број 105 јули 2014 50 ден www.ffrm.org.mk
КоМБАЈН ЗА зелка
41 хектар органско јаболко Како се прави правилна берба и чување
Како да се справите со бактериите
Одгледување на вишна
Во иста година садиш и береш
КОМПЛЕТНА ФИНАНСИСКА ПОДДШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ
УРЕДНИЧКИ ЗБОР
Прашање и одговор Крајот на јуни секогаш се актуелни летните горештини, кои најмногу асоцираат на поче токот на жетвата на пченицата. Но, да не за боравиме дека тие асоцираат и на жешката ситуација, која секогаш се јавува околу дефи нирањето на цената на пченицата.
СОДРЖИНА ФФРМ: Инсталирање на софтвер на 100 фарми
5
Оваа година се поставуваат три прашања: Дали земјоделците и откупувачите ќе се до говорат за откупната цена? (традиционално прашање) Дали ќе има доволна количина на пченица, кога ќе се земе во предвид фактот дека во Србија имаше поплави?
8
Градинарство Справување со топлотните бранови
Ќе се почитуваат договорите и законските обврски? Она што се има како сознание е тоа дека во Србија има доволно количини на пченица за извоз, додека другите две прашања се отво рени и треба да се седне на маса за да се по стигне договор.
Поледелство Како да се сузбие жолтата трева
26
Токму на тоа треба да се работи за подобру вање на дијалогот и почитувањето на прави лата. Кога тоа ќе се постигне, може да се каже де ка ќе имаме напредок. Но, сепак останува отворено пра шањето, кое заслужува одговор.
Сточарство Соја и сточен грашок оброк за стоката
29
Со почит м-р Билјана Петровска-Митревска Цвеќарство Цвеќе познато за македонските градини
Списанието „Моја земја” излегу ва месечно и е во сопственост на Федерацијата на фармерите на Република Македонија. Првиот број излезе како организациски билтен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се дистр ибуира како месечно спе цијализирано списание за зем јоделство и рурален развој.
Главен и одговорен уредник Билјана Петровска Митревска biljana.petrovska@ffrm.org.mk Моја земја, Јули 2014 Издавач: ФФРМ Медија Ул. Гиго Михаловски бр. 3, 1000 Скопје Управител: Благојче Најдовски Тел/Факс: 02 3099042 e-mail: mojazemja@gmail.com Број на жиро сметка: 380-1-645333 001-46, Прокредит банка
Печати: Пропоинт Ул.Скупи-20 бр.3 1000 Скопје Печатен на 03.07.2014 Tираж 2500 примероци. Mаркетинг и дистрибуција Благојче Најдовски 070/937132 pcelaveles@yahoo.com Фото вест - насловна Благојче Најдовски
33
Соработник Томе Тимов Стручни соработници Проф. д-р Драги Танески, Асс. Д-р Звезда Богеска, Асс. Д-р Маргарита Давитковска, Раде Каранфиловски, Стојан Глигоров, Благојче Димитриев, Благој Шоповски, Соња Николова, Јелица Бешлиќ, Горан Миневски, Лазо Папучкоски, Ванчо Захариев, Живко Туфекчиев Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk]
Лектор Верица Неделкоска
Почитувани читатели, сите сугестии, забелеш ки, праш ања и критики, Ве молиме, да ги испраќате на маил адресите наведени во импресумот. Со тоа ќе влијаете на квалитетот на содржината и ќе добиете информации за Ваш е подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пиш увате.
ФФРМ
ФФРМ присуствуваше на првата средба со министерот Цветков Првиот човек на ФФРМ, Никола Стаменов, присуствуваше на првата средба со новиот министер Михаил Цветков, на којашто се разговараше за актуелните проблеми и предизвиците во земјоделството. Посебен акцент беше ставен на овогодишниот откуп на пченицата, кој започнува во овој период. Од страна на Федерацијата на фармерите на РМ беа истакнато дека во иднина посебно внимание треба да се посветува на договорното производство, на заштитата од климатските промени, спроведувањето заеднички активности за осигурување на посевите, како и на заедничкото влијание за добивање на поволни земјоделски кредити. l
Дијалогот важен за договор на цената Никола Стаменов, претседател на ФФРМ, учествуваше на првиот состанок за откупот на пченицата кој се одржа во Свети Николе. На средбата присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, кој оцени дека годинава лебното зрно ќе биде поквалитетно во споредба со лани, а земјоделците ќе имаат и побогат род. На средбата присуствуваа земјоделци и мелничари. Стаменов истакна дека ФФРМ како ор-
ганизација ги штити земјоделците и очекува дека оваа година откупот ќе помине без никакви проблеми со уценување и манипулации кон фармерите и доколку такви работи се повторуваат, ФФРМ ќе реагира. Тој истакна дека ФФРМ и понатаму ќе работи на развој на договорното производство и подобрување на дијалогот помеѓу откупувачите и земјоделците. На средбата се најави дека и во идниот период ќе има интензивни состаноци со земјоделците и мелничарите за минималната цена на лебното жито, но во наредниот период ќе се договараат да се почитуваат правилата и законите од двете страни. l
45 системи „капка по капка“ за пченка во Полог, североисточен и вардарски дел Потпретседателите на ФФРМ, Мемет Синани и Љупче Станковски, присуствуваа на средбите за проширување на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ кои се организираа во рамките на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во Полог, Североисточна и Вардарска Македонија. Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, свечено вклучи два од новите 30 системи за наводнување капка по капка во североисточен и вардарски дел на Македонија. „Минатата година бевме сведоци на неверојатни резултати во Полог и Пелагонија каде што земјоделците кои го користеа системот успеаја да ги зголемат приносите за повеќе од 50%“, рече амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс. „Овој пристап кон земјоделството е економски и еколошки разумен. Системите капка по капка ја користат водата до 60% поефикасно од традиционалното наводнување и ги спречуваат ѓубривата
4 | МОЈА ЗЕМЈА
од протекување во подземните води преку почвата“. Директорот на УСАИД/Македонија, Џејмс Стаин, исто така, свечено вклучи два од новите 15 системи капка по капка во Полог и тоа на полето со пченка на Назуф Џеладини во близина на гостиварското село Тумчевиште и на полето на Билјана Савеска во близина на тетовското село Јанчиште. „Го почнавме овој процес во Полог и Пелагонија во 2013 со донација на 40 системи капка по капка на мали производители на пченка како дел од иницијативата на УСАИД „Да одгледуваме повеќе пченка“, рече Џејмс Стаин, директорот на УСАИД/Македонија“. Ако нашето искуство од минатата година е некаков показател, сигурен сум дека комбинацијата од системите капка по капка и добрите земјоделски практики ќе има огромен ефект врз приносите на пченка“. ФФРМ и списанието „Моја земја“ ја
поддржуваат оваа кампања. Федерацијата со активности е, исто така, вклучена во рамките на проектот со цел ваквите иновативни техники да станат навика и практика во нашето земјоделство, бидејќи го зголемуваат производството. На настаните присуствуваа претставници од владини и невладини институции, компании, експерти и земјоделци. Во 2013 година Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси успеа да ги зголеми приносите на земјоделците кои учествуваа во иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ за повеќе од 50%. Бидејќи пченката во Македонија најчесто се користи за сточна храна, зголемените приноси им овозможуваат на сточарите да нахранат четири пати повеќе крави со истата површина на пченка. Овој пристап на одгледување пченка ќе им овозможи на малите земјоделски бизниси во Македонија да станат поконкурентни, попрофитабилни и поодржливи. l
ФФРМ
Конференција за развој на рурален туризам Жените фармери имаат голем број услови за развој на претприемништво за рурален туризам, но сепак се соочуваат со бариери како што се немање стимулативни мерки, голема миграција село-град, доминација на традиционални закони за наследување, патријархални семејства, мал број регистрирани жени како земјоделци, голем број семејни обврски за жената, недоволна информираност за започнување бизнис. Ова се клучните работи што ги посочи Љубица Џониќ, координатор на Мрежата на жени – фармери во ФФРМ во својата презентација на Конференцијата за развој на руралниот туризам на Балканот која се одржа во Големата сала на Општина Гази Баба во организација на Централна европската иницијатива и Центарот за жени – претприемачи. Целта на Конференцијата е развој на регионалниот рурален туризам преку создавање на Балкански регионален бренд и Стратегија за заеднички настап и меѓусебна поддршка. - Руралниот туризам е клучното решение за локален економски развој. Фокусот треба да се стави на типичното, традиционално производство кое најмногу го негуваат жените. Затоа и нивната улога е многу битна - истакна Алберто Погорелц, висок советник од Италија. Според Виолета Манчевска-Николова, целта е да се понуди туризам на различности преку уникатен пристап за секоја земја и регион на Балканот, да креираме свесност за она што го имаме како понуда, да се поврземе и на туристи од трети земји, како Јапонија или Западна Европа, да им понудиме патување низ повеќе, претходно мапирани тури. Притоа е важно да се почувствува спецификата на руралните подрачја, храната и традицијата во секоја од државите. - Сакаме да ги искористиме нивните потенцијали и капацитети, да спречиме миграција село-град, да им помогнеме економски да зајакнат, да отворат сопствен бизнис во областите што најдобро ги работат, да останат дома и да заработуваат“, истакна Манчевска. Според претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов, во иднина треба да се работи на инфраструктурата и на спроведување на проекти за враќање на младите на селата. „Без нив, реално кажано, не може да го вратиме животот на селата. А тоа може да се направи ако се урбанизираат селата од аспект на добра инфраструктура, отворање на едукативни, здравствени објекти, давање на поволни кредити, зголемување на можностите за локално вработување“, истакна Стаменов. На конференцијата учествуваа претставници од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, БиХ, Унгарија и Италија и во завршниот дел се потпиша меморандум за соработка. l
Веб-платформа за следење на цените на овошјето и зеленчукот ФФРМ во соработка со консултантската куќа „Епицентар“ организира средби на фокус-групите за зеленчук и овошје во рамките на проектот „Б2Б Форум – Работиме заедно за подобрување на синџирот за вредности за овошје и зеленчук“, на коишто се претстави веб-платформата и се дефинираа производите, сортите и изворите на податоци. Целта на фокус-групите е да се употребуваат алатки за собирање информации, подобрување на дијалогот преку развој на функционален модел помеѓу сите засегнати страни, што ќе помогне за подобрување на секторот зеленчук. „Овие податоци ќе овозможат анализа на движењата на пазарните цени за одбрани производи на целата територија на РМ. Во исто време ќе се изврши и следење на цените за сорти и квалитет“, истакнува Димовски од „Епицентар“. Според Љубица Џониќ, координатор на Мрежата на жени фармери во ФФРМ и градинар, оваа платформа е посебно значајна бидејќи со неа ќе се овозможи добивање на цени на производи и сите потребни информации кои се неопходни, како што е производство, пласман, увоз, извоз. „На ваков начин ние ќе добиеме земјоделска берза која е неопходна за развој на градинарството како значајна земјоделска гранка. Без следење на цените и ваквите податоци не може да имаме успешно договорно производство, туку само имаме манипулации и проблеми“, потенцира Џониќ. Средбите на фокус-групите се одржаа во Струмица и Битола, а во јули ќе се одржи средба на двете фокус-групи во Ресен. Имено, Проектот „Б2Б Форум – Работиме заедно за подобрување на синџирот за вредности за овошје и зеленчук“ се реализира од консултантската куќа „ЕПИЦЕНТАР“ во соработка со Федерацијата на фармерите на РМ, а е поддржан од СИППО (Швајцарска програма за промоција на извоз на Switzerland Global Enterprise). l
