KliKatalog2011_MAK

Page 1

ПРОЗОРЦИ КЛИ ЛОГАТЕЦ® OKNA KLI Logatec ® „Со чувство до природата„


Содржина

Изведби

стр. 4

Прозорци и врати од дрво

стр. 5

Енергетско ефикасни прозорци од дрво

стр. 9

Прозорски капаци

стр. 14

Крстови

стр. 16

Нијанси на бои

стр. 17

Влезна врата од дрво

стр. 20

Модерна влезна врата

стр. 22

Прозорци и врати од вештачки материјали стр. 25 Влезна врата од вештачки материјали

стр. 28

Стакло

стр. 30

Ролетни системи

стр. 32

Мрежи за комарци и ролетни

стр. 34

Вградување на прозорци и врати

стр. 36

Каде сме и кои сме

стр. 38

3


Прозорци КЛИ Логатец® Прозорците и вратите не се само отвори за светлина, проветрување и за влегување во домот, туку тие го откриваат срцето и душата на вашиот дом. Вашиот дом може да стане единствен и особено интересен, бидејќи прозорците, балконските и влезните врати и зимските градини, ги изработуваме од различни материјали и во сите можни форми и бои, за да ги исполниме вашите желби и потреби. Со задоволство ќе ви помогнеме при изборот на мебел по „ваша мерка„, бидејќи времето кога сме можеле на пазарот да купиме само правоаголни прозорци со стандардна димензија, е веќе одамна поминато. Модерниот дизајн и конструкција како и модерните материјали и делови, овозможуваат неограничени можности за дизајнирање. Вашите прозорци со различни додатоци можат да ја имитираат инспирацијата на минатата архитектура и традиција, или пак храбро да ги покажуваат трендовите за иднината. Нашите производи ги исполнуваат сите европски стандарди (СЕ), а покрај тоа модерно се дизајнирани и обработени со најквалитетни материјали кои гарантираат долго траење. Широкиот спектар на топлински и звучни изолациски вредности ви овозможува заштеда на енергија и заштита од бучава. Ако се наоѓате пред дилемата, кои прозорци да ги изберете од целата понуда која е во моментот на пазарот, тогаш 60-годишната традиција на производство на мебел, развојот, иновативноста и искуството на нашите мајстори нека ви бидат гаранција дека вашата одлука за прозорците КЛИ Логатец е вистинскиот избор. Со претставувањето на нашите производи ќе ви помогнеме, меѓу нив да го изберете оној кој најдобро ќе ги задоволи вашите потреби и очекувања. Исто така, нашите експерти ќе ве советуваат и ќе ви ги откријат сите други детали и карактеристики на прозорците, за вашата одлука да биде уште полесна.

EN 14351-1:2006

EN 13659:2004

3


ИЗВЕДБИ

Сите изведби ќе ги направиме во согласност со вашите желби и со почитување на техничките стандарди.

Тип 01 Навален прозорец Тип 02 Еднокрилен прозорец

Тип 03 Еднокрилен прозорец со над светлина

Тип 05 Двокрилен прозорец Тип 07 Двокрилен прозорец со едниот исправен

Тип 09 Триделен прозорец

4

Тип 16 Двокрилен прозорец со над светлина

Тип 20 Фиксен прозорец

Тип 21 Фиксна балконска врата

Кос прозорец

Полукружен прозорец

Тип 30 Еднокрилна балконска врата

Тркалезен прозорец

Тип 31 Двокрилна балконска врата

Триаголен 90 прозорец

Тип 50/2 Лизгачки панорамски ѕид

Триаголен прозорец

Тип 61-321 Панорамски ѕид на преклопување

Многуаголен прозорец

Отсечен прозорец

Готски прозорец


Прозорци и врати

од дрво

Прозорците од дрво се многу соодветни за станбените објекти, бидејќи дрвото како основен материјал е еколошко сосема беспрекорен. За обработката на дрвото е потребно малку енергија и затоа секое користење на дрвото е еколошко прифатлива активност. Прозорците од дрво во просториите за живеење создаваат пријатна клима, бидејќи дрвото поради својата хигроскопичност ја апсорбира влагата од воздухот или пак ја испушта тогаш кога тоа е потребно. Со тоа дрвените прозорци помагаат во регулирањето на влажноста на воздухот и со тоа поврзаното чувство на удобност. Дрвото, покрај сето ова, е и одличен термички изолатор, кој во лето ќе ја задржува топлината од надвор, а во зима ќе го спречи преносот на топлината од просторот во надворешноста. Дрвениот прозорец, покрај сите наведени карактеристики, со својата неповторлива дрвена структура е уникатен, со површинската обработка пак може дополнително да се збогати. Во нашата понуда можете да избирате меѓу многубројните видови на дрва (смрека, мацесен, меранти, даб...), кои се разликуваат по изгледот и механичките својства. Некои од нив се особено тврди и издржливи и ја исполнуваат желбата на долгиот животен век. Нашата понуда вклучува различни профили на дрвени прозорци, кои ги исполнуваат сите барања при градењето или реновирањето на вашиот дом. Со секој од нив можеме со соодветно стакло да ви изработиме енергетско, ефикасни, модерни прозорци. Со нив во зимскиот период ќе уживате во топлиот дом, со намалена потрошувачка на енергија, во текот на летото, пак ќе ве заштитат од сонцето и прегревањето. Погледнете ги нивните својства и одлучете се за она кое одговара на вашите желби и очекувања. КЛИ Елеганција 78

