ИМКА Битола е м а в у б е! о с о п т с и о д а и Г мл
Годишен Извештај 2014
СОДРЖИНА...
Контакт
За ИМКА Битола
Повик за Дејствување!
Благодарност
Финансии
Отчетност
Активности
Воведен Збор
03 0733 37 39 41 43 47
3
4
ИМКА Битола
Воведен Збор Во текот на 2014та ние ја продолживме нашата работа во трите клучни програми на кои работиме со цел учење преку нудење можности во неформалното образование а тоа се: волонтерскиот сервис, обуките и летните кампови. Сиве овие активности се одвиваат на локално, но и на интернационално ниво. Во текот на годината клучни проекти на кои работевме беа: Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Р.Македонија, Младинскиот Лидерски Проект и проекти во рамките на Европскиот Волонтерски Сервис.
5
ВОВЕДЕН ЗБОР
ВОВЕДЕН ЗБОР
Во оваа година го одржавме високото ниво на опфат на луѓе кои ги опфаќаме во рамките на нашите активности. ИМКА Битола продолжува да биде препознаена како доверлив, сигурен и сериозен партнер за соработка. Еден од квалитетите кои не прави посебни како луѓе е нашата зависност на едни со други. Нашата работа како организација е предводена од заложбите и ентузијазмот на многу извонредни волонтери кои се дел од ИМКА Битола. Ние веруваме дека волонтирањето помага во поттикнување на културата на партиципација, зголемување на одговорноста,како и придонесува за општиот личен развој на младите луѓе кои се вклучени. ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ на сите волонтери, донатори и други членови на нашата заедница за вашиот ангажман да ја поддржите ИМКА Битола во остварувањето на својата мисија и цели.
Виктор Илиев Претседател на ИМКА Битола Национален Генерален Секретар, ИМКА Македонија
6
7
8
А
в и кт
и т нос
9
10 Вкупно
бројки:
11
12 Низ разни видови на обуки во ИМКА Битола, во земјава и странство, им овозможуваме на младите да се стекнат со потребни знаења и вештини, да растат како личности и да откриваат нови хоризонти!
Напуштете ја дневната монотонија и искористете ги можностите!
И-Тренинг
Членовите на ИМКА Битола можат слободно да не консултираат со нас и добијат поддршка за и детални информации за бројни отворени можности за аплицирање на обуки кои се реализираат во земјава и странство. Поголемиот број од нив се во рамките на програмата „ЕРАЗМУС+“ со 100% покриеност на трошоците за обуката и делумна покриеност на трошоците за пат. Календар на обуки. Доколку имате прашања слободно контактирајте нè на contact@ymcabitola.org.mk.
13
НотифаИ сведоштва
14
„Оваа размена многу ми помогна да се надоградам како личност во многу области и подобро да се запознам себеси. Почнувајќи од тоа како реагираме на одредени работи, како се соочуваме со одредени ситуации и како коегзистираме во средина во која се наоѓаме. Се стекнав со животно искуство кое можам да го користам понатаму во многу животни ситуации. Сега кога секој од нас се врати во сопствената т.н. реалност имаме за што да размислуваме.Имаме полни глави со спомени и срца полни со емоции. Имаме прашања на кои најдовме одговори и уште многу неодговорени прашања кои ќе ни бидат мотив да продолжиме да трагаме. Човечката љубопитност никогаш не може да се задоволи и секогаш ќе постојат работи кои не ги знаеме. Но, на нас останува дали сакаме да ги научиме, а ќе ги научиме ако прашуваме и ако научиме да слушаме.“ Од Александра Цингаровска „Исто така, истражувавме различни начини за користење на дигитални алатки во нашата младинска работа со ЕВС волонтерите, за да се осврнеме на важноста на интеркултурниот момент и толеранцијата што треба да ја имаат овие ЕВС проекти. Сето ова се случуваше на тивките вечери и пријатни појадоци, каде што се споделуваа искуства меѓу учесниците, во онаа најсмирена атмосфера, онаму каде што никој не ни кажа за што да размислуваме. Течеше дискусија која потекнуваше од самите нас.“ Од Александра Андоновска
15
НотифаИ сведоштва
16
„Мојата ангажираност како Агент за промена траеше година и пол и истата беше заокружена со официјална церемонија во Колорадо каде што ни беа доделени сертификати. Програмата ме натера да размислувам за учеството на младите не само во ИМКА туку и глобално и за тоа колку младите се свесни за моќта што ја поседувааат во решавањето на проблеми со кои се соочуваме секојдневно, почнувајќи од невработеноста, вклученоста во носењето одлуки, па се до заштита на природата и многу други.“