ЈУЛИ 2014 | 5
ФФРМ
Инсталирање на софтвер за следење на производството на 100 фарми
Ф
едерацијата на фармерите на РМ, Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството и словенечката компанија „Даталаб“ потпишаа меморандум за соработка за реализација на проектот за воведување на добри земјоделски пракси– компонента сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки - преку информатичко комуникациски технологии. Со потпишувањето на овој Меморандум се започнува со поинтензивно спроведување на активностите што значи дека од наесен ќе бидат вклучени дополнителни 100 фарми во примерокот на фармери кои ќе користат модерни информатичко-комуникациски технологии за потребите на водење сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки, што претставува компонента на добрите земјоделски пракси. Станува збор за напредно управување со фарма преку водење сметководство, добри земјоделски практики и евиденција на агротехнички мерки. - Со воведувањето софтверски решенија, практично, се поставуваат темелите на модерното, интензивно земјоделство во Македонија. Ќе покажеме дека наши-
от аграр е европски и дека, покрај државната финансиска поддршка, во него инвестираме многу преку различни проекти - истакна директорот на Агенцијата, Игор Златков. Тој, исто така, нагласи дека многу важна компонента од ИТ менаџирањето на фармите е можноста да се знае каков е начинот на работење, дали има и кои се евентуалните пропусти, како и тоа колкава е цената на чинење на производот. Како што истакна, Андреј Мертељ, директор на „Даталаб“, крајно време е информатиката да му помогне на земјоделството. - Целта ни е многу едноставна. Двојно да се намалат бирократските трошоци и времето потребно за административните процедури, да се подобри квалитетот на храната и количеството на производство. Особено е битно што ќе се намали загадувањето, внесувањето нитрати и потрошувачката на нафта - посочи Мертељ. Според претседателот на Федерацијата, Никола Стаменов, сметководствениот софтвер значително ќе им ја олесни работата на производителите и ќе ги намали манипулациите со нив. - Менаџирањето на фармите преку
компјутер е пракса во европските држави. Тоа сакаме да се применува и тука за да им овозможи на нашите земјоделци благовремен увид во посевите, да знаат како и што се случува со нив и навреме да реагираат ако е потребно. Сето ова се прави со единствена цел, производство на здрава и квалитетна храна - напомена Стаменов. Системот овозможува следење на целото производство со цел да се утврдат пропустите и навремено да се реагира. „На тој начин земјоделците сами ќе си го подобрат работењето и ќе увидат дека системот е корисен. Овоштарите ќе имаат можност базна станица да ги алармира дека опаѓа температурата. Кај нив во зима за една ноќ може да се уништи цело производство. Кај нас, во Повардарието, една ноќ годинава беше ниска температурата и нема кајсии годинава. Ако ова го знаеме пред време, може да преземеме мерки“, рече Љупче Станковски, потпретседател на ФФРМ. За да станат дел од проектот, земјоделците треба да се членови на Федерацијата на фармери и да се занимаваат со земјоделство односно да функционираат како мали или средни претпријатија. l
15 фармери од ФФРМ го инсталираа софтверот Оваа активност е во склоп на една поширока активност на којашто работат ФФРМ и „Даталаб“ во изминатите две години. Во моментот веќе се инсталираат на 15 фарми во рамките на комплементарниот проект со наслов „Агро ИТ“. Преку овој проект се воспоставува платформа во неколку земји од ЕУ која треба да обединува клучни апликации, технологии и услуги, софтверски и мобилни апликации за менаџирање на фарма овозможувајќи управување на фарма преку користење современи ИКТ технологии.
ФФРМ
Полошкото сирење бренд кој треба да се зачува
П
рекрасната природа и производството на белото овчо сирење се основните предиспозиции за развој на руралниот туризам на полошкиот регион. Ова беше потенцирано при посетата на бачилото на овчарот Шабан Нануди на планината Бистра и дегустацијата на овчо сирење во ресторанот „Срна“ во с. Маврово. Настанот е организиран од страна на Федерацијата на фармерите на РМ во рамките на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“. Присутните имаа можност да се запознаат со начинот на чување овци во полошкиот регион и традиционалниот начин на производство на сирење во мандра, лоцирана во прекрасна рурална средина на планината Бистра. Токму овој начин на производство Шабан Нануди им го објасни на посетителите. Потоа се дегустираше бело овчо сирење кое се разликува по вкус и мирис кај секој производител. Со ваквите настани ФФРМ сака да го поттикне развојот на овчарството. „И покрај квалитетното производство на сирење и јагнешко месо, загрижуваат статистичките податоци за овој сектор,
кои покажуваат тенденција на намалување на бројот на овците во последните години и тоа од 778.000 во 2010 на 730.000 во 2013 година. Некогаш оваа бројка изнесувала и повеќе од 2 милиони овци. Поради изумирањето на оваа традиционална земјоделска гранка, сакам да ги охрабриме и мотивираме младите генерации, преку обезбедување на подобри услови за сточарење, да започнат да се занимаваат со чување на овци и производство на овчо сирење како многу благородна дејност. Да не дозволиме младите и понатаму да бараат начини како да се оддалечат од оваа гранка и воопшто од земјоделството и да заминат некаде во странство каде што ќе трагаат по други огништа на живеење“, истакна Никола Стаменов, претседател на ФФРМ. Мартин Клауке, од Делегација на ЕУ во РМ потенцира дека овој проект е насочен за развој на руралниот туризам, бидејќи и самиот регион има голем потенцијал за тоа. „Имаме доста традиционални производи како што е сирењето. Туризмот е поврзан со брендирањето и привлекувањето на туристи преку различни ат-
ракции . Имајќи го тоа во предвид, ние сакаме со овој проект да го промовираме она што е квалитетно за да се привлечат повеќе туристи“, нагласи Клауке. Градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди, потсети дека во овој регион пред неполн век се одгледувале над сто илјади овци и додаде оти сега сточарството може да придонесе за развој на овој крај. На средбата присуствуваа и бизнисмени од Италија кои започнуваат бизниси во РМ со џипови за возење на непроодни планински предели и организирање на вакви тури. Имено, овој настан се организира во рамките на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ кој е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Албанија 2007-2013, спроведуван од страна на Федерацијата на фармери (ФФРМ) како водечки партнер и Албанскиот земјоделски совет (КАШ) и се имплементира во пограничниот регион (поконкретно, регионите Полог и Пелагонија од македонска страна и регионите Дибра и Елбасан од албанска страна. Настанот е поддржан и од „Здравје Радово“ и „Грозд“. l
Соња Србиновска: Мора да се посвети внимание на производството, заштитата и стандардизацијата Македонија изобилува со карактеристични сирења кои се одликуваат со специфичен вкус, карактеристична арома, а некои од нив се со долга традиција на производство. И поради тоа, ако сакаме да ја зачуваме нашата традиционална кујна и нашите културни навики, идентитет и традиција и воедно рамноправно да се бориме на домашниот и на странските пазари, ние мора да посветиме внимание на производството, стандардизацијата и заштитата на нашите домашни сирења со што корист би имале производителите, потрошувачите и локалните заедници и тоа преку: • Зголемeна вредност на производот • Олеснет влез на пазарот • Зачувување на традиционалниот начин на производство • Зачувување на природните ресурси ЈУЛИ 2014 | 7
АПРЗ – ГРАДИНАРСТВО
Справување со
високите температури За да не дојде до преголеми несакани последици, треба превентивно да се дејствува, редовно да се согледуваат состојбите на теренот, да се даваат превентивни насоки кон земјоделскиот производител, и тоа насоки по култури каде што последиците ќе бидат намалени. Посебно внимание треба да се посвети на изборот на семенски материјал, на наводнувањето и прихраната Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров
Е
видентно е дека во изминатите неколку години климатските промени постепено стануваат видливи и тоа посебно високите температури во текот на денот, кои достигнуваат дури и над 40°С. Во последно време се чувствува голема разлика помеѓу дневните и ноќните температури, каде што ноќната температура опаѓа до 10°С, а дневната достигнува до 40°С на отворено, додека во пластениците температурата достигнува и до 60°С. Ваквите температурни амплитуди мора да се сфатат доста сериоз-
но и постепено да се спроведуваат стратегии за деловно избегнување на опасностите и последиците од превисоките температури. Од друга страна, пак, се среќаваме со доста ретки или, пак, краткотрајни врнежи, но поројни. Од таквите врнежи нема никаков ефект и повторно доаѓа до негативни последици врз градинарското производство кое се одгледува посебно на отворено. За да не дојде до преголеми несакани последици, треба превентивно да се дејствува, редовно да се согледуваат состојбите на теренот, да се даваат превентивни насоки кон земјоделскиот производител и тоа
насоки по култури каде што последиците ќе бидат намалени. Земјоделскиот производител треба да биде директно вклучен во овој процес, бидејќи тој управува со површините и посевите, каде што таквите насади ќе бидат дадени, но и од негова страна спроведени за подобар ефект и за увид на добиените позитивни резултати. Пред сè, постепено треба да се пристапува кон препораки за набавка на семенски материјал, на пример, кај доматите, семе кое ќе биде отпорно на високи температури. Голема улога игра и наводнувањето и одржувањето на водниот
Користење на мрежи за засенчување Еден од најдобрите начини за заштита од високите температури е употребата на специјална мрежа за засенчување за да се заштити растението и плодот од преголемата сончева радијација или преголемиот интензитет од сончевото зрачење. Со таквата примена на мрежа за засенчување се создава поволна микроклима, а со тоа се олеснува и примањето хранливи елементи од почвата, растението нема изгореници по листот и по плодовите, а со самото тоа и нема појава на целосно угинување и пропаѓање на плодовите и растението. Секој земјоделски производител, доколку е во можност, треба да го применува тој начин на засенчување во соработка со стручно лице, бидејќи ефектите се доста повисоки. Станува збор за доста ефикасен начин на засенчување, како на отворено, така и во заштитен простор, а го заштитува посевот и на отворено и од врнежи од град. 8 | МОЈА ЗЕМЈА
режим потребен од страна на растението бидејќи со зголемени температури се зголемува и транспирацијата, испарувањето од самото растение, како што е и зголеменото испарување од површината. Се препорачува површинска обработка на почвата поради спречување на капиларното испарување. Правилната исхрана на растенијата, како во заштитен простор, така и на отворено, со претходно извршена агрохемиска анализа и на база на препораките од анализата треба да се врши прихранување или ѓубрење на растенијата. Со правилното одржување на влажноста и исхраната на растенијата се намалува стресната состојба кај растението и тоа е доста поотпорно на суша и на високите температури. Ѓубрењето со арско ѓубре придонесува за постепено снабдување на растенијата со вода и хранливи материи. Се препорачува засејување на култури кои понатаму ја збогатуваат почвата со хранливи материи, како со макро така и со микроелементи.
