Annual Report 2013 MK

Page 1

ИМКА Битола ме

а в у б о с ! о е п т с и Ги о млад

Годишен Извештај 2013


СОДРЖИНА...

Контакт

За ИМКА Битола

Повик за Дејствување!

Благодарност

Финансии

Отчетност

и Предизвици

Стратегии

Активности

Воведен Збор

03 0745 49 53 55 59 61 63


3

ИМКА Битола

Воведен Збор Уште една година е зад нас и време е да застанеме и да го согледаме сето она што сме го сработиле за време на изминатата година. Време за да ги согледаме нашите успеси и ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ на сите кои беа со нас на нашето патување во текот на 2013 год. Без да се обидувам тука да бидам скромен можам слободно да кажам дека оваа беше најуспешната година на организацијата. Ве поканувам да одвоите малку време и да го прочитате следниот извештај скроен од најдобрите настани и постигнувања во 2013 год. Тука само на кратко ќе споменам зошто го зборам ова. Во текот на 2013та ние ја продолживме нашата работа на три одлични проекти: Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Р.Македонија, Младинскиот Лидерски Проект и проекти во рамките

4


5

ВОВЕДЕН ЗБОР

на Европскиот Волонтерски Сервис. Ние исто така ја проширивме нашата работа преку реализација на следниве поголеми проекти: Јакнење на мултиетничката соработка во општините, кој ние го викаме Мултикултура, како и два интернационални тренинг курсеви во рамките на ЕУ програмата Млади во Акција на тема младинска невработеност. Покрај тоа, ние имплементиравме низа помали проекти и активности со фокус на младите луѓе. Зголемениот обем на активности резултираше со зголемен број на ангажирани луѓе; зголемен број на директно опфатени луѓе, како и зголемен број на партнерски организации со кои соработувавме. ИМКА Битола продолжува да биде препознаена како доверлив, сигурен и сериозен партнер за соработка. Преку реализацијата на сите овие проекти и активности исто така успеавме да го зголемиме буџетот и да го подобриме општиот финансиски капацитет на организацијата. Еден од квалитетите кои не прави посебни како луѓе е нашата зависност на едни со други. Нашата работа како организација е предводена од заложбите и ентузијазмот на многу извонредни волонтери

ВОВЕДЕН ЗБОР кои се дел од ИМКА Битола. Ние веруваме дека волонтирањето помага во поттикнување на културата на партиципација, зголемување на одговорноста, како и придонесува за општиот личен развој на младите луѓе кои се вклучени. Во овој контекст само сакам и да го споменам добивањето на националната награда на ИМКА Битола за иновативен пристап во работењето со волонтери. ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ на сите волонтери, донатори и други членови на нашата заедница за вашиот ангажман да ја поддржите ИМКА Битола во остварувањето на својата мисија и цели.

Виктор Илиев Претседател на ИМКА Битола Национален Генерален Секретар, ИМКА Македонија

6


7

8

А

в и кт

и т нос


9

10

Факти и бројки


11

12

Низ разни видови на обуки во ИМКА Битола, во земјава и странство, им овозможуваме на младите да се стекнат со потребни знаења и вештини, да растат како личности и да откриваат нови хоризонти!

Напуштете ја дневната монотонија и искористете ги можностите! Бројки Во текот на 2013 година имавме 84 обуки/настани (локални и меѓународни) вклучувајќи 1.655 луѓе.

И-Тренинг


13

НотифаИ сведоштва

14

”За мене овие мултикултурни работилници беа прекрасно искуство. Голем предизвик ми беше да учествувам во реализацијата на овој проект. Сфатив дека и децата имаат голема желба да учествуваат во вон наставни активности, да се дружат меѓу себе, да им се даде простор да ја изразат својата креативност. Ние преку овие работилници ги научивме дека светот е разновиден, составен од многу култури, јазици и националности и дека за да живееме посреќен живот треба да се почитуваме.”

