Регистар на невладини организации во Скопје
Регистар на невладини организации во Скопје
Издавач: Здружение за волонтеризам Волонтерски Центар Скопје Директор: Никола Станкоски Проектен координатор: Вафире Мухареми Дизајн: Матис Гилсбах Наслов: Регистар на невладини организации на град Скопје
Регистарот на невладини организации на град Скопје е изработен во рамки на проектот „Заедно до подобро општество!„ финансиски поддржан од град Скопје. Содржината на регистарот е исклучива одговорност на соодветното здружениe, во ниеден случај не ги искажува ставовите на град Скопје.
2
Регистар на невладини организации во Скопје
Содржина Волонтерски Центар Скопје
4
Нел Скопје
25
Културно ехо - Скопје
5
Eлса Република Македонија
26
Интеркултура
6
Една може!
27
Љубезност - Скопје
7
Маша Мариа Скопје
28
Хуман Свет
8
Рома Прогрес
29
Центар за Едукација и Кариера Отворен Свет
9
ЛГБТИ Центар за поддршка
30
Кингмарколанд
10
30
Еквалис
11
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија
Педала
12
Шелтер центар Сигурна Куќа
31
Црвениот крст на град Скопје
13
Слоу фуд Водно, Скопје
32/33
Центар за интеркултурен дијалог
14
Екосвон, Скопје
34/35
Интегра нау Скопје
36/37
Диванхана
15
СЕГА
38/39
Нефрон
16
Y-PEER
40
Ин Виво
17
41
Еко Логик
18/19
Центар за младински активизам Крик
„ЛИДИЈА – Срце што чука“
20
ЗМСТАМ
21
Младите можат
22
Природник
23
Младинска организација Нова Генерација
24
3
Регистар на невладини организации во Скопје
Волонтерски Центар Скопје Волонтерски Центар Скопје е невладина младинска организација формирана во 2005 година, a регистирана во 2006 година од страна на поранешни ЕВС волонтери. Главната цел на организацијата е да им се дадат неформални образовни можности на младите луѓе и тоа во различни области на локално и меѓународно ниво; да ја промовира идејата за волонтерството и да ги поврзе младите луѓе без оглед на нивната националност, религија, политички, економски или социјален статус. Вложуваме напори во развивање на мултикултурно граѓанско општество, да се зајакне постоечката демократска структура, за подобрување на афирмација на младите луѓе преку нивните индивидуални способности и вештини, како и на поврзување на млади луѓе со цел за поблиска и подобра соработка. Нашата визија: • Дејствуваме како признат влијателен актер и партнер во општество кој нуди еднакви можности и пристапи за подобрување на животниот стандард на младите луѓе. Нашата мисија: • Активен снабдувач на информации и можности за волонтирање • Неформално образование на локално и на меѓународно ниво • Активна улога во насочувањето на користење на европските фондови и програми за младите • Вклучување на младите во донесувањето на одлуки и младинското информирање Директор: Веб-страница: Tel/Fax: Mob: e-mail: Интернет / fb:
Никола Станкоски ул.Емил Зола 3/3-1 / 1000 Скопје, +38922772095 +38978 323 039 vcs_contact@yahoo.com www.vcs.org.mk https://voiceskopje.org/ https://www.facebook.com/vcs.skopje
4
Регистар на невладини организации во Скопје
КУЛТУРНО ЕХО- Скопје
Mеѓународно здружение на граѓани ,,КУЛТУРНО ЕХО”Скопје
Културнo ехо е меѓународна, невладина и независна организација со седиште во Скопје, Р. Македонија. Здружението се формира по слободна иницијатива на група граѓани и ќе работи на организирање и спроведување на проекти, самостојно или заедно со други невладини организации, непрофитни здруженија и други правни и физички лица, со поширок опсег на активности, во насока на заштита и промовирање на човековите обврски кон уживањето на безбедна, здрава, чиста и одржлива животна средина; и човековото право на културата и уметноста кај граѓаните на светот. Со осврт кон архитектурата и други уметности, па се до компјутерските и правните науки, нашата мисија е да ја промовира корпоративната урбана и еколошка одговорност; повторно откривање, редефинирање и решавање на заедничките прашања преку конвенционални стратегии и нови перспективи за создавање на одржлив урбан, социјален, општествен и културолошки развој. Главна и стратешка цел на Здружението е реализирање на проектот Напуштени Можности, односно спроведување на истражување во сите држави од светот за објекти кои може да претставуваат закана по безбедноста, општото здравје, се извор на болести, зарази и зависности за граѓаните, животните и животната средина, и нивна пренамена за општо добро согласно член 27 и член 22 од Универзалната Декларација за Човековите Права. Назив на здружението
Меѓународно Здружение на граѓани
Акроним
КУЛТУРНО ЕХО- Скопје
Број на регистрацијана здружението
КУЛТУРНО ЕХО- Скопје
Датум на основање
7274831
Адреса на здружението
11.03.2018
Веб-страница
Ул. Антон Попов бр 36 Скопје-Гази Баба
Социјални мрежи (Twitter, Facebook,
www.culturalechoes.org
Instagram, LinkedIn, Google+,…)
www.facebook.com/CulturalEchoes/ www.twitter.com/EchoesCultural www.instagram.com/culturalechoes/
5
Регистар на невладини организации во Скопје
ИНТЕРКУЛТУРА Организација за културна соработка Интерултура Визија Интеркултура е признаена и почитувана организација која успешно работи на потребите и приоритетите на младите, промовирајќи интеркултурен дијалог и дејствува на локално, национално и меѓународно ниво. Мисија Продолжување со работа на развивање лични и професионални вештини на младите и промовирање на меѓукултурниот дијалог. Цели и активности на организацијата Интеркултура е основана кон крајот на 1997 година и официјално е регистрирана на почетокот од 1998 година. Во моментов сме активни на национално и на меѓународно ниво. Нашата целна група се млади во Македонија. Интеркултура работи на промовирање на различностите во Македонија и Европа. Нашите проекти се насочени кон поттикнување и стимулирање на работата во областа на културата, меѓукултурна соработка, борба против нетолеранција, национализам и промовирање на младинското учество. Во насока на исполнување на целите Интеркултура соработува со слични граѓански организации и добиеното искуство го користи во имплементација на проекти кои се занимаваат со културни размени, меѓукултурен дијалог, меѓурелигиска соработка и толеранција. Приоритети: • Запознавање и промоција на македонската и културата на другите етнички заедници што живеат во Македонија; • Заштеда на енергија и намалување на ефектите од климатските промени; • Активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво и креирање стратегии за идните активности; • Поддржување и стимулирање младинска работа во областа на културата; • Интеркултурен и меѓурелигиски дијалог на национално и меѓународно ниво; • Социјална интеграција на младите и намалување на невработеноста; • Спротивставување на секаков вид на националистичка, полова, расна, религиозна и друга дискриминаторска тенденција
6
Регистар на невладини организации во Скопје
ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ Здружение на граѓани за помош и поддршка на бездомници социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ Идентитет на Здружението: Почнавме како неформална група во 2013 година, продолживме во склоп на здружение кое се бавеше со повеќе дејности, а на 9 јануари 2015 година формиравме самостојно здружение под името ЉУБЕЗНОСТ, исклучиво за помош на луѓето од ранливите социјални категории. До сега имаме посетено и делено донации на семејства во Скопје и во останатите градови во Македонија. Здружението работи претежно на волонтерска основа и повремен хонорарен ангажман. Визија: Да бидеме најактивни чинители во процесот на ресоцијализација и реинтеграција на социјално загрозените лица во земјата. Мисија:Континуирана едукација, помош и поддршка на социјално загрозените лица во нивниот процес на реинтеграција. Главни цели на здружението:
1. Хуманитарна помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци 2. Посета и помош на самохрани мајки и деца 3. Посета и помош на стари, изнемоштени и болни лица 4. Водење грижа за квалитетот на работата на своите членови и нивно постојано учество на собири во земјата и надвор од неа 5. Издавање публикации со кои се дава увид во работата на Здружението 6. Развивање соработка со сите комплементарни здруженија во државата и надвор од неа
Конституенти: Таргет група на делување на нашето здружение се бездомниците и социјално загрозените семејства кои живеат во многу тешки услови за живот и се во голема сиромаштија. Партнери:
1. Асоцијација на студенти по социјална работа (АССР) 2. Иницијатива „Ретвитни оброк“ 3. Платформа „Мрдни со прст“ во која се вклучени повеќе организации како Ајде Македонија, Сојуз на извидници, Го Грин, Национален младински совет, Центар за интеркултурен дијалог и други 4. Големите маркети и компании 5. Волонтери 6. Платформа „Сите сити“ ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ “ЉУБЕЗНОСТ-СКОПЈЕ” 7. Коалицијата на „Банка за храна“ Бул. Кочо Рацин Бр. 30-1/3 , 1000 Скопје 8. Платформа „Храна за сите“ e-mail &fb: vistinskidelanaljubeznost@yahoo.com 9. Граѓаните како поединци Лице за контакт: Тони Станковски мобилен: +389 78 263 792 e-mail: stankovski.toni@yahoo.com
7
Регистар на невладини организации во Скопје
Хуман Свет е здружение на граѓани за заштита, зачувување и развивање на темелните вредности на човекот, природата и општествената заедница. Нашата визија е да направиме светот да биде едно подобро место на живеење. За таа цел се насочивме кон неформално образование и тоа на животни теми, стил на живеење и парадигма на пристап. Ова го работиме со организирање на предавања, обуки, семинари. Имаме специфика дека многу од нив ги работиме во природа. Работиме на проекти и пристапуваме кон корпоративната заедница, затоа што знаеме дека ним им е многу неопходно да се справуваат секојдневно со интензитетот на живеење и стресот кој се генерира во работните средини. Сме во процес на креирање на Центар за тренинг и одржување на работилници во природа согласно прилагодена програма на секој од учесниците посебно, или група од учесници, за постигнување на конкретни цели во природна средина е насочен кон:
1. Личен раст и развој, со кој се соочува индивидуата со самата себе во правец на справување со своите предности и слабости; 2. Справување со стресот кумулиран во текот на работната недела, месец, неколку месеци 3. Меки менаџмент вештини за конкретни нивоа на менаџмент; 4. Излегување од зона на конфор и креирање на пристап во новото; 5. Личен предизвик на конкретна тема; 6. Други обуки за кои ќе се појави интерес од учесниците .
