17 ОКТОМВРИ
British Jazz Night Evan Parker / Zlatko Kaucic (UK / Slovenia) Get The Blessing (UK) Македонска опера и балет, 20:00
18 ОКТОМВРИ
Stian Westerhus & Sidsel Endresen (Norway) The Abercrombie Quartet (USA) Македонска опера и балет, 20:00
Reut Regev’s R*Time (Israel/USA) Сити хол центар, 24:00
19 ОКТОМВРИ
“Balkan Fever” with Kristjan Jarvi & Macedonian Philharmonic Orchestra feat. Vlatko Stefanovski, Miroslav Tadic & Theodosii Spassov (Macedonia/Serbia/Bulgaria/Estonia) Универзална сала, 20:00
Nicola Conte Combo (Italy) Сити хол центар, 24:00
20 ОКТОМВРИ
Roscoe Mitchell Trio (USA) Harriet Tubman & Cassandra Wilson present “Black Sun” (USA) Универзална сала, 20:00
Peter Evans Zebulon Trio (USA) Сити хол центар, 24:00
21 ОКТОМВРИ
Ibrahim Maalouf Illusions (France) Dave Holland Prism (USA) Универзална сала, 20:00
Rob Mazurek Sao Paulo Underground (USA/Brazil) Сити хол центар, 24:00
www.skopjejazzfest.com.mk
Photo: Ziga Koritnik
EVAN PARKER soprano & tenor saxophone ZLATKO KAUCIC ground drums
17 ОКТОМВРИ · MOБ, 20:00
EVAN PARKER / ZLATKO KAUCIC Еван Паркер (роден во Бристол, 1944 година) започнува да го изучува саксофонот на 14-годишна возраст. Рани влијанија на неговиот стил извршуваат Пол Дезмонд, Ерик Долфи, но пред сите, Џон Колтрејн. Слободната импровизирана музика го опфаќа најголемиот дел од опусот на Паркер во последните четириесет години, кога настапува соло и во различни формации. Како една од клучните фигури на европската џез импровизација, Паркер соработувал со повеќе американски иноватори, како Сесил Тејлор, Пол Блеј, Ентони Брекстон, Роско Мичел, Џорџ Луис, Вадада Лео Смит и други. Златко Каучич, пак, е најзначајниот и најпознат џез музичар од Словенија, кој настапувал со Стив Лејси и Питер Броцман, соработувал и со Питер Делфинич, Ерик Питер, Тете Монтолиу, Клод Гијо, Пол Стокер, Мајк Озборн, Бартон Грини, Џон Луис, Стив Лејси и Кени Вилер, а одржал и голем број солистички концерти. Тој, исто така, настапува и со октет и компонира музика за театар и танцови групи. Специјалност на Каучич е уникатен соло перформанс, којшто го изразува неговиот индивидуален стил. Албумот на Паркер и Каучич “Round About One O’Clock” го документира историскиот концерт на овие двајца претставници на европската импровизација, што се случи на 4 јули 2009 година, по повод педесетгодишниот јубилеј на Љубљанскиот џез фестивал. Албумот е посветен на несреќно починатиот саксофонист Мајк Озборн, со кој Паркер споделува неколку поглавја од британската џез сцена. Материјалот е интимен и длабок, и во него проникнуваат повеќе дијалози: рафинирана лирика и имплицитна тензија, што еруптира во вибрантни секвенци. Овој концерт на Скопскиот џез фестивал претставува воедно и прв настап на Еван Паркер во Македонија. Evan Parker (born in Bristol, 1944) took up the saxophone at the age of 14. Early influences included Paul Desmond, Eric Dolphy, and above all, John Coltrane. Free improvised music has accounted for most of Parker’s activities over the last forty years, whether playing solo or in groups. A major force in European improvising music, Parker has collaborated with American innovators, amongst them Cecil Taylor, Paul Bley, Anthony Braxton, Roscoe Mitchell, George Lewis and Wadada Leo Smith. Zlatko Kaučič is arguably Slovenia’s most accomplished and well-travelled improviser, who played with Steve Lacy and Peter Brötzmann, and collaborated with Peter Delphinich, Eric Peter, Tete Montoliu, Claude Guillot, Paul Stocker, Mike Osborne, Burton Greene, John Lewis, Steve Lacy and Kenny Wheeler, as well as giving solo concerts. He also plays with an octet and composes music for theatre and dance groups. Zlatko’s specialty is an unique solo percussions performance that expresses his own personal style. Parker and Kaučič’s album, “Round About One O’Clock”, documents the performance that these two great exponents of European improvised music gave in July 2009. The meeting is dedicated to the memory of the unfortunate saxophonist Mike Osborne, who shared with Parker important chapters of the British jazz scene. The material is intimate and reflective, almost evanescent, that pervades many dialogues: a polished lyricism that winds paths loads implicit tension, erupting into vibrant sequences. Evan Parker will be performing in Macedonia for the first time during Skopje Jazz Festival 2013. www.evanparker.com
www.kaucic-zk.si
Photo: John Minton
JIM BARR bass CLIVE DEAMER drums PETE JUDGE trumpet JAKE MCMURCHIE saxophone
17 ОКТОМВРИ · MOБ, 20:00
GET THE BLESSING Добитниците на “BBC Jazz Award” во 2008 година за деби албумот “All Is Yes”, Get The Blessing (порано познати како The Blessing), се највозбудливиот англиски концертен бенд во моментов. Со басистот Џим Бар и тапанарот Клајв Димер од трип-хоп легендите Portishead, хорните и електрониката на саксофонистот Џејк МекМарчи и трубачот Пит Џаџ, Get The Blessing создадоа сопствен звук кој не подлегнува на едноставна класификација, а во кој се спојуваат силните мелодии и заразните ритмови со радоста на колективната спонтаност. Нивниот втор албум “Bugs In Amber”, опишан како „пост-џез саундтрак на непостоечки нискобуџетен филм за Џејмс Бонд, режиран од Тарковски, со Бастер Китон во главна улога“, се стекна со позитивни оцени и пофалби од критичарите и со популарност ширум светот. Со влијанија што се протегаат од Орнет Колман и Tortoise, до Blondie и Самуел Бекет, Get The Blessing редовно им се спротивставуваат на очекувањата. Не изненадуваат ниту споредбите со панк музиката, поради треш-ритмовите и рокерските рифови, како и нивниот „непристоен“ и „пакосен“ музички став. Во исто време, нивната музика поседува автентичен емоционален квалитет, деликатност и интуитивна моќ. Ова не е „тешка“ музика, ниту пак е само едноставна. Последниот албум на Get The Blessing “OCDC” е уште еден доказ за тешкотијата групата да се класифицира во било која категорија. Со гостувањето на гитаристот на Portishead, Адријан Атли, како и на Роберт Вајат, покрај влијанијата од астрономијата, психологијата, Борхес и гастрономијата, “OCDC” го грабнува слушателот и го втурнува во сонична дивина. Подгответе се да бидете задевани, измамени, смирени, исплашени, потресени и конечно - воздигнати. Get The Blessing (formerly known as The Blessing), winners of the BBC Jazz Award in 2008 for their