На пример, со употреба на специјални мулч-фолии се овозможува одржување на влажноста на почвата и се намалува испарувањето на водата од почвата. Кај нас во практиката често се употребува течна вар за заштита од високи температури на растенијата под пластеници којашто се напрс-
кува делумно по целата површина на пластеникот при што се овозможува и делумно засенчување. Треба да се внимава засенчувањето да не биде преголемо бидејќи доаѓа до исциглување на самото растение и тоа станува неотпорно кон какви било промени што ќе следуваат понатаму. l
Како да станам член во ФФРМ
Придобивки од квинојата
Според Статутот на ФФРМ, постојат два типа на членови во ФФРМ: Групни членови - регистрирана и оперативно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженија Индивидуални членови - Секој жител на Македонија, инволвиран или заинтересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во Единствениот Регистар за земјоделци на МЗШВ, или е член на земјоделско стопанство. Индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјалните мрежи на ФФРМ. Членарината за групните членови во зависност од бројот на членови изнесува од 6000 до 12000 денари , а за индивидуалните членови изнесува 920 денари. Покрај редовните членови ФФРМ воведува и статус на придружни членови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас. Контакт: Главна Канцеларија ул „Христо Смирненски“ бр 15, 1000 Скопје Тел/факс: 389-02-3099-042
Семето од квинојата не содржи глутени од тие причини е значајно од здравствен аспект во исхраната на луѓето кои имаат глутенска алергија. Семето се одликува со добри нутритивни вредности (13-16%) сурови протеини, 5% масти 60% БЕМ, 4% сурови влакна). и претставува здрава алкалана храна. Содржината на есенцијалните аминокиселини е исто така висока и разновидна (лизин, леуцин, изолеуцин, фенилаланина, тирозин, триптофани и др.) l
ЈУЛИ 2014 | 9
ГРАДИНАРСТВО
Производство на лути пиперки за есенска берба
„Капка по капка“ го зголемува производството Пишува: Томе Тимов
П
роизводството на лута пиперка за есенска берба започнува во летниот период. Оваа култура кај нас најмногу се произведува во пелагонискиот регион и струмичкиот регион. Ристо Ристов од струмичкото село Нова Мала е производител на лута пиперка од сортата „хортес“ за втора култура. Тој со оваа дејност се занимава три години и покрај одгледувањето пиперки, се занимава и со одгледување на млад компир под пластеници, како и краставици и лубеница.
10 | МОЈА ЗЕМЈА
Ристо Ристов од струмичкото село Нова Мала е производител на лута пиперка од сортата „хортес“ за втора култура. Тој со оваа дејност се занимава три години, а покрај одгледувањето пиперки, се занимава и со одгледување на млад компир под пластеници, како и краставици и лубеница.
Тој за оваа година очекува принос од 4 тони и, како што потенцира, многу е важна примената на правилни техники на одгледување во земјоделството. Ристов употребува и нови технологии, односно воведе систем капка по капка и вели дека со овој систем се дуплира производството. „Болести кои најчесто се јавуваат кај лутата пиперка се пепелницата и пламеницата. Затоа е потребно навремено третирање“, посочува Ристов. Според него, посетата на саеми, совети од стручни лица од областа на земјоделството, следење на новите техники и технологии во производството се клучен фактор за успешна земјоделска приказна. l
ГРАДИНАРСТВО
Одгледување на кромид
Засушувањето е најважна операција во постбербената технологија на кромидот. Со тоа се намалуваат постбербените загуби и загубите на влага бидејќи се отстранува вишокот влага од надворешните обвивни суви лушпи и вратот на свежо собраниот кромид до ниво коешто ќе ја сведе на минимум загубата и набрчкувањето од внатрешноста и ќе доведе до намалување на микробиолошката инфекција. Доколку сушењето се изведува на поле, температурата не би требало да биде пониска од 24ºС. Покрај природното, се практикува и форсирано – воздушно сушење. Најдобри резултати се постигнуваат на температура од околу 38ºС
Како се прав берба и
Пишуваат: асс. д-р Звезда Богевска, асс. д-р Маргарита Давитковска
К
ако кај сите градинарски култури, така и кај кромидот е важна бербата и чувањето. Она на што треба да внимаваат земјоделците е бербата на кромидот да биде при суво време, затоа што ако таа е по врнежи или кога влажноста е висока, се зголемува подложноста на постбербени заболувања. За време на бербата, луковиците мораат да бидат цврсти, со созреан затворен врат и обвивни лушпи и со соодветна димензија (големина). Уште при самата берба, дефектните луковици (оштетени од инсекти, со прегори, незрелите и повредените) треба да се отфрлат.
Правилно чување Услови на чување. Оптималната температура е 0-2ºС, а релативна влажност 65-70% (опсег 65-80%). Брзо ладење не е потребно. Доколку се сака да се чува кромидот подолго време, тогаш е неопходно брзо намалување на температурата на потребното ниво. Должина на чување. Во услови на оптимална температура и влажност, кромидот може успешно да се чува од 1 до 8 месеци во зависност од сортата. 12 | МОЈА ЗЕМЈА
Според едни истражувања, доколку процентот на полегнати лажни стебла изнесува 20-50%, се намалува проникнувањето за време на чувањето, но затоа пак се намалува вкупниот принос за 15% во споредба со бербата кога процентот на полегнати лажни стебла изнесува 80%. Резултатите на други истражувања, пак, покажале дека со бербата може да се одложи до 100% зрелоста без да се зголемат маркетиншките загуби за време на чувањето или, пак, да се намали или падне квалитетот за време на shelf life. Сепак, во праксата е прифатено бербата да се изведува кога 50-80% од надземната маса ќе полегне. Кромидот се бере рачно и механизирано. Рачно се бере со корнење, додека механизирано најчесто во две фази (најнапред се вади кроми-
Точка на смрзнување: -0,8ºС Контролирана атмосфера. Кај сортите кои се одликуваат со долг потенцијал за чување не е забележана некоја корист од примената на контролирана атмосфера. Луковицата може да биде оштетена доколку во атмосферата на чување содржината на кислородот е под 1%, а содржината на јаглероден IV оксид е над 10%. Комерцијална употреба на контролирана атмосфера од 3% О2 и 5-7% СО2 се препорачува за чување на слатки сорти кромид со низок потенцијал на чување.
Нарушувања за време на чувањето Проникнувањето е најголем проблем за време на чувањето и предизвикува најголеми загуби. Со примена на услови кои се препорачуваат, проблемите т.е загубите за време на чувањето се намалуваат. За време на чувањето може да се појави физиолошко нарушување - воденикави лушпи, што за прв пат се појавило во северна Европа. Самиот процес на настанување на воденикавите лушпи се нарекува теорија на задушувањето. Доцните берби, високите температури на засушување или лекување, како и подолготрајното засушување се причина за појава на воденикави лушпи. За да се избегнат вакви физиолошки нарушувања, се препорачува: • рана берба (не подоцна од 50 до 80% на полегнување на надземната маса);
ви правилна чување
• внимателно ракување со луковиците; • да се избегнуваат берби при влажно време; • засушувањето да се изведува во кутии, а не во високи купови за да се избегнат притисоците; • температурата на засушување да биде < 25ºC (вакви високи температури се препорачуваат за потемно обојување на обвивните суви лушпи).
на 26-28ºС за досушување на луковиците. Потребно е да се отстрани вишокот влага за три дена. Потоа кромидот се чува на 25ºС во времетраење од 3 до 4 недели, со вентилација 2-4 часа дневно, сè додека не се засуши вратот. Потоа температурата се намалува и се одржува на 0ºС во ладилниците. Современите системи за досушување се со капацитет од 2000 т.
дот и се остава во ленти да се засуши 5-10 дена, а потоа се прибира и носи во складишта). Засушувањето е најважна операција во постбербената технологија на кромидот. Со тоа се намалуваат постбербените загуби и загубите на влага бидејќи се отстранува вишокот влага од надворешните обвивни суви лушпи и вратот на свежо собраниот кромид до ниво коешто ќе ја сведе на минимум загубата и набрчкувањето од внатрешноста и ќе доведе до намалување на микробиолошката инфекција. Доколку сушењето се изведува на поле, температурата не би требало да биде пониска од 24ºС. Покрај природното,
се практикува и форсирано – воздушно сушење. Најдобри резултати се постигнуваат на температура од околу 38ºС и релативна влажност не повисока од 80% за период од околу една недела. Со сушењето се намалува масата на луковиците и бидејќи тие најмногу се продаваат врз основа на нивната маса, постигнувањето на посакуваното ниво на дехидратација е критично. Загубите во маса од 3 до 5% се нормални во амбиентални услови на сушење и до 10% при вештачко (принудно) сушење. Во Англија, уште од 1975 година се применува струење на воздухот
Должината на фазата на мирување зависи од сортата, а тоа значи дека успехот на чување зависи од сортата. Најдобро се чуваат сорти со поголем број затворени сочни листови, поголем број суви листови, со повеќе од 14% на сува материја (лути сорти) и дисахариди. Сортите со краток период на мирување пократко се чуваат и имаат содржина на суви материи под 10% (слатки сорти) и водат потекло од јужните географски широчини. Мирисот на кромидот често го примаат останатите производи во опкружувањето, па затоа е пожелно да се чува одвоено, освен со некои сродни култури како лукот. Крoмидот пред чувањето се чисти од вишокот суви листови и задолжително се отсекува вратот во должина од 2 см. l ЈУЛИ 2014 | 13
Заштита
Бактериози
Како да се справите со бактериите Пишува: дипл. инж. Александра Алексоска - Државна фитосанитарна лабораторија
Е
дни од најчестите причини за намалување на приносите и појава на болести се бактериите. Болестите предизвикани од бактерии се нарекуваат бактериози.
Повеќето бактерии најдобро се развиваат при зголемена влажност, односно бактериска инфекција речиси е невозможна без капка вода. Фитопатогените бактерии ја губат својата виталност под влијание на директна сончева светлина. Бактериите ја вршат заразата преку природни отвори и рани. На површината на растенијата се појавуваат во форма на бактериски
ескудат (капки или слуз). Бактериски симптоми се влажното гниење, пегавост, пламеница, венење, израстоци и тумури. Од поактуелните бактериски заболувања на кои во моментот им се придава поголемо значење се: кафеаво гниење на компирот, прстенесто гниење на компир, бактериска пламеница и бактериски рак по виновата лоза.
