Годишен Извештај
2015
Повик за дејствување!
Благодарност
Финансии
Отчетност
Активности
Воведен збор
Контакт
За ИМКА Битола
СОДРЖИНА... 04 07 51 57 61 63 65 66
3
ИМКА Битола
Воведен збор Ова е најдобриот момент од годината кога можеме да ви посветиме внимание на сите вас коишто бевте со нас преку текот на целата година заинтересирани за влијанието кое ИМКА Битола го има во нашето општество. Подолу ги споделуваме најважните моменти од 2015. Во 2015 продолживме да работиме на клучните програми кои нудат можности за учење преку неформално образование во повеќе области: волонтерствоство, обуки, кампови, правата на децата, уметност и култура како и програма за здрав живот. Во 2015 исто така успеавме да го прошириме опфатот на крајни корисници што е огромен успех! Но, најдобрите и најважните три нешта кои ја одбележаа 2015 се: На 10 годишнината од Младинскиот Лидерски Камп завршивме со една фаза и почнавме со понапредно ниво на организација на кампот. Ние сме многу ентузијасти во однос на ова!
4
5
ВОВЕДЕН ЗБОР
Склучивме договор за имплементација на кампот GLOW (Девојките го водат светот), камп кој постои од 2002. Тоа му дава една цела нова перспектива на работите поврзани со развој на камповите во ИМКА, но исто така и во Македонија како држава, имајќи предвид дека GLOW и YMLP се врвни кампови за лидерство на државно ниво во Македонија. Започнавме соработка со корпоративно социјално одговорни компании за камповите GLOW и YMLP. Досега двата кампа зависеа претежно од грантови на Амбасадата на САД. За овие два проекти да бидат одржливи потребно е помошта да произлезе од компаниите од Македонија. Му понудивме на претставниците на компании можност да: 1) ја покажат својата корпоративно-социјална одговорност, 2) градат добар имиџ за својата компанија и производите и услугите кои ги нудат и 3) да создадат наследство преку развивање на идните лидери на Македонија со тоа што ќе бидат спонзори на камповите. ИМКА Битола продолжува да биде препознаена како доверлива и сериозна организација, а воедно и солиден партнер за соработка. Работата на ИМКА Битола ја водат посветеноста и ентузијазмот на многу извонредни волонтери. Сметаме дека волонтирањето помага во креирањето
ВОВЕДЕН ЗБОР
на култура за учество, зголемување на одговорност и придонесува за севкупниот личен развој на сите оние кои се вклучени во процесот. ИЗРАЗУВАМЕ ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до сите волонтери, донатори, спонзори и членови на заедницата за нивната посветеност во зајакнувањето на ИМКА Битола при имплементација на својата мисија.
Виктор Илиев Претседател на ИМКА Битола Национален Генерален Секретар, ИМКА Македонија
6
7
8
А
в и кт
и т нос
9
Факти и бројки
10
11
12 Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење на CV, професионален и личен развој, патување, притоа помагајќи во средината каде живееме. ИМКА Битола ги охрабрува младите да се приклучат и да волонтираат во нашите активности: да бидат дел од тимот за говор без омраза, дел од глобалниот проект Модел на Обединети Нации (ММУН), уметност и култура, вклучување и поддршка на граѓанската иницијатива Битола на Точак, или пак едноставно да учествувате на екскурзии или други социјални настани кои ги правиме како можности за забава.
Волонтерски сервис
ИМКА Битола покрај локален, нуди и можност за интернационален волонтерски сервис за волонтирање во Европа со покриени трошоци! Тоа може да се оствари преку програмата Европски Волонтерски Сервис. Програмата ЕВС ви нуди можност да работите на проект во непрофитна организација во некоја eвропска држава и со тоа да стекнете незаборавно интернационално искуство. Волонтерот ја бира земјата и проектот на кој ќе волонтира, а трошоците се покриени! АКТИВИРАЈ СЕ И ПРЕЗЕМИ ЈА ИДНИНАТА ВО ТВОИ РАЦЕ! Бројки Во текот на 2015 година во разни активности вклучивме 41 краткорочен волонтер, и 11 ЕВС долгорочни волонтери (примање и праќање). Меѓународни волонтерски програми со кои работиме се: Европски Волонтерски Сервис и Волонтери на Мировен Корпус. Реализиравме и волонтерски активности вклучувајќи 439 млади луѓе.
