Оперативен план за наставен час

Page 1

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА НАСТАВЕН ЧАС СО ПРИМЕНА НА IKT ВО НАСТАВАТА УЧИЛИШТЕ ДАТУМ НАСТАВНИК ОДДЕЛЕНИЕ БРОЈ НА УЧЕНИЦИ НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ НАСТАВНА СОДРЖИНА КОНКРЕТНА ЦЕЛ ИНТЕГРИРАНИ ПРЕДМЕТИ

РАБОТА СО КОМПЈУТЕР

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА РАБОТА

НАСТАВНИ МЕТОДИ И ТЕХНИКИ НАСТАВНИ СРЕДСТВА

ООУ,, ДАМЕ ГРУЕВ“ - ГРАДСКО 24 . 12 . 2010 година ВЕРА ТРЧКОВА Трето - IIIб 13 МАТЕМАТИКА МЕРЕЊЕ НА ВРЕМЕТО СО ЧАСОВНИК - ЧАС , МИНУТА Да се оспособува да чита и мери време во часови и минути и да врши проценка на изминато или потребно време за некој настан во часови и минути. ЦЕЛИ:  Да ја користи галеријата за создавање на сопствен графички проект;  Да внесува индивидуалност и креативност во изборот и комбинирањето на алатките;  Да умее да именува и сочува графичка изработка;  Да умее да се вклучи на интернет и преку пребарувачот Google да симнува слики и да ги вметнува во OpenOffice org. Impress и да направи сопствена презентација;  Да запишува адреса на страна, да ја отвори страната и со помош на глувчето и тастатурата да работи на истата;  Да стекнува основни сознанија за компјутерската графика;  Создава сопствен графички проект исцртан со слободна рака и со готови елементи;  Развива чувство за линија и боја низ ликовно творење.  Да го свати поимот час како мерка за времето;  Да воочува разни видови часовници. Групна работа Индивидуална Дијалог, демонстративен, практична работа, истражување, техника ,, Измешани секвенци“ Лап топ, презентација изработена во PowerPoint, наставен лист со задача за групата.


МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА

Училница Да читаат и мерат време во часови и минути; Во образовниот софтвер ToolKid, во програмата за цртање, да бои, обликува и доцртува; - Самостојно вклучување на интернет и , отварање на www.skoool.mk – портал за електронски содржини и самостојна работа на истиот; - Самостојно вклучување и симнување слики од интернет и самостојна изработка на презентација во OpenOffice. Org Impress ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ Им ја демонстрирам презентацијата – Мерење на времето со часовник изработена во PowerPoint, а учениците ја следат преку своите лап топчиња. Од измешаните зборови што се на слајдот, учениците треба да ги сложат зборовите и да состават мала песничка. Откако учениците ќе ја состават песничката се кликнува на слајдот се проверува дали е точно составена. Усвоеноста на знаењата кај учениците ги проверувам со помош на останатите слајдови од презентацијата. Учениците ги делам во четири групи. Групите се определуваат по случаен избор со влечење на сликиче од кошничката. Секој ученик оди во групата која е одбележана со сликата која ја извлекол. Секоја група добива лист со задача. Прва група: Во образовниот софтвер Toolkid, во програмата – Графичко цртање , да ја отворат под програмата – Лица и од понудените слики од албумот со слики да го пронајдат часовникот. Од галеријата со различни видови на комбинации на очи и нос, очи, носови и усти, треба да одберат по еден кадар и да го вметнат во часовникот кој е на работната област. Потоа од палетите со бои да го обојат по сопствен избор и да го зачуваат. Втора група: Да се вклучат на интернет и преку пребарувачот Google да отидат на страната: www.skoool.mk – портал за електронски содржини и во делот за одделенска настава од прво до трето, да одберат математика за трето. Од понудените електронски содржини по математика за трето да ја одберат содржината Аналогно време – вовед во гледање и читање на аналоген часовник. Учениците имаат за задача со кликање на стрелките да ги наместат стрелките согласно со времето прикажано над часовникот, а потоа под часовникот да го запишат времето. Трета група: Во образовниот софтвер Toolkid, во -

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Воведна активност

Учечко – поучувачка активност (истражување)


Евалуативна активност Оценување на учениците

Рефлексија на часот

програмата – Графичко цртање , да ја отворат под програмата – Слики. Од полето со готови елементи да го одберат полукругот и кругот и да обликуваат часовник – будилник. Од палетата со алатки да одберат дебелина на линијата и на часовникот да му нацртаат бројчаник, да стават стрелки кои ќе го покажуваат времето : 08 : 45; 14 : 20; 18 : 55, а потоа да го обојат со избор на бои од палетата на бои. Четврта група: Да се вклучат на интернет и во пребарувачот Google да напишат часовник и да пронајдат слики од разни видови часовници. Сликите да ги симнат и да ги подредат во слајдови и да направат мала презентација во OpenOffice. Org Impress со разни видови часовници. По завршувањето на групите со работа, секоја група презентира што сработила и се донесува заеднички став – Времето се мери со часовник. Мерки за време се час и минута. Со чек – листа за групна работа учениците се самооценуваат за успешно сработената работа. Учениците на овој час се усовршија во работа со малите преносни компјутери ( боење, цртање, обликување со готови елементи, пребарување на интернет и изработка на презентација). Се изврши повторување за мерење на времето со часовник и видови часовници преку презентација. Учениците ја следеа презентацијата во своите лаптопи и одговараа на поставените прашања. Учениците ги делам во четири групи и сите добиваат задача. Првата група ги боеа готовите часовници и од кадрите им додаваа: очи, уста, нос. Втората група во порталот за електронски содржини www.skoool.mk во содржината Аналогно време со кликање на стрелките ги местеа стрелките согласно со времето прикажано над часовникот, а потоа под часовникот го запишаа времето. Трета група обликуваа часовници со готови елементи, го цртаа бројчаникот и стрелките на часовникот кои покажуваа точно време кое им беше дадено во задачата, а потоа го боеа. Четврта група симнуваа слики од интернет и во OpenOffice. Org Impress изработија презентација со разни видови часовници. Секоја група изврши презентација на својата работа, а потоа групите се самооценуваа. Сите ученици помалку или повеќе беа успешни во својата работа, но сепак ги завршија своите задачи.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.