VOICES March 2022

Page 26

фотографија

Фотографите како чувари на спомени, но и најчеста мета на кражби

Joren Aranas

“Фотографијата е приказната која не успевам да ја искажам со зборови” Дестин Спаркс

Ф

отоапаратите се едни од најдрагоцените предмети на светот. Од дрвени кутии прекриени со црн чаршаф, сè до аналогни и дигитални со долги објективи, апаратите со векови документираат безброј моменти. Но сепак фотоапаратите би биле безначајни доколку нема кој да ја создаде магијата зад нив. Првата перманентна фотографија го носи името „Поглед од прозорот во Ле Грас“. Неа ја има направено фотографот Жозеф Нисепор Ниепс во 1825 година користејќи дрвена кутија на лизгање направена од Чарлс и Винсент Чевалиер во Париз. Од тогаш па натаму непрестанато се појавуваат нови фотографи кои со различните стилови ни го доближуваат светот низ нивните очи. А и вие би можеле да се согласите дека да не би постоеле, љубопитното око на човекот никогаш нема да е задоволено. Многу од фотографите низ светот имаат направено неверојатни фотографски дела кои го задржуваат вниманието и токму поради тоа често се случува истите да бидат искористени без да се даде заслуга на авторот. Во ерата каде што имаме широк пристап до секакви содржини стана доста вообичаено да се „крадат“ фотографии не размислувајќи за последиците 26 - VOICES

од тоа. Покрај тоа што се занемарува нивната вредност и се обезвреднува креативниот ум на фотографот, постојат и случаи каде истите се препродавани од страна на онои што ги презел.

Gino

На денешницата големо влијание врз таквиот вид на кражби имаат социјалните мрежи. Секој од нас барем еднаш бил сведок на статии или постови со прекрасни фотографии чии автори не се никаде споменати. Најчест изговор за ваквите случувања е тоа дека „се најдени онлајн“, но тоа воопшто не го оправдува направеното. Голем број на млади луѓе денес влегуваат во сферите на фотографијата, а јас познавајќи такви млади инспиративни луѓе често сум сведок на тоа дека тие се вообичаена мета.

Jeremy Bishop

Mohammado Shokoofe

Затоа сите ние кои сакаме да објавиме на Инстаграм фотографија која не импресионирала. Најмалку што може да направиме е да дадеме признание на авторите за да го спречиме ваквиот „потценет“ вид на криминал. Сепак во ова време на милост и немилост, уметноста како професија е храбар чекор на младите. Мартина Даниловска Извори: Shotkit Indiatimes

Sam Burriss


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.