13
НотифаИ сведоштва
14
КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИРОВНИОТ КОРПУС - СИТЕ НИЕ МОЖЕМЕ ДА ДАДЕМЕ СВОЈ ПРИДОНЕС „Една моја пријателка еднаш ми рече: „Ако не читаш или научиш нешто ново или ако не запознаеш нова личност, не растеш, туку стагнираш“. Затоа, ќе ве охрабрам сите да излезете надвор и да се потрудите да научите барем едно ново нешто секој ден. Напуштете ја комфорната зона на пријателите кои веќе ги знаете и одете и запознајте нови луѓе затоа што различните перспективи од различни луѓе ќе отворат пред вас еден цел нов свет и можности.“ Синди Соренсен
МОЕТО ПРЕКРАСНО ЕВС ИСКУСТВО ВО ХОЛАНДИЈА „Да се биде дел од ова прекрасно искуство наречено ЕВС беше најдобрата работа што ми се има случено. Два месеци во Холандија (државата која не ни планирав да ја видам во мојот живот) испаднаа најдоброто лето! Живеењето во камп во близина на Омен и возењето на велосипед беше совршено, истражувањето на прекрасната природа на Холандија секој ден беше вчудоневидувачки. Дури и возењето на точак на дождот беше неверојатно! Оранизацијата домаќин го направи сето тоа уште подобро приредувајќи ни изненадувања и различни игри.“ Борис Богдановски
15
НотифаИ сведоштва
16
ЕВС ПРИКАЗНА – СТАНАВ СВЕСЕН ЗА ВАЖНОСТА НА ВОЛОНТЕРСКИОТ ДУХ! „100% сум сигурен дека моите очекувања се исполнија. Овој ЕВС ми ја подигна свеста за европската филозофија, значењето на ЕУ и предноста да бидеш дел од неа. Разбрав како Европа ги спојува многуте различни култури, а во исто време ги почитува сите до една. Овој волонтерски дух и мобилност, младинското учество и активното граѓанство што оваа програма го промовира, ги води младите кон добро, кон вистинскиот начин на живот и затоа на сите млади луѓе им препорачувам да бидат дел од ЕВС!“ Веле Георгиев
ЕВС МИ ПОКАЖА КАКО ДА ЖИВЕАМ И РАБОТАМ НА ПОИНАКОВ НАЧИН „Кога си мотивиран од твоето влијание, а не од парите кои ги заработуваш, не водиш евиденција за твоите работни часови, туку е вистинско задоволство да се „работи“. Сѐ уште не знам каков ќе биде мојот живот, но знам дека не сум родена да работам долги часови само за да плаќам сметки. Сега знам дека е возможно да се живее и работи на поинаков начин.“ Каролин Дужардин
17
18 Обуката е процес на учење. Таа вклучува примена на стекнати знаења со цел да се подобрат квалитетите на младите луѓе, додека развојот не го вклучува само процесот на развој, но исто така им помага на младите во градењето на нивните личности во исто време, како и подобрување на нивниот напредок кон актуелизирање на нивните целосни потенцијали. Преку разни видови на обуки за личен и професионален развој во земјава и странство им овозможуваме на младите да се стекнат со потребни знаења и вештини и да развиваат како личности со цел да можат подобро да одговорат на потребите на новото време. Членовите на ИМКА Битола можат слободно да се консултираат и да добијат поддршка за отворените можности за аплицирање на обуки. Поголемиот број од нив се во рамките на програмата ЕРАЗМУС+, а трошоците покриени. За повеќе информации околу расположливите тренинзи проверете го Календарот на обуки.
Тренинг
НАПУШТИ ЈА ДНЕВНАТА МОНОТОНИЈА И ИСКОРИСТИ ГИ МОЖНОСТИТЕ! Бројки Во текот на 2015 година имавме 27 обуки/настани (локални и меѓународни) вклучувајќи 108 луѓе.