Светлана Петковска

”Како дел од активностите на мојата организација ИМКА Битола имав можност да учествувам на доста интересна обука на тема „Вклучување на луѓе со помали можности во Европскиот волонтерски сервис (ЕВС)”. Научив повеќе за ЕВС и ја посетив Шпанија. Работата со мојата група ме исполни и ме направи да се чувствувам корисно. Иако имам искуство со работа на повеќе проекти, луѓето тука веруваат дека се што ќе се каже е важно за проектот, па те слушаат со внимание. Го почувствував вистинскиот тимски дух!”

Ивана Спировска


15

НотифаИ сведоштва

16

“Како група составена од млади волонтери, но исто така и искусни супервизори, мислам дека бевме добар микс за одлична работна атмосфера. Лично јас, во овие 5 дена, разјаснив неколку дилеми околу тоа што точно претставува овој поим, кои сè техники и способности треба да ги поседува добар супервизор, како до нивно подобрување и секако осознавање на добри и лоши примери. Се надевам дека искуствата од оваа обука ќе успееме да ги вметнеме во работата со младите волонтери на ИМКА Битола со цел поефективна и поквалитетна работа.”

Марија Наумовска

“Особено импресивно за мене беше големата мотивација на младите луѓе и нивната флексибилност да се справат со различни ситуации и да работат со различни луѓе. Од 22 луѓе, 16 веднаш се подготвени веднаш да се преселат во друга земја за да добијат работа. Уште 4 други беа подготвени да се преселат во друг град. Оваа флексибилност е веројатно една од најголемите предности на оваа генерација.”

Инго Нордман, Германиja


17

18 Секоја година нашите членови земаат учество на младински размени, фестивали и кампови (исполнети со учење, забава, дружење, размена на искуства и сл.) во организација на ИМКА Битола или на некои од нашите партнерски организации. Ве очекуваме на некои од нив! Контактирајте не!

Прифати го предизвикот и изгради го својот лидерски став!

Кампови

Бројки Во текот на 2013 година имавме 4 извонредни настани (Младинскиот Лидерски Камп, Фестивалот на ИМКА Европа, Фестивалот Прекрасни Денови во Данска и Предконференцијата за кампови во Грција) вклучувајќи 110 луѓе на настаните со повеќе од 7000 луѓе како крајни корисници!


19

НотифаИ сведоштва

20

“Се викам Јенк, имам осумнаесет години. Доаѓам од Скопје. Активноста што најмногу ми се допадна на овој камп беше ноќта наречена „Суров камп“. На почетокот, мислевме дека тоа ќе биде буквално како што вели името, но потоа увидов дека тоа е најверојатно најдобрата ноќ во мојот живот и во кампот. Целиот камп во принцип е најдоброто нешто што ми се случило во животот, мојот тим се викаше „Сенки“ и пеењето со нив секое утро ми даваше енергија што не можам да ја опишам.

“Ова лето бев навистина среќен да гледам педесет и шест момчиња од цела Македонија од сите страни на животот, сите религии, сите етнички заедници и јазици, од најбогатите соседства до најсиромашните села, како стануват цврсто поврзана група од пријатели кои повеќе не се поделени од разликите меѓу нив.”

Арон Вивер

Мислам дека секој би требало да дојде на овој камп барем еднаш, поради поврзаноста со природата и оддалеченоста од луѓето, од сообраќајот и бучавата се чувствувам како прероден. Што друго би можел да кажам? Храната исто така е добра. Мојата омилена активност беше стрелање со лак и стрела, и ќе ја спомнам Тај Дај, а тоа е како да ја врзуваш маицата со куси ракави. Тоа го правиме со Карли и сите помагачи наоколу, тие се супер, многу добри и љубезни. Часовите што ги земаме овде се многу едукативни и корисни, мислам дека сега моето животно искуство и моето образование се на високо ниво.”