debut album “All Is Yes”, is currently one of the UK’s most exciting live bands. Featuring bassist Jim Barr and drummer Clive Deamer from trip-hop legends Portishead, plus the twin horns & electronic devices of saxophonist Jake McMurchie and trumpeter Pete Judge, Get The Blessing has forged a unique signature sound that defies easy classification, yet never loses sight of thumping tunes, monstrously infectious beats, or joyous collective spontaneity. Their second album “Bugs In Amber” - described as the post-jazz soundtrack to an imaginary low-budget James Bond movie remade by Tarkovsky and starring Buster Keaton - has received widespread critical and popular acclaim. With influences ranging from Ornette Coleman and Tortoise, to Blondie and Samuel Beckett, Get The Blessing consistently confound expectation. Comparisons with punk aren’t too far-fetched either, from the band’s often thrashing rhythms and rocking riffs to the irreverent and mischievous attitude. At the same time, their music carries a genuine emotional punch, and is as capable of delicacy as is of visceral power. This is not ‘difficult’ music by any stretch, neither is it merely simple. Their latest album “OCDC” once again finds Get The Blessing elbowing their way out of easy categorisation. With guest turns from Portishead guitarist Adrian Utley as well as Robert Wyatt, and influences including astronomy, psychology, Borges, and food, “OCDC” grabs the listener by the lapels and sets off joyously once more into the sonic wilderness. Prepare to be teased, beguiled, soothed, spooked, jolted, and ultimately uplifted.
www.theblessing.co.uk
Photo: Andreas Ulvo
SIDSEL ENDRESEN vocal STIAN WESTERHUS guitar
18 ОКТОМВРИ · MOБ, 20:00
SIDSEL ENDRESEN & STIAN WESTERHUS Пионерката на норвешката авангарда, Сидсел Ендресен го дефинира и редефинира вокалниот звук уште од својот пробив на музичката сцена, на почетокот на 80-тите. Работела со голем број музичари во Норвешка и во светот, пишувала музика за филмови и театарски продукции. Нејзиниот опус се протега низ повеќе жанрови: од фјужн и џез-рок во 80-тите, до слободна импровизација, електронска и нова музика во 90-тите и натаму во новиот милениум. Ендресен е инспирација за голем број млади вокалисти низ светот. Стиан Вестерхус, пак, е еден од најпознатите норвешки импровизатори, кој свирел со имиња како Jaga Jazzist, Nils Petter Molvaer, Monolithic, Puma, Bladed, Crimetime Orchestra и други. Во изминатите неколку години, неговата енергија е фокусирана врз соло перформансите и оние со неговиот нов бенд Pale Horses. Немајќи никаква почит кон границите на можностите на гитарата, настапите на Вестерхус балансираат помеѓу силна експресивност, виртуозност и мелодиски инстинкт и го користат норвешкото културно наследство, како и раните влијанија од Slayer. Со звучен пејзаж што се протега зад вообичаените хоризонти на гитарата, тој ги поместува границите на импровизацијата надвор од матните жанровски води. Ендресен и Вестерхус ја споделуваат истата работна етика и се посветени на пронаоѓање на нови начини во користењето на сопствените инструменти. Иако се чини парадоксално, вокалот на Ендресен ја поседува чистотата на еден акустичен инструмент, додека гитарата на Вестерхус користи огромен арсенал на електронски ефекти. Заедно, тие создаваат прекрасен и уникатен звучен свет, а нивните концерти ширум светот, на фестивалите во Берген, Молде, Мерс, Конгсберг, Сан Себастијан и многу други се проследени со огромен интерес и суперлативни критики. Комбинација од соништата на двајца исклучителни уметници. Norwegian avantgarde pioneer Sidsel Endresen has defined and re-defined vocal sound since her breakthrough in the early 1980’s. She has worked with a vast number of musicians - in Norway and abroad, written music for films, theatrical productions as well as other commissioned work. Her work has spanned genres from fusion and jazz-rock in the 80’s, to freeimprovisation, electronics and new music in the 90’s and the new millennium. She continues to be of huge inspiration to young vocalists (and improvisers in general) around the globe. Stian Westerhus is one of Norway’s hardest working young improvisors, playing in bands like Jaga Jazzist, Nils Petter Molvær, Monolithic, Puma, Bladed, Crimetime Orchestra and many more. For the last few years he has put more and more energy into challenging the electric guitar alone on stage or with his new band Pale Horses. Having been blessed with little or no respect for the instrument, his performances balance raw expressiveness, virtuosity and melodic instinct utilizing his Norwegian heritage as well as growing up listening to Slayer. With a soundscape far beyond the standard guitar he seeks to push the boundaries for improvised music across the muddy waters of genres. Endresen and Westerhus clearly share a work ethic, dedicated to finding new ways to use their respective instruments in new aural landscapes, yet paradoxically one is all about the untarnished purity of an acoustic instrument (Endresen’s voice), while the other is devoted to the use of a massive arsenal of electronic effects and amplification. Together, they create a beautiful and unique soundworld captured live during a much spoken about concerts at the Nattjazz Festival, Kongsberg Jazzfestival, Moers Festival, Elbjazz etc. A dream combination of two extraordinary artists. www.sidselendresen.com
www.stianwesterhus.com
JOHN ABERCROMBIE guitar MARC COPLAND piano DREW GRESS bass JOEY BARON drums
18 ОКТОМВРИ · MOБ, 20:00
