4 minute read
Qëndisja, mes traditës së vjetër dhe modës së re
Белење на коралите — Гребените исчезнуваат
Дали сте слушнале за “дождовните шуми на морето”? Едни од најразновидните и највредни екосистеми, важни за преживувањето на илјадници животни и растенија – и тешко загрозени. Иако коралните гребени се клучни за човечкиот живот и одржливоста на животмата средина, сепак тие се соочуваат со криза. Криза за која за жал многу малку луѓе знаат.
Advertisement
Kоралните гребени се подводни екосистеми кои постојат 485 милиони години. Наречени се “дождовни шуми на морето” и овозможуваат дом за околу 25% од сите морски видови, и сето тоа додека окупираат помалку од 0.1% од целото океанско пространство. Постоејќи долго време, дистрибуцијата на морали и корални гребени варирала од време на време. Сепак, од 1950тите вкупната количина на гребени се намалила за 50%. Причините за оваа загрижувачка загуба се промените на условите во водата, зголемено рибарење, користење на земјиштето и други најчесто антрополошки причини.
Коралите се животни, совршено адаптирани на нивното живеалиште. Тие зависат од нивното живеалиште и другите организми во него за да преживеат. Најчесто, коралите живеат во симбиоза со алгите, zooxanthellae, во нивното ткиво. Алгите формираат заедничка врска со коралот што значи дека двата организми зависат еден од друг за преживување. Во нивната симбиоза zooxanthellae изведува фотосинтеза од каде се произведуваат одредени продукти, како шеќери, липиди (масти) и кислород. Zooxanthellae ги обезбедува овие корали со хранливи материи, кои коралните полипи ги користат за да го спроведат клеточното дишење и да растат. Во замена за хранливите материи, алгите добиваат јаглерод диоксид и безбедна средина за живеење.
Сепак, во последно време, еден феномен наречен “Белеење на коралите” се појавува сѐ почесто. Сензитивните корали силно реагираат на било каков “стрес” од животната средина. Кога го доживуваат стресот тие ги отстрануваат zooxanthellae алгите кои живеат во нивното ткиво. Резултат е тоа дека коралите ја губат нивната боја и изгледаат бели. Потоа, коралите го губат нивниот обезбедувач на хранливи материи и се поизложени на болести. Ако останат во таа состојба предолго, коралот ќе прегладне или ќе се разболи.
Додека стресот од животната средина е причина за белеењето на коралите, причините за тој стрес варираат. Постојат многу природни причини кои влијаат на алгите. Промените во соларната радијација може да предизвика повеќе белеење во летните месеци, и намалувањето на свежата вода кое се појавува во океаните по големите дождови исто така може да го предизвика тој стрес. Мора да се даде до знаење дека повеќето причини на белеењето на коралите се антрополошки.
Луѓето влијаат на океаните и морскиот живот на многу начини, директно и индиректно. Директната човечкопредизвикана причина на белеењето е седиментацијата, отстранувањето на супстанци како морското дно поради чистење на земјиштето или крајбрежни градби. Друга причина се контаминираните води, предизвикани од хемикалии. Особено протекувањата од нафтените сонди, машините кои ги користиме да произведуваме масло стануваат сѐ почести. Луѓето директно ги загрозуваат коралите со тоа што придонесуваат на климатските
промени. Климатските промени негативно влијаат на температурата на водата или нивото на морето. Дури епизотиите, тешките болести на животинската популација се фасцилитирани од климатските промени.
Избелениот корал не е веднаш изгубен но е високо загрозен. Ако избелените корали успеат да останат здрави, тогаш можат за опстанат. Опстанокот обично трае една декада ако не се случи некаков стрес во тој период. Сепак, моментално доживуваме масивни настани на белеење од историски размери. Во периодот на топлите води од 20142017 повеќе од 70% од гребените низ светот беа оштетени. Ако бројот на оштетени гребени не се намали, тие нема да можат да опстанат пред повеќе корали да бидат уништени.
Луѓето зависат од коралните гребени од повеќе причини. Гребените се живеалиште за многу видови, кои придонесуваат на конзервацијата на морскиот живот. Потоа, тие го стабилизираат морското дно и го заштитуваат крајбрежјето од ерозија и бури. Без гребените некои делови на крајбрежјето на Квинсленд би било ненаселено до сега. Гребените исто така го заштитуваат брегов со редуцирање на енергијата на брановите и затоа служат како природна одбрана од поплави. На крајот, коралните гребени влијаат на локалните економии. Не само што го поддржуваат туризмот, но и овозможуваат поддршка за локалните бизниси и исто така ги заштитуваат работите.
Сега по читањето на мојата статија, може да се чувствувате по безнадежно за судбината на нашите сакани корали. Ова се сепак работи кои помагаат на коралите.
Коралите поддржуваат повеќе од 25% од морскиот
Со користење на вода онолку колку што ви е потребно, го намалувате трошењето на вода која може да ги загади вашите локални сливови.
2. Свесно конзумирање на морска храна
Дури и да не сакате да станете вегетаријанец или веган, вие сѐ уште може да го помогнете морскиот живот со правење истражување и конзумирање на одржлива морска храна. Купувајте од локални рибари!
3. Носете крема за сончање која е добра за гребените.
Многу креми за сончање содржат oxybenzone и octinoxate, кои се токсични за коралите и другиот морски живот. Еднаш во морето или во океанот, овие супстанци може брзо да патуваат и да предизвикаат болести.
4. Волонтирајте и подигнете свест olunteer and raise awareness
Да се привлече внимание на темата во секојдневниот живот. Едуцирајте ги вашите пријатели и фамилијата, особено за тоа што да се направи подобро.
И кога ќе ги посетувате крајбрежните подрачја:
5. Не ги загадувајте подрачјата
Ако ги посетувате крајбрежните подрачја не оставајте ѓубре или други неприродни работи блиску или во водата. Ова е особено важно кога рибарите.
6. Бидете одговорни кога ги посетувате гребените
Ако некогаш посетувате корален гребен, не ги допирајте коралите и бидете деликатни околу гребенот. Избегнувајте да земете парчиња од коралите дома како сувенири.
Тамина Шулце Преведувач: Мартина Даниловска
Sources: S. Sully; D. E. Burkepile; M. K. Donovan: A global analysis of coral bleaching over the past two decades, Barbara E. Brown; John C. Ogden: Coral Bleaching, calacademy.org, oceanservice.noaa.gov