Јенк


21

НотифаИ сведоштва

22

“„Светско првенство во Квидич“, тоа е првата работа што ми падна на ум кога пристигнавме на фестивалот. Гледајќи ги сите овие насмеани гостопримливи луѓе, огромните шарени шатори и софите пред шаторите навистина ме натераа да се чувствувам како лик од „Хари Потер и огнениот пехар“ од Џ. К. Роулинг… и навистина беше магично. Другата работа што навистина ми се допадна беа забавите, тие беа навистина смешни, особено вечерната програма. Моето омилено шоу беше „Први Светски Проблеми“ и „Изборната кампања“. Запознав навистина неверојатни луѓе кои ми ги направија спомените уште позначајни.”

Венета Ристовска “Дојдов во Данска за да се забавувам, да се релаксирам и да уживам но овие луѓе ми дадоа многу повеќе од тоа; тие ги отворија срцата и иако е тешко да се поверува, внатре има топлина и човечност. Темите на кои дискутиравме и чувството дека некој ги цени твоите мисли и зборови беа повеќе од доволни.“

Елена Деловска “Мојот главен ангажман во фестивалот беше учеството во сесијата обуки под името Агенти за промена, а воедно тоа беше и мојата мисија на овој огромен проект на Светската алијанса на ИМКА организации. Беше неверојатно чувството да се види група од 200 млади активисти од различни делови на светот да се соединат на едно место, на овој посебен фестивал, во овој момент на радост и љубов.”

Катерина Кимовска


23

Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење на CV, професионален и личен развој, патување и помагање на средината каде живееме. ИМКА Битола ги охрабрува младите да се приклучат и да волонтираат во нашите активности. Ние исто така ви нудиме и можност за незаборавен интернационален волонтерски ангажман во Европа преку програмата ЕВС!

24

Активирајте се и преземете ја иднината во ваши раце! Бројки

Волонтерски Сервис

Во текот на 2013 година во разни активности вклучивме 39 локални краткорочни, 15 локални долгорочни и 7 странски долгорочни волонтери (примање и праќање). Меѓународни волонтерски програми со кои работиме се: Европски Волонтерски Сервис и Волонтери на Мировен Корпус. Реализиравме и 2 долгорочни волонтерски активности вклучувајќи 73 млади луѓе. Во декември добивме национална награда за најиновативен пристап во работење со волонтери од страна на Министерството за труд и социјална политика при Владата на Р.Македонија.


25

НотифаИ сведоштва

26

“Да ги збогатиме нашите различности - на овој начин го дефинирам моето искуство преку Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС) односно да доживееш уникатно искуство во држава која е далеку од твојата со различни обичаи и начин на живот. Моите два месеци во Македонија поминаа неверојатно брзо. Ова е добро, бидејќи покажува дека не ми беше здодевно... Според мене, ЕВС е личен и професионален развој. Сигурна сум дека знаењата кои ги стекнав за време на овие два месеци ќе ми бидат од корист еден ден. Ги усовршив моите познавања на англискиот јазик, научив да се изразувам, прифатив нов работен стил и ритам. Покрај тоа, запознав и научив да имам разбирање кон нова култура, традиции и човекови навики. Накратко, не се каам за мојот избор и се враќам во Франција со многу спомени! Еднаш се доживува ваква авантура! Па, ако ме прашате за совет би ви рекла: нурнете длабоко и откријте нови хоризонти!”

Софи Прадиер “Сега го гледам моето CV и има повеќе реченици од кога и да било. Го подобрив англискиот јазик, научив основен македонски јазик, нови компјутерски вештини, изработив многу филмови, посетив многу работилници, развив вештини за предавање и други способности кои што, пред две години, беа надвор од сите мои планови. ЕВС ти е како да се преродиш, бидејќи е искуство кое ти овозможува да откриеш скриени аспекти за самиот себе. Моите вештини се подобрени многу, како нова личност да се разви во мене. „Адаптација“ е сега новиот збор во мојот речник.”

Ангел Агилар Позо


27

НотифаИ сведоштва

28

“Кога ќе се сетам на сите мои очекувања пред да се приклучам на Мировниот Корпус и пред да дојдам во Македонија, знам дека бракот не беше дел од моите планови. Сите ми велеа дека ќе сретнам некој посебен тука, а јас ги игнорирав велејќи им: јас не одам во Мировен Корпус за да фаќам дечковци! Ова не требаше мене да ми се случи. Јас не требаше да бидам таа девојка. Но, сепак тука сум, нуркам со целото срце во истото клише. Се заљубив во Мировниот корпус. Го запознав мојот сопруг, Златко Димовски во Април 2012 година, а се венчавме во Март 2013 година.”