Здружението е членка на неколку платформи во Македонија како МППС, Платформата на Бизнис Жени, воедно и еден од основачите. Во последните години и поддржувач и учесник на традиционалните ДЕбармалски серенади како традиционален културен настан на градот веке 12 години. Хуман Свет е член на Меѓународна Организација на Граѓани на Светот.
8
Регистар на невладини организации во Скопје
Центар за едукација и кариера ОТВОРЕН СВЕТ Краток опис на организацијата Визија: Мотивирано, отворено, пријателско, квалификувано и компетентно општество кое нуди еднакви можности и пристапи за подобрување на животниот стандард на невработените и маргинализираните граѓани Мисија: Центарот за едукација и кариера ОТВОРЕН СВЕТ има важна улога во развојот на општеството и намалување на невработеноста преку обезбедување можности за младите, невработените и лица од ранлива категорија да ги развијат своите способности и да стекнат нови вештини со цел да ја зголемат својата компетентност на пазарот на трудот и да пристапуваат со отворен ум. Главната цел на организацијата е да пружи поддршка при градење капацитети и развивање компетенции меѓу младите, невработените и други лица од ранлива категорија, да се развие претприемачки дух, да се разбијат стереотипите и се креира општество кое функционира со отворен ум. Центарот организира обуки, семинари, работилници, конференции и други настани за личен и професионален развој каде главна целна група се млади, невработени лица, маргинализирани групи, како и постари лица заинтересирани за долгорочен развој како дел од програмата за доживотно учење. Основни податоци за организацијата: Назив на организацијата:
Центар за Едукација и Кариера ОТВОРЕН СВЕТ
Датум на регистрација:
05.09.2015
Адреса/општина:
ул. Мите Богоевски 61 а / Аеродром
Област на дејствување:
млади, едукација, вработување
Контакт информации:
07845700, cekos.contact@gmail.com
Интернет страница:
https://mycekos.wordpress.com/
9
Регистар на невладини организации во Скопје
КИНГМАРКОЛАНД
Здружение на граѓани за туризам,култура,природа и спорт “KINGMARKOLAND” СКОПЈЕ ул. Крсте Ѓермов Шакир20 www.kingmarkoland.com e-mail:janakievska.gordana@gmail.com тел. 389 070 775025
Кингмарколанд е граѓански проект, насочен кон промовирање на македонското културно наследство и туристичките капацитети на Р. Македонија, преку актуелизирање на животот и делата на средновековниот владетел Крале Марко. Целта е да се презентира тој значаен период од македонската историја, интересен за домашната јавност, но и за потенцијалните странски туристи.Во рамките на проектот се предвидени низа активности, меѓу кои се вбројува и објавувањето на интернет порталот www.kingmarkoland.com, кој содржи богат опус од народните приказни и легенди, поврзани со името на историскиот и епски јунак Крале Марко. Содржината на порталот ќе биде преведена на најмалку 10 светски јазици, а во себе ќе опфаќа и информации за соработката на македонските со збратимените општини и градови од државата на чиј јазик ќе биде преводот. Меѓу другото, предвидено е и истражување и компаративна анализа на ликот на Крале Марко со значаен историски лик од таа земја.Проектот Кингмарколанд во својата програма предвидува отворање на Туристички информативни пунктови во Скопје, Охрид и Прилеп, каде странскиот посетител ќе може на својот јазик да добие податоци за комплетната туристичка понуда на Македонија, како и за сопствените конкретни желби и интересирања.
10
Регистар на невладини организации во Скопје
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЕДУКАТИВЕН РАЗВОЈ „ЕКВАЛИС“ Визијата на Здружението за едукативен развој- ЕКВАЛИС е креирање на општество во коешто граѓаните ќе се едуцираат, ќе ги преиспитуваат и менуваат општествените текови за личното и колективно општествено добро. Мисијата на Здружението за едукативен развој ЕКВАЛИС – Скопје е да ги вклучи граѓаните во процесите на општествена промена низ циклусот на едукација, критички пристап, анализа и преземање акција. Здружението за едукативен развој ЕКВАЛИС - Скопје се залага за меѓусебна соработка меѓу граѓаните преку надминување на бариерите од етничка, религиска, родова, сексуална, социјална природа или состојба на попреченост. Стратешки цели на Здружението се: - Вмрежување на граѓаните во платформи за општествено унапредување - Креирање на едукативни платформи и простори со еднаков пристап за граѓани од секоја позадина - Унапредување на човековите права на граѓаните - Учество во платформи и мрежи на локално, регионално и интернационално ниво. - Учество во процеси за донесување политики - Создавање на услови за одржлив развој во економска, политичка и социјална сфера. - Поттикнување на професионална, студентска и врсничка мобилност - Користење на актуелни програмски алатки за развивање на медиумската писменост на граѓаните - Промоција на родовата еднаквост во различни сфери на општественото дејствување - Едукација на педагозите во формалниот образовен систем и граѓанскиот сектор (идни и сегашни) преку методи на неформалното образование - Креирање на специјализирани програми за граѓани од маргинализирана позадина (лица со попреченост, социјално загрозени граѓани, баратели на азил, сексуални малцинства) Здружението за едукативен развој ЕКВАЛИС работи со програмите Еразмус + и на локални проекти во заедницата преку своите клубови за родова еднаквост, социјална инклузија на лица со попреченост, медиумските лаборатории и со неформалната група People to People International Skopje-Community Chapter. Повеќе информации за нашите проекти може да прочитате на www.ekvalis.org.mk .
Контакт: zer.ekvalis@gmail.com
11
Регистар на невладини организации во Скопје
П О Ч И Т У В А Н И Т О Ч А КО ЉУ П Ц И ,
ПЕДАЛА Н А С А М О Н Е КО Л К У П Е Д Л А Њ А О Д В А С П О С Т О И С О Ц И Ј А Л Е Н В Е Л О С И П Е Д С К И Ц Е Н ТА Р „ П Е Д А Л А“ .