THE ABERCROMBIE QUARTET Првото појавување на Џон Аберкромби на њујоршката сцена во 1970 година, со џез-рок групата Dreams, предводена од Мајкл и Ренди Брекер, создаде сензација. Оттогаш, со кариера што се протега повеќе од 40 години и со речиси 50 албуми, Џон прерасна во мајстор на џез гитарата - неуморен експериментатор, кој ги поместува метричките и хармонските граници во џез традицијата. Како еден од највлијателните акустични и електрични гитаристи, неговите снимки за ECM во голема мера придонесоа кон дефинирање на репутацијата на прогресивен камерен џез, карактеристичен за оваа дискографска куќа. Иако ориентиран кон џезот, стилот на Аберкромби има сличности и со формите од фолк и рок музиката, како и со европската и западната уметничка музика. Аберкромби ја започнува својата кариера со органистот Џони Хамонд, а ја продолжува со браќата Брекер. Од 1970-тите наваму, соработувал со Чико Хамилтон, Гил Еванс, Гато Барбиери, Били Кобам, Ралф Таунер и многу други. Неговиот прв албум за ECM, “Timeless”, на кој соработува со Џан Хамер и Џек Диџонет, беше едногласно поздравен од критиката. Иако себеси се гледа како музичар од гитарската џез традиција на Чарли Кристијан, Џанго Рајнхард, Вес Монтгомери и Џим Хол, Џон е под влијание на лирскиот стил на Бил Еванс, а неговата музика ја содржи еруптивната мелодиска инвенција на Орнет Коулман. Опсегот на влијанија и невообичаената способност за спојување на традицијата и иновацијата во неговите карактеристични композиции најдобро би се опишал со терминот современ мултилинеарен камерен џез. Прочуен по својот жив и јасен стил, Џон Аберкромби се враќа на сцената како предводник на еден извонреден квартет, со Марк Копланд на пијано, Дру Грес на контрабас и Џои Барон на тапани. John Abercrombie’s maiden New York City appearance in 1970 with Dreams, a jazz-rock group led by Michael and Randy Brecker, created a sensation. Since then, in a career spanning more than 40 years and nearly 50 albums, John has established himself as one of the masters of jazz guitar - a restless experimenter, working firmly in the jazz tradition while pushing the boundaries of meter and harmony. One of the most influential acoustic and electric guitarists, his recordings for ECM have helped define that label’s progressive chamber-jazz reputation. While jazz-based, his style also displays a more-than-passing familiarity with forms that range from folk and rock to Eastern and Western art music. Abercrombie began his career touring with organist Johnny Hammond and continued with Brecker Brothers. Since the 1970s he has worked with Chico Hamilton, Gil Evans, Gato Barbieri, Billy Cobham and Ralph Towner, among others. His first album for ECM label, “Timeless”, on which he was joined by Jan Hammer and Jack DeJohnette, received virtually unanimous critical acclaim. Although he sees himself as a player in the jazz guitar tradition of Charlie Christian, Django Reinhardt, Wes Montgomery and Jim Hall, John is highly influenced by the lyrical style of Bill Evans, and his music is charged with the eruptive melodic invention of Ornette Coleman. This range of influences and the uncanny ability to marry tradition to innovation shows in his highly distinctive compositions - that at best can be described as contemporary multi-linear chamber jazz. Renowned for his vibrant, limpid style, John Abercrombie returns at the head of a remarkable quartet consisting of Marc Copland on piano, Drew Gress on double bass and Joey Baron on drums. www.johnabercrombie.com
Photo: Carsten Fleck
REUT REGEV trombone JEAN-PAUL BOURELLY guitar JON SASS tuba IGAL FONI drums
18 ОКТОМВРИ · СИТИ ХОЛ ЦЕНТАР, 24:00
REUT REGEV’S R*TIME Родена во Израел, тромбонистката и композиторка Реут Регев ја гради својата импресивна репутација на џез сцената уште од најмала возраст. На само 5 години почнува да свири пијано, а веќе на 13 години и тромбон. Во средно училиште, таа има можност да настапува со некои од најкреативните израелски импровизатори, како и на најпрестижните џез фестивали во земјата. Реут решава да се посвети на тромбонот и докажува дека е извонредно инспиративен иноватор на инструментот. По некое време, заедно со својот сопруг, тапанарот Игал Фони, заминува во Њујорк, кадешто живее и создава музика веќе една деценија, соработувајќи, снимајќи и настапувајќи со извонредни музичари од различни полиња: латино, клезмер, рок, блуз, џез, современа класична и импровизирана музика. Ентони Брекстон, Френк Лондон, Буч Морис, Џои Батан, Firewater, Елиот Шарп, Дејв Даглас, Metropolitan Klezmer, Hazmat Modine и многу други ја бираат токму Реут за своите проекти и турнеи. По повеќегодишна соработка во различни формации, таа конечно решава да направи сопствен проект. Заедно со сопругот Игал и со неколку истакнати музичари од њујоршката сцена, го снима својот деби албум “This is R*time”. All About Jazz го нарекува „извонредно деби“, „возбудливо отворено и модерно“, а Jazz Times за него пишува дека е „диво имагинативен, провокативен и виртуозен проект“. Во 2009 година, Реут, Игал и R*time ја започнуваат својата прва голема турнеја, настапувајќи на повеќе фестивали во Европа и Северна Америка, кадешто добиваат одлични критики. Born and raised in Israel, trombonist, composer and bandleader Reut Regev started shaping her impressive reputation on the jazz scene at young age. At only five years old she was introduced to the piano, and then at the age of thirteen added the trombone. While in high school, she had the opportunity to play with some of Israel’s most creatively improvisational musicians, as well as perform at Israel’s top jazz festivals. Reut eventually decided to concentrate on her beloved trombone, and has proven to be a remarkably inspiring innovator. Soon, she made her way to NYC, joining her now husband, drummer Igal Foni. Reut has been living and creating music in NYC for over a decade, collaborating, recording and touring with some of the finest musicians in various fields, including latin, klezmer, rock, blues, jazz, contemporary classical and improvised music. Anthony Braxton, Frank London, Butch Morris, Joe Bataan, Firewater, Elliott Sharp, Dave Douglas, Metropolitan Klezmer, Hazmat Modine and many more have picked Reut as their trombonist of choice for tours, recordings and other projects. After years of working mostly as a side musician, Reut has finally decided to put her own spin on things. Together with her husband Igal and some of the top musicians in NYC, she has recorded her debut album “This is R*time”. All About Jazz calls it “a stunning debut”, “breathtakingly expansive and unabashedly modern” and the Jazz Times says “wildly imaginative, provocative and virtuosic”. Starting in the fall of 2009, Reut, Igal and R*time began touring extensively, being featured in multiple European and North American Festivals, and receiving fantastic reviews and support. www.reutregev.com
Photo: Peter Rigaud
KRISTJAN JARVI conductor VLATKO STEFANOVSKI guitar MIROSLAV TADIC guitar THEODOSII SPASSOV kaval MACEDONIAN PHILHARMONIC ORCHESTRA
19 ОКТОМВРИ · УНИВЕРЗАЛНА САЛА, 20:30