Карли Мари Рејес “Искуството што се доживува во една странска држава која реално знае да им пружи пријатен престој на волонтерите е незаменливо. Вистински го отвара и го проширува погледот и размислувањата. Едно можам да кажам за ова волонтирање, а тоа е дека ме направи да се чувствувам како подобар човек. Можеби незначителен придонес за општеството, но значителен придонес за мојата човечност... Морам голема пофалба да упатам на ИМКА во Битола што ми го овозможи ова искуство и Фондацијата Олде Вехте од Холандија што соработуваше со неа и ги надмина моите очекувања. Без предрасуди, со широко отворен ум и со цела сила и посветеност, со максимум даден од себе ве советувам да аплицирате за искуство кое што вреди сами да го доживеете, а не само да читате други животни приказни.”

Драгана Ацева Андонова


29

30 ИМКА Битола води грижа за нашите млади луѓе. Тоа го правиме преку организирање на натпревари во пинг понг од ревијален карактер, велосипедски екскурзии, планинарење и сл. со цел рекреација и дружење.

Уживај во животот и создавај здрави животни навики!

Здрав Животен Стил

Бројки Во текот на 2013 година организиравме 7 настани за возење точак вклучувајќи 51 луѓе. Покрај тоа, направивме и мапирање на велосипедските паркинзи во Битола.


31

32 НотифаИ сведоштва “Денот за кој се подготвувавме дојде, и сите беа уште повеќе возбудени од првиот пат, бидејќи овој пат не беше обично возење. Имавме свирчиња и правевме гласни звуци за луѓето да нè забележат. Нашата главна цел беше да бидеме препознаени како дел од сообраќајот и да ја подобриме безбедноста во истиот. Досега имавме 6 екскурзии со 50 учесници кои ни се придружија во возењето. Се надеваме дека во следниот период ќе се дуплира бројот на учесници кои ќе ни се придружат и ќе помогнат во зголемување на јавната свест.”

Дарко Видановски


33

34

И-Филм е програма посветена ка кратки видеа и филмови. Целта на И-Филм е снимање и документирање на активностите и другите поголеми настани на ИМКА Битола со надеж дека ќе поттикнеме поголем број на млади луѓе да се активираат со сопствени иницијативи.

Изрази се и направи го својот филм!

И-Филм

Бројки Во текот на 2013 година тимот на И-Филм сработи 10 видеа вклучувајќи 107 луѓе. Темите на видеата се: младински/ученички активизам, детски права, кампови, волонтирање и поддршка на локални младински иницијативи.


35

Младински Лидерски Проект 2013

Детски правобранител во Средното Економско Училиште

Детски правобранител во ОУ Елпида Караманди

Хор Стив Наумов, Битола Со цел да ви го олесниме пристапот, во ноември 2013 година го лансиравме нашиот ЈуТуб канал каде можете да ги најдите сите наши видеа сортирани во плејлисти по категории. До крајот на годината имавме над 1000 прегледи на видеа!

Европски Волонтерски Сервис (ЕВС) во Битола

ИМКА Битола ЈуТуб канал:

36


37

Тоа е програма во која креативниот уметнички израз кулминира. Се работи по различни теми кои се интересни и привлечни за младите. И-Стрип во својот фокус го има креативниот израз кој го практикува преку работа на фанзин кој покрај развивањето на креативноста на младите има и едукативна димензија, организирање на изложби, како и визуелно изразување на разни настани во вид на стрип уметност. Доколку имате настан кој сакате да го видите во вид на стрип контактирајте нè!

Биди креативен и активирај ги твоите супер сили!