КЛИ Класик 68

КЛИ Престиж (дрво/алуминиум)

5


ПРОЗОРСКИ ПРОФИЛИ КЛИ Елеганција 78 (КЛИ78) ПРОЗОРЕЦОТ КЛИ Елеганција 78 се одликува со извонредна изолациска и структурна стабилност, која овозможува посилна изведба на прозорскиот профил со дебелина 78 mm и е составен од трислојни залепени по должина, неспоени ламели. Многу заоблените рабови ја нагласуваат убавината на производот и топлината на природните материјали, а исто така се грижат и за ефикасноста од премачкувањето. ПРОЗОРЕЦОТ КЛИ Елеганција 78 поради неговиот исклучителен дизајн е особено погоден за вградување во енергетско штедливи објекти, бидејќи во комбинација со топлотно изолираното застаклување и термичкиот раб за капење може да достигне до 30 % повисока топлотна изолација. 1 Звучната и топлинската изолација од застаклувањето како и безбедноста ја прилагодуваме според вашите желби. Можност за вградување на особено топлинско изолациско застаклување со вредностUg = 0,5 W/m2K.

1

2

3

4

5

5

2 Трајно еластичниот силиконски кит ви нуди исклучително запечатување на стаклото, неговата боја, пак ја прилагодуваме со бојата на производот. 3 Меѓустаклениот термички разделувач ја намалува можноста од создавање на топлински мостови и ја подобрува топлинската изолација на застаклувањето. 4 Квалитетните, трајно еластични Q-лон дихтунзи овозможуваат дихтување дури и при многу ниски температури. 5 Алуминиумскиот крилен раб за капење и алуминиумскиот профил со термоелемент обезбедуваат целосна заштита на долниот раб на крилото и рамката. Профил КЛИ78 Коефициент на пренесување на застаклувањето Ug (W/m2K) Топлинско пренесување на прозорците Uw (W/m2K)

1,1

0,9

0,8

0,7

0,5

1,28

1,14

1,07

1,01

0,87

Важи за дрвото смрека, термички разделувачи во стакло.

6


КЛИ Класик 68 (КЛИ68) Прозорецот КЛИ Класик 68 -прозорец на чисти линии- е изработен од профили со дебелина 68 mm, кои се трислојни и залепени по должина со неспоени ламели. Тоа обезбедува оптимална тврдост и стабилност на производот. Прозорецот КЛИ Класик 68 поради своите чисти и прави линии е примерен за вградување во објекти, каде што сакаме пријатно да престојуваме во хармонија со природата, а воедно и да заштедиме при потрошувачката на енергија за греење. Изгледот на прозорецот можете да го зачините со различните типови на крстови, кои го потенцираат вашиот стил на живеење и локалните карактеристики. Можен е избор помеѓу многубројните видови на дрвја, кои се разликуваат по изгледот и механичките својства (смрека, мацесен, меранти, даб). 1 Звучната и топлинската изолација од застаклувањето како и безбедноста ја прилагодуваме според вашите желби.

1

2

3

4

5

5

2 Трајно еластичниот силиконски кит ви нуди исклучително запечатување на стаклото, неговата боја, пак ја прилагодуваме со бојата на производот. 3 Меѓустаклениот термички разделувач ја намалува можноста од создавање на топлински мостови и ја подобрува топлинската изолација на застаклувањето. 4 Квалитетните, трајно еластични Q-лон дихтунзи овозможуваат дихтување дури и при многу ниски температури. 5 Алуминиумскиот крилен раб за капење и алуминиумскиот профил со термоелемент обезбедуваат целосна заштита на долниот раб на крилото и рамката. Профил КЛИ68 Коефициент на пренесување на застаклувањето Ug (W/m2K) Топлинско пренесување на прозорците Uw (W/m2K)

1,1

0,9

0,8

0,7

0,5

1,35

1,21

1,15

1,08

0,95

Важи за дрвото смрека, термички разделувачи во стакло.

