјалниот аспект како пречка за остварувањето на правото на вклучување во образовниот систем е сепарацијата на децата Роми. Тие најчесто се одделени од останатите. Јазичната бариера кај децата Роми и недоброто познавање на македонскиот јазик е честа причина за дискриминација на овие деца во образовниот процес. Денеска, се уште продолжува дискриминацијата на Ромите на граничните премини на Република Македонија. До крајот на минатата година приближно 25.000 граѓани Роми биле вратени од граничните премини. Во моментот во рамки на здружението на млади правници се водат 27 активни судски постапки, а досега има четири

правосилни пресуди со кои се утврдува повреда на правото на слобода на движење и дискриминација. Во информацијата до Владата во врска со забраната за излез од територијата на Република Македонија испратена од канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија се вели дека ... ″поголем број граѓани припадници на ромската заедница се обратиле за помош и интервенција до Народниот правобранител, повикувајќи се на дискриминација по етничка и расна основа ″...

Тие наведуваат дека не им било допуштено да ја напуштат територијата на Република Македонија, биле симнувани од автобусите и возовите, биле вратени и од аеродромот, иако имале уредни повратни авионски билети и друга потребна документација, биле задржувани на граничните премини, без да им се даде детално објаснување од страна на овластените службени лица за причината за нивното задржување и враќање назад.

... ″Во неколку случаи како што е истакнато, имало и несоодветно однесување на овластените службени лица кои ги навредувале патниците Роми по етничка основа, а во два случаи подносителите наведоа дека граничните полицајци самите им кажале дека добиле усна наредба од претпоставените да не дозволуваат Роми да ја преминуваат границата ″... се вели во Информацијата на Народниот правобранител.

21


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

Еклатантен пример на повреда на правото на слобода на движење и дискриминација по етничка припадност е случајот на лице од ромската заедница од Велес кој сакал да патува во Врање, Р. Србија да одаде почит на вечното почивалиште на неговиот брат и да го посети семејството на починатиот брат. На граничниот премин лицето Х.Х и неговото семејство биле испрашувани од страна на граничната служба и му било усно кажано дека нема да му биде дозволено да излезе од државата затоа што ќе бара азил во странство. Ова лице поднело тужба до МВР, која била одбиена, потоа правдата ја бара на Основниот и Апелациониот суд каде со судски одлуки е одбиена тужбата во двата случаи без конкретно да образложи која одредба од законот е применета за да му се оневозможи на лицето излез од земјата.

Може да се заклучи дека генерално многу мала е веројатноста луѓето кои живеат на работ на сиромаштијата и во оскудни животни услови да побараат правна заштита од институциите на системот. Во принцип граѓаните се многу малку запознаени со начините на кои можат да ги заштитат своите права.

Статистиката покажува дека во текот на 2016 година до Уставниот Суд во Република Македонија по основа на повреда на човековите права поднесени се седум барања од кои седум се отфрлени и едно барање е одбиено. Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите права во Република Македонија во 2016 година не одржа ниту една седница и засега нејзиното постоење е нефункционално според експертските извештаи за човекови права. Народниот правобранител во својот последен извештај презентиран во 2016 година констатираше дека бројот на претставки од граѓани за кршење на човековите права.

Останува да се зајакне граѓанскиот активизам, зајакнување на правната заштита од страна на институциите, зајакнување на улогата на судскиот систем по ова прашање и правната помош за оваа категорија на странки во правните постапки за да се направи ефикасно остварувањето на човековите права во Република Македонија и нивното функционирање.

22


Автор: Селика Алили

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

РОМСКИ ИДЕНТИТЕТ

Ерделез – симбол на Ромскиот идентитет

Како што лисјата се враќаат на дрвјата и сеќавањата од долгата и студена зима полека исчезнуваат, Ромскиот народ го слави празникот „Ерделез“. Традиционално, се слави на 6-ти Мај, секоја година, 40 дена по пристигнување на пролетта. Ерделез е ромскиот назив за српскиот и бугарски празник „Св. Ѓорѓи“ или „Ѓурѓовден“, односно за турскиот празник „Хирделез“ кој, исто така, означува пристигнување на пролетта и на топлото време.