19
НотифаИ сведоштва
20
ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ И ВО СВОИТЕ СПОСОБНОСТИ „Неверојатно е колку „Настанот на мудроста“ (Event Wise), 7 дневната обука за личен и социјален развој што се одржа во Омен, Холадија ми помогна да се осознам себеси колку за целиот мој живот. Ги идентификував моите чувства и мисли. Ги согледав моите избори и можности. Бев во можност да ги набљудувам моите и туѓите реакции во конкретни ситуации. Што правев погрешно досега. Што неможев да видам во себе. Во што не верував.“ Светлана Петковска
ВОЛОНТЕР ДЕНЕС – ВРАБОТЕН УТРЕ ! „Пријателскиот однос меѓу сите беше најдобрата особина на оваа обука. Такви лица, такви квалитети, таква посветеност, тоа е она што важи. Сите да работиме заедно, за подобро утре, а како поинаку ако не преку споделување на она што научивме на обуката? Волонтирањето е вистинскиот пат до наоѓањето на својата професија и работен ангажман. Денес сите сме дома, но утре сите ќе излеземе да му покажеме на светот што може да направи младоста. А денес, јас се заблагодарувам на новото искуство за тоа. “ Александра Андоновска
21
НотифаИ сведоштва
22
НЕ ПРЕСТАНУВАЈТЕ ДА ЈА ХРАНИТЕ ВАШАТА ЉУБОПИТНОСТ „Имаме полни глави со спомени и срца полни со емоции. Имаме прашања на кои најдовме одговори и уште многу неодговорени прашања кои ќе ни бидат мотив да продолжиме да трагаме. Човечката љубопитност никогаш не може да се задоволи и секогаш ќе постојат работи кои не ги знаеме. Но, на нас останува дали сакаме да ги научиме, а ќе ги научиме ако прашуваме и ако научиме да слушаме. Сакам да се заблагодарам на домаќините од фондацијата Олде Вехте и младинската асоцијација ИМКА Битола за можноста која остави траен печат во нашите животи. Ви благодарам!“ Александра Цингаровска
НЕОЧЕКУВАНИ КОНТАКТИ, НЕОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ „Не пропуштајте можност да се поврзете со други луѓе, други култури и други методи на учење. ИМКА и младинските размени се вашиот пат до личен раст и авантури. Направете чекор: Каде ќе одите вие?“ Синди Соренсен
23
НотифаИ сведоштва
24
ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА МЛАДИНСКИТЕ РАЗМЕНИ „Најважното нешто што го научив е дека треба да ги вклучиме младите во сите фази од младинската размена. Сите ние како младински работници треба да истражиме кои се потребите на младите, да ги поттикнеме да даваат предлози и идеи за темата на размената, за активностите. Она што јас како младински работник сакам да го подобрам како вештина е да не превземам секогаш јас иницијатива, да им дозволам на младите да реагираат кога акцијата е неопходна, и да им дозволам да направат грешка. Зошто од моето искуство можам да кажам дека најдобро учев преку методот „учење преку правење“.“ Светлана Петковска РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИДЕИТЕ ВО ПРАКСА – ЕРАЗМУС+ ОБУКА „Скоро секој кој еднаш присуствувал на проект во Омен, кога-тогаш повторно се враќа таму. Можеби не е најегзотичното место на светот, но она што таму може да се научи мислам дека е нешто многу позначајно. Како учесник имав можност да бидам повторно сведок на добрата организација и реализација на проектите кои се одржуваат во Олде Вехте. Секој пат кога присуствувам таму побогата сум за уште едно прекрасно искуство во живо тот.“ Александра Цингаровска „Обуката беше одлична, на убава локација, запознав многу нови и прекрасни луѓе и научив многу работи за целиот процес на пишување, организирање и имплементирање на Еразмус + проекти. Главната тема на обуката беше да не запознае со Еразмус + програмата за образование, обука, млади и спорт и да не научи како да креираме и спроведуваме проекти и како да аплицираме за финансиски средства.“ Славица Петковска
25
26 Програмата се темели на спој на неформалното образование и едукацијата на отворено што уште од поодамна е тренд во поразвиените држави. Уште од самите почетоци се вклучивме во развој на балканскиот камп кој беше платформа за обука на камп лидери од балканските ИМКА организации. Од тогаш па наваму нашите членови земаат учество на повеќе кампови и други камперски настани (исполнети со учење, активности на отворено, забава и дружење) во организација на ИМКА Битола или на некои од нашите партнерски организации. Во последниве години сме активни во работната група за кампови на ИМКА Европа и неформалните мрежи International Synergy Group и Outdoor as a Tool Network што резултира со соработка со повеќе организации понудувачи на кампови.
Кампови
Во моментов главните камп програми на кои сме фокусирани се Младинскиот лидерски проект (ИМЛП) и Девојките го водат светот (ГЛОУ). ИМЛП е камп за момчиња кој се организира од 2006 год, а ГЛОУ е камп за девојчиња и се организира од 2002 год. Целта на овие кампови е личен и професионален развој во безбедна средина во која младите од различна етничка, верска и социјална припадност ќе можат заеднички да учат и да се развиваат. ПРИФАТИ ГО ПРЕДИЗВИКОТ И ИЗГРАДИ ГО СВОЈОТ ЛИДЕРСКИ СТАВ! Бројки Во текот на 2015 година имавме 4 извонредни настани ИМЛП (Младинскиот Лидерски Камп), ГЛОУ (Девојките Го Водат Светот), Летен камп за лидери во Холандија и Работниот камп (Македонија, Франција, Германија) вклучувајќи 459 луѓе на настаните.