“BALKAN FEVER” with KRISTJAN JARVI & MACEDONIAN PHILHARMONIC orchestra featuring VLATKO STEFANOVSKI, MIROSLAV TADIC & THEODOSII SPASSOV “Balkan Fever” е опојна фолк-џез фузија споена со вртоглави симфониски звуци и балкански ритмови, вечер раководена од харизматичниот естонско-американски диригент Кристјан Јарви, како дел од неговата концертна серија на џез и музика од светот. Под диригентската палка на Јарви, Македонската филхармонија заедно со кавалџијата Теодосиј Спасов и гитаристите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, изведува аранжмани на балкански песни создадени од страна на Спасов, кои во еден исклучително енергичен микс на фолклорни и џез ритми ја соединуваат балканската традиционалната музика, симфонискиот звук и џезот. Овој концерт претставува балканска премиера на проектот, којашто следува по годинешниот настап во Барбикан центарот во Лондон заедно со Лондонскиот симфониски оркестар, како и концертите во Монте Карло и Лајпциг. Кристјан Јарви е роден во Талин, Естонија, а школуван во Њујорк. Во младоста се запознава со повеќе музички стилови, што води кон формирањето на Absolute Ensemble во 1993 година, еклектичен состав познат по својот репертоар што се протега од барок до рок музика. Во 1998 година, Јарви е назначен за асистент-диригент на Филхармонијата на Лос Анџелес, позиција на која останува до 2000 година. Низ годините, тој активно концертира со Absolute Ensemble, а се појавува и како гостин-диригент на повеќе светски оркестри во Гетеборг, Детроит, Бамберг, со Кралската филхармонија на Стокхолм, Рускиот национален оркестар, Камерниот оркестар на Талин и многу други. Во 2004 година, Јарви е назначен за главен диригент на оркестарот Tonkünstler од Виена. Меѓу позначајните негови проекти надвор од класичната музика се соработката со џез пијанистот и композитор Џо Завинул на неговиот последен албум “Absolute Zawinul”, како и концертите со индиската ситаристка Анушка Шанкар. Intoxicating folk-jazz fusion meets whirling symphonic sounds and Balkan beats in “Balkan Fever”, an evening curated by charismatic Estonian/American conductor Kristjan Järvi, as part of his series of world music and jazz collaborations. Under Järvi’s baton, Macedonian Philharmonic Orchestra and featuring three Balkan virtuosos, kaval player Theodosii Spassov and guitarists Vlatko Stefanovski and Miroslav Tadic play Balkan song’s arrangements made by Spassov, which combine traditional music and Western jazz in a highly charged mix of folk and jazz beats. This concert is a Balkan premiere of the project, following the Barbican performance with London Symphony Orchestra, and concerts in Monte Carlo and Leipzig in 2013. Kristjan Järvi was born in Tallinn, Estonia and was raised and educated in New York. Järvi’s exposure during his youth to various musical styles in New York led to his establishment of the Absolute Ensemble in 1993, an eclectic group since praised for its performances of both Baroque and rock compositions. In 1998 Järvi was appointed assistant conductor of the Los Angeles Philharmonic Orchestra and held the post through 2000. He continued concertizing and recording with the Absolute Ensemble, and appeared ubiquitously as guest conductor of numerous orchestras, including those in Gothenburg, Detroit, and Bamberg, the Royal Stockholm Philharmonic and Russian National orchestras, the Tallinn Chamber Orchestra, and many others. In 2004 Järvi accepts the appointment of principal conductor of the Vienna-based Tonkünstler Orchestra. Among his most important projects other than in classical music are the collaboration with jazz pianist and composer Joe Zawinul on his last album “Absolute Zawinul”, as well as concerts with Indian sitar player Anoushka Shankar. www.kristjanjarvi.com
NICOLA CONTE guitar PIETRO LUSSU piano LUCA ALEMANNO doublebass MARCO VAELRI drums GAETANISSIMO PARTIPILO sax FRANCESCO LENTO trumpet BRIDGETTE AMOFAH vocal
19 ОКТОМВРИ · СИТИ ХОЛ ЦЕНТАР, 24:00
NICOLA CONTE COMBO Влијателниот италијански ди-џеј, продуцент и гитарист Никола Конте е познат по создавањето на иновативен стил, спој на есид-џез со боса нова теми, музика од италијанските филмови од 60-тите и 70-тите, како и лесно слушливи мелодии. Конте, класично образован музичар, е главниот идеолог зад колективот преродбеници на есид-џез музиката од Бари, “The Fez Collective”, како и на издавачката куќа Schema, којашто го промовира нивниот специфичен италијански израз. Првиот албум на Конте “Jet Sounds” (2000) се здобива со голема популарност веднаш по издавањето. Синглот “Bossa Per Due” стекнува меѓународни признанија и се појавува на топ листите на повеќе музички списанија, ориентирани кон клупска музика. Албумот се појавува на американскиот пазар во летото 2001 година, под етикетата Eighteenth Street Lounge, сопственост на Thievery Corporation, под наслов “Bossa Per Due”, и претставува малку изменета верзија на италијанскиот албум “Jet Sounds”. Следува “Jet Sounds Revisited”, ремикс албум од крајот на 2002 година. Две години подоцна, Blue Note од Франција го издава следниот албум на Конте, “Other Directions”. Во октомври 2008 година, Конте го издава и третиот носач на звук “Rituals”. На последното остварување “Love & Revolution”, коешто излезе во мај 2011 година, за познатата етикета од шеесеттите, Impulsе, Никола воведува сосема нов музички концепт. Музиката и духот на албумот се инспирирани од афро, латино, џез и соул музиката од 60-тите. Низ својата музика и стихови Конте ги рефлектира општите социјални и политички проблеми на човештвото. “Love & Revolution” обединува повеќе извонредни светски музичари, меѓу кои американската пејачка Наила Портер и фантастичната Бриџит Амофа, како и џез пејачите Хозе Џејмс и Грегори Портер. Nicola Conte, the influential Italian DJ, producer and guitar player known for introducing an innovative style of acid jazz that incorporates bossa nova themes, melodies drawn from Italian film scores of the 60s and 70s and easy listening themes. Conte, a classically-trained musician, is mastermind of a collective of acid jazz revivalists, “The Fez collective,” based in the Italian town of Bari, and the Schema label, their record label for promoting their distinctly Italian approach to acid jazz. Conte’s first album, “Jet Sounds” of 2000 became popular soon after the release. The