„Педала“ е замислена како центар за обука и образование поврзано со велосипедизмот, место за самостоен сервис на велосипеди, простор за здружување на велосипедисти и двигател на велосипедската култура во Скопје. При што, кога велиме велосипедизам ние размислуваме за одржлив градски превоз кој е решение за сообраќајниот метеж во Градот, мерка кон почист воздух, физичка активност која води кон подобро здравје на граѓаните и извор на насмевки. Оттука, велиме дека нашата мисија е да „шириме насмевки, преку поттикнување повеќе луѓе да возат велосипед, да подадеме рака на лицата кои имаат потреба, и да создадеме поубав град“. ВО „ПЕДАЛА“ МОЖЕТЕ:
Да користите професионални алати за велосипед, кои се ставени на располагање. Да прашата колега точакољубец за совет. Да се образовате околу вашиот велосипед (одржување, менување гума, менување пакни, итн.) Да го подарите вашиот стар, веќе неупотребуван велосипед, за таму да биде поправен и понатаму дониран некому кому му е потребен Следат дополнителни активности и можности... За да ги користите поволностите на „Педала“ можете: Да донирате колку сакате, од 0 денари до бескрај, односно колку можете или цените дека е доволно за да продолжи да функционира и во иднина. Да се зачлените и да станете дел од приказната која води кон поубав вело град - Скопје. „Педала“ се наоѓа на ул. Њуделхиска 4, поточно, види мапа:
12
Регистар на невладини организации во Скопје
Црвениот крст на град Скопје (ЦКГС) е основан во 1945 година и е дел од Националното Друштво на Црвениот крст на Р. Македонија и со тоа дел од Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената Полумесечина. ЦКГС ја има координативната улога над општинските организации на Црвен крст на територијата на град Скопје и е доброволна, масовна, независна хуманитарна организација на граѓаните на град Скопје која дејствува и работи како невладина и непартиска организација согласно позитивните прописи на државата, Законот на ЦК на РМ, Статутот на ЦК на РМ и својот статут. За остварување на целите и задачите ЦК на град Скопје ги мобилизира и организира човековите ресурси, финансиските и материјалните средства како во земјата така и во странство. Мисија: Црвен крст на Република Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост. Визија: Дејствуваме, поттикнуваме и промовираме хумани вредности за навремено да одговориме на современите хуманитарни предизвици, а притоа решени сме да направиме повеќе, да го направиме тоа подобро и да стигнеме подалеку. Приоритети за работа - Дисеминација и имплементација на политики и стратегии за развој на програмските активности на организацијата на национално и локално ниво; - Развој на системот за менаџмент на волонтери и вработени; - Понатамошен развој на процесот за мониторинг и евалуација, како предуслов за зголемување на степенот на ефикасност, отчетност, транспарентност во работењето и подобрување на имиџот на организацијата; - Имплементација на процес за организациска надградба на организацијата; - Превземање и унапредување на активности за мобилизирање на фондови, со цел поголема финансиска смостојност и стабилност на организацијата; - Воспоставување партнерски сојузи за обезбедување поддршка за задоволување на потребите на целните групи во локалните заедници; Области на дејстување ЦК на град Скопје е активен во следниве области: здравствено-превентивна дејност, крводарителство, прва помош, социјално хуманитарна дејност, подготвеност и дејствување при катастрофи, дисеминација и ПХВ, меѓународна соработка, млади и информирање.
13
Регистар на невладини организации во Скопје
Центар за интеркултурен дијалог Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД)од Куманово е невладина, непрофитна младинска организација која работи на национално ниво во Македонија.Организацијата е предводена од младите, со што нашата работа се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите луѓе:од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и вмрежување.ЦИД работи на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници, каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно ангажирање на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани. ЦИД има 2 работни простории во Куманово – административна канцеларија и младински центар MultiКулти со 18 вработени со полно работно време и со скратено работно време.Персоналот на ЦИД е квалификуван за управување со проекти, финансиски менаџмент, прибирање финансиски средства, обука, фасилитирање, обезбедување на младинска работа, комуникација, логистика и администрација. ЦИД базата на обучувачи се состои од членови со разновидна експертиза и искуство во работењето со различни групи на теми како што се лидерство, организациски и развој на проекти, меѓукултурен дијалог и прифаќање, разрешување на конфликти, младинска политика, учество на младите, Европско државјанство и социјални медиуми. Базата, исто така, нуди обука и експертиза во полето на учење на возрасни, во партнерство со сертифицирани институции, организации и училишта за стручно образование и обука.Преку своите човечки ресурси, ЦИД нуди обука и градење на капацитети за горенаведените теми на младите, младинските работници и практичарите на младинска работа, креаторите на политиката и административниот персонал (општините, полицијата), институциите за формално образование (училишта и универзитети), итн.Паралелно со вработените во канцеларијата, 20 млади луѓе –ЦИД Академија- се обучуваат на долгорочна основа со цел да ги стекнат вештините што ќе бидат корисни за да станат следните лидери на ЦИД и да се вклучат во активностите на организацијата. Во рамките на својата активност во изминатите 12 години, ЦИД разви партнерства со младински организации и други институции кои работат со млади на европско, како и на глобално ниво. ЦИД е член на 6 меѓународни мрежи: Youth for Exchange and Understanding, Service Civil International, UNOY, DYPALL Network, CIVICUS, како и поддржувач на UNITED for intercultural action. Во рамките на овие мрежи сме посебно фокусирани на поддршка на размена и соработка помеѓу македонското граѓанско општество и слични организации од други земји. ЦИД е една од најискусните агенции за мобилност со контактни точки низ цела Македонија, обезбедувајќи мобилност на младите преку квалитетни образовни размени. ЦИД исто така е вклучен во општата мобилност на наставниците, училишниот персонал и луѓето на пазарот на трудот. Дополнително, ЦИД нуди меѓународни можности за волонтерство преку летни кампови и долгорочно волонтирање во Европа и на глобално ниво. На ниво на креирање политики, ЦИД е присутен во Советодавниот совет за млади на Советот на Европа. Целни групи на ЦИД: ЦИД работи со млади луѓе и граѓани од различни религиозни, етнички, национални групи кои во исто време се творци и корисници на нашите активности. Специфични активности се наменети за младински работници, наставници, возрасни ученици, како и сите засегнати страни вклучени во дијалогот меѓу заедниците и одржливиот развој на заедницата на локално, национално и меѓународно ниво: организациите на граѓанското општество, училиштата, локалните власти, телата за застапување и мрежите.
14
Регистар на невладини организации во Скопје Здружение ДИВАНХАНА ул. 1 бр.55 Љубин, Сарај даночен број: 4044017513267 матичен број: 7185340 тел. 075342326 divanhana_mk@hotmail.com
ДИВАНХАНА
Здружението за афирмација на бошњачката жена „Диванхана“е формирано во 2017 г. Основна цел и задачи на Здружението за афирмација на бошњачката жена ДИВАНХАНА Скопје.
• • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • •
Афирмација и интеграција на бошњачката жена во македонското општество; Развој, почитување и остварување на женските човечки права и родовата рамноправност; Мотивација и засилување на жените за превземање на поактивни улоги во сите сегменти на општествениот живот; Подобрување на сосотојбата на Бошњаците во образованието и културата; Промовирање на интеркултурноста како предност на мултикултурниот образовен систем; Негување на традицијата и обичаите на Бошњаците и другите етнички заедници; Организирање на културни настани за промоција на културата на Бошњаците; Учество во хуманитарни акции (посета на установи кои згрижуваат загрозени лица, хедникепирани, стари, болни и изнемоштени лица); Создавање услови за подобра здравствена заштита на населението; Организирање и учество на семинари, конференции и комисии; Промоција на здрави животни стилови; Подобрување на статусот и условите за живот на децата и младите; Социјална инклузија на младите луѓе преку разни форми на неформално образование; Зголемена информираност на младите за прашања и проблеми со кои се соочуваат; Работа со деца од предучилишна и училишна возраст; Работа со маргинализирани групи на млади луѓе (малцинства, руралните средини, социјални случаи и млади луѓе со девијантно однесување). Почитувањето и заштитата на човековите права и развој на демократија; Подигање на јавната свест во врска со различните форми на дискриминација, семејното насилство и трговијата со луѓе; Економска и политичка еманципација на жените; Почитување и практикување на демократијата; Промовирање на интеркултурен, меѓуетнички и меѓурелигиска соработка; Ненасилна решавање на конфликтите и промоција на мир; Заштита на животната средина; Кампањи за подигање на јавната свест за здрава животна средина; Зголемување на капацитетите на организацијата; Зголемување на бројот на волонтери и менторство на нови волонтери; Подигање на нивото на знаење на членките на Организацијата; Развивање на професионални човечки капацитети; Пренесување на искуства и знаења стекнати на семинари и работилници на активните членови во Организацијата; Развој на систем на мониторинг и евалуација на активности; Пронаоѓање на нови форми на самофинансирање.
