План за економски раст

Page 1


МЕРКИ 1. МЕРКИ ЗА НОВИ „GREENFIELD“ ИНВЕСТИЦИИ И ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ 1.1 „GREENFIELD“ И „BROWNFIELD” ИНВЕСТИЦИИ 1.2 ТАРГЕТИРАНИ ИНВЕСТИЦИИ 1.3 ПОДДРШКА НА ПОСТОЈНИ КОМПАНИИ 1.4 ПОДДРШКА НА КОМПАНИИ ФОРМИРАНИ ПО СТЕЧАЈ ИЛИ ЛИКВИДАЦИЈА

2. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ

3. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА МСП


1. МЕРКИ ЗА НОВИ „ГРИНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ 1.1 „ГРИНФИЛД“ И „БРАУНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ 1.1.1 НОВОКРЕИРАНИ РАБОТНИ МЕСТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Минималната финансиска поддршка изнесува 10% од платата почнувајќи од плата во висина 50% над минималната (гарантирана) плата во РМ, а за секој дополнителни 10% повисока плата, финансиската поддршка да расте за 2%; до максимални 16% КРИТЕРИУМИ Финансиската поддршка ќе се доделува ако најмалку 80% од нововработените лица биле евидентирани во АВРМ за период од најмалку 3 месеци, или ако се вработат лица со штотуку завршен образовен процес РОК НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА Финансиската поддршка ќе се исплаќа за период од 5 години од основањето на секој нов субјект, но фирмите имаат обврска да го задржат истиот број на вработени за период од најмалку 10 години


1. МЕРКИ ЗА НОВИ „ГРИНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ 1.1 „ГРИНФИЛД“ И „БРАУНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ 1.1.2 НОВОКРЕИРАНО ВИСОКОПЛАТЕНО РАБОТНО МЕСТО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА За исплатените плати кои се над двојно повисоки од просечната плата во РМ финансиската поддршка изнесува 20% КРИТЕРИУМИ Финансиската поддршка ќе се доделува ако најмалку 80% од нововработените лица биле евидентирани во АВРМ за период од најмалку 3 месеци, или ако се вработат лица со штотуку завршен образовен процес РОК НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА Финансиската поддршка ќе се исплаќа за период од 5 години од основањето на секој нов субјект, но фирмите имаат обврска да го задржат истиот број на вработени за период од најмалку 10 години


1. МЕРКИ ЗА НОВИ „ГРИНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ 1.1 „ГРИНФИЛД“ И „БРАУНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ 1.1.3 ТРАЈНО ВОСПОСТАВЕНА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА НА СДИ СО ДОМАШНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА (важи само за СДИ)

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА За набавка на 10% од производните инпути од домашни фирмии над просекот за последните 3 години финансиската поддршка ќе изнесува 1% од вредноста на набавките; за секои дополнителни 10% набавени инпути од домашни претпријатија, финансиската поддршка ќе се зголемува за 2% од вредноста на набавките - Фирмите кои ќе бидат избрани од СДИ како нивни добавувачи од домашниот пазар ќе бидат дополнително поддржани со мерки од страна на владата КРИТЕРИУМИ Деловната соработка со домашни фирми ќе се мери согласно процентот на набавките на производни инпути од домашни претпријатија (не се однесува на електрична енергија, вода и гас) РОК НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА Финансиската поддршка ќе се исплаќа за период од 5 години


1. МЕРКИ ЗА НОВИ „ГРИНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ 1.1 „ГРИНФИЛД“ И „БРАУНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ 1.1.4 ТРАНСФЕР ИЛИ ФОРМИРАЊЕ НА РАЗВОЈНИ ЦЕНТРИ, ОДДЕЛЕНИЈА ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ И ИСТРАЖУВАЧКИ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ФИРМИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ФОРМИРААТ ВО РМ (важи само за СДИ)

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Финансиската поддршка со покривање на 20% од платите на директно вработените во развојните центри; покривање на 30% од вредноста на новонабавената опрема во развојните центри КРИТЕРИУМИ Користењето на оваа поддршка го исклучува користењето на поддршката предвидена претходно со мерка 1.1.1 РОК НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА Овој вид на поддршка ќе се исплаќа за период од 10 години


1. МЕРКИ ЗА НОВИ „ГРИНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ 1.2 ТАРГЕТИРАНИ ИНВЕСТИЦИИ 1.2.1 ПОРАСТ НА БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ

КРИТЕРИУМИ Во истата смисла, за привлекување на инвеститори кои имаат вкупен приход над 1 милијарда долари годишно ќе се креираат и дополнителни стимулации, согласно законот за државна помош


1. МЕРКИ ЗА НОВИ „ГРИНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ 1.3 ПОДДРШКА НА ПОСТОЈНИ КОМПАНИИ 1.3.1 ПОРАСТ НА БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Иста поддршката дефинирана во претходните мерките 1.1.1 и 1.1.2

КРИТЕРИУМИ За пораст на бројот на вработени над просечниот број на вработени во последните 3 години


1. МЕРКИ ЗА НОВИ „ГРИНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ 1.3 ПОДДРШКА НА ПОСТОЈНИ КОМПАНИИ 1.3.2 ПОРАСТ НА ВКУПНИОТ ПРИХОД

