4 minute read
Бизнис ИНФО, број 401
Advertisement
Креирање нови економски перспективи КИФ НА САМИТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊ
Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401
БИЗНИС ИНФО
1
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО
97 godini
1922 - 2019
Број 345 401 www.mchamber.mk 23.03.2018 28.6.2019
Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
СИГУРЕН И СТАБИЛЕН ТУРИСТИЧКИ СЕКТОР ПРЕКУ СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
Измените
и
дополнувањата
на
Законот за туристичка
дејност
кои
се
веќе
во
најголем
дел
усогласени
со
надлежното
Министерство
за
економија да бидат
донесени во најбрз
можен
рок
за
да
се
воспостави
ред
во
туристичката
дејност,
порачуваат
од бизнис секторот. Во меѓувреме треба да се доработи само уште делот на регулирање
на гарантирањето на работата на туристичките агенции, дали ќе се примени банкарска
гаранција или осигурителна полиса.
Воведувањето ред и менување и дополнување на дел од членовите во Законот е од
големо значење бидејќи дејноста има континуиран раст и позитивен тренд, како во бројот
на туристи, така и во девизниот прилив.
Предложените измени на иницијатива на туристичките агенции - членки на Здружението
на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, но и од другите
стопански комори во земјата, кои се прифатени од ресорното министерство предвидуваат
разграничување на туроператори (организатори на патувањата) и туристичките агенции
(продавачи на аранжмани), потоа релиценцирање, односно обновување на лиценцата на
секои две до три години, со цел да се контролира дали агенциите ги исполнуваат условите
за патување. Измените предвидуваат кој се` може да организира туристички аранжман и
патување надвор од земјата, одделување на работата на туристичките агенции од автобуските
превозници, дефинирање на општите услови на патување со подзаконски акт, информираше
на прес-конференцијата Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на
БИЗНИС ИНФО
10 Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401
ЗДРУЖЕНИЈА И ФОРМИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ
ФОРМИРАНО ЗДРУЖЕНИЕ НА ФИНАНСИСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО КОМОРАТА
Главни приоритети ќе бидат унапредување на работењето на финансиските организации и развој на финансискиот пазар во земјата.
Иницијативата за формирање Здружение на финансиски организации е поттикната од се` поголемата интегрираност и комплементарност на домашниот финансиски систем и од растечката појава на финансиските друштва што пак е резултат на обезбедување софистицирани услуги во согласност со потребите на граѓаните и приватниот сектор.
Како што напомена претседателот на новоформираното Здружение, Ѓорѓе Војновиќ од „Триглав осигурување“ АД - Скопје, една од главните цели ќе биде идентификување на предизвиците кои се однесуваат на целиот финансиски сектор со цел изнаоѓање сеопфатни решенија што резултираат со создавање основа за поуспешно работење на компаниите од овој сектор, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на финансискиот систем, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни.
БИЗНИС ИНФО
14 Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
Креирање нови економски перспективи - КИФ НА САМИТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊ
м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија
Со цел приклучување на регионот кон Европската унија, во зона на стабилност, безбедност и економски просперитет, за европска иднина, на што треба да се гледа како на последна шанса за заеднички економски напредок на регионот, но и како единствен пат кон одржлив раст и развој на секоја од шесте земји од регионот, беше креиран Коморскиот инвестициски форум (КИФ).
Во рамките на КИФ е креирана и посебна агенда за регионална соработка, којашто е резултат од заемно признаени интереси на сите регионални засегнати страни при што се адресираат развојните приоритети на секое стопанство и се стават во контекст на регионален развој со цел да се создаде економска област што ќе биде конкурентна на глобално ниво.
Креирање нови економски перспективи - КИФ НА САМИТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊВо насока на приклучување на регионот на Западен Балкан кон Европската унија и креирање заеднички политики за раст и развој, под мотото: „Да растеме заедно“, на 4 јули 2019 година во Познањ, Р. Полска ќе се одржи овогодишниот Самит на Западен Балкан.
Главен фокус на Самитот е полесна интеграција на регионот на Западен Балкан со земјите од Европската унија, преку креирање синергија меѓу светот на политиката со граѓанските општества и бизнис круговите, што е всушност и основната цел на КИФ. Процесот на