reportage
Кирил Марковски Силниот дух на две тркала
Македонскиот велосипедист Кирил Марковски (22) стана национален шампион на Македонија во Цикло-Крос. Тој е еден од надежите на велосипедизмот во земјава.
Д
одека спортовите како ракомет, кошарка и, особено, фудбалототкако македонскиот национален тим се квалификува за Европското првенство, се широко прифатени и следени од луѓето во Македонија, другите спортови сеуште не уживаат таква популарност. И велосипедскиот спорт е еден од тие. Сепак, сеуште има таленти и успешни приказни да се пронајдат. Затоа во ова месечно издание на „ВОИСЕС“ даваме можност да го претставиме Кирил Марковски, еден од македонските надежни таленти. Со своите 22 години, тој веќе има освоено неколку натпреварувања, во различни дисциплини на велосипедски трки, вклучувајќи го и националното првенство. Неговата страст за велосипед започнала многу порано, но работите се искристализирале во 2015 година, кога се одржал првичниот настан: „Се вратив од тренинг, го вклучив телевизорот и се појави велосипедска трка. Колку што се сеќавам, се прикажуваше ’Тур де Франс’, и колку што паметам, Марк Кевендиш победи на тој драматичен финиш. Во истиот
8 - VOICES
момент си помислив: ’утре ќе се зачленам во велосипедски клуб и ќе почнам да возам’“. Тогаш Кирил се зачлени во велосипедскиот клуб ЕБТС и работите тргнаа сериозно. Од тој момент, му требаше само една година да ја стекне титулата јуниорски првак на Македонија во Крос-Кантри олимписки велосипедизам (ККО) на возраст од 18 години. ККО е дисциплина на планински велосипедизам, каде возачите треба да извозат одреден број кругови на кратка стаза. Победата му овозможи на Марковски да учествува на Балканското првенство 2016 година во Црна Гора во планински велосипедизам, каде го освои 6-то место од 30 учесници. Но, Кирил не се посвети само на планинскиот велосипедизм. Веќе од 2017 година тој се испроба и во друг тип на велосипедизам, воглавном роуд велосипедизам, кој наскоро стана негова втора пасија. Тој стана лидер во клубот Вело-М и учествуваше на многу трки. Покрај националните, тој учествувал и на меѓународните