, u j i um e n O gu! o m one
15
Регистар на невладини организации во Скопје
Здружението Нефрон е основано во 2003 г.од страна на пациенти на дијализа. Основни цели: грижа и застапување на интересите, барањата и потребите на бубрежно болните лица во Р.Македонија. Се залага за превенција, едукација за болеста, добивање на соодветен третман и подобрување на условите и квалитетот на лекување за пациентите со бубрежни болести, подобрување на целокупните услови за дијализа, воведување на современи лекови и медицински процедури, развој на трансплантацијата на органи особено бубрези и обезбедување на психосоцијална помош и услуги за членството. Организирано е преку мрежа на 23 ограноци во сите центри за дијализа низ Републиката од кои 5 во Скопје и 18 во внатрешноста, како и огранок на трансплантирани пациенти и дарители на органи. Краток опис: Здружение на бубрежно болни граѓани НЕФРОН Скопје седиште: ул.11 Октомври бр.17, Скопје Центар тел./ факс: 02/ 322 58 99 e-mail: zdruzenienefron@yahoo.com web: http://www.nefron.mk
16
Регистар на невладини организации во Скопје
Во фокусот на активностите на нашето Здружението се активности со кои ќе се подигне свеста кај јавноста за социјалните и економските предизвици со кои нашето општество се соочува, но и ќе се развиваат решенија кои би помогнале за намалување и надминување на овие предизвици. Визијата на Здружението е: • Достоинствени социо-економски услови и соодветна инклузија во сферите на опшествено живеење за сите граѓани на нашата земја, како основа за соодветна промоција на Европските и традиционалните вредности на Република Македонија. Мисијата на Здружението е: • Креирање и поддршка на иницијативи за подобрување на условите за живеење, учење и работа во Република Македонија. Контакти: Извршен Директор: Дејан Стојановиќ Телефон: 078 88 22 88 Е-адреса: dejan@invivo.mk Координатор за Едукативни Активности: Афродита Трајковска Телефон: 075 400 704 Е-адреса: afrodita.trajkovska@yahoo.com Координатор за Социјални Активности: Драгана Лазаревска Телефон: 071 733 171 Е-адреса: dragana.lazarevska@yahoo.com
17
Регистар на невладини организации во Скопје
Еко Логик
Контакт: Никола Нешкоски, претседател Телефон: 078 365 902 Маил: ecologic.mk@gmail.com
Здружението ЕKO – ЛОГИК e невладина организација посветена на заштита и унапредување на животната средина, промовирање на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на концептот на одржлив развој. Нашата организација поттикнува и поддржува позитивни промени врз животната средина во форма на: • • • • • • •
Промовирање на екологијата како наука; Промовирање на концептот за почисто производство; Заштита и унапредување на животната средина и природата; Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование; Промовирање на принципот за одржлив развој; Отворање на нови “зелени” работни места; Можност за обука на сите заинтересирани граѓани преку проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина.
18
Регистар на невладини организации во Скопје
„ЛИДИЈА – Срце што чука“ „ЛИДИЈА – Срце што чука“ е центар за советување и помош на жени којшто ја промовира вредноста на животот. Наша цел е да им пружиме помош на жените кои се соочуваат со непланирана бременост преку бесплатно советување и поддршка. Секоја жена заслужува и има право да биде добро информирана пред донесувањето на една таква важна одлука. Ние сме овде за да разговараме со нив за сите нивни опции, за пренаталниот развој на бебето, за процедурите на абортусот како и ризиците и можните последици од него, за родителството и за помошта која им е на располагање доколку жената е сама и без подршка од партнерот. Исто така нудиме и советувања во текот на бременоста, информации и советувања во врска со контарцепција и сексуално преносливи инфекции, апстиненција како и едукативни предавања за тинејџери. За жените, но и мажите кои поминуваат низ искуство на репродуктивна загуба, нашите советници се овде за да им пружат психолошка помош и поддршка. Контакт: Sole Stojcev 2-2/10 Skopje, Macedonia tel:+38970231787 +38970652881
19
Регистар на невладини организации во Скопје
ЗДРУЖЕНИЕ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ И АКУШЕРКИ НА МАКЕДОНИЈА ЗМСТАМ го претставува интересот на 10 000 сестри и акушерки преку своите општински здруженија и специјализираните групи или секции
ЕДНА ПРОФЕСИЈА - ЕДЕН ГЛАС!
За нас Националното Здружение на Медицински Сестри, Техничари и Акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) е единствена професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринството, промовира добра пракса и има за цел да придонесе во обликувањето на здравствените политики. ЗМСТАМ е најсилниот глас на сестринската професија. Седиштето на организацијата е во Скопје. Посветени да обезбедат соодветен сестрински и акушерски персонал со добри клинички вештини и образование, ЗМСТАМ е посветена да ги застапува интересите на сестрите и акушерките, како и на пациентите. ЗМСТАМ се залага за високи стандарди на сестринска и акушерска пракса, унапредување на положбата на сестрите и акушерките на нивното работно место, проектирање на позитивен и реалистичен поглед на сестринството и со лобирање во Парламентот и во ресорните министерства во врска со здравствени прашања кои имаат влијание врз сестрите, акушерките и целокупната јавност. ЗМСТАМ е во предните редови на политичките иницијативи кои се однесуваат на реформите во здравствената заштита. Помеѓу приоритетните прашања се: донесување на Закон за здравствена и акушерска нега; признавање и вреднување на високото образование на сестри и акушерки, како и нивните специјализации вградени во колективниот договор, во согласност со Конвенцијата 149 на Меѓународната организација на трудот; воведување менторство во сестринската пракса; валоризација на искуството на сестрите со средна стручна подготовка, а кои имаат повеќегодишно специјализирано искуство на работното место; да се зголеми улогата на патронажните сестри во пружањето здравствена нега во заедницата и проширување на нивната улога во пружање на базична и примарна здравствена заштита.
Мисија и цели Да се сочува достоинството на луѓето како човечки суштества, Да се задоволат универзалните потреби на луѓето да го зачуваат доброто здравје и среќа, и Да придонесе кон тоа луѓето да водат здрав животен стил За да ја оствариме нашата мисија, ние имаме за цел да: Го претставиме Интересот на сестрите, акушерките и сестринството и да бидеме нивен глас на локално, национално и меѓународно ниво. Да влијаеме И да лобираме на локално и национално ниво за да се развиваат и реализираат политики со кои ќе се подобрува квалитетот на нега на пациентите и со кои ќе се гради важноста на сестрите, акушерките и студентите по сестринство за реализирање на резултатите во здравството. Да ја поддржиме и заштитиме Вредноста на сестринскиот и акушерскиот персонал Работните услови во сите сектори на вработување Професионалните интереси на сестрите и акушерките Ги развиваме И едуцираме сестрите и акушерките професионално и академски, ги градиме нашите ресурси на професионална експертиза и лидерство Науката и уметноста на сестринството и нашата професионална пракса Градиме Одржливо здружение, кое е водено од своите членови, со капацитет да ја оствариме нашата мисија на ефективен, ефикасен начин, во согласност со нашите вредности Системи, ставови и ресурси за најдобра можна поддршка и развој на нашиот персонал.
20
Регистар на невладини организации во Скопје ЗДРУЖЕНИЕ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ И АКУШЕРКИ НА МАКЕДОНИЈА
Партнерства
Членства
ЗМСТАМ работи во долгогодишно партнерство со:
ЗМСТАМ членува во:
Национално ниво: - Министерство за здравство на РМ - Министерство за образование и наука на РМ - Канцеларијата за врски на СЗО - УНИЦЕФ - Школи за сестри и акушерки - И други владини и невладини организации Меѓународно ниво: - Данска Сестринска организација - Национални здруженија на сестри и акушерки на Словенија, Хрватска, Б и Х, Србија, Црна Гора (СЕНС) - Кралски колеџ на акушерки, Велика Британија
- Меѓународен Совет на Сестри (ИЦН) - Меѓународна Конфедерација на Акушерки (ИЦМ) - Европска Федерација на Сестри (ЕФН) - Европска Асоцијација на Акушерки (ЕМА) - Европски Форум на национални сестрински и акушерски здруженија и СЗО (ЕФННМА) - Европска Асоцијација на Студенти по Сестринство (ЕНСА) - СЕНС
Симболите на нашето лого ЛАМБАТА - го претставува наследството и традицијата на сестринството и ја поврзува хуманоста на сестрите и акушерките од РМ со сестрите и акушерките од светот. ТРИТЕ ДЕЛА од ламбата - ја претставуваат: Облините на ЛАМБАТА ја претставуваат отвореноста на сестринството кон луѓе, идеи и нови информации ПЛАМЕНОТ - го осветлува светот со знаење и информации
СИМБОЛОТ во средината - ја претставува соработката со другите здравствени професионалци
КРУГОТ - околу ламбата претставува часовник кој ја прикажува 24-часовната сестринска и акушерска служба
Професионална ангажираност Реализирани проекти: - ЛЕМОН проект (1995) - Ексклузивно доење (1996) - Рехабилитација на патронажната служба во РМ (2000) - Безбедно мајчинство, Кралски колеџ на акушерки (2009-2010) - Национална стратегија за безбедно мајчинство на РМ (2010) - Рехабилитација на патронажниот систем на РМ (2011)
Преведена и подготвена литература: - Модули за превенција од СИДА (1993-1994) - Сестринството во акција (1995) - ЛЕМОН проект на СЗО (1995), 14 поглавја - Основни принципи на здравствена нега (1997) - Кодекс на етика за сестри (1997) на македонски и албански јазик - Кодекс на етика за акушерки на македонски јазик - Кодекс на етика за акушерки на албански јазик - Меѓународна класификација на сестринска пракса (2004) - ИЦН Прирачници за Меѓународниот ден на сестри (1994 до 2013) - Сестрински интервенции (2011) - Категоризација на пациентите (2012)
21
Регистар на невладини организации во Скопје
Визија: Здружение на граѓани Младите можат е невладина, непрофитна и независна граѓанска асоцијација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократското општество преку активно граѓанство и социјален активизам. Мисија: Да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека можат самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството. Цели: ● Поттикнување на личен и професионален развој преку младинска работа и неформално образование: ● Промоција кај младите за моќта на активното граѓанство како начин на влијание на општествениот развој ● Овозможување простор за реализација на младински иницијативи ● Промоција на правата и слободите на младите луѓе (младинска мобилност и меѓукултурно разбирање)
22
Регистар на невладини организации во Скопје
Природник Што е Истражувачко здружение на студенти географи „Природник“? Истражувачко здружение на студенти географи „Природник“, официјално е регистрирано под ова име во април 2004 година. ИЗСГ Природник функционира како здружение на студенти географи во рамките на Институтот за географија при Природно Математичкиот Факултет во Скопје. Активностите кои ги превзема здружението се поврзани со научните дисциплини и предметите кои се предаваат на студиите по географија. Здружението има за цел да ја издигне географијата како наука и да ги вклучи студентите во осознавање на нови работи во функција на студиите. На овој начин членувањето во ИЗСГ „Природник“ е можност студентите по географија но и секој љубител на планината дополнително активно да се вклучат во истражување на географијата непосредно на терен, каде е вистинската географска лабораторија. Поточно главни цели и активности на здружението се: теренски активности, комуникација помеѓу студентите, едукација од најразлични области, студентски размени, контакти со студенти географи од други држави, подготовка на проекти, фотоконкурси итн. Тргнувајќи од намерата да се реализираат зацртаните активности во текот на 2004 година, поточна на 1.12.2004 година ИЗСГ Природник е зачленето како постојан член на Европската географска асоцијација за студенти и млади географи – ЕГЕА. Почнувајќи до 2004 година па до денес, здружението има организирано и учествувано на вкупно 75 домашни и меѓународни настани и активности. Од нив 43 настани и активности се организирани од страна на Природник, а 32 се учества и гостувања на меѓународни настани и активности.