И-Стрип

Бројки Во текот на 2013 година тимот на И-Стрип направи 1 стрип и организира 1 изложба вклучувајќи 15 луѓе, а истата беше посетена од ~50 луѓе. Темите на беа: младинска невработеност и научна фанстастика и митови.

38


39

40


41

42 Тоа е група на млади луѓе кои жонглираат со оган, свила и светлечки елементи. Под името Ацид Трипл овие млади ентузијасти на ИМКА Битола работат и настапуваат на разни младински фестивали, пред сè за време на летото. Доколку сакате да ги видите на вашиот настан контактирајте нè!

Жонглирај и забавувај се! Бројки

Ацид Трипл

Во текот на 2013 година тимот на Ацид Трипл реализира 4 настапи со перформанси со оган вклучувајќи 9 луѓе, а тие со посета од ~570 луѓе. Настаните на кои се настапуваше се: Магично шоу, Хепар Центар настан, Фестивал „Аларм за природата“ и Фестивалот на Макина „Враќање во иднината“.


43

44


45

Програмски активности

46

Оваа година продолживме со напредокот на ова поле и успеавме значајно да го зголемиме обемот во работата. Тука ќе ги спомнеме најважните проекти на кои работевме.

Стратегии и Предизвици

Трета година по ред ја продолживме посветената работа на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на децата во Република Македонија“. Работиме на 3 компоненти: истражување за почитувањето на правата на децата, градење на капацитет на детските/младинските организации, имплементација на моделот на Дете Правобранител. ИМКА Битола го спроведува проектот во партнерство со Коалицијата на младински организации СЕГА која го спроведува проектот на национално ниво. Исто така ја продолживме работата на извонредниот Младински Лидерски Камп ИМЛП, како еден од најзначајните проекти на кои работиме. 2013та беше уште една успешна година во развојот на кампот. Вклучени сме во овој проект од 2010 година и секоја година го надградуваме капацитетот на оваа камп. Оваа активност се реализира како партнерство помеѓу ИМКА Битола и волонтерите на Мировниот Корпус. Од оваа година работиме на уште еден долгорочен проект - Јакнење на мултиетничката соработка во општините, кој го викаме Мултикултура и е поддржан од Македонскиот Центар за Граѓанско Образование. Во рамките на проектот ИМКА Битола заедно со основните училишта, општината и државните образовни институции спроведе воннаставни активности за меѓуетнички и мултикултурен развој во две основни училишта во Битола. Млади во Акција е една од основните програми кои ги работиме. Продолживме со работа на Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС) за понуда на можности за многу млади луѓе од Македонија да живеат и волонтираат во странство и притоа да стекнат непроценливо искуство. Од друга страна, оваа


47

48

година успеавме да организираме и две интернационални обуки на темата младинска невработеност. Тоа беше прекрасно искуство за нас од кое научивме многу. Зголемувањето на обемот на активностите резултира со зголемување на бројот на ангажирани луѓе, зголемен број на директно опфатени луѓе и зголемен број на партнерски организации со кои соработуваме. Партнерства и соработки ИМКА Битола продолжува да биде препознаена доверлив, сигурен и сериозен партнер за соработка.

како

На меѓународно ниво ја продолживме долгата соработка со рамките на мрежата на ИМКА, но исто така оваа година го зголемивме бројот на партнерства со многу младински организации, најмногу заради нашиот поголем ангажман во проектите во рамките на програмата Млади во Акција. На национално ниво ИМКА Битола е дел од Коалицијата на младински организации СЕГА со која реализиравме многу заеднички активности. Оваа година исто така придонесовме во создавањето на нова младинска мрежа во Македонија Сојузот за младинска работа. Оваа мрежа ќе биде фокусирана на подобрувањето на легислативата, препознавањето и условите за развојот на младинската работа во Македонија. На локално ниво ја зајакнавме соработката со 6 училишта со кои работиме на заеднички активности како и со други институции и организации со кои соработуваме на повеќе активности. Покрај тоа, ИМКА Битола активно го поттикнува развојот на локалните граѓански здруженија преку платформата за зподелување на информации Форум на здруженија во Битола.