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Поврат на инвестиции направени во претходната година во висина од 10%

КРИТЕРИУМИ За пораст на вкупниот приход од работењето над обемот на вкупен приход во последните 3 години


1. МЕРКИ ЗА НОВИ „ГРИНФИЛД“ ИНВЕСТИЦИИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ 1.4. ПОДДРШКА НА КОМПАНИИ ФОРМИРАНИ ПО СТЕЧАЈ И ЛИКВИДАЦИЈА 1.4.1 КУПУВАЊЕ НА СРЕДСТВА И РЕСТАРТИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА КОИ СЕ ВО СТЕЧАЈ ИЛИ ЛИКВИДАЦИЈА

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Владата ќе доделува поддршка во висина од 10% од вредноста на средствата со кои е направено откупувањето на претпријатија во стечај или ликвидација;

РОК НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА Средствата ќе се доделуваат после рестартирањето на фабриката во нејзината дејност


2. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ 2.1. НЕПОВРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИЗВОЗНИЦИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Фирмите кои ќе остварат годишен пораст на својот извоз за најмалку 5% повеќе од просекот во последните 3 години, ќе добиваат финансиска поддршка за покривање на 10% од директните дополнителни инвестициони трошоци за остварување на тој пораст; за пораст на извозот во државите од Западен Балкан (WB6) помошта се зголемува за дополнителни 10% помошта на оваа мерка не може да биде повисока од повеќе од 3% од зголемувањето на извозот

КРИТЕРИУМИ Во тие трошоци нема да се калкулираат трошоците за плати на вработените и за набавките од домашните јавни претпријатија


2. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ 2.2 ПОДДРШКА ЗА ОТКРИВАЊЕ И ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВИ СТРАНСКИ ПАЗАРИ

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Фирмите ќе добиваат финансиски средства за покривање на 20% од трошоците

КРИТЕРИУМИ Заеднички настап на саеми во странство; на деловни мисии при посети на држави; Б2Б средби со фирми на странски пазари; за истражување на странски пазари; сертифицирање на производите согласно барањата на странски пазари; за градење капацитет за маркетиншки настап на странски пазари


2. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ 2.3 КРАТКОРОЧНО КРЕДИТИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ 2.4. ИЗДАВАЊЕ НА ГАРАНЦИИ НА ИЗВОЗНИЦИ (PERFORMANCE, ЛИЦИТАЦИЈА, АВАНСИРАЊЕ) 2.5. ОСИГУРУВАЊЕ НА ИЗВОЗ

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА МБПР да разработи инструменти согласно можностите и искуствата на други држави за точките од 2.3, 2.4 и 2.5


3. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

3.1 ПОДДРШКА НА МСП СО ТЕНДЕНЦИЈА НА БРЗ ПОРАСТ („ГАЗЕЛИ“) ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Финансиска поддршка преку покривање на 30% од директните трошоци (не за плати и набавки од домашни јавни претпријатија) КРИТЕРИУМИ - ускладување на домашните со европските технички прописи во однос на безбедноста на производите; - подготовки за стекнување сертификати за квалитет; - изработка на проектна документација и студи за техничко– технолошка изводливост за нови инвестиции и производи; - подготовка за подобрување на енергетската ефикасност; - воспоставување на системи за управување со отпадот; - изработка на елаборати за заштитата на животната средина; - стекнување на патенти и други видови индустриска сопственост; - воведување на информациони системи;


3. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

3.2 ПОСЕБНА (ДОПОЛНИТЕЛНА) ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Преку покривање на 30% од директните трошоци (не за плати и набавки од домашни јавни претпријатија КРИТЕРИУМИ - подготовка на развојни проекти за деловно поврзување и воспоставување на трајна деловна соработка со странски инвеститори и домашни претпријатија; - подобрување на организационата структура за задоволување на растот на фирмата; - подготовка на среднорочни и долгорочни стратешки планови; - специјализирани менаџмент обуки; - набавка на специфичен софтвер;


3. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

3.3 ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНОВАТИВНОСТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Финансиска поддршка преку покривање на 30% од директните трошоци (не за плати и набавки од домашни јавни претпријатија) КРИТЕРИУМИ - разработка на техничко–технолошките аспекти во развој на нови производи или услуги; - значително подобрување на постојните производи или услуги; - изработка на нови модни колекции; - изработка на индустриски дизајн или редизајнирање на производите; - изработка на нова амбалажа; - изработка на маркетинг планови (анализа на пазари, на конкурецијата, истражување на производите, продажбата и сл); - подобрување на постојните или воведување на нов производен процес;


3. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

3.4 ПОДДРШКА ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ И ПРАКСА НА НОВОВРАБОТЕНИ МЛАДИ ЛИЦА

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Финансиска поддршка на мали и средни претпријатија за покривање на 30% од трошоците за обука и стручно усовршување на вработените


3. МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

3.5 СОЗДАВАЊЕ НА АМБИЕНТ И ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА РАЗВОЈ НА РИЗИЧЕН КАПИТАЛ И „БИЗНИС АНГЕЛИ“

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Во 2018 година ќе биде изработен и донесен закон за креирање на „venture capital“ фонд; со домашен и странски капитал ќе се формира „акцелератор“ за развој на start–up компании



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.