7


ПРОЗОРСКИ ПРОФИЛИ КЛИ Престиж (КЛИ АЛ)дрво/алуминиум прозорец Прозорецот КЛИ Престиж поради неговата исклучителна структура е особено примерен за вградување во објекти кои што сакаме термички добро да ги изолираме, а воедно прозорците со маска од алуминиум му даваат на објектот модерен изглед и на мебелот му нудат целосна заштита од неповолните временски влијанија. КЛИ Престиж – ДРВО/АЛУМИНИУМ прозорецот е најдобар пример за соживот на убавината на природните материјали и неограничената трајност која ја обезбедува алуминиумската облога на надворешната страна на прозорецот. Прозорците КЛИ Престиж извонредно се однесуваат дури и во најнеповолните климатски услови, покрај тоа, пак бараат само минимално одржување. Дрвениот прозорец во внатрешноста на домот, му дава на просторот пријатно чувство за живеење, надворешната маска од алуминиум, која може да биде во разни бои или имитации на дрво, пак го штити прозорецот од влијанијата на сите временски промени. Изготвениот дизајн на надворешната алуминиумска маска овозможува оптимално проветрување кое ја спречува појавата на кондензација помеѓу алуминиумот и дрвото.

1

2

3

4

5

56

1 Маска од алуминиум- комплетна заштита од временските влијанија, зголемена стабилност, полесно одржување... 2 Избор на боја на алуминиумот по РАЛ палетата на бои или имитација на дрво 3 Алуминиумска рамка со можност за вентилација 4 Заоблени рабови на крилата и рамката 5 Можност за избирање помеѓу различни стаклатоплинска и звучна изолација, безбедност 6 Tрајно еластичен силиконски кит на надворешната и внатрешната страна Профил КЛИ Престиж Коефициент на пренесување на застаклувањето Ug (W/m2K) Топлинско пренесување на прозорците Uw (W/m2K)

8

1,1

0,9

0,8

0,7

0,5

1,27

1,14

1,07

1,01

0,87

Важи за дрвото смрека, термички разделувачи во стакло.


Енергетско ефикасни прозорци

од дрво

Во денешно време се повеќе важна станува енергетската ефикасност на зградите, со што секој од нас може да заштеди со потрошената енергија за греење и да ги намали трошоците, а воедно живеењето во ваков објект е дури и поудобно. Затоа е важно да се познаваат карактеристиките на прозорците и да се изберат оние кои ќе му обезбедат на објектот соодветен квалитет и енергетска ефикасност во согласност со законските прописи и очекувањата на поединецот. Ново развиените прозорски профили обезбедуваат дополнително подобрени термички карактеристики на дрвените прозорци, кои ги исполнуваат највисоките барања за модерно, енергетско ефикасно градење. Нашата понуда вклучува различни профили на дрвени, енергетско ефикасни прозорци, кои ќе ги исполнат вашите очекувања за намалување на потрошувачката на енергија за греење и со дури поголема удобност за живеење во вашиот дом. »Не фрлајте ги парите преку прозорецот!« При изборот на мебел навистина буквално можете да се погрижите со правилен избор да не ги непотребно зголемувате трошоците за енергија за греење, но дури и ќе ги намалите. Погледнете ги нивните карактеристики и одлучете се за оној профил кој им одговара на вашите желби и очекувања.

КЛИ Елеганција Е 78

КЛИ Класик Е 68

КЛИ Престиж НЕО

9


ПРОЗОРСКИ ПРОФИЛИ КЛИ Елеганција Е 78 (КЛИ78Е) Прозорците КЛИ Елеганција Е 78 се изработени од профили со дебелина 78 mm, од трислојни, должинско неспоени ламели и однадвор не се разликуваат од прозорците КЛИ Елеганција 78. Разликата се сокрива во внатрешната структура на прозорскиот профил, во кој се наоѓаат воздушни канали. Воздушните канали во внатрешноста на прозорскиот профил се наменети за подобрување на топлотната изолација. Вака подобрените прозорски профили се дури за 30 % повеќе изолациски од обичните прозорски профили. Прозорецот КЛИ Елеганција Е 78 поради подобрените карактеристики на профилот е наменет за вградување во енергетско штедливи објекти односно при заменување во објекти каде што сакаме со вградувањето на ваквите прозорци да му дадеме на објектот нова вредност и квалитет на живеење. 1 Звучната и топлинската изолација од застаклувањето како и безбедноста ја прилагодуваме според вашите желби. Можност за вградување на особено топлинско изолациско застаклување со вредност Ug = 0,5 W/m2K.