23
Регистар на невладини организации во Скопје
Младински совет Нова Генерација Младинска организација Нова Генерација е непрофитна, невладина организација основана од група млади луѓе во 2010 година. Нашата мисија е да создадеме можности за младите луѓе, да промовираме размена меѓу учениците од различни земји, организација на летни и зимски кампови за подобро разбирање на културата и традициите на другите народи. Главната цел на организацијата е да им даде на неформалните образовни можности на младите, во различни области, на локално и меѓународно ниво; да ја промовираат идејата за волонтерство и да ги поврзат младите без оглед на нивната националност, религија, политички, економски или социјален статус. Нашиот тим постојано се стреми да им даде вистински ресурси и основни знаења на младите за идно вработување и да ја промовираме идејата за претприемништво за луѓе со помалку можности. Исто така обезбедуваме Обука и поддршка за младите поединци за подобар развој на демократијата и вредностите на граѓанското општество. Во нашиот тим има 4 лица кои работат на нашите локални проекти и избираат вистински учесници за меѓународни проекти, врз основа на целите на проектот и нивните потреби за учење и мотивација. Младински совет Нова Генерација има долгогодишна соработка со многу организации од Југоисточна Европа и ЕУ за проекти во рамките на Еразмус + и други програми на ЕУ како и други меѓународни фондации со теми: активно учество, социјално вклучување, младински активизам, европска свест, младински обуки за лидерство.
24
Регистар на невладини организации во Скопје
НЕЛ Скопје Асоцијацијата за Напредок, Едукација и Лобирање – НЕЛ Скопје е непрофитна, неполитичка, невладина организација со цел да ја подобри ситуацијата на младите и жените во сите сфери на социјалниот живот. Ова го постигнуваме со промоција на човековите права и волонтеризмот и нивните вредности, и правејќи ги овие работи да бидат овозможени за сите граѓани. НЕЛ Скопје е фомирана во 2005 година, од млади луѓе. Членовите на НЕЛ, припаѓаат на различни етнички, религиозни и родови групи, кои живеат во Македонија, на возраст од 16 години. Главни области на кои работиме се: промоција на човекови права, спречување на домашното насилство, родови еднаквост, граѓанска свесност, култура, одржлив развој, волонтеризам…. НЕЛ работи со ЕВС (Европски волонтерски сервис) од 2004 година и оттогаш има примено и испратено многу волонтери. Во рамките на ЕВС, можеме да испраќаме, примаме и координираме волонтери. Активности: • Организирање на работилници, обуки, семинари, тркалезни маси, платформи за вредностите кои ги промовираме. • Промоција на нашите цели и активности преку медиумите и јавни собири. • Организирање на кампањи (локални и национални). • Координирање на размени на волонтери на локално, национално и меѓународно ниво. • Соработка со други локални и интернационални организации кои ги промовираат нашите вредности. Контакт: Андријана Штериова 070837850 email: contact@pel.mk
25
Регистар на невладини организации во Скопје
ЕЛСА РМ EЛСА Република Македонија е независна, непрофитна и невладина организација насочена кон своите членови, студентите по право. Таа е основана на 05.09.1997 година во Скопје, од група млади ентузијасти, студенти по право, како дел од ЕЛСА мрежата во Европа. На Меѓународното годишно собрание, одржано во Опатија, Хрватска, во 1998 година, нашата национална група беше признаена како полноправна членка на ELSA International под своето уставно име. ЕЛСА РМ е организација со специфични цели во работењето и е единствена НВО целосно посветена на студентите по право како своја таргет група. ЕЛСА им нуди најразлични можности за стекнување ново искуство, како на национално така и на интернационално ниво, преку учество и организирање на бројни семинари, коннференции, програми за развивање вештини за правно пишување, програми за размена, пракси, тренинзи итн. Исто така, преку соработката со други владини и невладини организации, ЕЛСА ги истражува можностите за работни места за своите членови и им овозможува да го завршат Правниот факултет со колку што е можно повеќе теоретско и практично знаење за нивната идна професија. Денес, базата на членови на ЕЛСА РМ брои околу 300 студенти од Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ, како и студенти од другите правни факултети во Скопје, скоро дипломирани правници и вибрантна мрежа на алумни и поранешни членови, коидобија институционален облик во форма на European Lawyers Society, правно лице, кои сеуште активно ги помагаат нашите активности. ЕЛСА РМ организација од студентите за студентите по право, национален огранок на европска студентска асоцијација која ја спроведува интернационалната соработка, дејствува и на локално ниво и се посветува на подобрување на квалитетот на целиот студентски живот на своите членови. Како своја глобална цел ја има поставено промоцијата, воспоставувањето и развојот на взаемно почитување, соработка и лични контакти меѓу студентите по право и младите правници од земјата и странство и преку тоа да придонесува во реализацијата на визијата на ЕЛСА: “Праведен свет каде има почит за човечкото достоинство и културната разноликост“. Задачата на ЕЛСА е да ги подготвува студентите по право и младите правници за професионален живот во земјата и странство, да дава можност студентите по право и младите правници да ги изучуваат другите правни системи во духот на критички дијалог и научна соработка; да придонесува во правното образование, да го охрабрува взаемното разбирање и почитување и да промовира општествена одговорност на студентите по право и младите правници; да им помага на студентите по право и младите правници да бидат меѓународно ориентирани и професионално обучени и да ги поттикнува студентите по право и младите правници да дејствуваат за промовирање на вредностите на правната држава и демократскиот развој. Антонио Велковски Генерален секретар на ЕЛСА РМ Телефон за контакт: 078/458-186
26
Регистар на невладини организации во Скопје
Една Може! Ул. Џумајска бр.31, 1000 Скопје Р. Македонија fb: @onecaneednamozhe 02 551 1892, 071 936 497 onecan2015@yahoo.com
Една може! започна во 2014 година како женско движење за трансформација на стереотипните видувања во однос на еднородителските семејства и самохраните родители во Македонија. Движењето броеше 2 000 членки од целата земја. Две години после активистичките заложби, во 2016 се оформи граѓанска организација за антидискриминација преку унапредување на правата и можностите на жените самохрани мајки. Третата година од постоењето како правен субјект, се реформираше во организација за родова еднаквост и женски права и слободи. Една може! стратешки дејствува во три сфери:
1. Истражувања, анализи и застапување за измени на родови јавни политики; 2. Зајакнувања на девојки и жени преку тренинзи и обуки за родови науки и женски права; 3. Поддршка во формирање на женско претприемништво, вклучително и преку иновативното социјално претпријатие „Една прави“.