Влажно гниење – симптом кој најчесто се сретнува на меките органи, коренот, луковиците, плодовите односно меки ткива богати со вода и хранливи материи. (Erwinia carotovora pv. carotovora) – влажно гниење на многу растителни видови. Од оштетените клетки излегува „вода“ во форма на капки и зафатеното ткиво се претвора во каша. Пегавост и некроза – најчест тип на симптоми кај бактериските болести. Пегите на почеток се водени, проѕирни, кафеави за подоцна поради пукање на заразеното ткиво да добијат изглед на красти.
Пламеница – нападнатиот (заразениот) орган или дел од растение нагло покафенува или поцрнува и се суши. Типична бактериоза е (Erwinia amylovora), многу опасна болест по јаболката и крушите каде што младите израстоци на домаќинот одеднаш поцрнуваат и изумираат како да се запалени. Израстоци и тумори – под влијание на бактериите доаѓа до забрзана клеточна делба (хиперплазија) и до зголемување на обемот (хипертрофија) со што се формираат различни израстоци, булбуси и туморни израстоци. Најпознат и најраширен е бактерискиот рак кој е предизвикан од Agrobacterium tumefaciens.
Венеење – фитопатогени бактерии кои ги напаѓаат спроводните системи во растението (главно ги зафаќаат трахеите од спроводниот систем, па затоа уште се нарекуваат и „трахеобактериози“) кои предизвикуваат симптоми на венеење на одредени делови или на цели растенија. 14 | МОЈА ЗЕМЈА
Бактериски рак по виновата лоза Бактерискиот рак кај овошните видови се јавува исклучиво на кореновиот врат, а кај виновата лоза ги зафаќа скоро сите надземни органи. По облик се сферични. Во почетниот стадиум туморите се меки и бледожолти, а во подоцниот стадиум зацврстуваат и потемнуваат.
Кафеаво гниење по компирот Први промени се забележуваат на листот – жолта боја и венеење на врвните листови во најтоплиот дел од денот. Во текот на ноќта венеењето се губи за во утринските часови повторно да се појави и сè така до изумирање на растението. Кај младите растенија венее и стеблото. Заболеното растение не формира кртоли, но ако болеста е зафатена по формирањето на кртолите, заболуваат и тие.
Прстенесто гниење по компирот Болеста на нива тешко се воочува затоа што паразитот зафаќа само еден дел од спроводните садови и разорувањето на паренхимското ткиво се одвива многу бавно. Типични симптоми се забележуваат во текот на август кога растението е во поодмината фаза. Првите симптоми се на долните листови во основата на стеблото и тоа прво на одредени листови, а потоа на поголем број односно на целата зелена маса. Заболените листови пројавуваат хлороза и жолтеникаво до портокалово обојување во меѓужилениот простор. Симптомите на површината на кртолата тешко се воочуваат затоа што сè се случува под покожицата. Во подоцна фаза од развитокот на болеста настанува некроза. Бактериска пламеница Широко е распространета во природата и предизвикува промени од типот на венеење, рак - рани, пегавост на листовите и плодовите, влажно гниење и губење на бојата на ксилемот и изумирање кај јаболката, крушата, дуњата и останати видови од фамилијата Rosaceae. Паразитот ги напаѓа сите делови на овошките: цвет, плод, леторастите, скелетните гранки, стеблото, па дури и коренот. Симптомите се појавуваат доста рано уште во раната пролет во првите 2-3 недели од отворањето на цветовите. Од цветовите низ цветната дршка се проширува на леторастите и листовите. Заболените делови добиваат црна боја како зафатени од оган и затоа го добила и другото име „Fire blight“. Сузбивање и контрола • Официјални и превентивни фитосанитарни мерки за спречување на појавата на фитопатогени бактерии на нашата територија • Основна мерка – дезинфекција и упoтреба на здраво семе и саден материјал придружени со фитосанитарен пасош; • Користење на отпорни сорти; • Плодоред, уништување на заболените растителни остатоци и плевелите; • Внимателно да се прегледуваат посевите за време на вегетацијата; • При сеење на кртоли од компир, задолжителна дезинфекција на ножевите (со еден заразен нож може да се заразат 20-30 наредни клубени); • Од насадите треба да се отстранат сите искршени гранки бидејќи таму често презимуваат заразни болести и штетници; • Во случај на сомневање дека постои зараза, веднаш да се донесат примероци во Државната фитосанитарна лабораторија или да се контактира регионалниот инспeктор. ЈУЛИ 2014 | 15
ПОСТБЕРБЕНИ-АКТИВНОСТИ
К
Био – турбо – најлесен и најпрактично начин на чување
Уништувачи на бактерии и микроорганизми во ладилник
ако да се одржи подолго време набраниот производ во свежа состојба? Како да се пости правилното чување на овошје и зеленчук во ладилник, а при тоа да не се изгуби квалитетот на самиот производ? Ова се прашањата на кои треба посебно внимание да се посветува. Правилно чување на овошје и зеленчук не преставува само контролирање на температурата и влажноста на воздухот, туку и елиминирање на патогените бактерии и отстранување на етиленот од воздухот во просторијата каде што се чуваат производите. За отстранување на овие причинители кои го скратуваат животниот век на самиот плод постојат
Предности Предности на овој систем е тоа што многу лесно се монтира, не зафаќа простор, нема употреба на хемикалии, не е штетен за човекот, ниту за производите кои се чуваат во самиот простор. Био-турбо се употребува за разни намени, како за чување на овошје и зеленчук, така и за цвеќе и истите остануваат подолго време во свежа состојба. Во овој систем количеството на озон кое што се употребува за отстранување на етиленот е многу големо и штетно за човекот, но, предноста е тоа што целиот тој процес се одвива во самата единица на Био-турбо. 16 | МОЈА ЗЕМЈА
повеќе начини. Кај нас, во пракса, се употребуваат хемиски средства и употреба на озонатори. Сите од овие споменати методи имаат свои предности и недостатоци. На пример употребата на озонатори во ладилникот е многу штетно за човекот и неговото здравје, така што може да дојде до рак на кожата од преголема концентрација. Компанијата Miatechе по потекло е од САД и истата има развиено систем за уништување на сите штетни микроорганизми, бактерии кои се наоѓаат во воздухот и истовремено го елиминира етиленот, кој се испушта од самите производи. Тие го имаат создадено БИО – ТУРБО кој се одвива без примени на хемиски средства. Процесот се одвива во 4 фази: Прва фаза – воздухот поминува низ првиот филтер кој ја собира целата прашина и нечистотија од него Втора фаза – воздухот поминува низ вториот филтер, во кој се задржуваат сите штетни бактерии, мувла и слично.
Трета фаза – се наоѓа озон филтерот каде што кислородот го претвора во озон и озонот го елиминира етиленот. Четвртата фаза – кислородот кој веќе е претворен во озон поминува низ филтер, каде што повторно се враќа како чист кислород. Био – турбо е многу лесен за работа и е многу поефтина варијанта за разлика од останатите. Тој се поставува на горната површина на просторијата за чување на производите и се контролира со далечински управувач. Доколку работи преку целата година, филтрите се менуваат еднаш годишно, но доколку се користи само сезонски тие се менуваат на 18 месеци. Постојат повеќе модели на Био-турбо кои се базирани на тоа колку метри кубни воздух може да се преработи за 24 часа. Со овој производ ќе се најде решението на секој земјоделец за пост - бербениот период. Инвестицијата за овој производ е многу мала и се враќа повеќекратно. l
Совет „Хемомак“
ЛОЗАРСТВО
Сузбивање на пепелницата
Пишува:
П
епелницата е многу штетна болест која од својата појава до денес редовно се јавува. За зголемената опасност од пепелницата постојат повеќе причини помеѓу кои: изменетите климатски услови, интензивниот начин на одгледување на културите, осетлив сортимент, појава на толерантност на габата кон системичните фунгициди и др. Паразитот ги напаѓа сите зелени делови од растението: лисјата, ластарите , цветовите и плодовите. На лисјата, најчесто на лицето, се забележуваат прво поединечни зарази со присуство на бел мицелиум, што брзо се развива и ги зафаќа целите лиски. Од заразените цветни пупки се развиваат слабо развиени цветови, со деформирани ливчиња, кои не се отвораат наполно и се прекриени од мицелиум на габата. Најважно за оваа болест е тоа што не ги поштедува плодовите. Уште во почетокот на развојот, мицелиумот го образува својот репродуктивен облик – конидискиот стадиум. На мицелиумот прицврстен за површината на растенијата се развиваат посебни израстоци, кои заземаат вертикална положба. Од овие израстоци се формираат конидиофори со конидии. Подоцна се формираат пократки или подолги низи од конидии кои се познати како оидии. Тие претставуваат облици за размножување на габата и во текот на вегетацијата се развиваат помасовно при поголема релативна влажност на воздухот. Оваа габа презимува
во вид на клеистотеции или во вид на мицелиум, а може и на двата начина. Штетното дејство на пепелницата се манифестира на различни начини: намалена фотосинтеза поради присуството на мицелиум по зелените растителни делови, зголемена е транспирацијата поради оштетените епидермални клетки, намален квалитетот на плодовите поради оштетување на епидермисот и др. Со оглед на биолошките карактеристики на паразитот, невозможна е прогноза како кај пламеницата. Според тоа, заштитата на лозата од пепелница се изведува главно со хемиски средства. Широката палета на „Хемомак Пестициди“ ниту комплетна заштита за сузбивање на пепелницата. Vivando SC е фунгицид со превентивно и куративно дејство со висока отпорност на измивање од дожд. Се користи во доза од 0,2 л/ха. Collis претставува системичен и квазисистемичен фунгицид со превентивно и куративно дејство. За сузбивање на пепелницата се користи во доза 0,4-0,5 л/ха. Postalon 90 SC е системичен фунгицид за сузбивање на пепелницата во виновата лоза кој се користи во доза од 1 л/ха. Како контактен фунгицид се користи Kumulus DF во доза од 3 кг/ха, кој претставува сулфурен фунгицид со превентивно и куративно дејство. Cabrio Top се користи за сузбивање на пепелница и пламеница во доза од 2 кг/ха. Има одлично куративно и квазисистемично дејство изразито заштитно, ерадикативно и трансламинарно дејство. l ЈУЛИ 2014| 17
ОВОШТAРСТВО
Калемење на орев
Во иста година садиш и береш Калемените оплеменети ореови садници даваат многу поголем принос за разлика од некалемените. Од површина од еден хектар, петгодишни калемени ореви даваат од 1.500 до 2.800 кг/ха, во зависност од густината на садење која се движи од 200 до 320 садници на еден хектар. Калемените сорти, исто така, се многу поотпорни на измрзнување. За нашите простори најпогодна е сортата „чендлер“. Пишува: дипл. инж. агр. Лазо Папучкоски
В
о Македонија оревот се одгледува стихијно со користење на сеанци и селектирани ореви кои даваат многу низок принос. Калемените ореви се употребуваат во мали насади и сè уште немаме поголеми плантажи засадени со калемени ореви. Ова се должи на недостигот на знаење во делот на употребата на современи технологии во производството на садниот материјал за орев. Калемените оплеменети ореови садници даваат многу поголем принос за разлика од некалемените. Од површина од еден хектар, петгодишни калемени ореви даваат од 1500 до 2800 кг на хектар, во зависност од густината на садење која се движи 18 | МОЈА ЗЕМЈА
од 200 до 320 садници на еден хектар. Калемените сорти, исто така, се многу поотпорни на измрзнување. За нашите простори најпогодна е сортата „чендлер“. Во науката се појавуваат најразлични нови методи на калемење. Една од нив е на турскиот експерт Вели Ердоган од универзитетот во Анкара, која за разлика од класичните калемења, дава подобри резултати и целиот процес се забрзува неколкукратно. Процесот трае само една година, од ’ртење до питомка. Овој калемен орев веќе во втората или третата година почнува да дава плодови, за разлика од некалемените ореви кои почнуваат да раѓаат од осмата до триесеттата година од садењето. Неговиот процес го прикажуваме низ слики, етапно, според фазите низ како се одвива со слики.
