reportage
Тоа што сме сите различни еден од друг, нè прави да сме сите еднакви
Ние, младите во Радовиш, среќни сме, што живееме во еден мал и мирен град, кој исто така ни нуди и можности да го исполниме нашето слободно време со активности кои ни помагаат да научиме многу нешта и во исто време да им помогнеме на сите кои имаат потреба од помош. Една од тие можности е да се биде дел од Општинската организација на Црвениот крст (ООЦК Радовиш). 14 - VOICES
П
ред точно 70 години, во Мај 1952, беше формирана оваа општинска организација. Нека ни е честит јубилејот! Во оваа прилика сакам да ви раскажам што значи да се биде волонтер и да ви раскажам за некои активности во кои јас бев дел оваа година.
За Радовиш Радовиш е мало место кое се наоѓа на околу 100 км југоисточно од Скопје. Според последниот попис од 2022 во Радовиш живеат нешто помалку од 29 000 луѓе. Традиционало јадење е познатиот
„Радовишки самун“, кое се прави од тесто и од повеќе видови на месо (свинско, пилешко, телешко итн). Под името пастрмаjлија овој специјалитет има своја копија во други градови од нашата земја и е секогаш причина за дискусија, од каде потекнува оригиналот. Во есенските денови Радовиш е исто така познат по манифестацијата „Самун ем татлија“ (татлија е десерт, кој се прави од младо сирење). Кога не сме дел од оваа манисфестација, организираме други активности со Клубот на
млади, кој функционира како дел од ООЦК Радовиш.