1

2

3

4

2 Трајно еластичниот силиконски кит ви нуди исклучително запечатување на стаклото, неговата боја, пак ја прилагодуваме со бојата на производот. 3 Квалитетните, трајно еластични Q-лон дихтунзи овозможуваат дихтување дури и при многу ниски температури. 4 Алуминиумскиот крилен раб за капење и алуминиумскиот профил со термоелемент обезбедуваат целосна заштита на долниот раб на крилото и рамката. 5 Профилот на крилата и рамката има воздушни канали кои ги подобруваат топлотните карактеристики на профилот. Профил КЛИ78Е Коефициент на пренесување на застаклувањето Ug (W/m2K) Топлинско пренесување на прозорците Uw (W/m2K)

1,1

0,9

0,8

0,7

0,5

1,17

1,04

0,97

0,90

0,77

Важи за дрвото смрека, термички разделувачи во стакло.

10

5


КЛИ Класик Е 68 (КЛИ68Е) Прозорецот КЛИ Класик Е 68 е изработен од профили со дебелина 68 mm, од трислојни, должинско неспоени ламели и однадвор не се разликува од прозорците КЛИ Класик 68. Разликата се сокрива во внатрешната структура на прозорскиот профил, во кој се наоѓаат воздушни канали. Воздушните канали во внатрешноста на прозорскиот профил се наменети за подобрување на топлотната изолација. Вака подобрените прозорски профили се дури за 30 % повеќе изолациски од обичните прозорски профили. Можен е избор помеѓу многубројните видови на дрвја, кои се разликуваат по изгледот и механичките својства (смрека, мацесен, меранти, даб). Прозорецот КЛИ Класик Е 68 78 поради подобрените карактеристики на профилот е наменет за вградување во енергетско штедливи објекти односно при заменување во објекти каде што сакаме со вградувањето на ваквите прозорци да му дадеме на објектот нова вредност и квалитет на живеење. 1 Звучната и топлинската изолација од застаклувањето како и безбедноста ја прилагодуваме според вашите желби.

1

2

3

4

2 Трајно еластичниот силиконски кит ви нуди исклучително запечатување на стаклото, неговата боја, пак ја прилагодуваме со бојата на производот. 3 Квалитетните, трајно еластични Q-лон дихтунзи овозможуваат дихтување дури и при многу ниски температури. 4 Алуминиумскиот крилен раб за капење и алуминиумскиот профил обезбедуваат целосна заштита на долниот раб на крилото и рамката. 5 Профилот на крилата и рамката има воздушни канали кои ги подобруваат топлотните карактеристики на профилот.

5

Profil KLI68E Коефициент на пренесување на застаклувањето Ug (W/m2K) Топлинско пренесување на прозорците Uw (W/m2K)

1,1

0,9

0,8

0,7

0,5

1,22

1,09

1,02

0,95

0,82

Важи за дрвото смрека, термички разделувачи во стакло.

11


ПРОЗОРСКИ ПРОФИЛИ КЛИ Престиж НЕО (КЛИ НЕО 120 С)дрвен/алуминиумски прозорец КЛИ Престиж НЕОмодерниот ДРВЕН/ АЛУМИНИУМСКИ прозорец му дава на вашиот дом топлина од дрвото, чувство на природа и убавина кои може да ги даде само природниот материјал. Покрај тоа нуди неограничена трајност која ја гарантира алуминиумската облога со топлотна изолација на надворешната страна на производот. Вкупната дебелина на профилот на прозорецот е 120 mm. Внатрешниот, дрвен дел од прозорецот може да биде од дрвото смрека, мацесен, меранти или даб и ги има карактеристиките на профилот КЛИ 68 mm. Алуминиумската маска е со модерни, рамни линии, а можен е и избор на различни бои или имитација на дрво. Заедно со топлинската изолација му дава на прозорецот вкупно 120 mm вградена дебелина на профилот. Со топлинското пренесување под 0,80 W/m2K прозорецот КЛИ Престиж НЕО е класифициран меѓу производите примерни за вградување во пасивни објекти. Прозорците КЛИ Престиж НЕО гарантираат екстремно долга животна доба без одржување. 1 Звучната и топлинската изолација од застаклувањето како и безбедноста ја прилагодуваме според вашите желби. 2 Квалитетните, трајно еластични Q-лон дихтунзи овозможуваат дихтување дури и при многу ниски температури.

1

2

3

4

3 Hадворешната маска од алуминиум обезбедува заштита од секакви временски влијанија. 4 Вградената топлинска изолација му дава на прозорецот КЛИ Престиж НЕО, со правилно застаклување, коефициент на топлинското пренесување дури и доUw = 0,69 W/m2K КЛИ Престиж НЕО Коефициент на пренесување на застаклувањето Ug (W/m2K) Топлинско пренесување на прозорците Uw (W/m2K)

1,1

0,9

0,8

0,7

0,5

1,08

0,95

0,88

0,82

0,69

Важи за дрвото смрека, термички разделувачи во стакло.