(Сл. 3.1а) Со цел да се омекне ореовата лушпа, плодови се ставаат во сад со вода на собна температура на период од 48 часа и додека трае овој процес, шупливите ореви што излегуваат на површината на водата се отстрануваат. (Сл. 3.1б) Потоа оревите се ставаат во садови наполнети со влажен перлит за да се изврши стратификација. Тоа се прави околу 20 јануари. Температура треба да биде од 1 до 4 Целзиусови степени, а процесот трае од 50 до 55 дена во ладна просторија со ладен воздух и влажност од 85%. (Сл. 3.2) Се ставаат во пластеник на ’ртење на температура од 23 до 27 Целзиусови степени и десет дена по засадувањето (Сл. 32б) насадените ореви на длабочина на 7 до 8 сантиметри во влажниот перлит или супстратот прортуваат и им израснува коренова сржна жила со должина 3-5 сантиметри.
Калемење на орев
ОВОШТAРСТВО
3.1 а
3.1 б
3.2 а
3.2 б
3.3 а
3.3 б
3.4 а
3.4 б
3.5 а
3.5 б
3.6 а
3.6 б
3.7 а
3.7 б
3.9 а
3.8
3.9 б
(Сл. 33а) Врвот на сржната жила се скратува 3 до 5 милиметри за да се создадат странични корења за подобро разгранување на коренот. Вака изртениот орев со скратена коренова сржна жила се пресадува во полиетиленски ќесиња или пластични контејнери кои претходно се перфорирани за дренирање на вишокот вода. Ќесињата се со големина од 13 до 20 сантиметри, наполнети со мешавина на стерилизиран тресет и перлит во однос 2 спрема 1. Овие ќесиња се редат во тацни и се покриваат со пластична фолија со цел да се задржи влажноста на 80 до 85%, но и потребната температура во пластеникот за да раснат. (Сл. 34) Процесот на култивирање на младите растенија на оревот трае сè додека не пораснат на височина од 20 до 30 сантиметри. Секој ден се подига фолијата во времетраење од 2 до 3 часа за вентилација, за да не се појават трулежни габи.
(Сл. 34 б) Во Садот во којшто е засадено младото растеније на оревот од котиледонот до епикотилот е околу 2 сантиметри и истиот се наоѓа на вратот на коренот на растението и се вика епикотилно растение. (Сл. 35а) За да може младите растенија да се користат како подлоги за котиледонско калемење, епикотилот се сече 2 сантиметри над котиледонот во кореновиот врат со остар нож како што е прикажано на (Сл. 3.5б). (Сл. 3.6а) Епикотилот се разделува на средината со остар нож или скалпел во длабочина до 1 сантиметар. (Сл. 3.6 б) Се прави питомка (калемгранка) во форма на клин. По можност, и двете треба да бидат со иста дебелина – подолгата со калем гранката која се зема од саканата сорта или хибрид на орев. (Сл. 3.7а) Потоа калем-гранката се спојува со подлогата.
3.10
(Сл. 3.7б) Споените места се премачкуваат со парафин за зацврстување на калемката и за сочувување на влажноста. На врвот на калем-гранката се става парафин. (Сл. 3.8) Садот со епикотилната питомка се дополнува со перлит до висина на врвот каде што се оставаат две пупки за да почне растението да расте. (Сл. 3.9а) Калемката со зафатен калус. (Сл. 3.9б) Раст од пупка до млада питомка. (Сл. 3.10) За да по два месеца растението постигне добар резултат на младата питомка, треба да се врши прихрана со течно ѓубриво во количество од 1 грам на литар макро и микро елементи со 19% азот, 19% фосфор, 19% калциум, 0,01% железо, 0,05% манган, 0,2% бор, 0,01% бакар, 0,05% цинк, 0,007% молидбен. l ЈУЛИ 2014| 19
ОВОШТАРСТВО
Германска инвестиција во Богданци
41 хектар орган Пишува: Билјана Петровска-Митревска Фотографија: Благојче Најдовски
Во склоп на овошните насади изграден е ладилник со капацитет од 250 тони со сопствен калибратор. Се употребува најсовремена механизација, почнувајќи од овоштарски трактор „ферари“, мулчери, машина за кроење и сето она што е потребно за модерно производство. Засаден е богат сортимент на јаболка: гала, црвен делишес, грени смит, сириус, орион, луна, топаз. Садниот материјал е набавен од Јужен Тирол во Италија, каде што платиле по 5 евра за двегодишни садници со предвремени родни гранки
П
роизводството на летно јаболко во РМ било традиција која постепено изумирала. Познатите „петровки“ веќе не се произведуваат во големи количества. Сепак ова производство е барано на европските пазари и тоа би ло поттик за започнување бизнис на „Таурус фармс“ од Богданци, кои на 45 хектари започнаа со одгледување на органски јаболка, почнувајќи од рани сорти кои се берат во средината на јули. „Таурус фармс“ е 100% германска гринфилд инвестиција и досега инвестиравме над 6 милиони евра. Овие насади се нај голем сертифициран органски овошен насад на Балканот и пошироко. Со оглед на тоа дека станува збор за германска инвестиција, немаме проблем со пласманот кој е 100% за извоз во Европската унија. Најпрво купивме градежно земјиште каде што го изградивме објектот во чии рамки има калибратор и ладилник. Во меѓувреме под концесија добивме 365 хектари површини на неколку локации во Богданци и Прдејци од кои 41 хектар се под јаболкови насади, 4 хектари под круши и останатите површини под насади со винова лоза“, појасни управителката на „Tаурус фармс“, Билјана Чучанова. Инаку, цената за подигање на насадот на еден хектар површина надминува 45.000 евра. На еден хектар имаат насадено 3.300 садници, тука е и инсталирањето на системот капка по капка, но и потребната механизација и приклучни машини.
Системот „кипинг т иновативен начин јаболкови насади р Тирол.
20 | МОЈА ЗЕМЈА
нско јаболко Во склоп на овошните насади е изграден ладилник со капацитет од 250 тони со сопствен калибратор и магацински простор од 300 m2. Се употребува најсовремена механизација почнувајки од овоштарски трактор „ферари“, мулчери, машина за кроење и сето она што е потребно за модер но производство. Засаден е богат сортимент на јаболка: гала, црвен делишес, грени смит, сириус, орион, луна, топаз. Садниот материјал е набавен од Јужен Тирол во Италија, каде што платиле по 5 евра за двегодишни садници со предвремени родни гранки. Самиот овоштарник го кон тролираат и италијански експерти. „За нас беше предизвик да направиме насад во регион каде што нема искуство со ваков вид производство и понатаму сакаме да ги зголемуваме површините под овошни насади. Наесен планираме да подигнат 100 хаи уште 100 ха идната година“, додава управителката Чучунова. Агротехниката за органското јаболко е предизвик за секој агроном, вели Крсте Делев, кој е задолжен за технологијата на производство. Насадите со јаболка се сертифицирани органски насад при што заштитата е согласно протоколите за орган ско производство. „Можете да применувате средства кои се дозволени во органското производство. Ние користиме методи за природно
привлекување на корисни инсекти така што, на пример, се мулчира секој втор ред во заштитата на органските јаболка, се користат заштитни препарати биопестициди кои се на база на екстракти на растенија и употреба на габи и бактерии“, објасни Крсте Делев. Насадот е подигнат во 2012 година и ова е прва година на род. Во полн род приносите се движат од 50 до 60 тони по хектар. Насадот е покриен со мрежи кои, покрај заштитата од град, заштитуваат и од инсекти, а инсталиран е и систем за наводнување капка по капка, преку којшто се аплицираат органски ѓубрива. „Применуваме и агротехничка мерка зелено ѓубрење со косење меѓу редовите. Системот со мрежи се вика „keep in toch“ кој се користи во Јужен Тирол во Италија. За разлика од кровниот систем на употреба на мрежи, системот „keep in toch“ врши заштита и од инсекти, а овошките по опрашувањето се прекриваат со мрежа и на тој начин може да направите проредување на плодовите“, потенцира Делев. Во фаза се на нова инвестиција и во следните три години планираат да го зголемат насадот на 500 хектари и да започнат со изградба на административна зграда и нов ладилник со капацитет од 45 000 тони и контролирана атмосфера со капацитет од 11.000 тони. l
Во фаза на реализација е изградбата на погон за производство на јаболков сок каде што за почеток суровина ќе се набавува од Преспа, но и од сопствено производство на 500 хектари сопствени површини.
тач“ е нов и на одгледување развиен во Јужен
јули 2014 | 21
ОВОШТАРСТВО
Одгледување на вишна
Добра цена ќе го зголеми производството
Во струмичкото село Нова Мала, меѓу повеќето земјоделски дејности, една од главните е и производството на вишни. Еден од производителите на вишни е Саше Ангелов кој со оваа дејност се занимава веќе 4 години и на површина од 85 декари одгледува „облачинска“, која е една од традиционалните сорти на вишна Пишува: Томе Тимов Производството на вишна е една од нашите традиционални земјоделски гранки. За жал, површините со вишна од година во година се намалуваат. Според производителите, најчеста причина е откупната цена, немањето соодветни простории, односно ладилници за чување за да може да се продаваат кога цената е поволна.
Според Саше Ангелов, кој е еден од одгледувачите на вишна во Струмичко, покрај цената, и примената на нови технологии влијае на производството на вишна. „Доколку се покачи цената и се воведе систем капка по капка, ќе имаме и подобри услови и зголемено производство“, истакнува Ангелов. Во струмичкото село Нова Мала, меѓу повеќето земјоделски дејности, една од главните е и производството на вишни. Еден од производителите на вишни е Саше Ангелов кој со оваа дејност се занимава веќе 4 години и на површина од 85 декари одгледува „облачинска“, која е една од традиционалните сорти на вишна. Болести кои се јавуваат како проблем кај вишната се живогризецот и монилијата.