*Grassroots потеклото на нашата организација, засекогаш не поврзаа со волонтерството!
Досега, Една може! има учествувано во бројни иницијативи со сродни организации од граѓанскиот сектор за мониторинг и создавање јавни политики, инструменти и мерки кон социјално загрозените групи. Во рамки на организацијата, се изроди и социјалното претпријатие „Една прави“ посветено на самовработување на самохраните мајки преку создавање и продажба на органска козметика. Една може! се стреми кон себе да ги привлечи девојките и жените од маргинализираните средини, а посебно жените – самохрани мајки, организирајќи обуки и настани релевантни за нив, за едукација и вклучување во општеството без стигматизација и дискриминација. Веруваме дека солидарноста е политичко прашање! Дороти Пачкова, Претседателка на ГО „Една може!“
27
Регистар на невладини организации во Скопје
Центар за развој, едукација и советување МАША МАРИЈА Скопје Едукатор: Марија Конеска (Психолог, Едукатор)
КВАЛИТАТИВЕН ПРИСТАП И ОБУЧУВАЊЕ НА ВОЗРАСНИ ВО ОБЛАСТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛЕН, ПРОФЕСИОНАЛЕН И ЛИЧЕН ПЛАН СО ПОСЕБЕН НАГЛАСОК НА ИНСПИРАТИВНО И КРЕАТИВНО ПРОФИЛИРАЊЕ ШТО НУДИМЕ? Едукација на ВОЗРАСНИ (наставници, вработени, спортисти, воспитувачи, негователи, родители и други заинтересирани) преку работилници и обуки низ кои ќе се усвојат вештини, знаења, креативни методи, личен раст и развој низ темите кои ќе се обработуваат. Обуки за наставен кадар: „Интегрирање на човековите вредности во воспитно-образовниот процес“ „Личен професионален развој на наставен кадар“ „Управување со конфликти на работно место“ „Справување со стрес на работно место“ „Креативни методи и техники на учење“ „Ненасилна комуникација во училиштата“ „Водење на педагошка евиденција и документација“ „Тимска настава“ „Вештини на комуникации“ „Мотивација и самодоверба на вработени“ „Оценување на знаењата и способностите на учениците со примена на Блумовата таксономија“ „Работа со талентирани и надарени ученици “ „Личен план за развој“ Обуки за спортисти: „Справување со стрес“- Прирачник за справување со стрес на терен за спортисти-Марија Конеска „Мотивација на спортисти“ „Управување со конфликти на терен и во тим“ „Спортска медицина-повреди, ментално здравје“ „Техники на тимска работа“ „Вештини на комуникации“ Обуки за компании: Обуки и работилници за воспитен кадар во институции од предшколска возраст: facebook.com/Центар-за-развој-едукација-и-советување-на-деца-и-млади-МАШАМарија/ Контакти: Мобилен: 077/861-661; Фиксен: 02/ 2 439-104 Email: masha.marija.k.skopje@gmail.com
28
Регистар на невладини организации во Скопје
Информации за организацијата Поаѓајки од фактот дека Ромите претставуваат една од најранливите категории на граѓаните во Р.Македонија, недоволно запознаени со своите права, соочени со недостиг на образование и финансиски средства, секојдневно се борат да преживеат со елементарни услови за живот . Водени од нивната нееманципираност и нивната десоцијализација, Здружението Рома Прогрес ги постави своите темели со цел да ја исполни својата мисија која се однесува на интегрирање на Ромите во општеството преку унапредување на нивните капацитети. Визијата на Рома Прогрес е мултикултурно општество каде се елиминирани дискриминацијата и предрасудите како поими во општеството. Подрачја и области на делување на Прогрес се: градење мултиетничка толеранција, демократско владеење и човекови права , социлајна инклузијана Ромите и подобрување на статусот на живеење на жената Ромка, вклучување на Ромите во политиката, економски и социјални сфери и придонес кон развојот на волонтеризмот преку давање на волонтерски ангажмани во заедницата и проектите кои здружението ги реализира. За резултатите и видливоста на успешноста на проектите зборуваат успешните соработки кои Прогрес ги има остварено со институциите, со општина Шуто Оризари и мрежи на младински организации-СЕГА и Конект каде Рома Прогрес е член.
Капацитети на организацијата На чело на организаијата стои Кети Јованова, и извршен и назорен одбор составен од седум членови кој врши моноторинг врз работата и активностите кои здружението ги спроведува. Здружението како дел од својот тим брои 2 вработени лица, проект кординатор и асистент, 4 хонорарни ангажирани лица и стручни соработници, и преку 60 волонтери. Здружението располага со човечки ресурси и оперативни капацитети и ја има потребната техничка опрема за имплементација на проекните активности и канцеларијата со седиште во Шуто Оризари со ул.Индира Ганди бр.50, каде што имаме дирекна комуникација со целните групи и со општината.
29
Регистар на невладини организации во Скопје
ЛГБТИ Центарот за поддршка (Центарот) функционира 6 години како поддружница на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија. Мисијата на Центарот е зајакнување на ЛГБТИ заедницата за самозастапување и менување на правниот и социјалниот статус на ЛГБТИ луѓето во Република Македонија. Своето делување Центарот го спроведува преку три програми: Програма за зајакнување на заедницата, Правна програма и застапување и Програма за интегрирани односи со јавност. Овие три програми се од есенцијално значење за развивање и зајакнување на самата ЛГБТИ заедница. Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХЦ) е здружение на граѓани кое постои за заштита и промоција на основните човекови права и слободи, без разлика на нивната религиозна или политичка ориентација. Организацијата е регистрирана на 23.11.1994 година. Мисијата на МХЦ е да ги промовира и заштитува човековите права и слободи загарантирани со Уставот на Р. Македонија и интернационалните договори за граѓански и политички права, социјални, економски и културни права како и правата загарнатирани со договорот од Хелсинки од 1985 година. МХЦ е посветен на изградба на демократкси услови во коишто човековите права ќе бидат искажани врз основа на владеењето на правото.
30
Регистар на невладини организации во Скопје
Шелтер центар Сигурна куќа Шелтер центарот Сигурна Куќа, правно е регистриран како поддружница на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија и е ставен во функција на директна услуга на ЛГБТИ заедницата односно нејзината маргинализирана и ранлива категорија на граѓани, со цел заштита од секаков вид на насилство, помош во кризни ситуации, како и подолгорочна помош, реинтеграција и ресоцијализација. Услугите на Сигурната куќа вклучуваат, психо-социјална поддршка, бесплатни правни совети и социо-едукативни обуки за подготвеност за работа и практични животни вештини. Исто така, рекреативни и креативни програми и работилници, чија цел е да им помогне на корисниците на услугите на Сигурната куќа да научат нови вештини, да го пополнат време корисно и да се подготват за подобар индивидуален живот по напуштањето на шелтер центарот.
31
Регистар на невладини организации во Скопје
СЛОУ ФУД Водно Здружение за заштита, промоција и едукација за храна, Скопје Легален статус: СЛОУ ФУД Водно, Скопје - Здружение за заштита, промоција и едукација за храна, Скопје е невладина, непартиска и непрофитна организација основана во 2011 година. Здружението во своите редови вклучува 48 члена. Првата Слоу Фуд организација во Македонија е основана во 2008 година, во која активно учество имаат и основачите на Слоу Фуд Водно. Македонските локални организации се членки на интернационалната мрежа на Слоу Фуд присутна во 160 земји во светот. Организациска структура: Слоу Фуд Водно,Скопје како здружение на граѓани е претставувано од претседател, а организационата структура вклучува и Управен одбор, совет на експерти, како и координатори за едукација за храна и координатор за млади. Персонал/волонтери: Во Слоу Фуд Водно работат ученици волонтери и стручни лица во областа на делување на здружението, со скратено работно време. Двајца се технолози на храна и работат на области поврзани со производството и квалитет на храната, Дипломиран психолог, биолог и наставник кои работат на едукација и графички дизајнер кој работи на интернет страницата и дизајн на промотивни материјали. Мисија: Слоу Фуд Водно, Скопје преку различни активности, делува трајно да го промени функционирањето на прехранбениот систем и учествува во градење на нова гастрономска култура базирана на традиционалната македонска кујна, разновидните земјоделски производи од локалните фармери и знаењето на новите генерации. Преку едукација, новите генерации ги учи да ги почитуваат традициите, растенијата, животните, плодните почви и води, од кои произлегува храната. Главни цели: 1. 2. 3. 4.