Од Катерина Кимовска
„Сакаме нашето задоволство и стекнатите знаења да ги споделиме со сите вас. Социјалното и искуственото (холистичко, сеопфатно) образование кое се состои од: учење да знаеш, учење да бидеш, учење да правиш и учење за да живееш заедно. Навистина многу значајно за правилниот развој и социјализацијата на децата и младинците и затоа препорачуваме натамошно развивање на овој вид на образование во Република Македонија.“ Од Илија Василевски
17
18 Секоја година нашите членови земаат учество на младински размени, фестивали и кампови (исполнети со учење, забава, дружење, размена на искуства и сл.) во организација на ИМКА Битола или на некои од нашите партнерски организации. Ве очекуваме на некои од нив! Контактирајте не!
Прифати го предизвикот и изгради го својот лидерски став!
Кампови
Главниот настан на кој работиме во рамките на оваа програма е Младинскиот Лидерски Камп (ИМЛП) кој се организира од 2006 год. Целта на овој проект е градење на средина во која младите од различна етничка и верска припадност неоптоварени од разни проблеми ќе можат заеднички да ги развиваат основните вредности и учат нови способности за: градење на нивниот демократски капацитет, поттикнување на младински активизам, како и способности за личен и професионален развој преку учење на практични вештини кои ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот со што би допринеле до градење на идната генерација на млади лидери во Македонија. Главните активности се спроведуваат преку организирање на едно неделен камп во кој ќе се обезбеди здрава и безбедна средина во која 80 младинци преку практикување на лидерски способности низ соодветни вежби ќе можат да го разберат концептот на граѓанско општество кое се базира на демократските вредности и вклучување и учество наспроти конфликт. Фокусот на теми е од областа на здравјето, свеста за животната средина, креативни медиуми, дизајн и управување со проекти и демократија.
19
НотифаИ сведоштва
20
„Она што долго ќе ми остане во главата е посебноста на секој од тимовите, нивната сплотеност, несебичноста и искрените пријателства помеѓу нив, утринските редења во строј и мелодијата од креативните химни кои испеани гласно го искажуваа камперскиот дух кој се слушаше надалеку во шумата. Тој дух секој од камперите го понесе во својот дом и верувам дека ја здогледа своето општество со едни поинакви очи, а тоа е дека за да го промениш светот мора самиот себе да се смениш.“ Од Елена Богдановска
„Навистина ми се допаѓа ИМЛП и сум зависен од него. Прекрасно искуство за сите млади лидери од Македонија. Ако аплицирате следната година, ќе се видиме и ќе ви помогнам со моето искуство кое што го имам на овој камп.“
„Си врвам одлично, вчера имавме „груб камп“ на планина и беше фантастично. Направивме неколку мачмелоус. Мачмелоу-то е парче од небото, мора да го пробате! Никогаш нема да го заборавам вкусот. Ќе го препознам дури и во сон!“
Од Шпенд Беќири
Од Тодор Петров
21
НотифаИ сведоштва
22
„ИМЛП е можеби најдобрата програма од која сум дел откако сум во Македонија. Ја сакам посветеноста на волонтерите, да овозможат толку уникатна можност за младината во Македонија. ИМЛП им дава шанса на младите кои што доаѓаат тука да ги изразат своите идеи, да учат во средина во која се зборува англиски и да опстојат опкружени со млади луѓе.“ Од Џастин Ритсема „Овие се македонските паметни и инспиративни лидери за иднината. Инвестирањето во ГЛОУ и ИМЛП е инвестирање во иднината на Македонија.“ Од Синди Соренсен
23
24 Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење на CV, професионален и личен развој, патување и помагање на средината каде живееме. ИМКА Битола ги охрабрува младите да се приклучат и да волонтираат во нашите активности. Доколку сте заинтересирани за волонтирање следете ја нашата веб страна и нашите профили на социјалните мрежи за отворени позиции за волонтирање или пак контактирајте не.