single “Bossa Per Due” gained international recognition and got charted in numerous club-focused music magazines. The album was licensed for American distribution by Thievery Corporation’s Eighteenth Street Lounge label in the summer of 2001, as “Bossa Per Due”, and was slightly reconfigured version of the Italian “Jet Sounds” album. This was followed by the “Jet Sounds Revisited” remix album in late 2002. Two years later, Blue Note’s French subsidiary released Conte’s next album “Other Directions”. In October 2008, Conte released his third album, “Rituals”. For his latest album “Love & Revolution”, which has been released through the famous sixties jazz label Impulse in May 2011, Nicola’s guideline was a whole new musical concept. The music and the spirit of the album were basically inspired by afro, latin, jazz and soul from the sixties. Influenced by this significant period of time Nicola reflected general social and political problems of mankind through his music and lyrics. “Love & Revolution” featured various outstanding international musicians such as American singer Nailah Porter and the amazing Bridgette Amofah, as well as jazz singers Jose James and Gregory Porter. www.nicolaconte.it
Photo: Ziga Koritnik
ROSCOE MITCHELL alto & soprano sax, flute, clarinet HUGH RAGIN trumpet TYSHAWN SOREY drums, trombone, piano
20 ОКТОМВРИ · УНИВЕРЗАЛНА САЛА, 20:00
ROSCOE MITCHELL TRIO Роско Мичел е еден од најзначајните композитори и џез инструменталисти-импровизатори на нашето време, голем музички мислител, педагог и концептуалист. Лидер во полето на авангардниот џез и современата музика, Мичел е познат како еден од основачите на Асоцијацијата за унапредување на креативните музичари (AACM) и основач на една од најпознатите џез групи во светот: The Art Ensemble of Chicago. Покрај неговото мајсторство на саксофон, тој е иноватор во употребата на колажни техники, репетиција, тишина, гласност, како и на некои од специјалните „мали“ инструменти што ги користеа The Art Ensemble of Chicago: блок флејта, хармоника, свирче, како и палета на мали перкусивни инструменти, разни тропалки и ѕвончиња. Мичел, заедно со своите колеги од AACM, особено Ентони Брекстон и Лео Смит, отиде уште еден чекор подалеку во иновациите на првата генерација фри-џез музичари (Орнет Коулман, Сесил Тејлор и Алберт Ајлер). Мичел снимил над 100 албуми и создал неколку стотици композиции. Неговите композиции се движат од класични до современи, од „див“ и моќен фри-џез до орнаментирана камерна музика. Кога се потпира врз структуирани и формални џез конвенции, Мичел може да делува помпезно и дисонантно. Од друга страна, пак, неговите „излети“ во атонални, слободни импровизации (со одредена или неодредена структура) се исто толку спонтани и емоционално задоволувачки како најдобрите џез композиции. Мичел е трпелив и импулсивен импровизатор, наклонет едновремено да создаде хаос и ред, чистота и комплексност. Лирскиот квалитет на неговиот саксофон ја истражува силата на инструментот како машина за свирење интервали. Без оглед дали свири нежно или гласно, бавно или брзо, музицирањето на Мичел е секогаш исполнето со страст и интензитет. Roscoe Mitchell is one of the most important composer-jazz instrumentalist-improvisers of our time as well as a major musical thinker, educator and conceptualist. A leader in the field of avant-garde jazz and contemporary music, he is well known as a founding member of Association for the Advancement of Creative Musicians (AACM) and the founder of one of jazz’s most recognized groups: The Art Ensemble of Chicago. In addition to his mastery of the saxophone, he is an innovator in the use of collage techniques, repetition, silence, noise, and the AEC’s specialty “little instruments”: recorder, harmonica, whistle, and a range of small percussives like gourds and bells. Mitchell, along with his colleagues in the Chicago-based AACM particularly Anthony Braxton and Leo Smith, took the next step from the innovations of firstgeneration Free Jazz (Ornette Coleman, Cecil Taylor and Albert Ayler). Mitchell has recorded over 100 albums and has written hundreds of compositions. His compositions range from classical to contemporary, from wild and forceful free jazz to ornate chamber music. When relying on structural and formal jazz conventions, Mitchell can often come off as stilted and unswinging. On the other hand, his forays into free-time, nontonal improvisation (both structured and unstructured) are as spontaneous and as emotionally satisfying as the best jazz. He’s at once a patient and impulsive improviser, prone to alternating episodes of order and chaos, clarity and complexity. At his most lyrical, Mitchell’s saxophone lines exploit the instrument’s strength as an interval-making machine. Whether playing soft or loud, slow or fast, Mitchell’s playing is invariably suffused with passion and intensity. www.aacmchicago.org/roscoe-mitchell
CASSANDRA WILSON guitar, vocals BRANDON ROSS electric guitar, banjo, vocals MELVIN GIBBS electric bass J.T. LEWIS drums
20 ОКТОМВРИ · УНИВЕРЗАЛНА САЛА, 20:00
HARRIET TUBMAN & CASSANDRA WILSON present “Black Sun” Двократната добитничка на наградата „Греми“, Касандра Вилсон е џез музичар, пејач, композитор и продуцент од Џексон, Мисисипи, позната по својата извонредна способност да спојува различни стилови и изрази. „Кралицата на вокалниот џез“ започнува да свири пијано на шест, а гитара на дванаесетгодишна возраст, и до средината на 70-тите години настапува како вокалистка, изведувајќи разновиден материјал. По доаѓањето во Њујорк, на почетокот на 80-тите, Касандра го среќава саксофонистот Стив Коулман, со кого го формираат M-Base Collective. Во 1992 година, таа потпишува договор со Blue Note Records и го издава познатиот албум “Blue Light ‘Til Dawn”, со кој го трасира патот на новата генерација џез пејачки. Вилсон продолжува да интерпретира џез музика на свеж и креативен начин, но и стара блуз, кантри и фолк музика. Именуван според легендарната поборничка против ропството на црнечкиот народ, Harriet Tubman е музички колектив, формиран кон крајот на 90-тите од страна на гитаристот и вокалист Брендон Рос, басистот Мелвин Гибс и тапанарот Џ.