12


13


Прозорски капаци Прозорските капаци овозможуваат ефикасна заштита од дожд, сонце и од несаканите погледи и посетителите. Изработуваме повеќе различни видови на прозорски капаци кои доколку е потребно ги прилагодуваме со архитектурните карактеристики на вашиот крај. Прозорските капаци се изработени од одличните дрва смрека, мацесен, даб или меранти, а за областите кои се изложени на временски влијанија изработуваме и прозорски капаци од иверица. Сите прозорски капаци се опремени со квалитетни окови од признаени производители кои овозможуваат широк спектар на различни начини на отворање. Ако живеете во близина на море, можеме да ви понудиме окови за прозорските капаци во изведба на инокс, кое се отпорни на корозија која често се појавува поради степенот на соленоста во атмосферата.

Прозорски капаци со окови во црна боја

14

Прозорски капаци со окови обоени според РАЛ

Прозорски капаци со окови инокс


Прозорски капаци со фиксни ламели

Прозорски капаци Плаза

Прозорски капаци со цевка за зајакнување

Прозорски капаци со спојници

Внатрешен прозорски капак

15


КРСТОВИ

Со различните видови на крстови можете да го подобрите изгледот на прозорците, истовремено истакнувајќи го вашиот стил на живеење и локалните карактеристики. Крстовите во прозорците можат да бидат изработени во различни примероци, кои можат да се дополнуваат со различни изведби.

МАСИВЕН КРСТ

ЗАЛЕПЕН КРСТ

го дели стаклото широчина 50 или 80 mm

со разделувач на стаклото широчина 26 или 34 mm

КРСТ РАМКА

КРСТ НА ЗАКЛУЧУВАЊЕ

можност за отворање широчина 30 mm

16

отстранлив Широчина 30 mm


НИЈАНСИ НА БОИ

Со широкиот спектар на различните нијанси на бои по важечката карта ПРОЗОРЦИ КЛИ можете да ја нагласите природната убавина на дрвото и да создадете хармонија меѓу внатрешниот и надворешниот амбиент во вашиот дом. Нашите лакови се еколошки, бидејќи се направени на водна база.

521

531

552

595

Меранти 473

411

562

495

501

421 586

462

502

431

Смрека

486

443 Бои за покривање по палетата РАЛ

452

401 402

6021

5007

1013

7005

17


18


19


ВЛЕЗНА ВРАТА ОД ДРВО Влезната врата е лицето на вашиот дом кое е забележано од страна на секој посетител. Со богатиот избор на различни дизајни, кои исто така можеме да ги прилагодиме со вашите желби или пак да ги направиме врз основа на вашите предлози и скици, ние се грижиме за привлечноста на вашата влезна врата. Можете да избирате помеѓу видовите на дрво: смрека, мацесен, даб или меранти. Бојата можете да ја изберете од важечката карта на бои ПРОЗОРЦИ КЛИ односно од било која боја од палетата РАЛ. За вашата безбедност и заштита на вашиот имот, се грижиме преку оковите за врати кои преку системот за заклучување од три или пет точки го отежнуваат влегувањето на несакани посетители. Исто така на вратата можеме да и додадеме и други различни додатоци по ваш избор (одбојници, украси, крстови, инокс или метални додатоци...). Во богатата понуда на влезни врати сигурно ќе ја најдете онаа која на вашиот дом ќе му даде уникатен изглед. Клара

Петра

20

Атина

Петра

Лина

Бина

мај

Тања


Тара

Тина

Зала

Маша

Нежа

Ана

Хелена

Мојца

Вилма

Марина

21


МОДЕРНА ВЛЕЗНА ВРАТА

Влезната врата е елемент кој најдобро ја нагласува убавината на вашиот дом. Специфичноста на модерните влезни врати е одличната можност за производство кое се совпаѓа со вашите желби. Бојата на модерните влезни врати можете да ја избирате помеѓу различните нијанси од нашата палета на бои, која заедно со разновидното застаклување и украсите од нерѓосувачки челик, формираат богат и современ изглед на вашата врата. Модерната влезна врата можеме да ја изработиме од многу видови на дрво: смрека, мацесен, даб или меранти. Во крилата на влезните врати е вградена рамка од стаклени влакна, која ја подобрува стабилноста и затоа менувањето на температурата или влажноста ме влијаат на функционалноста на вратата. Сите врати стандардно се опремени со систем од три точки за заклучување и шарки кои овозможуваат три димензионална регулација.