27
НотифаИ сведоштва
28
МЛАДИНСКИ ЛИДЕРСКИ КАМП - НАЈДОБРОТО ЛЕТНО ИСКУСТВО „Кога некој ќе ме праша, „Како си го помина летото?“, мојата прва мисла е за ИМЛП (Младински Лидерски Камп). Мојот прв впечаток од овој супер летен камп е од прекрасните и учтиви волонтери на Мировен Корпус кои работеа толку напорно за да го направат овој камп да биде уште посупер од година во година. Како помлад помошник-инструктор во ИМЛП оваа година, донесов уште двајца кампери од мојата заедница. Тие беа возбудени што учествуваат. Тука ќе напоменам само дека минатата година како кампер, јас бев единствениот од мојот град и ми беше предизвик да учествувам со толку многу интелигентни, млади и зајакнати средношколци кои беа таму за истата причина како и јас, да се дружат и да се забавуваат. Вештините и искуството кои ги стекнав од минатата година на кампот ми помогнаа да ги водам, инспирирам и насочувам камперите кои доаѓаа за прв пат и сакаа да имаат одлично камперско искуство.“ Логан Мондај и Ристо Ковачев
29
НотифаИ сведоштва
30
ЛЕТЕН РАБОТЕН КАМП ВО БИТОЛА Сметам дека овој проект има огромен потенцијал и веќе покажа одлични резултати. Спротивно од други слични проекти, активностите кои се одржаа за време на траењето на програмата имаа вистински ефектреновирањето на училиштето. Јазичните анимации ме инспирираа да научам германски во подготовка на следната фаза и запознав многу луѓе кои ја делат мојата страст за волонтирање. Марија Наумовска
ЛЕТЕН КАМП ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ, ИМКА ХОЛАНДИЈА Кампот беше забавен, возбудлив и полн со идеи од страна на сите кои учествуваа. Исто така голем број на часови, игри и презентации ни помогнаа да го разбереме концептот на организирање камп. Важен дел претставува како да се стане одличен камп лидер, вклучувајќи обука, лично однесување, градење врски, прва помош. Синди Соренсен, едниот член на Мировниот Корпус кој беше во нашиот тим одржа неколку презентации како придонес кон темите за организирање камп, целта на камп и профилот на кампери. Преку тимските игри се социјализирав со другите членови на ИМКА што претставуваше одлична можност за мене да разговарам со така прекрасни луѓе. Секоја ноќ ги зацврстувавме нашите врски преку една игра наречена „Волците од Векердам”. Ова беше едно од најголемите искуства што сум ги имал досега на меѓународен камп. Ѓорги Трајковски
31
32 Децата од рана возраст треба да бидат свесни за своите права и обврски, и тоа е причината зошто соработката со основните и средните училишта е важна во нашите проектни активности. Главната цел е зајакнување на учеството на младите во сите нивоа на одлучување за прашања кои директно влијаат на нив. Нашите активности се преку: поддршка на ученичките организации во нивното формирање, градење на нивните капацитети, ученички активизам, воведување на моделот Дете Правобранител во училиштата, воведување на индексот на правата на децата, застапување на ученичките организации, активности за интеграција на децата од различно етничко и социјално потекло, итн. Ние соработуваме со повеќе институции, а како стратешки партнер во ова поле ни е Коалицијата на младински организации СЕГА. ГРАДИМЕ СИЛНИ ДЕЦА, СИЛНА ЗАЕДНИЦА!
Детски права
Бројки Во 2015 година проектот Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија влезе во четвртата година на имплементација опфаќајќи вкупно 941 млади во разни активности. И оваа година ИМКА Битола учествуваше во проектот Македонски модел на обединети нации (ММУН) со свој тим кој успешно настапи на финалната конференција.
