Т
оч ка на кршење
поезија
Како се доаѓа до оваа состојба? Дали има враќање назад? Како да се залепиме? Прво, претпоставувам, треба да расчистиме со себе... Дали ова вреди? Дали било што вреди колку моето здравје? Колку мене? Колку мојот мир? Колку мојот дух? Потоа, уште колку? До кога? Уште колку чаши кафе ќе го надоместуваат изгубениот сон? Уште колку езера солзи ќе бидат привремено гасење на гневот кон системот кој крши? Уште колку апчиња ќе бидат привремен ублажувач на болката што се лечи само со внимание и љубов. Љубов, каков зборЈа раздаваме на секому, а за нас? За нас ништо не останува... Па, тогаш што воопшто раздаваме? И најпосле, за што? За бројка на лист хартија... За просек на лист хартија... За плата? Каков концепт Зар со здравје ќе плаќаме за здравје? Класичен пример за еднострано давање.... И попосле, можеби квалитет наместо квантитет е добра филозофија? И за крај, ајде да се вратиме на основата. Да, токму тоа ни треба Светот е брз, јас побрза Побрза да направам добра одлука Добра одлука како оваа, товарот на хартијава да го префрлам Дишењето да си го смирам, секаде на време ќе стигнам Светот е брз, јас побрза Побрза на сонцето да излезам Побрза духот секојдневно да го негувам Побрза болести и истоштеност да престанам да романтизирам Да, романтичарка сум, но романтичарка на ова? Не, го романтизирам секој здрав оброк Секоја чаша какао И с`е што не е кул Кул? Каков концепт Ќе не убие тоа кул Прекул за да спиеме сме За здраво да јадеме За да се смееме За со себе да се соочиме Бре, колку сме кул. Светот е брз, а јас бавна И тоа НЕ ме прави помалку забавна Дафина ,,Даффне” Веселиноска
*The Cottage Fairy на youtube
VOICES - 27