Човечки ресурси Од 2012 година благодарение на проектот „Програмски Иницијативен Центар“ вклучивме едно лице како персонал во организацијата. Тоа даде позитивен импулс во секојдневното работење и придонесе за значајно зголемување на капацитетот на организацијата. Оваа година, исто како и во претходните, главната движечка сила на организацијата беа волонтерите (локални, ЕВС и од Мировниот Корпус). Поради зголемениот број на активности во 2013 година воведовме и персонал за работа на проекти со скратено работно време. Со цел подобрување во работењето и реализацијата на активностите станува се повоочлив фактот дека имаме потреба за вклучување од повеќе лица како персонал пред се како проектни координатори/ асистенти. Тоа бара подобрување на обуката и управувањето со човечките ресурси во организацијата. Финансиска одржливост Во 2013 година, поради зголемената динамика на работа од имплементирањето на нови проекти најмногу во рамките на европската програма Млади во Акција, успеавме сериозно да го зголемиме буџетот на организацијата и да го подобриме општиот финансиски капацитет на организацијата. Од друга страна, работата со европски грантови каде што 20% од фондовите се исплаќаат после завршувањето на проектот наметна потреба за зголемувањето на фондовите и ликвидноста на организацијата што беше предизвик за организацијата. Општо земено, најголемиот предизвик на целиот граѓански сектор во Македонија сеуште останува да биде зависноста од расположливи проекти. Причините за тоа се: недоволно функционален закон за спонзорства и донации, ниско ниво на вклученост од страна на корпоративниот сектор, немање институционални грантови за граѓанскиоте организации, слаба поддршка од страна на Владата на РМ и општините и др.


49

50

Отчетност

Официјален информатор на ИМКА Битола Целта на НотифаИ е промовирање на граѓански и младински активизам, младинско учество, волонтерство и други општествено корисни облици на дејствување преку споделување на сите поинтересни активности кои се случуваат во ИМКА Битола или пак во кои членови на ИМКА Битола зеле учество. НотифаИ е наменет за нашите членови, партнери и соработници, како и за сите други кои сакаат да се активираат во општествениот живот. НотифаИ излегува на секои три месеци почнувајќи од 2003та, а се подготвува од тим на волонтери на ИМКА Битола. Се дистрибуира бесплатно по електронски пат преку е-маил. Секој кој сака да ги добива изданијата на НотифаИ нека се логира во делот “НотифаИ и за мене“ или пак повремено да ја проверува “нашата НотифаИ архива”.


51

52

Блог

Он-лајн

Целта на нашиот БЛОГ е да поттикне споделување на лични приказни и искуства од учесници на разни настани кои ги организираме, како и да послужи како ресурс за потребите на „НотифаИ“. Веруваме дека блогот ќе ја зголеми достапноста на информациите, ќе ги охрабри нашите млади луѓе да бидат поотворени кон нови идеи и дека ќе придонесе кон воспоставување на нови врски помеѓу луѓето на локално, национално и интернационално ниво. Посетете го нашиот блог:

Бидејќи имаме за што да пишуваме!

Присутност во медиумите Ги споделуваме нашите настани и активности со медиумите:

Во текот на 2013 тимот на НотифаИ издаде 3 изданија на кои се вклучија 30 волонтери и други млади луѓе. НотифаИ го споделуваме со 1.700 корисници. Нашиот блог почна со работа во ноември и до крајот на годината имаше повеќе од 8.000 читања на страни. Го дуплиравме бројот на фанови на сите социјални мрежи.


