Православен храм „Света Троица“
ноември 2008
Православен храм
Света Троица Радовиш—Р. Македонија
Ноември 2008 Страна 1
Православен храм „Света Троица“
ноември 2008
Соборен храм „Света Троица“ Радовиш, Република Македонија Општи архитектонски карактеристики Соборниот храм Св.Троица во Радовиш по својата архитектонска концепција припаѓа на типот еднокорабни цркви со впишан крст и сводна куполна партија проектирана во византиски стил. Зафаќа површина од 550 м2, поставен на локација од 4000 м2 на која има партерно уреден простор околу црквта, камбанарија, паркиралиште, фонтана, чешма, и административен објект. Црквата е висока 21м, а камбанаријата 23,5 м. Целокупната фасадна обвивка е класична ѕидарија по примерот на старата градителска традиција со видливо присуство на второстепена пластика во архитектурата. На покривот на објектот за прв пат во Македонија е применета постапката на патинација на бакарот со употреба на соодветен хемиски премаз .
Композиција на објектот Просторот во правец запад - исток формира влезна партија (трем), скратен нортекс (простор под галеријата), наос (простор под куполата) и олтар преграден со иконостас кон наосот. Олтарот со источниот ѕид ја формира догматската програма на апсиди во правец север - југ (проскомедија, централна апсида и ѓаконикон). Сите куполи во објектот се проектирани према византијскиот модел како совршена форма составена од калота, тамбур, сводови и пандантифи. На запад објектот завршува со карактеристичен своден кров, каде што под истиот архитектонски облик се формирани галеријата и нартексот.
Фасадна композиција на објектот Како една од многу важните карактеристики на објектот е фасадната композиција која се одликува со мошне строг архитектонски ред во византиски дух со впечатлива и нагласена второстепена пластика. Фасадната композиција формира карактеристични зони по вертикала одвоени со травертински венци, мермерни столбови како украси и слепи ниши (вдлабнувања) како посебни архитектонски форми со нагласено естетско значење. Мошне важно за објектот е да се каже дека за прв пат во Македонија е применета технологија на оксидација на кровната покривка од бакар при што во временски интервал од 24 часа се постигна ефект на патиниран кров како процес кој што во природни услови трае 30 - 40 години. Извршена целосна позлата на крстовите и шеснаесет краја на централната купола со симболизација на сончеви зраци Исто така треба да се забележи дека храмот изобилува со програма на витражи според познатата стара технологија на морана и олово. Витражите се вметнати во посебно лиени бронзени рамки и ги затвараат сите прозорски окна на храмот. Храмот е затворен со орнаментирани дрвени портали од дабово дрво и аплицирани со икони од топол емаил на централниот портал. Овие дабови порти изобилуваат со прекрасна дуборезна композиција. Страна 2
Православен храм „Света Троица“
ноември 2008
Внатрешна композиција Сите внатрешни ѕидови, столбови, сводови и куполи се насликани со фрескопис согласно православните канони. Вкупниот живопис е на 1.541 м2 и позлата на површина од 44 м2. Подот е обложен со мермерни и гранитни плочи, орнаментиран со симболи и композиции кои имале силно влијание на Македонската земја. Мноштвото мозаици пленуваат со својата убавина како во ентериерот, така и во екстериерот. Во мозаик е изработен подот под тремот, и над централниот портал. Над тремот изработена е композицијата Света Троица, додека во лунетите над северниот и јужниот портал се прикажани ангели. Иконостасот е со распон од 22 метри и е составен од три дела, каде во централната зона иконостасот достигнува висина од 6,8 м. Изработен е од липово дрво со широка ажурна резба богата со мноштво детали и целосна позлата на царските врати. На иконостасот се поставени 25 големи и 18 помали икони согласно православните канони. Стилскиот правец во ентериерната композиција ( иконостас, владицки трон, столици, врати и орнаменти) е во нагласен барок карактеристичен за западната култура и традиција. Особено внимание во објектот привлекува композицијата на партерот во ентериерот и екстериерот со упшотреба на мермери, гранити, травертини и мозаици. .