Заштита на биодиверзитетот во снабдувањето со храна, поддршка и промоција на малите производители на одржлива храна и локалните и автентични производи. Развивање на мрежи и вмрежување во Тера Мадре светската мрежа, со што им се дава право на лас на малите фармери и производители на храна, состанувајќи ги заедно со готвачите, академиците и младите за да разменат знаење и да дискутираат како заеднички да го подобрат системот за храна. Состаноците се одржуваат на глобално, регионално и локално ниво. Едукација за храна и вкус, со обука на сетилата со цел повеќе луѓе да го разберат и ценат задоволството од храната, да научат од каде доаѓа храната, како е произведена и од кого, да се издигне нивната свест, да се отворат нови пазари и случат позитивни социјални промени. Скратување на синџирот и поврзување производителите и конзументите. Учество на некои од главните светски настани за храна: Salone del Gusto во Торино, Cheese! во Бра, Slow Fish во Џенова, Terra Madre светска конференција на заедниците за храна од целиот свет. Организирање и учество на локални манифестации каде се презентира одржливото земјоделство и занаетчиските производители на храна.
Целни групи: • • • • •
мали фармери во руралните средини занаетчиски (семејни) производства на локални производи ученици од основни и средни училишта, студенти на студии од области поврзани со храната конзументи генерално
32
Регистар на невладини организации во Скопје
Главни активности: • • • •
Промовирање на локални и автентични производи од различни региони во Македонија Поддршка на локалните мали фармери и нивна промоција и презентација директно пред конзиментите Едукација на децата на школска возраст за локалната храна и традиционалните сорти и тренинг на сетилата Едукација на конзументите за храна
Некои проектни активности • • • • • • • • • • • • • • • • • • •
Организација и учество на претставувањето на Слоу Фуд на „Агрофуд 2011“, Скопски саем 15-19.11 2011 Организирање на учеството на македонската делеагција на европскиот саемот на млади во Турда Романија Организација на одбележувањето на светскиот ден на Тера Мадре, трибина на тема: „Иднината на нашите семиња“ Работилници - едукативни активности за тренинг на сетила и вкус кај деца во СУГС Лазар Танев –Скопје Организирање и учество на Фестивал на леб- со хуманитарен карактер, средствата подарени во Центарот СВ. Климент Охридски за деца со посебни потреби Организирање на веке традиционален Ден на баба, со интернационален карактер Организирање и учество на Ден на Европа, во соработка со сите основни училишта од Општина Центар Иницијатор за формирање Младинска Национална Мрежа на Слоу Фуд Реализација на проектот Училишна градина во СУСГС ЛазарТанев –Скопје Организатор и учесник на работилница под мото- Училичните градини можност за еколошка едукација на учениците и локалната заедница- Балканси Терра Мадре Дубровник јуни 2014 Учество на Terra Madre Day –Торино 2012, 2014 Учество на Salone Del Gusto - Торино2012, 2014 Учество на Фестивал на “Чај и лековити билки” во организација на МРК Дијалог септември 2014 Учесник во организација на настан’”Биодиверзитет на млеко” во соработка со Slow Food Bitola Факултет за земјоделие и шумарство при УКИМ Партнер во реализација на проектот “ Конзервираме заедно” од програмата Erasmus+. Носител на проектот Фондација Savoir faire et decouverte од Франција 2015 Реализиран проект 2018 “Училишни градини-училници на иднината“ Во партнерство со АРНО и СУГС Лазар Танев реализација на проект “Готвиме Слоу Фуд “ 2018
Адреса за контакт: Адреса: ул. „МитоХаџивасилев Јасмин“ бр 6-1/6, Поштенски број/ Град: 1000 Skopje Држава: Република Македонија Телефон: (+) 389 70 252 963 E-mail : vased94@yahoo.com NLBТутунска банка АД Скопје Жиро сметка: 210-066874820169 Даночен број: 40800011520241 Матичен број :6687482
33
Регистар на невладини организации во Скопје
Здружение на граѓани за заштита на животна средина ЕКОЗВОН, Скопје
Основна цел на ЕКОЗВОН се: • Заштита на животната средина и биодиверзитетот; • Промовирање на екологија како наука, • Ширење на еколошки знаења и унапредување на еколошкото образование, • Влијание врз планирањето на урбаните средини од еколошки аспект, пред се градот Скопје,општина Гази Баба, • Залагање за заштита на животните, • Зачувување и унапредување на статусот на парк- шума Гази Баба • Следење на меѓународната и домашната еколошка регулатива и залагање за нивно ускладување. Влијание на Здружението во изготвување и усвојување на домашни и меѓународни закони, конвенции, протоколи и сл.; • Омасовување и подобрување на организацијата и инфраструктурата на Здружението; Активности на здружението »» Предлог иницијатива за Годишна Програма за работа на Влада на РМ за 2019 год. Со предлог мерка Воведување на задолжителен предмет ЕКОЛОГИЈА; со 1 час неделно т.е. 36 часа годишно во Основно образование. »» Истиот предлог беше доставен и до МОН на 27.04, 26.06 и на 13.11.2018 год со надеж дека при ревидирање на програмите во Основното образование овој предлог ќе биде успешно имплементиран. »» Учество при Предлог заложбите за Национален Акциски План за отворено владино партнерство 2018- 2020 год. На 09.јули 2018 год. »» Учество во активностите на Влада на РМ – Генерален Секретаријат за избор на член во Советот на Соработници со Граѓански сектор, 16.11.2018 год »» Активности во чистење на површини во Триангла- Маџари преку целата година. »» Соработка со Комуналното претпријатие на Општина Гази Баба во подигање на сметот од диви депонии кај ОУ НН Борче, Скопје, »» Учество со ПП на конкурси на Метамотфозис со МТМ телевизија и ГЕФ- Македонија.
34
Регистар на невладини организации во Скопје
Целите на ЕКОЗВОН се остваруваат преку различни форми на делување:
А. ДЕЛУВАЊЕ ВО СФЕРАТА НА ИНФОРМАЦИИТЕ, ОБРАЗОВАНИЕТО И КУЛТУРАТА: 1. курсеви и семинари за едукација на сопственото членство; 2. курсеви, семинари, симпозиуми, тркалезни маси, конференции, трибини и слично, како начин за едукација и свртување на вниманието на стручната и пошироката јавност кон одредена проблематика; 3. соработка со медиумите заради пласирање на одредени пораки и влијание врз јавното мислење; 4. соработка со стручно-научни институции, институции од образовниот систем, институции од државната и локалната власт, раководни структури од стопанството и нестопанството; 5. соработка со домашни и странски организации од ист или сличен тип; 6. печатење и издавање на разновиден пропаганден и едукативен материјал: летоци, плакати, брошури, информативно гласило и слично; 7. соработка со други организации од земјата и од странство; 8. соработка со училишта, факултети и други образовни институции заради едукативно делување меѓу граѓаните а посебно младите; 9. соработка со медиумитe и локалната самоуправа и централната власт заради остварување на целите на Здружението;
Б.
АКТИВНОСТИ НА ТЕРЕН:
1. еколошки патроли; 2. еколошки експедиции, кампови и сл.; 3. еколошки работни акции, пошумување и сл.; 4. чистење на поедни делови од градот Скопје, Општината Гази Баба,
В.
МАНИФЕСТАЦИОНИ АКТИВНОСТИ:
1. митинзи; 2. јавни протести; 3. демонстрации и 4. граѓанска непослушност.
35
Регистар на невладини организации во Скопје
ИНТЕГРА НАУ Скопје Здружение за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ Скопје Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ Скопје е непрофитно и невладино здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради заштита, остварување и реализирање на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности и зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Македонија, Европа и пошироко, а во согласност со Уставот и законските регулативи Граѓаните се здружени во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес. Мисијата на здружението е поддршка и промоција на интеграцијата на сите етнички заедници преку унапредување и афирмирање на заедничките вредности но, и со промовирање на спецификите на секоја заедница посебно (идентитет, јазик, култура, традиција и др), како и поттикнување на хуман однос кон поединецот, заедниците и целото општествено опкружување; Основни цели и задачи на Здружението се: • • • • • • • • • • •
Промоција и поддршка на зајакнување на културниот и јазичниот идентитет на заедниците; Остварување на основните човекови права на секој поединец; Подигнување на свеста кај припадниците на заедниците за нивната општествена одговорност и лојалност кон државата но, и свест за припадноста на етничката заедница, почитувајќи ги спецификите и обележјата на секоја заедница; Практична примена на посебните права на заедниците и особено на маргинализираните заедници по било кој основ (на пр. Власите, Ромите и др.) Промоција и поддршка на формалното и неформалното образование; Промоција на мултикултурното образование; Промовирање на волонтеризмот помеѓу младата популација; Потикнување на хуманоста и хуманото делување; Јакнење на капацитетите на младите припадници на етничките заедници; Промоција на европски вредностите и интегрирација кон европската заедница; Соработка со релевантни институции и организации на национално и интернационално ниво, а во насока на реализирање на правата.
