ЈЗУ РЕПУБЛИЧКИ ЗАВОД ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
ВОДАТА ВОДАТА
...ЖИВОТ ЗНАЧИ ..ЖИВОТ ЗНАЧИ dddddddddddddd
H2O H2O
H2O
H2O
H2O
H2O
H2O
H2O H2O H2O H2O H2O
март 2006
CIP - Катлогизација во публикација Национална и Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“, Скопје 502.171:546.212 KOЧУБОВСКИ Михаил ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ: Едукативна брошура/ автори Кочубовски Михаил, Мирјана Димовска; соработник Влатко Трпески. - Скопје ЈЗУ Републички завод за здравствена заштита, 2006 - 20 стр. : илустр ; 30 cm. Брошурата е достапна на www.rzzz.org.мк ISBN 9989-716-25-0 1. Димовска Мирјана COBISS. MK - ID 6715882
С
латката вода претставува ограничен и драгоцен ресурс, неопходен за
одржување на животот, со којшто се обезбедува социјална добросостојба, економски просперитет и здравје на екосистемот. Оттука, политиките за одржлив развој мора да ја третираат потребата за еднакoв пристап до водните ресурси и нивното одржливо користење во интерес на општеството како целина.
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
Планетата земја има околу 1.386.000 км3 вода, но само 2.5-4% од неа е слатка вода, а се останатото е солена вода или мраз. Дури 20% од целокупната свежа вода е во Бајкалското езеро, а останатите 20% во други езера (Мичиген, Големо езеро и др). Во реките има акумулирано само околу 0.006% од вкупните резерви на слатка вода. Според Светската здравствена организација (СЗО) 1% од светските резерви на слатка вода се
слатка вода
достапни за користење. Затоа на водата се гледа како ресурс кој 4
е строго ограничен во неговата количина.
ОКЕАНИ
ВОДАТА НА ЗЕМЈАТА ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
Количеството на вода
Количеството на вода постојано се менува, од ден во ден, па дури и од минута во минута. Се разбира, најголемо влијание врз протокот на водотекот има дотекот на вода од врнежите во сливното подрачје. Врнежите од дожд предизвикуваат зголемување на водостојот на реките, а истиот може да се зголеми дури и ако врне сосема далеку во сливното подрачје - запаметете дека водата што спаѓа во едно сливно подрачје, на крајот се одведува од локацијата на истекувањето. Големината на една река е во голема мерка зависна од големината на нејзиниот слив.
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
5
Kружно движење на водата Сонцето, кое го води кружниот тек на водата, ја затоплува водата во океаните, па таа испарува во форма на пареа во воздухот. Нагорните струења на воздухот ја носат пареата во атмосферата, каде што пониските температури предизвикуваат кондензирање на пареата во облаци. Воздушните струења ги движат облаците околу планетата, честичките на облаците се судираат, растат и паѓаат од небото како врнежи. Најголем дел од врнежите повторно паѓаат во океаните или на копнените површини, кадешто, како резултат на гравитацијата, течат на површината како 6
површински водотеци. Дел од водата, преку реките, втекува во долините во пределот, додека главното течение на реката ја носи водата кон океаните.
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
Вода за пиење Од вкупно 877 милиони луѓе во СЗО/ Европски регион, речиси 140 милиони (16%) немаат достава на безбедна вода за пиење во своите домаќинства, додека 41 милион (5%) немаат пристап до безбедна вода за пиење.
Генералното Собрание на ОН во Декември 2003, донесе одлука декадата 20052015 да се нарече Интернационална декада за акција
7
“Вода за живот”
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
Достапни количини на вода Податоците на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ од 2002 велат дека: > 86% од популацијата има пристап до безбедна вода; > 63% имаат приклучок во домовите; > 96.7% од урбаната популација има пристап до безбедна вода за пиење; > 72.4% од руралната популација има пристап до безбедна вода за пиење. 8
> 93% од населението во Р. Македонија има пристап до безбедна вода за пиење (состојба 2005 год).
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
Децата се најчуствителни на загадувањето во животната средина! Различни и единствени изложености Динамична развојна физиологија: >Пијат повеќе вода по единица телесна тежина >Дишат повеќе воздух >Повисока апсорпција, поинтензивен метаболизам и елиминација >Критичен момент во развојот Подолг очекуван животен век Политички немоќни
9
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
Здрава вода за пиење Под здрава вода за пиење подразбираме онаа вода која во себе не содржи патогени микроорганизми, има добри органолептички особини со адекватен состав на микро и макро елементи, не содржи хемиски токсични материи и која не е радиоактивна. За да може водата за пиење да одговара на одредени стандарди постои можност одредени компоненти на нејзиниот хигиенски квалитет да се корегираат за да се добијат одредени органолептички, физичко-хемиски и микробиолошки особини.
Пречистување на водите Пречистување на водите се врши од следниве причини: Од здравствствени причини - Ако сакаме да се ослободиме од присутните разни бактерии, вируси, алги и сл. Од естетски причини - Отстранување на непријатниот мирис, вкус, боја и матност. Од економски (индустриски причини) - Омекнување на водата (остранување на тврдината), отстранување на разни органски и неоргански гасови како јаглерод диоксид, сулфуроводород, метан, растворени минерали - Ca, Mg, Fe, Mn, Na, CO3, хлориди, сулфати и.т.н.
11
Најголеми потрошувачи на вода Најголем потрошувач на вода се САД со 300 л на жител дневно, 100 л на жител на ден во Холандија, до 10-тина литри на жител во Сомалија. Во Африканските земји водата е луксуз, и поголем дел од популацијата немаат пристап до неа. Во Република Македонија потрошувачката е 150 литри, а додека за Скопје потрошувачката по жител на ден изнесува 240 литри. по жител на ден, што покажува дека водата се троши
12
нерационално (за чистење на улици, полевање на градското зеленило, нелегални “диви” приклучоци и др.)
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
Предвидувања До 2025 година:
40% од светската популација ќе живее во области на воден стрес
До 2050 година: 25% ќе
од
светската
живее
во
популација
области
на
воден
недостаток.
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
13
Значењето на водата за животот на луѓето
14
> Водата сочинува 92% од крвта; 22% од коските; 75% од мозокот и 75% од мускулите; > Човекот без храна може да преживее и до 90 дена, но без вода може да живее само 72 часа; > Колкава количина треба да се внесува зависи од повеќе фактори: физичката активност, телесната тежина и висина, климатските фактори и др.Во просек треба да се конзумираат 1.5-2.0 л на ден; > Минерализираната вода за разлика од природната минерална вода се добива со додавање на минерали во точно определена количина и избалансиран состав; > На декларацијата на природните минерални и минерализираните води не смее да се тврдат медицински ефекти (превентивни, олеснувачки/ ублажувачки или куративни/лечебни) кај луѓето во однос на состојките на природната минерална или минерализирана вода; > Природните минерални и минерализрани води што се нудат на нашиот пазар задолжително мора да ги исполнуваат пропишаните законски прописи во поглед на квалитет и безбедност, според Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната (“Службен весник на РМ” бр.54/2002)
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
Начини на штедење на водата Постојат бројни начини како да се заштеди водата, ...сите тие започнуваат со тебе > Вклучувај ги машините за миење садови и перење на алишта само ако се полни; > Ако ги миеш садовите рачно, не оставај водата да тече цело време. Наполни еден садопер со детергент, а другиот со чиста вода; > Проверувај ги почесто славините дали течат; >Со поправка на казанчето кое тече, заштедуваш 2271 литри месечно; > Исклучувај ја водата додека ги четкаш забите. Така заштедуваш 15 литри во минута, 757 литри неделно за четиричлено семејство; >Туширање пократко од 5 минути, заштедува околу 3785 литри вода месечно; >Тревникот се наводнува наутро или попладне кога испарувањето е најмало; > Прскалките да го опфаќаат само тревникот, не и тротоарот.
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
15
Контрола на квалитет на водата
16
ЈЗУ Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) перманентно ја следи безбедноста и квалитетот на водите и нивното можно влијание врз здравјето на луѓето > Се следи квалитетот на водите за пиење, водите за спортско-рекреативни намени, за производство на храна и земјоделски производи, согласно со законските прописи (определени врз основа на препораките на СЗО од 2004 година и ЕУ директивита 98/83) > Одделението за хигиена на води и комунална хигиена при РЗЗЗ - Скопје е многу важен дел од овој систем за мониторинг, чија задача е следење и проценка на здравствениот ризик од оптовареноста на медиумите на животната средина: вода, воздух, почва и бучава. Истовремено, Одделението е директен крeатор на здравствената политика > Одделението за хигиена на води и комунална хигиена при Секторот за хигиена ја координира и насочува работата на санитарнохигиенските служби во Заводите за здравствена заштита на подрачјето на РМ. >Одделението ја следи санитарнохигиенската состојба со снабдувањето со вода за пиење, безбедноста на природните минерални води, квалитетот на површинските и отпадните води како и нивото на санитација на животната средина.
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
ЈЗУ Републички завод за здравствена заштита ЈЗУ Републички завод здравствена заштита (РЗЗЗ) официјално постои од 1925 год. Успешно делува во превентивната дејност и има сестрана соработка со Регионалните заводи за здравствена заштита, Министерствата за здравство и за животна средина, здравствените институции и сите други организации кои на кој било начин се врзани со работата на РЗЗЗ. РЗЗЗ одиграла голема улога во спроведувањето на континуираната вакцинација, чии темели се воспоставени во 1961 година. Спроведувањето на перманентната вакцинација и програмските активности за подобрување на санитарнохигиенската и епидемиолошката состојба на населението во Македонија резултирало со ерадикација на маларијата и пегавиот тифус и постојано опаѓање на заразните болести. РЗЗЗ е важна мултидисциплинарна, научна и наставна установа, која дејствува во областа на превентивната медицина во Република Македонија со тендеција да прерасне во референтна и меѓународно стручно призната институција. Повеќе информации за РЗЗЗ ќе најдете на следнава веб страница www.rzzz.org.mk
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
17
Досегашни анализи Од вкупно 598 испитани примероци вода во РЗЗЗ во 2005 година 202 примероци биле неисправни (33.8 %) и тоа: 41% заради бактериолошка неисправност, 23.7 % заради физичко-хемиска неисправност.
18
> Анализирани се 540 примероци води за пиење при истражно-студиски работи и периодичен преглед на водите, 160 примероци биле неисправни (29.6%) и тоа: 38.6% заради бактериолошка неисправност, 19 % заради физичко-хемиска неисправност. Анализирани се 34 примероци на природна минерална вода (непакувана, во фаза на испитување на безбедност). Од нив 22 биле неисправни и тоа заради: 73.3% заради физичко-хемиска неисправност 40.9% заради бактериолошка 53.8% заради радиолошка неисправност > Анализирани се 18 примероци на површински води. Неисправни биле 13 (72.2%) и тоа заради: 100% бактериолошка неисправност 58.85% заради физичко- хемиска неисправност > РЗЗЗ перманентно ја следи и појавата на заболувања поврзани со неправилно водоснабдување (цревен тифус, паратифус, дизентерија, ентероколит, Хепатит А и Е)
ВОДАТА - ЖИВОТ ЗНАЧИ
вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода во вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вод водавода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода да вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода во вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода во вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода в вовода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вода вода водав вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода в водвода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вод вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода в в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода в а вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вода вовода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода во вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода во в ода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода в вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода во вод а вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода в вовода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вовода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода во а вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вода сите права се задржани вода вода вода вода вода вода вода вода водавода вода вода вода вода во