33
НотифаИ сведоштва
34
УЧЕЊЕ И РАБОТА СО „ГЛАВА, СРЦЕ И РАЦЕ“ - МЛАДИНСКА РАЗМЕНА „Кога би имала шанса да го вратам времето, би ги вратила токму тие денови. Престојот во Швајцарија за мене беше едно неверојатно искуство и незаборавно доживување. Прво затоа што се чувствував како да се наоѓам во еден совршен свет исполнет со зеленило, спокојство и мир. Второ, затоа што го зголемив мојот круг на пријателства и стекнав вистински пријатели. Научивме да живееме сите заедно, тимски да работиме и да ги цениме туѓите мисли. И трето, бидејќи преку забавните обуки не само што стекнав непроценливо знаење и вештини, туку на некој начин ми ги отворија очите, а воедно и срцето. Ми дадоа мотивација и надеж која ја гледам во нас, младината.“ Ивана Тодоровска МАКЕДОНСКИ МОДЕЛ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (ММОН) 2014/2015 „Македонскиот модел на Обединети нации (ММОН) е академска симулација за средношколци и студенти. Искрено им препорачувам на сите кои сакаат истовремено да се стекнат со неколку различни вештини или да се надоградат во полето на дебатата и јавното говорништво да се пријават за Моделот на Обединети нации. Без разлика дали ќе се пријавите да учествувате на напредно или општо ниво, подготвителниот процес, соработката со американскиот Мировен Корпус, активното учество во текот на подготвителниот период, како и самата конференција се навистина прекрасно и збогатувачко искуство.“ Марија Димовска
35
36 Креативноста е дел од секојдневието на ИМКА Битола. Изразена преку уметноста и културата ја истакнува својата важност. Различните активности како што се: снимање и документирање на активностите и другите поголеми настани преку програмата И-Филм, организирање на стрип изложби, како и визуелно изразување на разни настани во вид на стрип уметност преку програмата И-Стрип допринесуваат ИМКА Битола да е организација привлечна за секој волонтер. За оние кои ги сакаат изведбите со оган, свила и светлечки елементи групата од млади ентузијасти Ацид Трипл нема да ги остави рамнодушни. БИДИ КРЕАТИВЕН И АКТИВИРАЈ ГИ ТВОИТЕ СУПЕР СИЛИ!
Уметност и култура
Бројки Во текот на 2015 година тимот на И-Филм сработи 7 видеа вклучувајќи повеќе луѓе. Темите беа поврзани со кампови и волонтирање. Тимот на И-Стрип организираше 1 стрип изложба вклучувајќи 30 луѓе, а истата беше посетена од 50 луѓе. Темите на беа: младинска вклученост во еколошките прашања во средината во која живеат. Тимот на Ацид Трипл реализира 4 настапи со перформанси со оган вклучувајќи 9 луѓе, а тие со посета од 570 луѓе. Настаните на кои се настапуваше се: перформанс на роденденска Критична маса БнТ, перформанс на плажа, перформанс на „Илинденски иселенички средби” и перформанс на Мото тура – Нижеполе.
37
38 НотифаИ сведоштва ЛЕТНИ ПЕРФОРМАНСИ СО АЦИД ТРИПЛ ПЕРФОРМАНС ВО ЉУБОЈНО „Во Љубојно, секоја година на 1-ви и 2-ри Август се одржуваат Илинденските иселенички средби. На овој настан учество имаат многубројни изведувачи на народна и забавна музика. Покрај нив, оваа година беше поканета да настапи и екипата на Ацид Трипл. За нас ова беше голем предизвик затоа што за прв пат требаше да имаме настап на народна изворна музика. Перформансот помина одлично, свој допринос имаше и тоа што еден момент жонглиравме на ритамот на тапаните.“ Горан Митревски
39
40
ИМКА Битола води грижа за нашите млади луѓе. Тоа го правиме преку организирање на натпревари во пинг понг од ревијален карактер, велосипедски екскурзии, планинарење и сл. со цел рекреација и дружење. УЖИВАЈ ВО ЖИВОТОТ И СОЗДАВАЈ ЗДРАВИ ЖИВОТНИ НАВИКИ! Бројки
Здрав животен стил
Во текот на 2015 година организиравме 7 настани за возење точак вклучувајќи 702 луѓе. Презентации беа направени во скоро сите училишта во градот, а направивме и мапирање на велосипедските паркинзи во Битола.