53 1

Приходи од грантови, донации и членарини

Финансии 2.112.645

2

Грант 1 - Образовна, аудиовизуелна, извршна агенција

503.070

3

Грант 2 - Амбасада на САД

462.949

4

Грант 3 - ИМКА Европа

146.223

5

Грант 4 - Македонски центар за граѓанско образование

105.344

6

Грант 5 - Национална агенција на Франција

Приходи:

7

Грант 6 - Пријатели на Македонија Други грантови, донации и членарини

9

Приходи од услуги

10

Приходи од камати и курсни разлики

11

Салдо од претходна година

1.324.354

Вкупно приходи

3.449.243

40.215 804.148 9.400 2.844

1

Наемнини

2

Потрошена енергија

3

Потрошени материјали

4

Превозни/Транспортни услуги

326.168

5

Издатоци за реклама и репрезентација

436.527

6

Премии за осигурување

7

Други услуги

27.461

8

Други материјални раходи

31.516

108.731 12.050 39.085

7.089

9

Вкалкулирани плати и надоместоци

145.507

10

Надоместоци за волонтери

146.800

11

Дневници и службени патувања

39.715

12

Провизија од платен промет

30.049

13

Негативни курсни разлики

14

Членарини

7.649 71.123

Други расходи

1.090.933

Вкупно расходи

2.520.403

Салдо за наредна година

Грантови:

50.696

8

15

54

928.840

* Транспортните трошоци се поголеми поради интернационалната обука во рамките на програмата Млади во Акција на ЕУ. * Издатоците за реклама и репрезентација се поголеми поради примањето на интернационални волонтери на долг рок преку Европскиот Волонтерски Сервис на ЕУ.

Расходи:


55

Благодарност Во текот на 2013 година бевме поддржани од:

Образовна, аудиовизуелна, извршна агенција, ЕУ Амбасада на САД YMCA Europe YMCA Michiana, САД Y’s Men International Македонски центар за граѓанско образование Friends of Macedonia Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност Општина Битола Младински Културен Центар, Битола Мајкрософт

56 Во текот на 2013 година на различни проекти остваривме соработка со следните партнери и соработници: На локално/национално ниво Коалиција на младински организации СЕГА Сојуз за младинска работа ИМКА Скопје Младински Културен Центар, Битола Тугедер Македонија Европски културен епицентар Детски Парламент на Битола Американско Катче Битола Мировен Корпус на Македонија Центар за Култура Битола Општина Битола ОУ „Елпида Караманди“, Битола ОУ „Коле Канински“, Битола ОУ „Гоце Делчев“, Битола ОУ „Ѓорги Сугарев“, Битола СОЕУ „Јане Сандански“, Битола Гимназија „Јосип Броз Тито“, Битола


57

На меѓународно ниво YMCA Europe YMCA West Kent, Англија YMCA Baia Mare, Романија YMCA Thessaloniki, Грција YMCA Gabrovo, Бугарија YMCA-YWCA, Исланд YMCA, Косово Olde Vechte Foundation, Холандија Asociacion Las Ninas del Tul, Шпанија Point Information Jeunesse du Velay, Франција AEGEE Riga, Летонија AEGEE Тирана, Албанија Intelektualet e rinj, Shprese, Албанија Youth for Social Changes, Албанија Kosmos, Босна и Херцеговина Together, Бугарија

Syncro, Хрватска CEIPES, Унгарија Culture Goes Europe Erfurt, Германија Youth For Tomorrow Rahovec, Косово Elektrenu kulturos centras, Литванија We Go Project, Литванија CHECK-IN, Португалија EFM, Полска S4YD, Романија Support for Youth Development, Романија OSMEH, Србија IUVENTA, Србија Omladinski klub Zrenjanin, Србија EPeKa, Србија Asociacion Euroaccion, Шпанија GO, Турција DeM, Турција GEGED, Турција

58

ВИ БЛАГОДАРИМЕ на сите институции, организации, училишта и поединци за поддршката и соработката со имка битола во остварувањето на нашата мисија! ПОСЕБНА БЛАГОДАРНОСТ до сите волонтери за нивната поддршка, време и енергија кои помогнаа во реализацијата на нашите активности во текот на годината!


59

60

Повик За Дејствување!