Освен најава на пролетта, „Ерделез“ за нашите предци значел многу повеќе. Претставувал симболика за повторно тргнување на пат, повторно движење и патување низ светот во потрага по место кое би го нарекле Дом. Поради студените и ладни зими, биле принудени да останат на едно место. Затоа, овој празник претставувал слобода повторно да патуваат низ светот и да ја шират ромската традиција и глас. Нашите предци „Ерделез“ го славеле на уникатен начин. Рано наутро, оделе на река и фрлале цвеќиња. На тој начин му се заблагодарувале на Господ што им го вратил топлото време. Овие обичаи, сé уште, постојат во Индија, местото каде што има докази дека од таму потекнува ромската нација. Секако, овој обичај сè уште постои, Ромите и во денешно време го практикуваат, но на малку поразличен начин.

Повозрасните генерации паметат како се славел овој празник. Дедо ми, навраќајки се низ времето, вели:

„Неколку дена пред Ерделез, јас и мојот дедо, одевме на пазар и купувавме јагне. Бидејќи беше обичај јагнето да се заколе на денот на празникот. Пазарот беше преполн во тоа време. Сточари од сите страни ги продаваат јагнињата. Сведочев на многу случки на пазарење и избор на најубавото јагне. Потоа, татко ми ми даваше пари да купам облека. Затоа што, сите на Ерделез имаа нова, убава и чиста облека, без разлика дали се млади или стари. Домаќинките дома чистеа и ја украсуваа куќата со цвеќе, топола и разноразни украси“, вели Дедо ми, навраќајки се низ времето.

Се сеќава дека на самиот ден, повозрасните станувале многу рано и правеле кафе кое се делело низ соседството за убав почеток на долгоочекуваниот Ерделез. Јагнето се колело и се закачувало на балкон или на врата за сите да го видат. Кај мал дел од

23


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

Ромите, сé уште, важи изреката: „Кој има најголемо јагне, тоа значи дека е многу богат и дека семејството му е прочуено“.

отворени раце. Се слушаше музика и се играше во ритамот на ромските тапани“, продолжува со сеќавањето Дедо ми.

„Младите девојки и момчиња носеа вода од реката и натопуваа цвеќе, топола и јајце. Во таа вода, потоа се бањавме. Се облекувавме, накитувавме и разубавуваме пред да прошетаме. Малите деца одеа од врата на врата, бакнуваа рака и честитаа празник. За возврат добиваа награда, благо или пари. Потоа, ручавме сите заедно како семејство од јагнето што го подготвила мајка ми. Тој ден никој не одеше на гости, но доколку некој дојде, тогаш беше пречекан со

Сите овие обичаи имаат свое значење: колењето јагне е знак за благодарност кон Бога. Украсувањето на куќите со цвеќе и топола е симбол за доаѓање на пролетта и почеток на нова страница од животот на овој народ. Капењето на младите во натопената вода претставува чистење на телото и душата од негативностите што се случиле во текот на годината. Цвеќето и тополата значат дека младиот ќе има здрава година.

Празникот „Ерделез“ се слави четири дена. Првиот ден се коле јагнето и фамилијарно се јаде. Наредните два дена се пречекуваат гости, а четвртиот ден се оди во парк, се прави скара и се пушта музика. Така Ромите повикуваат на забава, смеа и еднаквост.

24


Автор: Мухамед Ајваз

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

ПСИХОЛОГИЈА

Нарцизмот на студентите

,,Покажи ми колку си посебен со тоа што ќе направиш нешто добро за оние коишто се помалку посебни од тебе”

Нарцист е личност со мегаломанска тенденција (или чувство на лична семоќ и големина). Ова е современото толкување на Нарцизмот, термин воведен од Paul Ncke уште во 1899 година. Тогаш, овој терминот опишувал тип на личност која своето тело го доживувала како сексуален објект, додека не пројавувала сексуална желба кон други луѓе. Меѓутоа, со текот на времето и со појавување на нови теоретичари од психологијата, тој дополнително е разработен и видоизменет.

Основачот на психоанализата, Сигмунд Фројд, го презел терминот и поставил јасна граница меѓу примарниот (нормален) и секундарниот (патолошки) нарцизам. Примарниот нарцизам претставува нормална желба за избегнување и заштита од опасност со цел да се зачува сопствениот живот. Има сексуална компонента, но не ја исклучува желбата кон други луѓе. Секундарниот нарцизам го сочинуваат две главни карактеристики: мегаломанија и пренасочување на нивниот интерес од надворешниот свет, од луѓе и предмети, кон себе. Во денешно време, поголемиот дел од луѓето го користат поимот нарцисоидност за да опишат личност која има мегаломанска тенденција, односно, чувство на лична семоќ и големина. Во суштина, поимот нарцизам, се однесува на секундарниот тип, со фокус кон грандиозна слика за себе и прекумерна потреба за восхит. Зад оваа појава психоаналитичарот Joseph Burgo зборува дека стои чувство на лична немоќ и безпомошност, ниско самовреднување и вкоренет срам во однос на ,,јаството” или ,,селфот” кој е доживеан од личноста како оштетен и скршен.