Т. Луис. Рос, Гибс и Луис заедно настапувале со некои од најзначајните музички иноватори и визионери од втората половина на 20-тиот век: Херби Хенкок, Хенри Тредгил, Тони Вилијамс, Дон Пулен, Тина Тарнер, Џејмс Блад Алмер, Роналд Шенон Џексон, Оливер Лејк, Мухал Ричард Абрамс, Арета Френклин, Буч Морис и многу други. Музиката на Harriet Tubman истовремено звучи познато и свежо, овозможувајќи и на публиката да го почувствува нејзиното слободно течение, без да биде оптоварена со стилови и жанрови. Магичниот глас на Касандра Вилсон и уникатните способности на членовите на Harriet Tubman демонстирани на нивниот нов заеднички проект “Black Sun”, ќе ја претвори оваа вечер во незаборавно искуство. Double Grammy award winner Cassandra Wilson is a jazz musician, vocalist, songwriter, and producer from Jackson, Mississippi, known for her outstanding ability to mix styles and expressions. The “Vocal Jazz Queen” began playing piano at six, guitar by the age of twelve and was working as a vocalist by the mid-’70s, singing a wide variety of material. After moving to New York City in the early 80’s, Cassandra met saxophonist Steve Coleman and became one of the founding members of the M-Base Collective. She signed with Blue Note Records in 1992 and released a landmark album titled “Blue Light `Til Dawn” which would pave the way for a new generation of jazz singers seeking an approach and repertoire that challenges the supremacy of the American Standard songbook. Wilson has continued interpreting in fresh and creative ways vintage blues, country and folk music up until the present day. Named after legendary anti-slavery resistance personality, Harriet Tubman is a music collective of guitarist/vocalist Brandon Ross, bassist Melvin Gibbs and drummer JT Lewis. Far from being underground, Ross, Gibbs and Lewis have collectively performed with some of the most important musical innovators and visionaries of the last half of the 20th century: Herbie Hancock, Henry Threadgill, Tony Williams, Don Pullen, Tina Turner, James Blood Ulmer, Ronald Shannon Jackson, Oliver Lake, Muhal Richard Abrams, Aretha Franklin, Butch Morris, and many others. Harriet Tubman’s music sounds both familiar and fresh, allowing the audience to experience the music free from distracting labels of style or genre. Cassandra Wilson’s magical voice and band’s unique talents, demonstrated on their new project “Black Sun”, will turn this night into an unforgettable experience. www.cassandrawilson.com
Photo: Petra Cvelbar
PETER EVANS trumpet JOHN HEBERT bass KASSA OVERALL drums
20 ОКТОМВРИ · СИТИ ХОЛ ЦЕНТАР, 24:00
PETER EVANS ZEBULON TRIO Питер Еванс е член на њујоршката музичка заедница од 2003 година, кога во градот доаѓа по дипломирањето класична труба на Конзерваториумот во Оберлин. Питер моментално работи на повеќе полиња, вклучително соло изведби, настапи со камерни оркестри, перформанси, слободна импровизација, електро-акустична музика и композиција. Групите со кои настапува се: Peter Evans Quartet, Mostly Other People Do The Killing на Мопа Елиот, хиперактивното импровизаторско дуo Sparks (заедно со Том Бланкарт), дуото со трубачот Нејт Вули, како и соло перформансите. Меѓу останатите соработки на Еванс се и оние со Питер Броцман, Мери Халворсон, Џим Блек, Еван Паркер, Дејв Тејлор, Стив Бересфорд, Окиунг Ли, Кеиџи Хаино и Тобајас Делиус. Еванс е заслужен за придвижувањето на трубата кон нови, витални звучни пространства, кадешто се преплетуваат шумови, електронска музика и слободни џез импровизации. Формирано во 2010 година, триото на Питер Еванс со Џон Хеберт на бас (Фред Херш, Ендру Хил) и Каса Оуверол (Das Racist, Ајрон Соломон, Џери Ален) се фокусира на композиции што константно осцилираат меѓу гласни импровизации и прецизно нотирани структури, со акцент врз колективната интеракција. Најновиот албум на Peter Evans Trio, “Zebulon” (2013), именуван според сега веќе непостоечкиот клуб во Бруклин, го истражува џезот од традицијата на Луис Армстронг, Дизи Гилеспи, Рој Елдриџ, Клифорд Браун, Фреди Хабард... но давајќи им нова слободна енергија на swing и bop изразот, како порано никогаш да не постоеле post-bop, loft-jazz, cool jazz, Орнет Коулман, Алберт Ајлер и се‘ што е помеѓу. Peter Evans has been a member of the New York musical community since 2003, when he moved to the city after graduating Oberlin Conservatory with a degree in classical trumpet. Peter currently works in a wide variety of areas, including solo performance, chamber orchestras, performance art, free improvised settings, electroacoustic music and composition. Current bands include the Peter Evans Quartet, Moppa Elliott’s terrorist bebop band Mostly Other People Do The Killing, the hyperactive improvisation duo Sparks (with Tom Blancarte), duo with trumpeter Nate Wooley, as well as a sustained interest in solo performance. Other collaborators include: Peter Brotzmann, Mary Halvorson, Jim Black, Evan Parker, Dave Taylor, Steve Beresford, Okkyung Lee, Keiji Haino and Tobias Delius, among others. Evans is credited with moving the instrument into new and vital areas of sound that overlap with noise, electronic music, and recent advances in jazz and improvisation. Formed in 2010, Peter Evans Trio with John Hebert on bass (Fred Hersch, Andrew Hill) and Kassa Overall (Das Racist, Iron Solomon, Geri Allen) examines the spare instrumentation with compositions which constantly oscillate between loose improvisational frameworks and precise notated structures, with an emphasis on collective interaction. This year’s album by Peter Evans’ “Zebulon” Trio recorded at and named after the now defunct Brooklyn club, explores jazz that continues the legacy of performances by Louis Armstrong, Dizzy Gillespie, Roy Eldridge, Clifford Brown, Freddie Hubbard... but then pushing swing and bop into a new high energy free playing zone, as if post-bop, loftjazz, cool jazz, Ornette Coleman, Albert Ayler and everything in between had never existed. www.moreismorerecords.com/peterevans.html
Photo: Denis Rouvre
IBRAHIM MAALOUF trumpet YOUENN LE CAM trumpet YANN MARTIN trumpet MARTIN SACCARDY trumpet SFRANK WOESTE keyboard FRANCOIS DELPORTE guitar LAURENT DAVID bass XAVIER ROGE drums
21 ОКТОМВРИ · УНИВЕРЗАЛНА САЛА, 20:00