Претплата на „Моја земја” Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието. Едноставен и брз начин на претплата 1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка 2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132. Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието. Уште побрзо и едноствно Претплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица. Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари > годишна претплата-550 денари 22 | МОЈА ЗЕМЈА
„Со примена на агротехнички мерки, приносите на вишната кај мене се во просек 8 кг од корен“, раскажува Ангелов, кој вишната ја одгледува на отворено и врши култивирање, прскање, рачно кроење. „Бербата на вишната е во јуни. За разлика од претходната година, откупната цена е пониска и се движи до 20 денари од килограм“, вели Саше. Според него, треба да се работи на подобрување на дијалогот со откупувачите и поголемо здружување на земјоделците. Саше Ангелов истакнува дека доколку се подобри откупната цена на вишната, ќе го зголеми нејзиното производство и ќе воведе систем за наводнување капка по капка. l
Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел од актуелните збидувања во аграрот.
ОВОШТАРСТВО
Агрохемиска анализа
Правилно земање
на почвена проба
Испитувањето на почвата е важно да се направи пред садењето на овошните дрвца за да се оценат почетните услови на површината и да се преземат мерки за нивно подобрување
З
а да може да го дадат максималниот принос и квалитет, овошните садници бараат соодветни почвени услови, но и соодветно ѓубрење. Испитувањето на почвата е важно да се направи пред садењето на овошните дрвца за да се оценат почетните услови на површината и да се преземат мерки за нивно подобрување. Од друга страна, земање на почвени проби на одреден времески интервал се прави за да се види дали почвените услови се менуваат и да се даде соодветна и правилна програма за ѓубрење на овоштарникот. Кога се зема почвена проба од површината којашто е планирана за овоштарник, пред да бидат засадени садниците, се земаат 15 до 20 поединечни почвени проби на хектар на длабочина 0-30 см, од местата каде што ќе бидат засадени овошните садници по цик-цак линија или случаен избор на местата од каде што се зема почвена проба. Од поединечните проби земени од еден хектар се прави една унифицирана проба за агрохемиска
24 | МОЈА ЗЕМЈА
Агрохемиска анализа на лозов насад Лозјето е повеќегодишен насад кој бара соодветни почвени услови, како за успешно поставување, така и соодветно ѓубрење за да може правилно да се развива и да даде максимален принос и квалитет. За да се оценат почетните услови на површината и да се преземат мерки за нивно подобрување, агрохемиската анализа најдобро е да се изврши пред садење. Од друга страна, земање на почвени проби на одреден временски интервал се прави за да се види дали почвените услови се менуваат и да се даде соодветна и правилна програма за ѓубрење на лозовиот насад. Пред да се засадат калемите, треба да се направи агрохемиска анализа на површината планирана за лозов насад. Од местата каде што ќе бидат засадени калемите (слика 3), движејќи се во цик-цак линија, од длабочина 0-30 см се земаат 15 до 20 поединечни почвени проби на хектар. Од поединечните проби земени од еден хектар површина се прави една унифицирана проба. Заради проверка на состојбата на хранливи материи најдобро е прво со раскопување да се провери на која длабочина се наоѓаат корењата на чокотите. Кај лозов насад со инсталиран систем за наводнување капка по капка почвените проби се земаат од горните 30 см од почвата (во редот на лозата), околу 20 см од местото каде што е поставена капалката. Доколку лозјето се наводнува со распрскувачи или по бразда, посебните проби се земаат на истиот начин помеѓу редовите на лозјето. Се земаат 15 до 20 посебни проби од хектар лозје од кои се прави една унифицирана почвена проба. Посебните проби се земаат по цик-цак линија, Х или W модел. Кога сите посебни проби се собрани во пластична кофа, грутките се раскршуваат и се отстрануваат крупните растителни остатоци и камења. Посебните почвени проби внимателно и убаво се измешуваат за да дадат една конечна унифицирана проба.
Дел од каде се земаат почвени проби
анализа на почвата. За следење на состојбата со хранливите материи во почвата кај веќе оформен овоштарник агрохемиска анализа на почвата од овоштарникот се врши на секои три години. За таа цел се одбираат 6 добро развиени и 6 послабо развиени овошки на хектар. Посебните почвени проби се земаат одделно од добро развиените и послабо развиените дрвја на декар површина. Од еден хектар овоштарник се прави една унифицирана почвена проба од добро развиените овошни дрвја и една унифицирана почвена проба од послабо развиените овошни дрвја. Кога сите посебни проби се собрани во пластична кофа, грутките се раскршуваат, се отстрануваат крупните растителни остатоци и камења. Најлонското ќесе со конечната унифицирана проба се става во друго најлонско ќесе и во него се става хартиено ливче на кое со молив се запишани податоците за пробата (име на земјоделецот, парцела од која е земена пробата, датум на земање). l
Дел околу дрвото каде внатрешно од него се ѓубри и наводнува
Слика: Земање на почвена проба од поединечно дрво во овоштарникот за следење на состојбата на хранливите материи во почвата
Место на земање почвена проба
Лозов ред
Слика: Земање почвени проби од лозов насад по X - модел ЈУЛИ 2014 | 25
Полјоделство
Болести кај луцерката
Како да се сузбие жолтата трева
Пишува: дипл. агр. Ванчо Захариев
Л
уцерката е една од најважните култури за исхрана на стоката кај нас и во многу други земји. Но, како и другите културни растенија, страда од многу болести, штетници и паразити. Во наши производни услови, покрај одредени болести и штетници, таа е напаѓана и од паразитното растение познато кај нас под името жолта трева - свила или некои го имаат прифатено нејзиното латинско име кускута (Cuskuta sp.). Од овој род има три вида кои ја напаѓаат луцерката, детелината и други култури од таа фамилија. За нас од поголемо значење се луцеркината жолта трева - свила (Cuscuta epithymum) и американската крупнозренеста жолта
трева - свила (Cuscuta pentagona). Жолтата трева - свила е растение паразит кое во природата опстојува со помош на семе кое има голема животоспособност, бидејќи доколку не е заровено повеќе од 6 см длабочина, 'ртливоста ја задржува до 12 години, неповредено минува низ системот за варење на храната кај животните и во шталско ѓубре може да престои до 4 месеци со запазена 'ртливост. Исто така, поголем дел никнува уште првата година, а еден дел од семето останува развлечено да никне до 12 години. Науката дала солидно решение за сузбивање на овој паразит, наоѓајќи начин на одвојување на семето на жолтата трева - свила од луцеркиното со посебна постапка и преку посебни ма-
шини, така што сите што сеат со купено семе кое го поминало овој третман во голема мера не се среќаваат со овој проблем. Овој проблем е многу изразен кај одгледувачите на чии површини се употребува семе од домашно производство бидејќи не може да се изврши таков третман во домашни услови и таму каде што не постои плодоред и не се спроведуваат агротехнички мерки. Како и да е, како проблем постои и е причина за стално преорување на површините кои се нападнати уште во првата или во наредните години на одгледувањето. l
Неопходни мерки за сузбивање • Ако е меркантилно семето, да се исплакне (потопи и промеша) во вода и да се исуши пред употреба. Да се вклучи во плодоред во кој ќе преовладуваат житните и мешункастите култури бидејќи нив не ги напаѓа; • Да се ограничи разнесувањето на нејзиното семе преку животински измет (испаша на стока) и поливни води; • Да се употребува арско ѓубре кое е чувано во набиена состојба без присуство на воздух и постаро од 4 месеци. • Уништувањето да отпочне што порано, додека има зафатено помали делови од парцелата и додека нема формирано семе; • Зафатениот дел да се окоси и внимателно да се изне-
се од парцелата и таму да се исуши и запали. • Потоа местото да се испрска со 10% раствор на ѓубре шалитра (NH4NO3) односно 1 кг шалитра на 10 л вода со испрскување од растворот по 1 литар на квадрат. Истата работа може да се изврши и со 5% раствор од син камен (Cu2SO4) x 5H2O односно 500 грама на 10 литра вода и испрскување од растворот по 1 литар на квадрат. • Доколку, пак, жолтата трева - свилата веќе цветала и формирала семе, местото кое е зафатено се окосува со уште еден метар од незафатеното, се суши, се покрива со слама и се запалува. Потоа тоа место треба да се преврти со лопатка во правец од периферијата кон центарот така што она што било површински слој да се вметне на длабочина поголема од 6 см. • Може да се употребат и хемиски средства или препарати за нејзино сузбивање кои се употребуваат во мали дози и во одредени моменти од развојот на жолтата трева и луцерката. Ќе наведеме некои од нив: ѓубре шалитра (NH4NO3) 15% раствор односно 1,5 кг шалитра на 10 литри вода со кој се третира зафатениот дел испрскувајќи 1-5 литри на квадрат од нападнатата површина. Raundap, Herbacor, Boom-Efekt и Glypfogan-48 SL со кои се третира 3-7 дена по косењето пред да започне бујниот растеж (810 см висина на луцерката).
26 | МОЈА ЗЕМЈА
СТОЧАРСТВО
дгледување на крави
Справување со топлинскиот стрес
Пишува: Соња Николова
В
исоките температурите во лето како и компликуваната метаболичка динамика кај преживачите, придонесуваат за голем топлински стрес кај кравите. Освен што имаат негативни последици во производството и репродукцијата, се појавуваат и здравствени проблеми често со долготрајни последици заради намалување на имунитетот. Карактеристики и симптоми на топлинскиот стрес се: - зголемена телесна температура; - намалена потрошувачка на сува материја – со намалениот апетит од 8-12% (1,8-2,7 kg сува материја) се намалува производството на млеко за 3,6-5,4 литри млеко (во добри одгледувалишта и до 25%); - смалено производство на млеко (квантитативно и квалитативно - белковини, млечна маст и лактоза); - намалена плодност и до 50%; - намалена имунолошка способност (почеста појава на маститиси). Крави во почетокот и до половина на засушување непосредно пред телење во лактација
Способноста за губење на топлина кај молзните крави е мала бидејќи имаат мал број на потни жлезди (90% помалку во однос со човечкиот организам), па затоа фармерите треба да ги подобрат условите со кои штетните влијанија ќе се сведат на минимум. Според поднебјето и временските услови, треба да се осигураат адекватни објекти и да се овозможат оптимални зоохигиенски услови. Објектите треба да бидат прозрачни
28 | МОЈА ЗЕМЈА
Потрошувачка на сува материја во kg 7,2-9,9 10,8-14,9 20,3-27,0
Потрошувачка на вода во литри 38-53 57-76 132-189
и удобни, со испусти кои ќе имаат и дел под ладовина, со доволен број на поилки. Исто така потребно е и секојдневно четкање на кравите како и да се заштитат од муви. При тоа треба да се води сметка за:
2. Вентилацијата и разладувањето во објектите – вентилацијата е еден од предусловите за да се смали процентот на влага во воздухот. Брзината на струење на воздухот е 10km/час. Најдобар начин на разладување на кравите е комбинација на вода и воздух.