Ова Здружение делува во насока на заштита на животната средина, хуманите односи во општеството и интеграцијата на сите етнички заедници преку унапредување и афирмирање на заедничките културни вредности но и промовирање на спецификите на секоја заедница посебно: јазик, култура, традиција, промовирање на граѓанскиот активизам и волонтаризам, поддршка на формалното и неформалното образование и др.
36
Регистар на невладини организации во Скопје
Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ активно дејствува уште од самото формирање, во јули 2016г. и до сега има реализирано голем број на активности меѓу кои позначајни се: • • • • • • • • • • • • • •
Трибина за подршка и зајакнување на јазичниот идентитет на заедниците; Конференција за местото и улогата на жената Влаинка, некогаш и денес; Промоција и поддршка на формалното и неформалното образование; Ликовен конкурс за учениците од основно образование кои го следат изборниот предмет Јазик и култура на Власите на тема; „S-u apurãm Planeta a noastrã – Да ја заштитиме нашата планета “; Собир по повод 8-ми март Денот на жената; Трибина за мултикултурното образование; Предаања за европски вредности и интегрирација кон европската заедница; Меѓународен Симпозиум на тема Депортацијата на Власите и Првиот влашки принципат; Курсеви за влашки јазик за возрасни; Летен камп за културата на Власите од 10-15.06.2018г.; Учество на трибини за Предлог законот за унапредување на правата на заедниците кои се под 20%; Трибина по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик; Организирање на промоции на изданија на влашки јазик; Учество на меѓународни собири на прашања поврзани со влашкото прашање; Изготвување на Еразмус плус проекти. Во моментов, Здружението организира: Курсеви за влашки јазик за млади и возрасни; Подготвува книга за обичаите кај Власите; Текстови за мини-театарски претстави на влашки јазик.
Вредности и принципи на работа
Професионалност и компетентност; Кооперативност и Транспарентност; Промовирање на младите како ресурси; Демократија, меѓусебна доверба и соработка; Развој на заедниците; Информираност.
Контакт: Здружение за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ Скопје Ул.Венијамин Мачуковски бр.22-3/21 1000 Скопје
Јана Михаилова – Претседател Тел.076/467-465 e-mail:mihailova_jana@yahoo.co Марија Николова – Заменик Претседател Тел. 070/699-768 e-mail:mnikol_2002@yahoo.com
Тел.076/467-465 и 070/699-768 e-mail:integramj2016@gmail.com Facebook page: Integra Nau Web page: integramj2016.wixsite.com/integra
37
Регистар на невладини организации во Скопје
Коалиција на младински организации СЕГА
Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации активна во полето на лобирање за промени во младинските политики, посветена кон подржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат. Коалиција СЕГА даде значаен придонес во креирањето на Националната Стратегија за Млади на Р.М. и Акциониот План за имплементација на Националната Стратегија за Млади на Р.М. Во 2009 година подготви Алтернативен извештај за имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето во Македонија. Извештајот беше презентиран во 2010 година пред Комитетот за Правата на Детето при Обединетите Нации во Женева. Препораките од Алтернативниот извештај (истата година) беа презентирани пред Комисијата за труд и социјална политика при Собранието на Република Македонија. Во 2010 година, СЕГА спроведе национално истражување за Младинските трендови и младинското организирање во Р.М., тоа е прво истражување од сеопфатен карактер после истражувањето направено во 2003 за потребите од креирање на Националната стратегија за млади. Со цел да се зголеми учеството на младите во донесување на одлуки и креирање на политики, Коалиција СЕГА го поддржа процесот на формирање на Совети на млади во 7 општини (Кавадарци, Штип, Свети Николе, Теарце, Струмица, Радовиш и Неготино) и Град Скопје и ги постави првите практики за гарантирање на институционалното учество на младите во општините. СЕГА континуирано работи на јакнење на капацитетите на Советите на млади. Врз база на европските искуства и стандардите на Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување (ERYICA), a во насока на зголемување на информираноста на младите во 2010 година СЕГА во Прилеп го отвори првиот „Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА“ во Македонија, додека во 2015 го отвори „Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА“ во Кавадарци. Во периодот на 2010 – 2013 година СЕГА ги креираше првите 13 Локални Младински Стратегии во Македонија и тоа во 12 општини (Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес, Дебар, Гевгелија, Штип, Свети Николе, Радовиш, Тетово, Кисела Вода, Илинден) и Градот Скопје. Во периодот 2011 – 2013 СЕГА континуирано и системски спроведуваше мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето во Македонија. Во 2017 година, СЕГА заедно со Меѓаши и МОФ, предводеше консултативен процес за законско уредување на ученичкото учество и организирање кој резултираше со Предлог текст за измени и дополнувања на законот за средно образование кој беше доставен до МОН.
38
Регистар на невладини организации во Скопје
Од 2011 година СЕГА континуирано работи со 20 основни и средни училишта каде ја воведе институцијата „Дете правобранител“ воспоставувајќи институционална рамка за соработка помеѓу децата и Народниот правобранител задолжен за заштита на правата на децата во Македонија. Во партнерство со истите овие училишта СЕГА воспостави процедури за демократски и фер избори за претседателите на одделенија/класови и беа формирани училишни/младински организации. Од 2015 година, во овие училишта започна да се применува Индекс за детски права преку кој се мери напредокот на училиштата во остварување на детските права. Од 2017 година, во партнерство со Бирото за Развој на Образованието и МОН, изготви ресурсен пакет за ученичко учество и заштита на детските права кој се спроведува во 30 основни и средни училишта. Почнувајќи од 2012 година СЕГА континуирано ја спроведува програмата Македонскиот Модел на Обединети Нации. Преку оваа програма младите се стекнуваат со вештини за истражување, јавно говорење, дебата, развивање конфликти, носење на одлуки со консензус како и лидерски вештини. Во 2015, СЕГА го примени методот на структурен дијалог за прв пат во Македонија. До денес, СЕГА спроведе 6 циклуси на структурен дијалог за теми од областа на младинското вработување, младинско учество, младинско информирање и младинска работа. Од 2017, СЕГА изготви и применува Индекс за Младински Развој Македонија во насока на зголемување на влијанието на младинските организации кон граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво. СЕГА во 2017 година беше особено фокусирана кон поддршка на социјалното вклучување на ранливите групи на млади луѓе преку создавање на еднакви можности за пристап до пазарот на труд, и во таа насока воспостави 4 Младински Инфо Кариерни Центри во Прилеп, Битола, Штип и Скопје. 15 млади го реализираа својот индивидуален кариерен план и го променија својот статус од приматели на социјална помош во вработени лица, од кои 2 се вработија кај истиот работодавач кај кој посетуваа практична обука. Во своето четирианесет годишното работење СЕГА има изработено голем број на публикации, прирачници и мониторинг извештаи како и организирано голем број на семинари и обуки за подигнување на свеста за потребата од младинско учество како и застапување и лобирање за младинските потреби. Коалиција СЕГА е формирана во 2004 година и во неа членуваат 23 организации (9 основни и 14 придружни членки). СЕГА е членка во Асоцијацијата на агенции за локална демократија, CIVICUS и ЕУРОДЕСК мрежата.
39
Регистар на невладини организации во Скопје
“Y-PEER е глобална младинска мрежа на организации и институции поддржана од Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА), која работи за и со млади луѓе во насока на заштита на нивното здравје. Во неа се вклучени повеќе од 700 граѓански организации и институции во повеќе од 50 земји од регионите на Југоисточна Европа, Азија и Пацифик, Северна Африка и Арапските земји, Централна Африка и Јужна Америка. Во Mакедонија Y-PEER мрежата постои од 2002 година, и делува во насока на подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите и застапување на нивните права. Своите активности мрежата ги спроведува користејќи го пристапот на врсничка едукација, постојано работејќи на подобрување на стандардите и квалитетот на истата. Врсничка едукација е процес при кој добро тренирани и мотивирани млади луѓе преземаат одговорност да организираат едукативни активности со нивните врсници (peers) со што помагаат во подобрување на знаењето, однесувањето, убедувањата, и вештините и ги оспособуваат да бидат одговорни и да носат информирани одлуки во живот.“
40
Регистар на невладини организации во Скопје
Што е ЦМА Крик? Центарот за младински активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Името е инспирација која произлезе од визијата на оваа организација, која треба да биде гласот на младите кои ќе бидат сослушани и ќе прават промени и придонеси во општеството. Крик се стреми кон поттикнување на поголема партиципација на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади лица со попреченост и без. Активностите кои се нудат се во насока на постигнување личен и социјален развој на целната група.
Извршен директор: Мила Карадафова Контакт: +38978370987 Е-маил: infokrikcenter@gmail.com kriksending@gmail.com Веб страна: www.krik.org.mk FB: www.facebook.com/CYA.KRIK/ Instagram: @cya_krik
41