IBRAHIM MAALOUF ILLUSIONS Парискиот трубач со либанско потекло, Ибрахим Малуф, ја учи четвртонската техника на Средниот Исток од неговиот татко, кој свирел на лимени дувачки инструменти. Како млад, Малуф победува на неколку натпревари за класична музика, и потоа започнува сам да се едуцира во џез музиката. По извонредната кариера како класичен трубач, кога освојува повеќе интернационални награди во Франција, Унгарија, Финска и САД, како и диплома од Националниот Конзерваториум за музика во Париз, Ибрахим стекнува популарност на музичката сцена благодарение на неговата соработка со пејачи како Стинг, Амаду и Мариам, Ласа де Села, Метју Шеди и многу други, кои го користат неговиот звук и уникатен стил на музицирање за да ја „обојат“ сопствената музика. Ибрахим за кратко време станува познат во светот на џезот и неговите три албуми “Diasporas” (2007), “Diachronism” (2009) и “Diagnostic” (2011), се здобиваат со признанија од критиката во Франција и во светот. Музицирањето на Малуф е длабоко инспирирано од арапската култура, но инструментите околу него (бас, електрична гитара, тапани, арапски удиралки и вибрафон), како и музичарите со кои настапува, му даваат современ рок, електро и џез-фанк шмек. Музиката на неговите концерти е толку стимулативна, што ги тера луѓето да станат и да танцуваат. Малуф е во голема мера инспириран од културата од којашто потекнува. Албумот “Wind” (2012) со неговиот њујоршки квинтет, на кој гостуваат Марк Тарнер на саксофон и Кларенс Пен на тапани, со сигурност ќе го прошири кругот на неговата публика. По “Wind” кој е чисто акустички џез албум, Ибрахим Малуф се враќа со електронски албум, наречен “Illusions”, кој ќе биде издаден во ноември. Paris-based Lebanese trumpeter Ibrahim Maalouf learned a Middle Eastern quarter-tone technique from his brass-playing father, started out winning classical competitions, and then taught himself jazz. Following a prestigious classical career sanctioned by several international awards (France, Hungary, Finland, USA), and the diploma of the Conservatoire National Supérieur de Musique de Paris, Ibrahim became a well-known figure on the music scene thanks to his collaboration with singers such as Sting, Amadou et Mariam, Lhasa de Sela, Matthieu Chédid and many others who wanted to use his sound and his unique playing style to colour their music. Ibrahim was rapidly recognized by the jazz world and his three first albums “Diasporas” (2007), “Diachronism” (2009) and “Diagnostic” (2011) were unanimously acclaimed by the national and international press. His music and his trumpet playing are strongly inspired by his Arabic culture, but the instruments around him (bass, electric guitar, drums, Arabic percussion and vibraphones) and the musicians with whom he performs give a more contemporary rock, electro and jazz-funk flavor to his music. His concerts are generally built around stimulating music that makes people want to get up and dance. But there is always a short, more contemplative, mystical interlude during his concerts, which he calls “a collective universal prayer”. Maalouf gets a lot of his inspiration from his culture of origin. His latest album “Wind” (2012) featuring his New York Quintet: star sidemen Mark Turner (sax) and Clarence Penn (drums), seems certain to broaden his audience. After “Wind”, a purely acoustic jazz album, Ibrahim Maalouf comes back with a more electric album, called “Illusions”, to be released in November. www.ibrahimmaalouf.com/
Photo: Mark Higashino
DAVE HOLLAND bass KEVIN EUBANKS guitar CRAIG TABORN fender rhodes, piano ERIC HARLAND drums
21 ОКТОМВРИ · УНИВЕРЗАЛНА САЛА, 20:00
DAVE HOLLAND PRISM
featuring KEVIN EUBANKS, CRAIG TABORN and ERIC HARLAND
Многу повеќе од репутацијата на еден од најдобрите басисти во историјата на џезот, Дејв Холанд, родум Англичанец, освои многу непознати и недостапни музички територии, и тоа од моментот кога во 1968 година Мајлс Дејвис го повика во својата група, којашто рапидно еволуираше од експлозивна акустична формација до пионерски фјужн-состав. Господар на тонот и ритамот, басист, композитор и лидер на бендови, Холанд е денес во петтата деценија од својата кариера, со калеидоскопски богат опус зад себе. Неговиот музички пат го води од границите на слободната импровизација до модерните состави коишто целосно ја прифатија филозофијата „свирење се“ на Сев Риверс. Соло и преку соработки, Холанд прерасна во доминантен глас на 70-тите - во партнерство со Риверс, како и работејќи со неколку фолк и рок музичари, меѓу кои Бони Рајат и Џон Хартфорд, па дури имаше и една кратка средба со Џими Хендрикс. Холанд го формира својот прв квинтет во 1983 година, го издава албумот “Jumpin’ In”, но паралелно со снимањето и водењето свои состави, продолжува да развива различни плодни соработки со музичари како Ентони Брекстон, Стен Гец, Касандра Вилсон, Џек ди Џонет, Чик Кореа, Џо Хендерсон, Телониус Монк, Бети Картер, Пет Метини, Кени Вилер, Бил Фризел, Рој Хејнс, Херби Хенкок... На Скопскиот џез фестивал Дејв Холанд се враќа со својот нов, исклучително моќен проект Prism, во чиј состав се и извонредниот пијанист Крег Таборн, тапанарарот Ерик Харланд и брилијантниот гитарист Кевин Јубенкс, кој со години го предводеше бендот на популарното The Tonight Show. Комбинирајќи ја прочуената виртуозност на Таборн на електрично и акустично пијано, емотивниот рафал на Јубенкс, како и софистицираниот израз на Харланд, овој експлозивен квартет го претставува најдоброто од Холанд. Far more than one of the jazz’s greatest bassists, Wolverhampton, England, native Dave Holland has inhabited the music’s adventurous edge ever since Miles Davis hired him to anchor his band in 1968 as it rapidly morphed from an acoustic powerhouse to a pioneering fusion combo. A master of tone and rhythm, the bassist, composer, and bandleader is now in his fifth decade as a performer and his music possesses a rich and kaleidoscopic history. His path has led him from the frontiers of free improvisation to his modern ensembles that fully embody the Sam Rivers-instilled philosophy of “playing all of it”. Solo, and in collaboration, Holland became a dominant voice in the 1970s – partnering with Rivers, and working with folk and rock musicians such as Bonnie Raitt and John Hartford, and even had a passing encounter with Jimi Hendrix. He formed his first working quintet in 1983, and released “Jumpin’ In”, and, besides regularly leading and recording with his own groups, continued to develop other varied and fruitful relationships with artists such as Anthony Braxton, Stan Getz, Cassandra Wilson, Jack DeJohnette, Chick Corea, Joe Henderson, Betty Carter, Pat Metheny, Kenny Wheeler, Bill Frisell, Roy Haynes, Herbie Hancock... Holland returns to the Skopje Jazz Festival with his aptly-named Prism project featuring ingenious keyboardist Craig Taborn, drummer Eric Harland and Kevin Eubanks, a brilliant guitarist who led The Tonight Show band for years. Combining the celebrated virtuosity of Taborn on electric and acoustic pianos and the soulful fire of Eubanks in the front line with Harland’s matchless finesse and expressiveness, this decidedly plugged-in quartet is an explosive outlet for Holland at his best. www.daveholland.com