1. Потребите за вода - за време на летните горештини повеќекратно се зголемуваат. Водата мора да биде чиста и свежа и да има доволен број на поилки во објектот.
3. Исхраната – оброците да се направат според производните особини на кравите (треба да бидат волуминозни лесносварливи збогатени со минерали и витамини). l
Балансирана исхрана
СТОЧАРСТВО
Соја и сточен грашок оброк за стоката Сојата и сточниот грашок спаѓаат во фамилијата на легуминози и се користат во исхраната на добитокот како протеински крмива Пишува: Дипл. агр. Јелица Бешлиќ
И
нтензивното производство бара и квалитетна и избалансирана исхрана на животните, што подразбира да се направи добра комбинација на внесување доволно количество енергија и протеини во оброкот, како и доволно количество минерали и витамини. Сојата и сточниот грашок спаѓаат во фамилијата на легуминози и се користат во исхраната на добитокот како протеински крмива. Сојата во исхраната може да се користи во вид на соина сачма и погачи, кои се нус-производи на прехранбената индустрија. Зрното од соја на овој начин е обезмастено за потребите на индустријата, а крајниот производ содржи 30-40% протеини со исклучителен квалитет и аминокиселински состав. За да може зрното од соја да се користи како сточна храна, потребно е термички да се обработи – екструдира (препржи, тостира или свари) на најмалку 107ºC за време од 10 минути, за да се уништат инхибиторите ензими кои го блокираат варењето на храната особено кај непреживарите и младите преживари. Кај молзни крави може да се употреби и свежо зрно од соја, но најмногу до 10% од
вкупната дажба (максимум до 2 кг сирово зрно дневно), со што се намалуваат трошоците за протеински крмива, со оглед на тоа што може да се произведе на сопственото стопанство. Недостаток е тешкото мелење на сојата поради лепењето за ѕидовите од мелниците и краткиот рок на чување (4-5 дена), затоа што поради високиот процент на масти може да ужегне. Примената на сурова соја не смее да се користи ако во оброкот е вклучена и уреа, затоа што сојата ја разградува уреата до амонијак кој доведува до надувување на грлата. Тостираната соја е одлично крмиво за тов на бројлери во количество од 25%, дава доволно енергија потребна за таа категорија, а исто така маслото што го содржи ја замастува сточната храна со што се намалува прашината, а со тоа се намалува надразнувањето на слузницата од носот кај бројлерите.
Сточниот грашок е едно од најбогатите крмива со протеини. Неговата употреба има многу предности: не бара доработка пред употреба, едноставен е и лесно се одгледува, рано доспева што овозможува уште еден посев истата година и ја остава почвата оплемената со азот. Сточниот грашок и на нашите простори дава сигурен принос, може да се произведе на сопствената нива, со што се намалуваат трошоците во сточарското производство. Зависно од сортата, грашокот содржи 20-28% протеини со добар аминокиселински состав. Енергетскиот дел од зрното најмногу го сочинува скробот, а помалку шеќерот кој варира од времето на жетвата. Погоден е за исхрана на стоката во сите фази од развојот. Во зелена состојба за исхрана на молзни крави, во млечно-восочна фаза на зрелост на зрното за сенажа (се силира целото растение), сувото зрно како прекрупа во состав на крмните смески и, на крај, и сламата која добитокот радо ја јаде. Поради високото ниво на лизин, а ниско ниво на метионин и цистин, одлични резултати дава кога се комбинира со сончогледова сачма, која има обратен состав. Поради сето ова, сточниот грашок е култура која сосема оправдано би требало да биде засеана на нивите на сточарските производители. l ЈУЛИ 2014| 29
ПЧЕЛАРСТВО Пишува: Раде Каранфиловски – „Апицентар“ – Битола
В
еќе е јули, а кошниците ни се празни, не само во медиштата, туку и во плодиштата. За да ја ублажиме оваа состојба, ќе се обидам да напишам нешто за тоа како да го подобриме медоберот, односно да се потсетиме на некои работи ако сме ги подзаборавиле. Ваквото подобрување уште повеќе вреди, секако, кога временските услови се подобри за медобер. 1. Пашата – таа е основниот фактор од кој зависи животот и развитокот на пчелното семејство. Карактерот на пашата се одредува од карактерот на флоропокривањето. Некои растенија лачат многу некар, а некои помалку. Тие што лачат многу нектар ги нарекуваме главни паши. Такви се багремот, маслените репи, сончогледот и др. Растенијата кои лачат помалку нектар ја формираат поддржувачката паша. Колку и да лачат помалку нектар, тие ја одржуваат кондицијата на друштвото. Па, според тоа, имаат исклучителна важност. 2. Технологијата на одгледување на пчелите – таа секогаш треба да биде усогласена со главната паша. Интензивниот развој на пчелното друштво треба да започне 51 ден пред започнувањето на главната паша, а да заврши 35 дена пред крајот на пашата. Тоа значи, пчелите од сите снесени јајца да земаат учество во главната паша. 3. Типот на кошницата – ланстротовите и фороравите кошници се подобри за медобер бидејќи се подобри за комбинирање (поработни) од ДБ која е поинертна. Кога сме кај кошниците, може да кажеме една из-
30 | МОЈА ЗЕМЈА
Како до повеќе мед
река: „Секоја пушка е добра во рацете на добар јунак“. Различните типови кошници бараат различни техники на пчеларење. 4. Метеоролошките услови – тие треба да бидат добри. Пчеларот не може многу да влијае на нив, а во последно време, со глобалното затоплување, тие станаа многу непредвидливи. За добар медобер секако дека во околината мора да има добри
медоносни растенија. Честопати, при исти услови, од две навидум исти по роеви кошници добиваме различен принос. Овде пчеларот може да влијае ако заради растителноста која во одделен период ќе дава медособир односно да го продолжува медособирот со наводнување и сеење на култури во повеќе наврати. 5. Времетраење на нектаролачењето – продолжителноста на времето на цветање, односно лачењето на нектар, зависи и од видот на растението и од опрашувањето. Нектаролачењето завршува веднаш штом ќе се оплоди цветот. Ова кажува дека нектаролачењето ќе биде подолго ако има помалку пчели во реонот. Ветровитото време, исто така, ги оплодува растенијата и го скратува времето на лачење на нектар. Во реоните во кои има слабо нектаролачење, исто така би требало да има и помалку пчели. 6. Оддалеченост на пашата – ова е многу важно бидејќи станува збор за транспортни расходи кај пчелите. Колку пашите се подалеку, толку транспортните трошоци (потрошувачката на мед) се поголеми. Медот служи како гориво. Покрај потрошувачката на мед за одење до пашата и враќање, тој е потребен и при собирањето (летање од цвет на цвет). Пасиштата подолги од 2,5 км се нерентабилни, односно повеќе ќе се потроши отколку што ќе се
донесе. Пчелите најчесто ги користат пашите до 800 метри кои им се најрентабилни. Најдобро е ако пчелите се однесат до пасиштето. Тука важи изреката „Медот се раѓа на тркала“. Во ова спаѓаат и транспортните трошоци за собирање полен и прополис. Водата, исто така, треба да биде што поблиску. 7. Расата и измелезеноста имаат голема важност за собирањето на нектарот. Измелезените пчели имаат ограничена нектарособирачка способност. Најмногу собираат автохтоните пчели за тој регион. 8. Јачината на пчелното друштво – го определува бројот на пчели во друштвото. Бројноста на пчелите во друштвото зависи од квалитетот на матицата (крупноста) и на нејзиното јајце. За добро друштво матицата треба да несе од 1500 до 3000 јајца во едно деноноќие. Продуктивно пчеларство со многу матици со лош квалитет не може да опстане. Добрите матици со своето несење го развиваат друштвото до максимум. Овде би го цитирал познатиот американски пчелар Дулитл, кој рекол: „Дајте ми добра матица, а јас ќе Ви направам многу мед“. 9. Влијанието на леглото – за добар медособир потребно е да има што помалку отворено легло, а што повеќе легло пред испчелување и многу млади пчели. 10. Сооднос помеѓу собирачките и примачките на нектар – ова е многу битно во медоберот. Собирачките се пчели кои летаат по нектар и го носат во кошницата, а примачките се пчели кои го примаат медот од собирачките. Примачките се нормално околу 45-50%, а собирачките 55-60%. На една собирачка во кошницата ѝ припаѓаат 2-6 примачки кои го преземаат нектарот, му додаваат ензими и го вентилираат да се намали водата на 17-22%. Често во главните паши дел од примачките влегуваат во собирачки и го зголемуваат бројот на 60-70%. Собирачките го собираат поленот. 11. Обезбедување со храна – за добра работа на друштвата и испитување на витални пчели кои ќе го зголемат медособирот е потребна доволно храна преку зимата, а тоа е 16-20 кг мед. Доколку резервите на храна се мали, се испилуваат помали и понеквалитетни пчели. 12. Квалитет на храната – за зимното исхранување потребно е медот да не е шумски или шеќерен. Лоша храна носи слаб медособир.
13. Цветен прав – неговата обилност е многу битна за создавање на квалитетни пчели кои се доста крупни и со подолг животен век. Должината на животниот век е доста важна. Замислете друштво со шеесет илјади пчели на кои сме им го продолжиле животниот век за 1 ден. Ова значи дека сме добиле вишок шеесет илјади работни денови на пчелите. 14. Продуктивно пчеларство е кога не е нарушен соодносот помеѓу нектарособирачките и нектаропримачките од една страна и хранителките на леглото од друга страна. Големиот број хранителки – дадилки на легло го прави пчелното друштво непродуктивно.
Пчеларите треба подетално да ги проучат и да ги практикуваат гореспоменатите работи. Придржувањето кон нив го прави пчеларењето продуктивно. Сите елементи се важни, но еден е сепак најважен, а тоа е пашата и нејзината искористеност. Овде би напоменал дека при изборот на место за пчеларење, секогаш треба добро да се проанализира растителноста на тој терен и можностите за подобрување на нектаролачењето. Пчеларите кои своите пчели ги позајмуваат за опрашување, треба дел од овие услови да ги бараат од сопственикот на културите кои се опрашуваат меѓу кои за наводнување и добри патишта до самата средина на културите. Да се дефинира употребата на хербициди и пестициди додека се пчелите на теренот и некое време пред тоа, во зависност од каренцата на средствата за заштита. l ЈУЛИ 2014 | 31
Одгледување на џунџуле
Цвеќарство
Цвеќе познато за македонските градини Пишува: Доц. д-р Маргарита Давитковска Асс. д-р Звезда Богевска
Џ
унџулето е познато како едно од најзастапените цвеќиња во македонските градини. Буди пријатни чувства при сеќавањата од детството и игрите во преубавите градини на нашите баби со жолти и портокалови џунџулиња. Латинското име на џунџулето е Tagetes sp. Видовите од родот Tagetes потекнуваат од тропските области на Америка, а во Европа се донесени во 16. век. Родот Tagetes припаѓа на фамилијата Asteraceae.