Опис на конструкцијата Објектот е армирано-бетонска конструкција составена од масивни лентовидни темели, столбови, ѕидови, сводови, носачи и цилиндрични и сверни куполи. Фундирањето на објектот е извршено врз предходно консолидирана земјена подлога добиена со постепено набивање на насип од шљунак во слоеви од по 15 см. На овој начин се зголемила носивоста на подлогата до границата на дозволени напрегања за ваков вид на објекти и се овозможило изведба на масивни армирано бетонски лентовидни темели. Армирано-бетонските столбови со димензии 80/80 см, во оплата по архитектонски детал, се извишуваат до висина од 15 м. каде се укрутуваат со армирано-бетонски носачи и сводови како подлога на четирите цилиндрични куполи кои формираат крст и четирите помали сверни куполи дијагонално поставени во однос на крстот, како и централната голема купола која се извишува до 21 м. Надворешните столбови се укрутуваат со армирано-бетонски платна со дебелина од 20 см. со што целата конструкција добива монолитност. Ѕидните платна од надворешната страна се дополнуваат со ѕидање на камен ѕид од травертин во форма и начин даден со архитектонските барања на проектанот, додека од внатрешната страна се ѕида ѕид од тула во варов малтер, завршно глетуван како подлога за фрескопис. Варовиот малтер е изработен по специјална традиционална зографска рецептура која овозможува квалитетен живопис во внатрешноста на храмот. Подовите и партерот се армирано-бетонски сендвич плочи кои обезбедуваат подлога за мозаичните изведби на завршните подни обработки, како и комплетна заштита на објектот од продор на влага. Кровната покривка е изработена од бакарен лим поставен врз сите цилиндрични и сверни куполи и истиот е патиниран со специјална хемиска супстанца.
Страна 3
Православен храм „Света Троица“
ноември 2008
Камбанерија Покрај црквата како мошне значаен објект во целокупниот архитектонски ансамбл се истакнува камбанеријата со својата нагласена грандизиозност и монументалност. Камбанеријата е лоцирана на северниот дел во однос на храмот и претставува посебна армирано-бетонска конструкција. Фасадно е обложена со травертински камен , а на четирите страни во втората висинска зона се изработени мозаици на четирите Евангелисти. Покриена е со купола од армиран-бетон обложена со патиниран бакар каде е поставен позлатен крст исто како и на петте куполи од храмот. Под куполата се поставени 3 камбани изработени специјално од Бергамо - Италија. Отворите на камбанеријата во третата висинска зона се орнаментирани со ковано железо.
Останати објекти Православниот храм Света Троица заедно со камбанеријата и крстилницата, како посебен сакрален објект, мозаичните мермерни патеки, зелените хортикултурни површини, црковната чешма, кандилабрите преставуваат една целовита духовна, архитектонска и уметничка целина.
Фрескопис Посебна убавина на ентериерот даваат разните духовни теми оживеани на ѕидовите со фрескопис изработен од мноштво уметници од Украина. Затоа во посебен додаток на темава давам краток преглед од живописот.
Страна 4
Православен храм „Света Троица“
ноември 2008
Источен ѕид (Голема апсида) : Причестување на апостолите Настанот се случува на Велики Четврток и означува почеток на новите времиња, откривајќи ја последната жртва на Синот Божји, зашто Исус навистина го даде Својот живот за светот – односно Своето тело и Својата крв. Па тој ден е извршена Тајната Вечера и е востановена светата тајна Евхаристија.“И кога јадеа, Исус зеде леб, го благосолови и рече: , Земете, јадете, ова е Моето тело ‘. И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: , Пијте од неа сите, зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите ‘. Вознесение Христово (над Олтар ): На оваа фреска е насликано вознесението на Господ Исус Христот, второто лице од Светата Троица, кое се случува четириесет дена по воскресението, на Маслиновата гора, близу Ерусалим, во присуство на неговите апостоли, славословуван од многу ангели, одејќи да подготви место во царството небесно за секоја праведна душа. Во горниот дел, во центарот на големи концентрични кругови, кои го претставуваат небото, Го гледаме Христа, како седи величествено: со десната рака благословува, а со левата држи свиток, кој го претставува Словото што го проповедаше на земјата. Христос е во светла облека, а тоа го символизира прославеното Тело на Христа: тоа значи дека по Воскресението, Христос има Тело кое повеќе не е подлежно на законите и на потребите од земната природа. Два ангела се во бела облека, а два во црвена. Човековата природа претставена со црвена боја на ангелите што го носа Исуса – отсега е на небото. Додека Божјата природа – претставена со белата боја на ангелите што им зборуваат на апостолите – отсега е на земјата. “Бог стана човек, за човекот да стане Бог„ – вели Св. Атанасиј Велики. Западен зид : Успение на Пресвета Богородица Богородица често ја посетувала Елеонската гора и ревносно Го молела Својот Син побргу да ја земе при Себе. Таму и се јавува свети Архангел Гаврил, кој и објавува дека за три дена ќе оди кај Својот Син, и го кажува часот на најзиното успение и и дава рајско маслиново гранче. Тогаш Светиот Дух ги собрал апостотлите од сите краишта на земјата, со исклучок на свети апостол Тома, бидејќи желбата на Пресвета Богородица била сите апостоли да присуствуваат на нејзиниот погреб. На фреската е прикажана Пресвета Богородица, легната на својот посмртен одар. Ја опкружуваат апостолите и првите епископи на црквата; ангелие се поклонуваат пред Неа; жени доаѓаат да му оддадат почит на Нејзиното пресвето тело. Во средината, зад посметниот одар стои Исус – во светла слава, држејќи дете во Своите раце, кое ја претставува душата на Неговата мајка. Страна 5
Православен храм „Света Троица“
ноември 2008
Страшен Суд На оваа фреска е наликан Христос, како ќе им суди на ангелите, човештвото и на демоните. Тогаш кога Синот Човечки ќе дојде во Својата слава, грешниците ќе ги стави од левата страна, а паведниците од десната, и секому ќе му се исплати според неговите дела. На фреската се насликани ангелите со труби, кои ќе ги подигнат сите народи од постанокот на светот и сите луѓе ќе бидат земени на облаци, како што вели апостолот Павле, и ќе стојат во очекување на Господа.