Психоаналитичарите, често корените на повеќето појави ги бараат во детството, така и за нарцизмот, сметаат дека е резултат на отфрленоста и негрижата од ближните. Недостатокот на љубов во овој критичен период придонесува кон чувство дека личноста не е сакана; тоа води кон самонеприфаќање и чувство на длабок срам во врска со себе. Кога личноста ги негира или поттиснува ваквите чувства, тие најчесто се јавуваат во спротивна форма како одбранбен механизам преку нагласување на самовреднувањето, чувство на лична семоќ, развој на грандиозна слика за себе како компензација за длабокото чувство на инфериорност.

Нарцисоидноста (примарната) во одреден степен е присутна кај мнозинството од луѓето, а особено кај студентите (во периодот на адолесценција). Во ненагласена форма таа се зема како нормална појава, но, проблем настанува кога се силни застапени нејзините карактеристики и и’ пречат на личноста во воспоставувањето однос со себе и со другите луѓе. Често се случува во разговорите на студенти од различни Факултети (дури и институти) да дојде до преценување на тежината на сопствените студии, а, од друга страна, да се потцени тежината на студиите на другите студенти.

25


РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

Постојат широк спектар на причини поради кои се случува оваа појава, една од нив е и субјективноста која како одлика ја поседуваат сите луѓе, во посилен или послаб интензитет.

,,Понижувачкиот однос кон студентите со нагласен нарцизам не е решение на проблемот. Еднаш, бев ментор на студент од San Diego State University, кој ги покажувал сите симптоми на нарцизам. Тој, буквално беше вљубен во самиот себеси. Одлучив да применам поинаков пристап со него. Така што, му реков: ,,Покажи ми колку си посебен со тоа што ќе направиш нешто добро за оние коишто се помалку посебни од тебе”. Кога тој го направи тоа, јас забележав ситуација со двојна победа. Toj започна добротворна акција за децата без родители во Тихуана, Мексико во којшто вклучил и други студенти од други Универзитети. Кога проектот заврши, бенефит имаа и децата, но и тој, поради тоа што започна да ги споделува вредностите со останатите. Главната поента од приказнава е дека нема да го прекинеме нарцизмот со тоа што ќе им кажеме дека нашите студенти не се посебни, туку, со тоа што ќе ги предизвикаме да покажат колку се посебни. Помеѓу стимулусот и реакцијата, постои празен простор. Во тој празен простор е моќта да го избереме нашиот одговор. Во нашиот одговор лежи нашиот развој и нашата слобода.” Професор од San Diego State University. Др. Сем Вакнин во својата книга ,,Злочудно самољубие” опишува девет карактеристики на нарцизмот од кои треба минимум пет за да се да се дијагностицира Нарцисоидно растројство на личноста:

1. Се чувствува грандициозно и самобитно (пр. Претерува во истакнување на своите постигнувања, таленти, вештини, познавања и особини до точка на лажење,

бара да се признае како надреден без пропорционални постигнувања). 2. Опседнат е со фантазии за неограничен успех, слава, застрашувачка моќ и недостижен сјај (церебрален нарцист), телесна убавина и сексуална изведба (соматски нарцист) или идеална, вечна, освојувачка љубов и страст. 3. Цврсто е уверен дека тој (или таа) е единствен и посебен и можат да го разберат, треба да го поврзуваат само со други посебни или единствени личности (или институции) со висок статус. 4. Претпочита претерано воодушевување, додворување, внимание и афирмација или во недостаток од претходно наведеното, сака другите да имаат страв од него или да се злогласни. 5. Чувствува дека е во право. Претпочита автоматизирана или потполна складност со своите неразумни очекувања за посебен третман. 6. Во интерперсоналните односи се однесува експлоатирачки и ги користи другите како би ги постигнал своите сопствени цели. 7. Има лишеност од емпатија. Не е во можност или не сака да ги идентификува, признае или прифати чувства, потреби, преференции, приоритети и избори на други личности. 8. Без престан им завидува на другите и настојува да ги повреди или уништи предметите на својата фрустрација. Страда од прогонства (параноја), бидејќи верува дека останатите имаат исти чувства кон него (или кон неа) и дека ќе делуваат на ист или сличен начин. 9. Се однесува арогантно. Се чувствува надреден, семоќен и со широки познавања, компететен да дели совети, непобедлив, имун, ,,над законот”. Бесен е кога е фрустриран, кога му се контрира, или се соочува со луѓе кои сметаат дека е инфериорен или недостоен.