Размножувањето на џунџулето е со семе. Производството на расад се одвива во студени леи кон крајот на март или почетокот на април. Расадот е чувствителен на ниски температури и затоа расадувањето на отворено се врши во мај, кога нема опасност од слана. Растенијата се садат на растојание од 20 до 60 см, во зависност од висината на стеблото. Цветањето започнува 60 до 70 дена по сеидбата.
Џунџулињата се лесни за одгледување затоа што поднесуваат суша и висок интензитет на сончева светлина. Но, може да се одгледуваат и во полусенка. Квалитетот им се зголемува со дополнителна прихрана и редовно залевање. Џунџулето има широка примена. Ниските сорти се користат за правење на цветни бордури, средновисоките се користат за формирање на цветни леи, а високите за формирање на цветни групи и како режен цвет. Примена наоѓаат и како балконски цвеќиња. l
Tagetes erecta L.
Карактеристики
Tagetes signata Bartl.
Tagetes patula L.
Видовите од родот Tagetes формираат густо разгрането стебло, со перести и длабоко засечени листови. Цветовите по форма се цевчести и јазичести, собрани во главичести соцветија, обоени во жолта, портокалова или црвенокафена боја. Цветањето е долготрајно во текот не летото, сè до настапувањето на есенските мразеви. Во цвеќарството најголемо значење имаат видовите Tagetes erecta L., Tagetes patula L. и Tagetes signata Bartl. Од нив, има бројни сорти кои се разликуваат по висината на растенијата (од 20 до 100 см), како и по големината и бојата на соцветијата.
ЈУЛИ 2014 | 33
НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТРАКТОРИ Палета на трактори од 20 - 400 KS Палета на комбајни од 176 - 500 KS 250.000 произведени трактори годишно Првиот самооден комбајн на пазарот Massey Ferguson дистрибутери под:
www.austrodiesel.at
TЕЛ. 00 385 99 22 98 415 е светски признат бренд на концернот AGCO.
НОВО AUSTRO DIESEL КAКO ГЕНЕРАЛЕН УВОЗНИК MASSEY FERGUSON и AUSTRO DIESEL 32 години успешна соработка Одговорни за 10 земји од централна Европа (Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора)
50.000 сервисирани MF трактори 2.000 сервисирани MF комбајни Најголема компетентност за резервни делови
Трактори за лозарство
МЕХАНИЗАЦИЈА
Моќно, економично и комфорно
П
опуларната серија Masses Ferguson 3600 зазема важно место во категоријата трактори со моќност помеѓу 69 и 102 КС. Стандардните и специјални трактори MF 3600 импресионираат со поволниот однос на моќност и тежина, висок комфор и најдобра манипулативност во оваа бранша. - VSF модели: MF 3640 како V, S, F или GE верзија / MF 3650 и MF 3660 како S, F или GE верзија - ASP Common Rail мотори - менувач со 24/12 брзини со PowerShuttle и ComfortControl како и Speedshift за MF 3600 стандардни и специјални трактори. Овие специјални трактори за лозарство се опремени со AGCO SISU POWER мотори кои имаат електронско вбризгување под висок притисок со CommonRail технологија. Во комбинација со новите мотори воведен е и нов електронски рачен гас кој сериски располага со меморија на бројот на вртежите на моторот. Со 24 брзини за движење напред и 12 брзини за движење наназад, на располагање е прецизен менувач кој е развиен за специјални работи во овој сегмент на моќност на трактори на пазарот. Менувачите се за сите модели, со исклучок на В-верзијата, конципирани на 40 км/ч при номинален број вртежи на моторот.
Преглед на предности: > Широка палета на избор на специјални трактори > Нов MF распоред на кабина, модерен и ергономски, за уште поголем комфор > AGCO Sisu Power Common Rail мотори за поголема моќност, поголем вртежен момент, помала потрошувачка на гориво и поголема удобност при возење. > Електронска регулација на бројот на вртежи на моторот со меморија на бројот на вртежи за поедноставно ракување и работа без никаков замор. > 24 х 12 брзини PowerShuttle и Speedshift за модели MF 3600 А и MF 3640, MF 3650 и MF 3660 Spezial > PowerShuttle и Speedshift во комбинација - за поголем комфор > Функција на куплунгот и промена на степенот на оптоварување под притисок преку копче на рачката од менувачот - едноставно и ергономско управување > Свртување без куплунг - идеално за брзи маневри на вртење меѓу тесни редови и при користење инсталиран преден натоварувач.
јули 2014 | 35
МЕХАНИЗАЦИЈА
Механизација во градинарството
Машини за берба на зелка
Писува: Проф. д-р Драги Таневски
З
елката може да се бере рачно, полумеханизирано и механизирано. При рачната берба се ангажира работна сила која изнесува 150 - 170 работни ч/ха. Ако се применува полумеханизирана берба, се намалува ангажирањето на рачната работна сила за 60-70%.
36 | МОЈА ЗЕМЈА
За механизирана берба на зелката треба да се исполни барем еден од условите: - поголеми површини посеани со зелка и - уедначени и збиени глави. Неопходно е да се познаваат физичко-механичките особини, а особено димензиите, обликот и зафат-
нинската маса на главата на зелката, бидејќи врз основа на овие параметри се одредуваат димензиите на машината. За берба на зелката одговараат доцни сорти кои рамномерно созреваат и по големина се уедначени. За време на механизираната берба посебен проблем претставува отсекувањето на коренот на зелката со рамен исечок и откинување на првите листови од главата. Приносот на зелката се движи од 40 до 80 т/ха и повеќе. Бербата на зелката може да се олесни со употреба на платформи или конвеери. Овој систем го намалува учеството на работната сила за околу 50%. Во последно време се применуваат транспортни ленти со специјални приколки. Првите машини за потполно механизирана берба на зелката се употребувани во САД (конструкција на Cornell University), потоа во Германија, Русија, Холандија и Полска. Основни делови на комбајнот за берба на зелка се: рамка, апарат за отсекување, приемен транспортер, уред за одделување на листовите, лента за контрола, транспортер за растоварање, уред за закачување и тркала.
Уредот за отсекување е основен работен дел. Тој е наменет за отсекување на главата на зелката и нејзино предавање на приемниот транспортер. Се состои од рамка, две израмнувачки спирали со редуктор, два дискови ножа со редуктор, механизам за задвижување на апаратот и притисен транспортер. Уредот за одделување на листовите е наменет за одделување на слободните покривачки листови на зелката. Се состои од уред за задвижување и четири спирали. На површината има поставено гумено јаже. Спиралите се задвижуваат со два синџира. Рамката е поставена на главната рамка од комбајнот, а делот за растоварање за рамката на лентата за контрола. Лентата за контрола служи за преглед и контрола на очистените глави и за нивна дополнителна обработка. Транспортерот за растоварање служи за товарање на зелката во транспортното средство. За испорака на зелката во свежа состојба и за складирање, листовите треба да останат како заштита од повреди при транспорт. Според тоа, пресекот треба да се наоѓа под најдолните листови на кочанот. Спротивно, за индустриска преработка треба да се оставаат два до три листа. Овде пресекот треба да се извршува непосредно над долниот лист и тоа хоризонтално. Косиот пресек води кон тоа листовите да се отфрлат само на една страна и поради тоа чистењето е неопходно. При ниско
Врз основа на принципот на работата, машините може да се поделат во две групи: - машини кои вршат сечење на главата од коренот и - машини кои ги кубат растенијата и дополнително го сечат коренот. Постојат две технологии за берба на зелката. Врз основа на нив се конструирани соодветни машини. Кај првата варијанта зелката од неколку реда се бере со машини и се остава на крајот на парцелата. Зелката потоа се собира и товара во транспортно средство со друга машина. Кај втората варијанта зелката се сече и се товара во транспортно средство со една машина. Постојат едноредни и дворедни влечени или полуносени машини, кои вршат берба на зелката, ги чистат надворешните листови и ги товараат зелките во транспортно средство кое се движи паралелно со комбајнот.
сечење, листовите воопшто не се отстрануваат ниту се чистат во уредот за кинење листови. Превисокото сечење значи загуба во маса. Ако зелката се користи за преработка во фабриките, пред нејзиното
ситнење треба да се извади внатрешниот кочан. Оваа работа се врши со помош на полуавтоматски дупчалки. Дупчалката која се движи горе-долу во одредени интервали врши отстранување на внатрешниот кочан. l
Комбајн за берба на зелка ЈУЛИ 2014 | 37
ЃУБРЕЊЕ
Фолијарна прихрана на тутунот
Побрзо примање на хранливи материи
Пишува: Дипл. инж. агроном Благој Шоповски
Ѓ
убрењето на тутунот има повеќекратно значење, затоа што се одгледува на сиромашни почви. При правилно ѓубрење, тутунот не само што се развива подобро туку се зголему-
ва приносот и се подобрува квалитетот, станува отпорен на неповолните услови на надворешната средина, болестите и штетниците. Ѓубрењето на тутунот треба да се заснова првенствено на направена анализа на почвата на која се одгледува тутунот. Покрај содржината на азот, фосфор, калиум, треба да се одредат и другите важни агротехнички мерки.
Фолијарно ѓубрење Ѓубрењето се изведува преку листот, на брз начин се обезбедуваат макро, а посебно микроелементи, бидејќи тие се наоѓаат во лесно достапни форми за растението. На ваков начин значително се зголемува степенот на искористување и се извршува побрзо апсорбирање на основните хранливи материи. Овој начин на ѓубрење се изведува од садење до бутонизација, што покажува позитивно влијание на приносот, рандманот на класа и вредноста на производот. Сеидбата на семето во леите се изведува во текот на март, а расадувањето во мај, така што периодот на производство на расад изнесува 45-60 дена. Во текот на производство на расад се применуваат следниве мерки на нега: заливање, прихранување, проветрување, плевење и про38 | МОЈА ЗЕМЈА
редување, подрезување и калење. За прихранување се користат ѓубрива кои се лесно достапни на младите растенија. На два дена пред прихранување расадот не треба да се залива, за растворот на ѓубривата побрзо да дојде до кореновиот систем. Првото прихранување се изведува кога расадот има развиени први листови. Второто прихранување следува за 7-10 дена. Во леа од 10 м2 се користи раствор од AGROSAL AMONIUM NITRAT 50%. Во текот на вегетацијата ориенталните типови тутун кои најмногу се застапени во Македонија поединечно изнесуваат азот од почвата 20-50 кг/ха, фосфор 4-10 кг/ха и калиум 60-80 кг/ха од почвата. За обезбедување на овие количества, покрај основното ѓубрење, се применуваат и течните ѓубрива.
Количеството азот за ѓубрење зависи од примена на агротехничките мерки. Таа може да биде поголема ако се изведува интензивно ѓубрење со фосфор. Тутунот се ѓубри со минерални и органски ѓубрива. Покрај тоа се пременуваат и фолијарни ѓубрива, а за отстранување на киселоста на почвата се користат калциумови ѓубрива. l