41
НотифаИ сведоштва
ВЕЛО КУЛТУРА ЗА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ „Во текот на три недели на ноември работевме на презентациите во скоро сите училишта во градов. Наидовме на супер одзив и на голема поддршка. При тоа се опфатија 677 ученици. На нашите улици доаѓа следната генерација на учесници во сообраќајот и мора да работиме со нив за тие да се подобри од нас! Живееме во време кога загадувањето достигнува алармантни размери, во време кога луѓето не се однесуваат како свесни и одговорни граѓани. Наше е активно да работиме на решенија за овие проблеми и активно да вложуваме во нашите млади со цел да не треба и по 10 години да зборуваме за истите проблеми на ова ниво, туку на едно повисоко со многу повеќе осет, но и да ја поттикнеме свеста како на населението, така и на носителите на одлуки.“ Виктор Илиев
42
43
44 Ги оспособуваме сите, посебно младите луѓе да YMCA Македонија ја потенцира интеракцијата меѓу нашите млади луѓе да работат заедно за свој личен развој на духот, умот и телото. Ние ги поттикнуваме во нивната разноликост и креативност нудејќи можности за подобра иднина на сите. Ние ги гледаме младите како наша главна целна група, човечки ресурс и потенцијал за развој. Ние им нудиме можности за здрав развој на духот, умот и телото преку различни групни и лични активности, што вклучуваат: креативна работа, интелектуални предизвици и стекнување на нови вештини и добивање на нови знаења. Ние ги оспособуваме сите млади луѓе да ги зголемат своите одговорности и да преземат лидерство на сите нивоа. Исто така градиме свест за прифаќање на културните разлики. YMCA Македонија активно соработува со World YMCA на неколку интернационални младински програми: Агенти за промена, Светскиот ИМКА предизвик, глобалното истражување Еден милион гласови, како и со YMCA Europe во рамките на програмските групи Волонтери за Европа, ИМКА спорт и работната група за кампови.
ГИ ОСПОСОБУВАМЕ МЛАДИТЕ! Бројки И во 2015 YMCA Македонија активно соработуваше со Светската ИМКА на неколку интернационални младински програми: Агенти за промена, Светскиот ИМКА предизвик, глобалното истражување Еден милион гласови, како и со ИМКА Европа со вкупно 162 учесници. 2015 беше успешна година за соработка.
45
NotifY Testimonials
46
ОДЛИЧЕН ПОЧЕТОК НА НОВИТЕ АГЕНТИ ЗА ПРОМЕНА „Ќе споделам импресии од последната вечер околу логорскиот оган, која ќе ја паметам долго. Секој учесник требаше да подари три листови на тројца учесници (било тоа да се Агенти за Промена, обучувачите или пак на извидниците кои се грижеа за нашата удобност и безбедност во текот на целиот тренинг) кои оставиле најголем впечаток во изминатите денови и да фрли едно стапче во огнот за некој/а кој ќе им недостига. Тешко е да се долови на ваков начин, но навистина беше еден убав и емотивен момент за сите нас.“ Маја Ивковска
1 MИЛИОН ГЛАСОВИ, 1 МИЛИОН ЖЕЛБИ! „Еден милиони гласови“ е повеќе од анкета и истражување. Тоа е ехо на гласови, мислења кои одекнуваат низ целиот свет за помош. Во Македонија, нашата национална ИМКА и двете локални ИМКА Битола и ИМКА Скопје го спроведија истражувањето. Со помош на нашиот Генерален секретар Виктор Илиев и Синди Соренсен, волонтер од Мировниот Корпус ние гордо придонесовме за светското истражувањето и ги претставивме гласовите и потребите на младите во Македонија. Истражувањето вклучи над 300 млади“ Ивана Спировска
47
NotifY Testimonials
48
ЗАЕДНО ЗА МИР – КОРЕНИ НА ПОМИРУВАЊЕТО „Ние, младите, со свои идеи, со различен поглед на светот, започнавме да ја пишуваме новата историја на Европа преку традиционалното благо јадење од секоја земја учесничка. Ноќ на чоколадото од Северна Ирска и Англија, мачмалоу од Србија, босанското медено срце, квасот и кандираното суво овошје од Украина, незаменливата бајадера, домашна алва и се тоа додека во позадина се мешаа неколку култури, нови пријателства, и ек на музика која го поведе танцот меѓу Источна и Западна Европа. Еден е животот, а многу различни светови меѓу нас. Многу пречки, уште повеќе затворени умови. Но денес докажавме уште еднаш дека нашата идеја е најголемата мисла во главата на Европа, многу мала и сложена, но многу гласна и значајна: ЗАЕДНО ЗА МИР!“ Александра Андоновска
