5 minute read
Со убавината не може да се брза
Пред неколку децении, немаше толку многу продавници за накит. Немаше синџири, и секој кој го изработуваше овој накит нудеше посебен дизајн. Денес, многу продавници меѓусебно се надминуваат во понуди кои не се разликуваат едни од други. Ова е една од причините зошто се повеќе и повеќе луѓе го ценат она што е единствено и направено рачно. Рачно направениот накит гарантира персонализирање, а македонскиот филигран е одличен пример. Го прашав мојот ментор и пријател, изработувач на накит и филигран артист Јаков Гулија - која е тајната позади креирањето на прекрасен македонски накит.
Најдобро познатиот бисер на Македонија е дефинитивно Охридското Езеро, но за жал, не е парче накит што секој може да си го земе дома. А филигранот, пак, од друга страна, можеш да си го земеш. Македонскиот филигран е заштитен знак на државата и уметноста со долга традиција. Битола, Охрид, Струга и Скопје се градовите каде што филигранот добро напредува. Во Скопје, додека се движите по Стара Чаршија неколку улици се всушност само продавници за накит. На излогот можете да видите килограми сребро и злато. Можете да најдете што сакате, ланчиња, обетки, алки, прстени, брошеви или аксесоари за коса. Повеќето од овој накит е изработен со техника филигран.
Advertisement
Зборот „филигран” потекнува од латинскиот збор „filum” (конец) и „granum” (жито). Елементите кои се изработуваат со оваа техника се многу мали и извиткани, а деликатните жици кои се артистички оформени често даваат импресија како да се направени со врвка. Старата изработка на филигран почна да напредува како што уметниците ја пренесувод генерација на генерација, но како и многу години порано, процесот си бара трпеливост, креативност и прецизност. Јаков Гулија (32) е третата генерација на изработувачи на накит и филигран во неговата фамилија. Се започнало со неговиот дедо, потоа неговите вујковци ја научиле техниката, па му ја пренеле на Јаков и неговиот братучед. Исто така, татко му на Јаков работел со накит. Без сомневање, рачната изработка и талентот се во крвта на оваа фамилија. Кога го прашавме кој му е мајстор на Јаков, без размислување тој кажа Јосип - неговиот вујко. „Можам да ви потврдам дека вујко ми е еден од најдобрите во бизнисот. Многу луѓе ќе се согласат со тоа. Јас учев од него. Се уште учам и пак не можам да го стигнам”, додаде Јаков. првпат го натерало да започне во ваков тип на уметност. Во случајот на Јаков, тоа е неговата фамилија. Јаков имал 22 години кога првпат почнал да креира накит, но дури и како дете, секогаш слушал дека тоа е фамилијарен бизнис, така што евентуално, без разлика колку години има, би било убаво доколку тој ја продолжи фамилијарната традиција. Долго време тој се размислувал, но потоа еден ден си рекол: „Зошто да не? Ќе пробам па ќе видам што ќе се случува понатаму”. Не многу долго од кога неговиот вујко му ги покажал сите основни трикови (топење на материјал, виткање на жици, полирање), Јаков ја добива својата прва задача, подготвување на брош. „Не ми се веруваше дека ја добив својата прва задача. Го прашав вујко ми да ми покаже како да го направам ова, како да започнам, и тој зема лист хартија, го нацрта брошот и ми кажа: ‘Треба да личи вака“. Се појави насмевка на лицето на мојот пријател. Ја памети случката како да се случила вчера. „Никогаш нема да заборавам кога го направив моето прво парче и вујко ми ми кажа дека сега знам 90 проценти од работата, а остатокот ќе го учам додека да умрам” вели Јаков.
Филигран е типот на работа во која си се унапредуваш себеси секој ден. Најважниот дел од рачната изработка е талентот да бидеш креативен. Оној кој го прави ова, треба да е и уметник. Јаков од секогаш знаел дека е уметник, но никогаш не сакал тоа да го работи - се додека не дошол моментот кога си кажал на себеси дека треба да проба. Секако, се поминало добро со неговата прва задача. После тоа, вистинскиот предизвик започнал. Цел сет накит - ланче, прстен, обетки и алка со мотив на цвет. Работата не била баш наивна. Подоцна испаднало дека неговата прва нарачка била за човек кој учел филигран, и испаднало совршено. Сите биле задоволни од неговата рачна изработка.
Јаков во својата професија е веќе 10 години. Правење накит е неговата екстра работа, но секоја минута од неговото слободно време ја користи за да ужива во уметноста на правење накит. Што нарачуваат неговите клиенти? Повеќето од нив сакаат прстени, алки, ланчиња и обетки. Некои се јавуваат да прашаат за рамки за слики. Некои сакаат традиционални, „old school“ работи, а некои се поекцентрични - сакаат модерно комбинирано со класичен стил, и тој некако наоѓа начин да го овозможи сето ова. Во рацете на оној кој рачно изработува накит, парчиња сребро или злато можат да добијат било каква форма. Доколку муштеријата има некаква замисла, Јаков ја подготвува. Муштеријата е секогаш на прво место, така што Јаков секогаш ги подготвува нарачките на време. Комплициран сет од накит зема еден цел работен ден. Некогаш троши неколку дена, недела, или некогаш и месец за да ја заврши нарачката. На некои артисти им треба повеќе време отколку на останатите. Сето тоа зависи од тоа колку е комплициран и детален продуктот. „Филигранот е уметност. Не можеш да ја избрзаш уметноста, како што не можеш ни да ја брзаш убавината” Јаков вели. Доколку ја брзаш уметноста, се што постои нема да биде толку убаво колку што треба да биде.
Филигранот е дел од македонскиот идентитет и традиција кои се пренесуваат од генерација на генерација. Нема премногу луѓе во Македонија кои го разбираат овој тип на уметност заради тоа што преферираат брендирани продукти со лого на „Гучи“ или „Пандора“. Сепак, се повеќе и повеќе муштерии бараат рачно изработен и автентичен накит. Некои велат дека филигран техниката ќе исчезне со тек на време, но јас и Јаков сакаме да гледаме на филигранот во иднина, исто како што е сега, ако не и подобро. Што им дава задоволство на изработувачите на накит? „Дефинитивно реакцијата на лицето на муштеријата кога ќе го види финалниот продукт. Фала богу никогаш не биле незадоволни од мојата работа. Некои од нив дури и се зачудени.” вели Јаков. Со ова прашање, го завршуваме нашиот разговор во врска со филигран и накит. Имам уште стотици прашања, бидејќи креирањето на накит и филигран се фасцинантни теми и знам дека Јаков би ги одговорил сите. Сепак, имам на ум дека ми е лимитиран бројот на редовите, па затоа, се читаме следен пат!
Јоланта Чиопчинска
Преведувач: Душица Павлоска
Извори: DMWC: New Macedonian Filigree Фотографии: Јаков Гулија, SilverGold Handmade Jewelry