Вградена рамка од стаклени влакна

Модерната влезна врата исто така е и одлична топлинска изолација, бидејќи дебелината на крилата е 68 mm. Доброто дихтување е обезбедено преку двојната, трајно еластична дихтунзи.

Тајда

22

Сара

Ева

Соња


Подготвени сме да ги почитуваме вашите желби и идеи на чија основа ќе изработиме врата по вашиот вкус.

23


Удобност на живеење во сите годишни времиња и услови

24


ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ВЕШТАЧКИ МАТЕРИЈАЛИ Прозорците и вратите изработени од пластични материјали (ПВЦ) во последните две децении се здобија со популарност, бидејќи се одликуваат со добра цена, долга животна доба и лесно одржување. Непрестајните истражувања придонесуваат за развојот на квалитетни материјали и вградување на челични профили за зајакнување кои ја зголемуваат статичната стабилност на производот. Дури и кај столаријата направена од вештачки материјали во последниот период, моменталниот тренд поставува барања по енергетска ефикасност кои се поставени од страна на законите во градежништвото. Најновите прозорски профили кои ги имаме во нашата понуда, се одликуваат со извонредни карактеристики и ја исполнуваат законската регулатива за изградба на енергетско ефикасни, ниско енергетски или пасивни објекти. Нашите прозорци се изработени од квалитетни профили од страна на водечкиот европски производите Коемерлинг од Германија. Нивните лаборатории имаат развиено посебни материјали на основа на преработен ПВЦ кои се отпорни на УВ зраците и затоа спречуваат стареење и промена на бојата. Профилите се одликуваат со извонредна стабилност, звучна изолација и со голем број на други карактеристики кои го обезбедуваат нивниот квалитет и долгата животна доба. Пластични прозорци ви нудиме во различни бои и облици, така што ќе одговараат на вашиот вкус и желбите при дизајнот на вашиот дом. Профилите Коемерлинг се изработени врз основа на технологијата ГРИНЛАЈН, што значи дека во нив нема оловни стабилизатори штетни за животната средина. Гарантирана е и можноста за рециклирање на отпадните материјали. Со ова ја превземаме социјалната одговорност и одговорноста до животната средина. КЛИ 88 плус

КЛИ Футуре 70

25


ПРОЗОРСКИ ПРОФИЛИ КЛИ 88 плус Прозорците КЛИ 88 плус се модерни прозорци со современ изглед и со врвни карактеристики кои одлично се однесуваат дури и во најнеповолни климатски услови. Единствената широчина на профилот, која е разделена на седум комори, со употребата на изолациското застаклување, обезбедува економска потрошувачка на енергијата за греење. Кон добрата топлотна изолација, исто така допринесува и третата заптивка. Поради исклучително ниската загуба на енергијата преку прозорците КЛИ 88 плус, тие се погодни за вградување во ниско енергетски односно пасивни куќи. Прозорците на изглед можат да бидат многу слично со дрвените, бидејќи на површината од фолијата има печат со структура на дрво. Можете да изберете помеѓу една или двостранска имитација. 1 Интегрираниот олук за зајакнување му дава на

системот додатна, седма комора (систем од комори 6+1). За пасивните куќи челичното зајакнување го надоместува топлинската влошка.

1

2

3

4

2 Систем со три заптивки- топлинската заптивка

во средината дава оптимално не пропуштање и одлична звучна изолација. 3 Иновативната заптивка под стаклото го

намалува движењето на воздухот и на тој начин дополнително ја подобрува топлотната изолација. 4 Широкиот спектар од можни дебелини на

застаклувањето, од 24 до 52 mm овозможува и користење на посебно застаклување.

Имитација на дрво

КЛИ 88 плус Коефициент на пренесување на застаклувањето Ug (W/m2K) Топлинско пренесување на прозорците Uw (W/m2K)

1,1

0,9

0,8

0,7

0,5

1,18

1,05

0,97

0,91

0,77

*Со термичка дистанција во стакло

26

Златен даб

Нусбаум

Махагони


КЛИ Футуре 70 Прозорците со профил КЛИ Футуре 70 се одликуваат со современи, истакнати, заоблени рабови, кои немаат само естетска вредност, но исто така одлично се однесуваат и во најнеповолни климатски услови. Единствената широчина на профилот обезбедува одлична структурна стабилност. Дизајнот на профилот е со пер комори. Смислено обликуваниот челичен профил за зајакнување во рамката и крилата, додатно придонесува за одличната статичка цврстина на прозорецот. Прозорците КЛИ Футуре исто така се многу слични со дрвените, бидејќи на површината од фолијата е запечатена структурата на дрвото. Можете да изберете помеѓу една или двостранска имитација. Прозорците КЛИ Футуре 70 се изработени од профили, произведени по технологијата ГРИНЛАЈН и во нив не се употребуваат оловни стабилизатори штетни за животната средина. Гарантирана е и можноста за рециклирање на отпадните материјали. Со ова ја превземаме социјалната одговорност и одговорноста до животната средина.