МЛАДИНАТА ВО АКЦИЈА ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ „Како впечаток од овој настан ќе остане одличната можност за стекнување или подобрување на комуникациските вештини, создавањето на меѓународни контакти, учењето да се работи во меѓународни тимови, подобрување на самодовербата при носење одлуки, поттикнувањето на граѓанскиот активизам, како и развојот на поголема толеранција, почит и разбирање кон различните култури. Стекнатото знаење од овој настан е применливо во секој аспект на живеењето, затоа што беа презентирани практични методи за подобрување не само на сопствениот карактер, туку и на целото општество. Учесниците си заминаа дома со креативни идеи кои имаат голем потенцијал да се реализираат во нивните заедници.“ Горан Стојановски
49
NotifY Testimonials
50
ЕВРОПСКИ ШАМПИОНАТ ВО ОДБОЈКА 2015 „Спортот е важен дел од движењето на ИМКА во светот. Во ИМКА Европа од 1952 год. постои програмска група за спорт на ИМКА (ESY) која организира спортски активности и е посветена на промовирањето на здрав живот. ИМКА Македонија неколку години учествува во оваа програмска група. Како дел од активностите на ESY oваа година беше организиран шампионат во одбојка кој се одржа во Скопје во периодот од 28-31 Мај 2015 организиран од ИМКА Скопје. На настанот учествуваа повеќе спортски тимови од различни национални ИМКА организации од неколку држави ширум Европа: Финска, Германија, Македонија и Шведска кои испратија 12 тимови на натпреварите.“ Александар Кирковски
51
52
Отчетност
Целта на НотифаИ информаторот е промовирање на граѓански и младински активизам, младинско учество, волонтерство и други општествено корисни облици на дејствување преку споделување на искуства од активностите кои ги правиме. Тој е наменет за нашите членови, партнери, соработници, како и за сите други кои сакаат да се активираат во општествениот живот. НотифаИ излегува на секои три месеци, а го подготвува тим на волонтери на ИМКА Битола. Се дистрибуира електронски преку е-маил. Секој кој сака да ги добива изданијата на НотифаИ нека се запише тука или пак повремено да ја проверува нашата НотифаИ архива. БИДЕЈЌИ ИМАМЕ ЗА ШТО ДА ПИШУВАМЕ! Бројки Во текот на 2015 тимот на НотифаИ издаде 3 изданија на кои се вклучија 14 волонтери.
53
54
Списанието на ИМКА Битола
НОТИФАИ СОЗДАВА СВОЈА ИСТОРИЈА 50ТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ! НотифаИ ги бележи своите почетоци од 2003-та година, излегувајќи во дигитален формат на секои три месеци. Тимот на волонтери на ИМКА Битола кој се менувал во текот на годините посветено работел на негова надградба. Секогаш со една и единствена цел: промовирање на граѓански и младински активизам, младинско учество, волонтерство и други општествено корисни облици на дејствување. И сето тоа преку споделување на сите поинтересни активности кои се случуваат во ИМКА Битола или пак во кои членовите на ИМКА Битола зеле учество.
55
56
Блог
Он-лајн
Целта на нашиот БЛОГ е да поттикне споделување на лични приказни и искуства од учесници на разни настани кои ги организираме, како и да послужи како ресурс за потребите на „НотифаИ“. Веруваме дека блогот ќе ја зголеми достапноста на информациите, ќе ги охрабри нашите млади луѓе да бидат поотворени кон нови идеи и дека ќе придонесе кон воспоставување на нови врски помеѓу луѓето на локално, национално и интернационално ниво.
Присутност во медиумите Ги споделуваме нашите настани и активности со медиумите:
Посетете го нашиот блог:
Бидејќи имаме за што да пишуваме!
