Наставна содржина:
Препзнавење и именување геометриски тела-повторување
Наставен предмет: Математика Одделение:прво Предвидено време: еден час Наставник Весела Богдановиќ
ВОВЕД Дечиња учениците од соседното одделение изработиле фигури со кои многу убаво ја украсиле нивната училница. Дали сакате и ние да ја украсиме нашата за да биде поубава од нивната па потоа ќе ги викнеме на гости.
ЗАДАЧИ Откривање формата на геометриските фигури гледање слики и разговор за формата Работа во четири групи---- пополнување на работни листови Цртање и боење на геометриски фигури во рамнина Изработка на мозаик од понудени форми во работен лист Печатење и украсување на училницата.
РЕСУРСИ работен лист за покажување формите изработен од наставникот интернет за пребарување слики програм за цртање работен лист за правење мозик http://issuu.com/vesevesela/docs/____________-______
ПРОЦЕС Погледнете ги овие форми што ги нацртав за вас.(Преку видео бим проекција наставникот го започнува разговорот)
На што ве потсеќа кругот? Што друго е во форма на круг? Кој ке ми покаже во просторијата предмет во форма на правоаголник.... Сега заедно ќе погледнеме неколку сликички Вие ќе треба да ми кажете со каква форма се предметите што ќе ги гледаме.
Сега следува работа во групи. Поделете се во четири групи според бројката обележана под вашиот компјутер. Прва група----Цртајте предмети со форма на круг во програмот за цртање. Втора група-----Цртајте предмети со форма на квадрат; Трета група------Цртајте предмети со форма на правоаголник; Четврта група-----Цртајте предмети со форма на триаголник; Откако ќе ги нацртате обоете ги за да бидат уште поубави. Јас ќе ве следам и ќе ви помагам а кока ќе сте готови ќе си ги поаувате меѓусебно за да видите кој што направил. Сега отворете го следниот работен лист http://issuu.com/vesevesela/docs/__________________ и направете мозаик со влечење на формата. Трудете се да изгледа убаво и интересно. Нацртајте: сонце,куќички...оставам на вас. Потоа ќе ги испечатиме и ќе си ја украсиме училницата со математичкото катче.
ЗАКЛУЧОК Ученици убаво ја украсивме нашата училница. Прекрасни бевте.И што е најважно ги научивме геометриските фигури уште поубаво. Како награда изиграјте ја следната игра
http://www.abcya.com/build_a_house.htm