1

2

3

4

1 Звучната и топлотната изолација на застаклувањето ја прилагодуваме според вашите желби. 2 Естетско софистициран дизајн со изразено заоблени рабови. 3 Едноставното чистење овозможува мазен внатрешен жлеб. 4 Одлична статична цврстина која обезбедува премислена форма на челичната влошка. 5 Високо изолационен 5 коморен профил со широчина 70 mm со две заптивки. 5

КЛИ Футуре 70 Коефициент на пренесување на застаклувањето Ug (W/m2K) Топлинско пренесување на прозорците Uw (W/m2K)

1,1

0,9

0,8

0,7

0,5

1,31

1,18

1,11

1,04

0,91

*Со термичка дистанција во стакло

27


ВЛЕЗНА ВРАТА ОД ВЕШТАЧКИ МАТЕРИЈАЛИ Влезната врата е еден од најважните естетски елементи на секој дом. Поради тоа, изборот на вистинскиот модел на врата е често пати многу тежок. Меѓутоа, нашата понуда е многу широка- можете да изберете меѓу многуте модели на влезни врати, а изработуваме и врати по ваша желба. Ако белата боја на влезната врата не ги задоволува вашите желби или не одговара во вашиот дом, можете да изберете меѓу бројните модели на влезни врати со имитација на дрво. Сите наполнувачи во влезните врати се изработени со топлинско изолациска средина, која придонесува за добрата топлинска изолација на целата врата. Сите врати стандардно се опремени со систем од три точки за заклучување и шарки, кои овозможуваат тридимензионално регулирање.

8651-1

8779-1

8504-1

8116-3

8856-3

8217-3

8211-2

8110-1

Клар-МS-S 6810 8109-1

28

8104-1

Клар-WS-S 6940


8308-1

8177-1

8661-1

8503-1

8779-1

DF-G 3410

ИНОКС рамка

DF-G 3412

8156-1

8114-1

8335-1

ИНОКС рамка

BO-G 1505

8420-1

29


СТАКЛА Изборот за застаклување е многу важен, бидејќи со топлотно изолациските стакла ги намалуваме трошоците за греење и допринесуваме за подобро чувство во просторот. За подобра топлотна изолација препорачуваме вградување на термички разделувачи помеѓу стаклата. Вградуваме и најразлични орнаменти, рефлексни и матирани стакла кои ве штитат од погледи од надвор, на вашиот прозорец пак му даваат дополнителна естетска нота. За тоа, во вашиот дом да се чувствувате дополнително безбедни , можете да избирате и меѓу различните застаклувања против кражби со лепени стакла со дебелина 4+4 mm односно 5+5 mm или со калено стакло кое ќе ве штити во случај на кршење на стаклото. Модерните застаклувања на надворешната страна имаат слој со ефект за автоматско чистење.

Топлотна изолација Звучна изолација





Ug = 1,1 W/m2K (Ar) 4 - 16 - 4

Ug = 0,7 W/m2K (Ar) 4 - 12 - 4 - 12-4

Ug = 0,5 W/m2K (Kr) 4 - 12 - 4 - 12 - 4

Ug = 1,1 W/m2K (Ar) Rw = 36dB 6 - 16 - 4

Ug = 1,1 W/m2K (Ar) Rw = 38dB 10 - 16 - 4

Ug = 1,1 W/m2K (Ar) Rw = 42dB 8 - 16 - 4 + 4

Безбедносни стакла

ESG 4

VSG 8

VSG 10

Калено стакло 4 mm

Лепено стакло против кражби 8 mm

Лепено стакло против кражби 10 mm

Силвит бели

Ниагара

Катедрал бели

Чинчила бела

Готик бели

Делта

Гравирано стакло

Мастер кар

Антик бели

Роса бела

30


31


РОЛЕТНИ СИСТЕМИ

Ролетните ги монтираме заедно со прозорците според желбите на клиентите. Можете да изберете меѓу различните бои и материјали,начини на вградување и управување (со електричен прекинувач, далечински управувач, рачно или со т.н. монокоманда).