Активирајте се и преземете ја иднината во ваши раце!
Волонтерски Сервис
ИМКА Битола исто така ви нуди и можност за незаборавен интернационален волонтерски ангажман во Европа! Тоа можете да го остварите преку програмата ЕВС во некоја од Европските држави! Програмата ЕВС ви нуди можност да работите на проект во непрофитна организација во некоја Европска држава и со тоа да стекнете незаборавно интернационално искуство. Отворените конкурси за ЕВС места можете да ги најдете на: www.facebook.com/evsmakedonija. Доколку имате прашања слободно контактирајте нè на evs@ymcabitola.org.mk. Повеќе информации за отворени проекти во неделниот ЕВС информатор.
25
НотифаИ сведоштва
26
„Животот е да се живее, а живеењето е работата, пријателствата и споделување на моменти. Кога пристигнав во Битола од Тирана, Албанија, помислив „Добро, три недели се, ништо страшно.“ Но, за време од тие три недели кои што ги поминав меѓу вас, пријатели мои, можам да ви кажам дека се осетив полна со енергија, ентузијазам и пред сè, сакана.Драги пријатели од ИМКА Битола, ме научивте да работам со срце, не само со глава или мускули. Меѓу вас, мои драги пријатели, живеев живот до максимум. Уживав во секој момент и ме научивте толку многу.“ Од Рудина Копо
„Дефинитивно ЕВС е искуство кој треба сите млади луѓе да го искусат. Најдобрата можност за патување, нови пријателства, нови авантури! Затоа одберете ЕВС проект во кој сакате да учествувате и во кој ќе стекнете работно искуство пред се. Имајте незаборавно поминато време. Мојот сон се остварува! Го преземам предизвикот и се впуштам во нови авантури и запознавање на нови луѓе и културни навики. Не чекајте ни вие. Живејте го вашиот сон!“ Од Менде Мачкаровски
27
НотифаИ сведоштва
28
„После 2 месеци поминати во прекрасното опкружување на Омен, Холандија навистина малку е тешко да се средат впечатоците и да се почне сублимирањето, но ете ќе започнам со прашање: што би му препорачала на идните ЕВС волонтери? GO FOR IT со thumbs up и гoлем LIKE. Светот е таму, треба само да се посегне!“ Од Моника Крстевска
„Волонтирајте, станете свесни дека неформалното образование е многу поважно од формалното и почнете со тоа уште од средното образование. Затоа што преку неформалното образование не учете лекции од учебниците, туку учите за: тимска работа, лидерски вештини, комуникација со луѓе, работа на рокови, решавање на конфликтни ситуации.“ Од Светлана Петковска
31
NotifY Testimonials
32
„Овој ЕВС ми ја даде истата можност која ја добив од моите други искуства во странство: да живеам меѓу луѓе од различна култура, да учам од нив. Културата во која живееш е измешана со твојата култура. Кога живееш друг стил на живот, дел од културата се пресадува во она што веќе го имаш во тебе и стануваш поуникатен, а сепак поинтегриран во овој свет.“ Од Каролин Дужардан
„Научив дека во оваа работа треба да бидам стрплива и толерантна. Посебно ми е драго што научив дека на лицата со ментална попреченост им е потребна многу грижа и љубов и дека и тие можат да помогнат на општеството исто толку колку и секој друг здрав човек. Доволно е само да им дадеме шанса да го прават тоа што најдобро го знаат.“ Од Маја Петковска
33
34
Отчетност
Официјален информатор на ИМКА Битола Целта на НотифаИ е промовирање на граѓански и младински активизам, младинско учество, волонтерство и други општествено корисни облици на дејствување преку споделување на сите поинтересни активности кои се случуваат во ИМКА Битола или пак во кои членови на ИМКА Битола зеле учество. НотифаИ е наменет за нашите членови, партнери и соработници, како и за сите други кои сакаат да се активираат во општествениот живот. НотифаИ излегува на секои три месеци почнувајќи од 2003та, а се подготвува од тим на волонтери на ИМКА Битола. Се дистрибуира бесплатно по електронски пат преку е-маил. Секој кој сака да ги добива изданијата на НотифаИ нека се логира во делот “НотифаИ и за мене“ или пак повремено да ја проверува “нашата НотифаИ архива”.