НотифаИ достигна 1700 читатели Фејсбук 2456 обожаватели Твитер 577 следбеници ЛинкдИн 91 следбеник ЈуТуб 41 следбеник ЈуТуб 4500 прегледи Досег на блогот 32700 читатели
57
Финансиски извештај (мкд)
58
59
Финансиски извештај (мкд)
2015 Приходи од услуги Приходи од Грантови
12,000 862,375
Приходи од Корпоративни Спонзорства 1,470,921 Приходи од Донации
7,700
Приходи од Партиципации и членарини 186,825 Други приходи Салдо од претходна година Вкупно приходи
30,303 496,254 3,066,378
60
Потрошена енергија 13,176 Други услуги (одржување на средствата) 29,446 Превозни - транспортни услуги 63,576 Промоција и репрезентација 671,431 Наемнини 89,851 Други материјални расходи (режиски трошоци) 33,471 Провизија од платен промет 32,338 Премии за осигурување 22,014 Службени патувања 86,122 Надоместоци за волонтери 148,200 Други расходи (интелектуални услуги) 30,692 Издатоци за меѓународна соработка 26,255 Други помошти и давања (микрогрантирање на проекти) 745,012 Вкалкулирани плати и надоместоци 186,170 Вкупно расходи 2,177,754 Салдо за наредна година
888,624
61
Благодарност Партнери и соработници ИМКА организации: ИМКА Македонија УМКА Скопје ИМКА Романија ИМКА Габрово, Бугарија ИМКА Солун, Грција ИМКА Лондон ЈугоЗапад, Англија ИМКА Мичиана, САД ИМКА Европа ИМКА Свет Граѓански организации: Фондација Олде Вехте Коалиција на Младински Организации СЕГА Сојуз за младинска работа СМР Форум за здруженија на граѓани од Битола ФОРУМ 16 СФЕРА Македонија Младински Културен Центар, Битола
62 Институции: Мировен Корпус Македонија Амбасада на САД Гимназија Јосип Броз Тито, Битола Основно училиште Елпида Караманди, Битола Основно училиште Коле Канински, Битола Американско катче Битола Општина Битола Корпоративни партнери: ОКТА Здравје Радово Витаминка БиМилк ТАВ Аеродром „Александар Велики“ Скопје ИM БЛАГОДАРИМЕ на сите партнери, институции, организации, училишта и поединци за поддршката и соработката со ИМКА Битола во остварувањето на нашата мисија! ПОСЕБНА БЛАГОДАРНОСТ до сите волонтери за нивната поддршка, време и енергија кои помогнаа во реализацијата на нашите активности во текот на годината!
63
64
Повик за дејствување!
ЗАСТАПУВАЈ Следете ги последните новости од нас и споделувајте ги со релевантни луѓе кои ги познавате. Можете да нè следите на социјалните мрежи и запишете се за добивање на нашиот информатор НотифаИ. ВОЛОНТИРАЈ Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење на CV, професионален и личен развој, патување, притоа помагајќи во средината каде живееме. Во зависност од интересот, мотивацијата и квалификациите на волонтерите, како и од потребите на ИМКА Битола, работиме заедно да пронајдеме поле во кое волонтерот ќе се ангажира со цел постигнување на негов личен успех, како и успех на организацијата. Инспиративните искуства и приказни на волонтерите од нашата организација може да ги прочитате на нашиот блог! ДОНИРАЈ Донирај и направи разлика! Бидејќи работиме повеќе од 10 години, директно опфаќаме 2000+ млади луѓе годишно и бидејќи сме целосно транспарентни во нашата работа. Придружете ни се во спроведувањето на нашата мисија да ги оспособуваме младите луѓе и градиме подобро општество. Можете да донирате како физичко лице или компанија/ институција. Исто така примаме и материјални донации како и услуги.
65
66
За ИМКА Битола ИМКА Битола е непрофитна, невладина, нерелигиозна инклузивна младинска асоцијација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно работи со нив во нашата средина. ИМКА Македонија е дел од семејството на ИМКА распространето во 119 земји ширум светот и кое вклучува повеќе од 58 милиони луѓе. ИМКА Битола е основана во мај 2002. Главна цел на Здружението е да развива активности и можности во сферата на неформалното образование, промовирањето на здрави животни навики, културата и уметноста, и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе.
Александра Андоновска, Администрација, комуникации Елена Богдановска, Проектен координатор Павлина Велјановска, Проектен асистент
Во ИМКА Битола добредојдени се сите луѓе, со акцент на младите. Ние работиме на активности од јавен интерес: неформално образование, култура и уметност, здрави животни навики, граѓанско општество и детски права. Активностите ги реализираме во форма на: обуки, семинари, работилници, кампови, фестивали, меѓународни студиски посети и други активности. Работиме на локално но и на меѓународно ниво. Членовите на тимот се: Виктор Илиев, Претседател на ИМКА Битола, Директор на ИМЛП и ГЛОУ камповите
и
Виктор Илиев, Проектен координатор (Имплементација на конвенцијата за правата на децата во Македонија) Маја Ивковска и Ивана Спировска, Агенти за промена Синтија Соренсен, волонтер на Мировниот Корпус во ИМКА Битола ИМКА Битола исто така добива значителна помош од долгорочните и краткорочните локални волонтери.
Контакт
ВРЕДНОСТИ кои ги негуваме и поттикнуваме: Храброст Одговорност - Почит - Креативност - Грижа MOTO: Ги оспособуваме младите!
финансии
Е-маил
contact@ymcabitola.org.mk
Телефон
+389 47 610 669
Контакт адреса ул.Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42 7000 Битола, Македонија Канцеларија
ул.Петар Петровиќ Његош 128/16 7000 Битола, Македонија