“Лајк” не придонесува за суштинска промена. Поддржете не:

ЗАСТАПУВАЈ Следете ги последните новости од нас и споделувајте ги со релевантни луѓе кои ги познавате. Можете да не следите на социјалните мрежи и логирајте се за нашиот информатор НотифаИ. ВОЛОНТИРАЈ На членовите ние им нудиме можности со цел надополнување на теоретските предзнаења со практични можности за дејствување. Во зависност од интересот и квалификациите на волонтерите, како и од потребите на активностите на ИМКА Битола, работиме заедно да пронајдеме поле каде волонтерот ќе се ангажира со цел постигнување негов личен успех, како и успех на организацијата. Вклучете се! Инспиративните искуства и приказни на волонтерите (домашни и странски) од нашата организација може да ги прочитате на нашиот блог! ДОНИРАЈ Донирај и направи разлика! Бидејќи работиме повеќе од 10 години, директно опфаќаме 2000+ млади луѓе годишно и бидејќи сме целосно транспарентни во нашата работа! Придружете ни се во спроведувањето на нашата мисија да ги оспособуваме младите луѓе и градиме подобро општество! Можете да донирате како физичко лице или компанија/ институција. Исто така примаме и материјални донации како и услуги.


61

62

За ИМКА Битола

ИМКА Битола е непрофитна, невладина, нерелигиозна инклузивна младинска асоцијација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно работи со нив во нашата средина. ИМКА Македонија е дел од семејството на ИМКА распространето во 119 земји ширум светот и кое вклучува повеќе од 58 милиони луѓе. ИМКА Битола е основана во мај 2002. Главна цел на Здружението е да развива активности и можности во сферата на неформалното образование, промовирањето на здрави животни навики, културата и уметноста, и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе. ВИЗИЈА: ИМКА Битола е почитувана локална организација која нуди можности кои ги оспособуваат младите луѓе да одговорат на предизвиците на постојано променливата иднина со поголема храброст, мудрост и љубов. МИСИЈА: ИМКА Битола работи со младите луѓе на нивниот личен телесен, умствен и духовен развој преку нудење на можности за негување одговорност, поттикнување креативност и славење на разноликоста на целата Божја креација. ВРЕДНОСТИ кои ги негуваме и поттикнуваме: Храброст Одговорност - Почит - Креативност - Грижа MOTO: Ги оспособуваме младите! Во ИМКА Битола добредојдени се сите луѓе, со акцент на младите. Ние работиме на активности од јавен интерес: неформално образование, култура и уметност, здрави животни навики, граѓанско општество и детски права. Активностите ги реализираме во форма на: обуки, семинари, работилници, кампови, фестивали, меѓународни студиски посети и други активности. Работиме на локално но и на меѓународно ниво.

За тимот: Виктор Илиев, Елена Јоновска, Александра Андоновска, Синтија Соренсен, Катерина Кимовска, Дарко Видановски, Ивана Спировска. ИМКА во Македонија Во Македонија првата локална ИМКА беше оформена во 1999 во Скопје. Денес во Македонија има две локални ИМКА асоцијации во Скопје и Битола кои настапуваат обединето како ИМКА Македонија. ИМКА Македонија е полноправна члена на ИМКА Европа од 2008. ИМКА Македонија ја потенцира интеракцијата помеѓу нашите млади луѓе да работат заедно за свој личен развој на духот, умот и телото. Ние ги поттикнуваме во нивната разноликост и креативност нудејќи можности за подобра иднина на сите. Ние ги гледаме младите како наша главна целна група, човечки ресурс и потенцијал за развој. Ние им нудиме можности за здрав развој на духот, умот и телото преку различни групни и лични активности, што вклучуваат: креативна работа, интелектуални предизвици и стекнување на нови вештини и добивање на нови знаења. Ние ги оспособуваме сите млади луѓе да ги зголемат своите одговорности и да преземат лидерство на сите нивоа. Исто така градиме свест за прифаќање на културните разлики. Седиштето на ИМКА Македонија е лоцирано во Битола нудејќи активности и можности за над 2.000 млади луѓе на годишно ниво.


63

64

Контакт

Е-маил

contact@ymcabitola.org.mk

Телефон

+389 47 529 366

Контакт адреса ул.Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42 7000 Битола, Македонија Канцеларија

ул.Петар Петровиќ Његош 128/16 7000 Битола, Македонија


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.