35
36
Блог
Он-лајн
Целта на нашиот БЛОГ е да поттикне споделување на лични приказни и искуства од учесници на разни настани кои ги организираме, како и да послужи како ресурс за потребите на „НотифаИ“. Веруваме дека блогот ќе ја зголеми достапноста на информациите, ќе ги охрабри нашите млади луѓе да бидат поотворени кон нови идеи и дека ќе придонесе кон воспоставување на нови врски помеѓу луѓето на локално, национално и интернационално ниво. Посетете го нашиот блог:
Бидејќи имаме за што да пишуваме!
Присутност во медиумите Ги споделуваме нашите настани и активности со медиумите:
Во текот на 2013 тимот на НотифаИ издаде 3 изданија на кои се вклучија 30 волонтери и други млади луѓе. НотифаИ го споделуваме со 1.700 корисници. Нашиот блог почна со работа во ноември и до крајот на годината имаше повеќе од 8.000 читања на страни. Го дуплиравме бројот на фанови на сите социјални мрежи.
Финансии 2014 (МКД)
37 1
Салдо од претходна година
928,840
2
Приходи од камати и курсни разлики
3
Приходи од грантови, донации и членарини
4
Други приходи
5
Вкупно приходи
6
Потрошени материјали
57,187
7
Потрошена енергија
14,330
8
Инвестиционо одржување на средствата
2,390
9
Други услуги
3,036
10
Превозни - транспортни услуги
11
Издатоци за реклама, пропаганда, репрезентација
12
Наемнини
64,791
13
Режиски трошоци
24,217
14
Провизија од платен промет
12,039
15
Премии за осигурување
17,268
16
Дневници и службени патувања
17
Волонтерски надоместоци
18
Негативни курсни разлики
4,779
19
Членарини
3,000
20
Интелектуални и други услуги
192,592
21
Вкалкулирани бруто плати
172,012
22
Издатоци за меѓународна соработка
397,251
23
Вкупно расходи
24
Салдо за наредна година
5,015 1,040,674 67,416 2,041,945
23,839 361,478
67,682 127,800
1,545,691 496,254
* Издатоците за реклама и репрезентација се поголеми поради примањето на интернационални волонтери на долг рок преку Европскиот Волонтерски Сервис на ЕУ.
38
39
Благодарност
Во текот на 2014 година бевме поддржани од: YMCA Europe YMCA World Y’s Men International Амбасада на САД Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност Национални Агенции на Франција, Унгарија и Белгија Образовна, аудиовизуелна, извршна агенција, ЕУ Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) Општина Битола Во текот на 2014 година на различни проекти остваривме соработка со следните партнери и соработници: На локално/национално ниво Коалиција на младински организации СЕГА Сојуз за младинска работа ИМКА Скопје
40 Младински Културен Центар, Битола Мировен Корпус на Македонија Општина Битола ОУ „Елпида Караманди“, Битола ОУ „Коле Канински“, Битола ОУ „Гоце Делчев“, Битола ОУ „Ѓорги Сугарев“, Битола СОЕУ „Јане Сандански“, Битола Гимназија „Јосип Броз Тито“, Битола На меѓународно ниво YMCA Europe YMCA Романија YMCA Франција YMCA Солун, Грција YMCA Габрово, Бугарија YMCA, Косово Olde Vechte Foundation, Холандија Culture Goes Europe Erfurt, Германија ВИ БЛАГОДАРИМЕ на сите институции, организации, училишта и поединци за поддршката и соработката со ИМКА Битола во остварувањето на нашата мисија! ПОСЕБНА БЛАГОДАРНОСТ до сите волонтери за нивната поддршка, време и енергија кои помогнаа во реализацијата на нашите активности во текот на годината!
41
42
Повик За Дејствување!
