2 minute read
TROGLOBITI
ПЕШТЕРИ
Advertisement
Џебови во Земјата или подземни соби
Некои пештери се многу длабоки во внатрешноста. Голем дел од овие пештери се формирале под дејство на вода која тече низ варовнички карпи, на тој начин создавајќи пукнатини, кои со текот на времето се проширувале во ходници и прекрасни пештери. Пештерите се полни со необични форми и камени облици: висечки столбови – сталактити, кои со капење на водата (водата ги раствора), создаваат во долниот дел сталагмити. Овие фигури за долг временски период може и да се спојат, формирајќи столбови.
Спелеологијата е збир на активности, во насока на истражување пештери и други подземни карстни феномени. Зборот „спелеолошки“ доаѓа од старогрчкиот збор „spelaion“ што значи природно се случуваат подземните пештери. Пештерите се истражуваат врз основа на мерење на пештерските канали, геолошки, хидролошки, морфолошки, физички и други својства.
ВАЖНО: Комплексноста на пештерите бара посебни спелеолошки техники, обука на тимови спелеолози, а нивните активности може да се опишат како еден вид подземен алпинизам.
13
НАЈПОЗНАТИ ПЕШТЕРИ / НАЈГОЛЕМИ ПЕШТЕРИ Сложени, масивни и неверојатни
Пештерата на кристалите - Мексико, крие огромни, блескави кристали - најголемите во светот
Големата влажност и топлина до 112 степени целзиусови се причината за создавање на кристалите. Пештерата е случајно пронајдени од двајца рудари во 2000 година, под рудници за сребрo. Топлината и влажноста се совршена средина за кристалите, но не и за луѓето (повеќе од десет минути поминати во оваа подземна кристална шума може
да биде опасно за сѐ што не е направено од магма и гипс).
Пештерата Ласко – Франција е вистинска подземна галерија
Во неа има над 2.000 слики од бизони, мамути и коњи, нацртани пред повеќе од 15.000 години. Пештерата не може да се посетува, затоа што човечкиот здив и
топлината на телото ги оштетуваат уметничките дела..
Постојнска Јама - пештера, Словенија е една од најпознатите пештери во Европа
Долга е 12,5 километри и има неверојатни геолошки формации и подземни водоземци (човечка рипка). Во неа одлично функционира концертна сала за 10.000 луѓе.
ЖИВ СВЕТ ВО ПЕШТЕРИТЕ
ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО СЕ ТРОГЛОБИТИ?
Троглобитите се живи единки, најчесто слепи, албинисти, силно врзани за хипогејските живеалишта (нивните живеалишта се во внатрешноста на Земјината кора).
Секогаш кога ќе се открие нова пештера, постои потенцијал за наоѓање на нови видови. длабоко под површината, изолирани со илјадници години. Научниците ги нарекуваат „troglobites”.
Олм безбоен, бел, мал змеј, откриен во 18 век. Олмот е веројатно првиот откриен троглобит, и до денес тој е исто така најголем, достигнува должина од 30 см.
Мексиканска тетра – албино риба живее само во темни подводни пештери.
Тексашки слеп саламандер –подземна амфибија, долг околу 15 см.