Северен зид : Рождество Христово На фреската е прикажано раѓањето на Богомладенецот Христос Бог (очекуваниот Месија), неговото овоплотување. Целата сликовна композиција е сместена во пештерата, кон која се сосредоточува се. Тоа е како една спирала, чија централна точка би била оваа темна дупка од која блеска Светлината. Исус е во дното на Витлеемската пештера повиен во пелени и положен во јасли. Раката на Богородица се чини го покажува новородениот, со овој гест Таа го води секој човек кон Синот Божји. Таа Го родила за спасение на човечкиот род, за да ја открие големата слава на Бога. Овде се прикажани и пастирите и ангелите, кои ја објавуваат радосната вест за рождеството Христово, како и праведниот Јосиф од Назарет. Над пештерата е насликана Витлеемската ѕвезда, која им го покажувала патот на мудреците.
Лазарево воскресение
На фреската е прикажан Спасителот со апостолите, каде што го воскреснува четвородневниот починат лазар од Витанија, а пред нозете на Спасителот се сестрите на Лазар – Марта и Марија, кои плачат за нивниот починат брат. Исус и вели на Марта: “Твојот брат ќе воскресне„, а таа му одговара: “Знам дека ќе воскресне при воскресението во последниот ден...„. Воскресението на својот брат таа го сфаќа само во иднина и во еден вид опша перспектива, но Исус покажува дека воскресението е веќе присутен факт, бидејќи Самиот Он е воскресение и живот.
Страна 6
Православен храм „Света Троица“
ноември 2008
Благовест
Може да постои како фреска Благовештението, но и не кора, бидејќи канонски тоа мора да е прикажано на светите двери. Насликан е ангелот Гаврил како слегува од небото кон Богородица за да и ја пренесе “Благата Вест„, односно најголемата од сите вести, почетокот на нашето спасение: Синот Божји станува Син Човечки!
Западен свод : Слегување во пеколот Црквата одредила вистинското сликање на Воскресението да биде Христовото слегување во адот, односно уништувањето на смртта. На оваа фрекса е прикажан Спасителот, кој слегувајќи во адот ги воскреснува прародителите Адам и Ева и сите оние кои го очекуваа неговото воскресение. Во православното предание јасно се гледа дека со Христовата смрт, потполно е поразена смртта, па затоа во црквата пееме: “Христос воскресна од мртвите, со смртта, смртта ја победи„. Јужен ѕид : Распетие Христово
Насликано Распетието Христово, односно доброволната искупителна жртва на Христос за човечкиот род. Над крстот се нагелите кои тажат за Христа. Под крстот е пресвета Богородица со Марија Магдалена и Марија мајката на Јаков и Јосија, а од другата страна е свети Јован Богослов, првиот ерусалимски епископ и најмалдиот ученик Христов, кој се грижеше за Мајката Божја, а до него е светиот Лонгин Стотник.
Цветници На фреската е насликан Христос Бог, како влегува во Ерусалим, качен на младо осле, придружуван од своите ученици. Го пресретнуваат жителите на градот, кои простираат облеки по патот по кој Он врви и фрлаат палмови гранчиња велејќи: “Осана во висините„ и Го прославуваат како Бог и Спасител. Народот гледа човек, кој на соле влегува во земниот Ерусалим, каде што ќе биде распнат. Црквата во Него Го гледа Синот Божји, кој влегува небесниот Ерусалим, за да царува во него. Страна 7
Православен храм „Света Троица“
ноември 2008
Н
Ноември 2008 Страна 8