Photo: Oliver Belopeta
ROB MAZUREK cornet, electronics GUILHERME GRANADO keyboards, electronics, samplers MAURICIO TAKARA drums, percussion, cavaquinho, electronics
21 ОКТОМВРИ · СИТИ ХОЛ ЦЕНТАР, 24:00
ROB MAZUREK & SAO PAULO UNDERGROUND Роб Мазурек е прогресивен трубач и композитор, кој од средината на 80-тите години на минатиот век ги руши границите меѓу музичките жанрови, како предводник на групите Isotope 217, Chicago Underground Collective, Starlicker и Exploding Star Orchestra, а настапува и снима и со Stereolab, Tortoise, Jim O’Rourke, Pharoah Sanders и многу други чијшто интерес е создавање нова, модерна, интересна џез и рок музика. Покрај работата во сиве овие состави, Роб Мазурек живее неколку години во бразилскиот Амазон. За тоа време, тој повремено го посетува културниот и економски центар на Бразил - Сао Пауло. Таму ги запознава Маурисио Такара и Гиљерме Гранадо, од андерграунд сцената на Сао Пауло. Во 2006 година, нивниот состав, São Paulo Underground го издава својот деби албум “Sauna: Um, Dois, Três” кој се стекнува со одлични рецензии и со кој Мазурек настапува во живо на турнеи низ САД, Европа и Јужна Америка. Во 2008 година, групата го издава “The Principle of Intrusive Relationships”, кој во списанието Wire е прогласен за еден од најдобрите албуми во 2008 година. Третиот албум на бендот, “Três Cabeças Loucuras”, беше издаден во октомври 2011 година од страна на Cuneiform Records. Не е лесно да се опише музиката на овој состав. Во São Paulo Underground постои фасцинантна музичка синтеза на вселенската енергија на Сан Ра, ритмите на самба и маракату, како и традициите на рок-музиката и фри-џезот. На “Três Cabeças Loucuras”, силните дувачки линии на Мазурек се судираат со полиритмијата на перкусиите и електронските текстури на неговите бразилски колеги, создавајќи нова парадигма, во која бразилскиот ритам, амбиентална атмосфера и пост-боп хармонските прогресии формираат витален, вибрантен звук. Rob Mazurek, a fearlessly forward-looking trumpeter and composer, has been battering down the borders between musical genres since the mid ‘80s, leading Isotope 217, the Chicago Underground collective, Starlicker and the Exploding Star Orchestra, among other things, and performing or recording with everyone from Stereolab, Tortoise and Jim O’Rourke to Pharoah Sanders and many more whose work reflects a keen interest in modern, interesting music, both from the jazz and rock traditions. While managing and developing these and other ensembles in Chicago, Rob spent several years living in the Brazilian Amazon. During this time, he would occasionally travel to the thriving cultural and economic metropolis of São Paulo. It is here that Rob met Mauricio Takara and Guilherme Granado, among other members of the city’s rising underground music movement. In 2006, São Paulo Underground released its debut album “Sauna: Um, Dois, Três” to much international acclaim, and began performing live, as a duo, in the U.S., Europe and South America. In 2008, they released “The Principle of Intrusive Relationships”, which was listed among the Top 50 Records of 2008 by The Wire. The group released its third album, “Três Cabeças Loucuras”, on Cuneiform Records in October 2011. To describe the music the quartet creates is futile. São Paulo Underground embodies a fascinating musical mixture of Sun Ra-esque cosmic noise and rhythms and phrasing from samba, maracatu, rock and free jazz traditions. On “Três Cabeças Loucuras”, Mazurek’s hard-driving hailstorm of cornet lines collides with the polyrhythmic percussion and electronic textures of his Brazilian compatriots, a new paradigm is created, where Brazilian grooves, ambient atmospheres, and post-bop harmonic leaps come together for a vital, vibrant feel. www.robmazurek.com
SJF RECORDS
w
on tour THE BACKYARD JAZZ ORCHESTRA
Ne
Ne
w
division of Skopje Jazz Festival
unfinished business OSCAR SALAS & KUBALKAN ENSEMBLE
SJF RECORDS / SKOPJE JAZZ FESTIVAL Maksim Gorki 5, 1000 Skopje, Macedonia phone: +389 2 3131 090; fax: +389 2 3225 033 e-mail: sjf@skopjejazzfest.com.mk www.skopjejazzfest.com.mk
boston TONI KITANOVSKI, GREG HOPKINS & FRIENDS
nights of skopje DUSKO GOJKOVIC GIANNI BASSO QUINTET
el raval VASIL HADZIMANOV TRIO
bioscopia ELENA HRISTOVA & GORAN TRAJKOSKI
balkano nuevo ZORAN MADZIROV
letecki pekinezeri LETECKI PEKINEZERI
korab SETHSTAT
love is the way DUKE BOJADZIEV
myau myau GEORGI SARESKI QUARTET
incubator PROJECT ZLUST
me mankas mucho BAKLAVA wild flower IVAN IVANOV QUARTET
32. SKOPJE JAZZ FESTIVAL Under patronage of: THE MINISTRY OF CULTURE OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA Exclusive sponsor: T-Mobile / makedonski telekom Sponsors: PRILEPSKA PIVARNICA ELEM TIKVES WINERY APOLLONIA GROUP AND FOUNDATION EUROLINK OSIGURUVANJE NEOCOM JOHNNIE WALKER DHL EXPRESS MACEDONIA and: SKENPOINT NEW MOMENT NEXTSENSE POLYESTERDAY CODEWELL KLIPING Supported by: THE CITY OF SKOPJE and: EMBASSY OF THE UNITED STATES OF AMERICA DELEGATION OF THE EUROPEAN UNION Media sponsors: MRT, 24 Vesti, Alfa TV, Telma, Antenna 5, Metropolis, City Radio, Kanal 103, Jazz FM, Republika, Kapital, idividi.com.mk, off.net.mk, on.net.mk, nastani.time.mk, plusinfo.mk, karmakasha.mk, balkon3.com, mkd.mk, mmm.com.mk, plagij.at Publisher: Skopje Jazz Festival For the publisher: Oliver Belopeta Poster design: Tabi Aziri Catalogue design: Tabi Aziri / New Moment Print: Skenpoint
SKOPJE JAZZ FESTIVAL Maksim Gorki 5, 1000 Skopje, Macedonia phone: +389 2 3131 090; fax: +389 2 3225 033 e-mail: sjf@skopjejazzfest.com.mk www.skopjejazzfest.com.mk