3 minute read

Локални филмски продукции?

Локални филмски Локални филмски продукции продукции

Премиерите на нови филмови, филмските постери на улица или удобните ноќи дома гледајќи Нетлфликс и сериите се голем дел од нашите животи. Покрај тоа, кинематографијата е уметност која прикажува култура, социјални норми и мислења. Таа е важен медиум за културна размена помеѓу држави и преку граници. Локалните режисери опфаќаат теми од регионален и национален интерес, прикажуваат конфликти или се обидуваат да ги обединат заедниците. Поради тоа би требало да се обрне посебно внимание на локалните филмски продукции. Како започнала македонската филмска продукција и каква е денес филмската индустрија?

Advertisement

Кога за прв пат филм бил прикажан филм во 1895 година од браќата Лумиер, филмската продукција била локално сконцентрирана во западна Европа. Тоа се променило кога во 1905 година фотографите Милтон и Јанаки Манаки дошле во Лондон и ја купиле својата прва филмска камера Urban Bioscope 300. Го документирале својот прв филм „Ткајачки“ кој е препознаен како прв филм на балканот. Националниот архив на Македонија чува повеќе од 17000 слики и повеќе од 1200 метри филм. Филмови со траење од 60 секунди до повеќе од 20 минути кои прикажуваат важни историски настани во балканскиот регион. Браќата Манаки имаат оставено наследство, нивното влијание се уште е забележливо во Македонија. Во чест на браќата Манаки, на филмскиот фестивал во Битола се дава наградата Златна камера 300 која е наречена по нивната прва камера. Општо земено, Македонија има богата историја на кинематографија.

Денес можеме да забележиме значителен пораст на глобално наградување на продукции од Македонија. Од „Пред дождот“, првиот филм интернационално препознаен и номиниран за Оскар од 1995, Македонија забележува пораст на филмската индустрија. Филмовите продуцирани или копродуцирани од Македонија будат светски интерес. Во последниве години, се наградени филмови кои специјално се посветени на светски проблеми како климатските промени, уништувањето на природата или борбата на феминизмот.

Овој развој можеме да го забележиме во последниве години од филмската продукција. Документарецот „Медена земја“, филм за климатските промени, губењето на биодиверзитетот и експлоатацијата на природните ресурси е режиран од Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Од неговото издавање во 2019 година, филмот е награден на локални фестивали и доби две номинации за 92те Академски награди. Во историјата на оскарите, тој беше првиот документарец номиниран за најдобар документарен и најдобар интернационален документарен филм.

„Господ постои, името и е Петрунија“, режиран од Теона Митевска ја прикажува борбата на феминизмот во традиционално патријархално општество. Откако доби повеќе интернационални награди, филмот доби и Луксфилм награда од европскиот парламент.

Македонија се соочува со одредени инфраструктурни проблеми што се однесуваат на носењето на филмовите до нивната публика. Има само неколку кино сали во Македонија од кои повеќето се во Скопје и Битола. Луѓето од руралните средини ја немаат можноста да посетат филмска премиера. Затоа македонската филмска агенција сака да ги поддржи продукцијата и прикажувањето на локалните филмски продукциии и затоа ќе финансира повеќе филмови.

Како што повеќе локално продуцирани филмови се пласираат на пазарот и се зголемува поддршката за нив, може да очекуваме поуспешни македонски филмови. Спремете се и очекувајте почесто да ги посетувате кината.

‘Кинематографијата не е само да ги натера луѓето да сонуваат. Таа ги менува работите и ги тера да размислуваат. ’ - Надине Лабаки

Тамина Шулце Превод: Матеј Башовски

Извори: filmneweurope.com europeanfilmagencies.eu cineculture.online

This article is from: