Едногодишни студии - Master of E-business management

Page 1

Општи и специфични компетенции 

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО

Е-БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ – ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ едногодишна студиска програма

 

Зошто да го изберете е-бизнис менаџмент? Мисија

Eдуцирање на професионалци кои ќе ги следат и применуваат ИКТ иновациите во економијата и бизнисот и ќе решаваат истражувачки и апликативни проблеми од областа на е-бизнисот

Вкупно времетраење

Само една година (два семестра) со вклучен магистерски труд

Европски систем на студирање

Вкупно 60 кредити според европскиот систем на трансфер на кредити

Работен јазик

Англиски и македонски

Наставни методи

Тимска и проектно-ориентирана работа за реални компании

Наставен кадар

Реномирани професори од Универзитетот и вклучување на странски професори и гости предавачи од приватниот и јавниот сектор

Наставни програми/ литература

Развиени во рамките на ТЕМПУС проект во соработка со универзитетите Universite Paris 1 Pantheon Sorbonne, France; Fontys University of Aplied Sciences, The Netherlands; Hogeschool West Vlaanderen, Belgium

Услови за запишување и напредување на студиите На студиската програма по Е-бизнис менаџмент можат да се запишат студенти кои завршиле четворогодишни додипломски студии или завршиле студиска програма од прв циклус студии според ЕКТС со вкупен број на 240 кредити. На студиската програма можат да се запишат студенти од било која област бидејќи е-бизнис моделите кои се предмет на изучување на студиите се користат во сите области на општеството и економијата. По завршувањето на предвидените активности, се добива диплома Магистер по економски науки од областа на е-бизнис менаџмент.

     

Детална структура на студиската програма по е-бизнис менаџмент Назив на предмет ПРВ СЕМЕСТАР ОД ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ПО Е-БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ Дизајн на бизнис процеси во е-бизнис 1 Business process design in e-business Е-бизнис информациски системи и технологии 2 E-business Information Systems and Technologies Стратегиски менаџмент на е-бизнис 3 Strategic management of e-business Менаџмент на синџирот на снабдување 4 Supply Chain Management ВКУПНО КРЕДИТИ ВО ПРВ СЕМЕСТАР: ВТОР СЕМЕСТАР ОД ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ПО Е-БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ Изборен предмет 1 5 Elective course 1 Изборен предмет 2 6 Elective course 2 Магистерски труд Master thesis ВКУПНО КРЕДИТИ ВО ВТОР СЕМЕСТАР: ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ (од 4 се избираат 2 предмета) 1

Компетентност за работни места    

Во областа на бизнисот и економијата кои се базираат на интензивна употреба на ИКТ; Во компании кои што интензивно користат веб базирани технологии во контактите со добавувачите, купувачите, финансиските институции и јавниот сектор; На дизајнирање и на развој на веб базирани информациски системи во големи, средни и мали претпријатија; Во јавниот сектор кој користи веб базирани услуги кон граѓаните и компаниите;

Работа во интердисциплинарни тимови во глобално и мултикултурно окружување; Анализа, синтеза и критичка евалуација на факти и за донесување на квалитетни бизнис одлуки; Поврзување на теоретските знаења со нивна практична примена; Препознавање на потенцијалите и можностите од ИКТ како потикнувач на промените во економијата базирана на знаење; Дизајнирање, имплементација и менаџирање со е-бизнис решенија и веб базирани информациски системи во согласност со стратегиските цели на организациите; Консалтинг вештини од областа на е-бизнисот во приватниот и јавниот сектор; Развивање маркетинг стратегии преку интернет и други безжични технологии; Разбирaње и анализирање на теориите и практиките во рамките на е-влада; Менаџирање со синџирот на снабдување; Продолжување на образованието во трет циклус студии.

2 3 4

Е-Влада и е-управување E-Government and e-governance Е-маркетинг апликации и алатки E-marketing applications and tools Сметководствени и финансиски алатки за деловно одлучување во ебизнисот Accounting and finance tools for e-business decision making Креирање и дизајнирање на е-бизнис решенија Creation and design of e-business solutions

ЕКТС

8 8 7 7 30

5 5 20 30

5 5 5 5


Краток опис на предметните програми и основна литература Дизајнирање на бизнис процеси во е-бизнис: Објаснување на потребата за процесен пристап наспроти функционален пристап при организирањето на бизнис активностите на организациите; Дефинирање на бизнис стратегија, вредносна верига, стартешките теми на Портер и концептот на Treacy и Wiersema, објаснување на критериуми за приоритизација на бизнис процесни промени; Процесна архитектура и процесен менаџмент на организациите – ниво на претпријатие; Опишување на процеси преку дијаграми и типови на дијаграми- БПМН; Менаџирање и мерење на бизнис процеси; Разработка на BPTrends методологијата за редизајнирање на бизнис процесите. Основна литература: Paul Harmon, Business Process Change, second edition, Morgan Kaufmann Publishers, San Francisco, 2007 Е-бизнис информациски системи и технологии: Цел на предметот е изучување на правилно дизајнирање и развој на информациските системи и технологии во функција на стратегиските цели, на ефикасниот менаџмент на бизнис процесите и на подобрувањето на веригата на додадена вредност на претпријатијата. За таа цел се изучуваат основните и напредните аспекти на анализа и развој на системи со посебен фокус на користење на конкретни јазици на моделирање и дизајнирање. Основна литература: Shelly & Rosenblat, Systems Analysis and Design, Course technology, 8th edition, 2007; Miles & Hamilton, Learning UML 2.0, O'Reilly, 2006. Стратегиски менаџмент на е-бизнис: Избрани проблеми од менаџментот; Стратегија и стратегиски менаџемент; Стратегиско размислување и процес на стратегиски менаџмент во е-бизнис окружување; Поставување визија, мисија и цели; Алатки за стратегиска анализа (ПЕСТЛЕ анализа, анализа на конкуренција, SWOT анализа, портфолио анализи); Стратегии на ниво на компанија, на ниво на сектори и на ниво на деловни функции; Иновации, технологија и стратегија; Менаџмент со знаење. Основна литература: McKay, Ј., Marshall, P., Strategic Management of e-Business, John Wiley & Sons Ltd, 2003; Hit M., Ireland D., Strategic Management: Concepts and Cases: Competitiveness and Globalization, McGraw-Hill, 2009 Менаџмент на синџирот на снабдување: Поврзаност и интеракција помеѓу логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување; Синџир на вредност; SCOR (Supply Chain Operations Reference) модел; Управување со побарувачката и понудата; Управување со производството (MRP, ERP); Аутсорсинг; Предвидување; Управување со залихи; Дистрибуција; Логистички апликации; Логистички информациски систем; eSCM. Основна литература: Christopher Martin, Logistics and Supply Chain Management: Creating Value-Adding Networks, Pearson Education Limited, 2005; Stock James R., Lambert Douglas, Logistics Management, McGraw-Hill, 2001 Е-влада и е-управување: Модели на е-влада; Методи за менаџмент со е–владини системи; Хоризонтална процесна интеграција во е-влада; Менаџирање со јавни податоци; Животниот циклус на системот за е-влада; Анализа на најдобри практики во Европа и Светот; Мерење на нивото на квалитетот на услугите во рамките на е-влада; Е-влада апликации: бенефити за граѓаните и за бизнисите; Технолошки аспекти на дизајнирање, креирање и имплементација на е-влада. Основна литература: Mehdi Khosrow-Pour, editor, E-government diffusion, Policy and Impact, Advanced Issues and Practices, IGI Global, 2009

Е-маркетинг апликации и алатки: Поим и основи на интернет маркетинг; Традиционални маркетинг комуникациски активности; е-Маркетинг стратегија; Еволуција на е-маркетинг миксот; е-Маркетинг комуникација со потрошувачи и клиенти; е-Маркетинг алатки за огласување и следење на интернет маркетинг кампањи. Основна литература: David W. Schumann Esther Thorson, Internet Advertising Theory and Research, LEA London, 2007; Jennifer, G & Gradiva, C, Search Engine Optimization (2 ed), Wiley Publishing, Inc, 2009 Сметководствени и финансиски алатки за деловното одлучување во е-бизнисот: Принципи на сметководството на менаџментот и основи на сметководството на трошоците; Финансиски извештаи, трошочни и биланси на состојба; Анализа на преломната точка, евалуација на производниот микс, профитабилност на производите, основи на анализата на буџетите; Информации за трошоците потребни за одлучувањето; Долгорочни финансиски одлуки; Долгорочни извори на финансирање; Капитално буџетирање; Краткорочни финансиски одлуки; Трошок на капиталот и структура на капиталот. Основна литература: L. Gitman, Principles of Managerial Finance, Prentice Hall, 2009; E. Brigham, P. Daves, Intermediate Financial Management, Thomson Learn, 2007 Креирање и дизајн на е-бизнис решенија: Елементи на кориснички барања, технологии за документирање и нивна анализа; Унифициран јазик за моделирање на корисничките барања (УМЛ); ИТ инфраструктура за поддршка на е-бизнис решенија; Креирање на комплетно е-бизнис решение; Користење на современите трендови во ебизнисот за создавање на бенефити за компаниите; Користење различни софтверски алатки за креирање на е-бизнис решенија; Напредни техники за безбедност, сигурност и доверливост. Тимска работа за потребите на вистинска компанија од македонската економија и за истата креирање комплетни е-бизнис решенија. Основна литература: Kalakota, R &Robinson, M, e-Business 2.0: Roadmap for success (3th ed), Addison-Wesley Longman Inc., 2007

Mатеријални, технички и информациски услови за изведување на програмата 

       

Компјутерски лабаратории опремени со вкупно 120 компјутери, вградени ЛЦД проектори, скенери, принтери и соодветни софтверски пакети кои обезбедуваат непречено одвивање на наставата и научно-истражувачката работа на студентите; Жичен и безжичен интернет; Платформа за електронско учење Зефир (Zephyr); Џумла (Joomla) – систем за менаџирање со веб содржини и изработка на веб страници (припаѓа на слободниот софтвер); Microsoft Project Management – софтверско решение за управување со проекти; OpenERP – деловно софтверско решение за управување со ресурсите на претпријатието; TIBCO – софтверско решение за мапирање и управување со процеси; SugarCRM – софтверско решение за менаџирање на односите со потрошувачите; Библиотека со богат библиотечен фонд и пристап кон електронски списанија

Информации и контакт http://www.eccf.ukim.edu.mk/studiranje/studii/postdiplomski/19 Facebook Fan page: Master of E-business management, Faculty of Economics – Skopje Раководител/Секретар: проф. д-р Сашо Јосимовски, sasojos@eccf.ukim.edu.mk проф. д-р Калина Треневска Благоева, kalina@eccf.ukim.edu.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.