ЗАСТАПУВАЈ Следете ги последните новости од нас и споделувајте ги со релевантни луѓе кои ги познавате. Можете да не следите на социјалните мрежи и логирајте се за нашиот информатор НотифаИ. ВОЛОНТИРАЈ На членовите ние им нудиме можности со цел надополнување на теоретските предзнаења со практични можности за дејствување. Во зависност од интересот и квалификациите на волонтерите, како и од потребите на активностите на ИМКА Битола, работиме заедно да пронајдеме поле каде волонтерот ќе се ангажира со цел постигнување негов личен успех, како и успех на организацијата. Вклучете се! Инспиративните искуства и приказни на волонтерите (домашни и странски) од нашата организација може да ги прочитате на нашиот блог! ДОНИРАЈ Донирај и направи разлика! Бидејќи работиме повеќе од 10 години, директно опфаќаме 2000+ млади луѓе годишно и бидејќи сме целосно транспарентни во нашата работа! Придружете ни се во спроведувањето на нашата мисија да ги оспособуваме младите луѓе и градиме подобро општество! Можете да донирате како физичко лице или компанија/ институција. Исто така примаме и материјални донации како и услуги.
43
За ИМКА Битола
ИМКА Битола е непрофитна, невладина, нерелигиозна инклузивна младинска асоцијација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно работи со нив во нашата средина. ИМКА Македонија е дел од семејството на ИМКА распространето во 119 земји ширум светот и кое вклучува повеќе од 58 милиони луѓе. ИМКА Битола е основана во мај 2002. Главна цел на Здружението е да развива активности и можности во сферата на неформалното образование, промовирањето на здрави животни навики, културата и уметноста, и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе. ВИЗИЈА: ИМКА Битола е почитувана локална организација која нуди можности кои ги оспособуваат младите луѓе да одговорат на предизвиците на постојано променливата иднина со поголема храброст, мудрост и љубов. МИСИЈА: ИМКА Битола работи со младите луѓе на нивниот личен телесен, умствен и духовен развој преку нудење на можности за негување одговорност, поттикнување креативност и славење на разноликоста на целата Божја креација. ВРЕДНОСТИ кои ги негуваме и поттикнуваме: Храброст Одговорност - Почит - Креативност - Грижа MOTO: Ги оспособуваме младите! Во ИМКА Битола добредојдени се сите луѓе, со акцент на младите.
44 Ние работиме на активности од јавен интерес: неформално образование, култура и уметност, здрави животни навики, граѓанско општество и детски права. Активностите ги реализираме во форма на: обуки, семинари, работилници, кампови, фестивали, меѓународни студиски посети и други активности. Работиме на локално но и на меѓународно ниво. ИМКА во Македонија Во Македонија првата локална ИМКА беше оформена во 1999 во Скопје. Денес во Македонија има две локални ИМКА асоцијации во Скопје и Битола кои настапуваат обединето како ИМКА Македонија. ИМКА Македонија е полноправна члена на ИМКА Европа од 2008. ИМКА Македонија ја потенцира интеракцијата помеѓу нашите млади луѓе да работат заедно за свој личен развој на духот, умот и телото. Ние ги поттикнуваме во нивната разноликост и креативност нудејќи можности за подобра иднина на сите. Ние ги гледаме младите како наша главна целна група, човечки ресурс и потенцијал за развој. Ние им нудиме можности за здрав развој на духот, умот и телото преку различни групни и лични активности, што вклучуваат: креативна работа, интелектуални предизвици и стекнување на нови вештини и добивање на нови знаења. Ние ги оспособуваме сите млади луѓе да ги зголемат своите одговорности и да преземат лидерство на сите нивоа. Исто така градиме свест за прифаќање на културните разлики. Седиштето на ИМКА Македонија е лоцирано во Битола нудејќи активности и можности за над 2.000 млади луѓе на годишно ниво. Контакт: www.ymca.mk
63
64
Контакт
Е-маил
contact@ymcabitola.org.mk
Телефон
+389 47 529 366
Контакт адреса ул.Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42 7000 Битола, Македонија Канцеларија
ул.Петар Петровиќ Његош 128/16 7000 Битола, Македонија