26


Автор: Сузана Шабановска

РОМА ИНДЕКС број 5 | 2017

РАЗГОВОР СО...

Квалитетното образование е важно за индивидуата и e успех за целата заедница

Живеј го сонот... А што е тоа? Ако предходно мислиш дека си поинаков од останатите поради околината во која живееш, полот, традицијата, гледиштата и стереотипите кои другите ги имаат кон твојата заедница, тогаш сфаќаш дека навистина треба да имаш желба, да вложиш поголем труд и напор за да успееш во животот и да се интегрираш во општеството. Односно, тогаш бараш нешто подобро за тебе. „Учи сине за да не мора да се мачиш како мене“ е само една доволно силна реченица за да сфатиш дека мораш кон подобро. Знаеш дека твојот пат ќе биде потежок од патот на останатите, но не треба да се откажеш.

Како средношколка која не знаеше што понатаму, идејата на мојата мајка беше да учам занатско училиште за финансиски да сум независна и самостојна. Но, интересот за дополнително надградување ме натера да се активирам во невладиниот сектор. Потоа и на курс по англиски јазик и запознавање со интелектуалци со други размислувања и видици. Секако, добив и упатства за запишување на факултет, но проблем беа финансиите. Тогаш разбрав за програмата на Ромаверзитас за стипендирање студенти Роми. Аплицирав и подоцна, сите студиски години добивав поддршка од нив. Свесна бев дека доколку оваа програма не постоеше, сигурно немаше, во континуитет, да го завршам факултетот, но немаше да се откажам. Тоа е сигурно. Освен, финансиската поддршка која ја добивав, исто така учествував во многубројните обуки за професионална надградба кои се нудеа, а воедно и бев една од пионерите студенти Роми кои ги пишуваа првите колумни за списанието „Рома Индекс“.

Во животот никој не може да ти помогне толку колку што можеш да си помогнеш самиот себе. Дипломирав на универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, Филозофски факултет, отсек Социологија. Во меѓувреме, бев активна како во невладиниот сектор и со стекнатото искуство и знаење, во животот само добив. Денес, работам во Министерсто за образование и наука и сум дел од тимот на координатори за спроведување активности за стипендирање студенти Роми.

Според мене, квалитетното образование е битно за развој на индивидуата, но тоа е успех и за целата заедница. Доколку своето образование и искуство го вложиш во заедницата, тогаш придобивките имаат повеќе страни. И затоа од голема важност е сите програми наменети за образование на Ромите да продолжат.

27


Проектот Ромаверзитас започна во август 2001 година како модел на неформално образование, наменет за студенти Роми кои студираат на додипломски студии во универзитетите во Република Македонија. Ромаверзитас од програма на ФООМ премина во Здружение на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ од Август 2015 година, финансиран од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта. Визија на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“

РОМАВЕРЗИТАС е граѓанска организација која е препознатлив лидер за поддршка и развој на проактивни и квалитетно едуцирани Роми, кои ја застапуваат ромската заедница и се активно вклучени во процесите на креирање и донесување на јавни политики на локално и национално ниво. Мисија на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“

РОМАВЕРЗИТАС е граѓанска организација која активно работи за зајакнување на личните и академските капацитети на средношколците, студентите и младите Роми во Република Македонија, преку обезбедување на академска и неформална поддршка, како и поддршказа личен развој. Цели на проектот

• да се зголеми бројот на студенти Роми во државните и приватните универзитети во Република Македонија; • да се зголеми вклученоста на студенти Роми во високото образование преку обезбедување индивидуална, академска и неформална поддршка;

• да се подобрат академските перформанси, постигнувања, индивидуални вештини и капацитети на студенти Роми запишани во државните и приватните универзитетите во Република Македонија; • да се креира средина за општествена партиципација на младите Роми во Република Македонија за прашања кои се поврзани со инклузија на Ромите;

• да се формира РОМАВЕРЗИТАС алумни од Роми со завршено високо образование кои беа поранешни корисници на активностите на РОМАВЕРЗИТАС. Средствата за електронското списание Рома Индекс, како дел од проектот се обезбедени од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта.

ROMA

EDUCATION FUND


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.