Voices August 2020

Page 28

ЕРАЗМУс+

Бакнеж за крај Некој мудар човек некогаш одамна рекол „се што е убаво кратко трае“. Па така му дојде и крајот на моето волонтирање во Алаурин де ла Торе, Шпанија. Гледајќи ги фотографиите и размислувајќи за сето она што се случуваше за време на изминатите осум месеци на лицето имам насмевка од среќа, а во очите солзи од тага.

Б

ез оглед на тоа колку сте го пропатувале светот или воопшто и да не сте мрднале од родниот град и првпат да се впуштите во едно вакво искуство. Чувството е исто кај сите. Среќа и радост затоа што твојот капацитет и потенцијал излегле до максимум на виделина, можности безброј за развој и напредок, но не само на професионален план, туку и како личност. Учиш и пронаоѓаш начин како да го прифатиш она што е нетипично и несвојствено за твојата кулура, но не само за да се вклопиш туку и затоа што се што се случува околу тебе едноставно, природно како вода те влече.

28 - VOICES

Колку волонтирањето е подолго, колку си повеќе опкружен со локално население, толку потешко ќе ти биде да се вратиш на она твоето, она на што не научило нашето место на раѓање и живеење. Тука доаѓаат солзите на очи и тагата за неможноста повторно да ги рашириш крилјата и безгрижно да ги покажеш своите потенцијали и можности. Враќањето во реалноста, прифаќањето на истата е тоа што ти ги полни очите со солзи додека срцето забрзано ти чука и во градите ти се преплетуваат чувството на среќа и тага.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.