Надпрозорски ролетни системи PURO XR

KARO®

RA 2

Ролетна кутија за ново градба со сервисен отвор на надворешната страна

Можност за вградување на мрежа против комарци

Соодветна при заменување на прозорците

ПВЦ ламели

АЛУМИНИУМСКИ ламели

32


РОЛЕТНИ СИСТЕМИ ЗА ПРЕД ПРОЗОРЦИТЕ PENTO

INTEGO

QUADRO

Површинска (видлива)

Вдлабена

Вдлабена

33


МРЕЖИ ПРОТИВ КОМАРЦИ И РОЛЕТНИ Мрежата против комарци вградена на надворешната страна на прозорците или балконските врати гарантира мир од досадните инсекти. Просторот ќе остане светол, но во него секогаш ќе биде доволно свеж воздух. Можете да изберете помеѓу различните видови на прозорските мрежи за комарци (фиксни, роло или вратни). Светлината во просторијата можете да је регулирате и со внатрешните ролетни кои се наместени на внатрешната страна од прозорските крила. Сите ролетни се

управуваат едноставно, со врвка која го регулира наклонот и истовремено подигањето на ламелите без врвките кои би пречеле. Поради големиот број на различните нијанси на бои, внатрешните ролетни ќе ви го разубават домот. Исто така можете да се одлучите за ролетни помеѓу стаклото кои се особено практични, бидејќи се вградени во просторот помеѓу двете стакла и затоа не е потребно да се чистат.

Алуминиумска ролетна помеѓу стаклото

Алуминиумска ролетна на внатрешната страна на прозорецот

34

Дрвен прозорец со мрежа за комарци


35


ВГРАДУВАЊЕ НА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ Доколку постојните прозорци не дихтуваат или дури и се распаѓаат, најдобро е да размислите за заменување. Новите прозорци функцијата ќе ја изведат беспрекорно, со модерното изолациско застаклување, пак ќе ви заштедат многу енергија и ќе обезбедат поудобно живеење. Поради широкиот спектар на внимателно избраните додатоци, новите прозорци ќе го задржат оригиналниот изглед, културните и архитектурните карактеристики. При одлучувањето за замена на дотрајаните прозорци се појавува и прашањето, како ќе се одвива заменувањето и кои работи ќе бидат потребни. Новите прозорци за кои ќе се одлучите, за вас ќе бидат несомнено голема предност. Затоа, исто така, е важно како ќе бидат вградени, бидејќи квалитетната монтажа обезбедува беспрекорно работење и издржливост на вградениот мебел во домот. Нашите обучени и искусни екипи за монтажа, квалитетно ќе го вградат вашиот мебел, со почитување на сите стандарди и прописи за кое нешто нудиме гаранција за извршената услуга на монтирање. Прозорците и вратите можеме да ги вградиме на класичен начин или по упатствата РАЛ.

Вградување на столаријата со помош на упатствата РАЛ Основниот принцип на вградување на столаријата со помош на упатствата РАЛ е подоброто дихтување на надворешната и на внатрешната страна. Дихтувањето е изведено во три нивоа: • На надворешната страна се користат дифузиско отворени фолии за дихтување или претходно компримирани ленти за дихтување; • На внатрешната страна се користат непропустливи фолии за дихтување за воздух и за водна пареа; • Третиот слој е топлинската и звучна изолација меѓу двете ленти. На овој начин е овозможено движење на водната пареа од просторот на надвор, а не од надвор на внатре. Монтирањето на прозорците со помош на упатствата РАЛ обезбедува намалување на топлинската изгуба и спречува формирање на топлински мостови. Се препорачува, за вградувањето со помош на упатствата РАЛ, да се одлучат сите нови инвеститори кои градат енергетско штедливи објекти. Монтажата РАЛ е задолжителна при ниско енергетските и пасивните куќи.

36


37


КАДЕ СМЕ И КОИ СМЕ

Корените на нашата компанија датираат од почетокот на 20-тиот век, традицијата за изработување на столарија од дрво, пак во 2003 година го прослави својот 50-ти роденден. Во последните години се појавуваме како еден од најважните производители на прозорци и врати од вештачки материјали. Уште од самиот почеток се фокусираме на квалитетни производи за најспецифичните клиенти во земјата и во странство. За да ви обезбедиме квалитетен, сигурен и траен производ, изработуваме дрвена столарија од квалитетно залепено дрво. Производи од пластични маси изработуваме од профили на водечкиот европски производител Комерлинг од Германија. Веќе многу години, со производството по нарачка и советување, обезбедуваме сигурна изведба и на најсложените проекти. Ве покануваме, да не посетите или да се јавите по телефон. Нашите експерти сигурно ќе го најдат најдоброто решение за вас.

ПРОЗОРЦИ КЛИ ЛОГАТЕЦ, д.о.о Товарнишка 36 Сло- 1370 Логатец Тел: +386 1 7558 568 Факс: +386 1 7558 586 okna.kli@kli.si www.oknakli.si

•080 12 44

38


OKNA


... со чувство до природата.

ПРОЗОРЦИ КЛИ ЛОГАТЕЦ®

овластен застапник


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.